Ш - Шеметни зборовни камшици

Page 1

ШЕМЕТНИ ЗБОРОВНИ КАМШИЦИ 2013 Број 4 ЈАНУАРИ


°содржина 03» 04»

П ре ( в ) од /З атвореникот З а пишувањето и инспирацијата /Ш ушкав сонет 05» О слободен збор / П еснопој / *_* Т ој 06» К ажи ми /К овач /О гледалце , огледалце 07» Р ека /Н из пустина 08» Н екатегоризирани копнежи / С обирања за душа 09» П аштета од шајки /Н епосакуван двојник / М еѓупростор 10» П раведниот генерал 11» Р азбудени /М еѓу професијата и љубовта 12» З а 48 часа ќе ... 14» Т уѓина /К уќи во магла 15» П оетска работилница Л азарополе – избор 16» Г ордоста на жените / Е сенски ден 17» З ошто пишувам ? 18» М анифестот на С уперспективистите 19» B ookworms гЛАВЕН УредниК Зорица Петкоска Уредници Јана Колева Афродита Бојаџиева Афродита Николова Васко Талевски Графичко уредување и дизајн Иван Дургутовски за издавачот Здружение “Студентска организација Излез“ контакт studentskapoezija1@gmail.com


ПИШУВАЧКИ МУДРУВАЊА 03

> Пре(в)од Дајте ми зборови виулици, громовници кои не живеат по речници, и скрбни и чемерни и медени краснословија, words that can woo worlds and transcend translations and be perfectly playful. Jede Sprache kann ihren Spielplatz sein. N'essaie pas de comprendre, seulement écoute. Construye cuentos que nadie jamás hubiera esperado. Anatano kotoba wa yasashii shi desu. あなたの詞わ優しい詩/死です.1

°зорица петкоска Заб. на прев. Во зависност од канџи-знакот: - Твоите зборови се нежна поезија/смрт.

1

> Затвореникот Драг читателу, Затвореникот беше овде толку долго, што ја заборави причината за своето доаѓање. Одвреме навреме го гледаше парчето униформа на стражарот кое се појавуваше пред вратата. Секогаш истото дводимензионално лево рамо во униформа, на некој човек без лице. Затвореникот некако стана имун на потребата од храна (што одамна престанаа да му ја носат). Го преизмисли светот. Го преизмисли времето. Од ѕвер еволуира во Бог, омнипотентен до границите на неговата ќелија.Можеше со еони да ја препрочитува еволуцијата загледан во еден свој дерматоглиф. Еднаш, Затвореникот забележа една чудна неправилност во аголот. Се приближи, како човек кој го одмерува секој чекор пред да биде погубен -и удри по ѕидот. Надворешноста како отров му ја допре раката. Сфати дека ѕидот воопшто и не бил тоа! За сето време се наоѓал во коцка од хартија. Излезе и зачекори по пределите кои се менуваа наизменично, а сивата флека на патот кон која беше упатен секогаш изгледаше еднакво оддалечена. Чекореше толку долго, што заборави од каде дошол. Еднаш, некако сфати дека е направен од -хартија.

°јана колева ЈАНУАРИ 2013


04 КОНКУРСОТ [на тема Ш]

за пишувањето и инспирацијата 1 Га га га леб(и) пишувааат писма глаголи се враќаат гукаат во клунот собираат букви га га га врани наместо крилја летаат на запирки.

2 Таа зборува на зборовите да пишуваат со своите очи читајќи по рабовите си игра со своите прсти возејќи по лицата околу луѓето во играта на две деца напишани во трчање.

шушкав сонет на шини од шеќер шарен шал. штоперици под стаклени штикли ноќта штепува крцкави утра

шшшшшшшшшш

3 Зборуваат зборовите за зборлести загради затворени застануваат зад зависни заречености.

пепелашка ми шепоти на кревет од чкорчиња. зашрафени сме во музичка кутија меѓу шепотачите скита шопен

миа ефремова

павлина атанасова

°

ЈАНУАРИ 2013

°


ИЗБОР: ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ

КОНКУРСОТ 05

„Моќна и сликовита автопоетичка песна за чинот на ослободување на Зборот“. – Владимир Мартиновски, селектор

> Ослободен збор Колку и да го стискам сепак однекаде пуфка, однекаде излегува како притаен врисок со шум на мала мачка којашто сака да украде заборавено млеко. Но тој не останува заборавен, излегува макар и испукан далеку, Во тишината. Кажува за некои потиснати маки, скршени чувства, како затвореник се прикрадува до ѕидот на усната шуплина и бара пукнатина низ која ќе излезе, ќе се ослободи од оваа душевна стега.

°снешка андонова

ната, а на пес аст“. пее песн е ачка стр с в ѝ ту а е д м е ш за а в „Убаво е к ва тор со една ки, селек особено ртиновс а М р и м – Влади

>

пој о н с е П

песнава Песно за еса грсје неб ноќе, ти а н натеж , прсни. ротни се потечи, п . Низ прсти . е празни в и н Низ ус о н с е п аши Не се пл ст, та кревко ја во од с те и о тв нам ќе ги бак и. в о б о л и зг искршен пикавец ко т о м сра Згази го рска. и биди д од отров анам јас Ќе те бр но. измодре со телово драми рочна од Песно д а лудост, фонии н и од сим во убост удавена ни, ина од ус на медов в зори т, залулана од восхи одзинато п е ц р с од дов, , сè ти да имаш сè олчиш. а ти ми м

°амеонна

„Сјајна лирска минијатура, која не бара коментари! “. – Владимир Мартиновски, селектор

*_* Тој што не знае да сака во стихови пишува многу долги реченици. миа ефремова

°

ЈАНУАРИ 2013


06 КОНКУРСОТ ИЗБОР: ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ

Впечатлива песна за творечкиот (но и љубовниот) чин, во која како читатели сме поставени пред загатката: кој говори како лирски субјект? – Владимир Мартиновски, селектор

Ковач Ме држи вешто меѓу чеканот и наковалната и ме обликува како усвитено железо на висока температура, вжарено, пламнато, тешко неговите јагленосани дланки се речиси нежни додека ме раѓа од нешто неживо ми вдахнува здив со мало делче од себеси ме ткае и ми пее нешто меѓу усни повеќе како да мрмори тој човек – грамада во валкана престилка и можам во очите негови темни самата себеси да се видам моќна, не толку обликувана само онаа што соблазнува моето вито тело свиено додека ме длаби со својот занает не знаејќи дека еден ден ќе бидам доволно остра да го пресечам.

