Page 1

Студентски Прирачник


Драги студенти, Вие направивте одличен избор приклучувајќи му се на нашиот Универзитет. Ве уверувам во име на сите вработени дека ќе направиме се што можеме за да добиете најдобри информации, знаења и вештини во различните области на студирање. Во наредниве години нашите доброопремени простории ќе Ви бидат на располагање помагајќи Ви да добиете се што Ви треба за Вашата идна кариера, како и да се вклучите во нашата заедница. Сите услови за успех се на дофат. Вашиот личен успех е и наш, како институција, но и како интелектуална заедница. Заедно, да ги здружиме силите и да тргнеме по правиот пат и да работиме ефективно. Добре дојдовте на Универзитетот Американ Колеџ Скопје! Марјан Бојаџиев Ректор на УАКС

02 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


Содржина 1. 1.1

7. 7.1

Посебен режим Стекнување на диплома

1.2 1.3 1.4 1.5 1.6

Факултети Факултет за деловна економија и организациони науки Факултет за архитектура и дизајн Факултет за компјутерска техника и информатика Факултет за политички науки Факултет за странски јазици Факултет за правни науки

8.

Посебни одредби за плагијат

9.

Почитување на правилата на универзитетот

10.

Процедури за добивање екстра кредити

2. 2.1. 2.2. 2.3. 2.4.

Општи услови и правила на студирање Регистрација на предмети Организација на настава Кредити според ЕКТС и академски кредит Признавање кредити

11. 11.1. 11.2. 11.3.

Стипендии Вид на стипендии Стипендии за успешни студенти Економски-социјални стипендии

3. 3.1. 3.1.1. 3.1.2

Предмет на оценување Начин на оценување Што ако студентот не положи предмет? Што ако студентот не положи предмет и во дополнителната сесија? 3.1.3 Што ако студентот има голем број изостаноци? 3.2. Траење на студиите 3.3. Статус студент 3.4. Права на студентот 4. 4.1.

Прекин на студии Мирување студии

5.

Полагање испит

6. 6.1 6.2 6.3 6.4.

Приговори Приговор од (вербален) неформален карактер Приговор од формален карактер Приговор поради оценка Административна поддршка

12. Издавање документи на студенти 12.1. Видови документи кои ги издава Универзитетот 12.2. Издавање на документи за завршени студии 13.

Kодекс на Етика на Студентите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

14.

Администрација на Универзитетот

15.

Академски кадар и визитинг професори на универзитетот

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 03


Мисија Универзитетот Американ Колеџ Скопје е основан поаѓајќи од сфаќањето дека сите луѓе се збогатуваат со образование. ·УАКС се смета себе си за Универзитет од трета генерација – Универзитет кој што не зависи од поддршка од државата, наставата се одржува претежно на англиски јазик, и кој што работи на регионалниот или глобалниот пазар; ·Работењето на УАКС се води според 3И принципи: ·Интернационален наставен кадар; ·Интернационалени студенти; ·Интернационални наставни програми, учебници и наставни помагала. ·УАКС се стреми да обезбеди квалитет во високото образование со комбинирање на најдобрите европски и американски образовни стандарди ·УАКС силно поддржува партиципативно учење, учење преку практична работа, стажирање, учество на визитинг предавачи од бизнис заедницата и други форми на настава кои што ги поврзуваат студентите со ситуации од реалниот живот. УАКС верува дека тоа е најдобриот начин студентите да се подготват за предизвиците на реалниот свет, особено на додипломски студии.

04 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


Визија, Вредности Ad destinatum persequor! УАКС се стреми: ·Да стане лидер во високото образование во регионот и да промовира добра пракса и соработка со другите образовни институции, ·Да учествува во новата Европска област на високо образование (European Higher Education Area - EHEA) и Европската област на истражување (European Research Area - ERA), Вредности Покрај професионалната стручност, Универзитетот ги поттикнува своите дипломирани студенти да ја практикуваат својата професија колку е можно повеќе, но и никогаш да не ги заборават нивните најголеми обврски кон нивните семејства, професии и колеги и колешки во нивните заедници со тоа што ќе станат ефективни лидери и граѓани кои што даваат свој придонес. УАКС негува и се залага за: ·Професионален и личен развој и напредок на членовите на УАКС семејството, така што тие ќе можат да го поттикнат професионалниот и личниот развој на студентите на УАКС и ќе можат да развиваат подобри организации и со тоа да создадат подобро општество ·УАКС ги поддржува оние кои што немаат доволно финансиски средства и ги поттикнува своите студенти и вработени истите да ги поддржуваат. ·Квалитетното образование е нашиот највисок приоритет!

