„Фиданка“ списание

Page 1

Еколошко списание

ФИДАНКА Број 5, Март 2020 год. 1


Животински свет Пингвините

се група водни, нелетачки (од редот пингвиновидни) птици кои живеат речиси исклучиво на јужната полутопка. Бројот на видови изнесува помеѓу 17 - 20, зависно од класификацијата. Спротивно на популарното уверување, само мал број видови живеат на Антарктикот. Повеќето видови, барем 10, живеат во потоплите предели, а еден вид е домашен на Галапагос, на Екваторот. Најголемиот вид е Царскиот пингвин - возрасните се високи околу 1,1 м и тешки над 35 кг. Најмал е малиот син пингвин кој расте околу 40см и тежи околу 1кг. Некои прaисториски видови растеле многу поголеми, приближно со димензии на возрасен човек и нивни фосили се најдени по целата јужна полутопка, сè до 2000 км јужно од Екваторот. Повеќето пингвини се хранат со ракчиња, риби и лигњи, како и со други форми на морски животни кои ги ловат додека нуркаат. Пингвините минуваат приближно половина од времето на суво, а половина во вода. Пингвините се многу популарни кај луѓето, пред сè поради нивниот исправен нестабилен од и карактеристична боја и форма. Нивното црно-бело перје потсетува на свечен машки костум. Кај туристите се многу омилени бидејќи слободно им приоѓаат. Aнастасија Крстевска III в

Слоновите се најголеми копнени цицачи. Тие можат да тежат од 2700 до 6000 кг. Нив ги делиме на африкански и азиски. Карактеристично за нив се големите уши и долгата сурла со чија помош дишат, се хранат и пијат вода. Нивната сурла може да биде долга и до 2 м и да тежи дури 14 кг. Тие се хранат со храна од растително потекло: бамбус, корени и листови. Тие секогаш се населуваат близу до места на кои има вода: мочуришта, савани, шуми и сл. Просечен животен век на еден слон изнесува до 70 години. Тие се сметаат за загрозен вид и се заштитени од Меѓународна организација за зачувување на природата. Андреј Насевски III в одд.

Панголин претставува особен цицач прекриен со лушпи. Живее претежно во тропските предели на Африка и Азија. Неговите лушпи се всушност цврсто израснати влакна, наредени слично на кровни плочки. Панголин најчесто е активен ноќе додека ги поминува деновите како спие во неговата кошара. Тој е единствениот цицач што има школка. Неговата храна се мравки и термити, а бидејќи нема заби, има долга муцка и леплив јазик при хранење. Милан Тодоровски V г одд. Ученици од Vг под менторство на наставникот Биљана П Антовска 2


Ниту елен, ниту глувче Мал и редок вид на елени, коишто научниците не ги виделе речиси 30 години е фотографиран во шума во јужен Виетнам - соопшти Глобалната група за зачувување на дивиот свет. Фотографиите на малото животно, познато и како виетнамско еленско глувче со сребрен грб, се направени во дивината - соопштија од групата, додавајќи дека животното со големина на зајак не било ниту елен, ниту глувче, туку најмал цицач со копита. Овие животни обично се срамежливи и осамени, одат на врвот на нивните копита и имаат крзно од сребрена боја - велат од групата. Животното за првпат е опишано во 1910 година. Тоа е видено петпати во централниот дел на Виетнам до 1990 година и е прогласено за еден од најретките животински видови.

Милан Тодоровски V г одд.

Диносаурусите ја населиле Земјата пред околу 200 милиони години. Нивното име потекнува од грчки збор што значи „страшно и моќно“. Диносаурусите скитале по нашата планета пред околу 200 милиони години, а изумреле пред околу 60 милиони години. Најстариот вид на диносаурус бил пронајден во Африка.

Голем број диносуруси имале различни бои на кожата, но најчесто се вклопувале во средината околу нив. Се претпоставува дека првиот вид на диносауруси биле големи како мисирка и оделе само на задните нозе, но со тек на време тие станувале сѐ поголеми. Тие изумреле пред околу 60 милиони години заради промена на климата, затоа што тие биле тревопасни животни, а природата околу нив и температурата се изменила, па тие изумреле. Леонтина Јакимовска IV в одд. 3


Животно од тропската шума Камелеонот е гуштер способен да ја менува бојата според животната средина и според својот карактер. Тоа му овозможува да се крие од погледот на непријателите, како и да не биде забележан од своите жртви. Камелеонот има леплив јазик што се вовлекува навнатре и е долг колку неговото тело. Може да го истегне многу брзо за да ги зграпчи летачките инсекти, како и скакулците што минуваат покрај него. Очите на камелеонот се вртат во сите насоки и на независен начин едно од друго, што му овозможува да види истовремено сѐ што поминува во разни правци, а му е на досег. Михаела Трајковска IV в одд.

