823

Page 1

А

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 823, Април 2018

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

МАКЕ ДОНСК А А ЛИЈАНСА МАКЕДОНСК ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО

MONTHLY EDITION

ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕ

ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО И ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО ВО ВИЕНА МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА С ТАВОТ НА ЈОРГОС К УМУЦАКОС


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО Во врска со анализите кои ги прави Грчкиот весник „То Вима“ за преговорите за името и најавените средби меѓу Никола Димитров и Никос Коsијас сега брзо во Солун, на средината на месец мај во Сунио во близина на Атина и Самитот во Софија каде се очекува средба меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Македонската Алијанса го подржува обраќањето на Македонски јазик од Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск. Бадијала вриштат Грчките медиуми и Европратеничката на Нова Демократија, Мариа Спираки. Македонски е јазикот кој го говори Македонскиот народ како неспорен историски факт. Грција конечно мора тоа да го прифати и да престане од се’ да создава хистерија и да прави проблеми таму каде не може да ги има. Она што загрижува во пресрет на следните рунди преговори меѓу Димитров и Коsијас е конфузијата која во последното интервју ја прави Заев. Актуелниот Премиер еднаш вели дека ќе го чува достоинството на Македонскиот народ и нема да се согласи на промена на Уставот, вчера со чудни формулации најавува нешто сосема спротивно. Да биде на јасно, Уставните измени кои се неопходни при влез на Македонија во Европската Унија не се и не може да се ставаат во било каков контекст со Уставното име, Република Македонија. Ниту Зоран Заев лично, ниту негова Влада и коалиција, како и никоја претходна, нема мандат да ветува нешто што не може да се исполни. Само Македонскиот народ како суверен владетел на идентитетот е тој што одлучува за сопствената иднина. Македонскиот народ нема да дозволи велепредавство! ВРЕМЕ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗЈАСНИ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! Без референдум на кој народот непосредно ќе се изјасни за судбината на преговорите за името, ниту еден политичар во Татковината не може да ветува, ниту пак да става потпис на некаков договор. Бараме веднаш да се формира Државната Изборна Комисија. Најодговорните политички актери да не се лажат дека ќе ја сменат историјата и ќе ги изневерат Македонските херои кои ги положија своите животи за Македонија. Светото Македонско име нема никогаш да се смени! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


ХАН-ЗАЕВ: Земјата и граѓаните ја заслужија безусловната препорака. Членките на ЕУ го признаа сработеното. Овде сум за да ги најавам долгоочекуваните добри вести, да го прославиме успехот по долгите напори за надминување на кризата, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на предавањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Зоран Заев

З

емјата помина долг пат и покрај многуте искушенија и сега е цврсто назад на европскиот пат. Има позитивна промена, обновено чувство на отвореност, енергија и надеж. Се чувствуваат добрите вибрации во земјата и тоа треба се надградува“, рече Хан, порачувајќи дека реформите не треба да застанат тука, туку да продолжат, особено во судството. „И покрај тешките предизвици земјата успеа да излезе од дла-

МАКЕДОНИЈА ЈА ЗАСЛУЖИ БЕЗУСЛОВНАТА ПРЕПОРАКА

боката политичка криза. Реформите се спроведуваат на отворен и транспарентен начин, но потребно е да се задржи оваа позитивна насока. Мора да се продолжи, особено во поважните области, како што е независноста на судството. Сепак реформите не подразбираат само носење закони, туку и нивна имплементација“, додаде Хан. Премиерот Заев рече дека добиената чиста препорака е силен мотив за достигнување на теш03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018

ката, но достижна цел - почнување на преговорите за членство во ЕУ. „Чистата препорака за сите нас е силен мотив за следната тешка, но достижна цел. Одлуката за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Самитот во јуни е нашата следна цел. Владата уште поенергично ќе ги води реформите и политичките процеси во следните два месеца, со цел во јуни земјата да добие датум за почеток на преговорите“, рече Заев.


