Quality standards for youth work (mk)

Page 1

СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА



Националното портфолио за младински работници е подготвено во рамките на проектот „Квалитетна младинска работа - рамка за иден развој на младинската работа“, спроведуван од Сојузот за младинска работа, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија, а со поддршка на Националната агенција на европски образовни програми и мобилност преку програмата Ерасмус+ на Европската Комисија. The European Commission support for the production of this publication does not constitute an endorsement of the contents which reflects the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of theinformation contained therein.

Автори: Драган Атанасов Билјана Василевска Трајкоска Лектор: Лидија Вангелова Андреева

Скопје 2019


CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 331.314-057.13:316.66-53.5]:006.3 АТАНАСОВ, Драган Стандарди за квалитет на младинската работа / aвтори Драган Атанасов, Билјана Василевска Трајкоска ; [илустратор Златко Никодиновски]. - Скопје : Сојуз за младинска работа, 2019. - 60 стр. ; 21 см Публикацијата е во рамки на проектот: "Квалитетна младинска работа рамка за иден развој на младинската работа". - Фусноти кон текстот ISBN 978-608-66329-1-5 1. Василевска Трајкоска, Билјана [автор] а) Волонтерско работење - Младинска политика - Македонија - Стандарди б) Волонтери - Македонија COBISS.MK-ID 109822730


Содржина

ШТО Е СОЈУЗ ЗА МЛАДИНСКА РАБОТА? ...................................................................... 7 ЗОШТО СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА? .................... 8 ШТО Е МЛАДИНСКА РАБОТА? ........................................................................................ 12 ОСНОВНИ ЗАДАЧИ НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА ....................................................12 КОИ СЕ ВРЕДНОСТИТЕ НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА? .......................................... 13 КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЛАДИНСКА РАБОТА ......................................................... 13 КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД МЛАДИНСКАТА РАБОТА? ...................................... 14 ИСТОРИЈА НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА ВО МАКЕДОНИЈА ............................... 14 ВИДОВИ МЛАДИНСКА РАБОТА ..................................................................................... 17 ТИПОЛОГИЈА НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА ............................................................... 20 ШТО Е КВАЛИТЕТНА МЛАДИНСКА РАБОТА ............ 24 ПРЕДУСЛОВИ ЗА КВАЛИТЕТНА МЛАДИНСКА РАБОТА ....................................... 24 КРИТЕРИУМИ ЗА КВАЛИТЕТ ВО МЛАДИНСКАТА РАБОТА .................................. 25 ИНДИКАТОРИ ЗА КВАЛИТЕТ ВО МЛАДИНСКАТА РАБОТА

..................................26

СИСТЕМ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ КВАЛИТЕТ ВО МЛАДИНСКАТА РАБОТА ........ 30



ШТО Е СОЈУЗ ЗА МЛАДИНСКА РАБОТА? Сојузот за младинска работа (СМР) е мрежа на понудувачи на младинска работа: младински организации и организации кои работат со и за младите, чијашто мисија е регулирање и стандардизација на младинската работа, поддршка на младинските работници и подигнување на јавната свест за значењето на младинската работа. Визијата на СМР е младинската работа да биде призната како професија и да постои изграден систем за поддршка на младите луѓе и на младинските работници, Основната цел на СМР е афирмација и признавање на младинската работа, нејзино следење, проценување, унапредување и континуиран развој заради обезбедување квалитетна, делотворна и ефикасна поддршка на младиот човек. Задачи на Сојузот за младинска работа се: поврзување, односно олеснување и/или водење на процесот на поврзување, меѓусебна помош и поддршка, размена на искуства и соработка на младинските работници, младинските организации и други организации понудувачи на младинска работа; афирмација и водење процеси и постапки за препознавање и признавање на вредностите од младинската работа (самопризнавање, општественo, формално и политичко признавање); поставување стандарди и критериуми за квалитет, следење и контрола на квалитетот на младинската работа и негово континуирано унапредување; водење на националните процеси на образование на младинските работници преку стандардизирани и акредитирани програми, самостојно и во соработка со образовните институции; креирање дата база на младински работници; подобрување на пристапот и заштита на правата на младинските работници.

7


ЗОШТО СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА? Важноста на младинската работа во рамките на националната и европската политика постојано расте. Новите младински политики, како на европско, така и на национално ниво, континуирано доделуваат нови улоги и задачи на младинската работа. Во Европа постои силна мотивација за натамошно подобрување на квалитетот и за признавање на младинската работа. Додека во Европа се развиваат стандарди и индикатори, како и методи и прирачници со цел да се поддржи развојот на квалитетот на младинската работа, овозможувајќи истата да го подобри и докаже своето влијание и вредност во животот на младите и за општеството, во Македонија младинската работа сè уште не е препозната како клучна алатка за помагање на позитивниот личен и социјален развој на младите луѓе. Младинската работа не е формално регулирана, стандардизирана или интегрирана како дел од системот на воспитание, образование и системот на заштита на младите. Истата не е подеднакво достапна за сите млади луѓе во различни делови на земјата. Напорите за препознавање и натамошен развој на младинската работа во Република Македонија станаа подинамични пред неколку години. Како дел од тоа, Сојузот за младинска работа настојува да придонесе кон формално признавање и препознавање на младинската работа, како и да осигура постоење на рамка на стандарди преку кои ќе може да се следи и гарантира квалитетот на услугите од младинската работа. Притоа, СМР ги следи целите и мерките дефинирани во Националната стратегија за млади 2016-2015 во тематската област Локална младинска работа, особено мерките за поддршка на партиципативни и консултативни процеси за воспоставување Национална рамка за квалитетна младинска работа и дефинирање на Национално портфолио за младински работници, како и Препораките CM / Rec (2017) 4 за младинска работа од Советот на министри на Советот на Европа до земјите-членки (усвоена од Комитетот на министри на 31 мај 2017 година на 1287-тиот состанок на замениците на министрите). Националните стандарди за квалитет во младинската работа ќе дадат краток приказ на: младинската работа нејзините карактеристики, вредности, видови и типови придобивките од младинската работа и колкава е нејзината историја што значи квалитетна младинска работа и кои се предусловите потребни за спроведување на истата критериумите и идикаторите за квалитет ситемот за проценување на квалитетот на младинската работа и алатките за оценување на квалитетот на младинската работа

8


Истите ќе им послужат на: Младинските работници, како индивидуалци или во тимови, за осигурање, следење и унапредување на квалитетот во нивната работа, Понудувачите на младинска работа, младинските организации и организациите за млади, кои може да ги користат како алатка за обезбедување квалитетни услуги на младинска работа, Донесувачите на одлуки, за поставување стандарди и политики за развој на алатки за препознавање, следење и унапредување на квалитетот на младинската работа и на Младите, останатите помагателни професии и пошироката заедница, за запознавање со младинската работа, профилот на луѓето кои спроведуваат младинска работа и за следење на квалитетот во истата. Националните стандарди за квалитет на младинската работа беа подготвени преку спроведување структурен дијалог со широк спектар на млади луѓе, младински организации, претставници на помагателните професии комплементарни со младинската работа (социјални работници, педагози, специјални едукатори, психолози, психотерапевти и сл.), а во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија, и со поддршка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

9


10


МЛАДИНСКА РАБОТА


ШТО Е МЛАДИНСКА РАБОТА? Младинска работа претставува организиран и систематски процес на едукација и поддршка на автентичниот развој на младите со цел остварување на нивниот целокупен личен, социјален и општествен потенцијал и нивното активно вклучување во животот на заедницата. Младинската работа на сите млади луѓе, независно од нивниот пол, општествен статус, политичка, етничка, национална припадност, сексуална ориентација, здравствена состојба и сл. им нуди активности засновани на нивните права, потреби и интереси, а кои се случуваат во нивното слободно време. Притоа, ги користи методите на неформалното образование, менторирање, подучување, врсничко советување, информирање и неформално искуствено учење. Во Националната стратегија за млади 2016 – 2025, локалната младинска работа е дефинирана како организиран и систематски процес на едукација и поддршка на автентичниот развој на младите со цел остварување на нивниот целокупен личен, социјален и општествен потенцијал. Таа е директно поврзана со развојот на локалната заедница и преку неа младите, не само што стануваат активни субјекти во процесот на сопствениот развој, туку и активни чинители во животот во заедницата. Помагајќи во личниот и социјалниот развој на младите, младинската работа помага и во развојот на самопочитта, самодовербата и социјализацијата на младите луѓе, нивното одржливо осамостојување и зајакнување на нивните способности потребни за успешно справување со секојдневните проблеми и ризици на кои се изложени. Истата доведува до еманципација на младите, развој на нивната толеранција и зајакнување на младешката одговорност, што пак од своја страна придонесува кон социјално вклучување и активно учество на младите луѓе во општествениот живот; зајакнување на социјалната кохезија и превенција на однесување кое е ризично по здравјето и безбедноста на младиот човек и по целокупното оштество.

