Специјализирано списание за градежништво и транспорт • Излегува четири пати годишно
Година IV • Број 16
CATERPILLAR DUMPTRUCK 777G • PERLINI DP705 WD BOMAG • JCB JS200 • KOMPTECH • VOLVO EC250D • METSO СИНПЕКС • NGH • ТРАНСМЕТ • WÜRTH • VULCAN - SSA ДРАЧ • FORD TRANSIT CONNECT • VOLVO FH
СОДРЖИНА Претставуваме: Од уреднички агол........................................................................................3 Caterpillar Dumptruck 777G......................................................................4 Perlini DP705 WD...............................................................................................8 Bomag aртикулирачки тандем валјаци...............................................12
Издавач: КУКОМ дооел - Скопје
JCB JS200/210/220/NLC/SC/LC........................................................................15 Komptech - Австрија....................................................................................18 Volvo EC250D, EC300D......................................................................................22
Главен и одговорен уредник: Благоја Дрнков Графички уредник: Филип Даскаловски Постојани соработници: Агрон Сулејман, Зоран Коцев, Сашо Наумовски, Андријан Трипунов Маркетинг: Благоја Дрнков, Мелина Тагаринска Адреса на редакцијата: „Коста Шахов“ 6-1/1 1000 Скопје
Metso Nordberg HP 200...............................................................................26
Занимливости, вести... СИНПЕКС .............................................................................................................30 NGH d.o.o (Import-Export Ltd) ...................................................................34 Репортажа: Трансмет – Активности .....................................................38 Würth - Адитиви.............................................................................................42 ВЕМКО - Vetroresina - Италија..................................................................46 VULCAN Industrial ENGG - SSA ....................................................................49 Градежни материјали - ЦИГЛА..................................................................52 Изолации од стиропор...............................................................................55
Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира на било кој начин или на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Г и Т. Г и Т е тромесечна ревија.
Драч......................................................................................................................58 СЕМТ ДОЗВОЛИ И НИВНАТА УЛОГА................................................................60
Trанспорт Ford Transit Connect...................................................................................62 Volvo FH ..............................................................................................................65 Van Hool CX45....................................................................................................68
www.g-t.com.mk
02 3223 531 2
Година 4 • Квартал 4
Од уреднички агол Инвестирање во инвестиции Современиот свет ода мна е исправен пред предизвикот – енергија. Без неа едноставно не се може, за економски прогрес и да не спомну ваме. Природата како да не водела до во лно сметка околу рамнопра вната распределба на ресурсите. Мо жеби и националните граници се диктирани токму од пристапноста до јагле нот, нафтата, земјениот гас, водата,.. Енергијата добиена од нуклеарните централи останува надвор од разместеноста на природните ресурси. Можеби тоа е единствената надеж за исправање на непри косновената и неправедлива природа. Во случајов обновливите извори на енергија ( сонцето, ветерот, водите, биогасот... ) намерно ќе ги изоставиме од разгледување. Од наш насушен интерес е каде е нашата земја во пла нетарната енергетска рапределба и каде мо жеме да го пронајдеме нашето место во развиениот свет кој е во завршна битка за долгорочно решавање на овој проблем. Ако вечниот увоз на енергија не е опција, а во државава имаме јаглен и водени текови со кои не можеме да обезбедиме ниту минимум од потреби те, логички се наметнува само еден заклучок. Или ќе увезуваме природен гас и ќе градиме енергани или пак проблемот ќе го решиме со изградба на нуклеарка! Опцијата за изградба на енергетски објекти кои ќе работат на обновливи извори на енергија повторно, свесно ќе ја изоставиме. Тоа го правиме од причина што развојот на чистите ене ргии сеуште не е на потребното технолошко ниво (и за нас во моментов прескапо) за да може да ги задоволи енергетските потреби на земјава. Тоа веројатно нема да се случи во блиска иднина ниту во најразвиените земји. При ваква реалност, заклучокот за изградба на нуклеарна централа, изгледа сосема во ред. Дали? Мислењата про и контра можат да се почуствуваат уште пред поставувањето на дилемата. Секој гледа низ своја призма и уште поважно, интерес. Од корист можат да бидат туѓите искуства. Низ цела
Европа нуклераки има насекаде, од мали и средни па се до оние со голема моќност. Франција пред ничи во искористување на атомската енергија но многу не заостануваат и останатите држави. И за да биде парадоксот голем, токму западно европските земји се против изградба на нови централи. Дали се работи за технолошки егоизам или пак за сми слена стратегија? Прашања и дилеми има и повеќе отколку што можеме да претпоставиме. Тука во наша близина како пример ја имаме и Бугарија. Тие затворија два блока од нивна нук леарка со ветување за изградба на нова, која би била според нормите и стандардите на западните централи а не според руските. Во моментов Бугарија својата (погрешна) стратегија ја плаќа со недостаток на енергија кој го надоместува со скап увоз. Втор пример од балканот е Турција и нивната опре делба до 2020 година да изградат 20 нуклеар ни централи. Две од нив се веќе во завршна под го твителна фаза. Ако судиме според овие факти, заклучокот околу изградба на нуклерна централа, но пред и се како државна стратегија а не како можност за брза реализација – е повеќе од јасен. Реалноста е таа, а бројките неумоливи. Исто како и бенефитите кои, нели, секогаш имаат своја цена. Ако сакаме од увозник и зависник од туѓата енергија, да станеме извозник, ќе треба или да усвоиме стратегија за изградба на нуклеарка или ќе треба да се потпрема на нашите природни ресурси кои би ги комбини рале со изградба на нови обновливи извори и се разбира со добар процент на се поскапата увозна енергија. Оваа тешка одлука ќе треба да ја донесеме, како што и приличи на современите општества, сите за едно, преку една отворена, јасна и аргументирана дебата. Да потсетиме, околу оваа дилема, како дел од бившата федерација ние како Македонија по зитвно се изјаснивме. На границата помеѓу Словенија и Хрватска веќе четврта деценија успешно и безбедно функционира нуклераната централа Кршко.
Пријатно читање Главен уредник Благоја Дрнков
Година 4 • Квартал 4
3
Caterpillar Dumptruck 777G
Интелигентен Dumper Уште од неговото претставување во 1977 год. дамперот 777 високо ги постави индустриските стандарди во издржливост и задржување на вредноста. Со новата G – серија, Caterpillar претставува вонасфалтен камион со ново ниво на перформанси, продуктивност и удобност за операторот.
4
Година 4 • Квартал 4
Вградувањето на најновите технолошки дости гнувања во вонасфалтните камиони првен ствено наменети за тешки физички работи, се случува во периоди кои се мерат во декади. Современите барања за зголемена и однапред пресметлива ефикасност во извршување на работните задачи, на производителите им наме тнува перманентно развивање и вгра дување на најновите технички решенија и во класата на тешките дампери. Како пример, кој најдобро го илустрира овој пристап, може да се наведе системот за контрола на тракцијата која Caterpillar ја вградува во новата G-серија. Ако командната електроника преку диферен цијалот ќе знае да ги изедначи брзините на движења на двете страни од задната оска, со што значително се продолжува векот на задните пневматици - може да се претпостави кои сé други системи за заштеда и оптимизација ќе можат да се најдат во новиот продукт на Caterpillar.
Механика Кога говориме за дампери, секако очекуваме и адекватни капацитети. Кај серијата 777G тоа во бројки би значело вкупна дозволена тежина од 164.6 тони, капацитет на товарен простор од минимални 41.9 m3 како и вкупна должина на камионот од 10.5m. Уште поинпресивни од ди мензиите и капацитетите, делува вградената ви сока технологија; започнувајќи од моторот со 12 цилиндри и 32 илјади кубици, кој осло бодува вкупно 1.025 КС, па продолжувајќи со автоматскиот менувач со седум степени и APECS технологија која овозможува контрола на притисокот на спојката и меко менување на степените, се до новиот систем на потпирање и сопирање кои делуваат во зависност од оптеретувањето и автоматски детектираните потреби на експлоатација. Кај новиот модел рачната сопирачка дејствува на сите тркала, решение кое на прв поглед изгледа логично но кое се покажува како Година 4 • Квартал 4
5
извонредно делотворно при товарење на ка мионот. Шасијата на која се потпира CAT 777G е наново дизајнирана со акцент на местата кои се изло жени на удари при процесот на товарење, кои се изработени од посебно цврста и еластична челична структура. Момент кој е од посебен интерес на корисни ците е едноставната и економична експлоа тација. Вградените системи кои овозможуваат неутрална позиција на автоматскиот менувач при мирување и повторно вклучување штом се притисне педалот за гас или сопирачката, по тоа автоматско гаснење на моторот штом тој стои на едно место – резултираат со намалува ње на потрошувачката на гориво и до 15%. Сигурни во вградените системи за ефикасно ст, инженерите предвиделе мерење на пара метарот пренесена тежина по километри на час. Овој параметар може да се отчита на самата инструмент табла додека на посебен екран поставен на надворешниот дел на ка бината може да се прочита бројот на работни циклуси кои камионот ги врши во тек на еден работен ден.
6
Година 4 • Квартал 4
Работен амбиент Огромен е контрастот на перцепцијата во за висност од каде се гледа дамперот 777G. Однадвор тое е еден масивен камион кој импресионира со својата појава, но погледот од позиција на операторот оддава многу по пријателси впечаток. Интиутивната поставе ност на командите бара минимално прилаго дување а можноста за подесување на седиште то во сите правци ќе помогне во пронаѓање на идеална седечка позиција. Таблата со инстру менти овозможува преглед на сите параметри на машината како и на нивото на течностите. Одмаралиштето за левата нога е наново ди зајни рано, црвената педала до него има функција на опциско исклучување на моторот со што автоматски се активира ретардерот. Управувачот со мал пречник заедно со рачката на автоматскиот менувачот ствараат впечаток на управување како со патничко возило. Интересна е можноста за напуштање на ка бината и од десната страна која се изведува преку прозорецот со вградени специјални шарки во механизмот за отварање. Преглед носта од кабината е обезбедена со низа гре
ени ретровизори преку кои максимално се зголемува страничната прегледност. Како по себност се истакнува контролата на нивото на натовареност која може да се следи на ко мандната табла. Покрај темелно изведената механичка заштита на кабината, производителот ја истакнува и темелно изведената акустичната изолација како и успешно пригушените механички ви брации. Капацитети и одржување Ако камионот се натовари до 100% од пред видената тежина тој ќе може да понесе товар со тежина од 99.6 тони. Како опција присутна е (и под одредени ограничувања - дозволена) и можноста камионот да се оптерети со 120% од предвидена максимална тежина, односно до 110 тони. Контролата на оптеретеноста се врши од са миот оператор и се отчитува на дисплејот. Уште повеќе, на истиот дисплеј може да се следи и фазата на товарење како и евентуал ното пречекорување на однапред поставената вредност. Покрај овие податоци на инструме нтната табла може да се следи и нивото на сите течности на возилото како и вредноста на сите останати параметри. Исто така вградена е можноста за сигнализирање на тајмингот за редовни сервиси и прегледи на склоповите. На
задниот мост на камионот е поставено куќиште со посебни мерачи на кои можат да се отчи таат сите вредности но и квалитетот на теч ностите. На десната страна е вградена табла за контрола на електричните уреди и инста лации. Лесниот пристап до овие контролни места е диктиран од нивната местоположба. Адекватност за нашиот пазар Површински копови или пак ископи на пого леми површини едноставно не можат да се замислат без употребата на дампери со голем капацитет. Искусните професионалци од овие области знаат да ги ценат квалитетите и ефи касноста кои одат заедно со големите прене сувачи на товар. Од тој аспект гледано а зе мајќи предвид дека во земјава се планираат големи инфраструктурни објекти – заклучокот околу адекватноста и потребите на нашите градежници за ваков тип камиони, се наметну ва сам по себе. Почетната инвестиција во со времена опрема и машини знае многу бргу да ги оправда вложените средства. Caterpillar 777G гледано од таа призма се чини не само како добро туку како многу логично решение.