П Р О Т Е С Т П Р Е Д СО Б РА Н И Е Повеќе патриотски здруженија излегоа пред Собранието за да го искажат својот револт против промена на името на државата и донесувањето на законот за јазиците "

ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО И ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ

Д

ојдовме заедно за да бидеме дел од живиот штит преку кој не ќе смее да помине и нема да помине никакво преименување, никакво прекрстување, никакво обезличување. Зашто преименувањето води кон големо ништо. Да направиме жив штит за името, за идентитетот, кој од колено на колено се предава на генерации“, порачаа учесниците на протестот. Граѓаните од пред собранието побараа и ослободување на притворените и обвинети за настаните на 27 април. „Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без нашето име, од кое уште се плашат како од чума“, порачаа учесниците на протестот. „Господине Метју Нимиц, ти благодариме доволно. Тенкју и веќе претенкју. Ти порачуваме, твојата мисија е јалова. Мисијата твоја и на твоите ментори е неуспешна и ќе остане јалова, затоа послушај го гласот на непокорниот Македонец и врати се во седиштето на ОН и кажи им го тоа на твоите ментори. Кажи им дека дојде часот да кажат збогум ФИРОМ и добре дојде за Република Македонија“- изјави Димче Донески. 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со Виенските преговори за името меѓу Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коsијас заедно со преговарачот Метју Нимиц, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО ВО ВИЕНА

З

нае ли Еврокомесарот Јоханес Хан нешто што се крие од Македонскиот народ? Какви се тие очекувања дека спорот за името можел да се реши во наредните две недели? Демантот на Зоран Заев и нервозната реакција на Грчкото Министерство за надворешни работи со напад дека Еврокомесарот не го познавал спорот и со такви изјави ги поткопувал преговорите, уште повеќе ги подгрева сомневањата дека нешто тајно се пакува. Дали Зоран Заев и Никола Димитров дале некакви ветувања зад грбот на Македонскиот народ, па сега ги потсетуваат и им вршат притисок да го исполнат ветенето? Со кои национални позиции Никола Димитров денес ќе преговара во Виена? Официјална Атина ја бетонираше својата позиција дека евентуалното решение на спорот за името задолжително треба да вклучува и Уставни измени со ново име и за

ВРЕМЕ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗЈАСНИ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! внатрешна и за надворешна употреба. Македонскиот народ како единствен суверен владетел со Уставното име и национален идентитет, никому не дал мандат да преговара за најчувствителното прашање за една нација. Без референдум на кој народот непосредно ќе се изјасни за судбината на преговорите за името, ниту еден лидер, партија или коалиција не може да ветува ништо ниту пак да става потпис на некаков договор. Никој не е поголем од Македонскиот народ. Нема да дозволиме велепредавство. 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018

Македонската Алијанса повикува веднаш да се формира Државната Изборна Комисија. Најодговорните политички актери да не се лажат дека можат да протуркаат на мала врата продажба на нешто за што гинеле Македонските херои.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со ставот на Грчката Влада, која преку портпаролот Димитрис Sанакопулос, уште еднаш порача дека промена на Уставното име за севкупна употреба е предуслов за договор, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

О

д повторениот став на Владата на Ципрас и Коsијас целосно се јасни позициите на официјална Атина. Нивната уцена до Владата на Заев и Димитров е или ќе прифатите ново Уставно име и за надворешна и за внатрешна употреба или нема ЕУ и НАТО за Македонија. Уште пострашно што тие се убедени дека веќе попуштиле и сега на ред е Македонската страна. Во превод, Грција нема што повеќе да попушта предлогот од нивна страна е „земи или остави“! Со вакви позиции преговорите одамна се беспредметни! Македонската Алијанса јавно ја повикува актуелната Влада да одговори, зошто и понатаму се преговара? Атина под решение подразбира само прифаќање на нивните уцени и ништо друго. Колку време е потребно за да Заев, Димитров и Ахмети конечно разберат дека Грција пре-

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ СПОГОДБАТА НА КОSИЈАС говара за да не се договори никогаш! Зошто Грција не се третира како осудена земја која не ги исполнува меѓународните обврски кои ги преземала? Сервилната надворешна политика освен тапкање по рамо ни во минатото, ниту сега не ни донела никаков бенефит. Само нови и поголеми понижувања!

ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ПРЕСУДАТА НА ХАШКИОТ СУД МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ! Не може Македонија вечно да попушта а Грција да си измислува се повеќе нови и порадикални барања. Македонската Алијанса е силно уверена дека најефикасен против одговор на Грчките иредентистички уцени е времено прекинување на прего06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018

ворите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Согласно стратешките интереси на меѓународните сојузници Македонија да побара итна покана за полноправно членство во НАТО преку доследно почитување и спроведување на важечката Времена Спогодба. Меѓународното право мора да важи за сите подеднакво! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со ставот на одговорниот за надворешна политика во Грчката опозициска партија Нова демократија Јоргос Кумуцакос, кој во интервју за весникот „Ријал Њуз“ ги повтори позициите околу спорот за името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ЈОРГОС КУМУЦАКОС

Грција промовираат иредентизам и средновековен национализам во врска со Македонското прашање. Срамно е во 21 век да се уценува и да се бара некој идејќи Кумуцакос во да се обезличи ако сака да интервјуто се интегрира во ЕУ и НАТО. меѓудругото ја Уште посрамно е што отвори дилемата дека Грција како осудена земја прашањето не е дали од Хашкиот Суд за продолжуваат преговорите непочитување на туку како продолжуваат и Времената Спогодба да каде водат, Македонската предлага сега нов Алијанса му го порачува меѓународен договор. Со следното: кое право, со кој мандат и Македонскиот народ конечно со кој образ? никогаш нема да ги Актуелните Македонски прифати Грчките уцени. функционери брзо ќе Нема промена на Уставот и сфатат дека официјална нема да прифатиме нов Атина од секогаш идентитет. Не прифаќаме преговара за да не се дека Македенија во било договори никогаш. Од каква форма промовира ништо не се задоволни и иредентизам. Не секогаш имаат нова уцена отстапуваме од нашето во џеб! Така беше во природно право на минатото, така е и сега. самоопределување кое е Преговорите не се водат по во согласност со сите нормите не меѓународното универзалните право туку по принципот демократски стандарди кој има посилна позиција и кои ги ужива секој народ и мускули во моментот. Тоа Држава. неминовно води кон Да, точно е дека сите во заклучокот дека Македонија сметаат дека Македонија треба да сите политички партии во прифати се’, да го жртвува

Б

07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018

Македонскиот народ и историското наследство што претходните генерации крваво го стекнале.

БАРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ И ОДЛУКА ЗА ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! Било какви понатамошни разговори, средби или преговори за името се БЕСПРЕДМЕТНИ се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Меѓународното право мора да важи за сите подеднакво! Македонија може веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата во согласност со интересите на САД и меѓународните сојузници!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со ставот на Грчката Влада, која преку шефот на дипломатијата Никос Коsијас, порача дека Македонија нема да стане членка на НАТО на претстојниот Самит, бидејќи тие инсистираат на промена на Уставното име за што според него немало време до јуни, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА КОSИЈАС

М

акедонската Алијанса ја поздравува безусловната препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија. Тоа е добра вест, но не е доволна ниту ги задоволува очекувањата на Македонската јавност. Особено што Kоsијас ни приреди уште еден студен туш. Перцепцијата која со месеци се обидува да ја создаде Владата на Заев и Димитров дека Македонија само што не влегла во НАТО и не добила конкретен датум за преговори со ЕУ, за жал не е реалност. Грчката Влада јасно ја повтори својата позната уцена - без промена на Уставното име, отстранувањето на од нив замислениот Македонски иредентизам нема меѓународен договор, ниту ЕУ и НАТО за Македонија.

ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

вината во крајно неповолна и подредена позиција. Ја надминале рамката дефинирана со Времената Спогодба и наседнале на Грчките трикови.

БАРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ! Граѓаните нема да дозволат велепредавство. Македонија била, е и ќе остане Македонија. Македонската Алијанса повикува на обезбедување цврста и одлучна национална позиција која единствено може да биде логичен против одговор за уцените и барањата од официјална Атина. Не може Македонија вечно да попушта а Грција да си измислува се повеќе нови и порадикални иредентистички уцени. Бадијала е сервилноста во Владината надворешна политика, преименувањето на аеродромот, автопатот и откажувањето на нашите антички корени. Информациите од преговорите укажуваат дека Заев и Димитров ја довеле Татко08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со новата преговарачка средба меѓу шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коsијас во Охрид, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

В

ладата на Зоран Заев и Никола Димитров и покрај серијата понижувања со преименувањето на аеродромот и автопатот, освен добри дипломатски манири не добива ништо за возврат од Грчка страна. Средбата во Охрид потврдува дека Грција нема намера да се откаже од своите уцени, за што сведочи и ставот на лидерот на Грчката опозиција Киријакос Мицатокакис, кој јасно порача дека без променет Устав и отстранет од нив замислениот Македонски иредентизам, не е можен договор. Македонската Алијанса ја повикува Владата да престане со понижувањата. Прекривањето на симболот на сонцето од Кутлеш во хотелот каде преспа Коsијас е срам и дно за надворешната политика! Што е следно? Да не ветиле Заев и Димитров дека Македонија нема да ја победи Грција во квалификациите за Европското првенство во ракомет? Бараме транспарентност! Има ли Владата план Б за преговорите или влета во

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ДИМИТРОВ  КОSИЈАС ВО ОХРИД Грчката замка за директни преговори ризикувајќи го стратешки важното покровителство на ООН? Кој ќе понесе одговорност доколку пропаѓањето на директни преговори оди на штета само на Македонија? Зошто Заев и Димитров самите ја загрозуваат Времената Спогодба? Ако актуелните функционери не се способни да се изборат за Татковината и сопствениот народ, тогаш нека си дадат оставка и нека заминат веднаш. Има кој поседува храброст и знаење за тоа како се штитат Македонските национални интереси.

мандат да влегува во авантури за сметка на иднината на Татковината. Силно сме уверени дека единствен правилен против одговор на Грчките уцени е да се прекинат преговорите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и брзо членство во НАТО. Меѓународната правда мора да важи за сите! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! Македонската Алијанса уште еднаш потсетува дека единствен суверен владетел на Македонското име и идентитет е само Македонскиот народ. Ниту една Влада нема 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Во врска со ставот на Грчката Влада, која преку портпаролот Димитрис Sанакопулос, порача дека промена на Уставното име е една од правните обврски за да се постигне договор, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

В

о екот на брифинзите кои Никос Kоsијас ги прави со Грчките партии за текот на преговорите Владата на Алексис Ципрас уште еднаш ја испорача својата уцена. Без промена на Уставното име, отстранувањето на од нив замислениот Македонски иредентизам нема меѓународен договор, ниту ЕУ и НАТО за Македонија. Дури и лидерот на Потами, Ставрос Теодоракис, кој наводно како „помек“ треба да биде замена за ултра радикалниот Панос Каменос, на Грчката ЕРТ јавно соопшти дека остранување на иредентистичките одредби од Македонскиот Устав и учебниците е услов кој според него мора да се исполни. Клучното прашање е за што ќе преговараат Никола Димитров и Никос Коsијас во Охрид? За што е оптимист Зоран Заев? Официјална Атина под решение подразбира само прифаќање на нивните уцени и ништо друго. Денешната информација

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ГРЧКАТА ВЛАДА дека Грчката Влада ќе инсистира евентуалниот нов меѓународен договор да биде изгласан со од 180 пратеници во Грчкиот Парламент е уште еден доказ дека Грција преговара за да не се договори! После прекршувањето на Времената Спогодба од нивна страна што е верификувано со пресуда на Судот во Хаг, Ципрас и Коsијас немаат мандат за нов меѓународен договор бидејќи не го спроведуваат актуелниот. Кај се осудена земја која не почитува меѓународно право па згора на тоа тие бараат Уставни измени како гаранција.

ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ПРЕСУДАТА НА ХАШКИОТ СУД МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ!