Живеалишта во поларните региони Живеалиште е секоја еколошка или околна средина која е населена со одреден вид (популација) на животни, растенија или друг тип организми. Поларните живеалишта се наоѓаат кај половите на Земјата. Тие се студени, ветровити и имаат многу снег и мраз. Животните кои живеат во поларните региони (снежен був, поларна мечка, пингвинот...) се прилагодени да преживеат на екстремно студени температури, со помош на нивното густо крзно или пердуви, се мешаат белиот снег или хибрираат (спијат).

Карактеристики на некои животни Поларна мечка -густо бело крзно -сетило за мирис -силни нозе -дебели,груби шепи

Пингвини -облик на тело -масно ткиво -збиени пердуви -облик на опашка -силни градни мускули

Глобалното затоплување ги менува поларните живеалишта, особено во Антартикот. Поради тоа животните, како поларните мечки и артичките лисици стануваат загрозени. Теа Јанковска VII б одд. 4


Во светот на поезијата Во подобар свет

Мравка и слон

Каков треба светот да биде,

Една мравка силна,

во времето што допрва иде?

беше многу гласна,

Треба да има чист свет и чиста атмосфера,

го викна слонот мал

за да заврши атомската ера!

да го победи на карневал...

Шумите веќе да не се сечат,

Си вежбаше таа цел ден,

бистри реки насекаде да течат!

си туркаше класец зрел,

И ѓубрето се користи, професорката ни кажа,

стана спремна и силна

само ако се собере и однесе на рециклажа!

и во бој се вивна!!!

Стаклото и пластиката да се стопат можат,

Слонот стои исправен ,

во нови производи тие да се вложат!

за да не ја згази или да се пази,

Светот да ни биде убав и чист,

од силната мравка

како пред многу години ист!

со мускули ко сламка?!

Ива Додевска VII в Тум-бум,бум-тум, тргна слонот мал, па силната мравка се онесвести од страв...

Петар Денковски V в

5


Десетте најмали животни на светот Мајката природа е навистина зачудувачка. Погледнете неколку нејзини дела, само – 10 минијатурни, животни, некои големи колку паричка, некои колку вашиот нокт. 1. Најмалото куче на светот - 12.4см високо наречено Ducky, чивава од Charlton (Masssachusetts-САД) 2. Најмалата змија на светот - долга 10.1см (Leptotyphlops carlae) е најмалиот вид на змии, кои растат во просек под 4 инчи во должина. Видот е пронајден на Барбадос, Карибите и е тенок како шпагета, доволно е мал за да го собере во монета. Пронајдена е од Blair Hedges. 3. Најмалиот коњ на светот - висок 43.18см. Овој мал коњ (Thumbelina) припаѓа на Paul и Kay Goessling, кои се специјализирани за одгледување на минијатурни коњи. Но, овој коњ е мал дури и за тој вид на коњи. Се смета дека овој коњ е џуџе-верзија на видот Thumbelina. 4. Најмалата мачка на светот - висока 15.5см и 4,9см долга, живее во Централен Илиноис, има 2 години и е најмалото маченце на светот од видот Peebles. 5. Најмалиот хрчак на светот- долг 1.2см. Овој златен хрчак престанал да расте кога имал само 3 години, а неговите 5 браќа и сестри си пораснале нормално. Се вика PeeWee. 6. Најмалиот камелеон на светот - долг 1.2см. Brookesia Minima е најмалиот вид на камелеони, тој е пронајден во дождовните шуми на Nosy Be островот во североисточен дел на Мадагаскар. Женките се поголеми од мажјаците. 7. Најмалиот гуштер на светот - долг 16мм, ова е типичен мажјак со научно име Sphaerodactylus ariasae. 8. Најмалата риба во светот – долга 7.9мм. Оваа риба беше откриена во јануари 2006 година, на Индонезискиот остров Суматра и припаѓа на Peadocypris progenetica . 9. Најмалото морско коњче на светот –долго 16мм, помало е од ноктот и живее во тропските води на западниот Пацифички Океан, помеѓу 13 и 90 метри под површината. Подготвија учениците од V в одд 6


Кружењето на водата (воден циклус, хидролошки циклус) е процес на кружно движење на водата во Земјината биосфера. Во текот на водениот циклус доаѓа до испарување, кондензација и врнежи. Морињата губат повеќе вода со испарување отколку што добиваат со врнежите, додека на копното е сосема обратно. Водата непрестанато циркулира на Земјината топка, при што вкупното количество останува непроменето. Три четвртини од површината на Земјината топка се покриени со вода. Водната обвивка на Земјата се нарекува хидросфера. Поголем дел од неа е солена вода од морињата и океаните, а помал дел е слатка вода од езерата, реките, ледниците,подземните води и водна пареа.