Текноксгруп Македонија Дооел Качанички пат ул.20 бр.23 1000 Скопје, Република Македонија Тел. +389 2 2527 205 contact-mk@teknoxgroup.com www.teknoxgroup.com
Година 4 • Квартал 4
7
Perlini DP705 WD
Жилавиот горостас Позициониран на средината на производствената гама на Perlini, во моделот DP 705 на оптимален начин се искомбинирани најдобрите страни и на големите, и на малите негови собраќа.
8
Година 4 • Квартал 4
Ако големите дампери располагаат со пого лема ефикасност, а помалите со поголема под вижност, тогаш овие две секогаш битни карактеристики треба некаде помеѓу да се сретнат и обединети на клиентите да им по нудат возило супериорно во однос и на ефи касноста, и на подвижноста. Но, проблемот лежи во тоа да се пронајде таа оптимална то чка, бидејќи ако не се погоди, туку само при ближи до неа, тогаш компромисите ќе значат намалување на практичноста. Предноста на италијанскиот Perlini Equipment е што сам си произведува сé - само моторите и трансмисијата ги набавува од најдобрите во својата област. Тоа, пак, заедно со фактот што Perlini прави само дампери и ништо друго, значи дека тие многу добро си ги познаваат своите производи и затоа не им е никаков проблем од прва да го погодат оптималниот баланс меѓу големината и подвижноста, рас пределени на начин кој најмногу одговара на
нивните клиенти. А нив во својата 56-годишна историја, Perlini ги има преку 12.000. Импресивната бројка продадени дампери говори не само за квалитетот на возилата на Perlini, туку и за собраното искуство на итали јанските инженери, кое на најдобар можен начин постојано се преточува во нови или обновени модели. Еден таков е и споменатиот DP 705 WD, кој летово беше ревитализиран и унапреден и со посредство на цврстото комерцијално партнерство со бразилскиот Randon Veículos, веднаш испратен на работа во амазонската џунгла, каде 13 вакви дампери ќе земат учество во зголемување на брзиот раст на економијата на земјата. Распределени на работни задачи во рудници и железарници, тие со своите 65 тони носивост, ниската по трошувачка и редуцираното време за одржу вање, ќе ги максимизираат заштедите во те ковното работење на компаниите што ги имаат набавено. Своите извонредни перформанси ги добиваат од моќниот 12-цилиндричен Detroit Diesel мотор со работна зафатнина од 24 литри и максимални 760 KS (567 kW) и 3.309 Nm, кои преку планетарната Allison автоматска тран смисија со шест степени за возење напред и два за назад се пренесуваат на задната оска со двојна редукција. Ослонувањето е хидро пневматско, напред независно со вилушка, а назад двојно флексибилно, додека системот за управување е со двојноактивни цилиндри и засебно хидраулично коло. Електричната пум
Година 4 • Квартал 4
9
па вметната во него, која автоматски се акти вира, овозможува тој да функционира и во слу чај на губење на силата. Пречникот на свртување од 22 метри ги ово зможува маневарските способности на овој жилав горостас долг скоро 10, висок 4,5 метри и широк малку повеќе од тоа, поставен на тркала од 35 инчи, а моќниот систем за кочење составен од самоподесувачки дискови напред и повеќе ладени дискови потопени во масло назад, заедно со ретардерот од 746 kW и ABS и
ASR системите, се грижат за безбедно запи рање од максималната брзина од 59,7 km/h на овој дампер, кој натоварен тежи скоро 110 тони. За секој случај, тука се и паркирната и двокружната сопирачка за итни случаи. Конструкцијата му е изработена од надолжни носачи од високоотпорни челични плочи спо ени меѓусебе со попречни цевкасти профили со специјални сврзни елементи отпорни на торзија, а товарниот сандак, во кој собира 42 кубни метри материјал, од специјален челик дебел 12 mm на подот, 12 mm на предниот дел и 10 mm на страните. Системот за кипање е двостепен, со два телескопски цилиндра мон тирани од надворешната страна на рамката, кои работат под притисок од 150 бари, соз даден од пумпата со проток од 400 литри во минута, што овозможува празнење на санда кот за 16 секунди. Малку повеќе време ќе треба да се наполни резервоарот за гориво од 700 литри, но затоа кога еднаш ќе биде полн, ќе му овозможи на овој дампер долго време да работи без паузи, кои ниту на операторот нема да му бидат често потребни, затоа што ќе ужива во работната околина што му ја нуди топлотно и звучно изо лираната и климатизирана кабина.
ГЛОБАЛ ИМПЕКС
Бул. Партизански Одреди 66Б/2-1м, Скопје • Тел: +389 2 30 91 370
10
Година 4 • Квартал 4
Bomag aртикулирачки тандем валјаци
Заедно сме посилни Новата, петта генерација на Bomag aртикулирачките тандем валјаци има импле ментирано три системи за набивање.
12
Година 4 • Квартал 4
На неодамнешните „Bomag асфалтни денови 2013“, кои се одржаа во матичната фабрика на компанијата во Бопард, Германија, премиерно беа покажани неколку нови машини, меѓу кои и новата, петта генерација на артикулирачките тандем валјаци во класата од 10-11 тони. Заедничка карактеристика на овие модели со ознаките BW 161 ADO, BW 161 AD-5 и BW 190 модели се трите типа системи за набивање - со двојна вибрација, осцилација и со помош на оптимизираниот систем Asphalt Manager 2, со што Bomag стана единствениот производител на пазарот кој ги нуди сите три системи. Избор од трите системи за набивање Системот со двојни вибрации е класично тех ничко решение со две амплитуди за набивање на дебели или тенки слоеви. Вториот вибра ционен систем, таканаречената TanGO Bomag осцилација, особено е применлива при изгра дба на мостови или набивање блиску до град би, бидејќи произведува помалку вибрации, но набива ефикасно. Asphalt Manager 2, кој е достапен како трет избор кај најновата гене рација на артикулирачки тандем валјаци, е систем со врвно комбинирана мерна техноло гија и контрола на набивањето. Мерната техно логија ја одредува EVIB вредноста која има
улога на водич за возачот, како и за автоматско контролирање на машината. Непотребните по ми нувања, кои даваат лажно чувство на си гурност, се елиминирани - само потребното набивање е применето. Резултатот е врвен во однос на текстурата, рамноста и заштедата на време и пари заради оптималниот број на поминувања. Ecomode за намалена потрошувачка на гориво Економичноста беше на врвот на барањата на инженерите на Bomag за време на развојот на оваа петта генерација на тандем валјаци. Докажаните Kubota мотори значат дека маши ните се и економични, и моќни, а високите еко лошки стандарди кои ги исполнуваат ја прават
Година 4 • Квартал 4
13
оваа најнова генерација идеален избор при изградба на градежни проекти каде филтрите за дизел честички се неопходни, како изградба на тунели или градски улици. Минималната потрошувачка на гориво е овозможена со до кажаниот Ecomode контролен систем, кој се раководи према моменталните потреби за ене ргија. На пример, вентилаторот за ладење автоматски го прилагодува капацитетот према барањата, постигнувајќи за 30% помала по трошувачка на дизел гориво за разлика од кон венционалните машини од истата класа без Ecomode системот. Удобност и прегледност за возачот Bomag ја оптимизира петтата генерација валјаци и према потребите на самиот возач. Пространата и удобна кабина со јасно поста вена контролна табла брзо ќе го импресионира секој возач. Не само што му нуди голем простор за него и за складирање, туку и целосен пре глед на сите страни од машината и на тоа што се случува на градилиштата, што пак е клучен фактор за сигурност. Машината се управува
14
Година 4 • Квартал 4
интуитивно, без разлика на мајчиниот јазик на операторот, што значи дека работникот ќе за почне да ја користи машината лесно и веднаш после само краток вовед. Лесно одржување и сервис Новата генерација на тандем валјаци е исто така импресивна кога станува збор и за одржу вањето. Сите сервисни точки се лесни за при стап благодарејќи на големата хауба од мо торот на задниот дел од машината. На новите машини не постојат лубрикациски точки, со што е избегнато заборавањето да се под мачкаат, како и понатамошните штети.
JCB JS200/210/220/NLC/SC/LC
Силина и издржливост како императив Новата серија на багери на британскиот производител, JS 200/210/220, може да се пофали дека ги поседува најдобрите индустриски компоненти, вклучувајќи ги подвозјето од Berco, хидрауличните пумпи на Kawasaki, блокирачките вентили на Kayaba и конечно, новата генерација на JCB дизел мотори со ознака, EcoMax.
Година 4 • Квартал 4
15
Производителите на работни машини при кон струирањето на новите производи се судираат со контрадикторни услови. Од една страна се сé построгите еколошки норми а од друга страна секогаш се поставени условите за пое дноставена експлоатација. Од умешноста за балансирање на противречните услови зависи и конкретниот успех на одреден продукт. Ако се земе предвид и фактот дека мулти на цио налните компании ги продаваат своите произ води на глобалниот маркет, каде што секоја земја секако има и свои интерни специфики, станува јасна комплексноста на задачите пред кои стојат конструкторите. Во JCB тоа го решаваат со понуда на серија на нови дизел мотори, како и на вградување на компоненти од други светски производители. Услов за соработка со производители на од делни компоненти е тие според квалитетот да припаѓаат на самиот светски врв. Механика Во поглед на конструкцијата серијата JS200 / 210/220 е класичен деснорак багер. Опе ра тивната тежина на машината изнесува помеѓу 19.6 и 22.5 тони со корпи чиј капацитет може да изнесува од 0.4 до 1.19 м3. Основната носечка структура е изработена во X-облик со тоа што таа е поставена во просторот на два нивоа. За погон е употребен веќе споменатиот мотор со номинална силина од 173 КС. Тој уни верзален мотор припаѓа на серијата позната како EcoMax, и наменет e за вградување во цела низа на разни машини чиј број надминува 70. Четирицилиндерската конструкција ги ис по лнува најновите T4i / Stage IIIB еколошки норми и тоа без употреба на скапите DPF фил три. Ако знаеме дека еколошката при фа т ли вост и економичното работење одат рака под рака, воопшто нема никаков сомнеж околу ос тварување на рекордно ниска потрошувачка на гориво. Разбирливо за овој тип на машини, конструк цијата е поставена врз гасеници кои кај новата серија на JCB може да бидат со широчина од
16
Година 4 • Квартал 4
50 см. како стандард, па се до 90 см. според специјална нарачка. Секако на располагање на купувачите се ста ваат и неколку разни видови и должини на ра ботната рака, што во комбинација со разните алатки како што се различните корпи, чекани те, куките, ... ги прават овие машини неизоста вен и неопходен елемент при изведување на цевководни работи. Работен амбиент Прво што паѓа во очи кога ќе се погледне каби ната е светлината која продира во вна тре шноста. За постигнувањето на одлична вид ливост заслужни се големите стаклени површини. Дури и на кровот е поставено го лемо стакло со што освен пријатниот амбиент, преку видливоста на сите страни се зголему ваат и безбедноста и ефикасноста. При рабо та на пониски температури од корист се и ефи
касното одмрзнување на стаклата како и бришачите на предното дводелно стакло. Ни ско поставената хауба исто така придонесува кон чист поглед кон задниот дел на машината. Кому и тоа не му е доволно може по порачка да му бидат испорачани и странични и задна камера. За пријатниот амбинет во кабината при до несуваат и логично поставените команди, авто матската климатизација како и наново пре работената звучна и механичка изолација. Фабричкиот податок говори за само 72 dB во внатрешноста и тоа измерена при полно опте ретување. На располагање на операторот е ставен седум инчен монитор на кој може да се отчитаат сите релевантни параметри на машината. За работа при влошена видливост монтирани се шест LED рефлектори кои во целост ги исполнуваат очекувањата на операторот за добра видливо ст околу машината. Капацитети и одржување Вградувањето на четирицилиндричен мотор кој ги исполнува највисоките еколошки стан дарди без употреба на скапите филтри, по зитивно се одразува на продолжениот и еко номичен интервал на сервисирање. Како пример може да послужи и податокот за упо треба на нормално масло за подмачкување на моторот наместо скапото, синтетичко. До контролните и сервисни точки, кои се по
ставени во функционални групи, се пристапува преку отварање на капаците кои се отвараат низ целата должина. За стекнување на вистинска слика околу сер висните интервали ќе посочиме неколку при мери: - Моторно масло и филтер – замена на секои 500 работни часа - Филтер за хидрауликата – замена на секои 1.000 работни часа - Хидраулично масло – замена на секои 5.000 часа. Ова се само некои примери кои говорат за из вонредно едноставното и економично одржу вање. Всушност инженерите на JCB успеале да го совладаат најтешкиот предизвик а тоа е кон струкција со современи технички решенија кои релативно едноставно можат да се оддржуваат. Адекватност за нашиот пазар Токму претходниот заклучок најдобро говори дека современото немора да биде и компли цирано за употреба и одржување. Напротив серијата JS200/210/220 на JCB е истовремено и економична, и еколошка но исто така и ед ноставна за ракување и одржување. Дали тоа ќе бидат доволни предности на оваа серија багери на нашиот пазар? Во одговорот се чини дека е содржан главниот пристап кој го кори стат британците при производство на своите машини. Се чини дека тоа се и главните пре дности кои ги нуди JCB во однос на своите ривали на пазарот.
