S work No.42

Page 1

S-WORK М а р т N O . 42


3-ти март - Mеѓународен ден за правата на сексуалните работници Кои права ги има сексуалниот работник? Еден човек кој одлучил да пружи сексуални услуги? Сепак, сексуалниот работник е прво човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како сите нас. Но, најчесто во Република Македонија се прекршуваат основните одредби од Уставот, односно гаранцијата на основните права и слободи, како и економските, социјалните и културни права на сексуалните работници, како дел од граѓаните на Република Македонија Прекршувањето на човековите права е основна причина за во 2007-та година сексуалните работници неформално да почнат да се здружуваат и да почнат да се стремат кон унапредување на правата на сексуалните работници.

Усогласувајќи се на УНГАСС Декларацијата на обврски за ХИВ /СИДА, владите се обврзаа да обезбедат човекови права за сите, вклучуваајќи ги и сексуалните работници. Сексуалните работници припаѓаат на социјално маргинализираните групи, соочувајќи се со силна стигма и дискриминација. Тие често се поврзуваат со криминални акти и се соочуваат со принудни мерки од државата, како што се произволни апсења, притвор или малтретирање. Несфатени и отфрлени од институциите и општеството, бастионот на љубовта е претворен во гето, не затоа што тие така сакаат, туку затоа што поинаку неможат. 2


3-ти март, Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници, треба да биде мотив за размислување на сите нас. Светот е во стремеж за исполнување на Милениумските развојни цели, ветувајќи промовирање на родова еднаквост и зајакнување на жените и човекови права за сите, како ефективни начини за борба против сиромаштија, глад и болести. Сите цели меѓусебно се поткрепуваат, но дали овие цели навистина можат да се постигнат со исклучување на сексуалните работници? Граѓанската иницијатива за промоција и заштита на правата на сексуалните работници, СТАР-СТАР со конкретни активности, како и претходно така и оваа година се приклучува кон глобалното одбележување на денот на правата на сексуалните работници, стремејќи се да ја истакнат важноста и потребата за унапредување на нивните права. Со еднакви и достоинствени права за сите, само така светот би бил убаво место за живеење!

3


Сексуалните работници против стереотипите: Не сме сите жртви и корисници на дрога. Ние ја сакаме работата.

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа

Сексуалните работници во Австралија се побунија против фактот дека поголемиот дел од жените во оваа работа се злоставувани и приморани да се занимаваат со истата. Под хаштагот #FacesOfProstitution на социјалните мрежи, сексуалните работници ширум светот поставуваат статии со кои се обидуваат да ја променат негативната слика за секс индустријата во која што работат.

По преносот на неколку медиуми на текстот од блогот Exodus Cry, во кој го критикуваат филмот „Згодна жена“ дека промовира промискуитет и „ги мами жените во сексуалната индустрија наведувајќи ги да мислат дека сексуалната работа е гламурозна и романтична“, се огласија и сексуалните работници во Австралија. Општата популација најчесто ги перцепира сексуалните работници како 4


жртви во канџите на сексуалната индустрија кои биле силувани, сериозно злоставувани и малтретирани, луѓе кои патат од посттрауматско стресно пореметување, а поголемиот дел од нив дека биле злоставувани во детството, како и корисници на дроги. Голем број одговори на овие лоши перцепции ја поттикнале сексуалната работничка Тили Ловле, од Сиднеј да даде свој коментар на својот профил на Инстаграм. -„Тоа не е вистинското лице на сексуалната работа, затоа што не се сите сексуални работници корисници на дроги или жртви, а филмот „Згодна жена“ не ги наведува жените во живот полн со малтретирања. Не постои универзален шаблон кој ќе може да се однесува на сите работници во сексуалната индустрија. Тоа е само едно лице на сексуалната работа меѓу многуте“, има напишано Тили. На полемиката на интернет се има придружено и Луси Би, ескорт девојка која е дел од сексуалната индустрија веќе пет години. Таа вели дека не е приморана да се занимава со оваа работа, туку напротив тоа е нејзин избор. -„Ја сакам мојата работа. Луѓето имаат погрешен и мрачен став за сексуалната индустрија. Многумина не можат да разберат дека постојат луѓе кои доброволно имаат влезено во сексуалната индустрија без притисок и принуда. Често прашуваат „Како можат они тоа да го работат“ – вели Луси. Сепак, таа разбира дека сите работници во сексуалната индустрија ја немале истата среќа како неа сами да изберат да ја работат сексуалната работа, туку има и работници кои се присилени на тоа. -„Има жени кои имаат лоши искуства. И ние секојдневно сме изложени

