Руска реч Македонија #3

Page 1

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

НАСТАНИ

Ѕвон од космосот ВОЈСКА

www.rbth.ru

САБОТА - НЕДЕЛА, 9-10 МАРТ 2013

БРОЈ 3

Русинките во воената служба не мечтаат за јуриш стр. 4

стр. 8

ИСТОРИЈА

Сталинград и пресвртот во светската историја

стр. 10

ИНТЕРВЈУ: ВИКТОРИЈА ЛОБА, ПЕЈАЧКА

Сјајната руска ѕвезда на македонската сцена

Ani&Dimi Photography

стр. 13

Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

КУЛТУРА

Каква тајна крие матрјошката? стр. 14

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 27 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“


2|

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

РУСКА РЕЧ

Путин ја претстави новата за надворешната политика Русија ќе ја продолжи активната политика на меѓународната арена, применувајќи ги современите методи на економска дипломатија и мека сила, интелигентно вклопувајќи се во протокот на информации, изјави рускиот претседател на состанокот со членовите на Советот за безбедност на Русија во Кремљ, претставувајќи ја обновената концепција на надворешната политика на земјата

Кира Латухина Максим Макаричев

Русија ќе ја продолжи активната политика на меѓународната арена, применувајќи ги современите методи на економска дипломатија и мека сила, интелигентно вклопувајќи се во протокот на информации, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со членовите на Советот за безбедност на Русија во Кремљ, претставувајќи ја обновената Концепција на надворешната политика на земјата. Рускиот претседател потсети дека концепцијата е подготвена во согласност со неговиот указ од 7 мај 2012 година. „Вие сте на чело на ресорот кој во помал или во поголем степен се занимава со прашањата за надворешната политика, затоа нема потреба да навлегуваме во детали“, им се обрати тој на учесниците на состанокот. „Вие самите се занимававте со подготовката на овој документ“. Впрочем, рускиот претседател ги наброја клучните тези на концепцијата. „Русија и натаму ќе се придржува кон активната конструктивна линија во меѓународните работи. Нејзината тежина и нејзиниот авторитет во светот ќе се засилуваат“, уверен е тој.

„Основните принципи на надворешната политика на Руската Федерација (РФ) и понатаму се неизменети“, изјави Путин. „Тоа се, пред сѐ, отвореноста, предвидливоста, прагматизмот, насоченоста кон достигнувањето и зачувувањето на националните интереси, безусловно, без каква и да е конфронтација“. „Русија е заинтересирана за благопријатни услови за реализација на задачите за внатрешната изградба, а, исто така, и за решавање на социјалните и на економските задачи“, продолжи рускиот претседател. „Безусловно, со Организацијата на обединетите нации ка-

ко решавачки фактор и со почитувањето на меѓународното право“, додаде тој. Во новата концепција на надворешната политика се земени предвид сите измени што се случија во светот последниве години. Путин направи нивен кус преглед: „Светската финансиско-економска криза, која засега не нѐ остава на мир, прераспределбата на балансот на силите во светот, наглото засилување на турбуленцијата на Блискиот Исток и во Северна Африка, зголеменото значење на културно-цивилизациската конкуренција во светот“.


РУСКА РЕЧ

„Во концепцијата се става акцент на користењето современи форми и методи на надворешнополитичката работа, вклучувајќи ја и економската дипломатија, користењето на таканаречените елементи на мека сила, интелигентно вклопување во глобалниот проток на информации“, појасни рускиот претседател. Во концепцијата се зборува и за заштитата на правата и на интересите на руските државјани и на сонародниците во странство. Претставувајќи ја концепцијата, Путин особено подвлече дека нејзиното реализирање треба да биде изведено со заедничка работа меѓу ресорите, а со координација на Министерството за надворешни работи.

|3

„Росијскаја газета“

КОМЕНТАР

Јасни приоритети Фјодор Лукјанов, главен уредник на магазинот „Русија во глобалната политика“

ИТАР-ТАСС

концепција на Русија

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

Основната содржина на концепцијата за надворешна политика, доколку ја споредиме со документите од минатите години, е малку изменета. Таа ги содржи истите елементи што се споменуваа во минатата деценија. Друга работа е што можеме да зборуваме за појасно изграден систем на приоритети на руската надворешна политика. Во прв ред тоа се однесува на односите со земјите од постсоветското пространство. Во овој документ важноста на соработката со државите од ЗНД е поочигледна и поопределена од гледна точка на надворешнополитичките приоритети. Се издвојува неопходноста за зацврстување на Евроазискиот сојуз, на сестраните врски на постсоветското пространство, од што може да се заклучи дека: во балансот на рускиот приод кон глобалните и кон регионалните проблеми се издвојуваат односите со најблиските соседи. Русија, како што се забележува во концепцијата, сфаќа дека од нејзината способност да игра конструктивна и водечка улога во опкружувањето зависат сите други фактори на нејзината надворешна политика. На планот на односите со земјите од Западот се става голем акцент на прагматичната страна: на зацврстувањето на економскиот потенцијал на Русија. Според мене, мошне важно во оваа концепција е ставот за тоа дека светот во денешниве услови е мошне нестабилен и непредвидлив. Тоа, од една страна, прави ограничувања на надворешната политика, а од друга ги зголемува можните ризици. Претседателот Путин зборува за ова цела година, почнувајќи со својата предизборна програма, последователно искажувајќи ја мислата дека во современиот свет ризиците и заканите доаѓаат од сите страни. Според мене, оваа концепција има тон што е обоен со тезата за тоа дека светот е полн со закани. Во документот особено паѓа в очи тоа дека овие ризици е мошне тешко да се пресметаат и да се предвидат, а понекогаш тоа е речиси невозможно. Во вакви услови особено важни стануваат основите работи што се однесуваат на секоја земја. Од новите тези треба да се одбележи воведувањето на терминот „мека сила“, која всушност е проекција на сопствената идентичност на другите земји и на останатиот свет. Големото значење што ѝ се дава на меката сила сведочи за тоа дека Русија има намера да формира свој идеолошки и морален багаж, со цел да го предлага како алтернатива на светскиот пазар на вредности. Притоа, економијата не се става настрана. Руската дипломатија, како што е истакнато во концепцијата, како и претходно активно ќе работи на унапредување на руските национални економски интереси, уште повеќе што во услови кога ризикот од голема војна сега е низок и веројатноста за неа е мала, се заоструваат други форми на конфронтација, особено во борбата за економско влијание.

Основната содржина на концепцијата за надворешна политика, доколку ја споредиме со документите од минатите години, е малку изменета. Таа ги содржи истите елементи што се споменуваа во минатата деценија


4|

РУСКА РЕЧ

ВОЈСКА

РИА Новости

Русинките во воената служба не мечтаат за јуриш Во руската војска служат 50.000 жени. Нивната служба открива некои интересни разлики меѓу руската и американската војска. Иако не постојат формални наредби од таков вид, во руската војска секогаш се почитува премолчениот џентлменски договор: Јужниот воен округ (ЈВО) понежниот пол треба, колку добива над десет борбени што е можно, да биде хеликоптери Ка-52 „Алигатор“, а првата тура беше заштитен од опасност доставена минатиот месец

Нови „Алигатори“ во воздухот РИА Новости

Јужниот воен округ (ЈВО) во првата половина од годинава ќе добие над десет хеликоптери Ка-52 „Алигатор“, а првата партија беше доставена веќе во февруари годинава, изјави Игор Горбуљ, началник на информативната служба на ЈВО. - Во воздухопловната база на копнената авијација на ЈВО, стационирана во Краснодарскиот крај, се вршат подготовки за останатиот дел од новите борбени хеликоптери Ка52 „Алигатор“, додека првата пратка стаса во текот на минатиот месец - изјави Горбуљ. Тој прецизираше дека во првата половина на 2013 година е планирана испорака од над десет вакви летала за воздухопловната база на копнената авијација, а првите плански летови на „Алигатор“, според програмата на воената обука, треба да бидат реализирани деновиве. - Модернизацијата на вооружувањето на воздухопловната база на ЈВО е во полн ек. Базата, освен првата пратка на „Алигатор“, доби и над десет хеликоптери Ми-28Н „Ноќен ловец“, нови ударни хеликоптери Ми-35М и модернизирани Ми-8АМТШ. Сите хеликоптери од новата генерација се опремени со системите за сателитска навигација ГЛОНАСС и GPS - нагласи официјалниот претставник на воениот округ. Тој истакна дека дополнителната обука на пилотите што ќе управуваат со овие типови