°анастасија петревска

„Иако огледалото најчесто се поврзува со нарцисоидноста, во оваа песна, во која се мешаат сликите на сеќавањето и сегашноста, тоа станува реквизит за (авто)ироничната свест за минливоста“. – Владимир Мартиновски, селектор

Огледалце, огледалце Што му останало во сеќавање на бабиното огледало? Една: вита, убава, привлечна, зелена, пурпурна, розева, фарбана, нашминкана, стокмена, силна, одлучна, амбициозна, еротска, љубовна, страсна. Една: дебела, грда, незабележителна, кафеава, винова, црна, побелена, збрчкана, згужвана, немоќна, несигурна, мрзелива, климактерична, осамена, рамнодушна. Дали мисли на мене или на баба ми не знам.

°катерина диманова ЈАНУАРИ 2013

„Оваа песна, која изобилува со дилеми, сомнежи и прашалници, е убав показ дека поставувањето прашања е дел од љубовните игри“. – Владимир Мартиновски, селектор

> Кажи ми Што ако Речам прво оп пред да скокнам? Нема да скокнам? Или Ако спијам со отворени очи Нема да сонувам? И што ако те нема тебе во сонот? Не постоиш? Или ако те има Постоиш? Што ако молчам? Нема сум? Или не те разбирам? Дали ако молчам И налик сум безгрижна Значи дека не чувствувам? Или Дека сум, безгрижна? А што ако заврне? И излезам надвор Да голтам од дождот? Жедна сум? Или Се радувам? Ако се движам, а сепак Стојам во место? Или Стојам, а патувам Со илијадници чекори Таму Во бескрајот? Размисли и кажи Тука сум јас Чекам одговори.

°александра тодоровска


КОНКУРСОТ 07

> Река

„Еуфонична песна-река во која шумат вешто сплетени созвучја“. – Владимир Мартиновски, селектор

Реката во која во минатото пливаше мојата душа, беше длабока и ладна, далечна и сушна. Толку беше ладна што мене ми беше сурова, мрачна и гадна. Ја бркаше мојата душа со струјата ја носеше кон својот душман. И покрај раните длабоки и дупките празни, таа продолжи да лута во водите тажни. Сега за неа тие беа само лажни. И низ калишта и огнови ја влечеше, таа остана иако болки в срце и сечеше. Тоа што рани дава мислеше дека и мелем по некое чудо создава. Оган со оган ли се гаси? Касно е, таа нема да се спаси. Набрзо и самата таа стана студена е и ладна како камен и бесот ѝ беш в срце всаден. За неа тие души кои пливаа со неа ката река, во навидум најубавата и најдлабо беа само пустина во која кој нема што да се чека. Пустош во немаше ни една река. Душата која сепак беше различна а и се издвојуваше, е еднинственат е беш не во која не само што ништо и има празно, суво и лажно, туку друг свет во кој од кога ќе влезеш ништо друго не е важно.

Утеха, сила и радост ѝ донесе на мојата душа и со свежа вода ја полеа настанатата суша, направи брана и полека ја лечеше секоја длабока рана. Таа душа сеуште е тука, верно и внимателно слуша и е во мене длабоко проткаена во мојата срж.

°катерина костадинова

„Сугестивни поетски слики кои нè соочуваат со возбудливи парадокси“. – Владимир Мартиновски, селектор

Низ пустина < е скарав Со оние чии погледи запираат Пред хоризонтот, за кој Следното утро Дознав Дека е фата моргана. Знам, згрешив. Се каам што не се каам, патем. Не знам што е грешка и што не е, Но дозволен е изборот на секој избор Во недогледот од патеки По диниве. Иднината минала, Неопределиво некогаш Со тебе, без мене Со Јас, без Ти Со мирис на песок Вкус на ветер Допир на вода И звук на летот од зрното прашина Меѓу забите на ридјето Кои го сечкаат времето На парчиња исти со себеси.

°стефан марковски

ЈАНУАРИ 2013


08 КОНКУРСОТ ИЗБОР: ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ

„Прекрасна љубо

вна песна. Може да ве опфати необјаснив копнеж да ја препрочит(у в)ате“. – Владимир Март иновски, селектор

> Некатегоризирани копнежи

Водата копнее да за

земе вертикална по ложба и да го напушти Ун иверзумот. Осамената карпа копнее да се прео брази во тотем и големите планин и да танцуваат ок олу неа. Дождот копнее да го промени својот звук во песна од непозн ат поет-вавилонец. Месечината копнее да ја украде убавин ата на заспаната убав ица, облакот тежнее да се преобрази во неговото височеств о-ѕверот. Часовникот копнее да зборува на забранетиот јазик , јас и ти копнееме за љубов и во исто време пресметуваме на колку начини може да ги сретнеме споулавените погле ди.

