5 minute read

Дали луѓето се уште посетувааат библиотеки?

Тврдењата кажуваат дека веќе никој не ги посетува библиотеките во Скопје. Дали е ова вистината или само бесрамен и провокативен обид на постарата генерација да ги дискредитираат новодојдените на библиотечната сцена? Дали новата генерација навистина не ги посетува веќе библиотеките? И уште поважно: од каде ги добиваат нивните книги ако не од библиотеки?

За истражувачки цели собрав група на пријатели-која може да се дефинира како повеќе од 1 а помалку од 5-да има претставник за пресек за половина милион жители на Скопје. Од кои луѓе под 30 веројатно исполнуваат 30% од популацијата – така да ќе користиме од 1 до 5 примерока од грубо 150000 луѓе на возраст од 0 до 30 години- како што напоменав,претставници. Групата на претставници, сите растени во Скопје, сите со образование во Скопје повеќе или помалку, именуваа едно големо заедничко нешто: тие не ги земаат нивните лични книги во библиотеки. Изненадување! Иако сите тврдеа дека ги посетуваат библиотеките регуларно.

Advertisement

Она што би можело да звучи чудно има едноставна причина: тие се студенти. Тие библиотеката ја гледаат како “место во кое може да се концентрираат” што доаѓа од тоа дека “тивката атмосфера е добра атмосфера за учење”. Ова е веќе познат концепт. Демографијата на библиотеките се менувала во текот на годините. Она што било место за позајмување книги полека но сигурно станало место каде луѓето сакаат да си го поминуваат времето. Сесиите за учење, настаните, работилниците и слично добија популарност низ годините. Еден труд од САД го сумира тоа: “(…) Заедниците во САД ги користат овие простори за локални програми сѐ повеќе и повеќе. Со приближно 6 милиони програми за деца, млади и луѓе од сите возрасти, кои се одржуваат во библиотеките, еден од 10 луѓе кои моментално посетува библиотека го прави тоа за да присуствуваат на локална програма”. Ова совршено ги опишува промените кои се случуваат низ светот, библиотеките исполнуваат повеќе социјална функција од порано. Наместо тивок простор, кој постарите го знаат од нивната младост, библиотеките станаа вивидни, по разнобојни, различни-во нив луѓето се зближуваат, споделуваат и дискутираат едни со други. Може да се каже дека библиотеките ги рефлектираат социјалните промени. Но како да не бидат дом на 100 години долготрајни академски и социјални постигнувања?

Па од каде младите ги земаат нивните лични книги ако не од библиотека и зошто? Од една страна, многу луѓе сакаат да ги изложуваат нивните книгу дома, да ги прават дел од инвентарот. Еден од интервјуираните ми го објасни тоа: “главната причина поради која не одам во библиотеките е идејата за имање обзир каде припаѓа книгата, па затоа најчесто ги купувам книгите од продавница или кога има саем на книга. Можам да ги имам во мојата соба и да ги ставам на полица каде може да ги гледам”. Многу луѓе се колекционери на книги како серијата книги Хари Потер од сентиментални причини или на ист начин како што луѓе собираат кристали или поштенски марки. Од друга страна, ми беше кажано за доживувањето на книга. Мирисот, како твојата книга се чувствува и дека можеш да пишуваш, црташ или подвлекуваш во неа. Ја користиш поинаку, и доживувањето е поинакво. Иако мојата пријателка се согласува дека таа преферира да купува книги во продавница, библиотеките се практични ако сакаш да позајмиш училишни книгу, книги на други јазици или некои многу специфични книги кои не би ги допреле пак: “Изнајмував книги само за училишни цели за на пример, книгите што се бараа во училиште не сакав да ги имам на полица. Ги мразев тие книги”. Ова исто така додава вредност на чинот на купување книги-кога сакате книги ги купувате и изложувате, кога не сакате ги позајмувате и ги враќате. Генерално, групата купива книги во продавници како Академска, Култура или ТРИ.

Некои дури на бензински станици или додека патуваат кога нешто ќе ги заинтересира-што додава уште еден фактор. Купувањето книги е подостапно од активното одлучување да се оди во библиотека, да се помине време таму, да се позјами книгата и да се врати-може да биде попрактично. Библиотеките имаат генерално одбивање низ светот,иако се чини дека млсдите луѓе сѐ уште ги посетуваат, пример е Обединетото Кралство, каде повеќе од четвртина од околу 800 јавни библиотеки биле затворени во изминатите 10 години. Дури и да се земе во обзир дека библиотеките се користат на различен начин денес, ова е сепак казниво.

Мирисот, како твојата книга " Библиотеките се навистина одличен начин да се поттикне писменоста на децата, овозможувајќи им на возрасните лекција за зближување се чувствува и на заедниците. За да се сумира на наједноставен начин: тие се одличен дека можеш да извор на знаење достапен за секого пишуваш, црташ во јавноста. И повеќе од тоа, тие се добри за животната средина преку или подвлекуваш читањето на стотици, илјадници книги. во неа. Иако младите луѓе сѐ уште многу ги посетуваат библиотеките, бројките кажуваат друго. Библиотеките негираат дека ние сме одговорни да го превенираме тоа. Затоа следен оат наместо да купите нива книга,моѓеби позајмете ја од American Corner или најблиската библиотека. Оставете ги постарите луѓе да се во право и поддржувајте го еден од најважните делови на сњкиј процес на учење. Позајмете си книга.

Мари Кил