Воден циклус

На Земјата, водата постои во три агрегатни состојби: течна, цврста и гасовита. Без вода е невозможно постоењето на живите организми. Кај било кој организам водата се јавува како средина во која се одвиваат хемиските реакции, без кои нема живот. Атмосферските врнежи делумно испаруваат, делумно образуваат повремени и постојани водотеци и водни површини, а делумно се впиваат во почвата и ги создаваат подземните води. Дамјан Маневски, Милан Тодоровски и Алекс Димишковски од Vг одд.

Пчелите се најважни живи суштества на планетата. Дури и Ајнштајн рекол: „Ако пчелите исчезнат, луѓето имаат само уште 4 години живот”. Околу 250 000 видови билки зависат од пчелите за опрашување. Голем број од нив се пресудни за светското полјоделство. Пчелите го зголемуваат приносот на јаболката, боровинките и краставиците до 30%, така што голем број од овошјето и зеленчукот би станале дефицитарни и неизмерно скапи. Покрај тоа, голем број од нашите лекови, потекнуваат од опрашени билки. Памукот е исто така важен производ кој пчелата го опрашува, па би можеле да се збогуваме и од евтините маички и фармерки. Но, доколку исчезнат пчелите, нема да бидат оштетени само луѓето, туку и птиците и малите цицачи кои се хранат со бобинки и семки, а кои се потпираат на опрашувањето од пчелите. Тие би умреле од глад, а како последица на тоа би гладувале и месождерите и сите од синџирот на исхраната. Ширум светот постојат 20 000 видови пчели. Главните причини за намалување на бројот на пчелите е неконтролираната употреба на пестициди, недостиг на цвеќиња и постојано сечење на шумите! Мелани Таневска VII в одд.

7


Убавото момче што мириса на Молика Легендата вели дека Пелистер бил некое убаво момче во кое се вљубиле две сестри. Мајка им, гневна на нивната љубов, ги избркала в планина и ги проколнала да бидат блиску една до друга, а сепак да не можат да се видат. Сестрите талкале низ планината и совладани од замор и очај, што поради несудената љубов, што поради суровата мајчина клетва, се фрлиле на земјата и почнале да плачат. Од нивните солзи се создале две преубави сини езера – Пелистерски очи. Географски, Пелистер е највисокиот од 24-те врвови повисоки од 2.000 метри на планината Баба. Истото име го носи и националниот парк што во своите прегратки крие вистинско богатство од растенија, риби и цицачи. Кафеавата мечка може дури и во живо да се сретне . Пелистерските Очи се леднички езера на Пелистер. Тие се две на број и се нарекуваат уште Големо и Мало Езеро. Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 м, долго е 233 м, а широко 162 м. Малото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.180 м, долго е 79 м, а широко 162 м. Големото е длабоко 14,5 м, а Малото 2,6 м. До езерата може да се стигне од две страни, по две одлично обележани планинарски патеки.

Народно предание за настанокот •

Меѓу народот постои предание (легенда) како настанале овие две леднички езера, познати како Пелистерски или Горски Очи. Во дамнешни времиња во минатото, на планината Баба под Пелистер живееле братчето Јорго и сестричката Флора кои имале свое стадо овци кое среќни го напасувале по целата планина. Еден ден братчето се изгубило, по што сестрата започнала безуспешна потрага по која започнала непрестајно деноноќно да плаче и жали за својот загубен брат. Плачејќи непрестајно, солзите се слевале во двете вдлабнатини во кои се создале овие езера. Изнемоштена од тага, сестрата пред да почине кога ги видела убавите езера кои се создале им проговорила ако некогаш го видат нејзиниот брат да му пренесат да се измие и напие од нивните води за така таа да го помилува. Целата ова бајка пренесена преку текст е многу малку да ја долови разиграноста на природата која царува на овие предели. Затоа, посетете ја Баба Планина и Пелистер и бидете сведоци одблиску, бидејќи рекле „Кој еднаш бил на Пелистер, сигурно ќе дојде пак“. Подготвија учениците од III одд. ПОУ с. Тромеѓа

8


Водно живеалиште Водата носи голема улога во животот на еден човек. Водата придонесува за светот на живите организми и растенијата. Водата е дом за многу животни и растенија. Водните растенија можат да се поделат во три групи: целосно потопени (субмерзни) растенија (или вистински водни растенија); пловечки (флотантни) растенија и мочуришни растенија. Подводните растенија овозможуваат проѕирност на водата, редуцирајќи ги алгите од планктонот по пат на компетиција за поповолни услови, како и намалувајќи го турбидитетот кој е резултат на суспендираните колоиди од глина. Субмерзните растенија - Кај нив има присуство на мал дел механичко ткиво (кое кај некои видови отсуствува) во стеблата и лисните дршки. Доколку овие растенија се извадат од водата тие висат. Во водата, тие имаат потпора од околната вода, така што немаат потреба за механичко зацврстување.

