GT15

Page 1

Специјализирано списание за градежништво и транспорт • Излегува четири пати годишно

Година IV • Број 15

Caterpillar 6018 • Liebherr A 904 C Litronic Volvo L110G Lokotrack LT1213 и LT1213S • JCB TH Perlini DP 405 WD • BOMAG BF 800 C Komatsu SK815-5 • Ponar Wadowice WURTH - MASTER • Makita


СОДРЖИНА Претставуваме: Од уреднички агол........................................................................................3 Caterpillar 6018 .............................................................................................4 Liebherr A 904 C Litronic .............................................................................8 Volvo L110G .....................................................................................................11

Издавач: КУКОМ дооел - Скопје

Lokotrack LT1213 и LT1213S ......................................................................14 JCB TH ................................................................................................................18 Perlini DP 405 WD ...........................................................................................22

Главен и одговорен уредник: Благоја Дрнков Графички уредник: Филип Даскаловски Постојани соработници: Агрон Сулејман, Зоран Коцев, Сашо Наумовски, Адријан Трипунов Маркетинг: Благоја Дрнков, Мелина Тагаринска, Сандра Ристовска Адреса на редакцијата: „Коста Шахов“ 6-1/1 1000 Скопје

Финишер BOMAG BF 800 C ...........................................................................26 Komatsu SK815-5 ............................................................................................30 Bobcat - Зошто мал багер? .....................................................................34

Занимливости, вести... Doosan компресори ....................................................................................36 Rasco - Trilety L6000 ....................................................................................39 Makita, ЕА 3500S35Е и ЕА 6100P4SE .............................................................42 Ponar Wadowice ............................................................................................46 WURTH - MASTER ...............................................................................................49 ВЕМКО - Домашно производство на цевки со голем пречник ............................................................................52 NGH - АНТИФРИЗИ ............................................................................................54

Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира на било кој начин или на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Г и Т.

како се врши специјален транспорт ..................................................57

Trанспорт

Г и Т е тромесечна ревија.

Автобусите на Alfa Romeo .......................................................................60 Volvo FH ............................................................................................................62 Mercedes Citan ................................................................................................64

www.g-t.com.mk

02 3223 531 2

Година 4 • Квартал 3


Од уреднички агол Позитивни трендови 1. Кога во европска­та економска поља­на ќе дувне благо ветре тоа во нашиот двор се чувствува како разур­ нувачки ура­­ган кој кор­ не и урива дрвја. Совре­ме­ните економ­ ски теко­ви повеќе­ка­ ра­т­но се зависни по­ меѓу разните држа­ ви од соседството потоа од конти­нен­тот па на крај и од светските релации. Малите на­ ции во тој глобален натпревар, се разбира, не можат да ги диктираат тековите туку нивното опстојување исклучиво зависи од умешноста во брзото прилагодување кон усло­вите поставени од глобалните играчи. Тоа е судбината која ја делат сите мали национал­ ни економии, но нивното специфично однесува­ње во дадените услови, знае да направи разли­ка. И тоа голема. Ова се општите меѓународни релации помеѓу “големите“ и “малите“, и тоа од сите чинители треба да се прифати без резерви и со голема доза прагматичност. Каде сме ние во гло­ бал­ ната игра која се води на наш терен, во регио­нот и пошироко на континентално ниво? Можеби најточниот одговор би бил, токму таму каде што ни е и местото – на опашката од про­цесите. Тоа значи дека само можеме да ги чувствуваме пос­ ледиците без никаква реална можност да вли­јаеме на причините. Во пракса тоа значи дека секој по­ зитивен сигнал од западноевропските економии, кај нас се одра­зува како видно придвижување на економските процеси. Токму такви, позитивни, се и најновите анали­зи на резултатите на европските економии за двете тро­ месечија од годинита а позитивен развој на тие про­цеси се предвидува и за вториот дел од годи­ ната. Токму овие моменти внесуваат оптимизам кај домашните компа­нии. Дали на повидок е крајот на

острата монетарна и економска криза со која светот, па нормално и ние, се соочиво изминативе неколку години? Останува да се надеваме дека ќе бидеме све­ доци на будење на доминантните контине­н­тални економии. Благ пораст кај нив, кај нас би се почувствувал како оптимисичко будење на веќе видно исцрпените економски субјекти. 2. Секој 28 август рударите од земјава го слават својот ден. Ако се земе во предвид фактот дека рударството од 2005 година постојано беле­жи по­ дем и дека во моментов тоа зазема над 35% од вкупното индустриско производство, вед­ наш ста­ нува јасно со колкаво внимание треба општест­вото да се однесува спрема оваа индустриска гранка. „Најголема и недвосмислена потврда за пости­ гнатото на овој план се резултатите на терен. Според последните статистички податоци растот во сегментот на минералните суровини изнесува 6,7% во однос на минатата година. Бројот на вработени во овој сектор пораснал за 8,4% во однос на лани, што е директна потврда дека со мерките што ги преземавме создадовме директни услови за отворање на нови работни места во сектор каде што работат веќе над 10.000 лица во над 120 рудници“, ќе изјави министерот Валон Сараќини на при­годната свеченост по повод денот на руда­рите, додавајќи притоа дека во изминативе неколку месеци се издадени над 100 договори за кон­цесија што претставува раст од над 30%. Убаво е кога се сумираат позитивни резултати, но притоа никако не треба да се заборави на работ­ ниците кои се вклучени во производниот процес. Во најмала рака тие заслужуваат освен на нивниот ден, одвреме навреме и соодветно и да се стиму­ лираат. Безбедноста при работа­ та, подобрените услови и секако адекватната опрема веќе не би требало да претставува тема за дискусија. Пријатно читање Главен уредник Благоја Дрнков

Година 4 • Квартал 3

3


Caterpillar 6018

Бучим засилен со моќен багер Менаџерскиот тим на Бучим цврсто е решен во настојувањата за темелно обновување на машинскиот парк на рудникот. Најновата инвестиција на компа­ нијата е Caterpillar 6018, моќен багер од најтешката категорија кој работи со помош на електрична енергија .

4

Година 4 • Квартал 3


Минатата 2012 ќе биде запишана како нају­ спешна година од постоењето на Бучим. Рудникот кој постои веќе 34 години а сега работи под раководство на руската компанија “СОЛВЕЈ“, е единствениот рудник во нашата земја за ископ и преработка на бакарната руда,кој како финален производ испорачува бакарен концетрат. При свеченото пуштање во употреба на ба­ герот, во кој патем речено се вградени најсо­ времените технолошки достигнувања, гене­ ралниот директор на Бучим, г-дин Василиј Борутцкиј ќе истакне дека набавката на нов багер од Caterpillar означува исполнување на дел од краткорочниот план со кој се предвидува до 2020 год­ ина значително обновување на механизацијата но исто така и исполнување на долгорочниот план со кој се предвидува до 2030 година замена на цело­ку­ пниот машински парк на руд­ никот. Новиот багер CAT 6018 чија задача ќе биде ископ и натова­ рување на рудна маса и јало­ вина, ќе се придружи на моќната дружина на Caterpillar која веќе вредно служи во Бучим а во која членуваат уште: 3 дампери од по 150t, 2 дозера, 1 виљушкар, 3 булдожери како и една нато­ варна лопата CAT 950. Дали за извонредните резултати кои се постигнуваат во Бучим има заслуга високиот процент на бакарен концентрат од 21%, или пак тоа се должи на користењето на амери­ канската опрема од Caterpillar, останува да анализираат надлежните од рудникот. Но ако судиме според нивниот интерес за набавка на нова опрема произведена од Caterpillar ста­ нува очигледно за каква доверба станува збор. Придонесот на Caterpillar во ефикасното извршување на работните задачии примерната ефикасност на рудникот може да се согледа

од остварените рекордни резултати во мина­ тата година кога е ископана рудна маса од 14 милиони тони, или рекордни, 5 милиони тони руда. Дека овие оптимистички трендови ќе про­ дол­ жат гаранција е и отварањето на новата фа­­брика за Лужење, која е единствен капацитет од тој вид кај нас, а која ќе послужи за добива­ ње на 2.400t катоден бакар годишно. Водени од позитивните искуства од сора­ ботката со домашната фирма “Текноксгруп“, која е дилер на американците од Catrepillar, проекциите за развојот на Бучим не застану­ ваат тука. Се разбира, во сите тие планови е

вклучен и нивниот стретешки партнер кој е задолжен за опремување на рудникот со машини од најновата генерација. За Caterillar 6018 Секојдневно слушаме и читаме за мега-ма­ шини специјално проектирани за посебни гра­ дежни, рударски или пак други специјални на­ мени. Caterpillar 6018 е обична работна ма­ шина чија првенствена цел е ефикасно копа­ње и натоварување на ископана површи­ нска руда, и тоа во долг временски период и со минимални екплоатациски трошоци. Е сега, Година 4 • Квартал 3

5


тоа “обична“ во претходната реченица треба да се сфати малку условно поради тоа што машината изгледа и повеќе од импресивно. Еве и зошто. Оперативната тежина на “6018“ изнесува цели 195 тона, операторот команду­ва од седиште сместено на височина од 5.4 метри, а вградениот електромотор ослободува 650 kW односно 885 КС. Ова се само дел од импресивните податоци на овој гигантски ба­ гер кој само со едно полнење на корпата зафаќа рудна маса со волумен од 10кубици. Механика Како посебност во механичкиот дел, се иста­ кнуваат веќе споменатиот електромотор кој се добива како опција. Инаку стандардно во бaгерот се вградуваат два шест цилинедер­ ски дизел мотори од по 18.2 литри работен волумен, секој посебно. Од економски причи­ ни, а секако поттикнати и од малата завис­но­ст на електромоторот од надворешните факто­ ри,во багерот “6018“ е вграден моќен елек­ тромотор. Како страничен ефект од кори­сте­ њето на електрична енергија наместо течни горива секако е и заштитата на животната средина. Специфика на електричната погон­ ска група е што таа работи на напон од 6.3 kV при што низ инсталацијата тече струја од 72 ампери. Се разбира дека вака големо струјно

6

Година 4 • Квартал 3

оптеретување треба да се држи под строга температурна кон­ трола па таа улога инженерите ја решиле со Pump Menaging System. Составни функции на овој систем се: електронска контрола на товарот, протокот на главната пумпа во зависност од позицијата на џојстикот, авто­матско регулирање на нул­ тиот проток, автоматска нама­ лување на вртежите на моторот при прекин на работата, ре­ дукција на протокот на масло од главната пумпа при високи температури на хидрауличното масло или при ниски и високи температури на моторот. Покрај опишаниот комплексен систем за контрола, треба да се истакне дека CAT 6018 е опремен и со независно ладење со масло,


елек­т ронско-хидрау­ личен систем, автомат­ ско централно под­ма­ ч­кување, елктро­ника за кон­ трола на испо­ ра­чаниот вртежен мо­ мент,.. како и цела ни­ за опрема и уреди димензионирани за да можат успешно да од­ го­ворат на екстре­м­ ните напори при кои треба да функционира багерот. За движење на оваа моќна машина (со максимална брзи­ на од 1.7 км/ч) се задолжени гасеници чија газна должина изнесува 7.150 мм. и широчина 800 мм. Како илустрација за огромните капа­ цитети нека послужи подато­кот кој говори за двете хидраулични пумпи со капацитет на истиснување од по 578 литри во минута. Тие генерираат максимален притисок од цели 35 Mpa односно 350 bar а се хранат од резервоар кој збира 2 илјади литри. Работен амбиент Операторот на Caterpillar 6018 физички напор треба да вложи само додека се искачи на своето работно место. По удобното смес­ тување преку скали кои водат до “вториот кат“ тој ќе може да ги ужива сите благодети на високата технологија. Управувањето со коман­ дите е максимално олеснето преку подесува­ ње во сите правци на седишниот дел, а уште повеќе, со природната позиција на сите команди. За пријатна атмосфера, во физички максимално заштитената кабина, се грижи климатизација со двојно филтрирање на про­ токот на воздухот. Како и целата гама на нови продукти што ги испорачува Caterpillar, така и овој багер доаѓа со комплетна телеко­ ми­ никациска опрема. Би било интересно да напоменеме дека за

прв пат кај овој тип машини, за помош при сла­ ба видливост и ноќе, се користи комплет од ксенонски светла монтирани и од предната и од задната страна. Можности Поседувањето на багер од ваков тип, за корисникот значи вложување во иднината. Тоа најпрвин го гарантира доверливоста на произ­ водителот стекната на коповите ширум светот, а потоа и нивото на вградената висока тех­но­ логија која може да се сретне само кај нај­ра­ звиените марки. Во традиција на брендот се­ како спаѓа и исклучително долгиот сервисен интервал и докажаниот квалитет на вградени­те компоненти, па оттука сам по себе се наметну­ ва заклучокот за врвна машина кај која ефи­ касното работење, доверливоста и исплат­ли­ вост на инвестицијата се вредности кои се подразбираат сами по себе.

