Општински Информатор 25

Page 44

OP[TINSKI INFORMATOR

Одбележан Денот на културата

култура

ИНВЕНТАРИЗАЦИЈА НА СТАРАТА БИТОЛСКА ЧАРШИЈА Со повеќе настани, Општина Битола го одбележа Денот на културата. Главен акцент беше ставен на промоцијата на две книги: Инвентарната книга ” 101 објект од Старата битолска чаршија“ и публикацијата “Стара битолска чаршија “.од авторите Зоран Алтипармаков и Надежда Георгиева. Проектот Инвентаризација на старата битолска чаршија како и претходниот проект Сигналитика на културното наследство во Битола е финансиран од Националната асоцијација на градови на историја и уметност и градови во заштитни зони со поддршка на Министерството за култура и ко м у н и к а ц и и и М и н и с т е р с т в о т о з а надворешни работи на Франција.

правиме во нашите манифестации, како што е на пример БИТ ФЕСТ. Сите тие делови се една целина од начинот на живеење на нашите граѓани и нашите гости. Во БИТ ФЕСТ има програми кои што се распоредени во дел од објектите или пред објектите на самото културно богатство. Тоа се простори кои ги експонираме и со нашата жива програма и со нашиот однос кон сето она што цениме дека е културна вредност, изјави Градоначалникот на општина Битола, М-р Владимир Талески. Овој настан беше затворен со ” Изложба на по стери од про ектот ” едукативни работилници ”101 дете за 101 објект од Старата чаршија”.

Досегашната работа е само почеток на активностите кои во идниот период треба да бидат преземени со цел заштита на големото културно историско богатство на Битола. Општина Битола е единствената општина од Република Македонија која е п ол н о п р а в н а ч л е н ка н а Е в р о п с кат а асоцијација на историски градови и региони. Ваквите големи интернационални награди и признанија се мотив повеќе за се поголема грижа на надлежните: „Не само кон деловите, објектите кои што се културно – историско наследство, туку и кон содржинските елементи што ги 44

www.bitola.gov.mk

BR. 25


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.