Македонска Ризница 18

Page 52

ИЛУСТРАЦИИ - ИВАНЧО НИКОЛОВ Иванчо Николов е македонски стрип автор и илустратор, родум од Куманово, а со постојано место на живеење во Скопје. Тој по 20 годишна пауза повторно му се навраќа на цртањето, доказ за што е галеријата илустрации кои што редакцијата на е-списанието „Македонска ризница“ со задоволство ви ја претставува.

Име: Иванчо Презиме: Николов Дата на раѓање: 11.10.1967 Место на раѓање: Куманово Место на живеење: Скопје

„Мислев дека никогаш нема да престанам да цртам, но поради вечната борба за опстанок морав да работам други глупости, кои и ден денес ги работам. Сепак се трудам да најдам сè повеќе време за илустрирање и работа на стрип“, вели Иво.

Иако неговите илустрации пленат со животната енергија и динамичните, одлучни потези, што се однесува до цртањето тој за себе не мисли дека е многу талентиран. „Себеси не се сметам за стрип автор, па ниту за некој успешен илустратор“, скромно вели Николов „но давам сè од себе да ги доведам до крај стриповите кои ги имам започнато. Се надевам дека барем малку ќе успеам да ја збогатам нашата стрип сцена со неколку нови отпечатени стрип страни.“ Моментално тој работи на нови илустрации и на идејата за стрипот „4 fingers“. „За жал стрип сцената во Македонија живурка и се бори за опстанок. За среќа сè повеќе млади луѓе пробуваат да го вратат стрипот во Македонија таму каде што припаѓа, на пиедесталот на интересите на публиката“, оптимистички завршува Николов. Александар Стеванов


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.