Глобал Моторс - Скопје бул. Македонско-косовска бригада 60 населба Бутел, 1000 Скопје тел.: (02) 2600-550, факс: (02) 2600-555 продажба тел.: (02) 2600-554, сервис и резервни делови тел./факс: (02) 2600-552 email: info@global-motors.mk
веб: www.global-motors.mk
Година 4 • Квартал 4
17
Komptech - Австрија
Да мислиме денес за подобро утре Заеднички именител на производите и мисијата на Komptech може да се сведе на развивање и употреба на технологијата за подобра околина. Компанијата Komptech е водечки светски производител на машини и системи за преработка на цврст комунален отпад и биомаса. Асортиманот производи опфаќа повеќе од 30 различни видови машини кои ги покриваат клучните чекори во процесот на управување со отпадот и обработката на биомаса. Основана пред само 25 год. како инженерска канцеларија, денес оваа група, чие седиште е во Австрија, се состои од шест компании во пет земји и има 550 вработени.
Процесите за кои Komptech е специјализиран се компостирање, механичко и биолошко тре тирање на комуналниот отпад и производство на горива добиени од него и од отпадната биомаса, кои се меѓу најзначајните системи од наведените. Овие процеси се доста актуелни и интересни, како заради тоа што отпадот и не говото депонирање и рециклирање е сé пого лем проблем на модерното општество, така и заради достапноста и цените на енергенсите.
Горива добиени од отпад Денес производството на горива добиени од отпад е интегрален дел на неговата обрабо тка. И не само тоа - во некои земји дури е и забрането да се депонира необработен отпад. Високата калориска вредност на комерцијал ниот отпад, остатоците од производството, ам балажата, крупниот отпад, па дури и куќниот отпад, овозможува тие да можат да се прера ботат во гориво добиено од отпад, стручно означено како RDF (Refuse-Derived Fuel). Komptech доста вложува во технологиите за добивање на ова гориво.
На патот за претворање во гориво, отпадот поминува низ неколку фази. На почетокот, сечењето го сведува влезниот материјал на еднообразна величина, со што се елиминираат преголемите парчиња кои можат да пречат во понатамошната постапка. Со сепарацијата се одвојуваат материјалите кои може да се реци клираат, а со финото сечење, парчињата ма теријал, сега без непожелната нечистотија, се доведуваат на потребната големина за горење, што се осигурува со дополнително про се јување. Дури тогаш честичките отпад се под готвени да се користат како извор на енергија. Komptech произведува машини за секоја од овие фази на обработка на отпадот, кои ги нуди посебно или во систем креиран по ба рање на купувачот. Таков систем е и најбара ниот производ во лепезата на Komptech, на речен Terminator. Тој всушност е робусен секач што го сведува влезниот материјал на едно образна величина и спречува големите парчи ња да предизвикаат подоцнежни проблеми.
Година 4 • Квартал 4
19
Негова карактеристика е големата отпорност на несакани материјали, што е доста важно кај почетното режење. Други машини во овој процес се Ballistor, ком пактен уред со ниски трошоци на работа, кој од веќе уситнетиот отпад ги отстранува не саканите материјали по принципот на бали стичка сепарација, потоа Rasor, наменет за фино уситнување на материјалот, кој во печка та се полни со ротор со три полжавести кон вертори и Multistar, низ кој фино уситнетиот материјал поминува заради просејување. Ова ѕвездесто сито претставува еден вид „полица ец” кој ги издвојува сите преостанати прего леми парчиња и го обезбедува квалитетот на гориво. Постојат три вида RDF горива - Classic, Premium и Calcinator RDF. Classic RDF се користи за
индустриските печки со флуидизирано корито, Premium RDF за примарно согорување во ро тационите печки во производството на цемент, а Calcinator RDF за калцификатори, исто така во индустријата за цемент. Classic и Calcinator RDF се прават само со уситнување, сепарира ње и просејување, а кај Premium RDF се додава уште и финото сецкање. Флексибилноста на компонентите во постројките на Komptech за производство на RDF овозможува нивно кон фигурирање точно према саканиот вид гориво, како и прилагодување на нови видови и ква литет на горивата. Биомаса Цврстата биомаса би требало да даде голем придонес во преодот од фосилни горива на обновливи извори на енергија. Меѓутоа, за до стигнување на амбициозните цели за греење и производство на енергија од дрвена биомаса, таа мора да биде достапна во големи ко ли чини. Со вистинска обработка, која воглавно вклучува уситнување, просејување и сепари рање, гориво прифатливо за пазарот може да биде добиено од разни материјали. Komptech, кој на нашиот пазар е застапуван од страна на претпријатието Текноксгруп Македонија, има повеќе машини погодни и за оваа преработка.
Текноксгруп Македонија Дооел
20
Година 4 • Квартал 4
Качанички пат ул.20 бр.23 1000 Скопје, Република Македонија Тел. +389 2 2527 205 contact-mk@teknoxgroup.com www.teknoxgroup.com
Volvo EC250D, EC300D
Современа класика Volvo се гордее со производство на економични и ефикасни, современи ра ботни машини. Багерите од D – серијата претставуваат совршен пример за тоа. Располагајќи со уникатен ЕКО режим на работа, што придонесува за до 5% зголемување на ефикасноста во искористување на горивото на машината, и паметната електро – хидраулична контрола, овие машини покрај намалувањето на потрошувачката на гориво по изработен циклус, испорачуваат и зголемување на перформансите при копање.
Во класата на багери тешко дека нешто конце птуално ново, во догледна иднина ќе биде им плементирано. Тие машини децении нана зад имаат гасеници, работна рака со корпа прид вижувана од силата на хидрауликата и дизел мотори кои го ствараат потребниот притисок за нејзина работа. Токму вака изгледаат и но вите багери EC250D и EC300D на Volvo. Разли ката во однос на минатите генерации, се прави во сите опишани составни склопови на багерот. Носечката структурата заедно со гасениците се изработуваат од по цврсти челици исто како и работната рака со сите зглобови, хидраули ката е електронски контролирана и оптимизи рана, а употребениот мотор припаѓа на после дната генерација на чисти и економични турбо дизели.
и силиконски спојки што како бенефит дава извонредни изолациски особини во однос на механичките удари и акустиката на кабината. Гасениците доаѓаат со 51 односно 50 см. широчина што исто така се смета како стан дардно решение а спецификата се огледува во обликот на газната површина која може да биде различна во зависност од условите во кои треба да работи машината. Багерот, преку двостепена трансмисија, може да се движи со максимална брзина која варира помеѓу 3.5 и 5.5 км/ч. За оваа серија на багери Volvo става на располагање 18 разни приклучоци кои можат едноставно да се менуваат, од страна само на операторот. За задоволување на специфични потреби, по посебна порачка на располагање се ставаат и други специјални приклучоци.
Механика Описот на механиката ќе го започнеме токму со вградениот мотор. Линискиот шест-цилин драш ги исполнува најновите TIER 4i (Stage IIIB) норми, и при само 1.300 вртежи во минута развива 205 КС односно 230 КС кај EC250D односно EC300D. Покрај извонредната еконо мичност моторите се одликуваат и со пример ни еколошки карактеристики податок што се должи на вградените филтри за издувните честички. Константната температура на моторот се одржува со помош на големиот вентилатор на ладилникот кој е споен преку хидраулична спојка чија работа е автоматски регулирана од условите во кои работи машината. При извршување на работните задачи опера торот може да избере еден од петте работни програми кои се прилагодени спрема специ фичните условите на работа. Параметрите на овие модови може да се подесат и рачно од страна на операторот и тоа со посебен зашти тен “пасворд“ поради заштита од корисници кои машината ја изнајмуваат. Носечката структура е класично изведена, во X – облик. Специфично е тоа што кабината,за носечката структура е поврзана со еластични Година 4 • Квартал 4
23
новите багери, сите точки за контрола се сме стени што пониско до подлогата со што се избегнува качувањето на сервисерот на висока платформа, што пак обезбедува брза и ефи касна интервенција. До контролните и сервисните точки се приста пува со широко отварање на страничните ка паци. Преку истите тие капаци се пристапува и до сите филтри кои се групирани во една точка па така проверката, евентуалното чистење или замена, ги прават многу едноставни и брзи. Со ваквиот пристап одржувањето на багерот одзе ма многу малку од драгоценото работно време. Работен амбиент Добрата изолираност на кабината од звуци и вибрации претставува здрава основа за поми нување на работниот ден во пријатен амбиент. Лесното сместување во комотното, прила годливо седиште е пропратено со автоматска климатизација со двојно филтрирање на воз духот. Според добриот обичај, присутен кај багерите подолго време, командувањето е изведено со две конзоли поставени на двете страни, а пред операторот е поставен и информативен дис плеј на кој може да се следат сите поважни параметри на машината. Прегледноста на сите страни е одлична при што за погледот наназад опциски може да се порача и камера а сликата да се следи на по себен екран. Кога се работи за безбедноста на операторот, тука Volvo не остава ништо на случајот, всушност швеѓаните се тие кои ги диктираат безбедносните критериуми. Ако по рано се сметало дека капацитетите на маши ната се пресудни за ефикасно работење, Volvo кај сите свои машини акцентот го преместува кон операторот и условите во кои тој работи. Капацитети и одржување Намалувањето на времето за контрола и сер висирање автоматски значи зголемување на ефикасноста на машината. Знаејќи го тоа, во
24
Година 4 • Квартал 4
Адекватност за нашиот пазар Поседувањето на современа работна машина само по себе претставува предност во однос на конкурентските фирми. Во случајот со ма шините на Volvo, покрај современите техно лошки решенија што се и очекувани, се добива уште и производ кој го красат старите добри вредности: докажана доверливост, долго ве чност и постојаност на машината. Во поглед на искористливост во наши услови, петте наменски корпи како и изборот на заб ците кои се вградуваат во нив, багерот на Volvo го прават употреблив во широк спектар на работни задачи.
Партизански Одреди 66 б/2-2м 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: +389 2 30 91 370
Хидраулични и пневматски заптивки од различен тип, материјал, димензии, за секаков тип на лесна и тешка индустрија
ул. Народен фронт бр.3-3/22, 1000 Скопје Тел: +389 (0)2 3136 373 / Факс: +389 (0)2 3119 705 / Моб: +389 (0)70 272 776 sales@ssa.com.mk / info@ssa.com.mk
Metso Nordberg HP 200
Нова, Nordberg HP 200, дробилка во Вардарградба Во богатата понуда на брендови и производи наменети за преработка на ми нерали како една од позначајните, Metso ги нуди и дробилките Metso Nordberg HP. Токму дробилка од оваа најсовремена серија, со ознаката HP 200, неодамна се придружи на работниот парк на фирмата ВАРДАРГРАДБА од Скопје.
