S-Work No.44

Page 1

S-WORK М а ј N O. 4 4


1-ви мај - Меѓународен ден на трудот: Сексуалните работници дел од борбата за социјална правда и работнички права 1-ви мај - Меѓународниот ден на трудот е посветен за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој ден за првпат се одбележа во далечната 1889 година за оддавање почит на жртвите од штрајкот во 1886 година во Чикаго, кои своите животи ги изгубија борејќи се против 8 часовното работно време. Оттогаш, како и во сите земји во светот, така и во Република Македонија активно се одбележува како „Меѓународен ден на трудот “. Како и претходните години , така и оваа година СТАР-СТАР како здружение на граѓани за поддршка на маргинализираните работници со посебен акцент на сексуалните работници, зема активно учество на протестот за социјална правда и работничките права со пораката „Нема лоши работници, постојат само лоши закони - Сексуалната работа е работа“. Како последица од непризнавањето на сексуалната работа како секоја друга работа, непроменливоста на законите кои ги таргетираат сексуалните работници во однос на нивните работнички права и нееднаквиот третман на сексуалните работници ги поттикнува сексуалните работници во се поголем број да дадат поддршка во борбата за социјална правда и работничките права.

2


3


Активистичко движење на сексуалните работници во борбата за нивните работнички права

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа

Контроверзијата за тоа дали сексуалната работа може да се дефинира и третира како вистинска професија предизвикува лавина од емоции и дебати. Со признавањето на оваа работа како и секоја друга ќе се овозможи поголема социјална и правна заштита на сексуалните работници под покровителство на законите за работни односи. Без разлика дали ги сакате или мразите сексуалните работници, сепак тие даваат услуги. Со тоа што сексуалната работа е најстара професија, давањето сексуални услуги е старо колку и човештвото. Со глобализацијата, развојот на интернетот, онлајн дејтовите, сајбер-сексот и најстарата професија на светот се менува и ги модернизира своите услуги за да го задржи чекорот со постојаното менување на технологијата. Во денешниот свет, сексуалните работници веќе не се само жени кои носат црвен фустан и високи потпетици, кои стојат на улица во ноќта во потрага по клиенти. Сексуалните работници сега се порно актери и актерки, ескорт придружници, хотлајн оператори/ки, жигола... Всушност, како и секоја друга работа особено во оваа ера на неоглобализација и приватизација на сè што генерира профит, сексуалните

4


работници во повеќето случаи не ги поседуваат своите тела, повеќето од нив не се во можност да преговараат за цената на нивните услуги. Сопствениците на хотели, сопствениците на клубови, сопствениците на интернет сајтови, сега се вистински работодавачи на сексуалните работници кои го продаваат својот труд. „Ако имаш шеф, ти треба синдикат“ е една од популарна слогани на работничкото движење. Очигледно е дека сексуалните работници во повеќето случаи се вработени од страна на големи бизниси кои сакаат дел од профитите од своите работници, а сепак не се грижат за доброто на своите вработени. Дури и во оние случаи кога сексуалните работници се самите свои шефови, сепак изобилува полициска бруталност и нивно малтретирање. Познато е дека полицијата е таа која изнудува услуги од сексуалните работници, ги апси, понижува, силува, наместо да ги заштити. Постои фактот дека сексуалните работници се изложени на сите видови на насилство и злоупотреба. Полицијата е таа која упаѓа во јавни куќи, бордели и клубови и апси млади жени кои работат како сексуани работнички. Многу често се случува овие жени во текот на полициските рации да бидат малтретирани, уценувани, силувани и злоупотребувани. Во обид да го заштитат својот идентитет и да се ослободат, овие жени ќе направат се за да ги задоволат полицајците. Понекогаш тие се принудени да признаат злосторства што никогаш не ги направиле, или пак се принудени да им дадат бесплатни сексуални услуги, а за возврат да бидат ослободени. Ова претставува кршење на нивните основни човекови права, и ограничување на правото на жената слободно да живее и работи.

