GT18

Page 1

Специјализирано списание за градежништво и транспорт • Излегува четири пати годишно

Година V • Број 18

Caterpillar M • Liebherr pr 724 • JCB 360 Volvo L180H • BOMAG • METSO HP200 • Würth Makita • Schmitz Cargobull


СОДРЖИНА Претставуваме: Од уреднички агол........................................................................................3 Cat M серија 3 грејдери ...............................................................................4 Liebherr pr 724 ................................................................................................8 JCB 360 ..............................................................................................................12

Издавач: КУКОМ дооел - Скопје

Volvo l180h - натоварувач на тркала .................................................16 bomag telematic ..........................................................................................20 metso hp200 во вардарградба .................................................................24

Главен и одговорен уредник: Благоја Дрнков Графички уредник: Филип Даскаловски Постојани соработници: Агрон Сулејман, Зоран Коцев, Сашо Наумовски, Андријан Трипунов

vermeer - машини за насочено дупчење ..........................................28

Занимливости, вести... Wacker Neuson SE во “Синпекс“ ..............................................................32 ESCO на саемот CONEXPO во Лас Вегас ................................................36 Технологија - SuperTech ..........................................................................39

Маркетинг: Благоја Дрнков, Наташа Спасовска Кристина Ганиќ - Јанушева

Makita – отсекувачи за бетон и асфалт ..............................................42

Адреса на редакцијата: „Коста Шахов“ 6-1/1 1000 Скопје

„ДРВОПРОМ“ - термопан стакла со полнење од мешавина од Криптон-Аргон ..................................................................................................52

Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира на било кој начин или на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Г и Т. Г и Т е тромесечна ревија.

Ytong блокови ..............................................................................................45 Würth – MS Полимери .................................................................................48

Услови и начин на вршење на дејноста авто - такси превоз ................................................................55

Trанспорт Shmitz Cargobull S.KI LIGHT ......................................................................56 GAZelle .............................................................................................................59 sisu .....................................................................................................................61 Nissan e - NV200 ..............................................................................................64 Marcopolo Paradiso 1800 DD ...................................................................68

www.g-t.com.mk

02 3223 531 2

Година 5 • Квартал 2


Од уреднички агол Во Иловица ќе се копа злато? 1. Предфизибилити сту­­ ди­­ јата го потврди тоа што сите го очекуваа, про­ ектот „Иловица“ де­ фи­нира финансиски ат­ рак­тивен проект, од­нос­ но постои еко­­­ном­­ска оп­ равданост за оства­ рување на овој проект. Под земјата се наоѓаат 411 илјади тони бакар и околу 69.5 тони злато. Тие би требало да поч­ нат да се ископуваат веќе од 2017 година а под­готвоките за отварање на рудникот се планира­­ни за една година порано. Плановите говорат за го­ дишен ископ на руда од 10 милиони тони од кои се очекуваат 2.7 тони злато и 16 илјади тони бакар. Ако сé се одвива според планот, и рудата се ископува со ова темпо, резервите на рудникот би требало да се исцрпат по 23 години активна експлоатација. Носителот на концесијата, канадската фирма “Еуромкас Рисорсис“, во отварањето на рудникот на­јави инвестирање на околу 500 милиони долари а во Иловицасе очекува да се отоврат 400 нови работни места. Од експлоатацијата на рудното бо­ гатство би требало сите да профитираат, конце­ сио­нерот со остварување профит, работниците со обезбедување сигурни примања а пошироката заед­­ница од остварените приходи. 2. Околу енергетски ресурси се водат војни, не само вистински со употреба на сила туку и технолошки, со примена на најсовремените научни достигну­ вања. Во Германија се води вистинска војна, од овој вториов тип, со примена на знаење и наука. Во последно време сведоци сме на редефиниција на германската стратегија во однос на користењето на енергетските ресурси. Среднорочниот план според кој до 2020 година беше предвидено затварање на сите нуклерани централи - не бил точен. Сега следи ревидирање на проектите и изготвување на реално остварлив план. Во него секако нема да стои делот во кој се предвидува целосна субституција на атомската енергија со обновливи извори на енергија при што акцентот

беше ставен на искористување на сончевата енер­ гија и енергијата добиена од ветерот. Економскиот просперитет носи благосостојба на граѓаните но и зголемени потреби за енергија. Економската исплатливост на сончевите фото­ на­ понски колектори може да се почуствува дури во периот кој е поголем од 15 години, а самите системи предвидени се да траат максимлано до ист толкав временски период. Тоа значи дека математиката, со сегашното ниво на развој, е прилично “тенка“. Из­ лезот германската наука го гледа во искористува­ње на јагленот! Да секако, него германците го имаат во доволни количини а примената на нови методи овозможува еколошки прифатлива работа на тер­ мо­електраните. Во никој случај не се запоставуваат и нафтените деривати и гасот но тие ресурси ги нема на германско тло па затоа тие не сакаат да бидат премногу зависни од дефицитарни енерген­ си. А што правиме ние како држава на тој план? Речиси ништо, поточно чекаме да видиме како ќе се одвиваат работите, па потоа да се приклониме кон некоја опција. Фактите говорат дека ние по глава на жител трошиме далеку помалку енергија од европскиот просек (поради заспаната индустриска потрошувачка) а и природните енергетски ресурси ни се прилично ограничени. 3. Вашето внимание почитувани читатели во овој број, ќе се обидеме да го задржиме со интересни теми од областите кои ги покриваме Градежниш­тво и Транспорт но и со прилози за машини и опрема која се користи во рударската индустрија. Од ова место би ги препорачал прилозите за багерот JCB 360, булдожерот Liebherr PR 724, камионот за пре­ воз во рудници на Atlas Copco, Minetruck MT5020 потоа натоварувачот на тркалаVolvo L180H, Shmitz Cargobull S.KI LIGHT-лесните полукипери за на градилиште, ... но да не ви откриваме се одеднаш. Пријатно читање Главен уредник Благоја Дрнков

Година 5 • Квартал 2

3


Cat M серија 3 грејдери

Во поход по третиот трон Машинеријата на Caterpillar, светскиот лидер во производство на градежна и рударска опрема, е неприкосновен владетел насекаде во светот .

4

Година 5 • Квартал 2


Без разлика за кој тип машини се работи, нив на тронот ги имаат донесено репутацијата, квалитетот, напредните технологии, продук­ тив­ носта… Можеме да набројуваме до недо­ глед, но најважно од сé е што се направени да одговараат на сечии потреби, за било која примена. Но, колку гордо и да звучи ова, тоа претставува голема обврска и одговорност кон сите веќе постоечки и идни клиенти. Едно­ ставно, товарот што треба да се носи за да се биде на тронот значи секоја нова генерација машини да биде подобра повеќе од претход­ ната отколку што се очекува. Така е и со третата серија на грејдерите на Caterpillar, составена од три модела - 12M3, 140M3 и 160M3. Во споредба со нивните исто­ имени претходници со двојка во ознаката се

одликуваат со поголема ефикасност во рабо­ тата, зголемена безбедност, подобрена удоб­ ност за операторот, полесно сервисирање, по­ мала потрошувачка на горивото и намалени еми­сии на издувните гасови. Како и досега, тие се најиздржливите високопродуктивни греј­де­ ри на пазарот, чија употребливост е гаран­ти­ рана со бројните умни технички решенија и изведби кои ги овозможуваат нивните непри­ косновени својства. Кабината со уникатен дизајн овозможува ви­ сока прегледност и едноставно ракување со машината, што прави операторите да се чув­ ствуваат посигурни, a со тоа да бидат и по­про­ дуктивни. Вратите под агол, конусниот под и фактот дека ракувањето е со џојстик, однос­но без командни палки драматично придо­не­су­в­а­

ат за зголемување на прегледноста на ножот и теренот кој се работи. Командувањето со два­та електронски џојстика во голема мерка го поедноставува управувањето - го намалува бро­јот на потези со раката и зглобот за дури 78%, подобрувајќи ја ергономијата и нама­лу­ вајќи го нивото на потребна обука. Моделите од М серијата 3 имаат и редизајниран дисплеј на централната конзола, на кој информациите се испишуваат во видното поле на операторот, кој пак може да ужива во поудобните седишта со греење и вентилација. И тоа не е сé - новите LED светла овозможуваат полесно сервисира­ ње на машината на терен, во услови на слаба осветленост. Иновативниот систем за прицврстување на но­ жот без подлошка ја намалува можноста за негово вибрирање, со што во голема мерка се

Година 5 • Квартал 2

5


скратува времето потребно за сервисирање. Патентираните плочки кои се подесуваат од горната страна го намалуваат времето за по­ десување на потезницата и го скратуваат вре­ мето на застој, зголемувајќи ја на тој начин опе­ ративната ефикасност на машината, со што се намалуваат вкупните трошоци за рабо­ та. И интегрираните технологии, како што се Product Link, VisionLink, Cat Grade Control Cross Slope и Cat AccuGrade придонесуваат за подобрување на работната ефикасност, овозможувајќи им на шефовите на возниот парк од далечина, односно од своите работ­ни канцеларии да ја следат локацијата на маши­

6

Година 5 • Квартал 2

ната, работните часови кои таа ги има, упо­ требеното гориво, продуктивното време и вре­ мето поминато во мирување, но и да извршат дијагностика доколку е потребна. Новите мотори за серијата 3, освен што ги имаат наследено особеностите од претход­ни­ ците, сега се малку посилни, но и почисти - ги задоволуваат американските EPA Tier 4 Final и EU Stage IV стандарди за емисиите. Тоа е постигнато со примена на технологии кои не бараат никакви активности на операторот или сервисерите, ниту пак дополнителни запира­ња со работата за регенерација и прочистување на системот, чија основа е третман со селек­ тивна каталитичка редукција која користи флу­ ид кој се дополнува кога машината се полни со гориво. А тоа, пак, сега е потребно и до 10% помалку благодарејќи на севкупната ефика­с­ ност и новиот економичен режим на работа кој ја намалува брзината на моторот во зависност од конкретните потреби за сила. Стандардниот систем за надзор на работата на моторот пак автоматски ја зголемува неговата моќност во секој степен на пренос. Оваа карактеристика ја оптимизира влечната сила во секој режим на работа, штедејќи го истовремено и горивото. Во третата серија на грејдерите на Cat се


вградуваат три различни мотори - од 133 kW за моделот 12M3, 149 kW за 140M3 и 165 kW за 160M3. Широчината на ножот кај првите два модела изнесува 3,7, а кај поголемиот 4,2 метри, додека оперативната тежина им се дви­ жи од 19.344 до 21.552 kg, во зависност од моделот и дали се опремени со погон на сите тркала, кој се карактеризира со хидростатички начин на работа, редуциран пренос на сили­ ната и патентирана технологија за компенза­ ција на управувањето. Трансмисијата има осум степени за возење нанапред и шест за нана­ зад, а кочниците се со повеќе диска потопени во масло. Радиусот на свртување изнесува 7,8 метри, а максималната брзина 46,6 km/h на­ пред и 36,8 назад, додека најголемиот модел е за нијанса побрз и постигнува 47,4, односно 37,4 km/h. Овие грејдери сосе опремата се

долги 10 метри, широки 2,5 и високи 3,3 метри. Сите модели од М серијата имаат сигурносни системи како што се детектирањето на при­ суството на возачот, можност за вградување на камера од задната страна и уште многу други опции.

Текноксгруп Македонија Дооел Качанички пат ул.20 бр.32 1000 Скопје, Република Македонија Тел. +389 2 2527 205 contact-mk@teknoxgroup.com www.teknoxgroup.com

Година 5 • Квартал 2

7


Liebherr PR 724

Отворете пат Булдожерите на Liebherr подготвени се да отворат пат низ било каков терен. Тие се првата ударна сила која настапува при изградбата на патишта но и на сите останати места каде што треба да се поместат големи количини на земја.

8

Година 5 • Квартал 2


Зависно од конфигурацијата на теренот како и од потребниот обем на работа, Liebherr нуди серија на булдожери кои се разликуваат спо­ ред своите изведбени капацитети. За изве­дува­ ње на тешки теренски работи на располагање се става серијата PR 714/724/734. Заедничко за трите “поместувачи на терен“ е погонот на гасеници, електронски контролираниот хидро­ статски систем за пренос и управување, широ­ киот спектар на секала и заден приклучен алат, компактната и силна изведба како и прин­ци­­пот на изградба на носечката конструкција. Разли­ ките помеѓу овие силни аргати се состо­јат во силината на вградениот мотор: 117/163/252 КС потоа во оперативната тежи­на 14.800/20.300/ 31.669 kg како и во самите физички димензии. Ние во случајот ќе се задржиме на средниот модел од понудата, Liebherr PR 724.

