GT13

Page 1

Специјализирано списание за градежништво и транспорт • Излегува четири пати годишно

Година IV • Број 13

Текнокс • VOLVO • KOMATSU D375A-6 • BOMAG ГЛОБАЛ МОТОРС • RASCO PALFINGER • DOOSAN • Metso • MAKITA • WÜRTH GOOD YEAR • Трансмет • INTER AL PIN


СОДРЖИНА Претставуваме: Од уреднички агол........................................................................................3 „Текнокс“–генерален претставник на Caterpillar ..........................4 VOLVO СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА.................................................................7 KOMATSU D375A-6 ............................................................................................10

Издавач: КУКОМ Скопје

BOMAG И FAYAT GROUP НА BAUMA 2013 .....................................................14

Главен и одговорен уредник: Благоја Дрнков

RASCO - ЛЕТНА ПРОГРАМА.............................................................................21

Графички уредник: Филип Даскаловски Постојани соработници: Агрон Сулејман, Зоран Коцев, Сашо Наумовски Маркетинг: Благоја Дрнков, Елефтерија Илиевска Адреса на редакцијата: „Коста Шахов“ 6 1/1 1000 Скопје

ГЛОБАЛ МОТОРС НОВА КОМПАНИЈА ПО СТАПКИТЕ НА СТАРАТА...........................................18

PALFINGER..........................................................................................................24 DOOSAN..............................................................................................................26 Metso, Регионален сервисен центар...................................................28

Занимливости, вести... MAKITA HM1203C ................................................................................................32 Рафинерија за масла, Модрича................................................................36 WÜRTH ORSY MOBIL...........................................................................................40

Сите права задржани ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира, или дистрибуира на било кој начин или на било кој јазик без претходна согласнос од редакцијата на Г и Т. Г и Т е тромесечна ревија.

GOOD YEAR.........................................................................................................44 Трансмет – КАЛЦИТСКО - Доломитски варовник од Чардаковец.......................46 INTER AL PIN........................................................................................................48 ХОМОЛОГАЦИЈА..................................................................................................52

Trанспорт „Daimler“на индискиот пазар...................................................................54 TATRA - ГОРДОСТА НА ЧЕШКА..........................................................................56

www.g-t.com.mk

02 3223 531 2

Година 4 • Квартал 1

UNIMOG................................................................................................................58


Од уреднички агол Блага зима! 1. Стара вистина: гра­ дежната операти­ ва е директно зависна од временските услови. Компаниите своите ра­­боти ги изведуваат нај­често на отворено, па оттука никако не може да се избегне факторот – временски (не)прилики. Токму од начинот на ослободу­ вањето од овој услов, зависи и ефикасното одвивање на работ­ ниот процес. Добро ни е познат фактот дека и при екстремни услови има компании кои непречено си ги извршуваат поставените задачи. Пошироко гледано, всушност со нивото на ослободување од овој фактор, и тоа не само во градежништвото, се покажува совла­ даниот техничко-технолошкиот развој на едно општество. Кажано поедноставно, колку ефикасноста на изведбените работи на еден гредежен субјект помалку е зависна од временските влијанија, толку е тој на повисоко организациско-техничко ниво. Гледано од тој аспек, добро подготвените изве­ дувачи оваа година не беа во можност да ги истакнат своите капацитети поради едноставната причина што оваа градежна сезона временските прилики воопшто не беа драматични. Благата зима со само неколку денови во кои температурата паѓаше под нулата, им овозможи на сите оние кои имаа договорена работа, на време и да си ја завршат. Отанува само претпоставката, како ќе се завршеше зимската градежна сезона да имавме подолги периоди со негативни температури. Некои работат и на екстремно студено време, примери има низ целиот север на континентот а за Русија и да не говориме. Ако сакаме и ние да извезуваме градежништво, како што тоа на време­то со успех го правевме во бившата држава, за потсе­ тување нека послужи податокот што македонските компании беа ангажирани дури и во Сибир, пот­ ребно е нашите компании да се оспособат за работа при екстремни температури. Тоа прилаго­ду­ вање, во смисла на прифаќање на новите техноло­ гии претставува основен предуслов за конкурентски настап на тие пазари. За воља на вистината и во

моментов имаме домашни комапнии кои работат надвор, во Казахстан на пример, но тие се премалку за да говориме за организиран настап и за дејност која на нашето општеството би му овозможило сигурен извоз, односно сигурен прилив на средства. 2. Ако истава тема, работење при екстремни услови, ја пресликаме и во транспортот, ќе видиме дека и тука владеат слични или дури пак идентични принципи на работа. Прилагодувањето кон таквите специфични барање на глобалната економија, едноставно претставува услов без кој опстанокот на пазарот е речиси невозможен. Во услови кога домашната економија е во евидентна депресија, извозот на услугите претставува, можеби не един­ ствен, но секако еден од малкуте опции. И сега се наметнува прашањето како и каде да се пласира таа услуга. Можеби вистинското пра­ шање би било: со што? Одговорот е повторно во голема блискост со високата технологија, со при­ фаќање на новата реалност на економскиот ам­ биент. Имено. Таа технологија воопшто не е еф­ тина, а парите за нејзино купување се се поскапи! Од оваа позиција многу пати сме пишувале дека државната политика е таа која треба да створи предуслови а потоа економските законитости ќе си го направат своето и ќе ги присилат компаниите на адекватно однсеување. Се додека не се детекти­ раат дејностите каде што лежи голем економски потенцијал, и се додека тие дејности не се подигнат на ниво на државна стратегија, излез од ќорсокакот во кој се наоѓаат нашите Градежници и Транспор­ тери – е речиси невозможен. Во спротивно овие дејностите ќе ја доживеат судбината на текстилната индустрија која своевремено од многу важен извозник на индустриски производи се претвори во ефтина работна сила на странските компании. Време е некој сериозно, со државна стратегија, да се позанимава со економските гранки во кои имаме што да му понидиме на регионот и на светот. За добро на сите нас. Пријатно читање Главен уредник Благоја Дрнков

Година 4 • Квартал 1

3


„Текнокс“–генерален претставник на Caterpillar

Светот кај нас Претставувањето на големите мултинационални компании подразбира изполнување на строги норми и стандарди, а уште повеќе и усвојување на принципи на однесување во кои интересот на клинетот се става како апсолутен приоритет.

4

Година 4 • Квартал 1


Фирмата Teknoxgroup SA, Lugano од Швајцарија е основана во 1990 година и при­ мар­но се занимава со застапување на Caterpillar во просторите на бившата југословенска федерација и Албанија. Само три години по­ доцна кај нас се формира огранок со исто име и со иста функција, а сега Текноксгруп Македонија може да се пофали и со нов објект (лоциран во индустриската зона, Визбегово) во кој на едно место клиентите ќе можат да користат најралични услуги: ку­ пување на гра­деж­ни машини и механизација од марката Caterpillar, купување на користени машини ­од истата марка, технички консултации околу спе­ ци­ фичните потребина клиентите, потоа врвно опремен сервис како и снабдувањесо оригинални резервни делови директно од магацин.

Како што и приличи на претставник на една од најголемите мултинационални корпо­ра­ции од областа на работните машини, домашните клиенти припаѓаат во групата на најголеми фирми од тешката индустрија. На списокот на корисници на “Текногруп“ се и Бучим, Фени, РЕК Битола, Макстил,... Од овој импозантен список на македонските најголеми имиња од тешката индустрија, би можеле да извлечеме еден многу пририден заклучок: без тешката механизација на Caterpillar, нема и тешка инду­ с­трија. За беспрекорна кондиција на машините по­ требен е и високо култивиран однос спрема истите. За таа цел ексклузивниот претставни­ка

на Caterpillar кај нас, има организирано сервис со стручно обучени работници, и се рабира, богато снабден магацин со резервни делови. Сервисот, со целосна посветеност кон инте­ ресите на клиентите, има организирана 24 часовна дежурна служба и тоа 7 дена во неделата. За временски период од 48 часа, а максимално до 15 дена, и најголемиот ориги­ нален резервен дел може да биде испорачан. Кога сме веќе кај сервисот да напоменеме де­ ка во него работат специјално обучени ра­бот­ ници кои при извршување на работните опе­ рации користат исклучиво оригинален алат од Caterpillar. Специјалистите од “Текноксгруп“ ќе знаат да излезат и на терен и на лице место со Година 4 • Квартал 1

5


своето знаење и искуство да помогнат анга­ жираните машини да бидат во совршена кон­ диција а исто така да сугерираат и начини за нивна поефикасна работа. Како логичен след на ваквиот пристап е понудата и на останати услуги потребни за бес­прекорно служење на механизацијата, до­ бар пример за тоа се пневматиците на Michelin и GoodYear. Текноксгруп претставува одличен пример како се претставува една странска мултина­ ционална компанија, всушност, поинаку и не би можело да функционира еден така сложен систем од понуда на производи и услуги за и околу истите.

6

Година 4 • Квартал 1

Текноксгруп Македонија Дооел Качанички пат ул.20 бр.23 1000 Скопје, Република Македонија Тел. +389 2 2527 205 contact-mk@teknoxgroup.com www.teknoxgroup.com


VOLVO CONSTRUCTION EQUIPMENT

VOLVO СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА Иако тврдењето од насловот и не е докрај точно, бидејќи Volvo никогаш ја нема напуштено Македонија, сепак назначувањето на фирмата Волма за задолжена за продажба на машините од реномираниот шведски производител на нашиот пазар, ни дава за право да кажеме така.