26
Година 4 • Квартал 4
Во актуелното бизнис окружување на паметни уреди и достапност до информации, успехот на секоја компанија, денес повеќе од било кога, зависи од технологијата на прозводство. Компаниите кои се во чекор со светските трендови во развојот на технологијата се из двојуваат од конкуренцијата со ефикасноста и економичноста во работењето. Во бизнисот на производство на агрегати и преработка на минерални суровини, на врвот на листата на носители на развојот на технологиите на про изводство, повеќе од еден век, се наоѓа Metso со својата широката гама на брендови и про изводи, мегу кои и Nordberg HP дробилките како едни од позначајните. Од првобитниот дизајн на конусна дробилка од 1907год. на Edgar B. Symons (за жал сеуште присутни во производствените капацитети во регионот), преку Gyradisc дробилките патенти рани 1950 год. како прв чекор напред од Symons дробилките, наследникот Omnicone од почетокот на 70-тите па се до актуелните HP модели. Секоја нова генерација надминувајќи ја претходната во поглед на капацитет и моќ на уситнување а намалени димензии и трошоци за производство. Metso е лидер на пазарот на дробилки за про изводство на агрегати и преработка на мине рални суровини благодарение на HP (high performance) дробилките и нивната висока продуктивност, ниски производствени трошо ци, долги сервисни интервали. Достапни како стационарна опрема или мобилна верзија на шасија со тркала или гасеници спремна да почне со производство веднаш. Револуционерни во поглед на капацитетот (451320t/h), супериорен квалитет на производот (облик на зрно, гранулометрија) и широкиот спектар на апликации во кои можат да работат (големина на влезен материјал од 14мм до 350мм) HP дробилките, се веќе докажано најдобро решение за дробење на речен камен, високо абразивни руди, еруптивен камен, ре циклирање на троска... Флексибилноста во по глед на брзината, екцентрицитетот и геоме
тријата на зоната на дробење овозможува производство на саканите фракции со бара ниот облик и гранулометриски состав и без фракциите кои не се потребни. CVB ситата се составен дел од скоро секој процес дизајниран од одговрните луѓе за ди зајнирање на системи за преработка на мине рални суровини во Metso. Вибрациони механи зми синхронизирани со карданско вратило и автоматско подмачкување со маст гарантираат долг работен век и врвни перформанси на просејување.
Година 4 • Квартал 4
27
Секој производ на Metso е опремен со совре мен систем за автоматизација на комплетното производство кој ја врши функцијата на посто јано максимално искористување на перформа нсите на опремата минимизирајќи ја потребата од влијание на човечкиот фактор. Дали домашните петпријатија знаат да ги пре познаат економските бенефити кои одат за едно со најсовремените технолошки машини? Ако судиме според фирмата “ВАРДАРГРАДБА” – ДОО од Скопје, која е друштво за производ ство и инженеринг, и нивната одлуката да на бават дробилка Nordberg HP 200, секако дека одговорот на прашањето - е потврден. Ако погледнеме во портфолиото на ВАРДАРГРАДБА ќе забележиме дека основна дејност на фирмата е изведба на хидро-граде жни објекти и објекти од висока градба како и производство и продажба на градежни произ води (песок, бетон, арматура). Фирмата распо лага со соодветна градежна опрема, механи зација и алати како и со стручен кадар која и овозможува навремено, квалитетно и профе сионално да одговори на преземените обвр ски.
28
Година 4 • Квартал 4
Во текот на овие години има учествувано на многу проекти и изградено преку 90 објекти насекаде низ нашата земја, каде како инвести тори се јавувале Владата на РМ преку нејзини те ресорни Министерства, Општините и стран ски земји и организации, преку нивните донации (OBSE, EAR, UNDP). Затоа не би требало да изненадува фактот што од нејзиното основање па до денес бројот на вработени се повеќе се зголемува, соодветно на проширувањето и развојните потреби на фирмата. За досегашна работа на ВАРДАРГРАДБА по тврда е и сертификатот добиен за Системот за управување со квалитет (QMS) според барања та на ISO 9001:2000 стандардот потврдена од BSI (British Standards Institution) од Лондон.
СИНПЕКС
СИНПЕКС и во Скопје СИНПЕКС е компанија во приватна сопственост, која постои од 1990 година, со основна дејност застапување, продажба и сервисирање на гама на производи (механизација, машини и опрема) наменети за земјоделстството, шумарството, градежништвото како и за општа употреба. Дејноста на СИНПЕКС претставува семејна традиција долга повеќе од 40 години и на илјадници корисници им претставува знак за распознавање за опрема од овој вид.
За комапнијата ДОО Синпекс е семејна компанија основана 1990 година во Битола. На самите почетоци компанијата водена од искусниот агроном ин- женер, Светислав Петровиќ, тргува со земјо делска механизација и трактори. Со развојот на компанијата, раководејќи се според мотото “Грижа за квалитетот“ Синпекс ја проширува понудата на својата палета на производи со опрема за паркови и градини ка ко и со градежна механизација. Светски позна тите брендови како Husqvarna, John Deere и LIEBHERR претставуваат “душа на компанијата“ и основа за градење на препознатлив имиџ каде што во прв план секогаш се става дока жаниот квалитет на понудените производи. Постигнатиот успех и динамичниот развој, ком панијата го должи секако и на стручноста на тимот од 40-тината вработени кои се ангажи рани во моментот, како и на 20-тина дилерски продажни места низ Р.Македонија. Како илустрација за развојот на СИНПЕКС ќе се послужиме со мал хронолошки приказ на про ширување на асортиманот со нови брен дови:
• 2009 год: Отворена канцеларија во Скопје • 2010 год: Официјален застапник за LIEBHERR и • 2014 год: Отворен изложбено продажен са лон во Скопје. Во сите овие развојни активности постојано се води сметка за врвнен квалитет на брендовите
• 1995 год: Официјален застапник за ИМТ • 1998 год: Официјален застапник за Husqvarna • 2000 год: Започната градба на импресивен објект во Битола • 2008 год: Официјален застапник за John Deere но и грижлив избор на производите кои ќе бидат понудени на домашните потрошувачи и клиенти. Основното мото на компанијата, а тоа секако е квалитетот на производите, секогаш добива апсолутен приоритет. Изложбено продажен салон во Скопје Отсега сите брендови кои ги застапува СИНПЕКС ќе им бидат уште подостапни и на клиентите од поширокиот скопски регион. Новоизградениот објект се наоѓа во индустри ската зона во Визбегово и се простира на вку пна површина од 2000 m2 од кои 1100 m2 се под покрив. Година 4 • Квартал 4
31
Во салонот ќе биде понудена целокупната гама на производи кои ги застапува СИНПЕКС: • LIEBHERR, Wacker Neuson, STILL,Husqvarna Construction • Lavor, Telwin, Pedrolo • Husqvarna и Gardena • LOTOS Oil • John Deere, TAFE, и уште 30-тина брендови за градежна, паркова и земјоделска механизација На располагање на заинтересираните купувачи се става стручен персонал кој е обучен за сите области од кои се нудат производите, така што на едно место можат да се добијат и совети за најадекватни решенија за специфичните пот реби на клиентите, а што е уште поважно, и самиот потребен производ. Најголемо богатство на СИНПЕКС се состои во тоа што суштинските елементи на застапувани те брендови се неменливи. Во компанијата со гордост истакнуваат што нивното име се наоѓа на производите кои ги продаваат, и секако се горди што понудениот квалитет им претставува – професија.
СИНПЕКС ДОО Краварски пат бб, 1000 Битола Т: + 389 (47) 208-500, Ф: 389 (47) 208-515 sinpeks@t-home.mk Подружница СИНПЕКС, Скопје Јадранска магистрала бб. ( до обиколница) Т: +389 (02) 3 290-007 www.sinpeks.com.mk
32
Година 4 • Квартал 4
NGH d.o.o (Import-Export Ltd)
Заокружена услуга NGH d.o.o (Import-Export Ltd) е регионален добавувач на нови, репарирани и користени тешки машини, механизација, хидраулични системи и уреди за изградба на инфраструктура, ископини и преработка на минерални суровини во каменоломи и во рударската индустрија.
34
Година 4 • Квартал 4
За комапнијата Компанијата NGH d.o.o е основана во 1986, во Босанска Посавина, во Оџак, како услужна организација за одржување и ремонт на хи драуличните уреди, градежна и рударска ме ханизација како и на хидраулични траснпорт ни системи, системи во железари, нивните че личарници и ковачници. Кон крајот на 80тите и почетокот на 90-тите се отвара претста вништво а веднаш потоа и претпријатие NGH дооел Скопје, Р. Македонија како и претприја тие во Загреб, Р. Хрватска. Кон средината на 90-тите фирмата добива генерално застапни штво на реномираниот светски производител на градежна и рударска механизација, Liebherr. Во 2007 година NGH дооел Скопје, станува генерален дистрибутер на масла и лубриканти на рафинеријата за масло “Modrića” за пазарот на Република Македонија. Денес NGH d.o.o (Import-Export Ltd) е “full-service” добавувач, односно добавувач по системот “клуч на рака“. Принципи на делување Во своето работење NGH се раководи по стро го одредени принципи и правила но секогаш на прво место се ставаат клиентот и неговите потреби. Заради фактот што се работи за те мелно дизајниран принцип на работа, кој е директно произлезен од огромното практично искуство на неговите творци, конкретната им плементација е поделена на неколку поглавја кои на најдобар начин го илустрираат начинот на делување:
зависнот од буџетот, поднебјето, место поло жбата, работните услови и достапноста на стручен кадар - на клиентот му е овозможена комплетна и стручна услуга. Зошто да се одбере NGH d.o.o (ImportExport Ltd): При прегледот на основната поставеност на фирмата како и усвоените принципи на работа, најистакнати моменти кои привлекуваат вни мание се професионалноста, флексибилноста, доверливоста, едноставноста, и како многу важен елемент, целосно заокружената услуга. Визија за иднината Доверливоста и пристапноста на тешката ме ханизација претставуваат економски двигател за изведување на проектите ширум светот. Познавање на функционирањето на механиза цијата како и умеењето во целост да се обнови една машина и да се исполнат целите на за дадените проекти, ја прави фирмата един ствена на пазарот. Комлетната услуга заедно со зададените цели претставуваат визија кон чие остварување се цели.
Знаењето ја прави разликата: Фирмата пружа совети за конфигурирање на ме ханизацијата, капацитетите, големината и позиционирање на флотата. Стручните кадри не само што имаат техничко знаење (know-how) туку можат да водат грижа за управувањето и развојот на проектите. Решенија по мерка: Започнувајќи од набавка на поединечна маши на па се до купување на цела флота, потоа во Година 4 • Квартал 4
35
NGH d.o.o (Import-Export Ltd) и LIEBHERR градежна и рударска механизација Фирмата LIEBHERR, како семеен бизнис, ја има основано, Ханс Либхер во 1949 година. Голе миот успех на неговата прва дигалка која била многу едноставна и достапна за поширок круг на корисници, претставувал темел врз кој е започнат долгогодишниот развој на Liebherrгрупацијата која е во сто процентно сопстве ништво на семејството Либхер. Ваквото владе ние ја одредува корпоративната култура и обезбедува цврста подлога за успех. Кога една долгогодишна соработка се базира врз такви вредносни принципи, успехот станува дел од секојдневното живеење и на партнери те. Токму соработката помеѓу NGH и LIEBHERR е најдобар пример за тоа.
NGH дооел Скопје и рафинеријата за масла “Modrića” Рафинеријата за масла Modrića е успешна компанија која уште од 1973 година ги пласира своите производи на сите простори на бившата југословенска федерација. Последните некол ку години рафинеријата, која во своето порт фолио има преку 250 производи, прави зна
36
Година 4 • Квартал 4
чајни чекори во унапредување на квалитетот на моторните масла и лубриканти кои преку Optima-групацијата ги пласира на светскиот пазар. Рафинеријата Modrića, е во 100% сопственост на руската “Nestro Petrol” која е дел од големиот нафтен гигант “NeftegazInКor” - во нашата земја е застапена преку NGH дооел Скопје. Во октомври минатата година рафинеријата Modrića во Македонија ја отвори првата “куќа на маслата“ лоцирана на булеварот Парти зански Одреди. Во неа корисниците на Optima -производите, ќе можат на едно место да ги најдат сите добро познати артикли, од нај продаваното минерално масло Optima Super Visk па преку полусинтетичките масла, се до најквалитетните, сто процентни синтетички масла. Оваа “куќа на маслата“ е трет објект од ваков вид после тие во Модрича и Белград.
