Каталог на „Полица“ за Саем на книга 2019 г.

Page 1

1

КАТАЛОГ

каталог 2018 www.polica.mk


2 Драгана Петровиќ Косановиќ • Андреја Лесковац

Марк Бернар

Ако сте решиле да ја прочитате оваа книга, мислејќи дека ќе дознаете повеќе за производството на хемиски пенкала, за хемиското чистење облека или средствата за дезинфекција, за хемиските производи за нега... Хмм ... немате право, но, сепак – одлично! Искуството на хемичарите и другите научници покажува дека на оние кои читаат и мислат животот им е многу поинтересен! Без оглед на тоа дали ја купивте, ја позајмивте или ја добивте на подарок, дефинитивно има одредена хемија меѓу оваа книга и тебе!

Како деца... раскажува за сиромашното детство, во Ним. Глас што оди директно до срцето. Иронијата и искреноста, наивноста и злобата, љубовта кон животот, чесноста на јазикот и мислата го сочинуваат шармот на оваа книга, една од најубавите инспирирана од детството. Приказната евоцира спомени за местото на растење и за сите радости и страдања од детството; ги оживува едноставните луѓе, зборува за првите години од животот на херојот...

Литература за деца, научна литература | 192 стр. | 300 МКД

Роман | 284 стр. | 280 МКД

Урнебесна хемија

РО

О К С А Н

Марк Блејк

Соња Дулетиќ-Лаушевиќ • Душица Јаношевиќ

Кога свињите ќе полетаат

О СКОР

НА

Ботаника

Прва целосна биогра­фија на групата Пинк Флојд, ова издание за една од најголемите рок-групи на сите времиња било создадено откако авторот Марк Блејк разговарал со бендот и интервјуирал други поранешни членови на групата, продуценти, соученици, девојки, техничари, цимери, менаџери, пријатели, непријатели и многу други луѓе кои имале увид во животот на членовите на групата и нивната работа. Музичка биографија | 480 стр. |

НА

О СКОР

Како деца...

ДОЗНАЈ: •што е ботаника •кои биле прочуените ботаничари •кои се основните делови на растенијата •како растенијата ги добиваат своите имиња •што е убаво, а што е тешко во ботаниката •како се станува ботаничар Литература за деца |32 стр. | 200 МКД

Ема Донахју

Евтим Клетников

Џорџ и неговата најдобра другарка, Ени, се избрани во програмата за млади астронаути за патување до Марс. Ова е сè што некогаш го посакувале. Но, кога ќе стигнат во вселенскиот камп, Џорџ и Ени брзо дознаваат дека се случуваат чудни работи – на Земјата, како и на небото, а обуката за астронаути што ја поминуваат станува сè пострашна...

Виното и поезијата отсекогаш оделе рака подрака. И двете ги опиваат душата и духот. Читателот на оваа книга ќе се увери во тоа дека виното е свет пронајдок, кон кој и ние треба да се однесуваме со света почит. Читајќи ги песните како вински пехари, и тој може да му се препушти на светото пијанство за кое говори Руми, а кое човекот го почувствувал уште пред Создателот да го насади првото лозје.

Литература за деца | 380 стр. |

Поезија | 226 стр. | 400 МКД

Земно и небесно лозје

Џорџ и сината месечина

www.polica.mk


3 Едуар Луј

Кондолиза Рајс

Ова е краток роман во традицијата на Труман Капоте, но со жртвата како тема. Движејќи се безмилосно и хипнотички меѓу минатото и сегашноста, меѓу гласот на Луј и гласот на замислениот раскажувач, делото е прецизно како полициски извештај и љубопитно како мемоари. Го бележи не само расизмот и хомофобијата на француското општество, туку и нивни суптилни ефекти врз љубовниците, браќата и сестрите, сопрузите и сопругите.

Во текот на осум години, Кондолиза Рајс учествувала во највисоките политички совети и имала клучна улога во обликувањето на политиката што влијаела не само врз Америка, туку и врз светот. Во оваа книга таа пишува искрено за многу фасцинантни луѓе со кои соработувала и за значајни настани што ја тестирале нејзината решителност.

Историја на насилството

Највисока чест

Автобиографија | 896 стр. | 480 МКД

Роман | 189 стр. | 320 МКД Дејвид В. Галенсон

Уредено од Клејборн Карсон

Од кубизмот на Пикасо и редимејд на Дишан до ситопечатот на Ворхол и земјените дела на Смитсон, уметноста на дваесеттиот век направи целосен прекин со претходните уметнички традиции. Основната промена на пазарот за напредна уметност предизвика зголемена побарувачка за иновации, а младите концептуални иноватори – од Пикасо...

Професор по историја и истакнат автор и уредник на неколку книги за борбата за граѓански права, д-р Клејборн Карсон бил избран од Фондацијата на Мартин Лутер Кинг, Помладиот за да ги уреди и објави документите на д-р Кинг. Користејќи ја невидената архива на сопствените зборови...

Концептуални револуции во уметноста на XX век

Автобиографијата на Мартин Лутер Кинг помладиот

Автобиографија | 392 стр. | 320 МКД

Стручна литература | 460 стр. | 400 МКД

Мајкл Еткинсон • Кевин Јанг

Зора Узуноска

Светот на спортот нуди длабок – и често игнориран – извор за проучување на девијантноста и нејзиниот развој и влијание врз општеството. Девијантност и социјална контрола во спортот го предизвикува претходно утврденото во врска со односот на девијантноста и спортот и нуди концептуална рамка за идна работа во различни социолошки потполиња.

Извонредна компилација на содржина и илустрации � даваат енциклопедиски карактер на оваа книга и значајно го фацилитираат процесот на учењето на хуманата анатомија. Затоа, книгата можат да ја користат сите оние кои сакаат или требаат да се стекнат со основни сознанија за анатомската структура на човечкото тело, а понатака ...

Стручна литература | 326 стр. | 400 МКД

Стручна литература | 336 стр. | 1.900 МКД

Основи на хумана анатомија

Девијантност и социјална контрола во спортот

www.polica.mk


4 Херман Мелвил

Чарлс Харисон и Пол Вуд

Оваа приказна е навидум едноставна: Ахав, капетан на американскиот китоловен брод Пиквод, тргнува да му се одмазди на големиот бел кит, наречен Моби Дик, кој му ја одгризал ногата, но во тој мани­ чен лов на китот загинуваат и капетанот и целата негова посада, освен еден, Исмаил, сведокот што во прво лице ни ги раскажува собитијата...