Компанијата Волма, која порано работеше само со сервис и резервни делови, во целост е подготвена за настап на македонскиот пазар со сета сериозност која застапувањето на една марка како што е Volvo Construction Equipment бара. А тоа и не е така малку, бидејќи градежната филијала на Volvo има корени кои датираат наназад до 1832 година. Да, добро прочитавте, Volvo CE е постара од 180 години, време за кое се променија многу нешта во историјата на човештвото, но основната идеја на нејзиниот основач Јохан Теофрон Мунктел останаа иста - компанија базирана на квали­ тетот, иновациите и техничкото искуство, нешта кои со тек на времето станаа синоним за цело­ купната шведска индустрија. Всушност, оваа компанија денес е најстарата во светот која сé уште е активна на полето на градежната маши­ нерија. Времето после втората светска војна кога потребата трактори, односно општо за земјо­ делска и секаков вид градежна механизација порасна, беше одлична бизнис можност гру­па­ та Volvo да го прошири своето делување и на ова поле, купувајќи ја компанијата BolinderMunktell, во чиј квалитет, како на компанијата

8

Година 4 • Квартал 1

сама за себе, така и на нејзините производи, се увери во текот на соработката во претход­ ни­те десетина години. Помодерната историја овозможена со застанувањето на моќната ин­ дус­­три­ска група зад компанија ќе биде одбеле­ жана со усовршување на постоечките произ­ води и компоненти за нив, како и технологијата на производството, што доведе со проширува­ ње на гамата со нови производи. Прв таков, направен во 1954 година, беше самоутоварувачот со тркала H-10, направен на основа на „свртен“ земјоделски трактор со кабина поставена наназад, така што големите тркала му беа погонски, а малите, кај тракторот предни, а кај оваа машина задни, управувани. Заедно со трицилиндричниот дизел мотор со 35 коњски сили и петстепената механичка тран­с­мисија, сето ова беше добра механичка основа овој концепт да се задржи до седум­де­ сеттите години, кога беа конструирани првите зглобни утоварувачи на Volvo. На нив и прет­ ходеа зглобните кипери, кои беа и првите ма­ шини во светот конструирани со заштитни кабини за операторот, чија функционалност беше проверувана на едноставен начин - со предизвикување на нивно превртување од


врвот на еден ископ сé до дното на бездната. Средината на седумдесеттите компанијата ги дочека со ново име - Volvo BM, под кое го започна својот поход како во окрупнувањето, така и во освојувањето на светските пазари. Преземањето на производителот на дампери AB Kockum Landsverk и овозможи засилување на присуството како во Европа, така и во Се­ верна Африка и Блискиот Исток, а споју­ва­ње­то со компанијата Clark Michigan во групата VME и на северноамериканскиот и бразилскиот пазар. Но, тука не се застана - во 1991 година познатиот шведски производител на багери Åkermans и германскиот производител на гра­ дежна механизација Zettelmeyer Baumaschinen GmbH стана дел од групата, која во 1995 година го промени името во денешното - Volvo Construction Equipment, како резултат на отку­ пувањето на половината од компанијата VME која ја поседуваше Clark Michigan од страна на AB Volvo. Но, ниту тука не се застана со окрупнување­ то - истата година беше преземен францускиот производител на компактна градежна машине­ рија Pel-Job, во 1997 година водечкиот канадски производител на грејдери Champion Road Ma-

chinery, а само една година потоа и филијала­ та за градежна механизација на Samsung Heavy Industries, по што следеше период на консо­ лидирање на сопствените редови за да се овозможат услови повторно да се тргне со нов бран преземања. Прв на списокот, во 2007 година, беше нај­ го­лемиот кинески производител на градежна механизација Shandong Lingong Construction Machinery, а истата година и канадскиот произ­ водител на машинерија за шумска експлоатација Technologies Direct и одделението за патна инфраструктура на Ingersoll Rand, произво­ди­ телот на познатите марки Blaw-Knox и ABG, станаа интегрален дел од Volvo Construction Equipment. Ова, во кратки црти, е компанијата чиј имиџ Волма треба да го негува на македонскиот пазар. Што тоа значи, веќе ви е јасно.

ВОЛМА д.о.о.е.л. Скопје Булевар Партизански Одреди 66б/2 - 1м 1000 Скопје Година 4 • Квартал 1

9


KOMATSU D375A-6

МОЌНО И ЕФИКАСНО Кој може нека му се трга од патот, а кој не, нека му ја мисли!

10

Година 4 • Квартал 1


Komatsu, како марка, е добро познато име во светот на тешката механизација и секогаш кога ќе се изговори, се помислува на нешто од големо, поголемо. Нормално, затоа што во про­­из­­водствената програма на Komatsu прак­ тично нема ништо мало, а и тоа што е мало, има големи можности. За овој број се одлучивме да ви претставиме еден од нивните булдожери, моделот D375A-6, кој е еден од најголемите во гамата вакви про­ дукти, за нашиот регион сочинета од 10 моде­ ли со оперативна тежина меѓу 8 и 108 тони. Моделот за кој зборуваме е во 70-тонската категорија, со дол­­жина од 10,5 метри и опе­ ративна тежина од точно 71,6 тони, за чија подвижност се грижи високоефикасен шест­ цилиндричен Euro Stage IIIA мотор од 23 литри и 474 kW, односно 636 коњски сили. Пре­ носот на силата е преку водено ладена планетарна тран­с­мисија со повеќеламелна спојка, со три степени на пренос напред и исто толку назад, од кои третиот може да биде редуциран. Во највисо­

киот, Komatsu D375A-6 постиг­нува мак­симална брзина од 11,8 km/h кога вози нана­ пред и 15,8 во возење наназад. Ножот со димензии ­ 5,14х­ 2,27 m,­ кој со еден потег зафаќа 22 m³ земја, камења или што и да му се најде на патот, може да биде опремен и со Topcon 2D или 3D систем за контрола заради зго­ лемување на ефикасноста. Хид­ра­ у­ личниот систем со макси­ мален проток од 366 литри во минута и притисок од 280 бари овозможува максимално подигну­ ва­ ње на но­ жот од тлото за 1,69 метри и или спуштање до макси­ мална дла­ бо­ чина под тлото за 735 mm. Плугот може да биде со три или со едно големо сечило. Во првиот случај, длабочината до која се спуш­ таат 2,9 метри долгите сечила на овој 6,8 тони тежок плуг изнесува 1,14 метри, а во вториот скоро 1,5 метри. Познато е дека булдожерите на Komatsu се најисплатливи во своите класи. Тоа е пости­ гнато со примена на висококвалитетни компо­ ненти и единствени конструкторски решенија, како што е хидростатичкиот систем за упра­ вување, со помош на кој оваа тешка машина

Година 4 • Квартал 1

11


која може да се сврти на простор со радиус од 4,2 метри (мерено според трагите на гасе­ни­ ците). За безбедноста на операторот е задол­ жена Dash 8 кабината со тубуларна конс­ трукција, која важи за една од најбезбедните во светот. Нејзината звучна изолација при­до­ несува бучавата во неа да биде на ниво на семеен патнички автомобил. За подобра кон­ трола над работата се грижи големиот TFT екран, а пакетот додатоци за зголемување на ефикасноста се заокружува со сателитскиот систем за следење, кој овозможува и дале­чи­ нска проверка на статусот на машината од било која точка во светот. Кај ваква машина сé е големо, па такви се и количините течности - во резервоарот за гори­ во на Komatsu D375A-6 собира 1.200 литри, за ладилникот се потребни 120 литри течност за ладење, за моторот 86 литри масло, за транс­ мисијата и системот за управување вкупно 150 литри, за финалниот пренос по 65 литри на секоја страна, а за хидрауликата 138 литри.

12

Година 4 • Квартал 1

TEIKOM TIM - Bitola Tel: ++389 47 231 105



BOMAG И FAYAT GROUP НА BAUMA 2013

НОВИ ПРОИЗВОДИ И НОВИ ТЕХНОЛОГИИ Минатата 2012-та за Bomag GmbH од Бопард беше уште еднa мошне успешна и задоволителна година со повеќе од 581.000.000 евра продажба. Проширената палета производи за асфал­т­ни работи, која сега вклучува и фини­ шери и гребалки, успешно стартуваше уште во 2006 година. Високата побару­ ва­чка за Bomag гре­балките (фрезите) јасно покажува дека клиен­тите веруваат во квалитетот на овој произ­во­дител како број 1 во технологијата за набивање и специјалист за опрема во индуст­ријата за изградба на патишта.

14

Година 4 • Квартал 1


На претстојниот нај­ го­лем саем за гра­деж­ на опрема во светот, BAUMA, кој се одржува во Минхен, Германија, од 15 до 21 април, на отво­рениот простор (штанд F1009) Bomag ќе прет­ стави иновации и светски премиери во секој од своите производни сектори - лесната опрема, набивањето на ас­фалт и земја и спе­ ци­ јал­ ните машини. Под слоганот „Град­ ска акција“, посе­­ти­телите на Bomag демо прос­то­ рот ќе можат да ги видат и тестираат робус­но­ с­та, ерго­но­мијата и ра­кувачките карак­те­ ристики на целата гама на модели од лесната опрема на Bomag, кои се совр­ шено прила­ годени за употреба во град­ски услови и тесни градилишта. Меѓу дру­гото, Bomag ќе ги прет­ стави новите опти­ми­зирани, црно обоени ре­ вер­зибилни плочи (BPR), произведени за упо­ треба во најтешки услови. Исто така, Bomag ќе лансира три нови модели на набивачи (там­ пери), BVT65, ВТ65 и ВТ60, кои се направени да ги задоволат нај­ тешките барања и се подготвуваат да станат најновите единици на Bomag кои ќе ги постават стан­ дардите на пазарот. BAUMA 2013 исто така е избрана за свет­ ската премиера на новата, 5-та серија на арти­ кулирачки тандем валјаци во класата од 6 до 8

