Бизнис ИНФО број 61 од 07.07.2011 година

Page 10

10

ВЕСТИ ОД МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА август турската „Пегасус“ трипати неделно од Истанбул и двапати неделно од Измир. Првиот човек на „ТАВ“ аеродромите Мурат Орникол најави и завршување на реконструкцијата на скопскиот аеродром пред планираниот рок, односно до 8 септември - Денот на независноста на Македонија. Според концесискиот договор, реконструкцијата на скопскиот аеродром требаше да заврши до 21 октомври.

„Виз Ер“ е основана пред седум години, односно во 2004 година. Ја покрива речиси цела Европа со евтини летови. Оперира на воздушниот простор во осум држави, меѓу кои Унгарија, Бугарија, Украина и Чешка, а најприсутни се во Полска и Романија. Од годинава почнале со работа и во Србија и во балтичките држави. Авиобилетите се купуваат исклучиво преку интернет. Минатата година имале 10 милиони патници, а за годинава очекуваат околу 11.000 патници. Располагаат со 37 воздухоплови „ербас 320“ со 180 седишта, а бројот на вработените е 1.450.

БИЗНИС ИНФО

не значат само продолжување на договорите за соработка, туку практично и продолжување на летната туриситичка сезона со удвојување на предвидениот број туристи што ќе летуваат тука, рекол Пешевски, а го цитира МИА. Тој во оваа прилика истакнал дека со цел стимулирање на развојот на туризмот и негово зајакнување како исклучително значајна стопанска дејност Владата ќе донесе конкретни мерки како олеснување на оданочувањето со намалување на ДДВто од 18 на пет проценти, како и со повеќе проекти меѓу кои и планот за изградба на магистралниот патен правец од Косел до Свети Наум. - Бројот туристи што доаѓаат од странство бележи пораст. Останува да поработиме малку и на стимулирање на домашниот туризам. Има одредени укажувања дека во тој дел сезоната не е започната најсилно, иако севкупно гледано бројот реализирани ноќевања во Македонија е зголемен, така што сепак очекувам оваа година таа да биде поуспешна од минатата, и така да биде и во иднина, рекол Пешевски. Уфук Местан, продукткоординаторот на „Корендон“ рекол дека потпишаниот договор за продажба на македонската турситичка понуда за холандските и туристите од регионот на Бенелукс е резултат на големиот интерес за Македонија како дестинација, но и на исклучително позитивните реакции на холандските гости кои веќе престојуваа тука.

Холандските туристи и наредните три години организирано ќе летуваат на Охридско-струшката ривиера ДНЕВНО ПО 700 ТУРИСТИ ОД БЕНЕЛУКС Хотелиерите од Охридскострушката ривиера и холандскиот туроператор „Корендон интернешнал“ во Охрид потпишаа тригодишен договор за закуп на аранжмани за сезоните 2012, 2013 и 2014 година, со што се предвидува веќе наредната сезона во Македонија дневно да престојуваат и до 700 туристи од државите на Бенелукс. На потпишувањето на договорот присуствувал и вице-премиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој изразил задоволство што за прв пат се потпишува ваков, како што рече, стратешки договор за соработка меѓу локалните хотелиери од Охрид и Струга и странски тур-оператор. - Овие тригодишни договори

- Самиот производ е мошне атрактивен за туристите од западниот дел на Европа, кои живеат во големи градови опкружени со бетон и асфалт. Првите реакции од гостите кои први престојуваа тука беа импресивни, така што решивме за шпицот на сезоната да воведеме и четврт чартер-лет седмично, а договорот да го продолжиме за наредните три сезони. Тоа значи дека ќе бидеме присатни тука и наредните години, со проекции дека во Охрид и Струга наредните години да летуваат до 20 илјади туристи, рекол Местан, а пренесува МИА.

четврток, 07 јули 2011, Бр. 61

„Геопром“ го доби сертификатот GMP за добра производствена пракса ПРИЗНАНИЕ ЗА КВАЛИТЕТ ВО ОБЛАСТА НА ФАРМАЦИЈАТА Македонската компанија „Геопром“ го доби GMP сертификатот за добра производствена пракса, што е признание за квалитет во областа на фармацијата. Со сертификатот, како што вели менаџментот на компанијата, се признава квалитетот на производите во сите земји од ЕУ. Сертификатот за добра производствена пракса за производство и пакување хербални лекови, го издава Министерството за здравство на Република Македонија, откако претходно се проверени сите предуслови за добивање на овој документ за задоволување потреби за простор, опрема и кадар. - Со добивање на сертификатот, „Геопром“ стана рамноправен член на семејството компании кои имаат широко отворени врати на европскиот и на светскиот пазар. За нас ова е потврда за нашиот квалитет. Тоа значи дека произведуваме македонски производи со европски квалитет. Секое признание е потврда дека сме во тек со новитетите во областа на производството и пакувањето хербални лекови, дека сме една од ретките македонски компании кои имаат ваков сертификат, рекол Бранислав Ѓоргиевски, генерален менаџер на „Геопром“, а го цитира МИА. Покрај овој, компанијата ги има имплементирано и интернационалниот систем за квалитет, ИСО 9001 - 2008, НАССР стандардот, како и добрата хигиенска пракса. Компанијата е основана во 1992 година. Покрај застапништвото на повеќе странски компании, како германските „Кругер“ и „Бубхен“, има своја производна програма во најразлични сегменти од областа на здравството, како медицински производи за снижување на шеќерот во крвта, производи за нервниот и кардиоваскуларниот систем, производи наменети за кожа, коса, нокти, производи за подобрување на имунолошкиот систем... Четириесет отсто од производството го пласира на странските пазари. Покрај во регионот, извезува и на европските пазари, Азербејџан, а во преговори е за извоз во Иран.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.