бул.Крсте Мисирков 7, п.фах 135, 1000 Скопје телефон: (02) 2774 140 Продавница: бул. Партизански Одреди бр 109 телефон: (02) 3063 651
Репортажа: Трансмет – Активности
Нова инфраструктура вo градот Оперативните градежни работи во изведба на градежната компанија Трансмет можат да се забележат на секој дел од градот. Квалитетот и професионалноста во извршување на работата е најдобра препорака за добивање на нови проекти. Врз основа на овие принципи се раководи менаџерскиот тим на компанијата Трансмет што може да се види токму преку проектите кои се завршени, кои се во тек или во подготвителна фаза.
рани тротоари со широчина од по 3,5 метри, поплочени со бекатон плочки на вкупна по вршина од 6.500 м2. Во рамките на овој проект беа изградени и атмосферска канализација во должина од 1.500 метри, со профил од 200 и 400 милиметри која е приклучена на постојниот колектор. За овој инфраструктурен зафат, од градскиот буџет беа издвоени 47 милиони денари, а проектот во целост го релизираше Трансмет.
1. Нова сервисна улица во населбата Јане Сандански во Аеродром Еден од проектите во која е вклучена компа нијата Трансмет е и проектот за изградбата на новопроектирани улици покрај булеварот „Трета македонска бригада“ во населбата Аеродром. Потребата од овој проект, т.е. изградба на комплетно нова инфраструктура се појави поради сé поголемиот број нови објекти во овој дел од општината. На тој начин ќе се овозможи полесен пристап и поврзување на новите станбени објекти со булеварот „Трета македонска бригада“. За проектот се издвоени 60 милиони денари од буџетот на Општина Аеродром и проектот се очекува да се реализира до средината на следната година. 2. Проширување Гологанов
на
улицата
3. Детска улица “Тоше Проески”, реконстру ирана и пуштена во употреба На 18.9.2013 година, официјално беше пуштена во употреба реконструираната пешачка патека „Тоше Проески”, позната како детска улица. Пешачката патека е широка 7 метри, долга 550 метри, а е поплочена со гранитни плочи, на кои се изгравирани јунаци од цртаните филмови. Изведувачот, компанијата Трансмет постави комплетно ново осветлување, урбана опрема, клупи и канти за отпадоци. За рекон струкцијата на патеката општината Аеродром вложи 30 милиони денари. Со уредувањето, детската улица во Аеродром стана многу попријатно катче каде што младите ќе може да се собираат и да се дружат.
Теодосиј
Еден од позначајните проекти на компанијата Трансмет е и проектот за проширување и ре конструирање на делницата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, на сегментот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со улицата Братфордска и булеварот 8-ми Септември, во должина од околу 750 метри. Новиот коловоз има четири коловозни ленти без средишно зе ленило, а вкупната широчина е 16 метри. Од двете страни на сообраќајницата се форми Година 4 • Квартал 4
39
4. Јавно-приватно партнерство на градежна та компанија Трансмет со општината Ѓорче Петров за изградба на административно деловна зграда Емпорио бизнис центар е резултат на јавно приватно партнерство помеѓу општината Ѓорче Петров и градежната компанија Трансмет од Скопје, која е една од водечките градежни компании, како на домашниот така и на ре гионалниот пазар. Повеќе од дваесет години компанијата Трансмет постојано влијае на из градба на подобро окружување. Компанијата е целосно фокусирана на квалитет и професи оналност, со репутација на големи проекти кои се дел од минатото, но и оние кои чекаат да бидат реализирани во иднината. Еден од идните проекти на компанијата е и Емпорио бизнис центар. Објектот ќе биде со површина од 15 илјади метри квадратни, а ќе биде лоциран на дел од реонскиот парк на општината и ќе се протега
40
Година 4 • Квартал 4
до главната улица Ѓорче Петров. Администра тивно – деловната зграда ќе биде поделена на два дела. На општината Ѓорче Петров и при паѓаат 3600 метри квадратни, што ќе претста вува посебен дел, а на компанијата Трансмет 11400 метри квадратни. Во рамките на зграда та, која ќе биде на 5 спрата, ќе биде изграден подземен паркинг на две нивоа со вкупно 350 паркинг места. Се планира објектот да опфаќа 60% шопинг простор и 40% деловен простор. Проектот е планиран да биде завршен во 2016 години и ќе претставува современ и модерен шопинг и деловен центар.
ул. Костурски Херои бр.38, кат 2, лок. 1, 1000 Скопје Тел/Факс: 02/ 27 20 411 / email: info@transmet.com.mk
Würth
Адитиви: зачин или реална потреба? Нормално е секој да го чува и брани она што го има и што го сака и затоа на времето се воделе војни за зачините. А денес ние си ги сакаме нашите автомобили…
42
Година 4 • Квартал 4
Но, тие не се исти како порано. Генерално, во по следниве децении моторите со внатрешно согорување значајно технички еволуираа. Бен зинските мотори сега имаат системи за вбри згување на горивото наместо карбуратори, а дизел моторите работат под сé поголем при тисок. Причините за тоа се современите стан дарди за емисија на гасови (Еуро 4/5/6) и ра ционализацијата на потрошувачката на гориво, што бара да се постигне поголема силина од помали работни зафатнини. Намалувањето на склоповите, пак, доведува до поголеми терми чки оптоварувања и зголемена чувствителност на моторот, а со тоа и почеста појава на де фекти. Не се исти ни горивата, ниту пак маслата и ра зладните течности. Промената во стандардите за квалитетот и видовите на гориво се драсти чни, а до нивно стабилизирање на некое одре дено ниво во догледно време нема да дојде. Напротив, со појавувањето на биогоривата и сé пораширената употреба на течен нафтен и компримиран природен гас како погонски ене ргенси, пред моторите се поставуваат сосема нови предизвици. Многу постоечки мотори нема ат системи за контрола на емисија на гасови и неможат да се адаптираат на новите стандарди за квалитетот на горивата и стро гите емисии на издувни гасови, а кај оние мотори што имаат техничка можност за вакво прилагодување, тоа е премногу скапо. Употре бата на гас како гориво, пак, доведува до
зголемени термички оптоварувања на венти лите и деловите во комората за согорување. Решението за излез од овој волшебен круг е пристигнат од хемиската индустрија во вид на функционалните течности за одржување на системите за експлоатација на гориво, масло и разладни течности, или накратко, адитивите. Тие до пред десетина години се сметаа некој вид „зачини” за моторите и главно се користеа за подобрување на нивните својства, но сега ситуацијата е изменета. Зошто адитивите се неопходни? Како додатоци кои се користат во мали количини во возилата, тие служат за нив но превентивно одржување, односно намалу вање на можноста за проблеми во функциони рањето, а кога тие веќе ќе се појават, тогаш успешно ги решаваат и спречуваат поголеми
Година 4 • Квартал 4
43
дефекти. Нормално, ги подобрува и перфор мансите на возилата. Постојат различни адитиви со различна при мена, практично за секоја течност во возилото: за горивото, за маслото, за разладниот систем. Нивното заштитно делување ги намалува трие њето и абењето, го отстранува таложењето на наслагите и спречува нивно создавањето, што директно резултира со поголема заштита на моторот, негова подолготрајност и намалена потрошувачка на течностите во возилата - го риво, масло, антифриз… Како придобивки од употребата на адитивите, возачот и патниците ги чувствуваат подобрениот комфор во возе њето и сигурноста на возилото, а сопственикот се штити од скапи поправки или хаварии на моторот. Еден од лидерите на пазарот на средства за грижа на возилата е и германската група Würth, која во својата огромна програма производи има и широка, сега значително обновена пале та функционални течности за секојдневна екс плоатација на возилата. Ќе издвоиме некои од нив, за кои сметаме дека ќе бидат најмногу од корист на нашите возачи. Чистач на системот за директно вбризгување кај бензинските мотори (арт. 5 861 111 300, во пакување од 300 ml) и средство за чистење и заштита на дизел си стемот за вбризгување (арт. 5 861 011 300, исто во пакување од 300 ml) овозможуваат чистење на всисните вентили без нивна демонтажа. Нивни карактеристики се: ги отстрануваат смолести те и карбонските насла ги од вентилите и дизни те за вбризгува ње и во микро подрачјата на си стемот за вбризгување,
44
Година 4 • Квартал 4
со што се подобрува неговата функ цио налност, имаат антикорозивна заштита и го врзуваат и неутрализираат киселиот кондензат на водата. Количината од 300 ml е доволна за 50-60 литри гориво. Средството за одржување на common rail системите за вбризгување (арт. 5 861 001 300, во пакување од 300 ml) служи за подмачкување на системот за вбризгување на дизел горивото кај патничките и комерцијалните возила кои кори стат Еуро дизел гориво со намален процент на сулфур. Се употребува кај сите дизел мотори со Common Rail или Pumpe Düse вбризгување. Се става во резервоарот за гориво во кој има најмалку 10 литри. Количината од 300 ml е доволна за 70 литри дизел гориво, што е за 40% повеќе од стариот производ 0 893 567, кој го заменува. Се препорачува превенти ва употре ба на секои 2.000 km. Средството против згуснување на дизел горивото во зимски услови - зимски дизел адитив (арт. 5 861 002 300, во пакување од 300 ml), самото име објаснува за што е наменето - она што треба да се знае за него е дека може да се користи до -31 °C, но има ефикасност само доколку е употребено над 0°C. Чистачот за системот за ладење на моторот (арт. 5 861 510 250 и 001, во пакувања од 250 и 1.000 ml) може да се употреби кај сите ти пови мотори во систе мот за ладење, бидејќи има алкалност 9-11 и е компатибилен со сите ви дови на антифриз и материјалите кои се ко ристат во производ ство то на компоненти за раз ладниот систем. Ги отстранува корози јата и наслагите во си стемот и успешно се справува со маслените нечистотии настанати
со про до рна масло, со што се по до брува ефи касно ста на ла дењето на мото рот, а со тоа и пер формансите. HP (High-performance) средството за заптивање и одржување на системот за ладење од понова генера ција (арт. 5 861 500 150, во пакување од 150 ml) има за 100% поголема концентрација од старото сред ство. Се користи кај разладните системи во возилата од понова гене ра ција кои имаат ладилник со вкрстен ток. Има својство да ги затвара микро порозните места и отвори до 0,1 mm на дихтунгот на главата на моторот и приклучоците на цревата, со што се спречува губиток на ра зладна течност од системот заради испарува ње и обезбедува нормално функционирање на
пумпата за вода и системот за греење. Компа тибилно е со сите видови разладни течности, во кои се сипува директно, кога моторот е загреан, но ако низ садот за експанзија про текува разладната течност, тогаш треба да се стави во него. Потоа се остава моторот да работи најмалку 10 минути, додека термоста тот не се отвори и греењето не почне нормал но да работи. Се исклучува моторот, се контро лира разладната течност и по потреба се дот ура. Содржината на шишенцето е доволно за 10 литри разладна течност.
ВУРТ МАКЕДОНИЈА дооел ул. Борис Трајковски 93, 1000 Скопје тел: 02/ 272 80 80 www.wurth.com.mk
Vetroresina Group - Италија
Лесни како перце, цврсти како челик Доста пронајдоци го сменија современото општество, но ниту еден немаше влијание на неговиот тек како вештачките материјали.
