817

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 817, Октомври 2017

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ОСТВАРИ СРЕДБИ СО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО ОД ХУНЗА


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Писмена реакција на новите Грчки провокации Во врска со последните провокации од Грчка страна, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Зголемените очекувања за брзо решение на повеќе деценискиот спор за името ја зголеми фреквенцијата на провокации од речиси целата Грчка политичка елита. Сите, во нивните обраќања и јавни настапи се тркаат кој ќе биде порадикален во уцените и барањата кој се упатуваат кон Македонскиот народ. Ултранационалистот во Владата на Алексис Ципрас, неговиот Министер за одбрана и лидер на партијата “Независни Грци”, Панос Каменос, јавно повика на лидерска средба кај Грчкиот Претседател, Прокопис Павлопулос, да се договори референдум на кој Грчкиот народ ќе одлучи дали во “новото име” треба да ја има Македонија. Паралелно, Никос Коѕиас повторно најавува некаков “Комитет” кој треба да ги чисти Македонските учебници по историја од наводниот иредентизам бидејќи Тој е убеден дека сме избрале “погрешен кум”, а сме добиле дар од Бога. Грчката армија го прослави својот национален празник со парада по улиците во Солун скандирајќи „Александре разбуди се и дојди да видиш! Името го крадат на твојата света земја“. Едноставно, сите политичко-општествени чинители во Грција се мобилизирани во намерата да го обезличат Македонскиот народ! И, додека официјална Атина се подготвува за тоа што следи нашите најодговорни политичари се преокупирани со нивните теснопартиски интереси! Односот на јужниот сосед ни е сосема познат и крајно неодговорен, но не ја разбираме позицијата на актуелната Влада во Македонија, која се однесува како боксерска вреќа која само прима удари, а не сака или не смее да возврати! Ширењето на ксенофобија е позната Грчка алатка за зацврстување на нивните политички ставови и црвени линии. Замислете, Каменос иницира референдум во Грција, кога буквално цела нивна позиција и опозиција е против нашиот став, за секое евентуално компромисно решение да се изјасни Македонскиот народ. Апсурд до апсурд, а Македонските власти упорно молчат! Што прави актуелната Влада во Македонија на темата? Зарем во таа зграда нема некој кој ќе ги посоветува Владините функционери дека е сосема понижувачки да се продолжува со сервилната надворешна политика со која потврдуваме дека чекаме некој друг да ја решава нашата судбина, а ние само да потпишеме капитулација? Зарем ќе дозволиме Грчкиот Министер за одбрана кој изјавува дека „една и единствена Македонија е Грчката Македонија“ да влијае на црвените Грчки линии без ниеден претставник на Владата на Зоран Заев да чувствува потреба да реагира и да се спротистави? Додека јужниот сосед системски и лукаво ги гради нивните ставови и гради цврст национален консенсуз за нивните закани и условувања кон Македонската страна ние се занимаваме со резултатите од локалните избори. Разбудете се браќа и сестри! Додека ние меѓусебно се занимаваме со внатрешните прашања некој ќе ни ја скрои судбината! Македонската Алијанса упатува апел, Претседателот Ѓорѓе Иванов веднаш да организира лидерска средба на оваа тема од која треба да излезат единствени ставови за нашата национална иднина! Ова не е прашање кое треба набрзина да се реши за да се тргне од нечија агенда, туку прашање од највисок национален интерес кое не може да го решава ниту една политичка партија или коалиција, која нема таков мандат, бидејќи само Македонскиот народ е суверен по ова прашање. Сега е моментот да се прекинат преговорите за името, пред да стане предоцна и самите да паднеме до крај во замката која подолг период му се подготвува на Македонскиот народ! Немојте да дозволите да ни ја разјадат Татковината и да ни го одземат светото Македонско име и идентитет! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ По оддржувањето на локалните избори ќе има промени во владиниот и парламентарниот состав. Промени во владиниот состав засега ќе има во Министерството за здравство бидејќи Арбен Таравари, кој доаѓа од Алијансата на Албанците, стана градоначалник на Гостивар. Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Рамиз Мерко од ДУИ го победи Зијадин Села од Алијансата на Албанците во Струга.

ПРОМЕНИ ВО ВЛАДИНИОТ И ВО ПАРЛАМЕНТАРНИОТ СОСТАВ

Г

радоначалник на Чаир стана Висар Ганиу од ДУИ кој беше заменик министер за образование. Според најавите од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери на првата седница ќе бидат констатирани оставките на двајца пратеници од албанскиот блок поднесени пред изборите, ќе биде проследена и информацијата за неколкумината пратеници кои освоија градоначалнички мандати, како и верификација на новите. На местото на Билал Касами од БЕСА, кој не успеа да ја освои градоначалничката функција во Тетово, доаѓа Неџбедин Каремани. Оставка поднесе и Бардуљ Даути од ДПА кој беше кандидат за градоначалник на Тетово. Пратеничката група на СДСМ исто така ќе претрпи персонални промени откако градоначалници станаа на Скопје Петре Шилегов, на Карпош Стефан Богоев, на Шуто Оризари Курто Дудуш, на Куманово Максим Димитриевски, на Гевгелија Сашко Поцков, на Струмица Коста Јаневски и на Штип Благој Бочварски. Промени во парламентарните соодноси се очекуваат и откако меѓу двата круга Чедомир Саздовски од ГРОМ го извести претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе функционира како независен пратеник, а не како дел од пратеничка група на опозицијата. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017


