design tanec report

Page 16

АМБАСАДОРИ

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

неколку децении (за некои и за првпат воопшто) на репертоарот на Танец да се најдат кореографии од сите побројни националности во Македонија и да се презентираат на еден концерт со спомнатиот наслов. Идејата беше неспорна за сите релевантни структури што се задолжени да ја креираат програмата (Директор, Управен одбор, Министертсво за култура), но, сепак, беше причина еден наш неделник да го најави со еден целосно неприфатлив, неточен и непријателски наслов. Веруваме дека по меѓусебната комуникација работите им станаа појасни и се покајаа за сторената штета. Сепак, поважно од тоа е што Танец во овие малку недели успеа речиси да ги конципира кореографијата на Турците од Македонија и на Србите од Македонија. Заедно со напредувањето во кореографијата на Албанците и на Македонците со исламска вероисповед и со скиците за влашката кореографија, веќе може да се имаат контурите на тој мошне важен концерт на кој, веројатно за прв пат во историјата Танец одеднаш ќе презентира шест нови кореографии.

ПРЕД НИВ Е ИДНИНАТА

НА ВЛЕЗОТ ВО АЛЕЈАТА НА СЛАВНИТЕ Михајло Стефановски е 25 годишен играорец, еден од помладата генерација играорци во Танец, но единствен кој на себе ја понесе одговорноста да го води “Тешкото“. Неговата визија, неговата љубов кон фолклорот, неговата енергија е дел од секојдневието на Ансамблот “Танец“. Но, што всушност представува фоклорот за еден млад човек како Михајло? "Фолклорот представува симбол на една нација, на еден народ и на неговата култура и историја. Горд сум што сум дел од Танец и што токму во оваа институција можам да придонесам за зачувување на нашиот македонски фолклорен идиом, а на тој начин да ги разоткријам и сочувам своите корени, својата традиција и својот национален идентитет. Со народното играње започнав како хоби, но постепено тоа стана моја животна определба од едноставни причини, затоа што тоа најдобро го умеам и најмногу го сакам. Кога дојдов во Танец, бев пријатно изненаден од професионалниот односот на сите членови на анамблот кон македонскиот фолклор. Тој однос кај мене створи почит, поттик, но и одговорност кон оваа институција која од секој член бара максимална посветеност, и психичка и физичка. За разлика од аматерските КУД каде претходно членував, во Танец има поинаков третман кон новите членови. Работевме поединечно, со асистентите и раководителите кои несебично го пренесуваат своето огромно сценско и играорно искуство." Што значи за тебе сцената на Танец?

Ноември го дочекавме со гостувањето на групата „Проетнос“, односно групата за изворно пеење и свирење „Бистри води“ на фестивалот „Етно глас“ во Панчево - СЦГ. Поточно, со овој настап и со настапот на сличниот состав на српскиот државен ансамбл „Коло“ беше отворен овој фестивал. Беше тоа шанса, освен да се презентираат најдлабоките архаични слоеви на нашето народно пеење, и да се потврди исправноста на ширењето на репертоарот во оваа насока, што, пак, 16 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

"Секој концерт на Танец, секоја сцена на која настапуваме е место каде низ песна и игра се презентира највредното и најбогатото нешто на Македонија. Пред секој настап ние се подготвуваме не само физички, туку можеби повеќе и психички. Духовно навлегуваме во атмосферата и во приказната на секое оро, на секоја песна, бидејќи знаеме дека таа приказна е постара од нас самите, а ние сме тие што ја прераскажуваме. И покрај големите аплаузи и овации кои ги добиваме на секој настап, секогаш постои една позитивна трема која не припрема и поттикнува на совршена изведба. Но, со излегувањето на сцена и со првиот аплауз на публиката, таа трема веднаш ја снемува. На нејзино место доаѓа чувството на гордост, љубов и задоволство што сме дел од Танец, односно од македонската културна историја."

• Сиера Леоне • Гана • Нигерија • Конго Кишаса • Конго Бразил • Шве Дрезден • Прага • Вител • Дино • Сен Бриг • Шел • Рим • Лугано • Трст


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.