820

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 820, Јануари 2018

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

МАКЕ ДОНСК А А ЛИЈАНС А  СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОС Т З А П РА Ш А Њ Е Т О З А Р Е Ф Е Р Е Н Д У М З А И М Е Т О

MONTHLY EDITION

ПРОТЕСТ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ

ПРЕД АМБАСАДАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ВАШИНГТОН

СО 61 ГЛАС „ЗА“ И ЕДЕН „ВОЗДРЖАН“

СОБРАНИЕТО ГО РАТИФИКУВА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО БУГАРИЈА ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА РАТИФИК АЦИЈА НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА СТОП ЗА

БРАЌА И СЕСТРИ МОРА ДА СЕ РАЗДАВАЊЕТО НА ДЕЛУВА БРЗО И ОДЛУЧНО. ТАТКОВИНАТА И НЕЈЗИНАТА МАКЕДОНСКИОТ ИДНИНА СЕ ЗАГРОЗЕНИ! НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!

ИЛИР МЕТА:

МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО Е БОГАТСТВО ЗА АЛБАНИЈА


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПРАШАЊЕТО ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО Во врска со дебатата про или контра одржување на референдум за евентуално решение на спорот за името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопшти следното: Македонска Алијанса најостро ги осудува сите изјави кои го напаѓаат неприкосновеното право на Македонскиот народ да се изјасни за прашањето поврзано со идентитетот и иднината на Државата. Сметаме дека изјавите на Али Ахмети, Бујар Османи и Талат Џафери на кои за жал деновиве им се приклучија и Павле Трајанов и Мирјана Најчевска од внатре ја подриваат позицијата на Владата на Република Македонија во крајно чувствителен период за Татковината. Никој од нив не е наивен да не е свесен дека оспорувањето на референдумот е одработување за Грчката страна. Никос Коsијас ја испрати пораката дека Атина не сака референдум во Македонија, бидејќи и Тој знае дека Македонскиот народ никогаш нема да прифати да се обезличи! Ниту еден изборен резултат, ниту една анкета кое го мери расположението за влез во ЕУ и НАТО Алијансата, ниту една теза за наводни нови поделби во општеството не може да биде оправдување за кукавичкото избегнување на соочувањето со народот. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во своите изборни програми имаат барем едно исто ветување – доколку се постигне достоинствено решение за спорот за името, истото ќе биде предмет на референдумско изјаснување. Секој евентуален обид ова ветување да се изигра е велепредавство! Македонскиот народ е единствен суверен владетел на името, идентитетот и иднината на Татковината. Ниту еден лидер, ниту една партија или коалиција нема мандат да решава за името и да биде над народот. Претходните генерации со херојство и саможртва се изборија за светото име Македонија и никој нема право да ги брише историските придобивки на Македонскиот народ. Ако најодоговорните политичири во Татковината не ги прекинат преговорите за името и заради фотељи, лични интереси или под уцена и притисок се обидат да ги продадат националните интереси, Македонскиот народ на референдум ќе го одбрани нашето право да бидеме Македонци во Република Македонија. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski


ЗАЕВ: Информативен и конструктивен состанокот на државно-политичкиот врв за предлозите на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц за решавање на спорот за името беше оценката на сите учесници на средбата во Клубот на пратеници, која траеше повеќе од пет часа. Никој од учесниците не сакаше да изнесе детали за предлогот на Нимиц, за тоа дали е прифатлив и дали постои усогласенот меѓу политичките субјекти. Најавија уште вакви средби за координирање на ставовите за решавање на спорот со името

ОПТИМИСТ ЗА НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС, НАЈАВЕНИ УШТЕ КООРДИНАТИВНИ СОСТАНОЦИ

С

останокот се одржа на иницијатива на Министерството за надворешни работи. На него присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерот за надвортешни работи Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Присутни беа и претседателот Ѓорге Иванов, лидерот на ДУИ Али Ахмети кој беше во придружба на Хазби Лика и Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на состанокот беше во придружба на Александар Николовски и Владо Мисајловски. Заев по средбата изјави дека е оптимист и дека може да дојде до национален консензус. - Беа презентирани и диксутирани предложените идеи од медијаторот Нимиц, по што разменивме информации и мислења и за разговорите меѓу мене и премиерот Ципрас. Овој процес бара инклузивност посветеност и политичка одговорност со цел градење национален консензус. Со решавањето на билатералниот спор кој трае 25 години имаме цел да обезбедиме напредок и интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, како и заштита на националните интереси и достоинството на нашиот народ, рече Заев. Потенцираше дека за остварување на овие цели неопходна е вклученост на Владата, опозицијата, претседателот на државата, како и навремено и објективно информирање на граѓаните на Македонија. Претседателот Иванов истакна

дека на состанокот Заев и Димитров информирале за содржината на разговорите, кои ги имале со нивните грчки колеги, но и за идеите на Нимиц кои се изложени во пресрет на неговото доаѓање во Скопје. - Очекувам во иднина Владата да не информира и да бидеме искоординирани за сите активности, рече Иванов и напомена оти Владата е одговорна и навремено да ја информира јавноста. Тој не сакаше да открие детали за идеите на Нимиц, напоменувајќи дека така било договорено на средбата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истак03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

на дека средбата била од информативен карактер и дека од овој момент па натаму целокупниот процес за водење на преговорите е во рацете на Владата, а тој очекува навремено да бдие информиран за се што ќе се случува на тој план. ВМРО-ДПМНЕ останува единствена на позицијата дека РМ мора да биде дел од НАТО и ЕУ и ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на државните и националните интереси на Република Македонија, рече Мицкоски. За лидерот на ДУИ координацијата е почеток на крајот на еден важен процес.