Откако беше објавена во 1992 година, оваа книга стана една од водечките антологии на теоретски текстови за уметноста во светот. Ова издание ги вклучува плодовите од неодамнешните истражувања, кои вклучуваат значителен обем на новопреведени материјали од целиот период, заедно со дополнителни текстови од последните децении на дваесеттиот век.

Роман | 726 стр. | 480 МКД

Стручна литература | 1142 стр. | 800 МКД

Мариа Ксилури

Михаел Хагнер

Како завршува светот

Домашниот учител

Романот раскажува за шест протагонисти Орестис, Фани, Димитрис, Фотис, Акос и Ана, кои живеат во годините на кршливата младост во свет во кој нема напредок. Нивните приказни се случуваат од 2000 до 2008 година, но не секогаш праволиниски во времето. На крајот од ова наративно патување, во нурнувањето во длабочините на душата и во односите со другите, доаѓа прочистувањето, односно катарзата.

Михаел Хагнер ја раскажува приказната за Андреас Диполд, приватен учител во Германија на преминот од XIX во XX век, неговите ученици и нивните родители, но и изнесувањето пред суд на случајот за малтретирање и убиство извршени токму од страна на учителот. Авторот се повикува на тогашните извори и судските списи...

Роман | 326 стр. | 240 МКД

Документарна проза | 314 стр. | 280 МКД

Моби Дик или Китот

Уметноста во теоријата (1900–1990)

Јасен Боко

Ненад Георгиевски

Театар

Уште музика и муабети

ДОЗНАЈ:

Книгата се состои од интервјуа во кои е опфатен широк опсег на теми што се однесуваат на повеќе аспекти од занимавањето со музика, почнувајќи од инспирацијата, оригиналноста, искуствата, начинот на работење па сè до илустрации, дизајн, книги, а исто така, интервјуата ги испитуваат амбициите и достигнувањата на самите музичари...

• како настанала театарската уметност • кој сè учествува во работата на претставата • што е тоа добра актерска игра • какви сè проби постојат • што е тоа мизансцен Литература за деца | 44 стр. | 200 МКД

www.polica.mk

Интервјуа | 420 стр. | 400 МКД


5 Мирослав Мишковиќ

Елза Моранте

Книгата Јас, тајкунот е единствената исповед на човекот кого Милошевиќ го сметаше за соработник, Ѓинѓиќ за пријател, Тадиќ за противник, а Вучиќ за непријател. Таа дава целосен поглед на српскиотпретприемач, на историјатот на недоразбирањата меѓу државата и нејзините бизнисмени, на менталитетот на српскиот политичар и работник, на економското минато, сегашноста и иднината на Србија и регионот.

На мал остров во Тиренското Море живее едно момче што е невино и не знае за грев и е ослободено од големиот свет како морска птица. Мајката на Артуро е мртва; неговиот татко е далеку – никогаш не сме сосема сигурни каде. Жени облечени во црно се грижат за него, ја водат куќата, му даваат слобода да доаѓа и да си оди како што сака. Потоа таткото се враќа од копното со новата сопруга Нунцијата, која всушност е девојка одвај постара од самиот Артуро.

Биографија | 244 стр. | 400 МКД

Белетристика, роман | 426 стр. | 320 МКД

Оноре де Балзак

Марио Варгас Љоса

Романот Шагринска кожа е особено актуелен, читлив и провокативен. За тоа придонесува вештото проткајување меѓу реалното, mистичното и езотеричното, кои ги уриваат временските бариери и кои се перманентен предизвик за читателите. Во тоа е и „големата тајна за човечкиот живот“ за што зборува Балзак, тајна маестрално содржана во трите магични фрази посебно изделени во овој роман, а тоа се: „да сакаш“, „да можеш“ и „да знаеш“.

Празникот на Прчот се вбројува во најдобрите романи од опусот на перуанскиот писател Марио Варгас Љоса, а се смета и за неизбежно дело во поновата латиноамериканска книжевност. Во оваа мешавина од историски факти и фиктивна трилер-драма, претставена преку три наративни нишки, Љоса обработува теми како што се моќта, сексуалноста и меморијата.

Класична литература| 308 стр. | 280 МКД

Белетристика, роман | 496 стр. | 400 МКД

Ема Донахју

Едуар Луј

Ова е неверојатна приказна за 11 годишната Ана О`Донел која живее во ирското селце во близина на Атлон. Таа веќе 4 месеци живее без храна, и тврди дека се наситува со „Манна од небото“. Девојчеточудо за жителите од селото станува центар на внимание, поголемиот дел од нив ја сметаат за светица, но сакаат да бидат сигурни дека не се измамени...

Крајот на Еди завршува со крајот на оној што некогаш бил Еди. Еди мора да избере. За него, борбата да се сака себеси секогаш е контрадикторна и никогаш не е завршена. Со голема тешкотија се труди да биде со девојки, за да ги увери своите родители во неговата хетеросексуалност. Еди избира.

Островот на Артуро

Јас, тајкунот

Празникот на Прчот

Шагринска кожа

Крајот на Еди

Чудото

Белетристика, роман | 253 стр. | 280 МКД

www.polica.mk

Белетристика, роман | 186 стр. | 320 МКД


6 Марк Елиот

Зоран Пеневски

Има нешто во Иствуд, кое не ни дава дa го упростиме неговиот карактер, некое делче во неговата душа каде што ниеден психијатар не може да влезе... Клинт Иствуд е интересна филмска персона бидејќи неговата суштина е поинтересна од неговото постоење. Убавината на актерите е што тие се доволно суетни и глупави за да си дозволат да бидат мумифицирани само заради просветувањето на публиката.

Распустот е почнат и дванаесетгодишната Сара, наместо да си четува со другарите , сака викендот да го помине кај баба ѝ. Но, баба ѝ ја нема. Во потрага по неа, таа влегува во фантастичниот свет на заборавениот плоштад, а тука ја придружува и Бертолд – птицата на баба ѝ што мисли дека е мачка. Во оваа приказна Сара на моменти се соочува со реалноста, со делови од детството кои не сака да ги види...

Роман | 428 стр. | 400 МКД

Литература за деца | 154 стр. | 200 МКД

Симон де Бовоар

Марио Варгас Љоса

Мандарините (том I и II)

Пофалба на маќеата

Живописен, искрен и реален, најпознатиот роман на Симон де Бовоар, Мандарините, ни дава соголен поглед на париското интелектуално општество од крајот на Втората светска војна. Полуавтобиографскиот роман на Де Бовоар се осврнува на обидите на левичарските интелектуалци да го напуштат својот елитен „мандарински“ статус и да се вклучат во политичкиот активизам.

