Issuu on Google+

ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ

млади репортери за животната средина

Благодарност до сите ученици и училишта кои учествуваа во натпреварот „Млади репортери за животната средина“ во учебната 2011/2012 година Оваа година пристигнаа 27 статии, 9 фотографии и 14 видеа. Жирито се состана на 07.04.2012 и одбра 4 статии, 2 фотографии и 2 видеа кои се испратени на интернационалниот натпревар од програмата каде ќе имаат можност да се натпреваруваат со учесници од 25 земји од целиот свет.

Членови на жирито 1. Елена Димитровска, новинар/Карма Каша 2. Ана Шутиновска, новинар/Антена 5 радио 3. Леа Павловиќ, новинар/Вечер 4 .Вера Богдановска, новинар/Вечер 5. Марина Ристевска, камерман/Сител 6. Ѕвонко Плавевски, фоторепортер/Вечер Резултатите од интернационалниот натпревар ќе бидат објавени не подоцна од 5. јуни 2012.

МЛАДИ

Здружение на граѓани ОХО, Илинденска 43/10, 1000 Скопје 02/ 3 222 303 Р Е П О Р Т Е Р И З А vase@oxo.org.mk ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

- 2011/2012

1


Освоено прво место

Статија за ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Пестицидите и нашето здравје Пестицидите и нашето здравје Гевгелискиот регион е значаен по одгледување градинарски производи, претежно домати, кро­ мид, пиперки, краставици и зелка. И покрај тоа што ги конзумираме секојдневно овие производи, многу­ мина од нас не се свесни дека поголемиот дел од нив се токсични и му штетат на нашето здравје. Причината за тоа е употребата на пестициди – токсични супстанции кои ги користат земјоделците со цел да ги заштитат своите поседи од штетници за да добијат подобар производ и да остварат поголеми приходи. За нивна заштита, земјоделците од оваа област најмногу користат инсектициди кои штитат од ларви, лисни вошки, га­ сеници, белокрилка и други штетни инсекти, потоа фунгициди, кои штитат од габи и инсектициди за заштита од плевели. (Податоци од земјоделска аптека во Гевгелија). Засега нема податоци дека токму овие неколку пестициди се кобни за нашето здравје. Сепак, во употреба се стотици пестициди за кои не може да се знае какви се долгорочните последици кои би се одразиле на нашето здравје. Дали треба да бидеме загрижени за нашето здравје? Иако пестицидите се отрови и се штетни, земјоделците тврдат дека количината на пестициди која ја користат е премногу мала за да му наштети на човековото здравје. Сепак, повеќегодишното натрупување на овие отрови во човековиот организам може да го забрза развитокот на ракот и на други болести. Затоа се препорачува потешко болните да преферираат органски производи, кои не се третирани со никакви штетни супстанции. Истражувачите откриле неколку пестициди кои на долгорочен план можат многу да му наштетат на нашето здравје. Тие можат да предизвикат создавање абнормални сперматозоиди и намалување на нив­ната подвижност, стерилитет кај мажите, неколку видови рак, бло­ки­ рање на машките полови хормони,

2

рак на дојка и на белите дробови, замор, порeметен сон, главоболка, намалена концентрација и сл. Постои ли некаква заштита? Eвропските владини службеници го ограничија користењето на пе­­сти­цидите. Но, дали нашите земјоделци се придржуваат кон тие ограничувања? Дали контролите се редовни? Тоа никогаш нема да го знаеме. Поради неинформираноста на на­ ше­ то население со полезноста на органските производи, кои не се третирани со никакви пестициди и

вештачки ѓубрива, ретко можеме да ги најдеме на нашите пазари. Искрено, дури и да ги има, не би ги препознале, а не би ги ни купиле, сигурно поради понепривлечниот изглед во споредба со останатите. Затоа, едиственото решение кое ни преостанува е убаво, темелно да ги миеме производите пред нивна конзумација. Лилјана Матх II-година Ментор: Даниела Џишева СОУ. „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија

Неколку корисни информации: - Истражувачите пронашле врска помеѓу оние кои секојдневно се изложени на дејството на пестицидите и Паркинсоновата болест. -Откриени се 6 пестициди поврзани со ракот на кожата. Работниците кои често се изложени на дејството на пестицидите имаат двапати поголем ризик да заболат од рак на кожа во споредба со општата популација. Ова е докажено со анализирање на околу 56.300 американски фармери. - Бразил денес има 16% од вкупната потрошувачка на пестициди на планетата. Растот на бразилскиот пазар е за 176% помеѓу 2000 и 2008 година —3,9 пати над светскиот просек, што беше 45,4% во истиот период.

