Uacs alumni newsletter june 2016

Page 1

Билтен на УАКС Алумни Асоцијација Интервју со Горан Трајков Генерален конзул на Република Македонија во Њујорк, САД и алумни на УАКС 1. Г-дин Трајков, Вие сте вршител на должноста Генерален конзул на Република Македонија во Њујорк, кој важи пред сè за град на бизнисот. Што значи да се биде дипломат во најдинамичниот град во светот? 

Да се биде дипломат во најкомерцијалниот град во светот, каде што дневно гравитираат и по 10 милиони луѓе е голем предизвик за еден млад човек како мене. Секако, дипломатијата има свои специфичности во овој дел од светот, и неспорно е секојдневна лекција за тоа како треба да се претставува една држава. Особено задововолство ми претставуваат конзуларните денови кои ги поминувам со македонските иселеници кои ги има во многу голем број на овој дел од континентот, притоа помагајќи им за различни прашања кои ги поврзуваат со нашата земја. Кога ја работиш работата што ја сакаш, ништо не е тешко. Македонија е мала земја, но многу голема во споредба со тоа колку нуди на секое поле, па затоа ние дипломатите треба да ја претставиме во најдоброто светло.

2. Како се снаоѓаат Македонците во САД, особено во Њујорк? Дали облакодерите се навистина сјајни како што изгледаат? 

Како и насекаде во светот, и во Њујорк живеат Македонци од различни профили. Некои се занимаваат со банкарство, други имаат сопствен бизнис, дел од нив како главно занимање ја имаат избрано економијата, други се занимаваат со кулинарство, итн. Секој има своја успешна приказна. Кога велам успешна, мислам на целите кои секој ги има 1 Јуни 2016 година


зацртано да ги достигне во живтотот. Во однос на облакодерите, тие се убава метафора за еден човек кој сака да запознае нешто ново, нешто поразлично од Балканот. За нивната висина, можам да истакнам дека секој има различна перцепција за истото. Најважно од сè е дека нашиот народ е особено мирољубив, скромен, умен, учен и снаодлив. Македонците го наоѓаат своето место меѓу најуспешните луѓе.

3. Дали би можеле да споделите со нас некое интересно искуство во Вашата кариера како Генерален конзул на Република Македонија во Њујорк? Можам да истакнам дека имам стекнато големо искуство во текот на мојата 4годишна работа во Генералниот конзулат на Република Македонија во Њујорк. Запознавањето на луѓе од различни професии ми помогна во процесот на разменување на искуства, знаења и мислења. Особено би го издвоил пријателството со американскиот конгресмен Бил Паскрел, кој е воедно и голем поддржувач на Република Македонија, како и на македонските иселеници кои живеат и работат во Њу Џерси., Шерифот на областа Пасеик, Ричард Бердник, е исто така мој добар пријател. Не можам, а да не ги споменам секојдневните искуства од средбите со нашите граѓани, кои имаат различна приказна. За мене секој работен ден претставува ново и позитивно искуство.

4. Што можете да ни кажете за животот на Вашето семејство во Њујорк?  Морам да признаам дека Њујорк не претставува нов предизивик за мене, бидејќи ме потсетува на дел од моите средношколски денови, кои ги поминав токму во овој град. Сепак, секоја посета на градот што никогаш не спие е посебна приказна. Моментално живеам во Њујорк со моето семејство: со сопругата Викторија, која е докторант на маркетинг, и нашите две деца Галена (2 месеци) и Григориј (2 години). Притоа, „Големото јаболко“ доби сосема поинаква димензија. Сопругата повеќе ја интересира научното доусовршување, а сите заедно настојуваме да ги посетиме Централ Парк, музеите со забавна содржина и останатите знаменитости кои ги нуди градот. Особено се интересни „отворените

2 Јуни 2016 година


библиотеки“ на Барнс и Нобелс. Иако Њујорк е убаво место за живеење и еден од најубавите градови во светот, сепак Македонија не би ја менувале со ништо. Локал-патриотизмот можеби звучи како клише за многумина, но кога доволно ќе се запознаеш себеси и желбите на семејството, дома си е дома.

5. Вие сте магистер по политички науки. Дали стекнатото теоретско знаење Ви помогна да се справите со предизвиците во реалниот свет?  Можам да истакнам дека знаењето кое го стекнав за време на моите студии на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) претставува непроценливо богатство и ми помогна да работам во областа на меѓународните односи и дипломатијата. Бидејќи студирав на програма на англиски јазик, на Универзитетот имав можност да се запознаам со меѓународни визитинг професори, кои го споделуваа своето искуство и знаење стекнато на меѓународната политичка сцена и универзитетите во странство, така што поткованоста со светски искуства од дипломатијата беше навистина непроценлива. Особено ми се допадна начинот на изведување на наставата на УАКС, бидејќи на студентите им се овозможува да ја поврзат теоријата со практичната работа. Дипломатијата останува мој главен фокус и во иднина, секако со соодветна научна надоградба.

