Hsit priracnik bezbednost na bolnici final

Page 1


ВТОРО ИЗДАНИЕ

Индекс за безбедност на болници

Прирачник за оценувачи

ИНИЦИЈАТИВА ЗА БЕЗБЕДНИ БОЛНИЦИ 2015 © Светска здравствена организација


СЗО Каталогизација во публикација Индекс за безбедност на болници: Прирачник за оценувачи – Второ издание

2 в. Содржина: Прирачник за оценувачи – Формулари за оценување 1. Болници. 2. Обезбедување здравствена нега. 3. Архитектура и градба на болници. 4. Болничко планирање. 5. Здравствени установи, работна сила и услуги. 6. Менаџмент при катастрофи. 7. Епидемии. 8. Итни случаи. 9. Планирања при катастрофи. ISBN 978 92 4 154898 4 (NLM classification: WX 185) © Светска здравствена организација и Панамериканска здравствена организација, 2015 г. Сите права се задржани. Публикациите се достапни на интернет-страницата на СЗО (www.who.int) и интернет-страницата на Панамериканската здравствена организација (www.paho.org). Барањата за дозвола за копирање или превод на оваа публикација, за продажба или за некомерцијална дистрибуција, треба да бидат адресирани до издаваштвото на СЗО преку интернет-страницата на СЗО (http://www.who.int/about/licensing/copyright_form/en/index.html). Барањата за дозвола за копирање или превод на оваа публикација за дистрибуција во регионот на Америка, за продажба или за некомерцијална дистрибуција, треба да бидат адресирани до publication@paho.org. Изразените ставови, дадените препораки и применетите услови во оваа публикација не ги одразуваат моменталните критериуми и политики на ПАЗО/СЗО или нивните земји членки. Линиите означени со точки на мапите ги претставуваат приближните гранични линии за коишто сè уште не постои целосна согласност. Споменувањето на одредени компании или одредени производи на производителите не значи дека истите се одобрени или препорачани од страна на Светската здравствена организација и/или Панамериканската здравствена организација во споредба со слични други што не се споменати. Со исклучок на грешки и пропусти, имињата на патентираните производи се означени со голема почетна буква. Преземени се сите основни мерки на претпазливост од страна на СЗО и ПАЗО при проверка на информациите содржани во оваа публикација. Сепак, објавениот материјал се дистрибуира без каква било гаранција. Читателот е одговорен за интерпретацијата и користењето на материјалот. Во ниту еден случај Светската здравствена организација и Панамериканската здравствена организација нема да сносат одговорност за штетите кои ќе произлезат од користењето на овој материјал. Печатено во Швајцарија Првото издание на Индексот за безбедност на болници беше издадено од страна на ПАЗО во 2008 г. Индекс за безбедност на болници: Прирачник за оценувачи, Панамериканска здравствена организација (ПАЗО), 2008 г. Индекс за безбедност на болници: Формулари за оценување, Панамериканска здравствена организација (ПАЗО), 2008 г. Фотографија: СЗО/СЕАРО/П. Багла; СЗО/Е. Симон; СЗО/ЕМРО/Ц. Банлута; СЗО/ПАЗО Дизајн на насловна страница: Паприка, Анеси ле Вје, Франција; СЗО/ПАЗО


СОДРЖИНА Благодарност ........................................................................................................................................... 5 Вовед ............................................................................................................................................................. 7 Стремеж, цели и содржини на прирачникот ...................................................................... 11 Концептуални аспекти за намалување на ризик .............................................................. 13 Болници безбедни од катастрофи ............................................................................................. 14 Индекс за безбедност на болници ............................................................................................. 17 Процедури и препораки за проценка на болниците ....................................................... 19 Краток опис на формуларите за проценка ........................................................................... 28 Пресметка на оцените од модулите и индексот за безбедност на болници ..... 33 Презентирање на резултатите од индексот за безбедност на болници ............. 36 Упатства за пополнување на чек-листата ............................................................................. 38 Поимник ................................................................................................................................................ 165 Библиографија ................................................................................................................................... 170 Формулар 1 .......................................................................................................................................... 176 Формулар 2 .......................................................................................................................................... 183


Н

Благодарност 1

асобраното знаење и искуство за безбедни болници, како и примената на методологијата на Индексот за безбедност на болници овозможија да се разгледа и создаде ова второ издание на Прирачникот за оценувачи при Индексот за безбедност на болници. Во текот на изминатите три години, стручните совети на креаторите на политики и експерти во областа на инженерството, архитектурата и ургентната медицина, беа составени, разгледани и вклучени во ова издание на Прирачникот. Глобалните и регионалните работилници и виртуелните консултации овозможија техничките експерти и креаторите на политики да придонесат за ревизија на Индексот за безбедност на болници додека не се постигна консензус за содржините на публикацијата и нејзина дистрибуција. Со примената на Индексот за безбедност на болници ширум светот ќе следат и понатамошни коментари и забелешки и овие искуства ќе ни овозможат да ги подобриме идните изданија. СЗО сака да оддаде признание до сите специјалисти и организации кои го поддржуваа овој процес, особено оние кои имаат практичен удел во развојот и ревизијата на Индексот за безбедност на болници. Посебно признание мора да се оддаде на тимот експерти на ПАЗО/СЗО, вклучувајќи ги и членовите на Советничката група за ублажување на катастрофи (СГУК), за нивните значајни заслуги за создавање на првото издание на Индексот за безбедност на болници, којшто претставува основа на овој ревидиран Индекс за безбедност на болници. Во продолжение е листата на оние кои дале свој придонес: Главни соработници на првото издание на Индексот за безбедност на болници: Карлос Љанез Бурон, од Куба Марчела Камполи, консултант на ПАЗО/СЗО Марија Луиза Ривада Васкез, од Куба Фелипе Круз Вега, од Мексико Гвадалупе Гаона, од Мексико Луис Алфонсо Сервантез, од Мексико. Главни соработници на ревидираното издание на Индексот за безбедност на болници: Небил Анчур, од Велика Британија Фелипе Круз Вега, од Мексико Наталија Гарсија Ромеро, УНОП Тони Гибс, од Барбадос Карлос Љанез Бурон, од Куба Сае Очи, од Јапонија Марија Луиза Ривада Васкез, од Куба Брајан Соренсен, од САД Чиро Угарте, ПАЗО Џонатан Абрахамс, седиште на СЗО


Други членови на СГУК и државни експерти кои учествуваа во развојот на првото издание на Индексот за безбедност на болници: Мигел Круз, Росио Саенз, од Костарика Аугустин Гаљардо, Рубен Борошчек, од Чиле Тони Гибс, од Барбадос Фердинанд Ресио, од Мексико Дејвид Тејлор, советник во ПАЗО Карлос Завала и Алберто Бизбал, од Перу Експерти од Универзитетот Сан Симон, во Кочабамба, Боливија и Градежното училиште, во Манаби, Еквадор. Други членови кои учествуваа во ревизијата на Индексот за безбедност на болници: Џон Або, АДПЦ Али Ардалан, од Иран Карменсита Банатин, од Филипини Роберто Ченг, од Гватемала Ахмед Реза Џалали, од Иран Марва Ел-Занфали, од Велика Британија Алистер Хамфри, од Нов Зеланд Хари Кумар, од Индија Моли Махејни, од САД Гордон Нутал, УНОП Михаил Писла, Молдавија Џенис Роџерс, од САД Иан Роулан, од Велика Британија Нуман Туфекчи, од Турција СЗО координација и придонес: Регионална канцеларија на СЗО за Африка: Калула Каламбај, Лусиен Манга, Таранде Манзила, Нгој Нсенга, Олу Олушајо Регионална канцеларија на СЗО за Америка / Панамериканска здравствена организација: Чиро Угарте, Карлос Роберто Гарсон, Патрисија Гомез, Леонардо Хернандез, Рикардо Перез, Алехандро Сантандер, Дана Ван Алфен, Моника Закарели Даволи Регионална канцеларија на СЗО за Источен Медитеран: Кидсија Худа Регионална канцеларија на СЗО за Европа: Уте Ендерлајн, Крег Хемптон, Рахима Мукаиршоева, Џералд Рокеншауб Регионална канцеларија на СЗО за Југоисточна Азија: Родерико Офрин, Артуро Песиган, Ливиу Ведраско Регионална канцеларија на СЗО за Западен Пацифик: Габит Исмаилов, Невио Загарија Седиште на СЗО: Џонатан Абрахамс, Шерон Акот, Руди Конинкс, Хјо-Јеонг Ким, Жостасио Лапитан, Меги Монтгомери, Сузан Вилбурн, СЗО исто така изразува благодарност и на значајните придонеси на: Патрик Акар, Ештон БарнетВејнс, Моника Беднарек, Кејт Бурнс, Медлин Дафи, Енгџел Душмани, Моа Хергард, Амир Мозенпур, Флора Олкот, Кристофер Плејер, Шухеи Номура, Џенифер Пост, Тило Ратрај, Кристофер Шуерман, Хуго Сајкс, Џули Вајтис. Графичкиот дизајн за двете изданија на Индексот за безбедност на болници го изработија: Розарио Муњоз и Виктор Арискаин.


И

Вовед

ндексот за безбедност на болници зазема централно место во локалните, националните и глобалните напори што се вложуваат за подобрување на работата на болниците при итни случаи и катастрофи. Ова е област што Светската здравствена организација (СЗО) ја

промовира и поддржува повеќе од 25 години. Откако Панамериканската здравствена организација (ПАЗО) и СЗО го објавија првото издание на Индексот за безбедност на болници во 2008 г., министерствата за здравство и другите здравствени субјекти, како и други владини министерства и агенции и јавни и приватни болници во шесте региона на СЗО им се приклучија на колегите од Америка во примената и приспособувањето на Индексот за безбедност на болници. Зголемениот интерес за безбедни болници доведе до барања од страна на државите и другите засегнати страни за ревизија на Индексот за безбедност на болници со цел да го претвори во вистинска глобална алатка за проценка што ќе може да се користи во сите контексти низ целиот свет. Во случај на катастрофи, вонредни состојби и други кризи, заедницата мора да биде спремна да ги заштити животите и здравјето на засегнатото население, особено веднаш по катастрофата. Функционирањето на здравствените услуги во вакви ситуации, без никакви пречки, е од особена важност по животот. Непреченото функционирање на здравствените услуги се потпира на низа клучни фактори, главно: неопходно е здравствените услуги да се сместени во објекти (како болници или други установи) кои би ги издржале природните катастрофи; опремата и мебелот да не се оштетат, инфраструктурата и виталните приклучоци (како вода, струја, итн.) да продолжат да функционираат; и здравствениот персонал да е во можност да пружи медицинска помош кога е најпотребно. Во 2005 г., на Втората светска конференција за намалување на катастрофи во Кобе, Јапонија, 168 земји ја усвоија „Рамката за акција од Хјого“1, и со тоа се согласија дека:

„Ќе ја промовираат целта на „Болници безбедни од катастрофи“ со тоа што ќе се погрижат сите нови болници да се градат според ниво на безбедност кое ќе им овозможи да функционираат за време на катастрофи и ќе спроведат мерки за подобрување и зацврстување на постоечките здравствени установи, особено оние кои нудат примарна здравствена заштита“

1

Рамка за акција од Хјого 2005-2015 г.: Градење на отпорноста на нации и општини при катастрофи. Женева: Меѓународна стратегија на Обединетите нации за намалување на катастрофи, 2007 г. www.unisdr.org/2005/wcdr/intergover/official-doc/L-docs/Hyogo-framework-for-action-english.pdf., ноември 2014 г.


Дефинирањето на поимот „безбедност на болница“ ќе помогне при водење на процесот. Безбедна болница е установа чии услуги се достапни и функционални, со максимални капацитети и во истата инфраструктура, за време на и веднаш по природната катастрофа. Континуираната функционалност на болницата зависи од повеќе фактори, вклучувајќи ја и безбедноста на самата градба, критичните системи и опрема, достапноста на материјали и капацитетите на болницата за справување со итни случаи и катастрофи, посебно за одговор и закрепнување од ризиците што можат да произлезат од истите. Денес, благодарение на соработката и придонесот на државните експерти, развиена е брза и евтина алатка – Индексот за безбедност на болници – со која се оценува веројатноста да болницата или здравствената установа остане оперативна во итни случаи. Оценувањето дава корисни информации за предностите и слабостите на болницата и ќе покаже какви акции ќе треба да се преземат за да се подобри безбедноста на болницата, како и нејзините капацитети за справување со итни случаи и катастрофи. Брзата дијагностичка примена на Индексот за безбедност на болници обезбедува една поинаква слика за болницата: покажува доволно основни функции со што им овозможува на оценувачите да го потврдат или негираат присуството на вистински ризици за безбедноста на болницата, и нивото на подготвеност за да обезбеди здравствени услуги на болницата во случај на итни случаи и катастрофи. Индексот за безбедност на болници исто така ја зема предвид околината на болницата и мрежата на здравствени услуги на кои таа ù припаѓа. Овој „Прирачник за оценувачи на безбедност на болници“ нуди детален опис како да се користи Списокот за безбедност на болници, и како направената проценка да се искористи за да се добие рејтинг на градежната и неградежната безбедност, како и на капацитетот на болницата за справување со итни случаи и катастрофи. Резултатите од оценувањето ù овозможуваат на болницата да го пресмета сопствениот индекс за безбедност. Индексот за безбедност на болниците може да се примени кај индивидуални болници кај повеќе болници во мрежа на јавни или приватни болници, или пак во цела административна или географска област. Во некои држави, како на пример Молдавија, сите државни болници се оценуваат според Индексот за безбедност на болници. Во овој поглед, Индексот за безбедност на болници обезбедува корисен метод на споредба на релативната безбедност на болниците во една држава или регион, покажувајќи на кои болници им се потребни инвестиции или средства за да го подобрат функционирањето на здравствениот систем. Откако проценката е завршена, тимот за проценка ги презентира своите заклучоци пред бордот на


директори и пред персоналот на болницата. Извештаите од индивидуалните болници обично се интегрираат во извештајот за група болници кој го проследуваат креаторите на политики во министерствата за здравство, финансии и другите министерства. Во рамки на достапните ресурси, персоналот на болницата ќе биде задолжен за спроведување на потребните измени со цел подобрување на степенот на безбедност на болницата, особено во поглед на решавањето на неградежните мерки и зајакнувањето на капацитетите за справување со итни случаи и катастрофи. Сепак, за промени од поголем размер, како што се надградба на структурата на болницата со цел да се обезбеди поголема безбедност, можно е да има потреба од значителна инвестиција од надворешни извори (на пример, министерството за здравство, финансии, образование и социјална заштита, или од страна на управните одбори на јавни, приватни или невладини организации).

Ревизија на Индексот за безбедност на болници и овој прирачник за оценувачи Оригиналниот Индекс за безбедност на болници беше создаден од страна на ПАЗО и СЗО во соработка со национални експерти од различни области и беше издаден во 2008 г. Потоа, истиот беше користен за да се процени безбедноста на повеќе од 3.500 установи и беше прифатен и спроведен во многу земји. Сепак, некои земји сметаа дека на првобитниот Индекс му се потребни приспособувања за да може да се примени во нивниот регион. На пример, беа предложени делови за оценување на достапност и обука на здравствените работници и безбедност на здравствените установи, персонал и пациенти. Ова искуство доведе до потреба од ревизија на Индексот со цел истиот да може да се примени за секакви видови опасности и во сите земји. По интензивни дискусии и подолг период на консултации, ревизијата на Индексот за безбедност на болници беше постигната со консензус на многу професионалци од различни области со експертиза и искуство во полето на безбедност на болници, како и во примената на Индексот во земјите низ светот. Ревидираниот Список за безбедност на болници сега бара 151 дел во градежните, неградежните и модулите за управување со итни случаи и катастрофи да биде оценет од страна на обучени и искусни независни експерти. Интегритетот на оригиналниот Список е задржан во ревидираниот. Сепак, направени се промени, како на пример следниве: • Додадени се елементи за да се даде поголем акцент на безбедноста, достапноста на персонал, заштитата од пожар и системите за сузбивање на внатрешни пожари, одржувањето на критичните системи и на системот за координација на управување со итни случаи во болницата. • Елементите се изменети со цел да се опфатат сите видови опасности кои можат да влијаат врз безбедноста на болницата или да доведат до итен случај или катастрофа, за коишто болницата ќе треба да биде подготвена да одговори.


• Некои елементи се преместени помеѓу модулите (на пример, модулот за градежна безбедност е зајакнат со некои елементи од неградежниот модул). • Додаден е дел за заштита на инфраструктурата и пристапот до неа. • На едно место се ставени деталите за материјали и опрема. • Проширени се појаснувањата и препораките за секој елемент. Покрај тоа, обезбедени се дополнителни упатства за тимот за проценка и донесувачите на одлуки да имаат повеќе опции за презентирање на резултатите и пресметката на индексот за безбедност на болницата, со цел да ги изрази различните политички контексти, како и контекстите за ризици и ресурси ширум светот. Важно е да се забележи дека Индексот за безбедност на болници вклучува елемент на субјективност од страна на специјалистите што го користат, со што се зајакнува важноста на упатствата и препораките опфатени во Прирачникот за оценувачи и важноста на обуката на тимот за проценка за користење на Индексот за безбедност на болници пред да се спроведе оценувањето. Бидејќи искуството од примената на оваа верзија на алатката се проширува, веројатно е дека истата ќе треба да биде ревидирана со цел да се постигне постојано подобрување, поширока примена и справување со нови и конкретни предизвици како заканите по безбедноста и климатските промени. Најважно од сè, Индексот за безбедност на болници се покажа како многу важна алатка за подобрување на безбедноста и функционалноста на болниците, така што може да се обезбедат здравствени услуги за спасување на животи и други здравствени услуги во случаи на вонредни состојби и катастрофи. Се очекува Индексот и понатаму да игра клучна улога во полето на безбедноста на болниците на локално и национално ниво, како и преку меѓународната поддршка за безбедни национални болници и идната глобална рамка за намалување на ризиците од катастрофи, којашто се очекува да биде усвоена од страна на земјите-членки на ОН на Третата светска конференција за намалување на ризици од катастрофи во Сендај, во март 2015 г.


Ц

Стремеж, цели и содржини на прирачникот

елта на овој Прирачник за оценувачи е да обезбеди упатства за оценувачите за тоа како да го применат Списокот, како да направат проценка на безбедноста на болницата и да го пресметаат нејзиниот индекс на безбедност. Проценката ќе овозможи утврдување на

способноста на болницата да продолжи да обезбедува услуги по неповолниот природен настан и ќе ги насочи потребните интервенции со цел зголемување на безбедноста на болницата при итни случаи и катастрофи. Во овој документ термините „безбедно“ и „безбедност“ ја покриваат градежната и неградежната безбедност на болницата, како и нејзините капацитети за справување со итни случаи и катастрофи. Индексот за безбедност на болници е алатка којашто се користи за да се испита безбедноста на болницата и нејзините слабости, којашто дава препораки што треба да се преземе и промовира мерки со ниски трошоци/големо влијание за подобрување на безбедноста и зајакнување на подготвеноста на болницата. Резултатите од проценката ќе им помогнат на раководителите на болницата и болничкиот персонал, како и на раководителите од здравствениот систем и донесувачите на одлуки во другите релевантни министерства или организации, при распределба на ограничените ресурси за подобрување на безбедноста на болниците во сложена мрежа на здравствени услуги. Тоа е алатка којашто треба да ги насочи националните власти и меѓународните партнери за соработка во нивното планирање и распределба на ресурси за поддршка на подобрување на безбедноста на болниците и давањето здравствени услуги по катастрофи. Целите на овој Прирачник за оценувачи се: • Да обезбеди објективен и стандардизиран пристап на оценувачите при применување на Списокот за безбедност на болници, со цел да можат да дадат иницијална проценка дали болницата може или не може да функционира непосредно по катастрофата; • Да обезбеди стандардни критериуми за елементите кои ќе бидат оценувани во различни контексти за да воспостави заедничка основа за оценување на безбедноста и потребите на голем број болници; • Да го поедностави заведувањето и класифицирањето на информациите во врска со способностите и слабостите на една здравствена установа, одделно и како дел од мрежа на здравствени услуги, и способноста на заедницата за справување со итни случаи и катастрофи;


• Да препорача активности и мерки за подобрување на безбедноста и подготвеноста на болницата. • Прирачникот за оценувачи исто така нуди упатства за групи на експерти од различни области кои се посветени на намалување на ризикот и на одговор при катастрофи. • Овој Прирачник вклучува делови за методологијата, два формулара, што треба да се пополнат, дел за употреба на Индексот за безбедност и поимник со основна терминологија: • Делот за методологијата му дава на оценувачот преглед на процесот, како и што да земе предвид при користење на списокот. • Формуларот 1 „Општи информации за болницата“ (Додаток 1) се пополнува од страна на болницата што се оценува. • Формуларот 2 „Список за безбедност на болници“ (Додаток 2) се пополнува од страна на тимот за проценка. • Има упатство како да се презентираат наодите од проценката и како да се пресмета Индексот за безбедност на болници. • Поимникот дава стандардизиран вокабулар за сите кои се вклучени во процесот. Иако овој документ беше развиен за здравствени установи, истиот може да се користи како референца за проценување на други јавни услуги и установи кои ги изведуваат соодветните технички приспособувања, земајќи ги предвид државните и меѓународните стандарди.


Концептуални аспекти за намалување на ризик

Р

ечиси сите заедници се изложени на разновидни опасни феномени предизвикани од природата или од човекот. Меѓу овие се вбројуваат урагани, поплави, земјотреси, шумски пожари, суши, вулкански ерупции, хемиски инциденти, терористички напади, насилство

врз здравствени работници, пациенти и установи, како и појава на епидемии. Сите овие опасности го нарушуваат секојдневниот живот на една заедница и имаат голем опсег на човекови и материјални последици. Се уништуваат домови, се изолираат заедници, а основните услуги се оштетени. Луѓето ги губат своите работни места и бизниси; жетвите се уништуваат, а земјоделското производство запира. Луѓето може да исчезнат, да се повредат или загинат, или да доживеат разни други здравствени ефекти, вклучувајќи болести, прекин во лекувањето хронични болести, психосоцијални ефекти и хендикеп. Под ризик од катастрофа се подразбира веројатноста штетите да ја совладаат способноста на засегнатата заедница да одговори. Опасноста, којашто претставува феномен кој има потенцијал да предизвика штета врз составните делови и имотот на заедницата (вклучувајќи го и здравјето на луѓето), дејствува заедно со ранливоста на тие делови. Овој сооднос одредува дали и колку заедницата ќе биде зафатена од влијанието на таа опасност. Ранливоста е израз на изложеноста и чувствителноста на општеството. Главните фактори што влијаат врз ризикот од катастрофи се: човековата ранливост изразена главно преку нивото на сиромаштија и социјална нееднаквост; здравствениот статус на загрозеното население; брзиот пораст на населението, главно кај сиромашните коишто живеат во области со многу природни опасности (на пример, речни корита, речни брегови, стрмни падини); зголемената деградација на животната средина, особено поради несоодветното користење на земјиштето и неговото влијание врз климатските промени; лошото планирање; лошото градење и недостигот од системи за рано предупредување. Заедниците, повеќе или помалку, се отпорни на катастрофите кои се случуваат на нивна локација. Степенот и опасноста на штетата предизвикана од некој опасен настан е обратно пропорционална на степенот на отпорност на една заедница: колку е поголема отпорноста, толку е помала штетата. Најпосле, капацитетот да се одговори одредува дали опасниот настан ќе биде само итен случај или ќе прерасне во катастрофа. Како резултат на тоа, опасностите, итните случаи и катастрофите имаат различно влијание врз луѓето во поглед на нивните здравствени, социјални, економски и климатски услови. Катастрофите


предизвикуваат повеќе штети кај земјите во развој и најсиромашните заедници. Циклоните и ураганите може да погодат две земји или две заедници со истата брзина на ветер и количество на дожд, но степенот на штета по живот, инфраструктура и здравствени услуги ќе биде значително различен поради различните степени на ранливост во двете заедници.

З

Болници безбедни од катастрофи

дравствените установи се клучни за спасувањето животи, во обезбедувањето нега за време на итни случаи и во помагањето при обновување на заедницата. Во голем број земји болниците се последното засолниште за оние што преживеале катастрофи и што

бараат прибежиште и здравствена нега. Болничките системи исто така претставуваат огромна инвестиција – дури и до 70% од буџетот на Министерството за здравство – и претставуваат симбол на општествената благосостојба. Губењето болница може да резултира со загуба на чувство на безбедност, поврзаност и доверба во локалните власти. Сепак, податоците покажуваат дека здравствените установи и здравствените работници се меѓу главните жртви во случај на катастрофи, итни случаи и други кризи. Владините агенции (вклучувајќи ги министерствата за здравство и националните организации за справување со катастрофи), јавните и приватните болници и нивните партнери презедоа акција за да се погрижат да обезбедат безбедност и подготвеност на болниците, за тие да можат да продолжат да обезбедуваат основни услуги за време на итни случаи и катастрофи. Во овој поглед, СЗО веќе 25 години ги промовира програмите за безбедни болници, што резултираше со глобални, регионални и национални политики, технички совети и поддршка на земјите и партнерските организации во шесте региони на СЗО. Седумдесет и седум земји од целиот свет пријавиле до СЗО дека ги спроведуваат активностите за безбедност на болниците. Алатката за пресметување на индексот за безбедност на болници е искористена за проценка на безбедноста и подготвеноста во повеќе од 3.500 здравствени установи и преземени се активности за спроведување на препораките за подобрување на безбедноста и подготвеноста на болниците во случај на катастрофи. Разни организации имаат спроведено голем број програми за обука со цел да ја подобрат подготвеноста на болничкиот персонал за полесно справување во случај на внатрешни и надворешни итни случаи. Во последниве години, посветено е поголемо внимание на безбедноста на здравствените работници и установи и на одржливоста и енергетската ефикасност на т.н. „паметни“


или „зелени“ болници. Голем број болници во регионот се наоѓаат во области кои подлежат на опасност од катастрофи, што може да влијае врз нивната безбедност и функционирање.2 Се проценува дека една болница што не работи остава околу 200.000 луѓе без здравствена заштита. Губењето на услугите за итни случаи за време на катастрофи значително ја намалува можноста за спасување животи и намалува други здравствени последици. Штетите врз инфраструктурата предизвикани од катастрофите ширум светот се проценети на милијарди долари.3 Кога ќе се пресметаат здравствените трошоци за милиони луѓе кои останале без здравствени услуги во подолг период, индиректните загуби се многу поголеми Главна причина за прекин на услугите во болниците по катастрофи е прекин во функционалноста. Само мал дел од болниците не функционираат поради градежните штети. Мерките за спречување на функционален колапс бараат многу помалку инвестиции отколку да се спречи рушење на зграда. Сепак, технологијата, политиката и управувањето на болниците при катастрофи и понатаму претставуваат главен предизвик. Голем број болниците се градат без да се земат предвид природните опасности и кога одржувањето ќе се запостави, системите со тек на време се расипуваат. Сепак, ранливоста на здравствените установи може да се смени преку постојана политичка поддршка, како што е случај со низа проекти. При дизајнирање на нови и безбедни болници или при подобрување на безбедноста на постојните постојат четири безбедносни цели: I.

Да им се овозможи на болниците да продолжат да функционираат и да обезбедуваат соодветна нега и одржливо ниво на здравствена заштита за време на и по итни случаи и катастрофи;

II. III.

Да се заштити животот на пациентите, посетителите и болничкиот персонал, Да се заштити физичкиот интегритет на болничките згради, опремата и критичните болнички системи; и

IV.

Да се изградат болници што ќе бидат безбедни и отпорни на идни опасности, вклучувајќи ги и климатските промени. Стремежот на стратегијата Болници безбедни од катастрофи е да се осигури дека болниците не

2

Во земјите-членки на СЗО во регионот на Америка, 67% од околу 18.000 болници во регионот се наоѓаат во области кои подлежат на опасност од катастрофи. 3 Според еден извештај на Економската комисија на ОН за латинска Америка и Карибите (ЕКЛАК),оштетувањето на здравствената инфраструктура предизвикана од катастрофи во американскиот регион изнесува повеќе од 7,82 милијарди американски долари во периодот 1972-2011г.


само што ќе останат неоштетени за време на катастрофа, туку дека тие ќе функционираат ефективно без никакви прекини. Итните случаи бараат пораст на капацитетите за лекување, а болниците мора да бидат подготвени за оптимална употреба на нивните постоечки ресурси. Болницата исто така мора да располага со обучен персонал кој ќе пружи високо квалитетно и подеднакво лекување за жртвите и преживеаните од итни случаи, катастрофи и други кризи.


Д

Индекс за безбедност на болници

одека програмите за Безбедност на болниците се стремат да ја подобрат безбедноста на болниците и да се погрижат за нивната функционалност за време на итни случаи и катастрофи, Индексот за безбедност на болници е алатка создадена за проценка на

безбедноста на болниците што играат клучна улога во одговорот на итните случаи и катастрофите (универзитетските болници или поголемите здравствени установи). Тие болници исто така го претставуваат и највисокото ниво на нега и здравствена заштита во градовите и регионите на земјата, и честопати претставуваат значајна инвестиција на јавниот, приватниот и невладиниот сектор во здравствената заштита. ПАЗО изработи посебна алатка за проценка на безбедноста кај помалите и средните здравствени установи. Голем предизвик за секоја земја е да има безбедни болници за време на катастрофи. Не само поради големиот број на установи и нивниот голем трошок, туку и поради фактот што нема доволно информации за сегашните нивоа на безбедност на болници. Болниците претставуваат повеќе од 70% од јавните трошоци за здравство во повеќето земји. Поголемиот дел од овие трошоци се наменети за специјализираниот персонал и за софистицираната и скапа опрема. Од особена важност е болниците да продолжат да работат во случај на катастрофа или итен случај, бидејќи тогаш луѓето веднаш одат во најблиската болница барајќи медицинска помош без да размислат дека овие установи може да не работат поради ударот од природниот настан. Затоа е значајно да се одреди нивото на безбедност на една болница и нејзината функционалност во случај да дојде до катастрофа. Како дел од стратегијата за намалување на ризикот во здравствениот сектор, проценувањето на болниците има за цел да ги одреди елементите кои треба да се подобрат во една болница и да се даде приоритет на интервенции во болниците кои поради нивниот вид или локација се од особена важност за намалување на смртноста, морбидитетот, онеспособеноста и други социјални и економски трошоци поврзани со итни случаи и катастрофи. Деталните студии за ранливост вклучуваат детални анализи на опасности, како и ранливост во градежниот, неградежниот и организацискиот дел. Секоја од овие области бара информации од специјалисти кои имаат искуство за намалување на катастрофата. За да се изведат овие студии за ранливост најчесто се потребни неколку месеци и ја чинат болницата десетици илјади долари. Од таа причина, Индексот за безбедност на болници е многу значајна алатка за доближување кон


стремежот болниците да бидат помалку ранливи, но побезбедни и подобро подготвени за итни случаи и катастрофи. Националните експерти го создадоа и ревидираа Индексот за безбедност на болници со цел на здравствените власти и другите засегнати страни да им обезбедат метод за брза и евтина проценка на болниците. За таа цел, од помош е список при оценување на различни варијабли и безбедносни стандарди на една болница. Систем на бодови ја одредува важноста на секоја варијабила којашто, кога ќе биде пресметана, дава нумеричка вредност на веројатноста една болница да опстои и продолжи да функционира за време на итен случај или катастрофа. Индексот за безбедност на болници не само што го одредува оперативниот капацитет на болницата за време на и по катастрофата, туку исто така дава податоци што им помагаат на властите да одредат кои установи најитно имаат потреба од интервенции. Приоритетот може да се даде на установа којашто има ниско ниво на безбедност и што во случај на катастрофа може да ги доведе во опасност лицата што се во неа. Индексот за безбедност не е само алатка за вршење на технички проценки, туку исто така дава пристап за критички пристап на здравствениот сектор кон справување со итните случаи и катастрофите, со посебно внимание на превенција, ублажување и подготвеност за итен одговор и закрепнување. Тука не станува збор за пристап од типот „сè или ништо“, туку за пристап кој дозволува подобрување на една установа со тек на време. Индексот не ја заменува деталната проценка за ранливоста, туку им помага на властите брзо да одредат дали одредени интервенции може да ја подобрат безбедноста и со колкав капацитет болницата треба да одговори на итните случаи и катастрофи. .


Процедури и препораки за проценка на болниците Општа координација Групата одговорна за општата координација (овластеното тело) и преглед на проценката (проценките) на болницата е составена од професионалци на одлучувачко ниво од значајни агенции (на пример, Министерство за Здравство, Агенција за државна безбедност, Национална комисија за справување со катастрофи, мрежа на приватни болници). Овластеното тело треба ги вклучи и организациите и лицата одговорни за стратешко донесување на одлуки, развој на политики, програми и планови, и распределба на средства за безбедност и функционирање на јавното здравство за време на итни случаи и катастрофи. Проценката на болницата исто така може да биде овластена и од страна на повисокото раководство на одредена болница. Овластеното тело ќе го започне процесот на проценка во секоја болница. Таа група е исто така одговорна за одбирање и обучување на оценувачите, формирање на тимовите за проценка и за воспоставување на првиот контакт помеѓу тимот за проценка и претставниците на установата која се проценува. Групата за општа координација ќе ги собере и разгледа резултатите од проценката, ќе ги пресмета оценките за секој модул, како и индексот на безбедност на болницата, и покрај другото, ќе развие бази на податоци и истите ќе ги одржува. Таа има целосна одговорност да ги разгледа препораките на тимот за проценка и да ги изведе договорените активности за подобрување на безбедноста и способноста за справување при катастрофи на болницата. Забелешка: Резултатите од извештајот за проценката се доверливи. Оценувачот не смее во ниту еден случај да разговара со други странки за резултатите од проценката.

Членови и одговорности на тимот за проценка Оценувачите треба да бидат професионалци кои работат во градежништво на здравствени установи, кои даваат здравствени услуги, работат во администрација или во одржување на болниците. Доколку е возможно, оценувачите треба да имаат најмалку 5 години искуство во архитектура, градежништво, критични системи и управување со болници за време на катастрофи. Кога нема луѓе со такво искуство, може да се одберат професионалци со помало искуство или студенти на соодветните области кои се на понапредно ниво. Оценувачите со помало искуство треба да бидат надгледувани од


страна на државни и/или меѓународни експерти од областа. Во секој случај, целта е да се има експертско набљудување при проценување на елементите на болницата. Проценката се изведува од страна на мултидисциплинарен тим, по можност составен од: • инженери со обука за градежно инженерство; • архитекти со обука за дизајнирање на болници; • специјалисти за болнички критични системи, биомедицинско инженерство и опрема, и/или одржување на електрика и механика; • професионалци за здравствена заштита (доктори, медицински сестри, итн.); • специјалисти за справување со итни случаи и катастрофи, вклучувајќи планирање и/или администрација и логистика; и • други (специјалисти за обезбедување, општински инспектори, итн.). Значајно е да се земат предвид потребите на установата и нејзината положба во мрежата на болници при формирање на тимот за проценка. На пример, геотехнички инженери или инженери специјалисти за сеизмичка отпорност треба да бидат дел од тимот кој врши проценка на здравствени установи кои се наоѓаат во сеизмички зони. Големината и бројот на тимови може да се менува во зависност од сложеноста на установата. Тимот треба да бара совети од специјалисти секогаш кога е потребно. Сите професионалци коишто се вклучени во процесот добиваат обука за целите и методологијата за проценка на безбедноста на една болница, за пополнување на Списокот за безбедност на болници, за интерпретација на резултатите и подготовка на завршниот извештај. Сепак, пресметката на индексот на безбедност на болницата не мора секогаш да биде одговорност на тимот за проценка; напротив, пресметките обично се одговорност на овластеното тело.

Организација на тимот за проценка Штом се одбере здравствената установа, се формира и тимот за проценка, земајќи ги предвид одликите на установата и нејзиното опкружување. Секој тим мора да има координатор. Покрај неговата лична идентификација, секој оценувач мора да има идентификација што го акредитира како дел од тимот за проценка – на пример сертификат дека ја завршиле обуката за безбедност на болници, установена од групата за општа координација. Координатор на тимот е назначен од соодветната власт или е одбран од страна на тимот за


проценка. Во најдобри услови, координаторот на тимот ќе има претходно искуство во намалување на ризикот и одговор при катастрофи, како и искуство во оценување на безбедноста на болници при итни случаи и катастрофи, по можност користејќи ја методологијата на алатката за пресметување на Индексот за безбедност на болници. Одговорностите на координаторот на тимот вклучуваат: • да организира интервјуа за проценка со болничкиот персонал со цел да ги финализира подготовките за проценката; • доколку е потребно, да организира транспорт за тимот, сместување, обезбедување и набавка на материјали и потребни алати за проценката; • да обезбеди документација од други установи која е од важност за проценката, да организира интервјуа со персонал од различни оддели од здравствената установа и, доколку е потребно, да организира подгрупи за потребите на проценката; • да обезбеди копии од Списокот за безбедност на болници на членовите на тимот за проценка и потоа да ги собере истите штом се внесат коментарите и препораките; • да го следи процесот додека не се направи формална презентација на проценката на властите на установата; и • да оствари контакт со државните и/или меѓународните експерти доколку тимот побара помош. • Одговорностите на оценувачите вклучуваат: • да направат проценка на безбедноста на болницата во согласност со четирите модули од списокот на Индексот за безбедност на болници; • да соберат и анализираат значајни документи, да соработуваат при пополнување на формуларите; и • да дадат технички придонес при финалните препораки.

Секој оценувач има одговорност да пополни формулар. Во случај кога подгрупа прави проценка, тогаш оценувачите од таа подгрупа ќе го пополнат само делот од формуларот кој соодветствува со нивната задача. Оценувачите се одговорни за собирање на информациите и модифицирање на истите во согласност со резултатите од првите состаноци, веднаш по проценката. Се очекува искрено и етичко однесување од членовите на тимот. Забелешка: Резултатите од извештајот за проценката се доверливи. Оценувачот не смее во ниту еден случај да разговара со други странки за резултатите од проценката. Оценувачите не смеат да го попречуваат секојдневното работење на установата. Тие не смеат да


ракуваат со опрема или да дава совети на персоналот за работи поврзани со оперативноста. Оценувачите треба да преземат заштитни мерки за време на проценката и при потреба треба да носат заштитна опрема. Од оценувачите се очекува да бидат посветени на проценката во потребниот временски период. Во зависност од сложеноста на болницата и искуството на оценувачите, една проценка на терен не треба да трае повеќе од 8 часа, но во случај на високо сложени и големи болници може да бидат потребни и до три дена.

Опрема и материјали Опремата и материјалите наведени подолу ќе бидат потребни за време на проценката: • Прирачник за оценувачите за безбедност на болници (т.е. овој документ); • Мапа на околината на здравствената установа; • Мапа на природни опасности; • План на здравствената установа и дистрибуција на услугите; • Формулари (Формулар 1: Општи информации; Формулар 2: Список за безбедност на болници); • Тетратки, моливи, пенкала; • Двонасочно радио или мобилен телефон; • Адресар со клучниот персонал вклучен во проценката; • Светилки со наполнети батерии; • Статична камера, видеокамера, и касетофон (по избор); • Лесни алати (метро за мерење, длето, итн.) (по избор); • Калкулатор (по избор); и • Други алати што се сметаат за неопходни за техничка проценка. Тимот за проценка со себе треба да носи: • Лична идентификација; • Акредитација на тимот за проценка; • Удобна и соодветна работна облека; • Потребни предмети за заштита (шлем, заштитни очила, итн.).


Улога на Болничката комисија при катастрофи во проценката Членовите на Болничката комисија при катастрофи треба да бидат присутни за време на целиот процес на проценка, како и болничките власти и персоналот кои се вклучени во носењето на одлуки или кои имаат значајни информации во врска со елементите кои се оценуваат. Во однос на проценката, главните одговорности на Болничката комисија при катастрофи се: • да ја обезбедат целата потребна документација за изведување на проценката; • да соработуваат при проверката на структурата со демонстрирање или објаснување на фактичката состојба и да дадат точна дијагноза; • да го поддржат процесот на дијагностицирање со коментари и докази; и • да овозможат учество на главниот болнички персонал преку интервјуа и/или состаноци во врска со проценката. Секој треба да запомни дека целите на процесот на проценка се да се направат сите потребни чекори со цел да се намали ризикот, да се ублажат штетите од катастрофи, да се создаде социјална свесност во врска со превенција од катастрофи и да се зголеми подготвеноста на болницата за одговор при итни случаи и катастрофи. Болничката комисија при катастрофи (позната и како Комисија за справување со ризици) е болнички ентитет одговорен за искажување, насочување, оценување и координирање на болничките активности за периодите пред, за време на и по катастрофата, осигурувајќи го учеството на целиот болнички персонал. Структурата на оваа комисија треба да ја одразува онаа на соодветната установа, но главно треба да биде составено од следново членство: • • • • • • • • • • • • •

директор на болницата; директор на администрација; шеф на итна медицинска помош (координатор); шеф на сестрите; медицински директор; шеф на хирургија; шеф на лабораторија; шеф на одржување; шеф на транспорт; шеф на безбедност; шеф на системот за поддршка. и, за потребите на проценката: претставник од синдикат;


• претставник од заедницата; • друг болнички персонал, според потребите. Главната задача на оваа комисија е да го води развојот и изведбата на политиките, програмите и плановите што вклучуваат управување со ризик, безбедност на болниците и одговор при катастрофи и итни случаи. Меѓу другите одговорности, комисијата ги одредува внатрешните стандарди и функции за одговор при катастрофи на болницата, ја надгледува трајната обука и едукација на персоналот и промовира соработка и интеграција со заедницата на која ù служи. Подзаконските прописи на Болничката комисија при катастрофи треба да бидат официјализирани пред да започне процесот на проценка.

Првична проверка на околината Најпрво, оценувачите вршат прелиминарна проверка на градот или областа каде се наоѓа установата. Ова дава преглед на архитектонските и градежните одлики на градот, видот на штета којашто природните опасности можат да ја предизвикаат и областите кои најверојатно ќе бидат најмногу погодени. Оценувачите ќе се запознаат со основните и споредните патишта што се користат за пристап до болницата. За време на првичната проверка, тимот собира значајна документација од различни извори, вклучувајќи противпожарни услуги, полиција, снабдувачи на вода, струја и телекомуникации и други услуги. Сите овие информации се вклучени во завршниот извештај. Следно се врши проверка на надворешноста на болницата. Ова вклучува пополнување на формуларите кои ги идентификуваат зградата и видот на структурата, квалитетот на конструкцијата, неправилностите и општата состојба, вклучувајќи ги состојбите на фасадата, балконите, рабовите, итн. Се документира и состојбата на соседните конструкции, а оценувачите одредуваат дали надворешните области за евакуација се безбедни. Тимот идентификува неправилности на теренот (на пример, дали има стрмни падини во близина), и какви било големи површини со вода (океани, реки, езера) коишто би можеле да го подигнат нивото на водата во почвата.

Употреба на чек-листата Штом започне процесот на користење на чек-листата, важно е да се земе предвид времето потребно за завршување на проценката, колку засегнатите странки се достапни (тимот за проценка,


членови на Болничката комисија при катастрофи, итн.), како и кои било потреби на болницата (смени, време на лекување, пациенти, итн.). Проценката треба да биде интерактивна и динамична, со податоци од страна на членовите на Болничката комисија при катастрофи, членовите на тимот за проценка и надворешни странки (општински и здравствени власти). Елементите што треба да се оценуваат се групирани во модули. Пресметувањето на индексот за безбедност е различно за секој поединечен модул, во зависност од неговата важност за севкупната безбедност на болницата. Модулите може да се оценуваат поединечно (за да се добие индексот на безбедност на специфичен модул) или заедно (за да се добие вкупниот индекс на безбедност се обединуваат оценките од секој модул и се прави вкупна оценка). (Се мисли на поглавјето бр. 8, Пресметка на оцените од модулите и ресметка на оцените од модулите и; и поглавјето бр. 9, Презентирање на резултатите од индексот за безбедност на болници). Организацијата на проценката мора да ги земе предвид сложеноста, улогата и другите стратешки аспекти на институцијата којашто се оценува и нејзината околина, за да може да се состават „тимови за проценка“, вклучувајќи го бројот на групи и специјализацијата на потребните експерти. Тимот за проценка е поделен на подгрупи, секоја од нив има поединечен фокус како градежна и неградежна безбедност или справување со итни случаи и катастрофи. Составот на подгрупите е одреден според одликите на установата и нејзината околина. Секоја подгрупа треба да брои најмалку два члена, секој со експертиза во одредена област од проценката. Покрај времето потребно да се изврши проценката на установата, треба да се земе предвид и времето потребно за сите организациски состаноци коишто претходат на проценката. Овие состаноци треба да ги вклучат членовите на тимот за проценка, претставниците од овластеното тело одговорно за установата (на пример, Министерството за здравство, орган од приватниот сектор, невладина организација), управата на болницата и членовите на заедницата. Се препорачува фотографирање со цел да се добие што е можно повеќе документација за време на проценката, а со дозвола од администрацијата на установата да се користат камери и диктафони. Сепак, опремата не треба да се користи доколку ги заплашува луѓето што се интервјуираат или доколку го намалува нивото на доверба помеѓу оценувачите и персоналот на установата. Треба да се одговори секое прашање од списокот, освен ако стои забелешка дека може да се остави празно. Избирање на прашања не е дозволено. Доколку постои двоумење за оценувањето на некој елемент, се препорачува да се даде помала наместо повисока оценка за безбедност. Секој елемент којшто ќе биде класифициран со ниско ниво на безбедност ќе има приоритет пред другите. За време на пополнувањето на списокот, оценувачите не треба да внесуваат коментари во врска


со оперативноста на установата, освен ако тоа не е точно назначено во проценката. Субјективното мислење на поедини оценувачи или на групата не се сметаат за дел од проценката. Оценувачите треба да внесуваат забелешки во врска со нивните набљудувања во колоната назначена за коментари во списокот, во редот наменет за одреден елемент. Овие коментари се од помош при составување на извештајот за проценката. Иако не се составен дел од нумеричките пресметки на индексот за безбедност, коментарите се вклучени во препораките за установата кои ги подготвуваат оценувачите. Во делот за коментари, оценувачот може да оправда позитивна или негативна оценка, може да вклучи прашања кои се поставени од установата во врска со некој одговор од списокот, или може да истакне некои итни мерки што треба да се преземат за да се подобри безбедноста на установата. Делот за коментари може да вклучува и општи референции за установата коишто не се вклучени во модулите за проценка или пак такви што може да оправдаат друго мислење. Проценката и коментарите мора да бидат направени на локалниот јазик. Секој превод на материјалот мора да биде верен на оригиналот. Штом проценката е готова, установата има можност да додаде општи коментари во врска со процесот и тимот за проценка. Овие повратни информации се од важност за подобрување на процесот на проценката.

Финализирање на проценката Штом се заврши проценката на терен, тимот за проценка се состанува за да ги сподели, консолидира и дискутира своите наоди. По ова, се организира состанок со сите заинтересирани странки без разлика дали биле директно вклучени во проценката или не. На овој состанок, членовите на подгрупите општо ќе ги набљудуваат собраните податоци. Последователните дискусии и предлози ќе се користат за правење на измени на документите од проценката, или може да се заведат како коментари. Кога има несогласување помеѓу тимот за проценка и Болничката комисија при катастрофи, или администрацијата на болницата, истото треба да се заведе како забелешка во проценката. Поправениот документ е потпишан и заведен со датум од страна на членовите на тимот за проценка, а се доставува копија до директорот на установата. Оригиналниот извештај заедно со каква било дополнителна документација (фотографии, документи, снимки, итн.) се доставува до групата за главна координација. Тие пак се одговорни за архивирање на целата документација, за ажурирање на базата на податоци со табелираните резултати од проценката на болницата и за пресметување на


индексот за безбедност. Групата за општа координација го подготвува завршниот извештај кој вклучува препораки направени од тимот за проценка. Завршниот извештај треба да биде презентиран на завршниот состанок каде се очекува повратна информација од институцијата којашто се проценувала со цел да се направат подобрувања за идните проценки. По изложувањето на извештајот пред установата, ќе се појави следната фаза на задачи и обврски за двете групи. Овластеното тело или групата за општа координација мора редовно да продолжи со проверките на мерките кои биле одредени како неопходни за подобрување на индексот за безбедност на болницата. Болницата која била проценувана мора да ги изведе сите потребни подобрувања во зададениот временски рок. Болницата потоа мора да ја информира групата за општа координација која ќе ги изврши последните проверки, доколку тоа е претходно договорено. Ќе се архивира копија од завршниот извештај од страна на групата за координација, заедно со документацијата значајна за извештајот, во датотека именувана со името на установата којашто понатаму ќе биде поделена според датумите кога се вршеле проценките. Базата со податоци ќе се ажурира и ќе бидат договорени датуми за продолжување на процесот.


Краток опис на формуларите за проценка Формулар 1: „Општи информации за здравствената установа“ Овој формулар вклучува општи информации во врска со здравствената установа која се проценува, болничкото лекување и оперативен капацитет: • Општи информации: име и адреса на установата; податоци за контакт; имиња на повисоки раководители и раководни лица за итни случаи и катастрофи; број на кревети; колку луѓе може да прими болницата; број на персонал; дијаграм на установата и нејзината околина; позиција во мрежата на здравствени услуги од областа; итн. • Болничко лекување и оперативен капацитет: број на кревети според услуги (на пример, лекарски, хируршки, интензивна нега); медицински, хируршки и останат персонал; операциони сали; погони за итни случаи и катастрофи; капацитет за проширување во случај на итни случаи и катастрофи. Овој формулар треба да се пополни од страна на Болничката комисија при катастрофи пред проценката. Доколку е возможно, треба да се вклучат и дијаграм и мапа на болницата, нејзината локална поставеност и дистрибуција на услугите, заедно со легенда којашто ќе ги објаснува истите.

