Makedonski-jazik-i-literatura

Page 23

МИНАТО-ИДНО ВРЕМЕ Се искажува идност која следува по некој минат момент. Во однос на сегашноста, тоа е минато дејство, но во однос на некое минато дејство е идност.

Јадев оти ќе останев гладен. Се образува со честичката ќе и со формите на минато определено несвршено време на глаголот што се менува и кој може да биде од свршен и невршен вид. еднина множина ќе викав, ќе викнев ќе викавме, ќе викнеме ќе викаше, ќе викнеше ќе викавте, ќе викневте ќе викаше, ќе викнеше ќе викаа, ќе викнеа Одречните форми се образуваат со честичката не (не ќе викнев), или со глаголот нема и да-конструкцијата (немаше да викаме, немаше да викнеме). Минато-идно време има значења блиски со идното време. Најчесто се користи во условните реченици за искажување нереален услов: Да можев, ќе ти помогнев. Како и во реченици со кои се искажуваат повторливи дејства: Ќе станев наутро, ќе се измиев и ќе почнев да учам. Поука за овој час: Кој се надева на богатството свое, ќе падне; а кој се застапува за праведниците, тој ќе напредува. 11. 28 ПРИЛОЗИ (АДВЕРБИ) Прилозите се полнозначни зборови кои најчесто стојат до глаголите и поблизу ги објаснуваат: Зборува гласно и постојано. Можат да објаснуваат и други видови зборови (именки, придавки): малку пари; многу силен удар. Прилозите се неменливи зборови. Но некои прилози можат да се степенуваат: подобро, најдобро знае; или дури и да се членуваат: повеќето, малкуте. Според потеклото прилозите можат да бидат: од стари падежни форми на именките: дење, лете, зиме, силум, или од други видови зборови: придавки (силно, храбро, херојски), глаголи (трчаница, брзаница, молчешкум), броеви (еднаш, двапати, тројно), заменки (како, таму, негде). Два или повеќе предлози можат да образуваат прилози: на-зад (назад), од-напред (однапред). Но и од два полнозначни збора можат да се добијат прилози: вчера-вечер (вчеравечер), многу-пати (многупати), исто-времено (истовремено), едно-до-друго (еднододруго). Многу придавки од среден род ако стојат до глаголи се однесуваат како прилози: добро момче (придавка), но: добро пее (прилог). 23


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.