Зелена Берза бр.32

Page 1

Бр.32 Февруари 2021

РАЗНОГЛАСИЕТО И ПОДЕЛБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

‘Е ПА, ЧОРБА’ ТУТУНАРИ ISSN 2545 - 4900




ОД НАШ АГОЛ

РАЗНОГЛАСИЕТО И ПОДЕЛБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ‘Е ПА, ЧОРБА’ ТУТУНАРИ

„Килограм тутун под цена, две лажици политика, малку сол и многу бибер“, вака еден од пелагониските тутунари ја опишува годинешната „чорба“ што им се сервира на тутунарите, зошто како што вели, политичарите добро ја забиберија. Голема е маката на тутунарите за годинешната реколта откако просечната цена на откупот падна за околу едно евро. Така од ланските просечни 220 денари за килограм тутун, тој просек изнесува околу 167. Оваа цена ги разгневи тутунарите и ги извади на улица, на блокада на патиштата, на протест пред Владата. За жал, фајде нема. До откупувачите не стасаа лелеците на тутунарите, ниту пак ги загрижија нивните закани за непредавање на родот. А и како откупувачите да се загрижат кога едни тутунари од рано наутро чекаат ред пред откупните пунктови за да го предадат тутунот „пошто - зашто“, а други се подготвуваат за протести и повикуваат да се повлечат поверениците од откупните пунктови. Едни плукаат по организаторите на протестите, други по Сојузот на земјоделски здруженија. Сојузот еднаш е „десна рака“ на тутунарите, другпат „никаква рака“. Тутунарите од Иницијативниот одбор откако успееја за кусо време да станат фактор и да седнат на преговори со Владата, Мини-

4

стерството за земјоделство и откупувачите, за кусо време побараат помош и од Али Ахмети, како баш „фактор“ за решавање на кризи, за потоа да го прошират кругот и повикаат на помош и други политички партии, како од македонскиот така и од албанскиот политички кампус. Поделени, раскарани, дали да се оди на откуп или не, тутунарите фрлаат и дрва и камења по откупувачите. А, откупувачите мува не ги лази оти покрај тоа што ветија реални проценки на тутунот, пак си тераат по старо, знаат дека вака или онака тутунарите немаат друга шанса, пак тутунот ќе им го однесат на вага. Единствено што сменија е одбитоци што ги намалија од 12 на 5%. Разногласието и поделбите кај тутунарите продолжуваат Се поочигледно е дека политиката замешала прсти во тутунарската „чорба“, па не се стеснуваат да се напаѓаат кој чија политика брани. Така за едни Заев е крив, за други Заев е спасителот. За едни Ахмети е решение, за други Мицкоски, Села, Гаши, Касами, Апасиев и така се по ред. А, едно е јасно, дека маката што ја јале цела година и солената пот по нивното чело се само нивни и на никој друг. Трудот мора да се наплати, за да се преживее зошто друго чаре нема. Сите знаеме што значи маката на тутунарите, што значи стану-


5

вањето рано во зори и легнувањето во доцна од ноќта. Што значи да се копа, да се сади, да се бере, да се нижи, да се пегла тутунот...Само тој што работи тутун ја знае таа мака, другите можат да претпостават, ама тоа не е исто. Само тој што има смола под ноктите и на рацете знае за тежината на производство на тутун и може да ги разбере тутунарите за револтот и незадоволство од катастрофалниот откуп на годинешниот род. Јасно е дека ако откупот на тутунот не постигне подобра цена тогаш директно ќе биде загрозена егзистенцијата на преку 100.000 македонски граѓани, кои живеат од производство на тутунот. Тоа значи дека Прилеп и Прилепско ќе паднат на колена, ама не помалку ќе бидат засегнати и тутунарите од другите региони, од Скопскиот, Радовишкиот, Дебарскиот... Работата е повеќе од алармантна Тутунари велат дека за цела година работа, едвај добиваат по 9.000 денари месечно за живот по член од семејството што учествува во производството на тутун, тоа се бедни пари за егзистенција според реалната состојба во државата, потрошувачката кошница и скапотијата. Од МЗШВ велат дека од буџетот за субвенции околу 30% се наменети за тутунот како приоритетен производ за државата,

додека субвенционирањето се движи: -Прва класа - 80 ден / кг -Втора класа - 70 ден / кг -Сите други класи - 60 ден / кг Но, тутунарите сметаат дека субвенциите не можат да ја надоместат штетата направена од ниските откупни цени. Затоа бараат субвенциите за сите класи да се изедначат на 100 денари по килограм, да има и за сиромавиот и за поимотниот кој обработува поголеми површини со тутун. Тутунарите во едно се согласуваат дека фер цени за килограм тутун нема да им донесе политички поени на оваа власт, туку подостоинствен живот на 30.000 семејства, тутунопроизводители кои макотрпно успееја да сработат над 23 милиони килограми тутун. И накрај, се погласни се тутунарите во размислувањата дали да формираат земјоделска партија или земјоделски синдикат, што и да е, ќе биде добро, само ако тоа е начинот да се обединат, да се сплотат и да си ги бараат сработените пари. Оти во спротивно ќе испадне „Е па чорба“ како од хуморот на легендарните скечеви на К-15. Анета Блажевска




РУБРИКА МЛАД ЗЕМЈОДЕЛЕЦ

АЛЕКСАНДАР КИМОВ -АКО НЕ БЕШЕ ВИНАРИЈАТА СИГУРНО ИДНИНАТА ЌЕ СИ ЈА ПЛАНИРАВ ВО СТРАНСТВО Квалитетот на виното е моето главно оружје како млад производител на вино кој се пробива на пазарот

Кога млади човек сериозно ќе се посвети на некоја работа неизбежни се успесите. Таков е и случајот со младиот производител на вино Александар Кимов кој по завршувањето на економските студии сепак одлучил својата иднина да ја гради на темелите на една семејна љубов кон винарството. Па така винаријата која ја започнал неговиот татко под името „Винарис“ приказна од која веќе кренал раце неговиот татко тој решил да ја оживее но не во сенката на својот родител туку како нов пат на

8

кој тој самиот одлучил да тргне поминувајќи го од почеток и оставајќи свој печат. -Кога завршив со факултетот иако сум економист а не енолог сепак се одлучив за почнување на своја нова винарија на која ќе се посветам целосно секако со голема поддршка од моите родители но овој пат целосно под ново име и со нов правец. Така се роди во 2018 година винаријата Кимов во која има вработено


9 професионален енолог а моја цел е да бидам препознатлив како винарија која прави специјални премиум бели вина. Она што сметам дека треба да биде лицето на нашата винарија тоа е виното Совињон бланк на кое и се фокусиравме изминатите

години. Годинава произведовме малку Темјаника но сепак сметам дека во иднина треба главниот бренд да ни биде Совињон бланк. Целата желба за да влезам во светот на производството на убави вина ми е уште од мали нозе кога редовно го придружував мојот татко кој тогаш произведуваше вино, рече Александар Кимов од Кавадарци. Кимов има 25 години и за свои години доста сериозно е посветен оваа млада винарија со капацитет од 60 илјади литри да ја претвори во свој бизнис кој понатаму ќе се надградува и проширува освојувајќи го првенствено домашниот пазар а понатаму можни се и планови за извоз. Она на што е сериозно посветен и што е најголем предизвик за секој млад човек кој влегува во производството на вино е тешката битка со маркетингот и отворањето на нови пазари и продажни места. -Ова е сериозен бизнис во кој големите винарии имаат доста вложено и имаат свое реноме и освоени пазари па така мојата работа е многу тешка и понекогаш макотрпна. Она што е моја стратегија за успех е посветеноста на квалитетот. Откако еднаш ќе успеам да влезам на едно продажно место само квалитетот е тој што ќе ми помогне повторно да се јават и да го бараат нашето вино. Ја почитувам многу тиквешката традиција и начинот на производство на вино па така знам колку е важно доброто вино да се прави уште на лозјето. Практикуваме да соработуваме со едни исти кооперанти кои се внимателно одбрани и грозјето од кое се прави виното е од истите лозови површини секоја година. Секоја година почнувајќи од почетокот на работните операции постојано сме на терен и знам колку е важно и да се облечат и чизми за да се следи квалитет на грозјето до самата берба по што работата се сели во винаријата, додава Кимов. Винаријата е опремена со современа инокс опрема со чилер кои се важни за да се обезбедат потребните услови за производство на квалитетни вина што е единственото оружје и предност при освојувањето на пазарот. Додека студирал економија не крие дека имал планови за заминување во странство во некоја од европските земји но сепак љубовта кон производството на вино која се вградила во него уште од мали нозе како и знаењата кој ги стекнал при студирањето околу освојувањето на пазарите биле пресудни целосно да се посвети на градење на имиџот на една млада и мала семејна винарија. Предноста на малите винарии е токму во можноста целосно да се посветат на секое литар вино и како на мало дете и да го одгледаат додека да созрее. Голем проблем предизвика корона кризата која драстично ги намали можностите за продажба затворајќи ги угостителските објекти но смета дека заради оваа криза само малку ќе се одложат плановите за иднината. -Следно на што сум посветен е да направам во склопот на винаријата една репрезентативна соба за дегустација за да може секој љубител на добро вино да има каде да дојде и целосно да ужива во врвниот квалитет на вината кои ги произведуваме. Следно во планот е и уредување на неколку соби за спиење за да направиме еден спој на винскиот и руралниот туризам. Сето ова секако планирам да го направам со помош на европските фондови кои имаат поддршка за винарии и за млади додава Кимов. Неговото мото е да оди чекор по чекор па во склад со тоа и постапува. Засега учествува на секоја манифестација каде има дегустации и оценување на вино и од таму се враќа со бројни признанија и награди. Енолозите кои ги организираат овие манифестации знаат да дадат реална оценка за винаријата дали оди во добар правец а признанијата е се добри и за градење на довербата пред потрошувачите смета младиот и перспективен винар Кимов . Подготвил тимот на Зелена берза


