Бизнис ИНФО Број 151

Page 1

СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА КОМОРА НА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF МАКЕДОНИЈА Founded 1922 bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 151

www.mchamber.mk

КАКО ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ? Инвестициски самит Македонија 2025 во Охрид

СО ИНОВАЦИИТЕ И ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ДО КОНКУРЕНТНА ЕКОНОМИЈА

Претседателите на Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора на Пела во Република Грција

ПОЛИТИЧКИТЕ СЛУЧУВАЊА НЕ СМЕЕАТ ДА ВЛИЈААТ ВРЗ ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА

Годишна конференција за извозот

ПОДДРШКАТА НА ИЗВОЗОТ ТРЕБА ДА БИДЕ ПЕРМАНЕНТНА АКТИВНОСТ

Конзервна индустрија

ПЛАСМАНОТ НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ РАСТЕ, НО МОЖНОСТИТЕ НИ ОДДАЛЕКУ НЕ СЕ ИСКОРИСТЕНИ

10.10.2013


БИЗНИС ИНФО

2

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

ПОДВЛЕЧЕНО

ДРЖАВНИТЕ ПРОЕКЦИИ СЕ СООБРАЗИЈА СО РЕАЛНОСТА Во апсолутна смисла, секако дека буџетот е најголем досега, меѓутоа во релативна смисла (како процент од БДП), тој се одржува во горе-долу константни граници во последниве години. Но, прашањето дали и тоа оптоварување е големо за компаниите и населението, е секогаш дискутабилно. Би рекол дека даночната политика е прилично релаксирана. Меѓутоа, кај политиката на социјалните придонеси се’ уште постои простор за поголемо релаксирање, кое беше најавено, но не беше реализирано. Со оглед дека кризата, веројатно, не дозволува линеарно намалување на придонесите, на краток рок е важно намалување на товарот врз најниско платените работни места, каде што уделот на придонесите се чувствува најмногу. Од друга страна, да не заборавиме дека во услови на криза во економија без претприемачки дух и млади кои чекаат државата да им го реши вработувањето, поголем буџет е неминовен, поради потребата од поголемо ангажирање на државата во активности кои инаку би биле оставени на приватната иницијатива. Позитивно ме изненади што во последните 2-3 години државните проекции се сообразија со реалноста, за разлика од еден подолг период пред тоа кога се проектираа фамозни растови на економијата, а уште во времето на проектирањето беше јасно дека таа ќе биде во негатива или ќе оствари некој бениген раст. Во моментов располагаме со следниве важни информации - благо но постепено заздравување на европската економија, понатамошно интензивно вложување во домашната градежна активност и изградба и пуштање во погон на неколку странски инвестиции. Овие информации овозможуваат да се проектира раст на економијата за 2014 од 3,2 отсто, меѓутоа неговото потфрлање или натфрлање најмногу ќе биде детерминирано од тоа колку брзо ќе закрепнува европската економија. Тоа значи дека оваа проекција е се’ уште придружена со значајни ризици. Сепак, таа проекција, заедно со некоја разумна стапка на инфлација од 3 до 3,5 отсто води до номиналниот раст на буџетот од околу 7 отсто. (Марјан Петрески, професор по економија на „Американ колеџ“)

КОНСТАНТНОСТА НА КВАЛИТЕТОТ УСЛОВ ЗА ИЗВОЗ Самиот факт дека соработуваме со огромен број на фармери чии семејства зависат од навремениот откуп и исплата, како и дека огромен број на потрошувачи ни ја имаат дадено својата доверба, не прави да бидеме одговорен субјект кој треба да запази фер и партнерски односи со сите засегнати страни и да пласира здрави и безбедни производи. Патриотизмот е дел од сите нас, и затоа сме посебно среќни на секој успех и дополнително укажана доверба од нашите потрошувачи. Млекара Здравје е најголемиот извозник на млечни производи од државата, поконкретно дури 80% од вкупниот извоз е од нашата млекара. Причината за ова е во константноста на квалитетот на производите на Млекара Здравје и нивниот специфичен вкус кој особено им се допаѓа на потрошувачите од регионот. Се надеваме дека нашата извозна експанзија нема да остане само на земјите од регионот, и дека во иднина ќе можеме да се пофалиме со готов прозвод кој ќе стигне многу подалеку. Имаме производни можности и квалитетна суровина, и дополнително со помош од врвни странски експерти од млекопреработувачката индустрија ќе создадеме производ на кој сите ќе бидеме горди. (Павел Павловски - mаркетинг директор во mлекара Здравје Радово)


БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ВО БЕЛ КАМЕН СЕ ПОТРУДИВМЕ ЗА СЕКОГО ДА ИМА ПО НЕШТО Хотелот Бел Камен е отворен пред неколку месеци и се наоѓа на планината Плачковица, на 1470 метри надморска височина и на 20 километри оддалеченост од Радовиш. Хотелот е обиколен со густа борова и букова шума. Комплексот Бел Камен е идеален за вистински одмор и рекреација во секој период од годината, бидејќи се наоѓа во предел кој изобилува со природни убавини, како што се високите карпи, флората и фауната кои можат да се сретнат само во оваа околина. Освен тоа, во рамките на хотелот има спортски терени и спа центар кои можат да ги користат нашите гости. Во Бел Камен се потрудивме за секого да има по нешто, почнувајќи од најмалите за кои имаме детско игралиште. Нашиот ресторан нуди лепеза на гастрономски уживања кои се инспирирани од локалното национално богатство на македонската кујна, со посебен акцент на користење на производи од органско потекло кои се привилегија на планината Плачковица. Посебно сме горди на сопствените насади на аронија која ја користиме во нашите специјалитети. За гостите кои сакаат да спортуваат на располагање им се терените за кошарка, тенис, фудбал и мини голф. Исто така, во рамките на хотелот функционира и спа центар во чиј состав има сауна, џакузи, парна бања и фитнес. На располагање е и просторија за семинари и презентации со капацитет до 30 лица. (Сашко Атанасов, менаџер на хотелот Бел Камен, Радовиш) bsi. bsi.

ISO 9001

Quality Management

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Здружение на банкарството

EBF

European Banking Federation

The Voice of European Banks

„БАНКЕКСПО 2013“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА БАНКАРСТВОТО ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ И ДЕЛОВНИ СОРАБОТНИЦИ,

БанкЕкспо 2013

По повод Светскиот Ден на Штедењето - 31 октомври, во организација на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија по втор пат се одржува „БАНКЕКСПО“ - заеднички саем на сите банки и штедилници од Република Македонија. „БАНКЕКСПО 2013“, на кој на едно место можете да ги посетите штандовите на сите банки и штедилници, ќе се одржува два дена, на 30 и 31 октомври 2013 година (среда и четврток), во хотелот „Александар Палас“ Скопје, конгресна сала 1, од 9:00 до 18:00 часот.

Ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку со вашето присуство го збогатите овој настан и се запознаете со новите, но и ги погледнете уште еднаш постојните услуги на банките и штедилниците. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ! СО ПОЧИТ, ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВОТО ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА - ЧЛЕНКА НА ЕВРОПСКАТА БАНКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА - ЕБФ Контакт: М-р Јелисавета Георгиева E-mail: jelisaveta@mchamber.mk Телефон: (02) 3244031 www.mchamber.mk

НАПОМЕНА: САЕМОТ „БАНКЕКСПО“ СЕ ОДРЖУВА НА 30 И 31 ОКТОМВРИ 2013 ГОДИНА, ОД 9:00 ДО 18:00 ЧАСОТ, ВО ХОТЕЛОТ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“ – СКОПЈЕ ЗА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА.

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН.


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

СОБИРИ

ФОКУСОТ НА КОНКУРЕНТНОСТА, ИНОВАЦИИТЕ И ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО

Инвестициски самит Македонија 2025 во Охрид

Само преку развој на иновациите и претприемништвото може да се изгради конкурентна економија, е главната поента од отворањето на Глобалниот инвестициски самит што почна на 9.10.2013 во Охрид. Мајк Зафировски, претседателот на Македонија 2025, организатор на самитот втора година по ред, истакна дека македонската економија има голем потенцијал да ја зголеми својата конкуретност, а во тоа подготвени да помогнат се успешните бизнисмени од дијаспората. - Владата ги направи потребните реформи за подобрување на бизнис климата, странските инвеститори го препознаа тоа, а ние во Македонија 2025 со нашето искуство и контакти можеме да помогнеме земјата да стане уште повидлива на светската инвестициска мапа, истакна Мајк Зафировски. Претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски пред бројните присутни потсети на сите мерки што ги донесе Владата со цел зголемување на конкурентноста – во областа на даноците, образованието, стабилноста на економијата, трошоците за водење бизнис, итн. Тој истакна дека сега Владата е особено фокусирана на поддршка на иновативноста ипретприемништвото во економијата, за што доказ е и формирањето на специјалниот фонд за иновации ,кој што ќе биде финансиран со 24 милиони евра од страна на Светската банка. -Некој паметен рекол дека визијата без акција е само сон. Затоа мораме да го стимулираме претприемништвото и


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

БИЗНИС ИНФО

5

СОБИРИ

иновативноста, движечките сили што водат од една економска категорија во друга, од група на неразвиени во група на средно развиени земји, или од средна во високо развиена земја. Да ги спомнам само примерите на Израел и Ирска, кои што токму на овој начин постигнаа високо технолошки економски развој – додаде Груевски. Борис Тримчев

КОМПАНИИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ НА ВТОРИОТ ГЛОБАЛЕН ИНВЕСТИЦИСКИ САМИТ Над 350 учесници од повеќе земји во светот на 9 и 10 во Охрид дебатираат за можностите за поголема економска соработка на вториот Глобален инвестициски самит што го организира„Македонија 2025“. Учествуваат компании од САД, Австралија, Кина, Јапонија, Шведска, Германија, Холандија, Унгарија, Турција..., а меѓу говорниците се претставници на „Филипс“, „Нокиа“, Дојче телеком, Канадиан бомбардиер, Аџибадем Турција, Моторола, СЕАФ... Организаторот ја истакнува како посебно значајна соработката со владините министерства и институции за привлекување странски инвестиции, кои помогнаа на самитот да се регистираат многу звучни имиња од реномирани светски компании. - Министерот за странски инвестиции Веле Самак се погрижи да има присуство на претставници на највисоко ниво од Ван Хол од Белгија, Дрекселмаер од Германија и други потенцијални странски инвеститори. Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, исто така, покани голем број заинтересирани странски инвеститори од САД. Посебно е значајна и активноста на Инвест Македонија, кои преку своите економски промотори во Охрид донесоа претставници на големи компании од Албанија, Јапонија, Кина, како и повеќе претставници на Адмилиа Холдинг Лтд, кој интегрира 70 италијански претприемачи кои разгледуваат опции за реализирање на инвестициски проекти во Македонија, информираат од „Македонија 2025“. Странските компании, како што посочуваат од Организацијата, изразиле отвореност за соработка во сферата на аутсорсинг, извоз, инвестиции, логистика, консултации, заеднички вложувања, истражување и развој. За време на самитот се одржуваат стотина билателарни средби.


