в) Во фазата на асимилација на учениците им се даваат низа задачи во кои тие ги организираат информациите од текстот. Дали некои видови писмени задачи се подобри од други? Пишувањето е когнитивен процес кој вклучува низа потпроцеси. Пишувањето е процес во кој учениците истражуваат, консолидираат и развиваат реторички цели. Истата дефиниција која се користи за комуникацијата, може да се примени и за пишаниот јазик. Се изразуваме и со зборување и со пишување. Кога подготвуваме писмена активност за учениците треба да ги земеме предвид менталните процеси кои го сочинуваат чинот на комуникација. На овој начин треба да ги охрабриме учениците (чекор-по-чекор пристап кон писмената задача) да соработуваат во создавањето на содржината, во одбирањето на целта, во планирањето и во организирањето на составот (подготвителни активности) во конечната проверка и во оценувањето (содржина и форма) на составот (видете четврто поглавје).
120