БИТОЛСКА МЛЕКАРА И ФАРМЕРИТЕ ДОКАЗ ДЕКА ВИСТИНСКО ПАРТНЕРСТВО ПОСТОИ Да се биде најдобар и да се успее во создавањето висококвалитетни производи се заедничките цели што создадоа цврсто партнерство меѓу Битолска млекара и фармерите. Овој однос покажа и се уште покажува дека со вистинска соработка се зголемува млекопроизводството и се подобруваат условите во индустријата. Соработката на Битолска млекара со фармерите покажа дека вистинските партнери се тука, едни за други во секој момент. Иако соочена со последиците од Ковид кризата, Битолска млекара ја зачува цената на млекото, која во Република Северна Македонија е највисока во регионот и ги интензивираше своите напори за натамошно подобрување на квалитетот, од што корист ќе имаат и Битолска и потрошувачите, а секако и фармерите. -Како компанија се раководиме од уверувањето дека не само одржливоста на млечната индустрија во целост туку и одењето напред кон подобар настап на пазарот, повеќе пазарни можности, проширување и поголема продуктивност, зависи од заедничко дефинирање на приоритетите. Целта на Битолска млекара е да понуди што поквалитетни производи, а тоа можеме да го постигнеме единствено заедно со фармерите млекопроизводители. Нивната економска стабилност за нас значи континуитет на добрите производни резултати и во таа насока е заедничкото креирање на пазарните политики и услови, откупната цена на млекото, субвенциите како и интервенирање во секој дел од функционирањето на фармерите, каде ние како компанија можеме да влијаеме, смета Ѓорѓи Петрушев, директор на Битолска млекара. Ова партнерство само се зацврстуваше со разни активности, иницирани од двете страни со кои се создаваа услови за економско зајакнување на фармерите и нивен натамошен развој. Помошта не изостана и во делот на набавка на сточна храна, финансиски заеми, инсталирање современа опрема што ја користат за подобрување на квалитетот на млекото. Одржливоста на оваа релација и многу поважно одржливоста на статусот на фармерите, е нешто во што Битолска млекара сериозно вложува. Направи стратегија за директна работа на терен со зачестени посети и работа со фармерите со цел едукација и пренесување најдобри практики за подобрување на хигиената, зголемување на капацитетите и продуктивноста. Воспоставија практика на заеднички настап, за да се постигне поголем квалитет на сировото млеко и зголемување на пазарната, односно конкурентската предност. На овој начин ќе продолжи соработката. Битолска млекара ќе остане моќен застапник на заедничките интереси, како на фармерите така и на млеко-преработувачите, посебно пред креаторите на националните државни политики. За Битолска, субвенциите треба да бидат конципирани така што ќе го наградуваат и поттикнуваат квалитетот. Фармерите се соочуваат со големи предизвици, од една страна раситнетоста кај производителите, односно големото мнозинство мали семејни фарми, со ниска продуктивност и големи трошоци и од друга страна секогаш присутната опасност и зависноста од временските прилики и надворешни фактори, како сушниот период и недостатокот на сточна храна од природен извор и неопходноста да се набавува скапо и со задолжување. Фармерите секогаш ќе имаат потреба од помош и поддршка на нивната функција и улогата во синџирот на одржливоста на млечната индустрија. А Битолска млекара, „Бимилк“, покажа дека и во овие тешки услови успева да ја задржи стабилноста и одржливоста и со тоа останува долгорочен партнер на фармерите.

10


РЕКЛАМИРАЈ СЕ! info@zelenaberza.com.mk тел: 071207021



13

ТЕТОВСКИТЕ РЕКИ ЗАГАДЕНИ, РИБАРИТЕ ЗАГРИЖЕНИ Порибувањето се изврши во близина на Брвеница, но и кај мостот на Пена кај Шарена Џамија. Но местата за порибување не беа избрани едноставно. Се бараше еколошка точка од овие водни површини за порибување.

После подолг период реките Пена и Вардар во Тетовско беа порибени. Порибувањето го изврши риболовното друштво „Риболовец“ од Брвеница, кој е концесионер на реката Пена, но и на Вардар во тетовското подрачје. Порибувањето се изврши во близина на Брвеница, но и кај мостот на Пена кај Шарена Џамија. Но местата за порибување не беа избрани едноставно. Се бараше еколошка точка од овие водни површини за порибување. -Еве гледате каде порибуваме, во вода каде има натрупано многу смет. Тука е загадено, а можеме да кажеме ова место е едно од најчистите места. Може да замислите каква е состојбата во другите делови од оваа река. Имаме голем проблем со сметот, кој се истура во овие реки. Треба инспекциите повеќе да излегуваат на терен и да контролираат. Ние одиме контролираме, но немаме право да казнуваме. Затоа ги замолуваме инспекторите повеќе да излегуваат на терен за да ги заштитиме реките и во нив да опстанува живиот свет, рече Стојанче Анѓелковски, претседател на риболовното друштво Риболовец. Речната пастрмка бара чиста вода и се доведува во прашање нејзиниот опстанок како и на останатиот жив свет, ако продолжиме да порибуваме во вакви нечисти реки констатираа од риболовното друштво „Риболовец“. -Пастрмката бара чиста вида. Некогаш овие реки беа чисти, но сега се загадени и се испушта во нив се’ и сешто. Овие реки подолго време беа запуштени, имаше концесионер, но немаме информации дека тој порибувал. Сега наша обврска е еднаш до два пати во годината да порибуваме и да се грижиме за рибниот

фонд во реките за да го размножуваме, но без помош и поддршка од државата не правиме ништо. Ние колку толку контролираме, сега сме во план да купиме и дронови да видиме се што се случува во речните корита. Можеби тоа ќе ни послужи како доказ, во случај да се поведе некоја постапка против лицата кои ги загадуваат реките и нормално ако вршат криволовство, истакнаа од риболовното друштво „Риболовец“ од Брвеница. Од Инспекторатот за животна средина при Општина Тетово признаваат дека реките многу се загадуваат, но и покрај ваквата состојба никој не е казнет. Од инспекторатот со свои објаснување за неказнивост за загадувањето на овие реки. -Ние тука седиме на терен каде што е порибувањето и гледате никој не доаѓа да фрла смет, а кога ќе заминеме некој ќе дојде и ќе фрли отпад, не можеме толку да контролираме имаме и други работи, рече Томислав Јоргушевски од Инспекторатот за животна средина при Општина Тетово. Но, дали инспекторите и нивната зачестена контрола би го решиле проблемот и би го покриле цел терен. -Бадијала е и тоа колку инспектори да има бадијала е, се е до свеста на населението, мора да се поработи на свеста на населението, да сфати дека не треба да се загадуваат реките дека тие се од сите нас, истакна Јоргушевски. Пена е река со богат кислород. Во нејзиниот горен тек припаѓа во прва категорија, но на излезот од градот поради нејзиното загадување е веќе во трета или четврта категорија. Слична е состојбата со реката Вардар, каде пред Општина Брвеница е во втора, а на излез од Општина Јегуновце е во четврта категорија. Зоран Димовски


ВКУСОТ НА ТРАДИЦИЈАТА

„ШУМСКИ ФЕНЕРИ“ ЦАРСТВОТО НА НЕОДОЛИВИТЕ ДЕСЕРТИ

Една од најпопуларните торти со која се поврзува приказната за руската балерина Ана Павлова, се подготвува токму во „Шумски фенери“

Во Потпелистерското село Трново во прегратките на планинскиот убавец Пелистер како гнездо е свиено најпривлечното место за уживање и вкусна храна хотел-ресторан „Шумски фенери“. Ова место не е обично место, туку простор исполнет со магија, што поттикнува убави моменти, љубов, насмевки, позитивни чувства и сè што е убаво во животот. „Шумски фенери“ е неверојатна приказна за успешен семеен бизнис на братот и сестрата, Коче и Љубица Мушуланови. Љубезноста, питомоста и пречекот од домаќините ја зачинуваат целата оваа приказна и ве тераат повторно и повторно да навраќате на ова место. Овој мал семеен хотел се наоѓа на 900 метри надморска височина во шума, во подножјето на Националниот парк Пелистер. Хотелот опстојува од 1988 година и е на 4 км од градот Битола и 25 километри од грчката граница. -Приказната за „Шумски фенери“ започнува пред точно 32 години, кога мојот татко си го оствари својот сон, да има сопствен ресторан во кој ќе биде самиот готвач. Тогаш ние бевме еден од ретките приватни бизниси во Битолско. Учевме за

14

предизвиците на угостителството и туризмот воопшто. Со моите родители сакавме да ги зачуваме традиционалните јадења по кои сме познати, но и да направиме ново мени. Сакавме да направиме промени, а притоа да внимаваме на традицијата. Мајка ми се уште ги подготвува ребрата во фурна по рецепт на нејзината мајка, а моја баба. Така месото стои цела ноќ во маринада од масло и зачини, за кои нема да ви откријам повеќе, а потоа ги пече, ја раскажува Љубица приказната за вкусната и неодолива храна што ја нуди ресторанот. На менито од 1988 година се уште се подготвува селско месо, но за разлика од другите ресторани, тука се подготвува на скара со мали парчиња на свинско филе, печурки, црвена сува пиперка, кромид и зачини. А тука се готват и највкусните- телешки мускул во сос од вргањ, коленица во сос, потоа совршените рецепти за пица со црвени сушени пиперки, италијанска лазања... -Тие се првите јадења на нашето мени кои не се променети и се најнарачувани до ден денешен. А ги имаме новите јадења на месо во сосови, она што го сакаат младите, сирење во фурна,


15

вели Љубица и со возбуда споделува дека „Шумски фенери“ во исто време е местото со најубавите десерти во градот. -За нас зборуваат дека сме местото каде што има најдобри десерти. Од ова лето на менито ја имаме „Павлова“ тоа е австралиски десерт што кај нас се подготвува со два фила и многу шумско овошје, вели нашата домаќинка.

напред. До пред кризата работевме со странски гости, Европејци и наши иселеници од Европа и Австралија, а годинава исклучиво работиме со гости од државата. Мора да споделам дека сум фасцинирана какви луѓе сме, добри, културни, никогаш не бараме ништо отповеќе од она што е. Од се сме задоволни и не се штедиме на зборови, вели Љубица.

„Шумски фенери“ магнет за домашни и странски туристи

Паралелно со угостителството Мушуланови работат и на промоција на зимскиот туризам на Пелистер со скијање на недопрени терени.

Не случајно ова магично место е подеднакво привлечно за домашните и за странските гости, кои годинава, за жал поради кризата ги откажаа резервациите. -Сега во овие времиња е тешко да си угостител, но сме пребродиле ние и други тешки периоди претходно. Ја поминавме војната во 2001 година, но ќе кажам дека кризата оваа година е неспоредлива. Тешко е затоа што имаме поголем објект, поголеми трошоци. Но, знам дека кога ќе заврши кризата се ќе надминеме, зошто во последните 7 години успевме да одиме само

-Како вљубеници во сноубордингот, брат ми и мој сопруг дојдоа до идејата хобито да го споиме со бизнисот. Така на гостите им нудиме скијање на недопрени терени на Пелистер, а за тоа располагаме во неколку ратраци. Пелистер има фантастичен потенцијал за развој на белите спортови. И така се роди понудата Freeride-SF Freeride. Зимскиот адреналински туризам, вели Љубица во разговор за „Зелена берза“. Анета Блажевска


Една од најпопуларните торти со која се поврзува приказната за руската балерина Ана Павлова, се подготвува токму во „Шумски фенери“ Нежна, поетична и помалку нереална, токму како и балетската уметност – вака критичарите ширум светот ја опишуваат оваа торта, а Љубица вели дека „Павлова“ со два крем филови можете да ја вкусите единствено во нејзиниот ресторан. Потребни состојки: - 3 белки - 150 гр. шеќер - 2 кафени лажички пченкарно брашно - 1 кафена лажичка бел вински оцет - ½ лажичка екстракт од ванила - 200 мл. слатка павлака - 300 гр. свежи јагоди Подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 150 степени. На тавчето ставете хартија за печење, на која со помош на чинија со средна големина ќе

16

нацртате круг. Таа ќе Ви послужи како подлога за смесата од белки. Површината означена со кругот намачкајте ја со масло. 2. Во сад измешајте ¾ од шеќерот и пченкарното брашно додека не добиете хомогена смеса. 3. Во друг сад матете ги трите белки околу 2-3 минути (јајцата претходно треба да стојат на собна температура). Потоа во три наврати додавајте од преостанатата количина на шеќер, со тоа што по секое додавање матете сѐ додека не се растопи шеќерот. 4. Во смесата додадете го екстрактот од ванила и винскиот оцет и повторно матете додека не добиете компактна емулзија. 5. Распоредете ја смесата во внатрешноста на нацртаниот круг служејќи се со лажица или со шпатула. Направете блага вдлабнатина на средината. 6. Температурата намалете ја на 140 степени и печете околу 1 час. Потоа, отворете ја рерната до пола и оставете ја така уште 10-15 минути. Откако ќе отстои во подотворена рерна, извадете ја и оставете ја да се излади. 7. Додека кората се лади, подгответе ја слатката павлака и потоа намачкајте ја одозгора, а врз неа наредете ги јагодите, кои по желба може да бидат сечкани или цели. За освежителен вкус, украсете со неколку ливчиња свежо нане.