Механика На прв поглед ништо не ви најавува дека овој робусен булдожер крие некаква посебна тех­ нологија. Па дури и кога ќе го слушнете како работи ќе ви изгледа како и сите останати. Но, Liebherr веќе 30 години развива свој посебен систем на пренос и управување. На сцена е четвртата генерација на електронски контро­ ли­ран хидростатички систем. Поедноставено­ то објаснување на оваа техничка специфика, значи дека дизел моторот работејќи при кон­ стантен (и оптимален) број на вртежи ја прид­ вижува само хидростатската пумпа. Потоа со помош на оваа пумпа силината директно се пренесува на погонските компоненти. Нема

потреба од менувачки систем, редуктори или пак конвертори на вртежниот момент. На ист принцип и се управува со машината, па дури и големите комбинирани ладилници не го кори­ стат моторот како погон. Бенефитот од користење на хидростатскиот пренос се согледува во зголемената ефика­с­ ност на работа, континуираната испорака на сили­на без разлика на оптеретувањето како и поед­ноставеното одржување. Инаку дизел моторот е сопствен производ на Liebherr, има работен волумен од 7.0 литри распоредени во четири цилиндри. Максимал­ ната силина му изнесува 163 КС, и поради константниот број на вртежи на кои работи речиси цело време, работи многу економич­но Година 5 • Квартал 2

9


а и неговото одржување е маскимално поед­ ноставено. Носечката конструкција е поставена на кути­ јаста основа која е изработена од екстремно цврст челик а подвижните делови се поврзани со посебно изработени еластични зглобови. Носечката структура овозможува флексибил­ но користење на различни секала како и при­ клу­чување на специјални додатоци на задниот дел од булдожерот а тоа сé според потребите на корисникот за прилагодување на различен тип на теренот и состав на подлогата.

10

Година 5 • Квартал 2

Работен амбиент Иако Liebherr PR 724 изгледа моќно и грубо, со него се ракува многу едноставно. Уште при првиот контакт со кабината таа делува многу пријателски и пријатна за престој. Внатре­шно­ ста е изработена од квалитетни материјали со команди кои се крајно едноставни и интуитив­ ни за користење. Практично сите команди мо­ жат да се извршуваат преку мултифункциски “џојстик“ а како и да се нагодат, тие се мемо­ рираат при исклучување на машината. Ерго­ номската позиција на операторот е овозможе­ на од седиштето кое може да се прилагоди во сите правци, а одличната видливост се должи


на големите стаклени површини. Кабината е из­вонредно изолирана од бучава и вибрации а ги исполнува и строгите ROPS/FOPS безбедно­ сни стандарди. Накратко, операторот ги има сите услови за комотно и безбедно извршува­ ње на своите работни обврски, а тоа е осно­вен услов за обезбедување на максимална про­дук­ тивност на операторот. Капацитети и одржување Сите контролни точки за механичките серви­ сни делови се наоѓаат на една страна од ма­ шината а до нив се пристапува со едноставно подигну­вање на страничниот капак. И без тоа, работата на моторот при константен број на вртежи овозможува екстремно долги сервисни ин­ тер­ вали. Интересно е изведен ладилникот кој слу­жи за ладење на сите течности. Тој е позициониран странично со два посебни вен­ ти­ латори кои исто така работат под хид­ ро­ статски притисок. Од работата во валкани средини тој е заштитен со примарна решетка а воедно има можност и за самопрочистување кое се извршува преку обратно движење на перките. Лесно може да се претпостави дека сржта на целиот систем е во хидрауликата која бара повремена контрола на течностите и промена на филтрите. Во секој случај, мак­си­

малната ефикасност и едноставното одржу­ вање на булдожерот PR 724 е една од неговите најистакнати вредности. Адекватност за нашиот пазар Во ситуација кога веќе е започната изградба­та на две големи автопатски делници, серијата PR на булдожерите на Liebherr, се јавуваат како неопходност. Теренот по кој се предвидени трасите на новите патишта се карактеризира со засеци, пресеци, рамнински дел и планини. При изградба на патиштата тие терени мора да претрпат значајни поместувања и тоа на голе­ ми количини на земјиште. Токму тоа е основна функција на булдожерите на Liebherr.

СИНПЕКС ДОО Краварски пат бб, 1000 Битола Т: + 389 (47) 208-500, Ф: 389 (47) 208-515 sinpeks@t-home.mk Подружница СИНПЕКС, Скопје Јадранска магистрала бб. ( до обиколница) Т: +389 (02) 3 290-007 www.sinpeks.com.mk Година 5 • Квартал 2

11


JCB 360

Во друштво со големите Во супер модерната фабрика на JCB во Британија на површина од 42 илјади квадратни метри годишно се произведуваат по околу осум илјади багери. Излегуваат од едно место а се продаваат на сите континенти. И Мекедонија се наоѓа на нивната продажна мапа.

12

Година 5 • Квартал 2


При производството британците се потпираат на сопствен развој и технологија, и употреба на врвни јапонски компоненти. Составните де­ лови како што се моторот и хидрауликата се производи со печат на Isuzu и Kawasaki. Основ­ ниот принцип на работа на JCB е примена на проверени класични решенија и со нив да се обезбедат најефикасни резултати со мини­мал­ ни трошоци на експлоатација. За илустрација на нивниот оригинален пристап нека послужат податоците кои говорат за поголема силина на моторот за 5 до 15%, потоа до 23% помала потрошувачка на гориво како и до 10% поголем однос на ефикасноста (тони/литар), во однос на директните пазарн конкуренти.

има работен волумен од 7.8 литри и при 2.000 вртежи во минута испо­ рачува 288 КС. Ис­пол­ну­ вањето на нај­но­вите нор­ми Tier IVi / Stage 3B, против зага­ дувањето на око­лината е постиг­нато со при­ме­на на директно вбри­з­гување под ­висок при­­ тисок и примена на DPF пар­ти­куларен фил­­ тер за прочисту­ вање. Две­те хид­рау­лични пум­ пи работат со капацитет од по 310 литри во ми­ нута што е доволно за обез­бедување на при­ти­ сок од 293kN, кои обез­бе­дуваат брзо вртење на машината по вертекал­на оска. Хидрау­лич­ ните пумпи работат со ва­ри­јабилен притисок кој е зависен од опте­ ретувањето со што се постигнува видна за­ штеда на гориво. Двете изведби LC и NLC на багерот “360“ помеѓу останатото се разлику­ваат и во должината на работната рака која може да изнесува 6.1 или 6.6 метри. Останатите разлики се сведуваат на широчината на гасе­ниците како и на вкупната оперативна тежина а за двете варијанти заед­ ничка е газната дол­жина на гасениците од 402 cm потоа вкупната должина од 495 cm како и клиренсот од 53 cm.

Механика Багерот со гасеници JCB 360 претставува интересна комбинација на класични решенија реализирани со примена на современа тех­но­ логија. Носечката структура е изведена во “X” облик а изработена од посебни челици кои се гаранција дека оперативната тежина од 36.5 тони лежи на оптимално димензионирана плат­форма . Погонскиот агрегат е со потпис на докажаниот јапонски производител, Isuzu. Дизелскиот шестцилиндерски линиски мотор Година 5 • Квартал 2

13


Работен амбиент Современите трендови налагаат обезбедување на максимален комфор за операторот како би се овозможила зголемена ефикасност преку целиот работен ден. Инженерите на JCB, со вградување на посебна акустична и механичка изолација на кабината, одат уште еден чекор понапред. Тоа е постигнато со вградување на вискозни гумени облоги со кои е поврзана ка­ бината со носечката структура. Од позиција на опертор видливоста на сите страни е одлична, а и покрај големите стаклени површини каби­ ната ги исполнува и најстрогите безбедносни критериуми. Самото управување се изведува со помош на два “џојстика“ со команди кои се интуитивни и не бараат посебно привикнува­ ње. Комфорот, во и онака пространата кабина, додатно е обезбеден преку ефикасен клима уред и сериска опрема која овозможува одлич­ на видливост и при тешки временски услови. Капацитети и одржување Штом клучот се стави на бравата, сите пара­ метри на ровокопачот можат да се прочитаат на таблата со инструменти. Од друга страна, дневната контрола на течностите може да се

14

Година 5 • Квартал 2


изврши за многу кратко време поради поста­ веноста на сите мерни точки на едно место. Тој дневен преглед може да се изврши од подло­ гата и со минимален напор. Потребните сер­ виси исто така не бараат посебни вештини по­ ради тоа што сите филтри се поставени исто така на едно место, а со таквиот пристап мак­ симално е намалено времето кога машината е вон употреба. Како за илустрација на про­дол­ жените интервали за сервисирање нека послу­ жи податокот кој говори за промена на хи­ драуличната течност која треба да се изврши по 5.000 работни часа. Дека е внимавано на сите детали може да се види и по големиот резервоар за гориво во кој можат да се сместат 650 литри нафта. Ова се примери кои го пот­ врдуваат основниот принцип на JCB според кој машината треба да е максимално ефикас­на и да работи со минимални потреби за одр­ жување.

Адекватност за нашиот пазар Ефикасните ровокопачи кои имаат минимална потреба од одржување се како створени за нашите градежници. И не само за нив. Извед­ бата на големите инфраструктурни инстала­ ции бараат копање на канали со различни димензии, а JCB 360 со својата флексибилно­ ст, економичност и едноставно одржување, го овозможува токму тоа.

Глобал Моторс - Скопје бул. Македонско-косовска бригада 60 населба Бутел, 1000 Скопје тел.: (02) 2600-550, факс: (02) 2600-555 продажба тел.: (02) 2600-554, сервис и резервни делови тел./факс: (02) 2600-552 email: info@global-motors.mk

веб: www.global-motors.mk

Година 5 • Квартал 2

15


Volvo L180H – натоварувач на тркала

На доверливост, со доверба се возвраќа Volvo од 1954 година ги произведува натоварувачите на тркала, предноста на “првиот“ швеѓаните постојано ја одржуваат со понуда на современи техно­ лошки солуции а тоа клиентите го препознават, и,… возвраќаат со доверба. Изразено во конкретни бројки тоа би значело дека повеќе од половина продадени машини од овој тип ги носат ознаките на Volvo.

16

Година 5 • Квартал 2


Поминаа 6 децении од производствот на прв­ иот натоварувач на тркала кој го произведе Volvo. Огромната популарност на овие машини е стекната со непрекинат развој и со целосна посветеност кон доверливоста и економич­на­­­та експлоатација. Новата “H” серија (L150H, L180H, L220H) ја продолжува легендарната репу­тација на Volvo- натоварувачите на тркала, со примена на нов OptiShift систем со чија помош потрошувачката на гориво се намалува за цели 18%. Примената на новите технологии прoдолжува со Reverse By Braking (RBB), Intelligent Hidraulics, Eco Pedal и Fully Automatic Power Shift (FAPS) сé одред патентирани но­ витети на Volvo кои исто придонесуваат кон покомфорна работа и, се разбира, како до­дат­ ни мерки кон намалување на потрошувачката. Механика Уште од настанокот, натоварувачот на тркала е замислен како универзална машина кој мора да има снажен мотор кој ќе ги придвижува двете оски, хидраулика за управување со зглобната конструкција, и исто така, хидрау­ли­ ка за подигнување на товарот. Сето тоа го има и новата “H“серија на Volvo, со тоа разлика што сите системи се темелно обработени, техно­

лошки оплеменети и технички беспрекорно изведени. Погонскиот дизел мотор ги исполнува најно­ вите Tier 4 Final/Stage III норми против за­га­ дувањето што само по себе значи примена на врвна дизелска технологија. Помеѓу останато­ то тука наоѓаме примена на рециркулација на издувните гасови која се одвива во две фази и потполно автоматизирано. Што говорат број­ ките? Од 12.8 литри работен волумен кој е рас­ пределен во 6 линиски поставено цилиндри, из­ влечени се 334 КС и вртежен момент од големи 2.030 Nm. Оваа силина преку 4 сте­ ненска автоматска трансмисија се пренесува на двете оски. Кога се говори за менувачот треба да се истакне дека тој поседува неколку начини на работа со што машината во пот­ полност се прилагидува спрема природата на работните задачи. Оттука не би требало да изненади и максималната брзина која L180H ја постигнува под полн товар, од цели 38км/ч. Посебно поглавје претставува хидраулич­ниот систем, наречен Intelligent Hidraulics. Систе­ мот е под целосна контрола на електрониката и работи во зависност од оптеретувањето. Заштедата на гориво се остварува дури и при истоварување на товарот кога системот Година 5 • Квартал 2