5


Сексуалните работници исто така се обвинуваат дека се носители на заразни болести и преносители на ХИВ/СИДА и други СПИ. Иако точно е тоа дека изложеноста на многу сексуални партнери без користење на заштита го зголемува ризикот од сексуално преносливи болести, исто така е важно да се напомене дека клиентот би можел да биде еднакво виновен колку што е давателот на услугата и затоа е важно да се вклучат клиентите во едукација за потребата да се практикува безбеден секс. Особено е важно да се има сеопфатен пристап кон оваа тема со цел да се спречат сексуално преносливи болести. Сексуалните работници како засегнати страни може да дадат значителен придонес во подигање на свеста за ХИВ / СИДА и да помогнат да се спречи нејзиното ширење. Сексуалното здравје и благосостојбата на сексуалните работници, исто така, се многу важни. Стигмата и експлоатација на сексуалните работници ќе се сведат на минимум доколку сексуалната работа е признаена како вистинска работа како и секоја друга работа, која има свои предизвици, права и заштита според законот. Со криминализацијата на сексуалната работа во голем број земји не може да се создаде безбедна работна средина за сексуалните работници. Крајната цел на криминализацијата на сексуалната работа е да ги спречи сексуалните работници да работат, но единствено што е постигнато е изложување на сексуалните работници на се поголемо насилство, нивно заплашување, малтретирање и експлоатација. Тоа што двајца возрасни го прават приватно во нивна соба не треба да го интересира Законот. Со декриминализација на сексуалната работа ќе се подобрат условите за работа на сексуалните работници, ќе се намали експлотацијата, ќе им биде полесно да се организираат, ќе се заштитат нивните права и достоинството, ќе се почитува нивниот труд како што заслужува секој работник. Препознавањето на сексуалната работа и организирањето на сексуалните работници како дел на активистичкото движење на работниците е од особено значење за оваа заедница. Сексуалните работници треба да се организират и приклучуваат кон работничките синдикати, а тие пак треба да ги прифатат 6


како членови како и секој друг работник и да ги задоволат нивните потреби и барања. Синдикатите имаат должност да ги заштитат правата на сексуалните работници и да бидат подготвени за организирање на оваа неискористен членство. Сексуалните работници најчесто работат со макроа во опасни услови и им треба заштита од опасни клиенти, од полицијата па дури и од поширокото општество. Организирање на сексуалните работници, исто така, ќе им даде можност да ги изградат своите капацитети и да преговараат со лицата за услугите кои ги даваат, и да ги поттикне да го направат вистинскиот избор или барем да им се даде шанса да имаат избор. Никој не треба да биде принуден да работи како сексуален работник; оваа работа треба да биде доброволна. Многу жени и мажи избрале да се занимаваат со оваа работа со цел да ја преживеат бруталната економија. Тоа е исто како што голем број жени и мажи избираат да влезат во брак и да имаат спогодбени сексулани односи за да добијат зелена карта или виза. Еден договор помеѓу двајца возрасни на никој не му штети и треба да се почитува. Сите треба да застанеме против принудната работа, било која работа која е принудна вклучувајќи ја и сексуалната работа треба да се осуди. Лицата кои ја избрале сексуалната работа како своја професија без разлика дали од економски причини или затоа што тоа го сакаат и уживаат, треба да се почитуваат и заштитуваат, а не да се сожалуваат. Организирањето на сексуалните работници и нивното вклучување во актистичкото движење на сите работници не е за нивна промоција или промоција на нивните услуги, туку за заштита на нивните права кои по свој избор ја работат сексуалната работа. Работничките синдикати не смеат и не требаат да ја декриминализираат ова категорија работници. Сите работници на светот треба да се здружат во борбата против насилството, ропството, експлотацијата без разлика на нивниот статус, класа, боја и пол.