3 Јуни 2016 година


Интервју со Сабина Цвитковиќ Докторант на Универзитетот во Љубљана и алумни на УАКС 1. Почитувана г-ѓа Цвитковиќ, Вие имате живеено во повеќе држави: Хрватска, Македонија и Полска. Дали можете да направите споредба на начинот на живот, предностите и недостатоците во различните места на живеење?  Јас едноставно сакам да живеам на различни места! Искуството кое што го стекнувате и сите нови култури кои ги ускусувате во овие држави засекогаш ќе ги паметите. Им препорачувам на сите да се обидат да живеат во земјите во странство во одреден период од животот, бидејќи еден ден ќе се разбудите како различни, но и подобри луѓе.

2. Вие ги завршивте Вашите студии на различни универзитети: дипломиравте на Факултетот за бизнис во Загреб, стекнавте МБА диплома на УАКС во Скопје. Како ќе ги споредите искуствата?  Дипломата за завршени додипломски студии претставува вовед во високото образование. По завршувањето на додипломските студии на Факултетот за бизнис во Загреб, мојот ум сèуште беше во потрага по подетално и продлабочено знаење во областа на маркетингот. Изборот на МБА програма на Универзитет Американ Колеџ Скопје беше најверојатно најдобрата одлука во мојот живот. Јас се запишав на МБА студии на англиски јазик со специјализација во областа на Маркетинг. Најголем впечаток ми оставија предавањата одржани од одличните визитинг професори од целиот свет. Воедно, особено ми се допадна работата на групни проекти со колеги кои доаѓаат од различни образовни и културни средини. Учењето за предметите преку различната перспектива и начинот на размислување на студентите, ми остави доживотни сеќавања и искуства.

4 Јуни 2016 година


3. Моментално, Вие сте запишани на програмата за докторски студии на Универзитетот во Љубљана, кој што е еден од врвните 500 универзитети во светот. Како би го оцениле искуството што го стекнавте на УАКС? Дали тоа Ве „збогати“ со доволно знаење, со цел да ги продолжите докторските студии на таков престижен универзитет?  Моментално, ја завршувам втората година на докторската програма по маркетинг комуникации при Факултетот за општествени науки во Љубљана, кој што е еден од најдобрите 110 факултети во светот за општествени науки. Тој е исто така и еден од најголемите интердисциплинарни државни институции за образование и истражување во областа на општествени науки во Словенија и меѓу најголемите во Европа. Особено сум горда на тоа што успеав да ги положам сите задолжителни испити во предвидениот рок, што се должи на напорната работа и мојата претходна образовна квалификација. Моментално го пишувам докторскиот труд на тема: „Индивидуална перцепција за бренд и перцепција за бренд на ниво на држава“. Се надевам дека мојот докторски труд ќе биде објавен во некој од престижните научно-истражувачки списанија. Исто така, се надевам дека еден ден ќе се вратам на УАКС како визитинг професор, со цел да му се оддолжам на универзитетот, кој во голема мера позитивно го промени мојот живот.

5 Јуни 2016 година


Интервју со Иван Зографски Директор на Солвео и УАКС алумни 1. Како дојдовте до идејата да го започнете Вашиот бизнис Солвео? 

Првично бевме поттикнати од искуствата низ кои поминавме за време на нашиот престој во Велика Британија. Таму увидовме дека концептите на „отворени иновации“ (“openinnovation”) и „финансирање преку крауд-сорсинг“ (“crowdsourcing”) можат да бидат многу моќни алатки за поттикнување на позитивни промени во едно општество. Како учесници на неколку студентски натпревари организирани од големи компании, увидовме дека овие алатки во комбинација со студентските натпревари можат да ги направат иновациите попристапни и корисни не само за големите компании, туку за сите. Секако, нù беше потребен подолг временски период за ја достигнеме сегашната форма на Солвео, бидејќи сакавме да ги прилагодиме овие концепти за нашиот пазар.

2. Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате работејќи во Солвео? 

Не се фокусирам на стандардните предизвици како немање финансии и слаба претприемачка поддршка од околината, бидејќи тие се застапени во секоја фаза од развојот на една млада компанија. Во однос на финансиите или капиталот, можам да истакнам дека сега имаме на располагање сè повеќе и повеќе начини за финансирање, иако тоа не е најзначајно во самиот почеток. Бидејќи има доволно предизвици, важно е како гледаме на истите, односно дали ги гледаме како пречки или како можности за раст и развој. Ќе издвојам еден предизвик на кој јас лично гледав како голема пречка, но подоцна прерасна во една важна лекција. Како еден од главните предизвици би го издвоил ефикасното менаџирање на времето. Бидејќи сè уште сме во фаза на развој, јас и мојата партнерка имаме повеќе улоги во Солвео и секогаш нú недостасува 6 Јуни 2016 година


време. Мислевме дека ако имаме повеќе време, ќе успееме да постигнеме повеќе, што не е најточно. Тоа го решаваме со поголем фокус на најсуштинските активности за развојот на Солвео, и на тој начин нашата работа е поквалитетна и нашите клиенти се позадоволни од нашите услуги.