Флотантни растенија - Постојат два типа на флотантни растенија: оние кои што се вкоренети во супстратот со флотантни листови и оние кои не се вкоренети во супстратот и пловат на површината на водата. Флотантните листови обично се жилави бидејќи тие мора да ги издржат движењата во атмосферата и водата истовремено. Хлоропластите се ограничени на горната површина на листовите. Мочуришни (блатни) растенија Ова се емергентни растенија чии долни делови обично се под вода. Тие најчесто се високи растенија со тенки листови кои се малку отпорни на флуктуациите на нивото на водата и силните ветрови. Нивната висина спречува тие да бидат потопени за време на поплава. Стеблата имаат жилави внатрешни фибрили и шуплива структура. Ова им овозможува да ги издржат силните ветрови без да претрпат штета. Елеонора Алексовска VII в одд. 9


Чудните живеалишта во тропските шуми Тропските дождовни шуми спаѓаат во редот на највозбудливите и најдинамичните места на Земјата. Тие се живеалиште на милиони видови растенија и животни, но тие се и најголемите произведувачи на храна и кислород, а го трошат јаглеродниот диоксид и имаат голема улога во водниот циклус. Сепак, шумите се наоѓаат во опасност поради активностите на човекот и постепено исчезнуваат. Прашумите се жешки и дождливи места кои им овозможуваат на растенијата да растат бргу. Бидејќи таму не постојат годишни времиња, дрвјата се зелени преку целата година. Во прашумите на Амазонија растат над 4000 различни видови растенија и сите тие максимално го користат посторот за живеење, така што се распоредени во катови од најниските до највисоките дрвја.

Запомни: Амазонија зафаќа една третина од Јужна Америка, се нарекува „Бели дробови на Земјата“ и се смета дека произведува една петина од вкупниот кислород на Земјата. Растенијата ползачи, наречени лијани, висат како дрвени јажиња меѓу гранките и ги поврзуваат дрвјата. По површината на стеблата живеат разновидни епифитски растенија, како што се мововите, лишаите, папратите, орхидеите и бромелите, кои постојано настојуваат да се искачат со помош на стеблата до повисоките слоеви каде што има повеќе светлина. Тие впиваат вода од воздухот, а собираат дождовница. Чести жители на тропските шуми се различни видови инсектојадни растенија и тие светат во ноќта. И животните се населени во најразлични делови од прашумата, како на пример летачките верверички кои слетуваат во подолните гранки по храна. Покрај нив тука се сместени и мрзливците, мајмуните, птиците, змиите и др. Во шумската подлога се сместени многу видови инсекти како што се: мравки, термити, пијавици, стоногалки, црви и пајаци. Сите овие животни мигрираат во погорните слоеви на тропската шума кога има поплави. Во почвата копаат дупки глодари, армадили. Подготвија учениците од VII одд 10


КОРАЛ претставува заедница на животни наречени полипи, што живеат во колонии. Околу себе создаваат бигорен скелет што останува после нивната смрт. Коралните гребени се резултат на таложење на нивните скелети. Тој гребен создава услови за живот на многу растенија и животни. Мозочниот корал ги свиткува полипите и многу потсетува на мозок, а некои пак корали создаваат колонии кои личат на мали сплескани грмушки, па често луѓето ги користат за украсување на ѕидовите.

МОРСКИ ЅВЕЗДИ можат да се сретнат по морското дно и се карактеристични по тоа што имаат пет крака, но постојат и со повеќе од 50. Од долната страна на краците имаат мали ножиња со чија помош се движат по дното. Краците им помагаат и во исхраната за да ги отвораат школките. Најмногу јадат остриги, школки, па дури и други морски ѕвезди. Таа е способна да ги обнови загубените краци, оштетени од другите грабливци од океанот. МЕДУЗАТА има едно желатинско чадорче под кое се наоѓа нејзината уста. Овие прекрасни морски суштества се движат заедно изведувајќи балет. Главно се изградени од вода и штом ќе се најде на суво, таа брзо се суши. Се движи со ритмичко собирање и ширење на своето чадорче што ѝ помага лесно водата да ѝ донесе храна и со пипалата ја внесува во устата. На врвот на пипалата има отров со кој ги ги убива малите ракчиња и риби. На Арктикот има џиновски медузи чии пипала им се долги околу 40м, а ги има илјада на број. РИБА КЛОВН е чест жител на коралните гребени. Се храни со ракчиња, МОРСКО КОЊЧЕ е единствена риба која се движи вертикално, многу е школки и растенија живеат околу живее во во споро бидејќи грбнитешто перки се мали и не гребените. се ефикасни.Рибата Очитекловн му се движат заедница со Анемоните кои имаат отровни пипала на кои таа е отпорна. Па сите правци, па така ја набљудува околината без да ја врти главата. Устата му така Анемоната и обезбедува засолниште од нејзините непријатели, а таа и е во форма на сурла и со неа ги вшмукува ситните животни. Опашката му е обезбедува храна. долга и честопати ја мота околу растенијата за да не го однесат водните струи. На предниот дел во стомачето мажјакот ги чува своите млади додека да се изведат. РИБА КЛОВН е чест жител на коралните гребени. Се храни со ракчиња, школки и растенија што живеат околу гребените. Рибата кловн живее во заедница со анемоните кои имаат отровни пипала, на кои таа е отпорна. Па така анемоната ѝ обезбедува засолниште од нејзините непријатели, а таа ѝ обезбедува храна. Подготвија учениците од VII одд. 11


