Саемски каталог на ПОЛИЦА 2024 г.

Page 1

Полица www.polica.commk

ДОЗНАЈ И ПРОБАЈ

Едицијата „Дознај и пробај“ е наменета

Едицијата „Дознај и пробај“ е наменета

како вовед во светот на различни

како вовед во светот на различни

професии: ботаника, метеорологија, филмска режија, археологија,

професии: ботаника, метеорологија, филмска режија, археологија,

астрономија итн. Во првата половина

астрономија итн. Во првата половина

од книгата читателите се запознаваат

од книгата читателите се запознаваат

со секое поле или наука или професија

со секое поле или наука или професија

– историска позадина, познати

– историска позадина, познати

личности од секоја професија, основни

личности од секоја професија, основни

концепти и постапки. Втората половина

концепти и постапки. Втората половина

дава различни предлози за тоа како

дава различни предлози за тоа како

читателот може да се обиде да биде

читателот може да се обиде да биде

еден од овие експерти преку лесно

еден од овие експерти преку лесно

изводливи задачи и експерименти.

изводливи задачи и експерименти.

Отсега децата ќе можат да навлезат

Отсега децата ќе можат да навлезат

во тајните на девет професии, односно

во тајните на девет професии, односно

науки, на весел и хумористичен начин.

науки, на весел и хумористичен начин.

Крис Макгауан Палеонтологија

ДОЗНАЈ:

● што е палеонтологија

● кога се откриени првите фосили

● кога живееле диносаурусите

● кој диносаурус бил најголем

● дали на Балканот има диносауруси

● дали диносаурусите навистина изумреле

Литература за деца | 30 стр. | 250 150 МКД

www.polica.COM.mk

2

Недељко Тодоровиќ

Метеорологија

ДОЗНАЈ:

● кои се предзнаците за убаво време, а кои за лошо време

● како се вршат метеоролошки мерења и набљудувања

● што се случува при движењето на големите воздушни маси

● какви временски прогнози постојат Литература за деца | 30 стр. | 250 150 МКД

Радивоје Андриќ Како да снимиш филм

ДОЗНАЈ:

● како изгледал првиот игран филм, а како сега се снимаат филмовите

● што е тоа кадар

● кој сé учествува во снимањето на филмот

● што прават: режисерот, сценаристот, актерите, директорот на фотографија, сценографот, кинематографот...

Литература за деца | 48 стр. | 250 150 МКД

Весна Бикиќ Археологија

ДОЗНАЈ:

● што е археологија

● кои биле големите археолози

● кои се најзначајните археолошки откритија

● какво школо ти е потребно за да станеш археолог

● што спаѓа во археолошки алати

● што е убаво, а што е тешко во археологијата

Литература за деца | 30 стр. | 250 150 МКД

Ивана Степановиќ-Илиќ Психологија

ДОЗНАЈ:

• што е психички свет

• како се мери интелигенцијата

• штo е темперамент

• штo сe механизми на одбрана

• што е тоа фотографско помнење

Литература за деца |32 стр. | 250 150 МКД

3
ДОЗНАЈ И ПРОБАЈ
www.polica.COM.mk

ДОЗНАЈ И ПРОБАЈ

Драгана Јокиќ

Архитектура

ДОЗНАЈ:

• што е архитектура

• кој го смислува изгледот на градот

• од штo сè зависи формата на куќите

• како настанала Ајфеловата кула

• дали градината може да се наоѓа

на покривот

Литература за деца | 32 стр. | 250 150 МКД

Никола Божиќ Астрономија

Кога ќе слушнеш вест за тоа дека ќе се случи помрачување на Сонцето или на Месечината, кога ќе дознаеш дека во текот на ноќта ќе може да се види метеорски дожд или некоја комета – сигурно ќе посакаш да го видиш сето тоа.

Овие, како и многу други појави во вселената се проучуваат од науката астрономија.

Литература за деца | 32 стр. |250 150 МКД

Јасен Боко Театар

Д О ЗНАЈ :

• како настанала театарската уметност

• кој сè учествува во работата на претставата

• што е тоа добра актерска игра

• какви сè проби постојат

• што е тоа мизансцен

Литература за деца | 44 стр. | 250 150 МКД

Соња Дулетиќ-Лаушевиќ • Душица Јаношевиќ

Ботаника

Д О ЗНАЈ :

•што е ботаника

•кои биле прочуените ботаничари

•кои се основните делови на растенијата

•како растенијата ги добиваат своите имиња

•што е убаво, а што е тешко во ботаниката

•како се станува ботаничар

Литература за деца | 32 стр. | 250 150 МКД

4
www.polica.COM.mk

НАУКА ЗА ДЕЦА

Ако сте од оние што по грешка ја отвориле оваа книга (ја добивте на подарок; ви било здодевно; немате ниту една друга книга; мислевте дека во неа станува збор за љубовниот живот на германските жаби; ја грабнавте трчајќи во тоалетот),сериозно придржувајте се кон ова предупредување: БЕГАЈТЕ!!!

Литература за деца, научна литература | 192 стр. | 300 200 МКД

Драгана Петровиќ Косановиќ • Андреја Лесковац Урнебесна хемија

Ако сте решиле да ја прочитате оваа книга, мислејќи дека ќе дознаете повеќе за производството на хемиски пенкала, за хемиското чистење облека или средствата за дезинфекција, за хемиските производи за нега... Хмм ... немате право, но, сепак – одлично! Искуството на хемичарите и другите научници покажува дека на оние кои читаат и мислат животот им е многу поинтересен! Без оглед на тоа дали ја купивте, ја позајмивте или ја добивте на подарок, дефинитивно има одредена хемија меѓу оваа книга и тебе! Литература за деца, научна литература | 176 стр. | 300 200 МКД Светислав Пауновиќ Урнебесна физика

Андреја Лесковац • Драгана Петровиќ Косанови Урнебесна биологија

Ако одлучи да ја прочиташ оваа книга мислејќи дека ќе дознаеш зошто диносаурусите не оделе на училиште, кои гранки постојат во биологијата, иако таа не е дрво, дали знаењето за ихтиологија ти е неопходно кога ќе отидеш на рибина чорба, дали во гените ти е запишано да немаш петка по математика или дали знаењето за мастите ти е важно за купувањето вкусни џимиринки... впрочем... грешиш, но...

ОДЛИЧНО!!!

Литература за деца, научна литература | 144 стр. | 300 200 МКД

Луси и Стивен Хокинг

Џорџ и големиот прскот

Дали некогаш сте сакале да патувате во вселената?

Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури!

Придружете му се во битката против лошиот бунтовен научник, кој по секоја цена сака да го саботира највозбудливиот – и опасниот експеримент на векот.

Смртоносната бомба чука. Целиот свет гледа.

Литература за деца | 388 стр. | 600 350 МКД

5 www.polica.COM.mk
второ издание

НАУКА ЗА ДЕЦА

Луси и Стивен Хокинг

Џорџ и космичкиот лов на богатство

Дали некогаш сте сакале да патувате во вселената? Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури! На најдобрата другарка на Џорџ, Ени, ѝ е потребна помош – и тоа веднаш. Таа откри нешто многу чудно во суперкомпјутерот Космос... Дали тоа е порака од вонземјанин? Постои ли живот таму горе? Џорџ и Ени мора да заминат на меѓугалактички лов на богатство за да откријат! Литература за деца | 350 стр. | 600 350 МКД Луси и Стивен Хокинг Џорџ и сината месечина Џорџ и неговата најдобра другарка, Ени, се избрани во програмата за млади астронаути за патување до Марс. Ова е сè што некогаш го посакувале. Но, кога ќе стигнат во вселенскиот камп, Џорџ и Ени брзо дознаваат дека се случуваат чудни работи – на Земјата, како и на небото, а обуката за астронаути што ја поминуваат станува сè пострашна...

Литература за деца | 334 стр. | 600 350 МКД

Луси и Стивен Хокинг

Џорџ и непробојниот код

На Ени, најдобрата другарка на Џорџ,ѝ е потребна

помош – и тоа веднаш. Татко ѝ работи на вселенски

проект – и нешто не е во ред со целата работа.

Еден робот слетал на Марс, но се однесува многу чудно. А Ени открива нешто чудно на суперкомпјутерот на татко ѝ. Дали тоа е порака од вонземјанин?

Можно ли е да има живот таму надвор?

И ако можеш да зборуваш со вонземјани, што би им рекол?

Литература за деца | 350 стр. | 600 350 МКД

Луси и Стивен Хокинг

Џорџ и тајниот клуч на Универзумот

Запознајте го Џорџ, едно обично момче. Но сето тоа ќе се смени со доаѓањето на неговите нови соседи.

Тие го поседуваат КОСМОС - таен, суперпаметен компјутер кој зборува и кој

6
www.polica.COM.mk
може да го однесе Џорџ на вртоглаво патување низ вселената. Но, КОСМОС е во опасност и ако дојде во погрешни раце на Џорџ, а и на целиот свет, му се заканува голема опасност. Литература за деца | 340 стр. | 600 350 МКД

Македонка Јанчевска Шумска болница

МЕДО: А, ааа...! Дајте ми апче! Помош ми треба сега, та запчето не е шега.

ДОКТОРОТ ШТРК: Издржи, јас тврдам –сè ке се реши.

Неколку дена по ред ке добиваш грне со мед.

И уште неколку круши –грлото да не ти се суши...

Литература за деца | 10 стр. |150 100 МКД

Зоран Тодоровски - Тоде Кралот Арктик и Северот Еднаш во дамнина, на најсеверното место на земјата, постоеше едно преубаво кралство. Беше рај на земјата. Во него трипати се жнееше жетва, се раѓаше најубавото грозје, а во визбите се правеше највкусното вино. Полињата изобилуваа со плодови, кајсии, дуњи, лубеници, сѐ што може да се посака: низ ридовите течеа бистри и брзи полни со риби, ракчиња, а во шумите елени, срни, лисици, животни го красеа овој прекрасен рај. Литература за деца | 20 стр. | 147 100 МКД

Соња Димитрова

Три нови македонски бајки

Меѓу страниците на нашата

нова сликовница прошетајте низ волшебните предели населени со откачените принцезички А, Е, И, О и У, Волшебникот Надеж, пчелките Зузујка и Зузујко, речните сирени Белкица, Праскица и Росица... Таму некаде низ бајките се кријат и алчните тролови... Литература за деца | 24 стр. |120 100 МКД

Софи Шерер Малечката Нини

Возбудлива, искрена и многу смешна книга (која може да се чита и гласно) за деца од 8 до 80 години. По читањето на оваа книга, возрасните може да гледаат на светот со нови очи, а децата ќе ги сакаат авантурите на Малечката Нини, со својата непогрешлива смисла за комичното, за она што е вистина и што е лага.

Нејзиниот мал свет е полн со авантури!