ПРОТЕСТ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ Македонски иселеници од неколку американски сојузни држави се собраа пред Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон на мирен протест против потенцијалнaта промена на уставното име на земјата

Н

а Амбасадорот на Република Македонија во САД, Васко Наумовски, му беше предадена декларација во која се наведени неколку барања до највисоките институции на земјата како до Претседателот на државата, Владата и Собранието. „Македонците треба да ја зачуваат својата посебност, а нашата земја треба да биде рамноправна и почитувана членка на светското семеј-

ПРЕД АМБАСАДАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ВАШИНГТОН

ство и да не се нарушува македонскиот идентитет, јазик и култура и унитарноста на државата“, се вели во декларацијата. Според претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски, голем дел од Македоците во светот ги осудуваат тековните разговори со Грција околу името на Република Македонија и изгласувањето на законот за двојазичност, чинови кои, вели, водат кон 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

разнебитување на унитарноста и суверенитетот на Македонија. Го повикуваат Претседателот на државата да стави вето на законот за јазици, да се организира попис на населението под мониторинг на реномирана меѓународна организација и да не се менува историјата на Македонија, статусот на МПЦ – ОА. Тие бараат и интензивирање на грижата за Македонците во соседините држави.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со ставот на Претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој на новогодишниот брифинг со новинарите во Мала Речица изјавил дека референдумот ќе предизвика поларизации во општеството и затоа спорот за името треба да се реши со компромис, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

И

зјавата на Али Ахмети е скандалозна, провокативна за Македонскиот народ и штетна за националните интереси. За жал, бевме во право кога уште во ноември предупредивме дека воопшто не се случајни изјавата на Вицепремиерот Бујар Османи дека после резултатот на локалните избори нема потреба од референдум за името, бидејќи граѓаните се изјасниле позитивно за промена на името и еден месец подоцна кога Талат Џафери изјави дека заради високиот процент на граѓани кои сакаат во ЕУ и НАТО, Собранието имало целосен легитимитет да во нивно име одлучи за промена на името. Сега кога никој нема повеќе дилеми дека ДУИ со умисла од внатре ги ослабува преговарачките позиции на актуелната Влада на Зоран Заев, се наметнува прашањето што СДСМ како стожерен носител на власта мисли за овие позиции на коалициониот партнер. Според нас има две можности. Или има преќутна согласност Ахмети да го девалвира општо прифатениот принцип на најодговорните Македонски политички партии за референдум, за да Заев потоа да може да се повлече, или ДУИ веќе отворено и без кочници одработува за Грчките радикали и националисти. Јавна тајна е дека официјална Атина се противи на идејата за спроведување референдум во Македонија и дека инсистира евентуалното решение на спорот да биде изгласано исклучиво во Македонското Собрание. Срамно е Али Ахмети да зборува за поделби во Македонското општество. Зарем амнестијата на Хашките случаи не предизвикува поделби? Зарем инсистирањето на Законот за двојазичност, кој е спротивен на Охридскиот Рамковен Договор и кој го загрозува Македонскиот национален идентитет по Грчки терк не предизвикува поделби? Во вака чувствителен период за

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА АЛИ АХМЕТИ Татковината ова однесување на ДУИ е неприфатливо. ДУИ може да зборува и да бара да биде дел од проблемот за името тогаш кога ќе побара од својот ментор Еди Рама, Албанската Влада да го признае Уставното име на Македонија. Али Ахмети не е вчерашен за да не знае дека Македонија и Македонскиот народ не бараат ништо на подарок, туку реализација на универзалното право на самоопределување што го ужива секоја друга земја – членка на ООН. Бараме почитување на Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со која Грција е осудена поради противправното вето на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 со кое го спречи влезот на Македонија во Алијансата. Затоа, референдум мора да има! Единствен суверен владетел на Македонското име и идентитет е Македонскиот народ. Ниту еден лидер, партија или коалиција не е поголема од иднината на нашата Татковина! Земајќи предвид дека сите новогодишни пораки на Грчките политички претставници ги потврдуваат старите нивни уценувачки позиции - или Македонците ќе се откажат од идентитетот, ќе го сменат името, ќе се откажат од историја и целосно ќе се обезличат или нема членство во ЕУ и НАТО Алијансата, Македонската Алијанса на почетокот на 2018 која очигледно ќе биде пресудна година за иднината на Македонскиот народ и Македонија уште една ги повикува најодговорните Македонски политички партии моментално застапени во Македонското Собрание да ги преземат следните чекори: 1. Времено прекинување на преговорите за спорот за името со образложение дека бараме Грција како осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг, да ја спроведе 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

пресудата и во согласност со меѓународното право да ги одблокира Македонските Евроатлански интеграции. Ако Грција не ја испочитува Времената Спогодба од 1995 тогаш кои се гаранциите дека ќе преговара согласно принципите на меѓународното право. 2. Македонското Собрание да ја одложи ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија. Владата на Бојко Борисов го презема претседателствувањето со Европската Унија во првите шест месеци од 2018 и сега на дело може да ги покаже своите наводно искрени намери дека ќе и помогне на Македонија и ќе го признае Македонскиот национален идентитет. 3. Законот за воведување на двојазичност да биде повлечен од Собраниска процедура бидејќи решенијата кои евентуално би стапиле на сила се противуставни и го загрозуваат Македонскиот идентитет. Се додека не се спроведе законски попис прашањето за проширување на опфатот на употребата на Албанскиот јазик да се замрзне. Доколку најодговорните Македонски политички партии не сакаат да го разберат ризикот од игнорирањето на околностите со кои Татковината се турка во бездна ќе бидат директни извршители или соучесници кои со гласање или молчење ќе се обидат да сторат тешко велепредавство заради што ќе мора и да се соочат со одговорност. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


СО 61 ГЛАС „ЗА“ И ЕДЕН „ВОЗДРЖАН“ Пратениците со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласаа Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Во работата на Парламентот не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ

М

инистерот за надворешни работи Никола Димитров, рече дека е факт дека тешки и деликатни прашања меѓу две соседни држави многу тешко се договараат и “ниту ние, ниту во Бугарија целосно сме среќни со текстот“. „Убаво е кон соседите да се однесуваме како со еднакви и да создаваме пријатели. Ќе беше убаво денеска тука да беше и опозицијата, да ја даде својата поддршка“, изјави Димитров.

СОБРАНИЕТО ГО РАТИФИКУВА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО БУГАРИЈА

Артан Груби рече дека оваа Влада и парламентарно мнозинство се посветени на добрите односи меѓу заедниците и кон подобрување на добрососедски односи со нашите соседи кои ќе овозможат брзо интегрирање и пристап кон евроатлантските односи. Пратеникот Ферид Мухиќ, рече дека овој договор не е граден на системот на реципроцитет и има неколку клучни точки по кои отстапува од тоа. „Мора да се посочи дека 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

Македонија и Владата правата отстпаки кои не се вообичаени во ваквите договори меѓу државите. Јас ќе гласам воздржано“, исткна Мухиќ. Договорот, беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со тврдењата на Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој за радиото на Грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ после пред новогодишната вечера со Премиерот Зоран Заев во Солун изјави дека му е ветено дека ќе се преименува аеродромот и автопатиштата и дека препознал дека луѓето од Македонија бараат нов идентитет, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИЗЈАВАТА НА ЈАНИС БУТАРИС ЗА АПЕМПЕ