Папрат е секој жив организам кој припаѓа во групата на околу 20.000 видови на растенија систематизирани во типот (или одделот) Pteridophyta, познат и како Filicophyta. Оваа растителна група се нарекува и Polypodiophyta или Polypodiopsida, која се смета за пододдел на васкуларни растенија (трахеофити). Науката која ги проучува папратите се нарекува птеридологија. Поимот „птеридофит" традиционално се користел за да ги опише сите бессемени васкуларни растенија, притоа опфаќајќи ги папратите и нивните сродници.

Папратите живеат во најразлични предели, од планински возвишенија, до пустински предели, и од водни предели, па до отворени полиња. Често, папратите може да се најдат на места каде различните еколошки фактори го ограничуваат успехот на цветните растенија. Некои папрати се меѓу светските најсериозни плевели, како што е орловата папрат (Pteridium) или водниот папрат (Azolla), кој расте во тропските езера. И двата вида образуваат големи колонии кои агресивно се шират. Постојат четири предели каде може да се најдат папратите: влажни предели, засенчени шуми, пукнатини во карпи, особено кога тие се заштитени од директното Сонце, кисели водни предели од типот на тресетишта и мочуришта, и тропски дрвја, каде многу видови се епифити. Многу папрати зависат од здружувањата со микоризни габи. Многу папрати растат само на одредени pH вредности, на пример, качувачкиот папрат (Lygodium) од Северна Америка може да расте само на влажни, силно кисели почви, додека папратот Cystopteris bulbifera може да се најде само на варовник. Папратите се васкуларни растенија кои имаат животни циклуси кои вклучуваат смена на генерации, односно смена на диплоидна спорофитна и хаплоидна гаметофитна генерација или фаза. За разлика од голосемениците и скриеносемениците, гаметофитот на папратите е слободноживеачки организам. Етапите во животниот циклус на еден типичен папрат се следните: 1. Спорофитната (диплоидна) фаза произведува хаплоидни спори по пат на мејоза; 2. Спората прераснува со митотски делби во гаметофит, кој обично се состои од фотосинтетски проталиум; 3. Гаметофитот произведува гамети (често сперматозоидите и јајце клетките се наоѓаат на ист проталиум) по пат на митоза; 4. Подвижните камшичести сперматозоиди оплодуваат една јајце клетка која останува прикачена за проталиумот; 5. Оплодената јајце клетка сега претставува диплоиден зигот и расте со митоза во спорофит (типичното папратовидно растение). Ива Додевска VII в одд.

12


За флората и фауната во националниот Парк „Пелистер“ Флората во Националниот Парк „Пелистер“ со своето богатство, разновидност и колорит претставува една од најзначајните вредности на биолошката разновидност на оваа планина и го привлекува интересот на истражувачите, посетителите и вљубениците на најстариот и еден од најубавите национални паркови кај нас. Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 видови дрвја, што претставува застапеност на 29% од вкупната дендрофлора во Македонија. Најголем дел од шумските површини на Пелистер се под бука 2606 ха, моликовите шуми заземаат површина од 1174 ха, додека најмала површина отпаѓа на дабовите шуми - 487 ха. Останатите се мешовити шуми и тоа: моликово - елови, моликово - букови, моликово - буково елови, буково - елови и буково - дабови шуми. Во вегетацијата на Пелистер се среќаваат 21 растителна заедница, од кои 8 се шумски (асоцијации и субасоцијации ), а 13 се тревни заедници. Меѓу нив посебно значење има моликата (Рinиѕ реисе Grisebach), која образува пространи и биолошки витални популации во висинскиот распон од 700 - 2200 м и претставува нејзин флористички заштитен знак. Флората на вишите растенија опфаќа над 1050 таксони. Најзастапени се цветните (скриеносемени) растенија со над 900 видови. Помеѓу нив најдоминантни се Asteraceae (Compositae), , Fabaceae (Leguminosae), Poaceae (Gramineae), Rosaceae, Lamiaceae (Labiatae) и други. Највпечатливи одлики на фауната во Националниот парк Пелистер се нејзината разновидност и хетерогеност, како и присуството на голем број реликтни и ендемични видови. Ендемичните видови се главно регистрирани кај без'рбетните групи на организми.