17


реагира со намалување на работниот прити­ сок. За натоварувачот на тркала предвидени се голем број приклучоци па така за специфи­ чен тип на работа може да се монтира спе­ цијализиран приклучок. Интересно е да се напомне дека работната рака е опремена со посебен амортизер кој механичките удари при движење успешно ги апсорбира со што при­ донесува во отстранување на стресните ситуа­ ции но и кон зголемување на ефикасноста. Работен амбиент Volvo,воден по својата добра традиција, опе­ рато­рот го става во центарот на вниманието. Кабината на натоварувачот навистина импре­ сионира уште на прв поглед. Одличната ерго­ номија е подржана со високо ниво на без­ бедност. ROPS/FOPS критериумите за зго­­ ле­­ мување на безбедноста при работа, се всушност воспоставени на инсистирање на швеѓаните, па нивното исполнување воопшто и не се дискутира. Богатата табла со инструменти наликува на оние од современите камиони, таму се сме­ стени сите потребни инструменти кои се видливи при секакви работни услови. Коман­ дите се изведуваат со помош на универзален

18

Година 5 • Квартал 2

“џојстик“ а посебност претставува педалот за гас кој при нагла промена на правецот или пак при ослободување на притисокот, автомат­ски ја активира сопирачката а со тоа и реку­ пе­ рацијата на електричната енергија. На спи­ сокот на сериската и додатната опрема се наоѓаат цела низа можности со кои произ­во­ дителот овозможува висок степен на прилаго­ дување на натоварувачот спрема работните услови и работните задачи. Дали има потреба да се напомене дека створениот амбиент, на операторот му овозможува пријатен престој преку целиот работен ден? Капацитети и одржување Оперативната тежина на L180H изнесува 28.470 кг а максималното тежинско оптере­т у­ вање на товарот 8.710 кг. За натоварувачот е обезбеден резервоар за гориво од 366 литри кој ако зе земе во предвид ниската потро­ шувачка, дозволува долг период на употреба без непотребно губење време. Пристапот до моторниот простор е обезбеден преку широко отварање на капакот кое се оставрува преку електромотор. За таа операција ќе нема честа потреба поради тоа што сите параметри мо­жат да се следат на таблата со инструменти. По­


гонските осовини се ослободени од одржува­ ње поради тоа што механичките компоненти се цврсто затворени во посебни куќишта. На оваа позиција сретнуваме уште една техничка специфика: во внатрешноста на оските цир­ кулира посебно масло кое освен за намалува­ ње на отпорите служи и како флиуд за ладење со што се дава конкретен придонес кон долговечност на механиката. Описот на спе­ цификите ќе го заокружиме со сместување на филтерот на климатизерот на највискота точка од кабината како и со електростатскиот систем за ладење кој може да се врти и во двете насо­ ки со што се остварува самочистење на ладил­ никот и перките. Адекватност за нашиот пазар Натоварувачот на тркла Volvo L180H кај нас може да најде примена во многу индустриски гранки. Во градилиштата со својата флекси­ билност и агилност, во дрвната индустрија при натовар на големите трупци, кај каменоломите за померување на големи камени блокови, во сепарациите за поместување на фракциите... всушност секаде каде што е потребно поме­ стување и подигнување на големи товари. Еко­ номичноста и ефикасноста секој пат треба да се земат предвид кога се носи одлука за на­ бавка на една машина. Тука Volvo е без кон­ куренција!

Година 5 • Квартал 2

19


BOMAG TELEMATIC

Директна врска со Вашата машина BOMAG ја подигна ефикасноста на друго ниво: сега може да се прати и ме­ наџира возниот парк и механизација со BOMAG TELEMATIC системот. Секогаш ќе знаете каде се Вашите машини, како се користат и кога е следниот сервис. Предупредувањата се автоматски програмирани и, се разбира, сите снимени податоци можат да се пратат.

20

Година 5 • Квартал 2


BOMAG TELEMATIC е Систем за менаџирање на возниот парк. Со овој систем кој се вградува во машините и возилата, се подобрува самата искористеност на истите. Машините констант­ но локациски се следат преку компјутерот на корисникот и се надгледуваат и ги снимаат ра­ бот­ните часови, потрошувачката на гориво* и други работни параметри, кои понатаму се достапни за анализи и пресметки. TELEMATIC Системот е достапен во 2 (две) верзии: 1. BOMAG TELEMATIC START Основен пакет кој ги вклучува следните функции: - Лоцирање на машинатa; - Снимање на работните часови; - Заштита против кражба со креирање вир­ туелни огради; - Алармна порака кога се напуштаат вир­ туелните огради; - Алармна порака кога машината се користи надвор од предвиденото време; - Можност за креирање на план за одржува­ ње и сервис; Верзијата “START” е достапна за сите BOMAG машини, како и за сите други производители на

машини/возила. Потребно е машината/во­ зи­ лото да има приклучок за струја од 12V или 24V. 2. BOMAG TELEMATIC POWER Пакет кој покрај основните функции од вер­ зијата START, ги вклучува и: - Вкупна и просечна потрошувачка на гориво за сите периоди и за целиот возен парк - Анализа на искористливоста и ефикасноста; - Контрола на неработни времиња; - Алармни пораки за работните параметри, како: притисок на масло, температура на ла­ дилник, брзина на мотор и др. Верзијата “POWER” е достапна за сите BOMAG машини, како и за сите други производители на машини / возила, кои имаат електронска кон­трола на моторот (EMR / EDC). И двете верзии се достапни како целосен па­ кет кој се состои од Хардвер, Софтвер за тран­ сфер и чување на податоци за време од 36 месеци. Без дополнителни трошоци и трошоци за роаминг. Придобивки од TELEMATIC системот Секој корисник добива заштитена лозинка, со која може да пристапи до системот било каде Година 5 • Квартал 2

21


во светот со помош на интернет конекција. Секоја машина без разлика каде се наоѓа, е само на еден клик од маусот, избегнувајќи телефонски разговори и непотребни патни трошоци. Со одредувањето на виртуелни географски огради, може точно да се специфицира која машина каде да се движи и доколку ги напушти овие огради алармна порака ќе биде испрате­ на до корисникот. Ова го поедноставува пра­ тењето на машините и нуди дополнителна без­ бедност во реално време. Со одредување на работни временски интер­ вали, може да си открие дали машината се користи надвор од тие интервали преку алар­ мна порака. Работните часови можат да се пратат по од­ редени пе­ риоди, за одредени гради­ли­ шта или индивидуално. Дури и трошоците за гориво може да се пратат, така што спо­ редбата на податоците за дотур на гориво можат да откријат кражба. Со оваа под­дршка во кон­тро­лата на трошоци, се упростува про­ цесот на фактурирање. TELEMATIC Системот дава из­ вештаи за време­ то на за­ стои при работа, што овоз­мо­ жува да се воочат грешките на операторот и можноста за понатамошна негова обука. BOMAG TELEMATIC и Сервис: Преку онлајн системот може да се види на која машина и е потребен сервис и проверка на ра­ботните часови во секое време. Системот ин­формира кога е следниот потребен

22

Година 5 • Квартал 2

сер­­­вис, со што се планираат времето и тро­шо­ ците за пат и рез. делови. Комплетираните сервиси се це­лосно документирани. BOMAG TELEMATIC е решение за целиот возен парк без разлика на производителите на опре­ ма, дава информации во реално време (ажури­ рање на секои 10 мин.), има IP67 заштита и претставува интернационално решение без до­ полнителни трошоци....што значи целосна Безбедност, Ефикасност и Транспарентност !



Мetso HP200 во “Вардарградба“

Соработка за успешност Кога високата технологија ќе се стави во функција на искористување на до­ машните ресурси тоа неминовно отвара нови перспективи. Одличен пример за заедничко градење на квалитет повеќе, претставува неодамна инсталира­ ната опрема од Metso која вклучува конусна дробилка HP200, сито CVB1845IV, целосна автоматизација на процесот како и останата придружна опрема,во базата на “Вардарградба“ лоцирана во Бардовци.

24

Година 5 • Квартал 2


Искористување на домашните ресурси Основна дејност на “ВАРДАРГРАДБА” - ДОО Скопје, која е формирана пред точно 15 го­ дини, е изведба на хидро-градежни објекти и објекти од висока градба како и производ­ство и продажба на градежни производи (пе­ сок,бетон, арматура). Во текот на изминати­ве години фирмата има учествувано на многу проекти и изградено преку 90 објекти насека­ де низ нашата земја, каде како инвеститори се јавувале Владата на РМ преку нејзините ре­ сорни Министерства, Општините како и стран­ ски земји и меѓународни организации преку нивните донации како што се OBSE, EAR и UNDP. Компанијата располага со соодветна градежна опрема и механизација, алати како и со стручен кадар кој и овозможува навремено, квалитетно и професионално да одговори на превземените работни обврски. Од нејзиното основање па до денес бројот на вработени постојано се зголемува, а машинскиот парк се збогатува, сето тоа во согласност со гене­рал­ ната определба за натамошно проширување и развој на фирмата. За квалитетот на досегашната работа потврда е и сертификатот добиен за Системот за упра­ вување со квалитет (QMS) според барањата на ISO 9001:2000 стандардот потврдена од BSI(British Standards Institution) од Лондон.

се веќе значајно исцрпени. Компаниите од гра­ дежната индустрија се соочуваат со голем предизвик кога станува збор за достапноста и цената на природен песок потребен за про­ изводство на бетон. Од друга страна произ­во­ дителите на агрегати, пред се оние кои рабо­ тат со речен камен, имаат проблем со огромни количини на залиха од “непотребен” матери­ јал. Компанијата Вардарградба од Скопје е

една од компаниите која во соработка со Metso од “отпадокот” при производството на агрегати добива природен песок со извонре­ ден квалитет. Неодамна инсталираната опрема во близина на с.Бардовци вклучува конусна дробилка Мetso HP200, сито Metso CVB1845IV, целосна автоматизација на процесот и останата при­ дружна опрема.

Создавање на успехот Metso со новата генерација на конусни дро­ билки уште еднаш ги постави стандардите на иновативната технологија.Фокусирани на ос­ тва­рувањето на бизнис целите на своите кли­ енти, Metso постојано инвестира во развој на своите производи за да се подигне на повисоко ниво вредноста што се нуди при взаемната соработка. Производ добиен со дробење како замена на природниот песок Количините на природен песок достапен во близина на населените места се сé помали а резервите во последните дваесетина години Година 5 • Квартал 2

25


Врвни пероформанси Metso HP (High Performance) конусните дро­ билки претставуваат единствена комбинација на брзина, сила на дробење и дизајн на зоната на дробење. Револуционерни во поглед на голем капаци­тет, одличниот облик на зрно и ниските трошоци при производствo, HP дробилките се најдоб­ро решение за дробење на високо абразивни материјали. Флексибилноста во производството со Metso системите за дробење е целосно докажана во случајот со инсталираната опрема во Вардар­ градба каде во зависност од потребите може да се произведуваат четири калибрирани фрак­ции, или пак вкупното производство це­ лосно да се насочи единствено кон фракција од 0-4мм без воопшто да се произведуваат останатите “непотребни” фракции.

Конструирано да трае Мetso CVB вибрационите сита се синоним за доверливост при работа во рударството и про­ изводството на агрегати. Издвоени вибрацио­ ни механизми, соодветно димензионирани и син­хронизирани со карданско вратило и авто­ матско подмачкување со маст, во склоп со конструкција без ниту еден вар, гарантираат долг работен век и врвни перформанси на просејување.

Едноставно одржување и ниски трошоци при производство HP конусните дробилки се дизајнирани да гаран­ тираат безбедност при работа а зане­ марливиот обем на активности потребни за одржување овозможуваат постојан непречен процес на производство. Облогите на подвижниот и неподвижниот ко­ нус се единствениот потрошен материјал кој ги штити сите останати делови на дробилката. Во комбинација со високата енергетска ефика­с­

26

Година 5 • Квартал 2


ност, големиот степен на уситнување и голе­ миот капацитет, HP дробилките имаат гаран­ тирано најниски трошоци при производство дури и кај екстремно абразивните материјали. Иако од клучно значење опремата не е един­ ствено важна. За добивање на максимум вред­ ност од капиталната инвестиција потребна е мрежа на професионалци со искуство во бизнисот кои се способни да ја применат соп­ ствената техничка експертиза во оптимизација на производствениот процес. Првично проек­ тираниот минимален часовен капацитет за но­ виот производствен процес на Вардарградба од 50t/h на фракцијата 0-4мм е значајно над­ минат со измерените 70t/h сертифициран про­ извод од истата фракција при континиурано производство. Посветени на задржувањето на сегашната ли­ дерска позиција, Metso заедно со своите кли­ енти продолжува да ја пишува историјата на успешните во рударството и производство­ то на агрегати.

