7 minute read

Од САД во Македонија: зошто семејството Стед дојде да волонтира во Скопје

Од САД во Македонија: зошто семејството Стед дојде да волонтира во Скопје

Advertisement

За пензионираната брачната двојка од Северна Америка и нивнитее две малтешки пудли - патувањето е нешто сосема вообичаено. После пет години поминати на Бахами, сопружниците се одлучија да се преселат во Скопје, Македонија. Едвард Стед и Елен Рајт-Стед се надеваат дека ќе можат да пружат помош во туѓа земја додека уживаат во пејзажот и историјата на регионот.

Поттикот за волонтирање ги следи и двајцата речиси цел живот. Списокот со места каде што имаат живеено и волонтирано сè уште расте, па така Едвард Стед и Елен Рајт-Стед го надополнија со нова локација – Македонија. По преселувањето на различни места во САД, како и селењето на островите Туркс и Кајкос, на Бахами, што беше остварување на нивниот сон пред шест месеци, пензионираниот брачен пар од Северна Америка одлучи да се пресели во Скопје. Нивниот список со задачи се состои и од патување во регионот и запознавање со неговата историја.

Кога се запрашаа самите себе „што сакаме да правиме понатаму“, преселувањето во Македонија на 9 илјади километри од убавиот остров не беше типичен одговор. „Патуваме на дестинации без некаква особена причина“, објаснува Елен Рајт-Стед за „Воисес“. „Ние само истражуваме, а ако не ни се допадне - тука е авионот“, вели таа со кренати рамења. Едвард со климање потврдува дека ова селење е дел од идејата за проширување на нивните хоризонти. „Дојдовме тука и ни се допадна. Доколку по некое време престане да ни се допаѓа, најверојатно ќе одиме на друго место и ќе се обидеме нешто друго – како што човек старее, тоа станува сè потешко“, истакнува поранешниот полицаец.

И покрај тоа што признаваат дека селењето е прилично стресно, со сиот багаж и двете мали малтешки пудли, се чини дека сопружниците, во брак веќе 25 години, се среќни во својот нов дом. Благодарение на нивната отвореност и желба за откривање нови нешта, се преселија на многу места без притоа да се чувствуваат заробено како и донесоа нетипични одлуки во повеќе наврати – на пример одлуката да се венчаат шест месеци откако се запознале на рандеву на слепо.

Тие дознаа за Македонија откако синот на Елен се омажи за Македонка пред четири години. Од тогаш, семејството Стед продолжи еднаш годишно да ја посетува Македонија и тие се почувствуваа дека се добредојдени овде. „Тие дури и не живеат веќе тука“, вели Елен, смеејќи се, „но, местово е толку убаво, автентично, гостопримливо и со семејни вредности... го сакаме, навистина“. „Навистина ми се допаѓа храната“, признава Едвард со насмевка, додека едното од кутрињата седи на неговиот скут. „Јас инсистирав малку повеќе од Елен да дојдеме во Македонија, бидејќи сакав да ја искористам како база за патување – на пример би можеле да отидеме во Турција на една или две недели, да ги посетиме Кипар, Малта, а, ова е навистина добра база“, објаснува Едвард.

дека ќе може некако да „возврати“. „Во Америка ние активно се занимаваме со волонтирање, тоа е некако очекувано“, вели Едвард. Њујорчанецот волонтира целиот свој живот – почнувајќи од американската извидничка организација, па сè до фондацијата 11-99 во рамките на California Highway Patrol (државна полиција на Калифорнија – CHP) додека работеше како полицаец. Покрај организацијата чија цел е помагање на вработените во CHP како и на нивните фамилиии („11-99“ е радио кодот за „на полицаецот му треба помош“), Стед исто така им посвети голем дел од своето време на „школите, инвалидните деца“ бидејќи полицијата каде што има работено околу 20 години, спроведува волонтерски активности како институција.

„Дури и кога си млад се очекува од тебе да помогнеш кога можеш“, објаснува Едвард. „И, да, Американците можат да бидат многу себични и тие снимаат многу филмови за тоа, но, дури и себичните луѓе донираат. Тие можеби се себични во поглед на нивното време, но, тие, на пример, донираат парични средства, доколку се во можност. Сепак, на крајот се воспоставува некаква рамнотежа: помагаш колку што можеш, во моментот кога си во можност да го сториш тоа“, заклучува тој. За многу луѓе е вообичаено да волонтираат откако ќе се пензионираат, бидејќи имаат повеќе време што би можеле да го посветат – Стед го има примерот на татко му кој откако се пензионирал работел дури и многу повеќе од порано, бидејќи волонтирал секој ден.