хеликоптер се извршува во Центарот за борбена обука и за усовршување пилоти на копнената авијација во Тверската област. - Една третина од пилотите од нашата единица веќе ја мина дополнителната обука за управување со модерните типови хеликоптери Ми-28Н, Ми-35М, Ми-8АМТШ и Ка-52. Интензитетот на летовите со новите летала е значително зголемен, се лета и по осум до десет часа на ден, со тоа што најмалку 50 отсто од летовите се вршат ноќе - прецизираше Горбуљ. Според податоците на Министерството за одбрана на Руската Федерација, Ка-52 може да уништува блиндирана и неблиндирана техника, жива сила на бојно поле, а, исто така, и воздушни цели. Леталото развива брзина од 310 километри на час. Максималната висина на летање е 5.500 метри, степенот на искачување е 10 метри во секунда, максималниот долет во борбени услови е 520 километри, а без оптоварување - над 1.000 километри.

Јуриј Гаврилов

На Русинките во воената служба никогаш официјално не им било забрането да учествуваат во воени дејствија, каков што е случајот со американската војска. Во руската војска не постои поделба на „борбени“ и на „неборбени“ задачи во зависност од полот. Ако дамата носи еполети, командирот има право да ја испрати на јуриш или во ров на првата борбена линија. Во последно време жените минуваат низ истата воена обука како и мажите, а таа опфаќа пукање од огнено оружје, фрлање бомби, управување со моторизирана техника и вежби за соочување со противнички тенк. Дамите носат униформи како и другите војници, но ни на полигоните не забораваат дискретно да се нашминкаат и да стават обетки. Командирите главно го дозволуваат ова незначително отстапување од прописите.


РУСКА РЕЧ

ВОЈСКА видео на http://ruskarec.mk/17829

Ниту во другите сфери на воениот живот за нив нема никакви олеснувања. Жените одат во патрола и на дежурства исто како и мажите. Од нив се бара строго почитување на правилата на службата. За непочитување, сепак, не ги казнуваат со притвор и не ги тераат со целосна воена опрема да трчаат неколку круга околу стадионот. Последново мошне често се практикува во војската во САД. Но во руската војска секогаш се почитувал премолчениот џентлменски договор: понежниот пол треба, колку што е можно, да биде заштитен од опасност, особено во ситуации опасни за животот. Бидејќи Министерството за одбрана на РФ нема издадено ниту една наредба со која дамите би биле ослободени од испраќање во војна, тие со сите единици и штабови заминуваа на Кавказ, во поранешна Југославија и во други области каде што имало воо-

ИТАР-ТАСС

РИА Новости

PhotoXPress

|5

Дамите дури ни на полигоните не забораваат дискретно да се нашминкаат и да стават обетки. Командирите главно го дозволуваат ова незначително отстапување од прописите

ружени конфликти; сепак, во борбените формации, практично, не се видени жени војници или офицери. Се почитува споменатото правило: жената може да работи во штабот, да биде лице за врски или да работи во санитет, а на првите борбени линии не мора да оди. Мажите ќе ги изложат своите глави на куршумите. Желбата да се оди на првата борбена линија постои само на филм: Џејн сонува за учество во воена операција. Во животот сè е поинаку. Кога ќе го почувствуваат сиот ужас, крвта и валканиците на војната, што во голем дел постои и во заднината, руските жени најчесто не мечтаат за јуриш. Зошто жените во американската војска толку се трудеа да се изедначат со мажите и рамноправно да учествуваат во воени дејствија? Одговорот на ова прашање очигледно треба да го побараме во специфичниот ментален склоп

на Американците и во кадровската практика на Пентагон. Прекуокеанските дами одбиваат да бидат штитени од страна на мажите, дури и во војна. Тие се воспитани така. Освен тоа, воената кариера на жените во САД е сериозно загрозена ако во досието нема податоци за нејзино учество во борбени операции. Затоа Американките толку сакаат да учествуваат во војна. Руските жени и девојки не се плашат од ваквите службено-борбени ограничувања. Најдобрите можат да добијат чинови и да напредуваат во службата, дури и ако ги избегнат рововите на фронтот. Според податоците на Министерството за одбрана, во руската војска минатата година имало триесетина „полковници во здолништа“. Има и жени што се водници и командири. Сепак, ги има малку, и нивниот број е 1,5 отсто од дамската војска, која брои 50.000 жени.


6|

РУСКА РЕЧ

ИНТЕРВЈУ ПАВЕЛ АСТАХОВ, ДЕТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ

ИТАР-ТАСС

Проблемите ќе ги решаваме дома Ана Немцова

Сергеј Пономарјов

Павел Астахов (47) е човек со контроверзна мисија: еднаш засекогаш да стави крај на посвојувањето деца од Русија во Америка. Во интервју со Ана Немцова, тој вели дека сака да стави крај на посвојувањето во странство воопшто. Пред три години, откако беше назначен за правобранител за правата на децата, тој изјави дека посвојувањето во странство е „срам“ за Русија. На почетокот на февруари, пак, Астахов беше назначен за советник на рускиот претседател. Астахов има разнообразна и легендарна правна кариера. На претходната функција како адвокат на одбраната, Астахов често го критикуваше рускиот судски систем. Подоцна тој доби уште поголема популарност како ѕвезда во улога на судија во телевизиската правна образовна програма „Час во судница“. Неговото семејство е „интернационално“ и живее во Москва и во Франција; тој е женет и има три

Павел Астахов зборува отворено за својата мисија за укинување на странските посвојувања и прекинување на улогата на Русија како меѓународен „донатор на сирачиња“

сина. Неговиот најмлад син е роден во Франција, а најстариот, пак, се образовал во САД и во Велика Британија. Прашан дали размислува за посвојување, Астахов одговара: „Тоа е многу тешко, јас немам време да ги видам сопствените деца“. Кон крајот на 2012 година, во времето кога руската влада одлучи да забрани посвојување руски деца во САД, околу 1.000 американски семејства веќе ја почнале процедурата за посвојување. Новиот закон го доби името според Дима Јаковлев, дете што почина од топлотен удар во Вирџинија, откако неговиот потатко го оставил неколку часа за-

клучен во автомобил. Повеќе од 60.000 американски двојки посвоиле сирачиња од Русија; 19 од посвоените деца починаа, дел од нив од рацете на сопствените родители-посвојувачи. Еден од главните аргументи на авторите на законот за забрана за посвојување беше дека е невозможно да се набљудуваат или да се контролираат руските сирачиња откако ќе заминат во САД. Сопственичката на ранч во Монтана, Џојси Стеркел, за весникот „Комерсант“ изјави дека доколку сте го побарале тоа како што треба, таа ќе ве примела. Дали сте свесен дека таа е вознемирена зашто од нејзиниот ранч сте направиле „затвор за деца“? - Да бидам искрен, не сум го прочитал интервјуто, но можам да замислам што сѐ рекла за да го одбрани својот углед. Рускиот конзул ја посети на нејзиниот ранч во 2010-та и видел 30 деца, меѓу кои 10 руски сирачиња, кои живеат таму. Колку што знам јас, родителите ѝ платиле на сопственичката на ранчот по 4.000 долари за секое дете. Таа има профитабилен бизнис. Таа, исто така, добива и субвенции од државата за секое дете, што ѝ носи дополнителна месечна заработувачка од 120.000 американски долари. Поседуваме копии од документи од пред осум години за приемни семејства што не сакале да ги одгледуваат посвоените деца. Некои од децата се вратија во своите приемни семејства, некои отидоа во затвор за малолетници, а неколку завршија во психијатриски клиники. Дали сакате да кажете дека Русија треба да го забрани посвојувањето и во Европа? - Никој не зема сирачиња од Франција или од Норвешка или од Швајцарија. Ниту една европска земја не ги дава своите деца на посвојување во Америка. Европејците не ја прифатија Романија во Европската Унија со драго срце заради нејзината практика на давање деца за посвојување во странство. Зошто Русија треба да биде донатор на сирачиња? Ние сме голема земја, самопочитувана и самодоволна. За време на кризата во деведесеттите години од минатиот век, ние дозволивме странски посвојувања. Но, време е да се стави крај на тоа. Јас лично сум против странските посвојувања. Законот Дима Јаковлев не ќе беше потпишан доколку јас не ѝ соопштев на владата дека имаме сѐ помалку и помалку сиропиталишта во земјава.


