Бизнис ИНФО број 120 од 24 јануари 2013

Page 1

СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 120

www.mchamber.mk

24.01.2013

Групацијата на мелничко-пекарската индустрија предупредува на зголемениот увоз

СРПСКО БРАШНО ЌЕ ГИ „ЗАЦРНИ“ ДОМАШНИТЕ МЕЛНИЧАРИ


БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СИЛВЕР Покровители

СТАНДАРД Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK


БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

3

ПОДВЛЕЧЕНО

МЕНАЏИРАЊЕ НА КРАТКОРОЧНАТА ЛИКВИДНОСТ

В

ложувањето во краткорочни ликвидни хартии од вредност на државата кај држави кои имаат нешпекулативен рејтинг, секаде па и кај нас, се смета за нискоризично вложување. Затоа и приносот на тие инструменти е минимален. Банките вложуваат во овие хартии, со цел да ја менаџираат краткорочната ликвидност и да го подобрат искористувањето на слободни средства со обезбедување принос на истите. Кај нас ситуацијата со високото ниво на благајнички и државни записи го одразува моменталниот зголемен ризик во реалниот сектор. Инаку како што одат промените во Базелската регулатива за банките на глобално ниво после должничката криза во еврозоната, се повеќе ќе гледаме како банките со регулатива ќе бидат приморани да чуваат високи салда на средства во ликвидни хартии од вредност кај централната банка или кај државите со нешпекулативен рејтинг. Ризикот повторно произлегува од случувањата во еврозоната и нивната рефлексија кај нашиот реален сектор. Ако нашите компании успеат да добијат договори за работа со странските партнери, тоа ќе им ја подобри ликвидноста и профитабилноста, а ќе го подобри и квалитетот на кредитното портфолио кај банките. Од друга страна тоа ќе значи и зголемен девизен прилив во државата што пак влијае на намалување на валутниот ризик и стабилноста на денарот.

(Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Управниот одбор и генерален директор на НЛБ Тутунска банка и претседател на Здружението на банкарство)

БЕЗ КОМПРОМИСИ ЗА КВАЛИТЕТОТ

Ц

ените на сите основни суровини што се употребуваат во индустријата за производство на пиво и безалкохолни пијалаци во изминатите неколку години, а особено во последните две, имаат тренд на значителен пораст. За да ги намалат трошоците на производство, некои производители одлучија да набавуваат суровини со нестандарден квалитет, надевајќи се дека потрошувачите нема да ја забележат разликата. Но, ние во Пивара Скопје не правиме компромис со квалитетот на нашите брендови и затоа одлучивме да скратиме на други трошоци, а не на набавката на суровини, кои и понатаму се со највисок квалитет, и покрај тоа што нема знаци дека нивната цена ќе се стабилизира на подолг рок. Едноставно, потрошувачите во Македонија се навикнати на најдобра „кока-кола“ во светот и најдоброто пиво „скопско“ и очекуваат тоа да остане така засекогаш. Нашата задача е да им го овозможиме тоа, без компромиси. Во сегашното опкружување клучниот предизвик ќе биде оперативната ефикасност, од производството, преку управувањето со залихите и дистрибуцијата, се до пласманот на пазарот. Во овие сегменти работевме напорно за да обезбедиме заштеди, со цел да го ублажиме влијанието на цените на суровините.

(JААК MИКЕЛ, генерален директор на Пивара АД Скопје)

ВОВЕДУВАЊЕ РЕГИСТАР НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

С

о новиот Закон за кататстар на недвижности којшто ќе биде доставен до Владата на Република Македонија до крајот на месец јануари, се предвидува воведување на регистар на градежно земјиште. Со воспоставувањето на овој регистар, на ниво на држава ќе се знае вкупното градежно земјиште, колку од тоа е градежно изградено земјиште, колку градежни парцели се уште не се изградени и чија е сопственоста на неизградените градежни парцели. Ова е проект во кој покрај Агенцијата за катастар на недвижности ќе се вклучи ЗЕЛС и Министерството за транспорт и врски, кадешто најнапред ќе се дефинираат стандардите за изработка на Деталните урбанистички планови, преку измени на законот за просторно и урбанистичко планирање, ќе се воведе обврска на општините пред усвојувањето на детланите урбанистички планови да побараат и добивјат мислење од катастарот, со цел деталниот урбанистички план и катастарскиот план да се усогласени. Овој регистар покрај тоа што ќе може да го користат Владата на РМ, министерствата и општините, истиот ќе биде јавно достапен за сите потенцијални инвеститори кои сакаат да градат, за лесно да видат кои парцели се слободни за градење, а се во сопственост на Република Македонија.

(Славче Трпески, директорот на Агенцијата за катастар и недвижности)

ФОКУСОТ КОН НАДВОРЕШНИТЕ ГЕНЕРАТОРИ НА РАСТ

П

оголемиот дел од економиите во ЈИЕ треба да го сменат фокусот од домашните кон надворешните генератори на раст, што важи и за некои економии во еврозоната. Земјите со де јуре или де факто фиксен режим на девизен курс, како и земји во рамките на монетарната унија кои имаат заедничка валута, треба да ја зголемат флексибилноста на нивната работна сила и пазари на производи и генерално да се приспособат во смисла на структурната политика, со цел да го зголемат аутпутот и порастот на вработеноста во нивните земји, како и отпорноста на шокови во иднина. Земји кои се потпираат на надворешно финансирање, дали во овој регион или во еврозоната, треба да спроведуваат политики кои спречуваат развивање прекумерни надворешни нерамнотежи и ескалација на нивоата на приватен или јавен долг. Сите земји треба да се фокусираат на решавање на ризиците за нивната финансиска стабилност и сите земји имаат потреба од безбедносна мрежа за справување со вонредни ситуации.

(Френк Мос, директор на Генералниот директорат за меѓународни и европски односи при Европската централна банка)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

ПРЕДУПРЕДУВАЊA

СРПСКО БРАШНО ЌЕ ГИ „ЗАЦРНИ“ ДОМАШНИТЕ МЕЛНИЧАРИ

Групацијата на мелничкопекарската индустрија сигнализира на зголемениот увоз

К

ако резултат на зголемениот увоз на брашно во првите шест месеци од 2012 година за приближно 60% во споредба со 2011 година, Владата на Република Македонија донесе посебна мерка за заштита на пазарот со пченица и брашно, со врзување на дозволените количини на увоз на брашно со откуп на количини меркантилна пченица произведени во Република Македонија. Но, како резултат на слабиот род на пченицата оваа година, како и намалениот откуп на истата, во август мелничарите имаа недостаток од квалитетна пченица и побараа врзувањето за пченицата да се укине. Владата донесе измена на Одлуката („Службен весник на Република Македонија“ бр.82 од 2 јули 2012 година) со која од 10 август врзувањето на количините на увоз на пченица со откуп на пченица произведена во Република Македонија беше укинато. Во 2012 година беа засеани 93.613 хектари со пченица и беше остварено производство од 236.467 тони со просечен принос од 2.564 кг/ха. Од страна на мелничко-пекарските претпријатија, годишно се откупуваат од 35% до 45% од вкупното производство на домашна пченица. Месечните потреби од пченица наменети за производство на брашно, леб и други производи од брашно изнесуваат околу 25.000 тони (претворено во брашно 17.500 тони) или на годишно ниво 300.000 тони пченица, односно 210.000 тони брашно. Во периодот јули-октомври, од родот од 2012 година се откупени околу 73.150 тони пченица со просечна цена од 15,06 ден./кгр., а во ноември се откупени само 800 тони пченица. Во залиха има околу 30.000 тони пченица. Ова беше беше истакнато на седницата на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија (15.1.2013 година). До крајот на оваа година не се очекува да се откупат дополнителни 25.000-30.000 тони пченица, бидејќи домашната мелничка индустрија претрпи финансиски колапс поради нелојалната конкуренција од евтиното увозно брашно.