17

ЗАШТИТА НА ГРАДИНАРСКИ КУЛТУРИ ОД БОЛЕСТИ И ШТЕТНИЦИ ВО ПЛАСТЕНИЧКО И СТАКЛЕНИЧКО ПРОИЗВОДСТВО ВО ТЕКОТ НА ЗИМСКИОТ ПЕРИОД Во текот на зимскиот период е актуелно раноградинарското производство на домати, краставици, пролетна зелка и салата во пластеници и стакленици. Во овој период од најголемо значење е контролата на причинителите на болести кај овие култури, но исто така и штетните инсекти нeпречено се развиваат во заштитените простори во текот на зимскиот период. За заштита од пламеница кај доматите препорачуваме примена на еден од фунгицидите VALIS PLUS (valifenalate 60 g/kg + bakar hidroksid 150 gr/kg+ bakar oksihlorid 150 g/kg) 2,5 kg/ha, VALIS M (valifenalate 60 g/kg + mancozeb 600 g/kg) 2,5 kg/ha, PROFILUX (cymoxanil 45 g/kg + mancozeb 680 g/kg) 2,5 kg/ha, AXIDOR (propamocarb-hydrochloride 400 g/L + cymoxanil 50 g/L) 2 L/ha, PROMESA (azoksitrobin 250 g/L) 0,75 L/ha или RANMAN TOP (cyazofamid 160 g/L) 0,5 L/ha. За заштита од сиво гниење, пепелница, мувлосување на листовите и црна дамкавост на листовите препорачуваме примена на еден од фунгицидите или комбинација помеѓу два фунгицида: SIGNUM 33 WG (boscalid 267 g/kg + pyraclostrobin 67 g/kg) 1,5 kg/ha, EMINENT 125 ME (tetraconazole 125 g/L) 0,4-0,6 L/ha + PROMESA (azoksitrobin 250 g/L) 0,75 L/ha. За заштита од лисниот минер на доматот (Tuta absoluta) неопходна е примена на комбинација од инсектициди кои делуваат на различни развојни стадиуми (јајца, ларви и имага), а кога притисокот на штетникот е најголем да се скрати интервалот помеѓу две прскања: 1. SPINTOR 240 SC (spinosad 240 g/L) 0,5 L/ha + CORAGEN 20 SC (chloranthraniliprol 200 g/L) 0,2 L/ha + POLUX (deltamethrin 25 g/L) 0,5-0,7 L/ha; 2. ALVERDE (metaflumizon 240 g/L) 1 L/ha + HARPUN (pyriproxifen 100 g/L) 1 L/ha + POLUX (deltamethrin 25 g/L) 0,5-0,7 L/ha; 3. SPINTOR 240 SC (spinosad 240 g/L) 0,5 L/ha + HARPUN (piriproxifen 100 g/L) 1 L/ha + POLUX (deltamethrin 25 g/L) 0,5-0,7 L/ha. Против белокрилката и лисните вошки препорачуваме примена на еден од инсектицидите: CLOSER 120 SC (sulfoxaflor 120 g/L) 0,4 L/ha, TEPPEKI (flonicamid 500 g/kg) 0,14 kg/ha или LIMOCIDE (масло од портокал) 0,4 до 0,8%. Кај краставицата за сузбивање на причинителот на пламеница препорачуваме еден од фунгицидите: VALIS PLUS 2,5 kg/ha, VALIS M 2,5 kg/ha, PROFILUX 2,5 kg/ha, AXIDOR 2 L/ha, PROMESA 0,75 L/ha или RANMAN TOP 0,5 L/ha. За сузбивање на причинителот на пепелницата препорачуваме примена на еден од фунгицидите: SIGNUM 33 WG 1,5 kg/ha, EMINENT 125 ME 0,4 L/ha или KARATHANE GOLD (meptildinocap 350 g/L) 0,5 L/ha. За сузбивање на лисните вошки, белокрилката препорачуваме еден од инсектицидите: CLOSER 120 SC 0,4 L/ha, TEPPEKI 0,14 kg/ha или LIMOCIDE 0,4-0,8%, против калифорнискиот трипс SPINTOR 120 SC 0,5 L/ha, ROMECTIN (abamectin 18 g/L) 1,2 L/ha или LIMOCIDE, а против копривното пајаче ROMECTIN (abamectin 18 g/L) 1,2 L/ha. Во пролетната зелка против пламеница препорачуваме VALIS PLUS 2,5 kg/ha, VALIS M 2,5 L/ha, PROFILUX 2,5 L/ha, AXIDOR 2 L/ha или RANMAN TOP 0,5 L/ha, додека за сузбивање на дамкавост на листовите и сиво гниење препорачуваме SIGNUM 33 WG 1,5 kg/ha. За сузбивање на зелковата совица, голем и мал зелкар и зелков молец препорачуваме SPINTOR 240 SC 0,5 L/ha, ALVERDE 1 L/ha или CORAGEN 20 SC 0,2 L/ha а против лисните вошки CLOSER 120 SC 0,4 L/ha или TEPPEKI 0,14 kg/ha. Подготвил: м-р Васко Манев


ПРИЛЕПСКО

НЕБРЕГОВО СЕ УШТЕ ГОРДО ИМ ПРКОСИ НА СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ДЕНЕШНИЦАТА

Мештаните велат дека е потребна поголема помош од државата за овие рурални краеви, бидејќи и покрај големата желба да се остане дома, понекогаш лошите услови за живот, како и недоволно платениот труд во земјоделието се една од најголемите причини да се напушти село. Небрегово, селото на еден од најпознатите Македонци на 20 век – Блаже Конески, кодификаторот на современиот македонски јазик, азбука и правопис. Селото се наоѓа на 18 км од Прилеп, но територијално припаѓа на Општина Долнени. Денес тоа донекаде може да се рече дека е живо село, има околу 130 до 140 жители кои претежно се занимаваат со земјоделие. Главна гранка секако е одгледувањето на тутунот. Орде Павлески е еден од помладите жители кои останале тука и не се преселиле во поголемите градски средини или не заминале во странство. Тие се тричлено семејство кое се занимава претежно со тутунопроизводство. Оваа година има околу 3 тони тутун, но вели дека цената е катастрофална. -Во селото има останато уште околу 130 до 140 жители. Најголемиот дел се занимаваат со земјоделие, каде предничи тутунот.

18

Но, тешко се живее, еве сами гледате дека тутунот воопшто годинава не оди и сега не знам како ќе се помине оваа година. Јас планирам да имам околу 3 тони, а живееме претежно само од тутунот. Како понатаму не знам, вели разочарано Павлески. Петре Досијаноски е по потекло од селото Црешнево, од Поречието, но повеќе години живее во Небрегово, затоа што сопругата му е од тука. Со смеа и шега вели од каде ти е жената, од таму ти е и магарето. И Досијаноски како и Павлески се пожали на тоа дека тутунот оваа година слабо се плаќа. Обвини и тоа дека државата цели 30 години нема направено ништо за да се подобри животот на земјоделецот и селанецот. -Селото си е арно, ама власта го ограбува народот еве 30 години. Не може да има држава со арамилаци. Никој не одговарал за ништо досега. Еве ние селаните плаќаме даноци, а што има


19 држава направено за селата? Ништо! Јас работев неколку години во Германија, таму во селата поубаво се живее од градот. Земјоделецот таму е ценет и платен, а кај нас земјоделецот е нула. Еве, последен пример со тутунот. Ова е вистинска катастрофа што се случува. Се откупува за џабе. И како да живееме ние сега, од што?, револтирано запраша Досијаноски. Мал дел од жителите на селото освен со тутунопроизводство се занимаваат и со сточарство. Новица Јорданоски е исто така еден од помладите жители во селото кој решил да не се исели и да егзистира во своето родно огниште. Но, како што и самиот вели секоја година било се полошо и полошо. И тој е исто разочаран од тоа како стојат работите со пласманот и откупот на земјоделските и сточарските производи. -Ни земјоделие оди, ниту пак сточарство оди. Не е платено ништо, тутунот оди бадијала, јагнето бетер и тешко на земјоделецот. Јас садам тутун, имам околу 3 тони годинава, исто така имам 150 овци и околу 200 јагниња годишно вадам. Ама пак не се врзува крај со крај. Јагнето за Велигден ни го зедоа по само

100 денари за килограм, сега за Новогодишните празници се покачи малку на 150 денари за килограм, но се што е под 200 денари не е рентабилно. Има големи трошоци за одгледувањето на овците: билки, овчари, пашарина да платиш, даноци... во загуба само одиме. Тутунот годинава само трета и четврта класа се цени, 120 денари за килограм му доаѓа некаде. И затоа после има миграција, ништо не се плаќа, затоа бегаат луѓето во град. Ќе оди да работи за 300 евра плата по фабриките и барем вака нема да се мачи, додава Јорданоски. Освен што се занимаваат со тутунопроизводство и сточарство 13 жители од селото работат и во околните рудници за мермер. Два од рудниците се грчки инвестиции, а еден рудник е во сопственост на турски бизнисмен. Во селото функционира и основното подрачно училиште „Пере Тошев“ кое има 11 ученици, во комбинирана паралелка од 4 одделенија, каде пак има две првачиња, второодделенци нема годинава, три ученици учат во трето одделение, во четврто одделение има пет и еден ученик е во петто одделение.


-Со оглед на ситуацијата сите на училиште нормално доаѓаме со маски. Седиме на растојание и ги почитуваме протоколите. Училницата каде што сме сега е поделена на 2 дела, имаме помала и поголема училница. Тука условите беа катастрофални за работа. Јас предавам 25 години во училиштето, 22 години ги поминав во премногу лоши услови. Но, од 24 јануари 2018 година тие се подобрија, се реновираше училиштето каде немаше направено буквално ништо повеќе од 60 години. Училницата сега е опремена со сите потребни работи и средства за учење и настава, вели наставничката Јадранка Стојаноска- Николоска.