6

БИЗНИС ИНФО

ПОСЕТИ

ПОЛИТИЧКИТЕ СЛУЧУВАЊА НЕ СМЕЕАТ ДА ВЛИЈААТ ВРЗ ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

Средба на претседателите на Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора на Пела во Република Грција

- Една милијарда американски долари е економската размена со Република Грција. Таа е втор наш партнер и најголем инвестотор. Ние сакаме оваа соработка и натаму да се зајакнува и да се продлабочува. Затоа ги поздравуваме и ги поттикнуваме добрите економски односи меѓу двете економии, - ова го изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, за време на посетата и разговорите со Регионаланата комора на Пела, Република Грција. На средбата со претседателот на Регионалната комора на Пела, господинот Јорданис Цоцос, двете делегации (4.10.2013 година) ја истакнаа потребата од зајакнување на регионалната институционална и бизнис-соработка на компаниите. Двете држави настапуваат и на трети пазари. Сите грчки компании кои имаат бизнис во земјава се членки на Стопанската комора на Македонија. - Како економија и бизнис-заедница нас не не засегаат политичките случувања. За ваков пристап наидовме на идентичен поглед и кај претставниците на грчките партнери, - изјави Азески. - Мислам дека можеме да соработуваме како добри соседи, во многу сектори на економската размена и освојувањето на трети пазари. Кога се будиш, прво се загледуваш во соседот, - рече Јорданис Цоцос, претседател на Регионалната комора на Пела. - Од нас се бара да се зголеми и да се подобри соработката. Има европски проекти што се однесуваат на двете држави, но постојат некои пречки во нивната реализација. Нив мораме да ги надминеме во корист на дветете држави и економии. На средбата Азески беше информиран дека регионот на Воден (Пела) е најголем производител на овошје и на зеленчук, со големи капацитети во преработувачката индустрија. Во овој дел на Грција, освен производството на овошје и зеленчук и развојот на преработувачките капацитети, се повеќе се развива и металната индустрија, а компаниите бараат и нови пазари. Европа не смее да биде единствената алтернатива, - порача Јорданис Цоцос. Двајцата соговорници се согласија дека од посебна важност е развојот на индустријата, како клучна гранка на стопанскиот сектор и поттикнувач на економскиот развој. - Десетина години се залагаме тоа да биде приоритет, - посочи Азески. - Ние мораме да ги убедиме нашите влади да се свртат кон поттикнување на развојот на индустриското производство. Ние сме мала земја и нашето економско опстојување мора да се потпре и на извозот и на индустријата. Стопанската комора на Македонија, материјално и логистички целосно ќе застане зад секој заеднички проект. Азески им оддаде признание на Регионалната комора во Грција, како успешен модел на организација на бизнис-заедницата и на Регионалната комора во Битола. Грчките претставници изразија благодарност за поддршката од Стопанската комора на Македонија, на следниот форум на коморите во Истанбул, грчкиот претставник да биде избран за потпретседател на Европската асоцијација на комори. Горазд Чомовски


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

БИЗНИС ИНФО

7

ТРИБИНА Годишна конференција „Како до поголем извоз?“

ПОДДРШКАТА НА ИЗВОЗОТ ТРЕБА ДА БИДЕ ПЕРМАНЕНТНА АКТИВНОСТ „Како до поголем извоз?“ беше насловена традиционалната годишна конференција што ја организираше Министерството за економија во соработка со стопанските комори и повеќе институции, што се одржа на 4.10.2013 година во скопскиот хотел „Александар палас“. Извозот од Македонија годинава е зголемен за 5 проценти, а извозот кон земјитечленки на Европската унија пораснал за 17,5 проценти, истакна министерот за економија, м-р Ваљон Сарачини. Тој посочи дека Владата во изминатиот период презеде низа активности кои придонесоа за амортизација на негативните ефекти од кризата, како што се евтините кредити за компаниите и програмите за поддршка на конкурентноста на компаниите.

- Зголемувањето на извозот во овој период од годината значително придонесува за намалување на трговскиот дефицит. Секако, можеме да кажеме дека тоа е резултат на постепеното излегување од криза на земјите-членки на Унијата, а добар показател е и растот од 0,7 проценти на економијата на Германија, земја со која имаме најголема трговска разменa и која е локомотивата на ЕУ, - рече Сарачини.

ЧЕКОРИ ВО ИДНАТА ГОДИНА

Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, посебно подвлече дека поддршката на извозот треба да биде перманентна актвност. Според него, за освојување на новите пазари ограничувачки фактор се високите царини поради немање билатерални договори за преференцијална трговија и на тоа поле треба интензивно да се работи. Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијалните правила за потекло потребно е да ја искористиме за унапредување на мрежата за либерализација на трговијата. Притоа, олеснувањето на визните процедури ќе влијае за поголема деловна комуникација, а со тоа и на можностите за унапредување на извозот. -До Македонија тешко се доаѓа - ограничувачки фактор е немањето директни авионски врски како би се доближиле до трети пазарите .Изградба

Министерството за економија ќе ги преземе следните позначајни чекори за поттик на извозот во следната година:

• Реализација на нови проекти за поддршка на конкурентноста согласно Програмата на Владата • Отпочнување со проектот ИПА за индустриска политика од 3 милиони евра • Консултантска поддршка во фирми • Поврзување на СДИ со локални добавувачи • Троен хеликс • Анализи на сектори и пазари, обуки, заедничка промоција • Оперативност на Фондот за иновации • Имплементација на проект од ОЕЦД за создавање ланец на додадена вредност во регионот (автомобилска индустрија, преработка на храна и туризам) • Постојана консултација со бизнис заедницата (преку НСПК и други форми на дијалог) • родолжување на следење на конкурентноста и превземање мерки за надминување на слабостите


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

ТРИБИНА

на Коридорот 8 и понатаму е фактор којшто може да влијае врз унапредувањето на извозот. Владата треба да се обиде да ја олесни трговијата со земјите кои се под делумно трговско ембарго, - нагласи Пешев. - Компаниите не располагат со доволно информации за трети пазари. Агенцијата за промоција на странските инвестиции и извоз може да придонесе за конкретно сервисирање на компаниите по овој основ. Потребна е поддршка во процесот на запознавање со стандарди и лиценци на трети пазари, но неопходен е и инструмент за финансиска поддршка за нивното имплементирање (преку даночна политика...). Во турските компании гледаме партнер со кој може полесно и посигурно да се пенетрира кон новите пазари. На градежниот сектор, како што спомена Пешев, потребна му е поддршка со обезбедување на гаранции, за да има капацитет да излезе на странските пазари. Банките во моментот не се подготвени тоа да го сторат, затоа би било добро Владата да најде модел како да се примени таа поддршка. Тој побара државата да размисли за формирање на гарантен фонд преку кој ќе се поддржуваат македонските компании за реализација на поголеми и поскапи проекти во странство, како и да се регулираат визниот режим и времените дозволи за луѓето од странство кои ќе го пратат извозот од Македонија. -Владата треба и понатаму да продолжи со промовирање на земјата како бизнис-дестинација преку промотивни настани и промоторите, - додаде Пешев. Во 2012 година Македонија вкупно извезла стоки во вредност од 4 милијарди САД долари, додека увезла стоки за 6,5 милијарди САД долари. Увозот во 2012 година бележи пад од 10,2 отсто, а извозот, пак, од 7,1 отсто. Во првите седум месеци од годинава се бележи раст на извозот од 4,8 %, додека увозот пораснал за само 1,6 отсто. Во 2012 година најмногу се извезувале катализатори, фероникел, производи од железо и челик, облека и текстил и преработки од нафта. Најголем дел од извезените стоки 29,4 осто се во Германија, потоа следат Косово со 9,8, Србија со 7,4, Бугарија со 7,1 и Италија со 6,9 отсто. Љубица Нури


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

Турски компании од областа на металургијата и претставници на Дуферко групацијата од Турција беа гости на Стопанската комора на Македонија

БИЗНИС ИНФО

9

ПОСЕТИ

МЕТАЛИТЕ СE ГОЛЕМА МОЖНОСТ ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА

Делегација од реномирани турски компании од областа на металургијата и претставници на Дуферко групацијата од Турција беа гости на Стопанската комора на Македонија (4.10.2013 година). Тие престојуваа во земјава во организација на „Макстил“, членка на групацијата „Дуферко“. Нивната цел беше да воспостават деловни контакти со македонски компании од областа на црната и обоена металургија. -Се надеваме дека најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава ќе ви биде локален партнер, - им порача на гостите Љубица Нури, виш советник на Управниот одбор на Комората, запознавајки ги со компаративните предности на еден мал пазар како што е македонскиот. Гостите од Турција, членки на нивната Групација од областа на металургијата - Јисад, беа во можност да ја проследат презентацијата на Јадранка Аризанковска, виш советник, за услугите што ги нуди Стопанската комора на Македонија. - Црна и обоена металургија е столбот на македонската економија. Комапниите од оваа област учествуваат со 7,8 отсто во создавањето на македонскиот БДП, со 12 отсто во индустриското производство на земјава, со 25 до 30 отсто во извозот и со 16 отсто во бработеноста. – истакна Зорица Мешкова, самостоен советник , преставувајќи ја оваа значајна индустриска гранка. Седат Рифат Дојум, член на Управниот одбор на Јисад, подвлече дека можностите за соработка меѓу компаниите од овој сектор се големи и ја истакна надежда дека ќе дојде до конкретни деловни зделки. И од двете страни беше потенцирана извонредната деловна клима за зголемување на економската соработка. Инаку, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Турција во првата половина од 2013 година достигна вредност од 184,4 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 33,5 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 150,8 милиони САД$. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 117,3 милиони САД$. Во вкупната надворешно-трговска размена, Р.Турција е осми трговски партнер во овој период. Податоците зборуваат дека ланската трговска размена на Република Македонија со Република Турција достигнала вредност од 390,7 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 66,8 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 323,9 милиони САД$. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 257,1 милиони САД$ на крајот од 2012 година.


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

ПОСЕТИ Споредувајќи ја ланската трговска размена може да се забележи пад кај сите параметри. Вкупната размена оствари пад од 6,3%, извозот од 2,2%, а увозот бележи намалување од 5,8%. Во 2012 година, во структурата на извозот најмногу се застапени: • • • • • •

топло и ладно валани производи од железо и челик – 21.3 милиони САД$; текстилни материјали и ткаенини – 13.5 милиони САД$; феросилициум- 7.4 милиони САД$; мермер и огноотпорни тули – 5.8 милиони САД$, сурови кожи од животни – 5,3 милиони САД$; прехранбени производи - 2.2 милиони САД$.

Во увозното салдо најголемо учество имаат: • • • • • • • •

текстилни предива, ткаенини и теписи – 63,6 милиони САД$; руди од никел – 24,5 милиони САД$; прехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје) – 18,2 милиони САД$; нафтени масла – 16,5 милиони САД$; готови текстилни производи, облека и обувки – 15,6 милиони САД$, производи од црна и обоена металургија – 12,3 милиони САД$; електрична опрема и бела техника -11,9 милиони САД$, и др. лекови и козметика - 6,3 милиони САД$;

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Саво Пејчиновски

НЕПРИФАТЛИВО Е КАЗНАТА ЗА ПРЕКРШОК ДА СЕ ОПРЕДЕЛУВА ВРЗ ОСНОВА НА ВКУПНИТЕ ПРИХОДИ НА КОМПАНИИТЕ

Бизнис-заедницата при Стопанската комора на Македонија ја почитува определбата во Законот за прекршоци да се внесат новини во функција на позитивно делување врз сторителите на прекршоци, како и во функција на успешно, ефикасно и ефективно спроведување на прекршочната постапка. Но, бизнис-заедницата не може да ја прифати новата одредба во Предлог-законот за прекршоци, за одредени прекршоци глобата да може да биде изразена и во процентуален износ од 1-10% од вкупните приходи на правното лице остварени во претходната година. Постигнувањето на поголема сразмерност во казнувањето, како цел на глобата во процентуален износ, бидејќи до сега иста висина на глоба е изрекувана на правни лица кои остваруваат огромни приходи и на оние кои остваруваат минимални приходи, во целост не е прифатливо. Имено, постои законска можност кога за прекршокот е предвидена казна глоба, истата да биде дадена во минимален и во максимален износ. За бизнис-заедницата спорни се и одредбите во Предлог-законот за прекршоци според кои за прекршоци сторени од користољубие или за прекршоци со кои се предизвикува поголема имотна штета, може да се пропише глоба до двојниот износ од максимумот на санкцијата или во сразмер со висината на причинетата штета или прибавената корист, но најмногу до дваесеткратен износ. На овој начин утврдената глоба може да изнесува и 200.000 евра во денарска противредност, а заедно со забраната за вршење на дејност, прекршочната е скоро изедначена со кривичната казна. За бизнис-заедницата, цел на санкционирањето на прекршоците е да се делува врз сторителот во иднина да не прави исти или слични прекршоци, а со воведувањето на спорните одредби, би се нанело повеќе штета на стопанските субјекти отколку да се запази воспитната функција на казнувањето.


БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

БИЗНИС ИНФО

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ r ɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤ ʡʢʚʙʟʑʤ ʠʖ ɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠ ʙʑ ʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗ ʚ ʟʑʥʜʑ ʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʚ ɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑ ʙʑ ʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗ ʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач


БИЗНИС ИНФО

12

ПАРТНЕРСТВО

СЛЕДНА ФАЗА - АНИМИРАЊЕ ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ КОМПАНИИ

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

Голема поддршка од бизнис-заедницата за проектот за помош на фирмите со странски експерти

Бизнис-заедницата дава голема поддршка на владиниот проект за ангажирање странски експерти во македонски компании и најавува активности за уште поголем интерес и апликации на повикот за таа намена што трае до 1 ноември. За досегашниот и идниот тек на проектот денеска на презентација во Владата разговараа владини и претставници на сите стопански комори. М-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија рече дека коморите на презентацијата се договориле целата бизнис-заедница да се ангажира информацијата за владиниот повик и можностите што се нудат да стаса до што поголем број компании. - Да бидеме единствени во делот на користење на странската помош. Поддршката на бизнис-заедницата за овој проект е голема, бидејќи ќе се користи стручна странска помош. Областите не се ограничени, а следна фаза што треба да ја направиме како бизнис-заедница е да анимираме што поголем број компании и да им ја кажеме можноста што ќе следи, - наведе м-р Георгиева. Треба да се истакне, додаде таа, што поддршката од стручната помош ќе биде во делот на практична примена на искуства од европските земји. - Сојузот на стопански комори (ССК) го поддржува и активно учествува во проектот на Владата за ангажирање странски експерти. Ова е врз основа на повратните информации од компаниите-членки бидејќи постои евидентна потреба од ангажирање експерти практичари во одредени сегменти, како од производниот процес, така и од останатите системски потреби во која било компанија, - изјави по презентацијата Митко Алексов, извршен директор на ССК. Според Решат Негавци од Стопанската комора на Северозападна Македонија, владиниот проект е за поздравување затоа што преку него ќе се помогне развојот на компаниите со помош на стручни лица од странство. Панче Кралев, советникот на премиерот за економија и образование, укажа дека по истекот на рокот за аплицирање на 1 ноември и останатите фази со проследување на апликациите, може да се очекува ангажман на првите експерти во македонските компании на почетокот на следната година. Нема ограничување за областите за кои бизнисмените може да побараат ангажирање странски експерт, ниту за максимумот што ќе биде побаран од компаниите. Ќе се излезе во пресрет на сите што ги задоволуваат условите од огласот, - истакна Кралев. Досега најголем интерес има за експерти за прехранбениот сектор, ИТ-индустријата и од преработувачката индустрија. Идејата со експертите, истакна Кралев, е да го пренесат своето искуство од конкурентни земји каде што работеле. Ќе се овозможи за краток период да се добие максималното знаење на експертите. - На презентацијата една домашна компанија истакна дека биле задоволни што во минатото успеале да најдат експерт од Велика Британија кој во својата земја имал многу слична компанија со таа што работи во Македонија и буквално можел да ги разбере проблемите и предизвиците со кои се соочуваат. Значи, тоа се практичари со големо искуство за начинот на функционирање на компаниите од областа каде што работат, кои се подготвени да го пренесат своето искуство, - рече Кралев. Трошоците за престој на странските експерти во домашните компании ќе бидат покриени преку билатералните развојни програми од државите од каде што доаѓаат - Холандија, Германија, Швајцарија, САД..., како држави со висока конкурентност. Владата го објави повикот преку кој компаниите може да побараат ангажирање странски експерт на 17 септември. За да добијат таква поддршка со помош на Владата компаниите треба да работат најмалку две години и да имаат минимум пет вработени. (МИА)


БИЗНИС ИНФО


14

БИЗНИС ИНФО

СОСТОЈБИ

ПЛАСМАНОТ НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ РАСТЕ, НО МОЖНОСТИТЕ НИ ОДДАЛЕКУ НЕ СЕ СКОРИСТЕНИ

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

Конзервната индустрија со потенцијал за пораст во извозот на преработки од зеленчук и овошје

Индустријата за преработка на овошје и зеленчук е уште една индустрија покрај кондиторската и месната во прехранбената индустрија, која последнава деценија, па и во услови на економската криза, бележи позитивни резултати во производството и извозот на своите финални производи. Еден од главните подсектори во прехранбената индустрија и важен сегмент од агроиндустрискиот комплекс е конзервната индустрија, односно индустријата за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук, во која се регистрирани 43 фирми со вкупно 1.165 стално вработени. Од нив, 22 претпријатија преработуваат само зеленчук, 4 се занимаваат само со преработка на овошје, додека 17претпријатија имаат комбинирана преработка (овошје и зеленчук). Општо земено, околу 91% од сите активности опфаќаат преработка на зеленчук, додека само околу 9% преработуваат овошје. Во однос на типот на преработувањето, најголем дел од преработувачите, 29 од нив се занимаваат со конзервирање, 2 компании се капацитети за сушење и 7 капацитети за замрзнување, додека останатите 5 имаат комбинирани производни линии. Најголем број од претпријатијата за преработка на овошје и зеленчук се класифицирани како микро (16) и мали претпријатија (21). Во индустријата за преработка на овошје и зеленчук нема големи претпријатија, што се должи на сезонскиот карактер на производството, што пак од своја страна создава можности само за сезонско вработување. Ова беше истакнато на редовната пресконференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Конзервната индустрија со потенцијал за пораст на извозот на преработки од зеленчук и овошје“ (7.10.2013 година). Производството во 2012 година се движи околу 45.000 тони готови производи, од кои 90% или околу 40.000 тони се преработки на зеленчук, кои во однос на 2005 година се поголеми за 122% кога изнесуваа 18.000 тони, а за 25% од истите во 2008 година, кога изнесуваа 32.000 тони преработки од зеленчук. Реализираниот извоз на преработки од зеленчук од околу 32.000 тони во 2012 година, во однос на 2005 година е поголем за 130%, кога изнесуваше 14.000 тони, а во однос на 2008 година за 24%, кога изнесуваше 25.500 тони, со девизен прилив од околу 40 милиони САД долари. Во однос на 2011 година, извозот беше скоро на исто ниво како кај количинскиот од околу 33.000 тони, така и кај вредносниот извоз од околу 51-52 милиони САД долари. Во првите седум месеци годинава забележани се позитивни трендови во извозот кај оваа група на производи, или извезени се 15.100 тони, со раст од 10,2% во однос на лани (кога изнесуваше 13.700 тони), а вредносно остварен е девизен прилив од 24,6 милиони САД долари, со раст од 13,4% во однос на истиот период лани, кога изнесуваше 21,7 милиони САД долари. Остварениот раст главно се должи на порастот кај следната група преработки: • Друг зеленчук, приготвен или конзервиран, освен во оцет или оцетна киселина, несмрзнат - количински извоз од 5.700 тони со раст од скоро 10,6% во однос на 2012 година, кога изнесуваше 5,150 тони, а вредносно прилив од 10,6 милиони САД долари, со пораст за 14% ( 9,3 милиони САД долари во седумте месеци 2012 година); • Друг зеленчук приготвен, освен во оцет, замрзнат - количински извоз од 5.200 тони со раст од скоро 18% во однос на седумте месеци 2012 година, кога изнесуваше 4.400 тони, а вредносно прилив од 6,7 милиони САД долари, со пораст за 17,5% ( 5,7 милиони САД долари во седумте месеци 2012 година); • Зеленчук, друг, замрзнат и бланширан - количински на исто ниво од 3.900 тони, но вредносно прилив од 4,3 милиони САД


БИЗНИС ИНФО

15

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

СОСТОЈБИ •

долари со пораст од 16,2% (3,7 милиони САД долари истиот период лани); Друг зеленчук приготвен, освен во оцет, замрзнат - количински 175 тони со раст за скоро 4 пати повисок во однос на 2012 година, кога изнесуваше само 36 тони, а вредносно прилив од 750.000 САД долари со пораст од скоро три пати (201.000 САД долари во седумте месеци 2012 година);

Потенцијалот за производство и извоз на преработки е многу поголем од прикажаниот. Во периодот од 2003 година наваму оваа индустрија бележи постојан пораст во производството, главно поради зголемената побарувачка на странските купувачи за македонски преработки, како и порастот на потрошувачката на истите на домашниот пазар, како резултат од развивање на трговските синџири на мало и промените на начинот на живот на населението (купување на преработени производи наместо нивно подготвување дома). Сепак, расположивиот капацитет на претпријатијата за преработка на овошје и зеленчук од околу 130.000 тони готови преработки на годишно ниво, се користи само колу 35%, или се произведуваат околу 45.000 тони готови производи, од кои 90% се преработки на зеленчук. Конзервната индустрија е речиси целосно зависна од домашното производство и од понудата на земјоделски производи и во целост се потпира на аранжманите со индивидуални земјоделци, претпријатија и задруги. Цените значително варираат во зависност од побарувачката за свежи земјоделски производи во регионот и поголемото или помало производство во земјата. Тоа претставува сериозна пречка што ја оневозможува индустријата да го достигне својот полн потенцијал и да се впушти во поголеми извозни договори. Во просек, само 40-50% од потребните суровини за индустријата се однапред договорени и се испорачуваат од производителите/трговците). Недостигот на капацитети за ладење и складирање кај преработувачите е уште една голема пречка што оневозможува подобро организирање, планирање и извршување на производните планови. При тоа, посебна карактеристика за оваа индустрија, која ја издвојува од повеќето други индустриски дејности, е единствениот нејзин ограничувачки фактор - недостиг на суровина за преработка. Имено, оваа индустрија, долго време позиционирана на пазарите во рамките на ЦЕФТА и ЕУ, се карактеризира со: • поголема побарувачка на пазарот од понудата за повеќето нејзини производи (ајвар, лутеница, конзервирани домати, краставици корнишони, конзервирани пиперки), односно има пазар за поголемо производство и извоз ; • олеснет пристап за обртни средства, преку кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи во износ од 10,7 мил. евра, од која досега се искористени само 5,9 мил. евра, со најава за олеснет приста од постојниот за нивно користење; • нови олеснителни можности ќе понуди и најавениот нов инструмент „Осигурување на кредитите за подготовка на извоз“; • надминат е проблемот со сезонските работници - законски се отвори можност за ангажирање на сезонски работници во рок од 3 месеци без притоа да има потреба од објавување оглас за вработување, а пријавувањето и одјавувањето на сезонските работници да се прави по електронски пат. Поради сето тоа, за оваа индустрија останува единствениот ограничувачки фактор - недостиг на пиперка - ајварка и недостиг на индустрискиот домат за преработка, и покрај значителната суровинска база на зеленчук во нашата земја. СУРОВИНСКА БАЗА Околу 30-40 % од домашното производство од околу 600.000 тони зеленчук, или околу 250.000 тони се користи за домашна потрошувачка, 130.000 – 140.000 тони се извезува, а околу 150.000 - 160.000 тони се преработува во конзервната индустрија. Во извозот на свеж зеленчук, од околу 130 - 135.000 тони во 2012 година (во вредност од околу 50 милиони САД долари), околу 55% отпаѓа на доматот и пиперката (35-40.000 тони извоз на доматот, а околу 30-35 000 тони на пиперката).


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

СОСТОЈБИ Производ Пиперки Домати Зелка Компири Вкупно

Производство во тони 2005 2006 127.472 127.800 116.663 119.336 80.804 78.868 190.432 194.419 515.371 520.423

2009 145.711 145.395 87.573 204.717 583.396

2012 166,248 146,000 94.000 168,859 575,000

2012/2011 130,4 125,1 117,5 89,0 11,6

Иако производството на пиперка во 2012 година од 166.300 тони бележи раст за 30% во однос на 2005 година, а на доматот за 25%, сепак побарувачката за индустриската пиперка - ајварка и индустрискиот домат за конзервната индустрија е значително поголема во однос на понудата, а посебно тој јаз се зголемува кога побарувачката во странство за истите во свежа состојба е поизразена, на која тенденција укажуваат извозните резултати во првите седум месеци годинава.

Производ

Компир Домати Кромид Зелка Морков Друг зеленчук Вкупно

Извоз на свеж зеленчук 1-7 2013 во 1-7 2012 во тони тони

3.100 17.700 5.200 45.000 9.300 6.300 86.600

1.870 20.500 11.500 47.000 6.500 5.200 92.570

Индекс на количина 2013/2012 165,7 86,3 45,0 95,7 143,0 121,1 93,6

Индекс на вредност 1-7 2013/ 000 САД долари 1.850 11.000 1.800 14.000 5.000 2.800 38.275

Индекс на вредност 1-7 2012 000 САД долари 830 12.500 2.100 11.000 3,150 2.700 33.780

Индекс на вредност 2013/2012 222,8 88,0 85,7 127,2 158,7 103,7 113,3

За седумте месеци годинава извезени се вкупно 86.600 тони свеж зеленчук, 6,4% помалку од лани, со девизен прилив од 38,3 милиони САД долари, кој е за 13,3% повисок од истиот лани во услови на намален количински извоз. Тоа упатува дека извозните цени се поатрактивни, поради што се очекува тенденција позначаен дел од оваа суровина, посебно кај индустрискиот домат и пиперката ајварка, годинава да се пласираат на странските пазари. Тоа ќе услови производство и извоз на преработки од зеленчук на ланско ниво и покрај сите можностите за остварување на позначаен раст, согласно пазарната побарувачка на истите.