М А К Е Д О Н С К А Д Е Л Е ГА Ц И Ј А М И Н АТ П О С Е ТА Н А М А К Е Д О Н С К АТА З А Во состав на делегацијата беа : Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, Претседател на Македонска Алијанса и почесен претседател на СМК од САД, Марина Дојчиновска, Претседател на одборот на Македонците во Хунза и почесна амбасадорка на Хунза во Македонија и музичкиот виртуоз Горан Алачки

ДЕЛЕГАЦИЈАТА О СРЕДБИ СО КРАЛСК

елегацијата оствари средби со луѓето од Хунза, како и со членовите на кралското семејство: Мир Газанфар Али Кан, кој истовремено ја извршува функцијата актуелен гувернер на Северните области во Пакистан и неговата сопруга Рани Атика, исто така член на Пакистанскиот Парламент. Во текот на посетата во Хунза се одржа првата македонска вечер на размена на култура и музика, на која маестро Горан Алачки за прв пат ја претстави Македонската музика во тој дел од светот. Со оваа посета се продлабочија блиските односи што ги имаме со народот Хунза , а датираат уште од 2005та кога се оствари првиот контакт со нив. Хунзите, за себе тврдат дека се Македонци, останати на Хималаите од времето на Александар Трети Македонски.

Д

04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017


ТАТА Н Е Д Е Л А П Р Е С Т О Ј У В А Ш Е В О Н Е К О Л К УД Н Е В Н А А Е Д Н И Ц А В О К РА Л С Т В О Т О Х У Н З А  П А К И С ТА Н

ОД Д МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ КОТО СЕМЕЈСТВО ОД ХУНЗА

05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017


Џексонвил, 07 октомври 2017

Во текот на вчерашниот ден, во Џексонвил Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски оствари средба со 12 видни политичари меѓу кои, Конгресменот Рон Десантис и Сенаторот од Тексас, Тед Круз

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ НА СРЕДБА СО АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕНИ И СЕНАТОРИ

И

склучително влијателниот Американски Републикански Сенатор, Тед Круз, во 2012 беше за прв пат избран како 34-от Сенатор на Тексас, претходно познат како правник кој најдолго ја обавувал функцијата Јавен Обвинител на Тексас. И покрај жестоката кампања за освојување на Претседателската номинација на Републиканската партија, Тед Круз, како еден од најсериозните кандидати му ја даде својата поддршка на актуелниот Претседател Доналд Трамп. Конгресменот Рон Десантис е член на Комитетите за надворешна политика, за надзор и владини реформи на Американскиот Конгрес. Во моментов е Претседавач со Подкомитетот за Национална безбедност на САД во чија надлежност е надзорот врз Државните ресори за надворешни работи, одбрана и безбедност, како и контрола врз УСАИД. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски имаше прилика да размени мислења за актуелните состојби во Америка и Светот вклучувајќи ја и кризата во северна Кореа. Со своите соговорници ја дискутираше и американската надворешна политика

вклучувајќи го и Балканот. На состанокот г-динот Атанасоски ја искористи приликата да ги запознае присутните со надворешните и внатрешните проблеми со кои се соочува Република Македонија. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ја адресираше поддршката која Македонија ја добива од САД, признавањето на Уставното име и значењето на специјалниот стратешко – безбедносен билатерален договор меѓу двете земји, што само по себе потврдува дека САД 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

се најважниот сојузник на Македонскиот народ. Како претставник на Македонската Дијаспора, тој и понатаму ќе продолжи да го користи својот општествен статус во САД за лобирање за националните интереси на својата Татковина.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со ставовите на поранешната Грчка Министерка за надворешни работи и актуелна пратеничка на Нова Демократија, Дора Бакојани, која на Безбедносниот Форум во Белград, потенцираше дека само сложено име за севкупна употреба го отвора патот на Македонија кон ЕУ и НАТО Алијансата, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОВИТЕ НА ДОРА БАКОЈАНИ