П

росто е нереално колку Премиерот Зоран Заев дозволува да се понижува Татковината и целиот Македонски народ. Како е возможно Премиерот на Република Македонија да се впушта во разговори со Градоначалникот на Солун за спорот за името, да лицитира со нови имиња, да ветува преименувања на аеродроми, автопатишта? Нели во Скопје, Јанис Бутарис соопшти дека тој не води надворешна политика и нема мандат да зборува за спорот за името? Ако Зоран Заев се обидува преку Јанис Бутарис да ја омекнува Грчката радикална јавност, тогаш избрал погрешна адреса. После секоја средба со него Градоначалникот на Солун излегува со скандалозни тврдења кои актуелната Влада на Република Македонија упорно избегнува да ги демантира. Илјада пати ние од Македонската Алијанса сме изјавиле дека сметаме дека е добро Македонија да инвестира во унапредување на односите со соседите. Но таквата надворешна политика мора да биде заснована на принципи, да не промовира сервилност туку реципроцитет. Спорот за името не е приватна или семејна работа на Премиерот Зоран Заев за да тој се раздава со ветувања кои не знае дали може воопшто да ги спроведе. Јанис Бутарис е во тешка заблуда ако мисли дека ние бараме нов идентитет. Неговите романтичарски изјави дека од него нема поголем Македонец се доказ за неизлечивиот вирус на радикализам, иредентизам и национализам кој за жал во себе го носат речиси сите Грчки политичари. За ваквите провокации, од Премиерот Зоран Заев се очекува пред Грчките радикали да го покрене прашањето, ако Македонија

навистина не постоела, или секогаш била дел од Грција, како што тие тврдат, зошто тогаш нивната асимилаторска власт после 1913 имала потреба да ги смени сите топоними во присвоената Егејска Македонија? Зошто Грција како осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг, за прекршување на Времената Спогодба со ветото од Букурешт од 2008, се уште не ја почитува пресудата и меѓународното право и упорно ги блокира Македонските Евроатлански интеграции. Најодговорните политичари во Татковината, без разлика дали се СДСМ или ВМРО ДПМНЕ, без разлика на нивната етничка припадност, доколку навистина го сакаат опстанокот на Македонија, мора да учат од минатото. Некоја друга генерација политичари претходно, сменила Устав, знаме откажувајќи се од сонцето на Кутлеш, прифатила срамна привремена референца ПЈРМ за да обезбеди прием во ООН, направила многу крупни отстапки на штета на својот народ, а Грција, без разлика кој е таму на власт, не отстапува од својата ирационална политика на блокади и закани. Нивните барања немаат крај. Погледнете ја последната кампања наречена „Македонија зна07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

чи Грција“ која ја спроведува „Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“ заедно со Грчките здруженија и организации на нивната дијаспора и 60 медиуми кои се јавуваат како покровители на барањето терминот Македонија да не биде вклучен во нашето име. Најавуваат серија на митинзи меѓу кои и еден голем во Солун. Јасно е дека нивната цел е да не збришат како народ. Македонската Алијанса е уверена дека сега е моментот да се одважиме и да ги прекинеме преговорите! Секоја нова фаза ќе не носи поблиску до бездната. Актуелната Влада треба веднаш да прекине со сервилната надворешна политика која очигледно се злоупотребува. На Татковината не и се потребни нови и поголеми понижувања. Македонскиот народ се определил за членство во ЕУ и НАТО, ама по цена да се разобличи и се откаже од својот национален идентитет. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М Е ТА : Албанскиот претседател Илир Мета, кој на почетокот од месецот престојуваше меѓу Македонците во општина Пустец порача дека македонското малцинство е богатство за Албанија

МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО Е БОГАТСТВО ЗА АЛБАНИЈА

Б

еше пречекан од заменикградоначалник Андон Јани, членовите на Советот на општината Пустец и претставници на МАЕИ, предводени од генералниот секретар Васил Стерјовски, со кои се задржа во подолг разговор. - Многу е значајно да го негувате вашиот идентитет. Јас сум посветен и понатаму да го промовирам македонското малциство, кое има прекрасни вредности и традиции. Македонското малцинство ќе биде постојано во моето внимание, изјави Мета по средбата. Во врска со одбележувањето на значајни исторски личности и настани, Мета најави дека годинава, ќе биде и во знакот на оддавање почит на познатиот писател по потекло од овој крај Стерјо Спасе, „синот на македонската етничка заедница“ чија куќа во селото Глобочани, како што додаде, ќе биде реставрирана и претворена во музеј. Според него, поради потешкотиите со кои се соочуваат жителите на оваа општина, посебно невработеноста на младите, треба заедничка ангажираност бидејќи општината е една од оние која располага со најмногу природни богатства и убавини. Мета ја посети црквата „Свети Архангел и Михаил“ каде запали свеќи за здравје, од каде го честиташе денешниот празник Свети Наум, како и божикните празници по што во дворот изигра и македонско оро заедно со жителите на Пустец кои му приредија срдечен пречек. 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА По повод интервјуто на Премиерот Зоран Заев за Грчката ТВ Алфа каде тој најавува взаемно решение за името до јуни 2018 притоа на некаков начин најавувајќи дека Владата на Република Македонија е подготвена да ги исполнува уцените на официјална Атина, што од Грчките медиуми беше протолкувано дека Македонската страна нема црвени линии, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

З

а жал, и покрај најдобронамерните апели од наша страна, сервилната надворешна политика на актуелната Влада на чело со Премиерот Зоран Заев продолжува и тоа без никаков ефект на другата страна. Напротив, после секој обид на првенците на актуелната Влада на Република Македонија да ја омекнуваат Грчката радикална јавност, официјална Атина потврдува дека нема да отстапи од своите црвени линии. И Премиерот Алексис Ципрас и Никос Коsијас после седница на нивната Влада соопштија дека нивниот став е сложено име за севкупна употреба и индиректно му одговорија на Зоран Заев дека во 2018 е можно решение на спорот за името, само ако ние ги напуштиме нашите позиции и на дело покажеме дека навистина сакаме договор. Грчките медиуми, како и некои други медиуми во регионот засилено шпекулираат и лицитираат со нови имиња за Република Македонија. Заедничко за сите нив е што имплицираат дека всушност се бара име кое ќе дефинира нов идентитет за Македонскиот народ. Наместо, Премиерот Зоран Заев да покажува подготвеност