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 05


1. Факултети Врз основа на член 33, став 2 од Законот за високо образование („Службен весник на РМ“ бр. 35/2008 ) и врз основа на донесеното Решение за прифаќање и акредитација на проектот за основање приватна високообразовна установа- универзитет со следниве факултети: a) Факултет за деловна економија и организациони науки · Менаџмент · Маркетинг · Финансии б) Факултет за архитектура и дизајн · Архитектура · Архитектура и менаџмент · Внатрешна архитектура · Визуелни уметности в) Факултет за компјутерска техника и информатика · Софтверско инженерство · ИТ менаџмент · Менаџмент на информациони системи (МИС) г) Факултет за политички науки · Меѓународни односи и дипломатија и бизнис · Меѓународни односи и дипломатија · Човекови права д) Факултет за странски јазици · Настава по англиски јазик со бизнис · Настава по англиски јазик · Деловна комуникација и превод на англиски јазик ѓ) Факултет за правни науки · Правосудна насока · Деловно право Универзитет Американ Колеџ Скопје е регистриран под број Сл. 12 1266/5 од 25.7.2006 година од страна на Одборот за акредитација на високото образование на Република Македонија. 06 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


2. Општи услови и правила на студирање 2.1. Регистрација на предмети · Пред започнувањето на семестарот, во рокот за регистрација на предмети, студентот е должен да избере и да регистрира предмети што ќе ги слуша во тој семестар. Студентот што ќе регистрира предмети по истекот на рокот за регистрирање предмети е должен да плати надомест во согласност со Правилникот за надоместоци. · Студентот не може да регистрира предмет по истекот на 2 (две) недели од првиот ден на наставата · Студентот е обврзан да регистрира најмалку 24 кредити според ЕКТС, а најмногу 30 кредити според ЕКТС во семестарот. Со посебен исклучок, студентите што постигнале просек (ГПА) повеќе од 3,00, можат да запишат повеќе од 30 кредити според ЕКТС во еден семестар, со претходна согласност од ректорот на Универзитетот. · Студентот може по сопствен избор да се откаже од изборен предмет или да избере друг соодветен предмет ако студиската програма го дозволува тоа, а најдоцна во рок од 2 (две) недели од првиот ден на наставата (Add/drop period).

2.2. Организација на настава · Наставната програма на секој факултет се остварува во семестри: есенски (fall) и пролетен (spring). · Есенскиот(fall) и пролетниот (spring) семестар се со времетраење од вкупно 15 недели од кои 13 недели предвидени за настава и 2 (две) недели за завршни испити (Midterm exam week и Final exam week). · Наставата се организира така што се формираат групи од 25 до 100 студенти. · Есенскиот семестар почнува во септември и завршува во јануари, а пролетниот семестар почнува во февруари и завршува во јуни. · Универзитетот може да организира интензивен летен семестар.

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 07


2.3. Кредити според ЕКТС · Бројот на кредити што ги носи еден конкретен предмет зависи од вкупниот број наставни часови предвидени во еден семестар (предавања, вежби, лабораториски вежби), како и од обемот на обврските по конкретниот предмет. · 1 (еден) кредит според ЕКТС е еднаков на 7 (седум) часа предавања од професор, плус 7 (седум) часа вежби од асистент / соработник и/или активно истражување работни задачи, вклучувајќи ги часовите за оценување знаења. · Вкупниот број часови ја одредува кредитната вредност на предметот. Еден семестар го сочинуваат 15 работни недели. · 6 (шест) кредити според ЕКТС се еквивалентни на 3 (три) кредити според АКТС. · 6 (шест) кредити според ЕКТС се еднакви на 45 часа предавања (заедно со испити), односно 8 (осум) кредити според ЕКТС се еднакви на 60 часа предавања (заедно со испити) · Системот на кредити е заедничка процедура што се воспоставува според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), која овозможува: 1. Опис на обврските (оптовареноста) на студентот или на обемот на обврските за завршување студии; 2. Валоризација на завршениот обем на студии; 3. Одмерување и споредба на достигнувањата од учењето и нивно пренесување од една на друга високообразовна установа, со што кредитот го задржува квантитетот на работата што ја бара курсот (студиската програма) во однос на вкупниот квантитет на работата што се бара за да се заврши комплетна академска година на студии т.е. предавања, практична работа, семинари, вежби, индивидуална работа, испитување и друго; · За предметите од наставната програма се добиваат кредити, при што бројот на кредити претставува еквивалент на неделниот број наставни часови, како и севкупна активност, изработени проекти потребни за завршување на предметот. · Исполнувањето на потребниот број кредити е еден од условите за успешно завршување на наставната програма. · Наставната програма на факултетот е конципирана според програмата 3+2, односно за 3 (три) години и освоени 186 кредити според ЕКТС се добива звање дипломиран, а за дополнителни 2 (две) години и освоени 120 кредити според ЕКТС се добива звање магистер.

08 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


· Бројот на часови, според препораките на ЕКТС, со кои е оптоварен студентот во текот на неделата изнесува најмногу 40 и тоа: - 15 до 20 часа неделно за предавања, - најмногу 20 часа неделно за вежби, кои се изведуваат во форма на консултации, презентации или семинарски работи, семинари и предавања на гости и на професори што гостуваат, - најмногу 12 часа неделно работа во лабораторија или библиотека, и - најмногу 10 часа неделно индивидуална работа. · Бројот на часови со кој вистински се оптоварува студентот зависи од бројот на предмети што ќе ги запише на почеток на семестарот.