А

ктуелната Влада на Република Македонија во серија добива директни, јасни и дипломатско-сурови пораки од Грчката Влада, но и од опозицијата. Откако, Никос Коsиас после средбата со Метју Нимиц даде јасно до знаење дека и Македонскиот идентитет е дел од преговорите, после Јоргос Кумуцакос и Јоргос Папандреу, се надоврза и Дора Бакојани, непосредниот извршител на срамното вето на Самитот во Букурешт во 2008. Едноставно, актуелната пратеничка на опозициската Нова Демократија, партијата која во моментот ужива најголем рејтинг во Грција, уште еднаш ја дефинираше рамката за евентуално решение на спорот или сложено име “ерга омнес”, или нема ЕУ и НАТО. Уште една потврда дека Грчката страна нема намера да ги менува своите иредентистички позиции по Македонското прашање. За нив не важи ни пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, ниту било кои други норми на меѓународното право. Атина го познава само јазикот на уцени и закани без волја да отстапи ниту милиметар од своите националистички позиции, својствени за средниот век. Од ставовите на Дора Бакојани може да заклучиме дека демонстрираната сервилност и конструктивност од Владата на Зоран Заев и Никола Димитров, кои освен мерките за градење доверба, отидоа и чекор понапред со изразување подготвеност за преименување на аеродромот, дислоцирање споменици,

негирање на античките корени, ревизија на Македонските учебници по историја, е бадијала. Креирањето на високи очекувања за отпочнување на пристапните преговори со Европската Унија и брз влез во НАТО Алијансата под привремената референца има ограничен ефект и допира само до дел од внатрешната јавност. На сите ни е јасно дека и евентуално да ги отвориме поглавјата за преговори, на крај за полноправно членство во ЕУ и НАТО Алијансата ќе мора да ги исполниме уцените на нашиот јужен сосед. Македонската Алијанса уште еднаш ја повикува Владата на Република Македонија да не превзема обврски кои не може да ги исполни. Нема потреба да се стимулираат нови предлози за решавање на спорот кој Грција го има со нашето Уставно име. Рамката е поставена одамна. Колку пати отстапивме во минатото, сменивме знаме, Устав, прифативме срамна референца за да влеземе ООН, потпишавме Времена Спогодба, но и тоа не е доволно за да го оствариме тоа што и следува природно на секоја друга земја, да бидеме свои на своето. Ниту една политичка партија во 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

Татковината нема мандат да тргува со Уставното име и идентитетот. Единствен господар на светото Македонско име и идентитет е Македонскиот народ, кој никогаш нема да согласи ниту да прости било каков обид за велепредавство! Бараме од сите политички партии да се приклучат на барањето на Македонската Алијанса да се прекинат преговорите за името. Сега е моментот да се повлече овој радикален чекор како одговор на замката која веќе подолг период му се подготвува на Македонскиот народ. Секој понатамошен чекор во спротивна насока сигурно не носи во бездна. Македонската Алијанса упатува уште еден апел до најодговорните политички сили во моментот, да се обидеме да најдеме заеднички јазик за највисоките национални интереси. Сега ни е потребна Национална Декларација со која на целата меѓународна јавност конечно ќе и соопштиме дека имаме единствен став дека ниту еден политичар, ниту една партија во Македонија, никогаш нема да се согласи да преговара за промена на Уставното име и откажување од најсветото, Македонскиот национален идентитет. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со изјавата на Министерот за надворешни работи, Никос Коsијас, за Македонска национална телевизија, со која потврдува дека името, неговата употреба, јазикот, државјанството и акронимите се нивен услов за решавање на повеќе деценискиот спор, наметнат од нивна страна, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

И

зјавата на шефот на Грчката дипломатија е скандалозна и сосема неприфатлива, но од друга страна ја покажува вистинската состојба за ова прашање, состојба која актуелната Влада сака да прикрие и да и даде друга димензија. Како човек мене многу ми е јасно што сум. Јас сум Македонец и тоа никој неможе да го промени! Официјална Атина упорно го зголемува списокот на услови кои Македонија треба да ги исполни за да се реши спорот за името. Коѕиас го споменува и проблемот со имињата на одредени трговски производи, како Македонското вино, што е веќе смешно. Голем срам за една членка на ЕУ е да негира постоење на една нација која нималку не е измислена, која постоела од навек, а нејзината историја е позната насекаде! Сепак на мое огромно жалење дојдовме до таа точка кога веќе е јасно дека на нашиот сосед не му смета само името на нашата Република, туку и националноста, јазикот и сите други истанци кои во своето име или дефиниција го сочинуваат зборот Македонски, Македонец, Македонија. Господине Коѕиас, Македонски-

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОВИТЕ НА ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, НИКОС КОЅИАС от народ воопшто нема да дебатира на ова прашање, па да имате можност да стигнете до оваа тема! Македонското име нема да се менува! Сакам да ја повикам Владата на Република Македонија да прекине со сервилноста и јасно да го заземе ставот кој го делат нивните граѓани. Како држава покажавме огромна конструктивност и сериозност во напорите да се изнајде разумен пристап во билатералните односи со Грција која не вродува со плод. Напротив, со овие постапки како само да го храниме егото на нашиот сосед. Од ставовите на Никос Коsијас може да заклучиме дека без прифаќање на нивните уцени ние не можеме да влеземе во ЕУ и НАТО, што децидно дефинира дека не може да се случи пред 2019 година. Ова е момент во кој на сите ни е јасно дека дури и распишување на референдум по ова прашање од страна на нашата Влада ќе биде неприфатливо за Грчката страна. Македонската Алијанса уште еднаш упатува апел до СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, како најодговорни политички сили во моментот, наместо да чекаат да ги соберат 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

