Klub Mobiliti (maj 2013)

Page 39

hi-tech

Xhibitionist-superyacht

И егзибиција и бал на вода Тие што се обожаватели на морскиот воздух и пловилата, со задоволство ќе го читаат текстов, а некој или некои од нив можеби ќе посегнат и во џебот

К

онструкторите од Греј Дизајн повторно изненадуваат со супер луксузно и воедно супер соверемено пловило. Пред почетокот на месеците без буквата „р“ побрзаа да се претстават себе си со супер јахтата наречена Xhibitionist. Современото пловило со должина колку тричетвртини од патеката на која некогаш и сега се рушат светските рекорди во најбрзата атлетската дисциплина, стотката, на која сега доминират Флоренс ГрифитЏојнер и Усаин Болд. За овие двајца не знаеме дали се љубители на големите сини широчини, но затоа има поединци со желба да крстосуваат со пловила направени од најнови и најсовремени материјали, со опрема како што се користи во вселенските летала и згора на сето тоа пловилото да има дизајн од кој „боли глава“. Компанијата „Греј Дизајн“ има решение за пребирливите насловено како Xhibitionist. Иако пловилото е само концепт, од компанијата велат дека ако некој нарача таква јахта, веднаш концептот ќе влезе во производство. Да речеме дека ова пловило се наоѓа на морската шир и дека сопственикот подготвува забава, а гостите треба да пристигнат кои со пловила кои со хеликоптери. Тие што ќе доаѓаат со летала, за да истите не се чекаат едно со друго при слетувањето и

Внатрешност јахтата мож за изложбиа,на е да се ко ст презентации ии на нови возири ла

полетувањето, Едуард Греј, главниот дизајнер на Xhibitionist, направил не еден хелиодром, туку платформа со можност да слетаат три хеликоптери одеднаш. Сега сигурно се прашувате каде ќе биде сместен оркестарот. Одговорот лежи во платформата за слетување на леталата. Гостите ќе се бркаат по палубата и салоните на 75 метри долгата супер јахта, а сето тоа ќе биде проследено со жива музика. Следно изненадување е внатрешноста на јахтата. Не треба да спомнеме дека изобилува со луксуз и скапи материјали бидејќи тоа е својствено скоро за сите јахти, но затоа сите јахти немаат подвижни зидови и прегради со кои ќе се добие повеќе интимност, или пак со нивно тргање да се добие поотворен простор. На пример, ако некој уметник сака да ги изненади посетителите не само со своите дела туку и со изложбениот простор, тогаш ова пловило е како створено за неговата изложба. Уште сопственикот на пловолото да дозволи да се случи изложба и се ќе биде во ред. Едноставно, дизајнерите се погрижиле јахтата да не е само парче луксуз, туку и практичен и рационален предмет кој ќе одговори на секоја желба на корисникот. Вакво нешто, спој помеѓу екстремниот луксуз и практичноста и рационалноста се сретнува за прв пат, а тоа е добра работа, односно се случува нешто далеку подобро од осамениот и досаден луксуз. Следно изненадување се предметите преку кои се искористува сончевата енергија, поточно површините, хелиодромот и останатите рамни делови, прекриени со фотоволтажни ќелии. Согледувајќи ги сите поволности вградени во супер пловилото, може да се каже дека конструкторите посакале тој 75 метарски микропростор да го претвори во идеално место за престој, во кој ќе преовладуваат 5/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

фотоволтажини а прекриена со и хеликоптер На платформат тр ат ва ту ќелии одеднаш сле

најсовремените решенија за заштита на животната средина. Спомнавме организирање изложба, но не мора да е на уметнички дела, туку може да биде и изложба на старовремски возила или на престижни спортски купеа. Сите „ѕидови“ и прегради се склопуваат и внатрешноста на пловилото може да одговори и на предизвиците наречени автомобили. Оваа луксузна јахта која во себе содржи неколку работи во едно, достапна е само ако се нарача, а за цената, не прашувајте, таа е релативна, зависи од потребите и фантазијата на идниот сопственик. Од прилика, ќе треба да издвоите околу две стотки изразени во милиони, е сега дали се долари, фунти, или евра, тоа не е ни важно, а за тие што сакаат технолошки современ бал на вода, парите не претставуваат проблем, уште помалку кога се работи само за милионски две стотки. • Жарко Атанасоски

како лиодром, туку и Не само како хе те ри ча зи му за бина

39


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.