13


Од без'рбетните организми, во малото глацијално езеро „Мало Езеро" се среќава една раскошна популација од вилинското ракче Chirocephalus diaphanus carinatus, кое претставува балкански реликтно-ендемичен таксон. Исклучиво во големото глацијално езеро „Големо Езеро" живее амфиподното ракче Niphragus pancici peristericus, пелистерски ендемит, досега регистриран само во ова езеро. Само во водите на овие две глацијални езера, се среќава харпактикоидното ракче Arcticocampus macedonicus, пелистерски ендемичен вид. Во изворишните води на Н.П. Пелистер, на надморска височина меѓу 1600 и 2200 м живеат два пелистерски реликтно-ендемични видови на остракоди: (Iliodromus peristericus и Eucypris diebeli). Во планинските потоци и реки на Националниот парк исто така се присутни реликтно-ендемични фаунистички елементи. Од Магаревска Река е опишана македонската ендемична плекоптера Nemoura peristeri. Низ шумскиот и високопланинскиот појас присутни се повеќе пелистерски ендемични видови како што се: пелистерската стоногалка (Brachydesmus peristerensis); тврдокрилните инсекти: (Alpaeus macedonica, Cychrus attenuatus peristericus, Duvaliotes peristericus, Platyduvalius macedonicus, Trechus hajeki), ноќната пеперутка (Hadena clara macedonica) и малите пеперутки: (Scythris crypta и Scythris similis). За разлика од без'рбетните организми, кои сеуште не се целосно истражени, 'рбетниците се добро проученн. Во рамките на Националниот Парк. исклучиво во горниот тек на реките Сапунџица. Злокуќанска и Ротинска река живее поточната пастрмка (Salmo pelagonicus), која претставува пелистерски ендемичен вид. Од останатите групи 'рбетници, констатирано е присуство на 10 видови водоземци, 15 видови влечуги, 91 видови птици и 35 видови цицачи. Подготвија учениците од V в одд

14


ЖИВОТНИ СРЕДИНИ Под животна средина се подразбира збирот од сите надворешни фактори (биотички и абиотички) на кои е изложен еден организам. Биотички (живи) фактори се влијанијата од членовите на истиот или друг вид врз развитокот и опстанокот на единката, додека абиотички се неживите фактори: влијанијата на почвата, водата и воздухот врз организмите. ПУСТИНА Пустина е секое место на Земјата каде условите за живот се многу оскудни или воопшто ги нема. Пустините се копнени подрачја кои имаат помалку од 250 мм врнежи годишно. Тоа се соголени предели со назабени висови, карпести кањони и рамнини покриени со чакал и дини. Пустина е подрачје кое поради минималната влага и големи температурни разлики, нема вегетација. Иако пустините се познати по теоријата дека има многу малку живот, сепак во пустините има развиен животински свет. Во пустините живеат многу животни како што се: камила, змија, пустинска лисица, орел, шкорпии а од растенија има кактуси и сукулентни растенија.

Камилите се фамилија на парнокопитари, единствената преостаната од подредот Мозлоноги. Во неа влегуваат едногрбата и двогрбата камила. Камилите имаат долги трепки на очите во случај на бура. Но сепак ако ѝ влезе песок во окото имаат развиено трет очен капак. Камилите можат да издржат многу долго без вода. Во случај да не можат да најдат храна ја искористуваат резервата маст што се наоѓа во грбот на камилата и преку дишењето се снабдуваат со вода. Нозете им се долги за да го ладат телото од жескиот песок, а стапалата се широки да им го олеснат одењето во песок. Наталија Стошиќ VII а одд.