Со толкувањето на шесте репродукции на сликите, тој воедно ги оживува и преку нив ни раскажува приказни во кои шармантниот и личен Фончито ја вознемирува маќеата доња Лукресија, а дон Ригоберто се фрла во ноќните фантазии, со што нè наведува да се прашаме дали момчето, всушност, е самиот Ерос кој се вовлекува во прегратките на зрелата жена, или станува збор за мечтите на нејзиниот сопруг.

Белетристика, роман | 860 стр. | 480 МКД

Белетристика | 166 стр. | 280 МКД

Афонсо Круж

Франческо Пиколо

Романот Куклата на Кокошка е симбол, а и метафора на едно пријателство, приказна за тоа како нашиот однос со другите е суштествен за нашиот идентитет. Главниот протагонист во романот е Исак Дреснер, евреин кој почнал да куца на левата нога поради неговата опсесија со сеќавањето на погубувањето на најдобриот другар во Втората светска војна.

Со Желбата да се биде како сите други Пиколо напишал книга која е и роман за италијанската левица и приказна за личното и колективното созревање. Секој човек доживува барем една љубовна приказна која трае цел живот: онаа со своето време и својата земја, (турбулентен) брак меѓу приватниот и јавниот живот. Овој личен и политички, забавен, крајно сериозен и провокативен роман зборува за сè што придонесува да бидеме тоа што сме.

Роман | 246 стр. | 320 МКД

Белетристика, роман | 214 стр. | 200 МКД

Американски бунтовник

Сара и заборавениот плоштад

Желбата да се биде како сите други

Куклата на Кокошка

www.polica.mk


7 Виктор Иго

Рубен Гаљего

Богородичната црква во Париз е еден од најдобрите историски романи во светската литература. Во основа, тој е вперен против монархијата, католицизмот, варварското правосудство и против смртната казна. Преку судбината на незаборавните ликови на Есмералда и на Квазимодо, авторот укажува на убавината на човечката душа, потенцирајќи ја естетската теза дека суштината е позначајна од надворешната форма, што претставува голема новина во светската литература.

Бело на црно е извонредно сведоштво, приказна за триумфот на едно момче соочено со ненадминливи пречки. Рубен Гаљего, роден со церебрална парализа во Москва, бил скриен во советските државни институции од својот дедо по мајка, генералниот секретар на Шпанската комунистичка партија во 1960-тите години. Детството го поминал во сиропиталишта, болници и домови за стари лица, живеејќи живот на емоционална лишеност и изгубено човечко достоинство.

Роман | 660 стр. | 400 МКД

Роман | 154 стр. | 240 МКД

Жозеф Бедие

Херман Ленц

Читателот се наоѓа во еден необичен свет каде што секојдневието е исполнето со магии, бајковитости, таинства и уплав од непроѕирноста на природата, но и на нечитливата човечка природа. Сепак, ваквиот загадочен средновековен амбиент е нагласено смекнат, зашто во замоците, во селата и во колибите, во кралските одаи и во длабоките непреодни шуми, непрекинато се одвиваат човечки средби, судири и големи трагични љубови.

Средба се случува во Виртемберг во кралската Монархија, во времето по „системот Метерних“, во времето на револуцијата, на ново-апсолутизмот и на обидите за устав. Раскажувачот е домашен учител во еден виртембершки замок, внатрешно растргнат човек со непознато потекло, кој пак претчувствува дека опасниот господар на замокот е негов татко, а неговиот ученик Константин, легитимниот син на грофот, е негов полубрат.

Роман | 150 стр. | 200 МКД

Роман | 144 стр. | 200 МКД

Жан-Антоан Нау

Криста Волф

Непријателска сила е пионерски, надреалистички роман за еден поет што мистериозно се буди во гумена соба, заклучен во лудница, по барање на роднина поради алкохолизам или, можеби, поради љубомора. Станува необјасниво опседнат од „непријателска сила“, веројатно вонземјанин од пеколна планета што орбитира околу ѕвездата Алдебаран, чиј луд глас постојано му вреска во главата и тој мора да научи да живее делејќи го своето тело со него. Престижната награда „Гонкур“ првпат била доделена за овој роман.

Медеја е една од најозлогласените жени во канонот на грчката трагедија: презрена жена што ги жртвува своите деца пред својот љубоморен бес. Во истоиме­ ниот роман, Криста Волф го истражува овој мит, от­кривајќи жестоко независна жена вплеткана во брутална политичка битка. Не сакајќи да ја игнорира ужасната вистина за државата, таа станува закана за кралот и за неговите немилосрдни советници;

Роман | 282 стр. | 280 МКД

Белетристика, роман | 194 стр. | 280 МКД

Бело на црно

Богородичната црква во Париз

Средба

Роман за Тристан и Изолда

Медеја

Непријателска сила

www.polica.mk


8 Елијас Канети

Филип К. Дик

Игра со очи е третиот том од автобиографијата на Канети. Дејствата во неа се случуваат во Виена, помеѓу 1931 и 1937 година: период кога европската катастрофа, веќе јасно видлива за секој што сакал да ја согледа, се приближувала кон својот врв. Кон одличниот интелектуален и духовен автопортрет, Канети ги додава и прекрасните портрети на своите пријатели и ривали: Херман Брох, Роберт Музил, Фриц Вортруба, Албан Берг и Алма Малер.

Човекот во високиот замок е заслепувачки спекулативен роман според кој е направена истоимената популарна ТВ-серија во продукција на Ридли Скот. Реномираниот култен роман на Филип К. Дик ни дава застрашувачки поглед на алтернативниот свет, во кој еден од сојузниците ја изгубил Втората светска војна. Во оваа кошмарна дистопија, нацистите го заземаат Њујорк, Јапонците ја контролираат Калифорнија, а африканскиот континент практично не постои.

Роман | 352 стр. | 280 МКД

Роман | 286 стр. | 360 МКД

Ингеборг Бахман

Филип К. Дик

Триесеттата година

Сонуваат ли андроидите електрични овци?

Првпат објавена во 1961 година, збирката Триесеттата година е циклус од седум раскази што се занимаваат со темите на времето по војната во Германија и Австрија. Седумте раскази тематизираат насилство, уништување и навикнување на општествените очекувања, но речиси во сите раскази станува збор и за љубовта меѓу маж и жена, во која половите ја заземаат нивната позиција далеку еден од друг и го пропуштаат мигот за почеток на нови форми на врската.