Формулар 2: „Список за безбедност на болници“ Списокот се користи за прелиминарни дијагнози за безбедноста на болницата во случај на катастрофа. Содржи 151 варијабила, од кои секоја има три оценки за безбедност: ниска, средна и висока. Списокот е поделен на четири дела или модули: I. Модул 1: Опасности што влијаат на безбедноста на болницата и улогата на болницата во справувањето со итни случаи и катастрофи II. Модул 2: Градежна безбедност Модул 3: Неградежна безбедност Модул 4: Функционален капацитет


Точки кои треба да се земат во предвид при користење на списокот: • Содржината на списокот и елементите кои се проценуваат се составени за примена во повеќе видови болници. Тоа може да бидат општи, универзитетски, клинички и специјализирани болници. • Модулот 1 се користи за одредување на опасностите што директно можат да влијаат врз безбедноста на болницата и оние за кои болницата може да овозможи здравствени услуги како одговор на итни случаи и катастрофи. Модулот 1 и овие опасности не се вклучени во пресметките на индексот за безбедност. • Тимот за проценка треба да ја процени болницата во однос на варијаблите во модулите 2, 3 и 4, во врска со опасноста утврдена во Модул 1 и максималниот капацитет на болницата за итни случаи и катастрофи утврден во Формулар 1 (Општи податоци за болницата). • Секоја варијабила во Модулите 2, 3 и 4 има различна вредност во однос на другите од истиот модул. Оние со најголема вредност се засенчени или истакнати и имаат поголема вредност од другите. Проценката резултира со оценка за секој модул. • Назначената вредност на секој дел е во согласност со утврдените стандарди (на пример, прирачници на СЗО, регионални или национални стандарди, локални градежни кодови и институционални стандарди и правила. • Критериумите строго се применуваат во критичните области на болницата каде барањата за лекување се најголеми во итни случаи и катастрофи. • Проценката на варијабли се применува најстрого во критичните области на болницата каде што побарувачката за лекување е најголема во итни случаи и катастрофи. • Пресметката на индексот за безбедност кај секоја болница се заснова врз коефициентот на соодветните модули. За пресметка на индексот препорачани се два модела. Со цел да се олесни споредбата помеѓу болниците, од суштинско значење е да се употреби истиот модел кај сите болници опфатени со оценувањето. −

Модел 1: Вредностите за градежните делови претставуваат 50% од севкупната вредност на индексот, неградежните делови претставуваат 30%, а функционалниот капацитет 20%. Овој модел се препорачува за земји или региони каде постои поголем ризик од градежно и неградежно оштетување, како на пример во трусни подрачја и области со силен ветер.

Модел 2: Сите три модули имаат подеднаква вредност, односно секој модул претставува 33,3% од севкупната вредност на индексот за безбедност. Овој модел се препорачува за земји или региони каде што не постои голема опасност од земјотреси и силни ветришта.


• За процесот на проценка да се смета како завршен, треба да бидат анализирани сите делови. Онаму каде што е назначено, може да се остави празно, доколку тој дел не се смета за важен за засегнатата болница. Сепак, секогаш треба да се остави коментар за да се покаже дека делот бил земен предвид. • Списокот содржи упатства за пополнување на секој одделен дел. За секој дел кој се проценува, само една коцка треба да биде обележана со „X“ (ниска, средна или висока).

Четири модули од чек-листата Модул 1: Опасности што влијаат на безбедноста на болницата и улогата на болницата во справувањето со итни случаи и катастрофи Првиот модул овозможува брз опис на надворешните или внатрешните опасности или ризици и на геотехничките одлики на почвите на локацијата на здравствената установа што би можеле да влијаат врз безбедноста или функционалноста на болницата. Овој модул исто така ги идентификува опасностите што би можеле да доведат до итни случаи и катастрофи за кои се очекува болницата да овозможи здравствени услуги при итни интервенции. Овие настани може и да немаат никакво влијание врз безбедноста на болницата, но таа сепак треба да биде подготвена за секој случај.

Модул 2: Градежна безбедност 2.1. Претходни искуства и опасности што влијаат врз градежната безбедност 2.2. Градежен интегритет Проценувањето на градежната безбедност на установата вклучува проценка на видот на структурата, материјалите и претходната изложеност на природни и други опасности. Целта е да се одреди дали градбата ги исполнува стандардите за обезбедување на услуги на населението, дури и во случај на големи катастрофи, или дали може да претрпи удар кој би го загрозил градежниот интегритет и нејзиниот функционален капацитет. Безбедноста во однос на претходни настани вклучува два елемента. Првиот е дали градбата била изложена на природни катастрофи во минатото и нејзината релативна ранливост на природни катастрофи. Вториот елемент е дали установата била погодена и оштетена во минатото и како била санирана штетата. Оценувачите се обидуваат да идентификуваат потенцијални ризици во однос на видот на дизајнот, градбата, градежните материјали, критичните делови на градбата, како и мерки за


намалување на градежни ризици. Градежните системи, квалитетот и квантитетот на градежните материјали ја даваат стабилноста и отпорноста на зградата на природните сили. Од особена важност е да се направат корекции на градбата за да се приспособи на разните опасности кои би можеле да ја погодат болницата, бидејќи едно градежно решение може да важи за една катастрофа, но не и за друга (на пример, може да важи за земјотреси, но не и за урагани или поплави).

Модул 3: Неградежна безбедност 3.1. Архитектонска безбедност 3.2. Инфраструктурна заштита, пристап и физичка безбедност 3.3. Критични системи 3.4. Опрема и материјали Неградежните елементи се од суштинска важност за функционалноста на болницата. Архитектонските елементи се разликуваат од градежните елементи бидејќи не се дел од носечкиот систем на зградата на болницата. Тие исто така вклучуваат и пристап и излез во случај на опасност од и до болницата, критични системи (на пример, електрична енергија, снабденост со вода, справување со отпад, заштита од пожар), медицинска, лабораториска и канцелариска опрема (без разлика дали е статична или подвижна), материјали што се користат за анализа и лекување, итн.

Модул 4: Управување со итни случаи и катастрофи 4.1. Координација при управување со итни случаи и катастрофи 4.2. Болничко управување со итни случаи и катастрофи и планирање за закрепнување 4.3. Комуникација и управување со информации 4.4. Човечки ресурси 4.5. Логистика и финансии 4.6. Грижа за пациенти и услуги за поддршка 4.7. Евакуација, деконтаминација и безбедност Овој модул го зема предвид нивото на организациска, кадровска и основа подготвеност на болницата за обезбедување услуги за пациентите како одговор при итни случаи и катастрофи. Подготвеноста и организираноста на болницата да одговори при итни случаи/катастрофи е од суштинско значење за проценката на капацитетот на болницата да функционира пред и по катастрофата. Со овој модул оценувачите го испитуваат нивото на организација за координација на


болничкиот одговор при итни случаи и катастрофи, достапните планови и капацитети за евакуација и одговор (вклучувајќи и грижа за пациенти, справување во случај на голем број на жртви, тријажа и деконтаминација), човечки, финансиски и логистички ресурси за подготвеност и одговор при катастрофи, комуникација и управување со информации, достапност на персонал и безбедност и сигурност на вработените. Раководителите на болницата треба на оценувачите да им ја обезбедат сета документација што има каква било врска со капацитетите на болницата за справување со итни случаи и катастрофи.


Пресметка на оцените од модулите и индексот за безбедност на болници Калкулатор на модулот и индексот за безбедност Пред да ја пресмета безбедноста на болницата или мрежата болници, групата за општа координација или овластеното тело треба да одреди кој модел ќе се искористи за да се пресмета интексот за безбедност. Истиот модел треба да се користи и за пресметка на индексот за безбедност кај сите болници од регионот или земјата за да се овозможи заеднички стандард за споредување на релативната безбедност на сите болници и потребите за подобрување на безбедноста. Првиот чекор во пресметување на индексот за безбедност на болници за тимот за проценка е да ги изведе проценката и процесот за пополнување на списокот во врска со четирите модули. Треба да се назначи дека степенот на опасност препишан на локацијата на одредена болница, вклучувајќи го степенот на опасност од карактеристиките на почвата, не се вбројуваат при пресметувањето на индексот за безбедност. Вториот чекор на проценката, кој треба да го спроведе овластеното тело или групата за општа координација независно од тимот за проценка, е внесување на резултатите од списокот во калкулаторот на индексот за безбедност, што всушност претставува страница со низа формули кои одредуваат вредности за секоја варијабила. Пресметките се основаат на тоа како оценувачите го оцениле секој одделен елемент, како и соодветната значајност на тој елемент во секој модул и за целосната безбедност на болницата во случај на итни случаи или катастрофи.

Релативна вредност на варијабли, под-модули, оддели и делови Варијаблите или елементите се групирани во под-модули, а група од под-модули сочинува еден модул. Некои под-модули, но не сите, се состојат од повеќе делови. Вредноста на секоја варијабила се множи со нејзината релативна вредност во делот и/или подмодулот. Збирот од вредностите на сите варијабли од еден под-модул дава 100% од тој под-модул. Секој под-модул се пресметува во однос на другите под-модули во истиот модул. Збирот на пресметаните вредности на под-модулите дава 100% од поединечниот модул. Бидејќи е можно да се разделат резултатите за под-модулите и модулите, полесно е да се одредат критичните делови на болницата.


Како што споменавме погоре, постојат два модела за вреднување на модулите за да се пресмета индексот за безбедност на болницата: Модел 1: (каде што има поголем ризик од земјотреси и/или урагани) • градежната безбедност претставува 50% од севкупната вредност на индексот; • неградежниот модел има претставуваат 30%; и • функционалниот капацитет 20%. Модел 2: сите модули имаат еднаква вредност, така што • градежната безбедност претставува 33,3% од севкупната вредност на индексот; • неградежниот модел има претставуваат 33,3%; и • функционалниот капацитет 33,3%. Збирот на пресметаните резултати од трите модули дава оценка за безбедноста на болницата изразена како веројатност (процент) дека установата може да функционира во итни случаи и катастрофи. Со оглед на фактот дека секоја варијабила има три оценки за безбедност (висока, средна и ниска), со цел да се избегне секакво изменување за време на проценката, секоја оценка за безбедност добива една постојана вредност. Индексот за безбедност има максимална вредност од 1 (еден), а минимална од 0 (нула). Треба да се земе во предвид дека и покрај калкулациите и пресметаните вредности, многу е тешко да една болница остане совршено оперативна, затоа и е ретко една болница да добие индекс за безбедност „1“.

Внесување податоци во Калкулаторот на индексот за безбедност При применување на формулите врз податоците од списокот, се даваат пресметани вредности за секој елемент, под-модул и модул. Формулите го пресметуваат севкупниот индекс за безбедност и специфичната вредност за градежните, неградежните и организационите/функционалните модули. Резултатите од списокот се внесени како број „1“ во соодветните ќелии, а страната со пресметки автоматски применува низа формули со цел да се изведат следниве чекори: • автоматски поправа грешки при внесување податоци; • ги обележува прашањата што намерно се оставени празни со приспособување на именителот на пресметката; • назначува пресметани вредности за безбедноста на секоја варијабила, под-модул и модул


(градежен, неградежен и функционален); • ја пресметува релативната безбедност и ја става во графа за секој модул (процент). • ја пресметува релативната безбедност и индексот на специфични модули за секој поединечен модул и ги става во графикон; • автоматски ги класифицира индексите на модулите со „a“, „b“ или „c“ („c“ кореспондира на резултат од 0 до 0,35, „b“ на резултат од 0,36 до 0,65 и „a“ на резултат од 0,66 до 1). (Забелешка: општите препораки во Табела 1 исто така може да се применат); • го пресметува севкупниот индекс за безбедност на болницата и го става во графикон (пресметан врз основа на вредноста на трите модули заедно); • автоматски ја класифицира болницата како „A “, „B“ или „C“ (види Табела 1); и • според класификацијата на болниците за безбедност, дава општи препораки како да се поправат недостатоците.

Табела 1: Општи препораки за интервенирање Индекс за безбедност

0 – 0,35

0,36 – 0,65

0,66 – 1

Класификација

Што треба да се направи?

C

Потребни се итни интервентни мерки. Веројатно е дека болницата нема способност да функционира за време и по итен случај и катастрофа, а моменталните нивоа на безбедност се несоодветни за заштита на животите на пациентите и болничкиот персонал, за време на и по катастрофа.

B

Потребни се интервентни мерки во краток временски рок. Моменталните нивоа на безбедност на болниците се такви што пациентите, болничкиот персонал и нивната способност да функционираат за време на и по катастрофа се под ризик.

A

Има веројатност дека болницата ќе функционира при итни случаи и катастрофи. Сепак се препорачува да се продолжи со мерки за подобрување на капацитетот за одговор при катастрофи и да се продолжи со превентивните мерки во среднорочен и подолгорочен план да се подобри нивото на безбедност во случај на катастрофа.

Оценувачот треба да ги интерпретира резултатите во контекст на другите здравствени установи во мрежата на здравствени услуги од таа област, локацијата на установата и видот на население на кое му служи.


Презентирање на резултатите од индексот за безбедност на болници Кога сите податоци ќе бидат внесени во калкулаторот, достапните резултати ќе вклучуваат: a) индекс за безбедност за специфични модули за секој поединечен модул (помеѓу 0 и 1) со назначена класификација: „a“, „b“ и „c“; b) севкупен индекс за безбедност на болницата (помеѓу 0 и 1) со назначена класификација „A“, „B“ или „C“. Има неколку начини за презентирање на резултатите од проценката во завршниот извештај во зависност од барањата на овластеното тело. Резултатите може да бидат презентирани на следниве начини: a) преку класификацијата на индексот за безбедност на болницата (алфа). A, B или C. Предноста на индексот за безбедност е дека овозможува класификација на болницата што е едноставна и може да ги прикаже вкупните резултати на ниво на група болници. b) преку севкупниот индекс за безбедност на болницата (нумерички): на пример, 0,73, 0,52, 0,27. Предноста на овој начин е што го прикажува севкупниот резултат за болницата и поради тоа може да покаже дали нејзината безбедност се наоѓа некаде во средината или е поблиску до екстремите. c) преку трите букви што одговараат на класификацијата на секој модул (алфа): на пример, bca, cbc, aab. Предноста на овој начин на презентирање е дека може да укаже директно на модулите што имаат повисока или пониска класификација и на нивниот релативен придонес за севкупниот индекс. d) преку комбинација на индексот за безбедност на болницата и соодветните модули: на пример, A (abb), B (bca), C (cbc); или алфанумерички: на пример, 0,73 (abb), 0,52 (bca), 0,27 (cbc). Иако овој начин обезбедува малку посложено презентирање, тој ги комбинира резултатите за индивидуалните модули со севкупната класификација на болницата или нејзиниот пресметан индекс.


Кога се прави проценка на група болници, овластеното тело за проценка може да пројави интерес да ги испита сите болници или преку севкупниот резултат или преку секој модул. Ова може да биде корисно при распределбата и приоритетноста на средствата бидејќи честопати има значителни разлики во трошоците за подобрување на градежната безбедност, неградежната безбедност и функционалната безбедност (управувањето со итни случаи/катастрофи). Бидејќи користењето на индексот за безбедност за да се изврши проценка служи како прелиминарна дијагноза, се препорачува да се направат понасочени и подетални испитувања (на пример, болнички инженеринг) со цел да се добие подобра проценка на безбедноста на болницата и кои ќе може да служат како основа при планирање на поголеми инвестиции.


Упатства за пополнување на чек-листата Пред примената на чек-листата, проверете дали сте ги завршиле претходните чекори објаснети во постапките и препораките за процесот на проценка на здравствената установа. Во овој дел, објаснети се сите 151 варијабли кои треба да се проценуваат и даден е прирачник за тоа како најдобро да се воспостават соодветните оценки на безбедност: Висока (В), Средна (С) или Ниска (Н). Сите варијабли треба да се проценат и оценат, а резултатот од проценката треба да биде заведен во списокот. Степенот на безбедност ќе биде оценет во согласност со установените стандарди за секоја варијабила, како и колективното и поединечното искуство на групата оценувачи. Се препорачува дополнителните информации или коментари на варијабилата којашто се оценува да се внесуваат во колоната за набљудувања. Некои варијабли имаат и забелешка со големи букви што ја означува веројатноста дека можеби оваа варијабила нема да може да се оцени и како резултат на тоа, може да се остави празно без одговор. Сепак, секогаш треба да се остави забелешка зошто полето било оставено празно. Дури и во овие случаи, се препорачува внимателна анализа со цел уште еднаш да се провери дали условот опишан со големи букви е исполнет пред да се остави тој дел празен и да се продолжи со оценување на друга варијабила. Калкулаторот за индексот за безбедност ќе ја приспособи формулата за пресметка така што ќе ги земе предвид и сите празни полиња. По завршувањето на секој модул во списокот, треба да бидат внесени дополнителни коментари или општи препораки, како и имињата и потписот на оценувачите. Калкулаторот на индексот за безбедност има посебна формула за пресметување на варијаблите што не се применуваат во одредена болница. Кога се внесува оценката од списокот, се пресметуваат само варијаблите што биле проценети. Во некои случаи некое прашање може да не одговара за одредена болница бидејќи истото не е важно за градбата и функционалноста на болницата. Само во тие случаи, и во оние каде што е назначено да се остави полето празно затоа што варијабилата не се применува, може да не се одговори даденото прашање. Како што е наведено погоре, варијаблите што се подвлечени во списокот се од посебна важност за проценката и носат поголема вредност во оценувањето на деловите, под-модулите, модулите и севкупната безбедност на болницата.


Модул 1: Опасности што влијаат на безбедноста на болницата и улогата на болницата во справувањето со итни случаи и катастрофи Голем број болници се наоѓаат во области кои подлежат на опасности (на пример, поплавни области, крајбрежни области склони на бури и цунами, или области во близина на сеизмички раседи или опасни објекти) што може да влијае врз градежната и неградежната безбедност на болницата. Улогата на болницата во справувањето со итни случаи и катастрофи може да опфати и повеќе опасности, а не само оние што директно влијаат на нејзината безбедност (на пример, можно е болницата да треба да биде подготвена да прими и лекува пациенти што настрадале во поплава, иако самата болницата не била зафатена или оштетена од самата поплава). Анализата на географската локација на установата овозможува да се оценат опасностите во однос на претходни случаи на катастрофи од регионот, како и видот и местото на почвата на којашто е изградена установата. Треба да бидат земени предвид и внатрешните опасности, како пожар во зградата на болницата, пад на критичниот систем (на пример, електрична енергија, вода) и безбедносни закани што можат да влијаат на безбедноста на зградата, пациентите, посетителите и персоналот, како и на самата функционалност на болницата. Оценувачите треба да го искористат нивното знаење и експертиза за да проценат како опасностите и нивната близина ја прават болницата помалку безбедна и помалку подготвена да одговори за време на итни случаи и катастрофи. Овој модул е поделен на два дела: 1.1.

Опасности (опфаќа природни непогоди, вклучувајќи геолошки, хидрометеоролошки и биолошки непогоди, и опасности предизвикани од страна на човек, вклучувајќи технолошки и социјални закани).

1.2.

Геотехнички одлики на почвата.

Од болничката комисија при итни случаи/катастрофи треба однапред да се побара да обезбеди мапи кои ги посочуваат опасностите што би можеле да имаат влијание врз болницата и видот на опасности со кои се очекува болницата да се справи. Други органи до коишто треба да се пристапи се Министерството за здравство, локалната власт, комисиите за итни случаи и катастрофи, организациите за справување со катастрофи, агенциите за цивилна заштита и метеоролошките и геолошките агенции. Неопходно е овие информации да се анализираат за да се оцени безбедноста на установата во


нејзината средина. Тимот за проценка и болничката комисија ќе ги искористат овие информации за да ги постават контекстот и границите во поглед на сегашните и идните опасности од кои болницата треба да се заштити и видовите на катастрофи на коишто треба да биде подготвена да одговори. Собраните информации ќе му овозможат на тимот за проценка да го утврди следново: • зачестеноста, обемот и интензитетот на опасности од сите извори што можат да предизвикаат штета или да влијаат на безбедноста на болницата; • ризиците од геолошки и хидрометеоролошки настани на кои болницата треба да биде подготвена да одговори; • изложеноста на биолошки опасности и ризиците од биолошка природа, како епидемии и зарази, на кои болницата треба да биде подготвена да одговори; • изложеноста на технолошки опасности (на пример, хемиски и други индустриски катастрофи, поголеми несреќи при транспорт) и ризиците од технолошка природа на кои болницата треба да биде подготвена да одговори; • изложеноста на опасности од социјална природа, како насилство, раселување и масовни собири, и ризиците од таквите случувања на кои болницата треба да биде подготвена да одговори; и • геотехничкиот состав на почвата. Треба да се земат предвид и природните промени на опасностите, вклучувајќи го покачувањето на нивото на водата во морињата и други долгорочни фактори што би можеле да доведат до климатски промени. Овие опасности можат да влијаат на безбедноста на болницата во одреден момент и да остават долготрајни последици. Модулот 1 не подлежи на мерења, ниту пак е дел од пресметките на индексот за безбедност на болници. Сепак, пресметката на секоја варијабила во списокот укажува на опасностите во опкружувањето на болницата или на ризиците на кои болницата треба да биде подготвена да одговори. Оваа информација ќе обезбеди индикација за предвидениот број и вид на пациенти за кои болницата треба да биде подготвена да обезбеди здравствени услуги при итни случаи и катастрофи.


1.1 Опасности Тимот за проценка треба да побара од комисијата за итни случаи/катастрофи да му се обезбедат регионални мапи или мапи на болницата на коишто се прикажани потенцијалните опасности за локацијата на болницата и сливното подрачје на болницата, односно географската област и населението за кои се очекува болницата да обезбеди здравствени услуги при итни случаи и катастрофи. Во зависност од улогата и капацитетот на болницата, сливното подрачје може да биде локално, или може да биде целата држава ако се работи за единствена болница или ако таа е единствената што обезбедува специјализирани услуги. Тимовите за проценка ќе имаат корист од достапноста на мапите на опасности или какви било други информации за опасностите што ќе им овозможат полесно да го оценат нивото на опасноста. Доколку нема такви мапи, оценувачите не треба да го сопрат процесот, туку треба да се потпрат на најдобрите достапни информации за опасностите од изворите што имаат добри познавања и да ги искористат овие информации за да го проценат нивото на опасноста. Изложеноста на болницата се мери (или проценува) со комбинирање на веројатноста за појавата и јачината на одредена опасност. На овој начин, опасностите може да бидат класифицирани како високи (висока веројатност за појава на опасност или пак опасност од висок размер, или двете), средни (висока веројатност за опасност од среден размер) и ниски (ниска веројатност или пак опасност од низок размер). Кога се проценува нивото на опасност, корисно е да се земе предвид историјата на опасности што би можеле да имаат влијание врз болницата. Сепак, оценувачите треба да ја земат предвид потенцијалната закана на сите идентификувани опасности, вклучувајќи ги и оние што досега се немаат случено, но би можеле да се случат во иднина.

1.1.1 Геолошки феномени •

Земјотреси Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност од земјотрес на локацијата на болницата (вклучително и сливното подрачје) во однос на геотехничката анализа на почвата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од земјотреси (врз основа на изложеноста на населението или на специјализираната улога на болницата за лекување на повредените пациенти).


Вулканска активност и ерупции Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на вулканска закана за локацијата на болницата. Треба да се земат предвид близината до вулкани, вулканската активност, течението на лава, пирокластичните текови и пепелта од вулканите. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од вулканска активност и ерупции (врз основа на изложеноста на населението или на специјализираната улога на болницата).

Лизгање на земјиште Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност за болницата во однос на лизгања на земјиштето. Земете предвид дека лизгањето на земјиштето може да биде предизвикано од нестабилни почви. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од лизгање на земјиштето (врз основа на изложеноста на населението).

Цунами Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност по локацијата на болницата од цунами несреќи предизвикани од подводна сеизмичка или вулканска активност. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани цунами (врз основа на изложеноста на населението).

Други геолошки опасности (на пример, одрони на камења, слегнување на земјиштето, смет и излевање на кал) Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности за да го идентификувате другиот геолошки феномен. Наведете ја опасноста и оценете го соодветното ниво за опасност по болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од утврдената геолошка опасност (врз основа на изложеноста на населението).


1.1.2 Хидрометеоролошки опасности 1.1.2.1 Метеоролошки опасности •

Циклони/урагани/тајфуни Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност по болницата од циклони, урагани и тајфуни. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од циклони, урагани и тајфуни (врз основа на изложеноста на населението).

Торнада Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност за локацијата на болницата од торнадо. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од торнада (врз основа на изложеноста на населението).

Локални бури Оценете го нивото на опасност по болницата од поплави и други штети предизвикани од интензивни (или поројни) врнежи од локални бури според историјата за таквите настани. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од локални бури (врз основа на изложеноста на населението).

Други метеоролошки опасности (на пример, песочни бури, силни ветришта) Оценете го нивото на опасност на болницата во однос на поплави и други штети предизвикани од интензивни врнежи од дожд, според историјата за таквите настани. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од други метеоролошки опасности (врз основа на изложеноста на населението).

1.1.2.2 Хидролошки опасности •

Речни поплави Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност за локацијата на болницата (вклучително и сливното подрачје) во поглед на речни поплави (и на други водотеци, како потоци). Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од речни поплави (врз основа на изложеноста на населението).


Поројни поплави Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности, другите информации за опасности, како и историјата на такви појави и оценете го нивото на опасност за локацијата на болницата од поројни поплави. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од поројни поплави (врз основа на изложеноста на населението).

Бури Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности, оценете го нивото на опасност за локацијата на болницата од бури поврзани со ризици од урагани, циклони, тајфуни и други бури. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од бури и поврзани поплави (врз основа на изложеноста на населението).

Лизгање на земјиштето Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност од лизгање на опасност предизвикано од нестабилни почви по локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од лизгање на земјиштето поради нестабилни почви (врз основа на изложеноста на населението).

Други хидролошки опасности (на пример, високи плими, лавини, крајбрежни поплави) Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности за да ја идентификувате опасноста што не е наведена погоре. Назначете ја опасноста и оценете го соодветното ниво на опасност по локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од други хидролошки опасности (врз основа на изложеноста на населението).

1.1.2.3 Климатски непогоди •

Екстремни температури (на пример, топлотни бранови, екстремни зимски услови – зуд) Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност од високи температури или временски услови. Назначете ја опасноста и оценете го соодветното ниво на опасност по локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен


случај или катастрофа предизвикани од екстремни температури (врз основа на изложеноста на населението). •

Пожари (на пример, шумски, полски, пожари во населени места) Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност од пожари по локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од пожари (врз основа на изложеноста на населението или специјализираната улога на болницата за лекување пациенти со изгореници).

Суша Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност од суши по локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од суши (врз основа на изложеноста на населението или специјализираната улога на болницата за лекување пациенти што страдаат од потхранетост).

Други климатски непогоди, вклучувајќи ги и оние што се припишуваат на климатски промени (на пример, покачување на нивото на водата во морињата) Оценете го нивото на опасност по болницата во однос на ризикот од други климатски непогоди врз основа на мапите, историјата за таквите настани и моделирањето на опасноста. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од други климатски непогоди (врз основа на изложеноста на населението).

1.1.3 Биолошки опасности •

Епидемии, пандемии и заразни болести во пораст Врз основа на какви било проценки на ризик, историјата на такви настани во болницата и специфичните патогени оценете го нивото на опасност за болницата во врска со епидемии, пандемии и заразни болести во пораст. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од епидемии, пандемии и заразни болести во пораст (врз основа на изложеноста на населението или специјализираната улога на болницата за лекување пациенти со заразни болести).


Алиментарни епидемии Врз основа на какви било проценки на ризик и историјата на такви настани на локацијата на болницата (вклучително и сливното подрачје) оценете го нивото на опасност за болницата во врска со алиментарни епидемии. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од алиментарни епидемии (врз основа на изложеноста на населението).

Напади на штетници (на пример, наезди) Врз основа на какви било проценки на ризик и историјата на такви настани во болницата оценете ја изложеноста на болницата на опасности од напади или наезди на штетници. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од напади или наезди на штетници (врз основа на изложеноста на населението).

Други биолошки опасности Врз основа на какви било проценки на ризик оценете го нивото на опасност по болницата во врска со други биолошки опасности. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од други биолошки опасности (врз основа на изложеноста на населението или специјализираната улога на болницата за лекување пациенти изложени на биолошки опасности).

ОПАСНОСТИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ЧОВЕЧКИ ФАКТОР 1.1.4 Технолошки опасности •

Индустриски опасности (на пример, хемиски, радиолошки) Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности на индустриските објекти и другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност за локацијата на болницата и потенцијалното загадување на болничките системи. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од индустриски опасности (врз основа на изложеноста на населението и специјализираната улога на болницата за лекување пациенти изложени на индустриска опасност).

Пожари (на пример, во зградата) Консултирајте ги локалните мапи на опасности или другите информации за пожари во болницата, како и надвор од неа и минатите случаи на вакви пожари и оценете го нивото


на опасност на болницата од пожари. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од пожари (врз основа на изложеноста на населението). •

Опасни материи (на пример, хемиски, биолошки, радиолошки) Консултирајте ги локалните мапи на опасности другите информации за опасни материи (инциденти и излевања) во болницата и надвор од неа, и оценете го нивото на опасност за болницата од опасни материи и потенцијалното загадување на нејзините системи. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од опасни материи (врз основа на изложеноста на населението и специјализираната улога на болницата за лекување пациенти изложени на опасни материи).

Прекин на електричната енергија Консултирајте ги минатите инциденти поврзани со прекин на електричната енергија во болницата и оценете ја опасноста од прекин на електрична енергија за болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од прекин на електрична енергија.

Прекин во снабдување со вода Консултирајте ги минатите инциденти поврзани со прекин на во снабдувањето со вода во болницата и оценете ја опасноста од прекин на снабдување со вода за болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од прекин на снабдување со вода.

Инциденти при транспорт (на пример, воздушен, патен, железнички, воден транспорт) Консултирајте ја евиденцијата за минати инциденти при транспорт и одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани инциденти при транспорт (врз основа на изложеноста на населението).

Други технолошки опасности (на пример, загадување на воздухот, колапс на објектот, загадување на водата/храната, нуклеарни) Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности на индустриските објекти и другите информации за опасности, како и минатите инциденти за да идентификувате други технолошки ризици за болницата. Назначете ја опасноста и оценете го соодветното ниво на опасност за локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од други технолошки


опасности (врз основа на изложеноста на населението и специјализираната улога на болницата за лекување пациенти изложени на други технолошки опасности).

1.1.5 Социјални опасности •

Закана за безбедноста на болницата и вработените Консултирајте ги проценките за ризици/закани по безбедноста, како и минатите безбедносни инциденти што имале влијание на болницата и вработените, и оценете го нивото на безбедносна опасност врз болницата и вработените. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани поради закани за безбедноста на зградата на болницата и вработените во неа.

Вооружени конфликти Консултирајте ги проценките за ризици од вооружени конфликти, како и минатите инциденти од таков вид што имале влијание врз болницата, и оценете го нивото на опасност за болницата во однос на вооружени конфликти. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од вооружени конфликти (врз основа на изложеноста на населението).

Граѓански немири (вклучувајќи и демонстрации) Консултирајте ги проценките за ризици од граѓански немири, како и минатите инциденти од таков вид што имале влијание врз болницата, и оценете го нивото на опасност за болницата во однос на демонстрации и граѓански немири. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од демонстрации и граѓански немири (врз основа на изложеноста на населението).

Масовни собири Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од масовни собири (врз основа на изложеноста на населението).

Раселени лица Консултирајте ги проценките за ризици и оценете го нивото на опасност за болницата во однос на луѓе што биле раселени како резултат на конфликт, општествени немири и други социополитички околности или поради високо ниво на имиграција. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани поради раселени лица.


Други социјални опасности (на пример, експлозии, тероризам) Консултирајте ги проценките за ризици, регионалните и другите информации за опасности, како и минатите инциденти за да ги идентификувате другите социјални опасности. Назначето го видот на закана и оценете го соодветното нивото на опасност за локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од други социјални опасности (врз основа на изложеноста на населението или специјализираната улога на болницата за лекување пациенти изложени на социјални опасности).

1.2 Геотехнички одлики на почвите Во оваа точка, целта е да се добие општа идеја за механизмите на почвата и геотехничките параметри на локацијата на болницата, како нивото на стабилност (на пример, дебелината на геолошките наслаги) на типот на почвата. •

Топење Во врска со геотехничките анализи на почвата која се наоѓа околу болницата, оценете го степенот на изложеност на болницата на опасности од нестабилни и растресени почви.

Глинени почви Во однос на мапите за почвите, оценете ја изложеноста на болницата на опасности поврзани со глинени почви.

Нестабилни падини Консултирајте ги геолошките мапи и одредете ја изложеноста на болницата на опасности поврзани со присуството на нестабилни падини.

Оценувачите исто така можат да добијат пристап до геотехнички извештаи и извештаи за почвата што ќе можат да им помогнат при анализата. Доколку нема мапи на почвите, мапи на опасности или геолошки извештаи, оценувачите не треба да го запрат процесот на испитување. Наместо тоа, треба да се потпрат на најдобрите достапни информации за опасностите од потенцијалната закана од топење и заканите од глинена почва и нестабилни падини од изворите што имаат добри познавања и да ги искористат овие информации за да го проценат нивото на опасноста.


Модул 2: Градежна безбедност Овој модул ги опфаќа градежните елементи кои се земени предвид за да се пресмета индексот за безбедност на болницата. Столбови, греди, ѕидови, подни плочи, темели, итн., се градежни елементи кои се дел од носечкиот систем на зградата. Аспектите посочени во овој градежен модул треба да бидат оценети од страна на градежни инженери. Оценувачите треба да ја проценат градежната безбедност на сите објекти на болницата, вклучувајќи ги и домовите на вработените што се наоѓаат на таа локација, и треба да ги комбинираат проценките во една единствена оценка за секоја варијабила за болницата во целина. Оценувачите треба да ги евидентираат сите клучни забелешки што се однесуваат на градежната безбедност на одредени згради. Посебно внимание треба да се посвети на полните згради и оние кои најмногу придонесуваат за акутна нега и услуги за време на итни случаи и катастрофи. Модулот за градежна безбедност е поделен на два под-модула: 2.1. Претходни настани што имале влијание врз безбедноста на болницата 2.2. Градежен интегритет Овој модул ги содржи следниве 18 дела: 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15. 16. 17. 18.

Претходни поголеми градежни штети и колапс на болничката зграда(и) Болници изградени и/или санирани според најновите стандарди за безбедност Влијание од реновирање или модификации на градежниот дел на болницата Градежен системски дизајн Состојба на зградата Состојба на градежните материјали Интеракција помеѓу неградежните делови и самата градежна структура Близина на зградите (при удари од земјотреси) Близина на зградите (ефекти на тунел од ветер и пожари) Градежна редундантност Градежни детали, вклучувајќи и спојки Сооднос на снага на столбови и снага на греди Безбедност на темели Неправилности во градежниот план на зградата (цврстина, маса, отпорност) Неправилности во издигнувањето на зградите Неправилности во височината на катовите Градежен интегритет на покриви Градежна отпорност на други опасности, покрај земјотреси и силни ветрови


Голем број болници се наоѓаат во области кои се изложени на опасности (на пример, поплавни области, крајбрежни области склони на бури и цунами, или области во близина на сеизмички раседи или опасни објекти). Оценувачите треба да го консултираат Модулот 1 за проценка на опасности што влијаат на безбедноста на болницата. Оценувачите треба да го искористат нивното знаење и експертиза за да ги проценат опасностите што можат да претставуваат закана за градежната безбедност на болницата, вклучувајќи го и тоа како близината на одредената опасност ја намалува безбедноста на градежните елементи. При евакуација на зграда, се препорачува оценувачите секогаш да ги консултираат важечките национални и локални стандарди и градежни кодови поврзани со градежна безбедност. Дополнителни забелешки за Модулот 2 се назначени онаму каде што е потребно и истите се наведени на крајот на овој модул. Онаму каде што е потребно, вклучени се и упатства за препорачаните методи за проценка – интервју, набљудување, преглед на документацијата и проверка.

2.1. Претходни настани што имале влијание врз безбедноста на болницата Под-модулот 2.1 содржи 3 дела (1-3)

1. Претходни поголеми градежни штети и колапс на болничката зграда(и) Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација и проверка. Оценувачите треба да одредат дали градежните извештаи посочуваат дека нивото на безбедност било загрозено во минатото од природни, технички или социјални опасности или пак од некакви други фактори. Проценката треба да се заснова на настани со подеднаква тежина на оние за коишто се наменети за заштита најновите стандарди за градежна безбедност.


За да се добијат историски записи за штети на установата, потребно е да се интервјуираат вработените со најдолг стаж во болницата, без разлика на нивната позиција (на пример, да се вклучат персоналот за одржување, персоналот во кујна, администрацијата или персоналот за поддршка),

ДОКОЛКУ ТАКОВ НАСТАН НЕ СЕ СЛУЧИЛ ВО ОКОЛИНАТА НА БОЛНИЦАТА, ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР бидејќи тие може да се навратат на нивните искуства од болницата за време на катастрофи во минатото. Оценувачите треба да поставуваат конкретни прашања за градежните штети што тие можеби ги виделе. Оценувачите исто така треба да побараат да видат извештаи/сметки (на пример, формални/новински/интернет извештаи или фотографии). Одредени извештаи може да се најдат и на Интернет или преку јавните книги (на пример, библиотека). Со помош на собраните докази од персоналот, извештаите, фотографиите и визуелната проверка, оценувачите треба да утврдат дали градежната безбедност била загрозена. (Референца: 2) Оценки за безбедност на дел бр. 1: Ниска = Голема штета и без извршено санирање; Средна = Умерена штета и зградата е делумно санирана; Висока = Мала или никаква штета или зградата е целосно санирана.

2. Болници изградени и/или реновирани според најновите стандарди за безбедност Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување и проверка. Оценувачите треба да направат проценка на првобитната градба и на стандардите за безбедност што биле употребени. Проценката треба да се води според најновите стандарди за градежна безбедност (кои може да се разликуваат од старите стандарди). Како што споменавме порано, деловите кои се истакнати во списокот се од особена важност за проценката, што е случај за ова прашање. Оценувачите треба да бараат докази од договори, или да соберат информации од интервјуирање на, меѓу другите, персоналот за набавка и одржување, а доколку е можно, и со луѓето одговорни за градежната изведба (на пример, градежен инженер, архитект и/или изведувач). Оценувачите треба да одреди дали зградата била реновирана, да го одредат датумот на реновирањата и дали реновирањата се изведувале според соодветните стандарди за безбедност на згради во времето кога било извршено. Оценувачите треба да проверат дали стандардите користени


при реновирањето се разликуваат од најновите стандарди за градежна безбедност според кои се извршува оваа проценка. (Референца: 17) Оценки за безбедност на дел бр. 2: Ниска = Најновите стандарди за безбедност не се применети; Средна = Најновите стандарди за безбедност се делумно применети; Висока = Најновите стандарди за безбедност се целосно применети.

3. Влијание од реновирање или модификации на градежниот дел на болницата Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување и проверка. Оценувачите треба да одредат дали модификациите биле изведени според стандардите за безбедност на згради. Реновирањето и модификациите може да се извршат со градежна контрола – односно со градежна проценка и соодветен дизајн за реновирање или модификации што ќе обезбеди добра структура. Не е во ред една модифицирана градба да се оцени со „ниска“ доколку таа ги исполнува барањата за користење соодветен градежен дизајн. Честопати, болниците „претрпуваат“ модификации кои се потребни за различни оддели и услуги, но овие измени може да се направат без да се обрне внимание на влијанието што ќе го имаат над градежната отпорност на опасности или идни настани, со што се зголемува ранливоста на установата и луѓето во установата. На пример, пополнување на празниот простор помеѓу два столба со ѕидна конструкција ја пренасочува тежината во зградата. Ваква модификација може да предизвика колапс на столбовите. Оценувачите треба да ги испитаат и документираните докази како цртежи и нацрт-планови. (Референци: 12, 13, 14, 15, 24). Оценки за безбедност на дел бр. 3: Ниска = Извршени се големи реновирања или модификации кои би можеле многу да ја загрозат изведбата на градбата; Средна = Извршени се умерени реновирања и/или модификации со помало влијание врз изведбата на градбата; Висока = Извршени се мали реновирања и/или модификации или не се извршени никакви реновирања; или извршените реновирања и/или модификации ја подобруваат градежната безбедност и немаат никакво негативно влијание.


2.2. Градежен интегритет Под-модулот 2.2 содржи 15 дела (4-18)

4. Градежен системски дизајн Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите треба да извршат визуелна проверка, како и да ги испитаат инженерските нацртпланови и градежниот системски дизајн за секакви видови опасности. Земете предвид дека терминот „дизајн“ исто така ја подразбира и примената на дизајнот при изградбата на објектите. Оценувачите треба да го проценат целокупниот квалитет на градежниот системски дизајн на болничките објекти, бидејќи постои огромна разлика во изведбата на зградите поради дизајните и стандардите според кои биле изградени. Посебно внимание треба да се посвети на објектите што се наоѓаат во области склони на земјотреси и предели со силни ветришта. Лошиот градежен дизајн е показател дека штетата на објектот предизвикана од опасностите може да доведе до колапс на зградата. На пример, доколку не постојат докази за зацврстување во бетонската основа и ѕидовите, градежниот системски дизајн треба да биде оценет со „ниска“. Оценка „средна“ добива градежниот системски дизајн што овозможува делумна заштита. Овде исто така не се очекува претрпената штета да предизвика колапс на зградата. Висока оценка би значела дека нема да дојде до колапс на зградата поради претрпените штети. (Референци: 3, 12, 13, 14). Оценки за безбедност на дел бр. 4: Ниска = Лош градежен системски дизајн; Средна = Умерен градежен системски дизајн; Висока = Добар градежен системски дизајн.

5. Состојба на зградата Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите треба да ја прегледаат зградата, и однатре и однадвор, за знаци на распаѓање, како распукан гипс, пукнатини или градежни елементи кои пропаѓаат, и треба да ја одредат причината за истите. При оценување на оштетените градежни делови, оценувачите треба да ја одредат нивната функција во одржувањето градежна стабилност и цврстина. На пример, ризикот од оштетен столб на долниот кат не е ист како при слично оштетен столб од најгорниот кат. (Состојбата на зградата е тесно поврзана со видот на градежните материјали кои се користат за градежните елементи). До пукнатина може да дојде поради различни причини; некои укажуваат на сериозен проблем (дизајн, преголема


тежина), а други не (измена на волумен). Доколку неодамна е извршено бојадисување на ѕидовите во зградата, проверете да не има скриени пукнатини. Исто така многу е важно при спроведување на испитувањето да се интервјуира персоналот за одржување. (Референци: 12, 13, 14, 18, 24). Оценки за безбедност на дел бр. 5: Ниска = Распаѓање предизвикано од временските услови; пукнатини на првиот кат и неправилна висина на зградите; Средна = Распаѓање предизвикано само од временските услови; Висока = Добра; не е најдено распаѓање или пукнатини.

6. Состојба на градежните материјали Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Овој дел е тесно поврзан со делот 5. Кога една конструкција е изградена од армиран бетон, присуството на пукнатини и ‘рѓа може да значи дека се употребени несоодветни количества на материјалите од кои се состои бетонот (цемент, камен, песок и вода). Ова исто така би можело да биде и доказ за продирање на вода во бетонската плоча. Како резултат на тоа, порозноста може да биде голема, а отпорноста на материјалите мала, што ја зголемува ранливоста на овие елементи и ја става зградата во ризик. Во врска со за’рѓаното железо и пукнатините во бетонот, може да бидат присутни една или обете состојби. На пример, бетонските форми може да покажат знаци на ‘рѓа, но пукнатините може, но не мора, да покажат знаци на оксидација. Оценувачите треба да одредат дали елементите кои се во лоша состојба имаат градежна вредност за зградата. Зградите може да имаат вградени мерни инструменти кои оценувачите можат да ги искористат. Оценувачите може да имаат потреба од линијар за да ја измерат големината на пукнатините (доколку постојат). (Референци: 12, 13, 14, 18, 24). Оценки за безбедност на дел бр. 6: Ниска = Присуство на ‘рѓа; пукнатини поголеми од 3 мм (бетон), прекумерни оштетувања (челик и дрво); Средна = Пукнатини од 1 до 3 мм или присуство на ‘рѓа (бетон), умерени и видливи оштетувања (челик и дрво); Висока = Пукнатини помали од 1 мм (бетон), нема видливи оштетувања; нема ‘рѓа.

7. Интеракција помеѓу неградежните делови и самата градежна структура Препорачан метод за проценка: набљудување. Во екстремни услови, неградежните елементи, поради нивната тежина и цврстина, може да влијаат на градежните елементи, ставајќи ја во опасност стабилноста на градбата. Оценувачите мора да одредат дали неградежните елементи се целосно прицврстени за структурата, односно дали има „кратки“ столбови, дали спојките се флексибилни и дали се користени проширени спојки. Еден пример за таква неградежна/градежна интеракција би бил: ако неградежен преграден ѕид падне за време на


земјотрес поради лошо прицврстувања и ѕидот паѓа на столб од скалило, го попречува скалилото и во најлош случај го уништува. (Референци: 12, 13, 15). Оценки за безбедност на дел бр. 7: Ниска = Преградните ѕидови се круто приврзани за градбата, висечките тавани или фасади имаат интеракција со градбата, штетата би можела да има значително влијание врз структурата; Средна = Некои од претходно наведените неградежни елементи има интеракција со градбата, штетата не би влијаела врз структурата; Висока = Нема неградежни елементи што влијаат врз структурата.

ДОКОЛКУ БОЛНИЦАТА НЕ СЕ НАОЃА ВО ОБЛАСТИ СО УМЕРЕНА/ВИСОКА СЕИЗМИЧКА АКТИВНОСТ, ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР 8. Близина на зградите (при удари од земјотреси) Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Во случај на земјотрес, зградите што се премногу блиску една до друга, во зависност од нивната висина и близина, може да се удираат една од друга сè додека едната не се сруши или пак двете. Оценувачите треба да ја прегледаат надворешноста на болницата за да одредат дали може да дојде до такви проблеми. Повеќето градежни кодови во случај на земјотреси земаат предвид минимална раздалеченост од 10 цм, кога пониската од двете соседни згради е висока 10 м, што е 1% од висината на зградата. Оценувачите треба да проверат дали добро се подредени подните плочи. Во згради каде што не се, удирањето на подните плочи во соседните столбови или ѕидовите може да предизвика сериозна штета којашто во тешки случаи може да доведе до колапс на зградата. Оценувачите исто така треба да ја вклучат и проценката на спојките во зградите со повеќе крила или посебни делови наменети да функционираат како засебни градби. (Референци: 12, 13, 15). Оценки за безбедност на дел бр. 8: Ниска = Одвојувањето е помало од 0,5% од висината на пониската од двете соседни згради; Средна = Одвојувањето е помеѓу 0,5% и 1,5% од висината на пониската од двете соседни згради; Висока = Одвојувањето е поголемо од 1,5% од висината на пониската од двете соседни згради.


9. Близина на зградите (ефекти на тунел од ветер и пожари) Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Во случај на силни ветрови и пожари може да дојде до појава на ефекти на тунел од ветер помеѓу блиско поставени згради. Притисокот од ветрот може да се зголеми околу одредени делови од зградата, поставувајќи многу поголема тежина одошто е наменета за неколкукатната зграда. Одвојувањето на зградите исто така може да предизвика ширење на пожари од една во друга зграда. Оценувачите треба да ја прегледаат надворешноста на болницата за да одредат дали може да дојде до такви проблеми. Важно е да се интервјуираат вработените во болницата бидејќи можно е да има забележливо влијание кога одвреме-навреме има појава на силни ветрови. (Референци: 6, 12, 13, 15, 26, 27). Оценки за безбедност на дел бр. 9: Ниска = Одвојувањето е помало од 5 м; Средна = Одвојувањето е помеѓу 5 и 15 м; Висока = Одвојувањето е поголемо од 15 м.

10. Градежна редундантност Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Редундантност е нормален дел од градежните системи и е од особена важност за безбедноста на болниците. Целта на проценката е да се осигури дека болницата е отпорна на земјотреси и силни урагани во двете главни ортогонални насоки од зградата. Оценувачите ќе ги прегледаат градежните планови (односно инженерските нацрти) на зградата и ќе потврдат на терен дали зградата ги исполнува критериуми на дизајнот во двете основни ортогонални насоки. Зграда со помалку од три линии или оски на отпор во која било од главните насоки е ранлива во однос на отпорност и цврстина. Трите линии на отпорност не гарантираат градежна редундантност кај цврсти згради со градежни столбови и/или ѕидови и со добра поврзаност помеѓу столбовите и гредите. Во некои случаи, ќе биде потребно да се процени градежната безбедност на други градби, како на пример рамните плочи со рамни греди и исто така да се одреди нивото на безбедност. Во областите склони на земјотреси не треба да бидат дозволени градежни системи со рамни плочи. Следствено на тоа, таквите системи треба да добијат ниска оценка при вакви околности. (Референци: 12, 13, 15) Оценки за безбедност на дел бр. 10: Ниска = Помалку од три линии на отпорност во секоја насока; Средна = Три линии на отпорност во секоја насока или линии без ортогонална ориентација; Висока = Повеќе од три линии на отпорност во секоја ортогонална насока на зградата.


11. Градежни детали, вклучувајќи и спојки Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Спојките за градежни делови спаѓаат меѓу најкритичните елементи за страничните товари. Овие спојки се користат во структурата на сите згради и се посебно важни за болници во области склони на земјотреси. Без оглед на годината на изградба на зградата, оценувачите треба да ги одредат карактеристиките на спојките и преку теренско набљудување и преку ревизија на градежните планови (односно инженерски нацрти), и треба да развијат јасни критериуми за истите; доколку зградата се наоѓа во области со умерена или висока сеизмичка активност, оценувачите треба да направат детален преглед на спојките; ќе бидат многубројни, нема да се монолитни и тоа најчесто ќе бидат заварени или влажни спојки. Спојките треба да се прегледаат и оценат за присуство на пукнатини или скршеници кои би можеле да ги доведат во опасност и спојките и градбата. Монтажните објекти што се склони на штети при земјотреси треба да добијат ниска оценка за безбедност во областите со умерена и висока сеизмичка активност. (Референци: 12, 13, 14, 15, 18, 24). Оценки за безбедност на дел бр. 11: Ниска = Нема градежна евиденција и податоци или зградата е изградена според застарени стандарди; Средна = Зградата е изградена според претходните стандарди за безбедност и не е осовременета според најновите стандарди; Висока = Зградата е изградена според најновите стандарди.

12. Сооднос на снага на столбови и снага на греди Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Столбовите спаѓаат меѓу најкритичните елементи за стабилноста на градбата. Врз нив паѓа товарот што го распоредуваат гредите, кој потоа го пренесуваат на темелите. Дури и ако гредите се сериозно оштетени, столбовите мора да го поднесат товарот со цел да спречат целосен колапс на зградата. Затоа, столбовите секогаш мора да бидат посилни од гредите. (Референци: 12, 13, 14, 18, 24). Оценки за безбедност на дел бр. 12: Ниска = Силата на гредите е видно поголема од силата на столбовите; Средна = Силата на гредите е слична на силата на столбовите; Висока = Силата на столбовите е поголема од силата на гредите.