во куќата на Жан Моне за да ги убедуваат да прифатат компромис на штета на Македонскиот народ, веднаш да најдат заеднички јазик за највисоките национални интереси. Сега е моментот да ги збиеме нашите редови и да покажеме дека сме обединети по ова прашање. Се уште има време сите заедно да потпишеме Декларација со која конечно на целата меѓународна јавност ќе и соопштиме дека имаме единствен национален став, дека ниту еден политичар, ниту една партија во Македонија, никогаш нема да се согласи да преговара за промена на Уставното име и откажување од најсветото, Македонскиот национален идентитет. Се друго би било срамно и неодговорно! Да живее Република Македонија! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со интервјуто на поранешниот Грчки Премиер Јоргос Папандреу, кој за Македонски портал изјави дека кај актуелната Грчка Влада нема расположение за Македонија да стане полноправен член на НАТО Алијансата под привремената референца, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ

П

рво, Евроатланските интеграции на Македонија не може и не смее да зависат од моменталното расположение на официјална Атина, туку од нормите на меѓународното право. Второ, со потписот на Времената спогодба во 1995 година, Грција се обврза дека нема да ги блокира влезот на Македонија во ЕУ и НАТО Алијансата. Трето, со ветото за поканата за Македонија да стане полноправен член на НАТО Алијансата под привремената референца, кое го стави тогашниот Грчки Премиер, Костас Караманлис, на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008, беше прекршена Времената спогодба што е потврдено со пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Македонската Алијанса на поранешниот Грчки Премиер, Јоргос Папандреу, му порачува да не пушта пробни балони со предлози за некакви географски одредници како можно решение на спорот кој официјална Атина го има со нашето Уставно име. Ниту “северна”, ниту “горна”, ниту “вардарска” не се и нема да бидат решение за повеќе деценискиот спор. Барањата спорот да се реши по Грчки терк со промена на Уставното име и откажување од Македонскиот идентитет се само пусти желби на Грчките националисти. Македонскиот народ никогаш нема да се согласи да се самоуништи. Македонците си го бараат тоа што им следува согласно сите меѓународни норми на ООН, да си го остварат универзалното право на само-

определување што е природно право како и за секоја друг народ. Македонската Алијанса уште еднаш повикува на внимателност во потезите на актуелната Влада во надворешната политика. Во интервјуто, Папандреу го потврдува тоа за што ние подолг период предупредуваме. Грција нема намера да попушти ни милиметар од своите уцени. Нема потреба од креирање на лажен оптимизам кој може да се користи за внатрешната политика, затоа што нема реална основа во билатералните односи. Јасно е дека нема ЕУ и НАТО без обезличување на Татковината и Македонскиот народ. Грчките политички елити, без разлика на нивната идеолошка матрица, сите заедно не знаат што е доста! Не заборавајте дека иако направивме огромни отстапки, сменивме знаме, Устав, потпишавме Времена Спогодба, прифативме срамна привремена референца за членство во ООН, официјална Атина упорно со 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

децении го бара од Македонскиот народ невозможното. Македонската Алијанса уште еднаш го реафирмира предлогот да се прекинат преговорите за спорот за името. Наместо актуелната Влада да охрабрува нови предлози за решавање на спорот треба конечно да се освести и самата да не влегува во замката која и е подготвена веќе подолг период. Сите оние кои се надеваат или веруваат дека евентуалниот обид за обезличување на сопствениот народ и загрозување на иднината на следните генерации, ќе помине затоа што ќе нема кој да ја брани Македонија и Македонците, опасно се лажат! Секој обид за велепредавство ќе биде пресретнат и казнет од Македонскиот народ! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со вчерашната средба на Претседателот на САД, Доналд Трамп со Грчкиот Премиер Алексис Ципрас, кој побара средба за време на Генералното Собрание на ООН за поддршка од САД за отворените прашања во регионот, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА СРЕДБАТА ТРАМП  ЦИПРАС ВО ВАШИНГТОН

