Македонска Ризница 4

Page 4

О П С Е Р ВА Т О Р ИЈ А

КОКИНО Вовед Кокино претставува мегалитска опсерваторија која се наоѓа во општината Старо Нагоричане на 35км. од Куманово на асфалтниот пат што ги поврзува селото Драгоманце и левиот брег на реката Пчиња. Името го добила по селото Кокино кое се наоѓа во општината Старо Нагоричане. Се наоѓа на локалитетот Татиќев Камен кој што е откриен во 2001 година. Откривањето на овој локалитет ни дава можност да ја истражиме праисторијата. На Татиќев Камен се пронајдени археолошки наоди кои помагаат во пронаоѓање на објекти исечени во карпите. Тие можат да дадат придонес во расветлување на космогоничните претстави. Локалитетот има двојно значење планинско светилиште и мегалитска опсерваторија. Тука постоела добро

организирана заедница со духовен живот. Локалитетот во праисторијата претставувал мегалитска опсерваторија. Жителите на локалитетот умееле да го подобрат животот и имале организирани и систематски астрономски набљудувања. Локалитетот потекнува од рано бронзено време. Наодите на Татиќев Камен можат да ни го објаснат животот на луѓето во бронзено време. Локалитетот е сместен на неовулкански рид со надморска височина од 1013 м. На овој простор има две површини во правец западисток со висинска разлика од 15м. На долната платформа се оформени неколку камени седишта со должина 5,5 м. широчина 2,3 м.и висина 2,2 м. Правец на протегање на седиштето е север-југ така што луѓето кои седеле биле свртени кон источниот хоризонт.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.