°јован узунов „Моќна и потр

есна песна-пр

иказна. Може

да ве полазат јанѕи, читајќи ја.“ – Владимир М артиновски, се лектор

> Собирањата за

душа

собирањата за ду ша траеја долго затоа што прво тр ебаше да се наме стат врз гробот купени кифли и до машни погачи црни газирани со кови и црни кафи ња во чаши од плас тика конзерви со риби и кутии наполитан ки и уште многу други јадења потоа да се дадат ќесиња на присутн ите и истите да им се наполнат и да се чека попо т кој секогаш касн и повторно да се по лнат ќесиња – овој да се најдат пари чниците меѓу резе пат за него рвните торби хран а за да се плати мо после долгото чи литвата тање на предците кои речиси никој не ги познаваше требаше да се по мине покрај прис утните со пченица и лажички и да се игнорираа т нивните разгово ри за дневни политик и и рецепти за јад ења да се почека да по горат свеќите по заминувањето на сите да се собере хран ата и да се измие гробот за на крај да се се дне во тишина само семејството да тагува без пријателите без познаниците без попот и молитви те собирањата за ду ша траеја долго но кратки беа моме нтите на тишина кратко беше врем ето за тагување уште пократко семе јството ЈАНУАРИ 2013

°павлина атанас

ова


КОНКУРСОТ 09

„За двојници се пишувани стотици романи и раскази, но ретки се шокантинте песни, како оваа“. – Владимир Мартиновски, селектор

Непосакуван двојник

Човеку мој, па ти си ист како мене! Зар Бог ги потрошил сите калапи? Не стој таму! Приближи се, те молам. Ти си јас, а јас сум ти, но нема да се помешаме, ти ветувам! Човеку мој, симни ја капата за момент. Зар и ти имаш белег над малиот мозок? Не стој таму! Приближи се, те молам! Сакам да се ракуваме, сакам да се спријателиме! Човеку мој, твојата рака е студена. Тоа воопшто не личи на јас. Но зошто си блед? Зошто си слаб? Да не си болен? Па ти воопшто не си ни млад!

„Иронична, беспоштедна, бунтовна песна за човековата бруталност“. – Владимир Мартиновски, селектор

> Паштета

со шајки Зад живата ограда се, се кријат дебилните дечиња. Со гранки и камчиња фрлаат по кучињата. Со жива сода татковците ги хранат. Не помага ли тоа, им даваат паштета со шајки. Песишта! Нека ги сотрат, да не се котат наоколу. Ако ги забележат забрзуваат, ги прегазуваат, на коловозот ги оставаат смачкани. Остануваат зачудени, се прашуваат, зошто гумите им се продупени.

°зоран бејковски

Човеку мој, па таа облека е моја! А можеби си крадец, а не само двојник?! Но зошто е искината? Зошто е извалкана? Зошто е кај тебе? Па јас само за гроба ја чував!

°мартин богатиноски

„И мислам на утре пишувајќи за вчера – стих што ме освои“. – Владимир Мартиновски, селектор

Меѓупростор < Ми доаѓа со други букви да почнам, за да ја преминам границата. Се прашувам што има таму? Ми треба свеж воздух да пробам да се вратам со мислите. Премногу испив од твоите зборови. Многу нешта се случија додека Месечината направи само едно кружење. Многу нешта се случија додека школката беше отворена за познанства. И мислам на утре пишувајќи за вчера, несигурно одам некаде со кршливи мисли како есенски лисја под нечија чизма.

°ивана атанасова

ЈАНУАРИ 2013


10 КОНКУРСОТ ИЗБОР: ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ

ста. и стварно еѓу играта м з.“ та а ка њ с а а р стичен проникнув оловени ини фанта ор д м т е к с ко е л о ка е н с ч и нира „Одли иновски, т р а Функцио М р и – Владим

л а р е н ге т о и н д е в а р П

. Mојот по улоги в а в у д е ици беа распор от и ги гите војн н у а р д м р а а , о ворот н та улога ишта од е разго и чудов е главна ш н а ш р в а у е м в н е е з е ш натит , наслу ш ја за в моит т на заги ги зема ојна. Се а секога јо в к н о е е а р л д к б ј с б а н о о а к Се и висти зелена дниот п руваа з се случ на. Збо едам, е ојник со н р б в е а у н с д е а н ги к л . е и Ед ом опусто убената ував да важни. руг но п е обид ред изг ни и не ен со д а однап рани. С д т н е според с т а т а е а а т к в и вину на с от и војс да се об слушаа генерал е сакав шла. кови се Н и . т р а к н , ќата до ш а у а и несре а ме сл а обвинув д т а а а р к а га ци ни. , но не с запалиш а залуд другиот гна да ја биди бе е о б о е т п и , с а , апалк аа Залудно т. мојата з а влегув јот џеб. украде кибрито е во мо е полек в т е ја и и т и б С ш т у . и, у г т ј, к з è о л Е ве го с . Запа ив, го и новник реници е по ви игари, е ја запал ц ш го е з м н га и а , а … е т ш а р е т у Н н рдеа от ран но не п ани, се асна см н, трети најдов, ите стр ж а с у с го а п и н с а а п а д Ј а от. декнува другиот еа на ч к на огн лушен, увања о реше р иот јази Препук н от замe ј се ши е и в о н к а д в Е о р . в о раск плоса цинот т злобн è се пе вите во мага изгасна и зборо отпад, с , го а в а р д д а во орги , а и о к к р а а с га К , шаа . и е е ц икарит испом о маало пожарн е целот уга. Се лудни. ш л а е с з ч ко а е — , е с а Дојдоа б со ви о биди т, крал зборува , сите о стоеше потчине т уркаа, н е е — с д ка е е р ѓе д Залудно о у а еден спод ци и л с. Сам беше уб друг: го од војни ана хао т о ОЈ с с Т а еа . н Н т б е с . Редови и д аа е луѓето војниц пствено еплет ув ниците, тата со а. Сите е т а ч с н ој е и д к ч р а и , п е се испр н е о овит ша беш т на пр винува, те, збор вата ду нерало а ги об д го ге е а е н б ш е о гласови е р оа б е. Сам а не т глава. Т дам дек запалил крената едно ја а го убе а д з в , а и в н у в вино е обид сите се казна. С пали на смртна ви. Ги с а н и н ени гла р го осуде з и . а на виновен а мирис ена, не беше почна д лудно. , а и з к е ч и ш е изгор т е с , сè б ата беш вави че н р р к е о ало. р с Залудно а т о м духо беше в о цело лни воз а што смрдел в. т а е а з к ена гр и ш м т Се испо т у о јо з о к сво оџак в, ко с избе го изми освести запалил ата. А ја е е р с с в ите , т о а а клада и н л м н е е мом зошто т догор збудено едниот равени, п вика во пелнико с , е е а п б п Во нар а о о н р ена ите се ѕвони, т а остав што мал дот па цигарат ОШТО? лив. Зо с тила ча и е м с а а з н к ч ите. З е а с го гр и и и м а т о а иш ам с Тетк е чудов ат да игр ав моит бранува а з и ги собр м т иво и цел ж родител

