Page 1

АПРИЛ 2014 • Бр. 65

членско списание

Недела за безбедност на пешаците

„Скопје“ пешачеше за... Претставуваме BMW M4 Convertible

Баварски ураган

Светско првенство во мотоциклизам за 2014

По Маркез годината се познава

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


вовед

БЕЗБЕДНИ ВО СООБРАЌАЈОТ АМСМ клуб мобилити Членско списание Издавач: Авто-мото Сојуз на Македонија ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk Главен и одговорен уредник: Маргита Поповска Графички дизајн: Кире Томовски Редакција: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk Издавачки совет: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Јово Вангеловски (член) проф. д-р Никола Панов (член) Калинка Танеска (член) проф. д-р Иво Дуковски (член) д-р Никола Ангеловски (член) Марјан Апостоловски (член) Димитар Миновски (член) Надворешни соработници: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг Лектор: Момент Мал

Секојдневно сме сведоци на сообраќајни незгоди кои завршуваат фатално со материјални, но и човечки загуби. Зголемениот број на овие незгоди и непочитувањето на сообраќајните правила и прописи се доволна причина надлежните институции да превземат одредени акции и мерки кои ќе придонесат за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот со што ќе се намали бројот на незгодите и загинатите во нив. Фрапантен е податокот дека една четвртина од вкупниот број на загинати во сообраќајни незгоди се пешаците, особено децата. Континуираното зголемување на безбедноста на пешаците беше главниот мотив за одржување на „Недела за безбедност на пешаците во Република Македонија“ во која учество зема и АМСМ. Априлскиот број на „Клуб Mобилити“ изобилува со интересни информации. Ве потсетуваме што треба да направите со вашето возило по долгата и влажна зима, ви нудиме одговори на вашите прашања во врска со бенефициите и услугите кои ги нуди АМСМ, ви предлагаме дестинација за претстојните првомајски празници, ве информираме за најновите резултати во Формула 1 и на WRC случувањата и што уште не. Како и секогаш, ви ја нудиме и брошурата на АМСМ Партнер програмата која нуди повеќе од 200 АМСМ партнери кај кои имате единствена можност за користење на нивните попусти колку пати сакате во периодот на вашето валидно членство. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во мај 2014 година, во печатена верзија на вашата домашна адреса и на нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk

Тираж: 10.000 примероци

Маргита Поповска главен и одговорен уредник

Печати: Сити Принт - Скопје Банка: Комерцијална Банка А.Д. Скопје Жиро-сметка: 300000000915716 Единствен даночен број: 4030991238264 ISSN 1857-6133

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернетизданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“. © Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


С ОД Р Ж ИН А

8 9

НОВОСТИ sЕАТ се приклучи кон семејството на „порше македонија“ пристигна освежената „ALFA ROMEO GiULIEtta“

АМСМ 16 „скопје“ пешачеше за...

ПОЗНАТИТЕ КАКО ЧЛЕНОВИ НА АМСМ 36 инспирацијата доаѓа од убавите нешта историја 38 автомобил со шмек на традиција

АВТО-МОТО 18 уличен тркач достоен за восхит 21 баварски ураган

hi-tech 39 графенот целосно ќе го измени светот

ТЕСТОВИ И СОВЕТИ 24 зимата помина, ви претстои пролетна подготовка

спорт 40 новите господари на коридата 42 по маркез годината се познава

ПАТУВАЊА 30 будимпешта - бисер на реката дунав

9

СТИЛ 34 неизбежен моден детаљ

44 мерцеДес константен на врвот

21

24

30 42

44 04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

5


новости Обединетото Кралство Забрана за камиони и други возила Лондон: такса за зголемен сообраќај

Исклучоци од ова се: мотоцикли, мопеди, велосипеди; возила кои користат алтернативни горива со строги стандарди за емисија; возила кои се користат од страна на инвалидни лица (сина и портокалова значка на сопствениците) кои се регистрирани со Транспорт за Лондон. Возачите мора да платат 10 фунти дневно на бензинските станици или во продавниците за весници, или да платат преку интернет, или од својот мобилен телефон откако ќе го пријават регистарскиот број на нивното возило во базата на податоци. Системот е базиран на мрежата на камери, кои ги снимаат сите возила кои влегуваат и ја напуштаат зоната. Регистарскиот број на возилата во зоната се проверуваат во базата на податоци на возилата, според цената која е платена. Таксата мора да биде платена пред полноќ на денот на патувањето. Ако се плаќа следниот ден, има доплата од 2 GBP. Ако таа не се плати, на регистрираниот сопственик на возилото ќе биде испратена 100 фунти парична казна, истата се намалува на 50 GBP ако се плати во рок од 14 дена. Странските возила, исто така, се следат и возачите кои не плаќаат ќе бидат гонети преку агенција за наплата на долгот. Предупредување: Кога таксата за зголемен сообраќај се плаќа онлајн, возачите треба да се осигураат дека го користат веб-сајтот TfL, бидејќи постојат голем број на неофицијални веб-сајтови кои наплаќаат поскапо од нормалната такса. Зона на ниска емисија Зона на ниска емисија - LEZ - се применува во областа Голем Лондон (in the Greater London area) за одредени категории на дизел мотори возила регистрирани во Велика Британија и во странство. Сопствениците на возила што не се во согласност со стандардите на LEZ емисија, мора да плаќаат дневна такса (до 200 фунти), ако сакаат да возат во областа. Плаќањето на LEZ не го исклучува плаќањето на „такса за зголемен сообраќај„ ако е возилото управувано во таа зона.

6

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

Подготвува: Информативен центар тел: 15 555

Патарина, наречена и „такса за зголемен сообраќај" се плаќа при возење или паркирање во центарот на Лондон во работни денови (од понеделник до петок со исклучок на државните празници) помеѓу 07:00 и 18:00 часот. Влезовите на зоната се означени со буквата „Ц“ („C“) во бело на црвена позадина.


Новости

Освен повеќето комерцијални возила, ова се однесува и на кампинг возила и моторизирани каравани тешки над 2,5 тони вкупно дозволена тежина, регистрирани како нови пред 1 јануари 2002 година, како и пик-ап и поголеми комбиња тешки над 1.205 т без товар и минибуси со повеќе од осум седишта плус возачкото седиште тешки 5 тони или помалку, регистрирани како нови пред 1 јануари 2002 година. Возила со мотори кои ги исполнуваат Еуро 3 стандард, се ослободени од оваа такса. Странските возила на кои се однесува LEZ и во согласност со стандардите за емисија мораат да се пријават во Транспорт за Лондон пред возење во областа со цел да избегнат да бидат казнети. Пријавата е бесплатна - тоа може да се заврши по e-mail и трае околу 10 дена. „LEZ“ не се однесува на приватни автомобили или мотоцикли, без разлика каде се регистрирани. За сите други возила, на возачите им се препорачува да користат Vehicle Checker tool на Low Emission Zone веб-сајтот за да дознаат дали овие прописи важат за нив или не и како треба да постапат. Комерцијални возила: Камиони со 2 оски кои надминуваат 16 тони, и камиони со 3 или повеќе оски, не можат да возат на повеќето патишта во областа Голем Лондон ноќе и во викендите, помеѓу следниве часови: Понеделник - петок: 0000 - 0700 часа, 2100 - 2400 Сабота: 0000 - 0700, 1300 - 2400 Недела: 0000 - 2400 Автопатишта и патишта со повеќе ленти: HGVs (тешки товарни возила), автобуси и моторни возила со приколка или караван не е дозволено да возат во десната лента на патот кој има 3 или повеќе ленти отворени за сообраќај. Забелешка: LGVs (Лесни товарни возила) помеѓу 3.500 и 7.500 килограми и патнички возила тешки до 7.500 кг или помалку со повеќе од 8 патнички седишта мора да бидат опремени со „ограничувач на брзината“. Нивната брзина се ограничува на максимум од 90 км / ч и 100 км / ч, односно, за нив, исто така, се однесува правилото за забранета употреба на десната лента Данска казни, забрана за возење, казнени поени Возачите можат да бидат казнети за надминување на ограничувањето на брзината, како што следува: Брзина надмината во% % (1) (2) 0-19% 1000 DKK 1000 DKK 20-29% 1500 DKK 1500 DKK 30-39% 2500 DKK 2000 DKK 40-49% 3000 DKK 2500 DKK 50-59% 3000 DKK 3000 DKK 60-69% 3500 DKK 3500 DKK 70-79% 4000 DKK 4500 DKK 80-89% 4500 DKK 5000 DKK 90-99% 5500 DKK 6500 DKK + 100% 6000 DKK 7500 DKK

(3) 1500 DKK 1500 DKK 3000 DKK 3500 DKK 4000 DKK 4500 DKK 5500 DKK 6000 DKK 7500 DKK 8500 DKK

(1) автопат и други патишта каде ограничувањето на брзината е помала од 100 км / час (2) автопат каде што ограничувањето на брзината е 100 км / час или повеќе (3) Возилата над 3,5 t и возила до 3,5 т кои влечат караван или приколка Ако брзината надминува 140 km / h, глоба за преголема брзина ќе биде додадена на горенаведените износи. Km/h Додатна глоба за надминување на дозолена брзина 140-149 1000 DKK 150-159 1500 DKK 160-169 2000 DKK 170-179 2500 DKK 180-189 3000 DKK 190-199 3500 DKK 200-209 4000 DKK 210-219 4500 DKK 220-229 5000 DKK 230-239 5500 DKK Ако брзината надминува 60% (на автопатиштата и на други патишта) или повеќе од 160 km / h, на возачот ќе му биде одземена возачката дозвола и ќе треба да полага нов возачки испит. Возачот на автомобил со приколка се казнува со истите казни за надминување на ограничувањето на брзината за 40%. 04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

7


Новости

Танц со Audi A8

С

Новиот Audi A8 беше претставен на Виенскиот бал

о звуците на Јохан Штраус беше отворен традиционалниот Виенскиот бал кој се одржа по 15-ти пат во нашата престолнина. Виенскиот бал во Скопје е културно-музичка манифестација која што ја потврдува македонско-австриската соработка на поле на културата и уметноста. Повеќе години наназад Audi е присутен на овој настан, а овојпат на Виенскиот бал компанијата се претстави со својот знаменосец, новиот Audi А8 кој импресионира со своите бескомпромисно високи стандарди. Неговата совршена силуета ги воодушеви гостите, а впечатокот го дополнија и новите Audi Matrix LED светла, направени според последниот збор на технологијата. На балот можеа да се видат и претставниците од сегментот премиум спортско корисни возила: Audi Q3 и Audi Q5 како и автомобилите Audi А5 Sportback и Audi A6. •

Еуроимпекс

Од сега со професионално тјунирање на сите брендови на возила

Е

SEAT

Seat се приклучи кон семејството на „Порше Македонија“

К

омпанијата која на македонскиот пазар ги застапува брендовите Porsche, Audi, Volkswagen и Skoda од почетокот на април официјално во своето портфолио додаде уште еден корпорациски бренд, шпанскиот автопроизводител Seat. Новиот дом на Seat одсега e лоциран во објектот на „Порше Македонија“ веднаш до салонот на Skoda - Во услови на постојан предизвик на пазарот, нашиот посветен тим успеа да постигне забележителни успеси, за што сведочи вкупниот удел на пазарот на нови возила, кој се зголемувашe секоја година, за во 2013 да достигне удел од над 35 отсто. Денеска сум горд што можам да му посакам добредојде во нашето семејство на уште еден добро познат бренд, Seat. Промотивната кампања е веќе во тек преку која може да се купи Seat на лизинг за 177 евра месечно - рече Златко Муцунски, генералниот директор на „Порше Македонија”. •

8

уроимпекс“ е компанија која бележи 24 годишен развој во нашата земја. Често ја споменуваат како Генерален увозник за Пежо во Македонија, но покрај тоа станува збор за сериозен застапник на масла, акумулатори и 4 бренда на алати. Од овој месец, „Еуроимпекс“ официјално го објави стартот во насока на тјунирање возила. Тие го потпишаа договорот за соработка со словенечката компанија „CSS Performance Tuning“ и во иднина „Еуроимпекс“ е во функција на Генерален застапник за Македонија, кога е во прашање тјунирање на возила. Тие се во можност да понудат максимално професионална услуга за тјунирање на сите брендови на возила. Тјунирањето возила всушност претставува надградба на долгогодишното искуство во дијагностицирање и сервисирање на возила. Ќе работат со лиценцирани софтвери преку CSS Performance Tuning од Словенија, како нивни Генерални застапници за Македонија. Импресивен е моментот што секој софтвер пред неговото вчитување во возилото, е претходно тестиран на друго исто такво возило. А за извршената софтверска модификација, клиентот добива гаранција за софтверот сé додека возилото е во возна состојба Софтверите кои ги пласираат, се веќе присутни во 20 земји во Европа, а компанијата CSS Performance Tuning од Словенија, исто како и Еуроимпекс работи според стандардот ISO 9000:2008. •

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


Новости

NISSAN

Nissan официјално со нов ексклузивен салон во Скопје

А

зискиот автопроизводител кој е број еден во Европа, од почетокот на април блесна во ново светло на нова локација. Имено, Nissan кој во нашата држава е застапен преку компанијата „Аутомотив Груп“ започна со работа во нов ексклузивен салон што е уреден според високите стандарди кои ги налага јапонскиот бренд. Новиот салон се наоѓа во таканаречената „автомобилска улица” Скупи каде се изложени најновите модели на Nissan. Водечките лица од компанијата истакнаа дека во моментов започнува ново поглавје за Nissan во Mакедонија. Со засилени кадровски и организациски промени, а тоа пред сѐ се однесува на интегрирање на тимот од Кадис во Nissan, со што ќе се овозможи да го донесат брендот на нивото што тој го ужива. Со понуда од 24 различни модели, иновативни и наградувани кросовери, спортски автомобили, комерцијални возила и најпопуларни електрични возила, Nissan е производител кој поставува нови трендови. Новиот салон, искусниот тим и новата организациска поставеност е вистинска најава на успехот што се очекува од новите модели за оваа година. Новиот Qashqai, изменетиот Juke и Новиот X-Trail се атрибутите со кои Nissan засилено ќе атакува на Македонскиот пазар. „Аутомотив Груп“ ги потврдува своите амбиции Nissan во Македонија конечно да освои 4% од уделот на пазарот на автомобили. •

ALF AROMEO

Пристигна освежената Alfa Romeo Giulietta

П

о минатогодинешното иницајлно претставувања на рестилизираната верзија на моделот Giulietta италијанската машина полна со страст пристигна и во Македонија. „Автомобиле СК“, импортерот на возилата од гамата на Alfa Romeo на пригодна свеченост која доликува на марката ја претстави освежената и подобрена верзија на Giulietta пред домашните преставници на медиумите. Новата Giulietta ги изразува вистинските вредности на брендот Alfa Romeo: италијански стил, беспрекорни перформанси за максимално задоволство во возењето и целосна сигурност. Новата Giulietta остави впечаток во својот сегмент со идеална алхемија и содржаен стил, компактно и со моќни мотори, беспрекорен сооднос моќност/тежина, чистокрвен Alfa Romeo со технолошки перформанси за уживање во возењето. На прва, визуелниот идентитет не е менуван премногу, интервенциите во дизајнот се минимални и пред сѐ се однесуваат на решетката од ладилникот, куќиштата на светлата за магла, дизајнот на алуминиумските тркала и боите на каросеријата. Вистинските новитети се скриени под предниот поклопец и внатрешноста на моделот. На нашиот пазар Giulietta сѐ нуди со три турбо мотори: 1.4 литарскиот бензинец со 120 КС, 1.6 литарскиот дизел со 105 КС и новоразвиениот 2.0 JTDM 2 дизел со 150 КС и 380 Nm влечна сила. Кабинскиот простор е целосно опфатен со промени, почнувајќи од неколкуте комбинации на материјали и бои преку новите панели на вратите и места за одлагање на ситници. Материјалите кои се употребени во изработката се на повисоко ниво, а воедно нудат и попријатно чувство при секој допир. На централната конзола главното место го зазема новиот мултимедијален уред Uconnect, кој во зависност од пакетот на опременост има екран осетлив на допир со 5” или 6.5”. И двете верзии се опремени со Bluetooth, Aux-in, USB и гласовни контроли. Со Uconnect Nav со 6.5” touch-screen развиено од страна на Harman, Giulietta има на располагање сателитска навигација во 3D „птичја“ перспектива, напредно насочување и функција „One Step Voice entry Destination“ со гласовни команди. Почетокот на продажбата на новата Giulietta на нашиот пазар ја означува посебната акција во која се нуди дизелската верзија со мотор од 1.6 литри и 105 КС и пакет на опременост Progression по цена од 18.490 евра што е за речиси 3.000 евра пониска отколку нејзината регуларна ценовна позиционираност. •