13. Безбедност на темели Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Темелите се најтешките градежни делови за проценување, бидејќи ниту се достапни ниту се видливи. Згора на сè, соодветните планови за темелите најчесто не се достапни. Ако зградата е стара,


плановите може и воопшто да не се архивирани во административниот оддел, одделот за одржување или јавните книги. Во некои случаи плановите може да се наоѓаат кај градежната фирма која вршела истражувања со цел да се прошири, реновира или да се извршат поправки на зградата. Значајно е да се направат сите напори за да се дојде до тие планови со цел да се добијат точни критериуми за да се одреди видот на темелите (плитки, длабоки, изолирани, и, доколку е комбиниран, дали темелите се споени или изолирани). Зградите се поранливи на земјотреси во случај да немаат засилени темели поврзани со градбата. При оценување на оваа точка, важно е да се земат предвид информациите во врска со почвите на локацијата од под-модулот „Геолошки опасности“ од Модул 1, за да се одреди поврзаноста помеѓу почвата и градбата. Нивото на вода во земјата и видот на почвата на локацијата на зградата играат клучна улога при одредувањето на ранливоста на зградата на поплави и диференцијалното пропаѓање на темелите, со добро познатите ефекти врз вертикалните градежни елементи. Во области склони на земјотреси може да дојде до топење доколку зградата се наоѓа на натопена и растресита почва, како што е случај со песочни корита, заситени наноси или компактни наноси. Топењето може да предизвика тешки оштетувања на инфраструктурата, па затоа оценувачите треба внимателно да оценат дали се присутни такви услови на локацијата на болницата. Оценки за безбедност на дел бр. 13: Ниска = Нема информации дали темелите биле изградени според стандардите (големина на темели, испитувања на почва) и/или има докази за штета; нема достапни планови; Средна = Мал број информации (нацрти, испитувања на почва); и/или има докази за умерена штета; Висока = Голем број докази дека темелите се изградени според стандардите; и/или нема никакви докази за штета.

14. Неправилности во градежниот план на зградата (цврстина, маса, отпорност) Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Неправилностите во градбите може да се појават во формата, конфигурацијата и торзијата (т.е. растојанието помеѓу центарот на масата и центарот на цврстината). Додека оценувачите ја истражуваат надворешноста и внатрешноста на зградата, тие исто така треба да бараат и неправилности во планот на болницата во однос на цврстината (облик и вид на материјали коишто се користени за отпорни вертикални елементи), како и распределбата на масата (концентрирана и распределена). Оценувачите користејќи дијаграми, треба на самото место да оценат дали има сеизмички спојки кои ја делат градбата на правилни делови или дали има неправилни конфигурации како на пример планови со L форма, T форма, U форма или крстовидна форма, или уште посложени конфигурации.


Оценувачите исто така треба ја да проверат релативната положба на рамките (рамки од греди и столбови), и ѕидните панели бидејќи ова го одредува поместувањето и ротирањето на хоризонталните мембрани (плочи) во поглед на преместување и ротација. Присуството на големи отвори во хоризонталните мембрани поради внатрешни дворови или пристапи до скали и лифтови, ја прават градбата поранлива на странични оптоварувања предизвикани од земјотреси и интензивни урагани. За време на екстремни феномени, како земјотреси или силни ветришта, лошо распределената маса може да предизвика преголема тежина на одреден дел од градбата што може да резултира во колапс на градбата. Оценувачот треба да одреди дали овие услови постојат и дали има градежни елементи кои се дизајнирани за да ги намалат овие ефекти. (Референци: 12, 13, 14, 15, 25). Оценки за безбедност на дел бр. 14: Ниска = Неправилни форми и градбата не е еднообразна; Средна = Неправилни форми, но градбата е еднообразна; Висока = Правилни форми, градбата има еднообразен план и нема елементи кои може да предизвикаат торзија.

Едноставни и сложени форми на план Едноставни Сложени


15. Неправилности во издигнувањето на зградите Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Исто како и во деловите бр. 14 и бр. 16, оценувачите мора да ги земат предвид сите ненадејни промени во конфигурацијата на секој објект. Колку е зградата тесна (односот на висината со ширината) во однос на основните ортогонални насоки, може да даде претстава за способноста на зградата да издржи вибрации предизвикани од странична тежина од земјотреси или ветришта. Покрај неправилностите во издигнувањето на зградите, промените на видот, масата и цврстината на материјалите можат да ја променат отпорноста на товарот што влијае врз зградата. Оценувачите треба да утврдат дали елементите (како столбовите и ѕидовите) се симетрично распоредени во височина, на рабовите, обезбедувајќи ротациска цврстина. Оценувачите треба да ги земат предвид натрупувањето на горните катови на болницата, што се должи на поставување тешки предмети како машини, опрема и резервоари за вода на горните катови. Ова може да ги зголеми силите на инерција и да предизвика прекумерно поместување. (Референци: 12, 13, 14, 15, 25). Оценки за безбедност на дел бр. 15: Ниска = Значителни недоследности или неправилни елементи, значителни варијации во издигнувањето на зградите; Средна = Неколку недоследности или неправилни елементи, делумни варијации во издигнувањето на зградите; Висока = Нема значителни недоследности или неправилни елементи, има многу малку или воопшто нема варијации во издигнувањето на зградите.

Едноставни и сложени форми на издигнување Едноставни Сложени


16. Неправилности во височината на катовите Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Исто како и во деловите бр. 14 и бр. 15, оценувачите мора да ги земат предвид сите ненадејни промени во височината на катовите. Оценувачите треба да ги испитаат разликите во височините помеѓу катовите (најчесто случај во фоајето и долните катови на болниците) што може да предизвикаат поголем притисок при промените во нивото. Таканаречениот „мек кат“, непожелна одлика во сеизмичките зони, може да биде присутен поради значајните промени на цврстината предизвикана од варијации во висината. Оценувачите треба да обрнат внимание на фактот дека пополнетите ѕидови може да изменат столб, кој е наменет за потпора, во „низок“ столб. Ниските столбови се причина за колапс на згради за кои се сметало дека се отпорни на сеизмички сили. (Референци: 12, 13, 14, 15, 25). Оценки за безбедност на дел бр. 16: Ниска = Висината на катовите се разликува за повеќе од 20%; Средна = Катовите имаат слични висини (тие се разликуваат за помалку од 20%, но повеќе од 5%); Висока = Катовите имаат слични висини (се разликуваат за помалку од 5%).

17. Градежен интегритет на покриви Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите треба да направат проценка на наклонот на покривот, издадените делови на покривот и спојките на кровната тераса за отпорност при товар. Целта на овој дел е да се погрижи дека покривот е целосно и безбедно прицврстен, заварен, закован или зацементиран. Во области на силни ветришта, оценувачите треба да обрнат внимание на издадени делови на покривот кои се повисоки од 50 цм. Исто така треба да проверат дали армираниот бетон е добро поставен за да не дојде до проблеми на кровната тераса во случај на силни ветришта. Добрите спојки вклучуваат низа прицврстувачи. Челичните кровни тераси треба да бидат поврзани со шрафови, а не со заварување. Бетонските кровни тераси треба да бидат поврзани со анкерни завртки и шрафови. Кај дрвените кровни тераси спојките и шрафовите треба да бидат поставени во аглите на покривот. (Референци: 3, 12, 13, 14, 15). Оценки за безбедност на дел бр. 17: Ниска = Едноставен или рамен лесен покрив, и/или високи издадени делови на покривот; Средна =Бетонски покрив, двоводен покрив со благ наклон, добра поврзаност, нема поголеми издадени делови; Висока = Армиран бетон на бетонската кровна конструкција или четвороводен лесен покрив, добра поврзаност, нема поголеми издадени делови.


18. Градежна отпорност на други опасности, покрај земјотреси и силни ветрови Препорачан метод за проценка: проверка Овој дел се фокусира на градежна безбедност за разни други опасности, покрај земјотресите и силните ветрови. Можно е болницата да презела мерки и да ја зајакнала безбедноста во однос на одредени опасности, но не на сите феномени што би можеле да влијаат врз нејзината безбедноста, со што таа е ставена под висок ризик. Во однос на опасностите присутни во околината на болницата, потребна е градежна експертиза за да може да се одреди дали зградата како целина го има потребното ниво на градежна безбедност за да може да продолжи да нуди услуги за време на итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да ги консултираат опасностите што би можеле да влијаат на локацијата на болницата (видете Модул 1). Оценувачите треба да ја проценат функционалноста на целиот градежен објект и градежната отпорност на една или повеќе опасности, покрај оние предизвикани од силни ветрови (постојани или периодични) и земјотреси (на пример, други метеоролошки опасности, поплави и други хидролошки опасности, лизгање на земјиштето и други геолошки опасности). Оценувачите треба да го искористат нивното знаење и експертиза за да ги проценат опасностите што можат да претставуваат закана за градежната безбедност на болницата. Оценувачите треба да проценат и како овие опасности и нивната близина до самата болница, ги прават помалку безбедни нејзините градежни елементи. Оценувачите треба да одредат дали болницата е соодветно проектирана, од градежна гледна точка, за да издржи различни видови опасности (на пример, лизгање на земјиштето, одрони на камења, вулкански ерупции, поплави, пожари и експлозии), и дали биле спроведени потребните превентивни и корективни мерки за подобрување на нивото на безбедност. Оценувачите треба да ги идентификуваат сите мерки што биле усвоени за намалување на ризикот на градежната безбедност (на пример, бариери против поплави). Оценувачите треба да го проценат можното однесување на целата зграда во случај на други опасности во нејзината околина. На пример, болницата може да биде изградена на „нестабилна“ стрмнина и во таков случај постои ризик од лизгање на земјиштето или, поради дадените околности, била преземена соодветна заштитна мерка и бил изграден ѕид кој ја стабилизира стрмнината и го штити објектот. Треба да се напомене дека зградата можеби е соодветно проектирана за да биде отпорна на земјотреси и урагани, но сепак може да биде многу ранлива на поплави или вулкански ерупции. Оценки за безбедност на дел бр. 18: Ниска = Мала градежна отпорност на природни опасности присутни на самата локација; Средна = Задоволителна градежна отпорност (земајќи ги предвид


преземените градежни мерки за намалување на ризикот); Висока = Добра градежна отпорност (земајќи ги предвид преземените мерки за намалување на ризикот).

Референци за Модул 2: Градежна безбедност Забелешка: Иако не е специфично наведено тука, се препорачува оценувачите секогаш да ги консултираат важечките национални и локални стандарди и градежни кодови што се однесуваат на Модул 2: Градежна безбедност при оценување на објект. 1. 2. 3.

4. 5. 6. 7. 8. 9.

Código Técnico de la Edificación. Partes I y II. Madrid: Instituto Nacional de la Vivienda de España; 2006. Hospitales Seguros: sistematizacion de experiencias en la Republica Dominicana. Washington DC): Organización Panamericana de la Salud (Pan American Health Organization); 2013. Risk management series. Design guide for improving hospital safety in earthquakes, floods, and high winds. Washington (DC): Federal Emergency Management Agency; 2007 (http://www. fema.gov/media-library-data/20130726-1609-20490-1678/fema577.pdf, accessed 22 August 2014). Reducing the risks of nonstructural earthquake damage − a practical guide. Washington (DC): Federal Emergency Management Agency; 2011. Guidelines for design and construction of hospital and health care facilities. Washington (DC): The American Institute of Architects Press; 1997. NFPA 101: Life safety code. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2006. NFPA 99: Health care facilities code. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2012a. NFPA 5000: Building construction and safety code. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2012b. NFPA 10: Standards for portable fire extinguishers. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2013a.

10. NFPA 13: Standard for the installation of sprinkler systems. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2013b. 11. NFPA 80: Standard for fire doors and other opening protectives. Quincy (MA): National Fire 12. Protection Association; 2013c. 13. 2012 International Building Code. Washington (DC): International Code Council; 2012.


14. Eurocodes: building the future. (The European Commission website on Eurocodes) (http://euro-codes.jrc.ec.europa.eu, accessed 22 August 2014). 15. American Institute of Steel Construction (website) (https://www.aisc.org, accessed 22 August 2014). 16. Minimum design loads for buildings and other structures: ASCE Standard ASCE/SEI 7-10. Reston (VA): American Society of Civil Engineers; 2010. ASME A17.1-2007/CSA B44-07: Safety code for elevators and escalators (ANSI A17: Codigo de Seguridad Standard Nacional Americano para Ascensores y Escaleras Mecanicas). New York (NY): American Society of Mechanical Engineers; 2007. 17. Guidelines for design and construction of hospitals and outpatient facilities. Dallas (TX): Facility Guidelines Institute; 2014. 18. ASTM International − Standards Worldwide. American Society for Testing Materials; 2014. 19. Neufert E. Arte de proyectar en arquitectura (end edition). Barcelona: Galaxia Gutemberg; 2010 20. The interagency emergency health kit 2011: medicines and medical devices for 10 000 people for approximately three months. Geneva: World Health Organization; 2011. 21. Rodgers J, Cedillos V, Kumar H, Tobin LT, Yawitz K. Reducing earthquake risk in hospitals from equipment, contents, architectural elements and building utility systems. New Delhi: GeoHazards International and GeoHazards Society; 2009. 22. Wagenaar C, editor. The architecture of hospitals. Rotterdam: NAi Publishers; 2006. 23. Guidelines for safe disposal of unwanted pharmaceuticals in and after emergencies. Geneva: World Health Organization; 1999. 24. ACI 318. Building code requirements for reinforced concrete. Detroit (MI): American Concrete Institute; 2002. 25. EQ Tips: How architectural features affect buildings during earthquakes? Indian Institute of Technology Kanpur and Building Materials and Technology Promotion Council (website) (http://www.iitk.ac.in/nicee/EQTips/EQTip06.pdf, accessed 22 August 2014). 26. NFPA 220: Standard on types of building construction. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2012. 27. NFPA 221: Standard for high challenge fire walls, fire walls and fire barrier walls. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2012.


Модул 3: Неградежна безбедност Овој модул им овозможува на оценувачите да спроведат проценка на неградежните делови на болниците. Резултатите од таа проценка придонесуваат кон вкупната пресметка на индексот за безбедност на болницата. Постојат четири под-модули: 3.1

Архитектонска безбедност

3.2

Инфраструктурна заштита, пристап и физичка безбедност

3.3

Критични системи

3.4

Опрема и материјали

Неградежните елементи се од суштинска важност за функционалноста на болницата, но се разликуваат од градежните елементи бидејќи не се дел од носечкиот систем на зградата на болницата. Неградежните делови ги вклучуваат архитектонските делови, пристап и излез во случај на опасност од и до болницата, критични системи (на пример, електрична енергија, снабденост со вода, справување со отпад, заштита од пожар), медицинска, лабораториска и канцелариска опрема (без разлика дали е статична или подвижна), материјали што се користат за анализа и лекување, итн. Се препорачува проценката на под-модулот архитектонска безбедност да ја изврши градежен инженер, архитект или квалификувано стручно лице од областа на градежништвото, додека пак другите под-модули може да бидат проценети од страна на лица со експертиза и искуство во болничко и здравствено инженерство, управување со објекти и/или управување со болнички операции. Проценката на неградежните елементи треба да ја земе предвид зголемената потреба од болнички услуги за време на итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да ја проценат неградежната безбедност на сите објекти, вклучувајќи ги и домовите на вработените што се наоѓаат на таа локација, и треба да ги комбинираат проценките во една единствена оценка за секоја варијабила за болницата во целина. Оценувачите треба да ги евидентираат сите клучни забелешки што се однесуваат на неградежната безбедност на одредени згради. Посебно внимание треба да се посвети на полните згради и оние кои најмногу придонесуваат за акутна нега и услуги за време на итни случаи и катастрофи. Проценката треба да биде поригорозна во деловите што се од клучно значење за обезбедување на здравствена нега и услуги за време на итни случаи и катастрофи. Овој модул ги содржи следниве 93 дела: 19. 20. 21.

Поголеми штети и поправки на неградежни елементи Состојба и безбедност на врати, излези и влезови Состојба и безбедност на прозорци и ролетни


22. 23. 24. 25. 26. 27. 28. 29. 30. 31. 32. 33. 34. 35. 36. 37. 38. 39. 40. 41. 42. 43. 44. 45. 46. 47. 48. 49. 50. 51. 52. 53. 54. 55. 56. 57. 58.

Состојба и безбедност на други елементи на други елементи од изолацијата на зградата (надворешни ѕидови, фасади) Состојба и безбедност на покриви Состојба и безбедност на огради и парапети Состојба и безбедност на надворешни ѕидови и фасади Состојба и безбедност на други архитектонски елементи (на пример, корнизи, орнаменти, оџаци, знаци) Безбедносни услови за движење надвор од болничките згради Безбедносни услови за движење внатре во зградата (на пример, ходници, скали) Состојба и безбедност на внатрешни ѕидови и прегради Состојба и безбедност на спуштени тавани Состојба и безбедност на лифтови Состојба и безбедност на скали и рампи Состојба и безбедност на подни покривки Локација на болничките критични системи и опремата за заштита од локални опасности Пристапи до болницата Излези за итни случаи и евакуација Физичка безбедност на згради, опрема, персонал и пациенти Капацитет на алтернативни извори на електрична енергија (на пример генератори) Редовно тестирање на алтернативни извори на електрична енергија во критични делови Состојба и безбедност на алтернативни извори на електрична енергија Состојба и безбедност на електрична опрема, кабли и водови за кабли Редундантни системи за локално снабдување со електрична енергија Состојба и безбедност на контролни плочи, прекинувачи за преоптоварување и кабли Систем за осветлување за критичните делови на болницата Состојба и безбедност на внатрешни и надворешни системи за осветлување Надворешни електрични системи вградени за потребите на болницата Одржување за време на итни случаи и поправка на системите за снабдување со електрична енергија и алтернативните извори Состојба и безбедност на антени Состојба и безбедност на системите со ниска и многу ниска волтажа (Интернет и телефонија) Алтернативни комуникациски системи Состојба и безбедност на телекомуникациска опрема и кабли Влијание на надворешни телекомуникациски системи на болничката комуникација Безбедност на локација за телекомуникациски системи Состојба и безбедност на внатрешни комуникациски системи Одржување за време на итни случаи и поправка на снабдувањето на стандардните и алтернативните комуникациски системи Резерви на вода за потребите на болницата Локација на резервоарите за вода Безбедност на системот за дистрибуција на вода


59. 60. 61. 62. 63. 64. 65. 66. 67. 68. 69. 70. 71. 72. 73. 74. 75. 76. 77. 78. 79. 80. 81. 82. 83. 84. 85. 86. 87. 88. 89. 90. 91. 92. 93. 94. 95. 96.

Алтернативно водоснабдување до главните дистрибутивни мрежи за вода Дополнителен систем за пумпање Одржување и поправка на системите за водоснабдување Состојба и безбедност на противпожарен систем Системи за откривање оган/чад Системи за гаснење пожар (автоматски и рачни) Водоснабдување за гаснење пожар Одржување за време на итни случаи и поправка на противпожарниот систем Безбедност на системот за урбани отпадни води Безбедност од опасни отпадни води и течен отпад Безбедност на системот за неопасен цврст отпад Безбедност на системот за цврст опасен отпад Одржување за време на итни случаи и поправка на болничките системи за управување со отпад Резерви на гориво Состојба и безбедност на надземни резервоари за гориво и/или цилиндри Безбедна локација за складирање на гориво надвор од болничките згради Состојба и безбедност на системите за дистрибуција на гориво (вентили, цевки, спојки) Одржување за време на итни случаи и поправка на резервоарите за гориво Локација на резервоарите за медицински гас Безбедност на резервоарите за медицински гас и/или цилиндрите и опремата Состојба и безбедност на системот за дистрибуција на медицински гас (вентили, цевки и приклучоци Состојба и безбедност на резервоарите за медицински гас и/или соодветната опрема Достапност на алтернативни извори на медицински гасови Одржување за време на итни случаи и поправка на резервоарите за медицински гас Локација на просторијата за опремата за ГВКУ Безбедност на просторијата за опремата за ГВКУ Безбедност и оперативна состојба на опремата за ГВКУ (бојлер, издувен систем, итн.) Соодветна поддршка за водовите и преглед на флексибилноста на водовите и цевките што преминуваат преку зглобовите за проширување Состојба и безбедност на цевки, приклучоци и вентили Состојба и безбедност на клима-уреди Функционирање на системот за климатизација (вклучувајќи ги и просториите со негативен притисок) Одржување за време на итни случаи и поправка на ГВКУ системите Состојба на полици и безбедност на предметите на полиците Безбедност на компјутери и принтери Безбедност на медицинска опрема во операционите сали и собите за закрепнување Состојба и безбедност на опремата за радиологија и снимање Состојба и безбедност на лабораториската опрема и резерви Состојба и безбедност на медицинската опрема во одделот за итна медицинска помош


97. 98. 99. 100. 101. 102. 103. 104. 105. 106. 107. 108. 109. 110. 111.

Состојба и безбедност на медицинската опрема во одделот за интензивна нега или одделот за постинтензивна нега Состојба и безбедност на опремата и мебелот во аптеката Состојба и безбедност на опремата во одделот за стерилизација Состојба и безбедност на медицинската опрема за акушерски итни случаи и постпородилна нега Состојба и безбедност на медицинската опрема и материјалните средства во одделот за итно лекување на изгореници Состојба и безбедност на медицинската опрема за нуклеарна медицина и терапија со радијација Состојба и безбедност на медицинската опрема за други услуги Лекови и резерви Стерилизирани инструменти и други материјали Медицинска опрема наменета за употреба при итни случаи и катастрофи Резерви на медицински гасови Механички вентилатор (волумен) Електромедицинска опрема Опрема за одржување во живот Материјали и опрема за реанимација во случај на кардиопулмонарен напад

Голем број болници се наоѓаат во области кои подлежат на опасности (на пример, поплавни области, крајбрежни области склони на бури и цунами, или области во близина на сеизмички раседи или опасни објекти). Оценувачите треба да го консултираат Модулот 1 за проценка на опасности што влијаат на безбедноста на болницата. Оценувачите треба да го искористат нивното знаење и експертиза за да ги проценат опасностите што можат да претставуваат закана за градежната безбедност на болницата, вклучувајќи го и тоа како близината на одредената опасност ја намалува безбедноста на неградежните елементи. При евакуација на зграда, се препорачува оценувачите секогаш да ги консултираат важечките национални и локални стандарди и градежни кодови поврзани со неградежна безбедност. Дополнителни забелешки за Модулот 3 се назначени онаму каде што е потребно и истите се наведени на крајот на овој модул. Онаму каде што е потребно, вклучени се и упатства за препорачаните методи за проценка – интервју, набљудување, преглед на документацијата и проверка.


3.1 Архитектонска безбедност Под-модулот 3.1 содржи 15 дела (19-33). Архитектонските елементи се од суштинско значење за функционалноста на зградата, но не преставуваат дел од носечкиот систем. Архитектонските елементи се оценуваат за да се одреди нивната ранливост на голем број внатрешни и надворешни опасности. Архитектонската безбедност опфаќа: врати, прозорци, внатрешни и надворешни ѕидови, фасади, покриви, спуштени тавани, подни покривки и лифтови, како и патеките за движење внатре и надвор од објектот, како ходници, скали и рампи. Оценувачите треба да ја проценат состојбата и безбедноста на елементите и да видат дали какво било нивно оштетување би ја попречило ефикасноста во работата на болницата. Овие елементи треба да бидат проценети од страна на градежни инженери, архитекти или квалификувани стручни лица од областа на градежништвото.

19. Поголеми штети и поправки на неградежни елементи Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација и проверка. Оценувачите треба проценат дали неградежните елементи на болницата биле погодени од какви било опасности (природни, биолошки, технолошки, социјални) или други фактори, и дали биле извршени поправки на истите. За да ја испитаат историјата за ваквите штети во болницата, оценувачите треба да побараат поранешни извештаи за степенот на штета на неградежните елементи, како и за нивните поправки. Исто така треба да разговараат со вработените со најдолг стаж во болницата (без разлика на нивната позиција, на пример персоналот за одржување, персоналот во кујна,

ДОКОЛКУ ТАКОВ НАСТАН НЕ СЕ СЛУЧИЛ ВО ОКОЛИНАТА НА БОЛНИЦАТА, ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР администрацијата или персоналот за поддршка). Тие исто така треба да побараат да видат извештаи/сметки (на пример, формални/новински /интернет извештаи или фотографии). Одредени извештаи може да се најдат и на Интернет или преку јавните книги (на пример библиотека). Со помош на собраните докази од персоналот, извештаите, фотографиите и визуелната проверка, оценувачите треба да утврдат дали неградежната безбедност била загрозена. Оценувачите треба да проверат дали


биле извршени поправки на неградежните елементи, датумите на извршените поправки и дали поправките биле спроведени според соодветните стандарди за неградежни елементи во времето на извршувањето на поправките. (Референци: 2, 12, 13, 15). Оценки за безбедност на дел бр. 18: Ниска = Голема штета и не се извршени поправки; Средна = Умерена штета, зградата е само делумно санирана; Висока = Мала или никаква штета, или зградата е целосно санирана.

20. Состојба и безбедност на врати, излези и влезови Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите треба да ја проверат состојбата на вратите и влезовите во болницата и нивната отпорност на ветрови, пожари и сеизмички и други сили. Вратите треба целосно да бидат прикачени за рамките и не треба да има видливи отвори (помеѓу вратата и рамката или помеѓу рамката и ѕидот). Вратите и рамките се добар показател дали се поместиле соседните структури, посебно ако има видливи отвори, ако вратата тешко се отвора или ако има прекумерно абење. Кај автоматски врати, оценувачите треба да проверат дали вратата се отвора безбедно и дали постојат алтернативни начини за нејзино рачно отворање. Околу вратите и влезовите не смее да има пречки и истите треба да бидат доволно широки за да се овозможи брзо движење на пациентите и болничкиот персонал во итни случаи. Оценувачите треба да обрнат особено внимание на вратите и влезовите во критичните делови, како одделот за итна помош, одделот за интензивна нега, операционите сали, итн. (Референци: 2, 8, 11, 17, 18, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 20: Ниска = Вратите, излезите и влезовите се во лоша состојба, подложни се на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; широчината на влезната врата е помала од 115 цм; Средна = Вратите, излезите и влезовите се задоволителна состојба, подложни се на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; или широчината на влезната врата е помала од 115 цм; Висока = Вратите, излезите и влезовите се во добра состојба, нема потенцијал за штети кои би го попречиле функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; широчината на влезната врата е еднаква или поголема од 115 цм.


21. Состојба и безбедност на прозорци и ролетни Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Прозорците, ролетните и рамките треба да бидат отпорни на повеќе природни сили, како ветришта или удари, посебно во критичните делови на болницата (на пример одделот за итна медицинска помош, операционите сали, одделот за интензивна нега, одделот за стерилизација, аптеката, итн.). Оценувачите треба да ги проверат дебелината и видот на стаклото на прозорците, како и поврзаноста на рамката со ѕидот. Во критичните делови се препорачува употреба на прозорци со ламинирано стакло или прозорци од поликарбонат, посебно во болниците со висок ризик од земјотреси, кои честопати предизвикуваат кршење на стаклото поради значителни потреси на зградата. Онаму каде што се користат дрвени прозорци и ролетни, треба да се провери дали има појава на гниење, влага или термити. Ако прозорците не се безбедни, ветерот или дождот може да ја оштетат медицинската опрема, што може да има влијание врз грижата за пациентите и безбедноста на персоналот и пациентите. (Референци: 8, 11, 17, 18, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 21: Ниска = Прозорците и ролетните се во лоша состојба, подложни се на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции (на пример слаб заштитен слој); Средна = Прозорците и ролетните се во задоволителна состојба, подложни се на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Висока = Прозорците и ролетните се во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; во критичните делови е поставено заштитно стаклото (на пример, има стакло од поликарбонат или непробојно стакло).

22. Состојба и безбедност на други елементи од надворешниот дел на зградата (надворешни ѕидови, фасади) Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите треба да ја прегледаат техничката и градежната состојба на надворешните делови на зградата, вклучувајќи ги и надворешните ѕидови и фасадата, кои може да бидат направени од различни материјали, како на пример малтер, стакло, дрво или алуминиум, а понекогаш и комбинација од истите. Треба да се да види дали има пукнатини, нерамнини или разлабавени делови. Во области со сеизмичка активност се препорачува да не се користи фурнир за фасадите, туку истите да


бидат интегрирани во ѕидот. Во области со сеизмичка активност и силни ветришта, овие ѕидови треба да бидат соодветно прикачени за градежните делови за да може да ги издржат сеизмичките активности и силните урагани. Доколку зградата има делови од фиксирано стакло или дрво, оценувачите треба да ги применат истите ограничувања како во случај на ролетните направени од овие материјали. Анализата треба да биде многу поригорозна во критичните делови кои се од клучно значење за обезбедување на здравствена нега и услуги за време на итни случаи и катастрофи. Оценки за безбедност на дел бр. 22: Ниска = Надворешниот дел на зградата е во лоша состојба, подлежи на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Надворешниот дел на зградата е во задоволителна состојба, подлежи на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Висока = Надворешниот дел на зградата е во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

23. Состојба и безбедност на покриви Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите треба да направат темелна проценка на покривот со помош на посета или набљудување. Оценувачот треба да ги провери непропустливоста на покривот, безбедноста и состојбата на опремата што се наоѓаат на покривот и одводот. Протекувањето на системите за вода што се наоѓаат на покривот може да го попречи работењето на болницата или на делови од неа. Локацијата на опремата може да влијае на ранливоста на кровот на различни природни феномени. (Референци: 13, 15, 17, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 23: Ниска = Покривот е во лоша состојба, подлежи на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Покривот е во задоволителна состојба, подлежи на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето на овој и на другите елементи, системи и функции; Висока = Покривот е во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.


24. Состојба и безбедност на огради и парапети Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Овој дел по важност може да се спореди со делот бр. 22 и треба да се користат истите критериуми при оценувањето. Оценувачите треба да ја запомнат важноста на оградите и парапетите за скалите, патеките и ходниците во и надвор од болницата, како и на пристапот до покривот, бидејќи нивниот дефект може да ги загрози луѓето и функцијата на болницата. Оценувачите треба да ја земат предвид важноста на овие елементи во спречување на повреди предизвикани падови на пациентите, персоналот и посетителите. Важно е да се напомене дека за време на земјотрес голема е веројатноста да се срушат неповрзаните парапети и дојде до повреди на луѓе, како и до попречување на пристапот. (Референци: 13, 15, 17, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 24: Ниска = Оградите и парапетите се во лоша состојба, подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Подлежат на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Висока = Нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

25. Состојба и безбедност на надворешни ѕидови и заштитни огради Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка.

Безбедноста на болницата може да биде загрозена поради лоши надворешни ѕидови и заштитни огради што го одредуваат болничкиот имот. Без контрола на периметарот на болницата во случај на катастрофа ќе влезат толку многу луѓе во болницата што ќе се загрози функционалноста на болницата. Оценувачите треба детално да го проверат овој дел при прегледувањето на болничкиот имот и соседните области. Оценувачите можат да добијат подобра прегледност за потенцијалните проблеми ако набљудуваат од повисоко (на пример од горните катови на зградата) или преку разгледување на фотографии сликани од птичја перспектива. (Референци: 13, 15, 17, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 25: Ниска = Надворешните ѕидови и заштитни огради се во лоша состојба, подложни се на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Состојбата е задоволителна, подложни се на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Надворешните ѕидови и заштитни огради се во добра состојба, нема


никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

26. Состојба и безбедност на други архитектонски елементи (корнизи, орнаменти, оџаци, ознаки) Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Истите критериуми истакнати во деловите 22, 23 и 24 може да се употребат при оценувањето на овој дел. Оценувачите треба да извршат проверка и да ги регистрираат архитектонски елементи на болницата што не биле земени предвид во претходните ставки. Посебно внимание треба да се посвети на состојбата на надворешните архитектонски елементи (прицврстувачи и држачи). На пример, оџаците треба да бидат структурно цврсти, отпорни на сеизмички активности и силни ветришта и да ја имаат потребната стабилност во однос на нивната височина, независно дали се дел од зградата или се прицврстени. Тие може да паднат поради сеизмичка активност, што ќе резултира со голема штета, дури и смртни случаи. Не се препорачува поставување на саксии на прозорците на надворешната страна од зградата, бидејќи тие може да паднат, но и да го зголемат сеизмичкиот товар. Оценувачот треба да ја процени безбедноста на поставените знаци внатре и надвор од болницата бидејќи нивен пад би можел да ги повреди пациентите или да ја оштети зградата. Оценки за безбедност на дел бр. 26: Ниска = Постојат други архитектонски елементи што се во лоша состојба, подложни се на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Другите архитектонски елементи се во задоволителна состојба, подложни се на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Другите архитектонски елементи се во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

27. Безбедносни услови за движење надвор од болничките згради Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Движењето надвор од зградата мора да се обезбеди за да пешаците, амбулантните коли и транспортот на набавки имаат брз пристап до болницата во случај на катастрофа. Овој дел, исто така, го надополнува делот 35 за пристапни патишта, кој се фокусира на патиштата надвор од болницата, и делот 36 кој се фокусира на излез за итни случаи и евакуација. Надворешните пречки на влезовите


може значајно да го попречат функционирањето на болницата. Оценувачите треба да проверат дали има дрва, улични светилки, споменици или други архитектонски елементи што би можеле да паднат и да го попречат влезот за пешаци или возила. Треба да се земе прегледа и пристапот за лица со отежнато движење и инвалидски колички. Да се провери и состојбата на пешачките премини во целиот болнички простор со цел да се спречат какви било попречувања во сообраќајот на пешаци и возила. (Референца: 19). Оценки за безбедност на дел бр. 27: Ниска = Оштетувањето на патиштата или пешачките премини ќе го попречи пристапот во болницата или ќе ги загрози пешаците; Средна = Оштетувањето на патиштата или пешачките премини нема да го попречи пристапот за пешаци, но ќе го попречи пристапот за возила; Висока = Нема веројатност, или има мала веројатност за штета која ќе го попречи пристапот за пешаци или возила.

28. Безбедносни услови за движење внатре во зградата (на пример, ходници, скали) Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите мора да проверат дали условите за движење низ болницата се безбедни. Ходниците треба да бидат пространи и без пречки за да се овозможи лесно и непречено движење на персоналот, носилките и медицинската опрема. Треба да се обрне внимание на скалите и излезите бидејќи тие се многу важни во случај на евакуација за време на земјотреси или други итни случаи, и да се обезбедат услови за лицата со нарушена моторика или инвалидски колички. Треба да има соодветни знаци за да се означи движењето на персоналот, пациентите и посетителите. Деловите со забранет влез треба да се под надзор на персоналот за безбедност на болницата. (Референци: 8, 11, 17, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 28: Ниска = Подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи движењето во зградата и ќе ги загрози луѓето во неа; Средна = Оштетувањето на елементите нема да го попречи движењето на луѓе, но ќе го попречи движењето на носилки и опремата на тркалца; Висока = Нема, или има мала веројатност за штета која ќе го попречи движењето на луѓе или опремата на тркалца.

29. Состојба и безбедност на внатрешни ѕидови и прегради Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Внатрешните ѕидови и прегради може да бидат направени од малтер, стакло, дрво, алуминиум, итн. или пак комбинација од истите. Оценувачите треба да ги проверат техничките и градежните делови на овие елементи за да се осигурат дека не се пукнати, деформирани или разлабавени.


Оценувачите треба да ја земат предвид состојбата на материјалите при оценување на болниците, односно внатрешните ѕидови треба да бидат соодветно прикачени за градежните делови за да не се тресат при сеизмичка активност или ветер. Оценувањето на внатрешните ѕидови треба да биде поригорозно кај критичните делови од болницата, како на пример одделот за интензивна нега, за итна помош, операционите сали, лабораториите, итн. (Референци: 1, 8, 11, 17, 18, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 29: Ниска = Внатрешните ѕидови и прегради се во лоша состојба, подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Внатрешните ѕидови и прегради се во задоволителна состојба, подлежат на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Внатрешните ѕидови и прегради се во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

30. Состојба и безбедност на спуштени тавани Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Постојат повеќе видови на спуштени тавани кои се користат во болниците. Оние направени од метал се најтешки и во случај да паднат предизвикуваат најголеми штети. Нивото на издржливост е главна детерминанта при бодовното рангирање за безбедност на болниците. Бидејќи прицврстувачите најчесто не се видливи, оценувачите треба да побараат од соодветниот персонал (на пример

АКО БОЛНИЦАТА НЕМА СПУШТЕНИ ТАВАНИ, ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР персоналот за одржување) да расклопи некои од деловите на таванот за да може да се провери состојбата на таваните и прицврстувачите, како и тежината и стабилноста на таванските плочи. Во области со сеизмичка активност, треба да се користат аголните и вертикалните прицврстувачи за да може се прицврстат таваните и да бидат отпорни на сеизмичка активност. Во области каде што овие делови ќе бидат изложени на силни ветришта, може да паднат, да одлетаат, да се судрат со други предмети и, во најлош случај, да повредат луѓе. Ако паднат, може да ги попречат патеките во болницата и на тој начин да влијаат на функционалниот капацитет на болницата. (Референци: 1, 8, 15, 17, 18, 19).


Оценки за безбедност на дел бр. 30: Ниска = Спуштените тавани се во лоша состојба, подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Спуштените тавани се во задоволителна состојба, подлежат на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Спуштените тавани се во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

31. Состојба и безбедност на лифтови Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Иако лифтовите не треба да се користат за време на катастрофа, тие играат важна улога по настанот. Оценувачите треба да проверат дали лифтовите (вклучувајќи ги сите видови лифтови)

АКО НЕМА ЛИФТ ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР функционираат правилно и дали можат да го издржат товарот. Оценувачите треба да земат предвид дека тие се главно средство за транспорт за многу пациенти, за старите лица и лицата со посебни потреби. Кога повеќе од еден лифт не работи, особено во повеќекатниците, функционалниот капацитет на установата е сериозно загрозен. Визуелната проценка на лифтовите и каблите (кои можат да се заплеткаат во вонредни состојби) може да биде надополнување на информациите добиени од записите за одржување и сервисирање на лифтовите. (Референци: 15, 16, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 31: Ниска = Лифтот е во лоша состојба, подлежи на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Лифтот во задоволителна состојба, подлежи на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Лифтот е во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.


32. Состојба и безбедност на скали и рампи Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка

АКО НЕМА СКАЛИ И РАМПИ ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР Треба да се обрне посебно внимание на безбедноста на скалите, бидејќи тие играат важна улога за време на евакуација, на пример при земјотреси или протекување на отровен гас. Оценувачите треба да проверат дали на скалите има пречки или предмети кои може да паднат и да ги попречат. Скалите треба да имаат гелендери за да може безбедно да се користат со најголем капацитет, земајќи предвид дека пациентите ќе бидат поранливи од обичните корисници. Оценувачите треба да увидат дали има оштетување на скалите и рампите и дали постои можност да биде загрозено или попречено движењето на патниците во болницата, посебно во деловите каде што има најголема концентрација на луѓе и нивна употреба. (Референци: 16, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 32: Ниска = Во лоша состојба, подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = задоволителна состојба; подлежат на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

33. Состојба и безбедност на подни покривки Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка Подовите може да бидат направени од различни материјали, како на пример терацо, керамички или глинени плочки, линолеум, дрво, итн. Може да се залепени со лепило, да се поставени на мембрана (на пример ламиниран под) или да се спуштени. Оценувачите треба да проверат дали подот е водоотпорен, дали се лизга и дали има пукнатини или разлабавени делови, посебно во критични области и области со голема фреквенција. Не смее да има нерамнини или вдлабнатини на кои луѓето може да паднат или количките и опремата да се превртат. Во делови каде што има многу цевки, кабли и спуштени подови, оценувачите треба да проверат дали подот е добро прицврстен и отпорен на странични сеизмички товари. (Референци: 17, 18, 19).


Оценки за безбедност на дел бр. 33: Ниска = Подните покривки се во лоша состојба, подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Во задоволителна состојба, подлежат на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

3.2 Инфраструктурна заштита, пристап и физичка безбедност Под-модулот 3.2 содржи 4 дела (34-37). Овој под-модул се однесува на проценка на растојанието меѓу болницата и можните локални опасности и како акциониот план на болницата ќе одговори при заштита на критичните системи во случај на опасност. Болниците треба да имаат добра патна и пешачка инфраструктура со што не би се попречило функционирањето на болницата за време на итни случаи и катастрофи.

34. Локација на болничките критични системи и опремата за заштита од локални опасности Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување и проверка. Кај многу објекти доаѓа до колапс на критичните системи (на пример, итна медицинска помош) и опрема (на пример, евиденција на пациентите или на електрична енергија), од кои зависат здравствените услуги, поради поставување на овие системи и опрема на локации подложни на локални опасности. На пример, болници во коишто евиденцијата на пациентите и генераторот за електрична енергија (за итни случаи и катастрофи) се чуваат во приземјето се изложени на ризик од поплави, што би довело до уништување на евиденцијата и потопување на генераторите, а тоа ќе влијае на редовното функционирање на болницата и во итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да ја проценат безбедноста на локацијата наменета за критичните системи и опремата и да проверат дали се преземени мерки за заштита на критичните материјали како што се лековите, евиденцијата на пациентите, генераторот за електрична енергија, итн. Безбедноста и локацијата на некои критични системи и резерви (потрошен материјал) во однос на локалните опасности се опфатени во други делови на овој модул. Оценки за безбедност на дел бр. 34: Ниска = Не се преземени мерки за заштита, подлежат на штети; оштетување или прекин на критичните системи и оперативноста на болниците за време на итни случаи и катастрофи; Средна = Преземени се делумни мерки за заштита на критичните


системи од локалните опасности, подлежат на штети или доаѓа до прекин на дел од критичните системи и оперативноста на болницата во итни случаи или катастрофи; Висока = Преземени се повеќе мерки за заштита на критичните системи, голема е веројатноста дека критичните системи и оперативноста на болницата ќе функционираат, или можен е ограничен прекин.

35. Пристапи до болницата Препорачани методи за оценување: интервју, набљудување, преглед на документација (вклучувајќи мапи) и проверка. Пристапот е од особена важност за правилното функционирање на болницата. Акцентот во овој дел е на пристапните правци надвор од основата на болницата. Оценувачите треба да имаат детален преглед на сите пристапи до болницата. Од помош се плановите на кои се означени микро и макро локациите на болницата. Оценувачите треба да ја одредат ефективноста на системите за заштита и безбедност на болницата во однос на пристапите за луѓе и возила. Пристапот за лица со хендикеп исто така треба да се разгледа. Интервјуа со вработените во болницата, пациентите и, доколку е можно, луѓето кои живеат во близина на болницата, може да дадат информации во врска со видот на пристапите до болницата и периодите од денот кога има најголема гужва. Оценувачите треба да видат дали има воден пат (поток, река) и одводи, во каква состојба се истите и да одреди дали во случај на бура одредени пристапи би се поплавиле и би станале недостапни. Оценувачите треба исто така да обрнат внимание на дрвата и структурите лоцирани по должина на пристапите кои би го попречиле сообраќајот доколку паднат при сеизмичка активност или урагани. Треба да се одредат алтернативни рути за пристап во случај главните да се попречени. Треба да се одреди дали овие алтернативни рути се влезени во плановите на болницата за подготвеност и намалување на катастрофите. (Референци: 1, 8, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 35: Ниска = Пристапите подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Подлежат на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.


36. Излези за итни случаи и евакуација Препорачан метод за оценување: набљудување и проверка. Оценувачите треба да проверат дали излезот на болницата и правците за евакуација се јасно означени и не се попречени од други предмети со што би се овозможат брза евакуација. Оценувачите треба да потврдат дека правците за евакуација се означени од двете страни, од надворешната и од внатрешната страна на болницата. Тие треба да ги проверат вратите за итни случаи, да не бидат затворени од внатрешната страна со што би се попречил излез во случај на опасност. Ако болницата користи автоматски врати, треба да се провери дали постои можност за мануелно отворање на вратите или пак постојат алтернативни излезни места. (Референци: 1, 8, 11, 17, 19). Оценки за безбедност на делот бр. 36: Ниска = Излезите и правците за евакуација не се јасно означени и повеќето се блокирани; Средна = Некој излез и правци за евакуација се означени и повеќето не се блокирани; Висока = Сите излези и правци за евакуација се јасно означени и слободни (не се попречени).

37. Физичка безбедност на згради, опрема, персонал и пациенти Препорачани методи за оценување: интервју, набљудување, преглед на документација и проверка. Оценувачите треба да проверат дали се преземени физички безбедносни мерки за да се: • оневозможи неовластено влегување • оневозможи насилство или киднапирање (посебно од одделот за новороденчиња и деца) • спречи оштетување (вандализам) • обезбеди опремата и материјалите од кражба. Физичкото обезбедување е особено важно за да се пренесе чувство на сигурност кај пациентите и заедницата. Главните делови што треба да се обезбедат се: • безбедносната ограда • шалтерскиот службеник (благајник – касиер) • датотеката на податоци на пациентите и персоналот • болничката аптека • психијатриско одделение • одделението за новороденчиња • магацинскиот простор. Мерките за безбедност вклучуваат и: • план и распоред за физичко обезбедување (на пример ѕид, ограда, итн.) • контрола при влез (на пример безбедносни картички)


• брави и аларми • систем за видео обезбедување (CCTV и CCDV) • средство за следење и контрола • знаци за идентификација. Сите од горенаведените треба да бидат поддржани од страна на болничките политики, процедури, свеста на вработените и обуката. (Референци: 1, 8, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 37: Ниска = Не се преземени мерки за физичка безбедност; Средна = Обезбедени се одредени делови (на пример магацините за материјали и опрема со систем за видео обезбедување и следење); Висока = Преземени се пошироки мерки за безбедност (на пример систем на контрола за пристап и безбедносни врати, план и распоред за физичко обезбедување).

3.3 Критични системи Под-модулот 3.3 е поделен во 8 подгрупи од 3.3.1 до 3.3.8 и содржи 53 дела (38-90). 3.3.1 Електрични системи 3.3.2 Телекомуникациски системи 3.3.3 Систем за водоснабдување 3.3.4 Систем за заштита од пожар 3.3.5 Системи за отпад 3.3.6 Системи за складирање гориво (гас, бензин и дизел гориво) 3.3.7 Системи за медицински гасови 3.3.8 Системи за греење, вентилација и клима уреди (ГВКУ). Овој под-модул се фокусира на безбедноста, капацитетот, оперативното управување, превентивното одржување и обновување на критичните системи за функционирање на болницата. Критичните системи вклучуваат електрични инсталации, телекомуникации, водоснабдување, противпожарна заштита, управување со отпад, гориво за складирање, медицински гасови и системи за греење, вентилација и климатизација (ГВУК) системи. Колапс или прекин на критичните системи може да го запре или да го попречи функционирањето на болниците. Колапсот обично не ја става структурната стабилност на зградата во ризик, но може да ги доведе во опасност луѓето, како и сè останато во рамките на болничката зграда. Оценувачите треба да ги утврдат состојбата, сигурноста и стабилноста на критичните системи (вклучувајќи ги и опремата, врските и мрежите) и да утврдат дали опремата во рамките на системите може да функционира за време на и по катастрофа (на пример, дали има резервоари за вода, системи за заштита, итн.). Оценувачите треба да обрнат посебно внимание на системите во критичните области на болницата каде што има најголема побарувачка на


здравствена заштита во итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да потврдат дека постојат планови за работа и одржување на системите во итни случаи и катастрофи, вклучувајќи и подготовки на персоналот. Персоналот што е одговорен за критичните системи, исто така, треба да биде обучен за итен одговор и реакција, и треба да биде способен да комуницира ефикасно во итни случаи. Голем број ставки за општо одржување се наменети за мерење на нивото на достапноста и пристапноста на документи и нивото на обука на персонал, кои се од суштинско значење кога е потребно да се реагира при вонредна состојба. За одржување, болницата треба да ја следи законската рамка, воспоставена во секоја држава од страна на Министерството за здравство или други надлежни органи. Во принцип, одржувањето вклучува планирање, програмирање и спроведување на активности за одржување, во временска рамка во согласност со техничките барања (во согласност со техничките документи). Процедурите за одржување, исто така, вклучуваат надзор и потврда дека активностите се во согласност со планот и се соодветни за типот на системот, инфраструктурата и околината. Активностите за одржување може да бидат потврдени и проверени со комбинација на визуелен преглед и испитување на доказите за преземените активности за одржување со датуми, локација, број на инвентар, фреквенција на одржување, името на одговорното лице, итн. Општо правило е дека трошоците за активности за одржување не треба да бидат помали од 5% од вкупниот буџет.

3.3.1 Електрични системи Подгрупата 3.3.1 содржи 10 дела (38-47).

38. Капацитет на алтернативни извори на електрична енергија (генератори) Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување, преглед на документација (вклучително и извештаи) и проверка. Овој дел се однесува на капацитетот на алтернативните извори и времето потребно за нивно активирање во критичните делови на болницата во итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да утврдат дали генераторот почнува да работи во првите неколку секунди откако ќе снема струја во болницата, покривајќи ги потребите за струја на целата болница. Доколку не може да покрие 100% од побарувачката за целата болница, треба да ја покрие побарувачката за итната медицинска помош, одделот за интензивна нега, одделот за стерилизација и операционите сали, односни деловите од болницата кои се најкритични при одржување на услугите. Делот бр. 39 ги опфаќа редовните тестови на алтернативните извори на електрична енергија. Непрекинатото напојување (UPS) и резервната батерија можат да бидат привремена мерка пред да почне да работи генераторот. Оценувачите треба


да проверат дали операторите на електричните централи имаат обука за итни случаи. Треба да се провери и работниот простор за да се види дали постојат џебни батерии и основна опрема за комуникација. Во областите подложни на сеизмички потреси, важно е да се биде сигурен дека батериите на генераторот потребни за негово стартување нема да паднат или да се оштетат. Во случај батериите да паднат и се оштетат, моќноста на алтернативните извори на енергија може да биде ниска. Оценувачите исто така треба да проверат дали генераторот и помошните единици се изложени на ризик од оштетување од вода во делови подложни на поплави. За да не преставуваат опасност батериите треба да се складираат на следниот начин: • Магацините треба да се вентилираат одделно • Батериите треба да се уредно пломбирани. За понатамошни безбедносни мерки на други видови батерии (на пример, незапечатени батерии) погледнете во делот бр. 53. (Референци: 2, 17). Оценки за безбедност на дел бр. 38: Ниска = Нема алтернативен извор на енергија, или истиот може да се вклучи само рачно, или пак покрива помалку од 30% од побарувачката; Средна = Алтернативниот извор на енергија се вклучува автоматски за повеќе од 10 секунди или покрива 31%-70% од побарувачката; Висока = Алтернативниот извор на енергија се вклучува автоматски за помалку од 10 секунди и покрива 71%-100% од побарувачката.