МЛАДИ РЕПОРТЕРИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2011/2012


Освоено прво место

статија за енергија

Влијание врз животната средина Постојат голем број анализи за влијанието на РЕК „Битола“ врз животната средина, кои докажуваат дека ги нарушува основните биолошки параметри во еколошкиот систем Енергијата е главен извор за основната човекова егзистенција и има главно место во економскиот и во социјалниот развој, како и за подобрување на квалитетот на живеење. Таа претставува основен извор на емисија на штетни материи. Најголем производител на електрична енергија во Република Македонија е „РЕК Битола“ и тој претставува столб на електроенергетскиот систем во нашата земја. „РЕК Битола“ е објект од стратешко значење во електроенергетскиот систем на Република Македонија. Лоциран е во средина со развиени: полјоделство, лозарство, овоштарство, сточарство; како и во непосредна близина на националното природно богатство Националниот парк „Пелистер“, кој изобилува со особени природни убавини и е од историско значење за шумите и за шумските предели. Спротивставени се енергетскиот систем и зачувувањето на животната средина. Постојат голем број анализи за влијанието на „РЕК Битола“ врз животната средина, кои докажуваат дека ги нарушува основните биолошки параметри во еколошкиот систем. Од оџаците на Термоцентралата годишно се емитугваат: 67.000 тони SO2, 5.800 тони NOX, 4.200 тони честички и 5.700.000 тони CO2. Во споредба со законската регулатива, може да се заклучи дека емисијата на сулфур двооксид, која се движи во границите од 1600-3200 mg/m², многукратно ги надминува дозволените вредности

според македонските и европските норми. Исто така, и честичките ги надминуваат дозволените граници, а тие се одликуваат со зголемена концентрација на радионуклиди и тешки метали. Може ли нешто да се промени? Ако при користење супстанца на одреден процент од јагленот се додаде мазут, тоа ќе доведе до намалување на емисијата на SO2 доколку би се користел мазут со содржина на сулфур помала од 2,5%. Освен емисијата на SO2 би се намалиле и честичките, емисијата на NOX би се зголемила, но нема да ги надминуваат дозволените граници. Користењето природен гас наместо мазут би довело до намалување на сите штетни влијанија. За заштита на животната средина можат да придонесат и граѓаните доколку енергијата ја користат разумно, односно штедат. Александар Велиновски III-година АСУЦ „Боро Петрушевски“, Скопје

Енергијата треба да се штеди Штедењето енергија и подобрувањето на енергетската ефикасност ќе доведат до подобрување на личниот и на општествениот живот и до поздрава околина. Заштедата на енергија се зголемува преку: - замена на енергетски неефикасните потрошувачи со ефикасни; - изолација на просторот што се грее; - вградување мерни регулатори од страна на дистрибутерите кои ќе поттикнуваат штедење.

МЛАДИ РЕПОРТЕРИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2011/2012

3


Освоено прво место

статија за вода

Да ја сочуваме водата додека сè уште постои! Дали сте знаеле дека повеќе од една милијарда луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење, а милиони умираат од нејзин недостиг?! Климатските промени, загадувањето на водите на земјата и прекршувањето на поставените еколошки норми само придонесуваат за намалување на резервите на водата. Порано или подоцна ќе мораме рационално да ја употребуваме водата. Водата е од суштинско значење за животот на земјата. Таа е потребна за одгледување на храна, одржување на чистота, обезбедување енергија, контрола на огнот, и последно, но не и најмалку важно, водата ни е потребна да не одржи во живот! Заштедата на вода е важна за земјата, за вашето семејство и за вашата заедница. Глобалното зголемено индустриско производство, зголемената активност во земјоделството, како и домашната потрошувачка во последниот век доведе до зголемена употреба на водните ресурси, а тоа доведува до зголемена стапка на отпадните води. На отпадните води може да им се даде втор живот! Кога ќе се спомене отпадна вода, прво нешто на што помислуваме е нешто валкано, неупотребливо, па дури и одвратно. И не сме далеку од вистината. Отпадните води настануваат на многу места, на многу начини и во големи количини. Во последните години сведоци сме на преземање на одредени