Литература за деца | 206 стр. | 250 100 МКД

7
СЛИКОВНИЦИ И КНИГИ ЗА ДЕЦА
www.polica.COM.mk

И КНИГИ ЗА ДЕЦА

Астрид Линдгрен

Децата од Бучно Село

Добре дојдовте во Бучно Село! Всушност, тоа баш и не е село. Лиса, која ги раскажува приказните, живее на Средната Фарма со родителите и со двајцата браќа, Карл и Бил. Брита и Ана живеат на Северната Фарма, а Олe и Керстин живеат на Јужната Фарма. Бидејќи куќите се многу блиску една до друга и бидејќи децата прават толку многу врева, фармите го добиле ова искрено и весело име. Ова е само една од авантурите поради која и младите и постарите читатели ќе посакаат да бидат дел од страниците на оваа книга. Роман, литература за деца | 278 стр. | 300 200 МКД

Зоран Пеневски Сара и заборавениот плоштад

Распустот е почнат и дванаесетгодишната Сара, наместо да си четува со другарите , сака викендот да го помине кај баба ѝ. Но, баба ѝ ја нема. Во потрага по неа, таа влегува во фантастичниот свет на заборавениот плоштад, а тука ја придружува и Бертолд – птицата на баба ѝ што мисли дека е мачка. Во оваа приказна Сара на моменти се соочува со реалноста, со делови од детството кои не сака да ги види...

Литература за деца | 154 стр. | 250 100 МКД

Беa Табоада

Нашите бабички

секоја посебна на свој начин

Приказна што им оддава почит на бабите, нашите први пријателки, нашите втори мајки и омилени хероини, и на посебниот однос што го градиме со нив.

Литература за деца | 40 стр. | 300 200 МКД

д-р Милкица Моцан

Запчињата раскажуваат

и порачуваат

Ние, твоите запчиња, драго дете, сме многу важни органи во твојата уста. Имаме многу желби и пораки за тебе, доживуваме многу среќни моменти, но некогаш и тажни и непријатни случувања, а за кои можеби ти не знаеш. Затоа сакаме да ти раскажеме за сето тоа...

Литература за деца | 24 стр. |300 200 МКД

8
www.polica.COM.mk СЛИКОВНИЦИ

Озлем Федаи Корчак

И чудовиштата имаат чувства! Доста беше!

Непријатно ни е и нѐ повредува тоа што се плашите од нас секогаш кога ќе нѐ здогледате. Протестираме!

Зашто и нам понекогаш ни се случува да бидеме тажни и да заплачеме, понекогаш дури и срцата да ни бидат скршени... Ајде, дојдете да се изгушкаме!

Литература за деца | 32 стр. |300 200 МКД

9 www.polica.COM.mk СЛИКОВНИЦИ И КНИГИ ЗА ДЕЦА

Македонски

автори

Сашо Димоски Нова античка драма Публикација за Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ приредена од Сашо Димоски, театролог и селектор на ИФАД Стоби 2021 Хрестоматијата „Нова античка драма“, која излегува од печат за време на овогодишното 18. издание на фестивалот Стоби, нуди приказ на најголемиот дел од драмите што се дел од фестивалот. Петте драмски текстови вклучени во неа се показател на важноста на античкото драмско наследство и неговата вечна актуелност.

Драми | 240 стр. | 350 200 МКД

Марија Митева Највисокото дно

Замислен како своевиден книжевен и општествен експеримент, ракописот содржи вкупно 12 раскази организирани во систем кој има за цел да функционира како една кохерентна целина. Структуриран како хибрид, ракописот во фокусот поставува карактери-прототипови на луѓе од секојдневието на кои во фингирани ситуации им се дадени сите услови за удобен живот но, прашањето е: дали тие умеат да се снајдат?

Проза | 76 стр. | 200 120 МКД

Исток Ј. Улчар Порој од пепел

Четвртата поетска збирка на Исток Ј. Улчар е возбудлива најава на негов премин кон посериозен, трпелив и будно обмислен поетски стил. Книгата дава сензитивна слика на современите младешки и социо-историски превирања, блиска до духот на една цела генерација и презначајна за македонската современа поезија.

Поезија | 67 стр. | 150 100 МКД

Ана Стојаноска Лебед

Тематот е вљубувањето или – просто – љубовта.

Љубовта како феномен, како таква, љубовта од секаков вид: машко-женска, машко-машка, љубовничко-брачна, родителско-детска, семејна, пријателска, професионална, љубов од интерес, од страст, од занес, секаква... Има ли љубов во ова наше време? Умееме ли, сè уште, автентично да се вљубуваме? Онака романтично, како во романите или како во театарските мелодрами... Белетристика, роман | 302 стр. | 300 200 МКД

10
www.polica.COM.mk

Македонски

Санде Стојчевски

Габите во Македонија

Стојчевски постојано укажува на претпазливоста, на опрезот, на опасноста. И на стравот. Во неразделно единство живеат страста и опасноста, убавината и смртта, мигот и вечноста, светлината и мракот. Една реалност што добива метафички набој со кој авторот, при сиот занес и заборав, смета, мисли, внимава и ја пренесува на нас, вели во рецензијата на книгата академик Матеја Матевски.

Прирачници | 272 стр. | 599 400 МКД

Евтим Клетников Земно и небесно лозје Виното и поезијата отсекогаш оделе рака подрака. И двете ги опиваат душата и духот. Читателот на оваа книга ќе се увери во тоа дека виното е свет пронајдок, кон кој и ние треба да се однесуваме со света почит. Читајќи ги песните како вински пехари, и тој може да му се препушти на светото пијанство за кое говори Руми, а кое човекот го почувствувал уште пред Создателот да го насади првото лозје. Поезија | 226 стр. | 500 350 МКД

Стефан Марковски Алгоритмеа

Спојувајќи го древниот облик на поема со ултрамодерни постапки, но и теми и ликови врзани за еволуцијата на самата уметност, Алгоритмеа е постмодернистички текст-идеја, каде во фокус е длабинското скенирање и сликање на модерната дигитална технолошка апокалипса, која е веќе озаконета како тотемска реалност на човекот и човештвото.

Поема | 88 стр. | 200 100 МКД

Кузман Кузмановски Меани

Само во меаните паѓаат маските, се раѓаат идеите, се потпишуваат бизнис-договори, се слави женската убавина, филозофијата ја чека својата шанса... Меани претставува хибридно писание што може да се дефинира како „роман во раскази“, иако на крајот завршува со сценарио за кус филм, кое произлегува од самата содржина. Ликовите во Меани се пораснати на скопскиот асфалт во време кога замира урбаното витештво и денес им останале само бруталноста и жестокоста...

Роман | 136 стр. | 250 150 МКД

11
www.polica.COM.mk
автори

Македонски

автори

Емилија Златкова Анастасова Детето во снегот Детето во снегот е збирка раскази за сите семејства чии дечиња заталкале во „студенилото на снегот“. Тоа се раскази посветени и на сите дечиња што потонале во осаменоста на „снежните виулици“, таканаречени аутизам. Психолошки и фиктивни приказни за реалноста на животот на семејствата што имаат дете со аутизам, а кои најчесто се борат сами и осамено, без помош од никого.

Раскази | 112 стр. | 250 140 МКД

Емилија Златкова Анастасова Каде е Емили?

Еден јулски ден, сите членови на семејството Деборјановски се враќаат во својот дом од различни патувања во различни земји во светот. Емили се качува во авион од Москва по завршувањето на магистерските студии на престижната музичка школа во Москва. Марија и Гоце ја чекаат Емили на аеродромот во Скопје. Авионот пристигнува, но Емили не слегува од него. Емили не пристигнува во Скопје. „Каде е Емили? Што се случило со неа?“ сите се прашуваат.

Белетристика, роман | 199 стр. | 300 200 МКД

Емилија Анастасова Златкова Неверство

Полицијата го пронаоѓа свештеникот Михаил покрај телото на мртвата сопруга, за која тврди дека ја нашол така откако тргнал на пат, но се вратил зашто го заборавил пасошот дома. Но, тоа и не е единствената трагедија – откриваат дека Даниел, петгодишниот син на свештеникот, е исчезнат. Дали е киднапиран, дали побегнал или, пак, станува збор за нешто пострашно? Дали свештеникот е убиец на својата сопруга или сторителот е некој друг? Каде е малиот Даниел?

Белетристика, роман | 201 стр. | 300 200 МКД

Марија Колева Нешиќ Оксана

Оксана Алексеев е млада, убава, силна и самостојна жена. Не сонува за љубовни бајки, но едно лето станува главен лик во една таква бајка. Се вљубува во Јон, кој на денот на промоцијата на неговата книга ќе ѝ напише заводлива посвета: „За мистериозната Русинка со црн тен и палаво срце“.

Белетристика, роман | 130 стр. | 250 100 МКД

12
www.polica.COM.mk

Александар Сашко Кукулев Патувањето на Петар Келемен Нострадамус во својот стих 58 Quatrains - Century X напишал: 58

In the time of mourning the feline monarch will make war upon the young Macedonian: Gaul to shake, the bark to be in jeopardy, Marseilles to be tried in the West a talk. Во времето на народна жал, невидливиот крал ќе војува против еден млад Македонец: галијата ќе се затресе, а бродот ќе биде во опасност За Марсеј, ќе се говори на запад.

Роман | 136 стр. | 350 200 МКД

Александар Сашко Кукулев Како избравме американски претседател Романот Како избравме американски претседател читателот го остава без здив од првата до последна страница. Александар Сашко Кукулев со својот карактеристичен наратив создаде остроумно и истовремено силно провокативно четиво, едно од оние за кои читателот посакува да го види на големото филмско платно.

Роман | 164 стр. | 350 200 МКД

Александар Караев Две свеќи

Во оваа топла и инспиративна приказна, таткото на забавен начин ѝ ја пренесува на својата ќерка тајната за среќен и исполнет живот преку двете свеќи. Тој сè уште неизлекуван од разводот со мајка ѝ и од губењето на работното место, таа бунтовна тинејџерка што бурно реагира на предизвиците што ѝ ги носат младешките години, заедно поминуваат викенд во планина исполнет со непредвидливи настани и бура од емоции.

Белетристика | 279 стр. | 450 350 МКД

Кристиан Шемко Како да станеш фриленс артист

„Како да станеш фриленс артист“ е книга наменета за сите артисти и креатори што секојдневно созреваат, творат, иновираат и го движат општеството напред. Ова е книга за сите оние што ќе решат да одат по фриленсерскиот пат – кои го одржуваат умот отворен, изнаоѓаат волја за креирање нови нешта и ја потхрануваат желбата за постојано надградување.

| 227 стр. | 450 250 МКД

13
Македонски автори
www.polica.COM.mk

Македонски

автори

Даница Фичорска Жените Полежиновски

Велат дека зад секој силен маж стои една силна жена. Вистината е дека зад Владимир Полежиновски, всушност, стоеле седум. Ова е нивната приказна, приказната за жените Полежиновски, седум непоколебливи хероини што единствено не можеле да ѝ се спротивстават на судбината.

Белетристика, роман | 305 стр. | 350 200 МКД

Моника Стојановска Има и такви денови

Поезијата на Моника Стојановска изникнува од најдлабоките понори на човечкото, каде што, соголувајќи се, ги расплеткува читливо сите комплексности на чистата емоција, ставајќи ни мапа во раката и компас на срцето.