°катерина

ЈАНУАРИ 2013

ва димано


КОНКУРСОТ 11 на песна во проза. зна“. На мигови наликува Лирски интонирана „прика и, селектор – Владимир Мартиновск

> Разбудени

ени толку долго, . Да паднат сите маски нос баше за да се разбудиме тре ку тол Да, . ата Таму и останаа, унд а. сек Милионити дел од ме нашите најнежни лиц ворешност, да ги покаже над во ри тво бави чувства, пре се нају да од цела внатрешност ти назад. Тотален колапс и никој не може да ги вра то Ниш . гаш на лажното еко гите зас сте ија, кај што се разбуд си бил. Ослободени од му каде што никогаш не она ш, от носеше ета лед пол да Пог на. аат оние што те тер создадени од надеж, лаж нешто вистинско, маски по ање ење кое бар Буд е, . рањ ење тва буд претставување, пре ирот бакнеж, бакнежот ледот стана допир, доп Пог ку. срца. мал ите пре ист се најч , тие и очи милион зборови, е лица, најзаљубените . Останаа најпрекраснит гаш даш еко гле зас го ма лед сне Ги пог ки. тој ги сруши сите мас првиот твој поглед. Во чија маска ќе падне при ето н лиц уре а Сиг бар . се нал да лед ден пог Животот е убав. Вре даш сè што до сега не си итиот дел од секундата гле рот ион збо мил на во ата но, вин тор уба пов и поглед леж сиот твој свет, да, и сè твое, сè ваше. Во тој г, само јот живот. Во тој поглед леж целата приказна, никој дру аш дека тоа е погледот на тво чит про ја само ти можеш од него да и от крие се жив е цел кад аш лед чек пог го „ние“. Поглед што кираниот, а сепак искрен најчистото срце преку мас во о да зеш бал вле тре т да све ј лов гос ово ти. Најубавиот бла вредно е, сите маски на да биде препознаено. Нај за ата ано унд чув сек , во ено а, опр унд нед сек најнежното срце, маските, сè во таа една во нас. Паднаа, паднаа со и ме. тов нав шти , поз нас пре лу се и око е и го чуваат. Штитов се знаевме. Се запознавм срца. Се препознавме, а нè тите ење чис буд на на ата ата унд унд сек на бакнежот, во навме совршени. Сек ледите, недопреноста, ста пог о е, ечн кит кон мас о , лив ите тов риж шти најг Испреплетени во тела. Љубовта чувана во секоја клетка од нашите на Мир . ста ање от дув мир , обо ина осл пом на , будењето однесе кон патот ј поглед. Погледот остана Раце кои припаѓаат на оно подарена во други раце. е. на твоето срц станаа новиот вечен дом вечност, а рацете, рацете

°елена ангелова

Прозна минијатур а за професијата за која велат дека – Владимир Март е „најстар занает“ иновски, селектор . Тематски актуелн о.

> Помеѓу професи ја

та и љубовта

Опколена од мног уте улици не може ше да пркне, се клопче. Се митареш свиваше како по е пред МКЦ, таму лжав, како маче, бл стануваше малечко иску до омиленото уличка послана со кино Фросина, пр коцки која беше ед ед Јамаха, на кеј, ин ств на малата тесна ен ата што ѝ даваше слоб на партнер, на за ода. Слобода на гов работувачка, на см ел ор ос , на т, за избор, на себе, до волство, одвратнос можеби и на љубо т, гадење, болести в. Љубов која што , са ин мо фе там кц ии у се , но кој знае наплаќаше, се куп не онаква каква шт уваше, само таму о сите посакуваме, се пазареше за љу тук у стр ас на која трае секунди восхитуваш и ужив бов. Но, и те обзема целиот аш сè додека трае , те носи на крилја, . Само таму беше целосно своја. и се

°снежана андонова

ЈАНУАРИ 2013


12 КОНКУРСОТ ИЗБОР: ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ

Прекрасно раскажан и осмислен расказ: со ефектен заплет, вешто водена нарација, дозирана суспензија и прекрасен, изненадувачки расплет. – Владимир Мартиновски, селектор