Ремек-дело пред своето време, далековида интерпретација на темната иднина и инспирација за филмот Блејд Ранер. До 2021 година, Светската војна убила милиони, доведувајќи го целиот вид до изумирање и миграција на човештвото надвор од планетата. Оние што остануваат посакуваат какво било живо суштество, а за луѓето што не можат да си го дозволат тоа, компаниите создале неверојатно реалистични симулакруми: коњи, птици, мачки, овци. Тие направиле дури и луѓе.

Роман | 176 стр. | 280 МКД

Роман | 176 стр. | 280 МКД

Адриан Бертран

Џорџо Фонтана

Повикот на земјата го прикажува животот на баталјонот Алпски ловци на фронтот за време на Битката за границата, набрзо по избувнувањето на Првата светска војна. Врз основа на сопствените воени сеќавања и сеќавањата на неговиот брат, авторот со реализам и патриотизам ги опишува чувствата на оние зафатени од масакрот на војната, за време на која искусиле такви невидени ужаси што никој не можел да ги замисли само неколку недели претходно.

Летото 1981 г. во Милано, во периодот на т.н. оловни години во Италија, протагонистот Џакомо Колнaги води истрага за група млади терористи кои се одговорни за убиството на еден демохристијански политичар. Низ двете паралелни приказни за судбините на таткото и синот, Колнаги доаѓа до заклучок дека доколку циклусот на насилства не се прекине, тоа ќе води до натамошна смрт и страдање, што и всушност на крајот се потврдува на најтрагичен начин.

Роман | 202 стр. | 280 МКД

Белетристика, роман | 238 стр. | 240 МКД

Игра со очи

Човекот во високиот замок

Смртта на еден среќен човек

Повикот на земјата

www.polica.mk


9 Џејмс Џојс

Амин Маалуф

Контроверзен, скандалозен, интертекстуален, на моменти и нечитлив, но секако духовит и забавен, Улис е несомнено ремек-дело на модернизмот од XX век. Патувањето почнува и трае еден ден – 16 јуни 1904 година (датум на кој Џојс ја запознава својата сопруга Нора Барнакл) – во животот на тројца Даблинци: продавачот на огласи, Леополд Блум, поетот Стивен Дедалус и Моли Блум, сопругата на Леополд.

Во овој роман читателот ќе најде загадочност, чувства и пресврти. Меѓу другото, ќе се сретне со еден учен маскар, со шеик чие име е Франсис, со грузиска милосница, со патријарх кого го демне смртта, скриена во куршумот на пушката на англискиот конзул, и со една жена, Ламија, која ја носи својата убост како крст. Спилата на Таниос е, најпосле, роман на приклученија и на верност.

Роман | 884 стр. | 480 МКД

Роман | 278 стр. | 240 МКД

Волтер

Дидие ван Ковелер

Најзначајните литературни дела на еден од најголемите духови на европската и на светската цивилизација, несомнено се романите Кандид и Задиг, објавени, првиот во 1759, а вториот дванаесет години порано 1747 година, но своето значење и популарноста не ги загубиле ни по двесте и педесетина години од појавувањето. ...Двата романа (или, како што тој ги нарекува, „филозофски раскази“) често ги објавуваат заедно, зашто на некој начин се надополнуваат...

Едно дете од непознати родители, кои загинале во сообраќајна незгода, било спасено и посвоено од ромско семејство од Марсеј. Mу го дале името Азиз. Азис со новите родители расте со лажни марокански документи. На осумнаесет години тој краде автомобили и авто-радија. Го апсат за кражба, и француските власти одлучуваат тој да биде еден од првите примери на новата имиграциона политика – враќање на илегалните имигранти во нивните земји на потекло.

Роман | 270 стр. | 240 МКД

Роман | 132 стр. | 240 МКД

Јан Кефелек

Греам Свифт

Сè почнува во едно село на брегот од океанот, непосредно по последната војна со „варварското“ силување на 13 годишната Никол, која кутрата верува дека доживува голема љубов со американскиот војник. Од тој „варварски“ чин се раѓа Лудо, несаканото дете кое цел живот ќе го носи печатот на „срамот“ на семејството и ќе ја потсеќа мајка си на мачната ноќ.

Приказната во овој роман е за четворица воени ветерани кои живеат во ист дел од Лондон. За да го исполнат аманетот што им го оставил нивниот верен пријател Џек Додс одат на патување до Маргејт за да му ја расфрлат пепелта таму. Насловот Последните наредби, или во оригиналната верзија Last Orders може да се протолкува не само како исполнување на последните наредби како аманет од починатиот другар, туку и како нарачка на последната тура во пабот пред фајронт.

Роман | 290 стр. | 240 МКД

Белетристика, роман | 356 стр. | 280 МКД

Спилата на Таниос

Улис

Билет во еден правец

Кандид • Задиг

Последните наредби

Варварска свадба

www.polica.mk


10 Тахар Бен Желун

Томас Кенили

Мохамед Ахмед, мароканско девојче пораснато како момче за да се заобиколат исламските закони за наследство, во однос на женските деца, е по постојан судир сам(а) со себе во однос на својот идентитет. Во приказната што час се чини реална, час надреална, и се движи меѓу мистериозната сегашност и болното минато, ни се откриваат настаните од животот на Ахмед како возрасен човек.

Романот Шиндлеровата листа предизвикал опширна полемика поради покажувањето на еден друг поглед на антисемитизмот и историjата на Втората светска воjна. Шиндлеровата листа е прекрасна книга заснована врз вистинска приказна за тоа како еден германски воен профитер и директор на затворенички логор Оскар Шиндлер успеал да спаси повеќе Евреи од гасните комори одошто коj било поединец во текот на Втората светска воjна.

Роман | 184 стр. | 240 МКД

Белетристика, роман | 516 стр. | 280 МКД

Пол Скот

Жак Шесе

Останување

Исполин

Романот Останување ги опишува настаните што довеле до поделбата на Индија и стекнувањето независност во 1947 г. Полковник Таскер и Луси Смоли се британска двојка која останува да живее на ридовите во Панкот во Индија по војната. Кога конечно ѝ доаѓа преку глава од тоа да му угодува на сопругот, Луси полага право на независност за себе. Елоквентни и смешни, таа и Таскер даваат приказ на класните тензии во Британска Индија.