Читајќи го нејзиниот поетски ракопис чувствуваме како во воздухот лебди тивка носталгија проследена со мирно прифаќање и помирување со нашата кревкост и ранливост, користејќи ги токму нив како наше најсилно оружје против грубостите на светот и животот. Поезија | 59 стр. | 150 120 МКД

Сашо Димоски

Нова античка драма II

Оваа хрестоматија ги обединува: „Антигона“, според Софокле, во драматуршка обработка на Ката Џармати; „Еден Едип“, современа трагедија базирана врз Софоклевиот изворник, авторство на Армандо Насименто Роса; „Одисеј“, авторски текст на Александар Секулов, кој како своја појдовна точка ја има Хомеровата „Одисеја“; „Пандорината кутија: наследството на ќерката“, авторски текст на Ришард Ниечим. Како „бонус текст“, токму поради својата оригиналност и блискост до насловот на оваа книга, во оваа хрестоматија е сместена и...

Белетристика | 310 стр. | 400 200 МКД

Иван Антоновски Идентитетот е приказна

Еве, конечно, едно не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на Горановата есеистика. Имено, таа методолошка „десетка во целта“ лежи во сфаќањето на Иван Антоновски дека „есејот на Горан Стефановски може да биде метажанр“ во однос на неговите пиеси. Кај големите автори, впрочем, есејот е секогаш метажанр на нивната уметност: доволно е да се сетиме на Милан Кундера и на неговата есеистика, но и на неговите есеистички фрактали инкорпорирани во неговите романи. Есеј | 180 стр. | 350 200 МКД

14
www.polica.COM.mk

Соња Дракул Низ трепетот на времето Стиховите во збирката дишат во духот на женскиот лирски поетски порив на еден длабок и прониклив начин. Дракул нè примамува да нурнеме во внатрешниот емотивен порив и да дозволиме да нè носат личната и интимната лирска струја. Вербата во убавите и светли мигови расте, срцето похрабро чука, ги пребродува сите нагризувања на душата и следува патот кон победата.

Поезија| 123 стр. | 200 100 МКД

Жан Илиески Трезност и лудост

Сиена за време на августовското Палио: шаренолика, пијана, гласна, мириса на пот и на адреналин По мирно крстарење по Медитеранот, широкото семејство на 74-годишниот ексцентричен, контрадикторен С , американски граѓанин со потекло од Сиена, зазема цел кат во еден од хотелите на Пјаца дел Кампо, местото каде што се одвива „средновековната трка на коњи без правила“. Во позадината на малите семејни конфликти, младешката љубов, детските игри... Роман | 346 стр. | 350 200 МКД

Огнен Недлковски

Ловци на лажни вести од зградата бр. 39

Приказната во „Ловци на лажни вести од зграда 39“ се врти околу една зграда во едно наше маало, каде тројца тинејџери (Дени, Вале и Сашко) демаскираат лажни вести. Се судираат со маалските креирачи на лажни вести од разни генерации и низ сопствената проверка на факти, се обидуваат (и најчесто успеваат) да откријат што е вистина во сето тоа, а што е само плод на маалските озборувања.

Роман за тинејџери | 156 стр. | 250 150 МКД

Петар Андоновски Страв од варвари

...ова е пофалба за смирувачката и хранливата моќ на зборовите, единственото сидро за кое човек може да се држи за да не се удави во очајното море на осаменоста. Но, во исто време, ова е и осуда за страшната моќ што самиот збор може да ја преземе кога е погрешно сфатен, како онаа на „варварите“, затоа што тие „брборат“ нејасни звуци, па се доживуваат како опасност.

Роман | 116 стр. | 300 200 МКД

15 www.polica.COM.mk Македонски автори

Македонски

автори

Петар Андоновски

Очи со боја на чевли

Андоновски покажува огромен книжевен талент да изгради необичен книжевен лик, односно да направи вешта игра на два комплементарни лика, да го прикаже дејството прекршено преку раскажувањето првин на едниот, а потоа на другиот лик, да внесе многу минуциозни детали во раскажувањето и, на крајот, иронично да ја прекрши суровата општествена реалност во позадината на високоестетизираната приказна.

Роман | 114 стр. | 300 200 МКД

Петар Андоновски

Огнен Чемерски Триста ветрила

Телото во кое треба да се живее ...Афектите во романите на Андоновски играат централна улога во креирањето и развојот на ликот. Тие, од една страна, го актуализираат психолошкото, но, од друга страна, укажуваат на општественото, па така психолошкото се политизира. Токму оваа политизација на психолошкото ги чини овие романи различни од сè што сме прочитале досега на македонската, па и на пошироката книжевна сцена. Роман | 128 стр. | 300 200 МКД „Преведување поморјанска терминологија во романот Моби Дик“ е тема што претставува истражувачки, преведувачки и книжевен предизвик. Херман Мелвил, кој и самиот морнарувал со години, го напрегнал текстот со поморјански јазик на кој решил да го пишува своето книжевно дело. Тој јазик и во 1851 година претставувал загатка за секој што не бил морнар. Тогашните едреници денес се минато, а живите говорители на тој морјански жаргон се малобројни. Но, текстот живее токму низ тој криптичен јазик. Белетристика |222 стр. | 350 200 МКД

Звонко Танески Книжевни крстопати

Книгата се состои од збир студии и прегледи на:

- приемот на јужнословенските книжевности во Словачка по 1989 г.

- приемот на македонската драма во Словачка по 1989 г. (Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Венко Андоновски, Томе Арсовски и Коле Чашуле);

- словачката рецепција на делата од Коле Чашуле, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Богомил Ѓузел и Блаже Конески;

- објавени публикации, трудови,

www.polica.COM.mk

16
поговори и рецензии, како и уметнички трудови и преводи на авторот Звонко Танески во периодот од 1995 до 2022 година во домашни и во странски издавачки куќи, списанија и зборници, авторски сведоштва... Есеи
278 стр. | 300 200 МКД
|

Марија Митева Стражари на ноќта Збирката „Стражари на ноќта“ содржи 24 песни, и се поврзани со Скопје. Овие длабоко емотивни песни, Митева во соработка со седуммина други уметници ги има претворено во нова, хибридна форма што таа ја нарекува изложбена поезија. Збирката има 24 постери, на кои е илустрирана по една од песните и наместо меѓу корици како книга, сместена е во папка. Темите кои се во фокус на поезијата се прелеваат од општествениот живот во капиталистичкото уредување, предизвиците на урбаното живеење...

Поезија | 24 стр. | 400 300 МКД

Петар Андоновски Не кажувам

Вратата ја затворам полека и зад мене го оставам Јосиф, клекнат на подот, заедно со Никита. Куќичката од лего-коцки ќе ја доправи и ќе отиде во спалната, ќе ја поттурне расфрлената облека на мојата страна од креветот и ќе легне, но нема да ме побара Нема да ме побара ниту наредното утро кога ќе се разбуди и ќе види дека ме нема до него Ќе отиде во тоалетот да се истушира и да се избричи, ќе ја облече кошулата што му ја испеглав, ќе се насмевне за тоа со каква прецизност...

Роман | 118 стр. | 300 200 МКД

Даница И. Лепојевиќ Дождови во мај

Со необичниот и холистички пристап кон внатрешниот свет и кон творечкиот процес, Лепојевиќ ги поканува читателите директно и длабоко во нејзиниот интимен дом, нудејќи ги сите медиуми за негово искусување: зборот и чувството, цртежот и звукот, фотографијата и видеото. Или, како што вели авторката: „Збирка полна искрена ЈАС: расечена, искрвавена низ стиховите, распослана по страниците.“

Поезија | 159 стр. | 250 200 МКД

Лидија Капушевска-Дракулевска • Влада Урошевиќ

Птици во аквариум: Надреализам 1924 – 2024

Надреализмот е жив поради пристапот кон креативноста и деконструкцијата на воспоставените норми и конвенции, кој истовремено нуди алатки за длабоко продирање во човековиот ум и потсвест без да се напушти релацијата со општествените структури и „реалноста“. Надреализмот почна како уметнички правец, а сто години подоцна трае како вкус на времето на една епоха. Уметност излезена од својот медиум и стопена со животот. Нема поголема потврда за живоста на еден уметнички феномен од ова. Есеи | 332 стр. | 600 500 МКД

17 www.polica.COM.mk Македонски автори

Македонски

автори

Горан Стефановски

Избрани драми 2

Горан Стефановски, големиот мајстор на македонската драма и во овие свои дела („Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Ex-Yu“ и „Казабалкан“) зборува за потребата да се создаде сопствена голема нарација, да се раскаже за себе и за „своите“. Да се потврди јаството, традицијата, да се определи својот колективитет (без оглед дали станува збор за етнос или за помала група) како битен во минатото, сегашноста и, се разбира, во иднината.

Драми | 224 стр. | 450 400 МКД

Горан Стефановски

Избрани драми

ДИВО МЕСО

Театарска пиеса

ЛЕТ ВО МЕСТО

ХАЈ-ФАЈ

(театарска мутација)

ДУПЛО ДНО

(Театарска пасија во три става и кода)

БАХАНАЛИИ

(по мотиви од Бакхи на Еврипид)

ДЕМОНОТ ОД ДЕБАР МААЛО

(театарска пиеса)

Драми | 370 стр. | 450 400 МКД

Лидија Капушевска-Дракулевска Авторот во огледало Авторот во огледало на Лидија КапушевскаДракулевска содржи 14 разговори со современи македонски писателки и писатели што авторката ги водела во периодот од 2012 до 2021 година на страниците на списанието „Културен живот“. Ракописот содржи интервјуа со: Лилјана Дирјан, Владимир Мартиновски, Румена Бужаровска, Калина Малеска, Лидија Димковска, Гоце Смилевски, Иван Џепароски, Фросина Пармаковска, Јагода Михајловска-Георгиева, Соња Стојменска-Елзесер, Влада Урошевиќ, Ристо Лазаров, Петар Андоновски и Кица Колбе.

Есеи | 368 стр. | 400 200 МКД

Лилјана Дирјан Вагон-ресторан

Пишувано неконвенционално, со огроман љубов и страст, делото претставува вонреден пример за своевиден „меланж“ на: патопис, автобиографско писмо, ерудициски стил, поетска проза, интертекст.... Исклучителниот талент на Лилјана Дирјан за поетски дискурс, специфичниот светоглед и асоцијативната моќ креираат еден мошне оригинален, уникатен и специфичен „дирјановски“ стил што доминира низ секоја страница.

Раскази | 118 стр. | 250 150 МКД

18
www.polica.COM.mk

Даница И. Лепојевиќ Една ноќ друга Збирката „Стражари на ноќта“ содржи 24 песни, и се поврзани со Скопје. Овие длабоко емотивни песни, Митева во соработка со седуммина други уметници ги има претворено во нова, хибридна форма што таа ја нарекува изложбена поезија. Збирката има 24 постери, на кои е илустрирана по една од песните и наместо меѓу корици како книга, сместена е во папка. Темите кои се во фокус на поезијата се прелеваат од општествениот живот во капиталистичкото уредување, предизвиците на урбаното живеење...

Раскази | 148 стр. | 400 200 МКД

Бојан Станиќ Ајде уште еднаш

Постоење и прашина, политичка ангажираност и искреност, знаење и незнаење, романтика и баналност, љубов и очај, заедништво и осаменост, идеали и реалност се дел од контрастите што сите ги имаме интернализирано, а Станиќ умешно ги спојува за да нè потсети дека и ние самите се наоѓаме во просторот помеѓу крајностите.

Поезија | 68 стр. | 150 МКД

Коста Бојчески Дијалози

Дијалози е книга населена со голем број ликови, и добар дел од нив се доволно јасно скицирани да може да се препознаат (нормално, откако еднаш ќе се разоткријат) и при сосема случајно вртење на страниците. Тоа не е занемарлив подвиг. Кај Бојчески, она што се случува низ дијалог се ликовите.