М

акедонската Алијанса за разлика од некои други во Татковината, потезите во надворешната политика на официјална Атина ги толкува како резултат на една лукава стратегија која треба на Македонија да и го зададе последниот удар. Грчкиот Премиер Алексис Ципрас на Доналд Трамп, за кој не така одамна сметаше дека е зло за човештвото, вчера се обиде да му продаде дека Грција е клучен фактор на стабилност во регионот. Каква хипокризија? Размазената членка на ЕУ и НАТО Алијансата која банкротираше и во континуитет произведува кризи, уценува и дрско ги злоупотребува полугите на моќ, сега сака лажно да претстави дека се’ зависи од нејзе. Македонската Алијанса му порачува на Грчкиот Премиер, Алексис Ципрас, да не заборава дека САД се најголемиот стратешки сојузник на Македонија, кој уште во 2004 година, и покрај притисоците на моќната и бројна Грчка Дијаспора го призна нашето Уставно име. Иако изјавата на Грчкиот опозиционер Јоргос Кумуцакос е дел од нивната внатрешна политичка борба за зголемување на очекувањата од посетата на Алексис Ципрас на Вашингтон, сепак тој има една многу погрешна проценка. Без разлика на победата на СДСМ на локалните избори, ниту владејачките, ниту опози-

циските или било која друга политичка партија во Татковината нема мандат да го продаде Уставното име и да се откаже од Македонскиот национален идентитет. Исклучиво Македонскиот народ е носител на Македонскиот идентитет и затоа воопшто не е случајно што партиите се повикуваат на народот, кој секое евентуално решение на спорот кој Грција го има со нашето Уставно име, треба да помине на референдум. Македонскиот народ си го бара тоа што му следува согласно сите меѓународни норми на ООН, да си го оствари универзалното право на самоопределување што му следува природно, како и на секоја друга земја членка. Македонската Алијанса уште еднаш повикува на внимателност 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

во потезите на актуелната Влада во надворешната политика. Да се потсетиме на лекциите од минатото. Македонија во различни периоди од независноста до сега покажа огромна конструктивност во напорите да изнајде разумен пристап во билатералните односи со Грција. Македонската Алијанса е во право кога упорно потсетуваме дека иако направивме огромни отстапки, сменивме знаме, Устав, потпишавме Времена Спогодба, прифативме срамна привремена референца за членство во ООН, официјална Атина никогаш не отстапува ни милиметар од својата стратегија со уцени и притисок да го бараат од нас невозможното. Бидејќи е јасно дека следи комлициран период за Татковината уште еднаш сакаме да потенцираме дека сега е моментот да ги прекинеме преговорите за спорот за името. Наивни се оние кои веруваат дека било која политичка партија која евентуално ќе учествува во обид за обезличување на сопствениот народ и загрозување на иднината на генерациите Македонци кои доаѓаат, ќе помине неказнето! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со усвојувањето на Законот за малцинства од страна на Албанскиот Парламент во кој се признава и Бугарското малцинство, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

И

згласувањето на овој Закон со меѓупартиски консензус во Албанскиот парламент, сериозно наговестува дека некои работи кај нашиот сосед воопшто не се во ред, тргнувајќи од фактот дека до пред краток временски период ваквите измени на Законот не му беа никому во план. Притисокот кој надвисна врз државниот врв на Република Албанија поврзан со дополнување на Законот со Бугарското малцинство, а условено со влезот во ЕУ на државата, очигледно создаде атмосфера Законот како таков да помине во Парламентот. Првенствено признавањето на непостоечко малцинство во една држава, како што е Бугарското во Албанија, претставува целосно препишување на историјата со лаги и

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ВО ВРСКА СО УСВЈУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА МАЛЦИНСТВА ОД СТРАНА НА АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ невистини кои одат во прилог само на Бугарската кауза. Квази национализмот на Бугарите достигна степен од кој повеќе враќање нема. Грубото искривување на вистината ќе ги запише во историјата како народ кој сеуште се однесува агресорски, карактеристика која не е соодветна за земја членка на Европската Унија. Можеби, Албанската држава е помалку несвесна за сериозните последици кои можат да следат, како по останатите малцинства, така и по нивната држава. Драги соседи, послушајте ја оваа порака во името на сите Македонци низ целиот Свет. Да не ви дојде на памет да го негирате постоењето на Македонското малцинство во Албанија кое со векови остварува мирољубив соживот со останатото насе11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

ление и покрај тоа што му беше одземено елементарното право да се декларира како Македонец. Оваа беше голема борба за Македонското население во Албанија, па затоа, Македонската Алијанса нема да дозволи од одредени каприци некој тоа да го оспори и истиот процес да го врати на самиот почеток. Изразуваме голема поддршка на Македонците во Албанија! Нека ни се вечни Името и Татковината!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со небулозната идеа за ревидирање на учебниците по историја, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА НОВАТА ПРОВОКАЦИЈА НА НИКОС КОЅИАС

Г

нашето население? Дали некој во родната грутка се подзамислил што навистина се случува? Дали сме подготвени да прифатиме догвор кој сето ова злосторство врз нашиот народ ќе го оправда? Грците од нас прават кловн на Балканот. Успеаа да не натераат самите да се обезличиме и откажеме од сетоа она за кое толку долго се боревме. Жално е што околу толку важно државно прашање немаме единствена државна стретегија, додека грците, кој и да дојде на власт, нивниот став е ист! Македонија ниту некогаш промовирала, ниту застапувала некаков иредентизам. Тоа не е наше обележје, карактеристика или нарав за политичко однесување. Напротив, ние со децении сме жртви на иредентизмот на Атинските политички елити, кои со уцени, закани и блокади ја спречуваат Евроатланската интеграција на Македонија. Македонската Алијанса уште еднаш ја повикува

рчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, уште на 29ти септември ја најави скандалозната грчко-македонска комисија за ревидирање на македонските учебници по историја. Не поминаа ниту десетина дена, а повторно провокации, преку објавување на датумот на кој ќе почне со работа оваа комисија. Навистина е несватливо дека некој Македонец прифатил ваков страшен договор, преку кој свесно ќе ги лишиме од знаење нашите деца. Вака кревка нација која се согласува да се откаже од својата историја е губитник уште од самиот почеток. Дали со овој договор треба да ги убедиме нашите прабаби и прадедовци дека со Букурешкиот договор во 1913 година ни е одземена Егејска Македонија? Ќе мижиме дека во Кукуш, Сер, Воден, Солун и на други места има Македонци кои говорат Македонски јазик, како и за невидениот прогон на

12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

новата Влада во Татковината да не води сервилна политика кон соседите, бидејќи истата не води никаде. Македонската алијанса и претходно предупреди дека „конструктивноста“ на новата Влада која во своите први медиумски настапи смислено најави дека нема да ја провоцира Грција е крајно непотребна и понижувачка за нашата меѓународна позиција. Им порачувам на претставниците на новата Влада на Зоран Заев, двапати да размислат пред да направат било каков срамен чекор за Македонскиот народ бидејќи истиот е крото но, горд и патриотски освестен. Македонскиот јазик, идентитет и историја не се на продажба! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

TRAKIJA UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA




GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

KLEOPATRA UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA




СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


Г РА ЃА Н И Т Е В О Б А Н К И Т Е Граѓаните во банките во Македонија чуваат 222 милијарди денари, а компаниите 80 милијарди. Педесет и еден процент од депозитите се во денари. Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов постенцира дека штедењето има раст од шест проценти на годишна основа и оти тоа е солидно имајќи предвид амбиентот во кој е остварена

ЧУВААТ 222 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ, КОМПАНИИТЕ 80 МИЛИЈАРДИ

Д

епозитите во банките во Македонија се сигурни. Банките се ликвидни и стабилни, а граѓаните кои ги чуваат парите дома треба да ги внесат како штедни влогови затоа што така ќе оставарат одреден интерес за себе, а на банките ќе им овозможат дополнителни средства да ги пласираат онаму каде се потребни. Ова беше порачано на денешното одбележување на Светскиот ден на штедење - 31 Октомври во Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија. Граѓаните во банките во Македонија чуваат 222 милијарди денари, а компаниите 80 милијарди. Педесет и еден процент од депозитите се во денари. Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов постенцира дека штедењето има раст од шест проценти на годишна основа и оти тоа е солидно имајќи предвид амбиентот во кој е остварена. Смета дека македонското население има потенцијал за повисоки стапки на штедење и се надева дека стапките ќе се вратат на она што беа пред кризата. Според министерот за финансии Драган Тевдовски, штедењето е најевтиниот извор за финанси-

рање на домашната економија и ги охрабри банките да ги поддржат домашните компании во нивните инвестициски активности. - Капиталот од странство е поскап, понедостапен и многу често понестабилен. Добро е што со завршување на кризата има раст на депозитите од околу шест проценти и очекувам во наредниот период да се остварат повисоки стапки на депозитите,

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

изјави Тевдовски. Коста Митровски, претседателот на Здружението на банкарство истакна дека бнакарскиот систем остварува високо ниво на стабилност и оти штедењето зазема централно место во работењето на банките. Според него, традицијата на штедење во Македонија постои и таа банките треба да ја одржуваат со конректни производи.


ТЕВДОВСКИ: Владата планира да го намали буџетскиот дефицит за 2018 година под 2,9 отсто од БДП, колку што изнесува оваа година и една од опциите е да издаде меѓународна обврзница на глобалниот пазар, вели министерот за финасии Драган Тевдовски во интервју за Блумберг

БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ ЗА 2018 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ПОД 2,9 ОТСТО ОД БДП

О

длучни сме дефицитот следната година да биде незначително помал од оваа година, во согласност со нашата намера за постепена фискална консолидација. Што се однесува до 2018 година, издавање меѓународна обврзница е исто така опција, имајќи ги предвид поволните услови на меѓународниот пазар, посочува. Владата, нагласува, планира да ја промени својата политика кон спроведување поголема социјална правда и ќе го замени постојниот рамен данок од 10 отсто за персонален данок на доход и данок на доход на претпријатија со прогресивна стапка. Тој за Блумберг оценува дека стапката на инфлација следната година ќе биде 1,7 проценти, со што ќе се зголеми од еден отсто колку што е проектирано за 2017 година. Во Министерството за финасии веќе се подготвува Буџетот за наредната година. 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 Октомври 2017