39. Редовно тестирање на алтернативни извори на енергија во критични делови Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување, преглед на документација (вклучително и извештаи) и проверка. Оценувачите треба да одредат колку често треба да се вршат тестови за работата на генераторот. Со ова се предвидуваат потенцијални дефекти во системот, а се добиваат и мерки кои треба да се преземат во случај на таков дефект. Оценувачот може исто така да одреди како проблемите во врска со функционирањето на генераторот и неговите поправки да се пренесат до одделот одговорен за одржување. Оценки за безбедност на дел бр. 39: Ниска = Да се тестира на секои три месеци или повеќе; Средна = Да се тестира еднаш на период од 1 до 3 месеци; Висока = Да се тестира најмалку еднаш месечно.


40. Состојба и безбедност на алтернативни извори на електрична енергија Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација и проверка. Оценувачите ќе одредат дали генераторот може да се користи и во надворешни услови и врз основа на тоа ќе се одреди и неговата локација. За надворешните генератори, оценувачите ќе ја проверат рамката и каков било вид на заштитна обвивка. Во зависност од локацијата, треба да се одреди можноста за штети од поплавување. Исто така треба да се оцени ранливоста на силни ветришта и близината на соседните градби кои може да паднат и да предизвикаат штета поради ветер или пак сеизмичка активност. Треба да се провери одводот кој се наоѓа кај генераторот (како се управува со истечните води доколку опремата е надвор, а доколку се постави внатре дали има подни одводи или отвори). Визуелната проверка треба да се надополни со податоците од записниците за одржувањето и извештаи од поранешни проверки. Во болниците изградени во области подложни на силни ветришта и сеизмички потреси, оценувачите треба да се погрижат дека генераторот е добро прицврстен, без можност да падне или да се помести. Ова вклучува проверка на прицврстувачите на подот или пак на катот, како и на состојбата и видот на спојките (да се провери за корозија или распаѓање). Доколку се користат федери за да се избегне бучава и вибрирање, тие треба да се добро прицврстени, бидејќи истите ги засилуваат сеизмичките бранови. Приклучоците за гориво и електричните кабли мора да бидат флексибилни за да не се скршат во случај генераторот да се помести или падне. Колку пониско се поставени овие тешки делови од опремата, толку е помала шансата тие да се превртат. Треба да има лесен и безбеден пристап до опремата. Треба да се земе предвид и дека е можно вратите или другите излези да бидат блокирани од кабли и цевки за гориво доколку опремата се помести или падне. Оценувачите треба да ги проверат резервите со гориво, дали истите се достапни и дали дополнителните резервоари се секогаш полни и поставени на место каде горивото ќе стигне до генераторот по пат на гравитација, а не да зависи од пумпање на горивото во случај на катастрофа. Оценувачите ќе ја проверат физичката состојба на резервоарите со гориво, електричните и цревни поврзувања. Треба исто така да се проверат акумулаторите и замените на акумулаторите за стартување за да бидат сигурни дека тие не може да се оштетат. Проверете и дали има заштита од електрично празнење предизвикано од атмосферските промени, итн. (Референци: 2, 7, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 40: Ниска = Нема алтернативни извори, генераторите се во лоша состојба, нема заштитни мерки; Средна = Генераторите се во задоволителна состојба,


делумно се преземени мерки за заштита на генераторите; Висока = Генераторите се во добра состојба, безбедни се и во одлична работна состојба.

41. Состојба и безбедност на електрична опрема, кабли и водови за кабли Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Треба да се провери состојбата на сите електрични мрежи во болницата. Тие треба целосно да бидат прицврстени и заштитени од ветришта или поплави и треба да бидат канализирани низ држачи за електрични кабли или цевки кои заштитуваат од превиткување, кршење или распаѓање. Кога каблите поминуваат преку кровови со одводни цевки, треба да се постават над нивото на водата. Кога зградата има подрум или други делови подложни на поплави, оценувачите ќе ги проверат локациите на приклучоците и ќе одредат дали има потреба истите да се кренат повисоко. Во деловите склони на сеизмички потреси, кога електричните кабли минуваат од зграда на зграда или преку проширени делови на иста зграда, тие делови треба да бидат доволно флексибилни за да ги издржат релативните движења предизвикани од потресот. Разделувањето на електричните мрежи од другите системи што може да ги оштетат, како што се водоводниот систем или одводот, е од особена важност. Доколку се поставени блиску до заштитните системи за атмосферско електрично празнење, треба да се постави метална заштита. Оценувачите треба да ја проверат положбата на надворешните струјни линии во однос на одликите на локацијата на болницата. На локацијата на болницата не треба да има електрични полови, но доколку ги има оценувачите треба да се уверат дека трансформаторите се добро прицврстени. Треба да се земе во предвид можноста да половите паднат поради топење на почвата или пак ветер. Може да се скршат гранки од дрво и да го попречат работењето на каблите со струја кои се наоѓаат над земја; исто така, корењата на дрвјата може да го попречат работењето на закопаните кабли. (Референци: 2,17,19). Оценки за безбедност на дел бр. 41: Ниска = Електричната опрема, каблите и водовите за кабли се во лоша состојба и не се преземени заштитни мерки; Средна = Делумно преземени мерки за заштита на електричната опрема, каблите и водовите за кабли; Висока = Електричната опрема, каблите и водовите за кабли се во добра состојба, безбедни се и во одлична работна состојба.


42. Дополнителни системи за локално снабдување со електрична енергија Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Дефект на локалното снабдување со струја може да предизвика „домино“ ефект во здравствената установа, односно може да дојде до последователни прекинувања. Оценувачите треба да потврдат дали има обезбедена континуираност во снабдувањето со електрична енергија, без да се земе предвид болничкиот генератор за итни случаи. Треба да има повеќе од еден влез за локалното снабдување со електрична енергија во установата, кое треба да биде приклучено на друга трафо- станица, се разбира лоцирано на друго место и независно од внатрешниот систем за итни случаи. Оценки за безбедност на дел бр. 42: Ниска = Постои еден влез за снабдување со електрична енергија; Средна = Постојат два влеза за снабдување со електрична енергија; Висока = Постојат повеќе од два влеза за снабдување со електрична енергија.

43. Состојба и заштита на контролната плоча, осигурувачите за преоптовареност и каблите Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите ќе го проверат пристапот, како и состојбата и функционирањето на главната разводна табла и на контролните плочи распоредени низ установата. Треба да се провери локацијата со цел да се осигури дека пристапот не може да биде блокиран, дека вратите и прозорците се слободни за пристап и дека има доволен одвод за да се избегне поплавување од ненадејно надоаѓање на вода. Мора да се провери изведбата на разводната табла, вклучувајќи го капацитетот на прекинувачот/осигурувачот, поврзаноста со системот и прицврстувачите, приклучоците употребени за сите пултови и соодветната опрема. Тоа треба да се направи преку комбинација на преглед на записите од одржувањето и визуелна проверка. Пултовите треба да бидат обележани за да означуваат кои контролни и заштитни уреди го опслужуваат секое струјно коло во различни области. Оценувачите исто така треба да проверат и дали контролните плочи се заштитени од ризици од пожар, преоптоварување и механички штети (на пример, прекини на струјното коло, преоптоварување на струјното коло, тест за оптовареност и автоматско префрлање на генератори). Мора да бидат испитани и поврзувањата со резервниот систем за итни случаи, како што е осветлувањето за итни случаи и внатрешниот алармен систем. Доколку овие поврзувања се наоѓаат во близина на генераторот за итни случаи, сите кабли треба да бидат соодветно спроведени и во добра состојба и лесно препознатливи. (Референци: 2, 7, 19).


Оценки за безбедност на дел бр. 43: Ниска = Контролната плоча и другите елементи се во лоша состојба и не се преземени никакви заштитни мерки; Средна = Контролната плоча и другите елементи се во задоволителна состојба и преземени се делумни мерки за заштита; Висока = Контролната плоча и другите елементи се во добра состојба, безбедни и во одлична работна состојба.

44. Систем за осветлување на критичните делови од болницата Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да го проверат осветлувањето во критичните делови од болницата, вклучувајќи ги и одделот за итни случаи, одделот за интензивна нега, операционите сали, лабораториите, итн. Ќе го оценат нивото на осветлување во собите, функционирањето на инсталациите за осветлување и ќе ја одредат безбедноста на нивните држачи или прицврстувачи. Некои светла се спуштаат од таванот, други се прикачени за него. Кога станува збор за осветлувањето кое се користи при операции или породувања, упатствата на произведувачите најчесто посочуваат дека е најдобро тие да бидат прицврстени за гредите. Оценувачите треба да се уверат дека инсталациите за осветлување не се прикачени на спуштени тавани, посебно на места каде што постои поголема опасност од сеизмичка активност. Онаму каде што има филтрирање на водата на погорните катови, истекувањата може да предизвикаат краток спој во инсталациите за осветлување. Овие делови исто така треба имаат и ламби на полнење. Оценувачите треба да се уверат дека осветлувањето е поврзано со електричниот систем за итни случаи. Визуелната проверка може да биде надополнета со податоците од записниците за одржување и проверка. (Референци: 2, 7, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 44: Ниска = Слабо осветлување, не се преземени заштитни мерки; Средна = Осветлувањето е задоволително во критичните делови, делумно преземени мерки за заштита; Висока = Добар степен на осветлување, преземени се заштитни мерки.

45. Состојба и безбедност на системот за внатрешно и надворешно осветлување Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Системот за осветлување е еден од главните неградежни елементи во болницата. Доколку осветлувањето не функционира правилно, особено во критичните делови во голема мера ќе влијае на работата на болницата. Оценувачите треба да се уверат дека внатрешното и надворешното


осветлување се правилно поставени и функционални. Оценувачите треба да соработуваат со персоналот за одржување и да проценат дали резервите на материјалите за осветлување се доволни (факели, батерии, сијалици итн.). Треба да се уверат дека системот за итно осветлување е соодветен за нивото и типот на деловите, посебно на скалите, ходниците и критичните медицински и немедицински делови на болницата. Важно е да се провери дали осветлувањето е попречено од салонски растенија кои би можеле да претставуваат ризик и да ја намалат неговата функционалност. Визуелната проверка може да биде надополнета со податоците од записниците за одржување и проверка.

Оценки за безбедност на дел бр. 45: Ниска = Системот за внатрешно и надворешно осветлување е во лоша состојба, не се преземени заштитни мерки; Средна = Осветлувањето е задоволително, делумно преземени мерки за заштита; Висока = Добар степен на осветлување, преземени се заштитни мерки и е во добра работна состојба.

46. Надворешни електрични системи инсталирани за потребите на болницата Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите треба да одредат дали надворешните потстаници и трансформатори се на територијата на болницата и каков електричен капацитет имаат. Овие системи треба целосно да се затворени и јасно обележани како извор на електрична енергија. Треба да бидат изолирани од резервоари со гориво. Потстаницата треба да е заштитена од поплави и бура. Треба да има доволно прицврстувачи и држачи за да не паднат, или слизнат од местоположбата. Оценувачите треба да ја земат предвид и можноста да дојде до истекување на масло и прекршување на каблите. Трансформаторите или потстаниците не треба да се поставуваат близу до дрва, бидејќи може да се скршат гранки или да дојде до пречки во горните струјни линии; исто така, корењата на дрвата може да го попречат работењето на закопаните кабли. Тие треба да бидат заштитени од електрично атмосферско празнење. Оценки за безбедност на дел бр. 46: Ниска = Нема инсталирано потстаници на територијата на болницата; Средна = Инсталирани се потстаници, но не обезбедуваат доволно електрична енергија за болницата; Висока = Инсталирани се потстаници и обезбедуваат доволно електрична енергија за болницата.


47. Одржување и поправка на системите за снабдување со електрична енергија и алтернативните извори за итни случаи Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка.

Одделот за одржување треба да обезбеди прирачник за работа на системите за електрична

енергија, како и записи за превентивно одржување. Оценувачите треба да утврдат дали постојат процедури за одржување на системот во итни случаи. Оценувачите треба да проверат дали персоналот за одржување на системите има соодветна обука за да го одржува потребното ниво на безбедност на системот за снабдување со електрична енергија и алтернативните извори (генератори) во болницата, и во нормални работи услови и во случај на итни случаи и катастрофи. Оценки за безбедност на дел бр. 47: Ниска = Не постојат документирани процедури и записници за одржување и проверка; Средна = Постојат документирани процедури, записниците за одржување и проверка редовно се ажурираат, персоналот е обучен, но нема ресурси; Висока = Постојат документирани процедури, записниците за одржување и проверка редовно се ажурираат, персоналот е обучен, и има доволно ресурси за спроведување на одржување и поправка за итни случаи.

3.3.2 Телекомуникациски системи Подгрупата 3.3.2 содржи 8 дела (48-55).

48. Состојба и безбедност на антени Препорачани методи за проценка: преглед на документација (план и записи) и проверка. Оценувачите треба да ја проверат состојбата на антените, сателитските чинии, надворешните контролни кутии и нивните прицврстувачи на крововите. Антените и осветлувањето се изложени и прикачени на највисокиот дел од градбата и затоа се ранливи на силни ветрови. Треба да има најмалку 3 држачи поставени на растојание од 120 степени, односно четири држачи на растојание од 90 степени. Уредите за заземјување за осветлувањето треба да бидат правилно поставени и истите не смее да се користат за прикачување на други системи. Пристапот до антените и опремата треба да биде безбеден и добро заштитен. Визуелната проверка може да биде надополнета со податоците од записниците за одржување и проверка. (Референци: 2, 19).


АКО НЕМА АНТЕНИ ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР Оценки за безбедност на дел бр. 48: Ниска = Антените и прицврстувачите се во лоша состојба, не се преземени заштитни мерки; Средна = Антените и прицврстувачите се во задоволителна состојба, делумно се преземени мерки за заштита; Висока = Антените и прицврстувачите се во добра состојба, безбедни се и преземени се мерки за заштита.

49. Состојба и безбедност на системите со ниска и многу ниска волтажа (Интернет и телефонија) Препорачани методи за проценка: преглед на документација (план и записи) и проверка. Системи со ниска и многу ниска волтажа можат да имаат антени, опрема за пренос, контролори за линијата и напонот, приемници, жици и механизам за заземјување, така што оценувачите треба да ја проверат функционалната состојба на секој дел. Проверете дали каблите се добро поврзани во стратешките области, со цел да се избегне преоптоварување на системот. Каблите за компјутерите и за телефонските мрежи треба да бидат поставени на стратешки места за да бидат заштитени од ветришта и поплави, со цел системите да функционираат и при лоши временски услови. Главните делови од струјата со ниска волтажа, како што се серверите и мрежните центри, треба да бидат во заштитени области каде нема да има предмети кои може да ги блокираат пристапите до нив. За да се поврзат телефоните со сите локали во зградата, постои систем од кабли кој мора да биде одвоен од електричните кабли за да не дојде до оптоварување на системот. Исто така жиците за внатрешната комуникација треба да бидат изолирани. Жиците треба да бидат заштитени во полиетиленски цевки, а електричните излези треба да бидат поставени во пластични електрични кутии најмалку половина метар од подот. Визуелната проверка може да биде надополнета со податоците од записниците за одржување и проверка. (Референци: 2, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 49: Ниска = Системите со ниска и многу ниска волтажа се во лоша состојба, не се преземени мерки за заштита; Средна = Системите со ниска и многу ниска волтажа се во задоволителна состојба, делумно се преземени мерки за заштита; Висока = Системите со ниска и многу ниска волтажа се во добра состојба, преземени се сите мерки за заштита.


50. Алтернативен системи за комуникација Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите треба да ја проверат состојбата на алтернативните системи за комуникација на болницата, вклучувајќи двонасочни радиостаници, сателитски телефони, Интернет и звучници, со цел да се одржи внатрешната и надворешната комуникација за време на катастрофа. Треба да се проверат деловите од внатрешната мрежа за да се осигури дека ранливоста на различните делови од системот е отстранета. Треба да се запомни дека внатрешната и надворешната комуникација зависи од функционирањето на генераторот за итни случаи (види во делот 38-40), додека за внатрешната и надворешната комуникација погледни во модулот 4 (во делот 125). Оценки за безбедност на дел бр. 50: Ниска = Алтернативните системи за комуникација се во лоша состојба или не постојат; Средна = Алтернативните комуникациски системи се во задоволителна состојба, но не се тестирани на годишно ниво; Висока = Алтернативните комуникациски системи се во добра состојба, се тестираат на годишно ниво.

51. Состојба и безбедност на телекомуникациска опрема и кабли Препорачани методи за оценување: преглед на документација (план и записи) и проверка. Треба да се проверат состојбата и функционалноста на телекомуникациска опрема и кабли во болницата. Во области подложни на сеизмички потреси или силни ветрови, оценувачите треба да потврдат дека телекомуникациска опрема (радио, сателитски телефон, видеоконференциски систем, сервер, итн.) е добро заштитена и прицврстена за нешто стабилно. Надворешните кабли на болницата треба да бидат инсталирани во подземни канали за да бидат заштитени од оштетување за време на силните ветришта и други опасности. Телефонската централа, компјутерите и серверот треба да имаат прицврстувачи за да се спречи оштетување при сеизмички потреси. Кутиите и антените за мобилните телефони на болницата треба да имаат резервни генератори. Визуелната проверка може да биде надополнета со податоците од записниците за одржување и контрола. Оценки за безбедност на дел бр. 51: Ниска = Телекомуникациската опрема и каблите се во лоша состојба; Средна = Опремата и каблите се во задоволителна состојба, делумно се преземени мерки за заштита; Висока = Во добра состојба, добро се обезбедени и преземени се мерки за заштита.


52. Влијанието на надворешните комуникациски системи врз болничкиот комуникациски систем Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (план и записи) и проверка. Надворешните телекомуникациски системи, како што се радио предавателите и слични на нив, кои се поставени во близина на болницата може да предизвика пречки во болничката комуникациски мрежи. Оценувачот треба преку преглед и проверка на документацијата (план и записи) и разговор со болничкиот персонал да провери дали надворешните телекомуникациски системи не ја попречуваат комуникацијата во болницата. Оценки за безбедност на дел бр. 52: Ниска = Надворешните телекомуникациски системи предизвикуваат големи пречки во болничката комуникација; Средна = Надворешните телекомуникациски системи предизвикуваат умерени пречки во болничката комуникација; Висока = Надворешните телекомуникациски системи не предизвикуваат пречки во болничката комуникација.

53. Безбедност на локација за телекомуникациски системи Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи), и проверка. Оценувачите треба да ги проверат состојбата и безбедноста на телекомуникациските системи и компјутерскиот мрежен сервер. Во зависност од видот и големината на системите, просторот треба да биде доволно голем за да собере опрема за прекинувачи, струјно напојување, акумулатори и опрема за контрола на климатизација. Исто така треба да има и посебен простор за операторите и персоналот за одржување. Влезните канали треба да имаат прегради за заштита од пожар, вратите мора да се отвораат целосно и на надвор од собата. Треба да се избегнуваат ниски тавани коишто може лесно да паднат, а цевководите не треба да се лоцирани на местата каде што има поставено вакви системи. Вратите и прозорците треба добро да се затвораат за да претставуваат заштита од ветер и вода, а вратите треба да имаат и умерена заштита од пожари. Треба да има соодветно осветлување за да може персоналот да работи, но опремата треба да биде заштитена од директна сончева светлина. За да се избегнат оштетувања од вода, апаратурите за филтрирање на вода, тоалетите и бањите не треба да бидат поставени на катовите над опремата. Каблите и жиците треба да бидат поставени во цевки за да се спречи оштетување.


Во подрачја склони на земјотреси и силни ветрови целата опрема треба да се прицврсти според нејзината тежина и димензии. Оценувачот треба да провери дали инсталациите може да експлодираат доколку се изложени на искри. Овие простории треба да бидат најмалку 4 метри подалеку од извори на електромагнетни пречки, како што се слики, опрема, трансформатори, мотори и системи за пренос на радио. Пристапот до телекомуникациски центри мора да се ограничи и контролира. Визуелната проверка може да се надополни со информации од докази за одржување и контрола. Магацините за складирање на акумулатори треба да имаат засебна вентилација. Акумулаторите треба да бидат запечатени. Доколку се користат други видови акумулатори (незапечатени), пр. од економични причини, тие не треба да бидат сместени на иста локација како и телефонската централа, а нивната локација треба да ги има следните карактеристики: • Треба да се поставени подалеку од телекомуникациската опрема и од операторот и антациден третман мора да се примени на подовите и ѕидовите, со висина до 1.500 мм над нивото на подот. • Не треба да има штекер или прекинувач поставени внатре, треба да е опремена со светилки отпорни на распрскување, и вратите треба да имаат умерена огноотпорност. Акумулаторите треба да бидат заштитени од директна сончева светлина. • Треба да има мијалник со батерија со солена вода. (Референци: 2, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 53: Ниска = Просториите за телекомуникациски системи се во лоша состојба, со висок ризик од колапс поради постоење на опасности; не постојат заштитни мерки; Средна = Просториите за телекомуникациски системи се во задоволителна состојба; доколку се преземат некои дополнителни мерки ќе се обезбеди делумна заштита; Висока = Просториите за телекомуникациски системи се во добра состојба, добро се обезбедени и воспоставени се заштитни мерки.

54. Состојба и безбедност на внатрешните системи за комуникација Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите треба да ја проверат состојбата на звучниците, системите за јавно обраќање, интерфоните и друго, кои служат за комуницирање со персоналот, пациентите и посетителите во болницата. Оценувачите исто така треба да проверат дали има звучни системи како ѕвона и сирени кои се користат како аларми и тревога за евакуации. Постоењето на редундантни и алтернативни системи


за внатрешна комуникација гарантираат дека целиот персонал, пациентите и посетителите ќе бидат навремено и јасно контактирани при итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да побараат тестирање на внатрешните системи за комуникација и да проверат дали пораката била добро примена. (Референци: 2, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 54: Ниска = Внатрешни комуникациски системи не постојат или се во лоша состојба; Средна = Внатрешните комуникациски системи се во задоволителна состојба, но не постојат алтернативни комуникациски системи; Висока = Внатрешните и алтернативните комуникациски системи се во одлична состојба.

55. Одржување и поправка на снабдувањето на стандардните и алтернативните комуникациски системи за време на итни случаи Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (план и записи) и проверка. Одделот за одржување треба да обезбеди упатство за употреба и листа за евиденција на превентивната заштита на електричните системи. Оценувачите треба да потврдат дека постојат процедури за одржување на стандардните и алтернативните комуникациски системи во итни случаи и катастрофи. Исто така, оценувачите треба да проверат дали персоналот е соодветно обучен за правилно одржување и безбедност на системот за комуникации, како и на алтернативните извори за комуникации во болницата во рутински и кризни состојби. Оценки за безбедност на дел бр. 55: Ниска = Не постојат документирани процедури и евиденција за одржување; Средна = Постојат документирани процедури постојат, евиденцијата за одржување е ажурирана, вработените се обучени, но не се достапни ресурси; Висока = Постојат документирани процедури, евиденцијата за одржување е ажурирана, персоналот е обучен и постојат ресурси за справување во итни случаи и катастрофи.


3.3.3 Систем за водоснабдување Подгрупата 3.3.3 се состои од 6 дела (56-61).

56. Резерви на вода за потребите на болницата Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (план и записи) и проверка. Оценувачите треба да проверат дали резервоарот за вода има постојана резерва вода за да задоволи побарувачка од најмалку за 72 часа, во согласност со националните препораки за резерва на вода во случај на пожар (да обезбеди најмалку 300 литри вода дневно, по кревет). Оценувачите треба да проверат дали има доволно резерви со вода за да се задоволи основната побарувачка во болницата. Вообичаено резервите со вода во болниците се во цистерни или резервоари со вода сместени на приземјето и во резервоари кои се подигнати од земја. Треба да се проверат локациите во болницата што не се снабдуваат од главниот водоводен систем и да се увери дека нивните резерви се доволни за три дена. Доколку има бунари на локацијата на болницата, треба да се провери процентуалната снабденост со вода што тие ја нудат и дали се користат редовно или како резерви за вода. (Референци: 2, 7, 17). Оценки за безбедност на дел бр. 56: Ниска = Доволно за 24 часа или помалку, или не постојат резервоари за вода; Средна = Доволно за повеќе од 24 часа, но помалку од 72 часа; Висока = Сигурно покрива најмалку 72 часа.

57. Локација на резервоарите за вода Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (план и записи) и проверка. Оценувачите ќе ги посетат сите резервоари со вода, без разлика дали се поставени на кули, на самата зграда, или се внатре како што се случаите со хидро-пневматичките системи и системите под притисок. Цистерните не треба да бидат поставени во области подложни на поплави поради ризикот од загадување, ниту пак во области каде што има лизгања на земјиштето. Во областите склони на сеизмички потреси резервоарите треба да имаат флексибилност да ги издржат потресите за да не дојде до истекување на водата и поплавување на делови од болницата. Резервоарите за вода треба да имаат шахти кои служат како капаци за да се спречи пристапот на неовластен персонал и да се заштитат од предмети што може да паднат внатре. Резервоарите не смее


да имаат пукнатини или пак да се обраснати со вегетација. Важно е да се процени дали дефект на резервоарот за вода може да поплави клучни делови од болницата, а за такви случаи треба да има соодветни одводи. Резервоарите за вода кои се подигнати од земја треба да ги исполнуваат истиве критериуми и воедно треба да бидат прикачени над градежните делови од кровот. Треба да се обрне посебно внимание на тоа како се прикачени пластичните резервоари. При големи ветришта тие може да се превртат и да паднат доколку се празни, што ќе ги оштети прикачените цевки. Вентилите за воздух се над капаците на резервоарите и треба да се добро прицврстени за да не се поместат или скршат при силни ветришта. Сите делови од хидрауличната мрежа на кровот треба да бидат добро прицврстени. (Референци: 2, 7, 17). Оценки за безбедност на дел бр. 57: Ниска = Локацијата подлежи на голем ризик од дефект (градежни, архитектонски и/или системски ранливости); Средна = Локацијата подлежи на умерен ризик од дефект (градежни, архитектонски и/или системски ранливости); Висока = Локацијата не подлежи на дефект, нема видни слабости (градежни, архитектонски и/или системски ранливости).

58. Безбедност на системот за дистрибуција на вода Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (план и записи) и проверка. Оценувачите ќе ја проверат состојбата и соодветното работење на сите аспекти на системот за дистрибуција на вода, вклучувајќи ги резервоарите, вентилите, цевките и приклучоците. Деловите што го поврзуваат локалниот водоснабдителен систем со цистерната се од особена важност. Вентилот на цистерната којшто го контролира количеството вода што влегува во резервоарот се исклучува кога цистерната е полна. Доколку вентилот не работи правилно, залудно ќе се троши вода без да се полни цистерната, а истекувањето на водата може да ги ‘рѓоса градежните делови. Оценувачите треба да ја проверат општата состојба на болничката дистрибутивна мрежа за да се уверат дека водата стига до значајните делови. Цевките што течат може да предизвикаат штети во сите делови каде што се наоѓаат: по должина на спуштените тавани, зад ѕидовите и под земја. Приклучоците на цевките се ранливи и треба да се проверат за знаци на распаѓање. Треба да се провери дали се користат флексибилни приклучоци, на пример помеѓу надворешни резервоари, во делови каде цевките влегуваат во зградата и помеѓу пумпите. Треба да се користат флексибилни


приклучоци на деловите коишто се во контакт со градежни елементи и треба да се добро прицврстени за да може градбата и цевките за вода да се движат заедно во случај на сеизмичка активност. Во областите со исклучително студено време, оценувачите треба да ги разгледаат мерките што се преземаат за заштита од ниски температури, кои можат да влијаат на функционирањето на системот за дистрибуција на вода. Оценувачите треба да проверат дали е поставена изолација на цевките за заштита од ниски и високи температури, за да биде одржана потребната температура на водата во системот за дистрибуција. Системот за вода треба да е во согласност со важечките закони и стандарди за употреба на здравствено исправна и чиста вода за пиење. Треба да постои систем за проверка на безбедноста на водата, односно редовно тестирање на квалитетот и содржината на водата. Материјалите што се користат за снабдување со вода треба да ги исполнуваат следниве услови: • Треба да функционираат ефикасно и да ги задоволат потребните услови во случај на опасност. • Водоводната опрема треба да овозможи ефикасно користење на водата. Во областите каде што постои ризик од вулканска ерупција, заштитната обвивка треба да биде дизајнирана така што ќе остане херметички затворена и нема да дозволи да дојде до загадување на водата. Во делот каде што се сместени пациенти со нарушено ментално здравје и затвореници, водоводната опрема треба да биде заштитена од вандализам, бучава и самоубиство. Визуелната проверка може да биде надополнета со податоците од записниците за одржување и проверка. (Референци: 2, 7, 17). Оценки за безбедност на дел бр. 58: Ниска = Помалку од 60% се во добро состојба; Средна = Помеѓу 60% и 80% се во добра состојба; Висока = Над 80% се во добра состојба.

59. Алтернативно водоснабдување до главните дистрибутивни мрежи за вода Препорачани методи за проценка: интервју и проверка. Треба да се одредат агенциите и механизмите коишто се неопходни за снабдување на болницата со вода во случај на дефект во јавниот систем за водоснабдување. Треба да има редундантност во сите критични системи или системи за одржување во живот и се препорачува да главната цистерна на установата локално се снабдува со вода од две места кои можат да го исполнат потребниот капацитет. Друга опција е да се користат приватни бунари; нивната достапност треба да се провери. Оценувачот треба да го одреди лицето одговорно за поправање на


локалното водоснабдување во случај на дефект и треба да го провери пристапот од камионите со цистерни до резервоарите со вода. (Референци: 2, 7, 17). Оценки за безбедност на дел бр. 59: Ниска = Обезбедува помалку од 30% од побарувачката; Средна = Обезбедува од 30% до 80% од побарувачката; Висока = Обезбедува повеќе од 80% од дневната побарувачка.

60. Дополнителен систем за пумпање Препорачан метод за проценка: набљудување Како што е наведено претходно, критичните системи треба да се редундантни, започнувајќи со системите коишто се наоѓаат внатре во болницата. Оценувачите треба да проверат дали има дополнителен или резервен систем за пумпање и како тој функционира. Бројот на пумпите зависи од протокот на водата и неговата варијација, како и резервните пумпи потребни за вонредни ситуации. Треба да има најмалку две пумпи (за да се осигури дека доколку една пумпа се расипе, има и резервна) што ќе ја движат водата од резервните до дополнителните резервоари, доколку главниот систем се расипе при итен случај. Најдобро е ако сите пумпи се идентични. Доколку не се, се препорачува да се набават резервни делови за пумпата со најголем капацитет. Оценувачите треба да утврдат дали постои и работи дополнителен систем за пумпање и дали е добро поврзан со напојувањето (за пумпање) и со дополнителните пумпи (во случај на колапс на пумпата). Дополнителните пумпи треба да ги исполнуваат минималните услови за снабдување со вода на болницата. Истите потреби важат и за дистрибуцијата на вода во установата која е независна од главниот систем за пумпање. Оценки за безбедност на дел бр. 60: Ниска = Нема резервна пумпа и оперативните капацитети не ја задоволуваат дневната побарувачка; Средна = Пумпите се во задоволителна состојба, но не ги задоволуваат дневните потреби за вода; Висока = Сите пумпи и резервни системи се оперативни и ја обезбедуваат дневната потреба за вода.

61. Одржување за време на итни случаи и поправка на системите за водоснабдување Препорачани методи за проценка: интервју и документација (вклучувајќи и записи). Одделот за одржување треба да ги даде на увид на оценувачите упатствата за употреба и записите од превентивно одржување за системите за водоснабдување. Оценувачите треба да потврдат дека се воспоставени процедури за одржување на системите за водоснабдување при итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да проверат дали персоналот одговорен за одржување е обучен за


спроведување на стандардите за одржување на правилно ниво на безбедност и контрола на квалитетот на водата и алтернативните извори на вода на објектот при редовна и кризна состојба. Оценки за безбедност на дел бр. 61: Ниска = Не постојат документирани процедури и докази за одржување/контрола; Средна = Постојат документирани процедури, ажурирани се до датумот кога се врши оценувањето, персоналот е обучен, и постојат докази за одржување и контрола, но не се достапни ресурси за спроведување на мерки при итни состојби и обновување; Висока = Постојат документирани процедури постојат, ажурирани се до датумот кога се врши оценувањето, персоналот е обучен, постојат докази за одржување и контрола, и достапни ресурси за спроведување на мерки при итни состојби и обновување.

3.3.4 Систем за заштита од пожар Подгрупата 3.3.4 содржи 5 дела (42-66).

62. Состојба и безбедност на противпожарен систем (пасивен систем) Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (план и записи) и проверка. Болницата треба да биде комплетно заштитена од пожари бидејќи овој тип на опасност може да ги оневозможи сите услуги на болницата кога најмногу се потребни. Болничките згради се сметаат за најтешки за евакуација; поради тоа акцент се става на средствата за заштита и превенција од пожар. Во случај на пожар, од најголема важност е безбедноста на пациентите и болничкиот персонал. Пасивните заштитни мерки треба да бидат базирани на: нивото на запаливост на секој оддел, употребата на незапаливи материјали, огноотпорни врати, заштитни ѕидови и поставеноста на вратите и прозорците во однос на другите објекти. Главна цел е превенција од пожар, но доколку започне пожар треба да се спречи понатамошно ширење за да се избегне евакуација на болницата. Оценувачите треба да проверат дали болницата има заштитни ѕидови, врати и предвиден план за евакуација, со што се обезбедува повисоко ниво на безбедност. Исто така треба да ги проверат заштитните мерки во деловите со најголем ризик од пожар (собата со електронски котли, магацинот за гориво, медицински гасови, електричните табли, собите со сервери, болничката аптека итн.). Овие информации оценувачите можат да ги најдат во извештаите за одржување, противпожарните планови на објектот и полисите и процедурите.


Делумни евакуации треба да бидат приоритет, првенствено се препорачува хоризонтална евакуација (евакуирање на пациентите и персоналот на истиот кат), доколку е неопходно и на други катови (вертикална евакуација). За да се овозможи евакуирање на пациентите и болничкиот персонал (хоризонтална и вертикална евакуација), важно е болницата да има структура која го намалува ризикот за проширување на огнот во рамките на погодените делови од болницата и надвор од нив, разделувајќи го огнот по сектори. Подовите треба да се поделат во сектори за пожар и секој сектор треба да има доволно простор да ги прими пациентите од соседниот сектор. Секторите треба да имаат соодветни средства за евакуација на располагање, вклучувајќи правци за движење до излези и директни излези кон надворешните безбедни области, така што лицата можат безбедно да ја напуштат зградата, или да најдат безбедна локација во зградата. (Референци: 1, 2, 4, 6, 7, 8, 11, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 62: Ниска = Градежните елементи на болницата може да се оштетат и штетата ќе ја попречи функцијата на овој и други елементи, системи и операции; Средна = Градежните елементи на болницата може да се оштетат, но штетата нема да ја попречи функцијата на овој и други елементи, системи и операции; Висока = Градежните елементи на болницата може минимално да се оштетат и минимално ќе ја попречат функцијата на овој и други елементи, системи и операции.

63. Системи за откривање оган/чад Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Раното откривање на пожар и/или чад е многу важно за спречување на ширење на пожар во болниците. Оценувачите треба да го разгледаат инсталирањето, одржувањето и тестирањето на системите за откривање на пожар и чад во болницата. Треба да има и визуелни и звучни детектори за пожар. Системот мора да овозможи пренос на локалните и општите аларми, како и на вербалните инструкции. Оценувачите, исто така, ќе ги разгледаат мерките за заштита од пожар во областите изложени на најголем ризик од пожар, вклучувајќи котлари, складишта за резервоарот за гориво, медицински гасови, електрични панели, соби со електрични прекинувачи, аптека, лаборатории, простории за складирање на незапечатени акумулатори итн. Треба да биде интервјуиран персоналот одговорен за тестирање и проверка кој прави записници од одржување и монтирање и кој поседува технички документи од производителот. Оценувачите може да го проверат функционирањето на системите за деловите од болницата што се празни, каде што рачното откривање на пожари може да биде одложено и може да доведе до големи загуби.


Оценувачите може да ги потврдат информациите преку увид во евиденција за услуги за одржување, противпожарни шеми и планови за објектот. (Референци: 1, 6, 7, 8, 10, 11). Оценки за безбедност на дел бр. 63: Ниска = Нема вградени системи за детекција на пожар и чад; Средна = Системите за детекција се делумно вградени или не се редовно тестирани и одржувани; Висока = Системите се вградени, редовно се тестирани и добро се одржуваат.

64. Системи за гаснење пожар (автоматски и рачни) Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. За да се проценат ризиците од пожар и други опасности, оценувачите треба да потврдат дека формалните проверки од страна на соодветниот надлежен орган редовно се вршат. Преносните противпожарни апарати за гаснење на пожар треба да бидат достапни, јасно означени и обележани, и во употреблива состојба. Треба да се провери истекот на датуми на апаратите. Системите со прскање треба да бидат испитани, како и записниците за нивно одржување. Треба да се утврди дека системот за прскалки има доволно флексибилност и/или простор прскалките да се движат и дека не постои веројатност нивното функционирање да биде прекинато поради диференцијални движења помеѓу постројката за распрскување и таванот. Мора да има доволен број на функционална вода, хидранти или сува вода на располагање или поврзани со постоечкиот систем за снабдување со вода. Оценувачите треба да потврдат дека сите аспекти на системите за гаснење се тестираат редовно и дека персоналот одговорен за користење на опремата посетувал практична обука за тоа како да се користи опремата. Треба да се обрне внимание на истекување, како и на датумите за повторно полнење на противпожарните апарати и да се спроведат тестови за проток на хидрантите за пожар. Треба да се испитаат дневниците за евиденција за сервис и одржување на опремата и датумите на проверки од страна на персоналот одговорен за противпожарниот систем во итни случаи. Болницата треба да има опрема и соодветни инсталации за контрола и гаснење на пожари преку комбинација на преносни апарати во области на висок ризик (складишта за лекови и медицинска опрема, оддели за стерилизација, клинички лаборатории и слично); мобилни апарати за гаснење пожар и функционални хидранти или апарати за суво гаснење на пожар. Оценувачите треба да проверат дали активностите за спречување пожари се вршат во согласност со плановите. Екипата за безбедност од пожар треба да се состои од најмалку 10 лица од различни


смени. Овој тим изготвува билтени со основните препораки за избегнување на пожари, врши посети во областите со висок ризик и ги идентификува правците за евакуација. Болницата треба да има директна телефонска врска со најблиската противпожарна станица. Локалните пожарникари треба да го знаат внатрешниот распоред на болницата и треба да се спроведат вежби. Кога алармот ќе се исклучи, лицата одговорни за пожар треба да ги упатат пожарникарите кон изворот и да им овозможат тие да го имаат потребниот пристап за брз и ефикасен одговор. Во болнички средини и на одделот за интензивна нега треба да има итен лифт (да се користи исклучиво од страна на пожарникарите), кога тие области се повеќе од 15 метри над нивото на земјата. (Референци: 1, 6, 7, 8, 9, 10, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 64: Ниска = Не е вграден системот за гаснење пожар; не се спроведуваат контроли; Средна = Системот е делумно вграден, или е целосно вграден, но без одржување или тестирање; контролите се нецелосни или застарени; Висока = Системот е целосно вграден, редовно се одржува и често се тестира; контролите се комплетни до денот на оценување.

65. Водоснабдување за гаснење пожар Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да проверат дали постојат извори за постојано снабдување со вода што може да се користат ефикасно во случај на пожар. Ова снабдување треба да е дополнително на снабдувањето со вода за генералното функционирање на болницата и за болничките услуги. Изворот може да е поврзан со водоводната мрежа или да е дополнителен извор на вода за гаснење, како резервоари за вода, блиско езеро или поток, или надворешни хидранти за пожар коишто правилно се одржуваат и сервисираат. Пумпите за вода (на електрична енергија или со дизел мотор) коишто се поврзуваат со системот за гаснење пожар треба да се тестираат на редовна основа. Оценувачите може да ја проверат оваа информација преку прегледување на шемите за пожар, плановите и процедурите за објектот. (Референци: 6, 7, 8, 10, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 65: Ниска = Не постои извор на постојано снабдување со вода кој може да се користи за гаснење пожар; Средна = Достапен е извор на постојан довод на вода за гаснење пожар; има ограничен капацитет, не се одржува, ниту се тестира; Висока = Постои извор на постојано водоснабдување со вода за гаснење пожар, редовно се одржува и често се тестира.


66. Одржување за време на итни случаи и поправка на противпожарниот систем Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записници) и проверка. Одделот за одржување треба да обезбеди оперативни прирачници за системите за противпожарна заштита, како и евиденција којашто укажува на превентивно одржување на противпожарните апарати и хидранти за пожар. Оценувачите треба да потврдат дека: • • • • • • • • • •

Достапни се обука и вежби за управување со системите за противпожарна заштита. Постојат записи за превентивно одржување на противпожарни апарати и хидранти. Опремата може да се најде во соодветните назначени места и е лесно достапна. Мрежата на цевки, пумпи и додатоци е исклучиво за хидранти. Цревата во кабинетите за хидранти соодветно се приклучени за вентилите. Мрежата на хидранти има своја цистерна со вода. Составен е тим за заштита од пожари (чувари од пожар) во болницата. Тимовите се соодветно обучени и изведени се вежби. Достапни се План на акции и процедури за пожар. Запаливите материи и течности се чуваат на безбедни места кои се резервирани исклучиво за овие супстанции. (Референци: 1, 6, 7, 8, 9, 10, 19).

Оценки за безбедност на дел бр. 66: Ниска = Не постојат документирани процедури и евиденција за одржување/проверка; Средна = Постојат документирани процедури, евиденцијата за одржување/проверка е ажурирана, персоналот е соодветно обучен, но не се достапни ресурси за спроведување на итни одржување и поправка; Висока = Постојат документирани процедури, евиденцијата за одржување/проверка е ажурирана, персоналот е соодветно обучен и достапни се ресурси за спроведување на итно одржување и поправка.

3.3.5 Систем за управување со отпад Подгрупата 3.3.5 се состои од 5 дела (67−71).

67. Безбедност на системот за урбани отпадни води Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Неопасните отпадни води или канализација се состојат од мрежа на цевки, кои ја носат отпадната вода од болницата до канализацијата или до посебен систем. Тие исто така вклучуваат специјални системи како септички јами, бунари за инфилтрација и оксидациони бари, како и филтри, хидраулични


стапици или сифони. Овие системи ги третираат отпадните води и се ослободуваат од остатоци, го спречуваат влезот на мирис или инсекти и ги отнуваат или ги чистат цевките. Системите за вентилација одржуваат атмосферски притисок во рамките на системот за отпадни води. Мастите, гипсот, калта и песокот мора да се поминат низ филтри за да се овозможи ефикасно прочистување. Затоа оценувачите треба да ја проверат физичката и функционална состојба на опремата, стегите и сидрата, средствата за празнење или евакуација, присуството на истекување поради неисправни или исчезнати делови и состојбата на отворите за отпад. Оценувачите треба да погледнат дали има протекување во системот и треба да ја проценат состојбата на регистрите (присуство на фекалии). Тие треба да проверат дали има преливање на депозити, да ја проверат локацијата на тенкови за третман и септичките јами, филтрирањето на бунарите, присуство на масти, гипс или стапици од кал и така натаму, и близината на поставеноста на системите за отпадни води со системите за водата за пиење, и да потврдат дека канализацијата е поставена низводно од системот за вода за пиење. Оценувачите треба да се уверат дека објектите за одведување на отпадните води од болницата немаат можност да ја загадат водата за пиење. Оценувачите треба да ги потврдат видовите на независни или комбинирани системи за довод на вода (канализација, тушеви, други) како резултат на дожд или поплава. Тие треба да ја проверат работата на вентилите што ги спречуваат отпадните води од враќање назад во цистерната, како и локацијата на системите за третман во однос на системот за управување со вода за пиење. Визуелната проверка може да се надополни со информации од цртежи, планови и евиденција. Оценувачите треба проверат дали има доволно тоалети (најмалку 1 на 15 пациенти и вработени) што функционираат и се достапни и дека безбедно ги издвојуваат корисниците од екскретите. (Референци: 2, 5, 7, 19, 22). Оценки за безбедност на дел бр. 67: Ниска = Не постои систем за одложување на неопасни отпадни води или е во лоша состојба; Средна = Системот е во задоволителна состојба, но има малку или нема докази за безбедност и исполнување на критериумите; Висока = Системот за одложување на неопасни отпадни води е во добра состојба, и има докази за одржување, безбедност и исполнување на критериумите.


68. Безбедност од опасни отпадни води и течен отпад Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записници) и проверка. Карактеристиките на секој од системите за отпадни води го дефинира начинот на одлагање на отпадните води и дали отпадот ќе биде во конвенционална форма или во форма којашто може да се отстрани од страна на овластено лице. Одговорниот оддел на болницата (на пример, за градежни работи или за одржување) треба да се погрижи опасните отпадни води да не се одлеат во системот на јавна канализација и да не ја загадат водата за пиење. Опасните отпадни води може да се поделат во две групи: оние што се претходно третирани и што потоа може да се испуштаат во системот за канализација, и оние што не може да бидат претходно третирани и треба рачно да се отстранат од страна на овластено лице. И во двата случаја во болницата мора да се обезбедат стандарди, а системот мора да се оценува во согласност со воспоставените стандарди на национално ниво. Течности што може да се испуштаат во системот за канализација со претходно третирање вклучуваат: масла и масти, експлозивни смеси, бои, корозивен отпад и радиоактивни материи, во зависност од нивото на концентрација. Течниот отпад од оперативните сали/блокови може да биде заразен доколку дојде во контакт со течност или полутечни супстанции како крв, сперма, вагинален секрет, плунка, гноен секрет и плацента или цереброспинална, синовијална, плеврална, перитонеална или амнионска течност. Останатите течности што не содржат концентрации на лекови или радиоактивни супстанции може да се сметаат како неопасни течности и може да се испуштаат во урбаната канализација. Санитарниот систем на болницата каде што се испуштаат третирани супстанции треба да се следи, за да се добие примерок за анализа и да се провери безбедноста на депонијата за животната средина или за да се утврдат можни мерки за да се осигури безбедноста на животната средина. Оценувачите може да ги обезбедат овие информации со проверка на записниците за одржување и сервис, како и со проверка на постоечки скици и планови. (Референци: 7, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 68: Ниска = Не постои систем за опасни отпадни води или е во лоша состојба; Средна = Системот е во задоволителна состојба, но има малку или нема никакви докази за усогласеност и одржување; Висока = Системот има добар капацитет и има докази за исполнување на стандардите и редовно одржување.


69. Безбедност на системот за неопасен цврст отпад Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување и проверка. Одговорниот оддел на болницата (на пример, за градежни работи или за одржување) треба да се погрижи цврстиот отпад да не ја загадува животната средина и да не предизвика каков било ризик за здравјето на луѓето. Како и течниот отпад, цврстиот отпад е класифициран како опасен или неопасен, и во зависност од тоа се третира на различен начин. Постојат три важни чекори за управување со отпад што треба да се проверат од страна на оценувачите, и тоа: • Одделување или класифицирање на отпадот. Класификацијата на отпадот е многу важна, поради тоа што погрешна класификација може да предизвика дополнителни проблеми и да доведе до губење на време. Треба да се провери степенот на подготвеност на персоналот и воведувањето протоколи за биосигурност, вклучувајќи и употреба на соодветни садови за различни видови отпад, како што се: црвени полипропиленски вреќи со висок отпор, за опасни супстанции, контејнери за остар отпад, контејнери за специјални делови и црни вреќи за неопасен отпад. • Ракување и складирање. Лицата задолжени за управување треба да се запознаени со различните видови отпад и соодветно да управуваат со нив. Тие треба да носат заштитна облека и опрема и треба да се придржуваат на воспоставените рутини и планови. Неопасниот отпад се одложува во деловите што се опслужуваат од страна на општинските комунални претпријатија, настрана од опасниот отпад. • Собирање и транспорт. Превозот до местото на конечен третман или отстранување ќе треба да биде посебно организиран, во затворени возила со конкретни рокови, оставајќи ги притоа местата за одложување на отпадот совршено чисти. Цврстиот отпад треба да се отстрани на безбеден и правилен начин во согласност со соодветните закони и протоколи. (Референци: 7, 19, 23). Оценки за безбедност на дел бр. 69: Ниска = Не постои систем за одложување на цврст отпад или е во лоша состојба; Средна = Системот е во задоволителна состојба, но има малку или нема никакви докази за усогласеност и одржување; Висока = Системот е во добра состојба, со добар капацитет и има докази за усогласеност и одржување.

70. Безбедност на системот за цврст опасен отпад Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка.


Оценувачите треба да проверат и да се погрижат дека опасниот цврст отпад не ја загадува животната средина и не предизвикува каков било ризик за здравјето на луѓето. Цврстиот отпад треба да се управува и да се отстранува на безбеден и правилен начин во согласност со соодветните закони и протоколи. Некои видови опасен отпад (т.е. остар и неостар отпад, заразен отпад, примероци од крв, лекови) бараат посебно внимание. Постојат три важни чекори за управување со опасен цврст отпад што треба да се проверат од страна на оценувачите, и тоа: • Одделување или класификација на отпад. Треба да се провери степенот на подготвеност на персоналот и воведувањето протоколи за биосигурност, вклучувајќи и употреба на соодветни садови за различни видови отпад, како што се: црвени полипропиленски вреќи со висок отпор, за опасни супстанции, контејнери за остар отпад, контејнери за специјални делови. • Ракување и складирање. Опасните материи треба безбедно да се чуваат во затворени кеси. Местото за одложување мора да се наоѓа подалеку од местата каде се даваат болнички услуги и да е затворено на начин кој спречува контакт и отворање. Локацијата треба да биде покриена, но достапна за чистење, заштитена за да се избегнат поплави или истекување надвор од истата, јасно означена со универзален симбол, достапна за тимовите за транспорт, и со доволно простор за складирање за да го собере количеството на отпад што се акумулира помеѓу две собирања. • Собирање и транспорт. Превозот до местото на конечен третман или отстранување ќе треба да биде посебно организиран, во затворени возила со конкретни рокови, оставајќи ги притоа местата за одложување на отпадот совршено чисти. Контејнерите кои се користат за опасните материи треба да се ставаат надвор од сообраќајни површини, треба да се обезбедени, прицврстени за ѕид, така што тие не може лесно да се поместат и мора да имаат безбедносни покривачи. Визуелната проверка може да се надополни со информации од записи од одржување и проверка. (Референци: 7, 19, 23). Оценки за безбедност на дел бр.70: Ниска = Не постои систем за отстранување на опасен отпад или е во лоша состојба; Средна = Системот е во задоволителна состојба, но има малку или нема никакви докази за усогласеност и одржување; Висока = Системот е во добра состојба, со добар капацитет и има докази за усогласеност и одржување.