Пол Калме, таткото на Жан Калме, е опишан како вистински тиранин што го спречува секој обид на својот син да биде она што е. Тој е моќна и уништувачка личност од витално значење што ја задушува и мажественоста на сопствениот син, а оди дури и дотаму што му ја краде првата љубов. Романот почнува со смртта и со кремирањето на ова чудовиште, што кај протагонистот создава чувство на олеснување и слобода.

Роман | 304 стр. | 280 МКД

Роман | 192 стр. | 280 МКД

Тони Морисон

Синклер Луис

Романот Останување ги опишува настаните што довеле до поделбата на Индија и стекнувањето независност во 1947 г. Полковник Таскер и Луси Смоли се британска двојка која останува да живее на ридовите во Панкот во Индија по војната. Кога конечно ѝ доаѓа преку глава од тоа да му угодува на сопругот, Луси полага право на независност за себе. Елоквентни и смешни, таа и Таскер даваат приказ на класните тензии во Британска Индија.

Д-р Мартин Ароусмит работи како единствен лекар во малечката Вестилванија, Северна Дакота и таму се бори со разни проблеми и недостатоци, но животот му продолжува и тој напредува во својата кариера. Конечно д-р Ароусмит е препознаен од својот ментор и му е понудено да биде дел од тимот на престижниот научен институт во Њујорк. Романот кулминира кога тој го открива фагот што ја уништува бактеријата на бубонската чума.

Белетристика, роман | 322 стр. | 280 МКД

Белетристика, роман | 634 стр. | 320 МКД

Света ноќ

Шиндлеровата листа

Ароусмит

Љубена

www.polica.mk


11 Ан Берест Одри Диван Каролин де Мегре Софи Мас

Л. Мари Аделин

Во кратки, шеговити делови, овие парижанки ви го претставуваат нивниот оригинален поглед на стилот, културата, однесувањето и мажите. Авторките – Ан Берест, Одри Диван, Каролин де Мегре и Софи Мас – немажени, кои имаат врска, имаат деца, се пријателки со години. Овие талентирани боемски иконоборци, со кариери во светот на музиката, филмот, модата и издаваштвото, се невообичаено искрени и без влакна на јазикот ги разголуваат митовите за тоа што значи да си Французинка денес.

Без предрасуди, без граници, без срам... во „жешкиот“ Њу Орлеанс. Келнерката Кеси Робишо си го живее секојдневието сè додека мистериозна убавица не си го заборави дневникот во кафулето во кое работи таа. Дали ќе се осмели да ѕирне во него? Одеднаш, пред неа се отвора нов свет, свет во кој жените доаѓаат до „среќата“ само со исполнување на десетте чекори.

Белетристика | 266 стр. | 560 МКД

Белетристика | 268 стр. | 360 МКД

Џон Берџер

Л. Мари Аделин

Романот Џ. е пикарски роман, чие дејство е сместено во Европа, на крајот од XIX и почетокот на XX век. Со огромно разбирање, Берџер ги истражува срцата и душите и на мажите и на жените, што е она што се случува за време на сексот, за да ги открие причините за успехот на младиот љубовџија. Џ. е извонреден роман за потрагата по блискост во приватните моменти на историјата.

Нестрпливо очекуваното продолжение на еротската сензација Т.А.Ј.Н.А., во која женските сексуални фантазии стануваат реалност. Сè уште ранета од неодамнешниот прекин со својот шеф и љубовник Вил, Кеси Робишо се посветува на работата во Т.А.Ј.Н.А. ‒ мистериозната организација што засекогаш ја промени со тоа што ги оживеа нејзините најдлабоки сексуални фантазии, една по една.

Белетристика, роман | 360 стр. | 240 МКД

Белетристика | 322 стр. | 360 МКД

Френсис Скот Фицџералд

Л. Мари Аделин

Големиот Гетсби е меѓу најславните романи за падот на „американскиот сон“ и моралната декаденција на монденското општество. Овој роман ја прикажува „добата на разочарувањето“, или според Фитцџералд „ерата на џезот“.

Т.А.Ј.Н.А Откриена е експлозивно, сензуално и еротски заситено финале на бестселер трилогијата. Вил Форет е единственото нешто што Кеси некогаш го сакала ‒ љубовта на нејзиниот живот. Но, кога тој дознава дека таа е дел од затворената група Т.А.Ј.Н.А. ја прекинува нивната врска. Со скршено срце, таа се посветува да ѝ помогне на Соланж Фарадеј, новата девојка. Кеси ја обновува врската со жешкиот фраер Џеси, иако тој не може да ја љуби толку длабоко како што може Вил.

Белетристика, роман | 190 стр. | 200 МКД

Белетристика | 164 стр. | 360 МКД

Како да бидеш парижанка, каде и да си

Т.А.Ј.Н.А.

Т.А.Ј.Н.А. Споделена

Џ.

Т.А.Ј.Н.А. Откриена

Големиот Гетсби

www.polica.mk


12 Непознат

Лора Тејт и Џими Рајс Најдобрата работа што никогаш не ја доживеав

Сумеро-вавилонскиот еп Гилгамеш е најстарото литературно дело за кое знае книжевната наука во светот. Времето на неговото создавање на специјални глинени плочи научниците го датираат во ХIX или ХХ век пред н.е., што значи дека овој еп е создаден неколку векови порано од славните Хомерови епови, како и од сите други познати древни дела (Веди итн.). Епот е создаден и е напишан на јазикот на Сумерите, народ кој тогаш бил населен во долниот дел на Месопотамија, меѓу реките Тигар и Еуфрат...

Лора и Џими се спријателиле кога и двајцата студирале новинарство на Универзитетот во Шефилд, што значи дека последните десет години ги имаат поминато во седење по англиски пабови и во муабети за животот и за љубовта. Сега заедно пишуваат книги – ги земаат лаптопите и пишуваат сè што ќе им падне на памет, но освен тоа, речиси ништо друго не се сменило во нивното дружење. .

Еп | 92 стр. | 200 МКД

Белетристика, роман | 326 стр. | 360 МКД

Кај Херман Хорст Рик

Виктор Иго

Ние децата од железничката станица ЗОО

Клетници 1

Ова е опседнувачка, вистинска приказна за Кри­сти­ jане Ф. – бунтовнички настрое­на тинеj­џерка од 1970тите години во Берлин. Како и многумина млади луѓе во различни времиња и на различни воз­рас­ти, Кристиj­а­не сака да се вклопи и да се докаже себе си откако неjзино­то семеjство првпат се доселува во гра­дот. Таа очаjнички сака да ги носи вистинските алишта, да jа слуша ви­ст­ ин­ската музика и да се дружи со деца­та кои се кул.