Odbele`uvawe Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, по повод 76-годишнината од почетокот на Антифашистичкото востание и народноослободителната војна, на своите сограѓани од Прилеп, но и на сите граѓани во Македонија и Дијаспората, ја упатува следната честитка:

Н

а овој ден, пред 76 години, во срцето на Македонија, во Прилеп, Македонскиот народ покажа државотворен капацитет, силно и храбро порачувајќи му на светот дека ќе се избори за слободна, независна и демократска Македонија. За Македонскиот народ Анифашистичката војна беше и борба за национално ослободување. На 11 октомври 1941 година застанавме на страната на антифашистичката коалиција, со што нашиот народ го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава. Македонските граѓани знаеја да го изберат доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата и да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја. Благодарение на пожртвуваноста на храбрите борци

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ 11ТИ ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во Народноослободителната антифашистичка борба, на темелите на историските традиции на македонскиот народ низ вековите, на илинденците и АСНОМ-ците, ние ја живееме слободата. Живееме во слободна и независна Република Македонија, сон на многу генерации слободољупци, кои оставиле аманет да ја чуваме со крв спечалената слобода на Татковината. Нема никакво сомнение дека Денот на Народното востание е еден од нашите најважни Државни празници бидејќи претставува симбол на Македонскиот непокор, патриотизам, слободарски дух и борба за вистинските национални вредности. Горди сме на нашиот Прилеп кој секогаш бил предвесник на историските настани кои ја одбележуваат Македонската Државност. Да се угледаме, на нашите претци кои сложни и обединети постигнаа големи 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

подвизи. Има прашања за кои мора да бидеме обединети и сложни. Има работи кои се поважни и приоритетни. Наша обврска е да ги чуваме светите спомени на нашите браќа и сестри кои храбро ги положија животите за идеалите на Македонскиот народ и ги удрија темелите на модерната Македонска Држава. Наша обврска е и денес да ја одбраниме иднината на Татковината! Нека ни е честит Денот на Народното востание, Бог да ја чува Нашата Татковина! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


Н А Г РА Д Е Н Краткометражниот експериментален филм на Милчо Манчевски, „Крајот на времето“ е награден на меѓународниот фестивал во Јихлава, Чешка

"КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО"" НА ВРЕМЕТО МАНЧЕВСКИ

Ф

илмот е прикажан во програмата „Фасцинации: вселени“, која фестивалот ја опишува како „голема фабрика за експериментално правење филмови каде филмовите кои се базирани на стварноста се ослободуваат од се’ што им тежи и каде значајно се шират можностите на кинематографскиот израз“. Во образложението за наградата, жирито вели за филмот на Манчевски: „Во рамките на неколку минути филмот прикажува момент од секојдневната стварност кој трае само неколку секунди и со тоа отвара прозорец кон мнозина скриени детали кои го слават животот. Жирито го цени директниот пристап на режисерот и неговата способност да изгради тензија во навидум безвременската атмосфера на улица во Куба. Микроприказните откриени низ разнослојно успорено движење на сликите претставуваат мали чудесии кои и избегнуваат на нашата перцепција во стандарднто течение на времето“. „Крајот на времето“ е кубанскоамериканска ко-продукција по сценарио и режија на Милчо Манчевски, експеримент кој тој го сними во Куба додека предаваше на кубанската државна филмска академија минатата година. Иако во филмот не учествува македонската држава (преку Агенцијата за филм), во филмот учествуваат Мишо Ристов како автор на вузелните ефекти и Игор Василев Новоградска како автор на тонскиот дизајн и на музиката. Директор на фотографијата е Ален Лопез Мартинез, монтажерка Кристина Поженел, а колорист Мајкл Двас.

Филмот е веќе прикажан на дваесетина фестивали, и освои награда во Аспен, Колорадо. „Крајот на времето“ беше прикажан и на отварањето на овогодишното издание на Фестивалот Браќа 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

Манаки минатиот месец, како и на манифестациите „Култиватор“ во Кино Карпош и „Читај, бе, братучед, читај!“ на Bookstar. Откупен е за светска дистрибуција, а од идниот месец се прикажува во Јапонија.


ИЗЛОЖБА Околу 70 дела работени во разни техники на платно и панел од македонскиот уметник Петар Мазев беа поставени на отворањето на ретроспективната изложба по повод 90 години од неговото раѓање во објектот Даут пашин амам, во организација на Националната галерија на Македонија

М

аја Неделкоска Брзанова, еден од организаторите на изложбата, рече дека изложбата е составена од дела кои прават пресек на творештвото на Мазев, следејќи го неговиот развој и пат, од самите почетоци на 50 години од минатиот век се до неговата смрт 1993 година. - Тоа се пред се дела кои на ликовната јавност се малку или воопшто не се познати, дела кои малку или воопшто не биле изложувани. Тие условно следат временски дискурс следејќи го неговиот развоен пат како автор и ослободувањето на неговиот гениј - изјави Брзанова. Посочи дека делата застапени на изложбата се позајмени од Музејот на современата уметност во Скопје, Заводот и музеј Охрид, Културно информатив-

"ПЕТАР МАЗЕВ, 90 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕ"

ниот центар од Скопје, Центарот за култура Антон Панов од Стрмица и голем број на приватни колекционери. Изложбата има и моно24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

графско издание на 240 страници, со текстови на Соња Абаџиева, Викторија Васева Дамеска, Владимир Величковски, Конча Пиркоска и Мирјана Талеска.