Најголем дел од волонтерските активности во кои учествуваше Елен беа токму по нејзиното дипломирање – соработуваше со болницата Св. Јосиф, фондацијата Ladybug како и многу други организации во Њу Џерси. Работејќи 35 години како шеф во кујна, таа се фокусираше на волонтирањето откако се пензионира – поконкретно во Provo Children’s Home на островите Туркс и Кајкос преку „собирање и дистрибуирање храна како и готвење“. Едвард ги посочува и „групните домови за бездомните деца кои Елен ги посетуваше, носејќи им кошници со храна, големи колачиња и слатки за Ноќта на вештерките.“

„Исто така, се обидовме да ги орасположиме децата за празниците“, додава Елен. „Затоа што немаа каде да одат. Понекогаш, тие ќе ни речат ’би сакале ли да згрижите едно дете на утрото на Божиќ?ʻ и јас си помислив ʻсамо за божиќното утро? Колку е тажно, а да биде цела недела?ʻ, вели со широка насмевка. „Ќе организираме голема прослава за Ноќта на вештерките, и тие би можеле да ни се придружат. Тогаш јас ќе нарачам бонбони и големи штангли чоколадо, така што децата би биле воодушевени“, раскажува со љубов.

Луѓето ја посетуваат Венеција поради каналите, го посетуваат Париз поради Ајфеловата кула, па така, луѓето можат да дојдат во Македонија бидејќи Скопје поседува занимлива орнаментика што не секој Македонец би можел да ја разбере од туристички аспект.

Едвард Стед

Северно-американец кој живее во Скопје Но храната не беше единственото нешто во фокус. За децата да ја почувствуваат божиќната атмосфера и налето, Елен би донирала облека и би им купила одредени производи особено на девојчињата. Поради тоа, секогаш кога ќе слушнеше како некој од вработените во авионската компанија и’ вели „Вашиот багаж е со прекумерна тежина“, не беше ништо ново – таа само ќе воздивнеше и ќе речеше „добро, колку ќе ме чини?“. „Не ми е гајле колку ќе ме чини бидејќи тие работи не се за мене туку за децата“, вели Елен.

Сега откако се пензионираа и (повторно) се најдоа во друга земја, нивната желба да помогнат и понатаму е присутна. Поради тоа тие го пронајдоа Волонтерскиот Центар Скопје. „Волонтерите кои ги сретнавме се навистина посветени на волонтирањето“, коментира Едвард во поглед на добриот впечаток што го добиле од луѓето. „Ги викаме армија“, смеејќи се, признава Елен. „Исто така, ВЦС постои околу 15 години – и се чини дека е навистина голема организација“, вели Едвард кој претпочита постари и постабилни организации бидејќи „вообичаено, тие се малку подобро организирани“. Неговата сопруга се согласува. „Во САД има многу добротворни организации каде понекогаш донираш пари и не знаеш каде завршуваат. Сметаме дека организацијата е доста искусна, па затоа помисливме дека би било супер да помогнеме“, надополнува Елен. „Ќе помогнеме колку што можеме. Понекогаш ќе биде преку донирање училишен прибор, преку соработка со ’Воисес’, понекогаш пак, јас ќе помагам во поставувањето на штандовите“, набројува Едвард. Елен го дополнува со клучниот збор: разноликост. „Ќе ја одржуваме разноликоста бидејќи мислам дека ние сме ʻзрелиʻ сега, не го користиме ʻпостариотʻ збор“, вели таа, смеејќи се, „така што, можеме да понудиме разновидни нешта“.

Освен луѓето, парот гледа со ентузијазам и кон самиот град – особено Едвард. „Ми се допаѓаат скулптурите“, признава тој. И уличните кучиња им го привлекоа вниманието на сопружниците. „Тие изгледаат здраво“, вели Елен. „Таму од каде што дојдовме може да се видат кучиња како гладуваат до смрт“, споделува Едвард. Урбаниот пејзаж е уште еден плус. „Знам дека како што лека-полека ги обновуваат зградите, се губи нивниот стар изглед, и тоа ми се чини интересно. Зградите ја отелотворуваат историјата“, објаснува Едвард. „Луѓето ја посетуваат Венеција поради каналите, го посетуваат Париз поради Ајфеловата кула, па така, луѓето можат да дојдат во Македонија бидејќи Скопје поседува занимлива орнаментика што не секој Македонец би можел да ја разбере од туристички аспект“, заклучува тој. Двојката има совет за луѓето кои се двоумат дали да ја посетат Македонија – „дојдете и поминете тука некое време“, „нема да бидете разочарани“.

Едвард, исто така, ги поттикнува македонските невладини организации да соработуваат повеќе со американските бидејќи „многумина би дошле овде да волонтираат“. Додека тие беа на пазарување, сопружниците сретнаа дури и американска двојка што волонтираше во Косово. „Тие сега живеат на еден час растојание од Скопје, во мал град и тукушто почнаа мал бизнис со локалното население“, вели Стед. „Помисливме ʻнели би било супер да вклучиме повеќе Американци, луѓе на наша возраст, бидејќи ние патуваме и со месеци понекогаш, такви работиʻ “, се прашува Елен возбудена. „Ние уживаме во сето ова, а и кучињата исто така, мислам дека ќе имаме убав престој и се надевам дека можеме навистина да помогнеме и да организираме нешто добро преку волонтирањето“, радосно заклучува Елен.

Руте Кардосо

Превод: Кристина Стаменова