Дијалози | 142 стр. | 250 МКД

19 www.polica.COM.mk Македонски автори

современи

автори

Мохамеду улд Слахи Дневник од Гвантанамо

Оваа книга е првиот и единствен дневник на притворено лице што 14 години било држено во Гвантанамо.

Во 2002 година, Мохамеду улд Слахи бил затворен во притвореничкиот логор Гвантанамо Беј во Куба, каде што се држеле политички затвореници од војната во Авганистан, а подоцна и од војната во Ирак. Сите години додека бил таму, САД воопшто не го обвиниле за какво било дело...

Белетристика | 444 стр. | 600 400 МКД

Кај Херман Хорст Рик Ние децата од железничката станица ЗОО Ова е опседнувачка, вистинска приказна за Кристиjане Ф. – бунтовнички настроена тинеjџерка од 1970тите години во Берлин. Како и многумина млади луѓе во различни времиња и на различни возрасти, Кристиjане сака да се вклопи и да се докаже себе си откако неjзиното семеjство првпат се доселува во градот. Таа очаjнички сака да ги носи вистинските алишта, да jа слуша вистинската музика и да се дружи со децата кои се кул.

Белетристика | 444 стр. | 500 350 МКД

Хван Сок-Јон Принцезата Бари

Принцезата Бари е современа приказна за младата севернокорејска бегалка, присилена да ја напушти својата земја, следејќи ја својата баба-шаман на југ, додека другите роднини го осудуваат таквиот чин. Оттаму, патувањето се претвора во ноќен кошмар што ја води до мултикултурната средина на нижите општествени слоеви во Лондон.

Роман, литература за деца | 220 стр. | 450 200 МКД

Едуар Луј

Крајот на Еди

Крајот на Еди завршува со крајот на оној што

некогаш бил Еди. Еди мора да избере.

За него, борбата да се сака себеси секогаш е

контрадикторна и никогаш не е завршена.

Со голема тешкотија се труди да биде со девојки, за да ги увери своите родители во неговата

хетеросексуалност.

Еди избира.

Белетристика, роман | 186 стр. | 400 200 МКД

20
www.polica.COM.mk

Едуар Луј Историја на насилството

Ова е краток роман во традицијата на Труман Капоте, но со жртвата како тема. Движејќи се безмилосно и хипнотички меѓу минатото и сегашноста, меѓу гласот на Луј и гласот на замислениот раскажувач, делото е прецизно како полициски извештај и љубопитно како мемоари. Го бележи не само расизмот и хомофобијата на француското општество, туку и нивни суптилни ефекти врз љубовниците, браќата и сестрите, сопрузите и сопругите.

Роман | 184 стр. | 450 200 МКД

Афонсо Круж Книгите кои го проголтаа татко ми Вивалдо Бонфин е службеник со здодевна работа, па честопати во даночната канцеларија во која работи си чита новели и романи. Еден ден, додека се преправа дека напорно работи, се губи во читањето и исчезнува од овој свет. Ова е неговата вистинска приказна – раскажана од син му, Елијас Бонфин, кој тргнува во потрага по татка си, патувајќи низ класиците на литературата во кои е преполно со убијци, неизмерни страсти, диви ѕверови и други опасности создадени од букви.

Белетристика, роман | 88 стр. | 250 150 МКД

Афонсо Круж

Куклата на Кокошка

Романот Куклата на Кокошка е симбол, а и метафора на едно пријателство, приказна за тоа како нашиот однос со другите е суштествен за нашиот идентитет. Главниот протагонист во романот е Исак Дреснер, евреин кој почнал да куца на левата нога поради неговата опсесија со сеќавањето на погубувањето на најдобриот другар во Втората светска војна.

Роман | 246 стр. | 400 100 МКД

Афонсо Круш Цвеќиња

Во безизлезен обид да го пресоздаде минатото на својот залезен пријател, господинот Улм, раскажувачот на овој роман ја реконструира својата сегашност во надеж дека некогаш ќе стане личност што ќе умее да разговара со маките и страдањата на другите. Туѓата несреќа е едно скалило кон вечноста, или кон пропаста. Може ли да постоиме без сеќавањата и која е личноста што ја гледаме пред огледалото?

Роман | 244 стр. | 400 100 МКД

21
современи автори
www.polica.COM.mk

современи

автори

Донал Рајан Чудни цвеќиња

Чудни цвеќиња е приказна за прогонството и враќањето, за загубата и откривањето, за залекувањето од тагата и за спаителската моќ на љубовта.

Во 1973 година, Мол Гладни исчезнува од ридот Типерери каде што била родена. Полека нејзините родители, Педи и Кит, почнуваат да прифаќаат дека ја снемало засекогаш...

Белетристика, роман | 220 стр. | 350 200 МКД Рикардо Адолфо Откако умрев ми се случија многу нешта Брито, раскажувачот на оваа приказна е емигрант, кој со својата жена Карла и нивниот син се обидуваат да започнат нов живот во земја чиј јазик не го зборуваат. Една наивна неделна прошетка се претвора во голгота, откако тие се губат на патот кон дома, низ непознатиот град што треба да им биде новиот дом.

Во мисија да решат еден навидум логистички проблем, Брито колебливо ги води низ лавиринтот на животни одлуки што треба или требало... Роман | 160 стр. | 350 200 МКД

Милан Оклопџиќ Калифорнија блуз

Калифорнија блуз оставил длабок белег во растењето на многумина што го разбираат животот од една друга гледна точка и што не се двоумеле доброволно да се предадат на заводливата лековерност заради свое спасение

„Јас не работам никаде, премногу сум лесен за тешка работа, премногу тежок за лесна работа и премногу секси за ноќна работа.“

Роман |308 стр. | 400 300 МКД

Ема Донахју Чудото

Ова е неверојатна приказна за 11 годишната Ана О`Донел која живее во ирското селце во близина на Атлон. Таа веќе 4 месеци живее без храна, и тврди дека се наситува со „Манна од небото“. Девојчеточудо за жителите од селото станува центар на внимание, поголемиот дел од нив ја сметаат за светица, но сакаат да бидат сигурни дека не се

измамени...

Белетристика, роман | 253 стр. | 350 100 МКД

22
www.polica.COM.mk

Георги Бардаров Absolvo te

Што може да ги натера обичните, нормални луѓе да прават абнормални ексцеси и ѕверства? Дали е можно да се убива и да се употребува насилство врз сопствениот род преку ден, а ноќе истите тие раце да ги галат главите на сопствените деца и лицето на сопругата без никаков знак на внатрешна противречност и конфликт сам со себе? Може ли да го направите невозможното за да поживеете во овој свет само секунда подолго?

Роман | 286 стр. | 300 200 МКД

Аманда Лори Лавиринтот

„Лавиринтот“ е хипнотичка приказна за вината и негирањето, за напнатиот однос помеѓу родителите и децата, но и медитација за тоа како уметноста може да биде и безмилосно деструктивна, но и да помогне за враќање на разумот.

Роман |214 стр. | 350 200 МКД

Мирана Ликар Раскажувачот

Кон крајот на својот живот, Николај ѝ ја раскажува својата животна приказна на една сочувствителна слушателка, едноставна девојка што ја запознал во еден бар и за која подоцна се оженил, токму навреме за да ја направи наследничка и да ја спаси од просечноста Во текот на неговиот турбулентен живот, Николај менувал имиња, страни, униформи и работни места, бил на фронтот и во работните логори, бил затвореник, љубовник и испитувач.

Роман | 278 стр. | 400 200 МКД

Марио Варгас Љоса Тетка Хулија и скрибоманот

Тетка Хулиjа и скрибоманот е брилиjантен, повеќеслоен роман сместен во онаа Лима од младоста на авторот каде што младиот студент по име Марито Варгитас напорно работи во одделот за вести на локалната радиoстаница. Неговиот млад живот го разбрануваат пристигнувањата на дваjца луѓе. Првото е доаѓањето на неговата тетка Хулиjа, неодамна разведена и тринаесет години постара, со коjа започнува таjна врска. Второто е она на маничниот радиосценарист по име Педро Камачо... Роман | 386 стр. | 500 350 МКД

23
современи автори
www.polica.COM.mk

современи

автори

Марио Варгас Љоса Смрт на Андите

Во едно зафрлено село на Андите исчезнале тројца луѓе. Капларот на перуанската армија Литума и неговиот заменик Томас се пратени да ја истражат случката и да го чуваат градот од герилците за кои претпоставуваат дека се одговорни. Но, жителите на градот не им веруваат на полицајците и имаат свои идеи за тоа кои сили ги зеле телата на исчезнатите мажи. За да им помине побрзо времето и за да се справат со носталгијата, Томас навечер го забавува Литума раскажувајќи му сензуална, надреална приказна за неговата несигурна љубовна... Роман | 268 стр. | 500 350 МКД

Миранда Малинс Пуританската принцеза

Осумнаесетгодишната Френсис, најмладата ќерка на Оливер Кромвел, водач на парламентарните сили во Англиската граѓанска војна, го наоѓа своето место во новиот центар на моќ на Англија. По превирањата од Граѓанската војна, земјата полека се враќа во состојба на кревка стабилност. Таткото на Френсис се искачува на новата позиција на лорд протектор на Комонвелтот, и Френсис, која имала скромно детство, наеднаш...

Роман |448 стр. | 600 450 МКД

24
www.polica.COM.mk

Лора Тејт и Џими Рајс Најдобрата работа што никогаш не ја доживеав Лора и Џими се спријателиле кога и двајцата студирале новинарство на Универзитетот во Шефилд, што значи дека последните десет години ги имаат поминато во седење по англиски пабови и во муабети за животот и за љубовта. Сега заедно пишуваат книги – ги земаат лаптопите и пишуваат сè што ќе им падне на памет, но освен тоа, речиси ништо друго не се сменило во нивното дружење. .

Белетристика, роман | 326 стр. | 450 100 МКД Џорџо Фонтана Смртта на еден среќен човек Летото 1981 г. во Милано, во периодот на т.н. оловни години во Италија, протагонистот Џакомо Колнaги води истрага за група млади терористи кои се одговорни за убиството на еден демохристијански политичар. Низ двете паралелни приказни за судбините на таткото и синот, Колнаги доаѓа до заклучок дека доколку циклусот на насилства не се прекине, тоа ќе води до натамошна смрт и страдање, што и всушност на крајот се потврдува на најтрагичен начин.

Белетристика, роман | 238 стр. | 300 100 МКД

Мариа Ксилури Како завршува светот

Романот раскажува за шест протагонисти Орестис, Фани, Димитрис, Фотис, Акос и Ана, кои живеат во годините на кршливата младост во свет во кој нема напредок. Нивните приказни се случуваат од 2000 до 2008 година, но не секогаш праволиниски во времето. На крајот од ова наративно патување, во нурнувањето во длабочините на душата и во односите со другите, доаѓа прочистувањето, односно катарзата.