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА НОВИТЕ ОКОЛНОСТИ ПОВРЗАНИ СО СПОРОТ ЗА ИМЕТО за преименување на аеродромот, автопатиштата нели е демократски правилно, после зголемените шпекулации за нови имиња за нашата Татковина, кои наводно биле ставени на маса од медијаторот Метју Нимиц, пред целата Македонска јавност Владата конечно да соопшти што се нашите, Македонски црвени линии во преговорите? Постојат ли воопшто црвени линии, или актуелната Влада на Република Македонија само чека кој предлог е прифатлив за официјална Атина и веднаш да се согласи? Дали актуелната Влада е подготвена да вети промена на Уставното име и да ја фрли во вода одлуката на 142 земји кои не признаа како Република Македонија? Се коцкаат ли Зоран Заев и Никола Димитров со Македонскиот идентитет? Со кој став Бујар Османи замина за Атина, со оној на Али Ахмети дека референдумот во Македонија е непотребен и ќе направи нови поделби во општеството? Дали актуелната Влада се откажува од пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг? Македонскиот народ има право да знае што се случува со преговорите. Најодговорните политичари во 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

Татковината мора да одговорат на засилените шпекулации во јавноста. Спорот за името не е приватна или семејна работа на Премиерот Зоран Заев за да тој се раздава со ветувања кои не знае дали може воопшто да ги спроведе. И ВМРО ДПМНЕ треба да престане да се однесува недефинирано. Тоа што е сега во опозиција не ги прави помалку одговорни за тоа што се случува со преговорите за името. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ нека не се лажат дека можат да спроведат велепредавство. Без разлика дали едните тоа ќе го прават со сторување, а другите со несторување, Македонскиот народ ќе ги казни! Македонската Алијанса е уверена дека се уште не е доцна да се одважиме и да ги прекинеме преговорите! Јасно е дека секоја нова фаза ќе не носи поблиску до бездната. Македонскиот народ верува во членството во ЕУ и НАТО, ама не по цена да се обезличи. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со иницијативата на Македонско меѓународно движење за човекови права од Торонто –ММДЧП за предлагање на Резолуција во ООН за признавање на Република Македонија под Уставното име и со тоа ставање на срамната привремена референца ПЈРМ надвор од употреба, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

М

акедонската Алијанса дава поддршка на иницијативата на ММДЧП од Торонто, која е вистински одговор на сервилната надворешна политика со соседите, која стана заштитен знак за актуелната Влада на Република Македонија. Се додека официјална Атина опстојува на средновековните позиции дека Македонија и Македонскиот народ мора да си најдат нов идентитет ако сакаат влез во ЕУ и НАТО, тогаш наша најголема патриотска должност е да не ги изневериме оние 142 земји кои не признаа под Уставното име, меѓу кои САД, Русија и Кина, 3 од 5-те постојани членки на Советот на безбедност на ООН. Македонските власти не смеат повеќе да се понижуваат. Бадијала се потпиша Договорот за добрососедство, кога Бугарија по преземањето на претседателствувањето со ЕУ се определи да не нарекува ПЈРМ иако не има признаено под Уставното име. Ако самите не се почитуваме не може да очекуваме другите да водат сметка за нашите национални интереси. Македонската Алијанса го реафирмира ставот дека треба итно да се прекинат преговорите за името пред да стане предоцна. Се додека не се испочитува до крај Времената Спогодба од 1995 година, која се

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВО ВРСКА ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПРЕДЛОГ РЕЗОЛУЦИЈА ВО ООН уште е на сила и не се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг Македонија нема што да преговара. Меѓународната заедница има обврска да ја натера Грција како осудена земја да не ги блокира нашите ЕУ и НАТО интеграции и со тоа да го спроведе меѓународното право бидејќи Македонија не може да верува дека било каков друг процес поврзан со преговорите за евентуално решеавање на спорот за името ќе биде заснован на постулатите на кои почиваат овие сојузи. Ние не ја прифаќаме тезата извлечена од интервјуто на Зоран Заев за Грчка ТВ „Алфа“ дека Македонија нема црвени линии во преговорите за спорот за името. Македонскиот народ е поголем и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ и од било која коалиција или партија. Не бара никако подарок, туку единствено почитување на универзалното право на самоопределување кое го ужива секоја друга членка на ООН. Бараме да биде свои на своето. Македонци во нашата Република Македонија. Ниту една Влада, ниту една организација или групација во Татковината нема мандат за раздавање на Македонскиот национален идентитет. Македонскиот народ никогаш нема да се согласи со уцените на 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

јужниот сосед и нивните ирационални барања да си најдеме нов идентитет. Нашите политичари и политички елити треба да се борат да го зачуваат она за што со векови некој се борел, она за што е пролеана крв на нашите претци. Политичарите се платени од народот да ги штитат Македонските национални интереси, а не да заговараат велепредавство и да ветуваат нешто што самите знаат дека е невозможно да го спроведат. Или најодговорните Македонски политички актери ќе изградат консензус за заштита на иднината на Татковината и Македонскиот народ или ќе ја преземат одговорноста да се соочат со вољата на народот да си го одбрани најсветото и историската оставштина. Македонците секогаш знаеле да го наградат исправното, но и да го казнат погрешното!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Во врска со одложувањето на Собраниската седница за денес за да се изгласа Законот за употреба на јазиците откако претходно немаше кворум, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонската Алијанса ги повикува пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од намерата по секоја цена да го изгласаат скандалозниот Закон за употреба на Албанскиот јазик. Македонскиот народ не смее да биде жртва на пазарите на Владината коалиција. Ова законско решение е надвор од рамките на Охридскиот Договор. Со неговото евентуално изгласување ќе се официјализира политичкиот терор на едно малцинство врз целиот Македонски народ. Предупредуваме дека овој скандалозен Закон е директен внатрешен атак врз Македонскиот национален идентитет и тоа по Грчки терк. Првенците на ДУИ со инсиситирањето на Законот

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК за двојазичност и со јавното заговарање да нема референдум за евентуалното решение за спорот за името од внатре го потокопуваат Македонското национално ткиво. Доста одработуваат за Атина која барањата на Албанскиот политички фактор ги користи како основа за ултиматумот на Македонскиот народ да му се определи нов идентитет. Македонската Алијанса бара веднаш да се прогласи мораториум за сите условувања на Албанските партии се додека не се согласат да се спроведе законски попис. Да се прифати нашиот предлог Претседател на Државната пописна Комисија да биде лице со висок морален кредибилитет кој ќе биде предлог на Македонската Дијаспора 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

и кој не бил вмешан во претходните пазари на политичките партии. Ако денес во Македонското Собрание на мускули сепак се изгласа Законот за двојазичност, Македонската Алијанса го повикува Претседателот Ѓорѓе Иванов да не го потпишува указот за негово стапување на сила. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со денешната седница на Македонското Собрание за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!