Година 2008 2009 2010 2011 2012

Увоз на пченица јануари - септември 2008/2012 година Количина во тони Вредност во евра 38.618 10.557.369 47.016 7.496.991 41.692 6.492.629 40.751 10.447.871 98.479 22.893.594

Просечна увозна цена €/тон 273 159 156 256 232

Увозот на пченица заклучно со септември 2012 година е зголемен за три пати во споредба со истиот период во 20082011 година и е над годишниот просек пресметан за периодот 2008 - 2011 година (60.000 тони пченица). Увозот на брашно во првите шест месеци во 2012 година изнесува 28.716 тони, или два пати повеќе во споредба со истиот период претходната година. Од донесувањето на Одлуката до октомври 2012 година, увезени се дополнителни 2.784 тони брашно или вкупно 31.500 тони за 9 месеци, што претставува зголемување од 4% во однос на истиот период 2011 година (30.190 тони во 2011). Имајќи го предвид досега остварениот откуп на пченица од реколтата во 2012 година, во количина од 74.000 тони, залихите на пченица во количина од 29.600 тони или вкупно околу 103.600 тони


четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

БИЗНИС ИНФО

5

НА САМОТО МЕСТО

пченица (претворено во брашно, 72.520 тони брашно), како и остварениот увоз во количина од 32.700 тони брашно (или вкупно 105.220 тони) и увозот на пченица од околу 100.000 тони (70.000 тони брашно) може да се заклучи дека на пазарот има вкупно 175.220 тони брашно. Како резултат на увезените 32.700 тони пченично брашно, што претставува за 11.700 тони повеќе од истиот период во 2011 година, залихите на пченица во количина од околу 30.000 тони, како и стопираниот откуп на пченица во последниот месец, може да се заклучи дека домашната мелничка индустрија се соочува покрај со поголеми количини на увезено брашно, и со многу пониски увозни цени во споредба со минатата година. Од ноември, па заклучно од 20.12.2012 година е увезена вкупна количина од 7.494 тони брашно. Заедно со увозот во периодот јануари-октомври, вкупниот увоз изнесува 39.800 тони брашно, што претставува зголемување за околу 17.400 тони повеќе во однос на истиот период во 2011 година (во 2011 година увезени се 22.400 тони брашно). При тоа, согласно статистичките податоци за цените на овие производи, домашното брашно е со повисока цена за 122 евра/ тон во однос на увозната цена на брашното увезено во периодот јануари-октомври 2012 година. Поради зголемениот увоз на евтино брашно во Македонија, стопираниот откуп на пченица од домашно производство, како и ниските увозни цени на брашното кои сериозно го нарушуваат пазарот на брашното од кое зависи и откупот на домашната пченица и откупната цена, членките на Групацијата бараат итна средба со сите надлежни институции со цел наоѓање соодветно решение со кое би се заштитила домашната мелничко-пекарска индустрија. Согласно Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој за периодот 2013-2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.134 од 31.10.2012 година) еден од владините принципи на програмирање на политиките на поддршка за периодот 2013-2017 година е ориентираност кон постигнување на подобрени резултати на зголемено земјоделско производство и повисок квалитет на производите преку поврзување на висината на директните плаќања по единица производ со квалитетот на производот при откупот. Ова е основа за предлог од страна на членките на Групацијата за 2013 година да се предвидат буџетски средства за откупена пченица од родот 2012 година, наменета за мелничките претпријатија кои извршија откуп на пченица по откупна цена од минимум 15,00 ден/килограм и тоа со следните висини на поддршка во зависност од квалитетот: - 5,00 ден/кг со ДДВ за прва класа; - 4,00 ден/кг со ДДВ за втора класа и - 3,00 ден/кг со ДДВ за трета класа.


6

БИЗНИС ИНФО

МОЖНОСТИ

ПРОКРЕДИТ БАНКА НУДИ И КРЕДИТИРАЊЕ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СТАНДАРДОТ

Н

четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

За првпат предвидената финансиска поддршка на ХАЛАЛ-системот е во функција на зголемување на конкурентноста на македонскиот извоз

а потрошувачите се` повеќе им се важни квалитетот и безбедноста на прехранбените производи и токму затоа прехранбената индустрија постави високи барања во однос на истото. Денес во светот постојат бројни стандарди и норми со чие имплементирање и одобрување од страна на надлежните органи, се докажува квалитетот и безбедноста на производите. Едно од се` поприсутните барања во прехранбената индустрија е и ХАЛАЛ-стандардот кој зазема се` поголем удел на меѓународно ниво, со оглед на тоа што со неговото имплементирање се отвора пазар чија вредност се проценува на 700 милијарди САД долари. Ова, меѓу другото, беше истакнато на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија за „Финансиска поддршка на ХАЛАЛсистемот, во функција на зголемување на конкурентноста на македонскиот извоз”. Пред новинарите на оваа тема зборуваа: Емилија Тодоровска, консултант за имлементација на ХАЛАЛ-стандард од Стопанската комора на Македонија; Исни Абази, Сектор за развој на мали бизниси, ПроКредит банка; Александра Марковска, сопственик на „Фуд консалтинг“ и Дритон Дикена, од Исламската верска заедница. Халал е арапски збор и значи „дозволено” според исламските прописи и е спротивно на Харам што значи “нелегално”, односно забрането со исламскиот закон. Халал-стандардот ги специфицира барањата и мерките кои мора да бидат исполнети, како би се создале услови за добивање сертификат за халал-квалитет. Тоа е всушност севкупност на карактеристики на производи или услуги кои се во согласност со исламските правила и ги исполнуваат атрибутите на квалитетот, кои како такви се дозволени за корисниците на храната/услугите од исламската вероисповед. Се потенцира дека халал-производите и услугите се: прифатливи за сите возрасти; прифатливи и за припадниците на другите религии; здрави производи; присутни во сите навики во исхраната и во сите региони во светот; дополнително контролирани. Важноста и значењето на овој стандард го потврдува и фактот што Владата на РМ за прв пат во Програмата за поддршка на малите и средни претпријатија, предвиде директна поддршка на компаниите што сакаат да воведат ХАЛАЛ-систем, а која ќе се однесува на обезбедување техничка помош и консултантски услуги. За истото се предвидоа 500.000 денари, но доколку се оцени дека има поголем интерес за имплементација на ХАЛАЛ-системот, може да се направи пренамена на средствата од некоја друга група мерки. Исто така, и ПроКредит банка, банка специјализирана за развој на малите и средните бизниси, во својата развојна ориентација ги следи сите случувања поврзани со работата и напредување на бизнисите од аспект на воведување нови стандарди ( ХАЛАЛ, ИСО, НАССР), технологии, регулативи. Компаниите кои инвестираат во опрема и се сертифицираат за овие стандарди, несомнено ја зајакнуваат својата конкурентност и го подобруваат квалитетот на работењето. Со оглед на кризата на европските пазари и намалената побарувачка за извоз, се` повеќе се забележува трендот на фокус на претпријатијата кон другите пазари, како Турција и арапските држави, за кои несомнено поседувањето на овој стандард е значајна конкурентна предност. Главниот мотив на ПроКредит банка е да се поддржи бизнисот со повластени услови, односно поволни финансиски решенија во целиот процес на имплементација и сертификација на овој стандард. Стопанската комора на Македонија им помага на компаниите во имплементацијата на овој стандард и им стои на располагање за сите потребни информации во врска со истото, – беше нагласено на прес-конференцијата. Емилија Тодоровска


четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

Здружението на производителите на тутун и производи од тутун

З

БИЗНИС ИНФО

7

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

МАКЕДОНИЈА СО СВОЈ ПРЕТСТАВНИК ВО РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ЧЛЕН 17 И 18 ОД РАМКОВНАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА КОНТРОЛА НА ТУТУН

дружението на производителите на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија на 17.01.2013 година ја одржа својата редовна седница. Излагање имаше претставникот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Лидија Кастратовиќ, која детално ги информираше присутните за Петтата седница на Конференцијата на земјите потписнички на Рамковната конвенција за контрола на тутун (РККТ) на Светската здраствена организација - СЗО (COP5) која се одржа во Сеул, Република Кореја, од 12 до 17 ноември 2012 година. На предлог од компаниите за избор на претставник од Република Македонија, кој би земал учество во работната група за членовите 17 и 18 и застапувал интересите на Здружението на производителита на тутун и производи од тутун, едногласно беше избрана Лидија Кастратовиќ. Како обврска со наметнува регистрирање на претставникот во работната група најдоцна до 31.01.2013 година.

Организаторите на пазари ќе имаат обврска да обезбедат посебен простор на пазарите

На состанокот активно учество зема и претставник од Министерството за економија, Биљана Стојанова. Таа накратко ги запозна присутните со Одлуката на Министерството за економија во врска со листа на стандарди со чија примена се смета дека производот е безбеден. Истиот се однесува на ЛИП хартија која се користи кај цигарите кои сами се гаснат. Со ова се смета дека во одреден процент ќе се намали ризикот од предизвикување пожари и со тоа ќе се придонесе во зголемување на безбедноста на граѓаните. Присутните ја изразија својата загриженост во врска со инплементацијата на истиот и побараа дополнителен состанок со ресорното министерство. За таа цел, согласно договорот со претставниците од министерството, производителите и увозници на цигари во РМ, на 25.01.2013 година ќе одржат состанок на кој ќе ги дефинираат своите барања во однос на имплементација на одредбата, и во најкраток можен рок ќе одржат состанок со ресорното министерство.