Година 5 • Квартал 2

27


Vermeer машини за насочено дупчење

Навигација низ подземјето Копањето канали отсекогаш претставувало синоним за најтешка физичка ра­ бота, но развојот на човековата цивилизација се заканува да ја испрати оваа активност во заборавот на историјата.

28

Година 5 • Квартал 2


Изградбата на патишта е комплексен процес кој бара долго и прецизно планирање. Милион­ ската сума потребна за еден километар со­ времен пат го дозволува тоа, но проблем е што не може да се земе во обѕир сé, најмалку тоа што во идните децении ќе никне покрај новата делница. А тоа често знае да предизвика не­ предвидливи последици. На пример, проби­ва­ њето на локален пат до новопроектираната ви­ кенд населба може да го промени текот на атмосферските води, кои одеднаш ќе започ­нат да се собираат покрај новоизградениот авто­ пат… Во такви случаи се знае - потребно е пре­ копување на свежо поставениот асфалт за да се направи одводен канал за истите. Но, дали навистина тоа е единственото решение?

Да се префрлиме сега во урбаните средини, каде, барем кај нас, прекопувањето на улиците практично е секојдневие. Запрашајте се колку пати сте виделе тукушто направената улица или тротоар да се прекопува за да се постави инсталација за струја, вода, телефон, централ­ но затоплување, кабловска телевизија, гас… Ова нешто, што е нормално кај нас, во разви­е­ ните земји, посебно во историските јадра на градските центри, е еднакво на ерес и заради тоа инвентивните инженери го имаат смислено процесот на поставување подземни инстала­ ции наречен horizontal directional drilling, односно хоризонтално насочено дупчење. Идејата, колку и да звучи едноставно, не било лесно да се имплементира. За да се обезбеди

вистинската насока на дупчење под веќе по­ стоечките објекти (патишта, улици, згради и слично), било потребно најпрво да се осигури дека опремата ќе се движи таму каде треба, затоа што секое скршнување од проектира­на­ та траса може да значи предизвикување на штета на веќе постоечките објекти или ин­ сталации, а во некои случаи и минималното влијание на околината е од пресуден фактор, без разлика што се поставува. Првиот проблем со кој се сретнале оние кои имале цел да ја реализираат оваа идеја е различниот, најчесто непознат материјал низ кој ќе се пробива подземната инсталација. За да се осигури дека сé ќе биде во ред, за опремата за оваа намена се користат цврсти гла­ви за дупчење кои еднакво ефикасно можат да поминат и низ мека глина и низ поцврсти камења. Но, бидејќи никој не знае што се наоѓа под земја, како мерка на предострожност се Година 5 • Квартал 2

29


користи методот на таканареченото пилот-дуп­ чење, кое има за цел да ја испита траек­торија, колку ептен да не се оди на слепо. Вториот проблем е исфрлувањето на иско­па­ ниот материјал, чија количина зависи од дија­ метарот и должината на дупката што се проби­ ва, што поголема тоа овој процес е посложен. Работата ја усложнува и тоа што секогаш е потребна солидна количина на вода како за ладење на главата за дупчење, така и за под­ мачкување на процесот и одведување на из­ дуп­чениот материјал, една погрешна процен­ка за ова може да резултира со катастрофално скапи последици и по опремата, и по проектот. Тука во игра влегува и техниката на дупчење, која треба да овозможи, колку е можно, избег­ нување на поцврстите препреки, без притоа значајно да се наруши предвидената траса на дупчењето, што пак може да доведе до оште­ тување или уништување на веќе постоечките подземни инсталации. Постоењето на прецизна евиденција што сé се наоѓа под земја го олеснува тоа, но потребен е и прецизен метод за навигација, кој се обе­ збедува на неколку начини: пешки, со поми­ну­ вање над трасата со сонда или трасмитер кој може да препознае што сé мајката земја крие под нашите нозе, потоа со опрема за електро­ магнетско наведување, која на некој начин со­ здава „рентгентска“ слика што има под тлото, како и со потполно автономниот систем за на­ вигација со жироскоп, кој што е толку софи­ стициран и бара премногу исполнети преду­ слови за да биде користен, што граничи со снимањето научно-фантастични филмови. Кој

30

Година 5 • Квартал 2

од овие методи ќе биде искористен зависи од конкретниот случај. Со развојот на оваа тех­ нологија, денес е овозможено пробивање на подземни коридори за разни инсталации, од одводни канали до поставување оптички кабли, долги до 2.000 метри и со дијаметар од 1,2 метри. Една од малкуте фирми во светот кои се зани­ маваат со оваа навидум едноставна, но во суштина сложена проблематика, е амери­кан­ ската Vermeer. Нивната гама производи за оваа намена е сериозно опфатна и ги покрива сите можни случаи - од замена за прекопување улици, до поставување километарски цевко­ води. Со развој на оваа технологија имаат започнато во 1991 година и веќе до крајот на деценијата станаа водечки според учеството на пазарот што всушност тие го креираа. Широката гама производи за различни намени во оваа област им овозможува да ги креираат трендовите, за кои од оваа гледна точка не­ма­ ат ограничувања во понатамошниот развој. Како семејна фирма со филантропско раз­ мислување, филозофијата според која се во­ди Vermeer се базира на четири основни начела луѓе, производ, профит и етички принципи, за­ ради што и при конструирањето на опрема­та е водено посебно внимание за нивното меѓу­ себно влијание. Во Македонија оваа градежна дејност е це­ лосно непозната, но со оглед на сегашните приоритети на земјава, посебно во областа на гасификацијата и инсталирањето оптички каб­ ли, нејзината перспективност е целосно зага­ рантирана.



Wacker Neuson SE во “Синпекс“

Компактно од Германија Wacker Neuson SE е мултинационална компанија која развива и произведува лесна и комpактна градежна опрема и обезбедува комплетни услуги од областа на градежништвото. Основана во 1949 година, компанијата со седиште во Минхен, сега располага со мрежа од 40 филијали, 140 продажни и сервисни центри како и преку 12 илјади партнери за продажба и сервис разместени низ сите континенти помеѓу кои се вбројува и нашиот “Синпекс“

32

Година 5 • Квартал 2


Формирање Во 1848 година, Кристијан Вакер од Дрзеден, ковач по струка, ја основа фирмата за про­ дажба на своите производи, Wacker. Се до почетокот на втората светска војна, семејната компанија работи многу успешно етаблирајќи се како иновативен производител на високо­ фрекфентни вибратори, секачи и специјални машини за набивање и тампонирање на зем­ јиште и бетон. Големата војна на народите го прекинува развојот и настапот на пазарите вон Германија а фабриката во Дрезден цело­ сно се уништива. Веднаш по војната се обновува производство­ то, овој пат во Кулмбах а првото претставни­ штво се отвара во Хартфорт, САД. Постепени­ от развој продолжува до актуелниот миг а крат­киот пресек на меѓународното присуство не води кон 40 филијали и преку 140 продаж­

но-сервисни центри и 12 илјади партнери низ сите светски региони. Во 2007-ма Wacker Construction Equipment се спојува со Neuson Kramer Baumaschinen AG од Линц, Австрија и се формира денешната Wacker Neuson SE. Структура на производи Актуелно, компанијата ги организира своите активности на регионална основа: Европа, Америка и Азиско-Пацифички регион, нудејќи ја својата широка палета производи според специфичните потреби на секој пазар. Актив­ но­стите на Wacker Neuson SE се поделени на

Година 5 • Квартал 2

33


три сегменти: Лесна опрема (до 3 тона), потоа Компактна опрема (до 14 то­ на) и како трет сегмент, Сер­ вис (делови, одржување и репа­ рација). Опремата на групацијата се нуди под три бренда: Wacker Neuson, Weidemann и Kramer, во зависност од фабриката во која е произ­ ведена. Покрај огромниот асортиман и специјали­ зи­ раноста на групацијата во производство на наменска опрема, неколку важни каракете­ри­ стики се заеднички за сите продукти. Пред сѐ, кога се гледа физичкиот аспект, станува збор за многу компактни машини, но кога се гледа технолошкиот аспект станува јасно дека нај­ новата технологија е присутна без исклучок во секој продукт на групацијата. Не помалку при­ сутен е и еколошкиот момент на кои се обр­ нува посебно внимание.

Во наредните броеви на на­ше­­то и Ваше спи­ сание поде­тално ќе се осврнеме на некои по специфични машини и опре­ ма произведена од Wacker Neuson SE

СИНПЕКС ДОО Краварски пат бб, 1000 Битола Т: + 389 (47) 208-500, Ф: 389 (47) 208-515 sinpeks@t-home.mk Подружница СИНПЕКС, Скопје Јадранска магистрала бб. ( до обиколница) Т: +389 (02) 3 290-007 www.sinpeks.com.mk

34

Година 5 • Квартал 2


Хидраулични и пневматски заптивки од различен тип, материјал, димензии, за секаков тип на лесна и тешка индустрија

ул. Народен фронт бр.3-3/22, 1000 Скопје Тел: +389 (0)2 3136 373 / Факс: +389 (0)2 3119 705 / Моб: +389 (0)70 272 776 sales@ssa.com.mk / info@ssa.com.mk


ESCO на саемот CONEXPO во Лас Вегас

Посветени на своите купувачи ESCO корпорацијата со седиште во Портланд, Орегон, е фирма силно посвете­ на на развој и производство на високо квалитетни потрошни делови изложени на абање од областа на рударството, инфраструктурата, нафтената и гасна индустрија како и други индустриски апликации.

36

Година 5 • Квартал 2


- Скратено време на застој на машината по­ ради брза, едноставна и безбедна замена на дотрошените заби на лице место, без потреба од посебни алати и без можност од повреди, поради фактот што при ваквата замена на за­ бите не се користи чекан; - Економичност поради максималното 60%70% искористување на забот пред неговата замена и - Секако беспрекорната цврстина од 514 Бринели, која обезбедува долготрајна работа на забите, без нивно оштетување и при најте­ шки услови на работа.

По 50-ти пат ESCO се промовираше на саемот CONEXPO во Лас Вегас, САД кој се одржа од 4 до 8, Март 2014, а кој е најголем изложбен саем во Северна Америка од тој вид. На изложбен простор од 220.000 метри квадратни, 2.400 изложувачи гордо ги изложуваат своите нај­но­ ви производи а целата манифестација, во петте саемски денови, ја посетуваат над 130.000 по­ сетители. Секако, единствената прилика ESCO умешно ја искористи за промоција на Ultralok®, нај­ новиот систем на заби. При промоцијата на новиот Ultralok® систем на заби, беа истакнати предностите кои ги ну­ ди овој систем: - Подобра експлоатација – подобро полнење на корпата, благодарение на единствениот аеро­динамичен изглед на забот; - Доследност во работењето, значи новиот и потрошениот заб ќе работат со ист ефект по­ ради самоизоштрувачката моќ на ESCO забите благодарение на нивната тајна рецептура за подготовка на легирачкиот материјал од кои се изработени забите; - Мирна и стабилна работа на машината и намален број на дефекти на машината на чија корпа се монтирани забите поради компакт­ носта на системот адаптер – заб; Година 5 • Квартал 2

37


Освен новиот Ултралок систем, на саемот беа прикажани и други новитети кои побудија вистински интерес кај професионалците. - Екстра големата корпа (large XHD quarry bucket) за работа во тешки услови во поза­ди­ ната; - МaxDRP програмата на заби за CAT апли­ кации, секако изработени по специјалната ле­ ги­ рачка рецептура на ESCO и неверојатните 514Бринели, и - ненадминливиот SUPER V систем на заби за тешка рударска механизација. Секогаш посветени на своите купувачи на завршната вечер на саемот претставник од ESCO изјави: ... прекрасни 5 дена, во нив изградивме спомени, се запознавме лице в лице со купувачите, ги слушнавме нивните ус­ пешни стории, и имавме задоволство да ги запознаеме со нашите нови производи како што е Ultralok® системот на заби за корпи за машини со што допринесовме во развојот на оваа гранка и им понудивме на купувачите но­ во револуционерно решение...

Народен Фронт 3-3/22, Скопје тел: (02) 3136 373 sales@ssa.com.mk info@ssa.com.mk / www.ssa.com.mk

38

Година 5 • Квартал 2


Технологија

Волшебник во резервоарот Време на големо загадување, високи цени на горивата, голема потрошувачка, мали маржи. Авто Плус се „фрли во акција“ да најде производи кои можат да понудат олеснувања, подобрувања, еколошки унапредувања на возилата, поголеми и помали. Благодарение на долгогодишното искуство и контакти го пронајдовме SuperTech во Италија, волшебникот во резервоарот.