46
Година 4 • Квартал 4
Многу денес сосема вообичаени нешта немаше да ги има доколку не беа пронајдени вештачки те материјали, меѓу кои, според распростра нетоста, предничи пластиката. Предметите од неа не само што успешно ги заменуваат кон венционалните, туку заради нивната евтината изработка, употребата на овие материјали отвора сосема нови хоризонти. Но, приказната не запира тука - науката по стојаното создава нови вештачки материјали, кои со своите карактеристики практично не маат конкуренција. Еден таков материјал е и фибергласот, чија употреба е многу поширока од непосредното човеково опкружување - овој лесен, екстремно цврст, робусен и воедно ре лативно евтин материјал, кој уште е познат под името стаклопластика и кратенките GRP (glassreinforced plastic) и GFRP (glass-fiber reinforced plastic), се среќава насекаде: во индустријата, земјоделието, градежништвото… Каде сé се упо требува овој лесен како перце, но цврст како челик материјал, ќе се обидеме да ви доловиме со претставувањето на интернацио налната група Vetroresina, која се занимава со конструкција и производство на цевни системи, резервоари и други производи од фиберглас. Неговите карактеристики го прават погоден за широка употреба - може да го замени металот на многу места, а некои работи, заради лесното моделирање, практично не се ни можни да се
изведат од метал. Производите на компанијата Vetroresina, осно вана пред половина век и специјализирана за овој композитен материјал, која зазема лиде рска позиција во истражувањето и развојот на негова технолошка примена, се употребуваат во многу дејности: хемиската, прехранбената, енергетиката, градежништвото, поморството… Главната производствена програма ја сочину ваат цевките и системите за ракување, склади рање и обработка на течности. Стандардно имаат дијаметар од 25 до 4.000 mm и должина до 12 метри, но по желба на купувачите можат да имаат и други, поголеми димензии. Заради цврстината која изнесува до 10.000 Pa издржу ваат внатрешен притисок до 50, како и работна температура до 90 °C. За специфични потреби можат да се изработат да издржат и до 140 °C.
Година 4 • Квартал 4
47
Можат да се користат за подземни и надземни инсталации или да бидат вградени на било какви платформи. Најчесто се користат за водоводна и канализациона мрежа, системи за наводнување, во хидроцентралите и индустри јата за секакви намени: за довод и одвод на вода, технолошки течности или отпадна вода, за противпожарни и системи за ладење и слично. Резервоарите од фиберглас се исто интересен производ, кој како алтернатива на металните и бетонските резервоари има доста широка примена. Посебно интересни се резервоарите со дијаметар до 15 метри кои Vetroresina ги произведува за користење на пристаништата, бродовите и нафтените платформи, нешто што ние немаме кај нас, но добро е да се знае дека некој го произведува. Затоа, пак, имаме пре хранбена индустрија, кај која ваквите резер воари имаат честа примена - за храна, хеми калии и други течности кои се користат во производството или произведуваат. Нормално, отпорни се на корозија, но и ерозија и имаат
48
Година 4 • Квартал 4
голема долготрајност. Во програмата на Vetroresina се присутни и многу други производи од фиберглас, намене ти за разни употреби, а по нарачка се изведу ваат и специјални комплексни системи на са мо то место, кога нивната големина не дозволува тие да бидат транспортирани. При мер за тоа се 135 метри високите системи за одведување на кондензираната пареа во Јапонија, 120 метри високите оџаци за десул фуризација на гас во Бугарија, цевните инста лации на кулите за ладење на електрични централи во Грција, подземните цевководи во Ирска, инсталациите за третман на гас на нафтените платформи во Норвешка, цевко водите за морска вода во Малезија и други, доста интересни примени, а нивни системи се среќаваат и на повеќе од 300 брода. Vetroresina исто така произведува и машини за про изводство на цевки од фиберглас. Производите на оваа група со седиште во Италија, заедничка фирма во Германија, прет ставништво во Албанија и фабрики во Бугарија и Македонија, можат да се набават преку компанијата Вемко од Скопје.
“ВЕМКО“ Д.О.О. Скопје Бул. Партизански Одреди бр. 66 б / 2-3 м 1000 Скопје, Р.Македонија e-mail: vemko@t-home.mk
VULCAN Industrial ENGG
Индиска иновативност Vulcan Industrial Engineering Company Limited е семејна компанија основана 1971 година во Мумбаи, Индија од страна на г-дин Ј. Г. Ганди, како семејна компанија во која важат семејни вредности. Денес е менаџирана од втората генерација, односно неговите два сина Санџај и Раџив, а третата генерација полека навлегува во бизнисот. Во 1986 Vulcan се сели и ден денес работи во Ананд, Гуџарат, Индија.
Година 4 • Квартал 4
49
Нешто лично Под мотото ’’Професионалност со човечност’’, тимот на Vulcan бележи здрав развој на сите нивоа на работа и организација. Од скромна фирма за производство на опрема за дупчење, прераснува во фирма лидер во областа на инженерството, нудејќи мноштво решенија и иновативни солуции за разрешување на поте шкотиите на коминтентите во врска со запча ници и менувачки кутии во рударството и инду стријата, не запоставувајќи го туку напротив, развивајќи го производството на опрема за ду пчење, и во најново време и на дупчалки. Тимот Vulcan Професионалниот и посветен на работата, тим од 430 вработени и неколкумина ветерани ги негува вредностите на тимска работа не запоставувајќи ги вредностите на поединецот. Здружување со L&H Industrial Vulcan и L&H за подобро да им служат и да им излезат во пресрет на своите коминтенти го здружија своето производство, техничко техно лошкиот развој и ресурси и денес, и формално, имаат 1.000 вработени и повеќе фабрики ши рум светот. Работни простории Vulcan се простира на површина од 105.200 м2 од кои покриен производствен погон со по вршина од 18.500 м2. Во блиска иднина се пла нира проширување на дополнителни 27.870 м2 покриен производствен простор. Освен произ
50
Година 4 • Квартал 4
водство Vulcan овозможува обновување на ста ри менувачки кутии и ремонт и сервис на тешка градежна механизација по систем клуч на рака. Мото и визија Чесност, грижа за околината, квалитет, довер ливост кон коминтентите, услуга, развој, грижа за вработените, постојано подобрување Сертификати (ISO 9001 &API) Во постојана грижа за своите коминтенти и задоволување на нивните барања, производи телот ги поседува ISO 9001 и API сертификатите - ISO 9001:2008 - API Monogram certified for all rotary Thread Connections under API Spec 7-1 &5DP Контрола на квалитет Лабораторијата на Vulcan е адекватно опре мена со хемиски, металуршки, физички и NDT (UT, MPIDP) инструменти, каде се тестираат влезните суровини се до крајни анализи, про верки на готов производ. Лабораторијата има и сопстевена просторија за калибрација на мерните инструменти.
Производство Vulcan нуди стандардни резервни делови, по добрени резервни делови и нови инженерски решенија за сите багери во категоријата на Rope Shovels & Draglines. За изработка на на забени летви и запчаници се користи кован ле гирачки челик; неповторлива отпорност на абење имаат дисковите кои се дообработуваат со индуктивно калење; за обоените чаури се употребуваат повеќе од 15 легирачки елемен ти, во зависност од нивната апликација; воде чките точкови и долните ролки се изработува ат од кован челик, термички обработен со што се постигнува максимална цврстина и жилаво ст, итн. Vulcan произведува роторни менувачки кутии за сите Atlas Copco, Drilltech/Sandvik и Terex машини за дупчење, како и менувачки кутии по нарачка. Менувачките кутии на Vulcan се од
100 кг. до 70.000 кг. и истите како високо до верливи се среќаваат во цементари, шеќерани, термоелектрани, ветерници и на други места. Индустриските запчаници и менувачки кутии на Vulcan, со максимална ефикасност прене суваат високи вредности на сила и вртежен мо мент, од истите причини како високо доверли ви производи се користат во сите индустрии во кои се бараат максимални перформанси на пренос како и заштита на животната средина. Vulcan произведува спирални (Helical), конусно – спирални (Bevel –Helical), планетарни (Planetary) и конусно планетарни (Bevel Planetary) ме нувачки кутии, со најразновидни дизајни, според барањата во индустријата, кои покри ваат широк опсег на вртежни моменти и се из работени по највисоките светски стандарди. Цевките за дупчење се изработуваат до ди
јаметри од 2 7/8 до 10 3/4, и должини од 5 до 50 (feet). Конекциите се стандардни: API/BECO. Со новата CNC машина за обработка, Vulcan
започна со производство на запчаници и со дијаметар до 6.300 мм, сега со повисока цвр стина, подобар квалитет и продолжен животен век. Производите на Vulcan кај нас може да се порачаат и набават преку нивниот официјален застапник на домашниот пазар, фирмата ССА Скопје.
Народен Фронт 3-3/22, Скопје тел: (02) 3136 373 sales@ssa.com.mk info@ssa.com.mk / www.ssa.com.mk Година 4 • Квартал 4
51
Градежни материјали
Нејзиното височество циглата Неверојатно, но вистинито - градежништвото е најстарата „индустриска гранка” на цивилизација, но и дејност која најбавно се развивала.
52
Година 4 • Квартал 4
Причина за тоа е многу едноставна - немало потреба нешто да се менува, затоа што циглата, како основен материјал на секоја градба, со милениуми ги задоволувала потребите. Зборот цигла (тула) има германско потекло, но како градежен материјал се користела уште во ста риот Египет пред 16.000 години. Археолозите имаат откриено нејзини остатоци и во Индија, Перу и во другите тогаш сосема отсечени делови од светот, што значи дека тогашните цивилизации независно една од друга дошле до сознанија за предностите на нејзиното користење. А тие, благодарение на стандарди зираните големини и можноста да се прават на едно, а користат на друго место, значително придонеле за побрзо и поквалитетно завршу вање на градбите. Пред тоа, човекот ги градел своите живеали
шта од тоа што ќе му дојде при рака, таму каде што се нашол. Со воведувањето на циглата во процесот на градење е овозможено таа да се прави таму каде има поквалитетен материјал за неа, а самите градби, чија трајност значи телно била продолжена, да се ѕидаат брзо и ефикасно. Како најмасовен производ не само на градежната индустрија, циглата на почето кот се правела од глинеста земја или кал измешани со трева или слама и животински измет, а цврстината се добивала со сушење на сонце. Овој природен производ, кај нас познат како ќерпич, и ден денес се користи нашироко низ светиот, посебно во земјите со топла кли ма. Неговата денешна распространетост не може да се објасни само со едноставноста на неговото производство и помалите трошоци,
туку и заради фактот што градбите од ќерпич нудат многу погодности поради добрата изо лација и извонредната трајност - некои од нај старите зачувани градби на светот се направе ни токму од ќерпич. Првите печени цигли се откриени во 6,5 ми лениуми стари археолошки наоѓалишта по те че нието на реката Инд, чиј надојден од монсуните водостој во летните месеци со сигурност ги пустошел градбите направени од ќерпич или било што друго, така што не е тешко да се претпостави дека до користењето на огнот за зголемување на отпорноста на осно вниот градежен материјал човекот дошол од мака. Најпозната историска градба од печени цигли е вавилонската кула, за која се ис ко ристени 85 милиони цигли. Во овој регион сé уште постојат куќи при чија изградба се ис Година 4 • Квартал 4
53
користени цигли од разрушената вавилон ска кула. Во натамошниот развој на историјата на ци глата како градежен материјал се споменува и древната Кина, каде за нивно производство за прв пат е искористен процесот за добивање керамика, кој и денес се употребува. Искус твото за користење на циглите во западниот свет го имаат раширено Римјаните - каде оде ле, ги пренесувале своите ѕидарски вештини. Рас пространувањето на производството на цигли во Европа како индустрија се случува во средниот век, при што Ломбардија, Франција и Германија се оформуваат како центри на мо дерното градежништво. Машинското произ водство на цигли го започнуваат Англичаните во текот на индустриската револуција, а Германците успеваат да развијат високоефи касни машини и печки за нивно масовно про
54
Година 4 • Квартал 4
изводство со миниум потребно надгледување, со што започнува распространувањето на ни вното производство насекаде низ целиот свет. Како илустрација да го искористиме фактот дека австрискиот Wienerberger во средината на 19-от век со своите 10.000 вработени била најголема компанија во целиот свет. Денес Wienerberger е „само” најголем производител на цигли во светот. Со градежниот бум од почетокот на 20-век, циглата сé почесто се заменува со челик и бетон, посебно кај високоградбите, но нејзи ните предности и понатаму остануваат ненад минливи, заради што и нивното масовно про изводство и понатаму опстојува без застој. На
пазарот можат да се сретнат голем број секакви цигли - полни, шупливи, фасадни, порозни, специјални, мазни или набраздени, со остри или заоблени рабови, разни големини и дебелини на ѕидовите… Со еден збор, ги има за секоја намена, но на сите им е заедничко дека мора да исполнуваат минимум услови за ква литет за да бидат трајни. А тие, освен изборот на материјал кој е главно песок (50 до 60%), глина (20 до 30%), вар (2 до 5%), железни оксиди (помалку од 7%) и магнезиум (помалку од 1%), се и да се отпорни на мраз, да не впиваат ниту повеќе од 18% ниту помалку од 6% вода, да не содржат повеќе од 0,1% соли растворливи во вода, ниту слободна вар, но и да имаат пра вилен облик, без искривени страници и пукнатини.