3. Која е целта на Солвео и какви услуги нуди компанијата на своите клиенти?  Мислам дека ако ме разбудат во сред ноќ, истото ќе го кажам . Целта на Солвео е преку натпревари, менторство и вмрежување, да го издигнеме нивото на иновации кај локалните компании. Воедно, заедно со студентите, преку нашиот уникатен процес, сакаме да им помогнеме на локалните компании при идентификување на потрошувачки ориентираните проблеми и да понудиме иновативни решенија за истите. Нашите партнери добиваат голем број на решенија за нивните бизнис проблеми, кои се произлезени од натпреварите и креативните работилници. Воедно, нашите клиенти добиваат можност да ги пронајдат и привлечат најталентираните студенти кои учествуваат во натпреварите организирани од Солвео.

4. Кој би бил Вашиот совет да ги мотивирате и привлечете талентираните студенти да превземат ризик и да се приклучат во бизнисот? Иако немам огромно искуство за да можам да дадам совети, би се осврнал на основните работи кои мене ми оставиле впечаток. Тие се следните: Секогаш гледајте на предизвиците како можности за персонален развој и и развој на вашата команија или друштво. Доколку некој проблем ве остава будни навечер и мислите дека се работи и за проблем на другите луѓе, треба да излезете надвор од зградата и да прашате дали навистина е така, па потоа да започнете да го решавате истиот. Бидете истрајни, храбри и енергични во сите свои идни активности, бидејќи најчесто се каеме за тоа што не сме го направиле, а не за работите кои што сме ги пробале и не нù успеале. Среќно!!! http://www.solveo.co/

7 Јуни 2016 година


Интервју со студентки на УАКС кои учествуваа во натпреварите на Солвео Тина Јанева и Ивона Забанзовска се студентки на УАКС кои учествуваа во натпреварите на Солвео и работеа на креирање и дизајнирање на иднината на шопинг искуството.

1. Која ви беше мотивацијата и главната причина за учество на Солвео натпреварот?  Ивона: Центарот за развивање на кариера при УАКС редовно нè известува за натпреварите и можностите за пракса кои секогаш настојувам максимално да ги искористам. Се решив да учествувам на натпреварот на Солвео бидејќи сакам да научам нешто ново, да запознавам нови луѓе, да разменувам идеи и да го применам знаењето кое што го стекнав за време на студиите на УАКС во пракса.  Тина: Мене лично овие предизвици ме мотивираат за да се надградувам себеси. Нажалост, често се нудат можности од овој вид, но истите ретко се искористени од страна на младите луѓе. Лично сметам дека секоја можност каде што го применуваш знаењето во пракса е бесценето.

2. Со какви предизвици се соочивте како дел од Солвео натпреварот?  Ивона: За мене најголемиот предизвик беше тоа што работев во група со студенти кои што не ги познавам и што успеавме заедно за многу кратко време да решаваме вистински маркетинг проблеми.  Тина: Најголемиот предизвик за мене беше соочувањето со проблеми од реалноста, каде што моето знаење треба да го применам во пракса и тоа што натпреварот беше особено динамичен и непредвидлив.

8 Јуни 2016 година


3. Дали ви помогна тоа што работевте во тим со други студенти? 

Тина: За мене беше предизвик да соработувам со студенти кои имаат различни предзнаења од моите. Од друга страна пак, тоа го направи нашиот тим подобар и поуспешен, бидејки се надополнувавме едни со други. Ивона: Сметам дека пресудно беше работењето во тим со други студенти, бидејки луѓето од различни профили имаат различни идеи и на тој начин се создава генијална идеја.

9 Јуни 2016 година


4. Како би го сумирале вашето искуство на УАКС во неколку зборови?  Ивона: Многу сум среќна што имам можност да бидам дел од високообразовна институција која се грижи не само за моето академско, но и за моето професионално развивање. Сигурна сум дека во иднина многу врати ќе ми бидат отворени благодарение на УАКС.  Тина: Бев многу пријатно изненадена од посветеноста на семејството на УАКС, уште од самиот почеток на моите студии. Од тоа што го знаев претходно, знаев дека УАКС се издвојува од другите високообразовни институции, но како студент на Универзитетот, самата се уверив во истото.

10 Јуни 2016 година


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.