Напишан во 1862 година, Клетници се смета за еден од најзначајните романи на XIX век. Ги следи животите и случките на неколку француски ликови за период од 17 години во почетокот на XIX век, започнувајќи од 1815 година па сè до 1832 година кога се случува Јунското востание. Романот се сосредоточува врз борбите на поранешниот осуденик Жан Валжан и неговото избавување.

Гилгамеш

Белетристика, роман | 964 стр. | 360 МКД

Белетристика | 444 стр. | 360 МКД Афонсо Круж

Виктор Иго

Вивалдо Бонфин е службеник со здодевна работа, па честопати во даночната канцеларија во која работи си чита новели и романи. Еден ден, додека се преправа дека напорно работи, се губи во читањето и исчезнува од овој свет. Ова е неговата вистинска приказна – раскажана од син му, Елијас Бонфин, кој тргнува во потрага по татка си, патувајќи низ класиците на литературата во кои е преполно со убијци, неизмерни страсти, диви ѕверови и други опасности создадени од букви.

Писателот ја испитува природата на законот и славата, пишува за историјата на Франција, архитектурата во Париз, политиката, моралната филозофија, антимонархизмот, правдата, религијата, и типовите и природата на романтичната и семејната љубов. Приказната е историска белетристика затоа што содржи реални и историски настани. Романот Клетници, освен како книжевно дело, на многумина им е познат и преку неговите бројни сценски и филмски адаптации.

Белетристика, роман | 88 стр. | 200 МКД

Белетристика, роман | 720 стр. | 360 МКД

Книгите кои го проголтаа татко ми

www.polica.mk

Клетници 2


13 Реј Бредбери

Хорас Волпол

Според познавачите на книжевниот опус на Реј Бредбери, романот Фаренхајт 451 (објавен во 1953 година) е неговото најзначајно дело но, сепак, повеќе од половина век токму Марсовските хроники континуирано предизвикуваат несмален интерес кај читателската публика и тоа во светски рамки. Уште по појавата на Марсовските хроники во 1950 година за Реј Бредбери било кажано дека пишува исто како што импресионистот Клод Моне умеел да слика.

Отрантскиот замок зборува за приказната на Манфред, принцот од Отранто, кој сака да го сочува својот замок за потомците пред налетот на една мистериозна клетва. Романот почнува со смртта на синот на Манфред, Конрад, кој загинува утрото на својата свадба со убавата принцеза Изабела. Соочен со изумирањето на својата семејна лоза, Манфред се заколнува дека ќе се разведе од својата жена и самиот ќе се ожени со Изабела.

Белетристика, роман | 198 стр. | 280 МКД

Роман | 120 стр. | 200 МКД

Жан Пол Сартр

Ентони Бордејн

Зборови е книга која со право се смета за ремекдело на Сартр. Според Симон де Бовоар, оваа книга наишла на восхитувачки прием кај публиката. Тоа е книга за која Сартр се трудел да биде убаво напишана, за разлика од другите негови дела, во кои главно настојувал што поверно да ги изнесе своите идеи.

Готвењето и патувањето се најголемата страст во животот на меѓународно познатиот автор на бестселери Ентони Бордејн – „гастрономот без влакна на јазикот“. Поттикнат од прашањето „Кое би било совршеното јадење?“ Ентони тргнува во потрага по кулинарскиот „свет грал“, и во текот на тој процес целосно го испревртува значењето на поимот „совршенство“.

Есеј | 156 стр. | 240 МКД

Белетристика | 336 стр. | 360 МКД

Исак Башевис Сингер

Франсоа-Рене де Шатобријан

Јаков е набожен Евреин, а Ванда е омилената ќерка на неговиот полски господар. Тие се вљубуваат, но во услови полоши и од оние на Шекспировите Ромео и Јулија во Верона. Бидејќи нивната љубов е невозможна, Јосиф е растргнат меѓу својата духовна набожност и својата опсесивна, физичката страст кон Ванда. Сингер толку интимно нè запознава со овие љубовници преку приказот на религијата, што го тера читателот нивните одлуки да ги доживува како свои.

Романот Атала раскажува за една религиозна и романтична страст која за рамка ги има егзотичните пејзажи на Америка, од Луизијана до Канада. Рене од истоимениот краток роман, како што велат неговите биографи, е самиот Шатобријан. Негов духовен автопортрет. Секој што ќе ја прочита неговата биографија, веднаш ќе открие некои карактеристики меѓу јунакот Рене, кој во стари години, на брегот од Мешасебе, во џунглата, им ја раскажува својата драматична и мошне трогателна животна приказна...

Роман | 260 стр. | 240 МКД

Роман | 186 стр. | 200 МКД

Отрантскиот замок

Марсовските хроники

Турнејата на готвачот

Зборови

Атала • Рене

Роб

www.polica.mk


14 Вероника Рот

Вероника Рот

Дивергенти од Вероника Рот е првата книга од трилогијата дистописки трилери полни со наелектризирани одлуки, трогателни предавства, зачудувачки последици и неочекувана љубов.

ЕДЕН ИЗБОР

Дивергенти

Четворка

Еден избор Го ослободува од минатото Еден избор Ја содржи неговата иднина Еден избор Ги открива опасностите Еден избор Го менува засекогаш Еден избор Ќе го ослободи

Белетристика, роман | 372 стр. | 360 МКД

Белетристика, роман | 220 стр. | 360 МКД

Вероника Рот

Дебора Кертис

Предани

Допир од далечина

Што ако целиот твој свет е лага? Што ако едно единствено откритие – или еден единствен избор – промени сè? Што ако љубовта и лојалноста те натераат да направиш работи што никогаш не си ги очекувал?

Ова е единствениот длабок и интимен биографски портрет на пејачот на „Joy Division“, напишан од неговата вдовица. Иан Кертис бил почитуван од неговите современици и зад себе оставил оставина што е богата со уметничка генијалност. Боно од „U2“ неговиот глас го опишал како „свет“ и идеализиран од неговите фанови.

Белетристика, роман | 456 стр. | 360 МКД

Музичка биографија | 348стр. | 360 МКД

Вероника Рот

Ненад Георгиевски

Еден избор може да те трансформира – или може да те уништи. Но секој избор има последици, а додека во сите фракции расте немирот, Трис Прајор мора да продолжи да ги спасува оние што ги сака – а и себеси – додека се обидува да ги сфати тагата и прошката, идентитетот и лојалноста, политиката и љубовта.

