Klub Mobiliti (april 2014)

Page 30

патувања

Будимпешта

Будимпешта - бисер на реката Дунав

Прекрасна во секое годишно време, накитена за Божиќ, разиграна за Нова Година или расцветана во пролет, „Кралицата на Дунав“ ве повикува со својата единствена убавина, гастрономија и ноќниот живот

М

ожеби овој европски центар најдоцна во Европа го добил своето денешно име, дури во XIX век, настанато како кованица од имињата на три града по течението на реката Дунав. Буда - на левата, брдеста страна од реката, Обуда - местото кое Римјаните го избрале за античкиот град Aquincum, со цел да уживаат во термалните извори кои ги нуди овој град, и Пешта - протегната на десната рамна страна, а денешниот пулсирачки, динамичен центар на градот. Градот зрачи со неверојатна привлечност и импресивна архитектура. Од обични згради, преку базилика и катедрала, цркви, хотели, бастиони, Собрание и Кралска палата...неможете да одлучите која зграда е поубава.

30

Прошетката можете да ја почнете од „Вареги“ или „Castle Hill“, чии градби сé уште го задржале средновековниот карактер. Од нив се издвојува Кралската палата од XIII век, неколку пати уништувана од разни освојувачи, за денешниот лик да го добие во XIX век. Денес во нејзините пространи дворани се сместени поставките на Историскиот музеј, Националната галерија и на Националната библиотека. Во близина се наоѓа и црквата на Матеус, каде во минатото ги крунисувале унгарските кралеви. Тука, царицата Сиси е крунисана во унгарска кралица. Во овој дел се наоѓа и прекрасниот комплексот „Рибарската тврдина“(Halászbástya), кој претставува прекрасен комплекс на седум бели кули кои симболизираат седум племиња кои ја основале унгарската 04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

држава и унгарскиот народ. Тука се наоѓа и скулптурата на кралот Стефан, крунисан во 1000 година, со чии заслуги Унгарија била христијанизирана. Гелерт брдото претставува друга точка од која можете да уживате во панорамата на Будимпешта, која денес е под заштита на УНЕСКО. Од далечина брдото се препознава по Цитаделата изградена во XIX век, надвисната од 14-метарската статуа, подигната во 1947 година, во знак на ослободувањето од фашистите. Поврзувањето на градовите било овозможено со изградбата на мостовите преку Дунав, денес девет на број, меѓу кои е мостот Ержебет или белиот мост, мостот на слободата , но најстар и најубав е „Мостот на синџири“(Scechenyi Chain bridge), изграден во 1849 година, а најпознат по


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.