Д

оговорот за добрососедство е штетен за Македонија и Македонскиот народ. Овој Договор не ги затвора отворените прашања меѓу Македонија и Бугарија. Несразмерен е, еднонасочен е, и е во полза само на Бугарија. Бугарската Влада не го признава Македонскиот национален идентитет. Договорот не ја обврзува Бугарија да ги почитува пресудите на Европскиот Суд за човекови права. Бугарија и понатаму нема да го регистрира ОМО Илинден – Пирин. Од потпишувањето на Договорот со Бугарија до неговата ратификација, највисоките Бугарски

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА политичари и Државни функционери со ниту еден чин не покажаа дека го напуштиле својот негаторски однос кон Македонскиот народ. Бугарија ја уцени Албанија во Законот за малцинствата да го вметне постоење непостоечкото Бугарско малцинство. Европскиот Парламент направи огромна неправда кога ја прифати иницијативата на Бугарските Европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, за признавање Бугарско малцинство во регионите на Преспа, Голо Брдо и Гора, каде живеат исклучиво Македонци. Ноемвриската посета на Потпретседателската на Бугарија Илијана Јотова на Македонското село Шиштевац во Голо Брдо и нејзиното ветување за отворање на училишта за изучување на Бугарски јазик е доказ дека е само прашање на 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

време е кога ќе го отворат прашањето и за имателите на Бугарски пасоши во Македонија. БРАЌА И СЕСТРИ МОРА ДА СЕ ДЕЛУВА БРЗО И ОДЛУЧНО. ТАТКОВИНАТА И НЕЈЗИНАТА ИДНИНА СЕ ЗАГРОЗЕНИ! Македонската Алијанса со сите политички средства ќе се бори Македонија еднострано да го раскине Договорот, повикувајќи се на членот 13, точка 3 од истиот.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Со оглед на фактот што се уште тече рокот за Законот за употреба на јазиците да стапи во сила, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРЕЊА! ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТПИШАН! УСТАВНИОТ СУД МОРА ДА ЈА ЗАШТИТИ ИДНИНАТА НА ТАТКОВИНАТА!

седницата на Албански јазик кога Генералниот Секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг ќе се обраќа во Македонското Собрание? Претседателот Ѓорѓе Иванов не смее повеќе да тактизира, туку одважно да соопшти дека указот за прогласување на овој Закон нема да биде потпишан. Последиците од евентуалното стапување на сила на овој Закон допрва ќе доаѓаат. Македонците се уште ги плаќаат фактурите од кукавичката и предавничка амнестија на Хашките случаи во 2011. Мора да извлечеме поука.

З

аконот за двојазичност е спротивен на Македонскиот Устав. Со него се официјализира политичкиот терор на едно малцинство врз целиот Македонски народ. Скандалозното изедначување на Албанскиот со Македонскиот јазик е напад врз Македонскиот идентитет од внатре и тоа по Грчки терк. Зарем треба Талат Џафери да ја отвори

Македонската Алијанса бара мораториум за сите условувања на Албанските партии се додека не се согласат да се спроведе законски попис. Претседател на Државната пописна Комисија да биде лице со висок морален кредибилитет кој ќе биде предлог на Македонската Дијаспора и кој не бил вмешан во претходните пазари на политичките партии. Најодговорните Македонски политички партии не смеат никогаш повеќе да прифаќаат уцени за да бидат власт. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

БРАЌА И СЕСТРИ МОРА Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ДА ДЕЛУВАМЕ! СТРАТЕШКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ТАТКОВИНАТА МОРА ДА СЕ ОДБРАНАТ! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска денешната средба Њујорк помеѓу медијаторот Метју Нимиц и преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, на која се најавуваат идеи како подготовка за конечен предлог за решавање на спорот за името, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!

Т

атковината не смее да ги изневери 142-те земји кои го признаа Уставното име - Република Македонија. Ги отфрламе утешните пораки дека во решението за името ќе биде содржан терминот Македонија. Бараме да бидеме свои на своето. Македонци во нашата Република Македонија. Како бел ден е јасно дека Атина не отстапува од уцената Македонија и Македонскиот народ да си најдат нов идентитет ако сака влез во ЕУ и НАТО. На последната анкета во Грција 68 проценти се изјасниле против сложено име кое ќе го содржи терминот Македонија. Македонската Алијанса бара веднаш се прекинат преговорите за името! Се додека не се испочитува до крај Времената Спогодба од

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО 1995 година, која се уште е на сила и не се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, Македонија нема што да преговара. Меѓународната заедница има обврска да ја натера Грција како осудена земја да не ги блокира нашите ЕУ и НАТО интеграции. Во спротивно, Македонија нема ниту една причина да верува дека преговорите за евентуално решавање на спорот за името ќе биде во рамките на меѓународната норми и пракса.

БРАЌА И СЕСТРИ МОРА ДА ДЕЛУВАМЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ СТРАТЕШКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ТАТКОВИНАТА! Ниту една Влада и коалиција нема мандат за раздавање на Македонскиот национален идентитет. Македонскиот народ никогаш нема да се согласи со претходно со векови се уцените на јужниот сосед и борел, она за што е пролеана нивните ирационални ба- крв на нашите претци. рања да си најдеме нов идентитет. Најодговорните МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА политичари во Татковината претседател, треба да се борат да го Ѓорѓија Џорџ Атанасоски зачуваат она за што некој 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ПО ПОВОД ПОСЕТАТА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО АЛИЈАНСАТА, ЈАНС СТОЛТЕНБЕРГ И НЕГОВОТО ОБРАЌАЊЕ ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

П

осетата на Генералниот Секретар на НАТО Алијансата, Јанс Столтенберг е од исклучително значење за Република Македонија. Ова е потврда дека НАТО Алијансата го уважува фактот дека АРМ учествува со свои трупи во речиси сите мировни мисии на најмоќниот воено – политички сојуз на светот. Татковината опстојува на стратешкиот колосек и цврстата определба за полноправно членство во ЕУ и НАТО Алијансата. Впрочем, тоа е желба на значителното мнозинство граѓани на нашата Македонија. Целосно го почитуваме ставот на Столтенберг дека тој како Генерален Секретар нема надлежност за спорот за името. Но истовремено веќе цела деценија ја слушаме истата порака дека без решен спор за името Македонија не може да стане полноправен

член на Алијансата. Македонскиот Државно – политички врв треба на Генералниот Секретар да му ја пренесе пораката дека Македонија се умори од чекање. Во изминативе децении направивме огромни отстапки а нашиот јужен сосед не попушта ниту милиметар од своите иредентистички позиции. Атина не отстапува од уцената Македонија и Македонскиот народ да си најдат нов идентитет ако сака влез во ЕУ и НАТО. На последната анкета во Грција 68 проценти се изјасниле против сложено име кое ќе го содржи терминот Македонија. Ние сакаме во ЕУ и НАТО Алијансата, но не по секоја цена. Ние не смееме да ги изневери 142-те земји кои го признаа Уставното име Република Македонија. Ги отфрламе утешните пораки дека во решението за името 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

ќе биде содржан терминот Македонија. Бараме да бидеме свои на своето. Македонци во нашата Република Македонија.

ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ СТРАТЕШКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ТАТКОВИНАТА! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВО ВРСКА СО ОДЛУКАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРЃЕ ИВАНОВ ДА НЕ ГО ПОТПИШЕ УКАЗОТ ЗА СТАПУВАЊЕ ВО СИЛА НА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

М

акедонската Алијанса ја поздравува одлуката на Претседателот Ѓорѓе Иванов. Добро е што ги послуша нашите апели и не го потпиша Законот за двојазичност. Со овој потег се дава дополнително време пратениците на Владиното мнозинство да ги преиспитаат своите ставови. Да ја преслушаат триумфалната изјава на Премиерот на Албанија Еди Рама и конечно да се отрезнат. Да ги слушнат правните аргументи на стручната јавност. Законот за двојазичност е спротивен на Македонскиот Устав. Со него, без никаква основа, се изедначува Албанскиот со Македонскиот јазик. Албанскиот политички фактор со своите

уцени како по Грчка нарачка прави напад врз Македонскиот идентитет од внатре. Најодговорните Македонски политички партии не смеат да прифаќаат уцени за да бидат власт. Во одредбите на Законот за двојазичност правото Албанскиот јазик да стане втор службен јазик се врзува со 20 проценти Албанци кои живеат во Македонија. Нема никаква логика овој Закон да се применува пред да се спроведе законски попис. Претседател на Државната пописна Комисија да биде лице со висок морален кредибилитет кој ќе биде предлог на Македонската Дијаспора и кој не бил вмешан во претходните пазари на 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

политичките партии. СТРАТЕШКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ТАТКОВИНАТА МОРА ДА СЕ ОДБРАНАТ! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРЕЊА! УСТАВНИОТ СУД МОРА ДА ЈА ЗАШТИТИ ИДНИНАТА НА ТАТКОВИНАТА! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО Во врска со предложените идеи како подготовка за конечен предлог за решавање на спорот за името, изнесени на средбата во Њујорк помеѓу медијаторот Метју Нимиц и преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, за кои Владата на Република Македонија треба да се изјасни, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ СТРАТЕШКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ТАТКОВИНАТА! ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!

Д

али некој во Татковината има се уште некаква дилема? Уште колку Македонски знамиња Грчките националисти треба да запалат, уште колку провокации од типот „Македонија е Грчка“ или „не постои Македонски идентитет“ треба да слушнеме за да се отрезниме? Грчката позиција и опозиција се разликуваат во нијанси. Едните инвестираат во лажна конструктивност

пред меѓународната заедница, другите ловат гласови на стариот средновековен Грчки национализам. Но, во едно се согласуваат, заедничка им е уцената - Македонија и Македонскиот народ мора да си најдат нов идентитет ако сакаме влез во ЕУ и НАТО. Македонскиот народ не прифаќа никакви одредници во името кои наводно требале да направат разлика меѓу Грчкиот регион и нашата Татковина. Ние сме биле, сме и ќе останеме Македонци во Република Македонија. Кога веќе Грција своите налудничави барања ги аргументира со Егејска Македонија која неправедно ни беше одземена со Букурешкиот Договор, тогаш еве им предлог. Како што со геноцид и асимилација од 1913 почнаа да ги менуваат Македонските називи од Солун 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

во Тесалоники, Воден во Едеса, Сер во Серез, Баница во Веви, Кукуш во Килкис, Кутлеш во Вергина, тогаш нека го сменат и името на регионот Македонија со Грчки назив или нека го вратат неговото вистинско име - Егејска Македонија. Така самите ќе си го исполнат она што ирационално го поставуваат како услов. Македонската Алијанса најавува Платформа во 10 точки за заштита на националните интереси. Во неа ќе бидат адресирани сите прашања поврзани со заштита на Уставното име и Македонскиот национален идентитет и обезбедувањето сигурна иднина за Татковината. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО Во врска со протестите во Солун каде беше запалено Македонското знаме, интервјуто на Грчкиот Премиер Алексис Ципрас за неделното издание на “Етнос“, провокацијата на Грчкиот десничарски весник „Елефтери Ора“ кој објави мапа со поделена Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Г

рчкиот Премиер Алексис Ципрас во „Етнос“ ја испрати клучната порака –„историски е носновано и нелогично некои да бараат право на ексклузивитет на Македонија и тоа во смисла на национално определување“. Значи, треба на сите да ни стане јасно дека Грција никогаш нема да го признае нашиот Македонски идентитет. Освен географска одредница во нашето Уставно име, сите Грчки партии бараат од Македонскиот народ да прифати нов идентитет, ако сака влез во ЕУ и НАТО Алијансата. Тоа е класична уцена и мешање во внатрешните прашања на Македонија со која се газат сите меѓународни норми и демократски универзални права! Македонскиот народ има свој идентитет, култура, историја, јазик и своја иднина. Ние сме биле, сме и ќе останеме Македонија. Не постои таква сила која ќе ни го промени нашето вековно име Македонија. Тоа мора да им стане јасно на внатрешните и надвореш-

ните непријатели на Татковината. Оние што неправедно одзеле од нас, тие имаат проблем со името Македонија. После Балканската војна и Букурешкиот Договор од 1913 од Македонија беа одземени огромни територии. Грција ја присвои Егејска Македонија и спроведе невиден геноцид и асимилација на Македонците. Насилно беа натерани Македонците да се попишуваат како Грци и беа сменети сите Македонски топоними. Овој факт го знаат сите земји членки на ЕУ, но не сакаат да и погледнат на вистината во очи. Затоа е целосно неправедно да се бара од нас некакви одредници во Уставното име за да се направи разлика меѓу Грчкиот регион и нашата Татковина. Кога Грците без да прашаат никого избраа да ги сменат Македонските називи од Солун во Тесалоники, Воден во Едеса, Сер во Серез, Баница во Веви, Кукуш во Килкис, Кутлеш во Вергина, тогаш нека го сменат и името на регионот Македонија со 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

Грчки назив или нека го вратат неговото вистинско име - Егејска Македонија. Така самите ќе си го исполнат она што ирационално го поставуваат како услов.

ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ СТРАТЕШКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ТАТКОВИНАТА! ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА По повод закажаната лидерската средба, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ПО ПОВОД ЗАКАЖАНАТА ЛИДЕРСКА СРЕДБА

М

акедонската Алијанса ги повикува Претседателот на Републиката и лидерите на најодговорните политички партии на средбата да го заклучат следното:

3. Полноправното членство во НАТО Алијансата е одлука која ја очекуваме како гаранција дека меѓународните норми 1. Предлог идеите за важат за сите решавање на спорот за подеднакво. името кои 4. Одбиваме да ги предвидуваат промена исполнуваме и на Уставот на РМ и уцените на јужниот јасно и безусловно не сосед. Ако не им беше го гарантираат доволно ПЈРМ, Македонскиот национален идентитет сменетиот Устав и не ги сметаме достојни Знаме, нема да им за консултација, а уште бидат доволни ниту новите имиња на помалку релевантни аеродромот и за референдумско автопатот. изјаснување. 2. Итен и неодложен прекин на преговорите за името се додека меѓународните сојузници не обезбедат спроведување на Времената Спогодба и пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг.

При носење на одлуките како понатаму сите лидери треба да го земат предвид членот 308 од Кривичниот Законик: „Граѓанин на РМ кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на ПОТЧИНЕТОСТ или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години“. Секој кој работи против законот на Македонија еден ден ќе одговара пред народот! 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ СТРАТЕШКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со интервјуто на Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за Грчки “Катимерини”, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ВО ВРСКА СО ИНТЕРВЈУТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДУИ, АЛИ АХМЕТИ, ЗА ГРЧКИ “КАТИМЕРИНИ”

Со кого си поигрува Државнополитичкиот врв?

Ахмети и компанија СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ - НЕ СИ ПРАВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЕСАП БЕЗ КРЧМА! НАЦИОНАЛЕН

Единствен суверен владетел на името и идентитетот е Македонскиот народ и никој друг! Македонскиот народ не го плашите веќе со приказните или сега или никогаш! Сакаме во ЕУ и НАТО Алијансата ама не по цена на сопствено обезличување. Бараме меѓународните норми да важат за сите подеднакво! Да бидеме свои на своето! Македонска Алијанса Македонци во својата им порачува на Али Македонија!

П

осле лидерската средба не сакаат да коментираат јавно за да не им наштетат на преговорите, а Али Ахмети ја руши Македонија во интервју за Грчки медиум. Кој му дал мандат токму тој да соопштува што било добро за Македонскиот народ? Во чие име и за чија сметка Али Ахмети кажува дека не треба ре ферендум?

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

ИДЕНТИТЕТ! ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ И СТРАТЕШКИ ИНТЕРЕСИ! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

BUKEFAL UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA




GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

GRAD NA QUBOVTA UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA




СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


С У ГА Р Е С К И О Ч Е К У В А Во финална фаза е анекс договорот со кинеската компанија Синохридро за продолжување на рокот за изградба на автопатот КичевоОхрид, што истекува за неколку денови. Се проценува дека ќе бидат договорени дополнителни 36 месеци.

ДЕНОВИВЕ ДА СЕ ИЗГОТВИ АНЕКС ДОГОВОРОТ ЗА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД

К

онтинуирано имаме средби со кинеската компанија со цел да го договориме анекс договорот што се однесува на продолжување на рокот на изградба на автопатот Кичево-Охрид. Мислам дека сме во финална фаза и очекувам во наредните денови да направиме конечен договор, што преку предлог закон ќе оди на одобрување во Собранието, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески одговорајќи на новинарски прашања на одбележувањето на 50 години на Друштвото за патишта, а на кое фокусот беше ставен на Коридорот 8. Министерот информира дека во рамки на Коридорот 8 е предвидена и доизградба на патниот правец до Ќафасан, на границата со Албанија, во финална изработка и почнување изградба е и патот Кичево-Гостивар и експресниот пат од Ранковце

до Крива Паланка и патниот правец од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир со Бугарија. Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека според проценките ќе бидат потребни околу 36 месеци за доизградба на автопатот Кичево - Охрид. - Наша цел, е вели, да го 28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 Јануари 2018

завршиме и ќе го завршиме, но да се потрудиме сите заедно да ги избегнеме проблемите што не тиштат со изградба на постоечките патишта од Коридорот, истакна Китанов. Додаде дека за најмногу три до четири години ќе биде завршен Коридорот 8 во делот од Куманово до граничниот премин кон Бугарија.


МАР: Измените на Законот за минерални суровини кои се во собраниска процедура и кои треба да се донесат во скратена постапка, ќе предизвикаат затворање на рудниците и блокирање на целата индустрија, реагира Македонската асоцијација на рударство

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ РУДНИЦИТЕ

С

поред МАР, тврдењето, како што стои во Предлог-текстот, дека законските измени нема да имаат финансиски последици, не е точно зашто само од евентуално раскинување на договорите за концесии штетите би достигнале една до три милијарди евра. Од друга страна, рударската индустрија брои 12.600 вработени, а извозот достигнува 180 милиони долари годишно. - Рударскиот сектор чувствува дека се врши организирано влијание врз него за да работи уште полошо во наредниот период. Предлогот е чуден, а уште почудно е што немаше јавна расправа и измените се туркаат по скратена постапка, изјави денеска на прес-конференција претседателот на МАР Николајчо Николов. Николов напомена дека МАР бара да се одложи донесувањето на законските измени и Асоцијацијата, заедно со експерти, да учествува на расправата во собраниската Комисија за економски прашања. И Максим Прохоров од „Саса“ предупреди дека со донесувањето на измените рударството ќе биде доведено пред колапс. 29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 Јануари 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА По повод Денот на Христовото раѓање – Божиќ, до сите верници во Татковината и надвор од нејзините граници, кои овој Голем христијански празник го чествуваат по Грегоријанскиот календар, ја упатувам следната честитка:

БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА, ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

Почитувани, "