РУСКА РЕЧ

ИНТЕРВЈУ

|7

РИА Новости

Трагедија

Каква е сега состојбата со сирачињата во Русија? Колку ги има? Различни извори располагаат со различни бројки. Дали е точно дека руските семејства се чувствуваат неподготвени за посвојување на сериозно болни деца и сега, со оглед на новиот закон, многу хендикепирани деца се заробени во сиропатилиштата? - Во земјава имаме околу 653.000 сирачиња; 522.00 живеат во семејства, околу 20.000 сирачиња на возраст меѓу 16 и 17 години живеат во специјални домови, а 105.000 живеат во сиропатилишта. Новинарите често корис-

тат погрешна статистика или наоѓаат некои примери за да нѐ критикуваат, искористувајќи некое дете и мавтаат со него, небаре е знаме. Можам да ви кажам 10 примери на семејства што посвоиле дете со Даунов синдром. Ние сме нападнати зашто не ги даваме на посвојување нашите деца со посебни потреби. Но, не е ли срамно да се даде болно дете? Можеме да си го решиме својот проблем дома, со помош на државните програми. Ние, исто така, имаме и државен фонд за финансирање лекување во странство, доколку тоа не може да се направи во Русија.

За последната трагедија што се случи со дете посвоено од Русија се дозна на 18 февруари. Максим Кузмин-Шато беше убиен на крајот на јануари. Според верзиите од истрагата, детето било претепано од мајката. Згора на тоа, долго пред инцидентот таа постојано го полнела со психотропни препарати. Максим починал пред да дојде брзата помош. Медицинската експертиза потврдила дека на телото на детето има многубројни повреди. „Нас официјално никој не нѐ информираше за загинувањето на дете посвоено од Русија, иако американските власти се должни да го направат тоа. За трагедијата се дозна благодарение на некрологот, кој бил објавен во весник во државата Луизијана, а потоа информацијата дошла до амбасадата на Руската Федерација во САД, по што ние се приклучивме во истрагата“, изјави соработник на генералниот конзулат на Руската Федерација во Хјустон. Висок руски дипломат во Вашингтон во разговор за нашето издание потврди дека, иако во САД официјално се утврдени 19 случаи на загинати посвоени деца од Русија, најверојатно тоа е само мал дел од приказната, зашто практично сите познати инциденти се случајно откриени благодарение на кратките соопштенија во локалниот печат.

Истрага На 19 февруари, Истражниот комитет на РФ иницираше кривична постапка за убиство во САД на тригодишното посвоено момче од Русија Максим Кузмин. Во блиска иднина истрагата има намера да поднесе барање за вонредно апсење на посвоителката на убиеното момче, а, исто така, и да иницираше меѓународна потерница. Освен тоа, Истражниот комитет на РФ ќе бара учество на руските истражни органи во истрагата за злосторството што се случило на територијата на САД.

Убиениот Максим Кузмин-Шато живеел во приемно семејство заедно со својот двегодишен брат Кирил. Веднаш по веста за трагедијата во руските средства за масовно информирање десетина семејства од сите делови на Русија изразија подготвеност да го посвојат братот на загинатото момче, а малку подоцна биолошката мајка на браќата Кузми изрази подготвеност за враќање на родителските права врз помладиот брат на нејзиниот загинат син. Како што соопшти комесарот за правата на децата во Руската Федерација, Павел Астахов, жената престанала со асоцијалниот начин на живеење, нашла постојана работа и се обратила до омбудсманот со барање за враќање на родителските права.

Горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата, на 20 февруари го прифати обраќањето до Конгресот на САД во врска со најновиот случај на загинување на руско дете посвоено од американско семејство. Во него сенаторите настојуваат да се спроведе сестрана истрага на сите злосторства во однос на децата од Русија. Освен тоа, во Советот на Федерацијата е создадена работна група, која ќе спроведе парламентарна истрага за случаите на загинување на руски сирачиња посвоени од американски државјани. Исто така, во Русија можно е да се создаде меѓудржавен регистар на деца-сирачиња посвоени од државјани на САД.

Press Photo

Реакции


РУСКА РЕЧ

НАСТАНИ

Ѕвон од космосот

Associated Press

Ќе ги натера ли метеоритот од Челјабинск научниците да создадат меѓународен проект за заштита од астероиди?

РУСКА РЕЧ

НАСТАНИ

|9

Метеоритот од Челјабинск отвори многу прашања. Каде е науката? Каде гледаат нејзините телескопи? Проучуваат други галаксии, а пред носот не си гледаат

Леонид Кулешов, Јуриј Медведев

8|

видео на http://ruskarec.mk/18477

Јуриј Медведев

Своевремено „таткото“ на американската нуклеарна бомба, Едвард Телер, се обиде да го вклучи алармот, да ја исплаши светската јавност со астероидната закана. Тој создаде комисија под покровителство на ООН, отиде кај сите водечки научници во светот, го посети СССР, привлекувајќи група истомисленици. Тие ги пресметаа ризиците, предложија мерки за заштита. Нивниот извештај се најде на масата на високите чиновници. - Нашите заклучоци никого не загрижија. Зошто? Наједноставен аргумент: за 300 години од метеорит не загинал ниту еден човек, урнати се една-две згради. И толку. Поголемите делови од овие тела паѓа во океаните и во ненаселени места, а системот за заштита чини многу милијарди. Не вреди толку - раскажува академикот на Руската Академија на науките (РАН) Владимир Фортов, кој работеше во таа комисија. Но, работата на комисијата на Телер сепак донесе некакви плодови. За волја на вистината, само на Холивуд. Со застрашувачките сцени за Армагедон тој заработи стотици милиони долари. Доколку скептичните Американци не се исплашија и не зедоа веднаш да создадат штит од астероиди, тогаш што да се каже за Русија. Повеќе од 10 години директорот на Центарот за планетарна заштита Анатолиј Зајцев тропа на сите врати, докажувајќи дека треба ит-

Во земјината атмосфера годишно влегуваат 100.000 тони меѓупланетарна материја. Во основа тоа се честички прав, кои горат во атмосферата, а ние гледаме ѕвезди што паѓаат. Колку се покрупни телата, толку поретко тие паѓаат на Земјата. Но, сепак, вакви космички гости има многу. Многу е сложено да се забележат малите метеорити и астероиди со дијаметар од 10 метри. Тука е потребна среќа. Да кажеме, своевремено астрономите случајно пресретнаа такво тело, предвидоа дека ќе падне во Африка и го набљудуваа тоа паѓање. Ако сакаме однапред да знаеме за некоја космичка опасност, треба да се создадат моќни системи што ќе го скенираат небото постојано. И тогаш космичките дојденци нема да паѓаат на земјаните како снег на глава Сергеј Ламзин, заменик-директор на државниот астрономски институт „Штернберг“, доктор на физичко-математички науки