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

9


Новости

Peugeot

К

Откриен хибридот Exalt

Porsche

Macan украс на модната недела

онцептот Exalt со кого Peugeot ќе се перчи на салонот во Пекинг е хибрид во секоја смисла на зборот. Хибриден е погонот составен од 1.6 литарски турбо бензинец навиен на 270 КС и електромотор од 70 КС, а хибриден е и дизајнот на спортско купе со четири врати кое оддава почит на моделите на марката од 20-те и 30те години на минатиот век. Вкупната моќност од 340 КС се испраќа до сите четири тркала по потреба. Бензинецот ги врти предните, а електромоторот задните тркала. Каросеријата е изработена од рачно обликуван лим од нерѓосувачки челик, а задникот е покриен со текстил наречен кожа од ајкула. •

П

орше Македонија го претстави прекрасниот Macan на деветтото издание на модната недела, каде македонските дизајнери ги прикажаа своите нови колекции за сезоната пролет - лето. Macan е прв модел на Porsche меѓу компактните SUV и поставува нови стандарди кога е во прашање динамиката и уживањето при возење на асфалт и надвор од него. Името доаѓа од индонезискиот збор Macan што значи тигар, а моделот ги комбинира типичните карактеристики на Porsche: моментално забрзување, силно сопирање, огромна моќност, екстремна агилност, прецизно управување и фасцинантен дизајн. •

10

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

„М.Т. Гологанов“ бр. 51


Новости

Mitsubishi

П

Рекордер за почит

о само 6 месеци од појавувањето во Холандија, Mitsubishi Outlander PHEV има нов рекорд, освоен со 10.000 испорачани возила во оваа држава. Ова е само уште една потврда за успехот на Outlander PHEV, прв хибриден plug-in SUV на светот со 2.0 бензинец и два електромотори од по 60 KW. Возилото може да вози само на електричен погон со автономија од 55 km, додека комбиниран со бензинецот може да мине до 880 км со просечна потрошувачка од 1,63 L/100 km. Бидејќи во Европа лудуваат по Outlander PHEV планот е производството за годинава да порасне на 50.000 возила. •

Honda

H

Лутата косилка

onda ја претстави најлутата косилка за трева на светот, Мean Mower, која е способна да развие максимална брзина од 209 km/h. Овој стопански болид има мотор од 1000 ccm земен на заем од мотоциклот Honda VTR 1000F и остварува максимални 110 КС кои кон задните тркала се испорачуват преку шест степен менувач. Поткрепен со ваква техника Mean Mower кој тежи 140 kg лови темпо 100 за помалку од 4 секунди. Косилката е дело на британското одделение на Honda чии инженери заедно со нивните колеги од компанијата Team Dreams успеале со Mean Mower да стигнат до книгата на рекорди на Гинис. •

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

11


амсм Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

АМСМ поволности,

Учествувајте во глобалната анкетата на ОН и дајте го својот глас за подобар свет МОЈОТ СВЕТ! е глобална анкета на Обединетите Нации, која бара од секој од нас да ги избере своите приоритети за подобар свет. Од понудените опции можете да изберете само 6. Притоа не заборавајте дека подобар транспорт и побезбедни патишта значат спасување на човечки животи, па затоа дајте му место на овој приоритет во вашата листа. На крајот, во анкетата пополнете го полот, возраста, степенот на образование и земјата од која потекнувате. Р. Македонија можете да ја најдете како The former Yugoslav Republic of Macedonia. Гласајте за своите приоритети тука. Резултатите од анкетата ќе бидат споделени со светските лидери и ќе бидат земени во предвид при дефинирање на следната глобална развојна агенда. •

АМСМ Автошкола со ново име – Автошкола Мобилити Од овој месец АМСМ Автошкола го промени називот, па името кое сега треба добро да го запомните е Автошкола Мобилити. Сè друго останува непроменето! Локацијата и телефоните се исти, а квалитетот и посветеноста на создавање на совесни и безбедни идни возачи уште поголема.

Побарајте ја новата веб страница www.avtoskolamobiliti.mk или кликнете Like на Facebook страната Автошкола Мобилити и следете нè. •

12

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


амсм Повеќе информации на АМСМ инфо линија

акции, новитети...

02/ 3181-181

Нови АМСМ Партнер попусти АМСМ Партнер програмата со која како АМСМ членови можете да купувате со попусти, само со покажување на вашата валидна АМСМ членска картичка, штотуку стана побогата за уште неколку нови АМСМ Партнер продажни места: • Козметика „ХЕМЕЛ“ со 10% попуст во ТЦ Веро Центар • Картинг центар „АРТ“ со 10% попуст во рамките на спортски центар „Борис Трајковски“ • Фитнес центар „ФИТНЕС РЕВОЛУЦИЈА“ со 10% попуст на ул.„Водњанска“- Скопје Сите АМСМ Партнер продажни места можете да ги пребарате по градови и категории тука, а истите ви се достапни и во бесплатната АМСМ мобилна апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони.

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

13


амсм

14

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


амсм

Бараме АМСМ членови во различни категории Драги наши АМСМ членови, Се гордееме со фактот дека меѓу вас има и такви кои заради љубовта кон своето прво возило, уште пред децении за првпат станаа наши членови. Времињата се менуваа, АМСМ веќе одамна e бренд број еден, вашите први возила денес се олдтајмери, а голем дел од вас останаа АМСМ членови и низ сите години кои одминуваа. Токму Вие, најстарите АМСМ членови сте она што АМСМ го прави поинаков од сите други. Затоа создадовме програма наменета за вас кои АМСМ го познаваат уште од првиот ден и со нас растат и се развиваат цели 69 години. Ќе следуваат специјални изненадувања, па затоа Ве повикуваме задолжително да се пријавите во некоја од подолу наведените категории: • Највозрасен АМСМ член – АМСМ член (маж/жена) кој е активен возач и поседува валидно АМСМ членство, а кој е роден во дамнешните 30-ти, 40-ти или 50-ти години од минатиот век. За пријава потребно е да се приложи: - Копија од лична карта; - Копија од валидна АМСМ членска картичка; • АМСМ член со најстара членска картичка – АМСМ член (маж/ жена) кој сè уште чува некоја од своите први и најстари АМСМ членски картички, а кој и во овој момент сè уште е активен АМСМ член. За пријава потребно е да се приложи: - Копија/оригинал од својата најстара АМСМ членска картичка; - Копија од валидна АМСМ членска картичка; • АМСМ член со најстаро возило/мотоцикл – АМСМ член кој поседува сочувано старо возило или мотоцикл, кои денес со право може да се прогласат за олдтајмери; За пријава потребно е да се приложи: - Копија од сообраќајната на возилото/мотоциклот; - Копија од валидна АМСМ членска картичка. Пријавувањето ќе трае во текот на цела 2014 година, а истото можете да го направите на АМСМ инфо линија 02/3181-181, или во просториите на АМСМ Членство во АМСМ Скопје-Центар, со поднесување на сите потребни документи. За сите АМСМ членови кои ќе ги исполнат наведените услови, следуваат специјални изненадувања.

Ве очекуваме.

Со почит, Ваш АМСМ

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

15


амсм

Недела за безбедноста на пешаците во Р.Македонија

„Скопје“ пешачеше за... Неделата за безбедност на пешаците во Република Македонија беше организирана да го привлече вниманието на сите релевантни општествени фактори што можат да влијаат врз безбедноста на пешаците во сообраќајот и да се намали бројот на повредени и на загинати пешаци во сообраќајни незгоди.

Б

езбедноста на пешаците во сообраќајот претставува врвен приоритет и примарна општествена одговорност. Правото на безбедност и правото на мобилност се дел од основните човекови права, но и покрај тоа бројот на загинати пешаци во сообраќајни незгоди е висок. Една четвртина од вкупниот број жртви во сообраќајните незгоди се пешаци. Од нив значаен дел се деца. Ваквата состојба, која укажа на итна потреба за поголема заштита на пешаците во сообраќајот, како и на потребата од континуирано дејствување во насока на подобрување на безбедноста на пешаците во сообраќајот, беа главен мотив неделата од 1 до 7 април да се прогласи за „Недела за безбедност на пешаците во Република Македонија“. Во „Неделата за безбедност на пешаците во Република Македонија“ беа

16

опфатени голем број активности што се однесуваат на широк спектар органи, организации, институции и здруженија (РСБСП, МВР, АМСМ, ИМП, Црвен крст, Град Скопје, МЦКР, МЛС, СЗО). Начините и можностите за подобрување на безбедноста на пешаците во сообраќајот се многубројни. Во таа насока е особено важно да се истакнат улогата и значењето на единиците на локалната самоуправа и нивните можности за унапредување на безбедноста на пешаците во сообраќајот. Во оваа кампања посебно внимание им беше посветено токму на единиците на локалната самоуправа, на нивното влијание врз безбедноста на пешаците во сообраќајот, како и на можноста тие во иднина да бидат водечки носители на напорите за унапредување на безбедноста на пешаците во сообраќајот. На 1 април, униформирани полициски 04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

службеници организираа контрола на правилното однесување на пешаците во сообраќајот, се делеа едукативни материјали (црвени и зелени флаери ) и беа одржани едукативни разговори (сообраќајна поука) со лицата што направиле прекршок во текот на оваа недела. Во текот на акцијата беа поделени 50.000 флаери. На 3 април, на Скопски саем се одржа состанок за унапредување на соработката и за зголемување на заедничките активности во областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а присуствуваа претседателот на Меѓународната организација за безбедност на патиштата - PRI, г. Џоп Гус (Joop Goos), министерката за внатрешни работи г-ѓа м-р Гордана Јанкулоска и сите поддржувачи на оваа Недела.


амсм

Mинистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ја отвори Неделата на пешаци и прва ги подели црвените и зелените картони за примерните и непримерните случајни минувачи што ја минуваа улицата кај кружниот тек во населбата Ѓорче Петров. Со свое присуство Неделата на пешаци ја обележаа и г. Димитар Миновски, секретарот на АМСМ, г. Сокол Митревски, градоначалник на општина Ѓорче Петров и д-р Никола Ангеловски, претседател на РСБСП

Претседателот на Меѓународната организација за безбедност на патиштата г. Џоб Гус зема учество во работилницата со учениците и наставниците од град Скопје

... за љубов, здравје и спорт

Во организација на Град Скопје,РСБСП,МЦКР и останатите партнери, следниот ден, на 2 април во салата на седници на град Скопје се одржа интреактивна работилница со ученици и наставници од средните училишта во град Скопје „Застапеност на превенцијата во сообраќчајот во воспитно образовниот процес“.

... за почитување на пешачки премин

На 6 април АМСМ организираше јавен настан во кој минувачите во Сити мол (City mall) од 12 до 15 часот пополнуваа транспаренти со мотиви, пароли и со пораки за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот. Пополнетите транспаренти беа изложени на Fun page под мотото -„Скопје“ пешачи за...... Скопјани пешачат за да ослабат, за да се справат со здодевноста, затоа што немаат пари за гориво или немаат автомобил, за да го избегнат сообраќајната гужва, за да ги средат мислите, а еколошки свесните за да го намалат загадувањето, за почист воздух во главниот град...На пешаците најмногу им пречат некултурните возачи, паркираните возила во пешачки зони, непочитувањето на пропишаната брзина, бараат повеќе пешачки патеки, бараат да им се застане на зелено... Бараат поголема безбедност во сообраќајот. Пораката од „Неделата за безбедност на пешаците во Република Македонија“ е: луѓе, застанете им, пропуштете ги, дајте им предност и дајте свој придонес во намалувањето на бројот на повредени и на жртви на нашите улици.

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

„Скопје“ пешачеше за...

... за поголема еколошка свест

Промоцијата на оваа Недела на пешачењето треба да придонесе за подигнување на јавната свест за правилно и безбедно однесување на сите учесници во сообраќајот, со цел да се намали бројот на загинати и повредени пешаци во сообраќајни незгоди. „Неделата“ официјално заврши со активностите на АМСМ Во „Неделата за безбедност на пешаците во Република Македонија“ со свои активности учествуваа сите релевантни владини и невладини институции, како што се РСБСП, МВР на РМ, СЗО, ЗЕЛС и сл. АМСМ во рамки на својата акција „Скопје“ пешачи за... ги прашуваше посетителите на Скопје Сити мол зошто тие пешачат и што им пречи најмногу како пешаци. • Росана Јанков 17


АВТО-МОТО

Претставуваме Arrinera Hussarya

Уличен тркач достоен за восхит

Бесни, безобзирно скапи и пред се впечатливи ремек дела од автомобилската индустрија светот очекува да доаѓаат од Италија. Инженерските и дизајнерски гуруа кои доаѓаат од лулката на ренесансата и на марки како Ferrari, Lamborghini, Maserati сега треба да ја симнат шапката пред најновиот беснотилак која доаѓа, верувале или не, од Полска. Станува збор за Arrinera Hussarya.

18

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО

A

rrinera како автомобилска марка е малку позната на пошироката јавност, но не и за октанските зависници. Создадена е со полски капитал воден од јасна визија за своето прво чедо. Толку јасна што го привлекла и вниманието на легендарниот британски конструктор и дизајнер Ли Ноубл (Lee Nobel), креатор на марката Noble карактеристична по автомобилите кои со леснотија ловеа преку 350 km/h. Под негово водство е создадена Hussarya, пеколно

бесно чудо на четири тркала кое без здив остава и со дизајнот и со перформансите. Дизајнот е уникатен и ја одвојува од морето слични проекти. И, што е уште поважно, јасно дава на знаење што се сокрива под складно обликуваните линии.

Создаден за на писта

Скелетот на Hussarya е просторна рамка од цевки од високо легиран челик во која е сместен 6.2 литарски V8 на GM. Моторот е навиен да испорачува 04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

650 КС и 820 Nm кои кон задните тркала ги испраќа роботизиран класичен менувач развиен од италијанскиот специјалист Graziano. Капсулата во која се сместени возачот и совозачот, како и панелите од каросеријата се изработени од карбон-фибер. Иако цврста по градба Нussarya е неверојатно лесен автомобил. Иако мери 4,45 m во должина, 2,05 m во ширина и 1,19 m во висина тежината не преоѓа 1300 kg. Заради одичниот сооднос маса и моќност од 2,0 kg/ 1 КС Hussarya е способна да 19


АВТО-МОТО

Претставуваме Arrinera Hussarya го катапултира возачот од место до ли како камера за во рикверц, тер100 km/h за 3,2 сек., до 200 km/h за 8,9 сек.. Спринтерската дисциплина 0 – 200 – 0 km/h ја исполнува во 14,3 сек., 200 – 0 во 133 m, четвртина милја лови за 11 сек., а максимумот го достигнува при 340 km/h. Импресивно зарем не.

Опрема како од соништата

Hussarya подеднакво одушевува и со својата кабина целосно преслечена во кожа и опремена со дета-

20

мална камера за рано откривање на предмети и луѓе на пат ноќе, екран осетлив на допир преку кого се управува со мултимедијалниот интерфејс, индивидуално избирање на бојата и уредувањето на кабината. Оние што сакаат подобри перформанси им останува да нарачаат зголемување на моќноста на 700 КС и поставување на карбон-керамички дискови на специјалистите AP Racing или Brembo. Тука не застануваат

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

моќностите кои ги дава Arrinera Automotive кога е во прашање Hussarya. Пуританците желни да уриваат времиња на тркачка писта ќе се откажат од комфорните елементи и благодетите на современата електроника. Така дополнително ќе ја олеснат Hussarya и ќе ја претворат во тркач за восхит способен да остварува странични забрзувања 1,3 пати поголеми од гравитацијата. • Љубомир Анастасовски


АВТО-МОТО

Претставуваме BMW M4 Convertible

Баварски ураган На почетокот на годината, во јануари ,,BMW“ на светска премиера во Детроит ги прикажа новите генерации на моделите М3 и М4 и најави дека многу наскоро треба да ја очекуваме и кабриолет верзијата.

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

21


АВТО-МОТО

Р

ечено, строено... веќе од оваа пролет следбениците на баварската марка имаа причина повеќе да се радуваат. Имено, на салонот во Њујорк пристигнува BMW M4 Convertible.

Првокласен агрегат

Кабриолет верзијата со М4 ознака го користи истиот двигател што се наоѓа и во купе и седан изведбите М3 и М4. Станува збор за новиот шестцилиндричен агрегат кој од зафатнина еднаква на 3.0 литри со помош на турбополнач со променлива геометрија истискува максимални 431 КС и произведува 550 Нм влеч-

22

на сила. Моделот М4 стандардно во оваа конфигурација доаѓа опремен со мануелен шестстепен менувач, а како опција може да се добие и седумстепената М DCT автоматика со двојна спојка.

Перформанси за почит

Забрзувањата на М4 Convertible од место на мирување до 100 км/ч траат 4.5 секунди кога е опремен со мануелен менувач, додека автоматската трансмисија овозможува уште подобро забрзување и истата дистанца ја изминува за 4.3 секунди. Доколку електрониката не стапи на сила стрелката на брзиномерот со сигур-

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО

ност ќе се искачи многу повисоко од лимитираните 250 км/ч.