Изолации од стиропор
Синоним за изолација Во последниве шеесет и нешто години, откако експертите на германскиот концерн BASF го пронајдоа овој епохален изум, стиропорот како име стана синоним за изолација. Неговата улога во градежништвото практично го смени начинот на кој светот размислуваше и на голема врата го воведе терминот енергетска ефикасност уште пред сите да бидат свесни за тоа.
Година 4 • Квартал 4
55
повеќе од задоволен од заработката од него. Задоволни беа и градежниците, и инвестито рите, и оние кои потоа живееја или работеа во објектите на кои како изолација беше кори стен стиропорот. Лесен за транспорт, едно ставен за вградување, многу бргу ја враќа инвестицијата во него преку заштедата на енергијата потребна за греење и ладење на објектот. Широката примена на стиропорот во градежништвото придонесе тој да се среќава и за друга употреба - за пакување и, најчесто Пред стиропорот, најчесто единствената изо лација што ја имаа градбите беше малтерот. Но, ако децении и векови наназад големата дебелината на ѕидовите и слоевите малтер беа доволни и за изолација, со масовното кори стење на бетонот нештата се сменија. Неговата цврста структура овозможуваше градби со тен ка дебелина на ѕидовите, што од друга страна значеше дека тие практично се без изолација. А тоа го чувствуваа сите кои живееја во такви градби. Епохалниот изум што го смени светот присти гна од германскиот концерн BASF, кој во 1951 година на јавноста го претстави новиот про извод експандиран полистирен, лансиран на пазарот под лиценцираното име стиропор (Styropor). Инстантниот успех на овој инова тивен материјал со мала тежина направи тој секаде во светот, без разлика на производи телот, генерички да се нарекува токму така, на што BASF немаше многу против, бидејќи беше преку Атлантикот, како амбалажа за храна или чаши за топли напитоци, пракса која во по следно време целосно се избегнува, иако не е штетен за здравјето. Причината е што не е многу пријателски расположен за околината, бидејќи неговото распаѓање во природата трае стотици години, а рециклирањето, иако лесно, е скапо, делумно и заради тоа што самиот тој како материјал е доста евтин. Се произведува со полимеризација на мали гра нули стирен (течна петрохемиска супста нца) во присуство на пероксид како катализа
56
Година 4 • Квартал 4
тор, со што молекулите на стирен создаваат долги ланци и материјалот волуменски нара снува за дваесеттина пати. Тоа всушност значи дека составот на стиропорот е околу 5% по листирен и 95% воздух. Еден кубен метар сти ропор содржи 3 до 6 милијарди затворени ќелии исполнети со инертен воздух, кој е природен изолатор. Тешко е запалив, гори на ниски температури, но има својство на само гасење. Издржува температури до 85-95 °C, во зависност од густината, а краткотрајно може да биде изложен и на 110 °C, што е корисно кога се премачкува со растопливи заштитни средства. Постојат неколку вида на стиропор, во зави сност од густината (од 12 до 30 kg/m³), според која се одредува и намената: за пакување и заштита на лесно кршливи производи, за изо лација на ѕидови, за поставување на кровови,
подови… Бројката во неговата ознака ја озна чува цврстината на притисок кој може да го издржи со 10% деформација, изразен во kPa. Како материјал е одличен топлотен и проверен звучен изолатор, отпорен е на влага, но не и на некои органски супстанци, затоа се користат само определени средства во работата со него. Не е отровен, не е погоден за размно жување на микроорганизми или инсекти, не скапува и не создава мувла, што го прави дол говечен. Битно е дека по производството, плочите од стиропор мора да одлежат 45 до 75 дена, би дејќи се подложни на собирање, кое на по четокот е поинтензивно. Производот станува димензиски стабилен дури откако ќе испари целото средство за експанзија. За подобра изолација треба да се користи подебел, а не погуст стиропор - според нашето климатско поднебје, оптималната дебелина за добра изолација е 12 сантиметри. Постои и такана речен сив стиропор, кој е збогатен со примеси на графит, со што се намалува загубата на енергија со зрачење, која изнесува околу 20%.
Година 4 • Квартал 4
57
Драч
Македонски излез на море
Развивањето на инфраструктурата претставува основен предуслов за развој на една национална економија. Со оглед на тоа што нашата држава нема излез на море а, од друга страна, е централно сместена на Балканскиот полуостров, нормално е развојот на економијата да е тесно поврзан со нивото на соработката со блиските пристаништа. Гледано од тој аспект, но секако и од чисто праг матични економски калкулации, приста ни штето во Драч, за нашата економија добива се поголема важност. Ако се земат предвид и перспективите, при што мислиме на изградба на делницата Кичево – Охрид од Коридорот осум, како и на железничка линија од истата делница (од страна на Албанија постои пруга се до нашата граница), актуелноста на при ста ништето Драч станува сосема извесна. Пристаниште Драч Драч е најважното пристаниште во Албанија, кое опфаќа 90% од целата меѓународна по мор ска трговија, и 85% од увозот и извозот на земјата.
58
Година 4 • Квартал 4
Како резултат на многубројните инвести ции во инфраструктурата на пристаништето, како и континуираното подобрување на ефи касноста на работењето, значително е порасната бројката на процесуиран товар. Годи шно во просек се обработуваат повеќе од 3.5 милиони тони. Пристаништето во Драч може да опслужи секаков товар. Во увозот тоа најчесто се брашно, пченица, цемент, горива, гра дежни материјали, јаглен, храна, а во извозот руда, хром, феро-хром, јаловина. Пристаништето Драч работи 24 часа. Средба на канцелариите на Скопје и Приштина со раководството на пристаништето Во смисла на унапредување на работата на при стаништето и взаемна кординација со екс по зитурите во Скопје и Приштина, неодамна во Драч се одржа работна средба на раководството на пристаништето и одговорните од нивните канцеларии во Македонија и Косово. Средбата беше искористена за запознавање со актуелната ситуација во извозно-увозните морски активности на субјектите од Македонија и Косово.
На средбата, Оливер Марковски (претставник на македонската канцеларија) се осврна на досега шната работа. Според него главна задача во ид нина е да се обезбеди максимален професиона лизам, ефикасно искористување на новите услуги кои ги пружа пристаништето како и проширување на неговата дејност. “Работиме на изработка на нов план, кој ќе биде реализиран во неколку етапи, за поефикасно работење на канцелари ите во Скопје и Приштина како и за понатамошно про ширува ње во Белград но и во сите околни зони“ изјави на средбата г. Марковски. На состанокот помеѓу останатото беше пре дложена и идејата за организирање на “Форуми за меѓусоработка“ во Скопје и Приштина, со цел понатамошна промоција на пристаништето, не говиот развој како и привлекување и анимирање на заинтересираните субјекти за соработка со пристаништето Драч. Исто така беа дадени предлози за зголемување на ефикасноста на пристаништето како и про ширување на неговата дејност, се со цел зголе мување на конкурентноста во однос на другите
пристаништа од Балканот, истакнувајќи ја притоа стратешката местоположба која ја има Драч. Главни карактеристики на пристаништето Драч Пристаништето е сместено во заливот Драч. Од едната страна е заштитено со копно, а од другата страна, и од Исток и Запад, е заштитено од насипи. Пристаништето се протега на површина од 1.467.000м2 и водена површина од 647.000м2. Морската плима и осека (највисоко и најниско ниво) изнесуваат 0.33м до 0.40м. Влезниот канал е со длабочина од 8.5м, долг е 3.65 милји и широк од 60м до 195м, со што се овозможува лесен пристап на бродовите до пристаништето. Приста ништето има 11 сидра за закотвување на бродови, со должина од 2,2 км. Длабочината на водата варира од 6,6м до 11,15м.
Бул. Партизански Одреди 143, Скопје Тел: ++389(0)2 3051 515 info@apdurres.com.mk Година 4 • Квартал 4
59
СЕМТ ДОЗВОЛИ И НИВНАТА УЛОГА
Со воведувањето на еколошките стандарди за заштита на животната средина и контролира њето и регулирањето на емисиите на издувните гасови се создадоа услови за воведување на унифицирани еколошки дозволи во меѓуна родниот транспорт на стоки. Во периодот од 01,01,1974 година за прв пат беа воведени СЕМТ Дозволите со пробен период од 3 години. СЕМТ Дозвола претставува дозвола од мулти латерален карактер за меѓународен превоз на сто ка издадена од Секретаријатот на Евро пската Конференција на министрите за тран спорт, врз основа на која можат да се извршат неограничен број на возења меѓу земјите чле нки на СЕМТ или во транзит преку нивната територија. Одредени СЕМТ Дозволи можат да имаат те риторијално ограничување за одделни држави ( Република Австрија, Република Италија и Република Грција ) и имаат црвен печат со пре цртана ознака на земјата во која не можат да се користат. Со СЕМТ Дозвола не може да се врши кабота жа (). Според рокот на важењето СЕМТ Дозволите можат да бидат: месечни кои имаат жолта боја и се со рок на важење од 30 дена и годишни
60
Година 4 • Квартал 4
кои се со зелена боја и се однесуваат за една календарска година. СЕМТ Дозволите според категоријата на товар ни возила во согласност со меѓународно утвр дените стандарди можат да бидат за: EURO 3, EURO 4, EURO 5 еко карактеристики. Аплицирањето и обработката на податоците, како и целокупниот процес на распределба и контрола на дозволите за превоз се врши преку електронски систем достапен на интернет ста ницата на Министерството за транспорт и врски (www.mtc.gov.mk). За распределба на дозволите се утврдува годишен контингент на поединечни транспорт ни дозволи и годишен контингент на СЕМТ Дозволи. Распределбата на годишниот контингент на дозволите се врши врз основа на годишен план за распределба. Превозникот секоја година од 1-ви до 15-ти октомври во тековната година, за наредната година до Министерството за транспорт и врски преку електронски систем поднесува барање за утврдување на план за распределба. Бројот на товарни моторни возила за меѓуна роден превоз, еко карактеристиките, бројот на возачите во редовен работен однос со серти фи кат, висина на добивката од работењето,
бројот на извршените превози од 1 јануари до 30 септември во тековната година, минимум една година вршење на основна дејност меѓунаро ден патен превоз, како и други услови претставуваат критериуми за распределба на СЕМТ Дозволите. Врз основа на поднесените барања за утврду вање на план за распределба, Министерството за транспорт и врски по електронски пат одредува кои квоти по видови дозволи ги задо волуваат, а кои не ги задоволуваат потребите на превозниците. При тоа, на превозникот на кого му е одземена лиценцата за превоз на стоката во меѓународ ниот јавен патен сообраќај, односно му е изре чена прекршочна санкција, забрана за вршење на дејност - превоз, или од страна на надлежен орган на друга држава му е изречена мерка забрана на извршување на превоз во таа др жава, се исклучува од постапката за утврду вање на план за распределба, му се одземаат доделените дозволи од планот за распредел ба во целост или само за конкретната држава. Дистрибуцијата на поединечните транспортни дозволи од планот за распределба го врши Министерството за транспорт и врски врз ос нова на барање, кое превозникот го доставува согласно своите потреби во текот на годината, а најдоцна до 25-ти декември во тековната година. Со воведувањето и распределбата на СЕМТ Дозволите по електронски пат, Република Македонија врши нивна транспарентна рас пре делба и придонесува за исполнување на европските стандарди на македонските пре возници во поглед на еколошката заштита на животната средина и други транспортни кара ктеристики по европски терк.
Андријан Трипунов
Година 4 • Квартал 4
61
Ford Transit Connect
Мало пакување голема практичност Новата гама комерцијални возила на Ford е сочинета од најсовремени лесни доставни возила на пазарот, кои не само што изгледаат модерно, туку имаат и карактеристики кои ги задоволуваат клучните потреби на купувачите.
