Annual Plan 2009

Page 7

веќе информации за услугите кои ги нуди и обезбедува за корисниците, што ќе придонесе да се обезбедат поквалитетни услуги во нашите заедници. Следната суштинска област која претставува наша приоритетна заложба е ефикасно мобилизирање на фондови за нашите програмски и проектни активности. Користејќи ги искуствата од нашите партнери, ќе превземаме напори за воспоставување стратешки партнерства и обезбедување долгорочна поддршка за нашата организација преку мобилизирање на ресурси за нашите активности. Еден од главните приоритети во текот на годината ќе биде надградба на капацитетите на општинските

6

организации на Црвен крст за да може успешно да одговорат на сите предизвици со кои се соочуваме во нашите локални заедници. Процесот на трансформирање на нашата организација кој започна пред пет години ќе биде евалуиран преку спроведување на процена и анализа на работата на општинските организации на Црвен крст со цел да се утврди напредокот во реструктуирањето на нашата организација и да се детектираат можните недостатоци и приоритетни потреби на општинските организации. Нашата примарна цел е да го подобриме животот во локалните заедници. Согласно со приоритетите на

Глобалната Агенда на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина нашето национално друштво ќе продолжи да обезбедува широк спектар на социјално хуманитарни активности и услуги за ранливи категории на население. Во таа насока, Црвениот крст на Република Македонија ќе организара партнерски состанок во нашата земја на кој што ќе се направат напори за мобилизирање поддршка за проекти на општинските организации на Црвен крст од компонентите на нашето Движење, меѓународни организации, дипломатски претставништва во РМ, владини институции и корпоративниот сектор.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.