Агресивна појава

Како не би билa случајно помешанa со некоја од послабите кабрио моделите од серијата 4, најмоќната изведба визуелно се разликува по агресивниот преден дел и комплетно изменетиот поклопец на моторот со традиционалната испакнатина карактеристична за М моделите. Автомобилот е поставен пониско, а стандардно стои на 18 инчни леснометални тркала кои ако не ви се по воља инстантно може да се заменат со за еден број поголеми од листата

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

на дополнителни опции. Спортскиот карактер на моделот доаѓа до израз и на задниот дел каде што звукот кој го произведува моторот излегува преку 4 издувни цевки. Потпирањето е комплетно модифицирано како би можело да одговори на потребите и има 3 режими на работа (Comfort, Sport i Sport +)

Спортска практичност

Во кабинскиот простор доминираат елементи својствени за најмоќните изведби, а се издвојуваат посебниот управувач како и седиштата кои имаат поголема странична потпора. Кабриолет M4 поседува метален склоплив кров кој за 20 секунди и при брзина од 20 км/ч може да се склопи во багажниот простор. Во зависност од тоа дали покривот е подигнат или спуштен варира и багажниот волумен кој може да изнесува од минимални 220 литри до максимални 370 литри што е само дополнителен доказ дека спортскиот кабриолет автомобил може да биде и практичен. • Љубомир Анастасовски

23


тестови и совети

Совети за вашето возило

Зимата помина, Ви претстои пролетна подготовка

Пролетта календарски веќе започна па искористете ја приликата да го исчистете автомобилот од талогот на солта и влагата кој се таложеле во текот на зимата .

24

П

о завршувањето на зимата покрај контролата на подвозјето на автомобилот постојат уште работи кои сопствениците на автомобилите треба да ги направат после завршувањето на долгиот зимски период. Една од најглавните работи по завршувањето на зимата е промената на зимските пневматици и нивна замена со летни. Главна причина за оваа промена е во тоа што на температура од над 10 степени целзиусови зимскиот пневматик ги губи возните својства, кочиониот пат е подолг, а со тоа се намалува стабилноста во завои при што автомобилот е нестабилен, а се зголемува и потрошувачката на гориво. Ниските температури најмногу последици предизвикуваат на гумените делови на возилото и на акумулаторот, па затоа е потребно да се утврди дали во текот на зимата се настанати некои оштетувања. Оштетените гумени и пла04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

стични делови се заменуваат со нови, се контролира антифризот во моторот и се врши промена на моторното масло во моторот со таков тип на масло кое ќе биде поретко и ќе овозможи добра и квалитетна работа на моторот во текот на пролетниот и летниот период во годината. Не заборавајте да ја проверите состојбата на акумулаторот, па доколку е ослабен и истрошен истиот треба да биде заменет со нов. Најбитно од се е чистењето на патосот на возилото од наслагите од сол. Автомобилот треба да се однесе во перална и длабински да се испрска со јак млаз на топла вода со цел солта да се тргне од долниот дел од возилото особено од оние делови кои се тешко достапни за чистење. Најбитно е после перењето на возилото дополнително да се подмачкаат и исчистат сите сајли на возилото како и да се изврши полирање на каросеријата.


тестови и совети

Освен овие интервенции задолжителна е и проверката на предниот и задниот трап на возилото за да не се врши непотребно абење на гумите. Системот за кочење потребно е да се провери, а по потреба да се дополни или промени глицеринот како и трајноста и истрошеноста на плочките кои денеска се направени од еколошка природа на метали кои не овозможуваат долга експлоатација и истите е потребно да бидат променети со што би се подобрила ефикасноста на кочењето. Вака следејки го овој редослед возилото ќе го доведете во исправна состојба по поминатата долга и студена зима, а талозите од влага и сол ќе исчезнат и вашиот автомобил ќе биде спремен за пролетната сезона. • Андријан Трипунов

Промената на зимски со летни пневматици е една од првите работи кои треба да ги направите кога го подготвувате вашето возило за пролетната сезона

Пожелно е со јак млаз да се испере и моторот на автомобилот 04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

25


вие прашувате

• Постои ли можност некаде во Скопје да направам дупликат регистерска табличка. Слушнав дека доколку само едната табличка е изгубена, немора да се вадат две нови. Ви благодарам, Јадранка АМСМ: Кога едната таблица не е оригинална тогаш не е валидна и другата. Можност за дупликат на регистарска табличка не постои. Потребно е да дојдете во АМСМ Станица за технички преглед каде што ќе ви се изготват следните барања за нови таблички: 1.барање за промена на таблици 260 денари, 2.уплатница од 1.400 денари (на жиросметка на МВР) за нови таблици, 3.150 денари на шалтерот на МВР, Со ова е комплетирана процедурата за новите таблици кои ќе ви бидат поставени во нашата станица и во новата сообраќајна дозвола. • Јас сум во моментот во Саудиска Арабија и имам потреба од меѓународна возачка дозвола за следните 3 месеци. Дали постои листа на земји во кои е прифатена оваа дозвола и дали Саудиска Арабија е една од нив? Воедно, ме интересира дали може некој друг во мое име да го озвади овој документ? Поздрав, Осман Алберто АМСМ: Саудиска Арабија е една од земјите каде се признава меѓународната возачка дозвола. Неа може да ја извади и друго лице во ваше име. Потребни документи за изработка на меѓународна возачка дозвола: - 2 слики - Национална возачка дозвола - Лична карта - 950,00 денари • Дали и под кои услови може жител на странска држава кој нема регулиран престој во Македоније да вози возило со македонски таблички? Може ли да му се издаде

полномошно за управување со туѓо моторно возило на странец доколку поседува сопствен пасош, сообраќајна дозвола од возилото, лична карта или пасош на сопственикот на возилото. Возило за кое се бара полномошно е регистрирано на приватно лице (македонски државјанин) Однапред благодарен, Дритон АМСМ: Одобрение за управување со туѓо моторно возило надвор од Република Македонија се издава само на возила регистрирани во Република Македонија на основ на важечка сообраќајна дозвола. Одобрение за управување со туѓо моторно возило надвор од Република Македонија се издава на: 1.Државјани на Република Македонија, 2.Странски дипломатски или конзуларни претставништва или странски Мисии акредитирани во Р. Македонија кои се сопственици на возила регистрирани во Р.М., можат да овластуваат државјани на Р.М. кои се во работен однос кај нив или лица странски државјани кои се вработени кај нив и имаат дипломатски или службен статус, да изнесат возила вон границата на Р.Македонија. Бидејки како што наведувате, Вие сте странски државјанин кој нема регулиран престој во Република Македонија, според горе наведената законска регулатива не може да добиете овластување за управување со туѓо моторно возило. Доколку имате потреба од дополнителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашиот е-маил contact@amsmstp. mk или во контакт центарот на АМСМ на следниот телефон +389

(0)2 3 181 181, а исто така можете да ја посетите нашата веб страна: www.amsmstp.mk. • • Последниве месеци живеам во Шведска, но многу често патувам во Македонија и токму затоа ми треба автомобил на мое име. Ме интересира, дали можам и како да ја регистрирам мојата кола во Македонија. Станува збор за Волво 940 со мотор 2,3 од 1998 година. Во многу добра состојба е и ги исполнува сите европски услови-катализатор, малa емисија на издувни гасови, итн. Поздрав, Раде АМСМ: Доколку имате македонско државјанство имате право да увезете и регистрирате возило во РМ. Во моментов во Македонија можат да се увезат патнички возила кои го исполнуваат стандардот ЕУРО2. Бидејќи се бара исполнување и на дополнителни услови за возилото (кочници, светла, седишта итн.), информацијата дали возилото исполнува услови за увоз, можете да ја добиете во Центарот за возила на АМСМ www. amsmcentarzavozila.com.mk. Дополнителни информации побарајте на следниот мејл: contact@homologacija.mk •

Вашите прашања испраќајте ги на електронската пошта: contact@amsm.com.mk

196 02/ 15-555 02/ 3181-181 26

ПОМОШ НА ПАТ (од Македонија, без префикс, и од фиксен и од мобилен)

+389 2 3181-196

Патни информации (од Македонија)

+389 2 3181-197

ИНФО-ЛИНИЈА (од Македонија)

+389 2 3181-181

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

(од странство) (од странство) (од странство)


04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

27


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ

Книга

„Среќник“ Николас Спаркс

Р

о м а н о т „Среќник“ е нежна љубовна приказна за неочекуваните патишта низ кои понекогаш се движи нашиот живот и моќта на судбината да нè однесе до искрена и трајна љубов. Американскиот маринец Логан Тибо во Ирак ќе пронајде фотографија на насмеана млада жена. Најпрвин ќе сака да ја фрли фотографијата, но од непозната причина ќе се одлучи да ја задржи. Наскоро ќе почне да го следи неочекувана среќа, ќе победи во покер, ќе преживее многу борби, дури и најкрвавата во која ќе бидат убиени и неговите двајца пријатели. Неговиот најдобар пријател Виктор верува дека постои објаснување за ова, а тоа е фотографијата што, всушност, е негова амајлија. По враќањето во родното Колорадо тој не успева да ја потисне фотографијата од неговите мисли. Уверен дека жената од сликата го поседува клучот на неговата судбина, тој тргнува на долг пат за да ја најде, не очекувајќи дека Бет, јака, но ранлива жена, која ќе ја запознае во Северна Каролина, е жената по која мечтаел цел живот. Меѓу нив се раѓа страсна љубов, но неговата тајна, можеби, ќе биде причина за нивната разделба... • 28

Музика

Филм

„20 The Greatest hits” Лаура Паузини

Л

аура Паузини е многу повеќе од италијанска ѕвезда - таа е светски комерцијален феномен, а на крајот од минатата година го издаде последниот албум со најголеми хитови наречен „20 најголеми хитови“. Со овој албум таа ја одбележа и 20-годишната кариера. Албумот е одлична збирка на најголемите хитови на Лаура, сместени во 2 ЦД и ДВД со документарен филм за нејзиниот живот. Освен старите хитови, албумот содржи и неколку синглови, како што е „Лимпидо“ („Limpido“), а ќе уживате и во дуетите со Кајли Миног, Марк Антони и Андреа Бочели. Паузини е одличен вокал и со својот заводлив и прекрасен глас песните ги интерпертира на повеќе начини. • • Маргита Поповска

„Таа“ Режија: Спајк Џонс

Д

ејството на не обичната љубовна приказна се случува во блиска иднина, во Лос Анџелес, а зборува за осамениот писател Теодор, комплексен духовен човек што живее од пишување сентиментални и лични писма за други луѓе што му плаќаат за таа работа. Со скршено срце, по раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, Теодор почнува да се интересира за новиот напреден оперативен систем што, всушност, е самостојна вештачка интелигенција. Тоа е Саманта, бистар женски глас, чувствителен и многу хумористичен. Од негов личен асистент таа ќе стане доверлив пријател, а на крајот нивното пријателство прераснува во љубовна врска. Одличен филм во кој се зборува за односите меѓу луѓето и желбата за поврзаност, за стравот од интимност, меланхолија предизвикана од потребата и од осаменоста. Жанр: Драма, СФ Улоги: Жоакин Феникс, Јохансон, Ејми Адамс •

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

Скарлет


SHOW YOUR CARD!

Искористете ги SyC! попустите во Будимпешта

Ќе патувам во Унгарија, каде можам да заштедам со мојата АМСМ членска картичка? Со програмата Show your Card! како АМСМ членови штедите каде и да патувате надвор од границите на нашата земја. Што значи тоа? Тоа значи дека со покажување на Вашата АМСМ членска картичка во SyC! продажното место каде што ќе ја препознаете налепницата со Show your Card! логото на самиот влез, Вие ќе добиете од 10-50% попуст. Доколку планирате да ја посетите Унгарија , еве неколку наши препораки, каде можете да добиете попуст и да заштедите многу повеќе отколку што чини Вашата АМСМ членска картичка: Музеј на ликовна уметност, Будимпешта

Еден од најважните уметнички музеи во Европа претставува дом на сеќавањата на универзалната уметност од антиката до денес. За време на постојаните и повремени изложби, ќе уживате во делата на старите мајстори, Рафаел, Тициан, Ван Дајк, Ел Греко, Веласкез, Гоја... 10% попуст на билетите за постојани и повремени изложби за SyC! член + 3 лица. Центар Програма на Унгарија Откријте ja Будимпешта дење или во текот на ноќта. Посетете убави места на езерото Балатон, вкусете ги познатите вина на Егер, учествувајте во коњичко шоу. Ова е еден од најголемите тур-оператори во Унгарија. 15,00% попуст за SyC! членовите за екскурзии во Унгарија и други програми кога билет е купен на Центар програма.

MARGITKERT RESTAURANT Во најелегантниот кварт во Будимпешта, во центарот на Буда, ресторанот Margitkert нуди најдобра унгарската кујна. Познати гости, како што се Олоф Палме, Хелмут Кол и Франсоа Митеран уживале во одличната кујна, атмосфера и гостопримство во една од двете градини и три одделни сали на ресторанот. 10,00% попуст на вкупниот износ на сметката, вклучувајќи јадења и пијалаци за SyC! член + 3 лица. Унгарска национална Галерија

HARD ROCK CAFE 10% попуст на храна и безалкохолни пијалоци. BEST WESTERN HOTELS EUROPE 20 % попуст.

секаде каде што ќе го забележите логото Show your Card!

Покажете ја Вашата АМСМ членска картичка

и попустот е Ваш!

Националната галерија на Унгарија е најголемата јавна колекција која го презентира на порастот и развојот на ликовната уметност во Унгарија. 10%попустнавлезницитезапостојаните и повремени изложби за носителот на картичката SyC! + 1 лице. Sarlóspuszta Kalandliget Авантура Парк Авантура и забавниот парк се наоѓа во близина на јужниот дел на Будимпешта. Паркот нуди возбудливи игри, забава, предизвикувачки активности... 10,00% попуст на влезен билет и за спортските активности, за носителот на картичката SyC! + 5 лица.

Сите попусти може да ги пребарате на www.amsm.mk во делот на Show your Card!-пребарување на попусти низ Европа. АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе! 04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

29


патувања

Будимпешта

Будимпешта - бисер на реката Дунав

Прекрасна во секое годишно време, накитена за Божиќ, разиграна за Нова Година или расцветана во пролет, „Кралицата на Дунав“ ве повикува со својата единствена убавина, гастрономија и ноќниот живот

М

ожеби овој европски центар најдоцна во Европа го добил своето денешно име, дури во XIX век, настанато како кованица од имињата на три града по течението на реката Дунав. Буда - на левата, брдеста страна од реката, Обуда - местото кое Римјаните го избрале за античкиот град Aquincum, со цел да уживаат во термалните извори кои ги нуди овој град, и Пешта - протегната на десната рамна страна, а денешниот пулсирачки, динамичен центар на градот. Градот зрачи со неверојатна привлечност и импресивна архитектура. Од обични згради, преку базилика и катедрала, цркви, хотели, бастиони, Собрание и Кралска палата...неможете да одлучите која зграда е поубава.