тони. Овие компактни, економични и лесни за користење и управување валјаци се наменети за мали и средноголеми градежни работи. Со нова поголема и поудобна кабина, поголемиот резервоар за вода, Ecomode системот за заштеда на горивото, новата генерација на TIER 4/level IIIB мотори, како и уникатниот Asphalt Manager 2 систем комбиниран со сате­ литска навигација, Bomag ќе ги задоволи сите идни барања на пазарот. BAUMA ќе ја види и светската премиера на новиот финишер BF 900 C, чиј нов погон на полжавите и скреперите овозможува големи количини асфалт (до 900 тони на час) да бидат дистрибуирани и поста­ вени на подлогата рамно и ефикасно. Со мак­

Година 4 • Квартал 1

15


си­ мална широчина на даската до 13 метри, оваа единица произведува импресивни пола­ гачки резултати. Одделот за машини за земјени работи на Bomag исто така има голем број на иновации во понудата. Вниманието ќе биде насочено кон новата генерација валјаци со еден бандаж во класата од 5 до 8 тони (моделите BW 145 и BW 177), кои ќе бидат за првпат прикажани на BAUMA. Овие компактни и економични машини ги исполнуваат и најтешките барања за наби­ ва­ ње, степен на искачување и ефикасност. Уште една светска премиера ќе ги чека посе­ тителите во одделот за специјални машини Bomag ќе го лансира новиот стабилизатор/ рециклатор MPH 600, кој се карактеризира со својата уникатна flex-mix технологија. Бес­крај­ но приспособливиот ротор овозможува ме­ шавината да се промени и прилагоди на ло­кал­ ните услови, што го прави MPH 600 нов лидер во индустријата во однос на ефикасноста и продуктивноста. Покрај тоа, Bomag ќе ја при­ каже и новата серија на распрскувачи на ади­ тиви, вклучувајќи го и предводникот на оваа серија, моделот ВЅ 160000 Profi, со капацитет од 16 m³ и целосна автоматска контрола на мерење.

16

Година 4 • Квартал 1

Сепак, ова не е сé што Bomag и групацијата Fayat ќе прикажат на овој саем. Пазарот може да очекува уште многу возбудливи производи кои ќе бидат објавени на BAUMA 2013 година. Marini асфалтни бази Светска премиера на нов производ На претстојниот саем во Минхен, Marini ќе ја изложи новата асфалтна база eTower 3000. Оваа асфалтна база не е само економична (заради што ја има и ознаката „е“), туку е исто така и прилагодлива. Економична е бидејќи фокусот е ставен на преносливоста и нама­


лените трошоци. Димензиите на еTower базите се такви, што може да се транспортираат со обични камиони - нема потреба од специјален транспорт и големи конвои. Прилагодливоста се согледува во тоа што покрај основните карактеристики на eTower верзиите кои се стандардни за производство на асфалт, не­ колку технички дополнувања ја прават оваа асфалтна база погодна за различни пазари и побарувања. Такви се, на пример, реци­клирач­ киот сет, кој дава можност за рециклирање на асфалт во прстенот на сушарата (до 30%), ди­ рек­ тно во мешалката (до 20%), или ком­ би­ ни­ рано заедно и до 40%, како и Aquablack сетот, односно генераторот за пенест битумен за производство на „топол“ асфалт.

Година 4 • Квартал 1

17


ГЛОБАЛ МОТОРС

НОВА КОМПАНИЈА ПО СТАПКИТЕ НА СТАРАТА Од почетокот на оваа година, овластен и единствен дистрибутер на JCB градежна, индустриска и земјоделска механизација, е Глобал Моторс од Скопје. Согласно дистрибутерскиот договор, оваа нова компанија ги презеде активностите околу продажбата на механизацијата, резервните делови и сервисирањето, а во блиска иднина ќе започне и со наем на механизација и машини од светски познатата марка што ја застапува на македонскиот пазар.

18

Година 4 • Квартал 1


реорганизирање и поставени се корени на една здрава, ветувачка и кон клиентите ориен­ тирана компа­ нија. Во соработка со лизинг куќите на полето на финансиските услуги, се дава можност малите и средни градежни претпријатија да ја обно­ ват својата меха­ни­зација и опре­ма, а со ориентација кон гра­ дежните компании кои се суштински специја­ лизирани за нискоградбата, во пе­ риодот што следи ќе се прошири портфолиото на про­изводи - маши­ ни, опрема и услуги, кои сега се нудат кон повеќе пазарни сег­менти.

Со својот претходник Терра Македонија е постигнат договор за континуитет на услугите према клиентите, посебно во гарантните ус­ лови и преземените обврски за сервисирање и добавување. Локацијата е во истиот сервиснопродажен центар, благодарение на неговиот сопственик Превоз Комерц, кој како лојален купувач и искусен стопанственик на тој начин помогна да се задржи континуитетот во квали­

Глобал Моторс е официјален застапник на следниве светски познати марки за механи­ зација, опрема, додатоци и делови: Главен акцент е ставен на брзата достапност на нови и користени машини, резервни делови, додатоци, масла, мазива и потрошен матери­ јал, кои можат да се добијат во сервисно-про­

тетот на услугите кон големиот број корисници на машини од оваа марка во Македонија. Со веќе споменатите предуслови, одлична­ та организација, искусниот тим, позицијата на пазарот, опременоста, достапноста и желбата да се услужат сите претходни, сегашни и идни клиенти, се очекува Глобал Моторс да ги оправда своите, но и очекувањата на деловните партнери. За таа цел направено е темелно

дажниот центар, а дистрибутивните возила за брза испорака и подвижните работилници се само дел од услугите со кои оваа, нова и мала, но одлично поставена компанија, ќе наметне нов квалитет во работењето на пазарот. Орга­ низираното постпродажно следење со резер­ вни делови, средства за дневно одржу­вање и сервисни услуги на нивните партнери треба да им обезбеди доза на сигурност и доверба во инвестираните средства во нова механизација Година 4 • Квартал 1

19


и опрема. Патронажната сервисна служба, 0-24 достапноста на терен, SOS бројот и многу други големи и мали работи само го потврду­ ваат високиот квалитет на услугите и произ­ води кои ќе ги добиете од јако мотивираниот тим на Глобал Моторс, кој, следејќи ги прин­ ципите и правилата на JCB, се раководи според слоганот: „првата машина ја продава продаж­ бата, а следните постпродажбата“, така што од компанијата чие име е со големо значење и од седумте сегашни вработени, најсилно што може да се почувствува е искреноста, во вис­ тинска смисла на зборот.

20

Година 4 • Квартал 1

Глобал Моторс - Скопје бул. Македонско-косовска бригада 60 населба Бутел, 1000 Скопје тел.: (02) 2600-550, факс: (02) 2600-555 продажба тел.: (02) 2600-554, сервис и резервни делови тел./факс: (02) 2600-552 email: info@global-motors.mk веб: www.global-motors.mk


RASCO - ЛЕТНА ПРОГРАМА

ЛЕТОТО Е ПРЕД НАС Сообраќајниците, каналите за наводнување и шумските патишта бараат ре­ довно одржување во тек на летната сезона, а заради нивните специфичности, постои потреба за различни орудија за обавување на тие работи. Rasco, како претпријатие со повеќе од 20 години искуство во производството на комунална опрема, подготвено одговара на тие предизвици.

Година 4 • Квартал 1

21


Во производствената програма на Rasco, од опре­мата за летно одржување се наоѓаат про­фесионални крански косилки за трактори и универзални возила Unimog, ротосекачи, четки за коловози и секако, малото универзално во­зило Muvo. Главни заеднички карактеристики на сите ­Rasco крански косилки се ефикасноста, фле­ кси­билноста, робусноста и моќноста. Исто­вре­ мено, модуларноста при одбирањето на рабо­ т­ ните глави овозможува кранската рака на ко­­ силката да може да се користи за повеќе различни активности. Во широката палета трак­­­­торски косилки се наоѓаат бочни и задни ко­силки со домет од 5 до 10 метри, зависно од потребите на корисникот. Бочните косилки овозможуваат најголем дофат (до 10 метри) и извонредна прегледност во работата, а задни­ те косилки, кои имаат максимален дофат до 6 метри, се одликуваат со едноставно монтира­ ње и демонтирање. Предната косилка PRK е наменета исклучи­ во за Unimog возилата и е погодна за примена на автопатиштата, благодарејќи на можноста за косење на левите и десните страни на трев­ на­тите површини покрај коловозот. PRK посе­ дува одлична прегледност во работата и мож­ ност за едноставно монтирање и демонтирање. Нап­ редните системи на управување со кран­ ската рака на косилката осигуруваат мирна, уедначена и стабилна работа. Промената од работна во транспорт­­ на положба е брза и едно­ставна, а задната светлосна и ротирачка

22

Година 4 • Квартал 1

сиг­нализација овозможуваат од­ л­ич­­на видли­во­ст во сооб­ра­ќ­ај­от и непречено и сигурно дви­жење. Ротосекачот RS је едно­ ставна, ефикасна и моќна маши­ на за сечење и мелењена гранки, помали грмушки, плевел и трева, со цел одр­жување на прооднос­ та на патиштата, посебно низ шуми, покрај железничка пруга и на наси­пите на каналите. Наме­ нет е за вградување на трактори. Четката за коловоз MKN 2000 е едно­ставна и издржлива машина наменета за чис­ тење на улици, патишта и големи бетонски или асфалтни површини. Посебно е погодна за чистење на остатоците од сред­ ствата за поси­пување на патиштата по зимскиот период и асфалтната прашина после глодање на повр­ши­ната, како и нејзино чистење пред ново асфал­тирање и пред бележење на хори­ зонт­ алната сигнализација. Во својата полна конфи­гу­рација (со вградена бочна четка и кеса за собирање на прашината), MKN станува градски чистач. Тој е уред со флексибилна примена, на­менет за вградување на различни типови возила. Управувањето со четката се врши од кабината на возилото, што овозможува сигурно ракување.