71. Одржување за време на итни случаи и поправка на болничките системи за управување со отпад Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи).


Одделот за одржување треба да обезбеди оперативни прирачници и записи за превентивно одржување за системот за управување со опасен отпад. Оценувачите треба да проверат дали има процедури за управување со системите за одложување на опасен отпад во итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да потврдат дека персоналот е обучен за правилно одржување на стандардно ниво на безбедност на системите за управување со отпад, како при нормални, така и при итни/катастрофални ситуации. Оценки за безбедност на дел бр. 71: Ниска = Не постојат документирани процедури и записи за одржување/проверка;

Средна

=

Постојат

документирани

процедури

и

записи

за

одржување/проверка, персоналот е обучен, но ресурси за спроведување на итни одржувања и поправки не се достапни; Висока = Постојат документирани процедури и записи за одржување/проверка; персоналот е обучен; постојат ресурси за спроведување на итни одржувања и поправки.

3.3.6. Складиште за гориво (гас, бензин и дизел гориво) Подгрупата 3.3.6 содржи 5 дела (72-76)

72. Резерви на гориво Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (план и записи) и проверка. Оценувачите треба да проверат дали болницата има резерви на гориво, резервоари со адекватни димензии и дали истите се на безбедна локација и добро обезбедени. Оценувачите треба да го проверат максималниот потрошувачки капацитет на болницата, земајќи ги предвид и дополнителните капацитети потребни да се одговори во итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да ја проверат големината на резервоарите за да се уверат дека резервите на гориво се доволни за да се задоволи побарувачката од секој тип на гориво на максималниот капацитет на болницата најмалку 72 часа (имајќи предвид дека постои можност да се зголеми побарувачката на горива) за да се овозможат услови болницата да одговори во итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да забележат со колку гориво располага болницата во моментот на проценката. Тие исто така треба да утврдат колку често се дополнуваат горивата и дали потребното количество горива би се испорачале ефикасно и навремено во итни случаи или по катастрофи, особено кога патната инфраструктура е оштетена. Болниците, кои горивото го обезбедуваат од бензински пумпи на договорена основа, односно немаат резерви на


гориво или резервоари, треба да добијат ниски оценки. Во областите склони на сеизмички потреси, треба да се обезбедат деловите што ги спојуваат генераторот и резервоарот. (Референци: 2, 7, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 72: Ниска = Доволна количина за 24 часа и помалку; Средна =Доволна количина за повеќе од 24 часа, но помалку од 72 часа; Висока = Загарантирана количина за најмалку 72 часа.

73. Состојба и безбедност на надземни резервоари за гориво и/или цилиндри Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (план и записи) и проверка. Горивото коешто се користи за генераторот може да не е истото гориво што се користи и за болничките бојлери и другите услуги, затоа е важно сите резервоари со гориво да бидат добро обележани и доколку е возможно да бидат поставени во различни области. Поради тежината на резервоарите за гориво, важно е да се добро прицврстени за да не паднат во случај на сеизмичка активност. Оценувачите треба да проверат дали држачите се метални и дали се во добра состојба. Важно е да се напомене дека резервоарите треба да бидат оддалечени најмалку 2-3 метра од далноводите или други можни запаливи елементи (сува трева, стакло итн.). Ако резервоарите се наоѓаат на јавно пристапни места, тие мора да бидат обезбедени со заштитни огради и заклучен пристап.

Кога резервоарите се придржувани од бетонски ѕидови или ѕидови од цигла, треба да се

проверат ѕидовите за пукнатини и да се провери да не пропаѓаат држачите. Големите хоризонтални резервоари може да се лизнат и да ги скршат цревата за поврзување, па во области со сеизмичка активност тие треба да се прицврстени со клеми. Оценувачите треба да проверат дали постои соодветна изолација меѓу цевководите/вентилите и резервоарите за гориво за да не дојде до оштетување на резервоарите во случај ако цевководите се оштетени. Треба да се запомни дека колку е потежок резервоарот и колку е повисок центарот на гравитација, толку се поголеми шансите да се преврти и падне. Цилиндрите коишто се вертикално поставени треба да бидат прицврстени на најмалку три места.


Визуелната проверка може да биде надополнета со податоците од записниците за одржување и контрола. (Референци: 7, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 73: Ниска = Резервоарите се во лоша состојба; нема држачи и резервоарот не е безбеден; Средна = Резервоарите се во задоволителна состојба; држачите се несоодветни и подложни на опасности; Висока = резервоарот е во одлична состојба; држачите се во добра состојба и резервоарот е безбеден.

74. Безбедна локација за складирање на гориво надвор од болничките згради Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите треба потврдат дека резервоарите што содржат запаливи течност се пристапни, јасно означени и обележани и се на безбедна дистанца од главните клинички и неклинички објекти (одделение за полуинтензивна нега, оперативни сали, електрични постројки, кујни итн.) во случај на пожар или оштетување. Таму каде што резервоарите се прикачени, прикачувањето треба да биде од незапаливи материјали, да има добра вентилација, да се добро означени и осветлени, обезбедени со заштитна ограда, под надзор (каде што има можност), и треба да има безбедносен аларм. Во исто време тие треба да бидат лесно достапни за одржување, така што персоналот одговорен за пожар ќе може да превенира потенцијална итна состојба. Магацините во коишто се сместени резервоарите, треба да имаат добра дренажа и треба да бидат на локации што не се подложни на поплави, лизгање на земјиштето или разводнување на земјиштето. Во случај на силни ветришта треба да бидат заштитени од летачки објекти. Магацините за складирање на гориво треба да бидат заштитени од конструктивни и какви било други активности што

АКО БОЛНИЦАТА НЕМА РЕЗЕРВОАР ЗА ГОРИВО ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР АКО БОЛНИЦАТА НЕМА РЕЗЕРВОАР ЗА ГОРИВО, ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР


потенцијално би можеле да ги оштетат. Оценувачите исто така треба да проверат дека опремата за заштита од пожар е функционална. (Референци: 7, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 74: Ниска = Резервоарите за гориво не се пристапни и не се лоцирани во безбедна област; Средна = Резервоарите се лоцирани на задоволителна локација во однос на опасности, со дополнителни мерки може да се обезбеди делумна заштита; Висока = Во добра состојба и на добра локација, добро се обезбедени и воспоставени се и други заштитни мерки; резервоарите за гориво се пристапни.

75. Состојба и безбедност на системите за дистрибуција на гориво (вентили, цевки, спојки) Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Истекувањето на гориво е екстремно опасно и важно е внимателно да се контролира. Тоа

АКО БОЛНИЦАТА НЕМА СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ГОРИВО ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДАДЕТЕ КОМЕНТАР вклучува добри перформанси на сите вентили, цевки и спојки. Оценувачите треба да се погрижат спојките да бидат флексибилни на местата каде што се прикачени за опремата и каде што преминуваат преку градежни елементи. Поврзувањата што се залепени до градежни елементи треба да се цврсти, со претпоставка дека нема можност за поместување. Визуелната проверка може да биде надополнета со податоците од записниците за одржување и контрола.

Оценки за безбедност на дел бр. 75: Ниска = Помалку од 60% од системот е во безбедна оперативна состојба; Средна = Помеѓу 60-90% од системот е во добра оперативна состојба и има автоматски затворачи на вентилите; Висока = Повеќе од 90% од системот е во добра оперативана состојба и има автоматски затворачи на вентилите.


76. Одржување за време на итни случаи и поправка на резервоарите за гориво Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Одделот за одржување треба да обезбеди оперативни прирачници и записи за редовното одржување на резервите на гориво. Оценувачите треба да потврдат дека има процедури за итни постапки за одржувањето на системите за резерви на гориво. Оценувачите исто така треба да потврдат дека персоналот е обучен за одржување на соодветното ниво на безбедност, количеството приливи на гориво и на алтернативните извори за болницата како во нормални услови, така и за време на итни случаи и катастрофи. Оценки за безбедност на дел бр. 76: Ниска = Не постојат документирани процедури и одржувања/записи од контрола; Средна = Постојат документирани процедури, записите за одржување се ажурирани, персоналот е обучен, но нема ресурси за спроведување за итно одржување и поправка на резервоарите; Висока = Постојат документирани процедури, записите за одржување се ажурирани, персоналот е обучен, има ресурси за спроведување за итно одржување и поправка на резервоарите за гориво.

3.3.7 Системи за медицински гасови Подгрупата 3.3.7 содржи 6 дела (77–82).

77. Локација на резервоарите за медицински гас Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Резервоарите за снабдување со кислород, како и резервоарите за складирање на медицински гасови, треба да се наоѓаат надвор од зградата на болницата, поради ризикот од празнење на резервоарот и експлозија. Оценувачите треба да потврдат дека постои локација назначена исклучиво за чување на резервоари и/или цилиндри и сродна опрема за медицински гасови и дека само оваа опрема се наоѓа на тоа место. Овие места треба да бидат добро проветрени, добро осветлени и јасно означени со етикета. Треба да има безбедна околина низ целото опкружување, со знаци кои укажуваат дека гасовите и опремата се опасни. Локацијата треба да биде во област којашто не е подложна на поплави, на одредено растојание од извори на топлина, и заштитена од летачки предмети или предмети што може да паднат. Локацијата треба да биде лесно достапна за одржување, како и за персоналот одговорен за заштита од пожар. (Референци: 2, 7).


Оценки за безбедност на дел бр. 77: Ниска = Нема локација резервирана за медицински гасови или истата е под висок ризик поради разни опасности; не постојат заштитни мерки, и резервоарот не е лесно пристапен; Средна = Задоволителни услови и задоволителна локација; преземени се некои дополнителни мерки кои овозможуваат делумна заштита; Висока = Во добра состојба, добро се обезбедени и други заштитни мерки се во сила; складирањето е достапно.

78. Безбедност на резервоарите за медицински гас и/или цилиндрите и опремата Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да направат увид во просториите каде што се складирани медицинските шишиња, гасови, резервоари и цилиндри за да се потврди дека тие се безбедни и сигурни и дека се заштитени од опасности (на пример, пречки, оган, прицврстувачи, држачи). Големината на просториите за складирање исто така мора да биде соодветна, со цел за правилно ракување со шишињата, резервоарите и цилиндрите при испораки. Секој цилиндер што содржи гас мора да има трајни ознаки кои покажуваат дали во него има чист гас или мешавина од гасови. Во просториите за складирање треба да има информација и за видовите на ризици и соодветните заштитни мерки кои треба да се преземат, така што сите потребни дејствија за контрола може да се применат при ракување со цилиндрите. Цилиндрите не треба да бидат обоени. Во подрачја склони на земјотрес и силен ветер, резервоарите за медицински гас во просториите за складирање треба добро да се прицврстени. Ако овие резервоари или цилиндри се чуваат во необележани делови на болницата, како ходници, оценката треба да биде „ниска“. Оценувачите треба да утврдат дека персоналот одговорен за управување со медицински гасови е запознаен со сите безбедносни процедури и барања за изолација за секој вид на гас кој се користи. Опремата за гаснење на пожар мора да биде достапна и вработените треба да бидат обучени за нејзина употреба. Визуелната контрола може да се надополни со информации од записници за одржување и евиденции од извршена контрола. (Референца: 7). Оцени за безбедност на дел бр. 78: Ниска = Просториите за складирање на резервоари и цилиндри со медицински гасови се во лоша состојба; мерки за заштита не се преземени; персоналот не е обучен да работи со медицински гасови и опрема за гаснење на пожар; Средна= Просториите за складирање на резервоари и цилиндри со медицински гасови се во задоволителна состојба; преземени се некои мерки кои обезбедуваат делумна заштита; квалитетот на прицврстувачите и држачите не е соодветен; вработените се обучени да работат со опремата;


Висока = Добра состојба, добро обезбедени и заштитени, прицврстувачите и држачите се со добар квалитет за големи опасности; медицинскиот гас и опремата за гаснење пожар се управувани од страна на квалификуван персонал.

79. Состојба и безбедност на системот за дистрибуција на медицински гас (вентили, цевки и приклучоци Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека уредите за чување и мрежите за дистрибуција користат кодови во боја за да ги означат различните видови на медицински гасови. Во прилог на различните бои, шишињата или цилиндрите за секој вид на гас имаат различни вентили, со што се елиминира можноста за приклучување на погрешен вид на гас. Без разлика на сите мерки на претпазливост, оценувачот треба да ги провери кодовите. Главната опасност доколку падне таков резервоар со гас е кршењето на вентилите и неконтролираното течење на гасовите што има опасни последици. Важно е да се проверат вентилите и да се увери дека спојките се флексибилни и дозволуваат мало движење, но исто така и дека не може да паднат или да се удрат еден од друг додека се приклучени за резервоарот. Цевките треба да бидат заштитени и приклучени за градежните делови. Треба да се користат флексибилни спојки онаму каде цевките поминуваат до градежните спојувања. Треба да се увери дека мрежата не протекува. Ќе биде потребно да се провери системот за аларм, капацитетот на операторите и систем за одржување, како што е документирано во дневникот за одржување и евиденција. Визуелната контрола може да се надополни со информации од записници за одржување и евиденции од извршена контрола. (Референца: 7). Оценки за безбедност на дел Бр. 79: Ниска = Помалку од 60% од системот е во добра оперативна состојба; Средна = Помеѓу 60% и 80% од системот е во добра оперативна состојба; Висока = Повеќе од 80% од системот е во добра оперативна состојба.

80. Состојба и безбедност на резервоарите за медицински гас и/или соодветната опрема Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка.


Резервоарите за гас и цилиндрите се наоѓаат таму каде што се користат. Тие содржат разни гасови, некои отровни, други запаливи. За да се избегне повреда на пациентите и персоналот или пак оштетување на опремата, резервоарите и цилиндрите мора да се добро прицврстени, бидејќи нивните вентили лесно се оштетуваат доколку паднат. Секој излез за кислород треба да има вентил што може да се затвори. Потребен е брз пристап до просториите и локацијата на клучевите треба да биде јасно означена за употреба од страна на овластениот персонал. Во подрачја склони на земјотреси и силни ветрови тесните вертикални резервоари за гориво треба да бидат прицврстени со три исти прицврстувачи, со цел да се обезбеди безбедност во случај на силни ветришта или сеизмичка активност. Хоризонталните резервоари треба да бидат прицврстени за ѕидовите за да не се слизнат при сеизмичка активност. Цевките за дистрибуција на медицински гас треба да имаат флексибилни врски кога поминуваат од зграда во зграда или преку сеизмички зглобови, особено во подрачја склони на земјотреси. Визуелната проверка може да се надополни со информации од записници за одржување и проверки од извршена контрола. (Референца: 7). Оценки за безбедност на дел бр. 80: Ниска = Резервоарите за медицински гасови и цилиндрите во болницата се во лоша состојба; не се обезбедени; Средна= Резервоарите за медицински гасови и цилиндрите во болницата се во задоволителна состојба; преземени се некои мерки кои овозможуваат делумна заштита; квалитетот на прицврстувачите и држачите не е соодветен; Висока = Добра состојба; добро обезбедени и заштитени; прицврстувачите се со добар квалитет, и безбедни од опасности.

81. Достапност на алтернативни извори на медицински гасови Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да проверат дали алтернативните извори на медицински гасови имаат резерва на кислород, како и да ја проверат достапноста на резервни шишиња. Треба исто така да се провери дали испорачувачот на медицински гасови се наоѓа во околината и дали има резерви на располагање. Оценувачите може да ја добијат оваа информација преку увид во детали од договорот со испорачувачот и организациските политики и процедури. Оценки за безбедност на дел бр. 81: Ниска = Нема алтернативни извори или не се достапни; Средна = Има алтернативни извори и се во задоволителна состојба, но испораката на резерви трае подолго од 15 дена; Висока = Има алтернативни извори и се брзо достапни (за помалку од 15 дена).


82. Одржување за време на итни случаи и поправка на резервоарите за медицински гас Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи). Одделот за одржување треба да обезбеди оперативни прирачници и евиденција за превентивно одржување за системот за медицински гас. Оценувачот треба да потврди дека постојат постапки за одржување на системот за медицински гас во итни случаи и катастрофи. Оценувачот треба да провери дали персоналот е обучен за правилно одржување на стандардно ниво на безбедност на системите за медицински гас на болницата при нормални и итни случаи и катастрофи. Оценки за безбедност на дел бр. 82: Ниска = Не постојат документирани процедури и записи за одржување/проверка;

Средна

=

Постојат

документирани

процедури

и

записи

за

одржување/проверка постојат; персоналот е обучен, но ресурси за спроведување на итни одржување и поправки не се достапни; Висока = Постојат документирани процедури и записи за одржување/проверка; персоналот е обучен; постојат ресурси за спроведување на итни одржувања и поправки.

3.3.8 Системи за греење, вентилација и клима уред (ГВКУ) Подгрупата 3.3.8 содржи 8 дела (83−90).

83. Локација на просторијата за опремата за ГВКУ Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Котларите треба да се подалеку од болницата. Најдобро е да бидат сместени во простории со некаков покрив, подалеку од местата каде што се чува гориво, во делови што имаат лесен пристап и што не може лесно да се заградат или поплават. Кога централните единици на клима уредот се поставени на кров, тие треба да бидат заштитени од временските услови. Која било опрема за ГВКУ треба да има лесен пристап до неа, треба да биде заштитена од делови кои може да го попречат пристапот до неа и треба да се наоѓа на места заштитени од поплави. (Референци: 2, 7, 17, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 83: Ниска = ГВКУ системите не се пристапни и не се лоцирани на безбедна локација; заштитни мерки не се воспоставени; Средна = ГВКУ системите се пристапни и се лоцирани на безбедна локација; заштитни мерки се воспоставени за некои опасности; Висока = ГВКУ системите се пристапни, на безбедна локација и заштитени од сите опасности.


84. Безбедност на просторијата за опремата за ГВКУ Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување и проверка. Оценувачите треба да проверат дали просторијата за опремата за ГВКУ секогаш има лесен пристап и е доволно голема да им овозможи на операторите да работат со опремата. Вентилаторите за пареа треба да ја вентилираат просторијата за бојлерот. Оценувачите треба да проверат дали осветлувањето е соодветно за да се видат копчињата и дали има одвод за вода, масло и гориво. Контролната плоча треба да биде отпорна на пареа и заштитена од температурата од бојлерот. Просторот треба да има противпожарна опрема и осветлување за итни случаи. Следниве информации треба да бидат јасно означени во котларницата: • упатства за запирање на системот со аларми за итност и механизми за брз пресек; • име, телефонски број и адреса на лицето или субјектот задолжен за одржување; • адресата и телефонскиот број на најблиската противпожарна станица и лицето одговорно за објектот; • локацијата на апаратот за гаснење пожар во просторијата и знаци за локации на други апарати за гаснење пожар; • знаци за излези во случај на пожар; • мапа на трасата за излез за итни случаи. (Референци: 7, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 84: Ниска = ГВКУ системите не се пристапни и не се лоцирани на безбедна локација; заштитни мерки не се воспоставени; Средна = ГВКУ системите се пристапни и се лоцирани на безбедна локација; заштитни мерки се воспоставени за некои опасности; Висока = ГВКУ системите се пристапни, со широк дијапазон на безбедносни мерки.

85. Безбедност и оперативна состојба на опремата за ГВКУ (бојлер, издувен систем, итн.) Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Клучни делови од болницата зависат од правилното работење на опремата за ГВКУ. Тие делови се: кујната, центарот за стерилизација, фрижидерите, медицинските складишта, пералните, операционите сали и одделот за интензивна нега. Котлите и останатата ГВКУ опрема се ранливи и може да претставуваат голем ризик. При земјотреси, тие се изложени на инертните сили поради нивната тежина. Може да се превртат поради сеизмичката активност, што може да доведе до кршење на цевките и поплавување. Водата за противпожарниот систем може да се доведе до ризик кога конекторите за вода се скршени. Опасноста


од пожари се зголемува ако каблите или цревата за гас се прекинати, или ако се истури течно гориво. Со цел да се избегнат овие опасности, оценувачот мора да провери дали бојлерот е целосно прицврстен за темелите. Одделните грејачи за вода треба да се прицврстени од горе и од долу за стабилен ѕид. Доколку се откачи еден прицврстувач, веројатноста да грејачот се слизне е мала. Соларните грејачи се најчесто поставени на кровот и се ранливи на силни ветришта и сеизмичка активност. Оценувачите треба да проверат дали овие делови се добро прицврстени за кровот. Оценувачот треба да направи основна инспекција на состојбата на контролната табла, надворешниот изглед на котелот, да ги прегледа лабораториските анализи на водата и да го провери работењето на опремата за аларм. Болницата треба да има најмалку два котли, за да може додека едниот се поправа или не работи, другиот да функционира непречено. Нетретираната вода во котлите може да предизвика распаѓање, затоа треба да има омекнувач на водата. Најчестите дефекти кај оваа опрема се случуваат кај контролната табла. Прегревањето се случува поради ниско ниво на вода, а варијации во притисокот на бојлерот предизвикуваат недоволно функционирање. Доколку дојде до прегревање или варирање на притисокот и дефект на некој од безбедносните вентили, може да дојде до експлозија. Наслагите од бигот ќе бидат видливи доколку омекнувачот за вода не е соодветен. Овие наслаги ја намалуваат ефикасноста и го ‘рѓосуваат металот. Тие треба да видат дали вентилаторот за отстранување на пареата од просториите за бојлерите, од кујната и операционите сали функционира правилно. Исто така треба да се проверат контролните копчиња и алармите на опремата за централниот клима уред. Степенот на обука на операторот е важен. Оценувачите треба да го прашаат операторот дали има копија од упатството за работење и одржување (за дневно чистење) и колку често се врши превентивно одржување од страна на обучен кадар. (Референци: 7, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 85: Ниска = ГВКУ системите се во лоша состојба, не се одржуваат; Средна = ГВКУ системите се во задоволителна состојба; преземени се мерки коишто овозможуваат делумна заштита; Висока = Добра состојба, добро обезбедени и заштитени од опасности (на пример, прицврстувачите се со добар квалитет); редовно се одржуваат и се спроведуваат тестирања за уредите за контрола и алармниот систем.

86. Соодветна поддршка за водовите и преглед на флексибилноста на водовите и цевките што преминуваат преку зглобовите за проширување Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка.


Сите канали за ГВКУ и цевките, вклучително оние за греење, вентилација и климатизација, мора да се во добра состојба и добро прицврстени за зградата, без можност за хоризонтално придвижување, особено во области со сеизмичка активност. Спојките треба да се флексибилни, додека прицврстувањето треба да биде цврсто и со соодветен пад за да се овозможи движење на водовите во три насоки. Водовите што преминуваат преку кровови треба да бидат добро прицврстени за да не ги оштети ветерот и треба да се поставени над одводите на кровот. Оценувачот треба да го провери растојанието меѓу прицврстувачите за да се увери дека нема поместувања предизвикани од тежината на водовите што може да доведе до нивно паѓање. Ако водовите се сокриени со спуштени тавани, треба да се тргнат таванските плочи за да се проверат водовите. Водовите што преминуваат преку зглобовите за проширување треба да бидат флексибилни. Треба да се проверат прицврстувачите за водовите што поминуваат меѓу блокови од згради за да се увери дека тие нема да паднат и/или оштетат делови околу водовите. (Референци: 7, 17, 19) Оценки за безбедност на дел бр. 86: Ниска = Нема прицврстувачи и спојките се цврсти; Средна = Има прицврстувачи, во задоволителна состојба се или спојките се флексибилни; Висока = Има прицврстувачи, во добра состојба се и спојките се флексибилни.

87. Состојба и безбедност на цевки, приклучоци и вентили Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. За да се заштитат од влага, цевките треба да поминуваат низ водови. Оценувачите треба да го проверат работењето на вентилите, како и состојбата на цевките на клучните места за да се уверат дека се заштитени во кујните, во бојлерите или во кои било места каде што има пареа и каде што може да дојде до оштетување на обвивките или изолацијата на цевките. Оценувачите треба да проверат дали кондензацијата влијае на изолацијата на цевките и дали има протекувања од горните катови што би можеле да ги оштетат деловите. Влажноста може да ги уништи спуштените тавани и другите делови или опремата поврзани со цевките. Цевките треба да имаат флексибилни спојки на местата каде што преминуваат преку зглобовите за проширување на зградата. Во случај кога цевките пренесуваат топла вода или пареа, оценувачите треба да проверат дали се користат спојки за проширување и безбедносни вентили. Цевките треба целосно да бидат прицврстени и поставени на растојание од електрични табли или жици. Сигурносните вентили или вентилите за пареа, за топла вода или вода со собна температура реагираат


на сеизмичкото засилување, затоа треба да имаат странични прицврстувачи. Визуелната проверка може да се надополни со информации од записи за контрола и редовно одржување. Оценки за безбедност на дел бр. 87: Ниска = Помалку од 60% од цевките се во добра состојба; заштитните мерки против опасности се лимитирано применети; Средна = Помеѓу 60% и 80% се во добра состојба; преземени се некои мерки коишто овозможуваат делумна заштита; Висока = Над 80% се во добра состојба, добро се обезбедени и заштитени од опасности.

88. Состојба и безбедност на клима уреди Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да ја проверат состојбата на клима уредите коишто може да бидат локални или централни, компактни или не. Не сите клима уреди можат да ги задоволат барањата за одржување на стерилни услови (на пример за оперативните сали, одделите за интензивна нега) и други делови на болницата, затоа оценувачот треба ја провери физичката и техничката состојба на опремата, вклучувајќи ја и пристапноста за сервисирање во просторијата во која што е сместена. Централните единици за клима уред може да бидат компактни или поделени со вентилатор. Тие се многу тешки и најчесто се поставени во делови со вентилација, како на пример кровови, горни катови од болницата, или катови наменети за машинеријата на зградата и опремата. Поради нивната тежина, тие може значително да влијаат на градбата. Ако не се добро прицврстени, тие може да се придвижат или превртат и може да предизвикаат делумно или целосно рушење на зградата. Помалите единици се поставени во деловите што ги опслужуваат и се или единици за на прозорец или пак подвижни единици. Кај помалите сплит системи, уредот за испарување е поставен внатре, а компресорот и кондензаторот се надвор, на кровот, во двор, итн. Надворешната опрема е ранлива на поплави и силни ветришта и мора да биде прицврстена и поставена подалеку од вода, која може да го оштети нејзиниот електричен систем. Внатрешните единици треба да се добро прицврстени за градежните елементи, бидејќи ако паднат може тешко да повредат луѓе или да оштетат друга опрема. Исто така треба да се провери и состојбата и безбедноста на прозорците, како и на малите носечки единици. Визуелната проверка може да се надополни со информации од записи од одржување и претходни контроли. Оценки за безбедност на дел бр. 88: Ниска = Клима уредите се во лоша состојба, не се обезбедени; Средна = Клима уредите се во задоволителна состојба; преземени се некои мерки


коишто овозможуваат делумна заштита; (на пример, квалитетот на држачите и прицврстувачите не е соодветен); Висока = Добра состојба, добро обезбедени и заштитени од опасности (на пример, прицврстувачите се со добар квалитет).

89. Функционирање на системот за климатизација (вклучувајќи ги и просториите со негативен притисок) Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите треба да ја проверат можноста на болницата за зонско воспоставување на системите за климатизација, со цел да се намали ширењето на заразни болести или пожар. Доколку има соби со негативен притисок (на пример во области со висок ризик за заразни болести), оценувачите треба да проверат дали овие зони може да бидат изолирани од системот за климатизација. (Референци: 7, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 88: Ниска = Болницата нема можности за зонска климатизација; Средна = Климатизацијата може да се воспостави по зони, но не постои можност да се раздели циркулирањето на воздухот меѓу високо ризичните и другите области на болницата; Висока = Собите со негативен притисок се достапни, и системот за климатизација може да се воспостави зонски, при што воздухот не навлегува во областите со висок ризик.

90. Одржување за време на итни случаи и поправка на ГВКУ системите Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи). Одделот за одржување треба да обезбеди оперативни прирачници и евиденција за превентивно одржување за ГВКУ системите. Оценувачот треба да провери дали персоналот е обучен за правилно одржување на стандардно ниво на безбедност на ГВКУ системите како при нормални, така и при итни случаи и катастрофи. Оценки за безбедност на дел бр. 90: Ниска = Не постојат документирани процедури и записи за одржување/контрола;

Средна

=

Постојат

документирани

процедури

и

записи

за

одржување/контрола; персоналот е обучен, но ресурси за спроведување на итни одржувања и поправки не се достапни; Висока = Постојат документирани процедури и записи за одржување/контрола; персоналот е обучен; постојат ресурси за спроведување на итни одржувања и поправки.


3.4 Опрема и резерви Под-модулот 3.4 е поделен во 2 подгрупи од 3.4.1 до 3.4.2 и содржи 32 дела (91-111). Ова е четврт под-модул од неградежни елементи и е поделен на две подгрупи: 3.4.1. Мебел и опрема за канцеларија и складиште (статични и подвижни) 3.4.2. Медицинска и лабораториска опрема и резерви кои се користат за дијагностицирање и лекување Во својата работа, персоналот користи широк дијапазон на опрема (медицинска, дијагностичка, канцелариска), неклинички услуги и потрошен материјал, за да обезбеди третман на пациентите и за обавување други критични улоги во болницата. Оценувачите треба да ги утврдат условите, безбедноста и стабилноста на целокупната опрема, со цел истата да биде заштитена од оштетување кои има потенцијал да предизвика повреди на лицата кои се наоѓаат во болницата односно да го наруши целокупното функционирање на болничките услуги. Модулот исто така вклучува и евалуација на локацијата на операционите сали со цел да утврди дали се тие безбедни во катастрофи, капацитетот за спроведување на примарната дејности расположивоста на потрошен материјал за континуирано давање здравствена заштита. Општо земено, а особено важно за болниците кои се изложени на земјотреси и силни ветрови, предметите кои се закачени на ѕидовите и кои се наоѓаат над работните маси (часовници, слики, телевизиски приемници, итн.) треба да бидат поставени така што нема директно да висат над работна површина или над врата, и воедно треба да бидат добро прицврстени или прикрепени за ѕидот. Особено во трусните подрачја, масичките и кабинетите за документи со тркалца треба да се обезбедени со стопери/закочувачи, или треба да бидат прицврстени на ѕидовите а да се спречи нивно лизгање; фиоките за документи треба да имаат соодветни рачки или резиња за да се спречи нивно несакано отворање. Оценувачите треба да ја имаат предвид потенцијалната штета која може да биде предивикана од поплави, пожар или силни ветрови; овие појави може да искршат големи прозорци/стаклени површини, и на тој начин да го оштетат мебелот или предметите во канцелариите и другите простории.


3.4.1 Мебел и опрема за канцеларија и складиште (статични и подвижни) Подгрупата 3.4.1 содржи 2 дела (91–92).

91. Состојба на полици и безбедност на предметите на полиците Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачите треба да проверат дали полиците се прицврстени за ѕидовите и/или имаат безбедносни прицврстувачи и дали имаат рабови или огради што ќе го спречат паѓањето на предметите. Канцеларии, библиотеки и архиви за клинички записи најчесто имаат полици со стаклени вратички. Единиците со полици треба да се споени едни со други, а стаклото треба да се замени со материјал што не се крши. Онаму каде што има редови од високи, поединечни полици, истите мора да се прикачат за подот, сите да се поврзат на горниот дел со спојки кои преминуваат низ собата и да се прикачат за ѕидовите на секој крај од редовите со полици. Поврзувањето на полиците ја зголемува страничната стабилност, намалувајќи ја шансата да паднат. За високи полици направени од запаливи материјали треба да се провери состојбата на опремата за осветлување и жиците во близина на полиците. Оценувачот треба да ги провери деловите каде што може да дојде до попречување на излезот во случај да падне полица. Во зависност од материјалот во канцеларијата или складиштето, треба да има противпожарна опрема во близина на излезите, а персоналот треба да знае како да ракува со истата. (Референци: 2, 7, 15, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 91: Ниска = Полиците не се поставени на безбедна локација (или во области подложни на сеизмички потреси и силни ветрови не се прицврстени за ѕидот или се прицврстени само 20%); Средна = Полиците се поставени на безбедна локација (прицврстени за ѕидот во области подложни на сеизмички потреси и силни ветрови); од 20% до 80% од предметите на нив се безбедни; Висока = Повеќе од 80% од полиците се на безбедна локација, добро се прицврстени и предметите на нив се безбедни.

92. Безбедност на компјутери и принтери Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Најголем дел од информациите во една болница се наоѓаат во компјутерите. За да се обезбеди функционирањето на установата, компјутерите и нивните содржини мора да се заштитат од штети предизвикани од природни феномени. Оценувачите треба да проверат дали компјутерите, принтерите и серверите се безбедни на масите или дали има рамка или ограда која ќе ги спречи да се слизнат од масите. Ако масите се на


тркалца, тркалцата треба да бидат заклучени. Онаму каде што има можност каблите од компјутерите да поминуваат под подот, оценувачите треба да ги проверат прицврстувачите на градежната плоча, како и хоризонталните и вертикалните држачи. Во болниците кои се изложени на ризик од поплави и поројни дождови, компјутерските центри и компјутерите, а посебно серверите, треба да се постават на место каде што тие нема да бидат изложени на ризик од оштетувања од вода. Подрумите и приземните простории се особено подложни на поплави. Распрскувачите за вода од системот за противпожарна заштита исто така можат да ги оштетат компјутерите и другите електронски уреди. Оценки за безбедност на дел бр. 92: Ниска = Не се преземени мерки за заштита на компјутерите од оштетувања; Средна =Компјутерите се поставени на безбедни локации, некои мерки нудат делумна заштита од опасности; Висока = Компјутерите се во добра состојба и на добра локација, добро се обезбедени и воведени се и други заштитни мерки.

3.4.2 Медицинска и лабораториска опрема и резерви кои се користат за дијагностицирање и лекување Подгрупата 3.4.2 содржи 21 дел (93-111).

93. Безбедност на медицинска опрема во операционите сали и собите за закрепнување Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. Оценувачот треба да потврди дека медицинската опрема е правилно обезбедена во случај на природни и други опасности. Операционите сали и собите за закрепнување не треба да бидат лоцирани на места подложни на ефектите на природни непогоди (поплави, земјотреси и бури). Во болниците лоцирани во сеизмичко нестабилни подрачја, оценувачите треба да потврдат дека ламбите, опремата за анестезија и операционите маси се функционални и дека помошните колички за пациентите се заклучени., па потоа ќе ги проверат безбедносните прицврстувачи на истите за време на операција. Таванското осветлување во операционите сали треба да функционира, а вградените елементи треба да бидат добро прикачени за преградите за да не се нишаат. Операционата маса треба да биде целосно статична. Опремата за анестезија, електричните единици за хирургија, мониторите и инструментите треба да бидат прикачени за подвижни колички, кои пак кога се користат треба да бидат прикачени за операционата маса. Треба да се проверат држачите и шарките на целата опрема.


Опремата за одржување во живот треба целосно да биде прикачена, за да нема можност да се откачи од пациентот. Треба да се користат флексибилни црева и цевки кои имаат и вентили што автоматски се исклучуваат за поврзување на опремата за медицински гасови, вода или пареа. Каблите што ја поврзуваат опремата за електричен извор треба да поминуваат низ водови за да не се заплеткаат. Опремата не треба да се поставува над пациентот. Кога не се користи, опремата треба да биде потпрена на ѕид, а тркалцата на количките и подвижните маси да се закочени. (Референца: 2, 7, 15, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 93: Ниска = Операционите сали се на небезбедни локации, има недостаток на опремата или опремата е во лоша состојба или не се преземени мерки за заштита; Средна = Операционите сали се на безбедни локации, опремата е во просечна состојба и преземени се делумни мерки за заштита; Висока = Операционите сали се на сигурна локација, опремата е во добра состојба и преземени се мерки за заштита.

94. Состојба и безбедност на опремата за радиологија и снимање Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачот треба да потврди дека опремата за радиологија и снимање е правилно обезбедена во случај на природни и други опасности и да се увери дека ќе биде поставена на место каде што нема да биде оштетена во случај на поплава. Во болниците лоцирани во сеизмичко нестабилни подрачја, оценувачите треба да потврдат дека состојбата на рендген опремата и количките кои ја држат опремата треба да се проверат; кочниците на количките мора да работат. Онаму каде се користат скенери за компјутерска аксијална томографија (КАТ), оценувачите треба да проверат дали тие работат и дали се наоѓаат на места каде не можат да бидат оштетени од поплави. Операторите треба да бидат запознаени со сите безбедносни протоколи за користење на опремата. Критериумите што се користат во дел бр. 94 може да се применат за опремата којашто треба да биде прикачена. Бидејќи оваа опрема е тешка и подлежи на штети предизвикани од сеизмичка активност, потребни се соодветни држачи. Колку е повисок центарот на гравитација на овие предмети, толку е поголема можноста да се превртат и паднат. Струјата и другите приклучоци треба да бидат флексибилни: подобро е каблите да се откачат отколку да се скршат. Болничката опрема е многу осетлива на брзи промени во волтажата (на пример, скенер за компјутерска томографија, опрема за мамографија, скенер за магнетна резонанца) и затоа оценувачите треба да проверат дали постои


опрема за регулирање на волтажата и за заземјување кои ќе ја заштитат опремата од електрично празнење. (Референци: 7, 15, 19) Оценки за безбедност на дел бр. 94: Ниска = Опремата не е на безбедна локација, е во лоша состојба или не е заштитена; Средна = Опремата е на безбедна локација, е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е на сигурна локација, е во добра состојба и е заштитена.

95. Состојба и безбедност на лабораториската опрема и резерви Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување и проверка. При оценување на состојбата и сигурноста на лабораториската опрема оценувачите треба да ги земат предвид инструкциите наведени во точките 93 и 94. При увид на лабораторијата оценувачите треба да обрнат посебно внимание на ракувањето и сигурноста на биолошките примероци. Треба да бидат преземени мерки за био-сигурност. Ако дојде до оштетување или истекување на биолошките и хемиските садови, може да дојде до контаминација на лабораторијата, персоналот и пациентите. За заштита на лабораториската опрема и резервните материјали во случај на кризна состојба треба да се преземат дополнителни мерки за заштита. Треба да се провери работната состојба на единиците за разладување на лабораториските материјали и да се увери дека нивната содржина е добро обезбедена. Во болниците лоцирани во сеизмичко нестабилни подрачја и подрачја изложени на силни ветрови, полиците за чување на лабораториската опрема, вклучувајќи ги садовите за биолошки и хемиски агенси, треба да бидат добро зацврстени (види во дел бр. 93). Исто така треба да има систем за заштита од пожар (ПП апарати и хидрантски систем итн.) и персоналот треба да биде обучен за да ја користи оваа опрема. (Референци: 7, 15, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 95: Ниска =Мерките за био-заштита се ниски, има недостаток од опрема или опремата е во лоша состојба, или не е заштитена; Средна = Преземени се мерки за био-заштита, опремата е во просечна состојба, преземени се делумни мерки за заштита; Висока = Преземени се мерки за био-заштита, опремата е во добра состојба и е заштитена.

96. Состојба и безбедност на медицинската опрема во одделот за итна медицинска помош Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. При оценување на состојбата и сигурноста на медицинската опрема во одделот за итна медицинска помош оценувачите треба да ги земат предвид инструкциите наведени во точките 93 и 94.


Оценувачите треба да проверат дали работи опремата, која вклучува колички, резервоари со кислород, монитори, итн., и дали истата е безбедна. (Референци: 7, 15, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 96: Ниска = Недостаток на опрема или е во лоша состојба или не е заштитена; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е добро заштитена.

97. Состојба и безбедност на медицинската опрема во одделот за интензивна нега или одделот за постинтензивна нега Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување и проверка. При оценување на состојбата и сигурноста на медицинската опрема во одделот за интензивна нега оценувачите треба да ги земат предвид инструкциите наведени во точките 93 и 94. Оценувачите треба да проверат дали основната и специјализираната опрема од одделот за интензивна нега се безбедни и во добра работна состојба. Опремата вклучува системи за одржување во живот, вентилатори, опрема за реанимација, резервоари за кислород, монитори, итн. Најригорозната инспекција треба да се спроведе во одделот за карантин поради дополнителните опасности од загадување или инфекции. (Референци: 7, 15, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 97: Ниска = Недостаток на медицинска опрема, опремата е во лоша состојба или не е заштитена; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е заштитена.

98. Состојба и безбедност на опремата и мебелот во аптеката Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. При оценување на состојбата и сигурноста на опремата и мебелот во аптеката оценувачите треба да ги земат предвид инструкциите наведени во точките 93 и 94. Треба да се провери состојбата на фрижидерите за лекови за да се утврди дека се во ред и дека нивната содржина е безбедна. Полиците за лекови треба да се добро прицврстени (види дел бр. 93). Бидејќи некои од материјалите во аптеката се запалливи, треба да има соодветна противпожарна опрема (апарати за гаснење пожар, хидрантски системи и др.) и персоналот во аптеката треба да биде обучен за да ја користи оваа опрема. Оценки за безбедност на дел бр. 98: Ниска = Има недостаток на опрема, или е во лоша состојба, или не е заштитена; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е заштитена.


99. Состојба и безбедност на опремата во одделот за стерилизација Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. При оценување на состојбата и сигурноста на опремата во одделот за стерилизација оценувачите треба да ги земат предвид инструкциите наведени во точките 93 и 94. Оценувачите треба да ги проверат автоклавите и обуката на лицето кое ракува со нив во итни случаи. Протекувањата на вода надвор од единицата и можното загадување на зачуваните предмети претставува проблем во одделот за стерилизација, затоа оценувачите треба да одредат дали има системи за филтрација на водата на горните катови, дали има одвод или во најлош случај тоалети што би можеле да ги загадат предметите. Треба да се проверат соодветните ознаки за стерилната и загадената опрема. Оценувачите мора да проверат дали има мерки на безбедност онаму каде што се користат полици и колички за складирање на стерилизирани материјали (види дел бр. 92); материјалите може да се загадат доколку полиците или количките се превртат и паднат за време на сеизмичка активност. Автоклавите се тешки и затоа треба да бидат добро прицврстени во сеизмички нестабилните подрачја. Исто така доводот за вода на автоклавите треба да биде поврзан со флексибилни приклучоци. Оценувачите мора исто така да проверат дали има соодветна противпожарна опрема и дали персоналот знае да ракува со истата. Треба да се провери и близината на вратите и прозорците до стерилизираните материјали, како и материјалите што се користат за врати и прозорци. (Референци: 7, 15, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 99: Ниска = Недостаток на опрема, или е во лоша состојба, или не е заштитена; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е заштитена.

100.

Состојба и безбедност на медицинската опрема за акушерски итни случаи и

постпородилна нега Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. При оценување на состојбата и сигурноста на медицинската опрема за акушерски итни случаи и постпородилна нега оценувачите треба да ги земат предвид инструкциите наведени во точките 93 и 94. Оценувачите треба да ја проверат состојбата и безбедноста на опремата. Специфичната опрема за постпородилна нега вклучува инкубатори, опрема за реанимација, резервоари за кислород, монитори, итн. Санитацијата и хигиената треба да бидат строго проверени во овие оддели, особено во салите за породување, поради ранливоста на новороденчињата. Вратите и прозорците треба да бидат отпорни


на силни ветришта; ако влезе вода, опремата може да биде оштетена или уништена. Тешко е да се префрлат новороденчињата во други делови, бидејќи се многу ранливи. (Референци: 7, 15, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 100: Ниска = Нема опрема, во лоша состојба е, или не е безбедна; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е заштитена.

101.

Состојба и безбедност на медицинската опрема и материјалните средства во

одделот за итно лекување на изгореници Препорачани методи за проценка: набљудување и проверка. При оценување на состојбата и сигурноста на медицинската опрема и материјалните средства во одделот за итно лекување на изгореници оценувачите треба да ги земат предвид инструкциите наведени во точките 93 и 94. Доколку болницата нема оддел за лекување на изгореници, оценувачот треба да провери дали болницата има материјали и опрема за основно справување во итни случаи. Оценувачите треба да проверат дали основната и специјализираната опрема за нега на изгореници и материјалите функционираат и се безбедни. Оваа опрема вклучува системи за одржување во живот, вентилатори, резервоари со кислород, монитори, колички, итн. (Референци: 7, 15, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 101: Ниска = Нема опрема, во лоша состојба е, или не е безбедна; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е заштитена.

102.

Состојба и безбедност на медицинската опрема за нуклеарна медицина и терапија со

радијација Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување и проверка. При оценување на состојбата и сигурноста на медицинската опрема за нуклеарна медицина и терапија со радијација оценувачите треба да ги земат предвид инструкциите наведени во точките 93 и 94. Оценувачите треба да го проверат ракувањето, состојбата и безбедноста на примероците. Материјалните средства треба да се чуваат во делови каде што не можат да паднат или пак да бидат удрени од други предмети. Ако контејнерите се скршат или протечат за време на катастрофа, техничарите и пациентите може да бидат контаминирани. Во случај на кризна состојба треба да се преземат дополнителни мерки за заштита. Бурињата што се користат за радиоактивниот отпад мора да имаат сигурносни капаци. Важно е да се провери дали сензорите за радијација и коморите за ракување со примероци функционираат правилно и дали забранетите области се обележани со знаци.


Како и во други делови од болницата, треба да се провери противпожарната опрема и дали персоналот знае да ракува со истата. (Референци: 7, 15, 19).

АКО БОЛНИЦАТА ГИ НЕМА ОВИЕ УСЛУГИ ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДАДЕТЕ КОМЕНТАР Оценки за безбедност на дел бр. 102: Ниска = Нема опрема, во лоша состојба е, или не е безбедна; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е заштитена.

103.

Состојба и безбедност на медицинската опрема за други услуги

Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување и проверка. Голем број од инструкциите во деловите бр. 93 и 94 ќе бидат применливи во други услуги на болницата кои сè уште не сме ги споменале. Тие може да вклучат: кардиологија, ортопедија, педијатрија, породилно одделение, физиотерапија, итн. Оценувачите треба да извршат проверка на другите области, обрнувајќи посебно внимание на деловите што може да влијаат на функционирањето на целата болница. (Референци: 7, 15, 19). Оценки за безбедност на дел бр. 103: Ниска = Повеќе од 30% од опремата има ризик од материјален или функционален дефект и/или опремата го става функционирањето на услугите во директен или индиректен ризик; Средна = Помеѓу 10% и 30% од опремата има ризик да се оштети; Висока = Помалку од 10% од опремата има ризик да се оштети.

104.

Лекови и резерви

Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да го проверат степенот на побарувачка на лекови и резерви при планираниот максимален капацитет на болницата, земајќи ги предвид видовите услуги што болницата ги нуди, како и дополнителниот капацитет потребен за справување при итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да проверат дали достапноста на лекови ќе ја задоволи максималната побарувачка од најмалку


72 часа за да се обезбеди функционалноста на болничките услуги за време на итни случаи и катастрофи. Листата на основните лекови на СЗО може да служи како референца. (Референца: 20) Оценки за безбедност на дел бр. 104: Ниска = Не постојат; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Резервите покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

105.

Стерилизирани инструменти и други материјали

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба го проверат степенот на побарувачка на стерилизирани инструменти при планираниот максимален капацитет земајќи ги предвид видовите услуги што болницата ги нуди, како и дополнителните капацитети потребни за справување со итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да проверат дали достапноста на лекови ќе ја задоволи максималната побарувачка од најмалку 72 часа за да се обезбеди функционалноста на болничките услуги за време на итни случаи и катастрофи. Оценувачите исто така треба да проверат дали болницата има доволно резерви на стерилизирани материјали во случај на кризни состојби (оценувачите може да ги проверат резервите потребни за следниот ден), и дали има средства за стерилизација на инструментите и доволно стерилизирани инструменти за да ја задоволи максималната побарувачка од најмалку 72 часа. (Референца: 20). Оценки за безбедност на дел бр. 105: Ниска = Не постојат; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Резервите покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

106.

Медицинска опрема наменета за употреба при итни случаи и катастрофи

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да проверат дали болницата има средства наменети за итни случаи и катастрофи и како истите се чуваат (китови за ендотрахијално интубирање, средства за дренажа на гради, оперирање, инфузија, трансфузија, акушерство, маски со кислород, фиксатори при повреда на врат, рбет и карлица). Оценувачите треба да го проверат степенот на побарувачка на медицинските инструменти при планираниот максимален капацитет земајќи ги предвид видовите услуги што болницата ги нуди, како и дополнителните капацитети потребни за справување со итни случаи и


катастрофи. Оценувачите треба да проверат дали достапноста на медицинските инструменти ќе ја задоволи максималната побарувачка од најмалку 72 часа. Оценки за безбедност на дел бр. 106: Ниска = Не постојат; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Резервите покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

107.

Резерви на медицински гасови

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да го проверат степенот на побарувачка на медицински гасови при планираниот максимален капацитет земајќи ги предвид видовите услуги што болницата ги нуди, како и дополнителните капацитети потребни за справување со итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да проверат дали достапноста на медицинските гасови ќе ја задоволи максималната побарувачка од најмалку 15 дена за да се обезбеди функционалноста на болничките услуги за време на итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да ги проверат резервните капацитети на секој вид гас што се употребува во болницата, земајќи ги предвиди резервите на медицинските гасови во магацините и оние што се дистрибуирани во услугите кои ги користат истите. Се препорачува количината на резервите на медицинските гасови да биде доволна за 15 дена бидејќи набавките на истите не се прават често. Оценувачите треба да ги проверат податоците на снабдувачите на гас, односно дали тие се ажурирани (телефонски број, адреса.). Исто така треба да се провери и колку често се доставуваат медицински гасови во болницата. Оценки за безбедност на дел бр. 107: Ниска = Резервите покриваат помалку од 10 дена; Средна = Резервите покриваат од 10 до 15 дена; Висока = Резервите покриваат најмалку 15 дена.

108.

Механички вентилатор (волумен)

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека квантитетот, состојбата и протоколите за употреба на опремата се достапни (најчесто кај Службата за справување со итни случаи и катастрофи). Оценувачите треба да го проверат степенот на побарувачка на механичките вентилатори при планираниот максимален капацитет на болницата земајќи ги предвид видовите услуги што болницата ги нуди, како и дополнителните капацитети потребни за справување со итни случаи и катастрофи. Оценувачите


треба да проверат дали достапноста на вентилаторите ќе ја задоволи максималната побарувачка од најмалку 72 часа. Оценки за безбедност на дел бр. 108: Ниска = Не постојат; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Резервите покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

109.