2.4. Признавање кредити Кредитите што студентот ги освоил на студии во друга високообразовна програма се признаваат ако ги задоволуваат условите на Универзитетот, односно ако: - високообразовната установа на која се освоени кредитите е соодветно акредитирана од надлежен/ни орган/и за акредитација, и - содржината на предметните програми од другите високообразовни установи е соодветна со содржината на предметните програми на УАКС. · Постапката за признавање кредити по предмети почнува со поднесување писмено барање од страна на студентот. · Кон писменото барање во прилог се доставуваат: исписница од високообразовната установа на која се освоени кредитите, опис на положените предметите. · Пренесувањето кредити, исто така, се овозможува за курсевите (предметите) завршени надвор од Република Македонија. (Акредитирани од земјата во која се наоѓаат.) · Потврдите за положени предмети во овој случај треба да бидат официјални и доставени на адресата на УАКС од страна на високообразовната установа што ја издала потврдата.

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 09


3. Предмет на оценување За да се постигне вистинско оценување, студентот континуирано се оценува во повеќе дисциплини од секој предмет. Методи со кои се поттикнува критичко мислење, донесување одлуки, обработка на семинарски проекти, разни извештаи и истражувачки проекти се приоритет на студиската програма на Универзитетот Американ колеџ Скопје. Постигнувањата на студентот за време на семестарот се одредуваат на следниов начин: · 10% од оценката – присуство на час · 10% од оценката - активно учество за време на час · 30% од оценката - тест на средина на семестарот · 20% од оценката – есеи, истражувачки проекти и домашни задачи · 30% од оценката - завршен испит Наставниците на соодветните курсеви структурата на оценување задолжително ја наведуваат во Планот за курсот (Course outline). Наставниците можат да го променат износот на факторите што ја сочинуваат конечната оценка, но тоа не може да надмине 80% од вкупниот износ на пондерите. Процентите што студентот може да ги освои преку активност и присуство на час кумулирани не можат да бидат пониски од 20.

10 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


3.1 Начин на оценување Оценувањето се изразува со оценки во вид на букви од азбуката на латиница и тоа А, Б, Ц, Д и Ф во

Процент %

Оценка

Опис на оценка

Еквивалентна македонска оценка

Вредност GPA

96-100

A

Одлично

10

4,00

90-95

A-

Одлично

10

3,67

87-89

B+

Многу добро

9

3,33

83-86

B

Многу добро

9

3,00

80-82

B-

Многу добро

8

2,67

77-79

C+

Добро

8

2,33

73-76

C

Добро

7

2,00

70-72

C-

Добро

7

1,67

67-69

D+

Доволно

6

1,33

63-66

D

Доволно

6

1,00

60-62

D-

Доволно

6

0,67

F

Недоволно

5

0,00

I

Нецелосно

5

0-59

Забелешка: Конкретната структура на оценување за секој испит ја дава професорот во планот на курсот, кој се доставува на почетокот на секој предмет. Студентот положува испит ако освои најмалку 60% од испитот. За да ги заврши студиите, студентот мора да има просек на положени испити 1,67 (Ц-), во спротивно, студентот мора да преполага соодветни предмети за да може да го комплетира студирањето.

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 11


3.1.1. Што ако студентот не положи предмет? Ако студентот не успее да ја положи наставната програма на одреден предмет во редовниот термин дозволено е да се јави на дополнителен испит, кој ќе биде објавен од страна на универзитетот. Студентот може само еднаш да пријави испит дополнително. При полагањето во дополнителната испитна сесија за студентите што не го положиле испитот во редовниот термин за полагање, односно што не освоиле вкупно 60 поени, се применува следнава структура за оценување: - испит 80% - проект 20% Проектот задолжително се презентира усно. Одредбите од овој член не важат за студентите на Факултетот за архитектура, на Факултетот за компјутерска техника и информатика, и на факултетот за странски јазици чијшто наставно-научен совет утврдува критериуми и релативни вредности на посебните делови што ја чинат конечната оценка од испитот што студентите го полагаат во дополнителната сесија.

3.1.2. Што ако студентот не положи предмет и во дополнителната сесија? Во случај студентот да не успее да го положи предметот и во дополнителната сесија, тогаш студентот (редовен и вонреден) ќе мора да го слуша предметот повторно кога предметот ќе биде повторно понуден, како и да ги плати дополнителните трошоци што произлегуваат од повторното запишување на паднатиот предмет. Студентот нема да добие позитивна оценка ако на испитот освои помалку од 50% од вкупниот број можни поени или ако не го одбрани позитивно проектот (семинарската работа).

3.1.3. Што ако студентот има голем број изостаноци? Редовен студент што има од 25% до 50% изостаноци има право да полага во редовниот термин за полагање, но студентот нема право на бодовите што се освојуваат од присуство на предавања и на вежби и активност на час. Редовен студент што има повеќе од 50% изостаноци нема право да полага во редовниот термин за полагање, односно студентот ќе полага во дополнителна испитна сесија (make up), која ќе биде објавена од страна на универзитетот.