20

Родната куќа на Блаже Конески е Спомен дом Во селото се наоѓа и Спомен домот на Блаже Конески. Неговата родна куќа е реконструирана и официјално пуштена во употреба како музеј на 1 август 2005 година. Главен иницијатор за изградба на овој Спомен дом е прилепчанецот Миле Спирковски. Куќата во изминатиов период е посетувана од голем број посетители како од земјава така и од странство, но Спиркоски вели дека таа не е на задоволително ниво. Според него државата треба да донесе решение со кое за основните и средни училишните ќе се воведат задолжителни екскурзии до Небрегово. Пример кој го


21

спроведуваат сите држави, кога станува збор за модерните кодификатори на нивните јазици. -Познатиот славист и професор Виктор Фридман вели лингвистичките трудови на Конески се основа за секој славист. Конески ги покажа особеностите кои македонскиот јазик како посебен го разликуваат од соседните и другите јазици. Тој го остави тестаментот дека јазикот е нашата најголема татковина. Небрежанецот Конески е лична карта на Македонија, оти до неговата појава на неговите сонародници му е велено дека се де Срби, де Бугари. Но иако станува збор за еден од најголемите Македонци, иако Спомен куќата на Блаже Конески е посетувана како од посетители од Македонија така и од странство, сепак таа морам да бидам искрен треба најмногу да биде посетена од учениците во основните и средните училишта. На жалост проблем беше патот, но патот веќе еве 4 години е преубав, реконструиран, посетата

искрено кажано пак не е на тоа задоволително ниво на кое што треба да биди, истакна Миле Спирковски, водич во Куќата на Блаже Конески. Како што Конески им пркосел и го бранел македонскиот јазик од сите оние кои биле против него, така и селото Небрегово се уште гордо им пркоси на сите предизвици на денешнината. Тоа и покрај се опстојува и е живо село. Има училиште, функционира црквата и пред се има луѓе кои си го сакаат родното огниште. Но, велат дека е потребна поголема помош од државата за овие рурални краеви, бидејќи и покрај големата желба да се остане дома, понекогаш лошите услови за живот, како и недоволно платениот труд во земјоделието се една од најголемите причини да се напушти село и да се замине засекогаш од тука. Дарко Штаргоски за Зелена берза


ПРИЛЕПСКО

РЕЖАНОВЦЕ, ЗЕМЈОДЕЛСКО СЕЛО БОГАТО СО ВЕКОВНА ТРАДИЦИЈА

Поголем дел од младите земјоделци се колебаат дали да се откажат од обработката на почвата, откупната цена на пченката и јачменот веќе десетина години не се покачува, а тие мораат да инвестираат во нова механизација, бидејќи наследените машини веќе им се дотраени.

Црква изградена уште од римско време, лековити кладенци, етно-музеј со над повеќе од илјада народни носии од цела држава, рибник, воденица стара повеќе од еден век која меле брашно дури и ден-денес. Кумановското село Режановце е вистинското место за љубителите на традицијата.

22

На само пет километри од градот, во северозападниот дел, откако ќе ја поминете населбата Бедиње, од десна страна ќе ве пречека табла со ознака за селото, којашто ве упатува да скршнете десно. Селаните велат дека најчесто посетителите без разлика кого и да бараат, мистериозно, завршуваат на сред село кај што се наоѓа црквата „Св.Јован Опсечен“. Истото се случи и со нас. Ако сакате да дознаете за црквата, ни рекоа селаните, побарајте го камбанарот Душан Николовски. Душан не го најдовме во црквата, но ни ги отвори вратите од својот топол дом. -Ако прашувате за изградбата на црквата, тогаш сте на вистинското место. Уште кога бев мал во селото се расчу глас дека на некоја баба Совија ѝ се прикажал Свети Јован кој ѝ рекол дека црквата во селото Режановце мора да се подигне нагоре доколку селаните сакаат да им напредува селото. Црквата била изградена уште од римско време, но под земја, а во турско време не се дозволувало таа да се подигне над земјата. Тогаш селаните се собраа, дадоа секој кој колку има пари и на 13 јули 1944 година, започна да се гради црквата во нашето село. Јас тогаш имав десет години и како сега пред очите да ја гледам таа слика кога се правеше кубето. Паметам како му ги ставав на татко ми тулите на лопатата, а тој ги фрлаше на мајсторот на скелето. Тие години беа направени и кладенците, а во 80-тите години дојде и Златко Давитковски кој ги нацрта фреските и направи музеј во селото, ни раскажа осумдесет и седум годишниот дедо Душан, кој оваа година за последен пат го чукнал ѕвоното за празникот „Св.Архангел“ и потоа се повлекол, поради неговата здравствена состојба.


23

Режановце големо и живо село Селото брои околу 850 жители и 195 куќи. Има едно училиште во кое настава посетуваат деца од прво до деветто одделение. Во минатото воглавно селаните се занимавале со земјоделство и сточарство. Речиси во сечиј двор можело да се забележи добиток. На површина од 750 хектари обработливо земјиште, некогаш во ова село, за коешто селаните велат дека „лежи на вода“ не можело да се најде ниту една педа необработена почва. Денес се обработуваат едвај околу 100 хектари. -Во минатото немаше ниту еден квадрат необработено земјиште, а сега околу сто хектари. Повеќе е ‘давачка’ отколку заработувачка. Немаме откупни центри, немаме никаква егзистенција од земјоделие. Режановце е и најпрочуено село во нашата држава по најквалитетен праз, а моментално производството е многу слабо. Кога бевме заедничка република, најмногу извезувавме за Србија, односно во Сурдулица каде имаше сушара и се правеше зачин. Пред 15-тина години и сега цената е иста-10 денари, но сега цената на ѓубрето, горивото и сите други материјали се покачи. Еве го одговорот на вашето прашање, зошто е намалено производството на праз, вели Зоран Крстевски, претседателот на месната заедница во селото Режановце. Крстевски се сеќава дека во минатото работата со земјоделието се пренесувала од колено на колено, но денес состојбата е сосема поинаква. Поголем дел од младите земјоделци се колебаат дали да се откажат од обработката на почвата, откупната цена на пченката и јачменот веќе десетина години не се покачува, а тие мораат да инвестираат во нова механизација, бидејќи наследените машини веќе им се дотраени. Бидејќи како и сите посетители во селото, и ние паднавме „во замката“ прво да ја посетиме црквата, па на враќање некаде на влезот од селото ја посетивме воденицата и рибникот. Во дворот не` пречека синот на сопственикот, дваесет и осум годишниот Никола Бошковски. Тој во моментот, како што ни објасни работи на имплементација на европски проекти преку ИПА програмите, но истраен е во намерата да ја зачува традицијата и примарната заработувачка на неговото семејство. Редовно помага на нивите, но и во воденицата и рибникот каде одгледуваат виножитна пастрмка. Сепак и тој вели дека откупните цени се далеку од задоволителни во споредба со квалитетот кој го нудат. -Кај нас обработката на земјата се пренесува од колено на колено. Ние најмногу одгледуваме житарици од кои 80 отсто е јачмен, па овес, 'рж и пченица. Дел од неа ја продаваме, дел ја користиме за наши потреби. Имаме и воденица која е купена во далечната 1920-та година, од мојот прадедо. Се обидуваме да бидеме доследни на традицијата, бидејќи оваа работа не е

секојдневна, но и мелењето на брашно во воденица си има свој квалитет. Луѓето се заинтересирани за мелење на брашно, посебно постарите луѓе кои се присетуваат на минатото кога на времето со нивните предци мелеле брашно. Што се однесува до откупната цена таа е иста со години, секако дека не сме задоволни, според квалитетот што го произведуваме треба да добиеме повисока откупна цена, посочува младиот земјоделец. Но, во селото, овој млад земјоделец не беше единствениот млад човек кој сака да ја продолжи традицијата на неговото семејство. Откако го посетивме рибникот, се упативме кон малата фарма на семејството Славољубовски која се состои од околу 30-тина грла на свињи, крави и овци. И тука не` пречека нивниот син, 28 годишниот Мартин, кој по професија е фотограф и видеограф, кој вели дека мирот од бучавата го наоѓа помеѓу животните. Но, маките и кај нив се исти, откупната цена на месото и млекото останува иста со години. -Во суштина нема причина зошто да сме задоволни со цената, има години кога донекаде е прифатлива, но тоа е краток период. Кога ќе се сумираат трошоците за храна, ветеринарски услуги, работата и сл. не излегува дека сме многу во плус. Но кога ќе помножиме со задоволството коешто го носи таа работа, а и консумирањето на сто отсто домашна и еко храна излегува некоја скромна средина. Затоа и се трудиме ние да ја произведеме храната којашто им ја даваме на животните, додава Славољубовски. На заминување, се свртевме за уште еднаш да ѝ погледнеме на традицијата во очи, а една постара жена ни довикна: „Не заборавајте да споменете и дека ние сме единственото село во државата со спортски аеродром „Аџи тепе“. Фросина Марковска


ПОЛОГ

МАКЕДОНСКИОТ КОМПИР СКАПУВА НА СМЕТКА НА УВЕЗЕНИОТ Семејството Рушити од Мала Речица се уште во магацинот чува непродадени 800 тони компири.

Илјадници тони висококвалитетен компир скапува по магацините и подрумите на жителите од тетовска Мала Речица. Голем дел од семејствата од ова населено место го одгледуваат овој производ. Семејството Рушити чува во магацините над 800 тони компир. Но и по четири месеци откако го собрале од нивите нивниот производ се уште не е продаден. Велат дека некој е заинтересиран за нивниот компир, а имало поединци кои им нуделе понижувачки и екстремно ниски цени.

мештани од ова Потшарпланинско село не можат да го продадат родот.

-Криза имаше и порано, но со пандемијата сега е катастрофално. Компир имав засадено на површина од 60 декари, а не ми е продаден. Цената е 7 денари, а трошокот е 10 денари, катастрофа. Лошо е што се носи компир од страна. Тоа е најголем проблем, има компир на Кванташки пазар. Тој се носи од секаде од странство, а мојот компир седи во магацини, имам сто тони компир во магацинот, се пожали Бајрам Али Рушити од тетовска Мала Речица.

Според него, трошоците за производство се поголеми од понудената цена.

И неговите двајца браќа Али и Селам како и на останатите

24

-Ако не се продаде за неколку недели изгледа ќе треба да го фрлиме компирот во реката Вардар, а другата година не ни садиме. Со цена како што ни нудат оваа година не ни се исплаќа да се занимаваме со производство на компир, во загуба сме целосна, вели Али Рушити.