Постојан избран суд - Арбитража Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. Контакт: М-р Татјана Штерјова; тел: +389 (02) 32 44 065; e-mail: tatjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

17

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

АКТИВНОСТИ Јавна презентација на лаборатории

БЕНЕФИТ ЗА СТОПАНСТВОТО И ЗА СТУДЕНТИТЕ

Во рамките на Проектот на Владата на Република Македонија „Опремување на лаборатории за научноистражувачка и апликативна дејност“, што се реализира преку Министерството за образование и наука, на 4 октомври 2013 година, деканот на Машинскиот факултет при УКИМ - Скопје, д-р Атанас Кочов, изврши презентација на три лаборатории. Беа презентирани: • Лабораторија за мехатроника; • Лабораторија за обликување со деформација и брзи прототипови и • Лабораторија за вибрации и бучава. Пред присутните стопанственици деканот истакна дека лабораториите претставуваат можност да бидат во функција на студентите, а пред се` истите да бидат во функција на стопанството. Со новите лаборатории овозможено е користење на нови високо квалитетна опрема, високо стручен кадар, пониски цени споредбено со конкуренцијата кои имаат слични опреми, подигање на свеста и зачувување на соработката меѓу универзитетите и реалниот сектор и учество на заеднички проекти. Војкан Николовски

На Саемот за кариера во Прилеп се одржаа неколку панел-расправи

„ЗНАЧЕЊЕТО НА КОНТИНУИРАНОТО УЧЕЊЕ ВО ПРОФЕСИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ НА МЛАДИТЕ“ На првиот работен ден на Саемот за кариера и вработување во Прилеп (2.10.2013 година) се одржа панелот на тема: „Значењето на континуираното учење во професионалниот развој на младите“. Панелисти беа претставници на Бизнис центарот за тренинг и обука, Стопанската комора на Македонија, Бизнис конфедерацијата, претставник од компанијата „Идеал Шипка“ и практиканти. На панелот беа разменети искуства меѓу различните институции поврзани со праксата и континуираното усовршување на младите луѓе. Од голема важност е да се организираат вакви настани каде на едно место можат да се најдат и работодавачите и младите луѓе. Ваквите состаноци придонесуваат за зголемување на вработеноста кај младата популација во државата и им се подобруваат шансите за нивното кариерно напредување. Саемот беше поддржан од USAID, Агенцијата за вработување на Република Македонија и oпштина Прилеп. На првиот работен ден на Саемот беа организирани уште две панел-расправи на тема: „Потребите и предизвиците на пазарот на трудот“ и „Потенцијалите за „зелени“ работни места во рамките на проектот УСАИД и Хабитат Македонија“. М-р Борис Тримчев


БИЗНИС ИНФО

18

ТРЕНИНЗИ

АРХИТЕКТИ И ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ ПРЕСМЕТУВАА ГОДИШНИ ПОТРЕБИ ЗА ГРЕЕЊЕ ОБЈЕКТИ

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

Семинар за практична примена на Парвилникот за енергетски карактеристики на згради

Во Комората се одржаа семинари (3.10 и 8.10.2013 година) на тема: “Практична примена на Парвилникот за енергетски карактеристики на згради”, кој е објавен во “Службен весник на РМ” бр.94 од 04.07.2013 година. Правилникот се однесува на сите видови згради, како на новоградби, така и на постоечките. Минималните барања за енергетските карактеристики треба да ги дефинираат годишните потреби на зградата од енергија за греење на корисната површина, изразени во kWh/m2a. -Постапките за исполнување на критериумите од Правилникот бараат тимска работа на стручни лица од повеќе области (урбанисти, архитекти, градежни физичари, машинци, електроинженери), односно тоа е мултидисциплинарна работа со примена на низа македонски (МКС EN ISO) стандарди за интегрирано проектирање, истакна д-р Петар Николовски, предавач на семинарите. Целта за организирање на семинарите беше учесниците да се запознаат со делот во Правилникот којшто се однесува на градежната физика, односно на потребните пресметки на градежните конструкции и компнентите од обвивката на зградата и зградата како целина, кои се во интересна сфера, пред сè, на архитектите и градежните инженери. На двата семинари учествуваа околу педесетина архитекти и градежни инженери, а преку интерактивна форма и преку практични примери и пресметувања, беше овозможено нивно запознавање со критериумите и исполнување на барањата во Правилникот. Низ практични примери, чекор по чекор, се апсолвираа основните пресметки на коефициентите на пренесување на топлина (вредности U) на сите видови градежни конструкции, вкупни специфични топлински загуби со трансмисија и, преку анализа на компактноста на зградата и климатските елементи, се пресметаа крајните годишни потреби од енергија за греење на корисната површина на зградата. Учесниците од секој семинар, на крај искажаа интерес за продолжување и продлабочување на знаењата од градежната физика, а посено беше искажан интерес за организирање семинар/обука за имплементирање на критериумите од Правилникот на еден комплетен проект на објект. При пресметките, беше побарано да бидат земени во предвид сите критериуми за постигнување на целта, а тоа е добивање на пресметки за годишни енергетски потреби за греење и класификација на објектите. Марија Петроска


19 Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ за Клиниката за гинекологија

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ЗА НОВОРОДЕНЧИЊАТА СОБРАНИ НАД 580.000 ДЕНАРИ

Повеќе од 580.000 денари се собрани на 6.10.2013 година на традиционалниот хуманитарен пикник кој трета година по ред го организира фармацевтската компанија „Алкалоид“ АД Скопје. Генералниот директор на „Алкалоид“ и претседател на Управниот одбор на компанијата, Живко Мукаетов, рече дека вработените на „Алкалоид“, како и членовите на нивните семејства, ја покажале нивната хуманост преку донирање 200 денари за маичка преку фондацијата „Трајче Мукаетов“. -Како компанија ја покажавме нашата општествена одговорност со донирање 200 денари за маичка. Средствата ќе бидат донирани за новороденчињата на Клиниката за гинекологија, истакна Мукаетов. Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Марија Хаџи Лега се заблагодари за донацијата и за несебичната поддршка и помош од страна на компанијата. - Со донацијата значително ќе се придонесе во подобрување на грижата за новородените дечиња кои во најголем број доаѓаат на свет на Клиниката. Средствата ќе бидат употребени за подигнување на нивото на грижата за овие новороденчиња и тоа пред се за грижата за предвремено родените деца, додаде Хаџи Лега. Во септември минатата година вработените на „Алкалоид“, како и членовите на нивните семејства ја покажаа хуманоста на дело до донација од 572.300 денари собрани во рамки на вториот хуманитарен пикник. Тие средства беа донирани за набавка на медицински материјали и опремување на одделите за детска онкологија и детска имунологија на Клиниката за детски болести. (МИА)

Македонска дизајнерка со најдобра етикета за шардонето на „Тиквеш“

BРВНОТО ВИНО ПОТИКНА ГОЛЕМА КРЕАТИВНА ИНСПИРАЦИЈА Креативното решение на Дијана Димитриевска од Македонија ја доби првата награда на меѓународниот повик што го организираа Skopje Design Week и винарската визба „Тиквеш“ и ќе биде новата етикета на виното Шардоне на ВВ „Тиквеш“ од бербата 2013 година. Во винарска визба „Тиквеш“, задоволни од квалитетот и креативноста на пристигнатите дизајнерски решенија од четири континенти, го зголемија бројот на наградените и вредноста на наградниот фонд, од првичните 500, на 5.000 евра.


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА - Големиот број квалитетни креативни решенија ги надмина и нашите најоптимистички предвидувања. Ова е најдобар показател дека врвното вино на „Тиквеш“ поседува високи вредности кои будат креативна инспирација не само кај домашните, туку и кај дизајнерите ширум светот. Тоа не мотивираше да го зголемиме наградниот фонд, зашто „Тиквеш“ е компанија која знае да го цени и соодветно да го награди квалитетот,- изјави маркетинг менаџерот на ВВ „Тиквеш“, Елена Младеновска Јеленковиќ. На повикот објавен пред два месеца конкурираа 247 креативци од 29 земји. Во „Тиквеш“ пристигнаа вкупно 463 решенија. Наместо една награда од 500 евра, доделени се шест, 1.500 евра за најдоброто решение, две награди од по 1.000 евра за второпласираните и три награди од по 500 евра за третопласираните дизајни. Покрај паричните награди, најдобрите дизајни добиваат можност да бидат аплицирани на врвните производи на „Тиквеш“ кои во иднина ќе се продаваат во земјава и светот.

Проценки на Глигор Бишев, претседател на УО на Шпаркасе банка

ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ЌЕ ДОНЕСЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КРЕДИТИРАЊЕТО НА ФИРМИТЕ Банкарите очекуваат во наредниот период да се зголеми кредитирањето на компаниите, со оглед на најавите за поголема економска активност. Глигор Бишев, претседател на УО на Шпаркасе банка вели дека кредитниот раст оди заедно со економскиот раст. - Со обновување на економската активност во Република Македонија, ќе се забрза и кредитната активност, изјави Бишев нa прес-конфернеција во Шпаркасе банка на која промовираше нови производи кои на клиентите ќе им овозможат да можат да подигаат средства од банкоматите на банките членки на Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата во 10 земји во регионот. Економијата во првите два кваратала од годинава има просечен раст од 3,4 проценти. И Владата и Народната банка очекуваат поголем раст од проектираниот и тој да биде над три отсто. Во август, податоците на НБРМ покажуваат дека има стагнација на кредитната активност, при што има пад на кредитирањето на корпоративниот сектор, а раст и поддршка на населението. Шпаркасе банкa разгледува нов модел за кредитирање кој ќе ги опфати приходите на сите членови од потесното семјество на барателот на кредитот.(МИА)


21 Најави за реформи на Лисабонскиот договор

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

ВИЗИИ

ЕВРОПСКАТА УНИЈА СТАНУВА ФЕДЕРАЦИЈА!

На иницијатива на неколку угледни европски парламентарци во септември 2010 година основана е групата Spinelli со цел промовирање на федерализација на ЕУ, и со испратен повик за приклучување на граѓаните на оваа идеја и нејзината реализација. Пред две недели можевме да го чуеме Жозе Мануел Баросо, претседател на ЕК, како изјавува дека единствениот начин за натамошен опстанок на ЕУ е нејзината - федерализација! На 3 октомври 2013 година Spinelli групата и германската тинк-танк организација Bertelsmann Stiftung, на специјално организираниот настан, во Центарот за уметност во Брисел, “Бозар Центар”, објавија документ за реформа на Лисабонскиот договор во форма на Нацрт, со наслов Основен закон на Европската Унија (‘A Fundamental Law of the European Union’). Документот веќе има прекар “Договор Бозар”. Во неговото претставување на 9 страни во кои беа обзнаени суштинските промени, беше потенцирано дека, во неговата подршка во рамкитe на Spinelli групата застанале 210 пратеници од четирите парламентарни политички групи. Најавено е дека Конвенцијата за амандмани на Лисабонкиот договор би можела да започне пролета во 2015 година. Согласно документот, Европската Унија се дефинира како федерација на земји членки. Тие се со обврска да ги почитуваат “европските вредности”. Европската комисија станува Европската влада, додека Советот, во кој седат земјите членки, станува втор дом на Парламентот. Комисијата е одговорна за двата дома (Европскиот Парламент и Советот). Советот и Парламентот се со ограничени законодавни иницијативи. Се укинува ротирачкото претседателство. Бројот на членовите на Комисијата се намалува, а претседател на комисијата одлучува за номинирање на комесарите. Некој од парламентарците ќе бидат избрани во пан-европските изборни подрачја врз основа на транснационалните листи. Еврозоната ќе има одделен буџет, но без посебни институции. Креирана е новата категорија “придружна земја членка”. Моќта на Европската централна банка се зајакнува. Можен е заеднички долг врз основ на строги правила. Едногласност за промените на Договорот повеќе нeма да се бара. Документот за федерализација на Европа се базира на “Grudgesetz” – основниот закон или Уставот на Германија од 1949 година, кој се уште е на сила иако тогаш беше донесен како времен акт. Тој се базира на децентрализација на федералните држави. Германските Социјалдемократи се залагаат за силни ЕУ институции, додека Меркел е на ставот за одделни договорни аранжмини за решевање на проблемите кога ќе се појават. Еве ги чекорите кои ќе следат: • 22-25 мај 2014: Европски избори во 28 земји членки; • 1 ноември 2014: Новатa Европска комисија го превзема мандатот • Пролет 2015: Федералистите предлагаат лансирање на Конвенцијата за реформа на Европските договори. Љубица Нури


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Обука

“ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД” 11 септември – 30 октомври 2013 год., (11,18,25, септември, 2,9,16,24,30 октомври 2013 година) 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија доби овластување – Решение од Министерството за животна средина и просторно планирање да врши обуки за полагање на стручен испит за управување и /или постапување со отпад. Решението потпишано на 13.03.2012 година од министерот за животна средина значи дека Стопанската комора на Македонија се овластува да ја реализира програмата за обука за полагање на стручен испит за управување и /или постапување со отпад во вкупно траење од 50 часа. По завршување на обуката, Стопанската комора на Македонија се обврзува на посетителите на обуката да им издаде потврда за учество во обука за стручно оспособување за управување и /или постапување со отпад. Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад? Согласно со членот 21 од Законот за управување со отпад компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад се должни да назначат најмалку едно стручно оспособено лице управител за отпад. • • • • •

• •

Кои се задачите на Управителот со отпад? Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад; Да води евиденција и изготвува извештаи; Да ја спроведува годишната програма на својата компанија; Да го контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад; Да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија. Што треба да поседува Управителот со отпад? Потврда за стручна оспособеност и Уверение за положен стручен испит за вршење на управување со отпад.