12 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


3.2. Траење на студиите Траењето на додипломските студии е 3 (три) учебни години и освоени најмалку 180 кредити според ЕКТС, во согласност со Законот за високо образование.

3.3. Статус студент Студентот се стекнува со статус студент со запишување додипломски, постдипломски и докторски студии (доколку Универзитетот организира докторски студии). Статусот студент се докажува со студентска легитимација. Студентот има право на редовно студирање, со статус редовен студент, и право на вонредно студирање, со статус вонреден студент. На студентот му престанува статусот студент ако: - дипломира, магистрира / специјализира, докторира, - се отпише од факултетот / универзитетот, - има прекин во студирањето, - студиите ги остави во мирување подолго од 2 (две) години или - е исклучен од факултетот / универзитетот.

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 13


3.4. Права на студентот Студентот има право да ги заврши студиите според студиската програма по која ги почнал. Во интерес на подобрување на студиската програма, Универзитетот има право да ја менува, при што задолжително треба да го извести студентот. Студентот запишува семестри, односно предмети во секој семестар според ЕКТС (европски кредит трансфер систем). Како услов за запишување одредени предмети Универзитетот може да пропише обврска за успешно совладување (освојување кредити) на (по) претходни предмети (Prerequisites). Студентот има право на : · редовно студирање и статус редовен студент, и право на вонредно студирање и статус вонреден студент · запишување и образование под еднакви услови утврдени со Закон, со општите акти на Универзитетот и со Статутот · учество во управувањето на Универзитетот, во согласност со Законот за високо образование на РМ и со Статут, · заштита на своите права и должности пред органите на Универзитетот; · заштита на личноста и на достоинството на студентот од злоупотреба; · сопствено определување за видот на студиите; · право на изјаснување за квалитетот (оценувањето) на наставата и на наставниците · избор да студира истовремено на 2 (два) факултета од различни специјалности и да изучува дополнителни предмети;

14 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


· продолжување на студиите на друга високообразовна установа ако Универзитетот престане со работа или ако студентот се отпише од Универзитетот; · користење на библиотеката и на базата на податоци, просторот, опремата (учебните помагала), софтверот и на другата научна и стручна инфраструктура на Универзитетот; · учествување во научно истражувачка и стручна дејност, при што му се гарантираат авторски, пронаоѓачки и слични права и награди; · може да напредува и да ги заврши студиите за пократко време отколку што е предвидено со студиската програма; · избирање и да биде избран како претставник на студентите во органите на Универзитетот; · преминување од еден на друг факултет, односно од едни на други студии, и притоа да ги користи погодностите на кредит системот; · организирање граѓански здруженија и други форми на лична иницијатива; · користење на универзитетските објекти за спортска и за културна дејност, · учество во работата на студентските организации, · учество во формите на организирање на студентските организации утврдени со статутот на универзитетот, · продолжување на студиите што ги прекинал под услови определени со статутот на високообразовната установа, · користење распуст не помалку од 60 дена, во рамките на една календарска година; · остварување соработка со студентите во земјата и во странство; и · остварување на други права во согласност со закон и со статут.

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 15


4. Прекинување студии Ректорот на Универзитетот може да одобри прекинување студии врз основа на барање на студентот. Лицата го губат својот статус студент во текот на прекинувањето на студиите.

4.1. Мирување студии На Студентот може да му мирува статусот студент кога за тоа постојат оправдани причини, и тоа: · породилно отсуство · подолготрајна болест · социјални проблеми во семејството · учество на врвни научни, културни и спортски манифестации и други причини утврдени со Статутот на Универзитетот Мирувањето на редовните студии може да трае до 2 години од денот на започнување на периодот на мирување. По истекот на периодот од 2 години, Студентот го губи статусот студент. Студентот кој ги ставил студиите во мирување, должен е да ги подмири сите обврски за тековниот семестар во кој е запишан и предметите кои ги регистрирал. Средствата кои биле уплатени, а неискористени како резултат на мирување, се пренесуваат на семестарот во кој Студентот ќе продолжи со студирањето, освен доколку мирувањето трае повеќе од 2 години, во кој случај средствата не се пренесуваат.

16 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


5. Полагање испит Испитите се полагаат во испитни рокови што се утврдуваат во академски календар. Во текот на академската година, со одлука на Универзитетот, може да се дадат и други испитни рокови. Универзитетот објавува список на предмети што се нудат во дадениот семестар. Конечната оценка на студентот претставува збир на резултатите од испитите (midterm и final) и од другите критериуми за проверка и за оценување на знаење предвидени во Планот на предметот (Syllabus). Ако студентот не положи задолжителен предмет има право да го полага уште еднаш, во посебно определена сесија. Ако студентот не положи изборен предмет, студиската програма дозволува регистрација на друг предмет место предметот што студентот не успеал да го положи, и има право следната академска година или следниот семестар да запише друг изборен предмет, при што ги сноси трошоците за запишување на предметот. Повторното полагање на предметот ќе се евидентира во досието на студентот во Студентски прашања (Records Office).

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 17


6. Приговори 6.1.

