Virtuelna kolonoskopija

Page 1

Како да се подготвите за преглед? - Два дена пред прегледот треба пациентот да биде на лесна течна диета (дозволени се бистри супи, бистри сокови, чаеви, двопек, маргарин, џем без семки). Не смее да се јаде зеленчук, цереалии, млеко, ниту да се користи масло за готвење. - Приквечер дента пред прегледот се зема лаксативно средство за прочистување (Fortelax, Fortrans…), со цел дебелото црево комплетно да се прочисти. - Носете ја со себе претходната медицинска документација. - Секојдневната терапија не се прекинува. - Жените треба да пријават можна бременост.

С пе ц и ј а л н а б олн и ц а

„Филип Втори“

Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk

МСКТ КОЛОНОГРА Ф ИЈА – ВИРТУЕЛНА КОЛОНОСКОПИЈА

КТ колонографијата, односно 3Д виртуелната колоноскопија e најнов метод на неинвазивен преглед на дебелото црево со користење на рентгенски зраци. Таа е компјутерски генерирана постпроцесинг техника со чија помош се добиваат ендолуминални склики од внатрешноста на дебелото црево со одличен квалитет и претставува вистинска симулација и замена на оптичката колоноскопија.

201 201 flaer Virtuelna kolonoskopija.indd 1

19.11.2009 09:34:44


Зошто и кога се изведува? Цел на виртуелната колоноскопија е навремено откривање на лезии на дебелото црево, за да може истите да се отстранат, пред да се развијат во канцер. Ризична група на лица претставуваат сите оние кои имаат фамилијарна историја на појава на полипи, канцер на дебелото црево и појава на крв во столицата. Друга индикација е дивертикулоза, а претставува метод на избор кај пациенти со претходно неуспешна оптичка колоноскопија.

Позитивни страни на методата на преглед: - минимално инвазивен тип на преглед на дебелото црево, - прегледот кратко трае, - многу комфорна за пациентите, - мал ризик од перфорација, - идеална алтернативна метода кај пациенти кои се ризични за преглед со оптичка колоноскопија.

Како се изведува прегледот? Прегледот е релативно брз и безболен, се изведува за неколку минути во два наврати: на стомак и на грб, при тоа кај асимптоматски пациенти користејќи само воздух кој се инсуфлира преку ректален катетер. Самото скенирање трае 10-20 секунди. Кај симптоматски пациенти е пожелно да се даде и интравенски конрастно средство (најчесто преку вена на раката) со цел подобра визуелизација на евентуален тумор, како и соодносот на туморот со околните органи, крвните садови и лимфните јазли.

201 flaer Virtuelna kolonoskopija.indd 2

Негативни страни: - Неможност за истовремена биопсија доколку се открие некоја патолошка промена.

19.11.2009 09:34:44


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.