но да се преземат мерки. А, научниците на РАН одамна подготвија концепција за астероиднокометска безбедност. Според директорот на Институтот за астрономија на РАН, Борис Шустов, периодично ги ислушуваат во високите кабинети, но понатаму работата не се турка. И така, на едната страна од вагата милијарди, а на другата страв од кој овие милијарди треба да нè заштитат. Науката постојано наоѓа нови аргументи за создавање астероиден штит. На пример, таа ги пресмета особено опасните астероиди за Земјата со големина поголема од еден километар. Такви има околу илјада. Овие астероиди-убијци можат да ѝ донесат на Земјата огромни разурнувања. За среќа, тие не ни се закана. Науката знае помалку за средните космички тела со дијаметар од 100 метри. Од речиси 500.000 малечки космички тела засега се откриени помалку од еден процент. Значи, изненадувања од космосот може да се очекуваат во кое било време. Ова го покажа и случајот од Челјабинск. За него не беа подготвени ниту цивилните, ниту воените служби. - Не треба едноставно да се пронајдат астероидите туку тоа треба да се направи брзо. За да успееме да преземеме мерки. Да кажеме, да ги разбиеме - објаснува Борис Шустов. Воените сили уверуваат дека за да се добие 100-отстотна гаранција ним им е потребен подолг период. Односно, ако станува збор за мало тело што може тешко да се види, тоа треба да биде забележано на растојание од минимум не-

колку милиони километри. Тоа, пак, значи дека е потребно постојано скенирање на небото, оти не се знае од каде ќе се појави дојденецот. Денес во светот не постојат такви системи, а современите телескопи можат да видат само определени делови. Притоа, треба да се има предвид дека овој систем треба да биде сместен во космосот. - За заштита од астероиди ние го разработивме системот „Цитадела“.Доколку се забележи опасен објект, податоците за него ќе дојдат до Центарот за заштита. Во него, пак, се разработува акциски план и му се презентира на раководството на земјата - вели директорот на Центарот за планетарна заштита Анатолиј Зајцев. Последниот збор е кај него. Какви можат да бидат мерките? Најрадикалната е нуклеарна експлозија, која или ќе го уништи астероидот или ќе го пренасочи од опасната траекторија. Втората варијанта е пренасочување од орбитата со помош на директен удар во астероидот со ракета. Друга варијанта што може да се предложи е со помош на гравитациски носач. Оваа варијанта се смета за најбезбедна и најеколошка. Но, таа е и најненадежна, зашто воопшто не е едноставно да се дојде до космичкото тело што лета брзо и да се усогласи неговата брзина. Анатолиј Зајцев е дециден дека системот за астероидна заштита не може да биде национален. Тој може да биде само меѓународен. Основните научно-технички прашања се решливи, но многу посложен е договорот околу по-

Доколку експлозијата се случеше над Москва...

Во меѓувреме

Сергеј Нароенков, кандидат на физичко-математички науки, Институт за астрономија на РАН: - Според оценките на НАСА, висината на експлозијата на метеоритот беше околу 60 километри, а неговата моќност околу 200 килотони. Тоа е 20 пати повеќе од капацитетот на атомската бомба што падна врз Хирошима. Но, без оглед на тоа, престолнината би поминала, како и Челјабинск, со искршени стакла.

Русија ја пресмета штетата нанесена од падот на небесното тело. На територијата на Челјабинската област се оштетени 3.724 згради, од нив 671 се образовни установи. Вкупната површина на искршеното стакло изнесува 200.000 квадратни метри. Медицинска помош побарааа 1.147 лица, од кои 50 завршија во болница. Две лица беа со повреди со просечна тежина, а една жена беше евакуирана во Москва со авион на Министерството за вонредни состојби на РФ.

литичките, етичките и еколошките прашања. Да кажеме, постои забрана за користење нуклеарно оружје во космосот. - Но што да се прави ако која било друга варијанта се покаже неефикасна. Доколку за ваквата опасност се дознае една недела претходно, а тоа е сосема реално при нашите денешни знаења за космосот, решението ќе треба да се донесе во цајтнот. Токму тогаш бомбата може да стане единствената мерка за спас - вели Зајцев. А доколку една земја активно развива систем за откривање астероиди, зарем тоа не е повод и другите да се замислат? Станува збор за монопол врз стратешка информација за опас-

ни објекти за сето човештво, а фактички тоа значи и целосна контрола на космичкото пространство. - Со еден збор, за создавање ефикасна заштита од астероиди потребна е, пред сè, политичка волја кај водечките земји - заклучува Зајцев. Едвард Телер не успеа да ја убеди јавноста да вложи пари во системот за заштита од астероиди. Тие не се сметаа како „приоритетна“ закана за животот на земјаните. И сега во Челјабинск се слушна ѕвонот од космосот. Можеби овој метеорит ќе влезе во историјата и од него ќе започне грандиозен светски проект за создавање глобален систем за заштита?


РУСКА РЕЧ

НАСТАНИ

Ѕвон од космосот

Associated Press

Ќе ги натера ли метеоритот од Челјабинск научниците да создадат меѓународен проект за заштита од астероиди?

РУСКА РЕЧ

НАСТАНИ

|9

Метеоритот од Челјабинск отвори многу прашања. Каде е науката? Каде гледаат нејзините телескопи? Проучуваат други галаксии, а пред носот не си гледаат

Леонид Кулешов, Јуриј Медведев

8|

видео на http://ruskarec.mk/18477

Јуриј Медведев

Своевремено „таткото“ на американската нуклеарна бомба, Едвард Телер, се обиде да го вклучи алармот, да ја исплаши светската јавност со астероидната закана. Тој создаде комисија под покровителство на ООН, отиде кај сите водечки научници во светот, го посети СССР, привлекувајќи група истомисленици. Тие ги пресметаа ризиците, предложија мерки за заштита. Нивниот извештај се најде на масата на високите чиновници. - Нашите заклучоци никого не загрижија. Зошто? Наједноставен аргумент: за 300 години од метеорит не загинал ниту еден човек, урнати се една-две згради. И толку. Поголемите делови од овие тела паѓа во океаните и во ненаселени места, а системот за заштита чини многу милијарди. Не вреди толку - раскажува академикот на Руската Академија на науките (РАН) Владимир Фортов, кој работеше во таа комисија. Но, работата на комисијата на Телер сепак донесе некакви плодови. За волја на вистината, само на Холивуд. Со застрашувачките сцени за Армагедон тој заработи стотици милиони долари. Доколку скептичните Американци не се исплашија и не зедоа веднаш да создадат штит од астероиди, тогаш што да се каже за Русија. Повеќе од 10 години директорот на Центарот за планетарна заштита Анатолиј Зајцев тропа на сите врати, докажувајќи дека треба ит-

Во земјината атмосфера годишно влегуваат 100.000 тони меѓупланетарна материја. Во основа тоа се честички прав, кои горат во атмосферата, а ние гледаме ѕвезди што паѓаат. Колку се покрупни телата, толку поретко тие паѓаат на Земјата. Но, сепак, вакви космички гости има многу. Многу е сложено да се забележат малите метеорити и астероиди со дијаметар од 10 метри. Тука е потребна среќа. Да кажеме, своевремено астрономите случајно пресретнаа такво тело, предвидоа дека ќе падне во Африка и го набљудуваа тоа паѓање. Ако сакаме однапред да знаеме за некоја космичка опасност, треба да се создадат моќни системи што ќе го скенираат небото постојано. И тогаш космичките дојденци нема да паѓаат на земјаните како снег на глава Сергеј Ламзин, заменик-директор на државниот астрономски институт „Штернберг“, доктор на физичко-математички науки