Приговор од (вербален) неформален карактер

Студентите можат да поднесуваат приговори во врска со оценките од проверките на знаењето, однесувањето на академскиот кадар на Универзитетот, однесувањето на административниот кадар на Универзитетот и во врска со општите услови на студирање на соодветниот факултет. Ако студентот се соочува со проблем од кој било вид и му претставува пречка во неговото студирање, тој има право да поднесе приговор од вербален (неформален карактер) до административниот координатор на Универзитетот. Административниот координатор е должен во рок од 7 ( седум дена) од денот на составување на записникот за приговорот, да достави Одговор на приговорот и истиот да го предаде да подносителот.

6.2. Приговор од формален карактер Ако со неформалниот приговор не успее да го реши соодветниот проблем со кој се соочува, студентот има право да поднесе писмен (формален) приговор до Деканот на соодветниот факултет на кој што студира, односно до Комитетот за приговори што дејствува во рамките на Универзитетот. Деканот на соодветниот факултет и Комитетот го разгледуваат примениот приговор и во зависност од неговиот карактер одлучуваат согласно одредбите на соодветниот Правилник.

6.3 Приговор поради оценка Студентот може во рок од 24 часа да поднесе приговор до деканот на Универзитетот ако не е задоволен од завршното оценување, односно од оценката, или ако смета дека испитот не е спроведен во согласност со Законот, Актот за основање и со Статутот.

18 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


Ако деканот утврди дека приговорот е основан, наставникот ќе ја преиспита оценката од завршното оценување. Ако наставникот не ја преиспита оценката што ја утврдил, студентот испитот ќе го полага пред тричлена комисија составена од професори од исто или од сродно наставно-научно пoдрачје. Комисијата ќе ја формира деканот. Во случај на утврдување на пристрасност или намера да се нанесе штета на студентот од страна на наставникот, против наставникот ќе се преземат соодветни казнени мерки.

6.4. Административна поддршка Во текот на студирањето за секој студент се води досие во кое се содржани: · апликација за студирање · општи податоци за студентот · договор за студирање · избрана студиска програма · регистрирани предмети, по семестар · број и назив на положени предмети · добиени оценки, односно бројот на освоените кредити по предмет · времетраење на студирањето.

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 19


7. Посебен режим (Academic probation) Студентот што во текот на семестарот има резултати пониски од пропишаниот минимум (GPA 1,67), може да биде ставен посебен режим (Academic Probation) од страна на Универзитетот. Студентот може да биде ставен под посебен режим за период од најмногу 2 (два) семестра, период во кој ќе биде построго следен, со цел да се утврди подобрување на академскиот успех. Ако и во овој период не покаже подобри резултати, студентот може да биде исклучен од Универзитетот.

7.1 Стекнување на диплома Студентот се стекнува со диплома ако: a)освои минимум 180 кредити според ЕКТС, и b)има просек C- (GPA 1,67) – за положени предмети во соодветната студиска програма. Ако не се исполнат наведените услови, студентот ќе мора дополнително да запише и полага соодветен број предмети, сè до здобивање минимална просечна оценка. По комплетирањето на студиите на Универзитетот Американ колеџ Скопје (со освоени минимум 180 кредити според ЕКТС), студентот се стекнува со една од следниве дипломи: Факултет за Деловна економија и организациони науки Факултет за Политички науки Факултет за Правни науки Факултет за Архитектура и дизајн Факултет за Компјутерска техника и информатика Факултет за Странски јазици

20 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК

Дипломиран економист по организациони науки Bachelor of Science (BS) Дипломиран политиколог Bachelor of Arts (BA) Дипломиран правник Bachelor of Laws (LLB) Дипломиран инженер по архитектура Bachelor of Science (BS) Дипломиран инженер по информатика Bachelor of Science (BS) Дипломиран филолог Bachelor of Arts (BA)


Називот „Дипломиран........“ се добива со освоени минимум 186 кредити според ЕКТС. Називот „Специјалист........“ се добива со освоени минимум 240 кредити според ЕКТС. Називот „Магистер........“ се добива со освоени минимум 300 кредити според ЕКТС. (180 кредити според ЕКТС додипломски студии + 120 кредити според ЕКТС постдипломски студии + успешно одбранет труд). Студентот што ќе ги изврши сите обврски по студиската програма за добивање високо образование во кој било циклус на образование универзитетот и единицата на универзитетот, односно самостојната висока стручна школа врз основа на евиденцијата што се води за него му издава уверение, додаток на дипломата и диплома. Со дипломата се потврдува дека студентот завршил студиска програма од прв, втор или од трет циклус и се здобива со соодветен стручен или научен назив. Составен дел на дипломата е додаток на дипломата.

