Memorandum Of Understanding YES Network

Page 1

Мрежа за поддршка на млади претприемачи „Мрежата за поддршка на млади претприемачи постои за да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации кои работат на социо-економско јакнење на младите на локално, регионално и национално ниво заради зголемување на нивното влијание врз политиките и програмите за поттикнување на младинскопретриемништво со цел да се олесни интеграцијата на младите на пазарот на труд.“

Меморандум за соработка и пристапување Склучен на ден __________________помеѓу:

1.

Мрежа за поддршка на млади претприемачи, (во понатамошниот текст Мрежата) основана во

Скопје од страна на Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ), Фондација за Менаџменет и индустриско истражување (ФМИР), Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и Здружение на работодавачи Скопје. со седиште на улица 16та Македонска Бригада 13Б Скопје, и

2.

____________________________________________________________________________(во

Членката),

со

седиште

на

понатамошниот

________________________________________,

застапувано

текст од

_________________________________________________________

Член 1 Предговор: Мрежата е составена од граѓански организации кои спроведуваат проекти за млади кои успешно го поминале процесот на селекција за пристапување. Организациите кои се прифатени во Мрежата ќе добијат можност да придонесат кон процесот на дефинирање на политиките на Мрежата, да учествуваат на состаноците на Собранието и да разменуваат информации и искуства со останатите членки. Активното учество на членката ќе има позитивно влијание врз политиките и одлуките за финансирање на локално, регионално и национално ниво и ќе овозможи подобри можности за самата организација.

Член 2 Предмет: Предмет на овој Меморандум е зачленување на __________________________________________________ во Мрежата за поддршка на млади претприемачи во времетраење од12 месеци.

Проектот е финансиран од Европската Унија


Член 3 Мрежата се согласува:

Да ги објави на порталот на Мрежата (www.yes-network.org) и да ги промовира сите активности

поврзани со млади претприемачи кои Членката сака да ги сподели;

 Да обезбеди највисоко ниво на заштита на приватноста и чување на доверливи информации на Членката;

Навремено, совесно и според предвидениот квалитет да ги испорача сите услуги кои Членката ги

побарала од Мрежата.

Член 4 Бенефиции за Членката:

Зголемување на видливоста на организацијата на локално, регионално и национално ниво;

Зајакнување на позицијата на организацијата како дел од организирана платформа за поддршка на

активности;

Дистрибуција на соопштенија и активности на организацијата до поширок круг на публика преку

веб алатки, информативни билтени и изданија на Мрежата;

Промоција на активностите на организацијата преку учество на настани организирани од

Мрежата;

Ексклузивен пристап до интранет алатка на порталот на Мрежата која овозможува пристап до

датабази на податоци, резултати од истражувања, алатки за работање и менаџирање, соработка, вмрежување и градење на национални и меѓународни партнерства за проекти;

Редовно информирање за отворени можности за финансирање од различни донатори;

Олеснување и посредување во потрагата по потенцијални партнери за проекти;

Поддршка при развивање, менаџирање и известување на добиени проекти;

Учество на обукиза градење на капацитетите организирани од Мрежата;

Учество во работата на Собранието на Мрежата преку давање на соодветни сугестии при

формирањето на Годишниот План на активности;

Консултации со експерти од Мрежата.

Проектот е финансиран од Европската Унија


Член 5 Обврски на Членката:

 Да се регистрира на порталот www.yes-network.orgпреку пополнување на апликација за пристапување;

 Да ги достави бараните податоци потребни за формирање на соодветен профил во базата на граѓански организации.

Член 6 Времетраење на членството: Членството се склучува во времетраење од 12 месеци, од 1.9.2014 до 1.9.2015. Во овој период членството во Мрежата е бесплатно. По изминатиот период ќе се направи ревидирање на Меморандумот за пристапување, со можност за негово продолжување.

Член 7 Откажување на членството: Членките имаат право во било кое време да го откажат членството во Мрежата преку писмено известување. Член 8 Исклучување на членка: Причините и постапката за евентуално исклучување на членката од Мрежата се дефинирани со Статутот на Мрежата.

Мрежа за поддршка на млади претприемачи

Членка

_________________________________

_____________________________

Скопје, датум

Град, датум

Проектот е финансиран од Европската Унија Проектот е финансиран од Европската Унија


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.