Управителот со отпад треба да поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. За да се стекне со Уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Но, за да се пријави за полагање на стручен испит, кандидатот задолжително треба да посетува Обука со која се стекнува со Потврда за стручна оспособеност за управување и / или постапување со отпад. Кој може да стане Управител со отпад? Услов за полагање на стручниот испит е кандидатот да има високо образование со тригодишно работно искуство или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина. Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 50 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето тоа ќе биде придружено со практични примери релевантни за кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и изготвувањето на програмата. Кој ја спроведува обуката? Стопанска комора на Македонија е овластено правно лице за спроведување на обуката. Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад.

Времетраење на обуката: 8 недели, еднаш неделно X 6 часа. Учесниците на обуката ќе добијат сеопфатен материјал за подготовка на стручниот испит и Потврда за учество во обуката за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад.

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

„ШТО СE ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ВОНСТЕЧАЈНА РЕОРГАНИЗАЦИЈА СПОРЕД ПОСЛЕДНАТА НОВИНА ВО ЗАКОНОТ ЗА СТЕЧАЈ?“ 15.10.2013 година (вторник) 9:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5ти кат Стопанската комора како асоцијација на стопански субјекти, во рамките на извршување на своите активности активно ги следи состојбите во стопанството и мерките за подобрување на деловната клима. Меѓу нив, најзначајни се мерките кои ги донесува Владата на РМ за измена на легислативата која овозможува решавање на економско-финансиските проблеми на кои наидуваат стопанските субјекти во текот на своето работење. Една од таквите мерки е измената и дополнувањето на Законот за стечај каде што освен одредбите кои се поврзани со текот и водењето на стечајната постапка, се и мерките за реорганизација на стопанските субјекти пред отворање на стечајна постапка. Поради важноста на новите законски решенија коишто за прв пат се воведуваат во стечјаното законодавство, Стопанска комора на Македонија организира семинар на тема: „Што сe треба да знаете за вонстечајна реорганизација според последната новина во Законот за стечај?“ Содржина Семинарот ќе им овозможи на учесниците на интерактивен начин, преку дискусии, коментари и прашања да се запознаат со последните измени и новини во Законот за стечај, а меѓу другото, особено внимание ќе биде посветено на: • Согледување на состојбите и потребата за донесување на новините со осврт на најзначајните измени; • Влијание на вонстечајната и стечајната реорганизација на должникот; • Содржина на планот за реорганизација; • Постапка за поднесување на план за реорганизација во претходна постапка. Предавачи Томе Велковски, кој моментално е на позиција раководител на Одделението за стечај при Министерството за економија, дипломиран правник, а поголемиот дел од својата кариера ја гради во областа на стечајната проблематика. Во текот на неговото професионално искуство има работено како заменик директор на Агенцијата за работа со блокирани сметки во 2002 и 2003 година и како заменик директор на Агенцијата има поднесено над 1000 предлози за отворање на стечајна постапка над фирми со блокирани сметки. Кратко време работел во УЈП Генерална дирекција како раководител за блокирани сметки и стечајни постапки. Во Министерството за економија работи од 2004 година, како раководител на Одделението за стечај до

Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk

денес. Член е на Работната група за изработка на текстот на Законот за стечај во 2005/6 година; организатор на основачкото собрание на Комората на стечајни управници, член на Комисијата за обука на кандидати за стечајни управници и член на Комисијата за полагање испит за стечајни управници. Господинот Велковски е учесник и организатор на едукации за стечајни управници, учесник на неколку конференции на Меѓународното здружение на стечајни практичари ИНСОЛ, член е на Работната група за изработка на текст на Законот за измени и дополнување на Законот за стечај во 2013 година. Дејан Костовски, во својата кариера има работено како судија во Отсекот за работни спорови, стопански спорови, а учествувал во основањето и бил раководител на Отсекот за стечај и ликвидација во Основниот суд Скопје I. Како судија, меѓу другото, работел на предмети кои се однесуваат на спроведување на постапка за ликвидација на трговските друштва, посебно на претпријатијата основани според Законот за претпријатија кои не го усогласиле своето работење со Законот за трговските друштва, како и предмети поврзани со приватизација на општествениот капитал. Во врска со стручното оспособување како судија специјализиран за стечајни постапки посетувал и успешно завршил: • обука посветена на стечајна реформа, закон и практика организирана од Институтот за интернационален развој на правото (ИДЛИ) во Рим, Италија и Здружението на правниците од стопанството на Република Македонија; • тренинг за стечајната постапка во САД во периодот од 15 дена во декември 1998 година во Темпи Аризона, САД, организирана од УСАИД. Во текот на неговото богато искуство има работено на бројни проекти поврзани со стечајната проблематика, има учествувано на меѓународни и регионални конференции, а особено е важно неговото учество во изработката на закони и подзаконки акти од областа на стечајот, како и учеството во Комисијата за лиценцирање на стечајните управници. Работен јазик на семинарот: македонски јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • ручeк и освежување; • сертификат за присуство на семинарот. Пријавување до 11 октомври 2013 год.

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


bsi.

ISO 9001

БИЗНИС ИНФО

Quality Management

FS 549642

M

A

D CE ON

IA

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

EconomicECONOMIC ChamberCHAMBER of Macedonia M M

A II A

AA

OF MACEDONIA

D CE ON

Excellent

Small & Medium Enterprises

Excellent

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Што претставува сертификатот Excellent SME? Сертификат Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење кој го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE , за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија.

A

M

IA

IA

M

A

Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната EDON C транспарентност. Исто така, тој ќе D CE ON им помогне на клиентите и бизниспартнерите да го намалат финансискиот Small & Medium Enterprises и другите ризици кога склучуваат ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA деловни договори.

Exce

Excellent

Small & Medi

Excellent Economic Chamber of Macedo Small & Medium Enterprises AA

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA EDO M M

M

D CE ON

C

N

A II A

Т: (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W: excellent-sme.mchamber.mk

IA

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

A

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното – бонитет на компанијата. ECONOMIC CHAM

Excellen

Small & Medium Enterpr

ECONOMIC CHAMBER OF MACED


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 16 октомври 2013 година тркалезна маса , во Ера Сити центарот, на Скопски саем

„МЕТАЛНИОТ КОМПЛЕКС - СТРАТЕШКА ГРАНКА ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ЕКОНОМИИ И ЕКОНОМИЈАТА ВО ЦЕФТА-РЕГИОНОТ” Согласно усвоената програма на заедничкиот партнерски проект ЦЕФТА-ДИХК, Стопанската комора на Македонија организира тркалезна маса за металниот сектор на тема: „Металниот комплекс - стратешка гранка за развој на националните економии и економијата во ЦЕФТА-регионот”. Конференцијата, којашто е посветена на бизнисзаедницата, стопанските комори, бизнис-асоцијациите, владини претставници и носителите на одлуки, ќе се одржи на 16 октомври 2013 година во Скопје, во Ера Сити центарот, на Скопски саем, во согласност со приложената агенда. Стратегијата 2020 за ЈИЕ, цели, меѓу другото, кон раст на вработеноста преку зајакнување на индустриската база во регионот, унапредување на извозот на високо финализирани производи и кон зголемување на интрарегионалното вмрежување на производството. Тркалезната маса се очекува да ги идентификува состојбите во металниот комплекс во ЦЕФТА-регионот, проблемите и предизвиците, како и да испорача препораки до владите овој комплекс да прерасне во движечка сила за очекуваниот развој во регионот. Со оглед на фактот што во металниот сектор доминира производството на полупроизводи од метал, делови и прибор за извоз, овој сектор е под силно влијание од развојот на регионалните и глобалните пазари, од обемот на надворешната побарувачка која е директно поврзана со тенденциите на инвестициони активности во глобални рамки. Во овој контекст е важноста на промовирањето на трговијата меѓу земјите од ЦЕФТА-регионот и отстранување на какви и да било бариери. Следствено на горенаведеното, тркалезната маса ќе се фокусира на условите во овој значаен производствен комплекс во регионот, особено низ призмата на глобалната економска криза, потенцијалите за развој, бизнис- релациите на компаниите во регионот и можностите за заеднички настап на трети пазари. Стопанската комора на Македонија има задоволство да ги покани сите заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество најдоцна до 11.10.2013 година, на е-адресите дадени подолу.

Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk

Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: vojkan@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

„МОДЕЛИ НА ЗАРАБОТКА И МЕТОДИ ЗА ПРОЦЕНКА НА РЕЗУЛТАТОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ“ 17 - 18.10.2013 година (четврток – петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4ти кат

Мерење на учинокот и соодветна проценка на резултатот на вработените овозможува полесно да ги воочите предностите и слабостите на членовите на Вашата организација, а со тоа да ја зголемите продуктивноста на долг рок. Користа од методите за проценка на резултатите е важна за работата на компанијата најмногу поради поттикнувањето на ефикасноста и ефективноста на вработените преку создавање на позитивен натпреварувачки дух. Цел на семинарот: претставување на применливи методи за мерење на учинок и модели на заработка на вработените; анализа на методите и критериумите за проценка на работниот учинок на вработените; прикажување на најголемиот број практични критериуми и ефекти до кои доведува нивната примена анализа на поголем број прашалници. Методологија на работа: интерактивна обука; спој од предавања, анализи на модели, дискусии и практична работа. Се поттикнува разговор и поставување прашања од страна на учесниците за време на семинарот. Што добиваат учесниците: одлична основа за започнување на процесот за изработка и воведување во системот. Низ практични модели, но и пренесување на искуствата стекнати во изработката на системи во Србија и во странство, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со предностите од користењето на различни модели во зависност од позицијата. Учесниците добиваат: • • •

детално изработени модели на структура за исплата; систем за мерење на учинок во Excel формат; голем број на параметри и готови прашалници кои се користат во процесот на проценка на резултатите на вработените.

• • •

користа од воведувањето системи за мерење на работниот учинок; поврзување на системи на заработка и структури за исплата; модели за мерење на учинок и процес на воведување на системот.

Програма (втор ден): • анализа на прашалници; • анализа на модели на системи за мерење на учинок на вработените; • исплатливост на воведување систем за мерење на учинок; • методи на критични случувања; • Check листи; • дефинирање на клучните индикатори за успех; • развој на компетенции. Предавач: Иван Марковиќ Сениор партнер во „Zaposlenje Org“ од Белград и координатор на тимот за изработка на системи за мерење на учинок на вработените. Сертифициран предавач, специјализиран за менторски обуки. Преку соработката со голем број компании стекнал искуство поврзано со проблемите кои можат да се сретнат во процесите поврзани со изработка, водење и спроведување на системи за мерење на учинок кај вработените, а веќе година дена работи и на слични предизвици и проблеми кои можат да се сретнат во државниот сектор. Иван Марковиќ има богато искуство и како предавач во изминатите 8 години, со одржани повеќе од 300 обуки и семинари.

Програма (прв ден):

Работен јазик на семинарот: српски. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • ручeк и освежување; • сертификат за присуство на семинарот.

Пријавување до 14 октомври 2013 година.