ОСНОВНИ ЗАДАЧИ НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА Младинската работа е комплементарна со формалното образование, социјалната работа со млади, специјалната едукација и рехабилитација за млади, како и со останатите професии коишто работат со младите. Пред себе си поставува најразлични задачи, чиешто реализирање треба да придонесе кон остварување на правата на младите, задоволување на нивните потреби и спречување или надминување на проблемите со коишто може да се соочат, или пак, се соочиле. Меѓу најчестите задачи на младинската работа се среќаваат:

12


Поддржување на личниот и социјалниот развој на младите вообичаено преку: Обезбедување организирана и структурирана поддршка насочена кон зајакнување на личните и социјалните способности кај младите, нивната самодоверба и позитивната претстава за себе, за другите луѓе со сите нивни различности и за општеството во коешто живеат и Застапување за/и придонесување кон создавањето услови за непречен личен и социјален развој на младите Помагање на активното учество на младите во животот во заедницата преку Обезбедување на организирана и структурирана поддршка кон зајакнување на способностите на младите за активно вклучување во организирање и унапредување на општествениот живот и Застапување за/и придонесување кон создавање услови за социјална инклузија и младинско учество.

КОИ СЕ ВРЕДНОСТИТЕ НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА? Вредностите на младинската работа се совпаѓаат со нејзините цели и задачи и нивното рефлектирање во пракса е значајно за подигнување на довербата кај поединците, стимулирање на нивниот придонес кон општеството и истакнување и почитување на нивната вредност како граѓани. Овие вредности вклучуваат: Почитување на достоинството и правата на младите луѓе Еднаквост и праведност Достапност, доброволност и доверливост Зајакнување на младите и нивно охрабрување Градење партнерски однос со младите Партиципативност / активно вклучување на младите во донесувањето одлуки за прашања од нивни интерес

КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЛАДИНСКА РАБОТА Младинската работа ги има следниве карактеристики: Водена е од вредности / настојува да придонесе кон остварување повисоки цели, како што се социјалната инклузија и социјалната кохезија. Младите се секогаш во центарот на младинската работа / се заснова на правата и потребите на младите луѓе, како и на нивните аспирации, така како што се одредени од нив самите. Волонтерска е / не е задолжителна т.е. се одвива со доброволно вклучување на младите во истата. Развојна е / цели кој унапредување на личниот и социјалниот развој на младите луѓе

13


Самокритична е и саморефлективна / настојува она што се одвива во полето на младинската работа да е соодветно на нејзината мисија. Релациска е / налага постојана комуникација и градење релации со младите луѓе и со пошироката заедница. Забавна е / го привлекува вниманието на младите и им нуди задоволство, пријатни емоции, предизвик и сл.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД МЛАДИНСКАТА РАБОТА? Младинската работа им помага на младите да ги остварат и да ги максимизираат своите потенцијали, да научат како да мислат позитивно за себе и како да дејствуваат за доброто на другите. Таа помага во градењето доверба и самодоверба, во развивањето на способностите на младите да градат и да управуваат со личните и социјални релации, им обезбедува позитивни модели на идентификација, создава можности за учење и стекнување нови искуства. Исто така, ги зајакнува нивните способности за препознавање, избегнување и справување со ризици и предизвици и за преземање контрола врз сопствениот живот, го помага зајакнувањето на чувството на припадност во заедницата и слично. Особено е значајна и влијателна врз животите на младите луѓе кои се соочуваат со предизвици и се во ситуација на ризик односно во ситуација во која се ранливи и во нерамноправна положба во споредба со своите врсници. За младите, младинската работа е истовремено и едукативна и забавна. Младите вклучени вo младинската работа имаат повеќе можности и поголема поддршка за нивната иднина. Освен за младите, младинската работа е значајна и за заедницата во која живеат. Преку своите активности, младинската работа помага во справувањето со различни социјални ризици, се спротивставува на нееднаквостите меѓу младите во општеството и придонесува кон праведност и кон градење средина каде што младите ќе имаат пристап до различни можности, соодветни на нивните права, способности и потреби. Таа помага во развојот на индивидуи кои се посветени на постојано унапредување на квалитетот на животот на заедницата и кои имаат активна улога и желба за придонес кон градење демократски општества.

ИСТОРИЈА НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА ВО МАКЕДОНИЈА (извадок од публикацијата „Патеки во младинската работа: препознавање, професионализација и стандардизација“, издадена од Младински културен центар - Битола) И покрај тоа што младинската работа често се споменува како нова дејност во Република Македонија, организираните активности за поддршка

14


на развојот на младите луѓе постојат повеќе години наназад, иако во поинаква форма. Со осамостојувањето, дојде до неопходни структурни и суштински промени во работата со младите луѓе, што иницираше потреба од редефинирање на дејноста – процес што сè уште не е завршен. Во периодот кога Република Македонија беше дел од СФР Југославија, младинската работа беше присутна преку пионерските домови и сојузите на комунистичка и социјалистичка младина (СКОЈ и ССО). Мерките и активностите што се спроведувале од страна на овие организации вклучувале стипендирање, програми за вработување на младите и доделување станови. Со СКОЈ и ССО, како први облици на младинска работа, младите луѓе стекнувале вредности коишто биле потребни за нивни активен ангажман во општеството. Овој модел на младинска работа бил воден од идеологијата на самоуправниот социјализам. Поради тоа, примарни вредности на младинската работа во тој период биле „примена на образование со претходно утврдена цел, промовирање на патриотските вредности, волонтерство, нерелигиозност/атеизам, колективизам, братство и единство, еднаквост и унифицираност, која била соодветна за постојниот систем”.1 Дел од структурите од претходната држава останаа во функција и по стекнувањето на независноста во 1991 година, но со текот на времето беа опфатени со процесите на трансформација и приватизација. Националниот младински совет на Македонија, којшто беше наследник на Сојузот на социјалистичка младина на Македонија, беше затворен. Истовремено, пионерските домови станаа потенцијален предмет на приватизација, особено поради неможноста на локалните самоуправи да го преземат нивното финансирање. Овие промени се случуваа во период кога македонскиот граѓански сектор с уште беше во зародиш и не беше во состојба да игра поактивна улога во создавањето функционален систем за поддршка на младите луѓе. Состојбата беше значајно променета со отпочнувањето на проектот за отворање центри Вавилон, на почеток во просториите на постојните пионерски домови. Овие центри беа отворени на иницијатива на италијанска невладина организација финансирана од Европската конфедерација на организации кои нудат грижа и негување, а со финансиска поддршка од детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ). Првичната идеја била да се развијат програми коишто ќе соодветствуваат на потребите на децата и на младите за исполнување на нивното слободно време. Според медиумските извештаи од тој период, целта на проектот била да се подобри нивото на градење доверба меѓу различните етнички групи, да се развијат програми за пополнување на слободното време на децата и младите, како и да им се Центрите Вавилон нудеа разновидни помогне при вработувањето.2 активности за деца и млади, како компјутерски вештини, креативност, социјални вештини, англиски јазик, дебата, право и новинарство. Покрај тоа, се организираа и активности за превенција од дрога, алкохол и цигари. По завршувањето на финансирањето од страна на УНИЦЕФ, центрите Вавилон продолжија да функционираат со поддршка од Светската Како да се разбере младинската работа во заедницата, Вања Калаба 2009, страна 7 Дневник, 18 март 2006 година

