Случките на Ениса

Page 1

Случките на Ениса



СЛУЧКИТЕ НА ЕНИСА


Сликовницата е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во рамките на програмата „Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, финансиранa од Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада во Скопје.


СЛУЧКИТЕ НА ЕНИСА Автор на текстот: Филипина Негриевска Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска


Е

ниса престана да излегува на игралиштето секоја среда и петок. Многу сака да учи англиски јазик и татко ѝ ја запиша на курс во едно училиште. Првиот ден, кога беше на англиски, многу ѝ беше убаво и на сите им раскажа што научила. Но, веќе по вториот час беше некако тажна и нерасположена. Наредната среда се врати многу несреќна и го замоли татко ѝ да ја отпише. Чичко Рамадан беше многу изненаден и сакаше да дознае што се случило, па ја праша Ениса да му каже зошто не сака да оди повеќе на англиски. Ениса почна уште посилно да плаче и само повторуваше дека не сака и го молеше да не ја тера да оди. Чичко Рамадан гледаше дека Ениса е тажна и многу му беше тешко што толку страда. Си помисли дека нешто се случило со наставничката, но Ениса рече дека е многу добра. Потоа, чичко Рамадан ја праша дали се скарала со некое дете, на што Ениса почна да вика дека не се скарала, а дека сепак не разбира зошто никој не ја сака и сите ја избегнуваат. Чичко Рамадан со многу топлина ја прегрна и ѝ рече: „Оооо, изгледа дека тоа многу те навредило”.

4


5


Е

ниса го гушна уште посилно и почна да раскажува што се случило на часот по англиски: „Да, многу. Кога наставничката излезе на кратко, Иван, детето што седеше до мене, почна да ми вика: `Не сакам да седам до тебе! Бегај од мене, Циганко! Ќе фатам вошки од тебе!’ “ Чичко Рамадан нежно ја погали по косата и ѝ кажа дека сега сфаќа што ја навредило и дека не е фер за луѓето да се зборува и да се мисли нешто без да се запознаат. Тој сакаше да ѝ помогне да продолжи со часовите по англиски и ѝ рече: „Но, не би сакал да се откажеш од англиски само зашто Иван не се однесува фер со тебе. Сакаш ли да дојдам наредниот пат со тебе на англиски и да поразговараме со сите деца за Ромите, за тоа како треба, а како не треба да ги нарекуваат, и што е важно за другарувањето?“

6


7


Е

ниса ги избриша солзите и со радост се согласи со предлогот на татко ѝ, па се смири и излезе надвор да си поигра со другарите. Со нив се чувствуваше многу убаво. Тие секогаш заедно си играа, не ја навредуваа затоа што е Ромка, а еднаш, кога Марко фати вошки, сите се заразија, па мораше да се мијат со едни многу смрдливи шампони. Ама тоа беше одамна. Луан, штом ја здогледа Ениса како доаѓа, веднаш се затрча кон неа и ја праша: „Каде си досега Ениса? Имавме еден проблем тука и сѐ уште не можеме да го решиме!“ Марко радосно извика: „Спасени сме! Ениса дојде. Ајде, бргу помагај! Дојде тука едно дете, дете на пријатели на родителите на Луан и знае само англиски да зборува, а ние само хелоу (Hello) и толку!“ Ана ѝ рече дека успеале да се разберат како се викаат, ама дека не знаат како да му објаснат дека ќе играат криенка. Ениса беше среќна што може да помогне и накратко му објасни на детето на англиски како се игра криенка и потоа сите заедно си играа.

8


9


Н

аредниот ден таткото отиде на англиски заедно со Ениса. Ја замоли наставничката да му дозволи да поразговара малку со децата, да се претстави себеси и ќерка си Ениса, а потоа сите заедно да поразговараат за Ромите. Чичко Рамадан ги поздрави децата со весел глас: „ Здраво деца, јас сум Рамадан, таткото на Ениса. Ениса многу сака да оди на англиски за да научи повеќе, а и за да се дружи со вас. За да се дружат, децата мора малку и да се запознаат, нели? Вие не ја познавате Ениса ниту пак Ениса ве знае вас”. Иван, кога слушна кој е тој човек, многу се исплаши. Си помисли дека сега ќе го искара пред сите.

10


11


„С

акам да ви кажам нешто повеќе за нас. Ениса, јас и нејзината мајка сме Роми. Повеќето Роми имаат потемна боја на кожата и во повеќето работи се исти како и другите луѓе. И кај Ромите има побогати и посиромашни, има добри и помалку добри. Некои од нив помагаат, а некои поткраднуваат. Меѓу нив има и такви кои се доктори, наставници, но, за жал, има и многу Роми што живеат во лоши услови, што немаат работа, немаат пари, па затоа живеат во сиромашни куќи... некои Роми, а и некои Македонци и Албанци, се толку сиромашни што живеат на улица и за да си купат јадење и облека треба да ги молат луѓето да им дадат храна или сами да бараат по отпадоци. Јас сум лекар и сакам да ви кажам дека многу е важно сите деца да одат на места каде што е чисто и топло, да јадат здрава храна и да одат во училиште каде ќе можат да научат работи што се важни во животот. Сите треба да им помагаме на децата кои се сиромашни. Секој, онака како што може. Возрасните може да помагаат на разни начини, со пари, со помош во градење куќи, со лекови, децата со подарување играчки и облека што не ја користат повеќе, а најмногу самите деца ќе си помогнат со учење. Да, да, многу е важно децата да учат што повеќе за да може да знаат самите како да се грижат за себе и за другите. Затоа е супер што сѐ повеќе деца Роми одат во градинка, па потоа во училиште”.

12


13


с

ите деца внимателно го слушаа чичко Рамадан, а кога заврши, Лејла, девојчето што седеше во последната клупа, сакаше да знае зошто се викаат Роми и дека таа првпат тука го слушнала тој збор. Чичко Рамадан се насмевна и ѝ кажа дека на ромски јазик зборот Ром значи 'човек' и дека тоа е нивното име. Ромите сакаат така да ги нарекуваат. Потоа, таткото на Ениса си отиде, а Ениса остана на часот и си седна во својата клупа. Иван беше многу тивок, а при крајот на часот ѝ подаде едно писменце на кое пишуваше ИЗВИНИ. Ениса го прочита и му намигна на Иван.

14


15


Издавач: УНИЦЕФ За издавачот: Нора Шабани Уредник: Виолета Петроска-Бешка Автор на текстот: Филипина Негриевска Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска Дизајн: КОМА CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) НЕГРИЕВСКА, Филипина Случките на Ениса / [автор на текстот Филипина Негриевска ; илустратор Румена Најчевска]. - Скопје : Канцеларија на УНИЦЕФ, 2015. - 20 стр. : илустр. ; 27x22 см. - (Дружината МЕЛА) ISBN 978-9989-116-77-3 (едиција) ISBN 978-608-4787-02-0 1. Најчевска, Румена [илустратор] COBISS.MK-ID 98860042

Сите права за издавање на оваа сликовница ги задржува @ УНИЦЕФ 2015


Сите сликовници за дружината МЕЛА Дружината МЕЛА

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

МАРКО ВО КОЛИЧКА

Јазикот на Сара

Дедото што беше слеп

Училиштен натпревар

Различни семејства

Различни јазици

И за девојчиња, и за момчиња

ПЕПЕЛАШКО

андреј и мачето

Свадба

Случките на Ениса

Петар Пан

Бајрам

Ѓурѓовден

Велигден

Игра на сенки

Меурчиња од сапуница



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.