основи на фиксни и варијабилни модели на заработка; практична анализа на моделите на заработка; Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk

Работна група: минимум 7 – максимум 15 учесници Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

„Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ, причини и услови за отказ; основи за престанување на важноста и за прекин на договорот за вработување; мирување на правата и обврските од договорот за вработување; плаќање на работата, задржување и порамнување од плата, надоместоци на плата; работно време, скратено работно време, распоредување на работното време, прекувремена работа, работа во смени, ноќна работа”

24.10.2013 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала1на V кат

Во рамките на семинарот опфатени се сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предмената проблематика. ПРОГРАМА: 1. Посебни случаи на одказ и забрана за одказ на договорот за вработување: -отказ од страна на работодавачот; -отказ од страна на работникот; -забрана за отказ поради бременост, раѓање и родителство; -престанување на важноста на договорот за вработување поради судска одлука; -престанување на договорот за работа поради трајна неспособност за работа; -прекин на договорот за работа поради старост; - мирување на правата и обврските од договорот за вработување. 2. Плата надоместоци и додатоци на плата: - плаќање на работникот; -основна плата, работна успешност и додатоци на плата; -минимална плата; -еднакво плаќање на маж и жена; -ден на плаќање на плата; -место и начин на исплаќање на плата; -задржување и порамнување од плата; -надоместок на плата. 3. Полно скратено работно време и прекувремена работа: - полно работно време; -прекувремена работа; -забрана за вршење работа подолго од полното работно време; -дополнително работење; -скратено работно време во посебни случаи; -скратено работно време во посебни услови. 4. Распоредување на работно време и ноќна работа: - распоредување на работното време; - прераспределба на работното време; -работа во смени;l

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

- право за распоредување на работно време; -пресметување на работно време; -ноќна работа; -право на работниците кои работат ноќно време; -ограничување на работа ноќно време; -консултирање на синдикатот; -ноќна работа на жените во индустријата и градежништвото. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник при Министерството за труд и социјална политика и - Злате Стојановски, раководител на одделение во држевната трудова инспекција, сектор работни односи. Пријавување до 21.10.2013 година

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.m


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 24 до 26 октомври 2013 година бизнис-средби на компании од информатичкокомуникациските технологии во Република Турција

“CEBIT EURASIA” ВО ИСТАНБУЛ Здружението на информатичкокомуникациските технологии и Европскиот информативен и иновативен центар при Стопанската комора на Македонија организира учество на софистицирани деловни средби за време на “CeBIT Eurasia”, во Истанбул, портата на евроазискиот ИКТсвет. Брокерскиот настан ќе се одржи на 100 квадратни метри, од 24 до 26 октомври 2013 година во Истанбул. “CeBIT Eurasia” претставува најважен саем на ИКТ-секторот во цела Евроазија и форма на меѓународен центар за поголемиот број ИКТ-пазари на Турција, Југоисточна Европа, Средниот Исток и регионот на Црно Море. Минатата година на “CeBIT Eurasia” имаше 1071 изложувач од 23 земји и над 143.000 посетители од целиот свет. Со ова е создаден најголем пазар со тесно поврзаните сектори со ИКТ, радиодифузија и сателитска комуникација. На “CeBIT Eurasia” учествуваат излагачи и посетители, кои се активни во следниве области: • светот на бизнисот (телекомуникаци, комуникациски и интернет услуги, автоматизација на канцеларија, картичка технологија, системски софтвер/услуги); • потрошувачка електроника (комуникациска технологија, РФИДтехнологија, мобилни картички системи, GPS и навигација, управување со сообраќајоот); Webcity / Е-здравје; дигитален живот (мобилни комуникациски и HD-светот); • телевизија, радиодифузија и сателитски комуникациски услуги и опрема (видео, аудио и осветлување, кабли, радио комуникациски системи, комуникациски услуги). Бизнис-средбите се бесплатни. Пријавување до 15 октомври 2013 година.

Лазо Ангелевски Ph: ++ 389 2 3244090 Fax: ++ 389 2 3244088 E-адреса: laze@mchamber.mk Web: www.mchamber.mk


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 28 до 31 октомври 2013 година саем во Руската Федерација

„ПЛАСТИЧНИ МАТЕРИЈАЛИ 2013“ ВО МОСКВА Посетата е во организација на Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската стопанска комора. Оваа саемска манифестација се одржува на секои две години и во 2011 година е одржана на вкупен изложбен простор од 28.000 м2, со над 600 компании учесници од 26 земји, со над 22.000 посетители професионалци во овие области, од кои 96% индустриски профили и национални штандови на Германија, Кина, Финска и Франција. На Саемот ќе имате можност да видите нови технологии и иновативни решенија од следниве области: - опрема и машини за обработка на пластика - екструдери и екструдерски линии; - шприцмашини; - опрема за лиење со притисок; - машини за термообликување ; - пост машини за обработка; - суровини и помошни материјали; - полимерни материјали и адитиви; - помошна опрема; - апарати за заварување; - тестирање на опрема и услуги; - системи за рециклирање; - пластични производи; - консалтинг и маркетинг услуги за пластична индустрија. Посетителот ги покрива трошоците за пат и сместување. Цена по лице: 849 евра (цената важи за потврда и уплата од 50% до 01.11.2013 година), во која се вклучени: - хотелско сместување во хотел со 4*, на база 3 ноќевање со појадок 27.10-30.10.2013 година, во двокреветна/трикреветна соба; - повратен авиобилет до/од Москва; - трансвери од аеродром до хотел и обратно; - аеродромски такси. Оваа цена е за група од минимум 15 патници. Доколку посетителот сака да престојува во еднокреветна соба за цел престој на посетата се доплаќа дополнително уште 105 евра по ноќ. Напомена: Цената на аранжманот ќе подложи на промена во зависност од рокот на пријавувањето, точното дефинирање на претставници од компании, како и од расположивите места во авиолетот. Посетителот ги покрива и административните трошоци кон организаторите – Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската стопанска комора (во износ од 5.990 денари за членки по лице, а 3.500 денари за втор пријавен учесник од компанија + ддв и 10.000 денари за нечленки по лице). Обезбедени се : бесплатни влезници; визи за престој без надомест ( 50 $ ). Пријавување до 11.10.2013 година. Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-портал: http://www.plastics-expo.ru/en/

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Моб. 070/295-439 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Дејан Бeшлиев Тел: ++ 389 2 3244027 Моб. 070/302-950 Факс:++ 389 2 3233370 E-адреса: marukomk@gmail.com


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 31.10.2013 до 2.11.2013 година во Мароко

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КОЖА ВО КАЗАБЛАНКА Учество земаат повеќе од 150 производители, национални и странски, со разновиден кожен асортиман. Овој интернационален саем е организиран од страна на Мароканската федерација на производители на кожа, а во партнерство со Министерството за надворешни работи и Центарот за промоција на извозот на Мароко. На површина од 8.000 м2, целта на оваа манифестација е да претстави повеќе од 150 излагачи од многу земји од светот. Тие ќе ги претстават своите колекции и производи во делот на: чевларската индустрија, кожа, предмети за транспорт, облека, додатоци, опрема и услуги. Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk

Дејан Бeшлиев Тел: ++ 389 2 3244027 Моб. 070/302-950 Факс:++ 389 2 3233370 E-адреса: marukomk@gmail.com

Од 4 до 9 ноември 2013 година во Бурса, Р. Турција

САЕМ ЗА МЕБЕЛ И ДЕКОРАЦИЈА „MODEF EXPO 2013“ Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Турција во Република Македонија – Трговското советништво, Ве поканува на организирани деловни средби и посета на саемската манифестација. На Саемот посетителите ќе можат да видат производи со најнови иновативни решенија од палетата на модерен, класичен и адаптабилен мебел, трпезарии, спални соби, детски соби, соби за тинејџери, фотелји, столици, табуретки, како и додатна опрема и галантерија. Како посетители на оваа манифестација можат да се пријават: продавачи и дистрибутери на мебел на големо и на мало, увозници, извозници, менаџери за професионални набавки, архитекти, дизајнери на ентериер, декоратери, индустриски дизајнери и др. Саемот може да го посети само 1 (еден) учесник од компанија, за втор, трет пријавен се доплаќа симболичен износ. Обезбедени се: - бесплатно сместување, 3 (три) ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5*), Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно); - бесплатни влезници за Саемот и - организирани деловни средби со компании од горенаведените дејности. Посетителот ги покрива патните трошоци, како и организационите трошоци кон Комората (4.000 денари за членки по лице, а 8.000 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 23 октомври 2013 година. За повеќе информации за „MODEF EXPO 2013“, посетете ја веб-страната: http://www.modef.com.tr/expo/en/altsayfalar/Fuar-Kunyesi.html или контактирајте не`. Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Моб. 070/295-439 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Ванчо Спасески Тел: ++ 389 2 3244095 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: vanco@mchamber.mk www.mchamber.mk


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 6 до 9 ноември 2013 година во Р. Бугарија

ШЕСТ САЕМСКИ МАНИФЕСТАЦИИ ВО СОФИЈА

- 13-та саемска манифестација за хотелска и ресторанска опрема „SIHRE“ - 12-та саемска манифестација за храна, пијалаци, пакување, машини и технологија „INTERFOOD & DRINK“ - 20-та саемска манифестација за месна индустрија „MEATMANIA“ - 10-та саемска манифестација за млеко и млечни производи „THE WORLD OF MILK“ - 20-та саемска манифестација за пекарска и кондиторска индустрија „BULPEK“ - 13-та саемска манифестација за вино и алкохолни пијалаци „SALON DE VIN“ Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот Интер Експо Центар, организираат посети на специјализираните изложби за хотелска и ресторанска опрема, за храна, пијалаци, пакување, машини и технологија, за месна индустрија, за млеко и млечни производи, за пекарска и кондиторска индустрија, како и за вино и алхохолни пијалаци, што ќе се одржат во периодот од 6 - 9 ноември 2013 година во Софија, Р. Бугарија. Во 2012 година настаните уживаа голема посетеност од посетители од централна и Југоисточна Европа, Грција, Турција, Србија, Македонија, Романија, Кипар, Италија, Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Чешка, Русија, Полска, Белгија, Унгарија, Украина, како и од земјите од Блискиот Исток. Во делот на 13-та саемска манифестација за хотелска и ресторанска опрема „SIHRE 2013“, интересот за посета ќе го најдат голем број сопственици и менаџери на хотелски синџири, мотели, угостителски компании, ресторани, пицерии ресторани, кафулиња и клубови, СПА и wellness центри, архитекти, дизајнери, инвеститори, чии интереси се насочени кон туризам, угостителство и услуги. Главни сектори на „SIHRE 2013“: • професионална кујна, бар, слатки, угостителска и трговска опрема; • хотелска и ресторанска опрема; • санитарно-хигиенска опрема и потрошен материјал; • фитнес и спа-опрема; • професионално чистење, машини за перење и за пеглање; • внатрешнен дизајн, пејзаж, архитектура и уредување на градини; • спортски терени и игралишта; • системи за безбедност и специјализиран софтвер; • работна облека и униформа. Во делот на 12-та саемска манифестација за храна, пијалаци, пакување, машини и технологија „INTERFOOD & DRINK“, како една од најзначајните национални и балкански професионални изложби на прехранбената индустрија, меѓународни компании и експерти од секторот на годишно ниво би можеле да ги видат новините во делот на производството на храна, пакување, технологии Профил на „INTERFOOD & DRINK“: • храна - слатки и чоколадни производи, растителни масла, маслинки и маслиново масло, конзервирана храна и готова храна, џемови, зачини, суво овошје, ореви, житарки и мешунки, сладолед, свежо овошје и зеленчук, мед и др. Производи; • пијалаци - чај, кафе, инстант пијалаци, минерални и изворски води, сокови, пијалаци врз основа на свеж сок, млечни алтернативи, итн.; • прехранбени адитиви, ароми, емулзии, стабилизатори, ароми,состојки, итн.; • машини и технологии за производство и преработка, професионална опрема за чистење, машини за пакување, системи за прочистување и третман на вода за пиење, за прочистување на природните, преработени и отпадните води, итн.; • опрема за складирање, полици, системи и внатрешни логистички решенија; • пакување - пластични гајби, кутии, палети, амбалажа, кеси, лепила, итн.; • специјализирани возила и машини. Специјалните изложби „БИОЗОНА и ФИТНЕС ЗОНА“ ќе се одржат четврта година по ред во партнерство со Бугарската асоцијација за органски производи и Бугарската органско-трговска асоцијација, и овој пат исклучиво се посветени на артикли само од органско производство со врвен квалитет: • храна; • пијалаци; • производи за бебиња и за деца; • козметика; • етерични масла; • Билки и зачини; • хигиенски потрошни атеријали; • ткаенини и облека; • мебел и додатоци; • диетална храна и пијалаци; • производи за дијабетичари; • додатоци во исхраната; • енергетски пијалаци; • храна и пијалаци за фитнес-програма и др. Во делот на 20-та саемска манифестација за месна индустрија „MEATMANIA“, која ќе се одржи под мотото „20 години на индивидуален стил” уште една година привлече бугарски и странски компании: производители, увозници и трговци на мало на месо и месни производи, машини и опрема, иновативни технологии, адитиви, машини за пакување, амбалажа, специјализирани возила, индустриски ѕидни облоги, потрошен материјал и др.