Еколошката свест во нашата држава е на многу ниско ниво (ако сакаме да не бидеме негативни), зборувано во сферата на моторните возила. Економијата и некои законски легислативи нé водат спротивно од набавката на нови, еко­ лошки поприфатливи возила (автомобили, ко­ мерцијални, стопански возила...), хибридни и електрични веќе и да не зборуваме. Но ајде да почнеме да размислуваме во пра­ вецот на кој се стремиме, кон Европска Унија. Таму веќе се продаваат возила со ЕURO 6 нор­ ми, а до 2021 сите возила треба да имаат под 99 g/km СО2 емисии. Иако кај нас преку ноќ не можеме да го смениме возниот парк, можеме да пробаме алтернативни начини да ја зачу­ ваме околината, а при тоа и нашите паричници. Редакцијата на Авто Плус се „фрли во акција“ да најде производи кои можат да понудат олеснувања, подобрувања, еколошки унапре­ дувања на возилата, поголеми и помали. Бла­ годарение на долгогодишното искуство и кон­ такти го пронајдовме SuperTech во Италија, волшебникот во резервоарот. Иако попат наи­ довме на уреди кои се инсталираат во издув­ ниот систем, таблети кои се ставаат во ре­ зервоарот... нас најмногу внимание ни задржа SuperTech кој решивме и сами да го тестираме. Приказната за овој производ започнува во 1996 година кога овој патентиран производ излегува на пазарот. Неговата светска комер­

40

Година 5 • Квартал 2

цијализација започнува во 2008 година, кога неговиот кредибилитет е потврден од инсти­ туции во 23 држави, од Бразил до Кина. Про­ изводот е прилично едноставен, нема кабли и црева. Едноставно се поставува во резерво­ арот со гориво (бензин или нафта) под агол од 5-10 степени и толку. Генијалецот во резер­ воарот, како всушност е слоганот на про­из­во­ дителот, ги користи вибрациите од возилото и во контакт со горивото, емитува инфрацрвени електромагнетни бранови кои ја ослабуваат Ван Дер Ваалсовата (Van Der Waals) интер­мо­ лекурна врска. Со тоа се зголемува површина­ та за реакција, која помага во процесот на це­ лосно согорување на горивото, аналогно на­ малувајќи го нивото на штетни издувни гасови до 80% (!). Како што знаете, над 30% од горивото се исфрла од возилото преку из­дув­


ниот систем како несогорено. Како резултат на подобреното согорување и искористување на горивото, производителот на овој производ нуди до 12% заштеда на гориво (бензин и дизел). SuperTech не е штетен за околината и луѓето за време и по неговата употреба, а неговата работа не влијае на останатите уреди во возилото. Ние за нашето тестирање имавме SuperTech со Б големина (големината варира зависно од големината на резервоарот - до 40, 70, 150, 350, 800 литри) кој го вградивме во возило со дизел агрегат, произведено 2005 година, со 100.000 поминати километри и редовно сер­ви­ сирано. Инаку, може да се вградува и во мо­то­ цикли, трактори, градежна механизација, ка­ миони, дури го имаат вградено и во локомоти­ва. Резултатите ги меревме во Ам Церт центарот пред неговото инсталирање и потоа. Нашето искуство во просек е 40% подобрување, ме­реј­ ќи заситеност (К). Во секојдневното користење, разликите ги приметивме по првите километри. Возилото го промени својот стандарден мирис при работа, а за кратко време осетивме и „по­ мека“ работа на моторот, придобивка која не е спомената од производителот. Борд компју­те­ рот за две недели возење и две ресетирања, по

200 поминати километри во просек (вкупно над 400), само во градски услови, даде промена од 5,5 на 5,1 лит./100. Приближно 10% намалена потрошувачка на гориво и 40% намалено зага­ дување е импресивен моментален резултат, зе­ мајќи во предвид дека нашето возило и пред­ ходно имаше ниска потрошувачка и ниво на штетни гасови. Уште еднаш да потенцираме дека уредот е вграден во Renault Scenic кој носи дизелкси агрегат од 1.5 литри, и резултатите се од­ несуваат за тоа возило. Во наредните броеви на списанието ќе ги објавиме ефектите на SuperTech-уредот кога тој е вграден во товарни возила на фирмата, Превоз Комерц од Скопје. Ние и понатаму ќе ги следиме резултатите на овој призвод и ќе ви ги пренесеме во некој од следните броеви, а доколку имате дополни­ телни прашања, контактирајте не.

Борис Трајковски 21 (Првомајска), Скопје, Р. Македонија Моб.: 078 800 111 Година 5 • Квартал 2

41


Makita – отсекувачи за бетон и асфалт

Лесно отсекување на цврсти материјали Често се јавува потребата за отсекување и на најцврсти материјали. Понекогаш е тоа асфалт, често се случува да мора да се отсече бетон а челик со голема дебелина веројатно отсекуваат само професионалците. Во палетата на машини за оваа намена, Makita има богата понуда на врвни отсекувачи.

42

Година 5 • Квартал 2


Поставувањето на пешачки патеки, ивичници или пак павер елементи секогаш е пропратено со физичко прилагодување на бетонските еле­ менти односно нивно отсекување. Отсекува­ње­ то бетон, бетонски подлоги или асфалт прет­ ставува составен дел од градежни работи при поставување на инсталации или пак при из­ве­ дување на патни делници. Исто така при поста­ вување на челични конструкции неретко се јавува потребата за интервенции на самото место на изведување. Овие потреби се согледани од големите свет­ ски производители на машини, па воопшто не би требало да изненадува големата понуда на специјализиран алат за таа намена. На ова поле,Makita има технолошки што да каже, а тоа го прави со конкретна понуда на повеќе модели од различни категории. Makita EK6100/EK 6101 Влезниот модел на Makita во светот на врвните професионални отсекувачи е EK6100/EK6101. Штом се отвори темата – технологија, веднаш од Makita одоговараат со лавина специфики. Да започнеме со вкупната тежина на отсеку­ва­ чот од само 8.5 кг која се разбира е најниска во својата класа. Свое учество во таа тежина има

двотактниот мотор од 60.7 ccm кој испорачува 4.4 КС и вртежен момент од 3.9 Nm. Кога сме кај моторот треба да се истакне дека палењето е електронско има и вграден систем за лесен старт. Вртежниот момент, од моторот до дискот за отсекување, се пренесува преку повеќе реб­ раст ремен кој пак е заштитен со челичен оклоп. За пригушување на вибрациите, кои не­ миновно се јавуваат при отсекување, се грижи Soft Anti Vibration системот, кој е исто така една од главните специфики на Makita. Сис­ темот за заштита од прашина Ciclonic функ­ ционира во две фази: со пред-филтрирање на аксијално всисениот воздух со кој се отстра­ нувуваат нечистотиите, и во втората фаза,со прочистување преку голема хартиена влошка. Периодот на замена од една година гарантира комфорна работата без чести интервенции. Во Makita EK6100/EK 6101 се вгрaдуваат дис­ кови со пречник од 300 и 350 mm кои ово­ зможувуваат длабочина на отсекување од 110 и 130 mm. Повторно да се навратиме на вкупната тежина на отсекувачот од само 8.5 кг. Токму малата тежина заедно со компактните димензии и одличната ергономија овозможуваат макси­ мал­но комфорна работа што е основен пре­ дуслов за зголемена продуктивност. Година 5 • Квартал 2

43


Makita EK 7650H Во Makita EK 7650H се вградува четиритактен мотор, што го чини прв и единствен од таков вид. Работниот волумен на моторот изнесува 75.6 ccm од кои максимално се истиснуваат 4,5 КС и вртежен момент од 4.6 Nm. Можеби на прв поглед вградувањето на четиритактен мо­ тор некому ќе изгледа како непотребно лук­ сузирање но,...така изгледа само на прв поглед. Кај четиритактен мотор многу полесно се исполнуваат нормите против загадување, по­ малку трошат, на идентичен работен волумен испорачуваат поголем вртежен момент и по­ лесни се за одржување. Од друга страна тие имаат и поголеми вибрации но тоа е веќе про­

блематика која успешно се решева од инже­ нерите на Makita. Од останатите специфики може да се издво­јат вградувањето на систем за лесен старт, предфилтер од масло, кит за вода – како стандардна опрема, резервоар за гориво од 1.1 литри кој може да функционира при сите положби на машината, како и држач со тркала на кого може да се прицврсти машината кога се користи за отсекување на подни површини. Моделот EK 7650H носи диск со пречник од 350 мм а може да отсекува до длабочина од 122 мм. Makita EK8100 Моделот EK8100 е вистински снагатор во по­ нудата на отсекувачи на Makita. Овој епитетот

е заслужен со мотор од 5.7 КС и вртежен мо­ мент од 5.0 Nm како и со можноста преку диск од 400 mm да се отсекува до длабочина од 147 mm. Освен според капацитетите, оваа машина се разликува и според филтрирањето на воз­ духот кое се одвива во две фази од кои првата е со помош на микро порозен филтер а втора­ та со хартиена влошка. И покрај тежината од 10.6 кг со машината лесно се ракува бла­го­да­ рејќи на одличната ергономија.

За сите подетални информации, прашања и цени обратете се до Овластениот увозник во Македонија и Авторизиран сервис ЛОТУЛС - Скопје

44

Година 5 • Квартал 2


Ytong блокови

Цигли на 21-от век Ако порано имавме обични телефони, па безжични, па потоа мобилни телефо­ ни, а сега смартфони, тогаш зошто во овој 21 век да немаме и модерни цигли?!

Година 5 • Квартал 2

45


Имаме, и тоа постојат многу одамна, но добро беа скриени од конзервативните погледи на градежништвото. Сега, заедно со пробивање­ то на енергетските градби во прв план, на површината испливаа и тие. Материјалот наречен автоклавенгасбетон, по­ ро­ бетон или едноставно Ytong блокови е инвентивен производ на шведскиот инженер Јохан Аксел Ериксон од кралскиот технолош­ки институт, кој експериментирајќи со градежни­ те материјали ги увидел неговите предности уште во 1924 година. Мотивирани од големата економска криза, тој и неговите колеги имале цел да пронајдат материјал кој би ги задоволил потребите на градежништвото, но и намалила зависноста од увоз на земјата која располага со ограничени домашни извори на репро­ма­ теријали и скапа енергија. Идејата му била да се создаде градежен материјал кој би ги имал својствата на дрвото, кое тогаш било тради­ ционален градежен материјал во сканди­ нав­ ските земји - да има цврста структура, голема носивост, добра топлинска изолација, да е отпорен на земјотреси и лесно да се обра­ ботува, но во исто време да не биде запалив и подложен на скапување. Тоа му успеало со мешање на кварцен песок, вар, цемент, гипс, алуминиумски прав и вода. Бројните ситни ќе­ лии исполнети со воздух и густата шупликава структура му даваат специфичен изглед и един­ствени карактеристики на овој матери­јал, токму такви какви што се барало. Требало подолго време да се развие и воведе

46

Година 5 • Квартал 2

во производство, така што од страна на ком­ панијата Yxhults Anghärdade Gasbetong бил претставен во 1929 година и веднаш станал доста популарен. На прагот на неговата интер­ национализација, една деценија потоа со кра­ тење на името на компанијата настанува де­ неш­ ната ознака, која е заштитен бренд на фирмата Xella од Германија. Новиот материјал токму во Германија го доживува својот процут - разрушената повоена земја беше погодно тло за негова експанзија. За тоа придонесува и воведувањето во производство на големи бло­ кови, со кои брзината на градење доби дото­ гаш невидени димензии. Потоа веќе ништо не му стоеше на патот на овој материјал да го смени начинот на градба од корен. Ytong блоковите едноставно се обработуваат и обликуваат, така што ова име денес е сино­ ним за иновативност и трајност во гра­дежни­ш­ твото. Целокупниот систем на градба, во кој составните делови меѓусебно се надополну­ ваат, претставува одлична подлога за ефикас­ ни и решенија со висока вредност во со­вре­ меното градежништво. Со употребата на Ytong блоковите се чува човековата околина затоа овозможуваат одлична топлотна изолација, исклучително се отпорни на пожар и даваат оптимална звучна изолација, со што се штеди енергија, а и постои можност за целосна пре­ работка на отпадот од нивното произ­водство. Ytong системот на градба детално е осмислен. Големите димензии на блоковите и нивното поврзување со тенок слој лепак овозможуваат


исклучително брза градба. Премостувањето на прозорските и отворите за вратите со упо­ требата на Ytong U-елементитесе изведува без дополнителна оплата, така што и со тоа ро­ко­ вите за изградба на објектите значително се скратуваат. Во крајна линија, изградбата со Ytong системот ќе биде 2,5 пати побрза откол­ ку со класични материјали. Конкретно, времето потребно за изградба на ѕидовите на објект со површина од 80 до 120 m² е 5 до 6 дена. Технологија на „белите ѕидни блокови“ може да се применува на сите подрачја на градба од едноставно обложување и уредување на ентериерот, преку адаптација, доградба и мо­ дер­низирање на веќе постоечките објекти до комплицирани масивни градби: семејни куќи, станбени згради, индустриски и деловни об­ јек­ти, јавни установи, земјоделски објекти, ту­ ристички објекти… Заради тоа постојат и по­ве­ ќе типа Ytong елементи: термоблок кој се упо­требува главно за надворешни и внатрешни носечки ѕидови, ѕидарски блок кој се примену­ ва за внатрешни носечки ѕидови, ѕидни плочи кои се користат за внатрешни неносечки преградни ѕидови, како и универзални плочи кои се употребуваат како облога за топлотна и механичка заштита на надворешните ѕидови или за порамнување на нерамни ѕидови и нивелирање на рамни површини. U-елементи­ те ги споменавме, на нивната примена се на­ дополнуваат L-профилите, противпо­трес­ни­те блокови и таканаречените бел таван и бел кров, а сето тоа се поврзува со белиот тенко­ слоен малтер, односно лепак.