но да се преземат мерки. А, научниците на РАН одамна подготвија концепција за астероиднокометска безбедност. Според директорот на Институтот за астрономија на РАН, Борис Шустов, периодично ги ислушуваат во високите кабинети, но понатаму работата не се турка. И така, на едната страна од вагата милијарди, а на другата страв од кој овие милијарди треба да нè заштитат. Науката постојано наоѓа нови аргументи за создавање астероиден штит. На пример, таа ги пресмета особено опасните астероиди за Земјата со големина поголема од еден километар. Такви има околу илјада. Овие астероиди-убијци можат да ѝ донесат на Земјата огромни разурнувања. За среќа, тие не ни се закана. Науката знае помалку за средните космички тела со дијаметар од 100 метри. Од речиси 500.000 малечки космички тела засега се откриени помалку од еден процент. Значи, изненадувања од космосот може да се очекуваат во кое било време. Ова го покажа и случајот од Челјабинск. За него не беа подготвени ниту цивилните, ниту воените служби. - Не треба едноставно да се пронајдат астероидите туку тоа треба да се направи брзо. За да успееме да преземеме мерки. Да кажеме, да ги разбиеме - објаснува Борис Шустов. Воените сили уверуваат дека за да се добие 100-отстотна гаранција ним им е потребен подолг период. Односно, ако станува збор за мало тело што може тешко да се види, тоа треба да биде забележано на растојание од минимум не-

колку милиони километри. Тоа, пак, значи дека е потребно постојано скенирање на небото, оти не се знае од каде ќе се појави дојденецот. Денес во светот не постојат такви системи, а современите телескопи можат да видат само определени делови. Притоа, треба да се има предвид дека овој систем треба да биде сместен во космосот. - За заштита од астероиди ние го разработивме системот „Цитадела“.Доколку се забележи опасен објект, податоците за него ќе дојдат до Центарот за заштита. Во него, пак, се разработува акциски план и му се презентира на раководството на земјата - вели директорот на Центарот за планетарна заштита Анатолиј Зајцев. Последниот збор е кај него. Какви можат да бидат мерките? Најрадикалната е нуклеарна експлозија, која или ќе го уништи астероидот или ќе го пренасочи од опасната траекторија. Втората варијанта е пренасочување од орбитата со помош на директен удар во астероидот со ракета. Друга варијанта што може да се предложи е со помош на гравитациски носач. Оваа варијанта се смета за најбезбедна и најеколошка. Но, таа е и најненадежна, зашто воопшто не е едноставно да се дојде до космичкото тело што лета брзо и да се усогласи неговата брзина. Анатолиј Зајцев е дециден дека системот за астероидна заштита не може да биде национален. Тој може да биде само меѓународен. Основните научно-технички прашања се решливи, но многу посложен е договорот околу по-

Доколку експлозијата се случеше над Москва...

Во меѓувреме

Сергеј Нароенков, кандидат на физичко-математички науки, Институт за астрономија на РАН: - Според оценките на НАСА, висината на експлозијата на метеоритот беше околу 60 километри, а неговата моќност околу 200 килотони. Тоа е 20 пати повеќе од капацитетот на атомската бомба што падна врз Хирошима. Но, без оглед на тоа, престолнината би поминала, како и Челјабинск, со искршени стакла.

Русија ја пресмета штетата нанесена од падот на небесното тело. На територијата на Челјабинската област се оштетени 3.724 згради, од нив 671 се образовни установи. Вкупната површина на искршеното стакло изнесува 200.000 квадратни метри. Медицинска помош побарааа 1.147 лица, од кои 50 завршија во болница. Две лица беа со повреди со просечна тежина, а една жена беше евакуирана во Москва со авион на Министерството за вонредни состојби на РФ.

литичките, етичките и еколошките прашања. Да кажеме, постои забрана за користење нуклеарно оружје во космосот. - Но што да се прави ако која било друга варијанта се покаже неефикасна. Доколку за ваквата опасност се дознае една недела претходно, а тоа е сосема реално при нашите денешни знаења за космосот, решението ќе треба да се донесе во цајтнот. Токму тогаш бомбата може да стане единствената мерка за спас - вели Зајцев. А доколку една земја активно развива систем за откривање астероиди, зарем тоа не е повод и другите да се замислат? Станува збор за монопол врз стратешка информација за опас-

ни објекти за сето човештво, а фактички тоа значи и целосна контрола на космичкото пространство. - Со еден збор, за создавање ефикасна заштита од астероиди потребна е, пред сè, политичка волја кај водечките земји - заклучува Зајцев. Едвард Телер не успеа да ја убеди јавноста да вложи пари во системот за заштита од астероиди. Тие не се сметаа како „приоритетна“ закана за животот на земјаните. И сега во Челјабинск се слушна ѕвонот од космосот. Можеби овој метеорит ќе влезе во историјата и од него ќе започне грандиозен светски проект за создавање глобален систем за заштита?


10 |

РУСКА РЕЧ

ИСТОРИЈА

Сталинград и пресвртот

Махмут Гареев

На 2 февруари годинава Русија ја одбележа 70-годишнината од победата на Црвената армија во битката кај Сталинград. Во Втората светска војна имало и други победи на советското оружје и тие, според стратешките резултати и нивото на боените вештини, биле мошне успешни. Зошто тогаш од сите нив посебно се издвојува победата кај Сталинград? По повод 70-годишнината од Сталинградската битка не би било лошо малку да се размисли на ова прашање. Во интерес на историската наука и на развојот на меѓународните односи би требало воената историја да се ослободи од духот на конфронтациите и научните истражувања да се подредат на интересите на длабокото, правично и објективно толкување на Втората светска војна, особено на Сталинградската битка. Ова доаѓа од фактот што поединци би сакале да ја фалсификуваат историјата кога станува збор за Втората светска војна и да го „преправат“ текот на војната на хартија. ЗНАЧЕЊЕТО НА СТАЛИНГРАДСКАТА БИТКА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ТЕКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА По завршувањето на војната, во западната литература се појавија тврдења дека најзначаен пресврт во Втората светска војна не била Сталинградската битка, туку победата на сојузничката војска кај Ел Аламејн. Секако, за волја на вистината, треба да се каже дека сојузниците кај Ел Аламејн однесоа голема победа, која во голема мера придонесе за конечното кршење на заедничкиот непријател. Меѓутоа, во военостратешка смисла треба да се има предвид дека Сталинградската битка е водена на огромна територија од речиси 100.000 квадратни километри, а операцијата кај Ел Аламејн на релативно мал појас од африканското крајбрежје. Кај Сталинград во определени фази на битката од обете страни учествувале над 2,1 милиони луѓе, со над 26.000 топови и минофрлачи, 2.100 тенкови и над 2.500 борбени авиони. Германската команда на Сталинград испратила 1,011 милион војници, 11.290 топови, 675 тенкови и 1.216 авиона. Кај Ел Аламејн, Ромеловиот афикански корпус имал сѐ на сѐ 80.000 војници, 540 тенкови, 1200 топови и 350 авиони. Битката кај Сталинград траела 200 дена (од 17 јули 1942 г. до 2 февруари 1943 г.), а борбата кај Ел Аламејн 11 дена (од 23 октомври до 4 номеври 1942 г.). Интензитетот и жестокоста на овие две битки воопшто не можат да се споредат. Кај Ел Аламејн, нацистичкиот блок загуби 55.000 луѓе, 320 тенка и околу 1.000 топови, додека кај Сталинград загубите на Германија и на нејзините сојузници (Италија, Романија, Унгарија и Хрватска) биле 10-15 пати поголеми, а заробени се око-

видео на http://ruskarec.mk/18105

ИТАР-ТАСС

фотогалерија на http://ruskarec.mk/17987

На 2 февруари 1943 година во Сталинград, благодарение на големата и скапо платена победа на Црвената армија, дојде до целосен пресврт во светската историја. Но, сепак, во западната литература можат да се видат обиди за фалсификување на оваа војна, според кои решавачкиот пресврт не се случил на Волга, туку во Северна Африка Волгоград не ја поддржа идејата за преименување во Сталинград Предлогот на некои руски политичари да се отвори прашањето за преименување на градот Волгоград во Сталинград не наиде поддршка ниту во градот, ниту во кабинетот на претседателот. Во почетокот на февруари беше предложено да се спроведе референдум по ова прашање, но, сепак, идејата беше прогласена за историски и економски нецелисходна. Извори од кабинетот на претседателот велат дека идејата за преименување на градовите треба да биде историски основана. Според претставник од кабинетот на претседателот „за тоа треба да решат локалните жители, но да се менува името денес е економски нецелисходно. Регионите треба да се занимаваат со реални проблеми, а не со преименување на своите градови“.