-На пример се носи семенски материјал од Холандија, па има прскање, а тие препарати се скапи, па ѓубриво и нас трошокот ни е голем, а 7 денари ни се откупува компирот. Ние немаме сметка да садиме компир, ние ќе го прекинеме производството, и ние ќе бегаме во странство ако сме постари малку. Состојбата е лоша дека ние сме голема фамилија и се занимаваме со компир и е лоша година, има пандемија и луѓето немаат пари и не се прода-


25

ва компирот. Претходно годините беше добро. Се продаваше за десет денари тоа е ниска цена, ама барем ги покривавме трошоците. Сега никој не те прашува, увезуваат стока од други држави, а нашиот компир стои. По мое мислење изгледа ќе остане компирот по магацините и ќе скапе, ако не преземе државата мерки. Мислам дека над 150 тони дневно влегува компир во нашата држава, рече Али Рушити од тетовска Мала Речица. Земјоделците велат дека ќе почекаат уште малку, ако државата не го спречи увозот на компирот од странство и не преземе мерки да се продаде домашниот компир по многу повисока цена од таа што се нуди која е мизерна и омаловажувачка, ќе излезат на улица. -Му поминува времето на компирот. Чекаме малку да се дигне

цената, но цената останува иста како што гледаме. Ние ќе чекаме уште малку, ако не се забрани увоз на компир, тогаш ние ќе се организираме и ќе протестираме и ние ќе ги бараме нашите права. Компирот македонски стои во магацин, а се носи од надвор, истакна Селам Рушити од тетовска Мала Речица. Земјоделците се пожалија дека веќе две години не добиле субвенции. Има луѓе кои според нив живеат во станови немаат земја и добиваат субвенции, а вистинските земјоделци остануваат без денар и секоја година се во загуба. Поради ваквата состојба голем дел од тетовските земјоделци се откажуваат од оваа дејност и се селат претежно во западноевропските земји, а земјата останува необработена и запустена. Зоран Димовски




КОЧАНСКО

ОРИЗОВАТА АРПА СТОИ ПО АМБАРИТЕ И ЧЕКА ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА ОТКУПОТ Зголемувањето на субвенциите за по 700 денари од декар не го решава проблемот кој го имаат годинава кочанските оризопроизводители.

Тешка производна година зад себе имаат кочанските оризопроизводители која никако да заврши и да го продадат родот. Според проценките по амбарите, гаражите и импровизираните складишта годинава стои најмалку 70% од родот на оризот. Откупот никако да се нормализира и да тргне. Заинтересираноста од неколкуте откупни компании е слаба и ориз се зема само ако е на почек и по ниска откупна цена, сметаат земјоделците кои се загрижени како ќе се преброди оваа тешка година. Корона кризата само дополнително ги усложни проблемите кои веќе секоја година натежнуваат на грбот на производителите на храна. Иако светот се бори за доволна снабденост и цените на италијанската берза како една од најпретставителните во Европа се зголемени речиси двојно, а кај нас откупните цени се во постојан пад. Ако до пред неколку години берзанската цена за тон бел ориз се движеше од 600 до 700 евра, последните показатели се дека таа е сега достигната до 1300 евра за тон бел ориз. Но, оваа прогресија никако да се рефлектира на цените во земјава каде со години земјоделците бараат цена на арпата до 25 денари, а секоја година добиваат пониска од 20. Годинава заради тактизирањето околу откупот цената се движи од 17 до 18 денари. За да се смират неколку протести и најавите за радикализирања со блокади на патиштата земјоделците од власта по преговорите добија бројни ветувања и зголемување на субвенцијата од 18 илјади денари за хектар на 25 илјади денари за сите оние кои имаат до 5 хектари површина, додека зголемување од 30 илјади како што бараа тие добија поголемите земјопоседници со површини од 5 до 50 хектари. -Мора да се знае дека 90% од земјоделците кои произведуваат

28

ориз спаѓаат во групата што е до 5 хектари, каде субвенциите се зголемуваат за 7 илјади денари по хектар или по 700 денари од декар. Ова не е она што ние го баравме и предлагавме на преговорите и затоа ова минимално зголемување на субвенциите воопшто не значи дека е решен проблемот. Ние како една од мерките за решавање на проблемите предложивме субвенциите да се зголемат на 30 илјади денари односно да се укине обврската за повисоки субвенции за употребата на семенскиот материјал кој земјоделците немаат како и да го најдат. Секоја година стоеше како ставка поголеми субвенции за ориз да имаат оние кои ќе употребат семенски материјал, а нашиот Институт за ориз со години не произведува, а за да се увезе од странство не може секој поединечно, треба и да се порача една година однапред кај производителите, што е преголем проблем. Очекуваме со министерот да одржиме една средба за да се најде решение за проблемот со откупот на оризот, рече Ставре Јанев од Самостојниот синдикат на земјоделците. Производителите се зачудени и од логиката при распределбата на субвенциите, поголема сума односно 30 илјади денари да им се дадат на оние кои имаат поголеми површини кога во сите скалести модели на субвенции кои се воведуваат парите се намалуваат во однос на површините кои ги обработуваат субвенциите. Според нив и тука се работи за силни лоби групи токму од оние кои откупуваат ориз, а кои претежно имаат и големи површини под ориз. Тие површини ги користат и за да имаат сопствен ориз и количини за извоз, а во исто време да може да се тактизира со откупот на оризот од земјоделците. Токму со повисоките субвенции се увиде дека земјоделците немаат свои


29

претставници кои ќе се борат и ќе ги образлагаат со аргументи барањата во овој случај на оризопроизводителите. Проблемите во оризопроизводството започнаа уште со сеидбата кога тие укажуваа дека многу доцна се пушти водата за наводнување што резултира секогаш со доцна жетва и намален квалитет. Како и на секоја култура така и на оризот му се потребни одреден број на вегетациски денови за да ги помине сите фази од развојот и за да стаса за жетва. Годинава заради доцнењето на чистењето на каналите водата до нивите стаса подоцна за околу 20, а некаде и за 30 дена за колку што се оддолжи периодот на стартот на жетвата, а земјоделците во страв да не имаат проблеми со временските услови често жнееја и недозреан ориз, кој пак при белењето на арпата дава помал процент на бел ориз како финален производ. Покрај лошиот откуп и ниските цени климатските промени и сушата и натаму ги загрижуваат оризо-

производителите. Недостигот од врнежи и празната акумулација стравуваат дека може да донесе рестрикции на сеидбениот план нешто што се случува веќе изминативе години, па иако имаат идеални услови за производство на најквалитетен ориз да бидат ограничени површините заради недостигот од вода и да мора да сеат некоја помалку доходовна култура на површините. Тие се надеваат дека со кроењето на петтиот пакет антикризни мерки ќе се предвиди и помош за оние земјоделци кои имаат ниски примања, за оние кои имаат камати на заостанати долгови и репрограмирање на обврските или ќе се предвидат одлуки за ослободување на плаќањето на концесии за државната земја и прогресивното оданочување на земјоделците кои и во време на криза произведуваат храна. Тим на Зелена берза


МАКЕДОНИЈА

ДОЖДОТ ГИ ПОЛНИ АКУМУЛАЦИИТЕ, НО ПОТРЕБНИ СЕ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ Врнежите од дожд влеваат надеж кај оризопроизводителите од Кочанско.

земјоделството. Според него за разлика од последните два месеци од претходната година кои беа изразито сушни со врнежи кои ни од далеку не беа во близина на просечните, во јануари имавме врнежи кои ќе ја поправат состојбата со земјоделските посеви. -Новата година започна онака како што посакуваа земјоделците. По една голема есенско-зимска суша конечно добија врнежи кои живот значат за есенските посеви, но и за земјоделството воопшто. Повеќе од добредојдени се ваквите врнежи кои се над просечни за првата декада од месец јануари, некаде ги наполнија и месечните просечни суми, а фактот дека се прогнозираат и нови врнежи кои ќе ги наполнат акумулациите се одлична вест за земјоделците. Не се очекуваат поплавувања на нивите и нивно заезерување бидејќи сувите почви и картерот на врнежите се такви да се впиваат целосно во почвата, рече Ангелко Ангелески агрометеоролог при УХМР.

Врнежите во новата година донесоа нова надеж за земјоделците. Ова е оценката на агрометеорологот Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи кој го следи и оценува влијанието на времето и временските услови врз

30

Реките бележат зголемување на водостојот, но за подобрување на состојбата со ниското ниво на Преспанското Езеро овие обилни врнежи сепак не се доволни. Таму се пред се потребни снегови и тоа во неколку сезони, бидејќи кај езерата циклусите се побавни од реките, сметаат хидролозите кои укажуваат дека сега најпотребни од сите аспекти ни се врнежи од снег долгорочно гледано. Пресушените брани и акумулации изминативе месеци беа загрижувачка слика за сите земјоделци особено за оризопроизводите-


31

лите од Кочанско каде водата е клучен фактор колку од нивите ќе може да се посеат со кочанското бело злато-оризот. Последните врнежи за овој регион, сепак влеваат надеж за една нормална просечна производна година.

метри кубни со вода, што се 40% од капацитетот. Планот за сеидба на ориз се носи некаде за околу еден месец, па ваквата состојба позитивно ќе влијае на тоа, рече Дени Митров, директор на водостопанство „Брегалница“- Кочани.

-Браната „Гратче“ е на прелив што значи дека е веќе полна, но она што е позначајно е состојбата со акумулацијата „Калиманци“. Во моментов има 35 милиони метри кубни вода што е околу 30% од вкупниот капацитет кој изнесува 120 милиони кубни метри вода. Она што е доста позитивно е што имаме дневен прилив на вода од околу 2 милиони метри кубни што значи дека до крајот на неделата браната се очекува да биде полна, околу 45 милиони

Колку е значајна водата покажува состојбата со вода во акумулацијата „Калиманци“ пред две години кога заради лошата хидролошка година и недостиг од врнежи планот за сеидба мораше да претрпи драстични кратења и да не може да се сее ориз на сите ниви иако за тоа имаа желба земјоделците. Тим на Зелена берза


РУБРИКА РУРАЛНА ЖЕНА ПРИЛЕПСКО

ЕЛЕОНОРА ПЕТКОВСКА-ТУТУНОТ ГО СРАБОТИВМЕ СО ПОТ И МАКА, ТРЕБА РЕАЛНО ДА СЕ ПЛАТИ Жената земјоделец е растргната на сите страни и дома и на нива. Тутунот не го работиме од хоби, туку од што мораме, вели Петковска.

Елеонора Петковска (41), е жена земјоделец, тутунопроизводител од Прилеп, веќе 23 години обработува 7 декари земја и произведува 1,5 тони тутун годишно. Егзистенцијата на ова четиричлено семејство зависи од тутунот, каков род ќе имаат и по која цена ќе го продадат. Елеонора вели дека денот и’ почнува пред изгрејсонце на нива и завршува до доцна во ноќта со доработка на собраниот тутун и извршување на домашните обврски. Жената земјоделец е растргната на сите страни, и дома и на нива. -Целата куќа ја крепиме со тој тутун. Сопругот е регистриран земјоделец, никој од фамилијата не е вработен. Произведуваме до 1,5 тони тутун во зависност од годината и од тоа живееме. Од рано наутро до доцна во ноќта се занимаваме со тутунот. Многу ми помага и синот, вели Петковска. Според неа тутунарите не само годинава, туку имало и години кога имало тешки моменти околу откупот кога родот не им се ценел според реалниот квалитет, но сепак последните години ги оценува кај подобри. -Првиот тутун што го предадовме беше 1998 година и тогаш беше многу ризично околу откупот. Цената беше ниска, не можевме да го внесеме тутунот, се направи гужва заради неплаќање и незадоволство. Исто и годинава големо незадоволство кај тутунарите направи проценката од страна на откупувачите што е за една до две класи пониска. Но, имаше и години кога проценката беше реална, а тутунарите задоволни, да речеме како ланската година. Годинава се претера, секоја рака, односно берба оди класа до две подолу. Самите проценители кога ќе видат на компјутер дека ги надминуваш нивните проценки те