Целовито решение за летно одржување на градовите е малото универзално возило Muvo, кое со своите различни додатоци едноставно и брзо се трансформира, во зависност од пот­ ребите на корисникот. Со приклучните уре­ди за чистење, Muvo претставува моќна чистилка за ефикасна работа во урбани услови. Со брза замена на предниот приклучок, Muvo се прет­ вора во уред за миење на јавни сообраќајни површини, плоштади и улици, или во уред за

ПОВЕЛЕТЕ ВО НОВИОТ САЛОН НА

ул. Сава Ковачевиќ б.б. ламела 1, сутерен ( т.ц. Илинденка - стара ф-ка Цветан Димов) Тел: +389 02 3178 025

INDUSTRIAL POWER TOOLS

косење на тревници. Rasco е водечки производител на профе­си­ онална комунална опрема, кој своите произ­ води ги извезува во 26 европски земји, нудејќи им на своите купувачи извонредна вредност за вложените пари и ефикасна сервисна услуга. Како горда семејна компанија, Rasco произ­ве­ дува квалитетни и високоиздржливи професио­ нални машини. Клучната цел на компанијата пот­ полното задоволство на купувачите, се зао­кружува со ефикасната сервисна служба, како во гарантниот рок, тако и после него. Покрај опремата за летно одржување на сообраќајниците, асортиманот на Rasco произ­ водите вклучува и снежни плугови, посипувачи, комунални надградби, управувачки единици, системи за напредно управување со операциите за одржување на сообраќајната инфра­струк­т у ра (ARMS - Advanced Road Management System), како и малото универзално возило Muvo.

За сите информации во врска со Расцо производите можете да се обратите: РАСЦО Македонија

ул. Иво Рибар Лола 74/2/1 Тел/Факс: 02/308 3334 • Моб: 078 38 33 33 e: toni.mitkovski@rasco.mk • www.rasco.hr


PALFINGER

ДИНАМИЧНИТЕ ВРЕМИЊА БАРААТ ДИНАМИЧНИ РЕШЕНИЈА Ако порано се мислеше дека живееме во динамично време, сега тоа се под­ разбира. А динамиката на животот сама по себе бара и динамични решенија, посебно за компаниите кои се занимаваат со широк опсег на делување. Предизвикот да им излезат во пресрет со снабдување со неопходната опрема го прифатија бројни светски, регионални и локални компании со звучни, помалку познати, но и сосема непознати имиња, но не сите успеаја во тоа. Причината не треба да се бара далеку - има нешта кои им требаат на сите, но и нешта кои практично тешко може да се продадат на двајца различни клиенти. Заради тоа, во динамичните времиња можат да успеат само оние кои размислуваат динамично, оние кои имаат за секого по нешто.

24

Година 4 • Квартал 1


Palfinger е една таква ком­па­ нија, чиј опис на делување теш­ ко може да се дефинира во една кратка реченица. Затоа и овој текст можеби ќе ви изгледа малку несредено, како многу нешта едноставно да се нафр­ лани на едно место, но што да се прави?! Таква е динамиката на вре­ мето во кое живееме, а ние, исто како и вие, мора под­ готвено да ја следиме. Името Palfinger е релативно непознато за поширок круг луѓе, иако производите со нив­ ното лого практично се секаде околу нас. Нив­ниот широк асортиман се базира на разни хид­ра­улични решенија за транспорт и логис­ тика на сé и сешто за многу раз­ лични области - од еколо­гијата и собирањето на отпад, преку гра­­дежништвото, шумарството и енер­гетиката, па сé до помош­ ните инсталации за товарање и специјални транспорти. Произ­ ведуваат разни специјализирани надградби, платформи и до­пол­ нителна опрема во зависност од деј­но­ста, за сите типови ка­ миони, приколки и полу­при­кол­ ки: товарни сандаци, дигалки, кипери, над­градби за влечните служби, шумарството, гра­ деж­ ни­ шт­вото, пристаништата и ко­ му­налните деј­ности, за кои нај­ интересни се подигнувачи­те на контејнери и рол-контејнерите, кои се карак­ теризираат со „Z“ профилирани страни­ ци, изра­ бо­ тени од обичен или Hardox челик, во стандардни димензии, со должина од 5.500, 6.000 и 6.500 mm, широчина од 2.300 и височи­ на од 2.000 mm. Со програмата на киперски над­градби се опфатени двострани, тростра­ни, та­ ка­­ наречени half-pipe и останати модели

задни кипери за возила од 3,5 до 41 тон бруто тежина. Зависно од изведбата, стра­ ни­ ците се направени од челичен лим, Domex или Hardox. Голе­ миот број типски модели кои опфа­ ќаат различни изведби со за­ фатнина од 2,24 па сé до 19,32 кубни метри, постојано се зго­ лемува. За влечните и пајак служ­ бите се наменети возилата со хидраулични фиксни, лизгачки и нагибни платформи, со или без дополнителна опрема, а за шумарските претпријатија вози­ ла­ та за превоз на трупци со платформи со раз­лични должи­ ни и изведби, со или без под­ ница, направени по жел­ ба на купува­чи­те. Можат да би­дат оп­ ре­ме­ни и со алу­ми­­ниумска по­ мош­на шасија, со која се добива за 1.200 kg поголема корис­ на носивост во од­ нос на кла­ сич­ ната чели­чна помошна ша­си­ја. Интересни за мно­­гу прет­при­ја­ тија ќе бидат и спе­­цијал­ните из­ ве­д­­би, како што се изменливите надградби со сис­ тем за брза замена на тростран кипер со миксер, на при­мер, а треба да ги споменеме и спе­ ци­ јалните „висечки“ ра­­­­ботни кранови мон­ ти­ рани на ками­ он со кои се вршат контроли и попра­в­ки на долните дело­ ви од мостовите, во­зилата кои можат да се движат по патиш­та и железничка пру­га, дигалките кои се вградуваат на трак­тори... За сите информации можете да се обратите во: РАСЦО Македонија

ул. Иво Рибар Лола 74/2/1 Тел/Факс: 02/308 3334 • Моб: 078 38 33 33 e: toni.mitkovski@rasco.mk • www.rasco.hr Година 4 • Квартал 1

25


DOOSAN INFRACORE PORTABLE POWER

МАЛИ НЕШТА ЗА ГОЛЕМА ПОМОШ Човештвото практично не може да се замисли без малите нешта кои се од голема помош - да ги нема, животот би ни бил многу покомплициран. Кога се појави пред повеќе од половина век, направи револуција на сите полиња со својата ефикасност, праќајќи ја тешката фи­зич­ка работа во историјата. И тогаш, и сега, малото багерче Bobcat со своите минимални димензии и максимална употребливост ги при­влекува погледите на сите. Оправдано, за­тоа што иако изгледа како играчка, има сериозна продуктивност, на многу места дури и поголема од големите машини. Од тој аспект, интересно е да се запознаеме и со неговите „братучеди”, односно други машини кои имаат слични ка­рак­теристики.

Uvoznik: MACO d.o.o. - Skopje ul: Londonska 19 lok 23 tel: +389 2 3078 875

26

Година 4 • Квартал 1


Bobcat денес е под капата на јужноко­реј­ скиот конгломерат Doosan, кој е водечки про­ из­ водител на машини во својата земја, со годишни приходи кои надминуваат 20 мили­ јарди долари. Во својата историја долга скоро 120 години има повеќе подеми, меѓу кои нај­ значајни се учеството во индустрија­ли­за­цијата на земјата кон средината на шеесеттите години и сериозното окрупнување последнава деце­ нија. Како продукт токму на тоа, во 2005 година настана и нејзината филијала Doosan Infracore, која всушност како Korea Machinery Industries, тогаш под државна управа, беше и но­ сител на споменатата индустријализација, која претежно земјоделската земја ја лансира на врвот на светските индустриски велесили. Сфаќањето на потребата на модерните економии за постојано прегрупирање за да се задржи предноста во напредокот, империјата Doosan тогаш и додели сериозна задача на својата филијала специјализирана за градежна машинерија, која, настаната од поранешниот Daewoo Heavy Industries & Machinery, започна со градење на својот имиџ преземајќи бизниси со голем потенцијал од повеќе глобално поз­ нати компании. Еден од нив беше токму и Bobcat, по што Doosan групата стана седми по голе­ мина светски производител на градежна машинерија. Иако денес се занимава и со производство на компоненти за нуклеарните електроцен­ трали, како конгломерат чија срж на бизнисот е базирана на зголемување на продуктивно­ста, односно олеснување на изведбата на инфра­ структурните работи, нормално е некаде во неговата голема производствена програма да се најдат и други мали машини кои се од голема помош. Дел од нив се групирани под заед­ ничкиот назив Doosan Portable Power. Оваа програма на производи, главно наменета за сите кои својата работа на вршат надвор од фабричките хали, било тоа да е рударството, градежништвото, или пак, на пример, филм­ ската индустрија, вклучува преносни компре­ сори, генератори, системи за осветлување,

лес­ни компактори и пневматски алати. Главни карактеристики им се компактноста и високата издржливост, бидејќи се користат за сите на­ мени и треба да работат во сите можни услови. Ака го илустрираме тоа со бројки, ќе значи дека гамата компресори на Doosan содржи се­ дум групи производи со капацитет од 2 па до 45 кубни метри во минута, меѓу кои и такви со технологија за работа без масло. Генератори­ те, пак, ги има десетина, со излезна моќност меѓу 20 и 500 kVA, компактори­ те за секоја намена, а пневмат­ските алати премногу за на­ бро­­јува­ње. Интересни се си­­с­­те­­ми­те за осве­ тлување, кои ги има два конвен­ци­онал­ни, ба­зи­рани на метални кон­струкции (кули) со реф­ лектори и иновативниот балон­ски систем кој го штити светлосното тело од вре­ менските непогоди. Тежок само 8 kg, сместен на столб со височина меѓу 2 и 7 метри, може да осветли површина од 2.000 квадратни ме­ три, но и да изд­ржи ветар со брзи­ на од 100 km/h. Интересно зат­ во­­ рен круг - од нук­­леарни цен­тра­ ли, па до светлечки ба­лони, нели?!