Текноксгруп Македонија Дооел Качанички пат ул.20 бр.23 1000 Скопје, Република Македонија Тел. +389 2 2527 205 contact-mk@teknoxgroup.com www.teknoxgroup.com

Година 4 • Квартал 3

7


Градежни машини

Liebherr A 904 C Litronic Кога тргнавме во посета на фабриката во Јегуновце, очекуваме да сретнеме само големи машини, и тоа многу. А таму, на наше изненадување, видовме дека најтешките работи всушност ги вршат малите машини...

8

Година 4 • Квартал 3


Не му верувавме на погледот кога во срцето на фабриката која работи одлично, во која за­ доволните вработени имаат редовни и добри плати и заради која целиот регион е живнат, го сретнавме багерот A 904 C Litronic како рабо­ ти во екстремно тешки услови на кршење на стопената руда оладена на 600 до 800 °C. За таа работа, која се врши во 3 смени, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, наместо корпа тој се опремува со чекани Atlas Copko и HM 500 или HM 600 и од 2011 година кога е набавен, до­се­ га нема никаков проблем со него. А како и би имало, кога зад него стои едно име какво што е Liebherr?! Германската компанија, која иако има ши­ рок дијапазон на делување, кој вклучува дури и апарати за домаќинство и хотелиерство, но кај нас е позната исклучиво по градежните маши­ ни, кои и се основна дејност, го гарантира ква­ литетот на своите производи со големиот про­ цент делови за нив што сама ги развива и про­из­ведува, вклучувајќи ги сите клучни компо­ ненти, како што се контролната технологија и

механиката, вклучително и моторите, хидра­ у­ ли­ ката и трансмисијата. Униформната конс­ трук­ција обезбедува поевтино и поквалитетно одржување, без потреба од откажување од врвните технолошки решенија, а исто така и сите приклучни орудија се во целост сопствен производ. За сериозноста и успехот на Liebherr, кој од самото свое основање во 1949 година е еден од водечките производители на градежна опрема во светот, доказ се годишниот промет од 7,6 милијарди евра и 33-те илјади вработени. Но, колку и да е голема компанијата, како што се уверивме во случајот со Јегуновце мора да има и мали нешта, кои според обемот на рабо­ тата и куповната моќ на нашите прет­ пријатија се примарен избор. Една таква мала машина, барем кога е во прашање големо име како Liebherr, е токму багерот A 904 C Litronic. Опремен е со четири двојни тркала задвижу­ вани од 6,4 литарски турбодизел мотор кој своите 105 kW (143 KS) ги постигнува при 1.800 вртежи во минута, кои му обезбедуваат лесна Година 4 • Квартал 3

9


подвижност, а едноставната конструкција пак голема издржливост. Бројните приклучни уре­ ди го прават погоден за секоја работа која ќе му се даде, а Likufix системот за нивна брза замена го намалуваат непродуктивното време на машината. Оперативната тежина му изнесу­ ва од 18.700 до 21.500 kg, корпата може да му биде со волумен од 0,55 до 1,15 m³, а може да биде опремен со хидраулична рака од 3,8 или 5,3 метри. Хидрауликата има проток од 2х189 литри во минута и максимален притисок од 350 бари, максималната брзина на движење е до 30 km/h, додека бучавата околу машината изнесува 100, а во кабината 73 децибели. Во зависност од раката, максималната длабочина на копање може да биде од 5,4 до 7,85 метри, а силата на ископување од 77,2 до 96,6 kN. Сé на сé, A 904 C Litronic е конструиран за максимум продуктивност во однос на негова­та големина и екстремно долг век на траење, би­ дејќи една компанија како Liebherr е свесна дека корисниците на вакви машини ги купу­ва­ат за долг период на експлоатација. Колку долг, добро знаат одговорните во Јегуновце, кои се решија за него бидејќи во машинскиот парк на фабриката имаат еден модел на неговиот претходник 902, кој, иако произведен во 1989 година, уште функционира.

СИНПЕКС ДОО Краварски пат бб, 1000 Битола Т: + 389 (47) 208-500, Ф: 389 (47) 208-515 sinpeks@t-home.mk Подружница СИНПЕКС, Скопје Трета Македонска Бригада бр. 10а Т: +389 (02) 3 290-007 www.sinpeks.com.mk

10

Година 4 • Квартал 3


Volvo L110G

Универзалец од шведски челик Oд 1954 Volvo е познат ширум светот како производител на доверливи на­ товарувачи. Тие се способни за извршување на широк спектар задачи, запо­ чнувајќи од работи во каменоломи до отпади, па преку разнесување на ма­ теријали и блокови, во нискоградба и високоградба па се до работи во пилани и земјоделски активности.

Година 4 • Квартал 3

11


Volvo новата генерација на серијата 110, ја претстави минатата година, со единствена цел својот најпопуларен натоварувач додатно да го оплемени со најнови технолошки ре­ше­нија како и понатаму би останал на врвот на понудата на универзални натоварувачи. Од самата конструкција, при што овие машини се поставени на тркала а погонот се пренесува на двете оски, може да се насети нивната многу­ страна употребливост како и лесна приспо­со­ бливост кон различните потреби. Кон сите овие карактеристики Volvo ги придодава и своите традиционални вредности како што се современите технички решенија, економи­чно­ ста при експолатација, но можебе пред се, из­ вон­ редниот квалитет на вградените компо­ ненти. Кога станува збор за серијата “110“ тре­ба да се има на ум дека сите компоненти започнувајќи од носечката конструкција потоа моторот, менувачот, хидрауличките системи, со­пирачките,...односно целосната конструк­ци­ ја се дело на сопствениот развој и производ­ ство на стручњаците од Volvo. Механика Носечката структура на натоварувачот е ком­ бинација од проверени решенија и новитети кои се вградени со цел поедноставно ко­ ри­ стење и зголемување на работниот век на ма­ шината. Екстремно цврстата решетка изра­ ботена од најквалитетен шведски челик, лежи

12

Година 4 • Квартал 3

на задна оска која не­ ма никаква потреба за одржување. Во посе­­б­ ни куќишта се сместе­ ни диск сопирачки­ те кои се опремени со дво­­­ен хидрауличен сис­­­тем како и резерво­ арите за масло со кои перманентно се под­ ма­чкува ос­ката. Пред­ ната осовина е изве­ дена со крута врска која исто така работи по принцип на само­подмачкување. Вртењето е обезбедено преку зглобна конструкција која е управувана од хидростатичен систем кој упра­ ву­вањето го прилагодува во зависност од опте­ ретеноста на предната оска. Вградениот турбо дизелски мотор ги испо­ лнува најновите еколошки норми против зага­ дување во што помага и партикуларниот фил­ тер за честици. Изведен е во линија со шест цилиндри и има работен волумен од 8 литри. Вредна особина на моторот е што максимал­ ниот вртежен момент го испорачува на екстре­ мно ниските 1.400 вртежи во минута а макси­ малната силина од 260 КС при само 1.700 вртежи. Работен амбиент Volvo е апсолутен владател кога се говори за безбедноста на своите возила. Истата конста­ тација можеме слободно да ја искажеме и кога станува збор за работните машини. При проек­ ти­ рањето на кабината освен што е водено смет­ ка за безбедноста, големо внимание е насо­чено и кон лесното манипулирање и удо­ бноста на операторот. Внатрешната архи­тек­ тура е испроектирана налик на патничките возила. За чистиот воздух се грижи двојниот филтер вграден на посебно место а пофалбите од произведувачот одат на адреса на темелно изведената звучна изолација. Командните палки се исклучително ерго­


номски а како посебност се издвојува можно­ ста за нивно командување со цврсто потпрена рака. Поради тоа што во серијата “110“ се вгра­ дува автоматски менувач, отсуствува палката за менување на преносот а педалот за гас е опремен со посебна функција за заштеда на гориво. Капацитети и одржување За максимално олеснето одржување се грижи посебен систем за предупредување Contronics, кој преку своите сензори ќе знае на ко­ мандната табла благовремено да извести за евентуална потреба од интервенција. Инаку до моторот и останатите агрегати се пристапува преку задниот капак кој се отвара во голем лак и ослободува огромен простор за контрола и интервенции. Интересно е што големиот ка­пак може да се отвори и со помош на електрика. Мајсторите задолжени за сервисирање ќе се радуваат на податокот што безмалку сите контроли, започнувајќи од хидрауличната пум­ па, резервоарот за хидрауличната течност, па преку контролните вентили, филтерот за воздух и батериите, можат да се контролираат со едноставно подигнување на капакот односно од нивото на тлото.

Интересно е решението, кое е патентирано од Volvo, а со кое може корпата да се смени со едноставен маневар од манипулаторот. Брзо и ефектно без губење време корпата едноста­ вно може да се откачи а на нејзино место да се прикачи друга или пак натоварувачот да се претвори во голем вилушкар способен да пренесува големи блокови. На можноста за паралелно подигање на товарот ќе им се израдуваат работниците кои товараат течно­ сти а специјалната “клешта“ ќе овозможи раз­ местување и товарање на столбови. Токму опи­ шана сестраност во употребата, го прави овој натоварувач идеален за секое градилиште или стовариште. Економичната експлоатација и долговечноста на Volvo L110G ќе ги отстранат и последните дилеми околу негова евентуална набавка.

Партизански Одреди 66 б/2-2м 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: +389 2 30 91 370

Адекватност за нашиот пазар Натоварувачот Volvo L110G може да се опре­­ ми со широк спектар на приклучоци со што на корисникот му се пружа прилика за прила­ годување во извршувањето на разни работи. Година 4 • Квартал 3

13


Lokotrack LT1213 и LT1213S

Саканиот ефект на дробење Мобилните дробилки Lokotrack LT1213 и LT1213S имаат одличен капацитет кој е плод од комбинација на високи перформанси и висока доверливост. Компактните димензии и едноставното поставување ќе знаат да ги задоволат потребите за брзо и ефикасно извршување на поставените задачи, заштедувајќи притоа и преку 20% на потрошувачка на енергија.

