Изборна програма на Андреј Жерновски

Page 14

Во основното училиште „Кочо Рацин“ ќе се изврши: - замена на водоводната и канализационата инсталација во дел од тоалетите - реконструкција на неколку училници во подрумскиот дел - нова енергетски ефикасна фасада на училишниот објект - целосно уредување на училишниот двор - целосно осветлување на училишниот двор

Во функција на пошироко општествено вреднување на стручната и воспитната работа и вкупните залагања на наставниот кадар во основните училишта ќе бидат воведени нови признанија и награди: • •

Годишна Награда за најдобар одделенски наставник во општина Центар, во висина од три просечни месечни плати Годишна Награда за најдобар предметен наставник во општина Центар, во висина од три просечни месечни плати

Во фукција на подигање на квалитетот и надградба на воспитно - образовните капацитети на училиштата, општина Центар секоја година ќе субвенционира дел од трошоците за постдипломски студии за 10 најдобро оценети наставници.

14


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.