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

ПОСТАВУВАЊЕ САДОВИ ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАДОТ ОД БАТЕРИИ

Г

рупацијата на пазари во рамките на Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на која една од точките на дневниот ред беше членот 28 од Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (23.01.2013 година). Согласно овој закон организаторите на пазари ќе имаат обврска да обезбедат посебен простор на пазарите за поставување садови за собирање на батериите. На состанокот беа присутни претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и од Државниот комунален инспекторат. Заедничкиот став на претставниците на организатори на пазарите е дека ќе се вклучат во процесот на собирање на отпад од батерии како општествено одговорни компании. Но, посочија дека согласно законските одредби тие немаат обврска, ниту законска можност, да проверуваат кои се` закупци на тезги продаваат батерии и дали имаат договор со колективен постапувач за собирање на овој вид на отпад. На состанокот беа договорени и активностите за следниот период околу изработка на стратегија на пазарите, како и активностите со здруженијата на пазарите во регионот, согласно воспоставената комуникација на Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија. Даниела Михајловска Василевска

Одржан семинар за правните субјекти и шпедитерите во земјава

Н

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

ЗДРАВО УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ОД ХЕМИКАЛИИ

а 22 јануари 2013 година, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Секторот за хемикалии во рамките на Бирото за лекови при Министерството за здравство на Република Македонија, организираше еднодневен семинар на тема: „Улогата на правните субјекти и шпедициите во системот за управување со ризикот од хемикали во Р. Македонија”. На семинарот присуствуваа учесници од прехранбената, хемиската, фармацевтската индустрија, рударството, трговијата со хемиски производи и шпедициите. На семинарот беше образложено обезбедувањето на системот за здраво управување со ризикот од хемикалии, пред се`, почитувајќи ја законската рамка. Акцент се стави пред се` на тоа како правилно да се поделат надлежностите на сите учесници, почнувајќи од увозниците, преку шпедициите и на крај на сите останати учесници во синџирот на движење на хемикалиите. Предавач на семинарот беше м-р Лидија Савиќ, раководител во Секторот за хемикалии при Бирото за лекови.


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

БАНКАРСТВО И ФИНАСИИ Рангирање на магазинот „Глобал Фајненс“

Заедничка кампања на ЕВН Македонија со банките

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА НАЈДОБРА ЗА ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ

КОРИСТЕЊЕ „ТРАЕН НАЛОГ“ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА

Комерцијална банка АД Скопје е најдобрата во Македонија за девизно работење , оцени магазинот „Глобал Фајненс“. Уредниците на Глобал Фајненс во соработка со индустриски аналитичари, директори на корпорации и технолошки експерти, го направија изборот на најдобри банки во светот за девизно работење и им ги доделија наградите. Критериумите за избор беа големина на трансакција, удел на пазар, обем на глобална покриеност, услуги на клиенти, конкурентни цени и иновативни технологии.

ЕВН Македонија започна заедничка кампања со банките за промоција на трајниот налог како опција за редовно плаќање на сметките за електрична енергија. - Плаќањето на сметките за електрична енергија преку траен налог бара минимален ангажман на корисникот, а за возврат значи сигурно редовно подмирување на долговите за електрична енергија. Трајниот налог практично е алатка за сигурно плаќање на сметките за електрична енергија на време секој месец, избегнувајќи ја можноста за камата за задоцнето плаќање, како и автоматско плаќање при што се избегнува чекањето на редови во банките и другите места за наплата, велат од компанијата. Склучувањето на траен налог, посочуваат, е едноставно и брзо. - Се што треба да направи корисникот е да отиде во најблиската експозитура на неговата банка и да склучи договор за траен налог. Со цел да се олесни склучувањето на трајниот налог, развиен е и унифициран формулар функционален во повеќето банки. Формуларот корисниците можат да го преземат и од веб страната на ЕВН Македонија, како и во сите приемни канцеларии низ Македонија. Дополнителни информации може да се добијат во контакт центарот на ЕВН Македонија, на 0890 12345, нагласуваат од ЕВН Македонија. Трајниот налог ќе се промовира во просториите на Комерцијална, Стопанска и Тутунска банка, а како опција за плаќање постои и во останатите банки.

Промени и новитети на ТТК Банка кај ненаменски потрошувачки кредити

НАЈНИСКА КАМАТНА СТАПКА ОД 7,5% ТТК Банка АД Скопје воведе промени и новитети во рамките на ненаменскиот потрошувачки кредит Премиум СМАРТ. Сите нови корисници на ненаменски потрошувачкиот кредит Премиум СМАРТ ќе добијат најниска годишна каматна стапка од 7,5% и пониска провизија за одобрување. Кредитот е достапен без жиранти во зависност од висината на платата и износот на кредитот. Премиум СМАРТ e наменет за корисници кои примаат плата преку банката и кои сакаат брзо да ги подмират своите обврски во рок од една година. Со овој чекор, ТТК Банка нуди најниска каматна стапка на пазарот на ненаменски потрошувачки кредити.


четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

БИЗНИС ИНФО

9

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Наградна игра на ЕВН Македонија за редовните плаќачи

Е

„СРЕЌНО ПОЛЕ“ НОСИ ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР И ЗА МАЛИТЕ БИЗНИСИ

ВН Македонија започнува нова наградна игра за своите редовни плаќачи насловена „Среќно поле“. Најсреќните корисници ќе учествуваат на телевизиско шоу каде преку игра на среќа ќе имаат можност да добијат вредносен ваучер за енергетскоефикасни апарати во вредност од 6.000 до 100.000 денари. Право на учество имаат сите домаќинства и мали бизнис корисници кои редовно и во рок ги подмириле своите долгови за електрична енергија во моментот на извлекувањето, со исклучок на вработените во ЕВН Македонија. - Во секоја емисија ќе учествуваат по тројца најсреќни корисници влезени во базата на редовни плаќачи кои ќе ги бира системот по случаен избор. Еден од нив ќе биде со сигурност корисник што плаќа сметка за електрична енергија со траен налог. Вкупно ќе се бираат тројца официјални и пет резервни учесници кои ќе можат да се појават на шоуто само доколку официјалните не се во можност. По електронски пат на крајот на секоја емисија ќе се избираат учесниците за наредната, - информираше Ленче Карпузовска, раководител на Одделот за комуникации во ЕВН Македонија на прес-конференција. Наградната игра „Среќно поле“ ќе ја води актерот Сашко Коцев, а со емитување ќе започне утре во 13:30 часот на МТВ1 со репризно издание на МТВ2 со превод на албански јазик. Ќе се емитува секоја втора сабота се до 20 јули со можност за продолжување. Резултатите ќе бидат објавени и во најмалку два дневни весника. Првата емисија на „Среќно поле“ ќе има хуманитарен карактер, а својата среќа ќе ја испробаат Калиопи, Индира Кастратовиќ и Зоран Љутков. Наградите во вредност од 6.000, 12.000, 30.000 или 100.000 денари што ќе ги добијат ќе ги донираат на децата штитеници на невладината организација „Дајте ни крилја“. ЕВН Македонија има околу 700.000 корисници од кои преку 200.000 се редовни плаќачи. Досега и преку 8.000 корисници склучиле договори со банките за плаќање на сметките за електрична енергија со траен налог, а во тек е и кампања за зголемување на нивниот број.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА ХЕЦ „Шпилје“ лани го надмаши годишниот план

В

ПРОИЗВЕДЕНИ НАД 241 МИЛИОНИ КИЛОВАТ ЧАСОВИ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

о ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар, која е дел од системот хидроцентрали „Црн Дрим“ лани се произведени 241 милиони и 271 илјади киловат часови електрична енергија. - Тоа значи дека годишниот план, кој изнесува 238 милиони и 444 илјади киловат-часови е натфрлен за 1,17 отсто. Тоа, како резултат на поволната хидрологија и подготвеноста на електромашинската опрема да ја прими и преработи сета количина на вода која доаѓа. Моментно средниот дотек на вода во акумулацијата Дебарско Езеро е над 80 кубни метри во секунда, но поради дождовите се очекува и негово зголемување, изјави Мирче Котески, портпарол на ЕЛЕМ. Според него, има и сoлидна резерва на вода во акумулацијата, односно има резерва на вода за производство на 20 милиони киловат-часови што споредено со истиот период лани е за три отсто поголема резерва. - Електромашинската опрема е во одлична кондиција и е подготвена да ја прими и да ја преработи сета количина на вода што доаѓа. Посебно зголемен дотек се очекува на пролет поради топењето на снегот во планините, до кога ќе се реализираат планираните годишни ремонти на опремета. Сега електраната работи според потребите на енергетскиот систем и во изминатите денови од годинава произведени се над 20 милиони киловат-часови, нагласува Котески. Во четириесет и тригодишното постоење на електроцентралата, максимално рекордно производство електрична енергија е забележано во 2011 година кога беа произведени околу 560 милиони киловат-часови, поради исклучително поволната хидрологија, што, според стручните лица, се случува еднаш на сто години. Инаку, покрај ХЕЦ „Шпилје“ набрзо треба да почне изградбата на уште еден таков објект во близина на Дебар. Станува збор за ХЕЦ „Бошков мост“, чии турбини за производство на електрична енергија ќе ги користи водите на реките од областа Мала Река.