14

Година 4 • Квартал 3


Metso Lokotrack LT 1213S е комплетно опре­ мена мобилна дробилка со висок капацитет на сеалката и трака со кружен транспорт. LT 1213 ги поседува истите можности но без опција на сеење и повратен транспорт. Дробилката е из­ градена околу моќниот дизел мотор, Caterpillar C13 а капацитетот е овозможен од обно­ вената мобилна дробилка NP 1213M. Lokotrack LT1213 може едноставно да се пренесе со транс­портер со ниска платформа. Флексибилна употребливост Новиот кружен транспорт го прави LT 1213S лесен за оперирање во затворен или отворен работен циклус во кој се произведува исчисте­ ни и просеани високо квалитетни агрегати. Хи­ дра­у­лично придвижува­ната подвижна трака на Lokotrack LT 1213S, има ново конструирана двојна сеалка која ово­з­можува висок капацитет на обработка. Сеал­ката може да биде поста­ вена за само неколку минути, а и двата модели можат да работат заедно со други мобилни дробилки. LT1213 и LT1213S исто така можат да се приклучат и на агрегати или уреди, како што се вибрирачки платформи или пак сеалки кои се поставу­ваат под дробилката. Заштедата на енергијата е веќе вградена Во Lokotrack LT1213 и LT1213S стандардно се вградува напредна менувачка кутија која овозможуа нај ефикасен систем на дробење, кон која свој придонес дава и асистенцијата за стартување и сопирање. Оптимизираниот хид­ ра­ у­­ личен систем со независно ладење и “стенд-бај“ функција, овозможува преку 20% намалена потрошувачка на гориво и за истиот износ поголема силина на дробилката.

стапноста на сервисните точки а посебно на тесните грла низ кои поминува материјалот. Стенд-бај функцијата овозможува заштеда на гориво и намалување на бучавата кога маши­ ната работи во празен од. Профитабилно дробење за различни кори­ сници Брзото сетирање е многу важен фактор кога дробилката е во постојано движење. LT1213 и LT1213S се подготвени за дробење само неколку моменти по пристигнување на локацијата. За активирање не се потребни ни­ каков алат или пак дигалки. Контролниот сис­ тем IC700, само со притискање на едно копче, овозможува вклучување на машината и го пра­ ви Lokotrack подготвен за акција. Параметрите за разни локации можат да се меморираат а

Сигурен за управување и одржување Дробилките имаат сервисна ротација која се извршува преку хидраулична единица која испорачува напон од 24V. Развиени се и нови алатки за менување на дробните плочи кои се нај оптеретените механички делови на дро­ бил­ката. Големо внимание е посветено на при­ Година 4 • Квартал 3

15


потоа да се искористат или корегираат дирек­ тно од контролниот екран. Lokotrack LT1213 и LT1213S секогаш доаѓаат со екстремно квали­ тетни дробни плочи,факт кој придонесува кон максимална ефикасност на дробењето. Lokotrack LT1213S Технички карактеристики Lokotrack LT1213S Nordberg NP1213M Дробилка Дим. на ротор 1 300 x 1 200mm Сепаратор DS16-36 Површина 5.75 m2 Натоварна корпа Стандардно 6 m3 Проширено 9 m3 Височина на товарење 4.1 m Влезно поле Широчина 1 100 mm Должина 4 200 mm Главен транспорт Широчина 1 200 mm Растоварање 2 710 mm

16

Година 4 • Квартал 3

Мотор Caterpillar C13 415 КС Транспортни димензии Должина 19 400 mm Широчина 3 200 mm Висина 3 600 mm Тежина 55 tons При носењето на одлука за инвестиција и из­ бор на нова опрема за производство на агре­гати или процесирање на минерали, мо­же да се смета на услугите и подршката од ти­мот на директното представништвото за про­дажба и сервис на Metso Mining And Construction во Скопје.



JCB TH

Генетска модификација Градежништвото е една од стопанските гранки кај која специјализираноста на машинскиот парк е неопходна за постигнување минимум конкурентност.


Како и секоја работа, така и градежништво­ то си има свои специфики. Главната специфи­ ка, големиот процент рачна работа, во втората по­ловина од минатиот век интензивно започна да се заменува со високоспецијализирани ма­ ши­ни, кои конструктивно одговараат само за еден тип работа. Таквите машини, колку и да се скапи и колку и да стојат неискористени за вре­ме на извршување на другите работи, се­ која сериозна градежна фирма мора да ги има, инаку ништо од конкурентноста - нејзината ра­ бота можеби нема да биде поскапа, но ќе трае многукратно повеќе, а тоа никој инвеститор не­­ ма да го прифати, затоа што во време на интен­ зивна динамичност на капиталот, секој ден повеќе потрошен за завршување на истата работата значи и губење повеќе пари. Инвести­ цијата мора што побргу да започне да се враќа… Но, истото правило важи и за градежните фирми, кои се принудени да се опремуваат со специјализирани машини, кои за нив претста­ вуваат инвестиција и кои кога не се користат, генерираат чист губиток. Затоа на цена е секое решение кое ја става во прв план универзал­ носта на примената на некоја машина. За жал, заради разноликоста на градежните работи, таа универзалност главно се сведува на заме­на

на алатот на машината, која повторно остану­ва специјализирана, само за друг сличен тип на ангажман. Британската фирма J.C. Bamford Excavators Limited, попозната по својата кратенка JCB, уште од своето основање веднаш по вто­рата светска војна, целиот свој развоен потен­цијал го има посветено на изнаоѓање универ­ зални решенија, кои станаа нејзин заштитен знак. Практично не постои универзална маши­на чиј идеен творец не е оваа сега мултина­ци­онална корпорација со 7.000 вработени и го­ дишен приход од околу 3 милијарди фунти. Нејзиното портфолио се состои од преку 300 различни машини наменети главно за гра­дежништвото и

Година 4 • Квартал 3

19


земјоделието, кои се произ­ведуваат во 18 фа­ брики низ Азија, Европа, Северна и Јужна Америка. Како трет по голе­ ми­ на светски производител, нејзината кра­тенка во Британија е синоним за ваква опрема, нешто како што кај нас е џип за сите теренски возила, без разлика на марката. Е сега, можете ли да замислите во една ваква палета производи за некој да се каже дека има поголема универзалност од другите 299?! Тешко, ама вистина е, постои таков и се вика телескопски манипулатор. Вложувајќи го целото свое инженерско знаење, JCB го има креирано во 1977 година него­ виот концепт како спој не на една, не на две, туку на повеќе машини во една: може да биде вилушкар, уто­ варувач, кран, да манипулира со разни типови материјал, да чисти разни по­ вр­ шини, да влече приколка и да се користи како кипер, па ако ептен запнете, со него можете и да одите на пазар, каде зглобната конструкција ќе му овоз­ можи да се прошетате и меѓу тезгите. Шегата настрана, ова сега веќе големо, два­есетчлено се­ мејство машини на JCB има се­ ри­озни примени - секој во него ќе си ги препознае можностите.

20

Година 4 • Квартал 3

Пред многу години тоа го стори и една фирма од Струмица, каде вработените веднаш ја завикаа оваа машина „мулето“. Но, за раз­лика од своите органски ис­ то­­и­меници, ниту малку не е ина­ етлива, туку претставува ин­те­­ли­ гентна инвестиција, не само за­тоа што без приговор ја врши секоја работа што ќе и се зададе, туку и заради можноста да се набави во Македонија со финан­ сирање преку ИПАРД про­ гра­ мата за развој на земјоделството и руралните средини.

Глобал Моторс - Скопје бул. Македонско-косовска бригада 60 населба Бутел, 1000 Скопје тел.: (02) 2600-550, факс: (02) 2600-555 продажба тел.: (02) 2600-554, сервис и резервни делови тел./факс: (02) 2600-552 email: info@global-motors.mk

веб: www.global-motors.mk



Медитерански бисер

Perlini DP 405 WD Името Perlini е доста познато во рударството, но, неправедно, не и неговите производи.

22

Година 4 • Квартал 3


Како компанија која произлегува од земја релативно сиромашна со рудни ресурси, Perlini Equipment имаше мачна задача во текот на своето полувековно постоење да се докажува. Сепак, победи медитеранскиот темперамент кој се граничи, а во некои случаи (како што беше и со Perlini) дури и ги надминува граници­ те на инаетливоста, наметнувајќи му на светот на рударството едно ново име, име на кое мо­ жат да му веруваат. Но, ставајќи сериозен акцент на делување на далекуисточните земји, производите на Perlini останаа недоволно познати на просторите близу матичната му Италија. Неправедно, би рекле, затоа што навистина имаат со што да се пофалат. Да го земеме како пример нивниот 40-тонски дампер, кој е еден од помалите во гамата која брои само 6 моде­ ли. Како и неговите големи браќа, кои имаат оперативна тежина и до 95 тони, Perlini DP 405 WD располага со истите конструкторски осо­ бини - ниско тежиште, меко ослонување и долго растојание меѓу оските, кои придо­ не­ суваат за помало оптоварување на критичните компоненти и гумите, а со тоа за нивни подолг век на траење. Освен моторот и трансмисијата, сите други клучни компоненти Perlini ги разви­ ва и произведува сам, што му овозможува да

примени свои конструкторски решенија, како, на пример, неза­ висното комбинирање на ком­ по­ нентите, што овозможува брза и едноставна поправка или замена, во што помага и лесниот пристапот до нив. Генерално кажано, освен што можат да бидат приспособени на барања­ та на секој клиент во поглед на работата што ќе ја вршат, дамперите на Perlini се каракте­ри­ зираат и со максимум ефикасност и лесно одржување. Моделот за кој зборуваме има водено ладен шестцилиндричен Detroit Diesel мотор од 14 литри со 550 KS и 2.373 Nm, кои планетарната автоматика Allison со шест степени за возење нанапред и два за наназад ги пренесува преку погонската оска со централен редуктор, вгра­ден диференцијал и планетарни запченици на пневматски ослонетите тркалата со димензии 18х33”. Независниот систем за управување со одвоен хидрауличен тек со автоматска елек­трична пумпа со проток од 200 литри во минута и притисок од 130 бари, на 8,64 метри долгиот, 3,8 широкиот и 4 метри високиот дампер му овозможува да сврти во простор со дијаметар од 17,8 метри, а самоподесувачките диск коч­ ници напред со пречник 675 и дебелина 48 милиметри и затворената и со масло ладена кочница назад со повеќе диска, безбедно да го запрат овој дампер со вкупна тежина од 70 тони (од кои 40 корисна носивост) и кога се движи со максималната брзина од 66,2 km/h. Во тоа, освен ретардерот од 447 или 600 kW и моторната кочница од 283 kW, ќе му помогне и ABS системот. Електрониката е присутна и во облик на ASR систем за контрола на тракцијата, додека шасијата е од старите добри високоотпорни челични плочи, споени една со друга на спе­ цијален, отпорен на торзија начин. Специјални се челиците за корпата со капацитет од 19 m³, Година 4 • Квартал 3

23


чиј двостепен твинцилиндричен хидрау­ личен систем, кој работи под притисок од 150 бари добиен од пумпата со проток од 270 литри во минута, може да ја испразни за 12 секунди. Кабината на овој дампер однадвор е типи­ чно коцкаста, како и сите други, но гледајќи го списокот што сé има внатре, попрво би рекле дека читате проспект за некој луксузен авто­ мобил отколку за тешка рударска машина. Дека Perlini DP 405 WD навистина е тоа ќе потврдат и количините течности што ги има во себе: 40 литри масло за моторот, 58 литри за транс­ мисијата, 110 за погонската оска, 250 за хидра­ уличниот систем за кипање и кочење, 32 за системот за управување, 44 за ослонувањето, 115 литри антифриз и 500 литри гориво.