Сталинградската битка е една од најстрашните и најкрвавите битки во историјата на човештвото и пресвртна точка не само во Втората светска војна туку и во светската историја

лу 144.000 луѓе. И загубите на советската армија се големи и ненадоместливи: загинале 478.741 војник. Но, сепак, жртвите не беа залудни. Неспоредливо е и воено-политичкото значење на споменатите настани. Сталинградската битка е водена на главното воено жариште на Европа, каде што се решавал исходот од војната. Операцијата кај Ел Аламејн се одвивала во Северна Африка, односно на споредно борбено поле, така што таа има само посредно влијание на текот на војната. За тоа време целиот свет со внимание ги следел токму настаните во Сталинград, а не во Ел Аламејн. Големите порази и огромните загуби на Вермахтот кај Сталинград нагло ја влошиле военополитичката и економската положба на Германија и во неа предизвикале голема криза. Како пример ќе споменеме дека кај Сталинград загубите на Германија во тенкови и во автомобили биле еднакви на нивното шестмесечно производство во германските фабрики, загубите во топови биле еднакви на четиримесечно, а во минофрлачи и во огнено оружје на двомесечно производство. За да се надомести таа голема загуба, германската воена индустрија морала да работи на работ на можностите. Нагло се почувствувал и голем недостиг од луѓе. Катастрофата на Волга забележливо влијаела и на моралната состојба на Вермахтот. Во Германија се зголемил бројот на дезертери и војници кои им откажувале послушност на командирите, а зачестиле и воените злосторства. По Сталинград, германскиот воен суд на своите војници им изрекувал значително повеќе смртни казни.


РУСКА РЕЧ

ИСТОРИЈА

во светската историја 800.000

војници загуби Германија само во Сталинградската битка, седум пати повеќе отколку на целиот африкански фронт за време на целата војна

74%

од загубите германската војска претрпе во борбата со СССР, трипати повеќе отколку во борбата против сите други 25 земји заедно Војниците на Хитлер повеќе не биле толку истрајни во борбените дејства, почнале да се плашат од напади отстрана и од опсади. Во дел од политичкиот и од воениот врв се родило и опозициско расположение кон Хитлер. Победата на Црвената армија кај Сталинград го потресе воениот врв на Германија, предизвика потиштеност кај нејзините сојузници, посеа паника и предизвика нерешливи противречности во нивниот табор. Со желба да се спасат од претстојната катастрофа, властите на Италија, Романија, Унгарија и Финска почнале да бараат повод за излегување од војната и ги игнорирале наредбите на Хитлер за упатување трупи на советскогерманскиот фронт. Од 1943-та, на Црвената армија не ѝ се предаваат само определени војници и офицери туку и цели одреди и единици на романската, унгарската и на италијанската војска. Се заоструваат односите меѓу Вермахтот и сојузничките трупи. Целосното кршење на нацистичката армада кај Сталинград придонесе за отрезнување на владејачките кругови во Јапонија и во Турција, и за нивно повлекување од идејата за влез во војна против СССР. Успесите на Црвената армија кај Сталинград, и подоцна во зимските операции 1942-1943 г., влијаеја врз сѐ поголемата меѓународна изолација на Германија. Советските власти во 1942-1943 г. воспоставија дипломатски односи со Австрија, Канада, Холандија, Куба, Египет, Колумбија и со Етиопија, а повторно се воспоставија претходно прекинатите дипломатски врски со Луксембург, Мексико и со Уругвај. Сево ова зборува дека токму битката кај Сталинград му го скршила ‘рбетот на Вермахтот и го означила почетокот на целосниот пресврт во Втората светска војна во полза на антихитлеровската коалиција. Подобро речено, Сталинград овозможил да дојде до тој пресврт. Генерал Махмут Ахметович Гареев е претседател на Воената академија, доктор на воени и историски науки и учесник во Втората светска војна

| 11


12 |

МАКЕДОНИЈА И РУСИЈА

„Скраја да е од Македонци-русофили“ Михаил Вашченко

Кон средината на јануари годинава медиумите во Македонија објавија, на прв поглед, сензационална вест. Македонската јавност имаше можност да прочита низа наслови со слична тема: „ЕВРОПА 2035 - сѐ е можно!“, „Русите објавија карта на Европа 2035, на неа и Голема Албанија“, „Како ќе изгледа Европа до 2035 година“, „До 2035-та ќе се создаде Голема Албанија?“, „Голема Албанија во 2035-та, кога ќе има и територијални промени во други европски држави, тврдат руски експерти“ , „Руски експерти велат Македонија ќе е Албанија до 2035-та година“. Од каде оваа „информација“? Македонските новинари во исто време како и водечките српски медиуми и медиумите на некои други земји на Балканот во архивите на рускиот таблоид „Експрес газета“ (9 јули 2012, бр. 27/908) нашле статија „Русија ќе го менува Кавказ за Белорусија и Украина“, чиј автор е Артјом Стоцки, а текстот е објавен уште во јули минатата година. Овој неделник првенствено се занимава со скандали од светот на шоу-бизнисот и во Русија има сличен углед како „The Sun“ или „The Daily Мirror“ во Англија (за еквивалентите на ова издание во Македонија нека пресудат самите читатели). Авторот на текстот ја претставил картата на Европа во 2035 година, повикувајќи се на некакви „геополитички експерти“, кои анализирале „повеќе отворени документи од американската агенција ЦИА, руската воена разузнавачка служба ГРУ и од некои истражувачки институти, а, исто така, и трудовите на Алвин Тофлер, Збигњев Бжежински и на Семјуел Хантингтон“. Во статијата на Блаканот му е посветен само еден пасус: „Големи промени се очекуваат и на Балканот. Со засилувањето на исламскиот фактор во Европа ќе се појави лоби што ќе ја укине државноста на Босна и Херцеговина. Можно е нејзината територија да биде поделена меѓу Србија и Хрватска. Како компромис за Турција, ќе дојде до политичко соединување на Албанија, која покрај Косово најверојатно ќе ги добие и западните делови на Македонија“. Меѓутоа, овие неколку реда беа сосема доволни за претходно споменатите медиуми во Македонија да објават толку провокативни наслови на своите текстови. Еден од политиколозите кого го наведува Стоцки, Семјуел Хантингтон (1927–2008), во 1993 година го објави својот труд „Судир на цивилизациите?“, во кој, потпирајќи се на истражувањата на филозофите од првата половина на дваесеттиот век (Тојнби, Шпенглер, Данилевски), издвојува неколку култури (кинеската, јапонската, хиндуистичката, исламската, православната, западнохристијанската, лати-

Во најголемите македонски медиуми неодамна беше објавена сензационална карта на Европа во 2035 година, која беше претставена како „руска“. Оваа стручна геополитичка информација тие ја нашле во рускиот жолт печат, во списание што се занимава со новости за естрадните уметници

Детаљ од спорната „експертска“ карта од жолтиот печат, со која најголемите македонски медиуми ја разбрануваа јавноста

ноамериканската и африканската) меѓу кои, според него, спротивностите само ќе се засилуваат. Негов став е дека еден од преломите на овој конфликт ќе се случува токму на Балканот и дека се совпаѓа со историските граници меѓу Хабзбуршката монархија и Османското царство. Алвин Тофлер во својата книга „Војна и антивојна“, објавена две години подоцна, тврди дека во следните години развојот на светските случувања во голема мера ќе бидат определени од „религиските движења, како на пример