8. Посебни одредби за плагијат Во инструкторска смисла, плагијат претставува постапка во која еден писател намерно употребува нечии, други идеи или начин на изразување или друг оригинален материјал без знаење и дозвола на изворот од кој потекнува. На пример, копирање објавени информации во вид на задача без назначување на потеклото на тие информации или, пак, предавање материјали што веќе се напишани од страна на друг студент. Секој студент што ќе се обиде да го идентификува и назначи својот извор од каде што ги црпи информациите, но кој ќе злоупотреби одреден цитат или погрешно ќе употреби одредени податоци на постоен материјал од одреден извор, не извршил плагијат. Тој студент само не успеал правилно да го цитира или документира вистинскиот извор. Универзитетот очекува од своите студенти да се однесуваат етички при вршењето на своите истражувања и да се оградуваат од какви било чинови што претставуваат плагијат. Во овој контекст, Универзитетот ќе спроведе истрага и ќе го казни секого за кого постои основано сомневање дека се однесувал несоодветно во академска смисла на зборот.

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 21


9. Почитување на правилата на Универзитетот Студентот е должен да се запознае со Кодексот на етика и со другите акти на Универзитетот и строго да се придржува кон нив. Студентот е должен да: · се придржува кон општопознатите правила за ред и дисциплина, · се однесува со должна почит кон другите студенти, академскиот и административниот кадар на Универзитетот, · не користи методи на измама за време на следење на наставата и на спроведување на испитите по предметите, · не користи туѓи материјали при изработка на семинарски труд и други проекти, · го чува и да не го оштетува имотот на Универзитетот (простории, опрема, книги, други материјали), · не навреди друга личност врз основа на пол, религија или националност. Фалсификувањето и манипулирањето со официјални документи од Универзитетот повлекува најстрога казна. За кршењето на правилата за ред и за дисциплина, непридржување на студентот кон другите правила на Универзитетот, како и за евентуално водење дисциплинска постапка, без одложување, ќе бидат известени родителите или старателите на студентот. Дисциплински мерки што можат да му бидат изречени на студентот се: · предупредување од ректорот, · следење на успехот во наредните семестри, · условно (привремено) исклучување од студии, · исклучување од студии. Водењето дисциплинска постапка подетално е уредено во Статутот на Универзитетот.

22 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


10. Процедури за добивање екстра кредити Со завршен и успешно положен Фрешмен семинар студентот добива 1 кредит и можност да учествува на останатите настани и да добие дополнитлни кредити. Следниве правила се однесуваат на настаните кои ги организира УАКС: a) Конференција · 0.5 кредити добива студентот доколку присуствува на конференцијата и се придржува до правилата за однесување и облекување · 0.5 кредити доколку студентот помага во организирање на истата · 1 кредит доколку учествува во дискусија и поставува релевантни прашања · 1.5 кредити доколку работи со професор и поднесе матријал б) Гостин предавач · 0.5 кредити добива студентот доколку присуствува на предавањетои се придржува до правилата за однесување и облекување · 0.5 кредити доколку учествува во дискусија и поставува релевантни прашања в) Хуманитарни активности · за сите хуманитарни активности вредноста на кредитите кои можат да се освојат ќе биде објавена на огласната табла на универзитетот. г) Општествено-корисни активности · 0.5 кредити добива студентот за секој настан или акција од овој карактер (акции за чистење, садење дрва, итн...) д) Саем · 0.5 кредити доколку студентот помага при органзирање и поставување на саемот · 0.5 кредити доколку студентот присуствува секој ден (3-5 дена) ѓ) Друго · Ова се однесува на сите идни непланирани настани и правилата за овие ќе бидат дефинирани дополнително

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 23


11. Стипендии Со Правилникот за доделување стипендии се уредуваат видот и бројот на стипендии што ги доделува Универзитетот Американ Колеџ Скопје, објавувањето на конкурси за доделување стипендии, начинот на пријавување на кандидатите за стипендии, условите за добивање на стипендии, и други прашања поврзани со доделување на стипендии на студентите на Универзитетот. За доделување на сите видови стипендии одлучува Управниот одбор на Универзитетот. Доделувањето на сите видови на стипендии уредено подолу е исклучиво право, а не обврска на Универзитетот, кое право првенствено зависи од можностите на Универзитетот.

11.1. Вид на стипендии Универзитетот може да доделува два вида стипендии: а)Стипендии за успешни студенти (со завршена најмалку една година студии), и б)Економско-социјални стипендии.

11.2.Стипендии за успешни студенти Стипендиите за успешни студенти се доделуваат на студенти со завршена најмалку една година студии. Стипендиите за успешни студенти се едногодишни, односно се доделуваат секоја учебна година, за конкретната учебна година, а врз основа на објавен конкурс. Стипендиите за успешни студенти се доделуваат на 2% најуспешни студенти на секој факултет или Универзитетот, врз основа на евиденцијата која ја води службата за студентски прашања и кои ги исполнуваат условите за добивање на стипендија. Општ услов за добивање на стипендија за успешни студенти е студентот претходната учебна година да има постигнато просек од најмалку 3,67 ГПА.

24 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


Посебните услови се пропишуваат во конкурсот. Во зависност од бројот, постигнатите резултати и можностите на пријавените студентити, Универзитетот може да одлучи износот одвоен за стипендирање да го распредели со доделување на целосни стипендии или делумни стипендии, или комбинација од целосни и делумни стипендии. Предност за добивање на стипендија за успешни студенти имаат кандидатите: а) чии родители (едниот или двата) се починати или б) чии родители (едниот или двата) не се вработени.