Еден од оние ретки поборници за добриот вкус овде кај нас е токму Ненад Георгиевски, кој во меѓувреме се избори за своето место под сонцето во областа на музичката критика и есеистика. По последните неколку години или, веќе, децении, тој се занимава со сериозна и прецизна анализа на сè што е интересно од светот на музиката. Во оваа книга, тој внимателно ги селектирал разговорите што ги водел со многу значајни имиња од денешната музика.

Белетристика, роман | 220 стр. | 360 МКД

Интервјуа | 350 стр. | 400 МКД

Музика и муабети

Бунтовници

www.polica.mk


15 Радивоје Андриќ

Зоран Тодоровски - Тоде

ДОЗНАЈ: ● како изгледал првиот игран филм, а како сега се снимаат филмовите ● што е тоа кадар ● кој сé учествува во снимањето на филмот ● што прават: режисерот, сценаристот, актерите, директорот на фотографија, сценографот, кинематографот...

Еднаш во дамнина, на најсеверното место на земјата, постоеше едно преубаво кралство. Беше рај на земјата. Во него трипати се жнееше жетва, се раѓаше најубавото грозје, а во визбите се правеше највкусното вино. Полињата изобилуваа со плодови, кајсии, дуњи, лубеници, сѐ што може да се посака: низ ридовите течеа бистри и брзи полни со риби, ракчиња, а во шумите елени, срни, лисици, животни го красеа овој прекрасен рај.

Литература за деца | 48 стр. | 200 МКД

Литература за деца | 20 стр. | 120 МКД

Кралот Арктик и Северот

Како да снимиш филм

Весна Бикиќ

Браќата Грим

ДОЗНАЈ: ● што е археологија ● кои биле големите археолози ● кои се најзначајните археолошки откритија ● какво школо ти е потребно за да станеш археолог ● што спаѓа во археолошки алати ● што е убаво, а што е тешко во археологијата

Ако во минатите времиња многумина својот прв допир со пишан текст го направиле читајќи ја Библијата, за неброени генерации деца во светот овие бајки претставувале прво запознавање со книжевен текст. Во вкупното дело на браќата Грим засебно место и најголема популарност имаат бајките. Нивниот интерес за бајките бил мотивиран од сфаќањето на романтичарското начело дека во бајките, како облик на народната епика, е сочуван таканаречениот дух на народот, својствен за автентичното колективно творештво.

Литература за деца | 30 стр. | 200 МКД

Литература за деца | 482 стр. | 360 МКД

Никола Божиќ

Светислав Пауновиќ

Кога ќе слушнеш вест за тоа дека ќе се случи помрачување на Сонцето или на Месечината, кога ќе дознаеш дека во текот на ноќта ќе може да се види метеорски дожд или некоја комета – сигурно ќе посакаш да го видиш сето тоа. Овие, како и многу други појави во вселената се проучуваат од науката астрономија.

Ако сте од оние што по грешка ја отвориле оваа книга (ја добивте на подарок; ви било здодевно; немате ниту една друга книга; мислевте дека во неа станува збор за љубовниот живот на германските жаби; ја грабнавте трчајќи во тоалетот),сериозно придржувајте се кон ова предупредување:

Литература за деца | 32 стр. |200 МКД

Литература за деца, научна литература | 192 стр. | 240 МКД

Бајки

Археологија

Урнебесна физика

Астрономија

www.polica.mk

БЕГАЈТЕ!!!


16 Луси и Стивен Хокинг

Луси и Стивен Хокинг

Запознајте го Џорџ, едно обично момче. Но сето тоа ќе се смени со доаѓањето на неговите нови соседи.

На Ени, најдобрата другарка на Џорџ,ѝ е потребна помош – и тоа веднаш. Татко ѝ работи на вселенски проект – и нешто не е во ред со целата работа. Еден робот слетал на Марс, но се однесува многу чудно. А Ени открива нешто чудно на суперкомпјутерот на татко ѝ. Дали тоа е порака од вонземјанин? Можно ли е да има живот таму надвор? И ако можеш да зборуваш со вонземјани, што би им рекол?

Џорџ и тајниот клуч на Универзумот

Тие го поседуваат КОСМОС - таен, суперпаметен компјутер кој зборува и кој може да го однесе Џорџ на вртоглаво патување низ вселената. Но, КОСМОС е во опасност и ако дојде во погрешни раце на Џорџ, а и на целиот свет, му се заканува голема опасност.

Џорџ и непробојниот код

Литература за деца | 340 стр. | 480 МКД

Литература за деца | 350 стр. | 480 МКД

Луси и Стивен Хокинг

Астрид Линдгрен

Џорџ и космичкиот лов на богатство

Децата од Бучно Село

Дали некогаш сте сакале да патувате во вселената? Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури! На најдобрата другарка на Џорџ, Ени, ѝ е потребна помош – и тоа веднаш. Таа откри нешто многу чудно во суперкомпјутерот Космос... Дали тоа е порака од вонземјанин? Постои ли живот таму горе? Џорџ и Ени мора да заминат на меѓугалактички лов на богатство за да откријат!

Добре дојдовте во Бучно Село! Всушност, тоа баш и не е село. Лиса, која ги раскажува приказните, живее на Средната Фарма со родителите и со двајцата браќа, Карл и Бил. Брита и Ана живеат на Северната Фарма, а Олe и Керстин живеат на Јужната Фарма. Бидејќи куќите се многу блиску една до друга и бидејќи децата прават толку многу врева, фармите го добиле ова искрено и весело име. Ова е само една од авантурите поради која и младите и постарите читатели ќе посакаат да бидат дел од страниците на оваа книга.

Литература за деца | 350 стр. | 480 МКД

Роман, литература за деца | 278 стр. | 240 МКД

Луси и Стивен Хокинг

Софи Шерер

Дали некогаш сте сакале да патувате во вселената? Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури! Придружете му се во битката против лошиот бунтовен научник, кој по секоја цена сака да го саботира највозбудливиот – и опасниот експеримент на векот. Смртоносната бомба чука. Целиот свет гледа.

Возбудлива, искрена и многу смешна книга (која може да се чита и гласно) за деца од 8 до 80 години. По читањето на оваа книга, возрасните може да гледаат на светот со нови очи, а децата ќе ги сакаат авантурите на Малечката Нини, со својата непогрешлива смисла за комичното, за она што е вистина и што е лага. Нејзиниот мал свет е полн со авантури!