5


на најразлични ризици, но има и многу кои имаат позитивни искуства“, тврди Луси. И триесетгодишниот Џеки Паркер кој има работено во бордели и како ескорт вели дека за сите 14 години колку што е долго во сексуалнта индустрија никогаш не запознал некој кој е принуден да се занимава со оваа работа. Тој тврди дека постојат мал број луѓе кои работат под принуда. -„Ако ги погледнете лицата на жените кои што постираат слики на хаштагот #FacesOfProstitution, ќе видите дека тоа се насмеани жени. Тоа што некои се обидуваат да не претстават како жртви, кои немаат право на глас, ме прави многу нервозен. За 14 години никогаш не сум имал полово пренослива инфекција и само еднаш морав да повикам полиција“, вели Џеки. И Кристијан Вега застана во одбрана на сексуалната индустрија. Овој триесетгодишник вели дека стереотипот за сексуалната индустрија настанал затоа што луѓето не веруваат дека е тоа работа како и сите други. -„Никој не ве прашува дали сакате да бидете шофер на камион или домар или сте присилени да се занимавате со тоа? Сексуалните работници се нормален дел од општеството“, тврди ова момче. „Тоа што нашата работа е обележана на тој начин, ја отежнува нашата работа затоа што доколку се случи нешто лошо ќе ни биде потешко да и се обратиме на полицијата. Покрај останатото, на тој начин се намалуваат шансите да се пронајдат оние кои се занимаваат со трговија на луѓе. На сексуалните работници кои претрпеле насилство им треба помош, а ако општеството им заврти грб, во тој случај оние се чувствуваат многу лошо“, вели Луси.

6


Искрената исповед на сексуалната работничка Сара Гринмор: „Работам во легален бордел , а ова се петте најчести заблуди за мојата работа”

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа

„Мојата работа е комбинација од услужување на клиенти и исполнување на нивните фантазии, и токму тоа е она што сакам да го работам. Оваа работа ги исполнува моите потреби и ми ја пружа финансиската стабилност која претходно сум ја немала,“ вели Сара. Таа во последните година и пол работи како сексуална работничка во легални бордели блиску Невада. За целото тоа време кажува и самата таа дека научила многу за сексуалноста, психологијата и врските. Откако почнала да се занимава со оваа работа забележала дека луѓето и незнаат многу за сексуалната работа. Ова се некои од заблудите за кои има слушнато.

1. Сексуалната работа е за мрзеливи луѓе и претставува лесна работа Својата работа можам да ја опишам на многу начини, но никогаш како лесна. Работам од 12 до 14 часа секој ден, истовремено имам 4 лични профили на социјалните мрежи, одговарам на меилови, објавувам огласи, пишувам есеи на интернет, чистам, закажувам клиенти, договарам интервјуа. Се сретнувам 7


со многу клиенти кои го посетуваат борделот, им покажувам што се нуди во борделот и на тој начин се обидувам да ги привлечам и задржам, притоа да откријам што точно посакуваат. 2. Сексуалните работнички шират сексуално преносливи болести. Во Невада секоја недела се прават тестирања на околу 1000 сексуални работнички за СПИ и ХИВ. Досега, според статистиката, не е забележан случај на ХИВ во борделите во кои работат сексуалните работници. Тие користат кондоми при секоја услуга дури и при орален секс. Здравјето ни е многу важно и сметам дека доколку нашето тело не е здраво, нема да можеме да си ги плаќаме сметките. Не е во ред да се загрози ниту нашето, ниту здравјето на клиентот со што би довело до уништување на нашата репутација, а тоа може да чини многу. 3. Само чудни луѓе, губитници и очајни мажи ги посетуваат борделите. Зачудувачки е фактот за тоа какви типови на луѓе ги посетуваат борделите. Има парови кои сакаат малку освежување во нивната врска, директори, адвокати и мажи кои подолг период немале секс. За многу од нив сексуалната работничка е повеќе од тоа. Со нас се чувствуваат убаво, пријатно и за момент можат да се отргнат од реалниот живот. На некој начин сме и наставници кои ги учиме оние „девиците“ како е првиот пат. 4. Сексуалните работнички ја мразат својата работа. Оваа работа сами сме ја избрале затоа што ни се потребно пари за живот и истата е длабоко интимна. Ја гледаме најранливата страна кај нашите клиенти, ги откриваме нивните најскриени желби. Сакам кога гледам дека клиентите се чувствуваат убаво и опуштено, кога се во своја кожа, тоа ме прави навистина среќна. 5. Сексуалните работнички се бедни жени. „Нејзините родители мора да се горди“, „Образувај се мрзо“, „Сигурно како мала имала проблем со татко и“, „Не интересира колку дрога и треба за да ја работи оваа работа“ - сите овие коментари лично ги имам слушнато. Идејата дека мојата професија е последно место за скршени, разочарани, необразувани жени, зависнички е навистина погрешна и ги отвара вратите на насилството. Сексуалната работа е сеуште во сенка бидејќи постојат луѓе кои сакаат да ни наштетат. И ние сме луѓе, и од оправдани причини сме го избрале овој животен пат. Затоа би требало да се легализира сексуалната работа насекаде во светот, заклучува Сара Гринмор. 8