Електромедицинска опрема

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека квантитетот, состојбата и протоколите за употреба на електромедицинската опрема или опремата за клиничко инженерство се достапни (најчесто кај Службата за справување со итни случаи и катастрофи). Оценувачите треба да го проверат степенот на побарувачка на електромедицинска опрема (подвижен електрокардиограф, монитор за следење на гасови во крвта, опрема за каутеризација, ултразвук, итн.) при планираниот максимален капацитет на болницата земајќи ги предвид видовите услуги што болницата ги нуди, како и дополнителните капацитети потребни за справување со итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да проверат дали достапноста на електромедицинската опрема ќе ја задоволи максималната побарувачка од најмалку 72 часа. Оценки за безбедност на дел бр. 109: Ниска = Не постојат; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Резервите покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

110.

Опрема за одржување во живот

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека квантитетот, состојбата и протоколите за употреба на оваа опрема (дефибрилатор, вентилатор, итн.) се достапни (најчесто кај Службата за справување со итни случаи и катастрофи). Оценувачите треба да го проверат степенот на побарувачка на опремата за одржување во живот при планираниот максимален капацитет на болницата земајќи ги предвид видовите услуги што болницата ги нуди, како и дополнителните капацитети потребни за справување со итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да проверат дали достапноста на опремата за одржување во живот ќе ја задоволи максималната побарувачка од најмалку 72 часа.


Оценки за безбедност на дел бр. 110: Ниска = Не постојат; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Резервите покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

111.

Материјали и опрема за реанимација во случај на кардиопулмонарен напад

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека квантитетот, состојбата, локацијата и протоколите за употреба на оваа опрема се достапни (најчесто кај Службата за справување со итни случаи и катастрофи). Оценувачите треба да го проверат степенот на побарувачка на опремата за реанимација во случај на кардиопулмонарен напад при планираниот максимален капацитет на болницата земајќи ги предвид видовите услуги што болницата ги нуди, како и дополнителните капацитети потребни за справување со итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да проверат дали достапноста на опремата ќе ја задоволи максималната побарувачка од најмалку 72 часа. Оценки за безбедност на дел бр. 111: Ниска = Не постојат; Средна = Материјалите и опремата се во добра состојба, покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Материјалите и опремата се во добра состојба, покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

Референци за модул 3: Неградежна безбедност Забелешка: И покрај тоа што не се наведени подолу, на оценувачите им се препорачува при оценувањето на болниците да ги земат предвид националните и локалните стандарди, како и прирачниците кои се однесуваат на овој модул. 1.

Código Técnico de la Edificación. Partes I y II. Madrid: Instituto Nacional de la Vivienda de España; 2006.

2.

Hospitales Seguros: sistematización de experiencias en la Republica Dominicana. Washington (DC): Organización Panamericana de la Salud (Pan American Health Organization); 2013.

3.

Risk management series. Design guide for improving hospital safety in earthquakes, floods, and high winds. Washington (DC): Federal Emergency Management Agency; 2007 (http://www. fema.gov/media-library-data/20130726-1609-20490-1678/fema577.pdf, accessed 22 August 2014).

4.

Reducing the risks of nonstructural earthquake damage − a practical guide. Washington (DC): Federal Emergency Management Agency; 2011.

5.

Guidelines for design and construction of hospital and health care facilities. Washington (DC): The American Institute of Architects Press; 1997.


6.

NFPA 101: Life safety code. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2006.

7.

NFPA 99: Health care facilities code. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2012a.

8.

NFPA 5000: Building construction and safety code. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2012b.

9.

NFPA 10: Standards for portable fire extinguishers. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2013a.

10.

NFPA 13: Standard for the installation of sprinkler systems. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2013b.

11.

NFPA 80: Standard for fire doors and other opening protectives. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2013c.

12.

2012 International Building Code. Washington (DC): International Code Council; 2012.

13.

Eurocodes: building the future. (The European Commission website on Eurocodes) (http://eurocodes.jrc.ec.europa.eu, accessed 22 August 2014).

14.

American Institute of Steel Construction (website) (https://www.aisc.org, accessed 22 August 2014).

15.

Minimum design loads for buildings and other structures: ASCE Standard ASCE/SEI 7-10. Reston (VA): American Society of Civil Engineers; 2010.

16.

ASME A17.1-2007/CSA B44-07: Safety code for elevators and escalators (ANSI A17: Código de Seguridad Standard Nacional Americano para Ascensores y Escaleras Mecánicas). New York (NY): American Society of Mechanical Engineers; 2007.

17.

Guidelines for design and construction of hospitals and outpatient facilities. Dallas (TX): Facility Guidelines Institute; 2014.

18.

ASTM International − Standards Worldwide. American Society for Testing Materials; 2014.

19.

Neufert E. Arte de proyectar en arquitectura (end edition). Barcelona: Galaxia Gutemberg; 2010.

20.

The interagency emergency health kit 2011: medicines and medical devices for 10 000 people for approximately three months. Geneva: World Health Organization; 2011.

21.

Rodgers J, Cedillos V, Kumar H, Tobin LT, Yawitz K. Reducing earthquake risk in hospitals − from equipment, contents, architectural elements and building utility systems. New Delhi: GeoHazards International and GeoHazards Society; 2009.

22.

Wagenaar C, editor. The architecture of hospitals. Rotterdam: NAi Publishers; 2006.

23.

Guidelines for safe disposal of unwanted pharmaceuticals in and after emergencies. Geneva: World Health Organization; 1999.


Модул 4: Управување со итни случаи и катастрофи Овој модул се занимава со степенот на подготвеност и организација на болницата и персоналот, како и за нејзините основни функции за да обезбеди основни услуги за пациентите како одговор на итна состојба или катастрофа. Иако е препорачано сите болници да имаат програма за управување со ризици и катастрофи, којашто се однесува на проценка на ризиците, намалување на ранливоста, подготвеност, одговор и обновување, во фокусот на овој модул на Индексот за безбедност во болници е подготвеноста на болницата да одговори на итни случаи и катастрофи. Програмата за управување со ризици и катастрофи треба да биде поддржана од страна на релевантните здравствени политики или соодветните правилници, кои ќе овозможат потребно овластување на Комисијата за итни случаи на болницата, како и на назначениот Координатор за управување, планирање, координирање и спроведување на програмата за управување со ризици и катастрофи. Оваа програма исто така треба да се поврзе со други релевантни политики и програми на болницата како што се оние за болничко корпоративно управување со ризик, управување со болницата во континуитет. Целите за утврдување во овој модул се: • кои организациони, кадрови и оперативни аспекти на болницата треба да се земат предвид при управување со итни случаи и катастрофи; • кои планови и капацитети се достапни за да се овозможи подготвеност на болницата ефективно да одговори на поголеми итни случаи и катастрофи, и да управува со ситуации со големи жртви; • утврдување на релевантните одговори, оценките и поените за одредување на Индексот за безбедност на болницата. Пред да се пристапи со оценувањето, се препорачува болницата сама да си направи проценка користејќи го „Формуларот за безбедност на болници“. Овој модул има 7 под-модули, и тоа: 4.1 Координација на активности за итни случаи и катастрофи 4.2 Болнички планови за одговор при итни случаи и катастрофи и планови за обновување 4.3 Управување со информации и комуникации 4.4 Човечки ресурси 4.5 Логистика и финансии 4.6 Грижа за пациентите и услуги за поддршка 4.7 Евакуација, деконтаминација и безбедност


Овие модули се состојат од следните 40 дела: 112. 113. 114. 115. 116. 117. 118. 119. 120. 121. 122. 123. 124. 125. 126. 127. 128. 129. 130. 131. 132. 133. 134. 135. 136. 137. 138. 139. 140. 141. 142. 143. 144. 145. 146. 147. 148.

Болничка комисија за итни случаи и катастрофи Одговорности и обуки на членовите на Комисијата Назначен координатор за итни случаи и катастрофи Програма за подготовка и зајакнување на одговорот при итни случаи, катастрофи и обновување Болнички систем за управување со инциденти Оперативен центар за итни случаи Координативни механизми и договори за соработка со локални организации од областа на итни случаи и катастрофи Координативни механизми и договори за соработка со организации од здравствената мрежа Болнички план за одговор при итни случаи и катастрофи Посебни под-планови за опасности во болниците Процедури за активирање и деактивирање на плановите Спроведување на вежби за болничките планови за одговор при итни случаи и катастрофи, евалуација и корекција Болнички планови за обновување Интерни и екстерни комуникации при вонредни случаи Контакт листа на надворешни соработници Процедури за комуникација со јавноста и медиумите Управување со информации за пациентите Контакт листи за вработените Достапност на вработените Мобилизација и вработување на персонал за време на итни случаи и катастрофи Назначување на одговорности за персоналот за итни случаи и катастрофи Добросостојба на болничкиот персонал за време на итни случаи и катастрофи Договори со локални испорачувачи и претпријатија за време на итни случаи и катастрофи Транспорт за време на итни случаи Храна и вода за пиење за време на итни случаи Финансиски средства за итни случаи и катастрофи Континуитет на итни и критични услуги за нега Континуитет на основните услуги за клиничка поддршка Проширување на употреблив простор за инциденти со голем број жртви Тријажа за големи итни случаи и катастрофи Тријажни ознаки и друга логистичка резерва за инциденти со масовни жртви Систем за упатување, пренос и прием на пациенти Постапки за надзор, превенција и контрола над инфекции Психосоцијални услуги Посмртни процедури при инциденти со голем број на жртви План за евакуација Деконтаминација за хемиски и радиолошки опасности


149. Опрема за лична заштита и изолација од заразни болести и епидемии 150. Процедури за итни случаи за безбедност 151. Безбедност на компјутерскиот мрежен систем Оценувачите треба да се осврнат на Модул 1 за проценка на опасности или настани за болници коишто треба да бидат подготвени да одговорат при итни случаи и катастрофи. Имајте на ум дека опсегот на настани може да се прошири надвор од оние опасности кои директно може да влијаат на безбедноста на болницата. На пример, можеби болницата ќе треба да биде подготвена да прими и лекува пациенти кои настрадале во поплава, кога болницата не е засегната или оштетена од поплава. Болницата исто така треба да биде подготвена да одговори на внатрешните опасности, како што се пожари, критични оштетувања во системот (на пример, вода, електрична енергија) и безбедносни закани кои можат да влијаат на безбедноста на објектот, пациентите, посетителите и персоналот, како и на функционирањето на болницата. Оценувачите треба да ги користат своите знаења и експертиза за да се процени подготвеноста на болницата да одговори на итни случаи и катастрофи. Се препорачува при оценување на еден објект оценувачите секогаш да се повикуваат на важечките национални и локални стандарди и закони за управување на болниците при итни случаи и катастрофи. Дополнителни референци за Модул 4 се наведени на крајот на овој модул. Каде што е соодветно, елементите вклучуваат насоки во врска со препорачаните методи за оценување: интервју, набљудување, преглед на документација, како и проверка.

4.1 Координација на активности за итни случаи и катастрофи Под-модулот 4.1 содржи 8 дела (112−119). Под-модулот 4.1 ја оценува организацијата на болница и капацитетот на клучниот болнички персонал неопходен за ефикасна координација на болницата при итни случаи и управување со катастрофи, со фокус на подготвеност и одговор. Комисијата за итни случаи и катастрофи, позната и како Управен одбор на болницата за итни случаи и катастрофи или Комисија за управување со итни случаи, ризици и катастрофи, треба да се воспостави како мултидисциплинарен ентитет составен од претставници од различни одделенија во болницата. Комисијата ја има целокупната лидерска и управувачка улога во текот на итната состојба и при справувањето со катастрофи, како за управување со функциите на болницата, така и за координација со други учесници на локално и на национално ниво. Комисијата одредува степени на


владеење, улоги и одговорности внатре во установата, па така активностите се во линија со целите на установата и со улогите во системот за давање здравствена нега и за управување со итни случаи и катастрофи. Членството на комисијата се состои од претставници од различни болнички одделенија и има за цел да промовира соработка и подобрување на ефикасноста и ефективноста на комуникациите пред, во текот на, за време на, и по итната состојба и катастрофа. Иако не е во фокусот на ова оценување, Комисијата може да има одговорност за спроведување на проценка на ризик (вклучувајќи проценка на безбедноста), да обезбедува надзор на мерките за намалување на ризици и ранливост и за подобрување на целокупната сигурност и безбедноста на здравствената установа. Комисијата може да биде одговорна за доделување и обезбедување насоки на персоналот за извршување на секојдневните обврски за координирање на активностите за итни случаи и справување со катастрофи, посебно за зајакнување на подготвеноста на болницата.

112.

Болничка комисија за итни случаи и катастрофи

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи и опис на работни задачи). Оценувачите треба да потврдат дека комисијата е формално назначена (согласно соодветна регулатива) за да го координира одговорот на болницата и оперативните активности при итни случаи. Описот на работни задачи на Комисијата треба да вклучува и координација на мерките за подготвеност на болницата за одговор и обновување. Оценувачите треба да потврдат дека во болничката комисија за итни случаи и катастрофи се назначени лица кои се на високи работни позиции во клучните болнички одделенија/оддели (на пример, директор на болницата, директор на управен одбор, шеф на медицински сестри, медицински директор, шеф на хирургија, шеф на лабораторија, шеф на одржување, шеф на службите за итна медицинска помош, шеф на транспорт, шеф на обезбедување и шеф на услуги за поддршка). Лидерството и посветеноста на персоналот што се наоѓа на раководни позиции треба да овозможи критична поддршка за време на итни случаи и катастрофи, вклучително и за подготвеност, одговор и обновување. Оценувачите треба да добијат копија од описот на работните задачи на Комисијата и да потврдат дека списокот на членови одговара на персоналот во болницата. Оценувачите треба да утврдат дали Комисијата функционира ефикасно, со редовни состаноци, и дали презема соодветни активности за да ги исполни своите обврски преку ефективно лидерство и координација. Оценки за безбедност на дел бр. 112: Ниска = Комисијата не е назначена, или застапени се 1–3 одделенија или оддели; Средна = Комисијата постои и застапени се 4–5 одделенија или оддели, но


не ги исполнува функциите ефективно и соодветно; Висока = Комисијата постои и е застапена со 6 или повеќе одделенија или оддели и ги исполнува функциите ефективно и соодветно.

113.

Одговорности и обуки на членовите на Комисијата

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација. Оценувачите треба да утврдат дали членовите на Комисијата ги исполнуваат своите колективни и индивидуални одговорности во врска со управување со итни случаи и катастрофи (на пример во подготвеност, одговор и за спроведување на операциите за обновување). Членовите треба да имаат учествувано во интерни или екстерни обуки коишто ќе им овозможат да ја разберат улогата на Комисијата и нивните индивидуални улоги во однос на управувањето на болницата при итни случаи и справување со катастрофи. Оценувачите треба да побараат докази за активно учество на членовите на координативни состаноци, во заеднички проценки, планирање и спроведување на активностите за подготвеност, одговор и обновување. Оценки за безбедност на дел бр. 113: Ниска = Комисијата не е назначена, или членовите се недоволно обучени и одговорностите не се доделени; Средна = Членовите добиле обука и се официјално назначени; Висока = Сите членови на Комисијата се обучени и активно ги исполнуваат нивните улоги и одговорности.

114.

Назначен координатор за итни случаи и катастрофи

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи и опис на работни задачи). Оценувачите треба да проверат дали член на персоналот е назначен за координатор за справување со итни состојби и катастрофи во болницата, и колку од работното време тоа лице се посветува на оваа задача. Оценувачите треба да проверат дали справувањето со итни состојби и катастрофи во болницата е главната одговорност на лицето. Ако оваа одговорност е доделена на член на персоналот, но тоа не е неговата/нејзината главна задача, постои ризик дека одговорностите за управување со итни случаи (на пример, во однос на подготвеност, одговор и обновување) нема соодветно да се спроведуваат. Оценки за безбедност на дел бр. 114: Ниска = Не постои член на персоналот кој е назначен за координатор при итни случаи и катастрофи; Средна = Задачите за координација при итни случаи и катастрофи се доделени на член на персоналот, но тоа не е неговата/нејзината главна задача;


Висока = Член на персоналот е назначен за координатор при итни случаи и катастрофи; неговата/нејзината главна задача е реализација на програмата за подготвеност на болницата.

115.

Програма за подготовка и зајакнување на одговорот при итни случаи, катастрофи и

обновување Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи акциски планови и извештаи од спроведени активности). Оценувачите треба да потврдат дека Комисијата за итни случаи и катастрофи има програма или акциски план за зајакнување на подготвеноста на болницата за одговор и обновување при итни случаи и катастрофи. Активностите за подготвеност треба да се поддржани од буџетот и вклучени како дел од годишната програма за работа на болницата. Оценувачите треба да утврдат дали активностите за подготвеност се спроведуваат во согласност со програмата и акцискиот план. Активностите за зајакнување на подготвеноста може да се спроведат како дел од Програмата за управување со ризик, истовремено со мерките за проценка на ризик, спречување на ризикот и намалување на ранливоста. Оценки за безбедност на дел бр. 115: Ниска = Не постои програма за зајакнување на подготвеност, одговор и обновување или, ако воопшто постои, не се спроведуваат активности за подготвеност; Средна = Постои програма за зајакнување на подготвеност, одговор и обновување и некои активности се спроведуваат; Висока = Програмата за зајакнување на подготвеност, одговор и обновување целосно се спроведува под раководство на Комисијата за итни случаи и катастрофи.

116.

Болнички систем за управување со инциденти

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи планови и записи). Оценувачите треба да проверат дали има какви било договори за управување со инциденти, во рамките на активностите за команда, контрола и координација на различните болнички одделенија во болницата при итни случаи и катастрофи. Ова исто така вклучува координација со надворешни агенции за поддршка на одговорот на локално ниво, и на ниво на болница. Оценувачите треба да ги земат предвид достапната поставеност на болницата за управување со инцидентот, постоењето на соодветна идентификација на клучниот персонал и соодветни формулари за иницирање на активности, соодветната обученост на персоналот за координација, како и плановите за активирање, изработкате на акциски планови за конкретен инцидент, собирањето разузнавачки информации, следење на


одговорот, брифинг/дебрифинг и демобилизација. Постапките треба да се тестираат како дел од целосна вежба или одделно како постфункционална командна вежба најмалку еднаш годишно. Оценки за безбедност за дел бр. 116: Ниска = Не постојат аранжмани за управување со инциденти во болницата; Средна = Персоналот има доделени клучни позиции за управување со болнички инциденти, но без напишани процедури за операционализација на своите функции; Висока = Постојат процедури за управување со болнички инциденти и се во целосна функција со соодветно обучен персонал и доделени различни улоги и одговорности за координација.

117.

Оперативен центар за итни случаи

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека е назначен Оперативен центар за итни случаи и истиот се наоѓа на сигурна и безбедна локација. Оперативниот центар треба да биде опремен или треба да има претходно направени подготовки коишто ќе овозможат брзо да профункционира и да се конвертира во сала за состаноци. Оценувачите треба да утврдат дали се лесно достапни минимална опрема и потрошен материјал за воспоставување на комуникации, управување со информации (документација, следење табли/екрани), идентификација, безбедност и благосостојба на лицата коишто ќе работат во истиот. Оперативниот центар треба да биде поддржан од страна на системот за управување со информации и треба да може да се поврзе со податоците внесени во системот за управување со информации на болницата. Треба да има постапка за поставување и управување со Оперативниот центар, вклучувајќи и за назначување на одговорно лице, како и обезбедување на непречено функционирање на логистичките аспекти на центарот. Треба да има и алтернативна опција за Оперативен центар со исти карактеристики. Оценки за безбедност на дел бр. 117: Ниска = Не е определен Оперативен центар за итни случаи и катастрофи или истиот се наоѓа на небезбедна или несигурна локација; Средна = Назначениот Оперативен центар е на безбедно, сигурно и достапно место, но ќе има ограничен оперативен капацитет во итен случај; Висока = Оперативниот центар е на безбедно, сигурно и достапно место со соодветен оперативен капацитет.


118.

Координативни механизми и договори за соработка со локални организации од

областа на итни случаи и катастрофи Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи планови и извештаи). Оценувачите треба да потврдат дека постојат формални механизми за координација и договори за соработка меѓу болницата и локалните организации за справување со итни состојби и катастрофи, со цел да се поддржи функционирањето на болницата (на пример, локални координативни комисии за управување со итни случаи, служби за итна помош, цивилна заштита, пожарникарски служби, полиција). Договорите може да вклучуваат помош со трансфер на пациенти и пренасочување на другите пристигнати пациенти, пренасочување на сообраќајот, безбедност, комуникации, логистика, деконтаминација, гаснење пожар и др. Ваквите договори треба да се тестираат при редовни вежби (најмалку еднаш годишно). Оценки за безбедност на дел бр. 118: Ниска = Не постојат договори; Средна = Договори постојат, но не се целосно оперативни; Висока = Договори постојат и се целосно оперативни.

119.

Координативни механизми и договори за соработка со организации од

здравствената мрежа Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи договори и извештаи). Оценувачите треба да потврдат дека постојат формални механизми за координација и договори за соработка помеѓу болницата и локалните здравствени власти, јавни, приватни и други невладини болници (особено соседните болници), лекари и волонтерски групи за да се обезбедат основни здравствени услуги во заедницата за време на опасност или катастрофа. Соодветните елементи треба да се тестираат во редовни вежби. Оценки за безбедност за делот Бр. 119 се: Ниска = Не постојат договори; Средна = Договори постојат, но не се целосно оперативни; Висока = Договори постојат и се целосно оперативни.


4.2 Болнички планови за одговор при итни случаи и катастрофи и планови за обновување Под-модулот 4.2 содржи 5 дела (120−124). Овој под-модул го оценува оперативното планирање на болницата за внатрешни и надворешни итни случаи и катастрофи. Целта на планирањето за итни случаи и катастрофи е да се идентификуваат мерките кои треба да се стават во пракса пред, за време на и по завршувањето на итната состојба или катастрофа, така што болницата ќе биде подготвена да одговори и суштинските болнички услуги ќе продолжат да функционираат. Плановите и процедурите за итни случаи или за одговор при катастрофи на болницата треба да бидат документирани и преку постоење на болнички план за одговор при итни случаи и катастрофи кој: • Го интегрира болничкиот план со планот на заедницата или локалниот план за одговор, како и плановите за одговор на здравствениот сектор на други нивоа; • Нуди соработка со други услуги и институции; • Вклучува упатување и преупатување на пациенти (за и од други установи); • Ја зема предвид техничката и логистичката поддршка којашто е соодветна за видот на организацијата и комплексноста на установата. Оценувачите треба да се уверат дека планот за одговор и обновување на болницата ќе овозможи да се спроведат следните активности: • Пред: Предвидување на настани коишто се очекува да влијаат на болницата и нејзините функции, на коишто ќе треба да се одговори во итни случаи и катастрофи. • За време на: Активирање и спроведување на план за одговор и соодветни процедури, вклучувајќи и план за управување со инцидентот болницата. • По: Враќање на нормалните активности и функции на болницата. Треба да се оцени ефективноста на мерките за подготвеност и одговор, како на пример преглед по спроведена акција, што доведува до планирање на корективни акции. Плановите и процедурите за продолжување на нормалната функција и поправките на штетите треба да се дел од Планот за обновување, кој може да биде посебен или може да биде дел од Планот за одговор.

120.

Болнички план за одговор при итни случаи и катастрофи

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (планови). Оценувачите треба да потврдат дека болницата има документиран, рутински ревидиран и ажуриран План за одговор при итни случаи или катастрофи, со кој се дефинираат активностите коишто треба да се преземат во пресрет на, за време на и по секаков вонредна состојба или катастрофа за кој се очекува од соодветен одговор од болницата.


Оценувачите треба да го разгледаат планот и да потврдат дали болницата ги има потребните ресурси за негова имплементација. Оценувачите треба да ја проверат содржината на Планот за одговор. Содржината на планот треба да вклучува делови што се однесуваат на системот за управување со болнички инциденти, координација, логистика, улоги и одговорности на клучниот персонал и одделенијата, човечки и финансиски ресурси, прифаќање и управување со пациентите, вклучително тријажа и деконтаминација, комуникација, благосостојба на вработените и минимална безбедност. Плановите за одговор и обновување, исто така треба да се ревидираат по спроведување на вежби за симулација (види точка 123) и по големи инциденти. Оценувачи треба да потврдат дали се спровеле акции по некој голем инцидент што влијаел на болницата, вклучително и дали се утврдил план за корективни мерки. Ова треба да биде еден од клучните делови на Планот и една од главните задачи на Комисијата за итни случаи и катастрофи на болницата и на вработените кои ги координираат активностите за управување со итни случаи во болницата. Тоа може да биде во форма на повратна информација од страна на персоналот во болницата, кој бил вклучен во одговор на инцидентот. Резултатите се собираат и се презентираат на Комисијата за понатамошно дејствување, вклучувајќи и предлози за подобрување и ажурирање на плановите. Оценки за безбедност на дел бр. 120: Ниска = Планот не е документиран; Средна = Планот е документиран и комплетен, но не е лесно достапен и не е ажуриран (повеќе од 12 месеци од последното ажурирање); Висока = Планот е комплетен, лесно достапен, ревидиран/ажуриран на годишно ниво и достапни се ресурси за негово имплементирање.

121.

Посебни под-планови за опасности во болниците

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (планови). Оценувачите треба да се осврнат на Модул 1 за проценка на опасности коишто може да имаат влијание врз болницата. Оценувачите треба да утврдат дека постојат посебни под-планови за опасности во болниците (понекогаш наречени Планови за специфични вонредни случаи) за најверојатните надворешни и внатрешни сценарија за итни случаи (на пример, за специфични геолошки, хидрометеоролошки, биолошки и социјални опасности). Оценувачите треба да ги проверат овие планови (на пример, за поплави, пожар, епидемии, авионски несреќи, терористички инциденти) и да потврдат дали болницата ги има неопходните ресурси за нивна имплементација. Кога Планот за одговор на болницата при итни случаи (види ставка 120) се осврнува на сите барања за специфичните опасности, тогаш на болницата треба да ù се даде „Висока“ оцена за ставката 121.


Оценки за безбедност на делот бр. 121: Ниска = Посебни под-планови за опасности во болниците не се подготвени; Средна = Посебни под-планови за опасности во болниците се подготвени, но не се ажурирани (повеќе од 12 месеци од последното ажурирање); Висока = Плановите се комплетни, лесно достапни, ревидирани/ажурирани на годишно ниво и достапни се ресурси за нивно имплементирање.

122.

Процедури за активирање и деактивирање на плановите

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (планови). Оценувачите треба да ги проверат процедурите во однос на тоа како, кога и кој го активира/деактивира планот за одговор при итни случаи и катастрофи, под-плановите и плановите за специфични вонредни случаи, вклучително и механизмите за активирање и рано алармирање. Поточно, треба да одреди: • каков вид на сигнал и критериум се користи за активирање на планот за внатрешни и надворешни настани; • кој е одговорен за активирање и деактивирање на болничките планови; • дали болничкиот персонал е обучен за спроведување на процедурите за активирање; • колку често се тестираат процедурите за активирање; • процедури за активирање за време на викенди, одмори, и по завршувањето на работното време. Активирањето може да е биде побарано од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, центрите за управување со кризи, јавните агенции за безбедност, централната агенција којашто е одговорна за здравствени/медицински итни случаи или други надворешни тела. Овие тела вообичаено треба да обезбедат информации за видот на катастрофата, бројот на жртви што болницата може да го очекува, природата на повредите и други здравствени ефекти, проценката на време на пристигнување во болницата, итн. Оценки за безбедност на дел бр. 122: Ниска = Не постојат процедури за активирање/деактивирање или постојат само напишани во документ; Средна = Процедури постојат, персоналот е обучен, но не се ажурирани или тестирани на годишно ниво; Висока = Ажурирани процедури постојат, и се тестираат на годишно ниво; персоналот е обучен.


123.

Спроведување на вежби за болничките планови за одговор при итни случаи и

катастрофи, евалуација и корекција Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи и извештаи за спроведени вежби за плановите). Оценувачите треба да утврдат дека планот за одговор при итни случаи и катастрофи (вклучително и под-плановите за специфични опасности) се тестира редовно преку симулации и вежби, и соодветно се проценува и ревидира. Вежбите треба да се изведуваат најмалку еднаш годишно. Под-плановите за специфични опасности исто така треба да се вежбаат, на принцип на ротација, во рамките на годишните планови за спроведување вежби. Оценувачите треба да одредат кои процеси за управување со вежбата се следат – вклучително развивање на вежбата, спроведување и евалуација. Во рамките на процесот неопходно е да се спроведе ревизија на предвидените акции, по вежбата, и да се утврдат недостатоците. Исто така неопходно е да се утврдат дополнителни мерки за подготвеност и да се идентификуваат потребите за обука и за ревизија на планот за одговор при итни случаи. Оценки за безбедност на дел бр. 123: Ниска = Плановите и под-плановите за одговор не се тестирани; Средна = Плановите и под-плановите се тестирани, но не на годишно ниво; Висока = Плановите и под-плановите за одговор се тестирани најмалку еднаш годишно, и како резултат на вежбата се преземаат соодветни мерки.

124.

Болнички планови за обновување

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (планови). Оценувачите треба да утврдат дека болницата има документиран, рутински ревидиран и ажуриран план за обновување од сите опасности, со кој се дефинираат активностите коишто треба да се преземат за враќање на нормалната функција на болницата по завршувањето на итната состојба и катастрофата. Елементите за обновување понекогаш може да се составен дел на плановите за одговор. Плановите за обновување треба да овозможат континуитет и враќање на услугите на пациентите, обновување на потребите на вработените, надополнување на материјали и замена на опрема, како и постапки за утврдување на приоритети за оценка и рехабилитација на градежните и неградежните елементи на болницата кои може да се оштетени. Плановите за обновување и за одговор треба да бидат поврзани со планот за непрекинатост во работењето на болницата. Оценки за безбедност за дел бр. 124: Ниска = Планот за обновување не е документиран; Средна = Планот за обновување е подготвен, но не е ажурирани (повеќе од 12 месеци од последното


ажурирање); Висока = Планот за обновување е комплетен, лесно достапен, ревидиран/ажуриран на годишно ниво и достапни се ресурси за негово имплементирање.

4.3 Управување со информации и комуникации Под-модулот 4.3 содржи 4 дела (125−128).

125.

Интерни и екстерни комуникации при вонредни случаи

Препорачани методи за проценка: интервју, набљудување, преглед на документација (планови и записи) и проверка. Оценувачите треба да проверат дали болничката централа (центар за пренасочување повици) има систем за функционална внатрешна и надворешна комуникација со пејџери или систем со јавни адреси, дали операторите ги знаат кодовите за итни случаи и како да ги користат истите. Оценувачите треба да ги разгледаат планираните резервни мерки, во случај да не функционираат основните системи. Опремата и процедурите исто така треба да се тестираат на редовна основа (најмалку еднаш годишно). Оценки за безбедност на дел бр. 125: Ниска = Функциите за централна внатрешна и надворешна комуникација се неконзистентни или нецелосни; операторите не се обучени за итна комуникација; Средна = Функциите за централна внатрешна и надворешна комуникација се конзистентни; операторите добиле обука за итна комуникација; тестови не се спроведуваат најмалку еднаш годишно; Висока = Системот функционира целосно и операторите се целосно обучени за итна употреба, и тестови на системот се спроведуваат најмалку еднаш годишно.

126.

Контакт листа на надворешни соработници

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација и проверка. Оценувачите ќе проверат дали постои контакт листа што ги содржи сите информации за контакт со надворешните засегнати страни при итни случаи за поддршка на Комисијата за итни случаи и катастрофи во болницата, персоналот на оперативниот центар при итни случаи, и други клучни лица за итни случаи од болничката администрација, вклучувајќи ги и операторите на централата. Треба да има назначено одговорно лице од персоналот за редовно ажурирање на контакт листата. Оценувачите треба по случаен избор да ја проверат функционалноста на телефонските броеви, за контакт со надворешните засегнати страни.


Оценки за безбедност на дел бр. 126: Ниска = Листа за контакт со надворешните засегнати страни не постои; Средна = Листа за контакт постои, но не е ажурирана (поминати се повеќе од 3 месеци откако истата е ажурирана); Висока = Листа за контакт е достапна, ажурирана, и има назначен персонал во болницата кој ја одржува истата.

127.

Процедури за комуникација со јавноста и медиумите

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи и процедури и извештаи). Оценувачите треба да потврдат дека постојат процедури за комуникација со јавноста и медиумите во случај на итна состојба или катастрофа, и дека има лице/а (портпарол/и) назначено/и за извршување на оваа функција. Оценувачите треба да утврдат дали портпаролите добиле конкретни обуки за комуникација со медиумите и дали се спроведени вежби за тестирање на вештините. Оценки за безбедност на дел бр. 127: Ниска = Процедури не постојат, нема назначен портпарол/и; Средна = Постојат процедури и назначени се портпароли, и истите се обучени; Висока = Постојат процедури, назначени се портпароли, истите се обучени и процедурите се тестираат најмалку еднаш годишно.

128.

Управување со информации за пациентите

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи и процедури и записи). Оценувачите треба да проверат дали според болничкиот план за одговор при итни случаи безбедно се пренесуваат и складираат медицинските и другите критични записи за пациенти. Исто така треба да се потврди дека се воспоставени процедури што обезбедуваат континуитет на медицинската евиденција, навремен пристап до податоци за пациентите и безбедно чување на доверливи информации. Посебно внимание треба да се посвети на обезбедувањето на електронските податоци од неовластен пристап. Медицинските записи обично имаат правен статус и може да се користат во правни постапки. Треба да постојат и процедури за зачувување на електронскиот систем при итни случаи и катастрофи. Оценки за безбедност на дел бр. 128: Ниска = Не постојат процедури; Средна = Постојат процедури и персоналот е обучен, но не се достапни ресурси за да се изведат процедурите; Висока = Постои план, персоналот е обучен и постојат ресурси за да се изведат процедурите.


4.4 Човечки ресурси Под-модулот 4.4 содржи 5 дела (129−133).

129.

Контакт листи за вработените

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека постои ажурирана контакт листа на сите вработени во болницата, која е на располагање на оперативниот центар за итни случаи и на болничката администрација. Оценувачите треба да ја проверат точноста на листата по случаен избор на телефонски броеви. Оценки за безбедност на дел бр. 129: Ниска = Контакт листа не постои; Средна = Листа постои, но не е ажурирана (поминати се повеќе од 3 месеци од последното ажурирање); Висока = Листата е на располагање и е ажурирана.

130.

Достапност на вработените

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација и проверка. Бројот на вработени во болниците во текот на нормалното функционирање може да биде понизок од планираниот и потребен број за поширок спектар на активности – во зависност од достапноста на средства, отсуство на персоналот и сл. Достапноста на вработените ќе има значително влијание врз капацитетот на болницата да овозможи услуги како одговор на итна состојба или катастрофа. Оценувачите треба да ја утврдат моменталната достапност на работна сила во однос на барања за испорака на услуги од сите клучни одделенија (на пример, ургентна медицина, хирургија, интерна медицина, ортопедија, услуги за поддршка, безбедност) во текот на нормалното функционирање (случаи што не се итни). На пример, ако на одделот треба да има 10 вработени, а само 4 од нив се на располагање, достапноста на вработените е 40%. Оценки за безбедност на дел бр. 130: Ниска = Помалку од 50% од вработените се на располагање за раководење со секој поединечен оддел; Средна = 50-80% од вработените се на располагање; Висока = 80-100% од вработените се на располагање.


131.

Мобилизација и вработување на персонал за време на итни случаи и катастрофи

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи и записи) Оценувачи треба да потврдат дека постојат постапки за мобилизација на постоечкиот персонал што е на должност и што не е на должност, како и дека постојат постапки за регрутирање и обука на волонтери и лица за да се задоволат потребите при зголемена побарувачка на клинички и други услуги (на пример, за одделот за ургентни случаи, хирургија, единиците за интензивна нега, одделот за безбедност, менаџерска и административна поддршка). Оценувачите треба да проверат дали постојат листи на персонал за итни случаи и дали истите се одржуваат. Овие листи треба да овозможат идентификување на вработените кои се на повик во секое време брзо да реагираат при итни случаи и катастрофи, како и повик на другите вработени кои ќе бидат мобилизирани во согласност со степенот на одговор. Треба да се земе предвид и постоењето на стратегии за ноќни смени, викенди и празници, како и потребните мерки (на пример, прекувремена работа). Оценки за безбедност на дел бр. 131: Ниска = Процедури не постојат или постојат само на ниво на документ; Средна = Процедури постојат и персоналот е обучен, но не се достапни човечки ресурси за вонредна состојба; Висока = Постојат процедури, персоналот е обучен и на располагање се човечки ресурси за задоволување на предвидените потреби во итни случаи.

132.

Назначување на одговорности за персоналот за итни случаи и катастрофи

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи и процедури). Планот за одговор при итни случаи и катастрофи треба да содржи конкретни упатства за доделување задачи на постоечкиот кадар и на персоналот надвор од болницата, кои се мобилизирани за време на итна состојба. Оценувачите треба да потврдат дека сите вработени имаат, или ќе добијат, писмени инструкции (на пример, работен лист со акции) и обука и/или ќе учествуваат во вежби на работното место. Треба да постои постојана можност за спроведување на обуки на персоналот во болницата за спроведување на планот за итни случаи и катастрофи, како и за нивната улога кога истиот е активиран. Обуката за итни случаи и катастрофи исто така треба да биде применета и при прием на нов кадар во болницата. Оценки за безбедност на дел бр. 132: Ниска = Процедури не постојат или не се документирани; Средна = должностите за дел од персоналот се назначени, и дел од персоналот има поминато низ обука и има писмен запис за своите задачи; Висока = Задачите се назначени и запишани и обука или вежби се спроведуваат најмалку еднаш во текот на годината.


133.

Добросостојба на болничкиот персонал за време на итни случаи и катастрофи

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација и проверка. Оценувачите треба да потврдат дали е назначен простор и дали се преземени мерки со кои ќе му се овозможи на болничкиот персонал во тој простор да се одмори, спие, јаде, пие, да ги практикува верските обреди, односно да ги задоволат личните потреби за време на кризни состојби. Во итни случаи од поголеми размери, во кои се засегнати членови од семејствата на вработените во болницата, потребно е да се предвидат планови за поддршка (згрижување на деца или стари лица) на членовите на потесното семејство, со што вработените во болницата ќе продолжат да работат. Ако болницата нема средства за да ги задоволи тие услови, треба да има договор со локалните групи на социјална помош кои би овозможиле давање на приоритет за поддршка на членовите на семејството на болничкиот персонал. Оценки за безбедност на дел бр. 133: Ниска = Назначен простор не постои и не се преземени мерки; Средна = Назначен простор постои, но преземените мерки покриваат помалку од 72 часа; Висока = Мерките обезбедуваат најмалку 72 часа.

4.5 Логистика и финансии Под-модулот 4.5 содржи од 4 дела (134−137).

134.

Договори со локални добавувачи за време на итни случаи и катастрофи

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (договори и постапки) и проверка. Оценувачите треба потврдат дека договорите (на пример, меморандуми за разбирање, заеднички договори за помош, итн.) со локалните испорачувачи, продавачи и јавните претпријатија/агенции, се валидни и уредно заверени, за да се обезбеди набавка и испорака на есенцијални лекови, опрема и потрошен материјал во време на недостиг или зголемената побарувачка, како и за време на итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да побараат од болничкиот персонал листа на испорачувачи и продавачи, и доколку има таква листа, треба да проверат дали испорачувачите и продавачите се организирани и оперативни во време на вонредна состојба. Оценувачите може да дадат пониски оценки доколку постои сомневање за оперативната способност на големите производители и испорачувачи во итни случаи и катастрофи.


Оценки за безбедност на дел бр. 134: Ниска = Договори не постојат; Средна = Постојат договори но не се целосно оперативни; Висока = Постојат договори и се целосно оперативни.

135.

Транспорт за време на итни случаи

Препорачани методи за проценка: набљудување, преглед на документација (вклучувајќи и процедури) и проверка. Оценувачите треба да потврдат дали се воспоставени процедури кои ќе обезбедат достапност и пристап до амбулантните и други возила, како и потребните методи за транспорт и движење на пациентите, персоналот, опремата и потрошниот материјал за време на итни случаи или катастрофа. Треба да се обрне внимание на процедурите кои се однесуваат на комуникацијата помеѓу болниците, возилата и персоналот кој е на местото на итниот случај, како и координирање за понатамошно упатување на пациентот. Процедурите за безбедност и сигурност треба да се применуваат и за користење, чување и одржување на возила. Оценувачите треба да се напоменат дека транспорт може да се обезбеди преку копно, вода и воздух. Оценки за безбедност на дел бр. 135: Ниска = Амбулантни и други возила и начини на транспорт не се достапни; Средна = Некои возила се достапни, но не во доволен број за поголем итен случај или катастрофа; Висока = Има соодветни возила во доволен број и истите се достапни во текот на итни случаи и катастрофи.

136.

Храна и вода за пиење за време на итни случаи

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи и процедури). Оценувачите треба да потврдат дека процедурите се оперативни за да обезбедат храна и вода за пациентите и болничкиот персонал за време на вонредна состојба. Оценувачите треба да потврдат дека постојат мерки за обезбедување и чување на храна и вода за пиење за време на итни случаи и дека средствата потребни за де се обезбедат истите се вклучени во буџетот. Тие треба да ги земат предвид и дополнителните барања за храна и вода на болничкиот персонал, персоналот на брзата помош, пациентите и волонтерите кои се мобилизирани за итен случај или катастрофа. Оценки за безбедност на дел бр. 136: Ниска = Не постојат процедури за храна и вода за пиење за итни случаи; Средна = Постојат процедури, храна и вода за пиење се обезбедени за помалку од 72 часа; Висока = Храна и вода за пиење се обезбедени за најмалку 72 часа.


137.

Финансиски средства за итни случаи и катастрофи

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација. Оценувачите треба да потврдат дека болницата има посебен буџет и пристап до финансиските средства за користење потребни за одговор во итни случаи и катастрофи, како и за обновување на болницата. Оценувачите треба да потврдат дека: • буџетот е доволен за да се применат мерките што се наведени во планот; • има достапни парични средства за моментални набавки и има список на испорачувачи што ќе продолжат да ја снабдуваат болницата; • познати се количината и достапноста на медицинска опрема и материјали. Болниците исто така треба да имаат дополнителни финансиски средства пресметани на годишно ниво за Програмата за управување со итни случаи и ризици од катастрофи, како и мерки на подготвеност. Оценки за безбедност на дел бр. 137: Ниска = Не постои итен буџет или механизам за пристап до средства за справување со итни случаи; Средна = Средствата се од буџетот и покриваат помалку од 72 часа; Висока = Средствата се доволни за најмалку 72 часа.

4.6 Грижа за пациентите и услуги за поддршка Под-модулот 4.6 содржи 9 дела (138−146).

138.

Континуитет на итни и критични услуги за нега

Препорачани методи за проценка: интервју и проценка на документација (вклучувајќи процедури и записи). Оценувачите треба да проверат дали постојат процедури кои ќе обезбедат континуитет во функционирањето на услугите за итни и критични услуги во вечерните смени, за викендите и празниците (на пример, прва помош, единица за интензивна нега, операциони сали итн.) во итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да проверат дали вработените се обучени за овие постапки и дали постои можност да се обезбедат ресурси во кое било време. Болниците треба однапред да ги идентификуваат услугите кои не се од суштинска важност со цел да се зголемат ресурсите (на пример,


персонал, клиничка поддршка, финансии итн.) за критични услуги за време на итни случаи и катастрофи. Оценки за безбедност на дел бр. 138: Ниска = Нема предвидени процедури; Средна = Постојат процедури, персоналот е обучен, но не е достапен во секое време; Висока = Постојат процедури, персоналот е обучен, располага со ресурси за спроведување на процедурите при максимален болнички капацитет во итни случаи и катастрофи.

139.

Континуитет на основните услуги за клиничка поддршка

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи процедури и записи). Оценувачите треба да проверат дали постојат процедури кои ќе обезбедат континуитет во функционирањето на основните услуги за клиничка поддршка или системски услуги (лабораторија, радиологија, аптека) за време на итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да утврдат дали вработените се обучени за спроведување на овие процедури и дали е можно мобилизирање на ресурси во било кое време. Оценки за безбедност на дел бр. 139: Ниска = Нема предвидени процедури; Средна = Постојат процедури, персоналот е обучен, но не е достапен во секое време; Висока = Постојат процедури, персоналот е обучен, располага со ресурси за спроведување на процедурите при максимален болнички капацитет во итни случаи и катастрофи.

140.

Проширување на употреблив простор за инциденти со голем број жртви

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (вклучувајќи и процедури) и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека процедурите овозможуваат проширување на просторот и обезбедување на дополнителни кревети за инциденти со масовни жртви, односно кога бројот на пациенти го надминува нормалниот, максимален капацитет на болницата. Деловите од болницата кои ќе се користат треба однапред да бидат идентификувани и јасно обележани. Оценувачите треба да потврдат дека персоналот е обучен за спроведување на процедурите за проширување на просторот, дека тој бил тестиран и дека има соодветни ресурси на располагање за спроведување на проширувањето. Процедурите за проширување на капацитетите треба да бидат дел од болничките вежби.


Оценки за безбедност на дел бр. 140: Ниска = Не е идентификуван простор за проширување; Средна = Простор е идентификуван; достапни се опрема, материјали и процедури за извршување на проширување на употреблив простор, и вработените се обучени, но не е спроведено тестирање; Висока = Постојат процедури и биле тестирани, персоналот е обучен и достапни се опрема, материјали и други ресурси за извршување на проширување на просторот.

141.

Тријажа за големи итни случаи и катастрофи

Препорачани методи за проценка: интервју, преглед на документација (вклучувајќи процедури и записи) и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека е назначен простор и дека е обучен персонал за извртување на тријажа при поголеми итни случаи и катастрофи. Процедурите за тријажа при големи итни случаи и катастрофи треба редовно да се тестираат, исто како и потребните ресурси (персонал, материјали) и нивната достапност за да се спроведе тријажата. Во случај кога има присуство на хемиски или радиоактивни материи, тријажа треба да се изведе надвор од болницата, односно пред пациентите да влезат во одделот за итни случаи. Оценки за безбедност на дел бр. 141: Ниска = Нема назначен простор и процедури за тријажа; Средна = Постојат локација и процедури за тријажа и персоналот е обучен, но процедурите не биле тестирани за итни случаи и катастрофи; Висока = Постојат локација и процедури и истите се тестирани, персоналот е обучен, има ресурси за да се спроведе во итни случаи и катастрофи.

142.

Тријажни ознаки и друга логистичка резерва за инциденти со масовни жртви

Препорачани методи за проценка: интервју и проверка. Одделот за итни случаи во болниците треба да има широк спектар на материјали и резерви за справување со инциденти со масовни жртви. Тие вклучуваат тријажни картони, графикони, елеци и тријажни ленти за означување на одредени области. Оценувачите треба да потврдат дека одделот за итни случаи дистрибуира и користи тријажни картони во случај на масовни жртви. Оценувачите треба да го проверат степенот на побарувачка за овие материјали при максимален капацитет на болницата, земајќи го предвид видот на услугите обезбедени од страна на болницата и дополнителните капацитети потребни да се одговори во итни случаи и катастрофи.


Оценувачите треба да проверат дали достапноста на овие материјали ќе го покрие планираниот максимален капацитет за најмалку 72 часа за болницата да може да ги обезбеди потребните услуги во итни случаи или катастрофи. Оценки за безбедност на дел бр. 142: Ниска = Не постојат тријажни картони и друга логистичка резерва за инциденти со масовни жртви; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален болнички капацитет; Висока = Резервите се загарантирани за најмалку 72 часа при максимален болнички капацитет.

143.

Систем за упатување, пренос и прием на пациенти

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи процедури и извештаи). Оценувачите треба да потврдат дека во болницата има документирани критериуми за прием и упатување на пациентите за време на итни случаи или катастрофи. Планот вклучува конкретни постапки за пренос и прием на пациенти до и од други здравствени установи, во и надвор од географското подрачје на болницата. Оценки за безбедност на дел бр. 143: Ниска = Процедури не постојат или постојат само како документ; Средна = Процедури постојат, се спроведуваат обуки за персоналот, но не се спроведени вежби за итни случаи и катастрофи; Висока: Процедури постојат и се извежбани, персоналот е обучен и има ресурси за спроведување на мерките при максимален болнички капацитет во итни случаи или катастрофи.

144.

Постапки за надзор, превенција и контрола над инфекции

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи процедури и извештаи) и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека се спроведува програма за превенција и контрола на инфекции – вклучувајќи ги и соодветните политики, процедури и мерки. Програмата треба да се однесува на стандардни мерки на претпазливост, болнички надзор и мерки за високо инфективни болести. Треба да има активна програма за обука на вработените за спречување и контрола на инфекција. Дополнителните средства треба да вклучуваат достапност на резерви за итни случаи, вклучувајќи и епидемии и пандемии, и дополнителен персонал за одржување на хигиена. Оценки за безбедност на дел бр. 144: Ниска = Политиките и процедури не постојат; стандардните мерки за спречување и контрола на инфекција не се спроведуваат редовно; Средна =


Политики и процедури постојат, стандардните мерки за спречување и контрола на инфекција редовно се спроведуваат, се спроведуваат обуки за персоналот, но нема доволно ресурси потребни за итни случаи и катастрофи, вклучувајќи и епидемии; Висока = Политики и процедури постојат, стандардните мерки за спречување и контрола на инфекција редовно се спроведуваат, се спроведуваат обуки за персоналот, и нивото на ресурсите потребни за итни случаи и катастрофи, вклучувајќи и епидемии, е соодветно.

145.

Психосоцијални услуги

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи и процедури). Оценувачите треба да потврдат дека се воспоставени процедури за психосоцијална поддршка, проценка и третман на пациентите, семејствата и персоналот при итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да ги разгледаат соодветните болнички планови и да утврдат дали вработените се обучени и дали болницата ги има потребните ресурси за спроведување на планот. Оценки за безбедност на дел бр. 145: Ниска = Процедури не постојат или постојат само како документ; Средна = Процедури постојат и персоналот е обучен; ресурси за итни случаи и катастрофи не се достапни; Висока = Процедури постојат и персоналот е обучен, и достапни се ресурси за потребите поврзани со итни случаи и катастрофи.

146.