Профил на изложбата: • месо и месни производи; • деликатеси; • адитиви; • машини, опрема и технологии; • опрема за ладење; • пакување; • потрошен материјал; • специјализирани транспортни возила и др. На 10-та саемска манифестација за млеко и млечни производи „THE WORLD OF MILK“, која е голема специјализирана изложба на бугарската млечна индустрија, организирана од страна на Агенцијата „Булгарреклама“, во соработка со Здружението на млечни производи во Бугарија и Националната асоцијација на млеко, ќе учествуваат бугарски и странски производители на висококвалитетни млечни производи и специјализирана опрема, презентирање на предностите и квалитетите на последните секторски новитети. На 10-то издание се очекува повторно да се привлече вниманието на врвните увозници, дистрибутери и трговците на големо, покажувајќи квалитетни производи во следните групи: • млеко и млечни производи; • машини, опрема, технологии; • пакување; • специјализирана лабораториска опрема; • опрема за ладење; • специјализиран софтвер; • адитиви; • специјализирани возила; • резерви; • специјализирани транспортни возила и др. 20-та саемска манифестација за пекарска и кондиторска индустрија „BULPEK“ е единствената изложба за пекарство и кондиторска индустрија во Бугарија, организирана од страна на Федерацијата на лебопроизводителите и слаткари во Бугарија. Добро признатите традиционални и нови компании ќе покажат комплетни решенија за целиот циклус на производство на леб и кондиторски производи - од подготвување до пакување на крајните производи и атрактивна комерцијална презентација. Профил на „BULPEK“: • леб и пекарски производи; • производство на слаткарски производи; • состојки; • машини, опрема и ехнологии; • опрема за ладење; • специјализирана лабораториска опрема; • пакување; • материјали; • специјализирани возила; • специјализирана литература и др. На 13-та саемска манифестација за вино и алкохолни пијалаци „SALON DE VIN“, експерти и познавачи ќе ја искористат можноста да се запознаат и да вкусат вино и алкохолни пијалаци со највисока оценка, да видат презентации на нови селекции и брендови на уникатен вкус и арома, како и да се воспостават нови бизнис-партнерства. Енолозите и познавачите можат повторно да уживаат во традиционалните експонати на егзотични вина од Аргентина, Јужна Африка, Италија и од други земји. На претстојното издание, се очекува изложбата да привлече голем број бугарски и странски признати винарници, дистрибутери и трговци на мало, како и да се видат следниве производи: • најквалитетни вина; • нови селекции и брендови со уникатен вкус; • бутик вино – серија; • производи од грозје; • машини за миење садови и др. Обезбедени се: - бесплатни влезници за Саемот; - бесплатни каталози со комплетно портфолио на изложувачите; - деловни средби со изложувачите на барање на компанијата која ќе се пријави за посета на саемската манифестација; - пречек од страна на менаџментот на организаторите на саемската манифестација. Посетителот ги покриваат патните тошоци во износ од 8.300.00 денари за сместување во двокреветна соба по лице, додека за сместување во еднокреветна соба цената изнесува 9.850.00 денари. Во цената е вклучено: 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*; автобуски превоз; трансфери од хотел до саем и обратно. Доколку посетителот користи сопствен превоз, цената се намалува за 25 евра по лице. Понудата важи за група од минимум 10 патници. Исто така, посетителот ги покрива и административните трошоци кон организаторот – Комората (2.950 денари по лице - за членки на Комората, а 5.900 денари по лице - за нечленки на Комората).

Пријавување до 11.10.2013 година. За повеќе информации посетете го сајтот: http://iec.bg/en/events

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: natasa@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 14 и 15 ноември 2013 година бизнис - форум и средби во Виена, Австрија

“ИКТ НОВ РАЗВОЈ ВО ИНФОРМАТИЧКАТА И КОМУНИКАЦИСКАТА ТЕХНОЛОГИЈА” Enterprise Europe Network и Здружението на информатичко комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија организира учество на ЕЕН-настан “ИКТ - нов развој во информатичката и комуникациската технологија” во рамките на стратегијата на Дунавскиот регион. Настанот ќе се одржи од 14-15 ноември 2013 година во просториите на Стопанската комора на Австрија во Виена и во Линц. Секторите кои ќе бидат застапени на Меѓународните деловни средби се: • • • •

Информатичко комуникациски технологии (ИКТ) Е-здравство Е-фактурирање Е-влада

Учеството на Меѓународните деловни средби е бесплатно. На следниот линк: http://www.b2match.eu/danuberegionbusinessforum2013 , имате повеќе детали за настанот, за дневниот ред, а исто така и можете пријавите на средбите.

Меѓународни деловни средби на Саемот за претприемаштво, Р. Србија

,,БИЗНИС БАЗА 2013“, во Белград

Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организира учество на Меѓународните деловни средби на 27 ноември 2013 година во Белград, Република Србија. Настанот се организира во рамките на Меѓународниот саем за претприемништво „БИЗНИС БАЗА 2013“, што ќе се одржи од 27-29 ноември 2013 година, во хала 1 во Белградскиот саем. Секторите кои ќе бидат застапени на меѓународните деловни средби се: • градежништво и градежни материјали; • дрвна индустрија; • електроиндустрија и материјали; • метална индустрија; • рециклирање и обновливи извори на енергија и • механички инженеринг. Организацијата на настанот има за цел да иницира бизнис и технолшка соработка во продажбата и дистрибуцијата, лиценцните договори, заедничките вложувања, трговските договори со техничка поддршка. Вашата корист од учеството е: • идентификација на потенцијалните партнери пред регистрацијата за да се обезбеди посакуваната дискусија; • можност директно да се сретнете со потенцијалните партнери во текот на одржувањето на Саемот, за да разговарате за можната потенцијална соработка за комерцијално, технолошко и/или истражувачко партнерство; • помош од ЕЕН службениците за време на настанот.

Учеството на меѓународните деловни средби е бесплатно. Можете да се пријавите наследниот линк: http://bb2013.talkb2b.net Лазо Ангелевски Ph: ++ 389 2 3244090 Fax: ++ 389 2 3244088 E-адреса: laze@mchamber.mk Web: www.mchamber.mk


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 14 до 16 ноември 2013 година посета на две сдаемски манифестации во Анталија, Република Турција

ЗДРАВСТВЕН И СПОРТСКИ ТУРИЗАМ *Посета на 5. Инернационална саемска манифестација за здравствен туризам, Spa & Wellness, таласо, топлински и медицински иновации – „Аnfas Hetex 2013“, во Анталија, Република Турција и 2. саемска манифестација за спортски туризам Стопанската комора на Македонија во соработка со „Anfas Fair Management & Invesment Inc“ организира посета на Саемот со одлични бенефиции за компаниите кои сакаат да го посетат овој настан. Во 2013 година, „Anfas Hetex“ саемската манифестација планира фокусот да биде насочен кон потенцијалните клиенти директно инволвирани во овие дејности, како што се болниците, топлинските капацитети, Spa & Wellness објектите, хотелите, рекреативните центри, установи за геријатрија, туристичките агенции, центрите за естетска убавина и фитнес, осигурителни компании, претставници на медицински материјали и опрема, приватни медицински установи. На оваа изложба се очекуваат 10.000 професионални посетители кои ќе имаат можност да видат производи и услуги на 10.000 м2 изложбен простор. Во истиот период „Anfas Fair Management & Invesment Inc“ одржува и 2. саемска манифестација за спортски туризам наменета за хотели со спортски комплекси, спортски агенции, национални меѓународни спортски клубови, спортски центри, спортски организации, спортски федерации, спортски агенти, спортски медиуми, добавувачи на спортска опрема и др. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Anfas Fair Management & Invesment Inc“ – Анталија, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 14 - 16 ноември 2013 година, со авионски превоз и алтернативно во сопствена режија, по избор на компаниите. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4*или 5*); - локален трансфер (од аеродром до хотел и од хотел до саемскиот комплекс) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 25.10.2013 година.

За подетални информации посетете ги веб старните: www.anfashetex.com и www.anfassporturkey.com.

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Моб. 070/295-439 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Лазо Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 14 до 16 ноември 2013 година во Република Турција

„COMVEX ISTANBUL 2013“ и „LOGIST EURASIA 2013“ Саемот се одржува во соработка со Автомобилската асоцијација, Асоцијацијата на тешки комерцијални возила, Здружението за автомобилски делови и др. На Саемот „COMVEX ISTANBUL 2013“ посетителите ќе може да го видат: - возила за превоз на патници (автобуси, минибуси); - тешки комерцијални возила (камиони, приколки и полуприколки); - лесни комерцијални возила (пик-ап, миниван и др.); - моторни возила, дизел мотори и мотори на плин, системи за управување, греење и ладење, системи за кочници, системи за осветлување, тапацирани седишта, комуникациски системи, горива и масла, акумулатори, гуми, бандажи и др. Во делот на „LOGIST EURASIA 2013“ ќе се претстават: - транспорт, превоз и испорака; - патен, поморски, железнички и воздушен транспорт; - управување со магацин и складишта, царинска служба, информатичка технологија и комуникациска опрема; - компании за одржување и поправки, консултанстки услуги, образовни институции и др. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5* ) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и од хотел до саем) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 31.10.2013 година. За повеќе информации за „COMVEX ISTANBUL 2013“ и „LOGIST EURASIA 2013“, посетете ги веб-страните http://www.comvexistanbul.com/en/index.php и http://www.logist.com.tr/ Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: ++ 389 2 3244034 Моб. . 071/391-459 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: biljana@mchamber.mk


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 21 до 23 ноември 2013 година саем за кожна индустрија и крзно во Турција

„ IDF 2013“ ВО ИСТАНБУЛ

На саемот ќе има излагачи од локална и меѓународна професионална индустрија на кожа. На саемот посетителите ќе можат да видат: -Облека од кожа и крзно, - обувки, - торби и куфери, - кожна галантерија, - хемикалии за кожа, - машини за шиење на кожа, - додатоци,суровина и кожа,моден дизајн и др. - Ќе има модни ревии каде што ќе бидат прикажани највисоките трендови. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 21.11 - 23.11.2013 година, со автобуски превоз ( поаѓање на 20.11.2013 и враќање на 23.11.2013 година ) и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една koмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно како и трансфери од хотел до саем) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз – мсе плаќа само 45 евра), - како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Привавување до 08.11.2013 година За повеќе информации за Саемот за кожна индустрија и крзно- IDF 2013 посетете ја веб страната www. http://www.istanbulleather. com/ или контактирајте не. Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Моб. 070/295-439 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Лазо Ангелевски Сашо Деспотовски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 saso@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 18 до 22 ноември 2013 година во Руската Федерација