ГЛОБАЛ ИМПЕКС

Бул. Партизански Одреди 66Б/2-1м, Скопје • Тел: +389 2 30 91 370

Хидраулични и пневматски заптивки од различен тип, материјал, димензии, за секаков тип на лесна и тешка индустрија

ул. Народен фронт бр.3-3/22, 1000 Скопје Тел: +389 (0)2 3136 373 / Факс: +389 (0)2 3119 705 / Моб: +389 (0)70 272 776 sales@ssa.com.mk / info@ssa.com.mk

24

Година 4 • Квартал 3



Финишер BOMAG BF 800 C

BOMAG на Тирол На исклучително фрекфентната делница на автопатот Интал А12, која ги по­ врзува северните и југоисточните европски дестинации, на делницата поме­ѓу Кундл и Радфелд, финишерот BOMAG BF 800 C беше изложен на сериозен тест. Од него се очекуваше брзина и ефикасност а проектниот менаџер дипл. инг. Кристоф Унтерајнер е најкомпетентен да го оцени учинокот на машината.

26

Година 4 • Квартал 3


Асфалтирање со финишерот BOMAG BF 800 C Од почетокот на Април до крајот на Мај, подружницата Brixlegg на фирмата STRABAG изврши големо 10 неделно површинско рено­ ви­ рање на автопатот Интал A12 во Тирол, Австрија. Подготвениот пат е важна транзитна рута кон југ за време на летните одмори. На делницата од 5.5 km помеѓу Кундл и Радфелд, инженерите од Тирол повторно користеа фи­ нишер BOMAG BF 800 C. По завршувањето на проектот, проектниот менаџер Дипл. Инж. Кристоф Унтерајнер потврди дека резултатите по­ ка­ жале дека го одбрале вистинскиот финишер. Оваа транзитна делница, автопатот Интал А12 мора да издржи многу фреквентен сооб­ раќај и високо оптеретување. Од почетокот на летните одмори, сообраќајот се движи надолу по оваа рута од север кон jугоисточно - евро­ пските туристички дестинации, така што STRABAG требаше да го заврши овој проект што е можно побрзо и поефикасно. Во својот избор на машини, менаџерот за асфалтирање Михаел Хансен се потпре на искуството. “Ние веќе користевме еден финишер од типот BF 800 на 3.5 km проект на авотпатот A12 во 2012. Бевме многу задоволни со овој финишер и резулта­ тот од асфалтирањето. Затоа беше многу јас­

но за мене дека ќе работиме повторно со BF 800” - рече Хансен, објаснувајќи го својот из­ бор на финишерот BF 800 C, со тип на даска S 500 и продолжетоци до 6.5 m. “Настрана од тоа,” додаде проект менаџерот Кристоф Унтерајнер, “користевме и повеќе BOMAG ва­ љаци за набивањето на асфалтот, бидејќи знаеме дека тие испорачуваат одлични и до­ верливи резултати. Во комбинација со фини­ шерот, вкупните резултати навистина не импре­ сионираа, особено во рамноста на подлогата.” Инзвонредна рамност Со големо димензионираната нивели рачка плоча направена од високо отпорен челик и оптималната дистрибуција на тежината, оваа високо перформансна даска на финишерот BF 800 C создава униформна површинска стру­ к­т ура и рамност - без бранови и вдлабнатини. “Можеме да ги споредиме резултатите од ас­ фал­тирањето со тие од минатата година и ло­ ги­ката за нас беше повторно да го користиме финишерот BF 800 C и на овој проект” - објасни Хансен. Лесно управување За ритам од 12 часа на ден и 6 дена во неделата, леснотијата при работа беше клу­чен Година 4 • Квартал 3

27


фактор за асфалтерскиот тим. Под тешки ус­ лови и високо стресни ситуации, финишерот BF 800 C импресионираше со својата лесна управливост, конфор и ергономски функции, на кои секој нов работник лесно се прилаго­ дува. “Нашата работа е единствено ефикасна ако нашата база е добро искористена и наши­ от тим работи сигурно и со самодоверба. Овој BOMAG финишер е екстремно добро дизајни­ ран - на тимот особено му се допадна пос­ тавеноста на командите, кои се разбира, им ја направи работата полесна” - рече Хансен. Набивање и рамност На градилиштето во Тирол, финишерот пос­тави околу 1.500 тони асфалт (тип SMA 8 S) на ден или вкупно 13.200 тони за целиот проект. Униформноста и нивоата на набиеност во крај­ниот резултат беа по сите барани специ­ фи­ кации: “Постојат истражувања кои пока­ жуваат дека возачите главно го оценуваат квалитетот на патот како добар или лош, во зависност од неговата рамност. На пат кој е толку многу ко­рис­тен како овој, комфорот при возењето и капацитетот на оптоварување се многу важни за сите корисници на истиот. Тие

бараат пре­ цизна набиеност и рамност. По завршувањето на овој проект, заклучивме дека и двете бара­ња се целосно исполнети според пропишаната спецификација. Го постигнавме овој резултат користејќи BOMAG финишер - и според мене, тоа е она што е важно на крај” рече Кристоф Унтерајнер.



Komatsu SK815-5

Идентични капацитети на преполовени димензии Очигледно во Komatsu знаат како да конструираат универзален натоварувач на тркала но тој според надворешните димензии да биде наполу од вообичаените машини на пазарот.

30

Година 4 • Квартал 3


чот му овозможува оперативна брзина од 10.5, и патна брзина од 16 км/ч. Вредно за споме­ нување е системот за заштита на моторот кој при максимално оптеретување го штити мо­ торот и не дозволува параметрите да излезат од контрола. Капацитетот на корпата која доаѓа како стан­дардна опрема изнесува 0.43 метри кубни а таа може оперативно да понесе товар од 705 кг. или да искипа товар од 1.400 кг. Операти­ вна­ та тежина на SK815-5, при што се земаат вредности со полн резервоар за гориво, опе­ ратор и стандардна корпа, изнесува 2.630 кг. Кога праксата наметнува некоја потреба тогаш Интересен е податокот за вградениот систем конструкторската досетливост не поз­ нава на нивелирање кој помага при подигнување на граници и вообичаени шеми. Доволно е да се течен товар, но треба да се напомене дека погледне во моделот SK815-5 и веднаш да оваа функција е достапна само при подигну­ стане јасно за што всушност говориме. Имено, вање а не и при спуштање на товарот. ако успеете операторот да го сместите во празнината помеѓу работните раце на ма­ Работен амбиент шината тогаш ќе можете да се надевате на Во работна машина со надворешни диме­ исклучителна заштеда на простор. Вака нека­ нзии како што ги има овој Komatsu, не би мо­ ко веројатно и гласела работната задача која желе да очекуваме изобилство од простор ја добиле инженерите задолжени за развој во наменет за операторот. Но и покрај тоа каби­ Komatsu. Резултатот од нивниот ангажман ода­ ната овозможува конфорен престој и работа, мна веќе е докажан во практика. Да пробаме без посебни напрегања. Возачкото седиште преку илустрација на голи бројки да погледне­ може да се подеси по сите правци а самата ме што тоа конкретно значи. Вкупната должи­ работа со командите се изведува преку два на на KomatsuSK815-5, вклучувајќи ја и кор­ “џој стика“. Инаку кабината е од отворен тип а пата,изнесува 347 см. кабината се протега до операторот е заштитен со мрежна решетка. височина од 195 см. а широчината не надмину­ Исто така кабината ги исполнуива и стан­дар­ ва 155 см. Сега веројатно полека се добива дите за заштита од превртување и удари од вистински впечаток за големината на овој предмети. универзален натоварувач со тркала. Механика Како погонска единица во SK815-5 се кори­ сти современ дизел мотор кој испорачува 54 КС при 2.800 вртежи. Ништо драматично во однос на својствата освен тоа дека тој мотор работи многу култивирано, троши нафта во многу мали количини а и внимателно се одне­ сува спрема животната средина. Моторот е сместен зад возачот (напред е корпата, нели) и преку хидростатичен пренос, на натоварува­ Година 4 • Квартал 3

31


Сите функции на машината можат да се следат преку вградените индикатори кои се поставени во видното поле на операторот. Капацитети и одржување Секако дека производителот, во функција на задоволување на специфичните потреби, нуди разни додатоци кои можат да ја заменат стандардната корпа. На располагање се ста­ ваат корпи со разни димензии и намена како и вилушки за подигнување на палети. Исто така на машината можат да се приклучат и надво­ решни, независни машини како што се наби­ва­ чи, вибратори,... а да се командуваат од опера­ торот на натоварувачот. Хидрауличните пумпи истиснуваат 62 л/мин. и работат со 38 литри течност сместена во по­ себен резервоар кој е опремен со двоен сис­ тем за филтрација. Резервоарот за гориво има капацитет од 53 литри што се покажува како сосема доволно ако се знае дека релативно малиот турбо дизелски мотор троши навистина многу малку гориво.

TEIKOM TIM - Bitola Tel: ++389 47 231 105 32

Година 4 • Квартал 3

За контрола и одржување треба кабината да се подигне на напред и да се отвори задниот капак. Во тој случај се добива максимален при­ стап до контрола на течностите, филтрите и до моторот. Не треба да изненадува податокот за максимално олеснето одржување кое се должи на примената на доверлива и едноставна тех­ но­логија. Адекватност за нашиот пазар Ултра компактен натоварувач кој лесно се дви­ жи и прецизно функционира а притоа може да оперира на навистина мал простор, секако де­ ка е добредојден за секоја компанија која се ба­ви со широк спектар на градежни, складишни или пак патни работи. Во случајот на Komatsu SK815-5 овие аргументи се засилени со до­ верлив имиџ кој го ужива производителот но и со можностите и сестраноста на самата, смарт конструкција на машината.



Bobcat

Зошто мал багер? Еволуцијата и развојот на малите багери ја отвори широко вратата за пости­гну­ вање на високо ниво на корисност и помогна во проширувањето на употребните можности во изведувањето на широк спектар на градежни работи, со акцент на употребливост во патните работи.