Посмртни процедури при инциденти со голем број на жртви

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи и процедури) и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека се воспоставени постапки и процедури за соодветно управување со мртви тела, вклучувајќи и привремено чување на мртовци, за време на инциденти со голем број на жртви. Постапките може да вклучуваат аранжмани во или надвор од болницата за да се зголеми капацитетот на мртовечницата, бројот на ладни складишта и бројот на вработени и експерти (на пример за идентификација на жртвите од катастрофа). Треба да се направат напори за да се обезбеди соодветно постапување со мртвите со посебно внимание на верски и културни очекувања. Вработените во мртовечницата треба да бидат обучени за примена на овие постапки. Оценки за безбедност на дел бр. 146: Ниска = Не постојат процедури за инциденти со голем број на жртви или постојат само како документ; Средна = Процедури постојат и персоналот се


обучува, но ресурсите потребни за итни случаи и катастрофи не се достапни; Висока = Процедури постојат, персоналот е обучен и на располагање се ресурси за спроведување на постапките при итни случаи и катастрофи.

4.7 Евакуација, деконтаминација и безбедност Под-модулот 4.7 содржи 5 дела (147−151).

147.

План за евакуација

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (план) и проверка. Оценувачите треба да ги потврдат критериумите и постапките за вертикална, хоризонтална и делумна евакуација на пациентите, посетителите и вработените, на безбедно место, со соодветнa медицинска, логистичка и административна поддршка. Критериумите треба да им овозможат тријажа за евакуација на пациентите. Потребно е да се оцени степенот на обука на персоналот и редовното спроведување на вежби за евакуација. Оценки за безбедност на дел бр. 147: Ниска = План не постои или постои само како документ; Средна = План постои и персоналот е обучен за постапките, но вежби не се спроведуваат редовно; Висока = План постои, персоналот е обучен и вежби за евакуација се одржуваат најмалку еднаш годишно.

148.

Деконтаминација за хемиски и радиолошки опасности

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека во болницата има капацитет за хемиска и радиоактивна деконтаминација. Оценувачите треба да проверат дали се одредени простории за деконтаминација. Просториите за деконтаминација ќе овозможат деконтаминација на пациентите пред да влезат во болницата. Болниците што вршат деконтаминација внатре во самата болница го зголемуваат ризикот од загадување на објектот и тоа може да доведе до попречување на нејзината работа. Опремата за лична заштита треба да биде достапна за непосредна употреба од страна на персоналот во итни случаи кои вклучуваат и ненамерно или намерно ослободување на супстанции поврзани со хемиската индустрија или радиолошки материјали. Болницата исто така треба однапред да идентификува други институции кои може помогнат во процесот на деконтаминација и изолацијата на жртви, како што се Агенцијата за заштита на животната средина, Центарот за контрола на отровни материи, специјализирани тимови итн. Вработените треба


да бидат обучени редовно (на пример, преку обуки, или вежби) за одржување и надградба на вештините за примена на лична заштита и спроведување на деконтаминација на жртви. Оценки за безбедност на дел бр. 148: Ниска = Не е достапна опрема за лична заштита за непосредна употреба од страна на вработените во болницата, или не постои назначена просторија за деконтаминација; Средна = Опрема за лична заштита е достапна за непосредна употреба, назначени се простории за деконтаминација, но обуки и вежби не се одржуваат еднаш годишно; Висока = Опрема за лична заштита е достапна за непосредна употреба, назначени се простории за деконтаминација, обуки и вежби се одржуваат најмалку еднаш годишно.

149.

Опрема за лична заштита и изолација од заразни болести и епидемии

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација и проверка. Оценувачите треба да ја потврдат достапноста на опрема за лична заштита за вработените кои се изложени на висок ризик од заразни болести. Оценувачите треба да проверат дали се назначени простории за изолација. Оценувачите треба да го проверат степенот на побарувачка за опремата за лична заштита при максимален капацитет на болницата, земајќи го предвид видот на услугите што болницата ги обезбедува, како и дополнителните капацитети потребни да се одговори во итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да утврдат дека достапната опрема за лична заштита е доволна во случај на максимална побарувачка од 72 часа, за да бидат сигурни дека болницата може да обезбеди услуги за време на итни случаи и катастрофи. Оценувачите треба да ги проверат воспоставените подготовки и времето потребно за обезбедување на потребите на опрема за лична заштита. Вработените треба да бидат обучени редовно да ги одржуваат и да ги подобруваат вештините за примена на опремата за лична заштита и процедурите за спроведување на изолација на пациентот. Оценки за безбедност на дел бр. 149: Ниска = Не е достапна опрема за лична заштита за непосредна употреба од страна на вработените во болницата, или не постои просторија за изолација; Средна = Постојат резерви за итна употреба, но не се доволни за непрекинато обезбедување на услуги од најмалку 72 часа при работа со максимален болнички капацитет, воспоставени се простории за изолација, обука и вежби за вработените не се одржуваат еднаш годишно; Висока = Постојат резерви на заштитна опрема за итна употреба и непрекинато обезбедување на услуги од најмалку 72 часа при работа со максимален болнички капацитет, како и алтернативни извори за снабдување, воспоставени се простории за изолација, обука и вежби за вработените се одржуваат најмалку еднаш годишно.


150.

Процедури за безбедност во итни случаи

Препорачани методи проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи процедури и извештаи). Оценувачите треба потврдат дека се воспоставени процедури за итни случаи, за да се осигури безбедноста на пациентите, персоналот и објектот (на пример, навремена контрола на пристапни точки, места за тријажа, подрачја каде што циркулираат пациенти, сообраќај, паркинзи, координативен центар за итни случаи и катастрофи) и со звучни сигнали да овозможи одговор и контрола на безбедносните закани. Ова вклучува обезбедување безбедност при случаи на насилство или напади насочени кон болницата или заедницата, немири во близина кои можат да влијаат на болничкиот објект, на персоналот, на пристапот на амбулантите и на болничкото функционирање. Оценувачите треба да утврдат дали припадниците на безбедносните сили и на персоналот се обучени за постапките за итни случаи и колку често истите се тестираат. Оценки за безбедност на дел бр. 150: Ниска = Процедури за безбедност при итни случаи не постојат или постојат само како документ; Средна = Постојат документирани процедури и персоналот се обучува за спроведување на итните процедури за безбедност, но вежби не се спроведуваат најмалку еднаш годишно; Висока = Персонал е обучен и вежби за документираните процедури се одржуваат најмалку еднаш годишно.

151.

Безбедност на компјутерскиот мрежен систем

Препорачани методи за проценка: интервју и преглед на документација (вклучувајќи процедури и извештаи) и проверка. Оценувачите треба да потврдат дека се воспоставени системи и процедури за безбедност на компјутерската мрежа во болницата, против внатрешни и надворешни напади. Фокусот треба да биде на заштита на податоците, вклучувајќи ја евиденцијата за пациентите, како и заштита на опремата која е од витално значење за нормалното функционирање на болницата. Одговорното лице за информатичка технологија треба да обезбеди редовно следење на тековните закани и да спроведува активности кои ќе ги минимизираат ризиците и ќе овозможат да се одговори на заканите. Оценувачите треба да потврдат дека во болницата има план за одговор и закрепнување од напади на компјутерскиот мрежен систем, или од пад на компјутерскиот систем. Планот треба вклучува процедури за резервни заштитни копии на податоците, постапки за обновување или замена на компјутерските хардвери и софтвери и план за обновување на информатичката технологија.


Постојат случаи на пројавени инциденти поврзани со медицинска опрема како резултат на вируси во компјутерската мрежата што доведуваат до грешки при читање на резултатите, и истото може да биде штетно по здравјето и животот на пациентите. Оценки за безбедност на дел бр. 151: Ниска = Болницата нема план за компјутерски систем за безбедност и постапки; Просек = Болницата има основен план за безбедност на компјутерскиот систем, но истиот не се следи и ажурира редовно; Висока = Болницата има поставен план за безбедност на компјутерскиот систем и редовно се ажурира.

Референци за Модул 4: Управување со итни случаи и катастрофи 1. NFPA 5000: Building construction and safety code. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2012. 2. NFPA 101: Life safety code. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2006. 3. Código Técnico de la Edificación. Partes I y II. Madrid: Instituto Nacional de la Vivienda de España; 2006. 4. NFPA 80: Standard for fire doors and other opening protectives. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2013. 5. NFPA 99: Health care facilities code. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2012. 6. Neufert E. Arte de proyectar en arquitectura (end edition). Barcelona: Galaxia Gutemberg; 2010. 7. Hospitales Seguros: sistematización de experiencias en la Republica Dominicana. Washington (DC): Organización Panamericana de la Salud (Pan American Health Organization); 2013.


Поимник

Неповолен настан Промени кај луѓето, економијата, социјалните системи и околината, предизвикани од природни феномени, создадени од човековата активност или од комбинација на двете, кои итно бараат одговор од страна на засегнатата заедница. Тоа може да биде итен случај или катастрофа во зависност од големината на штетата и капацитетот за одговор.

Циклус на тешки настани Превенција: Ризик = 0 Ублажување: Ризик = намален Подготовка: Засилен капацитет за одговор Одговор: Хуманитарна помош Рехабилитација: Условно или привремено закрепнување Реконструкција: Целосно обновување

Капацитет Комбинација на сите предности, атрибути и ресурси кои се достапни во рамките на една заедница, општество или организација, која може да се користи за постигнување на договорените цели.

Развој на капацитетите Процесот со кој луѓето, организациите и општеството систематски ги стимулираат и развиваат нивните капацитети со текот на времето, за да се постигнат социјалните и економските цели, преку подобрување на знаењата, вештините, системите и институциите.

Клучни објекти Примарни физички структури, технички средства и системи кои се од социјално-економско или од оперативно суштинско значење за функционирањето на општеството или заедницата, во редовно работење, но и во екстремни услови на вонредна состојба.

Критични системи (во болницата) Критични системи во болницата се: електричните системи, телекомуникациските системи, снабдувањето со вода, противпожарната заштита, управувањето со отпад, магацините за складирање на гориво и медицински гасови, системите за греење, системите за вентилација и климатизација (ГВУК). Дефект или прекин на критичните системи може да го запре или да го попречи функционирањето на болниците.


Развој Кумулативно и трајно зголемување на квалитетот и квантитетот на добрата, услугите и изворите на едно општество, придружено од социјални промени насочени кон одржување или подобрување на безбедноста и квалитетот на човековиот живот, без да се загрозат изворите за следните генерации.

Катастрофа Сериозни промени во животите и добросостојбата на луѓето, добрата, услугите, економијата, социјалните системи и околината, предизвикани од природни феномени, кои се создадени од човековата активност или со комбинација од двете, а кои го надминуваат капацитетот за одговор на засегнатото општество.

Управување со ризик од катастрофи Систематски процес на планирање и користење на административните директиви, организација, управување со оперативните капацитети за спроведување на стратегии и политики, и подобрување на капацитетите за справување со опасности, со цел да се намалат негативните влијанија на опасности, како и можноста за катастрофа.

Намалување на ризик од катастрофи Серија мерки насочени кон намалување на штетите предизвикани од тешки феномени на ниво на коешто потребите може да бидат покриени од страна на изворите на засегнатото населени. Ова се постигнува со елиминирање (превенција) или намалување (ублажување) на опасноста, на ранливоста или обете, како и со зголемување на капацитетот за одговор на заедницата (подготвеност).

Итен случај Непосреден настан или опасна состојба којашто бара итна интервенција.

Справување со итни случаи и катастрофи Организирање и управување со ресурсите за решавање на сите аспекти на итните случаи и катастрофи, вклучувајќи превенција, подготвеност, одговор и обновување.

Опасност Заканувачки феномен, супстанција или настан предизвикан од човечка активност, кој може да предизвика губење на живот, повреда или други влијанија врз здравјето на човекот, оштетување на имот, социјални и економски загуби или оштетување на животната средина .


Ублажување Серија активности насочени кон намалување на можната штета која може да е резултат од меѓусебното делување на опасноста и ранливоста.

Неградежни делови Делови што не се дел од носечкиот систем на зградата. Вклучува архитектонски делови, како и опремата и системите потребни за управување со зградата. Меѓу најзначајните неградежни делови се вбројуваат: архитектонски елементи како фасади, внатрешни прегради, структури на кровот и додатоци. Неградежните системи и делови вклучуваат: индустриска, медицинска и лабораториска опрема, мебел, системи за електрична дистрибуција, системи за ГВКУ и лифт/подвижни скали.

Неградежни детали Серија мерки основани на теоретско, емпириско и експериментално искуство од различните дисциплини, насочени кон заштитување и подобрување на изведбата на неградежните делови.

Подготвеност Серија активности насочени кон зголемување на капацитетот од страна на владините институции, за навремено справување и соодветно организирање за одговор и рехабилитација. Подготвеноста се постигнува со разработување планови за одговор, вршење обука на вклучениот персонал и воспоставување резерва на извори потребни за спроведување на одговорот.

Превенција Серија активности насочени кон избегнување или спречување на појавата на штети како последица на тешки феномени. Превенцијата се постигнува со елиминирање на опасноста, ранливоста или обете.

Реконструкција Процес на целосно обновување на физичката, социјалната и економската штета на заштитно ниво повисоко од она што постоело пред настанот. Реконструкцијата се постигнува со вклучување на мерки за намалување на ризикот од катастрофи при обновување на оштетените инфраструктурни системи и услуги.

Закрепнување Обновување на објектите, односно подобрување на благосостојбата и животните услови во заедниците погодени од катастрофи, вклучувајќи ги и напорите за намалување на ризиците од катастрофи.


Рехабилитација Условно или привремено обновување на основните услуги на заедницата. Рехабилитацијата се постигнува со обезбедување на услуги кои се достапни пред да настане катастрофата.

Отпорност Способноста на системот, заедницата или општеството изложени на опасности да се спротивстават и приспособат, за навремено и ефикасно да закрепнат од ефектите на опасностите, преку зачувување и обновување на суштински и структури и функции.

Одговор Преземени активности во итни случаи или катастрофи, или при непосредна опасност, со цел спасување животи, намалување на страдањата и ограничување на економските и социјалните загуби преку мобилизација на хуманитарна помош, со цел да се покријат основните потреби на засегнатото население.

Ризик (кој се однесува на опасност, ранливост и капацитети) Ризикот е резултат на меѓусебно делување на опасноста и ранливоста. Ова е динамична и комплексна интеракција којашто се менува со време, во согласност со измените во веројатноста да се појави одреден феномен, во одредено време и место, со одреден интензитет, големина и траење и склоноста на луѓето, инфраструктурата, услугите и добрата врз коишто може да има влијание тој феномен. Формулата ја поедноставува врската помеѓу овие три фактори:

Опасност х Ранливост Ризикот е еднаков на ---------------------------------- Капацитет

Справување со ризици Систематскиот пристап и практиката на управување со неизвесности со цел да се сведат на минимум потенцијалните штети и загуби.

Безбедна болница Здравствена установа чии услуги остануваат достапни и функционални, со максимален капацитет и со иста инфраструктура, за време на и веднаш по природниот феномен.

Градежни делови Делови вклучени во системот за отпорност на градбата, како столбови, греди, ѕидови, темели и плочи.


Ранливост Внатрешен ризик фактор на субјект, предмет или систем, изложени на опасност којашто одговара на нивната склоност да бидат оштетени од таа опасност.


Библиографија 1. Krauskopf RB, Saavedra RR. Guidelines for vulnerability reduction in the design of new health facilities. Washington (DC): Pan American Health Organization/The World Bank; 2004. 2. Safe Hospitals. A collective responsibility. A global measure of disaster reduction. Washington (DC): Pan American Health Organization; 2005. 3. Curso de planeamiento hospitalario para casos de desastres. Curso PHD. Washington (DC): Pan American Health Organization; 2005. 4. Manual de simulacros hospitalarios de emergencia. Washington (DC): Pan American Health Organization; 1995. 5. Reducción del daño sísmico. Guía para las empresas de agua. Serie Salud Ambiental y Desastres. Lima: Pan American Health Organization; 2003. 6. Principles of disaster mitigation in health facilities. Washington (DC): Pan American Health Organization; 2000. 7. Guidelines on non-structural safety in health facilities. Kathmandu: Ministry of Health of Nepal/ World Health Organization; 2004. 8. Guidelines for seismic vulnerability assessment of hospitals. Kathmandu: National Society for Earthquake Technology – Nepal (NSET)/World Health Organization; 2004. 9. Non-structural vulnerability assessment of hospitals in Nepal. Kathmandu: National Society for Earthquake Technology − Nepal (NSET)/Ministry of Health of Nepal/World Health Organization; 2003. 10. Mitigating earthquake risk in health facilities: a structural vulnerability assessment of hospitals in Kathmandu Valley. Kathmandu: Ministry of Health of Nepal/National Society for Earthquake Technology − Nepal (NSET)/World Health Organization; 2002. 11. Curso para Evaluadores del Programa Hospital Seguro. México City: Instituto Mexicano del Seguro Social/Secretaría de Gobernación de México/Pan American Health Organization; 2007.


12. Gibbs T. Design manual for health services facilities in the Caribbean with particular reference to natural hazards and other low-frequency events. Bridgetown (Barbados): Pan American Health Organization; 2003. 13. Environmental health in emergencies and disasters: a practical guide. Geneva: World Health Organization; 2002. 14. Principles of disaster mitigation in health facilities. Geneva: World Health Organization; 2007. 15. Outbreak communication planning guide. Geneva: World Health Organization; 2008. 16. Safe hospitals in emergencies and disasters: structural, non-structural and functional indicators. Geneva: World Health Organization; 2010. 17. Hospital emergency response checklist. Geneva: World Health Organization; 2011. 18. Hospital Incident Command System guidebook. Rancho Cordova (CA); California Emergency Medical Services Authority; 2006. 19. Guyer JP. Introduction to HVAC systems for medical facilities. Stony Point (NY): Continuing Education

and

Development,

Inc;

2009

(http://www.cedengineering.com/upload/Intro%20to%20 HVAC%20for%20Med%20Facilities.pdf, accessed 21 August 2014). 20. Arya AS, Boen T, Ishiyama Y. Guidelines for earthquake resistant non-engineered construction (draft). Tokyo: International Association for Earthquake Engineering/ United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization/International Institute of Seismology and Earthquake Engineering; 2012. 21. Hendawi S, Frangopol DM. System reliability and redundancy in structural design and evaluation. Structural Safety. 1994;1−2:47−71. 22. Disabled

Go.

Website.

(http://www.disabledgo.com/en/access-guide/main-hospital-

entrance-6/ university-hospital-coventry, accessed 22 August 2014). 23. Centre of Excellence for Universal Design. Building for everyone: a universal approach. Dublin:

National

Disability

Authority;

2012

(http://www.universaldesign.ie/buildingforeveryone, accessed 22 August 2014). 24. United Nations International Strategy for Disaster Reduction. Terminology of disaster risk reduction (http://www.unisdr.org/files/7817_UNISDRTerminologyEnglish.pdf, accessed 22 August 2014). 25. Essential

medicines.

World

Health

Organization

website


(http://www.who.int/medicines/services/ essmedicines_def/en/, accessed 22 August 2014). 26. Alexander D. Landslide damage to buildings. Environmental Geology. 1986;8(3):147−51. 27. Concheso TG. Protecting new health facilities from natural disasters: guidelines for the promotion of disaster mitigation. Washington (DC): Pan American Health Organization/The World Bank; 2003. 28. Daniell J. Damaging volcanoes database 2010 − the year in review. Karlsruhe: Karlsruhe Institute of Technology Center for Disaster Management and Risk Reduction Technology; 2011. 29. Safe hospitals in emergencies and disasters: Philippine indicators: protect hospitals and health facilities in emergencies and disasters. Manila: Department of Health; 2009. 30. Eaton JP, Richter DH, Ault WU. The tsunami of May 23, 1960, on the Island of Hawaii. Bulletin of the Seismological Society of America. 1961;51(2):135−157. 31. Hospital emergency response checklist: an all-hazards tool for hospital administrators and emergency managers. Copenhagen: World Health Organization Regional Office for Europe; 2011. 32. Landslides. United States Search and Rescue Task Force (http://www.ussartf.org/landslides. htm#top, accessed 22 August 2014). 33. Wang G. The progressive failure of slope and the stability analyses. Chinese Journal of Rock Mechanics and Engineering. 2000; 19(1):29−33. 34. Liquefaction potential of cohesionless soils. (Geotechnical design procedure, GDP 9). New York: State of New York Department of Transportation, Geotechnical Engineering Bureau; 2007. 35. Hasegawa H, Yamazaki F, Matsuoka M, Sekimoto I. Determination of building damage due to earthquakes using aerial television images. Auckland: Proceedings of the 12th World Conference on Earthquake Engineering, Auckland, New Zealand, 30 January − 4 February 2000. 36. Effects from earthquake-triggered landslides. United States Geological Survey; 2011 (http://pubs. usgs.gov/of/1995/ofr-95-0213/EFFECTS.HTML, accessed 22 August 2014). 37. Nelson PN, Baldock JA, Clarke P, Oades JM, Churchman GJ. Dispersed clay and organic matter in soil: their nature and associations. Australian Journal of Soil Research. 1999;37(2):289−316.


38. Infection prevention and control of epidemic- and pandemic-prone acute respiratory diseases in health care: WHO interim guidelines. Geneva: World Health Organization; 2007. 39. Healthy hospitals, healthy planet, healthy people: addressing climate change in healthcare settings. Geneva: World Health Organization; 2009. 40. Hospitals should be safe from disasters: reduce risk, protect health facilities, save lives. Manila: Department of Health of the Philippines/World Health Organization Regional Office for the Western Pacific; 2009. 41. Volcanic ash: effects to buildings and mitigation strategies. United States Geological Survey (http:// volcanoes.usgs.gov/ash/build/index.php, accessed 22 August 2014). 42. Índice de seguridad hospitalaria: Guía para la evaluación de establecimientos de salud de mediana y baja complejidad. Washington (DC): Organización Panamericana de la Salud (Pan American Health Organization); 2010. 43. Report of the Caribbean Commission on Health and Development. Washington (DC): Pan American Health Organization; 2006. 44. Código Técnico de la Edificación. Partes I y II. Madrid: Instituto Nacional de la Vivienda de España; 2006. 45. Hospitales Seguros: sistematización de experiencias en la Republica Dominicana. Washington (DC): Organización Panamericana de la Salud (Pan American Health Organization); 2013. 46. Risk management series. Design guide for improving hospital safety in earthquakes, floods, and high winds. Washington (DC): Federal Emergency Management Agency; 2007 (http://www.fema.gov/

media-library-data/20130726-1609-20490-1678/fema577.pdf,

accessed 22 August 2014). 47. Reducing the risks of nonstructural earthquake damage − a practical guide. Washington (DC): Federal Emergency Management Agency; 2011. 48. Guidelines for design and construction of hospital and health care facilities. Washington (DC): The American Institute of Architects Press; 1997. 49. NFPA 101: Life safety code. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2006. 50. NFPA 99: Health care facilities code. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2012a. 51. NFPA 5000: Building construction and safety code. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2012b.


52. NFPA 10: Standards for portable fire extinguishers. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2013a. 53. NFPA 13: Standard for the installation of sprinkler systems. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2013b. 54. NFPA 80: Standard for fire doors and other opening protectives. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2013c. 55. 2012 International Building Code. Washington (DC): International Code Council; 2012. 56. Eurocodes: building the future. (The European Commission website on Eurocodes) (http://eurocodes.jrc.ec.europa.eu, accessed 22 August 2014). 57. American Institute of Steel Construction (website) (https://www.aisc.org, accessed 22 August 2014). 58. Minimum design loads for buildings and other structures: ASCE Standard ASCE/SEI 7-10. Reston (VA): American Society of Civil Engineers; 2010. 59. ASME A17.1-2007/CSA B44-07: Safety code for elevators and escalators (ANSI A17: Código de Seguridad Standard Nacional Americano para Ascensores y Escaleras Mecanicas). New York (NY): American Society of Mechanical Engineers; 2007. 60. Guidelines for design and construction of hospitals and outpatient facilities. Dallas (TX): Facility Guidelines Institute; 2014. 61. ASTM International − Standards Worldwide. American Society for Testing Materials; 2014. 62. Neufert E. Arte de proyectar en arquitectura (end edition). Barcelona: Galaxia Gutemberg; 2010. 63. The interagency emergency health kit 2011: medicines and medical devices for 10 000 people for approximately three months. Geneva: World Health Organization; 2011. 64. Rodgers J, Cedillos V, Kumar H, Tobin LT, Yawitz K. Reducing earthquake risk in hospitals − from equipment, contents, architectural elements and building utility systems. New Delhi: GeoHazards International and GeoHazards Society; 2009. 65. Wagenaar C, editor. The architecture of hospitals. Rotterdam: NAi Publishers; 2006. 66. Guidelines for safe disposal of unwanted pharmaceuticals in and after emergencies. Geneva: World Health Organization; 1999. 67. ACI 318. Building code requirements for reinforced concrete. Detroit (MI): American Concrete Institute; 2002. 68. EQ Tips: How architectural features affect buildings during earthquakes? Indian Institute of


Technology Kanpur and Building Materials and Technology Promotion Council (website) (http://www. iitk.ac.in/nicee/EQTips/EQTip06.pdf, accessed 22 August 2014). 69. NFPA 220: Standard on types of building construction. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2012. 70. NFPA 221: Standard for high challenge fire walls, fire walls and fire barrier walls. Quincy (MA): National Fire Protection Association; 2012.


Формулар 1 Општи информации за болницата Ве молиме имајте предвид: 1 Овие информации мора да бидат пополнети од страна на здравствената установа, по можност од страна на Болничката комисија при катастрофи, пред да се изврши проценка. 2 Доколку е потребно, можете да го фотокопирате овој формулар или да направите дополнителни копии од USB-уредот приложен во папката или од интернет-страницата.


ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА УСТАНОВА 1. Име на болницата: ................................................................................................................................ 2. Адреса: .................................................................................................................................................. 3. Имиња на лица на повисоки раководни функции во болницата (пр. стручен и економски директор, технички директор, административен директор) ........................................................... ................................................................................................................................................................ ................................................................................................................................................................ ................................................................................................................................................................ 4. Имиња и податоци на одговорни лица при катастрофи/итни случаи (на пример, претседател на Болничката комисија при катастрофи/итни случаи, координатор, одговорно лице за безбедност/ противпожарна заштита) ................................................................................................ ................................................................................................................................................................ ................................................................................................................................................................ ................................................................................................................................................................ 5. Телефон (со повикувачки број): .......................................................................................................... 6. Веб страница: ........................................................................................................................................ Ел. пошта: ............................................................................................................................................................ 7. Вкупен број на болнички кревети ........................................................................................................ 8. Капацитет на болницата во нормални ситуации: ............................................................................... 9. Вкупен број на персонал: ..................................................................................................................... a. Број на клинички персонал (пр. лекари, медицински сестри, медицински техничари) ..... .................................................................................................................................................. b. Број на останат персонал (пр. извршен менаџмент, администрација, инженери, информациски техничари) ..................................................................................................... .................................................................................................................................................. 10. Опис на установата: на пример, институција на која ѝ припаѓа (на пример, министерство, приватна установа, универзитет), вид на установа (на пример, повисока здравствена установа, установа за специјализирани услуги), положба во мрежата на здравствени услуги, положба при итни случаи и катастрофи, вид на структура, вкупен број на население коешто го

опслужува, домен на влијание (вообичаени услуги/услуги при итни случаи и катастрофи), итн.

................................................................................................................................................................

11. Физичка распределба Наведете ги и накратко објаснете ги главните згради во установата. Во коцката подолу дадете дијаграм


на физичката распределба на услугите и околината на установата. Доколку е потребно, употребете дополнителни страници. ....................................................................................................................................

................................................................................................................................................................

................................................................................................................................................................

................................................................................................................................................................


12. Болничко лекување и капацитет на болницата:

Означете го вкупниот број на кревети и персонал за секојдневни услуги, како и капацитетот за проширување на услугите во итни случаи и катастрофи според организираноста на болницата (според оддели или специјализирани услуги). Бројот на достапен персонал може да се искористи во согласност со делот бр. 132: Достапност на персонал. a)

Интерна медицина

Оддел и услуга

Број на кревети (во нормални услови)

Максимален капацитет на болница за итни случаи/катастрофи (број на кревети)

Планиран број на персонал

Реален број на достапниот персонал

Набљудување

Општа медицина

Педијатрија

Кардиологија

Пулмологија

Неврологија

Ендокринологија

Хематологија

Гастроентрологија

Дерматологија

Оддел за

Други, посочете

Други, посочете

Други, посочете

Вкупно

лекување изгореници Физиологија и рехабилитација Психијатрија / Психологија


b) Хирургија Оддел и услуга

Број на кревети (во нормални услови)

Планиран број на персонал

Реален број на достапниот персонал

Набљудување

Максимален капацитет на болница за итни случаи/катастрофи (број на кревети)

Општа хирургија Акушерство и гинекологија Ортопедија и трауматологија Урологија Оториноларингологија Офталмологија Неврохирургија Пластична хирургија Кардиоваскуларна хирургија Други, посочете Други, посочете Вкупно

c)

Оддел за интензивна нега (ОИН)

Оддел и услуга

Број на кревети (во нормални услови)

Максимален капацитет на болница за итни случаи/катастрофи (број на кревети)

Планиран број на персонал

Реален број на достапниот персонал

Набљудување

Општа интензивна нега Општа постинтензивна нега Кардиоваскуларен ОИН Педијатриски ОИН ОИН за лекување изгореници Други, посочете Вкупно

d) Операциони сали Оддел или услуга

Септична хирургија Асептична хирургија Педијатриска хирургија Акушерска и гинеколошка хирургија Ургентна хирургија Други, посочете Вкупно

Број на операциони сали (во нормални услови)

Максимален број на болнички сали (за итни случаи/катастрофи)

Набљудувања


e)

Клинички и неклинички служби за поддршка

Оддел, единица и услуга Дијагностички услуги Банка за крв Аптека Медицинско инженерство и одржување Градежно/инженерство на критични системи и одржување Деконтаминација Обезбедување Други, посочете Други, посочете

Планиран број на персонал

Достапен број на персонал

Набљудувања

f)

Операции за време на итни случаи и катастрофи

Оддел, единица и услуга Операции за време на итни случаи и катастрофи / справување со инциденти (наредба, контрола, координација) Логистика Комуникациски и информациски службеници Администрација (човечки ресурси и финансиски службеници) Портпароли за односи со јавност Амбулантен персонал

Планиран број на персонал

Достапен број на персонал

Набљудувања

Единици за итни случаи

Други, посочете Вкупно


13. Области кои можат да го зголемат оперативниот капацитет Посочете ги карактеристиките на областа и местата кои може да се искористат за да се зголеми болничкиот капацитет при итни случаи и катастрофи. Наведи ги квадратните метри, достапните критични системи и сите други информации кои може да се искористат за да се оцени соодветноста за проширување на просторот и капацитетот на болницата за медицински и други видови услуги во итни случаи и катастрофи. Вклучете пристап, обезбедување и критични услуги, како вода, електрична енергија, комуникации, управување со отпад, греење, вентилација и климатизација. Локации/површина

Површина 2 на м

Вода

Да

Не

Електрична енергија Да Не

Телефон / комуникации Да Не

Набљудување

Локации/површина

Површина 2 на м

Управувањ е со отпад

Да

Греење, вентилација и климатизација

Не

Да

Други

Не

Набљудување

Да

Не

Забелешка: Назначете ја употребата во секое поле (хоспитализација, тријажа, амбулантна нега, набљудување, простории за персоналот, итн. 14. Дополнителни информации (вклучувајќи историја на итни случаи и катастрофи со кои болницата се справувала): ........................................................................................................................................... ..................................................................................................................................................................... ..................................................................................................................................................................... ..................................................................................................................................................................... ..................................................................................................................................................................... Име/потпис (директор/раководител, болничка комисија за итни случаи и катастрофи) .................................

.....................................................................................................................................................................


Формулар 2 Чек-листа за безбедност на болници (Hospital Safety Checklist)

Ве молиме имајте предвид:

Овој формулар треба да биде поделен на сите членови на тимот за проценка. Доколку е потребно, можете да го фотокопирате формуларот или пак да направите дополнителни копии од USB-уредот приложен во папката или од интернет-страницата.


Модул 1: Опасности што влијаат на безбедноста на болницата и улогата на болницата во справувањето со итни случаи и катастрофи

1.1 Опасности

Нема опасност

Ниво на опасност Ниво на опасност

Ниска

Средна

1.1.1 Геолошки опасности

Висока

Дали болницата е подготвена да одговори на оваа опасност? Ако да, обележете

Земјотреси Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност од земјотрес на локацијата на болницата (вклучително и сливното подрачје) во однос на геотехничката анализа на почвата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од земјотреси (врз основа на изложеноста на населението или на специјализираната улога на болницата за лекување на повредените пациенти).

Вулканска активност и ерупции Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на вулканска закана за локацијата на болницата. Треба да се земат предвид близината до вулкани, вулканската активност, течението на лава, пирокластичните текови и пепелта од вулканите. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од вулканска активност и ерупции (врз основа на изложеноста на населението или на специјализираната улога на болницата).

Лизгање на земјиште Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност за болницата во однос на лизгања на земјиштето. Земете предвид дека лизгањето на земјиштето може да биде предизвикано од нестабилни почви. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од лизгање на земјиштето (врз основа на изложеноста на населението).

Цунами Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност по локацијата на болницата од цунами несреќи предизвикани од подводна сеизмичка или вулканска активност. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани цунами (врз основа на изложеноста на населението).

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


1.1 Опасности

Нема опасност

Ниво на опасност Ниво на опасност

Ниска

Средна

Висока

Дали болницата е подготвена да одговори на оваа опасност? Ако да, обележете

Други геолошки опасности (одрони на камења, смет, слегнување на земјиштето и излевање на кал) (назначете) ...............................

Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности за да го идентификувате другиот геолошки феномен. Наведете ја опасноста и оценете го соодветното ниво за опасност по болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од утврдената геолошка опасност (врз основа на изложеноста на населението).

1.1.2 Хидрометеоролошки опасности 1.1.2.1 Метеоролошки опасности

Циклони/урагани/тајфуни

Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност по болницата од циклони, урагани и тајфуни. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од циклони, урагани и тајфуни (врз основа на изложеноста на населението).

Торнада Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност за локацијата на болницата од торнадо. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од торнада (врз основа на изложеноста на населението).

Локални бури Оценете го нивото на опасност по болницата од поплави и други штети предизвикани од интензивни (или поројни) врнежи од локални бури според историјата за таквите настани. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од локални бури (врз основа на изложеноста на населението).

Други метеоролошки опасности (на пример, песочни бури, силни ветришта) Оценете го нивото на опасност на болницата во однос на поплави и други штети предизвикани од интензивни врнежи од дожд, според историјата за таквите настани. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од други метеоролошки опасности (врз основа на изложеноста на населението).

1.1.2.2 Хидролошки опасности

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


1.1 Опасности

Нема опасност

Ниво на опасност Ниво на опасност

Ниска

Средна

Висока

Дали болницата е подготвена да одговори на оваа опасност? Ако да, обележете

Речни поплави Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност за локацијата на болницата (вклучително и сливното подрачје) во поглед на речни поплави (и на други водотеци, како потоци). Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од речни поплави (врз основа на изложеноста на населението).

Поројни поплави Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности, другите информации за опасности, како и историјата на такви појави и оценете го нивото на опасност за локацијата на болницата од поројни поплави. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од поројни поплави (врз основа на изложеноста на населението).

Бури Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности, оценете го нивото на опасност за локацијата на болницата од бури поврзани со ризици од урагани, циклони, тајфуни и други бури. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од бури и поврзани поплави (врз основа на изложеноста на населението).

Лизгање на земјиштето Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност од лизгање на опасност предизвикано од нестабилни почви по локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од лизгање на земјиштето поради нестабилни почви (врз основа на изложеноста на населението).

Други хидролошки опасности (високи плими, лавини, крајбрежни поплави) Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности за да ја идентификувате опасноста што не е наведена погоре. Назначете ја опасноста и оценете го соодветното ниво на опасност по локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од други хидролошки опасности (врз основа на изложеноста на населението).

1.1.2.3 Климатски непогоди

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


1.1 Опасности

Нема опасност

Ниво на опасност Ниво на опасност

Ниска

Средна

Висока

Дали болницата е подготвена да одговори на оваа опасност? Ако да, обележете

Екстремни температури (пр. топлотни бранови, екстремни зимски услови – зуд) Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност од високи температури. Назначете ја опасноста и оценете го соодветното ниво на опасност по локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од екстремни температури (врз основа на изложеноста на населението).

Пожари (на пример, шумски, полски, пожари во населени места) Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност од пожари по локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од пожари (врз основа на изложеноста на населението или специјализираната улога на болницата за лекување пациенти со изгореници).

Суша Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности или другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност од суши по локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од суши (врз основа на изложеноста на населението или специјализираната улога на болницата за лекување пациенти што страдаат од потхранетост).

Други климатски непогоди, вклучувајќи ги и оние што се припишуваат на климатски промени (на пример, покачување на нивото на водата во морињата) Оценете го нивото на опасност по болницата во однос на ризикот од други климатски непогоди врз основа на мапите, историјата за таквите настани и моделирањето на опасноста. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од други климатски непогоди (врз основа на изложеноста на населението).

1.1.3 Биолошки опасности

Епидемии, пандемии и заразни болести во пораст Врз основа на какви било проценки на ризик, историјата на такви настани во болницата и специфичните патогени оценете го нивото на опасност за болницата во врска со епидемии, пандемии и заразни болести во пораст. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од епидемии, пандемии и заразни болести во пораст (врз основа на изложеноста на населението или специјализираната улога на

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


1.1 Опасности

Нема опасност

Ниво на опасност Ниво на опасност

Ниска

Средна

Висока

Дали болницата е подготвена да одговори на оваа опасност? Ако да, обележете

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

болницата за лекување пациенти со заразни болести).

Алиментарни епидемии Врз основа на какви било проценки на ризик и историјата на такви настани на локацијата на болницата (вклучително и сливното подрачје) оценете го нивото на опасност за болницата во врска со алиментарни епидемии. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од алиментарни епидемии (врз основа на изложеноста на населението).

Напади на штетници (на пример, наезди) Врз основа на какви било проценки на ризик и историјата на такви настани во болницата оценете ја изложеноста на болницата на опасности од напади или наезди на штетници. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од напади или наезди на штетници (врз основа на изложеноста на населението). Други биолошки опасности Врз основа на какви било проценки на ризик оценете го нивото на опасност по болницата во врска со други биолошки опасности. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од други биолошки опасности (врз основа на изложеноста на населението или специјализираната улога на болницата за лекување пациенти изложени на биолошки опасности).

Опасности предизвикани од човечки фактор 1.1.4 Технолошки опасности Индустриски опасности (на пример, хемиски, радиолошки) Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности на индустриските објекти и другите информации за опасности и оценете го нивото на опасност за локацијата на болницата и потенцијалното загадување на болничките системи. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од индустриски опасности (врз основа на изложеноста на населението и специјализираната улога на болницата за лекување пациенти изложени на индустриска опасност).

Пожари (на пример, во зградата) Консултирајте ги локалните мапи на опасности или другите информации за пожари во болницата, како и надвор од неа и минатите случаи на вакви пожари и оценете го нивото на опасност на болницата од пожари. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од пожари (врз основа на изложеноста на населението).


1.1 Опасности

Нема опасност

Ниво на опасност Ниво на опасност

Ниска

Висока

Хемиски

Опасни материи (на пример, хемиски, биолошки, радиолошки) Консултирајте ги локалните мапи на опасности другите информации за опасни материи (инциденти и излевања) во болницата и надвор од неа, и оценете го нивото на опасност за болницата од опасни материи и потенцијалното загадување на нејзините системи. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од опасни материи (врз основа на изложеноста на населението и специјализираната улога на болницата за лекување пациенти изложени на опасни материи).

Средна

Дали болницата е подготвена да одговори на оваа опасност? Ако да, обележете

Биолошки

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

Радиолошки

Прекин на електричната енергија Консултирајте ги минатите инциденти поврзани со прекин на електричната енергија во болницата и оценете ја опасноста од прекин на електрична енергија за болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од прекин на електрична енергија.

Прекин во снабдување со вода Консултирајте ги минатите инциденти поврзани со прекин на во снабдувањето со вода во болницата и оценете ја опасноста од прекин на снабдување со вода за болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од прекин на снабдување со вода.

Инциденти при транспорт (на пример, воздушен, патен, железнички, воден транспорт) Консултирајте ја евиденцијата за минати инциденти при транспорт и одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани инциденти при транспорт (врз основа на изложеноста на населението).


1.1 Опасности

Нема опасност

Ниво на опасност Ниво на опасност

Ниска

Средна

Висока

Дали болницата е подготвена да одговори на оваа опасност? Ако да, обележете

Други технолошки опасности (на пример, загадување на воздухот, колапс на објектот, загадување на водата/храната, нуклеарни) Консултирајте ги регионалните и локалните мапи на опасности на индустриските објекти и другите информации за опасности, како и минатите инциденти за да идентификувате други технолошки ризици за болницата. Назначете ја опасноста и оценете го соодветното ниво на опасност за локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од други технолошки опасности (врз основа на изложеноста на населението и специјализираната улога на болницата за лекување пациенти изложени на други технолошки опасности).

1.1.5 Социјални опасности Закана за безбедноста на болницата и вработените

Консултирајте ги проценките за ризици/закани по безбедноста, како и минатите безбедносни инциденти што имале влијание на болницата и вработените, и оценете го нивото на безбедносна опасност врз болницата и вработените. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани поради закани за безбедноста на зградата на болницата и вработените во неа.

Вооружени конфликти Консултирајте ги проценките за ризици од вооружени конфликти, како и минатите инциденти од таков вид што имале влијание врз болницата, и оценете го нивото на опасност за болницата во однос на вооружени конфликти. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од вооружени конфликти (врз основа на изложеноста на населението).

Граѓански немири (вклучувајќи и демонстрации) Консултирајте ги проценките за ризици од граѓански немири, како и минатите инциденти од таков вид што имале влијание врз болницата, и оценете го нивото на опасност за болницата во однос на демонстрации и граѓански немири. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од демонстрации и граѓански немири (врз основа на изложеноста на населението).

Масовни собири

Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од масовни собири (врз основа на изложеноста на населението).

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


1.1 Опасности

Нема опасност

Ниво на опасност Ниво на опасност

Ниска

Средна

Висока

Дали болницата е подготвена да одговори на оваа опасност? Ако да, обележете

Раселени лица Консултирајте ги проценките за ризици и оценете го нивото на опасност за болницата во однос на луѓе што биле раселени како резултат на конфликт, општествени немири и други социополитички околности или поради високо ниво на имиграција. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани поради раселени лица.

Други социјални опасности (на пример, експлозии, тероризам)

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

Консултирајте ги проценките за ризици, регионалните и другите информации за опасности, како и минатите инциденти за да ги идентификувате другите социјални опасности. Назначето го видот на закана и оценете го соодветното нивото на опасност за локацијата на болницата. Одредете дали болницата треба да биде подготвена да одговори на итен случај или катастрофа предизвикани од други социјални опасности (врз основа на изложеноста на населението или специјализираната улога на болницата за лекување пациенти изложени на социјални опасности).

1.2 Геотехнички одлики на почвите

Топење Во врска со геотехничките анализи на почвата која се наоѓа околу болницата, оценете го степенот на изложеност на болницата на опасности од нестабилни и растресити почви.

Глинени почви Во однос на мапите за почвите, оценете ја изложеноста на болницата на опасности поврзани со глинени почви.

Нестабилни падини Консултирајте ги геолошките мапи и одредете ја изложеноста на болницата на опасности поврзани со присуството на нестабилни падини.

Коментари на резултатите од Формулар 1, Модул 1: ............................................................................................... ........................................................................................................................................................................................ Име/Потпис на оценувачот(оценувачите): ................................................................................................................


Модул 2: Градежна безбедност 2.1 Претходни настани што имале влијание врз безбедноста на болницата

Ниво на опасност

Ниска

Средна

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

Висока

1. Претходни поголеми градежни штети и колапс на болничката зграда(и) Оценки за безбедност: Ниска = Голема штета и без извршено санирање; Средна = Умерена штета и зградата е делумно санирана; Висока = Мала или никаква штета или зградата е целосно санирана. ДОКОЛКУ ТАКОВ НАСТАН НЕ СЕ СЛУЧИЛ ВО ОКОЛИНАТА НА БОЛНИЦАТА, ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР.

2. Болници изградени и/или санирани според најновите стандарди за безбедност

Оценки за безбедност: Ниска = Најновите стандарди за безбедност не се применети; Средна = Најновите стандарди за безбедност се делумно применети; Висока = Најновите стандарди за безбедност се целосно применети.

3. Влијание од реновирање или модификации на градежниот дел на болницата Оценки за безбедност: Ниска = Извршени се големи реновирања или модификации кои би можеле многу да ја загрозат изведбата на градбата; Средна = Извршени се умерени реновирања и/или модификации со помало влијание врз изведбата на градбата; Висока = Извршени се мали реновирања и/или модификации или не се извршени никакви реновирања; или извршените реновирања и/или модификации ја подобруваат градежната безбедност и немаат никакво негативно влијание.

2.2 Градежен интегритет

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

4. Градежен системски дизајн Оценки за безбедност: Ниска = Лош градежен системски дизајн; Средна = Умерен градежен системски дизајн; Висока = Добар градежен системски дизајн.

5. Состојба на зградата

Оценки за безбедност: Ниска = Распаѓање предизвикано од временските услови; пукнатини на првиот кат и неправилна висина на зградите; Средна = Распаѓање предизвикано само од временските услови; Висока = Добра; не е најдено распаѓање или пукнатини.

6. Состојба на градежните материјали Оценки за безбедност: Ниска = Присуство на ‘рѓа; пукнатини поголеми од 3 мм (бетон), прекумерни оштетувања (челик и дрво); Средна = Пукнатини од 1 до 3 мм или присуство на ‘рѓа (бетон), умерени и видливи оштетувања (челик и дрво); Висока = Пукнатини помали од 1 мм (бетон), нема видливи оштетувања; нема ‘рѓа.

7. Интеракција помеѓу неградежните делови и самата градежна структура Оценки за безбедност: Ниска = Преградните ѕидови се круто приврзани за градбата, висечките тавани или фасади имаат интеракција со градбата, штетата би можела да има значително влијание врз структурата; Средна = Некои од претходно наведените неградежни елементи има интеракција со градбата, штетата не би

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


2.2 Градежен интегритет

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

влијаела врз структурата; Висока = Нема неградежни елементи што влијаат врз структурата.

8. Близина на зградите (при удари од земјотреси) Оценки за безбедност: Ниска = Одвојувањето е помало од 0,5% од висината на пониската од двете соседни згради; Средна = Одвојувањето е помеѓу 0,5% и 1,5% од висината на пониската од двете соседни згради; Висока = Одвојувањето е поголемо од 1,5% од висината на пониската од двете соседни згради. ДОКОЛКУ БОЛНИЦАТА НЕ СЕ НАОЃА ВО ОБЛАСТИ СО УМЕРЕНА/ВИСОКА СЕИЗМИЧКА АКТИВНОСТ, ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР.

9. Близина на зградите (ефекти на тунел од ветер и пожари)

Оценки за безбедност: Ниска = Одвојувањето е помало од 5 м; Средна = Одвојувањето е помеѓу 5 и 15 м; Висока = Одвојувањето е поголемо од 15 м.

10. Градежна редундантност

Оценки за безбедност: Ниска = Помалку од три линии на отпорност во секоја насока; Средна = Три линии на отпорност во секоја насока или линии без ортогонална ориентација; Висока = Повеќе од три линии на отпорност во секоја ортогонална насока на зградата.

12. Сооднос на снага на столбови и снага на греди

Оценки за безбедност: Ниска = Силата на гредите е видно поголема од силата на столбовите; Средна = Силата на гредите е слична на силата на столбовите; Висока = Силата на столбовите е поголема од силата на гредите.

13. Безбедност на темели Оценки за безбедност: Ниска = Нема информации дали темелите биле изградени според стандардите (големина на темели, испитувања на почва) и/или има докази за штета; нема достапни планови; Средна = Мал број информации (нацрти, испитувања на почва); и/или има докази за умерена штета; Висока = Голем број докази дека темелите се изградени според стандардите; и/или нема никакви докази за штета.

14. Неправилности во градежниот план на зградата (цврстина, маса, отпорност) Оценки за безбедност: Ниска = Неправилни форми и градбата не е еднообразна; Средна = Неправилни форми, но градбата е еднообразна; Висока = Правилни форми, градбата има еднообразен план и нема елементи кои може да предизвикаат торзија.

15. Неправилности во издигнувањето на зградите Оценки за безбедност: Ниска = Значителни недоследности или неправилни елементи, значителни варијации во издигнувањето на зградите; Средна = Неколку недоследности или неправилни елементи, делумни варијации во издигнувањето на зградите; Висока = Нема значителни недоследности или неправилни елементи, има многу малку или воопшто нема варијации во издигнувањето на зградите.

16. Неправилности во височината на катовите Оценки за безбедност: Ниска = Висината на катовите се разликува за повеќе од 20%; Средна = Катовите имаат слични висини (тие се разликуваат за помалку од 20%, но повеќе од 5%); Висока = Катовите имаат слични висини (се разликуваат за помалку од 5%).

11. Градежни детали, вклучувајќи и спојки Оценки за безбедност: Ниска = Нема градежна евиденција и податоци или зградата е изградена според застарени стандарди; Средна = Зградата е изградена според претходните стандарди за безбедност и не е осовременета според најновите стандарди; Висока = Зградата е изградена според најновите стандарди.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


2.2 Градежен интегритет

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

17. Градежен интегритет на покриви

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

Оценки за безбедност: Ниска = Едноставен или рамен лесен покрив, и/или високи издадени делови на покривот; Средна =Бетонски покрив, двоводен покрив со благ наклон, добра поврзаност, нема поголеми издадени делови; Висока = Армиран бетон на бетонската кровна конструкција или четвороводен лесен покрив, добра поврзаност, нема поголеми издадени делови.

18. Градежна отпорност на други опасности, покрај земјотреси и силни ветрови

Оценки за безбедност: Ниска = Мала градежна отпорност на природни опасности присутни на самата локација; Средна = Задоволителна градежна отпорност (земајќи ги предвид преземените градежни мерки за намалување на ризикот); Висока = Добра градежна отпорност (земајќи ги предвид преземените мерки за намалување на ризикот).