И

мам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Раѓањето Христово - Божик, и да Ви посакам во добро здравје, радост и среќа да ги поминете празничните денови На овој голем ден се потсетуваме на Неговото велико и спасоносно дело, дело кое целото човештво го упати на патот кон правдата, вистината и вредноста на човечкиот живот. Прославувајќи го Христовото раѓање ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе во светот и заради тоа треба да бидеме благодарни за Неговата милосрдност и бескрајна љубов. Денот посветен на Христовото раѓање-Божиќ е најголемиот Христијански празник кој симболизира љубов, здравје, среќа, заемно почитување. Симбол за раѓањето, чин на духовна промена и почеток на нова надеж. Затоа на сите верници кои го прославуваат Божиќ по Грегоријанскиот календар, им посакувам искрена радост, длабока љубов и благодет. Овој празник нека создаде ново и исполнето поглавје од Вашиот живот, нека создаде мир и спокој во вашите семејства. Честит Божиќ! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски 30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски по повод големиот христијански празник БогојавлениеВодици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници. "

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ

О

вој ден претставува еден од најубавите и најрадосни празници во православието. Исусовото крштевање е симбол на духовното раѓање и почеток на човековото живеење со верата. Радувајќи се на Христовото крштевање и осветувајќи ги македонските води ја продолжуваме традицијата на нашите предци и ја потврдуваме вербата во вредностите на покајанието и прочистувањето. Денешниот ден нека донесе радост, топлина мир и спокој во секој дом. Во името на денот да се потсетиме на христијанските вредности на љубов, хуманост и благосостојба кон нашите ближни. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник-Богојавление Водици“. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018


ПИЕТЕТ „Со длабоко жалење ја примив тажната вест за упокојувањето на Великиот Македонец, Павли Борис Никола. Македонците со смртта на Павли, изгубија многу. Нашиот народ изгуби еден пожртвуван и посветен човек, кој речиси целиот свој живот го вложи во беспоштедната битка за унапредување на правата и основните човекови демократски слободи на Македонците во Албанија

П

авли Борис Никола, беше еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Албанија. Со неговите дела и активност помогна многу во негувањето на Македонските обичаи, фолклор, традиции и нивното пренесување кај помладите генерации на Македонци во Република Албанија. Павли Борис Никола преку афирмацијата на богатото културно и духовно наследство на Македонците покажа како се штити Македонскиот национален идентитет, посебност и јазик. Несомнено е дека неговите огромни дела, како монографијата „Монографија за Врница“, ќе бидат наследство и патоказ за сите нас, особено за генерациите Македонци кои доаѓаат и кои ќе ја имаат обврската да ја продолжат битката за остварување на нашите вековни стремежи

П О П О В О Д ТА Ж Н АТА В Е С Т З А С М Р Т ТА Н А Е Д Е Н О Д Н А Ј Г О Л Е М И Т Е П О Б О Р Н И Ц И З А П РА В АТА Н А МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ПАВЛИ БОРИС НИКОЛА,

СОЧУВСТВО ИЗРАЗИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА, ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ неговата мисија за остварување на поголеми права за нашите браќа и сестри Македонци кои живеат во Албанија, за кои сум сигурен дека со гордост ќе се сеќаваат на огромното значење на делата на Павли и кои на нашиот Македонски јазик ќе ги пренесуваат од колено на колено, како добар пример како еден за обезбедување на дос- човек треба да се бори за тоинствен живот, обедину- својот народ и корени. вање на Македонците од целиот Свет и градење на Почивај во мир, Голем силна, економски проспе- Човеку!„ ритетна Република Македонија. Јас како актуелен претсеМАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА дател на Македонската Алијанса, како претставник Претседател, на Македонската Дијаспора, се обврзувам да ги чувам Ѓорѓија Џорџ Атанасоски спомените за овој Велик Македонец, да ги сочувам неговите дела кои мораат да бидат широко достапни за сите Македонци во Светот, да ја продолжам 32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Јануари 2018


П О П О В О Д 9 0 Г О Д И Н И О Д РА ЃА Њ Е Т О НА АВТОРОТ Ивица Џепаровски преку исклучително интересно и опсежно предавање, кое само по себе претставуваше посебно доживување не потсети на Мазев како автор, но и како човек, донесе свои впечатоци за Перо Мазев денес, кога неговото творештво поради својата исклучителност и коренитост доби своевидно митолошко значење, велат од Националната галерија на Македонија

ЗАТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА ПОСВЕТЕНА НА ГОЛЕМИОТ ПЕТАР МАЗЕВ

О

фицијално беше затворена изложбата посветена на 90 години од раѓањето на авторот со нагласена индивидуалност, исклучителен дух, неуморен и бескомпромисен во постојана потрага по нов ликовен предизвик, инспирацијата за многу нови генерации ликовни автори, таткото на новиот ликовен израз во македонската современа ликовна уметност, големиот Петар Мазев. Во присуство на околу двесте посетители, меѓу кои еминентни историчари на ликовната уметност, ликовни дејци, како и голем број љубители и почитувачи на неговото творештво,

проф. Ивица Џепаровски преку исклучително интересно и опсежно предавање, кое само по себе претставуваше посебно доживување не потсети на Мазев како автор, но и како човек, донесе свои впечатоци за Перо Мазев денес, кога неговото творештво поради својата исклучителност и коренитост доби своевидно митолошко значење, велат од Националната галерија на Македонија. 33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

На крај од ова ново пропатување низ творештвото на Мазев, повторно една голема благодарност на семејството Мазеви, на спонзорите Фондација Илија Камчев, како и на сите институции и приватни сопственици кои ни помогнаа со својата соработка да му дадеме посебна тежина на овој настан и оваа голема јубилејна изложба, се вели во дописот од НГМ.


ИЗЛОЖБА Изложба „Театарот во Кавадарци низ фотографии“ беше отворена во кавадаречкиот музеј. Изложбата содржи стотина фотографии кои говорат за развојот на театарот во овој град низ годините наназад

И

сториски час за театарот во Кавадарци со исцрпен приказ за одиграните претстави и имињата на актерите, одржа директорот на музеј галеријата Петре Камчевски, советник и кустос. Професионалниот фотограф

„ТЕАТАРОТ ВО КАВАДАРЦИ НИЗ ФОТОГРАФИИ“

Тони Коцев нагласи дека оваа изложба на театраска фотографија е своевиден документ за долгогодишната успешна и плодна работа на кавадаречкиот театар. ,,Да се биде театарски фотограф е посебна возбуда, значи да се биде на сцена, а да 34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

не си дел од сцената, да се почувствува таа магија на даските што живот значат, да се долови моментот, флуидот што струи меѓу актерите. Значи треба да се биде и документарист, меѓутоа и да се биде доста креативен,, додаде Коцев.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.