9


Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа

Британски сексуални работнички им помагаат на луѓето со инвалидитет со секс

За многу луѓе со кои живеат со инвалидитет, сексот не е опција. Иако повеќето потреби им ги исполнуваат старателите или родителите, сексот во повеќето случаи не е присутен. Но, сега голем број сексуални работници сакаат тоа да го променат, и се посветуваат на пружање посебни услуги со цел да им помогнат на луѓето кои живеат со инвалидитет да ги исполнат своите сексуални желби и потреби. Сексуалноста на луѓето со инвалидитет паѓа во сенка поради општествените препоставки за тоа што значи да имаш инвалидитет. Сепак, овие луѓе имаат апетити за секс исто како и сите други. „Сексот е основна потреба, исто како и потребата за храна, но обично се мисли дека токму сексот претставува луксуз за овие луѓе, а не нивно право. Се преправаме дека нив не им е потребен секс колку што ни е нас потребен. Во еден момент и јас размислував на таков начин“, вели Пру, сексуална работничка која веќе со години работи со луѓе кои живеат со инвалидитет. Пру ги отворила очите откако сфатила дека еден од следбениците и коментатори на нејзиниот блог е бизнисмен кој живее со инвалидитет. Бидејќи тоа и побудило интерес, започнала да истражува што се е потребно за работа со луѓе кои имаат инвалидитет. „Одлучив да направам страница на мојот сајт каде што напишав дека се занимавам и со клиенти кои имаат инвалидитет и дека ги разбирам нивните потреби како и желбата истите да ги исполнувам“, вели таа. „Работите кои луѓето ги земаат здраво за готово можат да бидат навистина комплицирани. Кога некој возбуден бодибилдер ќе влезе, ја соблекува кошулата и панталоните за 5 секунди, и не му паѓа на памет дека за луѓето со инвалидитет тоа оди многу потешко. Понекогаш морам да го подигнам човекот од неговата инвалидска количка, пред да можеме нешто да направиме и потоа повторно да го облечам и да го вратам на количката. Навистина може да биде тешко и напорно“. Но ваквата работа е поблагодарна од онаа со која ја имам со другите клиенти, кажува Пру. Добиваш чувство дека на некому навистина му помагаш. Пру се сеќава на еден случај во кој работела со еден клиент кој имал висок степен на инвалидитет. 10


„Иако беше многу нервозен, сепак успеа да добие ерекција и се сеќавам дека ме праша дали му се дигнал, бидејќи тој самиот не беше во состојба тоа сам да го утврди. Му ја земав раката и ја ставив доле. Беше навистина среќен. Беше неподвижен и морав јас да бидам врз него. Беше малку незгодно, но сепак успеавме во тоа“. „Откако завршивме, и кога сфати што се случило, дека сепак успеал во тоа, заплака. Мислел дека ќе умре невин. Еден дел од него сакаше веднаш да си одам, но друг дел сакаше да продолжам. Потоа го повторивме истото. Неверојатно. Повеќе не го видов, но навистина беше трогателно тоа што заплака. Секогаш ќе се сеќавам на тоа“. Не станува збор за брз секс, туку за стекнување искуства Но, работите не одат секогаш по планот. Во една прилика, Пру била со човек кој боледувал од церебрална парализа. „Ме загриза по брадаиците толку жестоко, и ми нанесе огромна болка. Тоа се случи поради лошата координација. Претходно ми се нема ова случено, па малку се исплашив, тоа е исто коа да ја ставаш главата во уста на крокодил“. За некои луѓе, не се работи само за едно иле две искуства, туку сакаат да стекнат поголемо знаење за сексот, особено за своите способности. Џони Вилс има околу 20 години и боледува од церебрална парализа. Исто така, страда од кортикално нарушување на видот, што значи има потешкотии со препознавање на лица и протолкување на нивните 11


