повеќе земји, какви беа нивните впечатоци за вашиот проект? Анхел: Мислам дека беа многу добри, свиревме пред многу луѓе и одзивот на публиката беше фантастичен! Направивме неколку интервјуа за медиумите и многу луѓе ни ја изразија својата поддршка после концертите. Започнавте во Гибралтар, преку Барцелона, Ламон ( Италија ) до Македонија, се чини дека имавте една од наубавите промоции на сефардската музика и врската помеѓу Шпанија и Македонија?
Анхел: Свиревме на неколку фестивали и важни настани, но исто така и во клубови, културни центри или дури и во црква од XVI век. Пред турнејата го посетивме македонскиот амбасадор во Мадрид за да дискутираме за можностите за соработка и културни размени. Зборувавме неколку часа бидејќи тој е прекрасен човек. Мислам дека тој би сакал да организира повеќе активности за збогатување на врските меѓу Македонија и Шпанија, и можеби ова е еден чекор во таа насока. Какво беше чувството да настапите во истата битолска чаршија, каде еврејскиот еснаф работеше со векови?