Коментари на резултатите од Формулар 2, Модул 2 (вклучувајќи преглед на типот на зграда(и), градежниот систем(и) и годината на градење. Прикачете го планот за изградба, наведете ги сите објекти и назначете кои од нив биле оценувани): ........................................................................................................................................................... Име/Потпис на оценувачот(оценувачите): .................................................................................................................


3.1 Архитектонска безбедност

Модул 3: Неградежна безбедност

Ниво на опасност

Ниска

Средна

Висока

19. Поголеми штети и поправки на неградежни елементи Оценки за безбедност: Ниска = Голема штета и не се извршени поправки; Средна = Умерена штета, зградата е само делумно санирана; Висока = Мала или никаква штета, или зградата е целосно санирана. ДОКОЛКУ ТАКОВ НАСТАН НЕ СЕ СЛУЧИЛ ВО ОКОЛИНАТА НА БОЛНИЦАТА, ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР.

20. Состојба и безбедност на врати, излези и влезови

Оценки за безбедност: Ниска = Вратите, излезите и влезовите се во лоша состојба, подложни се на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; широчината на влезната врата е помала од 115 цм; Средна = Вратите, излезите и влезовите се задоволителна состојба, подложни се на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; или широчината на влезната врата е помала од 115 цм; Висока = Вратите, излезите и влезовите се во добра состојба, нема потенцијал за штети кои би го попречиле функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; широчината на влезната врата е еднаква или поголема од 115 цм.

21. Состојба и безбедност на прозорци и ролетни Оценки за безбедност: Ниска = Прозорците и ролетните се во лоша состојба, подложни се на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции (на пример слаб заштитен слој); Средна = Прозорците и ролетните се во задоволителна состојба, подложни се на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Висока = Прозорците и ролетните се во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; во критичните делови е поставено заштитно стаклото (на пример, има стакло од поликарбонат или непробојно стакло).

22. Состојба и безбедност на други елементи од надворешниот дел на зградата (надворешни ѕидови, фасади) Оценки за безбедност: Ниска = Надворешниот дел на зградата е во лоша состојба, подлежи на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Надворешниот дел на зградата е во задоволителна состојба, подлежи на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Висока = Надворешниот дел на зградата е во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

23. Состојба и безбедност на покриви Оценки за безбедност: Ниска = Покривот е во лоша состојба, подлежи на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Покривот е во задоволителна состојба, подлежи на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето на овој и на другите елементи, системи и функции; Висока = Покривот е во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

24. Состојба и безбедност на огради и парапети Оценки за безбедност: Ниска = Оградите и парапетите се во лоша состојба, подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Подлежат на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Висока = Нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


3.1 Архитектонска безбедност

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

25. Состојба и безбедност на надворешни ѕидови и заштитни огради Оценки за безбедност: Ниска = Надворешните ѕидови и заштитни огради се во лоша состојба, подложни се на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Состојбата е задоволителна, подложни се на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Надворешните ѕидови и заштитни огради се во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

26. Состојба и безбедност на други архитектонски елементи (корнизи, орнаменти, оџаци, знаци)

Оценки за безбедност: Ниска = Постојат други архитектонски елементи што се во лоша состојба, подложни се на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Другите архитектонски елементи се во задоволителна состојба, подложни се на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Другите архитектонски елементи се во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

27. Безбедносни услови за движење надвор од болничките згради Оценки за безбедност: Ниска = Оштетувањето на патиштата или пешачките премини ќе го попречи пристапот во болницата или ќе ги загрози пешаците; Средна = Оштетувањето на патиштата или пешачките премини нема да го попречи пристапот за пешаци, но ќе го попречи пристапот за возила; Висока = Нема веројатност, или има мала веројатност за штета која ќе го попречи пристапот за пешаци или возила.

28. Безбедни услови за движење внатре во зградата (на пример, ходници, скали) Оценки за безбедност: Ниска = Подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи движењето во зградата и ќе ги загрози луѓето во неа; Средна = Оштетувањето на елементите нема да го попречи движењето на луѓе, но ќе го попречи движењето на носилки и опремата на тркалца; Висока = Нема, или има мала веројатност за штета која ќе го попречи движењето на луѓе или опремата на тркалца.

29. Состојба и безбедност на внатрешни ѕидови и прегради Оценки за безбедност: Ниска = Внатрешните ѕидови и прегради се во лоша состојба, подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Внатрешните ѕидови и прегради се во задоволителна состојба, подлежат на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Внатрешните ѕидови и прегради се во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

30. Состојба и безбедност на спуштени тавани Оценки за безбедност: Ниска = Спуштените тавани се во лоша состојба, подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Спуштените тавани се во задоволителна состојба, подлежат на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Спуштените тавани се во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции. АКО БОЛНИЦАТА НЕМА СПУШТЕНИ ТАВАНИ, ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


3.1 Архитектонска безбедност

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

31. Состојба и безбедност на лифтови Оценки за безбедност: Ниска = Лифтот е во лоша состојба, подлежи на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Лифтот во задоволителна состојба, подлежи на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Лифтот е во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции. АКО НЕМА ЛИФТ ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР

32. Состојба и безбедност на скали и рампи Оценки за безбедност: Ниска = Во лоша состојба, подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = задоволителна состојба; подлежат на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции. АКО НЕМА СКАЛИ И РАМПИ ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАЕТЕ КОМЕНТАР

33. Состојба и безбедност на подни покривки Оценки за безбедност: Ниска = Подните покривки се во лоша состојба, подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Во задоволителна состојба, подлежат на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Во добра состојба, нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

3.2 Инфраструктурна заштита, пристап и физичка безбедност

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

34. Локација на болничките критични системи и опремата за заштита од локални опасности Оценки за безбедност: Ниска = Не се преземени мерки за заштита, подлежат на штети; оштетување или прекин на критичните системи и оперативноста на болниците за време на итни случаи и катастрофи; Средна = Преземени се делумни мерки за заштита на критичните системи од локалните опасности, подлежат на штети или доаѓа до прекин на дел од критичните системи и оперативноста на болницата во итни случаи или катастрофи; Висока = Преземени се повеќе мерки за заштита на критичните системи, голема е веројатноста дека критичните системи и оперативноста на болницата ќе функционираат, или можен е ограничен прекин.

36. Излези за итни случаи и евакуација Оценки за безбедност: Ниска = Излезите и правците за евакуација не се јасно означени и повеќето се блокирани; Средна = Некој излез и правци за евакуација се означени и повеќето не се блокирани; Висока = Сите излези и правци за евакуација се јасно означени и слободни (не се попречени).

37. Физичка безбедност на згради, опрема, персонал и пациенти Оценки за безбедност: Ниска = Не се преземени мерки за физичка безбедност; Средна = Обезбедени се одредени делови (на пример магацините за материјали и опрема со систем за видео обезбедување и следење); Висока = Преземени се пошироки мерки за безбедност (на пример систем на контрола за пристап и безбедносни врати, план и распоред за физичко обезбедување).

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

35. Пристапи до болницата Оценки за безбедност: Ниска = Пристапите подлежат на штети, а оштетувањето на елементите ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции; Средна = Подлежат на штети, но оштетувањето на елементите нема да го попречи функционирањето; Висока = Нема никаква или има мала веројатност за оштетување што ќе го попречи функционирањето на овој и на други елементи, системи и функции.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


3.3 Критични системи

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

3.3.1 Електрични системи 38. Капацитет на алтернативни извори на електрична енергија (генератори) Оценки за безбедност: Ниска = Нема алтернативен извор на енергија, или истиот може да се вклучи само рачно, или пак покрива помалку од 30% од побарувачката; Средна = Алтернативниот извор на енергија се вклучува автоматски за повеќе од 10 секунди или покрива 31%-70% од побарувачката; Висока = Алтернативниот извор на енергија се вклучува автоматски за помалку од 10 секунди и покрива 71%-100% од побарувачката

39. Редовно тестирање на алтернативни извори на енергија во критични делови Оценки за безбедност: Ниска = Да се тестира на секои три месеци или повеќе; Средна = Да се тестира еднаш на период од 1 до 3 месеци; Висока = Да се тестира најмалку еднаш месечно.

40. Состојба и безбедност на алтернативни извори на електрична енергија

Оценки за безбедност: Ниска = Нема алтернативни извори, генераторите се во лоша состојба, нема заштитни мерки; Средна = Генераторите се во задоволителна состојба, делумно се преземени мерки за заштита на генераторите; Висока = Генераторите се во добра состојба, безбедни се и во одлична работна состојба. 41. Состојба и безбедност на електрична опрема, кабли и водови за кабли Оценки за безбедност: Ниска = Електричната опрема, каблите и водовите за кабли се во лоша состојба и не се преземени заштитни мерки; Средна = Делумно преземени мерки за заштита на електричната опрема, каблите и водовите за кабли; Висока = Електричната опрема, каблите и водовите за кабли се во добра состојба, безбедни се и во одлична работна состојба.

42. Редундантни системи за локално снабдување со електрична енергија Оценки за безбедност: Ниска = Постои еден влез за снабдување со електрична енергија; Средна = Постојат два влеза за снабдување со електрична енергија; Висока = Постојат повеќе од два влеза за снабдување со електрична енергија.

43. Состојба и заштита на контролната плоча, прекинувачот за преоптоварување и каблите Оценки за безбедност: Ниска = Контролната плоча и другите елементи се во лоша состојба и не се преземени никакви заштитни мерки; Средна = Контролната плоча и другите елементи се во задоволителна состојба и преземени се делумни мерки за заштита; Висока = Контролната плоча и другите елементи се во добра состојба, безбедни и во одлична работна состојба.

45. Состојба и безбедност на системот за внатрешно и надворешно осветлување Оценки за безбедност: Ниска = Системот за внатрешно и надворешно осветлување е во лоша состојба, не се преземени заштитни мерки; Средна = Осветлувањето е задоволително, делумно преземени мерки за заштита; Висока = Добар степен на осветлување, преземени се заштитни мерки и е во добра работна состојба.

46. Надворешни електрични системи инсталирани за потребите на болницата

Оценки за безбедност: Ниска = Нема инсталирано потстаници на територијата на болницата; Средна = Инсталирани се потстаници, но не обезбедуваат доволно електрична енергија за болницата; Висока = Инсталирани се потстаници и обезбедуваат доволно електрична енергија за болницата.

44. Систем за осветлување за критичните делови од болницата

Оценки за безбедност: Ниска = Слабо осветлување, не се преземени заштитни мерки; Средна = Осветлувањето е задоволително во критичните делови, делумно преземени мерки за заштита; Висока = Добар степен на осветлување, преземени се заштитни мерки.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


3.3 Критични системи

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

47. Одржување и поправка на системите за снабдување со електрична енергија и алтернативните извори за итни случаи Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат документирани процедури и записници за одржување и проверка; Средна = Постојат документирани процедури, записниците за одржување и проверка редовно се ажурираат, персоналот е обучен, но нема ресурси; Висока = Постојат документирани процедури, записниците за одржување и проверка редовно се ажурираат, персоналот е обучен, и има доволно ресурси за спроведување на одржување и поправка за итни случаи.

3.3.2 Телекомуникациски системи 48. Состојба и безбедност на антени

Оценки за безбедност: Ниска = Антените и прицврстувачите се во лоша состојба, не се преземени заштитни мерки; Средна = Антените и прицврстувачите се во задоволителна состојба, делумно се преземени мерки за заштита; Висока = Антените и прицврстувачите се во добра состојба, безбедни се и преземени се мерки за заштита. АКО НЕМА АНТЕНИ ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР

49. Состојба и безбедност на системите со ниска и многу ниска волтажа (Интернет и телефонија) Оценки за безбедност: Ниска = Системите со ниска и многу ниска волтажа се во лоша состојба, не се преземени мерки за заштита; Средна = Системите со ниска и многу ниска волтажа се во задоволителна состојба, делумно се преземени мерки за заштита; Висока = Системите со ниска и многу ниска волтажа се во добра состојба, преземени се сите мерки за заштита.

50. Алтернативен системи за комуникација Оценки за безбедност: Ниска = Алтернативните системи за комуникација се во лоша состојба или не постојат; Средна = Алтернативните комуникациски системи се во задоволителна состојба, но не се тестирани на годишно ниво; Висока = Алтернативните комуникациски системи се во добра состојба, се тестираат на годишно ниво.

51. Состојба и безбедност на телекомуникациска опрема и кабли

Оценки за безбедност: Ниска = Телекомуникациската опрема и каблите се во лоша состојба; Средна = Опремата и каблите се во задоволителна состојба, делумно се преземени мерки за заштита; Висока = Во добра состојба, добро се обезбедени и преземени се мерки за заштита.

52. Влијанието на надворешните комуникациски системи врз болничкиот комуникациски систем Оценки за безбедност: Ниска = Надворешните телекомуникациски системи предизвикуваат големи пречки во болничката комуникација; Средна = Надворешните телекомуникациски системи предизвикуваат умерени пречки во болничката комуникација; Висока = Надворешните телекомуникациски системи не предизвикуваат пречки во болничката комуникација.

53. Безбедност на локација за телекомуникациски системи Оценки за безбедност: Ниска = Просториите за телекомуникациски системи се во лоша состојба, со висок ризик од колапс поради постоење на опасности; не постојат заштитни мерки; Средна = Просториите за телекомуникациски системи се во задоволителна состојба; доколку се преземат некои дополнителни мерки ќе се обезбеди делумна заштита; Висока = Просториите за телекомуникациски системи се во добра состојба, добро се обезбедени и воспоставени се заштитни мерки.

54. Состојба и безбедност на внатрешните системи за комуникација Оценки за безбедност: Ниска = Внатрешни комуникациски системи не постојат или се во лоша состојба; Средна = Внатрешните комуникациски системи се во задоволителна состојба, но не постојат алтернативни комуникациски системи; Висока = Внатрешните и алтернативните комуникациски системи се во одлична состојба.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


3.3 Критични системи

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

55. Одржување и поправка на снабдувањето на стандардните и алтернативните комуникациски системи за време на итни случаи Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат документирани процедури и евиденција за одржување; Средна = Постојат документирани процедури постојат, евиденцијата за одржување е ажурирана, вработените се обучени, но не се достапни ресурси; Висока = Постојат документирани процедури, евиденцијата за одржување е ажурирана, персоналот е обучен и постојат ресурси за справување во итни случаи и катастрофи.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

3.3.3 Систем за водоснабдување

56. Резерви на вода за потребите на болницата

Оценки за безбедност: Ниска = Доволно за 24 часа или помалку, или не постојат резервоари за вода; Средна = Доволно за повеќе од 24 часа, но помалку од 72 часа; Висока = Сигурно покрива најмалку 72 часа.

57. Локација на резервоарите за вода Оценки за безбедност: Ниска = Локацијата подлежи на голем ризик од дефект (градежни, архитектонски и/или системски ранливости); Средна = Локацијата подлежи на умерен ризик од дефект (градежни, архитектонски и/или системски ранливости); Висока = Локацијата не подлежи на дефект, нема видни слабости (градежни, архитектонски и/или системски ранливости). АКО БОЛНИЦАТА НЕМА РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАТЕ КОМЕНТАР

58. Безбедност на системот за дистрибуција на вода Оценки за безбедност: Ниска = Помалку од 60% се во добро состојба; Средна = Помеѓу 60% и 80% се во добра состојба; Висока = Над 80% се во добра состојба.

59. Алтернативно водоснабдување до главните дистрибутивни мрежи за вода Оценки за безбедност: Ниска = Обезбедува помалку од 30% од побарувачката; Средна = Обезбедува од 30% до 80% од побарувачката; Висока = Обезбедува повеќе од 80% од дневната побарувачка. 60. Дополнителен систем за пумпање Оценки за безбедност: Ниска = Нема резервна пумпа и оперативните капацитети не ја задоволуваат дневната побарувачка; Средна = Пумпите се во задоволителна состојба, но не ги задоволуваат дневните потреби за вода; Висока = Сите пумпи и резервни системи се оперативни и ја обезбедуваат дневната потреба за вода.

61. Одржување за време на итни случаи и поправка на системите за водоснабдување Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат документирани процедури и докази за одржување/контрола; Средна = Постојат документирани процедури, ажурирани се до датумот кога се врши оценувањето, персоналот е обучен, и постојат докази за одржување и контрола, но не се достапни ресурси за спроведување на мерки при итни состојби и обновување; Висока = Постојат документирани процедури постојат, ажурирани се до датумот кога се врши оценувањето, персоналот е обучен, постојат докази за одржување и контрола, и достапни ресурси за спроведување на мерки при итни состојби и обновување.

3.3.4 Систем за заштита од пожар

62. Состојба и безбедност на противпожарен систем (пасивен систем)

Оценки за безбедност: Ниска = Градежните елементи на болницата може да се оштетат и штетата ќе ја попречи функцијата на овој и други елементи, системи и операции; Средна = Градежните елементи на болницата може да се оштетат, но штетата нема да ја попречи функцијата на овој и други елементи, системи и операции; Висока = Градежните елементи на болницата може минимално да се оштетат и минимално ќе ја попречат функцијата на овој и други елементи, системи и операции.

63. Системи за откривање оган/чад Оценки за безбедност: Ниска = Нема вградени системи за детекција на пожар и чад; Средна = Системите за детекција се делумно вградени или не се редовно тестирани и одржувани; Висока = Системите се вградени, редовно се тестирани и


3.3 Критични системи

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

добро се одржуваат.

64. Системи за гаснење пожар (автоматски и рачни) Оценки за безбедност: Ниска = Не е вграден системот за гаснење пожар; не се спроведуваат контроли; Средна = Системот е делумно вграден, или е целосно вграден, но без одржување или тестирање; контролите се нецелосни или застарени; Висока = Системот е целосно вграден, редовно се одржува и често се тестира; контролите се комплетни до денот на оценување.

65. Водоснабдување за гаснење пожар Оценки за безбедност: Ниска = Не постои извор на постојано снабдување со вода кој може да се користи за гаснење пожар; Средна = Достапен е извор на постојан довод на вода за гаснење пожар; има ограничен капацитет, не се одржува, ниту се тестира; Висока = Постои извор на постојано водоснабдување со вода за гаснење пожар, редовно се одржува и често се тестира.

66. Одржување за време на итни случаи и поправка на противпожарниот систем Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат документирани процедури и евиденција за одржување/проверка; Средна = Постојат документирани процедури, евиденцијата за одржување/проверка е ажурирана, персоналот е соодветно обучен, но не се достапни ресурси за спроведување на итни одржување и поправка; Висока = Постојат документирани процедури, евиденцијата за одржување/проверка е ажурирана, персоналот е соодветно обучен и достапни се ресурси за спроведување на итно одржување и поправка.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

3.3.5 Систем за управување со отпад

67. Безбедност на системот за урбани отпадни води Оценки за безбедност: Ниска = Не постои систем за одложување на неопасни отпадни води или е во лоша состојба; Средна = Системот е во задоволителна состојба, но има малку или нема докази за безбедност и исполнување на критериумите; Висока = Системот за одложување на неопасни отпадни води е во добра состојба, и има докази за одржување, безбедност и исполнување на критериумите.

68. Безбедност од опасни отпадни води и течен отпад Оценки за безбедност: Ниска = Не постои систем за опасни отпадни води или е во лоша состојба; Средна = Системот е во задоволителна состојба, но има малку или нема никакви докази за усогласеност и одржување; Висока = Системот има добар капацитет и има докази за исполнување на стандардите и редовно одржување.

69. Безбедност на системот за неопасен цврст отпад Оценки за безбедност: Ниска = Не постои систем за одложување на цврст отпад или е во лоша состојба; Средна = Системот е во задоволителна состојба, но има малку или нема никакви докази за усогласеност и одржување; Висока = Системот е во добра состојба, со добар капацитет и има докази за усогласеност и одржување.

70. Безбедност на системот за цврст опасен отпад

Оценки за безбедност: Ниска = Не постои систем за отстранување на опасен отпад или е во лоша состојба; Средна = Системот е во задоволителна состојба, но има малку или нема никакви докази за усогласеност и одржување; Висока = Системот е во добра состојба, со добар капацитет и има докази за усогласеност и одржување.

71. Одржување за време на итни случаи и поправка на болничките системи за управување со отпад Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат документирани процедури и записи за одржување/проверка; Средна = Постојат документирани процедури и записи за одржување/проверка, персоналот е обучен, но ресурси за спроведување на итни одржувања и поправки не се достапни; Висока = Постојат документирани процедури и записи за одржување/проверка; персоналот е обучен; постојат ресурси за спроведување на итни одржувања и поправки.

3.3.6 Складиште за гориво (гас, бензин и дизел гориво)


3.3 Критични системи

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

72. Резерви на гориво Оценки за безбедност: Ниска = Доволна количина за 24 часа и помалку; Средна =Доволна количина за повеќе од 24 часа, но помалку од 72 часа; Висока = Загарантирана количина за најмалку 72 часа.

73. Состојба и безбедност на надземни резервоари за гориво и/или цилиндри Оценки за безбедност: Ниска = Резервоарите се во лоша состојба; нема држачи и резервоарот не е безбеден; Средна = Резервоарите се во задоволителна состојба; држачите се несоодветни и подложни на опасности; Висока = резервоарот е во одлична состојба; држачите се во добра состојба и резервоарот е безбеден. АКО БОЛНИЦАТА НЕМА РЕЗЕРВОАР ЗА ГОРИВО ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДОДАДЕТЕ КОМЕНТАР

75. Состојба и безбедност на системите за дистрибуција на гориво (вентили, цевки, спојки) Оценки за безбедност: Ниска = Помалку од 60% од системот е во безбедна оперативна состојба; Средна = Помеѓу 60-90% од системот е во добра оперативна состојба и има автоматски затворачи на вентилите; Висока = Повеќе од 90% од системот е во добра оперативана состојба и има автоматски затворачи на вентилите. АКО БОЛНИЦАТА НЕМА СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ГОРИВО ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДАДЕТЕ КОМЕНТАР

76. Одржување за време на итни случаи и поправка на резервоарите за гориво Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат документирани процедури и одржувања/записи од контрола; Средна = Постојат документирани процедури, записите за одржување се ажурирани, персоналот е обучен, но нема ресурси за спроведување за итно одржување и поправка на резервоарите; Висока = Постојат документирани процедури, записите за одржување се ажурирани, персоналот е обучен, има ресурси за спроведување за итно одржување и поправка на резервоарите за гориво.

74. Безбедна локација за складирање на гориво надвор од болничките згради

Оценки за безбедност: Ниска = Резервоарите за гориво не се пристапни и не се лоцирани во безбедна област; Средна = Резервоарите се лоцирани на задоволителна локација во однос на опасности, со дополнителни мерки може да се обезбеди делумна заштита; Висока = Во добра состојба и на добра локација, добро се обезбедени и воспоставени се и други заштитни мерки; резервоарите за гориво се пристапни. АКО БОЛНИЦАТА НЕМА РЕЗЕРВОАР ЗА ГОРИВО ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДАДЕТЕ КОМЕНТАР

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

3.3.7 Системи за медицински гасови

77. Локација на резервоарите за медицински гас

Оценки за безбедност: Ниска = Нема локација резервирана за медицински гасови или истата е под висок ризик поради разни опасности; не постојат заштитни мерки, и резервоарот не е лесно пристапен; Средна = Задоволителни услови и задоволителна локација; преземени се некои дополнителни мерки кои овозможуваат делумна заштита; Висока = Во добра состојба, добро се обезбедени и други заштитни мерки се во сила; складирањето е достапно.

78. Безбедност на резервоарите за медицински гас и/или цилиндрите и опремата Оцени за безбедност: Ниска = Просториите за складирање на резервоари и цилиндри со медицински гасови се во лоша состојба; мерки за заштита не се преземени; персоналот не е обучен да работи со медицински гасови и опрема за гаснење на пожар; Средна= Просториите за складирање на резервоари и цилиндри со медицински гасови се во задоволителна состојба; преземени се некои мерки кои обезбедуваат делумна заштита; квалитетот на прицврстувачите и држачите не е соодветен; вработените се обучени да работат со опремата; Висока = Добра состојба, добро обезбедени и заштитени, прицврстувачите и држачите се


3.3 Критични системи

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

со добар квалитет за големи опасности; медицинскиот гас и опремата за гаснење пожар се управувани од страна на квалификуван персонал.

79. Состојба и безбедност на системот за дистрибуција на медицински гас (вентили, цевки и приклучоци) Оценки за безбедност: Ниска = Помалку од 60% од системот е во добра оперативна состојба; Средна = Помеѓу 60% и 80% од системот е во добра оперативна состојба; Висока = Повеќе од 80% од системот е во добра оперативна состојба.

80. Состојба и безбедност на резервоарите за медицински гас и/или соодветната опрема Оценки за безбедност: Ниска = Резервоарите за медицински гасови и цилиндрите во болницата се во лоша состојба; не се обезбедени; Средна= Резервоарите за медицински гасови и цилиндрите во болницата се во задоволителна состојба; преземени се некои мерки кои овозможуваат делумна заштита; квалитетот на прицврстувачите и држачите не е соодветен; Висока = Добра состојба; добро обезбедени и заштитени; прицврстувачите се со добар квалитет, и безбедни од опасности.

81. Достапност на алтернативни извори на медицински гасови Оценки за безбедност: Ниска = Нема алтернативни извори или не се достапни; Средна = Има алтернативни извори и се во задоволителна состојба, но испораката на резерви трае подолго од 15 дена; Висока = Има алтернативни извори и се брзо достапни (за помалку од 15 дена).

82. Одржување за време на итни случаи и поправка на резервоарите за медицински гас Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат документирани процедури и записи за одржување/проверка; Средна = Постојат документирани процедури и записи за одржување/проверка постојат; персоналот е обучен, но ресурси за спроведување на итни одржување и поправки не се достапни; Висока = Постојат документирани процедури и записи за одржување/проверка; персоналот е обучен; постојат ресурси за спроведување на итни одржувања и поправки.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

3.3.8 Системи за греење, вентилација и клима уред (ГВКУ) 83. Локација на просторијата за опремата за ГВКУ

Оценки за безбедност: Ниска = ГВКУ системите не се пристапни и не се лоцирани на безбедна локација; заштитни мерки не се воспоставени; Средна = ГВКУ системите се пристапни и се лоцирани на безбедна локација; заштитни мерки се воспоставени за некои опасности; Висока = ГВКУ системите се пристапни, на безбедна локација и заштитени од сите опасности.

84. Безбедност на просторијата за опремата за ГВКУ Оценки за безбедност: Ниска = ГВКУ системите не се пристапни и не се лоцирани на безбедна локација; заштитни мерки не се воспоставени; Средна = ГВКУ системите се пристапни и се лоцирани на безбедна локација; заштитни мерки се воспоставени за некои опасности; Висока = ГВКУ системите се пристапни, со широк дијапазон на безбедносни мерки

85. Безбедност и оперативна состојба на опремата за ГВКУ (бојлер, издувен систем, итн.)

Оценки за безбедност: Ниска = ГВКУ системите се во лоша состојба, не се одржуваат; Средна = ГВКУ системите се во задоволителна состојба; преземени се мерки коишто овозможуваат делумна заштита; Висока = Добра состојба, добро обезбедени и заштитени од опасности (на пример, прицврстувачите се со добар квалитет); редовно се одржуваат и се спроведуваат тестирања за уредите за контрола и алармниот систем.

86. Соодветна поддршка за водовите и преглед на флексибилноста на водовите и цевките што преминуваат преку зглобовите за проширување Оценки за безбедност: Ниска = Нема прицврстувачи и спојките се цврсти; Средна = Има прицврстувачи, во задоволителна состојба се или спојките се флексибилни; Висока = Има прицврстувачи, во добра состојба се и спојките се флексибилни.


3.3 Критични системи

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

87. Состојба и безбедност на цевки, приклучоци и вентили Оценки за безбедност: Ниска = Помалку од 60% од цевките се во добра состојба; заштитните мерки против опасности се лимитирано применети; Средна = Помеѓу 60% и 80% се во добра состојба; преземени се некои мерки коишто овозможуваат делумна заштита; Висока = Над 80% се во добра состојба, добро се обезбедени и заштитени од опасности.

88. Состојба и безбедност на клима уреди Оценки за безбедност: Ниска = Клима уредите се во лоша состојба, не се обезбедени; Средна = Клима уредите се во задоволителна состојба; преземени се некои мерки коишто овозможуваат делумна заштита; (на пример, квалитетот на држачите и прицврстувачите не е соодветен); Висока = Добра состојба, добро обезбедени и заштитени од опасности (на пример, прицврстувачите се со добар квалитет).

89. Функционирање на системот за климатизација (вклучувајќи ги и просториите со негативен притисок)

Оценки за безбедност: Ниска = Болницата нема можности за зонска климатизација; Средна = Климатизацијата може да се воспостави по зони, но не постои можност да се раздели циркулирањето на воздухот меѓу високо ризичните и другите области на болницата; Висока = Собите со негативен притисок се достапни, и системот за климатизација може да се воспостави зонски, при што воздухот не навлегува во областите со висок ризик.

90. Одржување за време на итни случаи и поправка на ГВКУ системите

Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат документирани процедури и записи за одржување/контрола; Средна = Постојат документирани процедури и записи за одржување/контрола; персоналот е обучен, но ресурси за спроведување на итни одржувања и поправки не се достапни; Висока = Постојат документирани процедури и записи за одржување/контрола; персоналот е обучен; постојат ресурси за спроведување на итни одржувања и поправки.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

3.4. Опрема и резерви

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

3.4.1 Мебел и опрема за канцеларија и складиште (статични и подвижни) 91. Состојба на полици и безбедност на предметите на полиците Оценки за безбедност: Ниска = Полиците не се поставени на безбедна локација (или во области подложни на сеизмички потреси и силни ветрови не се прицврстени за ѕидот или се прицврстени само 20%); Средна = Полиците се поставени на безбедна локација (прицврстени за ѕидот во области подложни на сеизмички потреси и силни ветрови); од 20% до 80% од предметите на нив се безбедни; Висока = Повеќе од 80% од полиците се на безбедна локација, добро се прицврстени и предметите на нив се безбедни.

92. Безбедност на компјутери и принтери Оценки за безбедност: Ниска = Не се преземени мерки за заштита на компјутерите од оштетувања; Средна =Компјутерите се поставени на безбедни локации, некои мерки нудат делумна заштита од опасности; Висока = Компјутерите се во добра состојба и на добра локација, добро се обезбедени и воведени се и други заштитни мерки.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

3.4.2 Медицинска и лабораториска опрема и резерви кои се користат за дијагностицирање и лекување 93. Безбедност на медицинска опрема во операционите сали и собите за закрепнување Оценки за безбедност: Ниска = Операционите сали се на небезбедни локации, има недостаток на опремата или опремата е во лоша состојба или не се преземени мерки за заштита; Средна = Операционите сали се на безбедни локации, опремата е во просечна состојба и преземени се делумни мерки за заштита; Висока = Операционите сали се на сигурна локација, опремата е во добра состојба и преземени се мерки за заштита.


3.4. Опрема и резерви

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

94. Состојба и безбедност на опремата за радиологија и снимање Оценки за безбедност: Ниска = Опремата не е на безбедна локација, е во лоша состојба или не е заштитена; Средна = Опремата е на безбедна локација, е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е на сигурна локација, е во добра состојба и е заштитена.

95. Состојба и безбедност на лабораториската опрема и резерви Оценки за безбедност: Ниска =Мерките за био-заштита се ниски, има недостаток од опрема или опремата е во лоша состојба, или не е заштитена; Средна = Преземени се мерки за био-заштита, опремата е во просечна состојба, преземени се делумни мерки за заштита; Висока = Преземени се мерки за био-заштита, опремата е во добра состојба и е заштитена.

96. Состојба и безбедност на медицинската опрема во одделот за итна медицинска помош Оценки за безбедност: Ниска = Недостаток на опрема или е во лоша состојба или не е заштитена; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е добро заштитена.

97. Состојба и безбедност на медицинската опрема во одделот за интензивна нега или одделот за постинтензивна нега Оценки за безбедност: Ниска = Недостаток на медицинска опрема, опремата е во лоша состојба или не е заштитена; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е заштитена.

98. Состојба и безбедност на опремата и мебелот во аптеката Оценки за безбедност: Ниска = Има недостаток на опрема, или е во лоша состојба, или не е заштитена; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е заштитена.

99. Состојба и безбедност на опремата во одделот за стерилизација Оценки за безбедност: Ниска = Недостаток на опрема, или е во лоша состојба, или не е заштитена; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е заштитена.

100. Состојба и безбедност на медицинската опрема за акушерски итни случаи и постпородилна нега Оценки за безбедност: Ниска = Нема опрема, во лоша состојба е, или не е безбедна; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е заштитена.

101. Состојба и безбедност на медицинската опрема и материјалните средства во одделот за итно лекување на изгореници Оценки за безбедност: Ниска = Нема опрема, во лоша состојба е, или не е безбедна; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е заштитена.

104. Лекови и резерви Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Резервите покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

103. Состојба и безбедност на медицинската опрема за други услуги

Оценки за безбедност: Ниска = Повеќе од 30% од опремата има ризик од материјален или функционален дефект и/или опремата го става функционирањето на услугите во директен или индиректен ризик; Средна = Помеѓу 10% и 30% од опремата има ризик да се оштети; Висока = Помалку од 10% од опремата има ризик да се оштети.

102. Состојба и безбедност на медицинската опрема за нуклеарна медицина и терапија со радијација Оценки за безбедност на дел бр. 102: Ниска = Нема опрема, во лоша состојба е, или не е безбедна; Средна = Опремата е во просечна состојба или не е соодветно заштитена; Висока = Опремата е во добра состојба и е заштитена. АКО БОЛНИЦАТА ГИ НЕМА ОВИЕ УСЛУГИ ОСТАВЕТЕ ГИ КОЦКИТЕ ПРАЗНИ И ДАДЕТЕ КОМЕНТАР

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


3.4. Опрема и резерви

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

105. Стерилизирани инструменти и други материјали Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Резервите покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

106. Медицинска опрема наменета за употреба при итни случаи и катастрофи Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Резервите покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

108. Механички вентилатор (волумен) Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Резервите покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

109. Електромедицинска опрема Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Резервите покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

110. Опрема за одржување во живот Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Резервите покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

111. Материјали и опрема за реанимација во случај на кардиопулмонарен напад

Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат; Средна = Материјалите и опремата се во добра состојба, покриваат помалку од 72 часа при максимален капацитет; Висока = Материјалите и опремата се во добра состојба, покриваат најмалку 72 часа при максимален капацитет.

107. Резерви на медицински гасови Оценки за безбедност: Ниска = Резервите покриваат помалку од 10 дена; Средна = Резервите покриваат од 10 до 15 дена; Висока = Резервите покриваат најмалку 15 дена.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

Коментари на резултатите од Формулар 2, Модул 3: ............................................................................................... ........................................................................................................................................................................................ Име/Потпис на оценувачот(оценувачите): .................................................................................................................


Модул 4: Управување со итни случаи и катастрофи

4.1. Координација на активности за итни случаи и катастрофи

Ниво на опасност

Ниска

Средна

Висока

112. Болничка комисија за итни случаи и катастрофи

Оценки за безбедност: Ниска = Комисијата не е назначена, или застапени се 1–3 одделенија или оддели; Средна = Комисијата постои и застапени се 4–5 одделенија или оддели, но не ги исполнува функциите ефективно и соодветно; Висока = Комисијата постои и е застапена со 6 или повеќе одделенија или оддели и ги исполнува функциите ефективно и соодветно.

113. Одговорности и обуки на членовите на Комисијата Оценки за безбедност: Ниска = Комисијата не е назначена, или членовите се недоволно обучени и одговорностите не се доделени; Средна = Членовите добиле обука и се официјално назначени; Висока = Сите членови на Комисијата се обучени и активно ги исполнуваат нивните улоги и одговорности.

114. Назначен координатор за итни случаи и катастрофи Оценки за безбедност: Ниска = Не постои член на персоналот кој е назначен за координатор при итни случаи и катастрофи; Средна = Задачите за координација при итни случаи и катастрофи се доделени на член на персоналот, но тоа не е неговата/нејзината главна задача; Висока = Член на персоналот е назначен за координатор при итни случаи и катастрофи; неговата/нејзината главна задача е реализација на програмата за подготвеност на болницата.

115. Програма за подготовка и зајакнување на одговорот при итни случаи, катастрофи и обновување

Оценки за безбедност: Ниска = Не постои програма за зајакнување на подготвеност, одговор и обновување или, ако воопшто постои, не се спроведуваат активности за подготвеност; Средна = Постои програма за зајакнување на подготвеност, одговор и обновување и некои активности се спроведуваат; Висока = Програмата за зајакнување на подготвеност, одговор и обновување целосно се спроведува под раководство на Комисијата за итни случаи и катастрофи.

116. Болнички систем за управување со инциденти Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат аранжмани за управување со инциденти во болницата; Средна = Персоналот има доделени клучни позиции за управување со болнички инциденти, но без напишани процедури за операционализација на своите функции; Висока = Постојат процедури за управување со болнички инциденти и се во целосна функција со соодветно обучен персонал и доделени различни улоги и одговорности за координација.

117. Оперативен центар за итни случаи Оценки за безбедност: Ниска = Не е определен Оперативен центар за итни случаи и катастрофи или истиот се наоѓа на небезбедна или несигурна локација; Средна = Назначениот Оперативен центар е на безбедно, сигурно и достапно место, но ќе има ограничен оперативен капацитет во итен случај; Висока = Оперативниот центар е на безбедно, сигурно и достапно место со соодветен оперативен капацитет.

118. Координативни механизми и договори за соработка со локални организации од областа на итни случаи и катастрофи Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат договори; Средна = Договори постојат, но не се целосно оперативни; Висока = Договори постојат и се целосно оперативни.

119. Координативни механизми и договори за соработка со организации од здравствената мрежа

Оценки за безбедност за делот Бр. 119 се: Ниска = Не постојат договори; Средна = Договори постојат, но не се целосно оперативни; Висока = Договори постојат и се целосно оперативни.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


4.2 Болнички планови за одговор при итни случаи и катастрофи и планови за обновување

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

120. Болнички план за одговор при итни случаи и катастрофи Оценки за безбедност: Ниска = Планот не е документиран; Средна = Планот е документиран и комплетен, но не е лесно достапен и не е ажуриран (повеќе од 12 месеци од последното ажурирање); Висока = Планот е комплетен, лесно достапен, ревидиран/ажуриран на годишно ниво и достапни се ресурси за негово имплементирање.

121. Посебни под-планови за опасности во болниците Оценки за безбедност: Ниска = Посебни под-планови за опасности во болниците не се подготвени; Средна = Посебни под-планови за опасности во болниците се подготвени, но не се ажурирани (повеќе од 12 месеци од последното ажурирање); Висока = Плановите се комплетни, лесно достапни, ревидирани/ажурирани на годишно ниво и достапни се ресурси за нивно имплементирање.

122. Процедури за активирање и деактивирање на плановите Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат процедури за активирање/деактивирање или постојат само напишани во документ; Средна = Процедури постојат, персоналот е обучен, но не се ажурирани или тестирани на годишно ниво; Висока = Ажурирани процедури постојат, и се тестираат на годишно ниво; персоналот е обучен.

123. Спроведување на вежби за болничките планови за одговор при итни случаи и катастрофи, евалуација и корекција

Оценки за безбедност: Ниска = Плановите и под-плановите за одговор не се тестирани; Средна = Плановите и под-плановите се тестирани, но не на годишно ниво; Висока = Плановите и под-плановите за одговор се тестирани најмалку еднаш годишно, и како резултат на вежбата се преземаат соодветни мерки.

124. Болнички планови за обновување Оценки за безбедност: Ниска = Планот за обновување не е документиран; Средна = Планот за обновување е подготвен, но не е ажурирани (повеќе од 12 месеци од последното ажурирање); Висока = Планот за обновување е комплетен, лесно достапен, ревидиран/ажуриран на годишно ниво и достапни се ресурси за негово имплементирање.

4.3. Управување со информации и комуникации

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

125. Интерни и екстерни комуникации при вонредни случаи

Оценки за безбедност: Ниска = Функциите за централна внатрешна и надворешна комуникација се неконзистентни или нецелосни; операторите не се обучени за итна комуникација; Средна = Функциите за централна внатрешна и надворешна комуникација се конзистентни; операторите добиле обука за итна комуникација; тестови не се спроведуваат најмалку еднаш годишно; Висока = Системот функционира целосно и операторите се целосно обучени за итна употреба, и тестови на системот се спроведуваат најмалку еднаш годишно.

127. Процедури за комуникација со јавноста и медиумите Оценки за безбедност: Ниска = Процедури не постојат, нема назначен портпарол/и; Средна = Постојат процедури и назначени се портпароли, и истите се обучени; Висока = Постојат процедури, назначени се портпароли, истите се обучени и процедурите се тестираат најмалку еднаш годишно.

128. Управување со информации за пациентите Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат процедури; Средна = Постојат процедури и персоналот е обучен, но не се достапни ресурси за да се изведат

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

126. Контакт листа на надворешни соработници Оценки за безбедност: Ниска = Листа за контакт со надворешните засегнати страни не постои; Средна = Листа за контакт постои, но не е ажурирана (поминати се повеќе од 3 месеци откако истата е ажурирана); Висока = Листа за контакт е достапна, ажурирана, и има назначен персонал во болницата кој ја одржува истата.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


4.3. Управување со информации и комуникации

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

процедурите; Висока = Постои план, персоналот е обучен и постојат ресурси за да се изведат процедурите.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

4.4. Човечки ресурси

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

129. Контакт листи за вработените Оценки за безбедност: Ниска = Контакт листа не постои; Средна = Листа постои, но не е ажурирана (поминати се повеќе од 3 месеци од последното ажурирање); Висока = Листата е на располагање и е ажурирана.

130. Достапност на вработените Оценки за безбедност: Ниска = Помалку од 50% од вработените се на располагање за раководење со секој поединечен оддел; Средна = 50-80% од вработените се на располагање; Висока = 80-100% од вработените се на располагање.

132. Назначување на одговорности за персоналот за итни случаи и катастрофи

Оценки за безбедност: Ниска = Процедури не постојат или не се документирани; Средна = должностите за дел од персоналот се назначени, и дел од персоналот има поминато низ обука и има писмен запис за своите задачи; Висока = Задачите се назначени и запишани и обука или вежби се спроведуваат најмалку еднаш во текот на годината.

133. Добросостојба на болничкиот персонал за време на итни случаи и катастрофи Оценки за безбедност: Ниска = Назначен простор не постои и не се преземени мерки; Средна = Назначен простор постои, но преземените мерки покриваат помалку од 72 часа; Висока = Мерките обезбедуваат најмалку 72 часа. 4.5. Логистика и финансии

Оценки за безбедност: Ниска = Договори не постојат; Средна = Постојат договори но не се целосно оперативни; Висока = Постојат договори и се целосно оперативни.

Ниво на опасност Ниска

134. Договори со локални испорачувачи и претпријатија за време на итни случаи и катастрофи

Средна

Висока

136. Храна и вода за пиење за време на итни случаи

Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат процедури за храна и вода за пиење за итни случаи; Средна = Постојат процедури, храна и вода за пиење се обезбедени за помалку од 72 часа; Висока = Храна и вода за пиење се обезбедени за најмалку 72 часа.

137. Финансиски средства за итни случаи и катастрофи Оценки за безбедност: Ниска = Не постои итен буџет или механизам за пристап до средства за справување со итни случаи; Средна = Средствата се од

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

135. Транспорт за време на итни случаи Оценки за безбедност: Ниска = Амбулантни и други возила и начини на транспорт не се достапни; Средна = Некои возила се достапни, но не во доволен број за поголем итен случај или катастрофа; Висока = Има соодветни возила во доволен број и истите се достапни во текот на итни случаи и катастрофи.

131. Мобилизација и вработување на персонал за време на итни случаи и катастрофи

Оценки за безбедност: Ниска = Процедури не постојат или постојат само на ниво на документ; Средна = Процедури постојат и персоналот е обучен, но не се достапни човечки ресурси за вонредна состојба; Висока = Постојат процедури, персоналот е обучен и на располагање се човечки ресурси за задоволување на предвидените потреби во итни случаи.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


буџетот и покриваат помалку од 72 часа; Висока = Средствата се доволни за најмалку 72 часа.

4.6. Грижа за пациентите и услуги за поддршка

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

138. Континуитет на итни и критични услуги за нега Оценки за безбедност: Ниска = Нема предвидени процедури; Средна = Постојат процедури, персоналот е обучен, но не е достапен во секое време; Висока = Постојат процедури, персоналот е обучен, располага со ресурси за спроведување на процедурите при максимален болнички капацитет во итни случаи и катастрофи.

139. Континуитет на основните услуги за клиничка поддршка Оценки за безбедност: Ниска = Нема предвидени процедури; Средна = Постојат процедури, персоналот е обучен, но не е достапен во секое време; Висока = Постојат процедури, персоналот е обучен, располага со ресурси за спроведување на процедурите при максимален болнички капацитет во итни случаи и катастрофи.

140. Проширување на употреблив простор за инциденти со голем број жртви Оценки за безбедност: Ниска = Не е идентификуван простор за проширување; Средна = Простор е идентификуван; достапни се опрема, материјали и процедури за извршување на проширување на употреблив простор, и вработените се обучени, но не е спроведено тестирање; Висока = Постојат процедури и биле тестирани, персоналот е обучен и достапни се опрема, материјали и други ресурси за извршување на проширување на просторот.

141. Тријажа за големи итни случаи и катастрофи Оценки за безбедност: Ниска = Нема назначен простор и процедури за тријажа; Средна = Постојат локација и процедури за тријажа и персоналот е обучен, но процедурите не биле тестирани за итни случаи и катастрофи; Висока = Постојат локација и процедури и истите се тестирани, персоналот е обучен, има ресурси за да се спроведе во итни случаи и катастрофи.

142. Тријажни ознаки и друга логистичка резерва за инциденти со масовни жртви Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат тријажни картони и друга логистичка резерва за инциденти со масовни жртви; Средна = Резервите покриваат помалку од 72 часа при максимален болнички капацитет; Висока = Резервите се загарантирани за најмалку 72 часа при максимален болнички капацитет.

143. Систем за упатување, пренос и прием на пациенти

Оценки за безбедност: Ниска = Процедури не постојат или постојат само како документ; Средна = Процедури постојат, се спроведуваат обуки за персоналот, но не се спроведени вежби за итни случаи и катастрофи; Висока: Процедури постојат и се извежбани, персоналот е обучен и има ресурси за спроведување на мерките при максимален болнички капацитет во итни случаи или катастрофи.

144. Постапки за надзор, превенција и контрола над инфекции

Оценки за безбедност: Ниска = Политиките и процедури не постојат; стандардните мерки за спречување и контрола на инфекција не се спроведуваат редовно; Средна = Политики и процедури постојат, стандардните мерки за спречување и контрола на инфекција редовно се спроведуваат, се спроведуваат обуки за персоналот, но нема доволно ресурси потребни за итни случаи и катастрофи, вклучувајќи и епидемии; Висока = Политики и процедури постојат, стандардните мерки за спречување и контрола на инфекција редовно се спроведуваат, се спроведуваат обуки за персоналот, и нивото на ресурсите потребни за итни случаи и катастрофи, вклучувајќи и епидемии, е соодветно.

145. Психосоцијални услуги Оценки за безбедност: Ниска = Процедури не постојат или постојат само како документ; Средна = Процедури постојат и персоналот е обучен; ресурси за итни случаи и катастрофи не се достапни; Висока = Процедури постојат и персоналот е обучен, и достапни се ресурси за потребите поврзани со итни

Набљудувања (Коментар на оценувачот)


4.6. Грижа за пациентите и услуги за поддршка

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

случаи и катастрофи.

146. Посмртни процедури при инциденти со голем број на жртви Оценки за безбедност: Ниска = Не постојат процедури за инциденти со голем број на жртви или постојат само како документ; Средна = Процедури постојат и персоналот се обучува, но ресурсите потребни за итни случаи и катастрофи не се достапни; Висока = Процедури постојат, персоналот е обучен и на располагање се ресурси за спроведување на постапките при итни случаи и катастрофи.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

4.7. Евакуација, деконтаминација и безбедност

Ниво на опасност Ниска

Средна

Висока

147. План за евакуација

Оценки за безбедност: Ниска = План не постои или постои само како документ; Средна = План постои и персоналот е обучен за постапките, но вежби не се спроведуваат редовно; Висока = План постои, персоналот е обучен и вежби за евакуација се одржуваат најмалку еднаш годишно.

148. Деконтаминација за хемиски и радиолошки опасности Оценки за безбедност: Ниска = Не е достапна опрема за лична заштита за непосредна употреба од страна на вработените во болницата, или не постои назначена просторија за деконтаминација; Средна = Опрема за лична заштита е достапна за непосредна употреба, назначени се простории за деконтаминација, но обуки и вежби не се одржуваат еднаш годишно; Висока = Опрема за лична заштита е достапна за непосредна употреба, назначени се простории за деконтаминација, обуки и вежби се одржуваат најмалку еднаш годишно.

149. Опрема за лична заштита и изолација од заразни болести и епидемии Оценки за безбедност: Ниска = Не е достапна опрема за лична заштита за непосредна употреба од страна на вработените во болницата, или не постои просторија за изолација; Средна = Постојат резерви за итна употреба, но не се доволни за непрекинато обезбедување на услуги од најмалку 72 часа при работа со максимален болнички капацитет, воспоставени се простории за изолација, обука и вежби за вработените не се одржуваат еднаш годишно; Висока = Постојат резерви на заштитна опрема за итна употреба и непрекинато обезбедување на услуги од најмалку 72 часа при работа со максимален болнички капацитет, како и алтернативни извори за снабдување, воспоставени се простории за изолација, обука и вежби за вработените се одржуваат најмалку еднаш годишно.

150. Процедури за итни случаи за безбедност Оценки за безбедност: Ниска = Процедури за безбедност при итни случаи не постојат или постојат само како документ; Средна = Постојат документирани процедури и персоналот се обучува за спроведување на итните процедури за безбедност, но вежби не се спроведуваат најмалку еднаш годишно; Висока = Персонал е обучен и вежби за документираните процедури се одржуваат најмалку еднаш годишно.

151. Безбедност на компјутерскиот мрежен систем Оценки за безбедност: Ниска = Болницата нема план за компјутерски систем за безбедност и постапки; Просек = Болницата има основен план за безбедност на компјутерскиот систем, но истиот не се следи и ажурира редовно; Висока = Болницата има поставен план за безбедност на компјутерскиот систем и редовно се ажурира.

Набљудувања (Коментар на оценувачот)

Коментари на резултатите од Формулар 2, Модул 4: ................................................................................................ ........................................................................................................................................................................................ Име/Потпис на оценувачот(оценувачите): .................................................................................................................



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.