Беше 14:14 кога се отвори вратата на болницата и внатре влезе еден средовечен маж, целиот задишан, испотен и поцрвенет, најверојатно од брзање или трчање. -„Готово е, умирам !“ – викна мажот веднаш откако вратата се затвори зад него. Застанат на средината од холот постојано се вртеше де на едната, де на другата страна, не знаејќи накаде да фати и за целото тоа време офкајќи и лелекајќи. Конечно како да собра сила се упати кон шалтерот за прием целиот обземен од паника и со малку надеж во неговиот поглед. Беше точно 14:15 кога погледите на сите присутни во холот љубопитно го следеа неговото болно и истоштено дефиле кон шалтерот за прием. -„Јас ......“ – успеа да и рече на службеничката, а потоа замолча, најверојатно засекогаш. *** Господинот Кејн беше мирен човек, целосно посветен на својата работа како службеник во банката. Живееше сам во својот стан на петиот кат во една од зградите кои беа во близина на морскиот брег. Немаше никој во животот, па целото време на светот можеше да си го посвети само на себе. Не уживаше многу во забавите и во расфрлањето со пари, секогаш трошеше онолку колку му е потребно за скромен живот и да си ги подмири сметките. Платата му беше доволна и секогаш му остануваше некој денар за „црни денови“. Обожаваше да шета покрај брегот и да ги набљудува луѓето кои се забавуваа на плажата. Честопати играше игри на среќа, секогаш запишувајќи ја едната единствена комбинација за која мислеше дека ќе му донесе среќа во животот. И навистина му донесе. Беше крајот на септември, и како и обично сам пред телевизорот со уплатениот тикет за лото седеше и со мала заинтересираност и надеж го следеше најновото издание на лото. Ги заокружуваше броевите не обрнувајќи внимание дека веќе 5 од 5 извлечени се поклопуваа со неговата комбинација. Мислите му лутаа некаде, дури ни самиот тој не знаеше каде. Кога заврши извлекувањето на броевите објавија дека постојат двајца добитници на највисоката премија, и дека нивната добивка е скоро по половина милион долари. Не загледувајќи го својот тикет, подготвен да го згужва и фрли како и претходните пати, во главата му светнаа седумте заокружени иксови од тикетот и редоследот на извлечените броеви кои беа идентични со неговите среќни броеви. Сè уште несвесен за добивката, со умот некаде во сеќавањата за некои неважни работи, конечно се поврати од бесцелното талкање низ мислите и се фати себе си како го испушта тикетот во корпата за отпадоци. Рефлексите му проработеа во истиот момент и успеа да го дофати тикетот пред истиот да падне во корпата. Веднаш го одвитка и почна да го проучува тикетот со надеж дека погрешил во претпоставката дека конечно дошол до добивка. Го прегледа тикетот неколкупати и постојано резултатот беше ист. Имаше добивка, но нешто не му даваше да поверува во целата таа работа. Вечерта не можеше да заспие, постојано се вртеше во креветот и често стануваше за повторно и повторно да го прегледа тикетот. Успеа да заспие дури во 5 часот иако утрото го почнуваше во 7. Штом стана, набрзина се изми, појадуваше исто така набрзина, се облече и излезе со неверојатна брзина, патем грабнувајќи го тикетот од масата и заборавајќи да ја раскрене истата. Најверојатно ја беше заборавил отклучена и влезната врата, но во тоа ќе се увери подоцна, откако ќе се врати од работа. Поради брзањето стаса во трафиката уште пред да отворат. Нестрпливо тапкаше во место постојано гледајќи во часовникот и по должината на улицата во очекување на трафикантот од кој требаше да го купи весникот во кој се наоѓаа извлечените броеви за лото од претходната вечер. Поминаа петнаесет минути кога конечно се појави трафикантот. Купи еден весник и побрза кон банката. Кога стаса во својата канцеларија веднаш го отвори весникот и ја спореди комбинацијата на извлечени броеви со онаа на тикетот. Резултатот беше ист. Тој беше еден од добитниците на лото премијата. Наредната недела ја подигна наградата излагајќи дека не сака публицитет и дека сака да остане анонимен и во спокој да ужива во наградата. Па поради тоа во прилогот за добитниците на премијата во наредното коло на лото се спомна само името на другиот добитник. Најверојатно му беше страв дека подоцна некој ќе го нападне и ќе му ги земе парите или тешко ќе го повреди. Добивката ја стави на сметка во банка во друг град, со цел никој од градчето да не дознае за неговата среќа. Господинот Кејн продолжи со својот вообичаен живот, кој сега беше опсегнат со нова грижа - некој да не дознае за добивката и колку што може да ја прикрива својата среќа. Еден ден додека шеташе покрај брегот, почувствува потреба да одмори малку, па седна на една од клупите во близина на брегот. Се уште беше задлабочен во мислите, како и обично, па не забележа дека до него седна еден питач кој очигледно беше во лоша состојба. Питачот го фати за раката изговарајќи низ шепот: - „За 48 часа ќе .....“ - и се ступоли на земјата, оставајќи ја својата мисла недовршена.