Литература за деца | 388 стр. | 480 МКД

Литература за деца | 206 стр. | 200 МКД

Малечката Нини

Џорџ и големиот прскот

www.polica.mk


17 Хван Сок-Јон

Мартин Валзер

Принцезата Бари е современа приказна за младата севернокорејска бегалка, присилена да ја напушти својата земја, следејќи ја својата баба-шаман на југ, додека другите роднини го осудуваат таквиот чин. Оттаму, патувањето се претвора во ноќен кошмар што ја води до мултикултурната средина на нижите општествени слоеви во Лондон.

Во Фикција (1970), Валзер, во суштина, го брани уметничкото сфаќање дека писателот располага со неограничена, но и лажна креативна слобода што се пројавува само во делата за сметка на општествениот ангажман; постепено зборовите почнуваат да се спротивставуваат на бесцелно насилство врз нив, престануваат да бидат послушни, се распаѓаат и го губат оригиналното значење.

Роман, литература за деца | 220 стр. | 360 МКД

Роман | 67 стр. | 200 МКД

Вилијам Шекспир

Франц Кафка

Ова издание, во превод на професорот Драги Михајловски, ги вклучува сите недрамски дела на Вилијам Шекспир. ● СИЛУВАЊЕТО НА ЛУКРЕЦИЈА ● ВЕНЕРА И АДОН ● ЗАЉУБЕНИОТ ОДОЧЕСНИК ● ФЕНИКСОТ И ГРЛИЦАТА ● ЕПИТАФ

Вината кон семејството, особено кон татка си, за неисполнетите очекувања, вината кон општествената средина поради изразитата потреба за дистанцирање и самоизолација, вината кон пријателите и кон жените поради недоволната подготвеност за безрезервно прифаќање, како и поради неможноста за остварување на интимно духовно заедништво, вината кон себе поради самонаметнатите стеги во полза на творечкото создавање, се само дел од личниот регистер...

Поезија | 100 стр. | 240 МКД

Раскази | 324 стр. | 280 МКД

Санде Стојчевски

Хенри Кисинџер

Стојчевски постојано укажува на претпазливоста, на опрезот, на опасноста. И на стравот. Во неразделно единство живеат страста и опасноста, убавината и смртта, мигот и вечноста, светлината и мракот. Една реалност што добива метафички набој со кој авторот, при сиот занес и заборав, смета, мисли, внимава и ја пренесува на нас, вели во рецензијата на книгата академик Матеја Матевски.

Хенри Кисинџер ја напишал Обновен свет со цел да се објасни и разбере еден од најдраматичните периоди во историјата, периодот кога Европа од политички хаос се здобила со балансиран мир што траел речиси сто години. По падот на Наполеон, европските дипломати се собрале во Виена со цел да ја повратат стабилноста по Француската револуција, Наполеонските војни и распадот на Светото Римско Царство.

Прирачници | 272 стр. | 480 МКД

Политика | 488 стр. | 400 МКД

Фикција

Принцезата Бари

Преобразба

Недрамски дела

Обновен свет

Габите во Македонија

www.polica.mk


18 Хенри Кисинџер

Хенри Кисинџер

Во оваа севременска, важна, а истовремено и далекосежна книга, Хенри Кисинџер, најпознатиот дипломат на Америка, објаснува зошто на Америка итно ѝ треба нова и сеопфатна надворешна политика и какви цели треба САД да има во надворешната политика во новиот милениум. Во книгата јасно е прикажана проценката за тоа како надмоќта на САД како светски доминантна држава во XX век може ефективно да се усогласи со итната потреба од нов храбар светски поредок во XXI век.

Нашата доба е настојчива, повремена, дури и очајна, во обидот да го спроведе концептот на светски поредок. Хаосот почнува да се заканува како никогаш претходно со ширење на оружјето за масовно уништување, со распаѓање на државите, уништување на животната средина, вршењето геноцидни дела, а новите технологии се закануваат да го исфрлат конфликтот надвор од човечка контрола и разбирање.

Политика | 378 стр. | 400 МКД

Политика | 486 стр. | 400 МКД

Хенри Кисинџер

Сол Белоу

Во Белата куќа (том 1, 2, 3)

Подарокот од Хамболт

Познатиот американски дипломат и политичар Хенри Кисинџер ја имал историската улога да ја предводи американската надворешна политика во времето на претседателите Никсон и Форд. Третирајќи ја Студената војна, време кога две спротивставени идеологии биле различно загледани во иднината на човечката цивилизација, делото Во Белата куќа претставува исповед на еден врвен интелектуалец за судбинските одлуки...

Подарокот од Хамболт е роман кој живописно ја истражува променливата врска на уметноста и моќта во материјалистичка Америка. Темата е претставена преку спротивните успеси во кариерата на двајца писатели, Фон Хамболт Флајшер и неговиот протеже Чарли Ситрин. Флајшер копнее да го издигне американското општество преку уметноста, но умира во неуспех, а додека пак Ситрин заработува многу пари како писател, особено од претставата на Бродвеј по која се снимил и филм...

Политика | 320 МКД

Роман | 639 стр. | 320 МКД

Хенри Кисинџер

Ги Мазлин

Главната премиса на оваа книга од 1969 година е дека САД мора да планира ограничена војна и да не претпоставува дека сите војни ќе бидат катаклизмични, како Втората светска војна. Нуклеарното оружје и надворешната политика најдобро се чита како увид во менталитетот на Студената војна. Кисинџер се фокусирал на начините на кои надворешната политика на САД мора да се смени за да се усогласи со реалностите на нуклеарната ера.

Волците е семејна хроника што ја открива дезинтеграцијата на едно богато семејство од средната класа и залудните напори на помладата генерација да се отцепат од стегите на провинциското општество. Ова е книга што буди голем интерес со својата претстава на животот во едно пристаниште на Ла Манш со драмата на ликовите – старата мајка и нејзината борба повторно да ја добие контролата врз непрактичниот син, чиј брак со една селска девојка таа го осудува...

Политика | 334 стр. | 400 МКД

Роман | 867 стр. | 400 МКД

Дали на Америка ѝ треба надворешна политика

Нуклеарното оружје и надворешната политика

www.polica.mk

Светски поредок

Волците


19

Книжарница ПОЛИЦА „Димитрие Чуповски“ 26/1-1, 1000 Скопје Тел: 02/ 325 72 73 e-mail:prodazba@polica.mk

Редакција ПОЛИЦА „Владимир Полежиновски„ 22/4, 1000 Скопје Тел: 02/ 3230 967 e-mail:polica@kscnet.com

www.polica.mk www.facebook.com/policapublishing/

www.polica.mk


20

02/325 72 73

www.polica.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.