34

Година 4 • Квартал 3


Главните менаџери и сопствениците на гра­ дежните фирми зеднички дојдоа до заклучок дека инвестирањето во компактни багери може да обезбеди соодветно и мобилно решение за широк опсег на работни задачи, вклучувајќи бушење, гребење, копање на ровови, канали, расчистување на терен и секако пренесување на товар. Поради нивната компактност и потенцијал за висока стапка на поврат на инвестиција, оваа класа на багери е многу привлечна за флотна опрема на градежните фирми. Од фи­ нансиски аспект, првичната инвестиција во компактни багери е многу поповолна од купу­ вањето на поголема опрема. Нивната потро­шу­ вачка на гориво е дури над 40 отсто помала, мерено во осум часовен дневен работен ци­к­ лус, што дополнително ги намалува трошоците на сопственикот. Дополнително на тоа, минибагерот може да се транспортира со помали и поекономични камиони и приколки. Расудувајќи правилно при купување­то, одлу­ ката за набавка треба да биде поткрепена со исполнување на основните критериуми како би се осигурале дека ќе одберете вистинска машина која ќе обезбеди извршување на за­ дачите денес, како и да понуди можност за исполнување на обврските при раст на вашиот бизнис. Изведби Компактните багери за прв пат влегоа на аме­риканскиот пазар во 1980 год. Во тоа време на располагање беше само мал багер со конвенционално движење само на задниот дел на машината. Сега производителите имаат конструирано багери со минимално движење на задниот дел и нулто движење на истиот кај изведбите за линиски работи. Овие конфигу­ рации им овозможуваат на операторите нај­ соодветни опции кои во целост ги исполнуваат нивните потреби за ефикасно работење. Ако работите во пренатрупана работна сре­ дина, нултото движење на задниот дел, ја от­ стра­ нува можноста со опашката на багерот

ненамерно да се закачат околните објекти. Минималното придвижување на опашката зна­ чително ја намалува опасноста од ненамерен контакт со истовремено подобрување на капа­ ци­тетот за странично подигнување. Оваа особина на малите багери заедно со останатите карактеристики овозможени од ком­ пактните димензии на машините, обезбе­ дуваат незаменливост во однос на извршување на цела низа активности детерминирани со локацијата на објектите. Како општ заклучок можеме да наведеме дека компактните багери во однос на класи­ чните изведби имаат многубројни предности. Тие се најочигледни во приспособливоста спо­ ред бараните потреби, во видно намалените димензии и секако во економичноста при на­ бавката а уште повеќе при извршување на работите. Оттука лесно се извлекува заклучо­ кот дека уште во фазата на проектирање на градежните објекти, на компактните багери треба сериозно да се смета.

Година 4 • Квартал 3

35


Doosan компресори

Симболика преточена во реалност и обратно Својот годишен приход од 24 милијарди долари, јужнокорејскиот конгломерат Doosan го остварува на широко поле дејности - од производство на нуклеарни централи до фабрики за десалинизација на вода.

36

Година 4 • Квартал 3


Сепак, кога зборуваат за себе, Корејците не пропуштаат прилика да кажат дека нивната основна дејност е производство на машини и алати за зголемување на продуктивноста, односно олеснување на изведбата на инфра­ структурните работи. Со други зборови, на мали нешта. Симболиката да биде поголема, за Doo San (斗山 на корејски) тие велат дека значи „ситните зрнца песок, сите заедно, прават голема планина“, со што всушност сакаат да кажат дека големите остварувања можат да се пос­ тигнат само кога сите ќе ги здружат силите. Во согласност со тоа, оваа компанија својата 117-годишна историја ја има создавано со се­ кој чекор на својот пат, никогаш не запирајќи пред предизвиците. Заради тоа и паметат дека започнале како мала продавничка во околина­ та на Сеул, а денес се меѓу 500-те најголеми компании во светот. Во нивниот случај, симболиката има и обра­ тна страна - тие во своето големо портфолио производи во кое има сé и сешто, имаат и ма­ шини кои, со здружени сили, од една голема планина можат да направат ситни зрнца песок. И компресорите, за кои ќе пишуваме во овој број, се алка во синџирот на дробење на планината во ситен песок. Како компанија која бизнисот го има пос­

ветено на малите машини (и Bobcat е дел од групата Doosan), и компресорите, кои ги произ­ ведува неговата филијала Doosan Infracore, спаѓаат во габаритно помалите категории. По­ го­лемиот дел се преносни, изведени како при­ колка со тркала, но располагаат и со стаци­о­ нарни модели. Најмалиот модел C185 има ка­пацитет од 5,2 метри кубни во минута, кои ги испорачува под работен притисок од 6,9 бари, добиени со помош на 49-те коњски сили на моторот од марката Kubota. Заедно со куката за влечење има должина од 3,4 метри и тежи­на од 940 kg со празен резервоар за гориво, во кој собира 79 литри. На другиот крај од спектарот е најголемиот модел 1600 CFM, со капацитет од 45,3 m³/min и работен притисок од 10,3 ба­ ри, моторот на Cummins располага со 580 KS, во резервоар собира 749 литри гориво, дол­ жината му изнесува 7,4 метри, а тежината 8,4 тони. Гамата меѓу нив е дополнета со уште не­ колку серии компресори, од кои посебно вре­ ди да се истакнат dual pressure и high pressure моделите 375-600 и 750-1500, но најмногу NHP1500, кој е со технологија за работа без масло и е наменет за работа на места со чув­ ствителен квалитетот на воздухот, како што се петрохемијата и нуклеарните централи. Doosan групата е седми по големина све­ тски производител на градежна машинерија. Година 4 • Квартал 3

37


Програмата мали машини кои се од голема помош, главно наменети за оние што својата работа вршат на терен, како што се рудар­ ството, градежништвото и слично, се пласира на пазарот под заедничкиот назив Doosan Portable Power и вклучува компресори, гене­ ратори, системи за осветлување, лесни ком­ пактори и пневматски алати. Главни каракте­ ристики им се компактноста и издржливоста и можат да се користат за сите намени и да работат во секакви услови.


Trilety L6000

Хигиената е едната половина, а екологијата другата половина од здравјето Што е поважно од здравјето на човекот? Само една работа - здравјето на сите луѓе.

Година 4 • Квартал 3

39


За сите да бидеме здрави, треба да живееме во здрава околина, што во современиот век значи хигиенски и еколошки чиста средина. А тоа и не оди баш рака под рака токму со вре­ мето во кое живееме, заради што општеството мора да си земе обврска за посебна грижа за хигиената и екологијата, како предуслов за здра­в­јето на луѓето. А за тоа, пак, е потребна опрема, која треба да работи ефикасно и, нор­ мално, еколошки. Австриската компанија Trilety е една од поус­­пешни­те кои се занимаваат со произ­вод­ ство на ефективни алатки за чистење на урба­ ните средини. Нивното шеесетгодишно искус­ тво им овозможува да ја применуваат нај­­­­со­­­­времена технологија во конструирањето и произ­вод­ството на комуналната опрема, што се врши во двете фабрики покрај Салцбург. Добро

40

Година 4 • Квартал 3

познати по своите современи, ефикас­ ни и долготрајни алатки, во Trilety постојано работат на изнао­ ѓање нови решенија со кои се дополнува по­нудата на опрема за одржување, чистење и миење, која може да се користи за улици, патишта, паркинзи, тунели, пруги и друго. Еден од нивните понови производие и ка­ мион­ ската чистилка L6000, чија карактерис­ тика е самоносечката конструкција со простор за складирање на вода интегриран во бочните страни. Сандакот на конструкцијата сам за себе е носечка структура, континуирано за­ варена во една целина со резервоарите за вода, што гарантира висока стабилност и торзиона крутост. Моторот, обложен со изо­ лациски материјал, се наоѓа во предниот дел од сандакот, заедно со всисниот вентилатор, моќниот хидрауличен систем, пумпите за вода


и сите контролни уреди. Кога сандакот е подигнат пристапот до моторот е непречен, со што се олеснува неговото одржување, млаз­ ницата и дискот на четката за чистење сместена од десната страна се обложени со гума, а со хидраулично задвижуваната врата за празнење се управува од кабината или далечински. Робусната конструкција и ниските трошоци за одржување, по што се познати сите произ­ води на Trilety, се постигнати со строга се­ лекција на употребените материјали и челици во нивната конструкција, додека критичните компоненти се дополнително термички обра­ ботени и заштитени. Карактеристика на опре­ мата на Trilety се и големата моќ на всисување, едноставното ракување и ефикасниот систем за управување. Конкретно за чистилката L6000, автоматскиот систем за полесно преоѓање преку препреки и прилагодување на нагибот на четката гарантираат одлични резултати, овалниот облик на сандакот овозможува не­ гово полесно чистење, а за да камионот не биде вон употреба во зимските месеци, таа може да биде изведена и во изменлива вари­ јанта, која за 30 до 45 минути се демонтира од возилото. Плус ако додадеме дека со помош на широкиот избор на дополнителна опрема сите уреди на оваа компанија можат да се при­ лагодат на потребите на секој купувач, станува

јасно зошто Trilety е име кое секој раководител на комунално прет­ пријатие би сакал да го има во својот возен парк. Застапник на Trilety за нашите прос­тори е хрватската фирма Rasco, која е во партнерски од­ носи со австриската компанија. Таа се грижи и за сервисната поддршка и резервните дело­ ви за цело­ купната опрема на Trilety. Како се­ риозен производител на профе­ сио­нална кому­нална опре­ма, асор­­ ти­ манот на Rasco е доста сеопфатен: снежни плугови, поси­ пу­ вачи за сол, крански косилки, ши­рок спектар на над­градби, при­к­лучни единици и системи за нап­ре­дно управување со операциите за одржува­ ње на сообраќајната инфраструктура, а гор­­ дост на компанијата е малото повеќе­ на­ ме­ нско возило Muvo, кое целосно е од соп­ствена конструкција и во кое се вложени повеќе годи­ ни развој и истра­ жувања.

За сите информации можете да се обратите во: РАСЦО Македонија

ул. Иво Рибар Лола 74/2/1 Тел/Факс: 02/308 3334 • Моб: 078 38 33 33 e: toni.mitkovski@rasco.mk • www.rasco.hr Година 4 • Квартал 3

41


Рачни пили: Makita, ЕА 3500S35Е и ЕА 6100P4SE

Јапонски изненадувања На неколку дена, позајмивме два модели на моторни пили за да се обидеме да ги средиме дрвјата соборени минатата зима од обилниот снег. Поголемиот модел ЕА 6100P45E припаѓа на професионалната класа со меч од 45cm. и мотор со силина од 3.4 kW, и е наменета за посложени задачи и професионална употреба.