30

Прошетката можете да ја почнете од „Вареги“ или „Castle Hill“, чии градби сé уште го задржале средновековниот карактер. Од нив се издвојува Кралската палата од XIII век, неколку пати уништувана од разни освојувачи, за денешниот лик да го добие во XIX век. Денес во нејзините пространи дворани се сместени поставките на Историскиот музеј, Националната галерија и на Националната библиотека. Во близина се наоѓа и црквата на Матеус, каде во минатото ги крунисувале унгарските кралеви. Тука, царицата Сиси е крунисана во унгарска кралица. Во овој дел се наоѓа и прекрасниот комплексот „Рибарската тврдина“(Halászbástya), кој претставува прекрасен комплекс на седум бели кули кои симболизираат седум племиња кои ја основале унгарската 04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

држава и унгарскиот народ. Тука се наоѓа и скулптурата на кралот Стефан, крунисан во 1000 година, со чии заслуги Унгарија била христијанизирана. Гелерт брдото претставува друга точка од која можете да уживате во панорамата на Будимпешта, која денес е под заштита на УНЕСКО. Од далечина брдото се препознава по Цитаделата изградена во XIX век, надвисната од 14-метарската статуа, подигната во 1947 година, во знак на ослободувањето од фашистите. Поврзувањето на градовите било овозможено со изградбата на мостовите преку Дунав, денес девет на број, меѓу кои е мостот Ержебет или белиот мост, мостот на слободата , но најстар и најубав е „Мостот на синџири“(Scechenyi Chain bridge), изграден во 1849 година, а најпознат по


ПАТУВАЊА

статуите на лавови. Од другата страна на мостот веќе сте во Пешта, каде можете да ја продолжите прошетката по корзото на Дунав или по главната пешачка улица „Ваци“, која изобилува со бројни кафеани, ресторани, продавници за сувенири, но и бутици на познати модни брендови. Ако сакате да се заблажите, посетет ја најпознатат слаткарница „Жарбо“(Gerbeaud) и пробајте Жарбо,Естерхази и Добош торти. Друга област во која пешачејќи повторно ќе истражувате е Ерзсебет, еврејскиот кварт, во кој се наоѓа најголемата европска синагога со 3.000 седишта и втора по големина во светот, по њујоршката Еману-Ел. Парламентот е градбата која се смета за вистинско обележје на Будимпешта, тој плени со својата големина

- 10 дворани, 29 декоративни скали и 27 влеза. Оваа неоготска палата, завршена на почетокот на XX век, од надворешната страна, по целата должина од 268 метри, е украсена со статуи на унгарските монарси и воени команданти, како и со 96 метри високата црвена купола. Камените лавови на главниот влез го чуваат богатиот ентериер од мермер и злато, како и бројните артефакти, меѓу кои се наоѓа и круната на кралот Стефан, која по долго време, во 1978 година, од страна на американскиот претседател Џими Картер беше вратена во Унгарија. Со големината на Парламентот може да му парира само базиликата „Св. Стефан“. Нејзината изградба траела педесет години, поради паѓањето на куполата во 1868 година, што го поме04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

стило завршувањето до 1905 година. Оваа таканаречена базилика, само поради своето значење, но не и по типот на градбата, е дом на една од најпознатите средновековни реликвии - раката на Св. Стефан. Вредна за внимание е и натамошната прошетка по булеварот „Андраси“, по чии две страни се протегаат вековни згради од XIX и од XX век, украсени со уметничка доследност на стиловите во кои се изградени. Во продолжение е Унгарската национална опера, средиштето на музичкиот живот од 1884 година. Оваа неоренесансна градба, со примеси на барок, е украсена со фреско-декорација внатре и со статуи однадвор, изработени од најдобрите уметници на времето. На крајот од булеварот „Андраси“ се наоѓа Споменикот на хероите, изграден во 31


патувања

„Цитадела“ - од неа се протега најубавата панорама на градот

Традиционалните места в кои мож унгарската храна се т.н чарди. Во ни специјалитети гулаш, па

Најголемата еврејска синагога

„Базиликата Св. Стефан“

чест на унгарското освојување. Во неговиот центар се наоѓа 36-метарски столб со арханѓел Гаврил на врвот, додека во долниот дел е опкружен со седум фигури, репрезентирајќи ги седумте унгарски племиња. Во полукруг, од двете страни на столбот, се претставени сите значајни унгарски историски фигури. Слатко бегство од улиците на Пешта претставуваат зелените површини на два ипол километри долгиот „Остров Маргит“, кој се состои од парк и е популарна рекреативна 32

„Мостот на синџири“ е најстар и најубав мост, а познат е по статуите на лавови

атракација како за туристите, така и за локалното население. Овој остров го добил името по принцезата Маргит која во XIII век живеела во манастирот на островот. Во средниот век домениканците и францисканците тука подигнувале манастири, додека кон крајот на XVIII век островот станал летно аристократско одморалиште. Клубови, базени, аква парк, атлетички и фитнес центри, патеки за велосипеди и трчање може да се најдат околу островот. За време на денот, 04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

островот во главно е зафатен со луѓе посветени на спортот или кои само се одмораат. За време на летото, особено за време на викендите, најчесто млади луѓе одат на островот на ноќни завави на некоја тераса од островот. Поинаков начин да уживате во Будимпешта е посетата на една од бројните бањи, од кои најпозната е „Гелерт“ бањата, со отворен базен, галерија околу базенот, со монументални римски столбови и впечатлив влез засводен со стаклен кров.


ПАТУВАЊА

жете да уживате во големиот избор на ив можете да ги испробате познатите аштета од гуска, паприкаш,...

Парламентот во Будимпешта плени со својата големина и убавина

„Рибарска тврдина“

Омилено место за релаксирање се „Плоштадот на Франц Лист“ и обновената „Радаи“ улица, каде можете да се засладите со познатиот унгарски марципан. Двата милиона жители и реките туристи кои се слеваат во Будимпешта најчесто се определуваат за метрото, како омилено превозно средство низ градот. Она што никако не смеете да го пропуштите е ноќното возење низ реката Дунав. Со звуците на Бечкиот валцер, пумот на таласите и мирисот на

Островот „Маргит“

Споменикот на хероите е изграден во чест на унгарското освојување

водата, најубавите симболи на Буда и Пешта ќе ги доживеете од еден друг агол. Прекрасното осветлување, ќе им даде сосема нова димензија на импозантните градби...апосултно се е осветлено и сликата која ќе ја видите ќе биде мелем за сите ваши сетила. Откако ќе ги видите сите поголеми градски знаменитости, на крајот од денот понудетет си уште едно задоволство. Дали тоа ќе биде вечера на брод или на чарди, или пак вечерна забава во некој од 04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

бројните клубови, по кои Будимпешта е надалеку позната, одлучете сами. Можеби комбинацијата од предложеното ќе биде ваше најдобро решение. Што и да изберете нема да згрешите. Едно е сигурно, од Будимпешта ќе заминете со прекрасни впечатоци. Богатиот боемски живот со бројните ресторани и ноќни клубови, тајните кои ги крие унгарската историја ќе биде доволна причина повторно да го посетите овој град. • Маргита Поповска 33


стил

Машки торби

Неизбежен моден детаљ за секој маж

Актовка

Откако новиот филм за Џемс Бонд ги освои светските кино сали, актовките повторно се најдоа во центарот на вниманието. Покрај убавиците кои го опкружуваат, автомобилите и неверојатните ситни детали, секој агент 007 има и торба во која го крие тајното оружје, но таа му служи и како штит. Ак-

Иако момчињата повеќе сакаат да носат торби преку рамења, на менаџерите подраги им се актовките.

З

а асесоарите веќе oдамна не размислуваат само жените. Денес, тие им се важни и на мажите, барем на многумина од нив. Всушност, голем дел од мажите знаат дека торбите и чантите се неизоставен и исклучително практичен моден детаљ. Во тренд се неколку вида. Повеќето дизајнери ја наоѓаат инспирацијата во филмовите како, на пример, оние со агентот 007, „Од Русија со љубов“, што го одбележа Шон Конери, или „Поштарот секогаш ѕвони два пати“. Едни ги обожаваат и не ги симнуваат од рамото, други ги носат зашто мораат, од практична причина, трети само кога посебно се расположени, четврти, пак, ги презираат. Како и да е, торбите влегоа во машката мода преку ширум отворена врата.

34

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

товката е најстар вид машка чанта, наменета за списи и за службени акти. Се појавила во времето кога во речниците сè уште не постоел малку изопачениот збор „метросексуалец“. Најпрво биле четириаголни, со остри и нагласени рабови, а денес се модернизирани и обликот им е „заоблен“. Традиционалната актовка ја дизајнирал Бил Амберг, чија Rocket спаѓа во таканаречената модерна класика. Таа има алуминиумска рачка и затворач со магнет. Однадвор има еколошка кожа, а одвнатре кадифе. Оваа торба има џеб за лаптопкомпјутер, место за мобилен телефон и портмоне, а се произведува во црна, светло и темнокафена боја и во две големини. Љубителите на актовки го сонуваат моделот на „Dunhill“ од мека црна кожа, Sentryman Double Document Case, како и оние на „Lanvin“ и „Louis Vuitton“ од познатата Damier кожа.

Поштенска торба

Ги носеле поштарите, па оттаму и нивното име. Има разновидни поштенски торби (messenger bag), од платнени до кожни, евтини и малку поскапи. Задолжително се носат на рамо. Студентите ги сакаат зашто се практични, а помодарите како додаток во урбаната мода. Наменети се за оние кои сакаат да се чувствуваат лежерно. American Eagle


стил

Newsboy и Hugo Boss Havana Canvas Messenger, вообичаено во кафена боја, станаа омилени меѓу оние кои секогаш се трудат да бидат во чекор со модата. Се носат со џинс, дури и со панталони до колена. Тие се вистински избор при извршувањето на секојдневните обврски и омилен моден детаљ кај голем број припадници на светскиот џетсет, од Дејвид Бекам до Џонатан Рис Мејерс.

Мала патна торба (holdall)

ни да ги овековечат своите необични доживувања.

Торба со рачка (tote)

Станува збор за разработен, модерен облик на актовка. Таа е сè поприфатена во деловните кругови. Примат меѓу ваквите торби имаат Kenneth Cole Flap Briefcase и J. Crew Artisan Leather Tote, кои веќе извесно време се омилен моден детаљ меѓу успешните во бизнисот, а истовремено се и помодари.

би од осумдесеттите години на минатиот век и најчесто ја носат мажите кои сакаат класичен стил и не експериментираат со торбите. Се разбира, логото кажува дека торбата е спортска. • Игор Ландсберг

Торбата е откритие за мажите кои често патуваат. Треба да биде доволно голема, но не претерано, за да не стане товар кој ќе почне да пречи. Многумина љубители на патувањата одамна ја имаат Paul Smith Weekend Bag, иако некои од нив ја носат и навечер, во зависност

Се носи со елегантна облека, но и во комбинација со гардероба која има спортска нишка.

Спортска торба

од дезенот, како неизоставен асесоар во вечерните излегувања.

Торба за камера

Торбата наменета за камера е помала верзија на поштенската торба. И таа се носи на рамо, иако главна функција ѝ е заштитата на камерата. Креаторите му посветуваат особено внимание на нејзиниот дизајн. Ја носат многу мажи, дури и најголемите противници на торбите. Откако Banana Republic го промовираше Tumbled Leather Camera Bag, таа често се забележува на рамото на голем број авантуристи, жел-

Откако врвните спортисти станаа дел од џет-сетот, сите оние кои се занимаваат со каков било спорт му посветуваат особено внимание на изгледот, пред сè при изборот на тренерки, патики и, секако, торби. „Gucci“ внесуваат и доза на модернизам. Торбата на Ендрју Марк Маршал, иако не изгледа многу спортски, сепак е наменета за спортистите и за богати-

те рекреативци. Најмногу им прилега на мажите кои често носат костуми, а само понекогаш се облекуваат лежерно и не сакаат да отстапат од својот стил, дури и додека одат во сала за вежбање. Lacoste торбата за тенис има и друга намена. Таа служи и за носење на опрема за други спортови. Идеална е за професионалните спортисти. Според стилот, торбата Nike потсетува на патните тор04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

35


познатите како членови на амсм

Пролетната колекција на Мила Кадриу

Инспирацијата доаѓа од убавите нешта Мила Кадриу е моден дизајнер кој во македонската модна историја прави голем исчекор во создавањето модерен стил кај нашите луѓе. Едоставна, многу скромна личност, жена со голема амбиција, која со многу љувоб ги вложува своите емоции и тоа е очигледно и на нејзините креации.

П

ред една недела се одржа пролетниот модниот викенд во Скопје, каде многу модни креатори имаа можност да се претстават со свои креации, меѓу кои и Кадриу. Таа со својата ревија на женски модели се издвои од осанатите креатори со локацијата каде што се одвиваше ревијата, со своите модели, пролетните бои за кои црпеше инспирација од природата. 36

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


познатите како членови на амсм

•Како почна приказната наречена Мила Кадриу? Кадриу: Во 2007 година почнавме со готови модели на венчаници што ги увезувавме, но идејата беше да се отвори wedding center каде што секоја невеста ќе може да најде сè што ѝ е потребно за нејзиниот голем ден. Но, како што минуваше времето така сè повеќе се наметнуваше идејата за дизајнерски венчаници или по нарачка. Така почна сè, од бизнис се претвори во ателје. • Мила Кадриу е бренд на префинетост, едноставност, мир и спокој… Колку беше тежок или лесен патот за создавање бренд? Кадриу: Ниеден пат не е лесен кога се почнува од ништо, имајќи предвид на кој пазар и во каква економска ситуација се наоѓаме, но кога желбата и ентузијазмот се големи да имате и малку среќа одете напред кон остварување на соништата. • Неодамна учествувавте на пролетната модна ревија… од каде инспирација за оваа прекрасна колекција? Кадриу: Инспирацијата доаѓа од убавите нешта, како што се природата, нејзините убавини и жената прикажани преку облека во градина. • Претходната модна колекција ви беше во индиски стил, оваа е сосема друга… сакате различни стилови или…? Кадриу: Тема во претходната колекцијата ми беше Индија, но фустаните беа во мој стил, имаа само индиски моменти, а накитот беше специјално донесен за ревијата токму од оваа прекрасна земја. Овој стил го градиме овие седум (7) години, но во главата секогаш имам различни приказни и сакам да експериментирам, тоа е модата! • Лично многу ми се допаѓа што секогаш избирате прекрасни модели што знаат да ги носат вашите манекенки… Имате и искусни, но и нови лица… Како креатор им давате шанса на новите и зошто? Кадриу: Последниве години ситуацијата за избор на модели се подобрува, овојпат имавме многу добро организиран кастинг, имаше учесници од наши агенции, но и од Косово и од Србија. Секако, се избираат искусни манекенки, но исто толку се важни и новите лица, работите во модата се менуваат во секунда, така и барањата

за манекенки се сè поразлични. • Што следува по пролетната колекција? Кадриу: Идната недела ќе се презентираме во Приштина и полека ќе почнеме со работа за есенската. Има многу планови, но се во свое време! • Асоцијација за Мила Кадриу беа вечаниците… а сега се развивате… Колку наши невести сакаат и имаат желба да носат креации од наши дизајнери и дали сте задоволна од тоа…? Кадриу: Се почна со венчаниците, но не избежни стануваат и тоалетите за најблиските, коктели и многу други пригоди, но полека имаме барања за ready to wear. Но, според мене, кога станува збор за венчаници, дефинитивно, невестите сакаат дизајнерско парче и во тој дел не саакат да ризикуваат. Попрочуените странски брендови се индустриска изработка и затоа невестите имаат предност да избираат

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

уникатна, специјално за нив направена колекција и се свесни за изборот венчаница воопшто кај нас. • Што работите во овој период и кои се Вашите планови? Кадриу: Моментално работиме за клиенти, а веќе е почната сезоната на свадби и матури и истовремено само што завршивме една мини-колекција намената за германскиот пазар. • Дали патувате и дали сте активен учесник во сообраќајот? Кадриу: : Патувам толку колку што ми дозволува времето, секако дека уживам да возам и тоа ме релаксира. • Која е Вашата порака до сите учесници во сообраќајот? Кадриу: Првенствено да се почитуваат правилата и дефинитво да се вози внимателно заради наша безбедност и, секако, за безбедноста на другите. • Росана Јанков

37


ИСТОРИЈА

FORD ESCORT 1968-2000

Автомобил со шмек на традиција „Повеќе квалитет за помалку пари“ беше мотото на Хенри Форд за време на производството на моделот „Т“ во 1910 година. Традицијата продолжи и со моделите на Ford Escort и неговиот наследник Ford Focus.

О

ваа светска автомобилска индустрија мотото го користи и денес, па токму затоа моделите Escort и Focus се бестселери во својата класа. Сè започна во далечната 1968 година со првиот Escort (mark I), создаден во Англија, по британски вкус, како замена за тогашниот модел на Ford Англија. Тоа беше типичен англиски автомобил, кој со молскавична брзина го освои светскиот пазар. За тоа зборува и податокот дека моделот Escort до 1975 година бил продаден во 2.115.301 примероци. Освен во Англија, овој модел од 1969 година се произведуваше и во Германија, во фабриката во Келн. Откако се појави на автомобилската сцена, Ford подготви неколку спортски варијанти, од кои најпозната е верзијата „Мексико“, која го добила името по познатото рели Лондон-Мексико од 1970 година. Оваа варијанта имаше мотор од 1600 см3 и моќност од 86 коњски сили, а постоеше и варијанта од 1100 см3 со 44 коњски сили како стандардна верзија. Моделот се произведуваше како лимузина со 2 и 4 врати. Во 1975 година е претставен моделот на Ford Escort (mark II) кој се одликуваше со строга геометриска линија или класична „коцкаста“ форма. Овој модел ја задржа гамата мотори од претходниот модел, а се продаваше на американскиот и австралискиот пазар. Кон крајот на седумдесеттите години Ford вложи 200 милиони марки 38

во развој на новата генерација на Escort, моделот Ford Escort (mark III). По претставувањето во 1980 година, веќе следната, 1981 година автомобилот ја доби титулата автомобил на годината. Имаше дизелмотори од 1,1, 1,3 и 1,6 литри. Оваа серија на Escort е позната по спортската верзија на Escort XR3 со 96 коњски сили. Кон крајот на осумдесеттите години, овој модел доживеа незначителен редизајн и се произведуваше сè до

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

1990 и се памети како најуспешен модел на Escort. Новиот модел (mark IV) е претставен во 1990 година со богата палета на мотори. Се произведуваше како лимузина со три и со пет врати и како комбиверзија. Се памети една мала серија на кабриолет. Забележителна беше и тркачката верзија на Escort, серијата Cosworth RS со менувач, мотор и подвозје, преземени од Ford sierra cosworth. Последната серија на Ford Escort забележа слаби пазарни резултати и се смета за еден од најнеуспешните модели на Ford Escort. Во 1998 година беше претставен потполно нов автомобил кој почна интензивно да ги освојува пазарите низ целиот свет. Тоа беше моделот Ford Focus кој се произведува и денес, како наследник на Ford Escort. • Андријан Трипунов


h i - tech

Графен

Графенот целосно ќе го измени светот Велат светот ќе биде поубаво место за живеење со доаѓањето на графенот и негово влегување во секоја пора од секојдневието – тоа е чудо од материјал, подобар за многу пати дури и од денешните најдобри и најскапи.