15


Кањон Матка Матка — кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните облици — десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри. Од вкупниот број на 1 000 видови растенија, 20 % се ендемити или реликти. Од терциерните реликти, позначајни се кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) и наталиевата рамонда (Ramonda nathaliae). На локалитетот Матка се откриени два нови вида вистински пајаци и пет лажни скорпии. Во кањонот се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови на балкански ендемични мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката. Симона Ефремовска III в

Иницијатива за прогласување на Шар Планина за Национален парк Во Македонија повеќе од половина век ниту едно продрачје не е прогласено за национален парк. Иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк е стара 10 години. Шар Планина заслужува конечно да се заштити поради својата ендемичност и уникатност. Според податоците на биолозите: нерегулираната сеча на дрвја, неконтролираното градење и незаконскиот лов се главните опасности на кои е постојано изложено подрачјето на Шара. Шарпланинскиот масив изобилува со голем број природни езера, 30-ина планински врвови над 2.000 метри, 200 видови птици, околу 150 разни пеперутки. Шар Планина претставува важна точка за националниот, но и за балканскиот биодиверзитет. Аргументите и причините за заштита на Шара се јасни, а и локалното население е согласно и го поддржува овој процес. Ако Шар Планина биде прогласена за национален парк, Македонија ќе има четири заштитени подрачја од категоријата национален парк, кои би сочинувале 12 проценти од нејзината вкупна територија, што повторно ќе биде помал од европскиот просек што се движи некаде околу 20 отсто. Со заштитата на масивот нема да се заштити само богатиот биодиверзитет, туку ќе се подобри и квалитетот на живеење на локалното население. Националниот парк нуди директни придобивки за жителите како што е заштита од ерозии, обезбедување чиста вода и еколошки чисти прехранбрени продукти, како и индиректни дополнителни можности за развивање органско производство, сточарство и туризам. Анастасија Павловска VIII а 16


Национален план за заштита на балканскиот рис Според Црвената листа на Меѓународната заедница за заштита на природата, балканскиот рис влегува во категоријата на критично загрозен вид (Critically Endangered CR). Во оваа категорија спаѓаат видови кај кои бројот на возрасни репродуктивни единки во природата е помал од 50. Територијата на која опстојува балканскиот рис е поделена во две целини со што и популацијата е поделена. Едната е во Македонија (Националниот Парк Маврово), а другата во Албанија и Црна Гора. Она што е исклучително важно е дека единствената позната област за репродукција на балканскиот рис е Националниот парк Маврово и неговата околина во Македонија. Најголемите закани со кои се соочува балканскиот рис се: малата популација, намалувањето на изворите за исхрана (животни за лов), уништувањето на живеалиштата и криволовството. Фактот дека популацијата е составена од 20-39 единки, сам по себе претставува опасност за исчезнување на балканскиот рис. Ловот на рисот во Македонија според Законот за ловство е ставен под трајна забрана. Сепак, криволовството постои и тоа негативно делува врз рисот на два начина: директно - преку загуба на единки и индиректно - преку нерегулиран лов на пленот со кој тој се храни. За заштитита на балканскиот рис потребно е целосно спроведување на предвидените акциски планови, зголемување на едукацијата на локалното население, особено на децата, но и добра соработка помеѓу невладините организации, стручниот сектор и државните институции. Научниците, биолозите и експертите прават сѐ што можат да ја заштитат оваа дива мачка. На ред се властите. Со поддршка од сите ресорни државни институции, идниот национален план за заштита на балканскиот рис, би дал големи шанси за негово преживување. Анастасија Павловска VIII а

17


Шарпланинец - големо куче со големо срце. Во минатото го нарекувале илирски овчар. Но, бидејќи потекнува од Шар Планина, името Шарпланинец самото се наметнало. Се верува дека на овие простори пристигнал од Азија, со миграцијата на населението во светот. Силен е и „вооружен“ со многу моќни заби кои му помагаат во вечната борба со волците кои се често во негова близина во планинските предели. Овие кучиња се исклучително храбри, а најбестрашните од нив, понекогаш влегуваат во битки дури и со мечки. Народните преданија велат дека три Шарпланинци можат да совладаат цела орда волци за да го одбранат стадото овци што го чуваат, макар имало и 500 овци во него. Тој е недоверлив кон странците и не дозволува неповикани да дојдат на нивната територија. Но, не напаѓа ако неговиот сопственик не му го нареди тоа. Ова е импресивно куче со цврста градба, широки, мускулести гради, тажни очи и по малку меланхоличен поглед, цврсто влакно и дебела опашка. Препознатлив е по сивата боја, иако во ретки случаи може да биде потполно бел или црн.

Потекло на Шарпланинците Иако знаеме дека потекнуваат од Шар Планина, според некои податоци, тие се дојдени на овие простори од Тибет, Хималаите и тоа во времето на Александар Македонски. Тој го донел на нашата територија и тука останале. Женките се во просек високи помеѓу 60-68 сантиметри, а мажјаците од 68-75 сантиметри. Женките тежат околу 35-45 килограми, додека мажјаците од 40 до 55 килограми. Интересно е што овие кучиња јадат многу малку во однос на својата големина. Не се пребирливи во однос на храната, но треба да се хранат квалитетно, посебно кога се мали и се развиваат. Ова се кучиња кои самите се грижат многу за својата хигиена, тоа им е генетски вродена карактеристика. Друга вродена карактеристика им е желбата за чување на својот сопственик, па ако проценат дека тој е во опасност, Шарпланинецот е во состојба да му се спротивстави на противник многу поголем од себе.