Година 4 • Квартал 1

27


Metso, Регионален сервисен центар

Елиминација на застојот Кај рудниците математиката е јасна: ако има застој, има помалку ископана руда, а тоа директно значи помала заработувачка односно најчесто и - чиста загуба. За среќа на корисниците, во Metso имаат разработено цел систем како да се пресретнат проблемите и елиминираат можните загуби.


Токму затоа некои фирми се – големи. Големината се постигнува со разработени сис­ теми на работа со кои превентивно се елими­ нираат можните загуби. Лесно е да се каже, но практиката покажува дека овој систем бара акумулација на огромно знаење и искуство, ба­ ра перфектно познавање на сопствените ма­ ши­ни и елиминирање на можните застои кои директно би значеле и загуби за корисникот. Во системот на Metso нема место за евен­ туалности или пак негативни изненадувања. Тие се толку сигурни во својата монтирана механизација што се подготвени, зависно од интересите на клиентот, да понудат низа алтернативни гаранции со чија помош се нуди најефикасно искористување на ресурсите. Описот на конкретните понуди ќе ни даде целосна слика за понудените гарантни опции што се нудат за новите машини. Но во Metso, уште повеќе од самите гаран­ ции, придаваат важност на функцио­ни­рање на нивниот сервисен центар. Доволен е само по­ вр­ шен поглед за да се увиди перфек­тната орга­ низираност на функцио­

ни­­рањето. Најпрв­ин, сер­висниот центар на Metso функционира како регионален и тоа со работно време од 24 часа непрекинато во текот на целата година. Одговорните од фир­ мата тврдат дека всушност тие само се прила­ годуваат на потребите на корисникот на чие располагање го ставаат својот стручен тим и дежурната интервентна екипа. Освен за интер­ венции или пак за редовно одржување, од Metso уверуваат дека нивните екипи всушност даваат и техничка поддршка, односно дека сто­јат на услуга за решавање на евентуалните проблеми. Раководејќи се спрема мотото дека, “нера­ бо­тењето е загуба а времето е пари“ нивната професионална сервисна реакција се сведува на временски рок од само 24 часа. Во случај на потреба од резервен дел, ако тој е со тежина до 250 кг. на негова испорака не треба да се чека повеќе од 48 часа. Во основните принципи на организирање кај нив стои запишан и принципот на чување на витални резервни делови кај самиот корисник, момент кој ја објаснува екстремно брзата реак­ ција и сведување на застојот на најмала можна

Година 4 • Квартал 1

29


мера. Производниот процес не смее да запре, тоа е приоритет над приоритетите во системот на одржување кај Metso. Уште една техничка пикантерија одушевува во системот на одржување на опрема, а тоа е пакетот кој се нарекува договор за превентив­ но одржување.Пример: Секоја втора среда во ме­сецот рудникот се стопира на 24 часа, маши­ ните се контролираат и одржуваат а Metso гарантира дека следните 4 недели тие ќе функ­ ционираат беспрекорно. Изразено во број­ки ова би изгледало вака: 24 х 12 = 228 oh (опе­ ративни часови) планиран застој или сведено во проценти 97% временска искористеност на опремата. Светските принципи на работа се универ­ зални, цената на ископаната руда т.е. метал исто така се формира на светските берзи, а нашите руд­ ници мора да се прилагодат на наметнатите светски текови. Алката која недо­ стасуваше во работењето на нашите ридници беше сигур­носта и одржувањето на опрема, а токму тој систем за прв пат на нашиот пазар го понуди Metso.

30

Година 4 • Квартал 1

Видови на гаранции:

• Стандардна гаранција од една година. Овој тип на гаранција доаѓа како стандардна опција за сите нови машини, нарачани, купени и монтирани од Metso. Во овој гарантен пери­ од производителот се обврзува во рекордно кра­ток временски рок да ги отклони сите евен­ туални недостатоци во работењето на новите машини, вклучувајќи ту­ка и замена со ори­ги­­ нал­ни резервни де­лови.


• Продолжена гаран­ ци­ја со пакет пре­ вентивно одржување. Овој вид гаран­ција се договара со купувачот и обез­беду­ва продол­ жен гаран­ тен рок на машината кој може да изнесува максимално 5 години. Продолже­ ната гаран­ ци­ ја е по­ себ­ но погод­ на за ко­ ри­с­ниците *кои сакаат на среден рок да се обезбедат за си­г урно функцио­ни­ра­­ње на ново купената ме­ ха­ низација.

Специјална гаран­ ци­ј­а, гаранција за пер­ ­фор­манси. Само про­­ из­­во­­дител длабоко уве­­­­­­­­рен во квалитетот на своите продукти мо­­же да даде гаран­ција која се однесува на гаранти­ ра­ ње и задржување на техничките пер­ фор­ манси на машината. За ралични корис­ници оваа га­ ранција претставува да се биде или не. Во неа се гарантира квалитет на финален производ и количина.

• Оперативно одржување. При овој тип на гарантирање на машината, патем речено за прв пат понудена во нашата земја, произ­ во­ дителот не ја наплатува посебно гаранцијата туку во процесот на работата во која е таа вклучена ја превзема целовкупната одго­ вор­

ност за ефикасноста на машината во одреден период на експлоатација, односно ја превзема одговорноста за целокупното произ­ водство. Мора да се каже дека поделената одговорност значи и поделена добивка, но како и да е, оста­ нува заклучокот за пружање на партнер­ ска рака од Metso при користење на машината. По таков или сличен принцип во соработка со Метсо функционираат: во Македонија се рудниците САСА, ФЕНИ, БУЧИМ, ЛИРА; во Србија рудникот АЛПИНЕ-Љубовиа; во Црна Гора е БЕМАКС - Подгорица; во Бугарија е АСАРЕЛ, ЧЕЛОПЕЧ и ГОРУБСО; во БиХ руд­ никот ББМ - Вареш како и други во регионот.

Година 4 • Квартал 1

31


MAKITA HM1203C

INDUSTRIAL POWER TOOLS

СЕЧЕ БЕТОН КАКО СИРЕЊЕ! Ако сакате да се пробивате низ ѕидовите како дух, да го парчосувате и дробите цврстиот бетон како парче сирење, да го откорнете стариот дрвен под или едноставно комплетно да ја демолирате целата стара куќа како да ја издувал волкот од приказната за трите прасиња, а притоа да не затрепери ниту едно мускулче на вашите раце, вистинскиот избор се машините за интензивно ударно дупчење од асортиманот на Makita.

32

Година 4 • Квартал 1


- Инженерите на Makita ја направиле оваа алатка на моќен деструктор со најповолен сооднос моќност/тежина на пазарот и усо­вр­ шиле со идеалната конструкција на дизајнот кој едноставно „спие“ во рацете, а ја пара, корне и „откостува“ која било градежна работ­ на површина. Заради едноставната употреба како во хоризонтална, така и во вертикална положба, со право можам да и го доделам епитетот мал, моќен и добро контролиран дес­ труктор, ни кажа понатаму нашиот соговорник, додавајќи: - HM1203C истовремено е моќен џин кој не ги прободува ушите со звукот што го произ­ ведува во текот на работата, брз коњ кој знае да премине од сталожен кас во интензивен галоп и динамит кој може да го распарчи и најцврстиот бетон. Едноставно, тоа е машина која знае и умее да извлече песна и насмевка Ние, како стручни од друга област (пишување на усните во текот на работата, а не силен текстови), ретко кога имаме можност (а и желба, стисок на вилиците. да бидеме искрени) во вистинска смисла на Зошто има таков впечаток, станува јасно зборот да ја почувствуваме работната атмо­ кога ќе се погледнат спецификациите сфе­ра во областа за која пишуваме - градеж­ HM1203C постигнува максимален број од 1.900 ништвото. Нашата работа главно се сведува на удари во минута, кои се дистрибуираат преку пренесување на карактеристиките на маши­ни­ ефикасно реализираниот трансфер на енер­ те, но не и на чувството како е да се работи со гија со помош на петстепен ротирачки прстен, нив, оти, едноставно, не ни знаеме како да кој овозможува прецизна, моќна и континуира­ ракуваме. На ваша среќа, овој пат имаме запис на достава на ударниот момент во пет квантуми токму од тоа - како еден обичен корисник на алатите на Makita го има доживеано работење­ то со нив. Сето кажано во поднасловот на текстов е буквално од збор до збор неговото сведочење за тоа. Моделот на електричниот ударен чекан што тој го има користено е HM1203C, наменет за употреба при изведување на демолирачки ак­ ти­ в­ ности кај водоинсталатери, електричари, паркетари, столари, ѕидари и слични занима­ ња, односно секаде каде е потребно брзо, моќно и прецизно раздробување, распар­чу­ва­ ње, раздвојување и отстранување на различни материјали во текот на подготовката на гра­ деж­ниот терен за нови градежни активности, ремоделирање, замена и реновирање. Година 4 • Квартал 1

33


- 950, 1.200, 1.450, 1.700 и 1.900 удари во минута. И покрај тоа што е тешка само 9,7 килограми, моќниот 7-амперски мотор обезбедува ударна енергија од 25,5 Ј и ударно забрзување на вибрациите од неверојатни 15,5 m/s². Една од напредните подобности на оваа машина е мо­ ж­­носта за промена на аголот на поставено­ст на ударното вретено во 12 различни пози­ции. За крај, да кажеме и дека оваа алатка од Makita има автоматски систем за проверка на исправноста, кој не дозволува нејзина употреба во случај на прекумерна истрошеност на четкичките на електромоторот. Освен тоа, за заштита при работата се грижи и функцијата за ограничување на торзиониот момент, а син­ хронизираноста на секвенциите на ударите за време на ротацијата со цел да се минимизира можноста за суперпонирање, обезбедува до 50% побрзо време на ударното дупчење и зголемен век на траењето на ударното вретено.