Ч

овештвото навлезе во нова ера, не затоа што е на почетокот од 21 век, туку поради пронаоѓањето на еден јаглероден материјал именуван како графен. Овој вид материја издвоена од јаглеродот, набрзо ќе го измени светот од темел. Графенот е најцврстата материја што досега е пронајдена, 200 пати е поцврст од челикот, но и шест пати полесен од него, а воедно многу е потенок од лист хартија. Иако е надмоќно поцврст од сите метали и легури, графенот може да се растегнува до 20 отсто, може да се завиткува како што виткате лист хартија, одлично ја пренесува електричната енергија и ако го изложите на светлина произведува електрична енергија. Тенок е само 0,17 нанометри, но не ги пропушта ни атомите од било кој гас, водата ја десалинизира од 100 до 1000 пати подобро од најдобриот филтер што го има денешницава. Од него ќе се прават авионите, бродовите, автомобилите итн. Дали умеете да наброите каде се е присутна пластиката? Токму тоа ни се случува денес со графенот, материја која буквално ќе биде присутна на секој чекор исто како

пластиката, само што со графенот светот нема да оскудева за питка вода или електрична енергија – нивната цена би паднала на претерано ниски гранки што би било безначајно да се наплатуваат. Со едно парче графен ќе можете да си произведувате електрична енергија за севкупните потреби во вашата куќа или стан. Едноставно, изложете го на било каква светлина и толку, графенот ја започнува својата маѓија. Графенот произведува струја кога се витка, пакува или распакува и кога се вее. Од ова произлегува дека струјата ќе може да се произведе ако парче графен се вее на вашиот балкон. Ако графенот се соедини со друга материја, метал, пластика и слично, тогаш својствата на обете материи се менуваат вртоглаво – како со магично стапче. Еве една добра вест за компјутерџиите поврзана со графенот. Во сегашните процесори има силициумски транзистори чија крајна брзина не е над 40 GHz. Благодарение на графенот, истражувачите успеале да направат графенски транзистор чија брзина е 150 GHz. Следен чекор е да направат проце-

сорски транзистор кој ќе има брзина над 1 THz. Вашиот сегашен компјутер има и7 процесор кој обработува податоци со брзина од 3,2 GHz и се воодушевувате од неговата молскавична брзина. Како ли ќе реагирате ако имате 500 гигахерцен или 1 терахерцен процесор во компјутерот. Сите „Тач скриновите“ ќе бидат направени од графен. Нити ќе се аби, гребе и крши. Има ли подобро од ова? Ако ви падне мобилниот, неговото куќиште и екран секогаш ќе бидат како нови, а батеријата во однос на сегашните ќе се полни 10 пати побрзо и ќе има 10 пати поголема силина. Графенот ќе биде присутен речиси во сите пори на современото живеење. Како што денес светот не може да се замисли без пластиката, така утре не ќе може да се замисли без графенот. Поради неговите безгранични можности, графенот ќе биде во состојба целосно да го измени светот, да го заврти за 360 степени и да го извади од сегашнава монотонија. С е г а сигурно си го поставувате прашањето кој го пронашол графенот – професор Андреј Гејм и професор Константин Новоселов, руски научници кои работат во универзитетот во Маначестер. Тие во 2010 година за откривањето на графенот ја добија Нобеловата награда за физика. • Жарко Атанасоски

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

39


СПОРТ

Мотокрос слободен стил (ФМХ)

Новите господари на коридата Со спектакуларната победа во Мексико Сити минатата сезона, Томас Паже полета на патот кон освојување на шампионскиот наслов во светското првенство на Red Bull X-Fighters, но бестрашниот Французин знае дека повторување на триумфот од ланското отворање на сезоната пред 42.000 гледачи ќе биде потешка задача од кога и да било порано, особено откако годинешнава премиера му припадна на првакот од 2012 година, Ливај Шервуд.

Н

астанот што го запали Мексико Сити беше првата од неколкуте епски битки што во текот на сезоната ќе се протегнат на четири континенти. Ливај Шервуд ја освои победата, додека ланскиот првак Томас Паже беше елиминиран во четвртфиналето. Арената која што ја има најтесната патека оваа сезона беше обоена во фреските на змискиот Бог на Ацтеките, Кецалкоатл, а на неа најдобрите возачи во ФМХ скокаа и до 15 метри во височина. Возачите на Red Bull X-Fighters серијата успеаја да ја надгласаат публиката која ја исполни до последното место монументалната корида во Мексико Сити, чиј капацитет е 38.000 гледачи. Тие ги бодреа возачите да изведуваат егзибиции во воздухот, при што на крајот на подиумот се најдоа Ливај Шервуд

40

од Нов Зеланд, пред Џош Шихан од Австралија и Дани Торес од Шпанија. - Атмосферата во коридата на Мексико Сити е толку напната. Буката не се мери, а мексиканските навивачи внесуваат голема страст во прославата: тие навистина го ценат она што возачите го прават за нив,- вели Тед Сеуел спортски директор на серијата, кој очекува повеќето возачи да изведат нови трикови и нови комбинации при своите настапи. - Том е новата цел откако стана светски првак во Red Bull X-Fighters, но другите возачи ги видеа неговите планови, па напорно тренираа за да се справат со нив. Веќе знаеме дека некои возачи можат да го изведат елементот „Волт“, од нив ќе има пет до шест што ќе пробаат да го изведат „Флер“, но не знам колкумина ќе ризикуваат да го направат „Специјалниот флип“, бидејќи тоа е навистина тежок трик. Знаеме дека Дани Торес секогаш напорно тренира на домашен терен, но всушност Ливај Шервуд не е прекинуван од публиката која виси во неговиот двор во Нов Зеланд. Таму всушност е лето кога во Европа е период меѓу сезоните, па тој не се соочува ни со зимско време,додава Сеуел. Шервуд влезе во натпреварувањето решен да вози на свој начин, изведувајќи

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ

егзибиции како „Бакнеж на смртта“ со салто наназад, како и ротација на телото додека седи на моторот. Битката со Шихан беше изедначена, бидејќи тој беше подобар во две од петте категории кои се бодуваат од судиите. - Се обидував да не се фокусирам против кого возам и се обидував да го дадам максимумот. Како што ќе се развива сезоната, ќе се обидам да продолжам да притискам и да одам по својот пат,рече Шервуд. - Публиката во Мексико Сити те прави да се чувствуваш толку добро и воздигнато. Ова е епски, зборовите не можат да го опишат,- додаде Шихан. Шпанецот Торес беше фаворит на пу-

Падот на Томас Паже

во Азија, во земјата на изгрејсонцето со трката во Осака на 25 мај. Прославениот настан во Мадрид на коридата Лас Вентас е закажан за 27 јуни, по што следува камбекот во Минхен каде што на Олимпискиот стадион ќе биде подготвена патека за егзибиции над вода! Трката во Германија е на 19 јули, додека првиот настан во Африка е закажан за 23 август, што е гаранција за возбудливо финале. Дани Торес од Шпанија

и Ливај Шервуд од Нов Зеланд се поранешни светски прваци, исто како и ветеранот Џош Шинан од Австралија, менувајќи се на првите позиции во минатите три години пред Паже. Но, тука се и досегашните освојувачи на победи и подиуми, Роб Аделберг (Австралија) и Хавиер Вилегас (Чиле), како и Адам Џонс (САД) кои ќе се потрудат да му ја отежнат работата на Паже при одбраната на тронот. • Александар Табаковски

Победникот Шервуд на раменици

Резултати Мексико:

бликата, а неговата ѕвездена изведба претставуваше ветување за идните настани, со напомена дека треба да ја залечи повредата на зглобот на ногата. Во меѓувреме, Паже заврши петти, иако во текот на својот настап имаше проблеми со изведбата на еден трик и тоа ја наруши неговата рутинирана егзекуција. Влегувајќи во својата 14 сезона, Red Bull X-Fighters по волшебното отворање на сезоната во Мексико Сити се враќа 04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

1. Ливај Шервуд

Нов Зеланд

2. Џош Шинан

Австралија

3. Дани Торес

Шпанија

4. Адам Џонс

САД

5. Томас Паже

Франција

6. Роб Аделберг

Австралија

7. Хавиер Вилегас

Чиле

8. Макиел Мелеро

Шпанија

9. Либор Подмол

Чешка

10. Реми Бизур

Франција

41


СПОРТ

Светско првенство во мотоциклизам за 2014

По Маркез годината се познава

Подиум Катар 2014: Роси, Маркез, Педроса

Марк Маркез ја вџаши тркачката јавност кога лани стана светски шампион со само 20 години, па многумина си дозволија да речат дека конкуренцијата не му беше на ниво, а тој успешно ги казни сите нивни киксови. Но, што да се каже откако во пресрет на оваа сезона, тој ја скрши ногата шест недели пред првата трка, го пропушти најголемиот дел од тестирањата, а потоа започна со две победи во првите две трки?

42

О

дличното шоу на отворањето на сезоната со ноќната трка во Катар беше вовед во она што наликува на уште една шампионска сезона за 21-годишниот Шпанец, кој успеа да ја сочува присебноста и на крајот да ја започне одбраната на светската титула со нова победа. Трката ја поведе Хорхе Лоренцо со Јамаха кој имаше фантастичен старт од петтото место, но падна веќе на крајот од првиот круг. Водството го презема Штефан Брадл, но и тој падна на средина од трката. Во тие моменти водечки останаа Маркез и Роси кој се проби по стартот од десетто место, па започна нивниот дуел за победа во трката. Младиот Шпанец кој претходно ја освои пол позицијата беше единствен од фаворитите со тврда задна гума, поради што во неколку наврати влегуваше прешироко во свиоците и го губеше водството, но вистинското одмерување на силите се случи во претпоследниот круг, кога Роси во два наврати успеа да се протне пред него, а Маркез и во два-

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

та случаи успеа да му врати и да остане лидер во трката. На крајот, Маркез славеше со 25 стотинки предност, а неговиот тимски колега Педроса се најде на третото место со нешто повеќе од три секунди задоцнување, откако во финишот паднаа и Бредли Смит и Алваро Баутиста. - Искрено, многу сум среќен за победата бидејќи не ја очекував. Трката беше под прашалник, јас ја избрав потврдата гума и стравував за почетокот, но беше океј. Имавме одлична битка со Валентино до крајот и се надевам дека ќе имаме уште такви,- рече бранителот на светската титула. - И јас уживав во одличната битка, но нешто помалку од Марк. Мојата трка беше забавна, морав да стартувам од четвртиот ред, но моторот беше добар. Чувствувам дека имам потенцијал да се борам со Марк, но на крајот тој беше посилен од мене. Мора да продолжиме на овој начин и да останеме конкурентни,изјави Валентино Роси.


СПОРТ Маркез низ свиоци САД 2014

Маркез пред Педроса САД 2014

- Немав добар старт и бев назад во групата. Имав дуел со Алваро Баутиста, но откако тој падна стигнав до третото место што ми е важно, бидејќи традицонално немам добри резултати на оваа патека, па требаше да се почне од некаде,- рече третопласираниот Дани Педроса. Променливите временски услови кои ги одбележаа квалификациите беа почувствувани и во неделната трка, влијаејќи на поместување на најавените стартни времиња. Маркез беше доминантен во речиси секоја тренинг сесија, вклучувајќи го и неделното загревање пред трката, така што воопшто не беше изненадување кога младиот Шпанец се одвои со убедливо водство, а тимскиот колега беше на солидна дистанца од неколку секунди задоцнување. На крај тој го собори и рекордот на патеката што беше во негова сопственост од лани, возејќи еден круг за 2:03.575. - Навистина сум среќен со оваа победа, имавме трка од поинаков вид овде. Никогаш порано не сум водел од почеток до крај, па ми беше малку чудно и тешко да ја задржам концентрацијата. Трката беше тивка, па во последниот свиок направив мала возбуда за моите механи-

Лоренџо „џампстарт“ САД 2014

чари,- рече победникот Маркез, кој речиси ја загуби контролата врз моторот пред излегувањето на целната линија. - Следните трки ќе бидат поинакви. Ова беше една од моите омилени патеки, па победата беше за нијанса полесна,- оцени актуелниот светски првак. Дуелот за третото место беше повозбудлив, откако таа позиција прво ја имаше Андреа Јаноне, но на крајот дуелот го доби Андреа Довициозо пред Штефан Брадл и Бредли Смит. Возачите на Јамаха разочараа со перформансите, па Валентино Роси потона до осмата позиција откако претходно се бореше за шестото место, додека Лоренцо откако се најде на опашката, успеа во втората половина од трката да се врати само до 10 место. Во трката со неколку падови, вториот возач на Дукати, Кал Крачлоу имаше сериозен пад во кој заработи скршеница на десната рака. Маркез со две победи води во генралниот пласман со 50 бода, додека Педроса сега има 36 на второто место. Следната трка се вози за Големата награда на Аргентина на 27 април, по што карванот доаѓа во Европа.

•Александар Табаковски

Марк Маркез портрет САД 2014

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

43


СПОРТ

Светско првенство во формула 1

Розберг ги прска Хамилтон и Алд

Мерцедес константен на врвот Со исклучок на „сребрените стрели“, сите други екипи покажаа голем степен на варијации во перформансите на стартот од новата сезона на Формула 1.

Т

Австралија, со Хулкенберг на петто и Батон на шесто место. Во својата оцена, победникот во трката Луис Хамилтон, рече дека Ред Бул задоцнува зад нивниот болид само на правците. - Мислам дека е прерано да отпишете било кого од првенството. Себастијан беше брз и правеше притисок врз Нико. Тие беа подеднакво брзи како нас во свиоците, а малку побавен на правците. Нема сомнение дека во текот на сезоната Рено ќе ги отстрани проблемите и тогаш ќе има трка меѓу нас и „биковите“,- рекол 29-годишниот Хамилтон. - Ни Ферари не е далеку според мене. Мислам дека ситуацијата ќе се вжешти на некоја точка во текот на сезоната! - Предноста ќе биде поголема бидејќи тоа е патека на која што доминира силата. Ние бевме добри во средниот сектор, но Мерцедес не „уби“ во првиот каде што се правците. Во просек таму губевме половина секунда. Во Бахреин нема да одиме со решение кое ни дошло преку ноќ, а таму

рката за Големата награда на Малезија укажа дека актуелниот распоред на силите во Формула 1 не е онаков како што се прогнозираше по Австралија, па Мекларен беше „исфрлен“ од борбата за подиумот во Сепанг, иако најави дека ќе биде дополнителни пет десетинки побрз. Луис Хамилтон го предводеше Нико Розберг до лесна „еден-два“ победа за Мерцедес на трката за Големата награда на Малезија, која не беше повлијаена од нестабилни временски услови, па мина во камерна атмосфера. Себастијан Фетел го освои третото место откако на почетокот беше престигнат од Даниел Рикиардо, но тимскиот колега немаше среќа да остане на четвртото место по грешка на механичарите кои прерано го пуштија при последниот пит стоп, за што беше казнет. Фернандо Алонсо во текот на трката се обидуваше да го впари своето Ферари со Ред Бул, но не успеа да ги предизвика на дуел, па повторно е четврти како во

Луис Хамилтон пред Ник

о Розберг

44

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

нема ни тенденција да заврне,- песимистички најави Кристијан Хорнер. - Мислам дека разликата не е толку голема. Со тврди гуми на оваа жештина, сите се жалеа на тракцијата, бидејќи немаа добро чувство за болидот. Мерцедес е далеку, но со Ред Бул и со другите сме тука некаде, иако нашата цел е да бидеме на врвот. Тоа не е лесно, но разговарав со инженерите за да се осигурам дека тие знаат што е потребно да сторат, и да направат план како да се намали таа разлика,- коментираше Алонсо по трката во Сепанг. Наспроти разговорите за перформансите, експлодираше и медиумската војна меѓу Розберг и Хамилтон, очигледно подгреана од таборите на англиските и германските новинари, кои ги етаблираа како единствени кандидати за титулата. - Во Формула 1 можеме да си ги изброиме пријателите на прстите од една рака. Нико не е во првите пет, а не сум ни јас во неговите,- рекол Хамилтон на прес конференцијата во Бахреин, како одговор


СПОРТ

до Коста

на прашањето дали нивниот однос може да се наруши. - Ништо не е променето меѓу нас, се уште. Можеби бидејќи не зборуваме за титулата,- гласи одговорот на Розберг. Од друга страна, Фернандо Алонсо одбил да се отпише себе си од трката за титулата, откако го запрашале дали повеќе предност му дава на Хамилтон или на Розберг. - Мислам дека обајцата имаат по 50% шанса. Но, тука сме Кими и јас, а секако и Фетел,- рекол пилотот на Ферари. Маса во одбрана на својата чест Во релативно мирната трка која доминираше од возачите на Мерцедес и Ред Бул, највпечатлив момент беше оној од финишот кога преку радио врската екипата Вилијамс побара од Фелипе Маса да го пропушти тимскиот колега Валтери Ботас. Идејата зад ваквиот потег беше Финецот да се обиде да го нападне Џенсон Батон на шестата позиција, но Маса не ја прифати аргументацијата дека Ботас е побрз поради тоа што има само два круга посвежи пневматици. - Немам што да кажам. Се борев до крајот и тоа е начинот на кој што сакав да го направам тоа. Ќе се борам за мојата кариера и за она што е исправно,- рече Маса по трката за Би-Би-Си. - Не се каам за тоа што го сторив. Имам почит за екипата, верувам дека и тие ме почитуваат мене, а тоа е многу важно.