42

Година 4 • Квартал 3


Поради моќноста таа е особено погодна за кастрење. При сечењето исто така не доаѓа многу до израз нејзината големина и тежина, што при пресекувањето е по изразено. Пилата, без мечот и синџирот, тежи 6 килограми, поради поголемиот резервоар за гориво и поради видливо зголеменото куќиште. Пого­ лемиот резервоар обезбедува по долготрајна работа без полнење на гориво, за време на тестот гориво полневме после секој половина час работа. Зголемената тежина би се оче­ кувало да предизвика нерамнотеженост на пи­ лата, која во Makita е добро решена. Вграду­ вањето на меч од 45 cm. за пила со таа го­ле­мина и тежина, со која во деновите за тестирање без напор успеавме да пресечеме над 10 метри кубни дрво од смрека и бука, објаснува доволно. При работата е забележано малку поголе­ мо заоблување на забите на синџирот, поради што се добива чувство дека пилата го сече дрвото поспоро, но притоа прецизноста е изне­надувачка. Оптеретувањето на корисникот е намалено со употреба на челични опруги а исто така и со вградувањето на Easy Start системот за повторно покренување. Лесна пила за сите потреби Помалата пила носи ознака EA 3500S35E и уште на прв поглед дава на знаење дека важи за брза и спретна машина. Краткиот 35 cm. меч и лесно куќиште, со моќност на моторот од 1.7 kW ја чинат пилата одлична за средува­ње на градинарски дрвја и нивно средување, притоа

овозможувајќи и на физички послаби­­ те корисници, лесна употреба. Исто така, лес­но­ то пуштање во погон како и употребата на квалитетни челични амортизери, работата ја пра­ ват помалку напорна. Погодна и за по­ долготрајна работа, на тестот се покажа како способна за целодневна сечење и обрезување во градина. Поради големината знае да импре­ сионира, особено при обрезување, при сече­ њето на подебели дрва (со пречник поголем од половина метар) поради пократкото секало, од корисникот бара малку повеќе вештина. Капа­ кот на куќиштето лесно може да се отстрани и без алат, така да пристапот до воздушниот фил­тер е максимално олеснет. Двете пили се опремени со ефикасен филтер за воздух, при што внимателниот распоред на елементите под куќиштето овозможува ефикасно движе­ње и прочистување на воздухот. Округлиот филтер тешко може во потполност да се исчисти со издувување (најдобро е да се мие под силен млаз вода) но тоа се покажа како многу ефи­ касно па во внатрешноста на пилите останува­ ше многу малку прашина и нечистотија. Во Makita се сетиле на центрифугално предфил­ трирање со проток на воздух, што овозможува одведување на ситниот прав од виталните де­ лови на пилата. Затоа пилата и по целодневно користење помалку е извалкана , што подраз­ бира помалку чистење и подолг работен век. Комбиниран состав Двете пили се опремени со елементи кои се важат за заштитен знак на моторните пили на Година 4 • Квартал 3

43


Makita. Веќе ги споменавме ефективните фил­ три за воздух и амортизерите, исто така типично за нив е и копчето за вклучување и исклучување. За исклучување на пилата доволно е да се пре­ фрли прекинувачот во долната позиција, а по­ тоа тој сам се враќа во првобитната положба. Со дебели шумарски ракавици, таквиот лост е практичен, иако некои луѓе мораат да се при­ викнат на тоа. Нашите лански тест-работници веднаш го поздравија таквото решение, иако на почетокот имаа некои потешкотии, бидејќи пи­лата на моменти случајно им се исклучу­ва­ ше. Рамо до рамо со најголемите имиња По пет дена од преземања на тест, работ­ ниците од пилите на Makita беа пријатно изне­ надени. На почетокот тие беа малку сомничави, затоа што знаеја дека моторните пили на Makita влечат корени од некогашните машини на Dolmar, со кои немаа најдобри искуства. Но очигледно Makita своите богати искуства со електричниот програм успешно ги пренеле во сегментот на моторни пили, кои без дилеми можат да се споредат со најквалитетните марки кои се нудат на пазарот. Токму затоа со мирна совест можеме да напишеме дека се исплаќа да им се даде можност и на моторните пили на Makita – нема да ве разочараат.

Технички карактеристики ЕА 3500S35Е ЕА 6100P4SE Моќност на моторот Работен волумен Должина на секалото Тежина на пилата Резервоар за гориво

44

Година 4 • Квартал 3

1.7 kW 35 cm3 35 cm 4.4 kg 0.4 l

3.4kW 61 cm3 45 cm 6 kg 0.8 l



Ponar Wadowice

Кога истокот станува запад Историски, нашата бивша држава индустриски и потрошувачки беше свртена главно кон запад, така што кога ќе се споменеше било што, прво на памет ни паѓаат имиња етаблирани во капитализмот.

Народен Фронт 3-3/22, Скопје тел: (02) 3136 373 sales@ssa.com.mk info@ssa.com.mk / www.ssa.com.mk

46

Година 4 • Квартал 3


Иако присуството на производи и машини од поранешните социјалистички земји не беше ниту малку занемарливо, само мал број прет­ пријатија од таму успеваа рамноправно со за­ падните да се складираат во нашата меморија. Не дека на истокот немаше квалитет и издрж­ ливост, двете најбитни работи кои се бараат од машините (третата, цената, неспорно беше на нивна страна), туку едноставно така бевме насочени да размислуваме. Причината зошто беше така ја гледаме во „железната завеса“, од која не можевме да ги видиме и да се запознаеме со претпријатијата од источните земји кои заслужуваат внимание. Сега меѓу истокот и западот нема никаква за­ веса, а нема ниту граница, која и онака не беше пречка огромен број бизниси да се преселат од запад кон исток, загрозувајќи го опстанокот на ослабените комунистички претпријатија, од кои само мал број преживеаја. Едно такво име е и полската компанија Ponar Wadowice, која, основана 1965 година како мала експери­ ментална фабрика во рамките на институтот за обработка на металите во истоименото гра­тче, познато низ светот како родното место на па­ пата Јован Павле II, во паузите меѓу бројни­те трансформации, здружувања, раздружувања и неизоставната приватизација, скоро половина век собира искуство од областа на маши­ но­ градбата и посебно хидрауликата. Клучна точка во динамичниот развој на ра­ бо­тилницата за прототипи, прецизна механика

и машински алати беше набавката на лицен­ цата од европскиот лидер во хидрауликата Mannesmann Rexroth, што беше прв чекор кон воведувањето на производството на хидрау­ личните компоненти, и тоа на светско ниво. Во годините што следеа, како растеше полската индустрија, така се зголемуваа и нејзините по­ треби за хидраулични уреди, што беше плодна почва за инвестирања во модерни технологии, со што и беа поставени темелите на идниот развој на фабриката, која практично од самото свое основање непрестано ги имплементира најновите трендови во работењето. Денес Ponar Wadowice е дел од групата Ponar Silesia, која е водечки производител и

Година 4 • Квартал 3

47


снабдувач со хидраулика на домашниот пазар и значаен извозник во регионот. Производ­ ствената про­грама ги опфаќа сите компоненти - од контро­лните и сигурносните вентили, пре­ ку хидрау­ личните пумпи и мотори, па сé до комплетните решенија кои се применуваат во многу области на стопанството: рударството, металургијата, градежништвото, земјоделието, шумарството… Долгогодишното искуство и високо­ квали­ фи­­куваните кадри овозможуваат сопствените конструктивни решенија на Ponar Wadowice да се докажат со својот квалитет, што се потврду­ ва и со соработката со многу звучни имиња, како што се Caterpillar, Moog, Olaer, Parker Hannifin, Bosch Rexroth и Dynapac, за кои испо­рачуваат компоненти за прво вградување. Во споредба со ваквите референци, на серти­ фикатите со кои располага оваа компанија им преостанува само да висат закачени на некој канцелариски ѕид во Вадовице. Застапник за

48

Година 4 • Квартал 3

нивните производи во Македонија е компа­ни­ јата ССА од Скопје, која веќе 17 години ги сна­ бдува нашите фирми со хидраулична опре­ма, резервни делови, машини и потрошен ма­ те­ ријал за нив.


Од каталогот на WURTH - MASTER машини

MASTER – име за квалитет Професионален електричен, пневматски и батериски алат

Година 4 • Квартал 3

49


MASTER е бренд на WURTH задолжен за изра­ботка на професионални машини. Деце­ нии наназад машините на MASTER кај про­ фесионалците претставуваат референца за ква­­ литет и издржливост. Стекнатата доверба се должи на исклучително строгата контрола на квалитетот. Секој нов продукт пред да биде додаден кон палетата на проиводи, се подло­ жува на тешки и екстремни тестирања. Високата репутација на MASTER машините, која ја ужива кај професионалците, се должи на нивната издржливост, моќност, прецизност и сугурност. Во широката палета на производи на MASTER се вклучени батериски, електрични и пневматски алати и машини. Од мноштвото производи можеме да ги издвоиме ударните електро-пневматски машини, електричните и пневматски завртувачи, пневматските крцкала, брусилките, компресорите, апаратите за ди­ рек­тна монтажа како и многу други. Сите достапни машини доаѓаат со три год­ ишна гаранција, а во сервисот се вработени стру­ ч­ ни лица оспособени преку обуки ди­ ректно во седиштето на WURTH во Германија. Тоа претставува доволна гаранција за профе­ сионално и квалитетно извршување на рабо­ тите. - Електро-пневатски чекан MH 16-XE Чекан за екстремно тешка работа, како на пр. пробивање на зидови и демолирање. Чека­ нот има номинална силина од 1.750 W која овозможува удар со јачина од 45 Ј (Џули). Во празен од MH 16-XE има 1.300 удари во минута. Капацитетот од 13 тони отстранет материјал, во работен циклус од еден ден, може лесно да се постигне поради активно пригушените ви­ брации како и редукцијата на штетните вибра­ ции. Со тоа се овозможува долга употреба, а за работникот тоа воедно значи и помалку замор при работата. Робусно изведеното куќиште овозможува мак­симални оптеретувања и долг работен век, а долго-дизајнираниот ударен механизам придонесува кон зголемување на ефикасноста

50

Година 4 • Квартал 3

на машината. Поради вкупната тежина од 16.5 кг. машината може да се пренесува во практичен куфер со тркала кој се испорачува заедно со машината.


- Електро-пневматски чекан-дупчалка BMH 45-XE Извонредно моќна комбинирана, ударна дуп­­ чалка и штемерка во класа од 7 кг. При вклу­чена функција за штемување енергијата на пое­ динечниот удар се зголемува за 15 про­ центи. Технички карактеристики Напон.................................................230 V / 50Hz Номинална сила........................................1.350 W Излезна сила................................................730 W Бр. на врт. Во празен од (min-1)..........145 – 280 Бр. На удари во праз.од(min-1)........1350 – 2.700 Јачина на удар Дупчење.......................................................2 - 13 J Штемување........................................................15 J Тежина............................................................8,2 kg

- Електрична брусалка EWS 24 Моќна брусалка од 2.400 W со вграден сис­ тем против вибрации и ротирачка рачка. Како компаративни предности на оваа брусалка може да се истакнат рачката која може да ро­ тира под агол од 900, антивибрирачки систем вграден во двете рачки, мек старт и безбедно­ сен индикатор за преоптеретување. Брусил­ ката во празен од работи во режим помеѓу 6.600 и 8.500 вртежи во минута.

ВУРТ МАКЕДОНИЈА дооел ул. Борис Трајковски 93, 1000 Скопје тел: 02/ 272 80 80 www.wurth.com.mk

Година 4 • Квартал 3

51


ВЕМКО - Домашно производство на цевки со голем пречник

Цевки за мали хидроелектрани Малите хидроелектрани се влезени во агендата на државата за развој на енергетска инфраструктура со која треба да се ублажи акутниот недостаток од електрична енергија.