Роман | 326 стр. | 300 100 МКД

Норма Данинг Даена

Во Даена, што значи „оние што не се гледаат“, маестрално раскажувајќи приказни, Норма Данинг користи хумор и досетливи детали за да создаде привлечни ликови што се спознаваат себеси живеејќи во непријателска земја во која предрасудите, мизогинијата и неправедноста се скриени, а сепак се очигледни. Тие мора да се потпрат на својата духовитост, уметничкиот талент... Даена ја освоила канадската Награда на Генералниот гувернер за книжевна фикција за 2021 година.

Белетристика, раскази| 248 стр. | 300 200 МКД

25
Современи автори
www.polica.COM.mk

Нобеловци

РАСПРОДАДЕНА

Исак Башевис Сингер

Роб

Јаков е набожен Евреин, а Ванда е омилената ќерка на неговиот полски господар. Тие се вљубуваат, но во услови полоши и од оние на Шекспировите Ромео и Јулија во Верона. Бидејќи нивната љубов е невозможна, Јосиф е растргнат меѓу својата духовна набожност и својата опсесивна, физичката страст кон Ванда. Сингер толку интимно нè запознава со овие љубовници преку приказот на религијата, што го тера читателот нивните одлуки да ги доживува како свои. Роман | 260 стр. | 315 МКД

Синклер Луис Ароусмит

Д-р Мартин Ароусмит работи како единствен лекар во малечката Вестилванија, Северна Дакота и таму се бори со разни проблеми и недостатоци, но животот му продолжува и тој напредува во својата кариера. Конечно д-р Ароусмит е препознаен од својот ментор и му е понудено да биде дел од тимот на престижниот научен институт во Њујорк. Романот кулминира кога тој го открива фагот што ја уништува бактеријата на бубонската чума.

Белетристика, роман | 634 стр. | 400 МКД

Тони Морисон Љубена

Романот Останување ги опишува настаните што довеле до поделбата на Индија и стекнувањето независност во 1947 г. Полковник Таскер и Луси Смоли се британска двојка која останува да живее на ридовите во Панкот во Индија по војната. Кога конечно ѝ доаѓа преку глава од тоа да му угодува на сопругот, Луси полага право на независност за себе. Елоквентни и смешни, таа и Таскер даваат приказ на класните тензии во Британска Индија.

Белетристика, роман | 322 стр. | 600 350 МКД

Жан Пол Сартр Зборови

Зборови е книга која со право се смета за ремекдело на Сартр. Според Симон де Бовоар, оваа книга наишла на восхитувачки прием кај публиката.

Тоа е книга за која Сартр се трудел да биде убаво

напишана, за разлика од другите негови дела, во кои главно настојувал што поверно да ги изнесе своите идеи.

Есеј | 156 стр. | 300 МКД РАСПРОДАДЕНА

26
www.polica.COM.mk
РАСПРОДАДЕНА

Марио Варгас Љоса Празникот на Прчот

Празникот на Прчот се вбројува во најдобрите романи од опусот на перуанскиот писател Марио Варгас Љоса, а се смета и за неизбежно дело во поновата латиноамериканска книжевност. Во оваа мешавина од историски факти и фиктивна трилер-драма, претставена преку три наративни нишки, Љоса обработува теми како што се моќта, сексуалноста и меморијата.

Белетристика, роман | 496 стр. | 500 350 МКД

Марио Варгас Љоса Пофалба на маќеата

Со толкувањето на шесте репродукции на сликите, тој воедно ги оживува и преку нив ни раскажува приказни во кои шармантниот и личен Фончито ја вознемирува маќеата доња Лукресија, а дон Ригоберто се фрла во ноќните фантазии, со што нè наведува да се прашаме дали момчето, всушност, е самиот Ерос кој се вовлекува во прегратките на зрелата жена, или станува збор за мечтите на нејзиниот сопруг.

Белетристика | 166 стр. | 350 250 МКД

27 www.polica.COM.mk Нобеловци

книжевно

наследство

Џон Берџер Џ.

Романот Џ. е пикарски роман, чие дејство е сместено во Европа, на крајот од XIX и почетокот на XX век. Со огромно разбирање, Берџер ги истражува срцата и душите и на мажите и на жените, што е она што се случува за време на сексот, за да ги открие причините за успехот на младиот љубовџија. Џ. е извонреден роман за потрагата по блискост во приватните моменти на историјата.

Белетристика, роман | 360 стр. | 300 100 МКД

Криста Волф Медеја

Медеја е една од најозлогласените жени во канонот на грчката трагедија: презрена жена што ги жртвува своите деца пред својот љубоморен бес. Во истоимениот роман, Криста Волф го истражува овој мит, откривајќи жестоко независна жена вплеткана во брутална политичка битка. Не сакајќи да ја игнорира ужасната вистина за државата, таа станува закана за кралот и за неговите немилосрдни советници;

Белетристика, роман | 194 стр. | 350 100 МКД

Бернис Рубенс Избраниот член И покрај трагичните елементи во оваа приказна, сепак комичното го прави овој роман вистинско читачко уживање. Норман е најпаметниот во едно еврејско семејство од Лондон. Чудо од дете; брилијантен адвокат; зеница во очите на неговите родители... сè до неговата четириесетта година кога станува зависник од дрога, затворен во својата спална соба, на милост и немилост на неговите халуцинации и параноја...

Роман | 280 стр. | 300 100 МКД

Греам Свифт Последните наредби Приказната во овој роман е за четворица воени ветерани кои живеат во ист дел од Лондон. За да го исполнат аманетот што им го оставил нивниот верен пријател Џек

ја расфрлат пепелта таму. Насловот Последните наредби, или во оригиналната верзија Last Orders може

само како исполнување на последните наредби како аманет од починатиот другар, туку и како нарачка на последната тура во пабот пред фајронт. Белетристика, роман | 356 стр. | 350 100 МКД

28
www.polica.COM.mk
Додс одат на патување до Маргејт за да
му
да се протолкува не

Жак Шесе Исполин

Пол Калме, таткото на Жан Калме, е опишан како вистински тиранин што го спречува секој обид на својот син да биде она што е. Тој е моќна и уништувачка личност од витално значење што ја задушува и мажественоста на сопствениот син, а оди дури и дотаму што му ја краде првата љубов. Романот почнува со смртта и со кремирањето на ова чудовиште, што кај протагонистот создава чувство на олеснување и слобода.

Роман | 192 стр. | 350 МКД

Пол Скот Останување

Романот Останување ги опишува настаните што довеле до поделбата на Индија и стекнувањето независност во 1947 г. Полковник Таскер и Луси Смоли се британска двојка која останува да живее на ридовите во Панкот во Индија по војната. Кога конечно ѝ доаѓа преку глава од тоа да му угодува на сопругот, Луси полага право на независност за себе. Елоквентни и смешни, таа и Таскер даваат приказ на класните тензии во Британска Индија.

Роман | 304 стр. | 350 100 МКД

Рубен Гаљего Бело на црно

Бело на црно е извонредно сведоштво, приказна за триумфот на едно момче соочено со ненадминливи пречки. Рубен Гаљего, роден со церебрална парализа во Москва, бил скриен во советските државни институции од својот дедо по мајка, генералниот секретар на Шпанската комунистичка партија во 1960-тите години. Детството го поминал во сиропиталишта, болници и домови за стари лица, живеејќи живот на емоционална лишеност и изгубено човечко достоинство.

Роман | 154 стр. | 300 100 МКД

Херман Ленц Средба

Средба се случува во Виртемберг во кралската Монархија, во времето по „системот Метерних“, во времето на револуцијата, на ново-апсолутизмот и на обидите за устав. Раскажувачот е домашен учител во еден виртембершки замок, внатрешно растргнат човек со непознато потекло, кој пак претчувствува дека опасниот господар на замокот е негов татко, а неговиот ученик Константин, легитимниот син на грофот, е негов полубрат.

Роман | 144 стр. | 250 100 МКД

РАСПРОДАДЕНА

29
книжевно наследство
www.polica.COM.mk

книжевно

наследство

Ромен Гари Корени од небото Големата литература има една особеност – со тоа што ја создал, авторот понекогаш губи контрола над неа. Така и Ромен Гари, кога ја напишал книгата Корени од небото, можеби ја сметал за роман со огромна двосмисленост, но читателите немаат проблем да се снајдат во оваа приказна за францускиот стоматолог Морел и неговата луда потрага да ги зачува слоновите на Африка, прилично директна метафора за борбата за зачувување на слободата.

Белетристика | 482 стр. | 350 100 МКД

Франческо Пиколо Желбата да се биде како сите други Со Желбата да се биде како сите други Пиколо напишал книга која е и роман за италијанската левица и приказна за личното и колективното созревање. Секој човек доживува барем една љубовна приказна која трае цел живот: онаа со своето време и својата земја, (турбулентен) брак меѓу приватниот и јавниот живот. Овој личен и политички, забавен, крајно сериозен и провокативен роман зборува за сè што придонесува да бидеме тоа што сме.

Белетристика, роман | 214 стр. | 250 100 МКД

Марк Бернар Како деца...

Како деца... раскажува за сиромашното детство, во Ним. Глас што оди директно до срцето. Иронијата и искреноста, наивноста и злобата, љубовта кон животот, чесноста на јазикот и мислата го сочинуваат шармот на оваа книга, една од најубавите инспирирана од детството. Приказната евоцира спомени за местото на растење и за сите радости и страдања од детството; ги оживува едноставните луѓе, зборува за првите години од животот на херојот...

Роман | 284 стр. | 350 100 МКД

Дидие ван Ковелер

Билет во еден правец

Едно дете од непознати родители, кои загинале во сообраќајна незгода, било спасено и посвоено од ромско семејство од Марсеј.

Mу го дале името Азиз. Азис со новите родители расте со

автомобили

тој

30
www.polica.COM.mk
лажни марокански документи. На осумнаесет години
краде
и авто-радија. Го апсат за кражба, и француските власти одлучуваат тој да биде еден од првите примери на новата имиграциона политика – враќање на илегалните имигранти во нивните земји на потекло. Роман | 132 стр. | 300 100 МКД

Адриан Бертран Повикот на земјата Повикот на земјата го прикажува животот на баталјонот Алпски ловци на фронтот за време на Битката за границата, набрзо по избувнувањето на Првата светска војна. Врз основа на сопствените воени сеќавања и сеќавањата на неговиот брат, авторот со реализам и патриотизам ги опишува чувствата на оние зафатени од масакрот на војната, за време на која искусиле такви невидени ужаси што никој не можел да ги замисли само неколку недели претходно.

Роман | 202 стр. | 350 100 МКД

Мартин Валзер Фикција

Во Фикција (1970), Валзер, во суштина, го брани уметничкото сфаќање дека писателот располага со неограничена, но и лажна креативна слобода што се пројавува само во делата за сметка на општествениот ангажман; постепено зборовите почнуваат да се спротивставуваат на бесцелно насилство врз нив, престануваат да бидат послушни, се распаѓаат и го губат оригиналното значење.

Роман | 67 стр. | 250 100 МКД

Ги Мазлин Волците

Волците е семејна хроника што ја открива дезинтеграцијата на едно богато семејство од средната класа и залудните напори на помладата генерација да се отцепат од стегите на провинциското општество. Ова е книга што буди голем интерес со својата претстава на животот во едно пристаниште на Ла Манш со драмата на ликовите – старата мајка и нејзината борба повторно да ја добие контролата врз непрактичниот син, чиј брак со една селска девојка таа го осудува...