1

2

15


банка. Откако и Светската банка ја заврши својата програма, најголем дел од вкупно 23-те центри Вавилон престанаа со работа. И покрај тоа, овој проект одигра важна улога во развојот на младинската работа во Македонија. Тие не беа промовирани директно како модел на младинска работа, но нивниот начин на работа изврши силно влијание врз пристапот што го усвоија поголем број здруженија на граѓани како начин на поддршка на развојот на младите луѓе. Непостоењето автохтон и формално прифатен модел на младинска работа во Република Македонија им остави простор на граѓанските здруженија да развијат и други, различни пристапи во работата со младите луѓе. Со финансиска помош од странски и меѓународни фондации, повеќе македонски здруженија се обидоа да воведат различни пристапи на младинска работа базирани на моделите од други европски земји. Споделувањето на искуствата од други држави беше особено олеснато со отпочнувањето на европските програми за образование и мобилност, во кои Македонија доби право да учествува уште од почетокот на 2000-тите. Како резултат на тоа, младинската работа во Македонија придоби елементи од Англија, Франција, Белгија, Австрија и други земји. Различните пристапи вклучуваа основање отворени младински центри, младински информативни центри, младинска работа на улица, активности со млади со ограничени можности и така натаму. Друг значаен момент во развојот на младинската работа во Република Македонија беше обуката на Центарот за неформално образование Триаголник, во соработка со Универзитетот Јонкопинг од Шведска во полето на младинската работа. Во периодот од 2008-ма до 2011-та година, поголем број на младински работници учествуваа во долгорочната обука „Основи на младинската работа во заедницата”, којашто беше имплементирана во 6 модули на годишно ниво. Во рамките на овој проект беа основани и младинските центри Проактив, како обид за одржлив модел на младинска работа на локално и национално ниво, со цел да се олесни развојот на знаењата, вештините и ставовите кај младите луѓе, да се поддржуваат во барањето на нивните права и да се поттикнуваат да земат активно учество за заедницата. Во оваа програма карактеристично беше вклучувањето на младинските работници, младинските организации и организациите што работат со млади луѓе, професори, родители и образовни институции, носители на одлуки на локално/национално ниво, со цел истите да се запознаат со користа од младинската работа. Долгорочната иницијатива на Центарот за неформално образование Триаголник во полето на младинската работа резултираше и со основање додипломски студии за Лидерство и младинска работа во заедницата, програма имплементирана во 2011 година во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа. На студиите беа запишани само една генерација младински работници, а со нивното затворање замреа и другите активности на Триаголник на ова поле. Следниот бран посериозни интервенции во полето на младинската

16


работа почна во 2012 година, со иницијативата за признавање и професионализација на младинската работа на Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦМД), поддржан од Националниот демократски институт (НДИ). Еден од резултатите на оваа иницијатива беше создавањето на Сојузот за младинска работа, како единствена професионална асоцијација на младински работници во Република Македонија. По оваа иницијатива следуваа неколку други проекти за стандардизација и професионализација на младинската работа, од кои два во рамките на програмата Ерасмус+ на Европската комисија, имплементирани од страна на Коалицијата СЕГА и Центарот за меѓукултурен дијалог, како и во рамки на ИПА програмата за натамошно јакнење и финансиска одржливост на граѓанското општество, имплементиран од Младински културен центар (МКЦ) Битола и НВО Креактив. Благодарение на големиот број активности на ова поле, имплементирани од неколку различни граѓански здруженија во краток временски период, во Република Македонија во голема мера се зголеми разбирањето за младинската работа, како во граѓанскиот сектор, така и меѓу државните и јавните институции. На тој начин е создаде клима за иницирање конкретни процеси во насока на формализација на младинската работа, како на пример, поднесувањето иницијатива за стандард на професијата младински работник. Во септември 2018 година Министерството за труд и социјална политика за прв пат во историјата на Република Македонија го усвои стандардот на занимање во областа на младинската работа, под назив Работник со млади, како еден од профилите на младинските работници, подетално опишани во Националното портфолио за младинска работа.

ВИДОВИ МЛАДИНСКА РАБОТА Постојат повеќе обиди да се направат сеопфатни класификации на видовите на младинската работа. Во продолжение ќе посочиме неколку од нив, кои поаѓаат од различни критериуми. Според С.Банкс, постојат следниве видови на младинска работа: Mладинска работа за помагање на личниот и социјалниот развој наменета за различни целни групи на млади луѓе, која користи активности во сферата на организација на слободното време, а со цел да се спроведе некое неформално образование и информално учење; Превентивна младинска работа која може да биде тесно поврзано со одредена целна група, заради спречување на појава на одредени ризици во однесувањето на младиот човек; Mладинска социјална работа каде што се работи на советување и помагање на младите луѓе коишто се веќе изложени или погодени од некои од социјалните ризици, заради поддршка на нивниот личен и социјален развој и нивно активно учество во заедницата; Младинската работа базирана на активности за организација на

17


слободното време кои немаат за цел да поттикнат или промовираат учење. на пр. селски фудбалски тим; На оваа класификација В. Калаба3 го додава и следново: Младинска работа базирана на активности кои не вклучуваат учење, но кои имаат за цел да привлечат млади кон активности кои се или промовираат неформално образование и информално учење, во правец на личен и социјален развој и активно учество во заедницата, а кои воедно се активности во кои младите, сепак, поттикнати од младинскиот работник, усвојуваат некои вредности и ставови по пат на негова имитација. Калаба, според методот на работа, младинската работа ја класифицира исто како и социјалната работа и тоа: Младинска работа со поединец, која се состои од работа со поединците со цел постигнување на нивниот личен и социјален развој и нивна подготовка за активно учество во општествениот живот. Вообичаените облици на индивидуалната работа се состаноци „еден на еден”, сесии за информирање, едуцирање, советување или менторство, каде што фокусот се става на личноста и нејзините потреби и слично. Групна младинска работа претставува метод каде што неколку млади лица работат и учат заедно во група, а самите членови или лидери им ги обезбедуваат условите за учење. Групната работа се применува најчесто во форма на работилници, семинари, кампови, обуки и сл. Младинска работа во заедницата претставува метод кој ги поврзува, зајакнува и едуцира поединците, групите и институциите во рамките на заедницата. Маневски С. Во својот необјавен магистерски труд „Младинска работа во Република Македонија“ ја дава следнава класификација на младинската работа, поаѓајќи од локацијата каде што се спроведуваа активностите на младинската работа: Младинска работа на отворено. Младинската работа на отворено претставува спроведување активности надвор од младинските клубови, центри или организации. Ваквиот вид на работа најмногу е прифатлив за младите кои не можат, не смеат или не сакаат често да бидат директно вклучени во одредени активности во затворен простор (центри, клубови, организации, училишта и слично). Преку младинската работа на отворено се потврдува дека затворениот простор не е секогаш услов за спроведување на активностите и услугите на младинската работа. Младинската работа на отворено може да се разграничи на два подвида на младинска работа: Независна младинска работа – младинскиот работник работи на места каде што се собираат младите, на пр. автобуски станици, паркови итн. На тој начин, полесно им се пристапува на оние млади што не сакаат да бидат дел од активностите во младинските организации или не се чувствуваат пријатно. Младинскиот работник во овој процес им дава поддршка и ги 3

Kalaba, V. (2007); Tipovi omladinskog rada- esej dodiplomske studije Omladinski rad u zajednici

18


зајакнува младите преку менторство и социјално образование. Информативна младинска работа која е краткорочна активност на младинската работа со цел воспоставување врска меѓу давателите на младинска работа и младите во заедницата. Овој тип на младинска работа тежнее кон тоа да ги запознае младите луѓе со можните услуги што им се нудат и можните вклучувања на младите во различни активности и проекти. Токму во ова се состои разликата меѓу информативната и независната младинска работа бидејќи главната цел на независната младинска работа не е вклучување и членување во младинските организации, туку директна поддршка на младите таму каде што се. Mладинска работа во младински центри. Младинските центри можат да се наоѓаат и во градски и во селски средини, како дел од граѓанските организации или единиците на локална самоуправа, религиските институции, месните заедници, училиштата и слично. Престојувајќи во центрите, младите присуствуваат на одредени специјализирани работилници каде што се фокусираат на личниот и социјалниот развој низ неформално образование и информално учење кое се случува во организирано слободно време. Кон оваа класификација може да ја додадеме и: Младинската работа во други соодветни простори. Активности од младинска работа често се организираат и во други видови на простории во кои работат организации што нудат младинска работа - младински клубови, младински информативни центри или канцеларии приспособени за младинска работа. Младинска работа се нуди и во рамки на други сродни организации и институции, како на пример, училиштата. Следната класификација на младинската работа, поаѓа од профилот на младинските работници, па според тоа, може да биде: Интуитивна младинска работа, која што е иницирана и спроведувана од страна на луѓе кои немаат професионално образование и притоа користат методи врз основа на принципот на разумно работење и искуство; Младинска работа во рамки на општествените движења која има силна и експлицитна поврзаност со општествените движења како што се извиднички, религиски или политички движења; Професионална младинска работа - водена од страна на луѓе со соодветно образование и професионално занимање, коешто е поврзано со младинската работа. При оваа класификација, професионалната младинска работа вклучува и професионален однос меѓу младинските работници и младите, кој е заснован на почитувањето на основните принципи, методологија, етички и морални вредности на младинската работа и применување рефлективна практика. Со професионалната младинска работа можат да се занимаваат оние што ги стекнале потребните компетенции и квалификации за младинска работа низ формално или неформално образование. Најчесто кога зборуваме за младинска работа се подразбира токму професионалната воннаставна младинска работа.