Биолошко прочистување на отпадната вода по природен пат без додавање на хемиски средства

4

чекори во прочистувањето на водите и намалувањето на нивното загадување, пред сè со поставување на пречистителни станици. Во 2000г. со донација на Автриската влада, општина Македонски Брод доби една пречистителна станица која игра огромна улога во заштитата на животната средина, река Треска и езерото Козјак. Во неа отпадните води се прочистуваат до степен до кој ќе може повторно да се вратат во водниот ресурс, а остатоците од нивното пречистување да се иск��ристат од страна на човекот како ѓубриво во земјоделството. Обработката на отпадните води е процес на отстранување на загадувачите од отпадната вода кој вклучува физички, хемиски и биолошки процеси за отстранување на физички, хемиски и биолошки загадувачи. Со пречистувањето на отпадната вода се спречува дополнително загадување на реката Треска од отпадната вода на градот, значително се зголемува рибниот фонд во оваа област, а исто така со ѓубривото се зголемува плодноста на земјиштето. Иако човекот е злокобниот и единствен загадувач, од него се зависи. Само тој е оној кој може да го реши овој проблем. Иднината е во наши раце! Да реагираме додека сè уште има време. Часовникот отчукува. Едноставно е. Единствената добра работа која човекот може да ја направи е да го смени својот однос поврзан со користење на водата. ПОДОБРО ПОРАНО, ОТКОЛКУ ПРЕДОЦНА!!! Изработиле: Симона Стојческа III-1, Христина Крстеска IV-1, Благица Радеска IV-1, Ангела Угриновска I-2 Ивана Димоска I-1 СОУ. „СВ. Наум Охридски“, Македонски Брод Ментор: Ненад Марковски, Јасминка Г. Костадиновска

Аерација со кислород

МЛАДИ РЕПОРТЕРИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2011/2012


Освоено прво место

статија за отпад

Батериите

непријатели на животната средина Потрошените батерии и акумулатори, измешани со комуналниот отпад на депониите низ државава претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето и за животната средина, поради тешките отровни материи што ги содржат. Несоодветно третирани, отпадните батерии и акумулатори нè трујат со олово, жива, арсен и кадмиум, бидејќи овие опасни материи истекуваат во почвата и подземните води. Само за илустрација, кадмиумот од една батерија на мобилен телефон загадува 600.000 литри вода. Тоа би значело дека 3 такви батерии можат да загадат цел олимписки базен. А дали знаете дека само 1 грам жива е доволно да загади 400 литри вода? Затоа тие не треба да се фрлаат заедно со другиот комунален отпад, туку со нив да се постапува според строго утврдена процедура. Почнувајќи од 29.10.2010 година, во склад со Директивата на ЕУ 2006/66/ЕЦ, во Република Македонија на сила е Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, според кој „Забрането е отпадните батерии и акумулатори да се оставаат или предаваат на места означени за собирање и селектирање на комунален отпад од домаќинствата или на друг вид отпад“. Законот се однесува на батерии (сите батерии, батериски пакувања, батерии во форма на копче, автомобилски батерии, индустриски батерии) или акумулатори, без разлика на нивната форма, зафатнина, тежина, материјалот од кој се составени или намена за користење. Состојбата во Македонија Македонија годишно собира над 300 тони отпадни батерии и акумулатори. Теренските истражувања што ги на­ пра­виле членовите на организацијата “4х4х4 Балкански мостови”, покажале дека во Македонија домаќинствата просечно трошат од 0,3 до 0,7 килограми батерии годишно, малите и средните фирми од 0,6 до 0,9, а медиумите до 0,5 килограми. На крајот на 2009 година во Македонија имало преку 30 милиони батерии и над 3,5 тони акумулатори што неправилно се чуваат и ја загадуваат животната средина. Со донесениот закон се поставени минимални стапки на собирање преносни отпадни батерии и акумулатори и тоа – до крајот на 2016 година, треба да се соберат минимум 25% од