Година 5 • Квартал 2

47


Würth – MS Полимери

Дихтување и лепење Кога треба да се реши некој проблем со дихтување или лепење, помислете на MS Polymer – дихтувачка маса и лепило, производ од новата генерација кој има широка примена во градежништвото, металоградбата, ентериерите, репара­ци­ја на каросерија на возилата и техниката воопшто.

48

Година 5 • Квартал 2


Што е MS хибриден полимер? Полимер од новата генерација кој ги комбини­ ра предностите на екстремно еластична маса и материјал компатибилен со лакови и бои, полимер кој е развиен во Јапонија во 1979. Хемиската основа е силан-модифициран поли­ естер на која се додадени полнила, пластифи­ катори и различни помошни продукти. Главни предности: Еколошки компатибилен бидејќи не содржи раз­ редувачи, изоцијанати и халогени (нема предупредувачки знаци за штетни материи) • Неутрален систем, без мирис • Без изоцијанати, разредувачи, силикони и не е корозивен • Едноставен за употреба, добра истисли­ вост дури и при ниски температури до 5оС • Многу добро придржување на повеќе по­ вршини без прајмер • Може да се пребои влажно-на-влажно со по­ве­ќе системи на лак • Компатибилен и со бои, може да се пребои • Може краткотрајно да се изложи на темпе­ ратури и до 200оС за боење со прав • Добри механички особини • Залепените метални плочи може точкесто да се заварат • Висока UV-стабилност • Отпорен на стареење • Отпорен на вода, разблажени неоргански киселини и бази, средства за чистење • Температурна отпорност од -40оС до 90оС • Долготрајна еластичност дури и при ниски температури, без скрутување • Време на складирање / Рок на траење – најмалку 12 месеци • Издолжување пред кинење повеќе од 300%

дилатација, на пр. монтажни фасади и дихту­ вање на полиуретански облоги, како и при вгра­дување на прозорски штокови, дих­т у­ва­ње на прозори. Дихтувањето на дилатациони споеви на гра­ дежни елементи со употреба на PE исполна, овозможува долготрајна задихтуваност од проду­вување и продор на вода во внатрешно­ ста на градежните објекти. Дополнително, лес­ ното истиснување на ниски температури (до +5 о С ) го чини погоден за работа низ целата година. Со употреба на неодговарачки дихтувачки ма­ си, (на пр. Силикон ацетат или полиуретан на места изложени на сонце) ризикуваме од по­ја­ ва на штета од протекување и дополнителни работи за поправка.

Карактеристични места на примена Градежни работи Одличната отпорност на временските влија­ни­ ја и УВ зрачењето, како и големата отпор­ност на кинење овозможува примена на гра­дежни споеви од материјали со различен сте­пен на Година 5 • Квартал 2

49


Столарски работи Добрите својства на прилегнување на различ­ ните видови на дрво и можноста за до­пол­ни­ телна обработка со брусење и пребојување го чинат МЅ Полимерот погоден за лепење и дихтување на делови од дрво во внатрешниот и надворешниот простор. Кровопокривачки и лимарски работи Одлична еластичност на остварените споеви на ниски температури без дополнително скру­ тување на масата, добра компатибилност со различни материјали и УВ отпорноста го пра­ви МЅ Полимерот извонреден за дихтување и ле­ пење кај лимарските и кровопокривачките ра­ бо­ти, на пр. прекривање на покривите со лим, вентилациските отвори и изработка на олуци. Металоградба и системи за вентилација Одличните механички особини на споевите и доброто прилегнување на различни ма­ терија­ли го прават погоден за употреба во метало­градбата, пр. конструкции од инокс, изработка на градинарски стакленици, по­ штенски сан­д ачиња, изработка на реклами, рекламни па­ноа, дисплеи и знаци. Погоден е и за употре­­ ба кај вентилациските системи (ILH Berlin:BM07/065)

50

Година 5 • Квартал 2

Употреба во близина на прехранбени про­ изводи Погоден за употреба во близина на пре­ хранбени производи, (ISEGA 26123 U 08). Може да се користи и на влажни подлоги. Изработка на изложбени витрини, разладни комори исл. Работи во ентериерот Покрај горенаведените особини и затоа што е без мирис и штетно влијание за околината, погоден е за употреба во внатрешни простори


за лепење и дихтување. Пр, стаклени прегра­ди, одбојници на стаклени врати, конзоли за стаклени полици, маси од стакло / метал, дих­ тување на прозорци, изработка на стаклени скали и сл. Автолимарски работи и изработка на над­ градби на возила Дихтување на споеви на каросерија кои можат и точкесто да се заварат и дополнително да се пребојадисаат. Задихтуваните споеви во ко­ мората за сушење на боја можат краткотрајно да се изложат на температура и до + 200оС. За лепење и дихтување на делови за надградба на возила, монтажа на пластични панели, пре­ градни ѕидови, вентилациски системи. Може

да се користи преку повеќето основни премази без ограничување исто така можно е и пребо­ јадисување “влажно на влажно”. Благодарејќи на особините и предностите на производот, места на примена се наоѓаат буквално “секаде”, го прават применлив во гра­ дежништвото и во секторот на одржување. Треба да решите некој проблем со дихтување или лепење? Помислете на MS Polymer – дихтувачка маса и лепило, производ од новата генерација кој има широка примена во градежништвото, мета­ло­ градбата, ентериери, репарација на каросери­ ја на возилата и техниката воопшто.

ВУРТ МАКЕДОНИЈА дооел ул. Борис Трајковски 93, 1000 Скопје тел: 02/ 272 80 80 www.wurth.com.mk Година 5 • Квартал 2

51


„ДРВОПРОМ“ - термопан стакла со полнење од мешавина од Криптон-Аргон.

Благородни гасови во стаклата од Кочани Градежните компании се соочуваат со предизвикот наречен – енергетска ефикасност. Една од најчувствителните точки, стаклените површини, прет­ ставуваат позиција кај која може да се постигне голем напредок. „ДРВОПРОМ“ од Кочани веќе нуди термопан стакла со полнење на мешавина од Криптон Аргон.

52

Година 5 • Квартал 2


Енергетски стабилните објекти претставуваат императив за градежниците. При изведбата на објектите мора да се внимава на квалитетот на вградените материјали како и на нивната енергетска стабилност. Потребите за енергија растат непрекинато, енергијата е се поскапа па логично се наметнува потребата за пого­ лема ефикасност на вградените материјали. Одамна стаклените површини се детектирани како позиција кај која лежат големи резерви за можна заштеда. Моментално достапната тех­ но­логија веќе овозможува остварување на ви­ дни заштеди. Една од нив е исполнетоста на просторот помеѓу стаклените слоеви со благо­ родните гасови, Криптон и Аргон . Аргон Аргонот е гас кој е поевтин за употреба, а тоа го прави по­ привлечен за произво­дителите. Со тоа се помага да се спречи губењето на топ­ лина преку слоевите (бло­ ковите) на стакло, што ја одржува куќата по­ топла. Ќе видите дека најголем дел од од двослојни прозорци ја имаат областа меѓу слоевите пополнети со Аргон бидејќи тоа функционира добро со околу 13mm. меѓу слоевите.

поскап отколку аргонот, со што значително се зголемува и трошокот за прозорците. Криптон наспроти Аргон Големиот напредок кој може да се постигне во однос на термичките перформанси на стак­ лото, двослојните или трослојните прозорски конструкции е насочен кон намалување на преносот на воздухот меѓу слоевите. Првично, овој простор бил пополнет со воздух или по­ прскан со сув Азот непосредно пред лепе­њето. Во овој тип на прозорец, воздушното струење меѓу двата слоја на глазирање носи топлина кон врвот на единицата и се складира во ладниот простор на дното. Пополнувањето на просторот со помалку спроводлив, помалку вискозен, или малку подвижен гас ги намалува струењата на пренос на топлина во просторот, намалена е спроводливоста низ гасот и се­ вкупниот трансфер на топлина меѓу надво­ решноста и внатрешноста е намален. Home Windows Installed, Indianapolis IN ја во­ веде употребата на Аргон и Криптон со ди­ мензии од (11-13 mm). Оптималниот јаз на ши­

Криптон Иако најголем дел од дво­ слој­ ните прозорци користат аргон меѓу стаклените слоеви, тој не е толку добар изолатор како криптонот. Постои и друга причина зошто Аргонот се смета за просечен, а тоа е заради фактот дека Криптонот е поефикасен во случај кога постои помал простор меѓу прозорците, што е случај со најголемиот број од нив. Токму затоа криптонот честопати може да го најдеме применет кај трослојните прозорци. Прозор­ ците пополне­ти со гасот Криптон функцио­ни­ раат на наје­фек­тивен начин кога празнината меѓу слоевите изнесува околу 9.5 mm или повеќе. Проблемот е што криптонот е многу Година 5 • Квартал 2

53


Мешавина Криптон-аргон (50%-50%) Поради високата цена на криптонот најнова тенденција е создавање на мешан гас од Аргон и Криптон кој се вбризгува во термопан стак­ лата. Со негова употреба се добиваат значи­ телно подобри коефициенти на топло­ спро­ водливост на термопан стаклото, а ваквата мешавина има релативно пониска цена. За првпат на нашиот пазар фирмата „ДРВОПРОМ“ од Кочани започна со изработка на термопан стакла со полнење од мешавина од Криптон - Аргон. Со ова фирмата на купу­ вачите и инвеститорите им нуди прозори со термопан стакло со солидно повисоки пер­ форманси односно со подобри коефициенти на топлоспроводливост.

рина за криптон изнесува 3/8” (9mm) или повеќе. Полнење со ваков гас даде значител­но и мерливо подобрување на коефицинетот на пренос на топлина кај термопан стаклата. Аргон е економичен, нетоксичен, нереактивен, чист гас без мирис. Оптималниот простор за единица пополнета со Аргон е иста како и за воздух, 11- 13 mm. Криптонот е нетоксичен, не­ реактивен, чист гас без мирис, со подобри топ­ лински перформанси, и го надминува аргонот, според испитувањата, за повеќе од 50%. Криптонот е особено моќен гас кога се користи за заштита на двослојни или трослојни про­ зорци кадешто просторот меѓу двете стакла може да изнесува и помалку од 11 mm. Прозорците кои користат Криптон или Аргон како излолацијасе двата најчести типа на изолирани прозорци. И двата гаса се инертни кои се поставени или се наоѓаат меѓу двата слоја стакло. И двата овозможуваат подобра изолација отколку само да се користи воздух во случајот на двослојните прозорци.