52

Година 4 • Квартал 3


Целиот балкан­с­ки по­лу­о­стров се соо­чу­ ва со не­ до­ статок на енер­­ги­ја. Секоја од држа­­ви­те вложу­ва ог­ромни фи­нан­си­ ски сред­с­тва за за­­до­ во­лу­вање на се пого­ лемите потреби на индустријата и на­ селението. Од оваа состојба и Маке­ до­ ни­ ја не е никаков исклучок, па токму затоа се вложуваат големи напори за надми­ну­вање на енергетската зависност и за намалу­вање на увозот на електрична енергија. Проблемот е детектиран а како многу по­ годна солуција за која имаме и природни ре­ сурси е изградбата на мали хидроелектрани. Кога се говори за технолошка независност за проектирање и изведба на тие енергетски објекти стратешки многу важно би било иско­ ристување на расположивиот домашен потен­ цијал. Во секторот изведба на овие мали хидрое­ лектрани, никако не би можеле да ја заоби­ колиме фирмата ВЕМКО која е специјалзирана за изработка на GRP, полиестерски цевки, кои совршено одговараат токму за примена во вак­ ви енергетски објекти. Ангажман Моментно е во тек изградбата на проектите “Тораница“, “Крива Река 1“, и “Крива Река 2“ во кои секако е ангажирана и ВЕМКО. Како инвеститор на овие енергетски објекти се јавува ЕМК ДООЕЛ Мали Хидроелектрани – Скопје. Цевководите за сите три проекти се со вкупна должина од 5.757 метри. Интересно е да се погледно во податоците кои говорат за про­филот на GRP цевките. Имено, со пречник од ø500ќе бидат вградени цевки со должина од 2.728 m. а истите треба да поднесат прити­ соци од 6 до 25 bar. Со пречник ø600 и при­ти­ соци од 6 до 16 bar, според проектот, потребни се цевки во должина од 1.771 m. и на крајот сопречник ø700 ќе бидат вградени 1.258 m.

кои се димензионирани за притисоци од 6 до 10 bar. Специфика при вградувањето на овие цевки е Locking key кој овозможува елиминирање на анкерни блокови на сите кривини под 300. Токму поради таа причина во цевките се вгра­ дуваат овие “locking key“ осигурачи. Изградбата на цевководите е започната во средината на јули месец а се очекува нејзино целосно завршување кон крајот на октомври. За “ВЕМКО“ Фирмата “ВЕМКО“ ДОО е основана во 2002 година со партнерско учество на италијаните од Vetroresina Engina Spa и ГЛОБАЛ-ИМПЕКС од Скопје. Производниот погон на фирмата се наоѓа во Штип, додека главната канцеларија е во Скопје. Кон крајот на 2006 година како содру­жник се приклучува и италијанската фи­ нансиска институција Finest Spa. Фабриката во Штип располага со три линии за производство на полиестерски цевки и тоа со пречник од ø25 до ø1.000mm. Во произ­ водниот програм од пред 6 месеци, започна производство на цевки и од 1000мм диаметар. Со тенденција на започнување на производс­ тво на големи профили до 3000мм во краток рок, односно во наредните 6 месеци. Со оглед на тоа дека трошоците на транспорт кај големите профили е многу висока ставка, се очекува овој сегмент на производство да понуди многу конкурентни цени на домашниот пазар и околината.

“ВЕМКО“ Д.О.О. Скопје Бул. Партизански Одреди бр. 66 б / 2-3 м 1000 Скопје, Р.Македонија e-mail: vemko@t-home.mk Година 4 • Квартал 3

53


АНТИФРИЗИ

ЗИМАТА ЧУКА НА ВРАТАТА Иако ни есента сé уште е започната, не е премногу рано да зборуваме за зимата, затоа што кога таа ќе стегне, веќе ќе биде доцна.

54

Година 4 • Квартал 3


Сега е вистински момент за замена на антифризот во моторот. Секое штедење или одложување на замената може да предизвика пукање на ладилникот или блокот и големи штети на моторот кога минусните температури ќе стегнат. А тие знаат да дојдат одеднаш, без најава... При замената на антифризот никако не смее само цената да биде одлучувачки фактор - дека средство за ладење е неквалитетно се дознава дури откако штетата ќе настане. Еве што на оваа тема имаат да кажат експертите од рафинеријата Modriča. Од топлинската енергија која настанува со согорување на горивото во моторите на во­ зилата, само една четвртина се претвора во корисна работа. За да се осигура работата на моторот во услови на оптимална температура, потребно е некако да се одведе неискористе­ ната топлина. Еден дел од неа ја презема системот за ладење на моторот. Но, покрај тоа што служи како средство кое го штити моторот од прегревање, разладната течност го штити моторот и од смрзнување (заради тоа и го ви­ каме антифриз, нели?) и обезбедува потполна заштита од корозија на сите метални делови од моторот и на системот за ладење. Заради тоа, течностите за ладење на мото­ рот треба да имаат висока точка на вриење, со што го штитат моторот од прегревање, но и ниска точка на мрзнење, со што се обезбедува заштита од смрзнување на антифризот и се спречува појавата на пукање на блокот од мо­ торот, до што може да дојде при ниски темпе­ ратури. Покрај тоа што помагаат во одржување на топлотниот баланс на целиот систем, анти­ фризите мораат да обезбедат и висока заштита од корозија и да не создаваат наслаги на сите

витални делови од сис­ темот за ладење. При употребата на неквали­ тетен антифриз, ладил­ никот на моторот за са­мо две години може потполно да биде уни­ штен. Денес на пазарот можат да се најдат голем број неквалитетни течности за ладење. Таквите антифризи не задоволуваат ниту еден од стан­ дар­дите за антикорозивна заштита, а со нив­ ната употреба можат да настанат несогле­ дливи штети на системот за ладење и самиот мотор. Употребата на неквалитетен антифриз ќе предизвика зголемена корозија на поеди­ ните делови од моторот, а исто така ќе пре­ дизвика негово предвремено пропаѓање и скапи поправки. Заради тоа, при неговото ку­ пу­вање возачите мораат да изберат производ од реномиран производител кој може да гарантира сигурност на декларираните свој­ ства, како во поглед на неговите термички особини, така и за заштитата од корозија. Рафинеријата Modriča уште од нејзиното основање во 1954 година постојано сорабо­ тува со најпознатите светски производители на мотори, возила, опрема, адитиви и други синтетички компоненти, но и со здруженија и организации за стандардизација, факултети, институти и други научни институции. Како резултат на сите наведени активности, созда­ дени се производи чие име доста добро е поз­

Година 4 • Квартал 3

55


нато на овие простори, како што се течно­стите за ладење Permant. За разлика од претходно подготвените антифризи (Permant Economic -40, Permant Long Life -40 и Permant -40), концентратите пред употреба мораат да се разредат. За да се овозможи доволна заштита на системот за ладење, најмалата концентрација треба да изне­сува 33%, со што се осигурува заштита од мрзнење до температура од -18 °C. Од друга страна, максимално дозволената концентрација не треба да преминува 70%, заради намалување на својствата - падот на заштитата од мрзнење и помалата стабилност на производот. Идеа­ лен сооднос на концентратот антифриз и вода е 50:50, со што се обезбедува заштита од мрз­ нење од минимум -40 °C. Треба да напо­менеме дека наведените факти се однесуваат за Permant и дека за други производи можат да се разликуваат во зависност од нивниот квалитет.

вни­мава на упатството на производителот на возилото - Со неквалитетен антифриз, ладилникот може да пропадне после само две години - Пред ставањето на новиот антифриз, системот за ладење да се измие со чиста вода - За да се обезбеди потполна заштита на системот за ладење и на моторот, антифризот треба да се користи во текот на целата година, а не само во зима - Никогаш да не се користи неразреден концентрат - Концентратот да се подготви во однос даден во табелата на мешање, препорачана од стра­ на на производителот - За разредување на концентратот да се користи чиста, по можност деминерализирана вода - Најниската концентрација на антифриз во водата не смее да биде под 33% - За мешање и дотурање секогаш да се корис­ тат чисти садови, бидејќи и незначителни количества на масло, прашина и останати не­ чистотии можат да предизвикаат пенење - Избегнувајте мешање на различни типови анти­фриз, заради можност од несакани појави, како пенење и создавање талог

Треба да се знае: - Околу 30% од енергијата која настанува со согорување на горивото во моторите на вози­ лата, се одведува со ладење - 22% од сите дефекти на автомобилите се поради неправилно одржување на системот за ладење - При изборот на разладното средство да се

бул.Крсте Мисирков 7, п.фах 135, 1000 Скопје телефон: (02) 2774 140 Продавница: бул. Партизански Одреди бр 109 телефон: (02) 3063 651

56

Година 4 • Квартал 3


како се врши специјален транспорт

Како и во многу други дејности, така и во вон­редниот превоз има обиди да се заобиколи законската регулатива, при што секој транс­ портер се обидува да го извршува истиот без потребната согласност од Министерството за внатрешни работи и правното лице кое е за­ дол­жено за одржување на патиштата.

Може да се истакне дека, не постои одре­ де­на законска регулатива, која пропишува кој смее да се знимава со специјален транспорт / вондреден превоз (учество во сообраќај на во­ зи­ла што не ги исполнуваат пропишаните ус­ лови). Година 4 • Квартал 3

57


Според тоа, секоја шпедитерска или пре­ воз­ ничка фирма може да се обиде да врши спе­ цијален транспорт без потребна соглас­ ност од надлежен орган, како и без потребен возен парк и обучен кадар. Со оглед дека се работи за комплициран, невообичен, предимензиониран и скап вид на превоз, јасно е зашто е неопходно секој што сака да се обиде (занимава) со ваков вид на превоз треба да ги испочитува посебните ус­ лови пред да почне со транспортот, бидејќи со непочитувањето на таквите услови последи­ ците можат да бидат сериозни и големи. Секоја фирма или шпедиција која се зани­ мава со ваков вид на превоз во возниот парк треба да поседува добро обучен кадар за ваков вид на превоз, комплетна опрема за извршување на истиот, специфични приколки и полу приколки, потоа авто дигалки и други спе­цијални возила кои се во состојба да пре­ несат вонгабаритен терет тежок и до 400 тони и најважно од се, во својот возен парк да по­се­ дува уникатни возила ( влекачи - тешка кате­ горија ). Како до дозвола за специјален транспорт вонреден превоз? Возилата што не ги исполнуваат пропиша­ ните услови во однос на димензиите, вкупната

58

Година 4 • Квартал 3

маса и осното оптоварување, а притоа не пос­ тои можност да се доведат во таква состојба, можат да учествуваат во сообраќајот на јавен пат ако исполнуваат посебните услови што овозможуваат безбеден и непречен сообраќај утврдени во дозволата за вонреден превоз што ја издава правното лице надлежно за одржува­ ње на патишта, врз основа на согласност од Министерството за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи ја из­ дава согласноста во рок од 24 часа од приемот на барањето за издавање на согласност за вонреден превоз. Вонредниот превоз нема да започне или ќе се прекине ако настанат околности кои ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот или во голема мера го попречуваат неговото одви­ вање и кога нема да бидат исполнети условите наведени во дозволата за вонреден превоз или ако дозволата е издадена без согласност од Министерството за внатрешни работи. Трошоците за обезбедување на вонредниот превоз кога тоа го вршат униформираните по­ лициски службеници на Министерството за вна­трешни работи се на товар на превозникот. Во повеќе случаи вонгабаритните товари ба­ ра­ ат ознаки на страните на возилата што го вршат ваквиот вид на превоз и кои се софпаѓаат


со постоечките прописи и регулативи: полици­ ско известување и полициско присуство. Доколку имате транспортна фирма, а не­ма­ те ваков вид на специјални возила за вон­габа­ ритен и предимензиониран транспорт, довере­ те му го тоа на овластена за тоа транспортна компанија или шпедиција која по предходно до­ биена согласност од Министерството за вна­­трешни работи и правното лице за одржу­ вање на патиштата ( ЈП Македонија пат ) ќе го започне ваквиот вид на превоз. Постапувањето во спротивност на горена­ ве­ деното доведува до изрекување на казна, односно глоба како на правното лице, така и на одговорното лице во правниот субјект и на возачот кој постапува спротивно на горенаве­ дените одредби.