вара? Бараме цврста и одлучна национална позиција која единствено може да биде логичен одговор против одговор за уцените и барањата од официјална Атина да прифатиме ново име и идентитет. Не може Македонија вечно да попушта а Грција да си измислува се повеќе нови и порадикални иредентистички уцени. Бараме времен прекин на преговорите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што Македонија во согласност со важечката Времена Спогодба веднаш ќе добие покана за полноправно членство во НАТО Алијансата. Меѓународното право мора да важи за сите подеднакво! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

Македонскиот народ бара информација со кои позиции Македонската страна прего10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со неофицијалните информации кои беа пласирани од повеќе Грчките медиуми дека преговорите за името ќе резултираат со нов меѓународен договор кој ќе вклучува подоцнежна промена на Уставот а за возврат Македонија да добие надграден НАТО статус во јули, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонската Алијанса ја повикува актуелната Влада да се изјасни дали се согласила на промена на Уставот? На што се должи вчерашна оптимистичка изјава на Зоран Заев дека има напредок во преговорите? Зошто повторно информации за текот на преговорите Македонскиот народ добива единствено од Грчките медиуми? Доколку се точни информации кои се лиферувани во Грчката јавност се работи за подмолно сценарио во кое официјална Атина ќе биде апсолутен победник. Еве ги фактите. Владата на Алексис Ципрас веќе подолго време се обидува да го измести тежиштето на преговорите од покровителство на ООН на билатерално ниво. Клучниот мотив за оваа стратегија е постигнување на нов билатерален меѓународен договор кој ќе ја замени Времената Спогодба од чие доследно спроведување Грција бега како ѓавол од темјан. Ако се склучи нов договор, пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг нема никакво понатамошно значење. Особено што евентуалното прифаќање од оваа Владина коа-

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА НЕОФИЦИЈАЛНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОД ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ лиција обврска за идна промена на Уставот е капитулација и прифаќање на уцените од Грчка страна. Ветувањата за некаков специјален и надграден статус со НАТО Алијансата и одредување на датум за почеток на преговорите со ЕУ треба да бидат морковот со кој Владата на Зоран Заев и Никола Димитров ќе биде охрабрувана да се обиде да протурка велепредавство. Македонија веќе 10 години има отворена покана за членство во НАТО која се активира кога ќе се реши спорот наметнат од Грција. А што се однесува со специјален статус, Македонија благодарение на против правното вето на Караманлис и Бакојани на Самитот во Букурешт во 2008 кои се спротиставија на Претседателот Џорџ Буш, доби специјален стратешко безбедносен билатерален договор со САД.

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018

Македонската Алијанса ги повикува Зоран Заев и Никола Димитров да излезат јавно и конечно да кажат кои се нивните позиции во преговорите. Македонскиот народ очекува стратегија за недвосмислена одбрана на националниот идентитет. Бараме одговори сега и веднаш! Македонскиот народ не смее и понатаму да се држи во заложништво! Или Македонија веднаш во НАТО согласно Времената спогодба и пресудата на Судот во Хаг или нема за што понатаму да се преговара. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со презентацијата на комплетното истражување на Грчката Фондација „Елиамеп“ кое го третира спорот за името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Г

рчката јавност реагира негативно на евентуалното решение на спорот за името. За само две години за 14,5 проценти се зголемил бројот на Грци кои не се согласуваат терминот Македонија воопшто да биде дел од решението. Во 2016 против биле 57, сега 71,5 проценти. Анкетите кои пред една недела беа објавени во „Катимерини“ и „Прото тема“ се со исти резултати, но истовремено констатираат дека 63,5 проценти од гласачите на Сириза се против компромис со терминот Македонија. Овие податоци се поразителни и во директна суштинска спротивност со оптимизмот и зголемените очекувања во кои упорно инвестира Владата на Зоран Заев и Никола Димитров. Зарем некој во Македонија се уште се надева дека Алексис Ципрас и Никос Коsијас во услови кога опозициската Нова Демократија е во водство и со вакво расположение на јавното мислење ќе попушти од своите нерационални барања?