62
Година 4 • Квартал 4
Во период од две години, Ford ја обнови цела та линија на комерцијални возила, која се сос тои од четири модели обединети под името Transit - освен веќе присутните на пазарот Transit Custom и Connect, идната година ќе бидат лансирани и најмалиот Courier и голе миот Transit. Потврдата за нивната сеопфатно ст две години по ред дојде и од меѓународното жири за избор на ван на годината - лани титулата со импресивни 117 од вкупно 133 бода ја освои сосема новиот Transit Custom, а годинава таа отиде кај неговиот помал брат, втората генерација на Transit Connect. Акуму лирајќи 130 од расположливите 163 бода, добиени скоро рамномерно од сите 24 члена на специјализираното жири кое ги оценуваше економичноста, дизајнот, возните својства, но сивоста и безбедноста, тој го победи Mercedes Sprinter и неговите 123 бода и практично де класира третопласираниот Renault Kangoo, за кој останаа само 25 бода. Клучните нешта кои го направија Transit Connect ван на годината се практичноста, про страниот ентериер и економичноста што му ја пружа еднолитарскиот EcoBoost мотор, а ви соко на листата предности се и значајните безбедносни карактеристики, меѓу кои посе бно се издвојува Active City Stop системот, кој, како што и самото име му сугерира, може сам
да го запре возилото во град во случај невни мателен пешак, велосипедист или домашно милениче да му се најде на патот. Новиот Transit Connect, кој се произведува во Шпанија, постави нови правила на игра кај ком пактните ванови. Достапен е во товарна, патничка и комбинирана кабина, која распо лага со практичен и простран товарен простор со вкупна зафатнина од 2,9 или 3,6 m³, a има максимална носивост од 1.000 килограми. Товарниот простор нуди иновативни аспекти, како што е пристапот преку отворот на пре градата, преклопливото возачко седиште осло бодува уште корисен простор, а лизгачката странична врата кај верзијата со долго меѓу оскино растојание овозможува товарање на евро палета.
Година 4 • Квартал 4
63
Наградуван е и неговиот трицилиндричен бензински мотор, кој за 2012 и 2013-та беше прогласен за меѓународен мотор на годината. Овој ултраефикасен и моќен еднолитарски ту рбо мотор високите оценки ги има добиено за возливоста, изведбата, економичноста, по до брувањата и успешната примена на напредна технологија, која кај него се среќава во големи количини: директно вбризгување на горивото, турбо компресор, варијабилно отво рање на вентилите, старт-стоп систем… Вгра ден во Transit Connect во верзијата од 100 KS, тој го прави лидер во својата класа со потро шу ва
64
Година 4 • Квартал 4
чката од 5,6 литри на 100 km и емисијата на CO2 од 129 g/km, што е подобрување од 34% во споредба со досегашниот модел. Transit Connect е на располагање и со 1,6 литарски EcoBoost бензински мотор со 150 KS и исто толкав дизел мотор со 75, 95 или 115 коњски сили, кој во Econetic верзијата е способен да помине 100 km со само 4 литри гориво, притоа ис пуштајќи само 105 g/km CO2 во атмосферата. Ford е првиот производител кој победил два пати по ред и единствен кој ја има добиено титулата меѓународен ван на годината пет пати.
Volvo FH
Светот ја сврте главата кон Шведска Откако предизвика интерес кај стручната јавност и ја освои титулата „Интернационален камион на годината“, новата генерација на серијата FH на Volvo започна да го привлекува вниманието и на обичните луѓе.
Серијата кратки видео спотови со кои швед скиот производител ги промовираше иновати вните решенија и технички системи кај својот најнов камион се полн погодок - не само што се интересни за гледање, туку и на еден доста приемчив начин ги покажуваат способностите на серијата FH, начин кој и обичните луѓе, оние кои немаат никакви допирни точки и познава ње за камионите, го разбираат. Сепак, оние на кои транспортот им е животна определба и на кои камионите лебот им го вадат, бараат по веќе и попрецизни информации, кои на маке донски јазик можат да се најдат единствено во Г&Т. Причините заради кои светот ја сврте главата кон Шведска можат да се наведат за било кој современ камион, но само Volvo FH е камион на 2014 година, титула која редовно ја освојува откако се појави во 1994 година. А рака на срце, не беше тешко да се победат годинешни те претенденти за престижната титула, кои и покрај своите квалитети, сепак не можеа да му конкурираат на камионот чии визионерски за мислени системи имаат потенцијал да го сме нат животот на камионџиите и начинот на кој операторите ги користат своите товарни во зила. Третата генерација на Volvo FH е замислен како предводник во превозот на долги рела ции, камион проектиран со фокус и кон воза чот, на кој му нуди неспоредлив комфор во возењето, и кон операторите, кои ќе бидат за до волни со економичноста во работењето и
66
Година 4 • Квартал 4
напредните одлики кои го прават транспортот профитабилен. Она што најмногу ќе ги интере сира возачите е тивката и комфорна кабина, ергономските команди и иновативните ретро визори кои значително ја подобруваат прегле дноста, а од техничка страна, ќе бидат им пресионирани од I-Shift автоматизираната трансмисија, подобреното управување и неза ви сното предно ослонување. Транспортните претпријатија, пак, ќе покажат најмногу инте рес за опционалниот I-See софтвер за ште дење на гориво и далечинското следење на со стојбата на возилото преку Telematics Gateway сервисот на Volvo, со кое се намалуваат тро шоците за одржување и поправките и застоите заради нив. Секако, меѓу клучните одлики на новиот Volvo FH се и единствените системи за без бедност, кои беа тема на промотивните спотови што сите ги видоа. Достапен во голем број конфигурации, чија бруто маса на комбинацијата може да оди и до 100 тони, новиот FH е камион за секаков вид работа, но најмногу за долголиниски транс порт, бидејќи економичните погонски групи можат да заштедат и до 11% гориво. За поло вината од тоа ќе биде заслужен споменатиот I-See опционален софтвер, кој може да се до
бие со I-Shift трансмисијата. Со заеднички си ли, овој паметен пар со помош на контролата за крстарење планира однапред како ќе ги менува степените на пренос и практично ште ди гориво на секој рид. Сите девет дизел мо тори располагаат со голем вртежен момент и бараат малку гориво, така што секој тран с портер без компромиси може да избере кој најмногу му одговара за неговата работа: 13-литарските со моќност меѓу 420 и 540 или 16-литарските во распон од 540 до 750 KS. Во Еуро 6 понудата засега е само 460-коњската верзија на помалиот мотор. Освен шесте типа автоматизирана трансмисија, може да се из бере и некој од исто толкуте мануелни мену вачи, со или без редукција, а независното предно ослонување, за прв пат вградено во ка мион, овозможува управливост како кај авто мобил. Редизајнираните аеродинамични ретрови зо ри, задните камери и новите вертикални A-столбови обезбедуваат видливост насекаде околу возилото, а за безгрижен одмор тука се и деталите како I-Park Cool системот, кој ја одржува температурата во кабината на опти мално ниво цела ноќ, без разлика дали надвор е ладно или топло. Прочуената Globetrotter кабина, која е на располагање во две големини,
наново е проектирана и има изобилство про стор. Освен неа, FH може да биде испорачан и со Sleeper кабина, која повеќе ќе одговара на некоја од помалите конфигурации на шасијата, кои ги има осум - влекач 4x2, 6x2 и 6x4 со растојание меѓу оските од 2.850 до 4.100 mm и соло камион 4x2, 6x2, 6x4, 8x2 и 8x4, со меѓу оскино растојание од 3.200 до 6.700 mm. Самата шасија може да биде висока 810, 850, 900 или 1.000 mm со параболично или воз душно ослонети задни оски, кои ги има осум, со избор од меѓу 5 и 11 преносни односи, односно вкупно 57 комбинации. Сега јасно ви е зошто светот ја сврте главата кон новата серија на Volvo FH?
Година 4 • Квартал 4
67
Van Hool CX45
Враќање на голема врата Van Hool ја врати Македонија на картата на производители на автобуси.
За време на Југославија, Македонија беше не прикосновен снабдувач со автобуси, чии про изводи не се среќаваа само низ заедничката држава, туку и во многу земји ширум светот. Добар дел од нив и ден денес сообраќаат, но економската транзиција, која најпрво ни до несе уште еден, а потоа нé остави без ниту еден производител на автобуси, придонесе на шата земја да биде избришана од овој список. Сега, со посредство на Белгијците и благода рение на нивните планови за развој и плодното тло за нивно остварување што го најдоа кај нас, Македонија повторно се врати на картата на производители на автобуси. И тоа на голема
68
Година 4 • Квартал 4
врата, која води директно кон Америка. Семејната белгиска фирма, основана во 1947 година, го откри американскиот пазар уште кон средината на шеесеттите години, пред дури да биде присутна и на многу европски пазари. Планското и издржано развивање на своите производи во согласност со тамошните строги и специфични безбедносни правила придонесе Van Hool да стана важен играч на американскиот пазар кон средината на осум десеттите. Тогаш Van Hool беше единствениот европски производител на автобуси кој изве зуваше во Америка комплетни возила - сите други имаа таму организирано производство.
Денес Van Hool во САД годишно продава по околу 600 автобуси, што е отприлика третина од производството. Фабриката во Македонија, чие производство стартуваше токму со модел наменет за преку океанскиот пазар, треба да даде силен акцент на нивното присуство таму. Значајно е тоа што кај нас се произведува сосема нов модел, прв од двете нови семејства CX и TX наменски кон струирани за американскиот пазар. Се работи за луксузен туристички автобус наменет за по слабо профитни долги релации. Во споредба со својот претходник C20 има значајни уна предувања, како во изгледот, така и во специ фикациите, кои се прилагодени за редовни ли нии, туроператорски или чартер превоз. Во изгледот најзабележливи се новиот кластер предни фарови со дневни светла, а во внатре шноста стилските и практични подобрува ња со кои целосно е ревидирана релаксирачката атмосфера при патувањата. Долг е 45 стапки (13,7 метри), заради што и целосната ознака му
е Van Hool CX45 и има доволно простор за 56 патници. За погон е задолжен Detroit Diesel DD13 мо торот со 450 коњски сили, кој е познат по сво јата економичност, сервисните интервали од 80.000 километри и BlueTec технологијата за емисија за издувните гасови, а како опција може да се избере и Cummins ISX 12.9 моторот со 425 KS. Шестстепениот Allison автоматски менувач од петтата генерација може да се ком бинира со Jacobs моторната кочница, или да се замени со дванаесетстепена ZF AS Tronic трансмисија со интардер. Диск кочници се монтирани на сите три независно ослонети оски чија висина може да се подесува, а ZF системот за управување е со варијабилен пре носен однос. Решетката, предниот и стра ни чните делови од каросеријата се од нерѓосу вачки челик, а кровот и вратите од багажникот од алуминиум. Вкупната дозволена маса му изнесува 23 тони, а во резервоарот му собира 818 литри гориво. Богатата сериска опремено
Година 4 • Квартал 4
69
ст може да се дополнува според потребите, а за безбедноста се задолжени ABS системот против блокирање на тркалата, ATC за контро ла на тракцијата, ESC за динамичка стабил ност, системот за контрола на притисокот во пневматиците, заштитата од пожари, електрон ското предупредување за напуштање на коло возната лента, како и задната и страничните камери. Van Hool уште пред неговото претставување на Американците, кое се одржа минатиот месец на Флорида, има добиено дури 600 нарачки за овој автобус. Од големо значење за нас како држава е што на свечената манифестација ли чно првиот човек на компанијата, Филип ван Хол, изјави дека е горд што може да го прет стави првиот автобус излезен од нивната нова фабрика во Македонија, главно наменета за производство на возила за американскиот па зар. Тој додаде уште и дека оваа инвестиција од големо значење ќе ги направи уште посилна компанија и освен на двете страни на Атлантикот, ќе овозможи да ја прошират про дажбата и во земјите од Источна Европа и Блискиот Исток. Ај честито нека ни е!
Metso Mining and Construction Technology ul. Njudelhiska 2-1/6, 1000 Skopje tel: +389 2 3063 667 / fax: +389 2 3061 989 mob: +389 78 321 103 e-mail: vasko.salamovski@metso.com