19


ТИПОЛОГИЈА НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА Oбидите за презентирање и сумирање на основните активности на младинската работа, според нивните заеднички карактеристики, не секогаш завршуваат со едноставен финален производ. Според многу модели на младинската работа, видливо е дека активностите зависат од целите и посакуваните резултати и дека младинската работа често е флуидна (променлива) имајќи го предвид големиот број фактори што влијаат. И покрај некои клучни заеднички карактеристики меѓу многу примери на младинската работа, има и доста големи разлики во однос на видовите активности што се понудени и во однос на нивниот фокус. Поради ова, се поставува прашањето: на кој начин би можело практиките на младинската работа да се прикажат разбирливо, а притоа да се почитува нивната разновидност. Класификацијата предложена од Европската Комисија,4 предлага наизглед едноставна типологија изградена врз основа на две главни оски. Тие оски се: Целна група: меѓузависноста на младинската работа и целната група е многу јасна, па затоа се користи токму оваа категорија со цел да се направи разлика и класификација. Главната разлика е меѓу оние активности на младинската работа кои се наменети за сите млади луѓе и оние активности кои се фокусираат на одредени групи, пред сè, млади со помалку можности. Првата група активности се очекува да биде соодветна за сите млади, без разлика на нивното претходно искуство. Втората група активности имаат пристап кон младинската работа кој е посебно развиен за одредени групи млади луѓе што се наоѓаат во специфични ситуации. Поради ова, активностите се конкретни со цел да ги адресираат потребите на младите од посебната група, и притоа ги земаат предвид сите карактеристики на групата и на контекстот во кој работи и живее таа група и Целите на младинската работа: главната цел на некои активности од младинската работа се поддршка на личниот и социјалниот развој на младите и нивно самоостварување. Друга група на активности имаат за цел решавање конкретни прашања за младите. Во овој случај, активностите не се задолжително фокусирани кон една наведена група (иако можат да бидат), туку фокусот е на специфични општествени прашања без разлика на која група или групи на млади се однесуваат. Треба да се напомене дека фокусот на личниот развој на младите, најверојатно, е присутен во сите активности на младинската работа без разлика на методите или темите на активностите, но во првиот случај тука спаѓаат активности на младинската работа каде што личниот развој на младите е главната цел. 4 European commission, Directorate-General for Education and Culture Directorate C – Youth and Sport Unit C1 – Youth policy and programme, Quality Youth Work A common framework for the further development of youth work Report from the Expert Group on Youth Work Quality Systems in the EU Member States, http://ec.europa.eu/assets/eac/youth/library/reports/quality-youth-work_en.pdf

20


ФОКУС НА ОДРЕДЕН ПРОБЛЕМ

ЦЕЛНА ГРУПА

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТИТЕ

СИТЕ МЛАДИНСКИ ГРУПИ НЕСПЕЦИФИЦИРАНО

ЦЕЛНА ГРУПА

ЛИЧЕН РАЗВОЈ НА МЛАДИТЕ ВООПШТО

21

СПЕСИФИЧНИ ГРУПИ НА МЛАДИ


22


КВАЛИТЕТНА МЛАДИНСКА РАБОТА


ШТО Е КВАЛИТЕТНА МЛАДИНСКА РАБОТА Кога се зборува за квалитетна младинска работа, може да се зборува за два различни аспекта, односно за две нивоа на квалитет. Како прво, квалитетот на младинската работа се однесува на остварувањето на целите на младинската работа, односно нејзиниот придонес кон личниот и социјалниот развој на младите луѓе. Во оваа смисла, може да се каже и дека станува збор за ефективноста на младинската работа во остварувањето на поставените цели, односно за способноста на понудувачите на младинска работа и младинските работници да ги спроведат целите во реални резултати во работата со младите луѓе. Како второ, квалитетот на младинската работа се однесува на инкорпорирањето на нејзините вредности и карактеристики во планирањето и спроведувањето на програмите за младинска работа. Дел од тие вредности и карактеристики се однесуваат на процесите неопходни за имплементација на младинската работа, додека дел ги засегаат однесувањето и ставовите на професионалните младински работници, како и политиките на другите чинители во полето на младинската работа. Двата аспекта на квалитетот на младинската работа се тесно поврзани и успехот во остварувањето на поставените цели нужно зависи од користењето на основните вредности и карактеристики во секојдневната работа. На пример, колку се процесите повеќе засновани на принципите на учество и инклузивност, и колку повеќе младинските работници се водат од основните вредности како еднаквост и праведност, толку поуспешна ќе биде младинската работа. Успешното спроведување на целите на младинската работа не значи ништо ако тие цели се остварени на начин што е спротивен на нејзините вредности, или ако самите цели не се поставени преку партиципативен процес на анализа на потребите на младите луѓе.

ПРЕДУСЛОВИ ЗА КВАЛИТЕТНА МЛАДИНСКА РАБОТА Пред воопшто и да се зборува за квалитетна младинска работа, мора да бидат исполнети низа предуслови што ќе гарантираат постоење на структуиран и стабилен систем за обезбедување на младинска работа. Таквите предуслови вклучуваат: Заедничко разбирање на поимот и целите на младинската работа на национално ниво, од страна на сите чинители во полето на младинска работа Препознавање и признавање на младинската работа (самопризнавање, оштественo, формално и политичко признавање) Интегрирање на младинската работа во законските акти, политики и националните стратешки документи во полето на млади и работа со млади Воспоставен систем за формално и неформално образование на

24


младински работници, заснован на национално портфолио на младински работници Општоприфатени етички насоки за младински работници Воспоставена национална структура за младинска работа, вклучувајќи критериуми за понудувачи на младинска работа, стандарди за квалитет и систем за осигурување на квалитет Соодветно образовани младински работници од сите нивоа, во согласност со националните потреби Обезбедени финансиски средства за квалитетно спроведување на младинската работа Обезбедени соодветни просторни и материјални ресурси за квалитетно спроведување на младинската работа Воспоставени инклузивни процеси за планирање и подготовка на младинска работа засновани на потребите на младите луѓе и со користење на методи кои поддржуваат неформална едукација и спонтано учење Воспоставени процеси за истражување, документирање, следење и оценување во младинската работа. Како што може да се заклучи од горенаведеното, предусловите за квалитетна младинска работа подразбираат општоприфатено разбирање за значењето и вредноста на младинската работа, нејзина интеграција во националните политики и стратегии, постоење на структиран општествен систем и достапност на соодветни финансиски и други ресурси. Станува збор за усогласеност за поголем број значајни аспекти од страна на сите чинители во полето на младинската работа, кои доаѓаат од различни структури во општеството и честопати имаат разединувачки интереси и приоритети. Поради тоа, исполнувањето на овие предуслови претставува долготраен и сложен процес на дискусија и преговарање кој може да има успех само доколку сите вклучени страни имаат иста долгорочна цел - поддршка на личниот и социјален развој на младите луѓе во земјата.

КРИТЕРИУМИ ЗА КВАЛИТЕТ ВО МЛАДИНСКАТА РАБОТА Оценувањето на квалитетот на младинската работа се врши врз основа на основни критериуми за квалитет што треба да се стремат да ги исполнат сите понудувачи на младинска работа. Критериумите за квалитет на младинската работа во Македонија се дефинирани врз основа на препораките добиени преку консултативни средби спроведени во рамки на овој проект, а имајќи ги предвид препораките на Европската Комисија и Советот на Европа, како и постоечките стандарди за квалитет во други земји од Европа.