11.3. Економски-социјални стипендии Доделување на економски-социјални стипендии се врши по потреба, врз основа на поднесена пријава/молба од студенти кои ги исполнуваат условите за добивање економско-социјална стипендија. Економско-социјалните стипендии се доделуваат за преостанатиот период на студирање, но се обновуваат секоја учебна година, со цел проверка дали студентот се уште ги исполнува условите за добивање на стипендијата. Општ услов за добивање на економско-социјална стипендија е студентот претходната учебна година да има постигнато просек од најмалку Б-, и да нема финансиски можности за продолжување на студиите. Универзитетот може да пропише посебни услови за добивање на економско-социјална стипендија. Студентите кои добиле економско-социјална стипендија имаат обврска: - студиите да ги завршат на Универзитетот и тоа во рокот што е предвиденза завршување на конкретните студии, и - да го задржат, континуирано, просекот од најмалку Б-, до крајот на студиите. Доколку студентот престане да исполнува услов за добивање економски-социјална стипендија, во тој случај стипендијата се укинува, а студентот е должен да ги врати паричните средства кои ги добил од моментот кога престанал да го исполнува условот или обврската.

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 25


12. Издавање документи на студенти Со Правилникот за издавање документи на студенти се утврдуваат видовите документи кои ги издава Универзитетот Американ Колеџ Скопје, како и условите и начинот на нивно издавање. 12.1. Видови документи кои ги издава Универзитетот · Универзитетот ги издава следните документи: · идентификациска картичка, · потврда за редовен студент, · потврда за вонреден студент, · исписница на студент од Универзитет · документ за постигнат успех, · диплома за завршен прв циклус студии, · диплома за завршен втор циклус студии, · додаток на дипломата за здобиено високо образование, · уверение за положени испити од прв циклус, · уверение за положени испити од втор циклус. Универзитетот може да достави Документ за постигнат успех на студентот по пошта до родител/старател, независно дали истото било предвидено во Договорот за студирање, доколку студентот покажува незадоволителни резултати во студирањето. 12.2. Издавање на документи за завршени студии По успешно завршување на студиите на Универзитетот и исполнување на условите за издавање на документи за завршени студии, Универзитетот издава Диплома за стекнат соодветен степен на образование и Уверение/транскрипт.

26 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


Свечено доделување на дипломи се врши еднаш во годината. Ректорот на Универзитетот може да определи друг термин за свечено доделување на дипломи. Во Дипломата задолжитело се наведува студиската програма, видот на стручната подготовка, стручниот назив, просечната оценка (ГПА) и датумот на издавање на Дипломата. Дипломата се издава во унифицирана форма и носи штембил на Универзитетот и потпис од Ректорот на Универзитетот и Деканот на факултетот. Уверение/транскрипт се издава согласно законодавствата на РМ и САД и како минимум содржи податоци за сите предмети кои студентот ги следел и положил во текот на студирањето, добиени оценки, односно освоени кредити по секој предмет одделно, кумулативно освоени кредити, и освоена просечна оценка (ГПА).

13. Кодекс на Етика на студентите на УАКС Бидејќи студентите се движечка сила на Универзитетот, тие треба да претставуваат пример за одговорно однесување во сите студентски и останати активности, со што ќе допринесат Универзитетот да претставува околина која е безбедна, грижлива и соодветна за сите да ги стекнуват своите знаења токму во неа. Работата на студентите треба да биде резултат на нивниот сопствен труд и да биде производ на нивното учење. Студентите треба сами да ги развиваат своите спсобности за пишување, читање и размислување. Студентите треба да се воздржуваат од постапки кои водат кон плагијат, препишување, лажење, измама или било која друга девијантна појава. Накратко кажано студентите никогаш не треба: · Да се појавуваат на испит за сметка и во името на друг студент, · Да посетуваат определено предавање за сметка и во име на друг студет, · Да приложат текст најден на интернет како нешто што самите го изработиле, · Да изнајдат начин за давање или добивање на точните резултати преку разни сигнали или други начини на префрлување податоци во текот на испитот, · Да препишуваат со или без знаење на другата личност во текот на испитот,

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 27


· Да извршуваат задачи за друг студент, · Да прикажуваат лажни податоци во сопствената библиографија, · Да го поседуваат тестот пред тестирањето, · Да употребуваат белешки за време на испитот, · Да ги променат одговорите на веќе оценет тест и да го дадат на повторно оценување, · Да украдат туѓа завршена задача и да ја приложат како своја, · Да измислуваат податоци, · Да ја уништат или украдат работата на друг студент, · И други слични активности. Студентите не треба никогаш, директно или индиректно, да помагаат или наведуваат други студенти да земат учество во извршување на нечесни постапки. Студентите не треба да шират лажни информации на Универзитетот. Студентите треба да се однесуваат кон имотот на Универизтетот како кон свој имот т.е. треба да се воздржат од какви било активности кои можат да доведат до негово оштетување или уништување на кој било начин.