Подготвија учениците од VII а одд.

18


Најверојатно веќе сте запознаени со основните факти за Антарктикот, како на пример дека тоа е најстудениот, најсувиот и најветровитиот континент на Земјата. Сигурно знаете и дека Антарктикот е всушност пустина и покрај тоа што се верува дека таму се наоѓа 70% од водата за пиење на планетава. Но, дали знаевте дека: -Не можете да работите на Антарктикот доколку не ви се претходно извадени умниците и слепото црево. -Антарктикот е најсувото место на земјината топка. -Пред 53 милиони години, на бреговите на Антарктикот растеле палми. -Постојат 1.150 различни видови габи кои се идентификувани дека можат да преживеат на Антарктикот. -Технички, Антарктикот се наоѓа истовремено во сите временски зони. -На Антарктикот не живеат поларни мечки, тие живеат само на Арктикот. -Најладниот ден на Антарктикот бил забележан на 21 јули во 1983-тата година, со температура од 89,2 целзиусови степени. -Антарктикот е петтиот најголем континент и е поголем од Европа и од Австралија. -99% од Антарктикот е прекриен со мраз, но сепак под сиот тој мраз има земја. -Отприлика, 70% од питката вода на светот се наоѓа на Антарктикот. -Трансантарктичките планини го делат Антарктичкиот континент на источен и западен дел. -Првиот човек кој стапнал на Јужниот пол бил Норвежанецот Роналд Амундсен на 14-ти декември, 1911-та година. Подготвија учениците од VII а одд.

19


ДА ПОВТОРИМЕ Што е екологија? Екологијата е научна дисциплина која ги изучува заемните односи на живите организми и нивната интеракција со животната средина. Што е загадување? Загадување претставува внесување на нови и некарактеристични материи во животната средина, како и зголемување на нивото на нормалната концентрација на веќе постоечките материи во истата. Загадувањето може да биде предизвикано од природни и човечки извори. Видови загадување Директни објекти изложени на загадување се водата, воздухот и почвата. Индиректни објекти на загадување се луѓето, растенијата и животните. Радиоактивно загадување - атомски централи, производство на нуклеарни оружја. Како да ја заштитиме природата?     

Со штедењето вода и електрична енергија Со ставање филтри на оџаците на фабриките и домовите и на автомобилите Со фрлање на отпадоците во корпата за отпадоци Со пешачење и избегнување на возилата Со садење на растенија

 Знаевте ли дека...  Ако ролна од 1.000 слоеви тоалетна хартија се замени со рециклирана тоалетна хартија, може да се спасат околу 373.000 дрвја и да се заштедат 705 милиони литри вода!  Секоја година се сечат околу 25 милиони дрвја за да се направат 45 милијарди кинески стапчиња!  Рециклираната хартија го намалува загадувањето на воздухот за дури 95%. Со еден тон рециклирана хартија се спасуваат повеќе од 15 дрвја и се заштедуваат 31.822 литри вода! Меланија Димова , Каролина Алексовска , Симона Стојановска , Теодора Пешевска од VIII д одд.

НЕМАМЕ РЕЗЕРВНА ПЛАНЕТА!!! 20


Користенa литература, линкови и слики: 1.„Животни од тропската шума“- Просветно Дело 2, „Мојата прва енциклопедија“- Топер 3. https://en.m.wikipedia.org/wiki/Dinosaur 4. https://mk.m.wikipedia.org/wiki/поларни_региони 5. https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Водно_растение 6. http://park-pelister.com/ 7. https://365.com.mk/1279/10-te-najmali-zhivotni-na-svetot 8. http://imor.org.mk/voda 9. https://novost.mk 10. http://eprints.ugd.edu.mk 11. https://mk.wikipedia.org/wiki/Тропска_дождовна_шума 12. https://mk.wikipedia.org/wiki/Папрат 13. https://mk.wikipedia.org/wiki/Пустина 14. https://macedonia-timeless.com/mac/zanas/zanas/dali_ste_znaele/kanjon-matka/ 15. http://mes.org.mk/nov-sajt/?p=3959 16. https//www.radiomof.mk/izraboten-akciski-plan-za-zashtita-na-balkanskiot-ris 17. http://hybread.mk/sarplaninec-golemo-kuce-so-golemo-srce/ 18. https://www.crnobelo.com/zabava/ fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-antarktikot 19. https://tocka.com.mk/ 19. https://mk.wikipedia.org/wiki/Загадување

21


„Грандиозните работи се прават со грандиозни средства. Една природа прави одличен подарок.А. И. Херзен 22


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.