32

‘косат’. Не сум партиски определена ама тука сигурно има некоја наредба, откупувачите да ценат пониско, вели нашиот тутунопроизводител. Елеонора во целост ги поддржува земјоделците кои протестираат за реална проценка на тутунот, па и сама со својот син беше дел од протестите. -Како тутунопроизводител во целост ги поддржувам земјоделците со кои ја делиме оваа реалност. Го поддржувам Иницијативниот одбор затоа што чесно со сите сили ги бара нашите права, кои за жал ни се скратени. Ние не бараме ништо што не е наше и не ни следува. Ние само бараме да ни се плати реално маката и трудот што сме го вложиле. За ова треба малку повеќе да има слух Владата кој на неколку наврати си поигра со нас. Но, едно е јас дека без нас земјоделците, тешко дека со увоз на земјоделски производи оваа држава ќе опстане. Дојде моментот да се помогне, зошто нашиот леб е во прашање. Со пот и мака тутунот го сработивме , па сега треба да се плати, порачува Петковска. Сепак, Елеонора не се откажува од тутунот, се надева на подобри времиња и поубава иднина за нејзината фамилија. Оваа ситуација годинава може да се „спаси“ со интервенција на Владата, вели таа. -Власта треба да помогне за реална проценка на тутунот и со зголемување на субвенциите, зошто тутунарите не се потрошен материјал. Многу сме деградирани, а не сме неписмени, порачува Петковска. Анета Блажевска


33

ПОЛОГ

ЈАГНЕТО СЕ ПРОДАДЕ ЗА ДОБРА ОТКУПНА ЦЕНА, НО ПРОБЛЕМИТЕ НА СТОЧАРИТЕ ОСТАНАА Во пресрет на новогодишните празници за килограм јагнешко жива мера, кланиците на сточарите им даваат до 180 денари, што е за 50 денари повисока цена од ланската.

После подолг период, откупната цена на јагнешкото месо ги покри трошоците на сточарите. Во пресрет на новогодишните празници за килограм јагнешко, кланиците на сточарите им даваат до 180 денари, што е и за 50 денари повисока цена од ланската. -Годинава морам да кажам дека цената е задоволителна, немаме проценки колку јагне се има продадено, но факт е дека во поголеми количини јагнето се продава пред Велигден, а не пред Божиќ. Но, како и да е, пак, барем тие сточари кои продале не се во загуба како минатите години, рече Меѓит Амити потпретседател на Здружението на овчари. Колку се задоволни од цената коментира и еден од најпознатите сточари на Шар Планина, Идриз Камбери. Но, како и многу други сточари од Полошко и тој ни раскажа дека ги продал сите овци затоа што финансиски не можел да издржи и понатаму да се занимава со оваа дејност. -Јас ги продадов сите овци, а имав околу 400 грла. Големи ми беа трошоците за храна, па многу доцнеа субвенциите. Знаете и со години беше катастрофална цената на јагнешкото месо, сега са покачи, ама веќе е доцна многу сточари поради проблемите кои што ги наведов претходно веќе се откажаа и не се занимаваат со оваа дејност. Но, јас не се откажувам од сточарство само тоа знам да го работам, сега работам кај друг сточар, вели Идриз Камбери од селото Вејце. Од Здружението на овчари, велат дека сточарите повеќе од една деценија се соочуваат со ниски откупни цени и доцнење на субвенции, но како капак на се, во последно време се јавуваат и

нови проблеми. Меѓу нив е и забраната на транспорт на македонското јагне низ соседна Албанија. -Оваа забрана за македонското јагне е катастрофална. Таму се забранува транспортот поради појава на болеста Син јазик, и сега нашето јагне мора преку Хрватска да оди до Италија, наместо како претходно преку Драч, па преку пристаниште до крајната цел до Италија. Сега транспортот преку Хрватска е многу поскап, што преставува дополнителен товар за сточарската дејност во земјава. Друг проблем е доцнењето на субвенциите. Треба да се даваат субвенции на време кога сточарите треба да купат храна, а не секоја година да доцнат. Исто така мислам дека конечно треба да се укине и забраната за извоз на живо јагне. Оваа забрана е донесена уште во поранешна Југославија поради болеста Шап и Лигавка, сега оваа забрана треба да се укине, за да може сточарите да го извезуваат јагнето надвор од нашата земја и така ќе обезбедат подобра цена, а сега цената на јагнешкото место на сточарите им го диктираат кланиците, вели Меѓит Амити потпретседател на Здружението на овчари. Од Здружението додаваат дека Македонија пред неколку децении била меѓу првите по бројот на овци, а сега е меѓу последните. Колку за споредба во соседна Србија во деведесеттите години имало едвај 400.000 овци, а во Македонија 2 милиони, сега е обратно, но во Србија субвенциите за едно грло овца се движат и до 4.000 денари, а кај нас 1.000 денари, потенцираат од здружението од каде сметаат дека мора да се сменат државните политики кон сточарите, ако сакаме повторно да ја вратиме сточарската дејност на прав пат. Зоран Димовски за Зелена берза


ИНТЕРВЈУ СО ВАСКО ЈОСИФОВСКИ, КРЕАТОР НА ФБ ГРУПАТА „МАКЕДОНСКИ ТУТУНАРИ“

ТУТУНАРИТЕ СЕ ОШТЕТЕНИ ЗА НАЈМАЛКУ 1 ЕВРО ПО КИЛОГРАМ ТУТУН Јосифовски-Полошо од катастрофално, или ако има нешто полошо, ете тоа е. Сметам дека тутунопроизводителите се оштетени за најмалку по 1 евро за килограм. Сум имал можност да видам многу реколти и реално квалитетот на тутунот е за нијанса полош од претходните години, меѓутоа не е полош за толку драстично ниски цени. Прифатливо е околу 200 денари просечна цена, но се што е под таа цена мислам дека е понижувачко. Не би можел да се сетам на точна година, но имаше на неколку пати добри и лоши години за откупот на тутунот. З.Б-Кога зборувате за лош откуп мислите на квалитетот на тутунот или на политиките на откуп? Јосифовски-Според мене се работи исклучиво за лоша организација на власта и откупувачите. Односно тие се меѓусебно добро организирани. Очигледно. Затоа што сме сведоци дека пред две години, тутунот кој што сега го ценат исклучиво во 4 класа, одеше во 3 класа. Тоа се добри 70-80 денари разлика. Значи тогаш некому му одговарало истиот тутун, истиот квалитет да биде 150 денари, а сега да се сменат работите одеднаш и сето тоа да не важи. Очигледно е дека спрегата на политиката и бизнисот преовладува. И не само сега ова е еден систем кој се спроведува веќе од денот на осамостојувањето на државата. Се наоѓаме во некоја, никаква позиција, ни горе, ни долу. Кој како Васко Јосифовски (56) е производител на тутун од селото Трновци, општина Могила, креатор на Фејсбук групата „Македонски тутунари“ која по само неколку дена успеа да ги обедини на едно место тутунарите од Македонија, да се формира Иницијативен одбор кој седна на преговарачка маса со откупувачите и Владата. Јосифовски во разговор за „Зелена берза“ зборува за актуелните состојби со откупот на тутунот и предлага како да се надминат проблемите. Како производител на тутун Јосифовски обработува од 6 до 12 декари земја, како што вели во зависност од годината. Неговиот род тежи од 1.200 до 1.600 килограми тутун. З.Б-Вие сте креаторот на Фејсбук групата „Македонски тутунари“, што ве поттикна на тоа и со која цел¬? Јосифовски-Еден пријател ме внесе во една група на Фејсбук за земјоделие, таму видов 7 до 8 постови како тутунари се жалат на лошата проценка на родот, па откако ги разгледав коментарите на тие луѓе заклучив дека не вреди ‘неорганизирано’ да се пишува зошто никој нема да обрне внимание на тоа. Така се одлучив јас да направам ФБ група која за само неколку дена достигна бројка од 6 до 7 илјади тутунари, па таа бројка се искачи до 12 илјади тутунари. Оваа бројка е многу реална и висока, зошто во државата има околу 20 илјади тутунари, договарачи, што значи дека вкупната бројка на граѓани кои се занимаваат со производство на тутун е од 100 до 120 илјади, со оглед на тоа што семејствата бројат и по 5 до 6 членови. Со групата успеав да предизвикам внимание во јавноста, што ми беше примарна задача. З.Б-Како ги оценувате состојбите со откупот на тутунот за оваа реколта? Колку реално се оштетени тутунари од проценката на тутунот, каков е квалитетот на родот?

34


35 З.Б-Тутунарите постојано се жалат на ниската проценка на тутунот и пак го носат на откуп, зошто е тоа така, што ќе им порачате? Јосифовски-Ова што се случува е малку нелогично. Понудата е околу 23 милиони килограми со договори. Се случува парадокс, од една страна слушаме лелеци до небо дека - „тутунот се зема за безобразно ниски цени“, „не чини проценката“ и „мора да се бара чаре“, а од друга страна се соочуваме со невиден притисок врз откупувачите да се предаде тутунот, значи редици, редици возила товарени со тутун чекаат пред пунктовите. Тутунарите како да тргнале намерно да го предадат тутунот што би се рекло ‘пошто-зашто’. Очигледно е дека постојат притисоци, ама да не бидам сфатен дека тоа е власта или овие или оние, туку тоа се притисоци од финансиски аспект. Огромен е делот на тутунопроизводители кои за разни потреби подигале кредити, банките притискаат, па сакале или не, луѓето се принудени да го дадат производството, ако не цело, барем дел, да покријат дел од обврските. Ова го разбирам, меѓутоа не можам да разберам наеднаш да однесам 2 тони тутун и да дозволам да го предадам за мизерни 120 до 150 денари по килограм. Тоа не ми влегува во главата, бидејќи им се дава простор на откупувачите за уште погрубо кршење на правилата на игра и поригорозни проценки. Зошто таму каде што има гужва, голема понуда, а мала побарувачка нормално дека цената паѓа. Анета Блажевска

сака така си поигрува со судбината на земјоделците, не само на тутунарите, туку и на лозарите и на градинарите, оризарите, сточарите... З.Б-Министерот Хоџа кажа дека 30 милиони евра секоја година одат на сметка на 19 илјади тутунари. Јосифовски-Голема грешка на министерот Хоџа е што не кажува колку милиони евра одат од тутунарите во државната каса. Секогаш манипулираат со тие субвенции за тутунарите. Точно, и тоа не е случајно што субвенциите за тутунарите се такви какви што се. Ние знаеме дека ова што ни се дава е само трошка од она што ние го придонесуваме. З.Б-Многумина од тутунопроизводителите се грижат и прашуваат дали ќе се откупи целиот произведен род или само она што го имаат како количина во договорите. Јосифовски-Дека ќе се откупи цената количина, тоа е јасно. Откупувачите нема да ја пропуштат шансата што им се пружа, да купат евтина и количински многу роба. За мене е важна цената. Мислам дека тутунарите ќе бидат уценети со вишокот произведен тутун. Ќе мора да го предадат тутунот, но доколку не добијат соодветна заштита, ќе бидат опљачкани, ама буквално опљачкани. Таа заштита треба да им ја пружиме ние како Иницијативен одбор во заедништво со Сојузот на тутунари, па и власта е таа која што може да преземе марки. Го има Тутунскиот комбинат-Прилеп, каде што може да влијае, може да наметне цена. На крајот на краишта и може да се организира и некаков извоз, да се повикаат соседните земји - Србија, БиХ, Хрватска... Министерот треба да знае дека неговото место не е само седење во кабинетот, треба да се бара излез од ситуацијата. Зошто да се каже дека-ние немаме моќ, се што можеме е да ги замолиме откупувачите или да ги кандисуваме, тоа не држи вода. Министерот е тој што им дал лиценци за откуп на тие луѓе, тој може да им ги земе.