54

Година 5 • Квартал 2

ДРВО ПРОМ ул. Штипски пат ББ, 2300 Кочани Тел.: 033 / 270 - 576 drvopromkochani@gmail.com


USLOVI I NA^IN NA VR[EWE NA DEJNOSTA AVTO-TAKSI PREVOZ Svedoci sme na sekojdnevniot mete` vo soobra}ajot, posebno niz ulicite na na{iot glaven grad, Skopje, kade {to se dvi`at, zapiraat i parkiraat golem broj na taksi vozila, koi so svoeto nepropisno zapirawe, parkirawe i trgnuvawe pridonesuvaat za direktniot haos i nered vo soobra}ajot. So nepropisnoto odnesuvawe direktno se popre~uva normalnoto odvivawe na soobra}ajot, se naru{uva bezbednosta kako na site u~enici vo soobra}ajot, taka i na samite taksi voza~i koi osven svojata i bezbednosta na patnicite koi gi prevezuvaat ja zagrozuvaat i bezbednosta na drugite u~enici vo soobra}ajot. So zakonska regulativa vo Republika Makedonija uredeno e koj i pod koi uslovi mo`e da se zanimava so avto-taksi prevoz na patnici. Avto-taksi prevoz na patnici se izvr{uva vrz osnova na licenca i pretstavuva prevoz {to se vr{i so patni~ki vozila so najmnogu pet sedi{ta, smetaj}i go i sedi{teto na voza~ot. So avto-taksi prevozot se prevezuvaat patnici vnatre vo podra~jeto opredeleno so licencata. So avto-taksi prevozot mo`at da se prevezuvaat i patnici od podra~jeto opredeleno vo licencata do druga op{tina ili do Gradot Skopje, pri {to vo sprotiven pravec mo`at da bidat prevezuvani samo patnicite koi bile odvezeni. Pokraj uslovite za vr{ewe na avto-taksi prevoz na patnici propi{ani so odredbite na Zakonot za prevoz vo patniot soobra}aj, avto-taksi prevoznicite moraat da gi ispolnuvaat i uslovite propi{ani od strana na sovetot na op{ti­nata ili na Sovetot na Gradot Skopje. So aktot na sovetot na op{tinata ili na sovetot na Gradot Skopje osobeno se utvrduvaat uslovite vo vrska so: • lokacijata i kapacitetite na taksi stanicite (ureden prostor namenet za parkirawe na patni~kite vozila koi ~ekaat poziv za prevoz), • obele`uvaweto i opremuvaweto na taksi stanicite, • brojot na vozilata, • tarifata i na~inot na koristewe na taksi stanicite i • maksimalniot broj na taksi vozila so koi mo`e da se vr{i avto taksi prevoz na patnici. Pritoa, opredelenite taksi stanici mo`at da gi koris­ tat samo avto-taksi prevoznicite koi imaat licenca od op{tinata na ~ie podra~je imaat sedi{te. Vo op{tinite kade ima aerodrom, taksi stanicata ne mo`e da bide opredelena vo prostorot so koj stopanisuva pretprijatieto so aerodromot. Pretprijatieto koe stopanisuva so aerodromot mo`e da sklu~i dogovor za uslugi za prevoz na patnici od i do aerodromot so edna ili pove}e taksi kompanii, pri {to na~inot na koristewe na prostorot so koj stopanisuva pretprijatieto se ureduva so dogovorot za uslugi.

Pretprijatieto koe stopanisuva so aerodromot e dol`no da obezbedi pristap do aerodromskiot patnik zaradi nepre~eno sleguvawe na patnicite koi se prevezuvaat do aerodromot. Avto taksi komapaniite koi vr{at vakov pre­ voz do aerodromot, a nemaat sklu~eno dogovor so pretprijatieto koe stopanisuva so aerodromot, po izvr{enata usluga se dol`ni vedna{ da go napu{tat aerodromot. Pri vr{ewe na avto-taksi prevoz vo voziloto mora da ima vgradeno ispraven, plombiran i ba`daren taksimetar. Pri vr{eweto na prevozot zadol`itelno mora da bide vklu~en taksimatarot i cenata na prevozot da se naplatuva vrz osnova na iznosot utvrden vo taksmetarot so izdavawe na fiskalna smetka. Na pokrivot na voziloto i na bo~nite strani so koe se vr{i avto-taksi prevoz na patnici mora da bide istaknata nazivot “TAXI”, a na bo~nite strani pokraj nazivot TAKSI i brojot od registarot na taksi prevoznicite. Vo voziloto zadol`itelno na vidno mesto nad taksi­ metarot treba da bide istaknat cenovnik so utvrdeni tarifi za ~inewe na prevozot i izvod od licencata za vozi­lo­to so koe se vr{i prevozot istaknat na vetrobranskoto staklo od stranata na voza~ot. Inspekciski nadzor nad avto-taksi prevozot na patnici {to se vr{i na podra~jeto na op{tinata go vr{at ovlasteni inspektori za paten soobra}aj na op{tinata i istite imaat pravo da donesat re{enie za isklu~uvawe na vozilo od soobra}aj so odzemawe na registarskite tablici i soobr}ajnata dozvola, dokolku prevoznikot vr{i avto-taksi prevoz bez licenca, dokolku nema vgradeno ispraven, plombiran i ba`daren taksimetar so izdavawe na fiskalna smetka i dokolku istiot ne e vklu~en, i drugi nepravilnosti. So globa vo iznos od 2.500 do 5.000 evra vo denarska protivvrednost mu se izrekuva na pravnoto lice za prekr{ok ako: • vr{i avto-taksi prevoz na patnici bez licenca, • pri vr{ewe na avto taksi prevozot vo voziloto nema vgradeno ispraven, plombiran i ba`daren taksimetar so izdavawe na fiskalna smetka, • pri vr{ewe na prevozot ne e vklu~en taksimatarot i cenata na prevozot ne se naplatuva vrz osnova na iznosot utvrden vo taksimatarot, • na pokrivot na vozilot so koe se vr{i avto-taksi prevozot ne e istaknato nazivot “TAXI”. Andrijan Tripunov Година 5 • Квартал 2

55


Shmitz Cargobull S.KI LIGHT - Полукипери за на градилиште

Лесни полукипери за тежок товар Германската фирма за изработка на носечки камионски структури , полупри­кол­ ки - кипери и приколки може да се пофали со традиција од преку 120 години. Од широкиот спектар на производи кои актуелно се произведуваат се задржува­ме на киперските приколки од серијата S.KI LIGHT.

56

Година 5 • Квартал 2


Саем за транспорт - то­вар­ ни возила Скопје На Скопски Саем, на над­ ворешен изложбен прос­ тор со вкупна површина од 2.500 метри квадратни, се претставија домашните им­ по­­ р­ тери на товарни и ко­ мер­цијални возила, ком­па­ нии кои вршат услужни деј­ ности и компании од пра­­течката индустрија за то­варните вози­ла. Како што истакнаа органи­ заторите, Саемот обезбе­ ду­ ва богата понуда на во­ зила со висок квалитет, мо­дерен дизајн, еконо­мич­ ни со до­стапни цени, дол­ говечна употреба и ниски трошоци за одржување, и што е уште поважно, возила кои ги исполнуваат најновите еколошки норми Euro 6. На саемот беше присутен и домашниот прет­ ставник на Schmitz Cargobull, кој всушност со своите производи претставува вистински мост помеѓу сите производители на товарни возила. Тука мислиме на фактот што Schmitz Cargobull е независен производител кој своите нови производи ги конструира во соработка со нај­ големите европски и светски производители на камиони, прилагодувајќи ги притоа на спецификите на секој од нив посебно. Од богатата палета производи ја издвојуваме серијата S.KI LIGHT, која е наменета за камиони со три оски, и од која се изработуваат над­ градби за најголемите седум производители на камиони: - Mercedes-Benz - Volvo - Scania - MAN - IVECO - DAF - Renault Trucks

Shmitz Cargobull S.KI LIGHT Цела една серија на полуприколки со кипер ја носи ознаката - LIGHT. Како што може да се претпостави станува збор за полуприколки кај кои тежината на самото возило е оптимизира­ на и намалена. Тоа е постигнато со употреба на заоблена носечка структура која е изра­бо­ тена од посебно цврст челик, како и алу­ ми­ ниумската конструкција на телото на киперот. Употребата на лесниот и цврст алуминум ја намалува вкупната тежина на полуприколката

Година 5 • Квартал 2

57


- киперот со задржување на потребната цвр­ стина и из­ држ­ ливост. Тоа овозможува, без нарушување на физичките особини, да се намали вкупната тежина односно да се зголеми максималната тежина на товарот. Исто така, познато е дека алуминиумот во однос на челикот, е хемиски постабилен и не е подложен на корозија. LIGHT - серијата поради своите својства нај­че­сто се употребува на места каде што е потреб­ на голема фрекфенција на циклуси на исто­ва­рување, а тоа е најчесто при изведба на објекти кои се лоцирани близу до урбаните центри. Од серијата LIGHT, можеме накратко да се задржиме на моделот S.KI AK 24м2 LIGHT и преку него да ги илустрираме карактеристи­ ките на останатите модели кои се изработени според идентична технологија. Кога челикот се заменува со алуминиум тоа значи дека телото на полуприколката - киперот ќе биде отпорно на товар кој е хемиски агресивен. Такви примери на пренесување на асфалт, ма­теријали кои содржат соли или пак абра­зив­ни материи, ја оштетуваат класичната челична конструкција и затоа изградбата на алуми­ниумско тело и цврста носечка кон­струк­ ција од челични профили, претставува одлична алтернатива на класично изработените полу­ приколки. Ако работниот циклус побарува по

58

Година 5 • Квартал 2

две истоварувања во текот на работниот ден, тогаш изведбата со алуминиумска подница со дебелина од 5 mm претставува идеално ре­ шение. Вкупната тежина од само 4.5 тона на S.KI AK 24м2 LIGHT полуприколката - киперот, значи за­штеда од цели 500 kg што пак оди на по­зи­тивното конто на пренесениот товар. Покрај овие очигледни предности, алуминиум­ ското тело на полуприколката - киперот со својата зго­лемена цврстина позитивно влијае и на ста­ билното управување вон асфалтните патишта кои воопшто не се исклучени при изведба на активности во градилиштата. Кон вкупното намалување на тежината при­до­ несуваат и останатите компоненти на полу­при­ колката - киперот како што се тркалата од лесни легури, потоа оптимизираните лежишта како и низа останати компоненти кои Shmitz Cargobull ги изработува според технологија развиена во сопствениот развоен центар.

Адреса: ул.2 б.б., нас.Илинден, Скопје Факс: 2 572 - 001 • Телефон: 02 2 581 - 561 www.cargobull.com


GAZelle

Троскокот на руската газела Русија, како земја со изразени специфики, има создадено брендови кои остави­а длабоки траги во нивното општество. Слабо познати во странство, овие имиња живеат со генерации со мали и ретки измени.

Година 5 • Квартал 2

59


Тајната на „вечниот“ живот на некои произво­ ди порано во Советскиот Сојуз, а сега во Русија лежи во нивната едноставна и издржлива кон­ струкција, која своите квалитети ги има дока­ жано на најтешкиот начин - со експлоатација во реални, секојдневни услови од стотици илјади купувачи. Сега, со напливот на западни производители во економски ослободеното руско стопанство некои работи се менуваат, но некои едноставно се недостижни. Едно такво „вечно“ име е и GAZelle, односно Газела, средноголемото доставно возило на фабриката ГАЗ од Нижни Новгород. Лансира­ но во 1994 година, ова доставно возило пос­ тави нови стандарди во транспортот ширум зем­јата, на кои никој од неговите конкуренти не може ниту да им се доближи. Втората гене­ рација, претставена 2003 година, донесе пове­ ќе технички подобрувања, а модернизацијата во 2010 година и суфиксот Business. Две годи­ ни потоа се појави и нејзината трета генера­ ција, наречена GAZelle Next, која со европ­ ските хомологациски сертификати и Euro V моторите веќе е подготвена да го освојува европскиот пазар. Големиот број квалитетни

60

Година 5 • Квартал 2

клучни компоненти произведени од познати светски имиња, значителното збогатување на опремата која вклучува и такви „посластици“ како ABS или загревани ретровизори, моќните, економични и издржливи мотори, како и пого­ лемата носивост и пониската цена од нај­бли­ ските конкуренти го прават ова доставно во­зи­ ло интересно за поширок круг купувачи дури и на најизискувачките пазари. Од Газела се изведени и моделите Собол (со пократко) и Валдај (со подолго меѓуоскино ра­ с­тојание), со кои учеството на ГАЗ на руски­от пазар на лесни комерцијални возила над­ минува 50%. Во текот на својот век, освен во Нижни Новгород Газела се има произведу­ва­­но и во Литванија и Украина, а од 2012 година и во Турција, во соработка со компанијата Mersa Otomotiv. Капацитетите на фабриката во мес­ тото Сакарја на брегот на Црното Море из­ несуваат 2.500 возила годишно, кои се пла­ сираат на пазарите во Турција, Ирак, Сирија, Србија и Босна и Херцеговина. Во нив се вградува 2,8 литарски Cummins Euro IV турбо­ дизел мотор, за чија издржливост најдобро покажува фактот што 120-те коњски сили ги остварува при само 3.000 вртежи во минута, а максималните 270 Nm вртежен момент при камионски 1.400 вртежи. Производството на овој 3,5 тонски модел, кој е достапен само како камионче со единечна и двојна кабина со по­ вишен кров со стандардно, односно продол­ жено меѓуоскино растојание, е пред запира­ ње. Него во најскоро време ќе го замени нова­та генерација GAZelle Next.