10

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ЗА ЗНАЧАЈНИОТ ЈУБИЛЕЈ СО НОВ ВОЗЕН ПАРК

Ј

авното сообраќајно претпријатие „Скопје“ - Скопје ја одбележа 65-годишнината од основањето. На годишно ниво автобусите на ЈСП„Скопје“ поминуваат 16.414.000 километри и превезуваат вкупно 50.585.000 патници. Претпријатието има 312 нови автобуси, произведени од 2010 до 2012 година, донација од Владата на Република Македонија. Директорот на ЈСП „Скопје“ Мишо Николов се осврна на историјата на ова претпријатие и истакна дека со одлука на народната власт во 1947 година е основано градско сообраќајно претпријатие кое во судскиот регистар било запишано токму пред 65 години, на 17 јануари 1948 година. - Почетоците на ова ЈП биле тешки. Почнале да работат со пет запленети возила од окупаторот, за подоцна да почнат етапно да се набавуваат нови возила. Поголема набавка била направена во 1949 година кога се набавени 10 автобуси од француската марка „рено“. Автобусите биле од марката „рено“, „шкода“ и по некој „фиат“, рече Николов. Првата автобуска линија која била воведена во Скопје почнувала од денешен „Алкалоид“ и АСУЦ - „Боро Петрушевски“ преку кејот „13 Ноември“ и завршувала до Градскиот парк. Втората воведена линија била од Автокоманда до Водно, а во 1955 година веќе има 8 линии низ целиот град. Во 1953 година во претпријатието набавени се двокатни автобуски кои, како што рече, биле вистинска атракција во главниот град, за патниците и возачите на автобусите и еден предизвик за денес на скопските улици да се возат убави двокатни автобуси. За денешната состојба, Николов рече дека годишно се превезуваат над 50 милиони патници во 312 нови автобуси произведени од 2010 до 2012 година. Потсети дека ЈСП „Скопје“ е сопственик и на модерната жичница на Водно, која на 3 јуни ќе одбележи две години работа. Николов им се заблагодари на поддржувачите на ова претпријатие - премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, скопскиот градоначалник Коце Трајановски, на „АМЕРИТ“ за донацијата на пералната во Ѓорче Петров... - Град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски

четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

Одбележани шест ипол децении на ЈСП „Скопје“

сериозно го помагаат нашето претпријатие преку субвенциите кои годишно изнесуваат од 2 до 3 милиони денари. Врвот на помошта ќе биде во 2013 година кога во буџетот на Град Скопје се одвоени 230 милони денари, средства за изработка на нови автобуски постојки кои наскоро ќе ги добиеме, како и модернизација на системот за наплата во ова јавно претпријатие, рече Николов. Старите дотраени автобуси, како што рече градоначалникот Трајановски, никој не ги сакаше бидејќи беа ладни, пропуштаа вода, ветар, снег, беа неефикасни и имаа се помалку патници. - Старите автобуси имаа потреба од замена. Денес 100 отсто од возниот парк на ЈСП „Скопје“ е заменет со нови двокатни и нископодни ефикасни автобуси со кои Град Скопје доби нов изглед, а што е најважно доби модерен јавен превоз на кој може да му позавидат голем број на европски градови, констатира градоначалникот Трајановски. Тој посочи дека покрај обновата на возниот парк, Град Скопје на многу начини го помага ова ЈП, со субвенциите за ниските цени на билетите и со инвестиции во инфраструктурата. Потсети дека лани е реконструирана една сервисна хала во автобазата во Ѓорче Петров, опремена со модерен автоматски систем за одржување на автобусите. - Од буџетот на Град Скопје наредните три години ќе се одвојат околу 60 милиони денари за изградба на 270 автобуски постојки, како и 180 милиони денари за системот за автоматска локација на возилата и за електронска наплата на билетите, рече Трајановски. Во моментов целокупниот автобуски превоз се извршува на 79 дневни и 8 ноќни линии. Во мрежата на ЈСП „Скопје“ - Скопје има вкупно 1.001 автобуска постојка од кои 496 се на подрачјето на Град Скопје. Просечно во работните денови на редовните линии распоредени се 257 автобуси, во саботите 129, а во неделите и во државните празници 102 автобуси. Возниот парк се состои од вкупно 443 возила марка Санос, Лејланд, Икарус, Застава-минибуси, ЛАЗ, Јутонг и туристички автобуси, со просечна старост од 10,06 години и се сместени во автобазите Автокоманда и Ѓорче Петров.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ПОСЛЕ КРИЗАТА ОД 2008 ГОДИНА СЕ ТРОШИ ЗНАЧИТЕЛНО ПОМАЛКУ

В

Македонците пијат 27 литри пиво годишно

о Македонија се трошат околу 550 илјади хектолитри пиво годишно, или 27 литри по глава на жител, што е помалку во споредба со другите земји од регионот, вели генералниот директор на Пивара Скопје Јаак Микел за хрватски Бизнис плус. За споредба, во Словенија и во Хрватска конзумирањето на пиво по глава на жител е 80 литри годишно. - Сегментот на пиво во Македонија сега е стабилен, но се уште се троши значително помалку отколку во 2008 година пред кризата и промената на домашното законодавство во делот на продажба на алкохолни пијалоци, вели Микел. Според него, главниот потенцијал за раст е во зголемување на потрошувачката на пиво по жител и поголема атрактивност на целиот сегмент на широката база на потрошувачи. Пивара Скопје е најголем производител на пиво и безалкохолни пијалоци во Македонија пред пиварниците во Прилеп и Битола и држи околу 50 отсто од пазарот на пиво во земјата, посочува Бизнис плус.


четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

Интервју на Дејан Бошковски, генерален директор на АД ЕЛЕМ за МИА

БИЗНИС ИНФО

11

ПРЕНЕСЕНО

ЦЕЛТА НИ Е НА ДОЛГ РОК ДА СТАНЕМЕ ЕНЕРГЕТСКИ НЕЗАВИСНА ЗЕМЈА * На крајот на октомври лани бевте назначен за прв човек на „Електрани на Македонија“. По 20 месеци на раководната позиција во МЕПСО од каде доаѓате со реализација на повеќе значајни проекти, веќе се видливи првите чекори на новото работно место. Впечаток е дека ЕЛЕМ работи на модернизација и ревитализација на електраните. Што опфаќа овој процес?

Наша цел и долгорочна корпоративна определба е како компанија во континуитет да инвестираме во нови енергетски проекти кои дополнително ќе обезбедат стабилен и доверлив електро-енергетски систем. Работиме на проекти за модернизација и ревитализација на постојните електрани со кои располагаме, како и на изградба на нови производни капацитети. Поголемот дел од електраните со кои располага АД ЕЛЕМ се стари од три до пет децении и се наметнува потребата од нивна модернизација и ревитализација. Во овој контекст, модернизацијата и автоматизацијата на агрегатите во РЕК Битола веќе заврши, што како мега зафат вредеше 55,9 милиони евра, а паралелно почна ревитализацијата на котелските системи во термоелектраната, процес што ќе се одвива до 2014 година, инвестиција вредна 88,5 милиони евра. Во тек и втората фаза за ревитализација на шест хидроелектрани, за која ЕЛЕМ инвестира околу 30 милиони евра. Со сите овие активности долгорочно ќе ги зајакнеме нашите стратешки капацитети. * Какви се плановите на ЕЛЕМ за долгорочно обезбедување јаглен потребен за континуирана работа на термоелектраните? АД ЕЛЕМ, гледајќи во една подалечна перспектива во однос на обезбедувањето долгорочен стабилен електроенергетски систем продолжи и со активностите за активирање нови лежишта на јаглен. Во моментов, во рудникот Суводол засилено течат активности за целосно отворање за експлоатација на подинската јагленова серија. Се работи на ископ на усекот за отворање на рудникот и изградба на бунари за одводнување, проект во кој инвестиравме 2,5 милиони евра. Со цел долгорочно да одржиме доверливост и стабилност на електроенергетскиот систем, преземаме и активности поврзани со нови копови на јаглен кој е основно погонско гориво за термоелектраните „Битола“ и „Осломеј“. За проектот за истражување на јагленовото наоѓалиште Живојно, АД ЕЛЕМ инвестира 2,8 милиони евра за геолошки и геотехнички доистражувања и испитувања. Оваа фаза ја заокружуваме со изработка на Елаборати за рудните резерви и со тоа ќе заврши процесот на истражувања за новиот рудник за јаглен во Живојно, кој е неопходен за продолжување на животниот век на РЕК Битола. Станува збор за рудник од кој јагленот ќе се вади со примена на подземна технологија за експлоатација. Почетните проценки се дека геолошките резерви се околу 100 милиони тони јаглен, а по ревидирањето на Елаборатите од деталните геолошки доистражувања, ќе се знае прецизната бројка од рудните резерви на јаглен со кои ЕЛЕМ ќе може да располага. Наскоро ќе бидеме во можност да започнеме со изработката на главниот рударски проект за отворање и експлоатација на јагленот од наоѓалиштето Живојно. Сегашните проценки се дека во овој рудник, АД ЕЛЕМ ќе инвестира околу 100 милиони евра, а реализацијата би започнала после изработката на Главниот рударски проект. *Исто така и Мариовскиот крај во блиска иднина би можел да биде извор на јаглен. Кои активности во моментов ги преземате за ова потенцијално наоѓалиште? Во тек е и изработката на Главен рударски проект за отворање на рудник за јаглен со подземна експлоатација во Мариово. Во текот на 2010 и на 2011 година, се завршени деталните геолошки истражувања на јагленот во функција на отворање