РУСКА РЕЧ

исламот, и панетничките движења во експанзија, чија цел е да ги прекројат границите според етнички принцип“. Збигњев Бжежински во својата книга „Американски избор - глобална доминација или глобално водство“, објавена уште во 2004 година, пишува дека „Хантигтоновата визија“ за ‘судир на цивилизациите’ може да биде пророштво што ќе се оствари“. Сите овие геополитички нагаѓања, чии автори се, всушност, споменатите западни експерти, не се ништо ново не само за познавачите од потесната област туку и за широката јавност. Трудовите на Хантингтон, Бжежински и Тофлер се објавени одамна и се преведени на многу јазици. Меѓутоа, не е јасно што навело определени новинари во Македонија да тврдат дека тоа е, всушност, „руска карта на Европа 2035“ и згора на тоа како извор да користат руски жолт печат. Сите наведени македонски медиуми пишуваат за „руското гледиште“ на 2035та и тврдат дека картата ја составиле руски стручњаци, додека во статијата на Стоцки ништо не укажува на потеклото на авторите (стои само „геополитички експерти“). Освен тоа, во извештаите на медиумите е напишано дека картата е направена врз основа на заклучоците на некакви „експертски групи“ на чие чело биле Бжежински и Хантингтон. Од друга страна, во оригиналниот текст на статијата се зборува само за отворени документи на „некои истражувачки институти“, додека имињата на американските политиколози се споменуваат без тие да се доведат во врска со институтите. Во текстот на Стоцки воопшто не се споменуваат какви било „експертски групи“, особено не такви што се предводени од Бжежински и Хантингтон. Очигледно е дека станува збор за потрага по непостојна сензација. Уште еднаш треба да се истакне дека „Експрес газета“ не само што не е сериозно списание што се занимава со прашања од областа на геополитиката туку воопшто не се занимава со политика на сериозен начин. Поединци во македонските средства за јавно информирање, за жал, излегоа премногу наивни во изборот на своите извори. Определени цитати од статијата на Стоцки (како и наводната карта на Европа) се целосно препечатени, но со наслови што во целост ја менуваат смислата на напишаниот текст. Тешко е да се поверува дека причината за сево е ова е русофобната политика на споменатите медиуми, како текстот на извесен Јордан Петровски објавен на forum.kotle.ca со наслов „Скраја да е од Македонци-русофили“. Зарем е неопходно најугледните средства за јавно информирање во Македонија, со цел да привлечат медиумско внимание, да користат вакви методи и вакви извори, кои имаат, благо речено, сомнителна репутација?


РУСКА РЕЧ

ИНТЕРВЈУ

| 13

ВИКТОРИЈА ЛОБА, ПЕЈАЧКА

СЈАЈНАТА Игор Стојанов

Лоба најпрво на музичката сцена во Македонија се појавува како мала, а потоа преку групата „Табу“ ја стекнува првичната слава. Повеќе години гради соло-кариера. Оваа млада Русинка ја претставуваше Македонија на детскиот Евросонг во 2003 година. Викторија, како си задоволна од развојот на твојата досегашна кариера во Македонија, од сите настапи и приемот кај публиката? - Задоволна сум и благодарна на сите шанси што ми ги понуди Македонија уште од 2003 година кога настапив на првата Детска евровизија и ја претставував Македонија во Копенхаген. Од таа година мојот живот се промени, се запишав во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“во Скопје на отсек соло-пеење. Среќата ме следеше и таму, мојот ментор беше прекрасна професорка по соло пеење Ѕвезда Дамовска, која дипломираше и предаваше во Москва пред да се врати во родната Македонија. Таа ми даде одлично образование и ми влеа љубов кон музиката. По нејзиното пензионирање ми доделија исто прекрасна и амбициозна професорка, магистер Александра Коцева-Миновска, која понатаму ја негуваше и ја подржуваше мојата желба за соло-пеење. Од моето детство досега задоволна сум како напредувам, но знам дека можам уште многу повеќе да понудам на музичката сцена во Македонија и, секако, достојно да ја преставувам во другите држави. Родена во Русија, а живееш и градиш кариера во Македонија. Каде поточно си родена и кои се твоите врски со Русија? - Родена сум во Таганрог, родниот град на Чехов. Таганрог беше и омилено место за творење музика за Чајковски. Град со богата култура и признаени уметници. Моите родители се Руси, и двајцата. Која беше причината за преселувањето во Македонија? - Мојата мајка дојде во Македонија со привремен договор за работа, ме зеде и мене и по неколку години живеење во Македонија сфативме дека се чувствуваме како дома, решивме да продолжиме со својот живот тука.

Дали знаевте дека една од најпопуларните пејачки на македонската поп-сцена е родена токму во Русија? Во ексклузивното интервју за „Руска реч“, Викторија Лоба зборува за своите руски корени, за врските со „големата татковина“, како и за одлуката засекогаш да се пресели во Македонија Ја посетуваш ли Русија често? - Често ја посетувам Русија, сите роднини ми се таму. Минимум еднаш во годината одам да ги видам. Често имам носталгија по родната земја! Каде ти е попријатен престојот - овде или во Русија? - Тука се чувствувам исполнета на сите полиња, поголемиот дел од животот го поминав во Македонија и ја сметам за мој вистински дом. Имам многу пријатели тука, околината ме има прифатено за своја и благодарна сум за тоа, зошто и јас се чувствувам ваша! Гледаш ли можна кариера во Русија? - Сум размислувала, но не сум пробала на тоа поле. Имаш ли контакти со тамошната музичка индустрија? До кое ниво е развојот на индустријата во Русија? - Имам контакти со руски диџеи, но не сум почнала сè уште никаков проект. Русија е голем пазар, огромен. Треба навистина многу напор, работа и среќна ѕвезда за да те забележат таму. Планираш ли можеби да испееш песна на руски јазик? - Имам испеано песна на руски јазик, се вика

Ani&Dimi Photography

руска ѕвезда на македонската сцена

„Иванушка“. Во 2004 година се натпреварувавна руски интернационален фестивал „Роза Ветров“ и станав лауреат претставувајќи ја Македонија. Во едно интервју велиш дека следиш вести на руски телевизии и дека си заинтересирана за она што се случува таму. Зошто? - Крвта не е вода. Ме интересира се што се случува во Русија, како живеат моите роднини таму. Исто, имам потреба да комуницирам, да читам и да слушам руска реч, тоа ме исполнува! Затоа редовно го читам и вашиот веб-сајт. Можно ли е да се вратиш да живееш во Таганрог и зошто? - Не верувам дека би се вратила, но, сепак, никогаш не се знае што ти носи животот. Тука сум зашто сега-засега имам сè што ми е потребно, сè што ме исполнува. Што најмногу ти се допаѓа од Русија, а што од Македонија? - Ја обожавам руската кујна, со неа сум израсната. Обожавам боршч (борщ) и оладји (оладьи), тоа се наши национални специјалитети. Имаме и домашна традиција да пиеме чај со мајка ми по ручекот. Во Македонија ми се допаѓа тоа што сè е релативно блиску, за разлика од Русија, и ми се допаѓа тоа што луѓето се многу поопуштени тука. Кои се твоите следни чекори на професионален план? - Во моментот сум вклучена во проектот „Танц со Ѕвездите“, тој ќе започне наскоро со емитување, се надевам ќе се задржам долго таму и ќе ги покажам своите танчерски квалитети на паркет. После овој проект секако ќе продолжам со снимање нови синглови.