Sisu

Поларна ѕвезда Кога ќе се спомене скандинавската камионска индустрија, се мисли само на Scania и Volvo. Погрешно, бидејќи на северот од Европа постои уште еден производител на тешки возила.

Година 5 • Квартал 2

61


Името Sisu е познато само на тесен круг луѓе. Причини за тоа има најмалку две - ориен­тира­ носта кон воената индустрија и големината на фирмата која вработува само 170 луѓе и има го­­ дишни приходи од дваесетина милиони евра. И ова е погрешно, затоа што гамата возила што излегуваат од нивните погони во местото Расеборг на крајниот југ на земјата заслужува повеќе. Корените на компанијата Sisu Auto датираат уште од 1931 година, кога е основана и за­ почнува со подготовките за производство на камиони и автобуси. Со текот на децениите се истакнува како производител со умна страте­

62

Година 5 • Квартал 2

гија и селективно користење на техничките решенија со цел постигнување построга спе­ цијализираност на возилата, што прави ова име да не биде нашироко познато, но оние кои го познаваат доста да го ценат. Интересен е и фактот дека едно време во камионите на Sisu, покрај крајно рудиментарните, но сигурни и речиси неуништливи мотори на Leyland, се вградуваа и дизел машини на Rolls Royce, кои подоцна беа заменети со производи на Cummins. Најуспешен период на компанијата се деведе­ сеттите години, кога гамата се проширува со додавање на бројни варијанти со повеќе оски, нешто што стана заштитен знак на Sisu. Главен добавувач на компоненти во тоа време беше Renault, додека за најновиот нивни модел Polar, претставен во 2010-тата и обновен на по­ четокот на годинава, како техничка основа се земени Mercedes Actros и Arocs. Сепак, спе­ цифичностите на шасијата и оските од соп­с­ твен развој прават овој камион да има сосема поинакви оперативни карактеристики отколку моделите на кои е базиран. На располагање е со 3, 4 и 5 оски, во повеќе тесно специјализирани изведби: како кипер, дигалка, за превоз на стебла или тешка маши­ нерија… Патните варијанти имаат 6х2, 6х4, 8х2, 8х4, 10х2 и 10х4 конфигурации, додека терен­ ските се на располагање како 6х4, 6х6 и 8х8. Компактноста на конструкцијата и инженер­ скиот труд вложен во нивниот развој ги прави


способни да се справат со секакви екстремни услови за експлоатација и да ги задоволат ба­ рањата на најпребирливите професионалци. За задвижување се користат најновите Euro VI мотори од Mercedes со шест цилиндри од 12,8 литри со 310, 350 и 375 kW (421, 476 и 510 KS) и од 15,6 литри со 380, 425 или 460 киловати, односно 517, 578 и 625 коњски сили. За нивни пренос кон погонските оски се задолжени

16-степени мануелни и автоматски германски ме­нувачи, но кој сака може да добие и 18-сте­ пен несинхронизиран менувач од Eaton. Иницијалните планови на Sisu беа да се про­ изведуваат по околу 500 примероци од Polar годишно, од кои една третина за извоз, главно во Русија, Швајцарија и Норвешка. Но, слабиот пласман (само 50-тина возила годишно) ги на­ мали плановите на 200. Оптимизмот за пос­ тигнување на оваа бројка се гледа во новата регулатива на Финска која овозможува влеч­ ните возила да располагаат со вкупна маса од 76 наместо досегашните 60 тони. Ова, покрај слабо познатиот факт дека тркачкиот Дакар тим на Kamaz како придружни возила ги ко­ ристи камионите на Sisu, најдобро кажуваат во која лига се натпреваруваат Финците.

Година 5 • Квартал 2

63


Nissan e - NV200

Нова електрична офанзива на Nissan Nissan започна со освојување на електричниот свет на автомобилите во 2010 година и време е за нова офанзива на патот кон иднината.

64

Година 5 • Квартал 2


Лансиран како прв масовно произведуван елек­тричен автомобил во историјата, за овие три ипол години Leaf забележа значајни резултати, кои иако не на ниво какво очекуваа Јапонците, сепак значително придонесоа за прифаќањето на новата технологија во свеста на возачите ширум светот. А нив досега ги освои повеќе од сто илјади - најмногу во САД и Јапонија, каде е пласирано три четвртини од производството. Во Европа, Leaf е апсолутен хит во Норвешка, на чии улици бесшумно се тркалаат повеќе од 40% од продадените вози­ ла од овој модел на Стариот Континент и каде лани беше трет најдобро продаван автомобил во земјата. Сега на ред е продолжување на започнатото, за што во Nissan ангажираа уште еден елек­ тричен самурај - доставниот e-NV200. Со поддршка на стоте милиона евра инвестиции,

неговото производство веќе започна во фа­ бриката во Барселона, од каде ќе се испора­ чува за целиот свет. Овој модел, кој технички е базиран на Leaf, ќе биде на располагање во товарна, патничка и такси верзија. Освен со пространата внатрешност и компактната над­ во­ решност може да се пофали и со авто­ но­ мијата од 170 километри, без да ја загади човековата околина ниту со грам јагленород диоксид или со некоја друга штетна материја. За задвижување е задолжен наизменичен синхрон електромотор со моќност од 80 kW и вртежен момент од 254 Nm, интегриран со полнач и инвертор во една компактна единица. Литиум-јонските батерии, сместени во подот

Година 5 • Квартал 2

65


на возилото за да не ја компромитираат прак­ тичноста на внатрешниот простор од 4,2 m³, имаат капацитет од 24 kWh и за нивно полнење на домашна еднофазна електрична мрежа се потребни осум часа. Со употреба на специја­ лен полнач од 32 ампери (6,6 kW) времето се крати на половина, додека брзиот CHAdeMO

66

Година 5 • Квартал 2

полнач од 50 kW за само половина час ќе освежи 80% од нивниот капацитет. Функцио­ налноста на ова возило со носивост од 634 kg, за кое Nissan вели дека ќе биде со најниски оперативни трошоци во својот сегмент, е зго­ лемена со поставувањето штекери во багаж­ ниот простор, со кои станува еден вид под­ви­ жен генератор. Nissan e-NV200 во Германија, без ДДВ, чини 25.058 евра со батерии, одно­ сно 20.300 евра без нив, за чиј наем месечно се плаќаат меѓу 80 и 150 евра, во зависност од периодот на изнајмување и поминатата кило­ метража.Првите примероци од e-NV200 веќе се испорачани на купувачите ширум Европа. За новата електрична офанзива Nissan актив­ но ќе користи и „помошни“ средства - купу­ вачите во САД две години ќе можат бесплат­но да ги полнат своите возила на јавните мрежи, а за Јапонците е развиен доста интересен сис­ тем кој овозможува неговите батерии да се


користат за обезбедување на електрична струја за потребите на една мала компанија, Имено, со поврзување на возилата на вра­бо­ тените, претходно наполнети за време на ноќта, тие можат да ја обезбедат сета потреб­ на струја за канцелариско работење полно работно време и да им остане доволно за да се вратат дома. На тој начин, скапата дневна тарифа се исфрла од сметките за електрична струја. Системот со интегрирани шест возила, кој се тестира скоро цела година во развојни­от центар на Nissan, овозможува заштеда од 500.000 јени годишно (нешто повеќе од 3,5 илјади евра) и делува ветувачки и за куќна упо­ треба, посебно ако се искомбинира со солар­ ни колектори. Во блиска иднина, електрич­на­­та гама на Nissan ќе биде проширена на пет

модели, вклучувајќи еден на премиум марката Infiniti, за кој се развива систем за индуктивно, односно безжично полнење на батериите.

Година 5 • Квартал 2

67


Marcopolo Paradiso 1800 DD

Одиме во Бразил, но не на фудбал За да фановите на најважната споредна работа на светот полесно се пробијат низ сообраќајните џунгли и да стигнат навреме да ги бодрат своите миленици, на располагање им стојат осум бразилски производители на автобуси.

68

Година 5 • Квартал 2


Сите знаеме дека Бразил е регионален инду­ стриски лидер. Иако развојот на индустријата историски започнува скоро истовремено во повеќе латиноамерикански држави, Бразил како најголема меѓу нив го презема водството уште на почетокот на шеесеттите години, кога странскиот капитал започнува да ја освојува земјата. Но, за разлика од другите земји во развој, дотогаш во Бразил веќе се етаблираа неколку моќни имиња во производството на автобуси, кои доминираа на пазарот со спе­ цифични барања. Така, во споредба со произ­ водството на автомобили каде интер­ нацио­ налните корпорации безусловно доминираат, во автобускиот сектор се имаат развиено не­ колку големи независни производители, кои својот бизнис го имаат проширено и надвор од

континентот. Со глобализацијата започна чуден процес на раслојување на автобуската индустрија во Бразил, поттикнат токму од навлегувањето на мултинационалните компании. Во одбрана на својата пазарна територија, бразилските ком­ пании го напуштиа производството на шасии и преминаа во каросерници, а странските пак обратно - се откажаа од обидите да им кон­ курираат на домашните марки со комплетни производи и се посветија на производството на механички компоненти. Така, денес во Бразил од некогашните 11 делуваат 5 произ­ водители на шасии, сите до еден филијали на добро познати интернационални компании. Од друга страна, од четирите комплетни про­ изводители на автобуси и 15-те каросерници,

Година 5 • Квартал 2

69


во бизнисот останаа 8 имиња, сите домашни. Еден од најстарите и најголеми производи­те­­ли на автобуси во Бразил е и фирмата Marcopolo. Основана е пред 65 години и за сето ова вре­ме бележи континуиран раст. Како компанија е позната и надвор од границите на својата земја, бидејќи покрај своите четири фабрики во Бразил, поседува погони и во Аргентина, Колумбија, Мексико, Австралија, Индија, Египет, Јужна Африка и Кина. Со својата сеопфатна програма распределена под три марки, Marcopolo држи повеќе од половината од домашниот пазар и извезува во шеесетина земји. Вработува 13.600 луѓе, кои произведу­ ваат по 80-тина возила на ден.

Еден од поинтересните нивни производи е и топ-моделот G7 Paradiso 1800 DD. Двете букви во ознаката кажуваат дека се работи за даблдекер, односно двокатен високотуристички авто­бус, кој може да биде поставен на триосни шасии од Volvo или Mercedes. И во двете конфигурации должината му е 14 метри, ви­ сината 4,1, а ширината 2,6 метри. Верзијата со Volvo шасија има 44 седишта на горниот и 16 на долниот кат, а полуксузната варијанта со Mercedes механика се прави со исто 44 седи­ шта горе, но само 12 доле, распоредени по три наместо по четири во еден ред. И двете верзии располагаат со два тоалета, по еден

70

Година 5 • Квартал 2

на секој кат и дневна соба долу, целата вна­т­ решност изобилува со мноштво комфор и модерни тех­ нологии, а некои решенија се позајмени од авионската индустрија. Најинтересно кај овој модел е тоа што по спе­ цијална нарачка, може да бидат поставени и на 8x2 и 8x4 шасии од Volvo, Mercedes и Scania. Навидум непотребно скапо конструктивно ре­ шение, употребата на четириосни шасии го намалува оскиното оптоварување, што всуш­ ност е пореална мерка за издржливоста на патиштата и мостовите. Со тоа, Marcopolo Paradiso 1800 DD може да се движи и по патишта кои заради сообраќајните ограничувања не се дозволени за другите тешки возила. Marcopolo има свои претставништва многу блиску до нас - во Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора.


Натоварувач на гумени гасеници Модел: CAT MTL 257 Година: 2005 Работни саати: 1300 Општа состојба: одлична Модел JCB 220 LC , Год. на производство 2001, Работни саати 8250, Снага на мотор 95 kW, Корпа ширина 1200 mm Цена 32.500 Евра + ДДВ 18%

Нови и репарирани виљушкари

Тел. 071 307 804

Цена: 16.000 + 18% Моб.: 075 222 211

Се за автомобилизмот,...

... кај нас и во светот


Metso Mining and Construction Technology ul. Njudelhiska 2-1/6, 1000 Skopje tel: +389 2 3063 667 / fax: +389 2 3061 989 mob: +389 78 321 103 e-mail: vasko.salamovski@metso.com


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.