Казнени поени за возачите Според новиот систем на ФИА, возачите во текот на сезоната ќе добиваат казнени поени за прекршоците кои ги сториле, а оној што ќе собере 12 во една сезона ќе биде суспендиран од настапот на следната трка. Први „жртви“ на новото правило се помладите возачи. Валтери Ботас од Вилијамс прв се најде пред стјуардите заради попречување на Даниел Рикиардо во квалификациите во Малезија, па тие го казнија со три места на стартот во оваа трка и дополнителни два казнени поена. Дебитантот Кевин Магнусен од Мекларен имаше близок контакт со Кими Раиконен на стартот од трката во Сепанг, по што Финецот мораше да оди во боксот на замена на пневматиците. Магнусен освои два бода на крајот од трката, но стјуардите му дадоа уште два казнени за предизвикувањето на инцидентот и пет секунди стоп-го при вториот пит стоп во трката. Жул Бјанки од Марусија е последниот на листата, иако Французинот се жалеше дека неговиот инцидент со Малдонадо во првиот круг се должел на ударот што тој го добил од Верње. Стјуардите не го прифатија тоа објаснување, а Бјанки ги прокнижи првите казнени поени во кариерата. На трката во Бахреин, за предизвикување на инцидент казнет беше и Пастор Малдонадо. На третата рунда во Бахреин, повторно видовме дуел на Розберг и Хамилтон за победата во трката, при што Германецот за промена стартуваше од пол позицијата. Луис го престигна на стартот, а потоа се бранеше од нападите, особено во финишот, откако поради излегувањето на возилото за безбедност, разликата меѓу нив беше избришана. Серхио Перез со болидот на Форс Индија стигна до третото место, што е втор подиум за оваа екипа по оној во 2009 година, а трет за пилотот од Мексико кој пред две години го освои

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

првиот трофеј со Заубер. Неговиот тимски колега Нико Хулкенберг ја потврди добрата форма на болидот натпреварувајќи се со него во текот на целата трка, но по рестартот во финишот го загуби четвртото место од Даниел Рикиардо во Ред Бул. Себастијан Фетел во вториот болид на „биковите“ заврши шести, со што и двајцата пилоти на актуелниот шампионски тим успеаја да се најдат пред возачите на Вилијамс, кои имаа стратегија со едно застанување повеќе. Алонсо и Раиконен ги освоија последните бодови меѓу првите десет, додека и двајцата пилоти на Мекларен не финишираа во трката. Нико Розберг се уште е водечки во генералниот пласман со 61 поен, Хамилтон сега има 50, додека Нико Хулкенберг на третото место има 28. Мерцедес е лидер кај конструкторите со 111 поени, Форс Индија има 44, а Мекларен 43. Следната трка се вози за Големата награда на Кина по пауза од 14 дена. Откриена тајната на Мерцедес Како што Браун во 2009 го исфрли двојниот дуфузер, така сега и Мерцедес со револуција во логиката на турбо моторот оди чекор понапред од конкуренцијата. Досегашната пракса била турбината и компресорот да се заедно на задниот дел од моторот, но во случајов моторот на Мерцедес кој се развивал последните две години ја воведува новата филозофија: компресорот е пред моторот, а турбината останува на задниот крај, при што двата дела се поврзани со долга цевка низ V-аголот. Турбината се врти со помош на жешките гасови од издувот на моторот, а компресорот не мора да се лади како кај другите конструкции, па затоа сребрениот болид може да си го дозволи луксузот да има помали отвори за страничните ладилници, со што ја подобрува аеродинамиката. Просторот што е ослободен со поместувањето на компресорот пред моторот е искористен и за доближување на менувачот, со што теоретски се подобрува центарот на гравитацијата и управливоста. Бидејќи истиот мотор го имаат и во сателитските тимови (Мекларен, Форс Индија, Вилијамс), секоја од овие екипи ја има предноста што агрегатот ја носи, а разликите меѓу нив главно се во аеродинамиката на болидите и интеграцијата на моторот со шасијата. Во однос на конкуренцијата, се проценува дека Мерцедес има меѓу 50 до 80 коњски сили повеќе, што е дополнителен бенефит.

45


СПОРТ

Колумна: „Своерачно“

Американскиот сон

Серџио Перез - Force India

Кој ќе ги наследи моторите на Мекларен? Екипата Мекларен од идната сезона треба да ја започне најавената соработка со Хонда, што значи дека Мерцедес ќе остане без еден клиент и нивните мотори ќе може да и ги даде на друга екипа. Имајќи ја предвид предноста што овие мотори им ја донесоа на екипите кои ги користат оваа сезона, како на пример во Австралија кога двајцата пилоти на Мекларен освоија второ и трето место зад Розберг, а во Бахреин екипата на Форс Индија со Серхио Перез се најде на подиумот по дуелот со Вилијамс, многу е логично дека има голем број заинтересирани екипи да ги преземат моторите од Мекларен. Веројатно единствен кој не е заинтересиран е тимот на Ферари, а мали се шансите и Ред Бул да блесне со сребрена ѕвезда на носот на болидот, поради соработката со Инфинити кој е насловен спонзор на тимот, а е бренд од семејството на Нисан, кој пак е во „брак“ со Рено. Кога ќе се изземат овие две екипи, плус Мекларен и оние кои веќе имаат Мерцедес мотори, остануваат пет екипи: Заубер, Торо Росо, Лотус, Марусија и Кетерхем. Швајцарскиот тим се смета дека е на пол позиција да ги обезбеди агрегатите на Мерцедес, но тие имаат финансиски потешкотии, исто како и Марусија и Кетерхем, па дури и Лотус. Торо Росо е веројатно идеалниот кандидат, но не смее да се заборави ниту најавата дека во Формула 1 наскоро ќе има најмалку уште еден нов тим, кој ќе има американски сопственици што досега беа многу успешни во Индикар трките. Во секој случај, заклучокот е дека која и да е од овие екипи, тоа ќе значи уште едно име во борба за подиумот, со што ефективно ќе има четири тима со Мерцедес, плус Ферари, Ред Бул – Рено и Мекларен-Хонда. •Александар Табаковски

Алонсо - Малезија 2014

46

Хаас ќе се обиде да го реализира својот американски сон, но моментот е кога може да се каже дека и Формула 1 ги сонува своите дамнешни мечти за пробив на американскиот пазар и цврсто пуштање корени со ангажман на тамошни екипи, возачи, спонзори и автодроми.

Ф

ормула 1 ќе биде побогата за најмалку еден тим во текот на 2015 година, откако актуелниот сопственик на НАСКАР тимот, Гене Хаас, потврди дека добил лиценца за настап од ФИА во светското првенство. Постојат неколку моменти кои се битни при коментирањето на ваквиот потег. Од трите последни екипи кои дебитираа во највисоката форма на авто-спорт во 2010 година, сега ја нема Хиспанија (ХРТ), но тука е Кетерхем и Марусија, иако и двете сè уште немаат освоено бод. Патот до ѕвездите е трнлив и долг, а Формула 1 нема своја инженерска база во САД. Претходно имаше обид да се лансира Ф1 тим од САД, но истиот пропадна поради недостиг на средства. Иако лицената вели дека „Хаас Формула“ има право на настап од 2015 година, ќе биде вистинско чудо ако нивен болид се појави следната година на патеката, бидејќи сè уште немаат договор ниту со снабдувач за моторот. Од друга страна, ФИА претходно одби да издаде лиценци на екипи кои моментално се натпреваруваат во пониските категории на едноседи, а имаат голема традиција и сопствени бази. Меѓу одбиените беа и тимови кои продуцирале многу млади таленти, како Карлин Моторспорт и АРТ Гран при. Објаснувањето беше дека тие не доставиле докази до федерацијата дека имаат обезбедена финансиска поддршка и дека целиот проект ќе може да опстои на долг рок. Така гледано, набљудувачите мора да бидат свесни дека ФИА била импресионирана од проектот на Хаас, штом овој пат одлучила да издаде лиценца. За желбата на Ф1 да се прошири во САД не треба да се трошат зборови: спортот во повеќе наврати се обидувал да се наметне „отаде барата“, но не проаѓал сензационално. Во време кога се изгради една намен-

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

ска патека за Формула 1 во Тексас, а постојат планови за втора трка во Њу Џерси, мора да се признае дека е испочитуван и моментот на интерес на американските инвеститори. Се што ќе следи во иднина е само редење и прередување на каменчињата од мозаикот. Избор на возач, избор на мотор, формирање на стабилен инженерски кадар, договори со спонзорите и другите комерцијални партнери. Тоа се нешта кои можат да бидат повлијаени од добриот буџет и можат да се завршат релативно брзо и успешно. Но самото производство на болидот и резултатите кои ќе се постигнуваат со него треба да бидат повратната спрега за стабилноста на долг рок, а тоа може да одземе многу време. Во случаите на Марусија и Кетерхем, веќе четири години, и двете екипи се несигурни во својата иднина и желба понатаму да финансираат нешто што тешко се постигнува. И оние кои го поддржувале проектот на почетокот со свои средства, и оние кои неуморно работеле за да се соочат на патеката со респектираните инженерски имиња од славните „ергели“, ја немаат истата мотивација како пред пет сезони. Тоа би значело дека и Хаас има пред себе зацртан рок во кој што мора да постигне резултати, бидејќи сопственик на Ф1 тим дефинитивно не може да опстои во тој свет со идеја „важно е да се учествува“. Хаас ќе се обиде да го реализира својот американски сон, но моментот е кога може да се каже дека и Формула 1 ги сонува своите дамнешни мечти за пробив на американскиот пазар и цврсто пуштање корени со ангажман на тамошни екипи, возачи, спонзори и автодроми. Тоа дефинитивно е потребно за да се оправда името „светско првенство“, но и за стимулирање на конкуренцијата што може да ја донесе една велесила како САД доколку застане зад ваков проект. • Своерачно, Александар Табаковски


СПОРТ

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

47


СПОРТ

WRC – Рели Мексико и Рели Португалија

Трасиран патот до новата титула Четири победи во пет сезони на релито во Португалија и три победи од четири релија во актуелната сезона го промовираа актуелниот светски шампион во најсериозен, ако не и единствен кандидат за освојување на титулата

П

осле првите два настани од Светскиот шампионат во рели, специфичните релија Монте Карло и Шведска, почна вистинскиот дел од сезоната. Две класични релија, Мексико и Португалија кои се возат на чакал и каде реално можат да се измерат силите на теренот. Како и минатата сезона и годинава светскиот шампион Себастиан Ожие зад волан на Volkswagen Polo R WRC е неприкосновен. Откако потклек48

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

на во Шведска и загуби од својот тимски другар Јари-Мати Латвала, Ожие покажа дека шампионската титула не е залудно во неговиот џеб. Во Мексико буквално ги „смете“ конкурентите и извојуваше голема победа. На ова рели покрај блескавата победа на Ожие, големо внимание привлече и тимот на Hyundai. За корејците кои му се враќаат на релито, ова е година на учење, но нивниот труд веќе дава резултати. Под


СПОРТ

раководство на Мајкл Нандан, творец на шампионскиот Peugeot 206 WRC, белгиецот Тиери Нувил зад волна на i20 WRC го освои третото место и првиот подиум за тимот. Релито во Португалија по четврти пат, во пет години, беше освоено од Ожие. Откако се избори со малите проблеми при изборот на гуми заради променливата подлога на првиот ден од релито, Ожие тргна во полн налет. Не остави про-

стор некој да го загрози. Најголемиот конкурент на ова рели Мико Хирвонен со Ford Fiesta RS WRC заврши втор со заостанување од повеќе од 43 секунди. Трет заврши Мадс Остберг со Citroen DS3 WRC. Својата надмоќ и на двете релија Ожие ја докажа и со победите на последните телевизиски брзински испити кои го зголемуваат контото за 3 бода. Па така и во Мексико и во Португалија, Ожие 04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

го освои најголемиот можен број на бодови со што ја зацврстува лидерската позиција во шампионатот за возачи уште на почеток на сезоната. Тој води со 91 бод, додека второпласираниот во генерален пласман Јари-Мати Латвала во четири релија успеа да освои 62 бодови. Меѓу тимовите води Volkswagen со 144 пред Citroen со 75 бодови. Следното рели се вози во Аргентина. • Љубомир Анастасовски 49


членство

АМСМ Членство

Неколку мали совети за користење на АМСМ членството

ЧЛЕНСТВО

Ако во минатиот број ве информиравме за тоа што значат фамозните 7 дена и ви ја објаснивме вечната дилема околу бројот на километри до кои можете да користите бесплатен пренос на возило во случај на дефект, во овој број ви даваме уште неколку совети кои ќе ви помогнат да го добиете најдоброто од својот АМСМ членски пакет. Мора да знаете КОЈ може да ги користи услугите на АМСМ членскиот пакет АМСМ членскиот пакети за физички лица (Classic, Europe Premium и Light), гласат на физичко лице, а не на возило. Ова значи дека можете да ги користите услугите вклучени во вашиот членски пакет за: - Возило/возила во ваша сопственост и - За било кое возило, освен за возило кое гласи на правно лице (службено возило), кое ќе остане во дефект, се додека вие како АМСМ член во моментот на дефектот се наоѓате во него. Доколку како АМСМ член не сте присутни во возилото, дури и ако истото е во ваша лична сопственост, услугите од АМСМ членскиот пакет не можете да ги користите. За разлика од АМСМ членските пакети наменети за физички лица, кои гласат на физичко лице, АМСМ членските пакети наменети за правни лица гласат на службено возило и услугите вклучени во членскиот пакет можете да ги користите исклучиво за службеното возило на кое членството гласи. Мора да знаете КОГА можат да се користат услугите на АМСМ членскиот пакет Уредно регистрирано возило не ви е потребно само за поголема безбедност во сообраќајот. За да ги користите услугите Бесплатно шлепување и Бесплатна помош на пат, возилото во кое се наоѓате, а кое останало дефект, мора да биде регистрирано и да има македонска регистарска табличка. Ако како АМСМ член поседувате или се најдете во дефект со возило со странска регистарска табличка, не можете бесплатно да ги искористите горенаведените услуги од вашиот АМСМ членски пакет. Од друга страна, ако возилото е со македонска регистарска табличка, но во моментот на дефект не е уредно регистрирано т.е е со истечена регистрација, иако сте АМСМ член, сепак не можете бесплатно да ги искористите горенаведените услуги од вашиот АМСМ членски пакет. • Доколку имате какви било прашања поврзани со услугите од членскиот пакет што сте го избрале, или членската картичка не пристигнала на Вашата домашна адреса во рок од 30 дена по зачленувањето, Ве молиме контактирајте нѐ на 02/ 3181-108 или на clenstvo@amsm.com.mk

50

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

51


52

04/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


Тел.: +389 (0)2 3181-181 Факс: +389 (0)2 3181-119 ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 Пош. фах 180, 1000 Скопје, Р. Македонија www.amsm.mk

АМСМ Партнер - Попуст за членови! 1


Содржина 2 АМСМ Партнер програма

12 ГЕВГЕЛИЈА

2 АМСМ Членство

13 БИТОЛА

2 АМСМ Попусти

13 КИЧЕВО

3 СКОПЈЕ

14 ШТИП

8 ОХРИД

14 велес

8 СТРУМИЦА

14 кавадарци

10 КУМАНОВО

15 струга

10 ПРИЛЕП

15 маврово

11 КРУШЕВО

16 Автомото друштва

11 ТЕТОВО

амсм партнер ЗАШТЕДИ со АМСМ членската картичка каде и да си! АМСМ Партнер програмата во рамките на АМСМ членството Ви нуди низа попусти и поволности низ цела Македонија. Покажете ја АМСМ членската картичка и попустот е ВАШ. Треба само да го препознаете логото на АМСМ партнер програмата на влезот на објектот за да знаете дека тука ќе добиете попусти или поволности кои АМСМ ги обезбедува за своите членови. АМСМ Партнер програмата Ви овозможува: • Попусти во ресторани • Попусти во кафулиња • Попусти во продавници • Попусти во спа-центри • Попусти во кина и во театри ...и безброј други поволности низ Македонија! Сите бенефиции во рамките на АМСМ Партнер програмата можете да ги погледнете на www.amsm.mk, како и во АМСМ мобилната апликација за iPhone и за Android базирани телефони. За поедноставно решение, Ви ја подготвивме оваа брошура со сите АМСМ партнери која, заедно со Вашата АМСМ членска картичка, не заборавајте да ја понесете каде и да одите.