ЈАНУАРИ 2013


КОНКУРСОТ 13

Господинот Кејн скокна од клупата и веднаш почна да бара помош силно викајќи. Амбулантното возило стаса по кратко време и начека еден куп луѓе околу онесвестениот питач. Еден од лекарите успеа да се пробие до питачот, се наведна да му го провери пулсот и рече со тага во гласот: - „Мртов е“. Луѓето разочарано се разотидоа, а лекарите го однесоа телото во амбулантното возило. Господинот Кејн се уште клечеше на местото каде што почина питачот. Успеа да се соземе по неколку минути, и веднаш отиде во својот стан. Целото попладне го помина во својот стан гледајќи телевизија и ослободувајќи го умот од броевите кои постојано го следеа во работата во банката. На вестите се појави веста за мртвиот питач во паркот кој поради срцев удар починал на лице место во 14 часот и 15 минути. Веста го врати Кејн во реалноста и веднаш во мислите му прошетаа последните зборови на питачот. Како слоган од реклама во умот му трепкаа зборовите „За 48 часа ќе ...“. Стана од креветот и почна да шета низ собата размислувајќи што ќе му се случи во наредните 48 часа. Списокот со можни случки беше огромен, меѓу нив се вбројуваше можноста за нова добивка на лото или некој да ја открие неговата тајна. Не наоѓајќи логично и задоволувачко решение реши да отспие па изутрината можеби ќе го добиеше одговорот на своите прашања. Веднаш заспа, но соновите му беа со една единствена тема „Што ќе се случи за 48 часа?“. Одеднаш скокна од креветот. Нешто длабоко во него како да му откри новата можност за тоа што го очекуваше. Новата идеа беше дека за сега помалку од 48 часа можеби ќе биде мртов. Го фати паника. Не можеше повеќе да спие имаше толку многу работи што сакаше да ги направи, но не можеше поради работата, а сега - сега се ближеше неговиот крај и никогаш не ќе ги искусеше. А да даде отказ? Тоа и го направи утредента поднесе отказ, наведувајќи дека е сериозно болен и дека не е во состојба да работи повеќе. Отиде во соседниот град во банката во која ги криеше парите од премијата. Извади нешто од парите кои ќе ги потрошеше за работите кои сакаше да ги направи додека уште имаше време. Отиде на нотар и направи тестамент во кој остатокот од парите го остави на едно од сиропиталиштата во градот кое беше во очајна состојба. Потоа отиде во една продавница за спортска опрема и купи параглајдер и пропратна опрема. Ручаше во еден елитен ресторант нарачувајќи го најскапото јадење и најквалитетното вино. По ручекот отиде во кино и во театар изнајмувајќи специјална ложа само за себе. По претставите вечераше во друг луксузен ресторант, и се врати истоштен во својот стан. Веднаш си легна потсетувајќи се себеси на веселите моменти од неговиот живот. Утредента повторно стана рано. Не појадуваше туку веднаш излезе понесувајќи го ранецот со параглајдерот и опремата. Се искачи на највисокиот рид во градот. Ја облече опремата и се пушти во слободен лет во воздухот. Уживаше во тие моменти на возбуда и адреналин. Дури и солзи му потекоа поради тоа што порано не се обиде да го доживее ваквото чувство. Откако заврши со оваа активност се врати во станот. Се збогуваше со омилените предмети присетувајќи се на моментите кога ги купи, потоа се облече во најновиот костим и излезе. Беше 13 часот. Имаше уште час и 15 минути, па реши тие да ги помине во уживање. Отиде до најблискиот маркет и 15 минути се мислеше кој пијалок да го земе со цел да се почасти себе си, но не се одлучи за ниту еден. Исто толку минути потроши мислејќи се од кои цигари да си купи и со нив за прв пат да се почасти и со такво искуство. Но ни за тоа не можеше да се одлучи. Откако ја напушти продавницата сакаше да се обиде да изнајми проститутка за да го доживее и таквото искуство, бидејќи тоа беше многу популарно помеѓу неговите колеги кои честопати се почастуваа себе си со таа привилегија. Отиде до вратата од борделот и застана како споменик пред истата. Имаше уште половина час до истекот на рокот. Токму во моментот да ја отвори вратата се предомисли и почна да трча кон брегот. Кога стаса таму не размислувајќи и не променувајќи ја брзината на чекорот се упати кон морето со цел предвреме да го стори неизбежното. Но штом влезе во водата, се предомисли и се врати назад, бидејќи водата беше премногу студена. Легна на брегот, тивко липајќи и во недоумица. Лежеше таму некое време, кога погледна во часовникот веќе беше 14 часот. Веднаш скокна и повторно почна да трча. Се врати во маркетот, дофати едно шише со пијалок, грабна кутија цигари и потоа ги истурка наредените муштерии кои чекаа за да наплатат велејќи дека се работи за живот или смрт. Наплати набрзина и повторно излета низ вратата со брзината со која влезе. Се упати кон плоштадот. Имаше уште десетина минути. Не знаеше каде да фати, се упати повторно кон борделот, но го одмина трчајќи кон темните улички на градот со цел да најде некој кој ќе му продаде малку дрога, но и тоа не го направи. Фрлајќи го шишето и цигарите точно во 14:14 влета во холот на болницата. - „Готово е, умирам !“ – викна силно колку што го држеше гласот. Сите погледи на присутните во холот се свртеа кон човекот кој беше поднаведнат во холот на болницата и кој задишано офкаше целиот во пот и црвенило. Во 14 часот и 15 минути се најде на шалтерот за прием. - „Јас ......“ – не успеа да ја доврши реченицата кога се најде себе си како зјапа во прекрасното лице на жената која стоеше на шалтерот . - „... се вљубив.“- низ шепот продолжи и падна на подот совладан од уморот од трчањето.

°александар димитриев

ЈАНУАРИ 2013


14 ПРЕМEЃУВАЊЕ

°снежана стојчевска

ТУЃИНА Во песна го предвидов крајот Уште пред да се случи

Замина на другата страна на Земјината топка Со себе ги понесе сите мои песни Ме остави да тагувам со очи без збор две неба, два континента . . . со ножните прсти ја допирам водата што се простира до недоглед ги полни очите, ги суши усните Останувам Жедна Желна Жена Само сол на усните сол во очите сол во душата . . .

КУЌИ ВО МАГЛА во маглата есенска старите селски куќи ми на од

личат оџаци танкери

во кои место нафта има тони спомени

ми личат на стрелки од ѕиден часовник вперени кон бледите слики на претците

на некои летала што со векови чекаат некој да ги испрати кон ѕвездите

°владимир мартиновски

ЈАНУАРИ 2013


ПРЕМЕЃУВАЊЕ 15

искра донева

ина. Ноќ во план ику ко Не грее ха з џемпер. џемпер вр

јков ар стано александ

славковска наталија

ичи, Ветерот кв се ст утка би сакал да јорган. под мојот

4. ка делиме Излезе де и можно е исти улици ме мартиновски без да знае владимир ле ш на се не е да см ми! И пак ш Гр слушнам го таму и тога успеав да е м знае можно е да твоето име. исти луѓе е случајно ова не беш еме ме да замин ѓоко здравески и ако сака ден со си е ид б нека Ветерот но на со е. И ид б ем то вр ш само Убаво рне. ручекот ко и ид ќерам игор ивановски ѓоко здравески