ШТИПСКО

ВАНЧО МЛАДЕНОВ-СТОЧАРСТВОТО МИ Е АМАНЕТ ОД ДЕДО МИ Драгоево е село во Лакавичкиот реон сместено под падините на Серта. Пасиштата се природен потенцијал за органско сточарење, но се уште недоволно искористени.

го види неговото село? Дали ќе имаше одговори- зошто животот не е како порано. Каде заминаа луѓето, аргатите по нивите, каде се низите тутун, жетварските песни, добитокот од ридовите...Зошто на поилата и во трлата има се помалку добиток?

Ако не садиш тутун и не чуваш стока оди си од селото“, ова се зборовите кои во аманет му ги оставил дедото на Ванчо Младенов, сточар во селото Драгоево, Штипско. Тој секој ден оди во селото каде пораснал, а живее во градот. Сее по некоја нива со жито, а чува и четири крави. И по толку години Младенов сам се прашува - Што ќе речеше дедо ми да можеше сега да

36

Младенов го сретнавме на патот среде селото. Го чекаше комбето да го предаде млекото. Молзи до 40 литри млеко во денот кое му го откупува кочанска млекарница. Тежок е животот на село вели тој, но мора нешто да се работи. -Нема млади сточари веројатно ние неколкумина што останавме сме последна генерација што сточари во селото. Кога не ќе можеме и ние, не знам кој ќе остане да чува добиток во селото, се пожали Младенов. Селото се запустило останале уште педесетина луѓе. Младите заминале на работа во градот, а други уште подалеку во странство. Во селото, според неговото кажување само едно семејство сади тутун, порано лажеле дека садат за субвенции, сега и тоа го баталиле. Покажувајќи кон селото Младенов се жали дека нема нови куќи во селото, освен една за која како што вели - германска е. Раскажа дека домаќинот работел во странство се вратил да ја направи куќата и пак заминал. Гледајќи во празните селски сокаци Младенов со носталгија вели дека селото не може да се живее зошто нема деца, училиште, ниту продавница. Сепак, за него е среќа што го асфалтирале патот и не газат во кал како порано.


37

рата и мајата, ако се излади ќе го подгрееш, вели Николов кој занаетот го учел од старите мајстори работејќи во мандрите на овчарските задруги на Шара и Маврово. -Дваесет години правев сирење, а потоа одлучив да почнам и сам да правам. Купив педесет овци и дојдов до тука, вели Николов кој сака да направи и мала млекарница. -Продавам во канти, го земаат од дома, а трговци го бараат вакумирано. Потребни се машини и луѓе за работа, а во ова време тешко да се најдат. Тешко е да се брендираш, една година за еден потпис изгубив многу пари. Брендирањето е потешка постапка, вели Николов. За одгледувањето на овците, покрај што има ангажирано овчар му помага и неговата сопруга. Ицо Николов чува 400 овци и го прави највкусното овчо сирење Драгоево е село во Лакавичкиот реон сместено под падините на Серта. Пасиштата се природен потенцијал за органско сточарење, но се уште недоволно искористени. Сточарите ги продаваат стадата, постојано се намалува сточниот фонд. -Порано имаше 1.800 овци во Драгоево. Сега сме тројца овчари, вели сточарот Ицо Николов чие стадо брои 400 овци. Николов и покрај негативниот тренд сака да го зголеми стадото. Затоа направил големо бачило. -Желба ми е да дојдам до 500 овци и да ги чувам само една година, тогаш ќе ми биде ќефот, вели нашиот сточар. Тој е органски производител. Го прави највкусното сирење во овој регион. Продава до 300 канти сирење во годината, а вели дека кога би имал би продал уште толку. -Нема тајна за вкусот, се е во квалитетот на млекото температу-

-Снеже ќе оди во пензија за некоја година дали потоа ќе сака да работи, не знам, дали и јас ќе можам да работам и како и кој понатаму ќе се грижи за стадото?, гласно се прашува сточарот. Две од неговите трите ќерки се во странство, а најмалата е со нив и работи во градот. Признава дека чувањето овци е тешко и дека понекогаш му снемува сила, но работата се уште не му се остава. -Тешко е со раце да молзиш 400 овци. Знаеш млекото не чека, мора да се прави. Во овчарството требаат млади луѓе, а кој сака да научи од мене како се прави сирење нека повели, вели Николов, истакнувајќи дека секој кој сака да го научи занаетот ќе го научи за два дена само да има желба. Тој се надева дека ќе се исполни и неговата желба да го зголеми стадото и дека сточарењето ќе остане традиција во неговото семејство. Јулија Малинова


38



КРУШЕВСКО-ПУСТА РЕКА

СИМЕОН СТОЈКОВСКИЧОВЕКОТ ШТО СО СВОИ РАЦЕ НАПРАВИ СВЕТИЛИШТЕ НА ВРВ НА БУШОВА ПЛАНИНА „Господе чувај ја Македонија од нејзините душмани“

Светилиште со крстови поставени на месноста Козјак на 1700 мнв на Бушова Планина прераснува во вистинска атракција за љубителите на планината на височините, се дело на 78 годишниот Симеон Стојковски родум од селото Пуста Река, Крушевско, а живее со Скопје. Симеон не изработи и постави само обични христијански крстови, туку со свои раце изгради еден споменик, светилиште, нешто необично, а толку величествено што со секој поглед предизвикува воодушевување и почитување. Во локацијата се поставени крстови на постамент од камења и цемент. Погледот е неверојатен и допира до сите околни планини и врвови, а дава убава слика и од историската месност „Слива“ од каде илинденските востаници ја бранеа Крушевска Република, како и до манастирот

40

„Свето Преображение“, омиленото место на Тоше Проески. Стојковски е пензиониран занаетчија, машино-бравар и покрај тоа што го навјасале години, тој е исклучително подвижен и голем вљубеник во природата. Во 2016 година, пред себе си дал задача на врвот Козјак на Бушава Планина да изгради своевидно светилиште. Така за период од три години до 2019, поставил два метални крстови, а околу него направил необично интересен амбиент со камења и цемент. -Роден сум во Пуста Река, револуционерно село, сакав да направам нешто што ќе остане за идните генерации. Имав предизвик на врвот Козјак на надморска височина од 1700 метри да направам едно свето место. Тоа го правев со голема желба. Направив своевидно светилиште, место што предизвикува чувство на


41 41 длабока почит. Ако ме прашате како го направив сето ова на мои години ќе ви кажам дека, ќе ми беше тешко. Ако некој би ме терал, ако ме присилувал не би го ни направил. Ама, јас тоа го правев со задоволство, имав силна волја да го направам ова свето место, а кога човек работи со задоволство тој не чувствува замор, раскажува за „Зелена берза“ Стојковски. Поголемиот крст е со висина од 1,3 метри, тежок 26 килограми, и како што вели Симеон на рамена го носел. Раскажува дека металниот крст три пати го преправал се додека не ја постигне посакуваната големина, а тоа значи дека целиот тој товар го носел искачувајќи се на голема стрмина од селото се до врвот. Вкупно постаментот зафаќа површина од 4 метри висина и исто толку ширина, а во неговата композиција е вградена и плоча со натпис -„Господе чувај ја Македонија од нејзините душманите“.

-Главниот крст три пати го преправав зошто се ми се гледаше дека е мал, Од оние материјали кои останаа го направив и вториот крст, зошто не сакав да го фрлам веќе направеното. Носевме камења од околината, некои беа многу големи, ги влечевме со јажиња, некои ги тркалавме, прибиравме материјал. Однесовме десет вреќи цемент, дваесет вреќи песок, толку ставив во материјалот да го уредам местото, да биде поцврста градбата. Барав луѓе со коњи да го однесат материјалот, ама никој не се нафаќаше зошто голема е стрмнината. Првата година при изградбата не бев сам ми помогна и мој братучед, така добивме објект од 4 на 4 метри, вели Стојковски. Нашиот градител вели дека сега кога ќе искачи на врвот, до светилиштето неговата душа е целосно исполнета. -Не може со збор да го опишам тоа чувство. Местото е осветено пред две години, па најпрво ќе си направам една молитва пред


крстот, ќе се помолам пред Бога што ми дава сила да се искачам таму горе, да работам и да создавам, вели Симеон. Патот од Пуста Река до Крстот Симеон го засадил со канадски бор Она што исто така воодушевува е што нашиот Симеон од селото Пуста Река кое е на надморска височина од 1100 метри, па се до врвот Козјак, по патеката која води до кртовите насадил канадски бор, за што му биле потребни над 200 садници. -Патот го обележав со борови се до светлиштето. Сам ги засадив и направив борова патека. Сега за три години тие веќе пораснале 3 до 4 метри,

42

Во Пуста Река се е пусто Селото Пуста Река е место полно со историја. Тоа е оддалечено само 13 километри од Крушево и сега таму живеат само околу триесеттина жители, најголем дел старци и стари беќари. Училиштето одамна е затворено, пред околу 3 децении, а веќе десеттина години е затворена и амбулантата. -Во селото останаа околу триесеттина пензионери, и јас во летните месеци таму ги минувам деновите. Селото е оставено на забот на времето, вели Симеон.


43 После 45 години се реконструира патот за Пуста Река Децении наназад жителите на Пуста Река беа незадоволни затоа што патот до градот беше целосно руиниран, раскопан, па вистинска авантура беше да се тргне со лесно патничко возило во овој правец. Пред неколку месеци Општина Крушево започна со реконструкција на регионалниот пат Крушево – Слива – село Пуста Река кој општина Крушево го имплементира со Јавното претпријатие за државни патишта. Овој пат е едно од поголемите барања на крушевчани и жителите на населените места Пуста Река и Дивјаци, а воедно се реконструира и дел од патот кој води до манастирот „Св. Преображение“ кој не беше опфатен при изградбата на патот до манастирот, информираат од Општина Крушево. Анета Блажевска


БИТОЛСКО

МАЛОВИШТА - ДУШАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ПЕЛИСТЕР Белег на старата архитектура се сочуваните стари калдрмисани улички, камените мостови и изгледот на мала градска населба.