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

ПРЕНЕСЕНО на нов рудник за јаглен во Мариово и започнавме со изработка на проект за негово отворање и експлоатација. Експлоатационите резерви на јаглен во овој рудник кои се предвидени да бидат извадени со примена на подземна технологија за експлоатација се проценети на 62 милиони тони. Изработката на главниот проект е во завршна фаза, а како идна активност ќе следи и изготвување на физибилити студија за изградба на нова термоелектрана од 250-300 мегавати. Заедничката вредност на целиот зафат иницијално е проценета на околу 400 до 450 милиони евра. *Кои се приоритетните проекти што треба да се реализираат во Македонија за зајакнување на електроенергетскиот систем? Сите проекти на кои работиме се од исклучително значење за ЕЛЕМ, и за енергетскиот систем на Република Македонија. Со сета кадровска екипираност на компанијата одиме паралелно со реализација на повеќе енергетски проекти. Минатата година е вклучена во електроенергетскиот систем и хидроелектраната „Света Петка“, инвестиција вредна 75 милиони евра која успешно ги помина сите тестови и испорачува електрична енергија во согласност со потребите на електроенергетскиот систем. До крајот на минатата година, хидроелектраната произведе 12.204,89 мегават часови електрична енергија. Во однос на новите производни капацитети, почнавме со изградба на паркот на ветерни електрани „Богданци“, а годинава продолжуваат и подготвителните активности поврзани со проектот ХЕЦ „Бошков Мост“. Најблиску до реализација е паркот на ветерници „Богданци“ од каде првите киловатчасови ги очекуваме во втората половина на годинава. АД „Електрани на Македонија“ минатата година потпиша Договор со конзорциумот „Терна – Сименс“ од Грција, за реализација на лот 2 од меѓународниот тендер за изградба на паркот на ветерни електрани „Богданци“. Предмет на договорот е изградба на пристапен пат, поставување на трафостаница и на далекувод што ќе го поврзуваат паркот на ветерни електрани со преносниот систем на Република Македонија, активности што веќе се во тек. За набавка и монтажа на ветерните турбини од лот 1 пак, потпишан е договор со Сименс од Данска и грчки Сименс. Средствата за реализација на овие активности се дел од кредитот обезбеден од германската КфВ банка, потпишан во април, 2011 година. За проектот чијашто проценета вредност е 55 милиони евра, германската КФВ Банка обезбеди 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства. Според динамиката со која се одвива реализацијата на ветропаркот Богданци, кој во првата фаза ќе биде со инсталирана моќност од 36,8 мега вати, се очекува веќе во втората половина на 2013 година да почне производството на електрична енергија од овој капацитет. Ќе бидат инсталирани 16 ветерници, секоја со инсталирана моќност од 2,3 мега вати. Проектот ХЕЦ „Бошков Мост“ во моментов е во тендерска процедура за избор на изведувачи на градежните работи и набавка на опремата за хидроелектраната, а на терен продолжува биомониторингот врз животната средина, неопходна фаза пред почетокот на изградба на хидроелектраната. * Што се случува со проектот Луково Поле, има ли активности за реализација на овој проект? Во моментот, АД ЕЛЕМ ги изведува подготвителните работи како што се ревизија на проектното решение, изработка на еколошка студија и дополнителни геомеханички анализи на локацијата што се реализираат преку кредит од Светската банка во висина од 3 милиони долари. Овој проект е секако значаен затоа што неговата реализација ќе обезбеди собирање на дополнителни количини на вода од Корабското сливно подрачје и нивно користење за производство на дополнителни 156 гига ват часови електрична енергија од постојните електрани во Мавровскиот систем. Исто така, тука би ги спомнал и проектите Чебрен и Галиште и Вардарска Долина чија реализација значително ќе ги зајакне електро енергетските прилики во Република Македонија и речиси ќе ги минимизира потребите на земјава од увоз на електрична енергија. Уште еден мошне значаен проект кој директно ќе влијае на намалување на увозната зависност од електрична енергија


четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

БИЗНИС ИНФО

13

ПРЕНЕСЕНО е и гасификацијата на Македонија. Минатата година Владата направи сериозни чекори кон реализација на проектот за гасификација кој во сите фази на реализација е проценет на околу 300 милиони евра. Реализацијата на овој стратешки проект значително ќе влијае врз намалување на конзумот на електрична енергија. * Бидејќи континуирано расте потрошувачката на електрична енергија, дали „Електрани на Македонија“ има програма според која ќе расте производството, а ќе се намалува увозот? Во однос на зголемување на потрошувачката на електрична енергија кај тарифните потрошувачи, секогаш неминовно се поставува прашањето дали домашното производство може да го следи тој тренд. Тоа е речиси невозможно и за далеку поразвиени земји. Загрижувачки се податоците дека од година во година, потрошувачката на годишно ниво кај овие категории расте и над 4 отсто што е показател дека во Македонија, особено во зимските месеци, голем број граѓани одлучуваат да се загреваат на електрична енергија. Ако го земеме Скопје за пример, според податоците од 2011 година, корисниците на топлинска енергија се откажуваа од неа и сами одлучуваа да се загреваат на електрична енергија. Тој неповолен тренд би можел да ја загрози стабилноста и доверливоста на системот. Затоа сметам дека важно е да опстои испораката на топлинска енергија без оглед кој ќе ја врши оваа дејност, и тоа не само во Скопје, туку да се развива како дејност и во други градови во внатрешноста, што секако ќе влијае на намалување на потрошувачката, особено во зимските месеци. Преку различни медиуми постојано апелираме граѓаните да ја штедат електричната енергија и рационално да ја користат. Тоа во секој случај ќе го пролонгира животниот век на ресурсите кои ги користиме за производство на електрична енергија, а истовремено ќе значи и заштеда на семејниот буџет. Сепак, сметам дека сите чинители посредно или непосредно инволвирани во енергетиката треба да апелираат и работат во насока на подигнување на јавната свест за штедењето електричната енергија. Истовремено, треба да се промовираат и алтернативните извори на енергија чие воведување, значително ќе придонесе во намалувањето на емисии на стакленички гасови и на заштитата на животната средина, воопшто. *Какви се вашите предвидувања за движењето на цената на електричната енергија во наредниот период посебно во најкритичните месеци од годината кога правиме и најголем увоз? Цената можат да ја утврдат единствено понудата и побарувачката, и секоја прогноза и антиципација на движењата е неблагодарна. Активностите што ги превзема Република Македонија во однос на отворање на берза на електрична енергија во земјава, како и процесот на либерализација на пазарот одат во таа насока, како држава и натаму да имаме прифатлива цена за потрошувачите. Ако пак ги следите светските трендови, и повеќе од јасно е дека цената на електричната енергија бележи зголемување во сите земји. Владата преку ЕЛЕМ инвестира во домашно производство. Верувам дека за десетина години отсега, енергетската слика на Република Македонија ќе биде значително подобрена со нови извори на електрична енергија. Иако во последниве години се превземени огромни инвестиции во енергетски проекти, резултатите и придобивките од нив можеме да ги очекуваме за четири до шест години од сега. Тоа не се објекти што се градат преку ноќ. Најголемиот дел од потребите на тарифните потрошувачи Македонија сама ги обезбедува од свои извори, додека само мал процент од 5 до 10 проценти се набавуваат од увоз. Долгорочна стратешка определба на менаџментот на ЕЛЕМ е зголемување, проширување и надградба на капацитети за производство на електрична енергија, но со врвен приоритет врз оптимизацијата на производството во економска, финансиска и технолошка смисла. Наша цел е преку оптимизација, да постигнеме минимално ниво на трошоци, но преку призмата на максимизација на продуктивноста и искористеноста на ресурсите. Само така ќе останеме на трасата на самоодржливост која е врвна цел. Ние ќе продолжиме да градиме капацитети и да ги зајакнуваме перформансите на оние објекти што веќе ги имаме на располагање. Тоа на долг рок ќе ја направи Република Македонија енергетски независна земја.


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

ПАРАЛЕЛИ

ХРВАТСКА МОРА ДА НАЈДЕ НОВ МОДЕЛ НА РАСТ И ДА ГО ПОТТИКНЕ ПРЕТПРИЕМАЧКИОТ ДУХ

Препораки на ММФ за 28-та членка на Европската Унија

Ова може да биде пресвртна година за Хрватска. Ако се се одвива според планот, Хрватска во јуни ќе стане 28 земјачленка на Европската унија, успех кој нешто повеќе од 20 години откако постигна независност, ќе ја зацврсти припадноста на Хрватска во европското семејство на народите. Меѓутоа, приклучувањето на Европската унија само по себе нема да биде доволно да се обезбеди раст и работни места за да се подобри животниот стандард. Други земји кои се приклучија на Европската унија тргнаа по еден од двата правци. Некои гледаа на приклучувањето како на кулминација на програмата за реформи, со тоа што процесот на реформи по членството ја изгуби жарта. Други гледаа на приклучувањето како на можност да продолжат со реформите и да ги развиваат своите планови за раст и конкурентност. За Хрватска е важно да се сврсти во таа втора група на земји. Со подобро искористување на иновативноста и динамиката на своето население Хрватска може да ги искористи приликите кои ги пружа заедничкиот пазар и да обезбеди подобра и попросперитетна иднина за своите граѓани. Од 2000 година растот на БДП по жител во Хрватска во просек беше поголем од

2,5 отсто годишно, што значи дека заостанува зад многу други европски земји со пазари во развој. Овој тренд беше зголемен во периодот од 2009 до 2011 година, кога многу други земји во централна и источна Европа кризата ги поттикна да преземат тешки реформи. Инвестициите во хрватската индустрија во просек изнесуваа само 5 отсто од БДП годишно, што е значително помалку во однос на многу европски земји со пазари во развој. Недостигот на инвестиции во главниот сектор на стоки за размена најмногу е поврзан со тешката деловна клима и го кочи потенцијалниот раст.


четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

БИЗНИС ИНФО

15

ПАРАЛЕЛИ

Препораки на ММФ

Недостигот на конкурентност, кој е предизвикан од релативно високите плати, го загрозува извозот. Уделот на Хрватска во светскиот извоз стагнираше во текот на последните 10 години и тоа значајно во однос на европските земји со пазари во развој. Понатаму, со стапката на партиципација на работна сила од само 58 отсто од работно способното население, помалку луѓе работат во Хрватска отколку во другите европски земји, што го отежнува забрзувањето на растот. Наспроти ниската партиципација на работната сила, невработеноста и понатаму е неприфатливо висока и изнесува 14 отсто. Приклучувањето на Европската унија е можност да се размисли за модел на раст на Хрватска. Како би изгледала стратегијата на растот? Препораките на ММФ детално се опишани во нашиот најнов извештај за хрватското стопанство, објавен во декември минатата година. Издвојувам неколку главни точки: 1. Како прво, јавните финансии треба да се доведат во ред. Наспроти големите напори во 2012 година, фискалната политика останува неодржлива. Се проценува дека хрватскиот долг, кој е веќе висок според стандардите на пазарите во развој, во среднорочен период ќе продолжи да расте. За да се намали јавната потрошувачка ќе треба да се разгледа обемот на платите во јавниот сектор и правата на пензиското и здравствено осигурување. Тоа не е лесно, но мора да се направи за да се зачува социјалниот модел на Хрватска за идните генерации и повторно да се стекне довербата кај инвеститорите, што е потребно за да се одржи пристап до странски финансии. 2. Како второ, да се спроведе амбициозна структурна реформа. Реформите се многу потребни за да го поттикнат извозот на Хрватска и потенцијалот за раст. Меѓу приоритетите спаѓаат и мерки кои би поттикнале повеќе луѓе да се приклучат на работната сила, вклучувајќи млади луѓе, постари работници и жени. Истражувањето на ММФ покажува дека растот на стапката на партиципација на работната сила на 70 отсто ќе го поттикне растот на БДП за 1 цел процентен поен. Реформите мора да вклучуваат мерки кои би олесниле на компаниите да го прилагодат бројот на вработени и платите на променливите околности за да бидат подготвени да го прифатат ризикот на инвестирање во проширување и создавање на нови работни места. Понатаму, чекори за подобрување на деловната клима преку намалување на бројот на дозволи и административни процедури потребни за отварање на компании, посебно на локално ниво, како и забрзување на процесот на приватизација, што ќе помогне во привлекување на многу потребните приватни инвестиции. 3. Како трето, да се обезбеди банките да останат стабилни. Кредитирањето е покренувач на животот на стопанството. Банкарскиот сектор на Хрватска, кој главно е во странска сопственост и понатаму е стабилен, добро капитализиран и отпорен на можен стрес. Но, рецесијата која е во тек го зголеми бројот на ненаплатливи кредити на околу 14 отсто од вкупните кредити, укажувајќи на тоа дека компаниите и потрошувачите се мачат со отплатата на долговите. Ќе биде важно да се обезбедат банките и да останат под контрола.

Пресвртна година

Целосно гледано, 2013 година може да биде пресвртна година за Хрватска. Членството во Европската унија е голем успех – достигнување на кое државата со право може да се гордее. Но, за да се исполнат стремежите на граѓаните за подобар живот, Хрватска мора да го поттикне својот претприемачки дух. Инспирација за тоа земјата лесно може да најде во своето минато: хрватските инжинери како Славољуб Едуард Пенкале открија работи кои денес се користат во целиот свет, вклучувајќи ја и анодната батерија и првото мастилаво пенкало со цврсто мастило во 1907 година. Всушност, фабриката за пенкала која тој ја основал, тогаш била меѓу најголемите во светот, а и ден денес постои. Ако Хрватска успее да ги спроведе реформите на начинот кој погоре е зацртан, Меѓународниот монетарен фонд оценува дека стопанскиот раст може да забрза за околу 2 процентни поена, во среднорочен до долгорочен период, што не е мало достигнување. Тоа би послужило како цврст темел за Хрватска, како идна земја членка на Европската унија. (Деловен дневник – Загреб)


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар „АКТУЕЛНИ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ” Со оглед на фактот дека неодамна стапија на сила крупни измени и дополнувања на Законот за јавни набавки, како што се портал на мали јавни набавки (објава на сите огласи до 5.000 евра), технички дијалог со понудувачите за набавките над 130.000 евра, негативни референци, квалификациски систем, како и објава на огласи за ЈПП (јавно приватно партнерство) и концесии, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: „Успешно подготвување на понудите, запознавање со новините, успешно користење на ЕСЈН, електронско поднесување на понуди и учество на е-аукции во 100% објавени огласи и правна заштита во постапките”. Семинарот ќе се реализира на 31 јануари 2013 година (четврток), во периодот од 10:00-16:00 часот, во Комората. На семинарот ќе се разгледуваат актуелни теми за јавните набавки: * како да се подготви исправна понуда; * на што да се обрне внимание при подготовка на понудите; * што е негативна референца и кога се издава; * како да се заштитите од неосновани негативни рефернеци; * како да учествувате во технички дијалог; * како најбрзо да дознаете за новообјавените тендери; * како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат; * што е електронска аукција и како да учествувате на неа; * што е интегрираниот електронски систем за јавни набавки; * како се подготвува жалба; * кои се вашите права во постапката; * што има ново во областа на концесиите и ЈПП? ПРОГРАМА: * релевантни прописи за јавни набавки; * насока за подготовка на понудите; * технички дијалог и квалификациски систем; * достапност на податоци и информации преку ЕСЈН; * негативни референци; * електронски систем за јавни набавки и е-аукции; * жалбена постапка. Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: * лицата кои ги подготвуваат понудите и поднесуваат понудите во хартија, по електронски пат и учествуваат на е-аукции; * менаџментот кој одлучува за содржината на понудите и вашите права во постапката. Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: книгата „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“, второ издание; работен материјал; ручeк и освежување; сертификат

за присуство на семинарот. Книгата „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“, второ издание, ќе ви даде одговор на многу прашања и дилеми: - како и каде се објавуваат тендерите; - како полесно да ја подготвите вашата понуда; - кои документи се потребни за учество во постапката; - што е технички дијалог и како се спроведува; - негативна референца и основи за нејзино издавање; - како правилно се поднесува понудата; - како да се учествува на е-аукција; - кои се вашите права во постапката; - како и каде да ги заштитите овие права; - како да се решат одредени проблеми во пракса?

Пријавување до 28 јануари 2013 година. Елзиабета А.Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 e-mail: beti@mchamber.mk

Ленче Зикова тел: 02 32 44 054 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber.mk


четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар „НАЈНОВИТЕ ПРОМЕНИ ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР КАЈ ИСТРАЖУВАЊЕТО И ЕКСПЛОАТАЦИЈАТА НА МИНЕРАЛНИТЕ СУРОВИНИ” Со стапување во сила на Законот за минералните суровини на 13 ноември 2012 година (објавен на 5.11.2012 година, во „Службен весник на РМ“ број 136), се поставија нови права и обврски на компаниите, при што почесто се поставува прашањето како истите да се имплементираат, посебно во делот и на инспекцискиот надзор. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Државниот инспекторат за техничка инспекција, на 1 февруари 2013 година, со почеток во 10:00 часот, организираат еднодневен семинар на тема: „Најновите промени во законската регулатива при инспекциски надзор кај истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини”. Семинарот ќе се реализира во сала 4, на V кат.

Програма: 1. Закон за минерални суровини; 1.1 Општи одредби од Законот за минерални суровини; 1.2.Права и обврски на концесионерите .