34

Година 4 • Квартал 1



Рафинерија за масла, Модрича

Модрича е веќе во Европа Од рафинеријата во Модрича, кон европските пазари тргна моторно масло кое ги исполнува Euro 6 нормите за квалитет кои на снага ќе стапат после две год.

36

Година 4 • Квартал 1


Развојот на новите моторни возила е дик­ти­ ран од два големи услови: намалена емисија на штетни издувн гасови и драстично намалување на потрошувачката нагориво. Како би се задо­ волиле овие два поврзани технички услови потребно е тие мотори да работат во медиум кој овозможува минимални механички отпори помеѓу триечките површини. Ако кон ова го додаме сознанието кое говори за општ тренд на намалување на работниот волумен на моторите, што условува примена на турбо технологијата,веќе станува јасно дека за ис­ пол­ нување на овие комплексни барања е потребно моторно масло, кое во секој поглед мора да ги прати зголемените механички и термички оптеретувања. Современите мотори поради рециркулација на издувните гасови работат на пониски ра­ ботни температури што пак предизвикува зго­ лемена оксдидација на металните делови во внатрешноста на моторот. Овој штетен хемиски процес кој ги нагризува металните делови и драстично го намалува работниот век на мо­ торот, додатно ја усложнува улогата на маслото за подмачкување. Новата генерација на масла за подмачкува­ ње развиени во Рафинеријата Модрича, која е дел од големата групација, “NESTRO“ во целост е подготвена да го прати трендот на развиток на новите генерации на мотори кои ги ис­ полнуваат сега важечките Euro 5, но и идните Euro 6 норми против загадувањето на околи­

ната. Новите Optima масла се изработени со ниска содржина на сулфур, фосфор и пепел, а се изработени од специјални базни масла до­ биени од рафинериите на веќе споменатата руска групација. Како резултат од примената на најсовре­ме­ ната технологија овие масла се каракте­ри­зи­ раат со висока стабилност на оскидирање, ко­ ја­пак обезбедува продолжување на периодот на замена на маслото, притоа одржувајќи ви­ со­ката чистота на виталните делови на мото­ рот. Уште една карактеристика е вредна за истак­­нување а тоа се високите вредности на индек­сот на вискозност кои како резултат да­ ваат сигурен заштитен филм во широко под­ рачје на работни температури и притисоци. Пред да бидат понудени на пазарот овие масла поминуваат вистинска ’тортура’ во соп­ ствените лаборатории во Модрича. Тие се ста­ ваат во различни мотори да работат под полно

Година 4 • Квартал 1

37


оптеретување неколку циклуси од по 100 часа. Откако ќе ги поминат сите испитувања маслата се испраќаат на верификација кај сите светски производители на мотори и кај сите познати автомобилски производители. Ваквиот темелен пристап на Рафинеријата Модрича и овозможи да го зголеми својот извоз во членките на европската унија од 2% во 2009 до 20 % во минатата година. Во моментов во Модрича се ангажирани вкупно околу 600 работници од кои една петина се со високо образование, а новата инвестиција околу изградба на нов производен капацитет за течни мазива, која е веќе започната, оваа бројка значително ќе ја зголеми со истовремено намалување на сите останати трошоци. Резул­ татите од ваквиот економски пристап веќе се чувствуваат како во квалитетот на производите така и во нивната ценовна конкурентност а се огледаат преку пробивот на сите светски пазари.

38

Година 4 • Квартал 1

бул.Крсте Мисирков 7, п.фах 135, 1000 Скопје телефон: (02) 2774 140 Продавница: бул. Партизански Одреди бр 109 телефон: (02) 3063 651



WÜRTH ORSY MOBIL ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

СÉ СВОЕ СО СЕБЕ НОСАМ! Оптимален квалитет сé до најмалиот детаљ - тоа е паролата по која ORSY mobil e развиен и произведен од Würth групата од Германија.

40

Година 4 • Квартал 1


изведена од стручните лица на Würth. ORSY mobil им нуди на купувачите многу повеќе од опрема за возила, а претставниците за продажба на Würth широк дијапазон на услуги и се грижат во возилото секогаш да има доволно артикли во оптимални количини. Вака опременото возило, освен што е подвижна ра­ ботилница, има и функција на изложбен про­ стор, па организацијата на просторот во него остава впечаток на професионалност и ком­ петенција. Со други зборови, ORSY mobil станува синоним за врвен квалитет, кој при­ донесува за вкупниот впечаток кој ќе го оставите на своите купувачи. Возилото опремено со ORSY mobil елемен­ тите е работно место на кое секој ќе се чув­ ствува комотно, но и сигурно. Напредните краш-тестови (DIN 75410; FMVSS 208) пока­жу­ ваат дека елементите во возилото оста­нуваат на своите позиции и артиклите и алатите не стануваат смртоносни проектили што често се случува кога возилото не е професионално Со помош на оваа технологија, вашето служ­ опремено. Со ORSY mobil сте безбедни, поефи­ бено возило ќе се претвори во совршена касни и ќе заштедите време кое може да го подвижна работилница, почитувајќи ги сите употребите за други активности. специфични елементи за секоја работа посеб­ но. Во повеќето случаи, купувачите бараат прак­ти­чни решенија за сите секојдневни пот­ реби. Во зависност од дејноста, ORSY mobil може да има различни варијанти. Würth посе­ дува долгогодишно искуство и ги разбира пот­ ребите на купувачите на терен, бидејќи се гри­ жи скоро за три милиони купувачи ширум све­тот. Würth ORSY mobil е пионер на полето на опремување на возилата, со решенија докажа­ ни во многу ситуации кои поставија стандард за останатите компании. За секоја функција, алат или материјал, пред­ виден е одговарачки елемент. Посебно адаптираните верзии во комбинација со сове­ ти­те од ORSY mobil експертите даваат соврше­ но решение. Потребен е само еден ден за да се опреми возилото според желбите на купу­ вачите. Секако, монтажата може ја изврши и самиот купувач, но се препорачува таа да биде Година 4 • Квартал 1

41


Стручност со која Würth ќе ви излезе во пресрет на сите ваши потреби и сервис - Од простор за складирање до мобилен кори­ сен простор: рационално работење и пого­ лема економија за вашата компанија - Возилото секогаш се гледа во релација со вашите работни процеси - Варијабилната опрема за возилата е нап­ равена од интелигентен микс на челик, алуми­ ниум и PVC, со кои тежината се редуцира за 30% и воедно обезбедува стабилност и сигур­ ност - Заштедете гориво и направете оптимална искористеност на лимитираниот простор

Најдобрата референца е задоволството на купувачот Благодарејќи на партнерски ориентирана долго­­годишна соработка, во Würth се подго­ твени и способни постојано да ги прилагоду­ ваат своите производи и услуги за да ги задо­ волат сите потреби. Компаниите од сите об­­лас­ти веруваат во квалитетот на опремата за возила и специфичните знаења од индустрија­ та. Затоа, Würth секоја година опремува преку 10.000 возила за задоволните купувачи.

ВУРТ МАКЕДОНИЈА дооел ул. Првомајска 93, 1000 Скопје тел: 02/ 272 80 80 www.wurth.com.mk www.orsymobil.com

42

Година 4 • Квартал 1



GOOD YEAR

MADE TO FEEL GOOD! GoodYear, како име ценето низ целиот свет, придонесува малку луѓе да размислуваат за нејзините производи - самиот факт што се користат пневматици од оваа марка делува релаксирачки и воопшто овозможува корисникот безгрижно да се концентрира на возењето. Како еден од најголемите производители на пневматици во светот, GoodYear вработува при­ближно 71 илјади луѓе во своите 55 фабри­ ки во 22 држави. Располага и со два центра за иновации, во САД и Луксембург, каде се раз­ви­ ваат најнапредните производи со кои се поста­ вуваат нови стандарди како на пазарот, така и во технологиите за производство. Широкиот асортиман производи кој опфаќа­ буквално сé - од пневматици за патнички, до­с­­ тав­ни и товарни возила, преку градежништвото и стопанството, па до воздухопловството, ги задоволува потребите на различни сегменти корисници низ целиот свет. Во Европа, пале­ тата производи под продажните марки GoodYear, Dunlop, Fulda, Sava и Debica се пласира преку широкораспространетата продажна и дистрибутивна мрежа, а високото профе­си­о­ нално ниво на сите учесници во синџирот од производството до продажбата го гарантира тврдењето од поднасловот на овој текст. За тоа да биде така, GoodYear се погрижи сите негови корисници да бидат и добро инфо­

44

Година 4 • Квартал 1

рмирани за групите производи од областа за која се интересираат. Во ова спаѓаат и повеќе начини на едуцирање и професионален развој - од посета на фабриките, преку разни собири, па до GoodYear академијата. Со своето високо техничко знаење, специјалистите на GoodYear им помагаат во техничката поддршка на крај­ ните корисници, посебно на оние кои рас­ полагаат со големи флоти, со што се соз­дава добро партнерство меѓу нив. Еден од начините на комуникација и поддршка на корисниците што ги применува GoodYear е и лансирањето на специјализира­ ната веб страна At Your Service за регистрација на гумите за тешки градежни машини и рудар­ ска механизација. Наменета е за претпријатија и поединци кои работат во рудници, камено­ ломи, фабрики, пристаништа, терминали, гра­ ди­лишта, депонии и на други места со тешки услови за работа, заради кои на корисниците им се потребни најдобрите совети како исправ­ но да се изберат и користат пне­вматиците кои најмногу одговараат за соод­вет­ната намена.