изрази, што пак му го отежнува градењето на човечки односи. Во своите 20 години реши да ги искористи сексуалните услуги, откако раскинал со својата партнерка од училиште. „Нејзиниот инвалидитет беше десет пати поголем од мојот, така што било каква сексуална активност беше невозможна, или па таа гледаше така на работите“, вели тој за неговата бивша партнерка. „Станав сексуално фрустриран, и си помислив зошто тоа го пропуштам, кога сакам да имам сексуално искуство“, рече тој. Поради таа причина преку интернет закажал сексуална услуга за да може да ја истражи својата сексуалност. „Толку многу научив за нејзе. Не станува збор само за брз секс, туку за стекнување на нови искуства. Со текот на времето подобро ја запознав, стекнав доверба во неа и изградивем еден посебен однос“, вели Џони. Што се однесува до него, тој сака да стапи во сериозна љубовна врска и верува дека неговите сесии со сексуалната работничка чекори кон тој правец и дека му помага да стекне знаење и самодоверба, која претходно му недостигала. И сега на сите оние како Џони е полесно да добијат вакви услуги. Тапи Овенс води компанија за сексуални права и правата на луѓето кои живеат со инвалидитет, исто така води и онлајн мрежа која им помага на луѓето на полесен начин да ги добијат своите сексуални услуги. Нејзиниот мотив да им помогне на клиентите да пронајдат тоа што го бараат и да воспостават контакти, и тоа да претставува прв чекор кон влегување во врска без плаќање. „Некои луѓе отстапиле од идејата да бидат во прилика да основаат врска“, вели таа. „Мислат дека досега доволно се намачиле и разочарале. Често наоѓаат сексуални работнички со кои се целосно задоволни и едноставно 12


доволно им е да продолжат со тоа. Но, генерално јас ги охрабрувам, бидејќи на тоа гледаат како на добивање сексуално образование.“ Наприте за да им се помогне на луѓето со инвалидитет да се поврзат со сексуалните работници понекогаш знае да наиде и на отпор. Тапи смета дека нема потреба да се менува законот во Велика Британија спред кој сексуалната работа е легализирана, но многу попратни активности не се, а тоа пак е неопходно да се направи. Ова прашање предизвикало внимание кај јавноста во 2013 година, кога еден дом за стари лица излегол на медиумите бидејќи во него било дозволено сексуални работници да ги посетуваат пациентите. Се дигна медиумска бура која довела до истрага на локалните власти. „Нивната реакција беше комплетно исфорсирана. Весниците пишуваа дека проституцијата е нелегална, а тоа никогаш не било случај“, вели Тапи. На родителите или старателите на луѓето со инвалидитет им е веќе доволно тешко и практично и емотивно. „Имаше една мајка која донела одлука да му помогне на својот син, и едноставно му повика сексуална работничка“, вели Пру. А за некои пак, тоа да го направат претставува голем чекор и табу. Пру раскажува за една мајка чиј син бил прикован за креветот, а била длабоко религиозна и не би можела да се помири со фактот дека нејзиниот син го посетува сексуална работничка. „Таа би умрела кога би дознала, дека нејзиниот син плаќа за сексуални услуги“, вели Пру. „Моравме се тоа набрзина да го организираме, да почекаме да излезе од дома, и да завршиме пред да се врати“. Со сите луѓе со кои имам разговарано ми имаат кажано дека сакаат ваквите услуги да бидат подостапни. „Најмногу што ни треба во моментов е поголем број сексуални работници кои би можеле да ги даваат своите услуги на луѓето кои живеат со инвалидитет“, вели Пру. „Можеби никогаш нема да доживееме време каде сето ова би било вообичаено исто како што е доставата на храна, но сепак мораме да бидеме поотворени на тоа прашање“. Тапи се гордее со сите деовјки кои се вклучени во нејзиниот фонд и кои ја работат оваа работа. Таа смета дека ако ништо друго, барем треба да им се одадат поголеми признанија. „Сексуалните работници, особено оние кои работат со луѓето со инвалидитет мора да бидат почитувани и признаени како легитимни работници кои се занимаваат со сјајна работа. Размислете што всушност тие прават, дали вие би влегле во соба со некој, да се соблечете, без никаква поддршка и да му приредите некому искуство кое го немал до сега во животот? Овие девојки се навистина храбри, а сепак само ги критикуваат“. 13


Во издание на

Поддржано од

14


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.