Роман | 867 стр. | 500 100 МКД

Ингеборг Бахман Триесеттата година

Првпат објавена во 1961 година, збирката Триесеттата година е циклус од седум раскази што се занимаваат со темите на времето по војната во Германија и Австрија. Седумте раскази тематизираат насилство, уништување и навикнување на општествените очекувања, но речиси во сите раскази станува збор и за љубовта меѓу маж и жена, во која половите ја заземаат нивната позиција далеку еден од друг и го пропуштаат мигот за почеток на нови форми на врската. Роман | 176 стр. | 350 100 МКД

31
книжевно наследство
www.polica.COM.mk

книжевно

наследство

Елијас Канети Игра со очи

Игра со очи е третиот том од автобиографијата на Канети. Дејствата во неа се случуваат во Виена, помеѓу 1931 и 1937 година: период кога европската катастрофа, веќе јасно видлива за секој што сакал да ја согледа, се приближувала кон својот врв. Кон одличниот интелектуален и духовен автопортрет, Канети ги додава и прекрасните портрети на своите пријатели и ривали: Херман Брох, Роберт Музил, Фриц Вортруба, Албан Берг и Алма Малер.

Роман | 352 стр. | 350 100 МКД

Томас Кенили Шиндлеровата листа Романот Шиндлеровата листа предизвикал опширна полемика поради покажувањето на еден друг поглед на антисемитизмот и историjата на Втората светска воjна. Шиндлеровата листа е прекрасна книга заснована врз вистинска приказна за тоа како еден германски воен профитер и директор на затворенички логор Оскар Шиндлер успеал да спаси повеќе Евреи од гасните комори одошто коj било поединец во текот на Втората светска воjна. Белетристика, роман | 516 стр. | 550 450 МКД

Симон де Бовоар

Мандарините (том I и II)

Живописен, искрен и реален, најпознатиот роман на Симон де Бовоар, Мандарините, ни дава соголен поглед на париското интелектуално општество од крајот на Втората светска војна. Полуавтобиографскиот роман на Де Бовоар се осврнува на обидите на левичарските интелектуалци да го напуштат својот елитен „мандарински“ статус и да се вклучат во политичкиот активизам.

Белетристика, роман | 860 стр. | 600 300 МКД

Жан-Антоан Нау Непријателска сила

Непријателска сила е пионерски, надреалистички роман за еден поет што мистериозно се буди во гумена соба, заклучен во лудница, по барање на роднина поради алкохолизам или, можеби, поради љубомора. Станува необјасниво опседнат од „непријателска сила“, веројатно вонземјанин

Роман | 282 стр. | 350 100 МКД

32
www.polica.COM.mk
со него.
била
за овој роман.
од пеколна планета што орбитира околу ѕвездата Алдебаран, чиј луд глас постојано му вреска во главата и тој мора да научи да живее делејќи го своето тело
Престижната награда „Гонкур“ првпат
доделена

Амин Маалуф

Спилата на Таниос

Во овој роман читателот ќе најде загадочност, чувства и пресврти. Меѓу другото, ќе се сретне со еден учен маскар, со шеик чие име е Франсис, со грузиска милосница, со патријарх кого го демне смртта, скриена во куршумот на пушката на англискиот конзул, и со една жена, Ламија, која ја носи својата убост како крст. Спилата на Таниос е, најпосле, роман на приклученија и на верност.

Роман | 278 стр. | 300 МКД

Сол Белоу Подарокот од Хамболт Подарокот од Хамболт е роман кој живописно ја истражува променливата врска на уметноста и моќта во материјалистичка Америка. Темата е претставена преку спротивните успеси во кариерата на двајца писатели, Фон Хамболт Флајшер и неговиот протеже Чарли Ситрин. Флајшер копнее да го издигне американското општество преку уметноста, но умира во неуспех, а додека пак Ситрин заработува многу пари како писател, особено од претставата на Бродвеј по која се снимил и филм...

Роман | 639 стр. | 400 100 МКД

Тахар Бен Желун Света ноќ

Мохамед Ахмед, мароканско девојче пораснато како момче за да се заобиколат исламските закони за наследство, во однос на женските деца, е по постојан судир сам(а) со себе во однос на својот идентитет. Во приказната што час се чини реална, час надреална, и се движи меѓу мистериозната сегашност и болното минато, ни се откриваат настаните од животот на Ахмед како возрасен човек.

Роман | 184 стр. | 300 250 МКД

РАСПРОДАДЕНА

33 www.polica.COM.mk книжевно наследство

класици

Непознат

Гилгамеш

Сумеро-вавилонскиот еп Гилгамеш е најстарото литературно дело за кое знае книжевната наука во светот. Времето на неговото создавање на специјални глинени плочи научниците го датираат во ХIX или ХХ век пред н.е., што значи дека овој еп е создаден неколку векови порано од славните Хомерови епови, како и од сите други познати древни дела (Веди итн.). Епот е создаден и е напишан на јазикот на Сумерите, народ кој тогаш бил населен во долниот дел на Месопотамија, меѓу реките Тигар и Еуфрат... Еп | 92 стр. | 250 150 МКД

Јустин

Филипова историја

Делото што преку ракописната традиција стигнало до нас под насловот Јустинова Филипова историја е скратена верзија или епитома на едно незачувано дело на римскиот историограф Гнај Помпеј Трог. Делото на Трог претставувало обемна универзална историја на целиот дотогаш познат свет, почнувајќи од времето на Нин, митскиот крал на Асирија и основачот на Нинива, па сè до времето на императорот Август.

Историја | 524 стр. | 400 300 МКД

Виктор Иго

Богородичната црква во Париз

Богородичната црква во Париз е еден од најдобрите историски романи во светската литература. Во основа, тој е вперен против монархијата, католицизмот, варварското правосудство и против смртната казна. Преку судбината на незаборавните ликови на Есмералда и на Квазимодо, авторот укажува на убавината на човечката душа, потенцирајќи ја естетската теза дека суштината е позначајна од надворешната форма, што претставува голема новина во светската литература.

Роман | 660 стр. | 500 400 МКД

Волтер Кандид • Задиг

Најзначајните литературни дела на еден од најголемите духови на европската и на светската цивилизација, несомнено се романите Кандид и Задиг, објавени, првиот во 1759, а вториот дванаесет години порано 1747 година, но своето значење и популарноста не ги

двесте и педесетина години

појавувањето. ...Двата романа (или, како што тој ги нарекува, „филозофски раскази“) често ги објавуваат заедно, зашто на некој начин се надополнуваат...

Роман | 270 стр. | 350 250 МКД

34
www.polica.COM.mk
загубиле ни по
од

Хорас Волпол Отрантскиот замок

Отрантскиот замок зборува за приказната на Манфред, принцот од Отранто, кој сака да го сочува својот замок за потомците пред налетот на една мистериозна клетва. Романот почнува со смртта на синот на Манфред, Конрад, кој загинува утрото на својата свадба со убавата принцеза Изабела. Соочен со изумирањето на својата семејна лоза, Манфред се заколнува дека ќе се разведе од својата жена и самиот ќе се ожени со Изабела.

Роман | 120 стр. | 248 МКД

Франсоа-Рене де Шатобријан Атала • Рене Романот Атала раскажува за една религиозна и романтична страст која за рамка ги има егзотичните пејзажи на Америка, од Луизијана до Канада. Рене од истоимениот краток роман, како што велат неговите биографи, е самиот Шатобријан. Негов духовен автопортрет. Секој што ќе ја прочита неговата биографија, веднаш ќе открие некои карактеристики меѓу јунакот Рене, кој во стари години, на брегот од Мешасебе, во џунглата, им ја раскажува својата драматична и мошне трогателна животна приказна... Роман | 186 стр. | 248 100 МКД

Браќата Грим Бајки

Ако во минатите времиња многумина својот прв допир со пишан текст го направиле читајќи ја Библијата, за неброени генерации деца во светот овие бајки претставувале прво запознавање со книжевен текст. Во вкупното дело на браќата Грим засебно место и најголема популарност имаат бајките. Нивниот интерес за бајките бил мотивиран од сфаќањето на романтичарското начело дека во бајките, како облик на народната епика, е сочуван таканаречениот дух на народот, својствен за автентичното колективно творештво. Литература за деца | 482 стр. | 450 350 МКД

Вилијам Шекспир Недрамски дела

Ова издание, во превод на професорот Драги Михајловски, ги вклучува сите недрамски дела на Вилијам Шекспир.

● СИЛУВАЊЕТО НА ЛУКРЕЦИЈА

● ВЕНЕРА И АДОН

● ЗАЉУБЕНИОТ ОДОЧЕСНИК

● ФЕНИКСОТ И ГРЛИЦАТА

● ЕПИТАФ

Поезија | 100 стр. | 300 100 МКД

РАСПРОДАДЕНА

35 www.polica.COM.mk класици

класици

Виктор Иго

Клетници, том 1 и 2

Напишан во 1862 година, Клетници се смета за еден од најзначајните романи на XIX век. Ги следи животите и случките на неколку француски ликови за период од 17 години во почетокот на XIX век, започнувајќи од 1815 година па сè до 1832 година кога се случува Јунското востание. Романот се сосредоточува врз борбите на поранешниот осуденик Жан Валжан и неговото избавување.

Белетристика, роман | 964 + 720 стр. | 1.180 МКД 800 МКД

Јован Дучиќ Богатството на цар Радован

„Сите луѓе знаат дека во животот сè уште има едно закопано богатство за секој од нив. Сите луѓе копаат: сите луѓе од акција, од елан, од сила, од вера во животот и во целта, и од вера во неверојатното и во невозможното... Сите го бараат царот на тоа вечно неспокојство и вечно трагање. Светот би исчезнал ако го нема тој цар и би ослепел ако не сјае во темнината неговото насетено богатство...“

Есеистика | 328 стр. | 300 200 МКД

Оноре де Балзак Чичко Горио

Чичко Горио е еден од жителите во валканиот пансион на Мадам Вокер. Отпрвин неговото богатство предизвикува почит кај другите, но како што неговите околности мистериозно се менуваат на полошо, тие околу него почнуваат да го избегнуваат. Ткаејќи привлечна и панорамска приказна за љубовта, парите, самопожртвуваноста, корупцијата, алчноста и амбицијата, Чичко Горио е едно ремек-дело на Балзак. Роман | 315 стр. | 350 250 МКД

Оноре де Балзак Шагринска кожа

Романот Шагринска кожа е особено актуелен, читлив и провокативен. За тоа придонесува вештото проткајување меѓу реалното, mистичното и езотеричното, кои ги уриваат временските бариери и кои се перманентен предизвик за читателите. Во тоа е и „големата тајна за човечкиот живот“ за што зборува Балзак, тајна маестрално содржана во трите магични фрази посебно изделени во овој роман, а тоа се: „да сакаш“, „да можеш“ и „да знаеш“.

Класична литература | 308 стр. | 350 250 МКД

36
www.polica.COM.mk

Гистав Флобер Госпоѓа Бовари

Ема Бовари е убава млада жена што живее здодевно секојдневие, заробена во бракот со просечен лекар и задушена од баналноста на провинцискиот живот. Таа е ревносна читателка на сентиментални романи, копнее по страст и бегството го бара во фантазиите за голема романса, во безобразно трошење пари и, на крајот, во прељуба. Кога реалниот живот и натаму не успева да ги исполнува нејзините романтични очекувања, последиците се катастрофални.