Пневматиците за градежната ме­­ха­ни­зација се најскапите произ­води на гумарската инду­ стрија и GoodYear ги развиваат согласно нив­­ната намена, бидејќи нивните тех­ни­чки особе­ности и специјал­на­та технологија која се упо­ тре­ бу­ ва за нив не може генерално да пок­­ рие широк опсег дејности. За­ тоа, само со вис­ тинските совети за избор и користење на овие пнев­матици може да се зголеми продук­ ти­вноста и да се продолжи нивниот век на траење, а со тоа и да се намалат трошоците за работа. Услугите кои ги нудат специ­ јалистите на GoodYear се многу важен дел за воспоставу­вање парт­нер­ски односи со клиентите, зара­ди што и со регистрирање на оваа веб страница сите корисници на GoodYear произ­водите ќе си ја обе­з­бедат неопходната техничка под­дршка. И не само тоа - секој месец 30-мина од новите корисници кои ќе се регис­ трираат на адресата http://otr.goodyear.eu/registration, ќе добијат про­ фесионален маноме­ тар за ме­ рење на притисокот на воздухот во пнев­ матиците. Контакт: tatjana_mocnik@goodyear.com blage_aleksov@goodyear.com

Година 4 • Квартал 1

45


Трансмет – површински коп

КАЛЦИТСКО - Доломитски варовник од Чардаковец На оддалеченост од само 14 км од центарот на Скопје сенаоѓа месноста, Чардаковец, во кој се наоѓа површински коп со кој стопанисува домашната компанија, Трансмет.

46

Година 4 • Квартал 1


Веќе три години со површинскиот коп во месноста Чардаковец стопанисува комапни­ јата Трансмет. Лоцираноста во непосредна близина на главниот град, на оваа локација и овозможува брза испорака на ископаниот и обработениот камен. Тој може да биде иско­ ристен за сите фракции на бетон, за тампони­ рање како и за ниско носечките слоеви на ас­ фалтни површини. Освен брзата испорака ово­з­мо­жена од одличната комуникација, пора­ ди фактот што копот се наоѓа непосредно до магистралниот пат кон граничниот премин Блаце, квалитетот на ископаниот камен прет­ ставува одлучувачки фактор за постојан раст на побарувачката. Инаку, поради тоа што теренот е брдовит, каменот се ископува со минирање кое го из­ вршуваат лиценцирани минери, токму како што предвидува и законот. Така ископаниот камен се транспортира до двете примарни дро­бил­ки, се сепарира и потоа се транспортира до крајниот корисник. Зависно од потребите, дали се работи за бетон, тампонирање или асфалт, каменот се испорачува во различни фракции. Одговор­ ните прават се да им излезат во пресрет на специфичните потреби на градежниците но истите не кријат дека голема надеж полагаат во изградбата на автопатот кој ќе ги поврзува Скопје и Приштина. Местоположбата на повр­ шинскиот коп им дава полно право да се надеваат на драстично зголемување на поба­ рувачката, а тие подготвено ќе го очекуваат моментот на започнување на градежните ра­ бо­ти на оваа важна делница. Здравата логика не учи дека нема подобар материјал за изградба од тој што се зима од истата локација на која и се наоѓа градилиштето, а копот на Трансмет се наоѓа токму во непосредна бли­зина на идниот автопат.

ул. Костурски Херои бр.38, кат 2, лок. 1, 1000 Скопје Тел/Факс: 02/ 27 20 411 / email: info@transmet.com.mk Година 4 • Квартал 1

47


АЛУМИНИУМСКИ ФАСАДИ

ШЛАГ НА ТОРТАТА Секој мајстор е горд на своето дело, но публиката тоа му го признава само ако изгледа импресивно.

ул. 20 бр. 138 н.м. Бразда Ч. Сандево тел: +389 (0) 2 3033 001; 2033 002, факс: +389 (0) 2 2033 009 website: www.interalpin.com.mk

48

Година 4 • Квартал 1


Навистина, кој од нас би пробал торта која изгледа обично, без разлика колку готвачот тврди дека е вкусна? А кој пак од нас не би се настрвил на убава и со шлаг богато декорира­ на торта, без размислување каков вкус всуш­ ност таа има? Такво е човечкото око, незаситно на убавото и одбивно на стереотипното. Така е во гастрономијата, но така е и во секоја област од човековото живеење. Секое време си носи свој белег, а кога архитектурата е во прашање, белег на 21-век се модерните стаклени фасади со кои ново­ градбите се обвиткуваат од „глава до петици”. Стаклото како визуелно ефективен материјал започна почесто се користи дури откако се најде соодветен начин за негово ефективно прицврстување на конструкцијата, без притоа со дебели елементи да се наруши целокупниот изглед. Идеална комбинација за тоа претс­та­ вуваат алуминиумот и PVC материјалите, кои пак имаат само еден, но голем недостаток доколку се неквалитетно направени или изве­ дени, тогаш трајноста им е доста кратка. Така, повторно во приказнава се навраќаме на мајсторот, кој се јавува како клучна фигура. За фирмата Интер Ал-Пин, која веќе 16 години се занимава со алуминиумски конструкции за структурални и полуструктурални фасади, пи­ шу­вавме лани ова време - сега е ред да на­пи­ шеме нешто и за материјалите кои ги упо­тре­ буваат за оваа намена. Како етаблирана ком­ панија која веќе нема потреба да ги

докажува своите професионални капацитети, Интер Ал-Пин користи исклучиво европски производи со признат квалитет и сите можни сертификати. Алуминиумските фасади во ком­ бинација со стакло, кои веќе ги има повеќе низ Македонија (ФОН, гимназијата Нова, хо­телот ТЦЦ Гранд Плаза, Телеком, Еуро­ лизинг…), кажуваат повеќе од илјада зборови, но за употребените материјали треба да кажеме ние, токму на овие страници.

Година 4 • Квартал 1

49


Еден од добавувачите на Интер Ал-Пин е грчката фирма Elvial, која е една од најбрзо растечките компании што се занимава со екс­ трудирани алуминиумски профили. Целосно заокружениот процес на производство ги пок­ рива истражувањето, развојот, конструи­ра­ње­ то, производството и дистрибуцијата на нап­ редни алуминиумски системи од еднос­тавна и сложена конструкција за примена во градеж­ ниш­ твото. Комплетно роботизираниот погон за производство овозможува Elvial да поставу­ ва стандарди на европскиот пазар во поглед на модерниот, технолошки напреден и прија­ телски кон човековата околина организиран интегриран систем, ориентиран кон купувачите и нивните потреби. Одличниот дизајн на производите и иску­ ството што го имаат инженерите на Elvial претставуваат комбинација која на архитектите им дозволува голема слобода во реализирањето на идеите за естетиката на објектите кои ги

50

Година 4 • Квартал 1

проектираат, без притоа многу да размислу­ ваат за квалитетот и безбедноста, кои се га­ ран­ тирани. Комплетната програма на серти­ фи­цирани производи вклучува класични, но и радикални решенија кои знаат да ја преди­ звикаат фантазијата на архитектите, на задо­ волство на градежниците на кои функцио­нал­ носта им овозможува висока продуктивност и на инвеститорите, кои се обезбедени со издржливоста на производите на Elvial. Сé поголемите барања на пазарот за недвижнини претставуваат доволен мотив оваа дваесеттина години стара компанија да продолжи со импресивната стапка на раст, и покрај економските проблеми во која запад­на матичната земја. Токму заради тоа и стра­ те­ гијата за развој предвидува поголемо регио­ нално присуство, што конкретно за нас значи и дека почесто ќе гледаме новоградби со пре­ красни фасади, изведени од Интер Ал-Пин.


Светла за предупредување и известување. Погодни за обележување на градежни работи, работа на пат, сообраќајни незгоди... Достапни во бела, жолта, портокалова, сина, црвена и зелена боја. контакт Тешко кршливи, магнетни и водотпорни. mob. 078 800 111 Достапни со мобилно полнење на батериите. viktor@team.com.mk www.fijenbv.nl / escape light продажба за македонија АМП Теам Скопје


ХОМОЛОГАЦИЈА

ШТО НÉ ШТИТИ ОД НАС САМИТЕ?! Тенденција на секој стопанственик е со помалку ангажирани средства да постигне повеќе. Но, каде е границата под која не може да се оди?

Изборот на материјали и машини постојано е еден вид лотарија - да се избере поевтиното, без притоа да се наруши квалитетот на ра­ ботата, е умешност која исклучиво се базира на искуството на оној што бира. Но, опасноста дека најевтиното може всушност да биде најскапо е секогаш присутна, заради тоа што понекогаш ниту искуството на тој што продава, ниту пак на тој што купува, не се доволни за да се препознае неквалитетот. Ова посебно е важно во градежништвото, каде со лош избор на материјали и машини се загрозува безбедноста и на оние што работат, и на оние што подоцна ќе ја користат градбата. Затоа, за да бидеме сигурни дека сé што се

52

Година 4 • Квартал 1

нуди на нашиот пазар ги исполнува условите, секоја држава има организирано комплексен систем за контрола и заштита. Кога возилата, односно деловите и уредите на возилата се во прашање, за тоа е задолжено бирото за метрологија, кое, согласно законите, е орган за одобрување кој во процесот на хо­ мо­логација врши проверка дали се испол­нети пропишаните услови утврдени со меѓу­на­род­ ните ECE регулативи и EC/EEC директиви при­ фатени во нашата земја. Целта на хомо­лог­а­ циската проверка е да се спречи увоз на возила кои влијаат на безбедноста во сообраќајот и на екологијата во земјата во која се увезуваат. На овој начин се зголемува активната и па­ сивната безбедност на возилата во сообраќај­ от и се обезбедува строга контрола на еколош­ ките стандарди, со што директно се штити жи­вотната средина. Исто така, преку процесот на хомологација се заштитува домашниот па­ зар од неквалитетни возила и делови. Според нашите правила, во Република Македонија можат да се увезуваат возила за специјална намена со Euro 1 европски стан­ дард за емисијата за издувни гасови од след­ ниве категории: - возила со фиксна надградба на бетоно­ мешалка (не од контејнерски тип) - возила со фиксна надградба на пумпа за бетон