За поголема безбедност во сообраќајот, во­зачите кои ќе наидат на специјален транс­по­ рт ( тешки возила со жолти ротациони светла ) кои се под полициска придружба, или возила за придружба на возила со кое се превезуваат предимензионирани товари а најчесто се ра­ боти за транспорт на трансформатори, тур­ бини за централи и други вонгабаритни товари, трба да се придржуваат кон знаците кои ги даваат униформираните полициски службе­ ници, доколку е придружуван од полициски униформирани лица кои го обезбедуваат вак­ виот превоз, или пак возачот кој ќе наиде на возило или возила со жолто ротационо светло е должен да вози со посебно внимание и по потреба да го запре своето возило. Вака организираниот специјален транспорт на вонгабаритни товари се врши се со цел да не дојде до попречување на нормалното одви­ вање на сообраќајот на патиштата, како и при­ донесување кон зголемената безбедност на сите учесници во сообраќајот на патиштата.

Андријан Трипунов

Година 4 • Квартал 3

59


Автобусите на Alfa Romeo

Денес позната само по своите автомобили легендарната италијанска марка во својата историја подолга од еден век има произведувано и комбија, камиони, автобуси, тролејбуси, трамваи, трактори, локомотиви, авионски и бродски мотори, генератори, компресори, па дури и шпорети.

60

Година 4 • Квартал 3


Италијанците добро знаат, но остатокот од светот се вчудоневидува кога ќе види комби со знакот на Alfa Romeo. Сепак, вистина е дека во времето пред Fiat да стане сопственик, Alfa Romeo произведуваше многу нешта, меѓу кои први на списокот беа комерцијалните возила. Всушност, колку што беше позната по автомо­ билите и трките, Alfa Romeo, барем во Италија, еднакво беше позната и по комерцијалните возила. Првиот свој камион, базиран на конст­рук­ цијата на германскиот производител Büssing, Alfa Romeo го има претставено во 1930 година, во времето кога фабриката ги изгуби дого­ ворите за снабдување на италијанската армија, што две години потоа доведува до колапс. За да се спаси, фабрика ја презема владата на Мусолини, која производството го преориен­ тира за воени потреби, прво за сопствените, а потоа и за германските. Заради потребата од превозни средства, производството на комерц­ и­ јални возила по втората светска војна во скромен обем се обновува, а во шеесеттите годи­ ни, во соработка со Fiat и Saviem, и проширува. Но, не за долго - последниот камион ја на­ пу­шта фабриката на Alfa Romeo во 1967 годи­ на и производството се префрла во Јужна Америка, под името FNM. По купувањето на Alfa од страна на Fiat во 1979 година, се прави уште еден обид да се зачува поврзаноста на името Alfa Romeo и комерцијалните возила и на пазарот се лансираат две доставни возила под ознаките на миланската марка, базирани на првите генерации на Iveco Daily и Fiat Ducato, по што комерцијалната програма на Alfa Romeo дефинитивно оди во историјата. Но, ако комбијата и ден-денес можат да се сретнат по италијанските патишта, посебно во посиромашните рурални делови на југот на земјата, камионите веќе се реткост, а за автобу­ сите на Alfa Romeo дури и во Италија малку знаат, бидејќи се имаат произведувано во мно­ гу мали серии. За нив ќе напишеме малку, за да има повеќе простор за фотографиите.

Во својата историја, Alfa Romeo има напра­ вено 13 модели на автобуси и 5 на тролејбуси. Првиот автобус, моделот 40А, имал четирици­ линдричен мотор со 45 KS, се произведувал во обична и двојна верзија, со капацитет за 50, односно 70 патници и се користел во јавниот пре­воз само во Рим и Милано. Наредните моде­ ли започнуваат да ја шират популарноста на автобусите на Alfa Romeo низ други градови во Италија, но и во повеќе европски земји, но про­ из­водство сепак останува скромно и се движи во најдобрите случаи до стотина примероци. Така останува до крај, до последниот модел Mille, чие производство е прекинато во 1964 година, од кој вкупно се направено 115 возила. Еве како им изгледаа автобусите.

Година 4 • Квартал 3

61


Volvo FH

Хет-трик на Volvo FH И со најновата генерација на серијата FH, шведскиот производител го освои престижното признание „Интернационален камион на годината“.

62

Година 4 • Квартал 3


Жирито составено од 25 новинари, кои про­ фесионално ги следат новостите од светот на камионите, титулата на Volvo FH за 2014 година ја изгласа со 116 бода, за 11 повеќе од DAF XF. На третото место во годинешното финале на изборот заврши Mercedes Arocs, четврта беше Scania Streamline, а петта Euro 6 серијата на MAN. Новата генерација на Volvo FH делумно ги изненади членовите на жирито со својата тивка и комфорна кабина, ергономските команди и иновативните ретровизори кои значително ја подобруваат прегледноста на возачот. Жирито не можеше да ја сокрие ниту импресионира­ носта од новата I-Shift автоматизирана тран­ смисија, која може да се дополни со опцио­ налниот I-See софтвер за штедење на гориво, а Volvo FH доби пофални зборови и за подо­бреното управување, независното предно осло­­нување и можноста далечински да се следи состојбата на возилото преку Telematics Gateway сервисот на Volvo, со цел да се намалат трошоците за одржување и поправки и редуцираат несаканите застои заради тоа. Сумирајќи ги резултатите од гласањето, претседателот на жирито

Џаненрико Грифини рече дека Volvo има направено комплетно нов тежок камион, кој со иновативната кабина, високата технологија и напредните решенија за одржување, поставува нови стандарди во индустријата. Во 38-годишната историја на изборот за ин­ тер­ национален камион на 2014 година, Volvo ја има освоено оваа титула шест пати - во 1979 год­ ина со моделот F7, 1984тата со F10, 1986-тата со FL, а 1994-тата и 2000 година токму со Volvo FH. Сегашната генерација е трета по ред и е развиена со фокус на возачот и со напредни одлики кои го прават транспортот профита­ билен. На располагање е со три кабини - Sleeper, Globetrotter и Globetrotter XL и со три се­рии на мотори: D13C со 420, 460, 500 и 540 KS, D16Gсо 540, 600, 700, 750 KS и D13KEuro 6 со 460 KS, кои, во комбинација со иновативните технички решенија, го прават за 11% поеко­ номичен од досега. Во поглед на шасиите и конфигурациите, може да се добие како 4x2, 6x2 и 6x4 влекач и 4x2, 6x2, 6x4, 8x2 и 8x4 соло камион, со екстра ниска, ниска, средна и ви­ сока шасија и параболично или воздушно ослонување.

Година 4 • Квартал 3

63


Mercedes Citan

Ново име, стар познаник Со малиот доставен модел Citan, започна да се конкретизира соработката меѓу Daimler и Renault договорена во 2010 година.

64

Година 4 • Квартал 3


Mercedes е еден од ретките производители на возила кои имаат комплетна понуда во сите пазарни сегменти - од најмалите автомобили, па до многутонските камиони и автобусите. За да остане еден од овие производители, што можат да се избројат на прсти, практично е обврзан постојано да ја дополнува и при­ла­го­ ду­ва понудата според трендовите на пазарот и потребите на купувачите, кои во овој момент се насочени кон помалите возила, како во патни­ чката, така и во комерцијалната програма. Иако за име како Mercedes тоа не е проблем, сепак времињата се такви да треба умно да се работи - секоја грешка може да чини милијарди и да ја наруши пазарната позиција. Заради тоа, согледувајќи ги потребите на ку­пувачите и користејќи ги можностите од ин­ ду­­стриска кооперација со Renault, герман­ски­от­ ги­ гант од понудата на својот француски па­­р­­тнер едно­ ста­вно го избра она што му фали, го доработи според сво­­и­те критериуми и лан­си­ ра под своите оз­наки. Така настана Citan, прво­ то во­ зило про­из­лезено како ре­­ зултат од соработката ме­ѓу Daimler и Renault, со кое се докомплетира ко­ме­рција­л­ на­ та гама на Mercedes во ка­те­го­ри­јата вози­ла со но­

си­ вост до еден тон, изведени на техничка основа на пат­ничките автомобили. Citan, кој беше претставен на салонот на ко­мер­цијални возила во Хановер лани, во осно­ ва е Renault Kangoo, но има преден дел кој во целост наликува на новата А класа, со која има и заеднички дизел погонски групи.Citan е на располагање со три верзии на дока­жаниот и во Германија дополнително подоб­рен 1,5 лита­р­ ски дизел мотор на Renault, со 75, 90 и 110 KS, но и со малиот 1,2 литарски бен­зински мотор со 114 KS, спарени со пет или шестстепени мануелни менувачи, во зависност од моторот, а тука е и BlueEfficiency пакетот кој се состои од старт/стоп систем, интелигентна контрола на работата на генераторот и пнев­ матици со низок отпор на тркалање.

Година 4 • Квартал 3

65


Се нуди со три различни должини, од 3,94, 4,32 и 4,71 метри, како и во три каросериски варијанти - две доставни со две и пет места и патничка, која може да биде со M1 или N1 хо­ мологација, за која правните лица имаат право на поврат на ДДВ. Различни се и бројот и изведбата на вратите - една, две или без стра­ нични лизгачки врати, а задна нормална, на подигнување, или пак двокрилна врата, која мо­же да биде со или без стакла, чии асиме­ трично поделени крила се отвораат под агол од 90 или 180 степени. Во својата најголема верзија, Citan располага со то­ ва­ рен простор од 3,8 кубни метри и носивост од 800 kg. Внатрешноста, во која се чув­ствува духот на германската мар­ка, е практична и функцио­ нал­на, во согласност со доста­ вната намена на во­ зи­ лото. Се забе­ ле­ жува дека некои ре­ шенија се пои­накви отколку кај другите модели на Mercedes, така што познавачи­ те на мар­ ката веднаш ќе го поз­ наат неговото потекло - пра­ша­њето не е дали, туку колку тоа ќе им пречи, бидејќи ќе треба да

66

Година 4 • Квартал 3

платат повеќе за нешто што можат да го добијат под ознаките на Renault. Дека е вис­тински Mercedes, Citanсе обидува да дока­ же со опремата, посебно безбеднос­ ната: на спи­ со­ кот со сериска опрема ќе се сретнат 6 воз­душни перници и адаптивен ESP систем за еле­ ктронска контрола на стабилноста, кој работи земајќи го предвид и оптоварувањето на вози­лото и во себе ги комбинира функциите на ABS системот, EBD електронската дистрибуција на силата на кочење, VDC системот за динамичка контрола, TCS сис­ темот за контрола против про­ лизгување, ASR системот против пролизгу­вање при забрзување... Она со што може да се пофали Citanсе се ниските трошоци за одржување - во град про­ сечно троши 5,2, а на отворено 4,2 литри на 100 km, редовните сервиси се на интервал од 30 илјади километри, односно 2 години, а заме­ на­та на ребрестиот ремен е предвидена на 240 илјади километри. Цените на Mercedes Citan во Македонија започнуваат од 14.042 евра, со вклучен ДДВ.


Metso Mining and Construction Technology ul. Njudelhiska 2-1/6, 1000 Skopje tel: +389 2 3063 667 / fax: +389 2 3061 989 mob: +389 78 321 103 e-mail: vasko.salamovski@metso.com



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.