Aндреј и мачето

Page 1

андреј и мачето



андреј и мачето


Сликовницата е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во рамките на програмата „Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, финансиранa од Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада во Скопје.


андреј и мачето Автор на текстот: Филипина Негриевска Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска


Н

а игралиштето пред зградата другарите од дружината МЕЛА, како што си ја нарекуваа децата според првите букви од своите имиња, си играа заедно градејќи живеалиште за мачето што го најдоа во дворот одзади. Ана го спаси мачето од едно дрво на кое беше качено и не можеше да се симне, а потоа веднаш го однесе кај другарите. „Види Луан, најдов маче!!! Ајде да го чуваме, да биде наше маче!“ – рече Ана. На тоа, Луан одговори: „Ајде, ајде, и јас многу сакам мачки. Ќе му направиме место за живеење таму кај цвеќињата, на крајот од дворот. Одам да земам суви гранки и листови”. Ениса, со мудар тон, им се обрати: „Внимавајте, ако заврне, мачето ќе ни накисне. Треба и нешто тврдо одозгора да ставиме, нешто што не пропушта вода за да биде покрив на куќичката. Може да најдеме од некаде штици од стара ограда и од нив да го направиме покривот”. На предлогот се придружи и Марко, вадејќи ги боичките од под количката: „Супер идеја, а јас ќе ја украсам и ќе ги обојам куќичката и чинијата за млеко!“

4


55


Д

одека децата се договараат кој што ќе прави, не ни забележаа дека стои едно дете блиску до нив и внимателно ги слуша и ги гледа. Андреј, така се викаше детето, е облечен во постара и подискината облека, а во рацете држеше една дупната топка. И тој сакаше да се вклучи во играта и полека им се приближуваше. Прва го здогледа Ана и веднаш рече: „Леле, види го оној, просјакон. Ќе дојде и ќе ни го украде мачето. Да не го пуштиме да ни се придружи!“ Детето продолжи да оди и кога стаса блиску до нив, тивко ги праша: „Може и јас да правам куќичка за мачето?“

6


77


Л

уан накратко ја заврти глава бидејќи беше многу занесен во расчистувањето на местото за живеење на мачето и само кратко му рече: „Не може, ај оди си, не ни пречи!“ Марко ја боеше куќичката и воопшто не го слушна Андреј. Ениса молчеше и неколку пати погледна де во својата нова облека де во неговата стара облека и на крај му сврти грб. Андреј ја наведна главата и си замина. Следното утро децата, кога излегоа пред зграда, се упатија веднаш кон живеалиштето на мачето и беа многу разочарани кога видоа дека го нема, а Ениса дури почна и да плаче.

8


99


Т

огаш го видоа Андреј со мачето во рака како трча кон нив. Ана веднаш почна да вика: „Крадец еден, веднаш да ни го вратиш мачето!“ Андреј збунето застана и рече: „Не сум крадец, јас ви го враќам мачето. Тоа беше качено на едно дрво и тажно мјаукаше, па јас се качив на дрвото и го спасив. Еве, сега ви го враќам“, и му го подаде на Марко.

10


11 11


А

на многу се засрами за тоа што неправедно го обвини Андреј дека е крадец само заради тоа што ѝ изгледаше по облеката и по топката дека е сиромашен и веднаш му се извини. „Извини Андреј, не си крадец. И ти си сакал мачиња. А сакаш и да се качуваш по дрвја? И јас многу сакам да се качувам! Сакаш заедно да се качуваме? Има едно дрво онаму и на него ми дозволуваат да се качам. Ајде да видиме кој прв ќе се качи до врвот?“ „Ајде!“ – рече Андреј и двајцата бргу се стрчаа кон дрвото.

12


1313


Д

ругите деца останаа со мачето и си зборуваа дека воопшто не било фер што не го пуштиле Андреј со нив да го чува мачето и дека, кога ќе се врати, ќе го прашаат што сака да си игра за да го вклучат и него во игрите. Луан се сети дека претходниот ден Андреј имаше топка во рацете и предложи да го прашаат дали сака да игра кошарка или фудбал со нив. Марко се согласи со неговиот предлог и додаде: „А, можеби сака да бои. Ќе го прашам, па може да ја обоиме куќичката заедно”. Ениса малку се подзамисли, па рече: „А јас ќе ја прашам мама дали може Андреј да дојде кај мене за да ја види смалената облека од братучед ми. Ние секогаш ја подаруваме таа облека или на помалите деца на некои пријатели или ги носиме во Црвена полумесечина или во Црвен крст. Овој пат Андреј може сам да си одбере облека од кај нас, ако сака”.

14


15


Издавач: УНИЦЕФ За издавачот: Нора Шабани Уредник: Виолета Петроска-Бешка Автор на текстот: Филипина Негриевска Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска Дизајн: КОМА CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) НЕГРИЕВСКА, Филипина Андреј и мачето / [автор на текстот Филипина Негриевска ; илустратор Румена Најчевска]. - Скопје : Канцеларија на УНИЦЕФ, 2015. - 20 стр. : илустр. ; 27x22 см. - (Дружината МЕЛA) ISBN 978-9989-116-77-3 (едиција) ISBN 978-9989-116-98-8 1. Најчевска, Румена [илустратор] COBISS.MK-ID 98850826

Сите права за издавање на оваа сликовница ги задржува @ УНИЦЕФ 2015


Сите сликовници за дружината МЕЛА Дружината МЕЛА

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

МАРКО ВО КОЛИЧКА

Јазикот на Сара

Дедото што беше слеп

Училиштен натпревар

Различни семејства

Различни јазици

И за девојчиња, и за момчиња

ПЕПЕЛАШКО

андреј и мачето

Свадба

Случките на Ениса

Петар Пан

Бајрам

Ѓурѓовден

Велигден

Игра на сенки

Меурчиња од сапуница



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.