РУСКА РЕЧ

КУЛТУРА

Каква тајна крие Елена Косова, РИА Новости

Играчките постојат откако постои човештвото. Првобитниот човек правел кукли од коски и од камен. Археолозите постојано наоѓаат различни фигури за кои е тешко да се определи дали личат на луѓе или на животни. Сепак, многу научници сметаат дека тоа воопшто не се играчки, туку предмети на религиозен култ. Со сигурност се знае само една работа: првата играчка на секое дете во сите времиња и кај сите народи била тропалката. „ШАРКУНОК“, „ПЕЛЕНАШКА“ И КУКЛАТА „ДОРОЖНИЦА“

Првата руска матрјошка, наречена Матрјона

Светот дозна за матрјошката во 1900 година, кога една ваква кукла била однесена во Париз на меѓународната изложба за ракотворби, при што освоила медал. Но каква е историјата на оваа необична кукла?

Музејот на руски играчки во Измајловскиот кремљ во Москва поседува многу експонати, а меѓу нив е и тропалка што ја држеле децата од времето на древна Русија. - Оваа играчка се нарекува „шаркунок“. Направена е од брезова кора, а во внатрешноста на тропалката се ставале суви топчиња грашок или семки од јаболка. На децата им давале шаркунок штом се раѓале, но постоела и кукла што селските жени ја правеле уште пред детето да дојде на свет - објаснува Светлана Колосова, кустос во Музејот на руски играчки. Таа кукла се нарекува „пеленашка“. Се правела од парчиња облека од мајката или од бабата. Било забрането да се сече ткаенината,

па затоа ја кинеле, така што овие кукли понекогаш биле нарекувани и „рванки“ (од рускиот глагол „рвать“ - кине). Пеленашката ја ставале во колепката за да го „грее“ идното новороденче. Пеленашката повеќе е „играчка за возрасни“, зашто таа е кукла-амајлија. Интересно е што кај Словените, но и кај многу други народи, кулите најпрво биле правени за возрасните, а подоцна тие биле пренаменети за децата. Во селските куќи имало многу амајлии. Куклата „зерновушка“ била задолжена за жнеењето и го чувала зрното од гниење, „десјатиручка“ им помагала на младите домаќинки, а минијатурата „дорожница“ ги чувала патниците. - Секако, куклите-амајлии биле поврзани за верувањата од тоа време. Интересен е фактот што тие немале очи. Доколку на куклата ѝ се ставеле очи, се сметало дека тоа повеќе не е амајлија, оти тогаш таа го гледа и она што не треба, па во неа можат да се вселат и зли духови. Меѓутоа, со текот на времето куклата престанала да се доживува како магичен предмет и станала обична детска играчка - вели Колосова. „СТРИГУШКИ“, ВИТЕЗОТ ПОЛКАН И ДИМКОВСКИТЕ КОЊАНИЦИ Најпрво играчките биле правени од слама и се нарекувале „стригушки“. Поедноставните стригушки можеле да бидат направени од дрво, а посложените ги правеле од крпи.

РИА Новости/Аврора, Артјом Павлов

РИА Новости/Аврора, Артјом Павлов

14 |


РУСКА РЕЧ

| 15

фотогалерија на http://ruskarec.mk/19097

РИА Новости/Аврора, Артјом Павлов

матрјошката?

КУЛТУРА

Димковски коњаници

Во 11 век во Русија се појавува првото грнчарско тркало. Со појавата на грнчарството децата добиле играчки - свирчиња од глина. Секако, во почетокот нив ги правеле од отпадоци што останувале при изработката на поважни предмети: доколку на грнчарот му останела глина од некој глинен сад, тоа било можност да се израдуваат и децата. Подоцна правењето глинени играчки станало посебен занает. И денес на сите им се добро познати филимоновските, плешковските, каргаполските и димковските глинени играчки. - Без оглед на тоа што сите се направени од ист материјал, сепак се мошне различни, лесно се разликуваат според начинот на моделирање и украсување. На пример, филимоновските играчки секогаш имаат тенки линии, додека плешковските воопшто не се обоени. Каргополските имаат карактеристични бои и главен јунак - витезот Полкан. Препознатливи се и димковските храбри коњаници и румените госпоѓици - раскажува Колосова. КАКО ФУКУРУМУ СТАНА МАТРЈОНА Во богатите куќи покрај глинените свирчиња имало и играчки од поскапи материјали. На пример, порцеланските кукли биле обликувани како убави ќерки на богати трговци, гренадири, па дури и царици. Секако, тие слу-

желе за украс, така што имашните деца можеле само да ги гледаат. Така и се нарекувале: „кукли за гледање“. Матрјошката одамна се доживува како еден од симболите на Русија, но оваа играчка, која стана сувенир, е со странско потекло. Најчесто се споменува верзијата дека прототип на матрјошката била фигурата на будистичкиот мудрец Фукуруму, која некој ја донел во „Детско воспитување“ - московска работилница за изработка на играчки на познатиот индустријалец и мецена Мамонтов. - Тешко е да се каже од каде е донесен Фукуруму. Можеби од Јапонија, а можеби од Франција. Но, сите извори се согласуваат дека фигурата на овој мудрец, во која биле скриени уште неколку поситни Фукуруми, била инспирација за дрводелецот Звјоздочкин при создавањето на матрјошката. Играчката ја насликал уметникот Маљутин - го објаснува „родословот“ на матрјошката Колосова. Од ќелаво старче со надуена глава од размислување без престан за будистичките приказни, фигуринката се трансформирала во селска девојка. Набргу за неа само по себе се врзало името Матрјона, кое било често во тоа време, а кое потоа почнало да се употребува во деминутив: Матрјошка. Првата матрјошка била составена од осум кукли, со тоа што биле прикажани и момчиња и девојки. Најпрепознатлива црта на први-

те матрјошки било нивното сликање. Овие кукли задолжително држеле нешто во рацете: црн петел, срп, метла... - Во 1900 година матрјошката била однесена во Париз на меѓународната изложба на ракотворби и освоила медал. Таа била запаметена, а четири години подоцна од престолнината на Франција стасала голема нарачка за овие играчки - вели Колосова. Тогаш матрјошките веќе се правеле во работилниците во Сергиев Посад. „КОВАЧИ“ И ТОПЧЕ НА КОНЧЕ Недалеку од Сергиев Посад се наоѓа селото Богородское, каде што уште од 17 век се прават подвижни дрвени играчки. Овој занает настанал под влијание на Троице-Сргеиевиот манастир, кој во тоа време бил познат центар на занаетчиските вештини. Прочуените „Ковачи“ селанецот и мечката, станале симбол на овој занает, а сега се ставени дури и на грбот на ова село. Но најтипична богородска играчка е клатното на кое за балансирање му служи обично топче на конче. Најпозната играчка-клатно се кокошките што стојат на подлога и колваат. Оваа играчка како деца ја сакале Пушкин и Лермонтов, а и денешните деца подеднакво им се радуваат на богородските играчки.


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

РУСКА РЕЧ

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, ИВАН НИКОЛАЕВ асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.

СЕ БЛИЖИ ВРЕМЕТО ЗА СОЧИ-2014 Близу соборната црква „Мајка Божја“ (Казански собор), во Санкт Петербург, официјалниот мерач на времето на Зимските олимписки игри Сочи-2014 - „Омега“, ги одбројува деновите до почетокот на игрите

ВО ИМЕТО НА СТАРИТЕ ДОБРИ ВРЕМИЊА

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн

Ројтерс

Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk

ЧУДНО ЛЕТАЛО ВО МОСКОВСКАТА ОБЛАСТ Тестирање на екранопланот „Буревестник-24“ во Московската област. Леталото е конструирано од компанијата ООО „Небо и земја“. Екранопланите се летала што летаат на т.н. динамична воздушна перница

ИТАР-ТАСС

Кубанскиот претседател Раул Кастро и рускиот премиер Дмитриј Медведев разгледуваат фотоалбум на средбата на 22 февруари во Хавана. Русија ќе им даде осум авиони и ќе им отпише дел од долговите на своите сојузници уште од времето на Студената војна

© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Corbis/Foto S.A

Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.