25


Квалитетот на младинската работа во Македонија ќе се оценува врз основа на шест широки критериуми: 1. Целите на младинската работа одговараат на правата и потребите на младите луѓе 2. Младинската работа е заснована на активно и волонтерско учество на младите луѓе 3. Младинската работа нуди можности за учење и личен и социјален развој на младите луѓе 4. Младинската работа промовира еднаквост и вклучување на сите млади луѓе 5. Младинската работа се спроведува во соодветни простори од страна на стручни лица 6. Младинската работа се заснова на процеси на континуирано следење, оценување и подобрување на квалитетот Секој понудувач на младинска работа треба да се стреми во својата работа да ги инкорпорира сите шест критериуми на што повисоко ниво. Критериумите се тесно поврзани и меѓусебно зависни, и неисполнувањето на макар и еден од нив ќе има сериозни последици врз младинската работа генерално. Од особено значење е понудувачите на младинска работа постојано да следат со каков квалитет се услугите што ги нудат и да се стремат кон исполнување на поставените критериуми кои гарантираат нивни квалитет, дури и тогаш кога сметаат дека младинската работа што ја спроведуваат го достигнала највисокото можно ниво на квалитет. Целта на стандардите на квалитет е да постои заедничко разбирање кај сите чинители за тоа каква младинска работа треба да се спроведува во нашата земја. Критериумите треба да претставуваат инспирација за понудувачите постојано да ја подобруваат младинската работа што ја нудат, а институциите да ги подобруваат предусловите што ќе овозможат постигнување на поставените критериуми. Нивото на исполнување на критериумите за квалитетна младинска работа се оценува според поставен сет на индикатори. Понудувачите на младинска работа ќе бидат поддржани во процесот на мерење на индикаторите од страна на стручни лица, преку воспоставен систем за постигнување квалитет во младинската работа. Системот за постигнување квалитет претставува интегрален дел од стандардите за квалитет, заедно со критериумите и индикаторите поврзани со нив.

ИНДИКАТОРИ ЗА КВАЛИТЕТ ВО МЛАДИНСКАТА РАБОТА Функцијата на индикаторите е да овозможат оценување на нивото на исполнување на критерумите за квалитет во младинската работа. Преку мерење на индикаторите ќе може да се заклучи до кој степен програмата за младинска работа го исполнува соодветниот критериум. Со нивна помош 26


може да се споредува реалноста со визијата за младинска работа и да се идентификуваат конкретни области за подобрување. Индикаторите подетално дефинираат кои се конкретните фактори, процеси, вредности и други елементи кои влијаат на спроведувањето квалитетна младинска работа. Тие овозможуваат генералните и апстрактни критериуми да се претворат во мерливи, а постоењето на повеќе индикатори за секој критериум овозможува различни нивоа до кои критериумот може да биде остварен. Имено, одредена програма за младинска работа може да исполнува повеќе индикатори за еден од критериумите, отколку за другите. Дополнително, за оценување на индикаторите се користат четири оценки, што овозможува да се добие појасна слика за различните нивоа на постигнат квалитет во младинската работа во рамки на различните критериуми, како и да се одредат конкретни области за подобрување. За секој индикатор постојат четири можни оценки: Неисполнет - не постојат никакви мерливи докази за остарување на индикаторот Во зачеток - постои видлив напредок во остварувањето на индикаторот, но има потреба од дополнителни заложби кон негово целосно исполнување Исполнет - постојат мерливи докази за целосно остварување на индикаторот, како и подготвеност за натамошен напредок Надминат - постојат мерливи докази за остварување на индикаторот над вообичаеното ниво, и подготвеност да се задржи таквото ниво Индикаторите за квалитет на младинската работа во Република Македонија се претставени во следната табела.

27


1. Целите на младинската работа одговараат на правата и потребите на младите 1.1. Потребите на младите луѓе се идентификувани преку партиципативен и инклузивен процес 1.2. Целите на младинската работа се разбрани на ист начин од страна на сите чинители (младите луѓе, понудувачите на младинска работа, младинските работници, претставниците на релевантни институции) 1.3. Програмите за младинска работа ги рефлектираат дефинираните права, потреби на младите и целите на младинската работа 1.4. Програмите за младинска работа ги третираат младите луѓе како достоинствени, одговорни и активни чинители, фокусирајќи се на нивните потенцијали и силни страни 2. Младинската работа е заснована на активно и волонтерско учество на младите 2.1. Младите луѓе имаат можност да се активно вклучени во сите процеси поврзани со планирање, спроведување и евалуација на програмите за младинска работа 2.2. Младите луѓе самостојно одлучуваат за нивното вклучување во програмите за младинска работа 2.3. Младинската работа промовира развој на младите луѓе како индивидуи коишто се одговорни за сопствениот процес на учење и личен развој 3. Младинската работа нуди можности за учење и личен и социјален развој на младите 3.1. Програмите за младинска работа користат разновидна методологија за неформално образование и информално учење што одговара на типот, целите, тематиката и целната група 3.2. Програмите за младинска работа го поддржуваат развојот на клучните компетенции на младите 3.4. Програмите за младинска работа се спроведуваат на начин што е забавен и атрактивен за младите 3.5. Програмите за младинска работа ги третираат младите луѓе како дел од пошироката заедница, поддржувајќи го нивниот развој како активни граѓани и градењето здрави релации со другите групи во општествотo 4. Младинската работа промовира еднаквост и вклучување на сите млади 4.1. Програмите за младинска работа гарантираат еднаквост на сите млади луѓе, независно од нивните пол, општествен статус, политичка, етничка,

28


национална припадност, сексуална ориентација, здравствена состојба и сл. 4.2. Програмите за младинска работа се достапни за сите млади луѓе, особено за оние со помалку можности 4.3. Програмите за младинска работа користат методологија што одговара на потребите на сите млади луѓе вклучени во програмата 4.4. Програмите за младинска работа промовираат разновидност, инклузивност и почитување на разликите 5. Младинската работа се спроведува во соодветен простор од страна на стручни лица 5.1. Просторот во кој се обезбедува младинска работа е соодветен на типот на младинската работа и располага со неопходната опрема 5.2. Просторот во кој се обезбедува младинска работа гарантира услови што не ги загрозуваат здравјето и безбедноста на младите 5.3. Програмите за младинска работа имаат воспоставен систем за заштита на младите луѓе 5.4. Програмите за младинска работа се спроведувани од страна на лица кои имаат соодветни компетенции стекнати преку формално или неформално образование 6. Младинската работа се заснова на процеси на континуирано следење, оценување и подобрување на квалитетот 6.1. Квалитетот на програмите за младинска работа се оценува од страна на стручен тим различен од оној што е директно одговорен за нивната имплементација 6.2. Понудувачите на младинска работа имаат воспоставен систем за континуирано подобрување на квалитетот на програмите на младинска работа и развој на компетенциите на младинските работници 6.3. Понудувачите на младинска работа негуваат култура на иновативност, критичка рефлексија и подготвеност за учење

29


СИСТЕМ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ КВАЛИТЕТ ВО МЛАДИНСКАТА РАБОТА Постигнувањето квалитет во младинската работа е долготраен процес во кој главна улога имаат понудувачите на младинска работа. Користејќи развиени алатки за мерење на индикаторите, понудувачите на младинска работа поминуваат низ повторувачки циклус на самооценување, поставување цели за натамошно подобрување, имплементирање на активности за подобрување на квалитетот и евалуација на постигнатиот напредок. Стручни лица од областа на младинската работа помагаат во сите чекори од овој процес. Системот за постигнување квалитет во младинската работа го поставува и координира чадорната организација на понудувачи на младинска работа, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт (АМС) и со поддршка од сите други државни органи засеганти од квалитетот на младинската работа. За потребите на спроведувањето на таквиот систем се воспоставува база на оценувачи номинирани од страна на понудувачите на младинска работа. Начинот на бирање, критериумите, улогата и обврските на оценувачите, како и правата и обврските на понудувачите што произлегуваат од воспоставениот систем за квалитет се дефинирани во заеднички меморандум на чадорната организација на понудувачи и Агенцијата за млади и спорт. Циклусот за постигнување квалитет во младинската работа се спроведува во текот на 3 години и се води индивидуално за секој понудувач. Во текот на првата година се спроведува самооценување на понудувачите, како и надворешно оценување од страна на двајца оценувачи. На крајот од процесот на оценување, понудувачот подготвува план за подобрување на квалитетот на младинската работа. Во текот на втората година понудувачот работи на имплементација на активностите од планот за подобрување на квалитетот и продолжува со континуиран процес на самооценување. На крајот од втората година понудувачот поднесува извештај за напредокот. Процесот на имплементација на планот за подобрување продолжува и во текот на третата година и завршува со финален извештај за напредокот, што потоа го иницира отпочнувањето на новиот тригодишен циклус за постигнување квалитет во младинската работа.