амсм членство

Classic

Europe premium

Light

бесплатно шлепување во случај на сообраќајна незгода

Чувството да бидеш дел од семејството

бесплатно шлепување при дефект

бесплатна помош на пат

извлекување

покривање на патни трошоци

Долгогодишното постоење и искуство ни овозможи да подготвиме различни категории членски пакети чии услуги и попусти се приспособени кон Вашите желби и потреби. Да сте дел од нашето семејство значи многу повеќе од Ваша безбедност, тоа значи да му овозможите на целото Ваше семејство сигурност во секој поглед, каде и да сте.

бесплатни сервисни акции: летна и зимска проверка на возилото

травел инфо-сет: патна карта, рутер и информатор за земјата и за странство

Show your Card! попусти во Македонија, Европа, САД и во Канада

AМСМ членските пакети: Classic, Europe premium и Light Ви ги нудат следните услуги:

АМСМ Партнер попусти во Македонија

членско списание „АМСМ Клуб мобилити“ на домашна адреса

попусти во системот на АМСМ

можност за кампинг-картичка CCI за попуст во над 1.100 кампа во цела Европа

Услуги

рентакар

Newsletter

Услуги во Европа бесплатна интервенција при дефект

бесплатен пренос при сообраќајна незгода

покривање на патни трошоци или рентакар

хотелско сместување

амсм Попусти АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk 2

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги www.amsmspi.mk


СКОПЈЕ

РЕСТОРАНИ

Гостилница „Скара Бар” 10% попуст Ул. Варшавска бр.70 075 727110 facebook.com/Skarabar

Ланџ Ресторан Арабеска 15% попуст на сметката Ул. Никола Вапцаров бр.7 Ресторан „СКАЛА“ 10% попуст ул. „Наум Наумовски-Борче“ 88б (Градски парк) тел. 02/ 3127-095

Кафе слаткарница „ZOOM SERIE“ 10% попуст ул. „македонија“ бр.5 тел. 02/ 609 1 648 Етно ресторан „К’смет“ 10 % попуст Ул.50 Дивизија тел: 02 321 4514

Ресторан „ДЕН И НОЌ“ 10% попуст ул. „Скупи“ бр. 1 тел. 02/ 3096 096, 3095 666 www.deninok.com.mk

Пицерија „Фуфо Галија“ 15% попуст ул. Водњанска тел. 02/ 3112-486

Коноба „Frutti di mare“ 10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр. 5 тел. 02/ 313 21 45 www.fruttidimare.com.mk

ресторан „Томче Софка“ 10% попуст Градски Парк (Ј.Х.Џинот 14) тел. 02/ 3117-250

Клуб ресторан „Ragusa“ 10% попуст ул. „12-та Ударна Бригада“ бр. 2a Центар (поранешно YUCAN) 02/3212-919 www.ragusa.com.mk

Пивница „КРИГЛА“ 10% попуст бул. „Св. Климент Охридски“ бб тел. 02/ 3117-869

Ресторан „Мирко 919“ 5% попуст на свадби ул. „Гаврил Константиновиќ“ бр. 76 населба Лисиче - Аеродром тел. 02/ 2439-157

Бистро „Барбакан“ 10% попуст (не важи во петок после 16 ч.) Булевар 8-ми Септември тел. 02 307 5093 Шпански ресторан „АЗАФРАН“ 10% попуст ул. Ленинова 33-7A тел. 070/274 173, 02/32 21 907

Ресторан „Скопски Мерак“ 10% попуст Дебарца 51 (Дебар маало) тел. 02/ 3212-215 Ресторан „Балканика“ 10% попуст Градски парк тел. 02/ 3073-713 Ресторан „Венето“ 10% попуст Сити Мол 2 спрат тел. 02/ 3086-660 Кафе-бар „ЧАО“ 10% попуст ГТЦ анекс 3 лок. 6 O LA LA - pastry shop 15% попуст Кеј 13 ноември 8/1-1 , ГТЦ www.olala.mk

КАФУЛИЊА

10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр.3 Дебар маало тел. 02/ 3211-484 Кафе-ресторан „ТРЕНД“ 10% попуст плоштад „Македонија“ тел. 02/ 3132-425 YoGOOD - frozen yogurt 20% попуст Сити Мол 2 кат, (food corner) Кафетерија Мое Кафе 20% попуст ТЦ Зебра тел. 078 394 958 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 3


СКОПЈЕ „Кафе ди Рома“ 20% попуст ул. „Македонија“ бб www.ilcaffediroma.com

„MY TIME“ watches and jewelry 10 % попуст Сити Мол, Рамстор и ГТЦ www.mytime.mk

Кафе-бар „СТОБИ“ 15% попуст до 22 часот ГТЦ приземје

„iSTYLE“ Apple Premium Reseller 5 % на компјутери, 10 % на акцесоари Сити Мол, приземје 02 3096 985 www.istyle.mk

Кафе-бар „9“ 15 % попуст ТЦ Беверли Хилс

Слаткарница „New York“ 10 % попуст Ул.„ Пиринска“ бр.45 локал 6 Тел. 072 757 474 Тел. 02 311 44 22 ШОПинг Книжарница ПРОСВЕТНО ДЕЛО 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело

„ОЛИМПИКО“ Гуми 25% попуст Бул. „8-ми септември“ бр.38 спроти Хубо Маркет тел. 02 3064-689 www.olimpiko.com.mk Салон за пневматици „STOP & gO“ ул. „Скупи“ бб 20% попуст тел. 02/ 3097-202 www.stop-go.com.mk „Техномаркет“ 5% попуст

Скопје: Бутел, Ѓорче Петров, Градски плоштад, Аеродром, Градски стадион, Кончар и Годел www.technomarket.com.mk

„НИКО Компјутери“ 5% попуст, продавници: Скопје, ГТЦ, Драчево, Куманово и Битола тел. 02/ 3223-080 www.nikocomputers.com Бутик „СОРБИНО“ 10% попуст, ГТЦ 2 кат 4

продавница за накит

Bohemia Jewlery ,Swarovski

10 % и подарок за над 20 000 ден. Веро Центар

Книжарница „КЛУБ МАТИЦА“ 10% попуст бул. „Климент Охридски“ бр. 23 тел. 02 3221-138 www.matica.com.mk

Салон за пневматици и фелни „Мултибренд“ 25% попуст Јужен булевар б.б. - Триангла тел. 02 3112 100 бутик Шевињон 15 % попуст ГТЦ (прв кат) , ТЦ Буњаковец (приземје), Сити Мол тел. 02 / 3 214 411 накит „Асос Дајмонд“ 10% попуст Сити Мол (прв кат) тел. 02 3052 955 бутик за спортска опрема „Делта Спорт - Nike“ 10% попуст Сити Мол 2 кат, ТЦ Рамстор 1 кат, плоштад Македонија накит и часовници „Oxette“ 10% попуст ГТЦ 1 кат тел. 071 380 292 Сити Мол тел. 071 380 293 ТЦ Рамстор тел. 071 225 258

Бутик „Бубу“ - ТЦ Беверли Хилс 10% попуст Тел: 02/ 3211-974


СКОПЈЕ Бутик „PIERRE CARDIN“ 10% попуст, ГТЦ приземје тел. 02/ 3135-464 „НОВУС“ 10% попуст на сите услуги Напомена - попустот се однесува на услугите, не и на производите ул. „Првомајска“ бб тел. 02 2700-070 www.novus.com.mk Бутик за кошули „Ла Камичерија“ 10% попуст, „Веро Центар“ Канцелариски материјали 10 % попуст Ул.Македонија бр.19 тел.02 3130354 Продавница за детски колички и детски авто седишта

BABY BLU

10 % на авто седишта Сити Мол 2 кат бул.Јане Сандански бр.79а лок.10

Музеј на македонската борба-Скопје 50% попуст (се однесува само за индивидуални посети) Иљо Војвода ББ, п.ф.211 тел. 072422986, 02 3256667 Клучар „Баже“ 10% попуст ул. „Јордан Мијалков“ бр. 6 тел. 075 426-220

Бутик Quiksilver/Roxy 15% попуст ГТЦ приземје „Авто Мобил“ 10% попуст, тел. 02 2658 632 Бутел (позади бензинската пумпа на Макпетрол) Аеродром (во рамки на ф-ка „Раде Кончар“) Рачна изработка на модни додатоци 20% попуст Рамстор приземје

„МОМЕНТ МАЛ“ 20% попуст Училиште за странски ул. „Михаил Чаков“ бр. 7А-1-3 јазици, превод, лектура тел. 02 5201086

Фотостудио „ПРОФОТО ЗДРАВКО“ 20% попуст ул. „Димитрија Чуповски“ 31-2/2 тел. 02 3227-080 Отика Италиана 20 % попуст и бесплатна проверка на диоптрија Веро Центар тел. 02 3 163-163

Pet shop „Pet supplies“ 10% попуст ул. „Рузвелтова“ бр.23, ул. „Eлисие Поповски“ бр.45, Автокоманда - спроти ветеринарна болница, ул.„Бихачка“ бр.8 www.petsupplies.mk САНМАРТИ - Салон Aqua Bau Market 10% попуст ул. „Пролетерска“ - 54 А ул. Илинденска - 134 02 2037 070 www.sanmarti.com.mk Тесори ди маре -ТЦ Рамстор (приземје) козметичкии тоалетни препарати и сувенири • 10% на Casyopea и Verona • 5% на La Soy Тел: 070-468-163, 075-416-628 Картинг центар ART 10% попуст бул. 8-ми септември бб (во рамки на СЦ „Борис Трајковски“) тeл. 02/3061-202 Фото „Десо“ 30% попуст Бул. Партизански одреди 17-3/15 (спроти Соборен храм) тел. 02 3128 386, 02 3221 072 ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ Туристичка агенција „Оскар Травел“ 5 - 7 % на аранжмани, Бул. Гоце Делчев 6, 1000 Скопје, / НУБ Св. Климент Охридски www.oskartravel.com.mk Туристичка агенција „Далас Унион“ 3 - 7 % на аранжмани, 10 евра на авио билети ул. „Дебарца“бр.29 1000 Скопје, тел. 02/ 3222-981 www.oskartravel.com.mk АМСМ Партнер - Попуст за членови! 5


СКОПЈЕ здравје и убавина ПЗУ Универзитетски стоматолошки центар, проф д-р Бојо Андрески Ул. М.Х.Јасмин бб 10 % попуст на стоматолошки секундарни услуги www.eurmdentalcentar.mk Студио „ФИГУРЕЛА“ 10% попуст ул. „Орце Николов“ бр. 68 тел. 02 6090-610 www.studiofigurella.mk Студио „СИКРЕТ“ 10% - 50% попуст ул. „Маркс и Енгелс“ бр. 3 тел. 02 3232-223 www.studiosecret.com.mk Салон за естетика „БЕЛИСИМА“ 10% - 30% попуст Бул. „Јане Сандански“ бр.15-1/3 тел. 070 398-829 Фризерски салон „Бубе Студио ИН“ 10% попуст ул. „Никола Тримпаре“ бр.10 тел. 02 3126-126

Центар за масажа „ФИЗИОМЕД“ 10% попуст ул. „Киро Крстевски-Платник“ бр. 11/2-8 тел. 070 588 562

Хало СПА центар 20% попуст Влае позади Тинекс тел. 02 6133 087 / 071 27 27 99 www.halomedika.com.mk стоматолошка ординација ПЗУ Дента Нова 20% попуст Њу Делхиска 4 лок.11 тел. 075 471-947 Студио за масажа„ДАВОР“ 20% попуст ул. „Народен Фронт“ бр.5/2 локал 8 тел. 02 3177 461 / 070 550 577 www.davormasaza.com.mk

6

Центар за слабеење,фризерски и козметички услуги Силуети 10% попуст Салон Скопје Центар Ул.Васил Главинов 7б тел. 02 3 13 13 13 Салон Скопје - Сити Мол II кат тел. 078/334 304 www.silhouette.com.mk Поликлиника за очни болести „Офталмос“ 50% попуст на основниот офталмолошки преглед ул. „8 Ударна бригада“ бр. 20 тел. 02 3 222 533 www.ophthalmos.com Асеана Спа 10% попуст ул.Орце Николов бр.190 (ламела 4) тел. 02 3246-442

Центар за естетска дерматологија и козметикологија Ла Белеза 10 – 30 % попуст во зависност од услугата Бул.В.С.Бато бр.3 тел. 02/ 2 430 432 www.labellezza.mk Фитнес центар-Фитнес Револуција 10% попуст ул. Водњанска бр.60 тел. 070 390-656

природни козметички производи Hemel 10% попуст ТЦ Веро Центар

кина, фестивали, настани... Креативен центар Мали Креативци 15% попуст Ул. Миле Поп Јорданов бр.50А Тел. 02/ 308 46 75


СКОПЈЕ проектирање и дизајн Изработка на мебел по мерка „Фајн Дизајн“ Скопје 10% попуст и бесплатно идејно решение тел. 070 230-124 e-mail: info@fd.mk www.fd.mk ЕТ ХОУМ - салон за внатрешно уредување на домот 5% попуст Ул. Скупи бр. 12, Скопје (Злокуќани) Тел: 02/ 3088-055

наем на возило europcar 15% попуст за наем на возило каде било во светот Скопје: хотел „Алек. Палас“, аеродром „Алек. Велики“ и Охрид: хотел „Метропол“, Аеродром „Св. Апостол Павле“ и Тетово

тел. 02/ 3091-141 www.europcar.com.mk

Резервација на наведените тел. броеви или веб-страницата. Во графата promotional/ contract, АМСМ-членовите задолжително го внесуваат кодот 421918881

„Студио Хабитат“-Проектантско студио за проектирање енергетски ефикасни објекти 10% попуст ул. Скоевска 3-2/13 (Дебар маало) тел. 070-229-691 www.studiohabitat.com.mk хемиско чистење и водено перење Хемиско „Fresh Day“ 10% попуст „Супер Тинекс“ („Перо Наков“ бб) и „Супер Тинекс“ („Трета Македонска Бригада“ бб)

тел. 070 396-952

Хемиско „Fresh express“ 10% попуст „Веро“ Тафталиџе и „Веро Центар“ тел. 02 3069-656

АМСМ Партнер - Попуст за членови! 7


ОХРИД РЕСТОРАНИ Ресторан „Св. СОФИЈА“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бр.88 тел. 046 267-403 www.restoransvetasofija.com.mk

Пицерија „НЕМО“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бб. тел. 046 253-355 www.pizzanemo.com

здравје и убавина

КАФУЛИЊА Плажа-ресторан „ПОТПЕШ“ - Канео

10% попуст тел. 070 751-305

Козметичко студио „ТРЕНДИ“ 10% попуст бул. „Туристичка“ 52-ц/2 тел. 070 604-357

ХОТели

Хотел „АЛЕКСАНДРИЈА“ 10% попуст ул. „Коста Абраш“ бб тел. 046 258-860, 258-861 www.hotelaleksandrija.com.mk

ШОПинг „Техномаркет“ 5% попуст Ул. “7 ми Ноември” 286, Охрид Тел: 046 250 348 www.technomarket.com.mk

Хотел „Пела“ 10% попуст за сместување населба „Св.Стефан“ бб тел. 046 230-420 тел. 046 230-421 www.hotelpela.com.mk Хотел „тино“ 10% попуст кеј „Маршал Тито“ бр.55 тел. 046 261-665, 230-450 www.hoteltino.com.mk

струмица РЕСТОРАНИ Рибен ресторан „Пиликатник“ 5% попуст тел. 034 331-926

Ресторан „Србаков“ 5% попуст ул. „Јанко Цветинов“ бр.31 Ресторан „МЕДИТЕРАН“ 10% попуст бул.„Климент Охридски“ бр.110 тел. 070 387-288 Ресторан „АРОМА“ 10% попуст ул. „Младинска“ бр. 40 тел. 078 222-123 Пица ресторан „БОНИТА“ 10 % попуст ул. „Благоја Мучето“ бр. 54 тел. 034 327 122 8

Слаткарница „Карамела“ 10% попуст тел. 078 307-670 ХОТели Хотел „404“ 10% попуст ул. „Благоја Мучето“ бр.13 тел. 034 345-404 Мотел-ресторан „ПОДГОРСКИ АН“ 10% за сместување, 5% за угостителските услуги с. Колешино тел. 034/351-100


струмица 10% попуст ТЦ „Глобал“ тел. 070 259-123

Мотел-ресторан „Дардо“ 10% попуст „Климент Охридски“ бр.105 тел. 034 344-241 ресторан: 070 214-805 071 345-075

Изработка на завеси и прекривки „ЕЛИЗАБЕТ“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ бр. 20 тел. 034 320 434

КАФУЛИЊА Кафе-бар „19“ 5% попуст ул. „Благоја Мучето“ бр.24

Завеси и теписи„ПРЕЗИДЕНТ“ 5% попуст 1. ул. „Јанко Цветинов“ бр.42 тел. 034/346-053 2. ул. „Васил Сурчев“ бр. 3 тел. 034/345-053 3. бул. „Климент Охриски“ бб тел. 034/343-053 www.prezidentdoo.com.mk

