2 minute read

Жив музеj на коли

Сирење, ајвар, тавче-гравче, ракија, ќебап, шопска салата, прекрасна природа, сонце и неверојатен амбиент создаден од луѓе-ова се само некои од првите асоцијации кои ги имам во глава за Македонија. Верувам дека најголем дел од луѓето што ја посетиле оваа држава барем еднаш во животот, ќе го кажат истото. Како волонтер во Европскиот солидарен корпус, живеам во Скопје речиси 5 месеци. Сосема доволно време да се навикнам на секојдневниот живот. После долго време, тешко е да се биде изненаден од било што.

...Но не и тука!!

Advertisement

Cекој ден гледам нови работи и искусувам различни ситуации кои здодевноста ја прават невозможна. Автомобилите се една од тие работи. И можеби Македонците не обрнуваат многу внимание на нив, затоа што им се вообичаени. Но, за туристите е природна атракција која може да врати многу спомени.

Во многу држави, колите кои биле произведени во Југолавија, како на пример „Југо“, „Застава“ и „Фиќо“, и оние произведени во другите делови на Европа, како постари модели на „Шкода“ или „Фиат“, можат само да се видат во музеите. Во Македонија ги гледам секој ден. На многу места, заборавени, напуштени во дворови, тие се бисери за колекционери кои се подготвени да платат големи суми за да добијат одредени модели, при што тие се дури во возна состојба со штого прават шетањето по скопските улици како враќање во времето. Како што нашата облека често ја рефлектира нашата личност, така се и колите. Многу сопственици на стари автомобили го ценат духот на времето. Климата, исто така, е надополнета од двокатните црвени автобуси, кои ги има сè помалку и помалку. Сето ова ја прави Македонија идеално место за луѓе кои сакаат да го почувствуваат амбиентот на 90-тите, не само преку колите туку и преку посткомунистичките, модернистички и бруталистички згради. Забавен факт: „Југо“ е српски бренд на патнички коли произведен во Крагуевац во поранешна Југославија од 1984 година. Оваа фабрика била основана во 1953.

Претходно била користена за воена опрема. Од 1954, фабриката произведувала коли под лиценцата на „Фиат-Застава“. Најпопуларните модели на „Застава“ биле – 1100, кои биле достапни и во FSO фабриката во Зеран. За возврат, Југославија добила „Фиат 125р“, кој бил наречен „Застава 125pz“. Во 1980, според „Фиат 127“ била создадена „Застава Југо“, уште познато како „Југо Корал“.

Каспер Крол

Преведувач: Мартина Даниловска

Извори: Auto Swiat: Yugo