7


Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа

Исповед на една 23 годишна сексуална работничка

Оваа 23-годишна девојка преку ден студира, а навечер работи како сексуална работничка. Сакајќи да го сокрие својот вистински идентитет, нашиот соговорник ни се претстави како Анастасија. „Имам 23 години, со оваа работа започнав на мои 18 години, паралелно студирам на еден од факултетите во Скопје и сум при крај на третата година. Горда сум на својата работа, бидејќи се однесувам како вистински професионалец во оваа работа која ја работам. На почетокопт започнав да работам како стриптизерка во еден стриптиз бар,“ вели Анастасија. Анастасија си ја сака својата работа, единстевно што и пречи е насилството кое постојано го гледа и е присутно во оваа професија. „Единствено само насилството не го одобрувам, се друго ми е ОК со оваа работа“, додава. Анастасија вели дека има најразлични клиенти од обични работници, бизнисмени па се до високи функционери, но не сака да ги открие нивните имиња. Клиентите ги наоѓа преку посредници од таксисти до вработени во хотели и мотели. Нејзината заработка е поголема од 500 евра месечно, но сепак како што тврди таа, сепак во оваа работа како и во секоја друга постои голема конкуренција. „Во оваа сиромаштија, сметам дека мојата работа ми носи добра заработка. Работам само со одредени клиенти, од обични работници па се до бизнисмени и познати јавни личности. Најчесто клиентите ги наоѓам преку контакти од таксисти, шанкери, келнери по дискотеките и клубовите, хотелски рецепционери и секако преку моите пријатели. Многу лесно се пронаѓаат клиенти, бидејќи услугите кои ги нудиме се користат секојдневно и насекаде,“ вели Анастасија. „Цената за сексуалните услуги е индивидуална и секако зависи од самиот сексуален работник, од начинот на кој работи и со кого работи, и секако да не изоставиме многу е важно и местото каде што сака да работи,“ додава таа. „Работам во хотели и приватни станови, бидејќи на овие места се чувствувам најбезбедно. За девојките кои работат на отворено, на улица можам да кажам дека се поизложени на насилство и злоупотреба.“ Често сексуалните работници се жртви на силување, грабеж и уцени, но сепак се немоќни тоа да го пријават и докажат. Наместо правда неретко се соочуваат со парични и затворски казни. „За жал, не сме рамноправни пред законот и затоа насилствата, уценувањата и силувањата завршуваат во молк и остануваат неказнети,“ вели Анастасија. „Во оваа работа го нудиме своето тело, не користиме некој друг, што би значело: Мое тело, мој избор, моја одлука.“ 8


Има сексуални работници кои отворено зборуваат за својата професија, но има и такви кои не сакаат да излегуваат и да зборуваат во јавност. Според Анастасија, има девојки чии партнери сепак знаат што работат и секако ги поддржуваат. Во иднина, Анастасија сака да има партнер и семејство кое целосно ќе ја поддржува. „Јас сум личност без предрасуди, никого не дискриминирам и сакам да си најдам партнер кој ќе ги има истите ставови и кој ќе има разбирање за различностите во општеството,“ додава таа. За себе вели дека еден ден се гледа како успешна жена и планира ова да ја работи оваа работа се додека е способна. „Планирам да ја работам сексуалната работа, се додека ме држи моето тело, се додека сум способна. Ќе работам се додека се чувствувам убаво во ова тело, се додека клиентите ме обожаваат и ме бараат.“ Сексуалната работа е како секоја друга работа и ако постои рамноправност во општеството би се намалило насилството врз сексуалните работници. „Нашата работа е како секоја друга, ние на никого не му штетиме, само бараме да бидеме рамноправни во ова општество, а со тоа би се намалило насилството кое секојдневно го трпат сексуалните работници. Секако, би имале и подобри услови за работа и пристап до здравствени услуги кои ни требаат,“ вели Анастасија.

9


Животот на ескорт девојките низ призмата на еден професионален фотограф

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа

Без разлика дали нашата Влада сака да ја признае сексуалната работа како легитимна, во Канада има голем број жени кои се работат како ескорт девојки исто како и секоја друга работа. Во Монтреал, постои личност која претставува интегрален дел од оваа индустрија и се води под името Дени Герл. Во текот на изминатите 10 години има фотографирано над 1000 девојки кои работат како деловни придружнички за сајтот на својата агенција, како и за независни сајтови, трудејќи се да примами што поголем број клиенти да поминат вечер со некоја од ескорт девојките. Иако Дени Герл се занимавала долги 20 години со модна фотографија, во последните години решила да се фокусира на ескорт девојките. „Во мојот хард диск се наоѓаат околу 100 илјади фотографии од девојки во долен веш, на повеќето од нив не им се гледа лицето, па не можам да утврдам за која личност станува збор“. Дени Герл секојдневно слика девојки кои работат како придружнички и вели дека целосно и се променила перцепцијата за оваа 10