28 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


14. Администрација на универзитетот Marjan Bojadziev Venera Krliu-Handziska Emil Gjorgov Jasminka Janakieva Nikola Cuculeski Liljana Bunjevac Valentina Stojanova Viktorija Gombar-Janevska Ema Kastratovic Iva Gjorgjieva Marija Kaleshov Elena Popovska Magdalena Goshevska Adrijana Jaki Ljubica Koroskoska Tanja Shterjova Edi Smokvarski Sandra Klimoska Ana Krliu Ana Krleska Branko Boskovic Zarko Pavloski Goran Veleski Nadezda Pop-Kostova Sonja Filipovska Sandra Stamenkovska

Rector Vice President Chief Academic Officer Secretary General Marketing and Networking Officer Finance Manager Finance manager Admissions and Grievance Officer Assistant to the Rector Undergraduate Supervisor Undergraduate Studies Officer Part-Time students Officer Graduate Studies Officer Undergraduate Studies Officer Office Manager Chief of Library Career Development Manager Undergraduate Studies Officer Technical Assistant Human Resource Officer ICT Manager ICT Officer ICT Officer Graduate Studies Officer Registrar Front Office

provost@uacs.edu.mk vicepresident@uacs.edu.mk gjorgov@uacs.edu.mk janakieva@uacs.edu.mk nikola.cuculeski@uacs.edu.mk bunjevac@uacs.edu.mk vale@uacs.edu.mk gombar@uacs.edu.mk ema.kastratovik@uacs.edu.mk iva.gjorgjieva@uacs.edu.mk kaleshov@uacs.edu.mk popovska@uacs.edu.mk gosevska@uacs.edu.mk ajaki@uacs.edu.mk koroskoska@uacs.edu.mk sterjova@uacs.edu.mk smokvarski@uacs.edu.mk klimoska@uacs.edu.mk anakr@uacs.edu.mk ana.krleska@uacs.edu.mk administrator@uacs.edu.mk admin1@uacs.edu.mk admin2@uacs.edu.mk nadezda.popkostova@uacs.edu.mk filipovska@uacs.edu.mk frontdesk@uacs.edu.mk

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 29


15. Академски кадар и визитинг професори на Универзитетот Д-р Марјан Бојаџиев Ректор

Д-р Томе Неновски Д-р Биро Гашпар

Д-р Злат Милованович Проректор за меѓународна соработка

Д-р Кокан Грчев Д-р Нинко Костовски

Д-р Никица Мојсоска Блажевски Декан на Факултетот за деловна економија и организациони науки Д-р Јадранка Мршиќ Декан на Факултетот за правни науки Д-р Иван Додовски Декан на Факултетот за политички науки Д-р Ѓорѓи Јованчевски Декан на Факултетот за компјутерска техника и информатика Д-р Марјана Ванева Декан на Факултетот за јазици Доц. М-р Викторија Еремеева Декан на Факултетот за архитектура и дизајн

30 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК

Д-р Стево Пендаровски Д-р Кларис Молад Д-р Анета Крстевска Д-р Вено Пачовски Д-р Евица Делова Јолевска Д-р Зоран Шапуриќ Д-р Катерина Колозова Д-р Кимо Чавдар Д-р Мартин Гулевски Д-р Дарко Димитров Д-р Димче Лазаревски


Д-р Душко Стојановски

М-р Хари Локвенец

Д-р Перо Стефановски

М-р Филип Ивановски

Д-р Ана Томовска

М-р Симон Милошески

Д-р Адријан Божиновски

М-р Кир Савовски

Д-р Илијана Петровска

М-р Горан Василев

Д-р Марко Андонов

М-р Тони Васиќ

Д-р Билјана Стојчевска

М-р Македонка Димитрова

Д-р Миодрага Стефановска-Петровска

М-р Дита Старова-Ќерими

Д-р Љупчо Стевковски

М-р Љупчо Јованов

Д-р Елена Бундалеска

М-р Владимир Десков

Д-р Елена Давитковска

М-р Ева Блажевска

Д-р Марјан Петрески

М-р Мишко Ралев

Д-р Крум Ефремов

М-р Мишо Николов

Д-р Звонимир Јанкулоски

М-р Зденка Николовска

Д-р Владимир Ладински

М-р Сашо Блажевски

М-р Венера Крлиу-Ханџиска

М-р Снежана Христова

М-р Викторија Гомбар

Светлана Петровска

М-р Гордана Диневска

Марија Начова Андоновска

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · III Македонска бригада бр. 60 · Скопје · +389 2 2463156 · info@uacs.edu.mk · www.uacs.edu.mk | 31


Лектори м-р Елена Клисаровска м-р Ивана Трајаноска м-р Јованка Јованчевска Миленкоска м-р Анета Симовска м-р Оливера Стипцарова м-р Ирена Авировиќ м-р Гордиана Ѓоргова

32 | СТУДЕНТСКИ ПРИРАЧНИК


УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ III Македонска бригада бр. 60 1000 Скопје Р. Македонија телефон: (02) 2463156 факс: (02) 2463159 info@uacs.edu.mk www.uacs.edu.mk

Student's manual  

The student's manual for the academic 2012/2013

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you