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА АНКЕТИТЕ ВО ГРЦИЈА Официјална Атина под компромис единствено подразбира прифаќање на уцените од нивна страна. Затоа, предлогот содржан во нацрт спогодбата што Коsијас ја испрати во Македонија е најлош предлог за Македонските национални интереси во последните 20 години. Едноставно, Грција преговара за да не се договори!

донскиот народ. Ниту една Влада нема мандат да влегува во авантури за сметка на иднината на Татковината. Ако не се способни да се изборат за Татковината и сопствениот народ, тогаш нека си дадат оставка. Друг поседува и храброст и знаење за тоа како се штитат Македонските национални интереси.

Македонската Алијанса бара да се прекинат преговорите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија веднаш да добие покана за полноправно членство во НАТО Ја повикуваме Владата да Алијансата. соопшти за што преговара. Македонија не е приватна Држава и недозволиво е за МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА најважното прашање за иднината на Македонскиот наПретседател, род да знаат само неколкумина кои времено се Ѓорѓија Џорџ Атанасоски власт во Татковината. Единствен суверен владетел на Македонското име и идентитет е само Маке-

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

TESNEC UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA




GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

EFIBISKA UBAVICA UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA




СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


МФ: Министерството за финансии оцени дека издавањето на 30–годишната државна обврзница ја подобрува структурата на јавниот долг и го намалува ризикот за рефинансирање на долгот

А

ко пред само неколку години сумата на издадените краткорочни хартии од вредност, таканаречени државни записи, беше неколкукратно повисока од долгорочните, сега таа состојба е драстично променета. Така, ако во март 2012 година 92 проценти од издадените државни хартии од вредност биле краткорочни, а 8 проценти се со поголема рочност, во март 2018 овој сооднос е 40 проценти кратко-

ТРИЕСЕТГОДИШНАТА ОБВРЗНИЦА ЈА ПОДОБРУВА СТРУКТУРАТА И РЕФИНАНСИРАЊЕТО НА ЈАВНИОТ ДОЛГ

рочни наспроти 60 проценти долгорочни хартии од вредност“, укажуваат од Министерството за финансии. Оттаму посочуваат дека до издавањето на првата 30-годишна обврзница, државна хартија од вредност со највисока рочност била 15-годишната обврзница, од носно со двојно покусо време за враќање на средствата. „Подготвеноста на инвеститорите да инвестираат во новиот инстру20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 Април 2018

мент укажува на доверба како во фискалната политика, така и во иднината на државата“, велат од Министерство. Според министерот за финансии Драган Тевдовски, безусловната препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ, добрата фискална политика и подобрувањето на изгледот на кредитната агенција „Фич“ за Македонија, доволно говорат за патот по кој се движи државата.


„ КО Б РА “ Н А

На Скопје филм фестивал се одржа премиерата на новиот македонски долгометражен документарен филм „Кобра“, во режија на Игор Иванов – Изи, во продукција на Томи Салковски, „Скопје филм студио“, по сценарио на Игор Иванов, Сашко Насев и Томи Салковски

СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ

С

е работи за приказна за борачката легенда Шабан Трстена, единствениот спортист од Македонија што освоил олимписко злато и чијшто успех никогаш не бил признаен од политичарите и општеството. По проекцијата на филмот, освен продуцентот Салковски кој се заблагодари на сите што придонеле за реализацијата на филмот, пред публиката во киното се обрати и самиот Шабан Трстена, непосредно, искрено и трогателно каков што е и самиот филм: „Почитуваани присутни, мене ќе ми беше многу полесно сега овде да требаше да се борам отколку да зборувам пред вас. Ви благодарам на сите што дојдовте, за мене ова е голем настан “, рече тој. На програмата на фестивалот, во киното „Фросина“ беше прикажан турскиот филм „Тексас холдем“, кој е приказна за четворица другари што се собрани да играат покер, но надвор на улиците на Истанбул се случуват протести. Продуцентот Амадо рече дека единствен проблем со владата имале заради прикажување на цигари и алкохол во филмот. „Понекогаш, ние филмаџиите страдаме од премногу автоцензура, но времињата се чудни, засега на сите им се допаѓа филмот, најмногу заради прекрасните актери и хуморот, пред две недели го прикажавме на „Истанбул филм фестивал“, салата беше полна, а реакциите беа позитивни. 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018