мче Белото ди ешкум носи ад кр ка Та живот. Испуштен

ам таму молч . ци зи и ја сите човечк

ажевска аница бл

Вода сум. от на ата на заб во пукнатин егувам. времето вл

на

ува з мене мин и сѐ што ни е. ен м останува во

од јадење Се убивме букви Скиселени пишува се а Поезијат стомак. на гладен

јован ламбески

е Месечина ет. ал во несв дн па т Громо да! Дајте му во

тони димитров

атам Кога ќе сф м жам да ода каде сѐ мо овде. зошто сум сфаќам и

ЈАНУАРИ 2013


16 ПРЕВЕДУВАЧКА КОВАЧНИЦА

> Македонски гледишта од 21-от век за англиската поезија од 20-от век Инспирирани од повикот за конференција на тема ,,Македонски гледишта од 21-от век за англиската поезија од 20-от век”, организирана од страна на Калина Малеска, д-р. асистент при катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет ,,Блаже Конески”, направено е истражување кое опфаќа споредба помеѓу поетите од Првата светска војна и модернистите. Гледиштето на д-р, асистент Калина Малеска за овој проект е следното: „Првичната идеја за студентска конференција на тема англиската поезија на 20-от век произлезе од мојот обид да ги поттикнам студентите кои го слушаат предметот Англиска книжевност 5 (кој ја покрива англиската поезија на 20-то век) активно да се вклучат со потемелни истражувања и со свои гледишта за поезијата од споменатиот период. Веќе има неколку интересни идеи, а драго ми е што и студенти кои веќе го положиле испитот покажаа интерес за учество во конференцијата. Истражувањето спроведено од Сандра Николоска, Мирјана Липковска, Елена Стоичовска и Васко Талевски беше направено за да се даде приказ за хоророт на војната и нејзиното влијание врз стилот на пишување и изразување на поетите од Првата светска војна и некои претставници на модернизмот. За илустрација изработен е превод на поемата ,,Glory of Women” напишана од Зигфрид Сасун:

>

ните е ж а н Гордоста те, обожава уство, нè тс о а н е и славн . Херои см мјобоишта зе во и н увате И осакате дали; вер мни. сте по ме јните сра во а Занесени ги правд то о тв ш , вате Дека вите се восхиту пти. оружје и уда ви ки зб во Ни ковате л е б ги и за глиб , унисувате од сказни поле ја кр о јн и. о б р а , ние м тв Жарта н ровштини во о ,,бега” л о ка п јс и вие тажн нската во та и р б ка сни де а Не сте све распарчув л. ки ужас ја с д а во крв са те ви додека о уп тр ку е р педо п како стам ега, ај огнот с бдееш кр то ш , о јк ска ма војува, О, герман ин ти кој рапи за с о ч ш кал. те е во дури пл длабоко у го газат м то е ц и нему л

Есенски д

ен

Господар у: време е Положи ги . Долго б твоите се еше лето то. нки врз со нчевите ча совници а врз пол ињата исп ушти го ве трот. Нареди и м на посл едните пл одови по лни да би дај им ба дат р уште два појужни д до соврш ена, енство на тежни ги и втисни последна ја та сладос т во тешко то вино. Кој сега н ема куќа, нема ни д а си изгра Кој е сега ди. сам, ќе ос тане така ќе бдее, ќе д о л го, чи та , ќе пишув напред и а писма д назад ќе олги лута низ а вениите н емирно кога лисје то ќе леб ди.

°Автор : Р

ајнер

Марија Р Книга на с илке ликите Превод: Е лена Пе т ровска

ЈАНУАРИ 2013

<


ЗАТКУЛИСЈЕ 17

Помешај го тестото на искуството со квасецот на испирацијата

>Зошто пишувам

и измеси го добро со љубов и изудирај го со сета сила потоа остави го да скисне и нарасне а сила со својата внатрешн потоа измеси го одново и обликувај го во круг и испечи го во фурната

на твоето срце. наоши куројама : зорица петкоска превод и препев

°ацо гогов

имам чувство Пишувам затоа што прекинал некој како на сон да сум , кој имал многу важен разговор мене. Пишувајќи за е чењ судбинско зна ва реплика во расказ, додавам но Продолжувам ог. јал ди тој прекинат Иван и Аљоша со разговорот. Како колени со звуците Карамазови кои, оп јард и отворањето од топките за били , среде неугледна на пивски шишиња аат за важните гостилница, разговар . Пишувам затоа прашања на светот то сум молчалив што во секојдневие ан во прозорците соговорник, заглед дожд, во ракавот покриени со капки не, во чашата на некое лице до ме бура. Кога потем вода во состојба на би ја превел таа молчаливост не на хартија, би ги преку знаците-букви, во мене. На едно поткопал суштините з особености” на место во “Човекот бе жувачот отприлика Роберт Музил, раска ето е нешто како вели дека пишувањ рковци, на оние лоша навика на дрдо олчат. Можеби кои не умеат да зам вам, доцна, и затоа ретко пишу

аш кога вистински предоцна, дури тог онувани светови проживеаните и отс ат и ќе го побараат во мене ќе се побун правото на хартија.

°стефан марковски

ќта на зборот, Заради верба во мо креното (себе) заради верба во ис ст бела хартија и изразување преку ли ќи ја, раѓа знаци. мастило кое, валкај она што го Заради вербата во о тежнеам да го шт а он посакувам и Тоа е верба која остварам во животот. ува на уникатен секој од нас ја искус , сигнализирајќи и неповторлив начин пишаното и ја разликата меѓу на меѓу нас. изразеното од секој и заради вам шу пи Од неодамна тувачкиот збор верба во моќта на па ки; тежнеењето да пренесува пора кација со што да оствариме комуни е, преку текст поголем круг на луѓ диум, е еден од или каков и да е ме о на писателската столбовите, не сам јноста која не дејност туку и на де стојат пориви прави луѓе.Дали по на тоа? Можеби. кои ме наведуваат

А и зошто би морало Впрочем, не знам. му од надежта да да знам? Можеби ток одговорот на ова го најдам патот до него извираат и прашањата кои од л силата заради порано сум ја црпе барем сум сигурен која пишувам. Сега о да се даде дека и не е потребн јективен одговор на дефинитивниот об кој пишува за да прашањето зошто не на искреноста кон го прави тоа во име себеси и другите.