Роман | 404 стр. | 350 250 МКД

Брам Стокер Дракула

Кога Џонатан Харкер е повикан да оди во Трансилванија на Карпатите во врска со купопродажба на недвижен имот, тој не знае дека влегува во дувлото на крволочниот вампир, грофот Дракула. Дракула спие во тивок гроб под својот пуст замок. Погледот му е студен, а лицето му е смртно бледо. Но, на неговите усни има подбивна насмевка – и капки свежа крв. Тој е мртов со векови, а сепак не може да умре... Тука започнува трката чија цел е да се спречи Дракула да го шири своето проклетство надвор од Трансилванија...

Роман | 508 стр. | 470 330 МКД

Жозеф Бедие Роман за Тристан и Изолда

Читателот се наоѓа во еден необичен свет каде што секојдневието е исполнето со магии, бајковитости, таинства и уплав од непроѕирноста на природата, но и на нечитливата човечка природа. Сепак, ваквиот загадочен средновековен амбиент е нагласено смекнат, зашто во замоците, во селата и во колибите, во кралските одаи и во длабоките непреодни шуми, непрекинато се одвиваат човечки средби, судири и големи трагични љубови.

Роман | 150 стр. | 250 150 МКД

Џејмс Џојс Улис

Контроверзен, скандалозен, интертекстуален, на моменти и нечитлив, но секако духовит и забавен, Улис е несомнено ремек-дело на модернизмот од XX век. Патувањето почнува и трае еден ден – 16 јуни 1904 година (датум на кој Џојс ја запознава својата сопруга Нора Барнакл) – во животот на тројца Даблинци: продавачот на огласи, Леополд Блум, поетот Стивен Дедалус и Моли Блум, сопругата на Леополд.

Роман | 884 стр. | 600 450 МКД

37
класици
www.polica.COM.mk

класици

Френсис Скот Фицџералд Големиот Гетсби

Големиот Гетсби е меѓу најславните романи за падот на „американскиот сон“ и моралната декаденција на монденското општество.

Овој роман ја прикажува „добата на разочарувањето“, или според Фитцџералд „ерата на џезот“. Белетристика, роман | 190 стр. | 250 150 МКД

Херман Мелвил Моби Дик или Китот

Оваа приказна е навидум едноставна: Ахав, капетан на американскиот китоловен брод Пиквод, тргнува да му се одмазди на големиот бел кит, наречен Моби Дик, кој му ја одгризал ногата, но во тој маничен лов на китот загинуваат и капетанот и целата негова посада, освен еден, Исмаил, сведокот што во прво лице ни ги раскажува собитијата...

Роман | 726 стр. | 700 500 МКД

Фјодор М. Достоевски Идиот

Враќајќи се во Петербург од швајцарски санаториум, нежниот и наивен епилептичен кнез Мишкин – познат како „идиот“ – оди во посета на својот далечен роднина генерал Епанчин. Но, животот му се исполнува со превирања кога случајно ќе види фотографија од убавата Настасја Филиповна. Целосно обземен од неа, тој наскоро запаѓа во љубовен триаголник и е вовлечен во мрежа од уцени, предавство и, на крајот, убиство.

Роман | 852 стр. | 700 600 МКД

38 www.polica.COM.mk

Дебора Кертис Допир од далечина

Ова е единствениот длабок и интимен биографски портрет на пејачот на „Joy Division“, напишан од неговата вдовица. Иан Кертис бил почитуван од неговите современици и зад себе оставил оставина што е богата со уметничка генијалност. Боно од „U2“ неговиот глас го опишал како „свет“ и идеализиран од неговите фанови.

Музичка биографија | 348стр. | 450 МКД

Марк Блејк Кога свињите ќе полетаат

Прва целосна биографија на групата Пинк Флојд, ова издание за една од најголемите рок-групи на сите времиња било создадено откако авторот Марк Блејк разговарал со бендот и интервјуирал други поранешни членови на групата, продуценти, соученици, девојки, техничари, цимери, менаџери, пријатели, непријатели и многу други луѓе кои имале увид во животот на членовите на групата и нивната работа.

Музичка биографија | 608 стр. | 800 700 МКД

Марк Блејк Нераскажаната приказна за Квин Дали е ова вистинскиот живот? продира подлабоко во јавниот имиџ на групата Квин, за да ги прикаже во поинакво издание четирите исклучително различни личности, особено пејачот Фреди Меркјури. И покрај смртта на нивниот енергичен водач Фреди Меркјури во 1991 година, групата Квин остана еден од најомилените рок-бендови на планетата.

Музичка биографија| 540 стр. | 500 МКД

Ненад Георгиевски Музика и муабети

Еден од оние ретки поборници за добриот вкус овде кај нас е токму Ненад Георгиевски, кој во меѓувреме се избори за своето место под сонцето во областа на музичката критика и есеистика. По последните неколку години или, веќе, децении, тој се занимава со сериозна и прецизна анализа на сè што е интересно од светот на музиката. Во оваа книга, тој внимателно ги селектирал разговорите што ги водел со многу значајни имиња од денешната музика. Интервјуа | 350 стр. | 500 150 МКД

РАСПРОДАДЕНА

39
музички изданија
www.polica.COM.mk

музички

изданија

Ненад Георгиевски Уште музика и муабети

Книгата се состои од интервјуа во кои е опфатен широк опсег на теми што се однесуваат на повеќе аспекти од занимавањето со музика, почнувајќи од инспирацијата, оригиналноста, искуствата, начинот на работење па сè до илустрации, дизајн, книги, а исто така, интервјуата ги испитуваат амбициите и достигнувањата на самите музичари...

Интервјуа | 420 стр. | 500 150 МКД

Ненад Георгиевски Уште музика, уште муабети

Уште музика, уште муабети е трета книга од серијалот со музички интервјуа со најразлични профили на луѓе што биле активни во најразлични жанрови: класична, џез, музика од светот, електронска и алтернативна музика. Уште музика, уште муабети содржи 70 интервјуа, меѓу кои се интервјуата со Филип Глас, Стив Рајш, Макс Рихтер, Анушка Шанкар, Лиса Жерар, Брендан Пери („Dead Can Dance“), Тигран Хамасиан...

Музички интервјуа | 406 стр. | 500 150 МКД

40
www.polica.COM.mk

Карл Густав Јунг Сеќавања, соништа, мисли Ова е книга за самоосвестувањето и себеистражувањето, за големото внатрешно будење, книга за спиритуалното и интелектуалното себеоткривање на К. Г. Јунг! Опишувањето на неговите визии, соништа, фантазиите и насетувањата, кои и самиот тој ги држел потиснати до пред самиот крај на животот, а кои сега ги смета за своето „најголемо богатство“, се вредни патокази што Јунг внимателно ги следи на патот кон средбата со сопствената личност.

Биографија | 508 стр. | 500 350 МКД

Арне Рубинштајн Од момче до маж

Користејќи примери од вистинскиот живот, д-р Арне Рубинштајн ги објаснува опасностите со кои се соочуваат денешните тинејџери, вклучувајќи ги дрогата, алкохолот, технологијата и притисокот од врсниците. Потоа ни покажува како да ги подготвиме нашите синови за носење безбедни и разумни одлуки. За да успееме во тоа, неопходно е да го разбереме нивниот свет, предизвиците со кои се соочуваат и на кој начин мора да се менува нашиот однос кон нив додека тие стануваат млади мажи.

Популарна психологија | 236 стр. | 400 250 МКД

Михаел Хагнер Домашниот учител

Михаел Хагнер ја раскажува приказната за Андреас Диполд, приватен учител во Германија на преминот од XIX во XX век, неговите ученици и нивните родители, но и изнесувањето пред суд на случајот за малтретирање и убиство извршени токму од страна на учителот. Авторот се повикува на тогашните извори и судските списи...

Документарна проза | 314 стр. | 350 100 МКД

РАСПРОДАДЕНА

Чарлс Харисон и Пол Вуд Уметноста во теоријата (1900–1990)

Откако беше објавена во 1992 година, оваа книга стана една од водечките антологии на теоретски текстови за уметноста во светот. Ова издание ги вклучува плодовите од неодамнешните истражувања, кои вклучуваат значителен обем на новопреведени материјали од целиот период, заедно со дополнителни текстови од последните децении на дваесеттиот век.

Стручна литература | 1142 стр. | 999 МКД

41
научна
www.polica.COM.mk
литература

научна

литература

Дејвид В. Галенсон

Концептуални револуции

во уметноста на XX век

Од кубизмот на Пикасо и редимејд на Дишан до ситопечатот на Ворхол и земјените дела на Смитсон, уметноста на ХХ век направи целосен прекин со претходните уметнички традиции.Основната промена на пазарот за напредна уметност предизвика зголемена побарувачка за иновации, а младите концептуални иноватори одговориле на свој начин. Стручна литература | 460 стр. | 500 400 МКД

Мајкл Еткинсон • Кевин Јанг Девијантност

и социјална контрола во спортот Светот на спортот нуди длабок – и често игнориран – извор за проучување на девијантноста и нејзиниот развој и влијание врз општеството. Девијантност и социјална контрола во спортот го предизвикува претходно утврденото во врска со односот на девијантноста и спортот и нуди концептуална рамка за идна работа во различни социолошки потполиња. Стручна литература | 326 стр. | 500 350 МКД

Зора Узуноска Основи на хумана анатомија

Извонредна компилација на содржина и илустрации � даваат енциклопедиски карактер на оваа книга и значајно го фацилитираат процесот на учењето на хуманата анатомија. Затоа, книгата можат да ја користат сите оние кои сакаат или требаат да се стекнат со основни сознанија за анатомската структура на човечкото тело, а понатака ... Стручна литература | 336 стр. | 2 400 1 500 МКД

м-р Габриела Гајдова

Јуридизација на медицината

Медицината признава дека лекарите и најсовремените медицински центри може да згрешат и при поставување на дијагнозата и при терапевтскиот третман. Но, зад овие ставови, секако дека не може да се затскрива секое несовесно однесување на лекарите. Затоа треба да се постават критериуми што ќе дадат одговор на

42
www.polica.COM.mk
прашањето за тоа што се смета лекарска грешка. Сето горенаведено резултира со потребата
да се дефинира поимот „лекарска грешка“ и
кога таа има обележја на казнено дело. Стручна литература | 130 стр. | 300 200 МКД
појасно
околностите

Ан Берест•Одри Диван•Каролин Де Мегре•Софи Мас Како да бидеш парижанка каде и да си

Во кратки, шеговити делови, овие парижанки ви го претставуваат нивниот оригинален поглед на стилот, културата, однесувањето и мажите. Авторките – Ан Берест, Одри Диван, Каролин де Мегре и Софи Мас –немажени, кои имаат врска, имаат деца, се пријателки со години. Овие талентирани боемски иконоборци, со кариери во светот на музиката, филмот, модата и издаваштвото, се невообичаено искрени и без влакна на јазикот ги разголуваат митовите за тоа што значи да си Французинка денес

Каролин Де Мегре • Софи Мас Постара, но подобра, сепак постара

Белетристика | 266 стр. | 700 350 МКД Тие го кажуваат она што не очекувате да го слушнете. Тие ќе ви кажат дека работите не се како порано – триесетгодишно момче ќе дојде на забавата и дури нема ни да ве погледне; се будите чувствувајќи се прекрасно, а сите ви велат дека изгледате изморено; знаете дека сте веќе возрасни кога сте возбудени што ќе си одите дома.