2. Законот за минерални суровини во функција на подобрување на ефикасноста во работењето на концесионерите; 3. Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од Законот, надлежност и овластување, преземање на дејствија, предлози за едукација и донесување мерки за подобрување на работењето на компаниите. Целна група: лица вработени во компаниите кои вршат истражување, експлоатација и преработкана металични и неметални минерални суровини. Предавачите се вработени во Државниот инспекторат за техничка инспекција: 1. Ештреф Имери, дипл. руд. инженер,рударски инспектор и 2. Драган Димитровски, дипл. руд. инженер, рударски инспектор.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: * работен материјал; * освежување; * сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 29 јануари 2013 година Марија Петроска тел: 02 32 44 017 факс: 02 32 44 088 e-mail: marija@mchamber.mk;

М-р Анита Митровска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 e-mail: anita@mchamber.mk;

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотор во Канада, доставена е информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за пласман на стоки и услуги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании-членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан, можат да најдат подетални информации на следниов линк: http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/ news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотор за Канада, Ирена Ѓеоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Обука „ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД” 6 февруари – 3 април 2013 година, 10:00-15:00 часот (6,13,20,27 февруари, 6,13,20,27 март и 3 април 2013 година) Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад? Согласно член 21 од Законот за управување со отпад компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад, должни се да назначат најмалку едно стручно оспособено лице - управител за отпад. Иако обуката за управител со отпад не е законска обврска за компаниите кои складираат, третираат или преработуваат отпад, може да биде корисна и за нив и за вистинско функционирање на целиот систем за управување со отпад. Кои се задачите на управителот со отпад? • Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад; • да води евиденција и да изготвува извештаи; • да ја спроведува годишната програма на својата компанија; • да го контролира видот и количеството на отпадот што се

создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад; • да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија. Што треба да поседува управителот со отпад? * Потврда за стручна оспособеност и * Уверение за положен стручен испит за вршење на управување со отпад. Управителот со отпад треба да поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. За да се стекне со Уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Но, за да се пријави за полагање на стручен испит, кандидатот задолжително треба да посетува обука, на која се стекнува со Потврда за стручна оспособеност за управување и /или постапување со отпад. Кој може да стане управител со отпад? Услов за полагање на стручниот испит е кандидатот


четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ да има високо образование со тригодишно работно искуство или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина. Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 50 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето ова ќе биде придружено со практични примери релевантни за кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и изготвувањето на програмата. Кој ја спроведува обуката? Стопанската комора на Македонија е овластено правно лице за спроведување на обуката. Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 4 февруари 2013 година. Времетраење на обуката: 9 работни средби, вкупно 50 часа. Учесниците на обуката ќе добијат сеопфатен материјал за подготовка на стручниот испит и Потврда за учество во обуката за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад. Пријавениот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Mакедонија: www. mchamber.mk Даниела Михајловска тел: 02 32 44 021 факс: 02 32 44 088 daniela@mchamber.mk;

М-р Анита Митровска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 anita@mchamber.mk;

Семинар „ОБВРСКИ НА ОПШТИНИТЕ ПО ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО” 15 февруари 2013 година, 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат Семинарот кој ќе се одржи на 15 февруари во Стопанската комора на Македонија ќе претставува иницијално запознавање и едукација, како и подготовка на локалната власт во Република Македонија да одговори на законските барања во врска со обврските на општините по прописите од областа на здравството и тоа во делот на спроведувањето на

превентивните мерки за заштита од појавата и ширењето на заразните болести (дезинфекција, дезинсекција и дератизација) на населените места и другите јавни површини, правата на пациентите, правата на пациентите со ментална болест, и други области. Обврските на општините кои произлегуваат од прописите од областа на здравството, претставуваат работи од јавен интерес, кои општините во согласност со закон имаат право да ги вршат на своето подрачје и се одговорни за нивното извршување. Надзор над законитоста на работата на органите на општините вршат органите на државната управа. Надзорот над спроведувањето на прописите од областа на здравството од страна на општините го врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат. ПРОГРАМА • Обврските на општините согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, со посебен осврт на превентивната дезинсекција и дератизација; • Извештај по извршениот инспекциски надзор над спроведена превентивна дезинсекција и дератизација за 2011/12г.; • Законска регулатива за заштитата на правата на пациентите; • Извештај за инспекциски надзор согласно Законот за заштита на правата на пациентите; • Законот за ментално здравје и состојбата со психијатриските болници во Република Македонија. Семинарот е наменет за претставници на единиците на локалната самоуправа, општините, членови на советите на општините, членови на комисиите формирани на ниво на општините од наведените области и други заинтересирани лица. Предавачи: д-р Весна Николоска Димитровска, раководител на одделение во ДСЗИ, Министерство за здравство; д-р Оливера Стојковска, раководител на оддление во ДСЗИ, Министерство за здравство; д-р Вера Менковска, раководител на сектор во ДСЗИ, Министерство за здравство. Пријавање до 13-ти февруари 2013 година. Пријавниот лист може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk М-р Анита Митровска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 anita@mchamber.mk;

Ленче Зикова тел: 02 32 44 054 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber.mk


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 20 до 22 феврyaри 2013 година во Република Турција „MODEKS 2013“ ВО БУРСА Од 20 до 22 феврyaри 2013 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржи Првиот меѓународен саем за готов мебел, декорација и украси „MODEKS 2013“. Се очекува тоа да биде една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски компании. Саемот се промовира во многу држави: Авганистан, Германија, Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Белорусија, Русија, Италија, Шпанија, Катар, Канада, Шведска, Швајцарија, Романија, Укранија, Јордан, Грција и др. Изложбата ќе се одржи на површина од 45.000 м2 во 6 хали. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што турските компании ќе ги пласираат од областа на: - модерен мебел за дневни соби; - спални; - трпезарии, маси, столици; - класичен мебел, софи, фотелји; - ткаенини за мебел; - украси за мебел; - постелнини; - осветлување; - дизајнери; - здруженија за мебел; - детски соби и за тинејџери со стандард кревети; - медицински / ортопедски кревети и др. На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од Турција, кои ќе се престават со своите најдобри производи. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 20 до 22 феврyaри 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Обезбедени се : - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице , а 5.900 денари за нечленки по лице, на Комората).

Стопанската комора на Македонија и„Адонис Груп“ ги поканува заинтересираните македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 8.02.2013 година. Подетални информации можат да се добијат на вебстраната: www.bursamodeks.com.tr или контактирајте не`. Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 natasa@mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: ++ 389 2 32440095 Факс:++ 389 2 3244088 vanco@mchamber.mk

Oд 20 до 23 февруари 2013 година во Република Турција MЕЃУНАРОДНИ САЕМИ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО АНТАЛИЈА Стопанската комора на Македонија и „Anfas Fair Management & Invesment Inc“ како долгогодишни партнери организираат заедничка посетана на Саемот за храна и Саемот за Пијалоци. Меѓународниот саем за храна ја продолжува својата богата 19-годишна традиција, организирајќи го 20-от по ред Саем за прехранбени производи со излагачи од Турција и 38 земји од Блискиот Исток, Азија и Европа, кои на посетителите ќе им претстават илјадници трговски марки. Според видот и типот на излагачите, оваа меѓународна изложба е место каде што може да се создаде огромна и ефикасна соработка меѓу пазарите во Европа, Азија и Блискиот Исток. Цел за 2013 година за овој настан е поставување на 35.000 м2 изложбен простор, 450 компании - излагачи и 80.000 професионални посетители. Посетителите на Саемот за храна ќе имаат можност да ги видат производите што турските и странските компании ќе ги пласираат од областа на: • здрава храна, житни култури, зачини и масла за јадење; • месо и месни производи; • пекарски производи; • адитиви; • чоколадо, вафли и сладолед; • млеко и млечни производи; • чај, кафе и опрема; • трговија на големо и дистрибуција на храна; • производи од риба и морска храна; • производи за хотелиерството; • опрема за ладење; • замрзната храна; • свежи земјоделски производи и опрема; • лаборатории за храна, хигиена, консалтинг; • сува, сушена храна; • конзервирана храна; • списанија и др.


четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Во истиот период, од 20 - 23 февруари 2013 година се одржува и 2. Меѓународен саем на пијалаци. Изложба на која ќе заземат учество производители кои сакаат да го освојат турскиот пазар од Турција, Русија, Украина, Бангладеш, Бугарија и Белгија, кои ќе ги презентираат своите производи. Покрај индивидуалните посетители, ќе има и бизнис делегации, кои се состојат од истиот професионален бизнис сектор, од Узбекистан, Русија, Израел, Германија, Саудиска Арабија и Египет . Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што турските и странските компании ќе ги пласираат: • алхохолни пијалаци; • безалкохолни пијалаци; • чај и кафе; • вода, полнење на вода и најнови технологии; • енергетски пијалаци; • концентрати за пијалаци и овошни сокови; • сода вода и минерална вода; • опрема и технологии за пакување на пијалаци и напитоци; • коктел-сосови; • вино; • секторски публикации и едукативни настани. На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании , кои ќе се претстават со своите најдобри производи и услуги. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Anfas Fair Management & Invesment Inc“ – Анталија, организира посета на македонски компании на овие две саемски манифестации од 20 - 23 февруари 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 5*); - локален трансфер и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Стопанската комора на Македонија ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 01.02.2013 година. Пријавниот лист може да се превземе од сајтот на Комората: www.mchamber.mk Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 natasa@mchamber.mk

Контакт: Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 32440014 Факс:++ 389 2 3244088 vasko@mchamber.mk

0д 5-9 март Бизнис-средби CeBIT во Германија НАТПРЕВАР НА ИДНИНАТА 2013 Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организираат посета и учество на бизниссредбите CeBIT - Натпревар на иднината 2013 во Хановер СР. Германија CeBIT е најголемиот светски компјутерски саем во Хановер, а оваа година е 15-то издание на една од најголемите и најуспешните меѓународни брокерски настани во Enterprise Europe Network. Од 1999 година на Натпреварот на иднината е овозможено излагачи и посетители на Саемот да најдат партнери за соработка, на пример, за развој на производи, истражување и развој, заеднички вложувања, производство, маркетинг и / или договори за лиценци. Над 390 компании и истражувачки организации од 39 земји учествуваа на Натпреварот на иднината во 2012 година и реализираа над 1.500 билатерални средби. За подетални информации и пријавување, посетете ја веб-страната: http://www.b2match.eu/futurematch. Партиципацијата за Саемот е 110,00 евра и вклучува слободен влез за сите дена на Саемот, за 2 лица. Краен рок за регистрација е 18 февруари 2013 година.