В О Г О Л Е М АТА С А Л А О Д Ц Е Н ТА Р О Т З А К У Л Т У РА В О Во изминатите години К И Ч Е В О со средствата собрани од овие хуманитарни концерти, беа реновирани повеќе цркви во Кичевско, а беа помогнати и повеќе социјално загрозени семејства и лица со посебни потреби

ТРАДИЦИОНАЛЕН ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ

В

о големата сала од Центарот за култура во Кичево, беше одржан десетиот хуманитарен концерт. Во изминатите години со средствата собрани од овие хуманитарни концерти, беа реновирани повеќе цркви во Кичевско, а беа помогнати и повеќе социјално загрозени семејства и лица со посебни потреби. На концертот ќе настапија поголем број познати изведувачи, училишни хорови, културно уметнички друштва. Пензионерскиот хор. - По десетти пат го организираме традиционалниот хуманитарен концерт. На вконцерт настапија училишните хорови од ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“, ОУ „Христо Узунов“, пензионерскиот хор од Кичево, таткото, синот и ќерката, Алексо, Христијан и Александра Тришоски, Анита Бошкова, Хајрие Адеми, Дарио Нестороски, Бранислав Стојаноски, дуетот Сафет и Даут, а специјален гостин на овој концерт беше Миле Стојкоски, кој во инвалидска количка го помина целиот Европски континент. И годинава граѓаните на Кичево да ја покажат својата хуманост и со купувањето на влезен билет, да ја помогнаа оваа манифестација, велат од Здружението на родителите на деца со пречки во развојот Надеж. Организатор на целиот настан беше Алексо Тришоски. 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018


„АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА“ - Во рамки на јубилејот, подготвивме исклучителна програма, со концерти на бројни артисти од светската и домашната музичка сцена. Концертната сезона ја стартувавме кон крајот на февруари со концертниот маратон на Каролина во МОБ, во март со концертот на „Тото“, во април со концертот на Јосипа Лисац, соопшти „ Авалон продукција“

ОДБЕЛЕЖУВА 25 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ

Ѓ

орѓе Балашевиќ ќе одржи концерт на 19 мај годинава во ВИП Арена- Скопје, а македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски на 1 јуни на стадионот на АРМ. На фестивалот „Skopje Calling“ ќе настапат Алан Вокер, Sister Bliss Faithless DJ Set, Axwell & Ingrosso, Morcheeba и Дарко Рундек и „Тексас“ (Техаs). На фестивалот „Ohrid Calling“ ќе настапат Dimitri Vegas & Like Mike, Jax Jones и Armin van Buuren. Легендарниот музичар Брајан Фери ќе одржи концерт на 9 септември 2018 година во Maкедонска филхармонијаСкопје, дуото „Ту челос“ (2CELLOS) на 6 октомври 2018 во ВИП Арена- Скопје. „Авалон продукција“ е промотерска куќа чии основни дејности се музичко издаваштво и организација на концерти, музички фестивали и други слични настани. Основана е во Скопје во 1993 година. Во дваесет и пет децении постоење, „Авалон продукција“ има издадено 35 музички изданија на регионални изведувачи, но и странски лиценцирани изданија. Меѓу изведувачите кои своите албуми ги објавиле за „Авалон“ се „Леб и сол“, Тоше

Проески, Каролина Гочева, Влатко Стефановски, „Мизар“ и многу други. Доминантна дејност на „Авалон“ од 2000 година до денес е организација на концерти и букинг на странски изведувачи за територијата на југоисточна Европа. Во десетгодишната работа со најистакнатите светски букинг агенции, „Авалон“ ужива статус на прв 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 823 / Април 2018

купувач за територијата на Македонија и Србија, и тоа кај најголемите агенти во светската музичка индустрија. „Авалон продукција“ во изминатите осум години организирала настапи на повеќе од 300 светски и регионални изведувачи за публика од преку 700.000 посетители во четири земји од регионот.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.