°маријана јанческа

о имам што да Пишувам не затоа шт зборовите имаат о кажам, туку затоа шт Таму наоѓам што да ми кажат мене. може да скокам о чисти полиња каде шт полни со и од среќа, стари колиб кои знаат да ови свежина и верба, лик не затоа што вам шу тешат и утешат... Пи ам магија дад соз сметам дека може да гија без ма о шт оа со зборови, туку зат вам не шу Пи на. зборови не ми е довол сакам. о шт оа зат у затоа што морам, тук а така дек м сла ми о Пишувам не затоа шт о шт оа зат у тук , тот ќе го променам све еси. себ м ена ом пр се сметам дека така ќе ЈАНУАРИ 2013


18 ЗАТКУЛИСЈЕ

МАНИФЕСТ НА СУПЕРСПЕКТИВИСТИТЕ Лесна ѝ земја на авангардата. Да живее авангардата. Порано или бевте левица или десница, ништо помеѓу. Сега ниту сме комунисти, ниту католици. Уметноста не е условена ниту од поглед кон иднината (перспективата), ниту од осврт на биднината (ретроспективата). Птица без крилја може и да трча. И не остава смачканица на тротоарот кога ќе падне од небото. Гледаме безредие од решетки; на врвот на Ајфеловата кула сме. Отсекогаш сме биле. Ако си го прашаш тато од кај дошол громот, тој ќе ти ја покаже нашата уметност. Интернетот е за бубалици. Телефонот е за кукавици. Во случај да сакате да стапите во контакт со нас, погледнете нѐ право в очи и зборувајте искрено и болно. Дерида не бил во право. Има разлика, но не и диферанс 1 . Писмото секогаш стига до примателот. Нашите зборови секогаш ќе цветаат оган и ќе пепелат цветни ливчиња на океанското дно. Поезијата не ја одредува тоа како се пресекува стихот, туку како стихот ќе те пресече тебе. 95.5% од напатените уметници, само се залажуваат. Вие сте ѕвездовина. Вие сте најситните несакани настанати од ништо. Не го воспејуваме овој факт. Уметноста треба да остане вонземска. Да не биде од овој свет, туку да го гледа одозгора. Уметноста никогаш не треба да е формализиран споменар. Никогаш не треба да делува интересно оти уметникот делувал интересно. Треба да е интересна бидејќи ако постои нешто толку ништовно колку емоцијата, тоа е уметноста, а уметникот мора да знае и да одолее. Сета врвна уметност се раѓа од тоа одолевање.

автори: JW, KP, AB, CG, FR, PT oбјавено во: NOTES Oxford and Cambridge Third Issue: 15.10.12 избор од целиот манифест и превод: Зорица Петкоска, Марија Дуданоска, Никола Гелинчески, Александар Шумкоски, Валентин Јанкоски 1

ЈАНУАРИ 2013

Différance vs. différence


Керол Ен Дафи The World’s Wife

BOOKWORMS 19

е и не така проста. Нараторит Ниедна приказна не е е. лит мис си што најни како се така искрени или сез Дали е. луѓ и сво ра изи си фавор Историјата безобразно ? Ќе тот све на ата руг уабет со соп сте спремни за кафе-м на ње ува ест пом ско ото тектон ве шокира со земјотресн вашата перспектива. ата се непознатата во равенк Сопругата на светот и гијата, оло мит од и ки фигур сите жени на познати маш ите на жен за ние еме . Што зна книжевноста и историјата феј, Ор , иф Сиз , уст Фа , Херод, Шекспир, Фројд, Дарвин на а нат каз при на ана гата стр Мида? Сме ја чуле ли дру и Даф Ен ол Кер а? ила, Медуз негативките Кирка, Дал тор, сега ги става под рефлек ка сен во и сите тие жен зад а чув слу се што ни кажат им дава главен збор да е ните мажи, зад параванит нив на а ват сла кулисите на без тоа о сет И на. тската сце на приказните, зад све од. силина на војска во пох со и кот јази влакна на

°зорица петкоска

Курт Вонегат Кланица 5 Што ако може да постоиме надвор од времето? Што ако може да го видиме целиот живот пред нашите очи? Како би

Влада Урошевиќ Мојата роднина Емилија

влијаело тоа на начинот на кој што живееме, на начинот на кој што ја гледаме реалноста,

Едно од најблагородните континтентални овошки на умерената клима, по потекло од некоја од градините на улиците на поранешното

животот и смртта?

Скопје, од каде преку мастилото на Влада Урошевиќ дошла во книжулето „Избрани дела“ (во едиција на „Магор“) и се раширила по усните на многу читачи кои и го цицаат лепливиот сок

Сите овие прашање се одговорени во книгата на Курт Вонегат, кој што заедно со Били Пилгрим

и ги впиваат хранливите материи во својата крв. Приказни за мориња, географски карти, бродови, турски амами, еднорози, хотелот „Лисабон“, таинствениот мачор Фјодор, ладните зимски собири на целата фамилија пред печката на дрва, снегови и возови, ноемврската магла кога ни најискусните Скопјани не можат да го најдат патот дома,војната, еден куп реализам раскажан преку фантазијата на детето, или чудесии раскажани од трезвеноста на возрасниот, тешко е да се најде каде е границата. Заборавив да кажам како се вика!? „Изабела, чув како шепоти,... Изабела, но викај ме Емилија.“

°афродита бојаџиева

ќе ве однесе на едно незаборавно пат ување низ времето и просторот.

°Васко Талевски

30-2003) Џејмс Греам Балард (19 Кокаински Ноќи кои се (ужива?) тества, вештачки раеви во Дистописки модерни опш лизи на ефектите од ана и ошк и и грст психол исклучиво на антидепресив ко би звучело јадрото ниот развој. - Вака накрат технолошкиот и општестве на романите на Балард. де Мар, едно од с престојува во Естрелја Патописецот Чарлс Пренти каде што времето е, шит ата квартови за бог оние пластични и умртвени на антидепресиви и нствено помеѓу две дози за жителите се движи еди жат под новото горивоека работите не се придви телевизиски емисии. Дод итна комбинација за и кокаинот. Своевидна доб криминалот, несигурноста дее. начин на живот кој таму вла будење од вегетирачкиот рање на овие они кци фун т на матрицата на Чарлс гледа со одвратнос леткан во нивната крај и самиот да биде зап самодоволни места, за на фија... пеколна животна филозо

°јана колева

ЈАНУАРИ 2013



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.