Page 1

Наставен предмет:Македонски јазик Наставник:Роза Китрозоска Наставна тема:Опис(опишување) Одделение:6(шесто) Училиште:,,Единство“-Октиси


Опис(опишување)

Описот е битен елемент во литературната творба.Описот е ,,слика со зборови“ Во творбите сретнуваме описи на :ликови,предмети,природни појави,на природата воопшто(пејзажи),на објекти,на простории и сл.


Опис на предмет ,,...Но она од што тешко го одвојувам погледот е парче ткаенина.Дедо вели дек тоа е дел од галичка народна носија,кое баба ми го ткаела,го везела и го украсила.Колку убави шари навезени со црн,црвен и жолт конец!А нишките?Висат од сите четири страни на ткаенината.Густи,изврзани во јазли како топчиња.На краевите висат стари,сребрени петлици.Секој миг имам чувство дека ќе заѕвонат...“


Галичка носија   

Шари со црн,црвен и жолт конец; Нишки-густи,изврзани во јазли како топчиња; На краевите висат стари,сребрени петлици.


Опис на природна појава ,,...Почна едно многу убаво време на будење, цутење и пплодење.Мирното ѕвездено небо беше потонало во сонлива дремка.Наеднаш, црните облаци се прикрадоа како непријателски војници и ги зазедоа сите негови светилки.Се осветли целата негова околина-ден!Почна да грми како нешто даа се урива,па се посилно татнење и кинење на небото кое плаче.И одеднаш-краууу...Настана голем небесен пожар.Пламените јазици почнаа да слегуваат кон земјата...“


Невреме  

 

Почна да грми како нешто да се урива; Се посилно татнење и кинење на небото кое плаче; Настана голем небесен пожар; Пламените јазици почнаа да слегуваат кон земјата.


Опис на пејзаж ,,...И не беше тоа некој висок рид!Селаните го пошумувале со најразлични видови дрвја и грмушки.Целото ритче беше прошарано со тесни патеки.Каков поглед,каква милина!Се распослала дедовата нива ,а во неа натежнало житното класје.А околу него гордо се издигнале сончогледите ,толку слични на сонца.Милина да гледаш!...“


Природа     

Најразлични видови дрвја; Тесни патеки; Каков поглед,каква милина; Натежнало житното класје; Гордо се издигнале сончогледите ,толку слични на сонца.


Opis-opisuvanje  

Prezentacija za opis vo 6(sesto)odd.

Advertisement
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you