сложена и експанзивна индустрија. Како започна да се занимаваш со фотографија на ескорт девојки? Дени Герл: На почетокот не ни знаев дека постојат вакви девојки. Учев во уметничко училиште во Торонто и од своја 14 годишна возраст ги фотографирав своите другарки мокри и со голи гради. Едноставно од секогаш сум сакала да ги фотографирам моите другарки во провокативни пози со голи гради. Не успеав да се запишам на факултет, откако паднав на еден од испитите за фотографија. Откако ги објавив дел од фотографиите на мојата Мајспејс страна од моите секси, тетовирани и голи другарки, луѓето почнаа да ме прашуваат колку наплатувам за фотографирање. Така работите се одвиваа спонтано и почнав да сликам голи девојки за пари, девојки кои работат како ескорт дами. Кога започна да работиш со ескор девојки? Тоа беше во 2006 година, откако ме исконтактира една мала агенција за ескорт дами кои сакаа да им фотографирам дел од девојките. Беше токму тоа што сакав да го работам, но сеуште не знаев дека секс индустријата е толку голема и проширена. Навистина имав среќа да го работам тоа што навистина го сакам и истовремено да ми биде забавно и опуштено. Правев секси фотографии на обични девојки, а тие фотографии потоа се појавуваа на интернет. Луѓето многу лесно ме пронаоѓаа на сосема природен начин. Фотографирав девојки намачкани со масла, во долен веш, како пушат цигари, и за мене се прочу многу брзо. Некои девојки ги сликам веќе 10 години. Едноставно немаше потреба да се рекламирам. Дали мислиш дека Монтреал е центарот на девојките кои работат како ескорт? Сметам дека тука односот спрема сексуалноста е генерално поопуштен, и не е некоја голема работа ако работиш како ескорт, па затоа и многу девојки ја работат оваа работа. Тоа е голема индустрија, но како и се друго во Монтреал, цените се пониски, затоа што луѓето кои живеат тука не се толку богати како од оние од другите градови. Во другите градови се наплаќа дупло повеќе за услугите кои ги нудат ескорт девојките. 11


Што мислиш за законите за сексуалната работа во Канада, со оглед на тоа дека соработуваш со жени на кои тоа им е професија? Знам дека многу девојки мораа да ги променат своите сајтови и начинот на огласување поради промените кои се донесени во поново време. Она што најмногу ме нервира и со кое се сложувам со овие девојки е дека ситуацијата ги тера да работат нелегално. Би било многу попаметно да се направи да се чувствуваат безбедно, да им се наплаќа данок, бидејќи многу од тие жени се занимаваат со оваа работа професионално, едноставно тоа им е постојана работа од која заработуваат. Со законите, Владата сака сите да ги стави во еден ќош, на пример трговијата со луѓе и сексуалната работа, иако е се тоа сосема различни работи. Постојат жени на 20 или 30 12


годишна возраст кои свесно одлучуваат за тоа што ќе работат, не го мразат својот живот, и не сакаат спрема нив да се однесуваат како спрема криминалци. Како успеваш да ги направиш фотографиите на девојките доволно привлечни за да стекнат нови клиенти, но не и до таа мера да им е доволна само сликата а да не платат ништо? Тоа е права уметност. Клиентите им праќаат мејлови и пораки на девојките, да опипаат ситуација дали можат да добијат нешто за џабе, нешто слично на „зборувај ми што ќе ми правиш“. Тајната е во тоа како ќе ги заведеш, но да не откриеш премногу. На многу од сајтовите за ескорт девојки не е дозволено да ја прикажеш вагината, а на некои пак ниту брадавиците. Кога сликаш акт, некои делови треба да ги прекриеш. Колку наплаќаш за фотографирање на ескорт девојките? Постои одредена група девојки кои можат да си приуштат вакво снимање и промовирање. Секако постојат различни тарифи за наплаќање, но можам да кажам дека моментално за еден час фотографирање заработувам исто колку што заработува и девојката како ескорт дама за една вечер. Колку ти се има променето перцепцијата за овие девојки откако се занимаваш со нивно фотографирање? Кога толку долго работиш во секс индустријата, сфаќаш дека се е сосема нормално и човечко. Едноставо оваа работа се одвива сосема нормално како и секоја друга и сфаќаш дека тоа е само работа. Девојките знаат што работат, не се принудени и едноставно уживаат додека се фотографираат.

13


Во издание на

Поддржано од

14


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.