30


Табеларен приказ на сите фази од процесот:

ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД

ЧЕКОРИ

1 месец

Состанок со оценувачите од базата на оценувачи за отпочнување на процесот Воспоставување на тим за самооценување од страна на понудувачот

2 месец

Изготвување на краток опис на младинската работа што се спроведува

3-4 месец

Самооценување со мерење на индикаторите за исполнување на критериумите за квалитет

5-6 месец

Надворешно оценување на индикаторите од страна на оценувачите: Разгледување на поднесената документација од страна на организацијата Набљудување на младинската работа Состаноци со засегнатите страни (младински работници, млади, управни тела, менаџмент)

7 месец

Состанок на оценувачите со тимот за самооценување: Споделување фидбек Дефинирање на области за подобрување на квалитетот

8-9 месец

Изготвување план за подобрување на квалитетот на младинската работа

9 месец

Усвојување на планот за подобрување на квалитетот и договарање за идните чекори од процесот

10-12 месец и во текот на втората година

Имплементација на активностите од планот за подобрување на квалитетот и континуиран процес на самооценување

Крај на втората година

Поднесување на прв извештај за спроведувањето на планот за подобрување на квалитет и поставување нови цели и активности за наредната година 31


Оценување од страна на оценувачите и договарање на идните чекори од процесот Трета година

Имплементација на активностите од планот за подобрување на квалитетот и континуиран процес на самооценување

Крај на третата година

Поднесување на финален извештај за спроведување на планот за подобрување на квалитетот и подготовка за новиот циклус од процесот

Процесот за подобрување на квалитетот на младинската работа го водат двајца оценувачите од базата на оценувачи, заедно со тимот за самооценување воспостване од страна на понудувачот на младинска работа. Сите извештаи се доставуваат до тимот задолжен за имплементација на системот за подобрување на квалитетот на младинската работа, составен од претставници на чадорната организација на понудувачи на младинска работа и Агенцијата за млади и спорт. Сите понудувачи на младинска работи кои се вклучени во овој процес и ги остваруваат сите чекори во согласност со планот се стекнуваат со беџ за квалитетна младинска работа. Понудувачите кои ќе постигнат особен напредок во подобрување на квалитетот на младинската работа ќе се стекнат со беџ за највисок квалитет во младинската работа.

32


АЛАТКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ ВО МЛАДИНСКАТА РАБОТА Во процесот на подобрување на квалитетот на младинската работа се користат стандардни алатки креирани од страна на тимот задолжен за имплементација на системот за подобрување на квалитетот на младинската работа. Следуваат предлог-алатки за оценување на квалитетот. 1. Форма за краток опис на младинската работа што се спроведува Краток опис на младинската работа Да се изготви во текот на вториот месец од процесот за подобрување на квалитетот на младинската работа, од страна на вопоставениот тим за самооценување. По потреба се ревидира во текот на целиот тригодишен циклус. Понудувач на младинска работа Членови на тимот за самооценување Датум на поднесување Опишете ја накратко младинската работа што ја спроведувате, осврнувајќи се најмалку на следните прашања: Кои се мисијата и целите на вашата организација и како се вклопува младинската работа во нив? Кои се целите на младинската работа што ја спроведувате? Која е целната група со која спроведувате младинска работа и кои се нивните потреби? Како ги оценувате потребите на целната група и како ги планирате целите и активностите на младинската работа што ја нудите? Какви типови на младинска работа спроведувате (според локација, тема, методи на работа)? Со какви ресурси за спроведување на младинска работа располагате? Колку младински работници се вклучени во спроведувањето на младинската работа и на кое ниво се во согласност со националното портфолио за младински работници? Краток опис (2-3 страни):

33


2. Форма за самооценување на критериумите за квалитет Критериуми за квалитет - форма за самооценување Генерална оценка на исполнувањето на критериумот за квалитет. Да се пополни од страна на тимот за самооценување откако најпрво ќе се оценат сите индикатори. КРИТЕРИУМ

Примери за мерливи докази по кои може да се оцени остварување на индикаторите

1. Целите на младинската работа одговараат на правата и потребите на младите 2. Младинската работа е заснована на активно и волонтерско учество на младите 3. Младинската работа нуди можности за учење и личен и социјален развој на младите 4. Младинската работа промовира еднаквост и вклучување на сите млади 5. Младинската работа се спроведува во соодветни простории од страна на стручни лица 6. Младинската работа се заснова на процеси на континуирано следење, оценување и подобрување на квалитетот 34

Генерална оценка за остварувањето на критериумот, со нагласување на силните и слабите страни


3. Форма за самооценување на индикаторите за квалитет (во рамки на првиот критериум како пример) Индикатори за мерење на критериумите за квалитет - форма за самооценување Да се пополни од страна на тимот за самооценување. Формата содржи опис на состојбата што одговара на секоја од оцените за исполнување на индикаторот. За секој индикатор посебно да се означи која состојба најблиску ја отсликува реалноста. За индикаторот да биде оценет како надминат потребно е да исполнува сè што е содржано во оцената за исполнет, плус наведените дополнителни критериуми. КРИТЕРИУМ 1. ЦЕЛИТЕ НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА ОДГОВАРААТ НА ПРАВАТА И ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ Непостоечки

Во зачеток

Исполнет

Надминат

ИНДИКАТОР

1.1. Потребите на младите луѓе се идентификувани преку партиципативен и инклузивен процес

Не постои процес за идентификувањ е на потребите на младите, или потребите се идентификуваат на неформален начин

Се имплементираат процеси за идентификување на потребите на младите, но младите не се секогаш вклучени и консултирани

ИНДИКАТОР

1.2. Целите на младинската работа се разбрани на ист начин од страна на сите чинители (младите луѓе, понудувачите на младинска работа, младинските работници, претставниците на релевантни институции)

Различните чинители имаат целосно различни цели, или не постојат јасно дефинирани цели на младинската работа

Генерално поклопување на целите меѓу повеќето чинители, со одредени несогласувања и нејаснотии

Процесите за идентификување на потребите активно ги вклучуваат младите и овозможуваат пристап на млади луѓе со органичени можности

Јасно дефинирани цели и целосна усогласеност на разбирањето на нивното значење кај сите чинители

35

Се преземаат проактивни мерки за вклучување на маргинализирани млади, младите луѓе ја споделуваат лидерската улога во процесот

Се преземаат активни мерки за усогласување на разбирањето на целите врз основа на какви било настанати промени и нови состојби


ИНДИКАТОР

Програмите не ги земаат предвид потребите и правата на младите или се насочени кон сосема други приоритети

ИНДИКАТОР

Програмите ги третираат младите како проблем и како пасивна социјална група која не може да понуди ништо од вредност

1.3. Програмите за младинска работа ги рефлектираат дефинираните права, потреби на младите и целите на младинската работа Програмите делумно одговараат на генералните потреби и права на младите, но не секогаш конкретно на целната група

Програмите целосно одговараат на конкретните права и потреби на целната група идентификувани преку партиципативен и инклузивен процес

Се преземаат активни мерки за адресирање на правата и потребите на маргинализиранит е млади, и за усогласување на програмите на промени и нови состојби

1.4. Програмите за младинска работа ги третираат младите луѓе како достоинствени, одговорни и активни чинители, фокусирајќи се на нивните потенцијали и силни страни Програмите делумно ја препознаваат вредноста на младите како активни чинители со капацитети и силни страни

Програмите целосно ги третираат младите како активни чинители и се посветени на дополнително јакнење на нивните капацитети

Се преземаат активни мерки со други социјални групи за зајакнување на позицијата на младите како активни чинители и нивно анимирање за дополнително јакнење на нивните капацитети

КРИТЕРИУМ 2. МЛАДИНСКАТА РАБОТА Е ЗАСНОВАНА НА АКТИВНО И ВОЛОНТЕРСКО УЧЕСТВО НА МЛАДИТЕ Непостоечки ИНДИКАТОР

Во зачеток

Исполнет

Надминат

2.1. Младите луѓе имаат можност да бидат активно вклучени во сите процеси поврзани со планирање, спроведување и евалуација на програмите за младинска работа