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА МЕБЕЛ И ДЕКОРАЦИЈА ВО МОСКВА Посетата ја организираат Стопанската комора на Македонија и Македонскоруската стопанска комора. Оваа саемска манифестација за мебел е најголемиот годишен настан и главен индустриски настан во Русија и Источна Европа. Секоја есен Expocentre ги обединува водечките глобални брендови и производители, дизајнери и внатрешни декоратори да ги покажат новите колекции и најдобрите модни елементи за мебел. На изложбата се презентирани најновите трендови на пазарот за мебел. На Саемот ќе имате можност да видите нови технологии и иновативни решенија од следниве области: 1. мебел за домување (дневни соби, комоди, гардеробери, ѕидни облоги и сетови од дрво, сетови за јадење со маси и столици, маси за кафе, мебел за домашно кино, мебел за спална соба и душеци, лежаи, гардеробери, тоалетни маси, рамки за кревети, наткасни, клупи за спални соби, детски соби, мебел за деца и млади, детски маси и столици, мебел за копјутерска опрема во детска соба, декорации, дизајн и мебел, канцелариски мебел за домашна употреба, дивани, фотелји, домашни библиотеки, кујнски мебел, модуларни кујни, пултови за појадок и шалтери за храна, шанк, маси и столици, колички за служење на храна, големи апарати за кујна, мини кујни, мебел за бања, мебел за ходници, лоби, претсобја од типот на вграден мебел, гардеробери со лизгачки врати, кревети на повлекување и подигање за заштеда на простор; 2. мебел за други намени во домот (мебел од дрво и бамбус, кован мебел, мебел од пластика, рачно изработен мебел, мебел за градина, етнички мебел, мебел за надувување и специјални прилики; 3. канцелариски деловен мебел (мебел за канцеларии и банки, канцелариски мебел системи, полици за книги, канцелариски библиотеки, датотека и кабинети за чување и архивирање на материјали, канцелариски клупи и конференциски маси за работни сали и кина, работни маси и столици, софи и фотелји, мебел за деловни ресторани и кафулиња, за хотели, СПА-салони, здравствени центри, фитнес-центри, мебел за болници, за специјална намена, метални шкафови, системи од полици, сефови, фотелји за масажа, мебел за сауни, билјард, мебел за карти и рулет маси, опрема за вино – енотеки и винарски визби); 4. модни додатоци, декорација и внатрешни елементи (врати, завеси, украсни прачки, скали, ролетни, желозини, вариолајт завеси, јапонски завеси, внатрешни предмети, вазни, часовници, слики, скулптури, лустери, ламби, сијалици, ѕидни обоги и декорации, теписи, килими, огледала, витраж прозорци, декоративни елементи, вазни, часовници, слики, текстилни додатоци, перници, обложувачи за кревети, декоративни прекривки, покривки за маса, текстил за бања); 5.материјали, составни делови и прибор (панел материјали за производство на мебел, лакови и бои, лепила и фиксатори, материјали за пополнување, ткаенини за мебел, кожа, составни делови, компонентни делови и опрема за лизгачки врати гардероби, компоненти и механизми за трансформирачки мебел, системи за електронски отворање и затворање, вградено осветлување, лајсни, фолии, производи за нега на мебел и реставрација, фурнир, граѓа, стакло за мебел; 6. ентериер и дизајн на мебел ( 3D внатрешен дизајн и моделирање, софтвер за дизајн на мебел CAD (Computer - Aided дизајн), опрема и алатки. Посетителот ги покрива трошоците за пат и сместување. Цена по лице: 849 евра (цената важи за потврда и уплата од 50% до 01.11.2013 година), во која се вклучени: - хотелско сместување во хотел со 4*, на база 3 ноќевање со појадок 17.11-20.11.2013 во двокреветна/трикреветна соба; - повратен авиобилет до Москва; - трансфери од аеродром до хотел и обратно; - аеродромски такси. Оваа цена е за група од минимум 15 патници. Доколку посетителот сака да престојува во еднокреветна соба за цел престој на посетата се доплаќа дополнително уште 105 евра по ноќ. Напомена: цената на аранжманот ќе подложи на промена во зависност од рокот на пријавувањето, точното дефинирање на претставници од компании, како и од расположивите места во авиолетот. Посетителот ги покрива и административните трошоци кон организаторите – Стопанската комора на Македонија и Македонскоруската стопанска комора (во износ од 5.990 денари за членки по лице, а 3.500 денари за втор пријавен учесник од компанија + ддв и 10.000 денари за нечленки по лице). Обезбедени се: бесплатни влезници; визи за престој без надомест (50 САД $). Пријавување до 01.11.2013 година. Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-портал: http://www.meb-expo.com/en/

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Моб. 070/295-439 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Дејан Бeшлиев Тел: ++ 389 2 3244027 Моб. 070/302-950 Факс:++ 389 2 3233370 E-адреса: marukomk@gmail.com


БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 20 ноември 2013 година во Словачка

„SLOVAK MATCHMAKING FAIR 2013„

Под покровителство на Агенцијата за инвестиции и трговија и Министерството за економија на Словачка, на

20 ноември 2013 година, во Братислава ќе се одржат бизнис-средби на словачки со странски компании „7th Slovak Matchmaking Fair 2013”. Целта на овој меѓународен настан е непосреден контакт преку билатералните средби на локални и странски деловни субјекти со цел воспоставување бизнис-релации и унапредување на трговската соработка. Настанот нуди уникатна можност малите и средни претпријатија да најдат нови извозни потенцијали за настап на надворешниот пазар. Земја-партнер на настанот е Руската Федерација. Главни сектори што ќе бидат претставени на овој реномиран настан се: - инженерство; - автомобилска индустрија; - електроника; - хемиска индустрија; - енергетика; - инфраструктура; - ИТ-сектор; - мебел; - прехранбена индустрија и др. Пријавување до 31 октомври 2013 година. Повеќе информации за настанот може да се најдат на интернет-страната: http://www.sario.sk/?7th-slovak-matchmaking-fair . Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 2 до 5 декември 2013 година, Меѓународен саем за земјоделие, сточарство, ефект на стаклена градина, земјоделска опрема и технологии во Република Турција

„GROWTECH EURASIA 2013“ ВО АНТАЛИЈА Оваа година по тринаесетти пат се организира еден од поголемите интернационални специјализирани саеми од ваков тип, на којшто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании, од 2 - 5 декември 2013 година, во Анталија, Р. Турција. Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Турција во Република Македонија – Трговското советништво, Ве поканува на организирани деловни средби и посета на Саемот. Меѓународниот саем за земјоделие, сточарство, земјоделска опрема и технологии „GROWTECH EURASIA 2013“, оваа година за прв пат ќе има изложби и презентации на иновации за ефектот на стаклена градина, системи за наводнување, семе, расад, ѓубрива и хемиски производи, уредување, органски земјоделски производи и услуги кои се докажано успешно позиционирани и вградени во националните и меѓународните платформи. Овој извонреден Саем за земјоделство е домаќин уште од 2001 година на посетители и излагачи од европските и балканските земји, од земјите на Блискиот Исток, од Северна Африка. Во 2012 година, Саемот беше домаќин на 612 национални и меѓународни изложувачи и 69.726 посетители во 35.000 квадратни метри саемски простор, а во 2013 очекува 20% повисоки показатели. Профил на излагачи: •Стаклена градина и стаклени отворени/затворени технологии: - емисии на стаклени градежни проекти; - стаклена градина, материјал и пластика; - стаклена градина, системи за вентилација и греење; - стаклени системи за наводнување; - стаклени системи за осветлување; - стаклена автоматизација. • Земјоделска механизација (отворена и затворена): - трактори и опрема; - земјоделски машини за отворен простор; - мали земјоделски машини; - системи за автоматизација; - машини за пакување и системи за производи; - магацински машини и системи; - средства за дезинфекција; - градежни машини; - косилки за трева и дополнителна опрема. • Семе - расадник (отворен/затворен тип): - семиња за зеленчук; - семиња за овошје; - семиња за трева и цветни семиња; - расадно производство; - ѓубрива; - останати земјоделски растенија; - зеленчук и овошје; - производство на млади растенија; - опрема. • Исхрана на растенијата и заштита (отворен/затворен тип): - раст на растенијата/регулатори; - заштита после жетва; - агрохемикалии; - фолија и наводнување на систем капка по капка; - ѓубрива од сите видови и производство на истите; - природни растителни култури. • Органско земјоделство (отворен и затворен тип): - органско производство и материјал на производителите;

-

органски земјоделски производи; - ѓубрива за органско производство; - органско земјоделство и институции за сертификација. • Системи за наводнување и опрема: - систем за наводнување капка по капка; - системи и прскалки за наводнување; - цевки и компоненти за ЈП; - пумпи за дозирање; - пречистителни станици; - опрема за истражување на почвата и водата. Како посетители се јавуваат лозари, земјоделци, сточари, сопственици на стаклени градини, сопственици, раководители, специјализирани работници на земјоделски фирми, дистрибутери, дилери, увозни компании, земјоделски институции, невладини организации и комори кои се поврзани со земјоделството, државни институции поврзани со земјоделството, меѓународни инвеститори, универзитети и др. Саемот може да го посети само 1 (еден) учесник од компанија, за втор, трет пријавен се доплаќа симболичен износ. Обезбедени се: - бесплатно сместување, 3 (три) ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5*), Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно); - бесплатни влезници за Саемот и - организирани деловни средби со компании од горенаведените дејности. Посетителот ги покрива патните трошоци, како и организационите трошоци кон Комората (4.000 денари за членки по лице, а 8.000 денари по лице за нечленки на Комората). Рок за пријавување најдоцна до 19 ноември 2013 година. За повеќе информации за Меѓународниот саем за земјоделие, сточарство, ефект на стаклена градина, земјоделска опрема и технологии “Growtech Eurasia 2013” во Анталија, посетете ја веб-страната: http://growtech.com.tr/en/, или контактирајте не`. Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Контакт: Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vasko@mchamber.mk


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 5 до 7 декември 2013 година во Турција

“PLAST EURASIA ISTANBUL 2013” На саемот на кој ќе можат да се видат: - Машини за пластика, пластични фолии, жици, гуми,пластични профили, гранулатор, машини за флексо печатење - Хемикалии и суровини за пластика,боја, ПВЦ додатоци, гумени хемикалии, инженеринг полимери, ПВЦ соединенија,мастила за печатење, полиетилен, пигменти, растворувачи - Редуктори, роботски системи, магнети, четки за машина за производство -Топлина и контрола на опрема, отпорници, сензори, индикатори, полимери, прецизни скали, статична опрема - Хидраулика и пневматика, хидраулични цилиндри, пумпи, рециклирање, машини за дробење на пластика, неподвижни системи, софтвери, миксери, кодирање, брендирање и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор„Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 5.12 - 7.12.2013 година, со автобуски превоз ( поаѓање на 4.12.2013 и враќање на 7.12.2013 година ) и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една koмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно како и трансфери од хотел до саем) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз – мсе плаќа само 45 евра), - како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 25.11.2013 година не.

За повеќе информации за Саемот за пластика посетете ја веб страната www.plasteurasia.com , или контактирајте

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 natasa@mchamber.mk

Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 zorica@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Хрватска бара дистрибутер на лабораториски и индустриски печки и опрема за пласман во Република Македонија. Валидност дo: 25.12.2013 година Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за обработка на дрво. Валидност дo: 25.12.2013 година Компанија од Италија бара соработка со увозници, дистрибутери, застапници на машини за професионално чистење во РМ и специјализирани компании за одржување хигиена во деловни и станбени објекти. Валидност дo: 26.12.2013 година Компанија од Италија бара

соработка со компании од Република Македонија во областа на фармацевтската, козметичката, прехранбената и хемиската индустрија, за деловни партнерства, joint venture и нудат ензими за оваа индустрија. Валидност дo: 26.12.2013 година Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за греење, топлотни пумпи и соларни панели. Валидност дo: 26.12.2013 година Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на соларни колектори. Валидност дo: 26.12.2013 година

Компанија од Србија бара застапник во Република Македонија за плaсман на јавни соларни полначи за мобилни телефони. Валидност дo: 26.12.2013 година Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 / 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунара) на вода и со сопствена концесија за земјиштето.


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

БИЗНИС ИНФО

41

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција. Валидност дo: 31.10.2013 година Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на безбедносни врати за индустриски, деловни и станбени објекти. Валидност дo: 27.12.2013 година Компанија од Италија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на кафе. Валидност дo: 27.12.2013 година Компанија од Италија бара соработка со деловни и трговски центри, болници, хотели и банки во Република Македонија за пласман на мерни системи за температура, влажност, притисок на воздухот и др. Валидност дo: 27.12.2013 година Компанија од Турција заинтересирана е да соработува со медицински установи во Република Македонија за пласман на медицинска опрема и средства

www.mchamber.mk

за дезинфекција. Валидност дo: 27.12.2013 година

силикони. Валидност дo: 30.12.2013 година

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на комори за тестирање во посебни услови на високи темератури, посебни гасови, висок притисок. Валидност дo: 27.12.2013 година

Компанија од Полска бара соработка во областа на металната индустрија во Република Македонија за пласман на машини за обработка на метал. Валидност дo: 30.12.2013 година

Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на комплетни решенија за контрола на пристап, на системи за автоматизација. Валидност дo: 30.12.2013 година Компанија од Полска бара соработка со стоматолошки ординации во Република македонија за пласман на стоматолошки инструменти. Валидност дo: 30.12.2013 година Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на стоматолошки потрошни материјали како амалгам, композити, легури и

Компанија од Турција бара дистрибутер на хидраулични дигалки за товар и истовар на стока. Валидност дo: 30.12.2013 година Компанија од Италија заинтересирана е да пласира пакувана органска храна со ниска вредност на калории во Република Македонија. Валидност дo: 01.01.2014 година

Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


четврток, 10 Октомври 2013, Бр. 151

БИЗНИС ИНФО

42

ПОВИК

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/ en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Александар Кедиоски Стево Серафимов Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.