Маловишта, е душата на Националниот парк Пелистер, село прогласено за заштитена рурална споменична целина. Маловишта е специфично село, со интересна, автентична архитектура. Местото има убави, големи куќи градени од камен на традиционален начин. Белег на старата архитектура се сочуваните стари калдрмисани улички, камените мостови и

44

изгледот на мала градска населба. Во центарот на селото се издигнува црквата „Св. Петка“, со својот сочуван фрескоживопис, како и извонредниот дрвен иконостас изработен во длабока резба. Во неа има и галерија со стотина врвно изработени икони, ремек-дела на старите македонски зографи, со хронолошки распон од 500 години. Во центарот на селото има јавен објект


45

каде што е поставена изложба за традиционалната култура на селото. Ентериерите во влашките куќи се збогатени со сергии и долапи, рафтови крај украсени огништа и дрвени таваници. Во Маловишта нема угостителски објект, но со претходна најава, месните жители можат да организираат ручек во самото село, и тоа со познати влашки специјалитети, како на пример влашката

пита, јагне печено во фурна и други традиционални локални јадења. Селото е ставено под заштита и е рурална споменична целина прогласено за значајно културно наследство. Освен историските, етнолошките, архитектонските вредности поседува и потенцијални економски вредности кои допрва треба да се развиваат. Над селото е манастирот „Св. Ана“ од 18 век во висока борова шума. А.Б


НАЦИОНАЛЕН ПАРК ПЕЛИСТЕР

КАФЕАВАТА МЕЧКА-СИМБОЛОТ НА ПЕЛИСТЕР На Баба Планина се смета дека има од 25 до 35 кафеави мечки.

Кафеавата мечка е заштитниот знак на Националниот парк Пелистер. Таа тука е присутна од памтивек и овој парк е едно од последните засолништа на ова животно. Забрана за лов на мечката има од 1996 година, но тука тие се заштитени уште од 1948 година кога Пелистер е прогласен за национален парк. Големината на популацијата на Баба Планина се смета дека се состои од 25-35 единки. Бидејќи воглавно е активна во ноќните часови нејзината бројност со сигурност тешко може да се одреди. Кафеавата мечка (Ursus arctos) е најголемото диво животно кое опстојува во нашата земја. Во минатото мечката била присутна насекаде низ државата. Денес за разлика од тогаш, единствено ги населува помалку пристапните планински предели низ државата. Ова се должи пред се на прекумерниот лов во минатото, како и узурпирањето на животниот простор од страна на

46

човекот. Според некои неофицијални податоци, бројот на единки во државата изнесува од 150-200 кафеави мечки. Возрасна женка обично тежи од 90-150 кгм, додека мажјаците од 130-200 кгм. Според истражувањата, растителната храна во исхраната на мечката е присутна со над 85%, додека храната од животинско потекло составена пред се од инсекти е со учество до 15%. Годините од минатиот век биле особено бурни за ова животно. Вообичаено е бројот на дивечот за време на војна да се зголемува, но за пелистерската мечка тоа не било така. За време на Првата светска војна на Пелистер се воделе крвави борби со присуство на голем број на војници. Директни последици од ова трпела и мечката. Во своите мемоари францускиот генерал Луј Франше Д,Епере раскажува за редовна обиколка на своја единица која била сместена во Науса (Грција). Таму пред објектот на


47

неговиот подреден старешина се наоѓала млада мечка заробена на Пелистер. Таа врзана во синџири имала улога на куче чувар. На 05.04.1918 година, бугарски војник со име Ангел додека престојувал на Пелистер испратил фотографија со текст до своите синови во Бугарија. На сликата се гледаат група на војници со отстрелана пелистерска мечка. Во текстот тој објаснува дека поради голема глад биле приморани да ја одерат и изедат мечката. Тој исто така напоменува дека ова е втората мечка која ја снашла истата судбина. Денес често се случува пчеларниците на Потпелистерските села да бидат цел на мечката како познат љубител на медот. И покрај ова, средбите на луѓето со мечка се

многу ретки. Популацијата на кафеавата мечка денес е изложена на многу закани и опасности кои се предизвикани пред се од разни активности на човекот. И покрај строгите казнени одредби криволовот се уште е присутен надвор од националните паркови. Опасноста пред се доаѓа поради тоа што мечката се одликува со релативно низок природен прираст. Во нормални околности женките раѓаат секоја втора година и тоа од 1-3 мечиња. Мечката е диво животно што кај дел од народот предизвикува страв, но буди и позитивни чувства, пред се, кај децата, како популарно и симпатично животно. Подготвил: Игор Петровски



49

ШЕГОТЕКА СО БЕЗ НАВРЕДА

ЗЕТОТ И БАБАТА

РАЦЕТЕ НА ТРПЕ

РОГОВИ

ВОДЕНИ ПАРИ

Разговараат мајка и ќерка. – Ќерко, овој твојот маж, ми се чини ко ич да не се радува кога ќе дојдам на гости? – Ма не мајко, тој е малку спор и така поспоро му доаѓа мислата. Знаеш колку се радува кога ќе си отидеш?!

Се враќа мажот од службен пат и носи голем подарок за сопругата. Во рацете го држи подарокот и не може да притисне на ѕвончето на влезната врата. Се мачи да го докачи, се мачи, се мачи… Поминува комшијата крај него и му вели: – Со роговите комшија. Со роговите!

Васко на интервју за работа. Директорот го прашува: – Во резимето ви пишува дека сте женет и имате 5 деца? – Точно. – А со рацете знаете ли нешто да правите?!

Во бутик: – Госпоѓо, овие пари се мокри!? – Мажот ми многу плачеше кога ми ги даваше.

ПРАТЕНИК

Некој бизнисмен сакал да му подари автомобил на еден пратеник. Пратеникот– Знаете, јас не можам да прифатам толку вреден подарок… Бизнисменот– Добро тогаш да речеме дека сум ви го продал, за 20 евра. Може така? Пратеникот – Па ако е така, тогаш ќе земам два.

НА ГЛЕДАЧКА

Јана оди кај гледачка: – Памтите ли, дека пред три години ми предвидовте, дека ќе имам три деца и маж? – Памтам, да. – Дојдов да прашам, кога ќе имам маж?!

РАЗВОД

Се среќаваат стари пријатели: – Како си? – Одлично! Конечно се ослободив од гласовите што ми кажуваа што да правам. – Со лекови? – Не! Се разведов.

ПИЈАН ХОР

Се среќаваат двајца стари пријатели: – Цветко, што правиш, како си? – Еве одам на проба од хор. – Хор?! Ти и хор? Што правиш таму? – Па, пиеме ракија, потоа преминуваме на пиво, па играме карти. – А кога пееш? – На враќање кон дома.

ВО СОБРАНИЕ

Проститутка била избрана за пратеник во Собрание. На првата седница, се обратила од говорницата: – Почитувани колеги…

НАПРЕДНА МЕДИЦИНА

Баба отишла на доктор и го потпрашува докторот: – Докторе да ви кажам нешто. Медицината стварно напреднала многу со годините. Кога бев млада морав да се соблечам до пола за да ме прегледаат, сега доволно е да го исплазам јазикот.


РАБОТНИЦИТЕ НА РЕК БИТОЛА СЕ ПРЕВЕЗУВААТ СО ШЕСТ НОВИ ЕКО-АВТОБУСИ НА МЕТАН

Премиерот Зоран Заев и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски ги промовираa шест нови еко-автобуси на природен гас-метан наменети за превоз на работниците на РЕК Битола. Инвестицијата вредна 1,4 милиони евра е финансирана со сопствени средства на АД ЕСМ и претставува реализирање на определбата поместена во програмата на Владата. Набавката на новите автобуси на природен гас е исполнување на ветувањето на Владата и ЕСМ за подобрување на условите за работа во комбинатот, за намалување на трошоците за работа и заштита на животната средина, нагласи премиерот Заев на настанот. Со набавката на новите, еколошки автобуси се зголемува безбедноста и квалитетот на превозот на работниците од РЕК Битола кои работат во исклучително тешки услови. Од еколошки аспект, автобусите кои до сега ги превезуваа работниците не ги исполнуваат ниту минималните еколошки стандард за разлика од новите, еколошки превозни средства. Што се однесува до РЕК Битола, во изминатите три години направени се капитални ремонти на секој од трите блока на Термоелектраната. Почнувајќи од 2018 година со Блок 1, продолжувајќи во 2019 година со Блок 2 и завршувајќи годинава со капитален ремонт на Блок 3, АД ЕСМ и РЕК Битола ги направија неопходните зафати со цел зголемување на ефикасноста на постројките. -Со овие зафати покажуваме дека нашите заложби за чиста животна средина и намалување на емисијата на гасови, не се само празни ветувања туку се спроведуваат во пракса. Тоа не беше случај претходно. И покрај конкретните препораки дадени во 2010 и 2011 кога последно се модернизираа Блоковите 2 и 3, ремонтот да се направи не подоцна од 6 години, Владата тогаш предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не го направи тоа. Затоа, капиталните ремонти на трите блока во РЕК Битола беа еден од приоритетите на ЕСМ и РЕК со целосна поддршка од Владата и истите беа изведени согласно претходно наведената динамика, изјави премиерот Заев. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски изрази благодарност кон Владата и претседателот

50

Заев за поддршката при инвестирањето во енергетиката и посветеноста на проектите во енергетскиот сектор. -Нашата определба е сите нови инвестиции, во било кој сегмент од АД ЕСМ, да бидат во правец на трендовите кои значат определба да живееме и работиме во знакот на зелената боја, а согласно тоа-и да се движиме на зелено. Овие 6 еко автобуси, кои користат природен гас-метан и кои не произведуваат загадувачки издувни гасови, ја покажуваат нашата определба кон извори на енергија, инвестиции, возила итн.-кои се’ помалку ќе загадуваат, и кои ќе не движат кон се’ почиста, па и целосно чиста средина во следните години и децении, како поставена цел во светски рамки и тренд кој е веќе трасиран. Новите еко автобуси, во периодите кога нема да превезуваат работници на РЕК Битола, согласно можностите и законската регулатива ќе бидат ставени на располагање за превоз на ученици, студенти, пензионери, членови на спортски клубови, на здруженија и на невладини организации од општините Битола, Новаци и Могила како општини и населени места кои се најблиску до комбинатот.



ПАРИТЕ МОЖАТ ДА РАСТАТ И ВО ВАШАТА НИВА! ЗЕЛЕНА АГРО КАРТИЧКА КОЈА ВИ ЗАШТЕДУВА ПАРИ ПРИ СЕКОЈА ТРАНСАКЦИЈА.

до 2 ден. попуст на секој литар наточено гориво

до 10 % попуст а на трактори и опрема

до 15 % попуст а на масла и мазива

www.zelenaberza.com.mk

Издавач: Здружение за едукација на земјоделци ‚‚Зелена берза’’ Битола Главен и одговорен уредник: Христина Фуна Заменик на главниот и одговорен уредник: Анета Блажевска ; Редакција: Игор Петровски ; Дарко Штаргоски ; Фросина Марковски Јулија Малинова ; Зоран Димовски Фото: Ивона Кочов ; е-маил: ivonakocov21@gmail.com ; Mob.Tel. 070 207 421 Компјутерска обработка: Златко Никодиновски ; Адреса на редакцијата: ‚‚Воден’’ - 17, Битола ; Управител: Олгица Трендафиловска Адреса на издавачот: ‚‚Воден’’ - 17, Битола Печати: Графо Пром, ул. ‚‚Димитар Влахов’’ бр. 3 Битола ; Тираж 3700 Датум на печатење: 21.01.2021 Контакт: info@zelenaberza.com.mk ; zelenaberza@zelenaberza.com.mk ; Тел. 071 / 207-021 ; Факс: 047 208 - 515


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.