36


Младите се само информирани, а возрасните ги водат сите процеси

ИНДИКАТОР Младите се вклучуваат во програми за младинска работа под убедување дека мора да учествуваат ИНДИКАТОР

Младинската работа ги третира младите како пасивни консументи на активности неспособни да го планираат сопственото учење

Младите луѓе се консултирани во процесот на планирање и спроведување

Процесот на планирање е воден од возрасни, но младите се целосно вклучени во сите фази

Процесите за планирање, спроведување и евалуација се водени заеднички од возрасните и младите

2.2. Младите луѓе самостојно одлучуваат за нивното вклучување во програмите за младинска работа Младите се свесни дека треба самостојно да одлучуваат за вклучување во младинска работа, но немаат секогаш можности за тоа

Младите се целосно информирани и секогаш самостојно одлучуваат за нивното вклучување во младинска работа

Младите имаат широки можности да изберат програми за младинска работа кои најмногу им одговараат на нивните потреби

2.3. Младинската работа промовира развој на младите луѓе како индивидуи коишто се одговорни за сопствениот процес на учење и личен развој Младите се директно одговорни за дел од процесите на учење и личен развој

Младинската работа им помага на младите да бидат целосно одговорни за сите фази од процесите на учење и личен развој

Младите луѓе се активно вклучени во развивање алатки и иновативни начини за поддршка на процесите на учење и личен развој

КРИТЕРИУМ 3. МЛАДИНСКАТА РАБОТА НУДИ МОЖНОСТИ ЗА УЧЕЊЕ И ЛИЧЕН И СОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ НА МЛАДИТЕ Непостоечки ИНДИКАТОР

Програмата користи

Во зачеток

Исполнет

Надминат

3.1. Програмите за младинска работа користат разновидна методологија за неформално образование и информално учење што одговара на типот, целите, тематиката и целната група Програмата користи основна

Програмата користи широк

37

Програмата користи широк


застарена или несоодветна методологија, или само методи што се користат во формалното образование

ИНДИКАТОР

Програмата не е воопшто насочена кон личниот развој на младите, или тоа не е еден од главните приоритети

ИНДИКАТОР

Младинската работа се спроведува на начин што младите генерално не го доживуваат како забавен или атрактивен ИНДИКАТОР

методологија за неформално образование и информално учење, не секогаш соодветни на типот, целите, тематиката и целната група

спектар на соодветна методологија во зависност од типот, целите, тематиката и целната група

спектар на методологија посебно приспособена на потребите на сите

3.2. Програмите за младинска работа го поддржуваат развојот на клучните компетенции на младите

Програмата го поддржува развојот на клучните компетенции најчесто како непланирана последица од програмите што се спроведуваат

Програмата плански го поддржува развојот на клучните компетенции на младите

Младите се активно вклучени во планирање кои клучни компетенции ќе ги развијат и на кој начин

3.3. Програмите за младинска работа се спроведуваат на начин што е забавен и атрактивен за младите

Програмата вметнува елементи и методологија што ја зголемуваат нејзината атрактивност и забавност

Младите ја оценуваат програмата како многу забавна и атрактивна, и програмата привлекува млади кои не се вклучуваат во други активности

Младинската програма со својата забавност и атрактивност успева да ги привлече најмаргинализир аните групи.

3.4. Програмите за младинска работа ги третираат младите луѓе како дел од пошироката заедница, поддржувајќи го нивниот развој како активни граѓани и градењето здрави релации со другите групи во општествотo

38


Програмата работи со младите одвоено, како изолирана група во општеството

Програмата се имплементира со свесност дека младите се дел од општеството и понекогаш обработуваат теми поврзани со другите групи

Програмата секогаш прави опфат на младите и сите други релевантни општествени групи, во зависност од целите, типот,

Се преземаат активни мерки за работа со другите општествени групи со цел поддршка на социјалниот развој на младите

КРИТЕРИУМ 4. МЛАДИНСКАТА РАБОТА ПРОМОВИРА ЕДНАКВОСТ И ВКЛУЧУВАЊЕ НА СИТЕ МЛАДИ Непостоечки ИНДИКАТОР

Програмата директно промовира нееднаков третман на младите, или воопшто не го обработува тоа прашање

ИНДИКАТОР Програмата е подостапна за привилегирани

Во зачеток

Исполнет

Надминат

4.1. Програмите за младинска работа гарантираат еднаквост на сите млади луѓе, независно од нивниот пол, општествен статус, политичка, етничка, национална припадност, сексуална ориентација, здравствена состојба и сл

Програмата начелно гарантира еднаквост, но во реалност некогаш има пречки во имплементациј ата на тој пристап, особено спрема одредени групи на млади

Програмата секогаш еднакво ги третира сите млади и презема активни мерки за борба против дискриминацијат а по која било основа

Програмата презема активни мерки за обезбедување фер пристап, што ќе им овозможи на младите со ограничени можности да се во еднаква положба со другите

4.2. Програмите за младинска работа се достапни за сите млади луѓе, особено за оние со помалку можности Програмата е начелно достапна за сите, но во

Сите аспекти од програмата се достапни за сите

39

Се преземаат активни мерки за доближување на


групи на млади луѓе, или воопшто не го обработува прашањето за достапност ИНДИКАТОР

Програмата користи еднообразна и неприспособена методологија, без оглед на целната група

ИНДИКАТОР Програмата е директно насочена против разновидност и инклузивност, или воошто не обрнува внимание на почитувањето на разликите

реалност некогаш има пречки во имплементацијата на тој пристап

групи млади и не постојат никакви пречки за кој било заинтересиран млад човел

програмата до маргинализиранит е групи на млади

4.3. Програмите за младинска работа користат методологија што одговара на потребите на сите млади вклучени во програмата Програмата прави обиди за приспособување на методологијата на потребите на целната група, но не секогаш успешно

Програмата секогаш ги зема предвид потребите на целната група при адаптација на методологијата

Програмата развива сопствена методологија креирана специјално за да одговара на потребите на целната група

4.4. Програмите за младинска работа промовираат разновидност, инклузивност и почитување на разликите Програмата начелно поддржува разновидност и инклузивост, но во реалност не ги промовира секогаш директно тие вредности

Програмата активно промовира разновидност, инклузивност и почитување на разликите преку континуирано јавно застапување на тие вредности

Програмата тематски обработува вредности како разновидност, инклузивност и почитување на разликите

КРИТЕРИУМ 5. МЛАДИНСКАТА РАБОТА СЕ СПРОВЕДУВА ВО СООДВЕТНИ ПРОСТОРИИ ОД СТРАНА НА СТРУЧНИ ЛИЦА Непостоечки ИНДИКАТОР

Програмата се спроведува во несоодветен

Во зачеток

Исполнет

Надминат

5.1. Просторот во кој се обезбедува младинска работа е соодветен на типот на младинската работа и располага со неопходната опрема Програмата најчесто се спроведува во

Програмата се спроведува во простор со

40

Програмата се имплементира во простор


простор и има недостиг од неопходна опрема за работа

ИНДИКАТОР

Просторот е во лоша состојба и е опасен по здравјето и безбедноста на младите

ИНДИКАТОР Не постојат никакви планови и процедури за заштита на младите кои учествуваат во програми за младинска работа

ИНДИКАТОР

Лицата коишто работат со

простор што е соодветно адаптиран за типот на младинската работа и со користење на минимум неопходна опрема

користење опрема што е целосно соодветна на целите, темите и целната група

специјално креиран да одговори на најспецифичните карактеристики на типот на младинската работа и на потребите на целната група

5.2. Просторот во кој се обезбедува младинската работа гарантира услови што не ги загрозуваат здравјето и безбедноста на младите Просторот генерално ги исполнува условите за заштита на здравјето и безбедноста, но постојат области за подобрување

Просторот е во добра состојба и не постојат ризици по здравјето и безбедноста на младите

Просторот нуди дополнителни услови и за младите кои имаат посебни здравстени потреби или се соочуваат со безбедносни ризици

5.3. Програмите за младинска работа имаат воспоставен систем за заштита на младите луѓе Понудувачот има генерален, но недоволно формализиран систем за заштита на младите, и недостигаат конкретни планови и процедури

Понудувачот има разработено детални планови и процедури за заштита на младите во сите можни ситуации во согласност со младинската работа што ја спроведува

