62585116-priracnik-angliski

Page 115

прави истите работи како и Сузана? Имајте на ум дека тој што го интервјуирате го нема текстот за да види што прави Сузана, затоа ќе треба да поставувате многу конкретни прашања за да ги добиете сите потребни информации. Чекор 2. Сега разговарајте со некој од вашите соученици за да откриете дали неговите/нејзините слободни активности се како оние на Сузана. Запишете ги сите информации, бидејќи можеби ќе ви бидат потребни подоцна кога наставникот ќе ве праша да соопштите пред одделението што откривте. (Забелешка: Наставникот прави парови од ученици кои подготвиле пасус во чекор 1 со оние кои го подготвиле другиот. Секој од паровите ги менува улогите на интервјуер и интервјуиран.) Подзадача за јазични функции Во смисла на функциите, јасно е дека во крајната задача на наставната единица учениците ќе треба да бидат способни да прават едноставни тврдења и меѓусебно да си поставуваат прашања меѓу себе. Не треба да ги поврзуваат речениците за да направат наративен текст или да произведат елабориран опис. Што треба учениците да знаат, или да знаат како да направат, за да ги поставуваат потребните прашања? За некои задачи учениците треба да знаат само неколку прашални зборови : кога, колку често, во кое време... Тие треба, исто така, да ја познаваат структурата на прашањата (инверзија на подмет-глагол, и сл.). Заклучок Задачите за размена на информации може да бидат ефективно искористени при организирањето и структурирањето на наставната тема во која се постигнуваат различни наставни цели (граматика, вокабулар, јазични функции). Мора да запомниме дека изучувањето јазик бара ‘добар инпут’. Затоа треба да бидеме сигурни дека учениците се изложени на разбирлив инпут, насочен кон пораката. Наставата и задачите што ќе им ги зададеме на учениците треба да ги организираме на начин кој ќе ги води од вежби 106


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.