Н А 2 5 . М Е Ѓ У Н А Р О Д Е Н Т Е АТА Р С К И ФЕСТИВАЛ НА КЛАСИЦИ

За Ристановски ова е 48 награда

Н

а 25. Меѓународен театарски фестивал на класици„Вршачка театарска есен“, Србија, актерот Никола Ристановски ја доби наградата најдобар актер за улогата Иванов во

РИСТАНОВСКИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА НАЈДОБАР АКТЕР

истоимената претстава, продуцирана од Народно позориште Белград. За Ристановски ова е 48 награда. Стручното жири, во состав: Слободан Савиќ/претседател на жирито и театарски 25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

критичар, Душан Белача/ писател и театарскиот режисер Александар Швабиќ, едногласно ја донесе одлуката наградата за најдобар актер да се додели на Никола Ристановски.


В О М О Л Д А В С К И О Т Г РА Д КИШИЊЕВ Младинскиот женски хор кој работи во состав на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“ Битола освои златен медал на меѓународниот натпревар, Фестивал на хорови што се одржа во Молдавија

ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА БИТОЛСКИТЕ ХОРИСТКИ

В

о молдавскиот град Кишињев битолските хористки настапија 5 пати на различни локации во градот, а во натпреварувачката програма исполни 5 песни од македонски автори, истакна раководителот на КУД „Стив Наумов“-Битола и диригент на хоровите Љубомир Трифуновски. - Во конкуренција од 29 хорови го освоивме првото место. Оваа награда е од голема важност бидејќи ја освојуваме на нашиот премиерен настап на меѓународниот фести-

вал на хорови кој во Кишињев се одржува по 7 пат. Конкуренција беше голема, но и нашето задоволство исто така бидејќи освен градот Битола, хористките 26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

како вистински македонски амбасадори ја претставија и нашата држава промовирајќи ја македонската музика во светот - истакна Трифуновски по враќањето од Молдавија.


ТРИНАЕСЕТ КОНЦЕРТИ С О Д Р Ж И П Р О Г РА М АТА Н А Никола Глигоров од ДКУС рече дека ова ќе се вброи меѓу изданијата со најбогата програма во изминатите години и со исклучително голем број странски изведувачи – од Словачка, Унгарија, Турција, Словенија, Србија, Шведска, Холандија и Русија

18. ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ

Т

ринаесет концерти содржи програмата на 18. Есенски музички свечености кои Дирекцијата за култура и уметност-Скопје ќе ги организира од 3-ти до 30 ноември. Никола Глигоров од ДКУС рече дека ова ќе се вброи меѓу изданијата со најбогата програма во изминатите години и со исклучително голем број странски изведувачи – од Словачка, Унгарија, Турција, Словенија, Србија, Шведска, Холандија и Русија. – Класичната музика пред се – останува основниот концепт на Есенските музички свечености, но фестивалот ќе понуди и џез и фоклорни концерти. Ќе настапат и квалитетни домашни имиња, ќе има солорецитали и концерти на професионални ансамбли и институции, рече Глигоров. Манифестацијата во петок ќе биде отворена со галаоперски концерт и операта „Кавалерија рустикана“ – реприза од нивната вече-

рашна премиерна изведба, со кои Операта ја почнува новата сезона и одбележува 70 години постоење. Ќе заврши на 30 ноември со концерт „Поема екстаза“ на Македонската филхармонија со која, рече Глигоров, по неколку години повторно соработуваат. Од гостинските го издвои концертот на познатата џезмузичарка од Турција Елиф Чаглар и нејзиниот квартет (16 ноември), Женскиот младински хор „Јубилате“ од Унгарија со концерт по повод 50 години од смртта на композиторот Золтан Кодај (10 ноември), вокалноинструменталниот настап на 27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 817 / Октомври 2017

Ансамблот „Танец“ (22 ноември) кој е редовно на програмата на оваа манифестација. Глигоров рече дека и годинава ќе го афирмираат македонското музичко творештво со јубилеен концерт – овојпат за 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на проф. Драгослав Ортаков (15 ноември). Сите концерти ќе почнуваат во 20 часот. Влезот е слободен за посетители, освен концертите за отворање и затворање (во МОБ и Филхармонија) и двата концерта во Дом на АРМ (за „Танец“ и за Елиф Чаглар џез квартет).



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.