Понудувачот има развиено дополнителни планови и процедури за заштита на ранливите групи млади

5.4. Програмите за младинска работа се спроведувани од страна на лица коишто имаат соодветни компетенции стекнати преку формално или неформално образование Лицата коишто работат со

Лицата коишто работат со

41

Лицата коишто работат со


младите немаат стекнато никакво образование во областа

младите имаат претходно практично работно искуство во работа со млади, и имаат стекнато образование во блиски области

младите имаат стекнато соодветно формално и/или неформално образование во согласност со националното портфолио и типот на младинската работа што ја извршуваат

младите се дополнително специјализирани со специфични области и целни групи

КРИТЕРИУМ 6. МЛАДИНСКАТА РАБОТА СЕ ЗАСНОВА НА ПРОЦЕСИ НА КОНТИНУИРАНО СЛЕДЕЊЕ, ОЦЕНУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ Непостоечки ИНДИКАТОР

Понудувачот не спроведува постапки за оценување на квалитетот и/или не постојат лица одговорни за таа задача

ИНДИКАТОР

Понудувачот нема никаква активност во насока на подобрување на

Во зачеток

Исполнет

Надминат

6.1. Квалитетот на програмите за младинска работа се оценува од страна на стручен тим различен од оној што е директно одговорен за нивна имплементација Понудувачот спроведува постапки за оценување на квалитетот, но најчесто врз основа на неформализиран и процедури и од страна на лица кои се вклучени во директно спроведување на програмите

Понудувачот има воспоставено формални постапки за оценување на квалитетот и има назначено тим одговорен за таа задача, различен од оној задолжен за директно спроведување на програмите

Понудувачот има развиено специјализирани постапки и алатки соодветни на типот на младинската работа што ја спроведува

6.2. Понудувачите на младинска работа имаат воспоставен систем за континуирано подобрување на квалитетот на програмите за младинска работа и развој на компетенциите на младинските работници Понудувачот работи на подобрување на квалитетот на програмите и

Понудувачот има развиено детален формален систем за подобрување на квалитетот и

42

Понудувачот инвестира дополнителни ресурси за планско


квалитетот на програмите за развој на компетенциите на младинските работници

ИНДИКАТОР

Понудувачот не воведува никакви новини во спроведувањето на младинската работа и не ја развива својата работа во областа

развој на компетенциите на младинските работници, но не доволно плански и без постоење на формален систем

развој на компетенциите на младиските работници, со акциски план, временска рамка и лица одговорни за негово спроведување

подобрување на квалитетот и развој на компетенциите на младинските работници во согласност со целите за иден развој на програмите за младинска работа

6.3. Понудувачите на младинска работа негуваат култура на иновативност, критичка рефлексија и подготвеност за учење Понудувачот покажува подготвеност за внесување промени и иновативност во работата, но недостасува стратегија и процеси за рефлексија и учење

Понудувачот има воспоставено процеси за критичка рефлексија и континуирано учење и активно поддржува иновативност од страна на младинските работници

43

Понудувачот инвестира дополнителни ресурси за организациско учење и иновативност во програмите за младинска работа


4. Форма за надворешно оценување на квалитетот на младинската работа Извештај за оценување на квалитетот на младинската работа Да се изготви од страна на надворешните оценувачи во текот на петтиот или шестиот месец од процесот за подобрување на квалитетот на младинската работа. Формата се пополнува по добиени пополнети форми за самооценување од страна на понудувачот. Понудувач на младинска работа Членови на тимот за самооценување Надворешни оценувачи 1. Анализа на формите за самооценување Коментар за нивоата на остварување на индикаторите и критериумите за квалитет проценети од страна на понудувачот. Валидација на мерливите докази обезбедени од страна на понудувачот за секој од индикаторите. Датум на поднесување на формите за самооценување Датум на поднесување на анализата од оценувачите Коментари:

2. Резултати од набљудувањето на младинската работа Информации за извршеното набљудување, идентификуваните критериуми и мерливи докази за остварување на индикаторите Датум и локација на извршеното набљудување Информации за типот на набљудуваната младинска работа Кои критериуми за квалитет можеа да бидат мерени преку набљудуваната младинска работа?

44


Кои набљудувани практики го потврдија квалитетот на секој од критериумите што можеа да бидат мерени? Генерален коментар за нивото на остварување на секој од критериумите.

До кој степен набљудуваните практики и мерливи докази ги потврдија резултатите од самооценувањето од страна на понудувачот? Во кои области имаше отстапувања?

3. Извештај од состаноци со засегнати страни (младински работници, млади, управни тела, менаџмент) Информации за одржани состаноци, дискутирани критериуми и заклучоци поврзани со остварувањето на индикаторите и критериумите за квалитет. Датум и локација на одржани состаноци Присутни лица на состаноците Кои критериуми за квалитет беа дискутирани на состаноците? Кои практики на понудувачот го потврдуваат квалитетот на секој од критериумите што беа дискутирани?

Кои критериуми за квалитет можат да бидат остварени на повисоко ниво? На кој начин?

45


5. План за подобрување на квалитетот на младинската работа План за подобрување на квалитетот на младинската работа Да се подготви од страна на тимот за самооценување на понудувачот, во соработка со сите засегнати страни (менаџмент, управни тела, младински работници, млади) и со надворешните оценувачи. Се подготвува во текот на осмиот или деветтиот месец од процесот, по доставениот извештај од страна на оценувачите и по одржаниот состанок со тимот за самооценување. Наведете ги областите за подобрување на квалитетот, конкретни активности што ќе бидат спроведени, временска рамка и одговорни лица. Критериум за квалитет

Идентификувани области за подобрување

Активности што ќе бидат преземени за секоја од областите

Целите на младинската работа одговараат на правата и потребите на младите Младинската работа е заснована на активно и волонтерско учество на младите Младинската работа нуди можности за учење и личен и социјален развој на младите Младинската работа промовира еднаквост и вклучување на сите млади 46

Кој ќе биде одговорен за активностите и во кој рок


Младинската работа се спроведува во соодветни простории од страна на стручни лица Младинската работа се заснова на процеси на континуирано следење, оценување и подобрување на квалитетот Име и презиме

Потврдено од страна на лидерот на тимот за самооценување на понудувачот

Датум

Дополнителни коментари (доколку има потреба)

Име и презиме

Потврдено од страна на надворешниот оценувач

Датум

Дополнителни коментари (доколку има потреба)

47


5. План за подобрување на квалитетот на младинската работа Извештај за спроведување на планот за подобрување на квалитетот на младинската работа Да се подготви од страна на тимот за самооценување на понудувачот, во соработка со сите засегнати страни (менаџмент, управни тела, младински работници, млади) и да се достави до назначениот надворешен оценувач. Се доставува во последниот квартал од втората и третата година од процесот за подобрување на квалитетот на младинската работа. Понудувач на младинска работа Членови на тимот за самооценување Датум на поднесување Наведете ги главните области на постигнат напредок посочувајќи конкретни мерливи докази, и врз основа на постигнатото, идентификувајте нови цели за подобрување и активности за наредната година. Критериум за квалитет

Постигнат напредок во областите одредени со планот за подобрување на квалитетот

Области во кои е потребен дополнителен напредок и активности што ќе бидат преземени

Целите на младинската работа одговараат на правата и потребите на младите Младинската работа е заснована на активно и волонтерско учество на младите

48

Кој ќе биде одговорен за активностите и во кој рок


Младинската работа нуди можности за учење и личен и социјален развој на младите Младинската работа промовира еднаквост и вклучување на сите млади Младинската работа се спроведува во соодветни простории од страна на стручни лица Младинската работа се заснова на процеси на континуирано следење, оценување и подобрување на квалитетот Главни предизвици во процесот на подобрување на квалитетот и стратегија за нивно надминување

Дополнителни области за подобрување на квалитетот

Други коментари

49


Коментари од надворешниот оценувач Да се подготви од страна на надворешниот оценувач врз основа на поднесениот извештај од страна на понудувачот. Коментарите да се достават до понудувачот во рок од еден месец по поднесениот извештај. Оценувач Датум на поднесување Коментари за постигнатиот напредок

Насоки за справување со предизвиците и евентуално новонастанати промени

Препорачани активности за натамошно подобрување на квалитетот и евентуално нови области

Дополнителни коментари

50


51


52


53


54


55


56


57


58



www.smr.org.mk Скопје 2019


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.