Зошто да учествувате? * За да ги добиете последните информации за ИКТтрендовите и иновациите; * за да ги промовирате вашите производи, технилогии и знаења; * за да најдете комерцијални и технолошки партнери; * за да разговарате за нови проектни идеи.

Во рамките на класичниот брокерски настан има широк спектар на дополнителни услуги, како тури и советодавни услуги за финансирање и интелектуална сопственост, кои ќе Ви бидат понудени во рамките на манифестацијата. Ново: клиентите од други сектори, кои бараат ИТприлагодени решенија или партнери за меѓусекторски проекти, можат да се регистрираат бесплатно по електронски пат и да испратат свои барања. Затоа, ИТ-експерти ќе презентираат соодветни технологии и производи на Натпреварот на иднината. Индустриски сектори: ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА. Лазо Ангелевски тел. (02) 3244-090 laze@mchamber.mk

Софче Јовановска тел. (02) 3244-060 sofce@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 13 до 15 март 2013 година ве водиме во Република Турција на три саемски манифестации по исклучително поволни услови WINDOW, DOOREXPO И GLASSEXPO ISTANBUL 2013 Во периодот од 13 до 15 март 2013 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат 14. Меѓународен саем за прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства - ISTANBUL WINDOW 2013, 5. Меѓународен саем за врати, блиндирани врати, панел, системи и помошни средства за врати - DOOREXPO ISTANBUL 2013 и Саемот за производи од стакло, технологија и машини за стакло, помошни производи и хемикалии - GLASSEXPO ISTANBUL 2013. Станува збор за поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на коишто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Во делот на прозорци: - алумински профили, дрвени профили, механизми за прозорци, ПВЦ-механизми за прозорци, механизми за алумински и дрвени прозорци, рачки и шарки за прозорци, безбедносни системи, брави; - пневматски системи, хидраулични, електро и рачни алати, ролетни, вентилација за прозорци, безбедносни системи, завртки, фасадни системи, ПВЦ-стакло, изолација за топлина, звук, пожар; - машини за преработка на алуминиумски прозорци, механизам за алуминиумски прозорци и др.

Во делот на врати: - ПВЦ-врати, челични, стаклени, дрвени, гаражни, вртечки, панел-врати, врати од ковано железо, индустриски врати, секциски врати, надворешни и внатрешни врати за куќи, безбедносни врати, врати отпорни на оган, врати за болници, изолациони врати, лизгачки врати, врати за возила; - рачки, рамки, шарки за врати, клучни системи за врати, автоматски врати, технологија за преработка на врати, електронски системи за врати, врати за градина, аларм за врати, блиндирани врати и др.

Во делот на стакло: - производи од стакло, рамно стакло, повеќеслојно, калено, изолационо стакло, стакло за автомобили, стакло за мебел, стакло отпорно на оган, витраж, матирано и заштитно стакло, лабораториско стакло, кристал, рачно изработено стакло, оптичко стакло, непробојно стакло, огледало, конкавно стакло; - машини за миење стакло, машини за сечење, машини за

келење, машини за заварување и полирање на стакло; - изолационен материјал, пескарење, дихтунзи, завртки, резервни делови; - лепливи производи, хемикалии за чистење стакло, молекуларни сита, стаклени бои, течно стакло и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 13 до 15 март 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25.02.2013 година. Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088 ic@mchamber.mk


четврток, 24 јануари 2013, Бр. 120

БИЗНИС ИНФО

23

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Италија заинтересирана е да најде партнер за соработка во заедничка изградба на фабрика за стаклена волна и стакло во Република Македонија. Валидност дo: 28.3.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на материјали за микроелектронски компоненти и полупроводнички делови. Валидност дo: 11.4.2013 година

Компанија од Швајцарија заинтересирана е да инвестира во изградба на бензиски пумпи, изградба на патишта, хотели и казина и друго во Република Македонија. Валидност дo: 9.5.2013 година

Компанија од Бугарија бара дистрибутер за пласман на амбалажа од брановиден картон и хартија за брановиден картон во Република Македонија. Валидност дo: 11.5.2013 година

Компанија од Грција заинтересирана е за соработка со туристички агенции во Република Македонија за посета на Грција. Валидност дo: 9.5.2013 година Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електронски мерни инструменти кои се употребуваат во медицината и лаборатории, инкубатори, стерилизатори, дестилатори, миксери, апарати за дестилација на вода, опрема за фототерапија. Валидност дo: 10.4.2013 година Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на челични јажиња. Валидност дo: 10.4.2013 година Австриска компанија со претставништво во Германија бара соработка во областа на обновлива енергија во Република Македонија. Валидност дo: 10.4.2013 година Компанија од Грција бара соработка со македонски производители на етикети за стаклена амбалажа. Валидност дo: 10.6.2013 година Италијанска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на Supertech® уред кој функционира во резервоарот за гориво на возилата (на бензин или дизел). Има пет модели со различна големина во зависност од капацитетот на резервоарот. Референците на уредот се: заштеда на гориво до 12% и намалување на емисијата на гасови до 75%. Валидност дo: 10.5.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на гусени печки на дрва. Валидност дo: 11.3.2013 година Компанија од Чешка заинтересирана е за соработка со компании од Република Македонија во областа на системи за контрола на пристапот – агенции за безбедност, дистрибутери на системи за контрола на пристапот, како и пласман на сигурносни кутии во Македонска пошта, во банки, агенции за безбедост и др. Валидност дo: 11.3.2013 година Компанија од Германија бара соработка со производители на зеленчук од Република Македонија како суровина за конзервна индустрија и посебно се заинтересирани за пиперки од сортата куртовска капија, модар патлиџан и домати. Валидност дo: 11.5.2013 година Компанија од Франција заинтересирана е да пласира средства за заштита на растенија во Република Македонија. Валидност дo: 11.4.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на средства за чистење и машинска опрема, а истовремено се заинтересирани да најдат и простор за отворање на продавница за да ги продаваат средствата. Валидност дo: 15.5.2013 година

Хотелот „Москва“ сместен во центарот на Белград, во близина на плоштадот Република има 124 комфорни соби и 6 луксузни апартмани опремени со стилски мебел, мини бар, кабловска ТВ и бесплатен безжичен интернет. На приземјето има кафе-слаткарница и ресторан, ноќен клуб, банкет сали, гаража и паркинг, конференциски сали за бизнис-состаноци, презентации, кои се опремени со системи за аудио и дигитална проекција, како и безжичен Wi Fi интернет на 10Mbps брзина. Стручниот тим на готвачи на хотелот е подготвен да помогне во подготовка на бизнис-ручеци. Контакт: www.hotelmoskva.rs Хотел „Москва“ Белград Теразије 20 Teл: +381 11 2686 255 Факс: +381 11 2688 389 Резервација: +381 11 3642 069 info@hotelmoskva.rs Контакт: Нада Родоичиќ Валидност дo: 14.4.2013 година Реномирана компанија од Република Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунара) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Р. Грција. Валидност дo: 5.10.2013 година Компанија од Германија бара партнери за соработка во Република Македонија во областа на соларна енергија. Валидност дo: 15.3.2013 година Контакт: Мирјана Коцева E- адреса: mirjana@mchamber.mk Тел: 3244-035; Факс: 3244-088


БИЗНИС ИНФО

Во период од 22 до 25 април 2013 година во Доха, Катар, се одржува 8. Светски конгрес на стопански комори

Можност за одлична интеракција со над 12.000 стопански комори од светот Бизнис-форуми за промовирање на активностите и можностите во вашиот регион и претставување на вашите производи и услуги . Oваа меѓународна манифеставија ќе има интерактивна програма во која се планирани пленарни и работни сесии, коишто претставуваат одлична можност за вмрежување меѓу компании од целиот свет.

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Зошто не треба да ја пропуштите можноста да бидете дел од ICC CCF 8th World chambers congress? -Tаргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; -стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; -создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; -претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; -презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница.

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани за посета на оваа меѓународна манифестација да се пријават најдоцна до 1 февруари 2013 година.

Контакт:

Ирена Мојсовска Тел (02) 3244009 Факс (02) 3244088 Е-адреса: irena@mchamber.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.