- возила опремени со скалила или пос­та­менти кои можат да се издигаат (на пример за работа на улично осветлување) - возила дигалки (во оваа група не влегуваат возила кои се проектирани и изработени пок­ рај дигалката да превезуваат и стока) - возила посебно конструирано за чистење на улици (во оваа категорија не влегуваат вози­ лата кои се со камионска шасија), потоа кана­ лизација, аеродромски писти и слично - возила за собирање и пренесување на смет - возила со фиксно вграден генератор за електрична енергија - возила со вградени подвижни радиолошки уреди - возила подвижни амбуланти (медицинска или забарска) - репортажни возила (радио, тв и слично) - возила подвижни лаборатории - возила подвижни специјализирани рабо­ тил­ ници, уникатни или не За увоз, односно хомологација на горе­на­ве­ дените возила, потребно е да се поднесе бара­ ње за единечно одобрување до бирото за метрологија, во прилог на кое се доставуваат доказ за исполнетост на техничките барања (ТÜVMünchen, TÜVRheinland или од овлас­ те­ ниот застапник на марката на возилото во Република Македонија кое треба да се увезе) и доказ за подмирени царински обврски. За возилата проектирани и изработени исклучиво за потребите на армијата, полиција­ та или противпожарните служби, возилата што се наменети за работа на капитални гра­ дилишта, површински копови, каменоломи, пристаништа или аеродроми, работните маш­ ини, возилата чија што најголема конструк­ци­ скиопределена брзина не поминува 6 km/h, посебните превозни средства што ги упра­ вуваат пешаци, возилата што се наменети за рекреација надвор од јавните патишта, вело­ сипедите со електричен помошен мотор, маши­ нската опрема посебно конструирана за кори­ стење во шумарството, шумската машинска опрема вградена на шасијата на возила за

земјоделска работа, менливата машинска оп­ рема што е потполно дигната од тлото кога возилото на која е закачена се употребува на пат, возилата кои привремено се увезуваат поради учество на натпревари, саеми и други приредби организирани во Република Македонија, при што привремениот увоз на овие возила може да трае најмногу 30 дена, возилата кои не се наменети за возење во сообраќајот на патиштата и кои не се реги­ стрираат, возилата кои се наменети исклучиво за натпреварувања и прототипните возила што се употребуваат на патиштата со одговорност на производителот поради извршување на посебни програми за испитување, под услов да биле планирани и изработени посебно за таа намена, се исклучени од овој процес и за нивниот увоз не е потребно да се изврши хомологација.


„Daimler“на индискиот пазар

Производство организирано директно кај купувачот На третиот по големина светски пазар на камиони, Daimler својата присутност ја обезбедува со нов производен погон од кој ќе излегуваат годишно по 70 илјади тешки камиони со носивост помеѓе 25 и 31 тон.

54

Година 4 • Квартал 1


Од почетокот на производството на својата фабрика во јужна Индија, што се случи мина­ тата година во септември, за првите сто дена од работењето се произведени 1.098 тешки камиони со носивост помеѓу 25 и 31 тон. Овој податок го изнесоа одговорните од Daimler како биланс од тримесечното работење орга­ низирано во новата фабрика во градот Ченаи. Фабриката е подигната на територија на ко­ ја се очекува жестока битка во делот на про­ дажба на тешкиот ка­ ми­ онски програм но истовремено и ка­ ко одговор на присут­на­ та кон­ку­ренција ко­ја владее на третиот по голе­­­мина светски па­ зар на тешки то­вар­ни возила. Моментно во овој сегмент, на ин­­­ди­ с­киот пазар до­ми­ни­ ра TATA со паза­ рен удел од 70%, до­ дека од останатите ета­бли­ ра­ни марки при­­сутни се и Ashok Leyland и

Eicher. Токму тоа се и главните кон­ку­­ренти од кои Daimler ќе се обиде да оттргне­што поголем дел од паза­ рот. Планови­те на гер­ ман­ ците одат во пра­ вец да до 2020 година, кога Индија ќе прера­ с­ не во втор нај­ голем по­т­ро­шувач на ками­ они во светот вед­наш после Кина, Daimler да се етаблира како еден од најсериозни­ те снабдувачи. Во првата година од производството, капа­ ци­тетот на фабриката изнесува 36 илјади во­ зила но веќе идната година од лентите на индискиот производен погон годишно би тре­ ба­ ло да излезат не помалку од 70 илјади еди­ници. Во 2011 година на индискиот пазар се пла­­ сирани 330 илјади камиони од тешкиот про­ грам, оттука и зголемениот интерес на произ­­в­о­дителите за присутност на овој ек­с­ тре­мно­го­лем и перспективен пазар.

Година 4 • Квартал 1

55


TATRA

ГОРДОСТА НА ЧЕШКА Tatra е еден од ретките производители на камиони кој не потекнува од запад­ ните земји, а има стекнато светска репутација.

56

Година 4 • Квартал 1


Ако за некои други бивши индустриски ими­ ња од социјализмот можеше да се каже дека станале светски познати со помош на до­ ми­ нацијата која им ја имаше обезбедено до­ го­ ворната економија во земјите од совет­ ската влијателна сфера, Tatra овој епитет го има зас­ лужено со своите конструктивни решенија. Чешкиот производител на камиони има тра­ диција која датира од 1850 година, кога во местото Копривнице, тогашен Неселсдорф, запо­чнале да се произведуваат пајтони. Одми­ нувањето на времето на Франц Јозеф и про­ мената на нијансите во раскошот на Виена доведува до свртување во производствената стратегија најпрво кон железницата, а потоа и кон патниот сообраќај. Во 1897 година во Копривнице е направен првиот автомобил, со што, после Daimler и Peugeot, оваа компанија станува третиот најстар автопроизводител во светот, а една година подоцна и првиот камион. Брилијантните идеи на конструкторите во де­ цениите што следат визионерски ја издигну­ ваат компанијата која тогаш, по блискиот пла­ нински масив во Словачка, го добива името Tatra. Иновативните технички решенија и про­ ширувањето на дејноста на други полиња (авто­ буси, тролејбуси, а кратко време и во ави­он­ ската индустрија), создадоа моќна база која и другите знаеја да ја искористат - слабо поз­нат е фактот дека за легендарната Буба на Volkswagen, конструирана од Фердинанд Порше, се употребени многу „позајмени“ тех­ нички и

дизајнерски решенија од автомобилите на Tatra. Обновувањето на производството после вто­рата светска војна како државно прет­при­ јатие ја враќа Tatra со заслуги стекнатите по­ зиции. Со уникатните конструкторски реше­ нија, како што се независното ослонување и воздушно ладените мотори, возилата на Tatra се закитуваат со репутација на екстремно издржливи, што Чесите го користат како насо­ ка за идната производствена стратегија и во 1971 година се посветуваат на тешките ками­ они, а новиот милениум го пречекуваат за­ фатени со возилата за специјална намена. Гамата на Tatra денес се состои од шест основни типа возила, во конфигурации од 4х4, 6х6, 8х8, 10х10 и 12х12, направени со страте­ шко партнерство со DAF и Paccar. И порано, и сега, камионите на Tatra ги имаат истите ка­ рак­ терни особености: голема носивост, уни­ вер­­зална употребливост, лесна подвижност и висока продуктивност, произлезени од издр­ жливата и ефикасна конструкција на компо­ нен­тите и возилата, кои со шесте победи на релито Париз-Дакар ја докажаа својата надмоќ над екстремните услови на експлоатација. Како компанија целосно е свртена кон по­ требите на крајниот корисник како во воениот, така и цивилниот сектор, со силен акцент на возилата специјализирани за одредени намени - градежништвото, рударството, шумарската индустрија, противпожарните служби… Година 4 • Квартал 1

57


Mercedes

UNIMOG

Пред 60 години, точно на 3 јуни 1951, првиот примерок на Unimog со ознаките на Mercedes Benz се симна од производствената линија во фабриката во Гагенау. Со своите извонредни оф-роуд способности и неверојатната прила­ год­ливост за секаков вид работа, универзалниот мото-уред, како што всушност звучи преводот на неговиот полн оригинален назив UNIversalMOtor-Gerät, претставува единствен концепт на возило развиено изворно за унапредување на земјоделието во повоена Германија. Unimog со своите повеќенаменски особености требаше да им овозможи на фармерите со едно во­зи­ло да ги задоволат сите свои потреби - на нива, во шума, или на пат, сеедно. Заради тоа, оригиналниот модел имаше траги на трка­

58

Година 4 • Квартал 1

лата широки точно 1.270 mm, односно колку два реда компиров насад. Производството на Unimog започна кон крајот на 1947 година, кога Daimler го заврши развојот на сво­ јот OM636 дизел мотор со 25 KS, но во погоните на Boehringer, бидејќи во тоа време сојузничките окупа­ торски сили на Mercedes Benz не му дозволуваа да произведува возила со погон на сите тркала. Заради тоа, се смета дека вистинскиот живот на Unimog започна по обновувањето на разрушената фабрика во Гагенау во 1951 година, датум кој Daimler ги одбележува како јубилеен за Unimog. По повод 60-годишнината од тоа, на основа на шасијата на најголемиот модел од серијата U 5000 беше креиран славенички прототип со футуристички, но и помалку застрашувачки изглед на голем инсект подготвен да го зграпчи својот плен. Колку со него се навестува иднината на екстракорисното возило тешко е да се каже, но во секој случај Unimog заслужува да му се даде посебно место и во историјата, и во иднината, за што најдобро ќе посведочат повеќе од 300-те илјади негови купувачи во текот на овие шест децении.




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.