Page 1

Хартии, шишиња, се и сешто. Запрете луѓе, сторете нешто. СИНА ПЛАНЕТА

ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар - Скопје ПРИМЕНЕТА ХЕМИЈА

Докажување на јаглерод диоксид добиен со реакција на оцет и сода бикарбона

ментор: Аида Петровска

ученик: Ива Крстевска VIIВ одд. Скопје, април 2010 Млади истражувачи ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар – Скопје Април 2010

1


Хартии, шишиња, се и сешто. Запрете луѓе, сторете нешто. СИНА ПЛАНЕТА

Содржина:

1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8.

Вовед . . . . . . . Елаборација на трудот Опит 1 . . . . . . . Опит 2 . . . . . . . Опит 3 . . . . . . . Опит 4 . . . . . . . Заклучок . . . . . . Користена литература

. . . . . . . . . . . . . . . .

. . . . . . . . . . . . . . . .

. . . стр. 3 . . стр. 4 . . .стр. 5 . . .стр. 6 . . .стр. 7 . . .стр. 8 . . стр. 9 . . стр 10

Млади истражувачи ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар – Скопје Април 2010

2


Хартии, шишиња, се и сешто. Запрете луѓе, сторете нешто. СИНА ПЛАНЕТА

Вовед

Јаглерод диоксидот (хемиска формула: CO2) e хемиско соединение составено од два кислородни атоми и еден атом на јаглерод. Тоа е гас при стандардни услови за температура и притисок и во таа состојба го има во земјината атмосфера. Јаглеродот диоксидот е гас без боја и мирис. Потежок е од воздухот и не гори. Овие својства на јаглерод диоксидот се причина тој да се употребува за гаснење на пожари. Јаглерод диоксидот малку се раствора во вода при што реагира со неа образувајќи јаглеродна киселина. Таа е непостојана и се разложува на вода и јаглерод диоксид. Поради тоа, јаглерод диоксидот се употребува за газирање пијалаци. Растенијата го користат јаглерод диоксидот од воздухот, трансформирајќи го во органски материи, а при тоа ослободувајќи кислород. Животните и луѓето го користат кислородот во процесот на дишење, при што ослободуваат јаглерод диоксид. Овој процес се одвива постојано и е основа за животот на Земјата. Јаглеродниот диоксид се создава од различни извори, меѓу кои и вулкански ерупции, разградувањето на органската материја и од процесот на дишење кај живите организми. Исто така, тој се произведува и од ферментацијата на некои микроорганизми и од клеточното дишење. Растенијата го користат јаглеродниот диоксид при фотосинтезата, користејќи го притоа и кислородот за да синтетизираат јаглехидрати. По ова, растенијата испуштаат кислород во атмосферата, кој е исклучително важен за респирацијата кај хетеротрофните организми, притоа формирајќи циклус. Јаглеродниот диоксид го има во мали концентрации во атмосферата. Тој е главна состојка на јаглеродниот циклус.

Млади истражувачи ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар – Скопје Април 2010

3


Хартии, шишиња, се и сешто. Запрете луѓе, сторете нешто. СИНА ПЛАНЕТА Елаборација на трудот:

Докажување на јаглерод диоксид добиен со реакција на оцет и сода бикарбона Прибор: Тегла, гумена ракавица, мало пластично шише, продупчена затка со гумено црево, дрвце, шпиритусна ламба, чаша или потсечено пластично шише. Хемикалии: Оцет, сода бикарбона, течен детергент за миење садови, црвена боја за колачи, варова вода.

Млади истражувачи ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар – Скопје Април 2010

4


Хартии, шишиња, се и сешто. Запрете луѓе, сторете нешто. СИНА ПЛАНЕТА

Тек на работа: Опит 1. Во теглата ( или конзерва ) ставаме малку сода бикарбона и оцет. Отворот на теглата го затвораме со гумена ракавица.Ракавицата ќе се наполни со јаглерод диоксид кој се создал со хемиска реакција помеѓу оцет и сода бикарбона: CH3COOH + NaHCO3 → CH3COONa + CO2 + H2O Оцетната кисекина е посилна од јаглеродната и ја истиснува од нејзината сол.

Млади истражувачи ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар – Скопје Април 2010

5


Хартии, шишиња, се и сешто. Запрете луѓе, сторете нешто. СИНА ПЛАНЕТА

Опит 2. Во едно пластично шише стави сода бикарбона и оцет. Во отворот од шишето внеси запалено шкорче. Шкорчето ќе се изгаси оти ослободениот јаглерод диоксид не гори ниту го подржува горењето.

Млади истражувачи ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар – Скопје Април 2010

6


Хартии, шишиња, се и сешто. Запрете луѓе, сторете нешто. СИНА ПЛАНЕТА

Опит 3. Во истото шише од претходниот обид долеј уште малку оцет и затвори го со затка низ која поминува гумено црево. Цревцето од затката нурни го во потсеченото шише со варова вода. Со воведување на CO2 во варова вода Ca(OH)2 таа се заматува. Причина поради која се заматува е создавање на калциум карбонат CaCO3 кој се создава при таа реакција но не се раствора во вода па е забележлив. Ca(OH)2 + CO2 → CaCO3 + H2O

Млади истражувачи ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар – Скопје Април 2010

7


Хартии, шишиња, се и сешто. Запрете луѓе, сторете нешто. СИНА ПЛАНЕТА

Опит 4. Во помало пластично шише стави малку сода бикарбона, течен детергент за миење садови и обоен оцет со црвена боја за колачи. Со реакцијата на сода бикарбона, течниот детерџент за садови и црвенообоениот оцет се создава јаглерод диоксид. Јаглерод диоксид со течниот детергент создава пена, која како црвена лава излегува од вулканот ( шишето ).

Млади истражувачи ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар – Скопје Април 2010

8


Хартии, шишиња, се и сешто. Запрете луѓе, сторете нешто. СИНА ПЛАНЕТА

Заклучок: За изведување на многу експерименти по хемија можеме да се послужиме со супстанци кои секојдневно ги употребуваме за некоја наша потреба, од одржувањето на хигиена до исхраната, а сепак да бидат атрактивни и интересни за секого. Не мораме да употребуваме посебна апаратура, туку можеме да се послужиме со пластичните шишиња и стакленки кои ги фрламе како отпад.

Млади истражувачи ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар – Скопје Април 2010

9


Хартии, шишиња, се и сешто. Запрете луѓе, сторете нешто. СИНА ПЛАНЕТА

Користена литература: 1. Учебник по хемија за седмо одделение автори: Гордана Донева – Атанасовска, Слоботка Алексовска, Босилка Миланкова / Просветно дело / 2008 2. Интернет: http://www.svethemije.com/?q=node/1049

Млади истражувачи ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар – Скопје Април 2010

10

Докажување на јаглерод диоксид добиен со реакција на оцет и сода бикарбона  

Клуб "Млади истражувачи" ООУ "Димитар Миладинов" Општина Центар Скопје

Докажување на јаглерод диоксид добиен со реакција на оцет и сода бикарбона  

Клуб "Млади истражувачи" ООУ "Димитар Миладинов" Општина Центар Скопје

Advertisement