тежината на батериите и акумулаторите што се пуштени на пазарот на територијата на Република Македонија и минимум 45% до крајот на 2020 година. Што можеме да направиме? Учеството на крајните корисници во намалување на негативното влијание на батериите и акумулаторите и на отпадните батерии и акумулатори врз животната средина е од огромно значење: - Стариот акумулатор однесете го кај трговците кои имаат дозвола за откуп и постапување со отпадни батерии и ќе добиете попуст на цената на новиот акумулатор. - Ситните батерии немојте никогаш да ги фрлате на исто место со комуналниот отпад и така да им направите пат до депониите, односно да им дадете директна можност за загадување на почвата и водата. - Погрижете се вашите батерии да не влијаат врз животната средина со штетната жива така што ќе изберете батерии со сребрен оксид без жива или литиуммангански батерии. Избирањето на производи без жива може да ја намали годишната употреба на жива за 470 килограми. - Употребувајте батерии полнење и заштедете енергија (на пример повеќенаменските батерии се идеална еколошка алтернатива за конвенционалните алкални батерии – со нивната употреба драстично се намалува бројот на фрлени алкални батерии) Важно е да се напомене дека и научниците се вклучија во оваа борба со опасните материи и интензивно работат на намалување на негативното влијание на батериите врз околината и луѓето. Една од иновациите се т.н. био-батерии кои генерираат електрична струја со користење ензими за кршење јаглехидрати, во форма на глукоза. Овие батерии ја применуваат вродената способност на организмите да добиваат енергија од хранливи материи кои, наместо да бидат искористени за животни активности, се користат за создавање електрична енергија. Млади репортери: Ивона Николовска – I-3 Павлина Лозановска – I-3 Марија Стефановска – I-3 - Симона Ристевска – I-3 СОУ. „Крсте Пеков Мисирков“, Демир Хисар, Ментор: Благојче Кривевски

МЛАДИ РЕПОРТЕРИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2011/2012

5


6 Освоено прво место

МЛАДИ РЕПОРТЕРИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2011/2012

„97% од вкупната вода на Земјата е солена, што значи дека имаме само 3% питка вода. Од таа питка вода преку 68,7% е замрзната во глечери, ледени слоеви и куполи. Вкупната маса мраз на Земјата изнесува околу 30 милиони километри кубни, а вкупната површина изнесува околу 15 милиони километри квадратни. Брзината со која се топи овој мраз секоја година се зголемува. Тоа значи пораст на нивото на водата што резултира со поплави и промена на климата што може да биде фатално за живиот свет кој живее покрај брегот, а тука спаѓаат и луѓето и животните и растенијата. Доколку не се преземат драстични мерки за да се запре, или барем успори ефектот на глобалното затоплување, ќе се соочиме со големи проблеми и огромни загуби.“

6

Фото сторија

ВОДА

Сè поблиску до катастрофа

Надица Атанасовска I-година СОУ „Добри Даскалов“ општина: Кавадарци Ментор: Елизабета Иговска

МЛАДИ РЕПОРТЕРИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2011/2012


Освоено прво место

Фото сторија Отпад

МЛАДИ РЕПОРТЕРИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2011/2012

Канал Ивона Мишевска IV-година СОУ. „Перо Наков“- Куманово, Ментор: Фросина Николовска, Фросина Милошевска

Секој ден малите деца поминуваат покрај него со затворен нос и не можат да ја замислат опасностa од овој канал. Тие испраќаат порака до возрасните да направат нешто околу тоа и да ги заштититат од каналот.

7 7

МЛАДИ РЕПОРТЕРИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2011/2012


8

МЛАДИ РЕПОРТЕРИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2011/2012


Млади Репортери за животната средина - 2012