Кафе-бар „Маф-Маф“ 5% попуст ул. „Ј.Ј. Свештарот“ бр.20

„Мани сервис“ 5% попуст за сервис на клима-уреди за автомобили ул. „Климент Охридски“ бр. 105 тел. 034 344 655 / 075 432 474

ШОПинг „З.Г.Визија“ - преводи и подготовка на документи 10% попуст ул. „Ленинова“ бр.14 Струмица и Радовиш „Нет-Линк“ - интернетуслуги и сервисирање на компјутери 5% попуст ул. „Маршал Тито“ 103 Б

„Инфо Мобил“ автоделови 10% попуст Ул. „Ѓорѓи Трајков“ бр. 28 А тел. 034 520 244 / 075 406 308 www.infomobil.com.mk ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Фризер „БЛОНД“ 5% попуст ул. „Јосиф Ј. Свештарот“ бр.26 034/ 320-085 / 070 893-234

Бутик „Импреса“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ Бутик „Имиџ-М“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Климент Охридски“ бр. 53 тел. 034 320-211 Салон за чевли „Невадос“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ 1 кат Бутик „Плаза“

10% попуст ТЦ „Глобал“

Бутик „Рекорд“

5% попуст ТЦ „Глобал“ 43/1

Козметичко студио „ЗВЕЗДА“

5% попуст ул. „Јосиф Ј. Свештарот“ бр.26 тел. 078 452-867

ПРОЕКТИРАЊЕ И ДИЗАЈН Салон за железарија и санитарија „ЏИДАЛО“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.51 тел. 034/348 440 „Мега Принт“ - печатење и изработка на светлечки реклами 5% попуст ул. „Гоце Делчев“ бб тел. 034 340-988 www.megaprint.com.mk „КРИСТАЛ“ - стакларска работилница 5% попуст Зона Север бб тел. 075 214-433 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 9


куманово хотели и РЕСТОРАНИ Бутик „Гето“ 15% попуст ул. „Илинденска“ бр.46

Хотел-ресторан „Рим-Париз“ 10% попуст „3-МУБ“ бб тел. 031 415-800 www.hotelrimparis.com.mk

Бутик за деца „Мартас“ 5% попуст ул. „Октомвриска револуција“ бр. 47 тел. 031 430-405

Национален ресторан „Батко Ѓорѓија“ 10% попуст „3-МУБ“ бб тел. 031 415-800

„БИАНА“ 5% попуст ул. „Доне Божинов“ бр. 18

Комплекс „Етно село“ 10% попуст освен во недела и празници тел. 031 497-749 тел. 075 497-749 с. Младо Нагоричане www.etnoselo.com.mk Хотел-ресторан „ХАРМОНИЈА“

10% попуст Долно Којнаре ул. „1“ бр.93 тел. 070 211-860

ШОПинг „Техномаркет“ 5% попуст ТЦ „Сума“ ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 031 438 031

Бутик „Стал“

10%-15% попуст ул. „Кирил и Методиј“ 1А

Бутик „МагониЈа“

10% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр.40

Бутик „Фобо - Ивани“

10% попуст ул. „Илинденска“ бр.72 тел. 070 313-505

Салон за чевли „Помпа“

5% попуст ул. „Народна револуција“ бр.51

здравје и убавина „Психомодус ЛМ“ психолошки советувања 15% попуст ул. „Фетка Наскова“ 11/1

продавница за накит

Bohemia Jewlery, Swarovski

10 % и подарок за над 20 000 ден. ул.3-та Македонска ударна бригада бр.40

прилеп ХОТели

РЕСТОРАНИ Ресторан „Ескалибур“ 10% попуст ул. „Кузман Јосифоски“ бр.2 тел. 048 430-100 тел. 075 353-580 Ресторан „Лидер“

10

10% попуст ул. „Браќа Ламески“ бр.30 тел. 048 411-444

Хотел „Кристал Палас“ 10% попуст ул. „Ленин“ бр.184 тел. 048 418-000 факс: 048 400-060 www.kp.mk Хотел „Салида“ 10% за сместување и 5% попуст за угостителските услуги „Иво Лола Рибар“ бб тел. 048 400-333 факс: 048 400-444 www.hotelsalida.com.mk


ШОПинг

„Техномаркет“ 5% попуст ул. „Кузман Јосифовски“ 1/1 тел. 048 402-300

Бутик „Колосеум Ексклузив“ - Стара чаршија 10% попуст Бижутерија „Колосеум Ексклузив“- наспроти градскиот саат 10% попуст тел. 078 403 673

здравје и убавина Фризерско студио „Грејс“ 40% попуст кеј „1 Мај“ 53г тел. 048 426-427

„Роман“ - превоз во земјата и во странство 10% попуст тел. 070 259-499, 075 259-499, тел. 048 430-001 www.roman.com.mk

крушево ХОТел - Крушево Хотел „Монтана Палас“ 10% попуст ул. „Питу Гули“ бб тел. 048 477-121 факс: 048 477-680 www.montanapalas.com.mk

тетово „Авто Чајка“ 10% попуст на лимарофарбарски услуги и хемиско чистење ул. „Маршал Тито“ бб www.avtocajka.com.mk

РЕСТОРАНИ Ресторан „Тетоец“ 10% попуст Ајдучко Маало тел. 044 613-111

Ресторан „Бела Миа“ 10% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр. 108 тел. 044 331-332, 070 224-554

ШОПинг „ГИМЕКС“ - компјутери и сервис 5% попуст на производите 10% попуст на услугите „Веро“ Тетово ул. „133“ бр. 7 www.gimex.com.mk

„Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр. 21 тел. 044 340-507 „Даре промет“ бои и лакови

10% попуст на производите на JUB и HELIOS ул.„120“ бр.10

„ДАРАКОМ“ бои и лакови

5% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр. 112 ул. „Маршал Тито“ бр. 136/3 Оптика „Јовановски“ 15% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.218 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 11


„Лејди стар“ бутик за женска, детска и машка долна облека 5% попуст ул. „Јане Сандански“ бр.41 тел. 075 228-078

Авто сервис „Тимур“ 5%-10% попуст ул. „Косовска“ бр.14 тел. 070 422-116, 070 465-668 Бутик „Џудо“ 7% попуст ул.„Тодор Ципоски Мерџан“ бр. 6 тел. 044 336-760 Бутик за чевли „Маркетинг Микс“ (Џудо) 7% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.75 тел. 044 336-760

ТП „Ацко КВ Транс“ - организиран превоз на патници за меѓународен и внатрешен сообраќај 10% попуст за превоз на патници ул. „Вера Циривири“ бр.14 тел. 070 555-121, 072 246-661

Цвеќарница „Мими“ 10%-20% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.43 тел. 078 447-708

„Авто перална“ попуст 100 денари за перење возила

гевгелија ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Мотел „Вардар“ 10% попуст ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-267 ШОПинг „Д.Н.К.В. Комерц“ - автоделови 5% попуст ул. „Радован Ковачевиќ“ бр.27 ул. „Маршал Тито“ бр. 131 тел. 034 212-445 www.dnkv.mk „Бест компјутери“ - компјутери и компјутерска опрема 3% попуст тел. 034 215-665 ул. „Ристо Фршaнин“ бр.20 www.best.com.mk „Бест оффис“ - опрема и канцелариски материјал 10% попуст тел. 034 215-665 ул. „Ристо Фршaнин“ бр.20 www.best.com.mk „Бест скул“ - курс по компјутери и странски јазици 20% попуст тел. 034 215-665 ул. „Ристо Фршaнин“ бр.20 www.best.com.mk „ЏИВИ“ - бела техника, мебел, греење и климатизација 3% попуст за плаќање во готово и бесплатна достава ул. „Железничка“ б.б. тел. 034 214-299 www.jivi.mk Авто школа „СТИЛ“ Бутик за машка гардероба „ДИНО“ 12

Обука за а, б, ц и е категорија 10% попуст ул. „Љубљанска“ бр.13 тел. 034/215-512 070/528-170 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.156

Бутик за машка гардероба „КАН“

10% попуст ул. „Маршал Тито“ - шеталиште

Бутик за чевли „Моделс шус“

10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.155

10% попуст Бутик за спортска опрема „Моделс спорт“ ул. „Маршал Тито“ бр.156 Автоделови „ИВИ“

5% попуст ул. „Гевгелиски партизански одреди“ бр.34 Интер комерц – Железарија 5% попуст ул. 7-ми Ноември тел. 034-213-872

Бутик „РОСИ“

10% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 034/214-323

Фотостудио „СПЕКТАР КМ“ 10% попуст ул. „7 Ноември“бр. 45 тел. 034/213-996 070 433-702 ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Стоматолошка ординација „ДЕНТИЦИЈА“ 10% попуст ул. „Ѓорѓи Велков“ бр.6 тел. 034/215-319, 075 500-502 ПРОЕКТИРАЊЕ И ДИЗАЈН Плочки „ИНТЕР КОРНИ“ 7% попуст ул. „7 Ноември“ бб тел. 034/213-591, 216-591 ПВЦ столарија „НИКИ“ 10% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.5 тел. 034/222-560 „Маршал Тито“- Богданци


БИТОЛА ШОПинг - Битола

ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Ресторан-пицерија „Корзо“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.95 тел. 047 241-888 www.restaurantkorzo.com Пицерија „Тото“ 10% попуст ул. „27 Март“ бр.6 тел. 047 226-767 Ресторан „Елен 2“

10% попуст ул. „Владимир Назор“ бб Хотел-ресторан „КАПРИ“ 10% попуст нас. Довлеџик тел. 047/256-500

Пица-ресторан „КУС-КУС“

Бутик за долна облека „Велисиа“

Бутик „БИНЈАПИ МОДА“

5% попуст Продавница „ВИЦКО“ Комплекс Безистен тел. 047 235 496

10% попуст ул. „Кирил и Методиј“ бр. 2А тел. 047 222-603

5% попуст Продавница „БОХЕМИА“ ул. „Ј. Јосифовски“ бб тел.047 237496

Ресторан „ФОНТАНА БЕ-НИ“ 5% попуст с. Бистрица тел. 047/268-599

10% попуст Бутик „ВЕЛВЕТ“ ул. „Маршал Тито“ бр. 40 тел. 047 241 900 продавница за детски колички и детски авто седишта BABY BLU 10 % на авто седишта ул. „Столарска“ бб

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Фризерско студио „МАРИЈА-БЕЛА“ 10% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб, зграда Обител - мезанин тел. 076 964-340, 075 312-986

Продавница за сребро

SILVER MOON „Silver Moon“

Фризерско студио „ДИВАЈН “ 10% попуст ул. „Борис Буџовски“ бр.20 тел. 047/221-381 Аптека „ХИГИЈА ФАРМ “ 5% попуст на козметика и витамини (ОТЦ програма) и 10% попуст за производи од галенската лабораторија на „Хигија фарм“ ул. „Скопска“ бр.17 тел. 047/202-208

Клуч сервис „Тошеви“ ул. „П.П.Његош“ бр.133 10% попуст за автомобилски клучарски услуги тел. 047 237-181, 070 237-181 www.tosevi.com.mk 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.134 „Техномаркет“ 5% попуст Нова Битола ул. „Васко Каранѓелевски“ бб, сутерен тел. 047 220-131 10% попуст ул. „Ордан Николов“ бр. 53

10 % попуст ул. „Широк сокак“ (до хотел Епинал) 075/225 090 ТВ ОРБИС 10 % попуст на рекламирање Браќа Џаферови бб, тел.047 203 307

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА AURA welness, spa & beauty centar 10 % попуст (во хотел Епинал) 047/ 202 231 „Анима Плус“

фитнес, пилатес и зумба 10 % попуст (во хотел Епинал)

кичево РЕСТОРАНИ - Кичево Ресторан „Стара Куќа 2008“

ШОПинг - Кичево 5% попуст Магистрален пат бб (АМД Кичево)

КАФУЛИЊА - Кичево Кафе-бар „Флерт клуб“ 10% попуст

„Ваше Такси“

„Спикомп“ Компјутерка опрема, карго експрес и фискални апарати

5% попуст ул. „4 Јули“ бб тел. 15 555 5% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб тел. 045 222-699 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 13


штип РЕСТОРАНИ - Штип Ресторан „Стара Штипска Куќа“

десерт од куќата ул. „Вељко Влаховиќ“ бб населба Пребек

ШОПинг - Штип „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 032 397-793

велес 10% попуст ул. „Петре Прличко“ бб Тел. 043 233-350

Такси-сервис „ДС Луна“ 10% во земјава и во странство како и месечни билети ул. „Благој Ѓорев“ 159 тел. 043/231-333, 078/212-620

„Аквариус Кафе“ 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 070 375-204

Бутик „Ова Она“ - маички со апликации по желба 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 078 334-480

РЕСТОРАНИ и кафулиња Гостилница „Инѓилизов“

ШОПинг „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.65 тел. 043 212-408 Студио „АРТ-Дигитал“

5% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 070/ 216-830, 078/ 216-830

Бутик „ИН“

10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 071/ 363-666

Бутик „Wall Street“ 15% попуст тел. 078/231-884 здравје и убавина „ПЗУ Зографски“ - спец. ординација за дијагностика и третман на болести на уво, нос и грло 10% за сите основни и специјалистички прегледи ул. „Владимир Назор“ бр.41 тел. 070/375-001, 043/222-511

кавадарци РЕСТОРАНИ Ресторан „ЛС Квартум“

10% попуст спортска сала „Јасмин“ тел. 043 415-755

ШОПинг „ХИТ ШУС - р“ бутик за чевли 5% попуст ул. „Шишка“ бб тел. 043 418-550 14

Автоделови „Жиле“ 5%-10% попуст на производи за автоделови ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 070 218-930


струга ХОТели

РЕСТОРАНИ

Хотел „Бисер“ - с.Калишта 10% попуст тел. 046 785-700, 046 780-010 www.hotelbiser.com.mk

Ресторан „Св. Никола“ 5% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр.88 тел. 070 362-720 Ресторан „Авон“ 10% попуст ул. „ЈНА“ бб тел. 046 786-440

ШОПинг

Пицерија „АНГЕЛА“ 10% попуст ул. „Димитар Влахов“ бр.2 (на кејот на реката Црн Дрим) тел. 046/786-242

Хотел „МОНТЕНЕГРО“ 10% попуст (за сместување по лице) тел. 046 780-330 www.hotelmontenegro.mk

„Техномаркет“ 5% попуст, ул. „Плитишта“ бб тел. 046 784-140 Парфимерија „Елит“

10% попуст ул. „Пролетерски бригади“ бр.3 и ТЦ „Цома-мол“, тел. 046 780-015

Ресторан „АНТИКА“ 10% попуст кеј „Борис Кидрич“ бр. 34 тел. 046/783-468

маврово ХОТел - Маврово Хотел „АЛПИНА“ 10% попуст тел. 042 388-024 www.hotelalpinamavrovo.com www.nehartravel.com.mk

АМСМ Партнер - Попуст за членови! 15


АВТОМОТО ДРУШТВА

АВТОМОТО ДРУШТВА

АМД „Брегалница“ - Берово ул. „Маршал Тито“ бр. 4 тел. 033 471-987

АМД „Лопен“ - Кочани ул. „29 Ноември“ бр. 109 тел. 033 273-992

АМД „Велес“ - Велес ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 043 212-233 АМД „Виница“ - Виница ул. „Илинденска“ бб тел. 033 362-987 АМД „Ѓорѓи Наумов“ - Битола ул. „Арон Ароести“ бб, Стрелиште тел. 047 203-220 АМД „Гостивар“ - Гостивар ул. „Илинденска“ бб тел. 042/210-196; 042/210-197 АМД „Дичо Панов“ - Гевгелија ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-987 АМД „Железник“ - Демир Хисар ул. „Битолска“ бб тел. 047 276 015

16

АМД „Охрид“ - Охрид ул. „Лазо Трповски“ бб тел. 046 269-046 АМД „Прилепец“ - Прилеп ул. „Моша Пијаде“ бр.230 тел. 048 422-224 АМД „Пробиштип“ - Пробиштип ул. „Миро Барага“ бр. 1 тел. 032 484-008 АМД „Страшо Пинџур“ - Кавадарци ул. „29 Ноември“ бр. 36 тел. 043 410-938 АМД „Стрела“ - Струмица ул. „Ленинова“ бр. 94 тел. 034 321-088 АМД „Струга“ - Струга ул. „Пролетерски бригади“ бр. 68 тел. 046 782-046 АМД „Тетово“ - Тетово ул. „Видео Смилевски Бато“ бб тел. 044 335-987

АМД „Киро Бурназ“ - Куманово ул. „Трета македонска ударна бригада“ бб тел. 031 433-163

АМД „Треска“ - Македонски Брод ул. „7 Септември“ бр.4 тел. 045 275-151

АМД „Кичево“ - Кичево Магистрален пат бб тел. 045 266-363

АМД „Штип“ - Штип ул. „Сутјеска“ бб тел. 032 391-987

Klub Mobiliti (april 2014)  

AMSM Klubsko Spisanie

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you