Белетристика | 268 стр. | 700 350 МКД

Сара Хејвуд Кактус

За Сузан Грин, неуредните емоции немаат место во равенката на нејзиниот совршено подреден живот. Живее во стан што е идеален за еден човек, има работа што одговара на нејзината страст кон логика и „меѓучовечки аранжман“, кој ѝ обезбедува културни и други, поинтимни придобивки. Но, одеднаш, соочена со загубата на мајка ѝ и со веста дека самата таа ќе стане мајка, во Сузан се буди најголемиот страв. Таа ја губи контролата...

Роман | 372 стр. | 550 350 МКД

Фиби Морган Бебиситерката

Убиена жена, исчезнато бебе, еден осомничен и многу прашања. Керолајн Харви е избодена со нож додека го чува бебето на нејзината пријателка. Нејзиното тело е најдено врз креветчето, а бебето го нема. Осомничен за убиството е нејзиниот љубовник Калум, кого го апсат додека со сопругата и ќерката е на одмор во Франција. „Знам што правиш. Не земај го она што не е твое“ е пораката што се појавува на мобилниот на Керолајн пред да биде убиена...

Роман, трилер | 350 стр. | 550 350 МКД

43
популарна литература
www.polica.COM.mk

популарна

литература

Л. Мари Аделин Т.А.Ј.Н.А.

Без предрасуди, без граници, без срам... во „жешкиот“ Њу Орлеанс. Келнерката Кеси Робишо си го живее секојдневието сè додека мистериозна убавица не си го заборави дневникот во кафулето во кое работи таа. Дали ќе се осмели да ѕирне во него?

Одеднаш, пред неа се отвора нов свет, свет во кој жените доаѓаат до „среќата“ само со исполнување на десетте чекори.

Белетристика | 268 стр. | 450 200 МКД

Л. Мари Аделин Т.А.Ј.Н.А. Споделена

Нестрпливо очекуваното продолжение на еротската сензација Т.А.Ј.Н.А., во која женските сексуални фантазии стануваат реалност. Сè уште ранета од неодамнешниот прекин со својот шеф и љубовник Вил, Кеси Робишо се посветува на работата во Т.А.Ј.Н.А. ‒ мистериозната организација што засекогаш ја промени со тоа што ги оживеа нејзините најдлабоки сексуални фантазии, една по една.

Белетристика | 322 стр. | 450 200 МКД

Л. Мари Аделин Т.А.Ј.Н.А. Откриена

Т.А.Ј.Н.А Откриена е експлозивно, сензуално и еротски заситено финале на бестселер трилогијата. Вил Форет е единственото нешто што Кеси некогаш го сакала ‒ љубовта на нејзиниот живот. Но, кога тој дознава дека таа е дел од затворената група Т.А.Ј.Н.А. ја прекинува нивната врска. Со скршено срце, таа се посветува да ѝ помогне на Соланж Фарадеј, новата девојка. Кеси ја обновува врската со жешкиот фраер Џеси, иако тој не може да ја љуби толку длабоко како што може Вил.

Белетристика | 164 стр. | 450 200 МКД

Илка Таипале 100 социјални иновации од Финска

Човек би се запрашал што е заедничко за еднодомниот парламент, машините за сушење садови и текстуалните пораките. Или, каква е врската помеѓу ксилитолот, сауната и бесплатните училишни оброци. Одговорот е едноставен: сите овие се фински социјални иновации. Оваа книга, која е и сериозна и забавна, ни открива токму 100 социјални иновации од Финска.

Стручна литература | 360 стр. | 300 200 МКД

44 www.polica.COM.mk

Реј Бредбери Марсовските хроники Според познавачите на книжевниот опус на Реј Бредбери, романот Фаренхајт 451 (објавен во 1953 година) е неговото најзначајно дело но, сепак, повеќе од половина век токму Марсовските хроники континуирано предизвикуваат несмален интерес кај читателската публика и тоа во светски рамки. Уште по појавата на Марсовските хроники во 1950 година за Реј Бредбери било кажано дека пишува исто како што импресионистот Клод Моне умеел да слика.

Белетристика, роман | 198 стр. | 350 200 МКД

Филип К. Дик Сонуваат ли андроидите електрични овци?

Ремек-дело пред своето време, далековида интерпретација на темната иднина и инспирација за филмот Блејд Ранер.

До 2021 година, Светската војна убила милиони, доведувајќи го целиот вид до изумирање и миграција на човештвото надвор од планетата. Оние што остануваат посакуваат какво било живо суштество, а за луѓето што не можат да си го дозволат тоа, компаниите создале неверојатно реалистични симулакруми: коњи, птици, мачки, овци. Тие направиле дури и луѓе. Роман | 176 стр. | 350 200 МКД

Филип К. Дик Човекот во високиот замок

Човекот во високиот замок е заслепувачки спекулативен роман според кој е направена истоимената популарна ТВ-серија во продукција на Ридли Скот. Реномираниот култен роман на Филип К. Дик ни дава застрашувачки поглед на алтернативниот свет, во кој еден од сојузниците ја изгубил Втората светска војна. Во оваа кошмарна дистопија, нацистите го заземаат Њујорк, Јапонците ја контролираат Калифорнија, а африканскиот континент практично не постои.

Роман | 286 стр. | 450 МКД

Филип К. Дик Темно скенирање

Темно скенирање е уште едно интелигентно и визионерско дело на Филип К. Дик, кое се занимава со изменети состојби на свеста. Приказната и нејзината препознатлива мрачна атмосфера се однесуваат на наркокултурата во Калифорнија во раните деведесетти години, како и начинот на кој наркотиците стануваат активен елемент на меѓучовечките и општествените односи.

Белетристика, роман | 336 стр. | 450 320 МКД

РАСПРОДАДЕНА

45
научна фантастика
www.polica.COM.mk

научна

фантастика

Вероника Рот Бунтовници

Белетристика, роман | 220 стр. | 450 200 МКД

Вероника Рот Предани

Што ако целиот твој свет е лага?

Што ако едно единствено откритие – или еден единствен избор – промени сè?

Што ако љубовта и лојалноста те натераат да направиш работи што никогаш не си ги очекувал?

Белетристика, роман | 456 стр. | 450 200 МКД Еден избор може да те трансформира – или може да те уништи. Но секој избор има последици, а додека во сите фракции расте немирот, Трис Прајор мора да продолжи да ги спасува оние што ги сака – а и себеси – додека се обидува да ги сфати тагата и прошката, идентитетот и лојалноста, политиката и љубовта.

46
www.polica.COM.mk

историја, бизнис

Хенри Кисинџер Во Белата куќа (том 1, 2, 3)

Познатиот американски дипломат и политичар Хенри Кисинџер ја имал историската улога да ја предводи американската надворешна политика во времето на претседателите Никсон и Форд. Третирајќи ја Студената војна, време кога две спротивставени идеологии биле различно загледани во иднината на човечката цивилизација, делото Во Белата куќа претставува исповед на еден врвен интелектуалец за судбинските одлуки...

Политика | 400 МКД

Хенри Кисинџер Светски поредок

Политика | 486 стр. | 500 300 МКД

Хенри Кисинџер Дали на Америка ѝ треба надворешна политика Нашата доба е настојчива, повремена, дури и очајна, во обидот да го спроведе концептот на светски поредок. Хаосот почнува да се заканува како никогаш претходно со ширење на оружјето за масовно уништување, со распаѓање на државите, уништување на животната средина, вршењето геноцидни дела, а новите технологии се закануваат да го исфрлат конфликтот надвор од човечка контрола и разбирање.

Хенри Кисинџер Обновен свет Хенри Кисинџер ја напишал Обновен свет со цел да се објасни и разбере еден од најдраматичните периоди во историјата, периодот кога Европа од политички хаос се здобила со балансиран мир што траел речиси сто години. По падот на Наполеон, европските дипломати се собрале во Виена со цел да ја повратат стабилноста по Француската револуција, Наполеонските војни и распадот на Светото Римско Царство.

Политика | 488 стр. | 500 300 МКД

Во оваа севременска, важна, а истовремено и далекосежна книга, Хенри Кисинџер, најпознатиот дипломат на Америка, објаснува зошто на Америка итно ѝ треба нова и сеопфатна надворешна политика и какви цели треба САД да има во надворешната политика во новиот милениум. Во книгата јасно е прикажана проценката за тоа како надмоќта на САД како светски доминантна држава во XX век може ефективно да се усогласи со итната потреба од нов храбар светски поредок во XXI век.

Политика | 378 стр. | 500 300 МКД

РАСПРОДАДЕНА

47
политика
www.polica.COM.mk

политика

историја, бизнис

Хенри Кисинџер

Нуклеарното оружје и надворешната политика Главната премиса на оваа книга од 1969 година е дека САД мора да планира ограничена војна и да не претпоставува дека сите војни ќе бидат катаклизмични, како Втората светска војна. Нуклеарното оружје и надворешната политика најдобро се чита како увид во менталитетот на Студената војна. Кисинџер се фокусирал на начините на кои надворешната политика на САД мора да се смени за да се усогласи со реалностите на нуклеарната ера.

Политика | 334 стр. | 500 300 МКД

Кондолиза Рајс Највисока чест

Автобиографија | 896 стр. | 600 300 МКД

Уредено од Клејборн Карсон Автобиографијата на Мартин Лутер Кинг помладиот Во текот на осум години, Кондолиза Рајс учествувала во највисоките политички совети и имала клучна улога во обликувањето на политиката што влијаела не само врз Америка, туку и врз светот. Во оваа книга таа пишува искрено за многу фасцинантни луѓе со кои соработувала и за значајни настани што ја тестирале нејзината решителност.

Професор по историја и истакнат автор и уредник на неколку книги за борбата за граѓански права, д-р Клејборн Карсон бил избран од Фондацијата на Мартин Лутер Кинг, Помладиот за да ги уреди и објави документите на д-р Кинг. Оваа книга е богата, трогателна хроника за еден народ и една нација исправена пред една моќна промена.

Автобиографија | 392 стр. | 400 350 МКД

Мирослав Мишковиќ Јас, тајкунот

Книгата Јас, тајкунот е единствената исповед на човекот кого Милошевиќ го сметаше за соработник, Ѓинѓиќ за пријател, Тадиќ за противник, а Вучиќ за непријател. Таа дава целосен поглед на српскиотпретприемач, на историјатот на недоразбирањата меѓу државата и нејзините бизнисмени, на менталитетот на српскиот политичар и работник, на економското минато, сегашноста и иднината на Србија и регионот.

Биографија | 244 стр. | 500 350 МКД

48
www.polica.COM.mk

Марк Елиот

Американски бунтовник

Има нешто во Иствуд, кое не ни дава дa го упростиме неговиот карактер, некое делче во неговата душа каде што ниеден психијатар не може да влезе... Клинт Иствуд е интересна филмска персона бидејќи неговата суштина е поинтересна од неговото постоење. Убавината на актерите е што тие се доволно суетни и глупави за да си дозволат да бидат мумифицирани само заради просветувањето на публиката.

Роман | 428 стр. | 500 100 МКД

49 www.polica.COM.mk политика
историја, бизнис
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.