Активности после артропластика на колено

Page 1

вРАЌАЊЕ кон сЕкоЈДнЕвнитЕ Активности

А К Т И В Н О СТ И Д О М А

Основни совети за нега на раната: - Околината на раната треба да е сува и чиста. - Избегнувајте капење пред раната да зарасне и конците да бидат отстранети. - Известете го лекарот во случај раната да зацрвени или тече. - Известете го лекарот во случај телесната температура да премине 38°C. - Отокот на коленото може да биде присатен од 3-6 месеци по операцијата. - Болка во потколеницата, болка во градите, потешкотии со дишењето може да бидат знак на тромбоемболија – ако приметите некој од овие симптоми известете го лекарот. - Лекарствата кои ви се препишани, редовно да ги користите. - Водете сметка за вашата телесна тежина.

186

Кога ќе се вратите дома треба да останете активни. Секојдневно ќе приметите значително подобрување во вашето опоравување. - Секојдневно применувајте ги научените вежби. - Автомобил смеете да возите 6-8 недели по операцијата, можно е и порано во договор со вашиот лекар. - Сексуалните активности се дозволени кога за тоа сте спремни вие. - Можете да спиете на грбот, на обете страни на телото или на стомакот. - Враќањето на работа зависи од видот на работа со кој се бавите. Најрано може да почнете да работите 6-8 недели по операцијата. - Одете колку можете но запомнете, одењето не е замена за вежбањето. Од другите активности препорачливо е пливањето (кога раната ќе зарасне и конците бидат отстранети). Треба да избегнувате активности кои дополнително го оптоваруваат коленото како што се тенис, фудбал, скијање, џогирање... Не кревајте товар поголем од 20 кг.

Закажување за прегледи на 3091-484 или на e-mail: ambulanta@cardiosurgery.com.mk

Активности ПослЕ АРтРоПлАстикА нА колЕно


Активности во болниц а

Во прво време во вашиот дом можеби ќе ви биде потребна и туѓа помош. Следните совети ќе ви помогнат враќањето дома да ви биде поедноставно: - Разместете го вашиот мебел за да можете полесно да се движите со помош на патериците или одалката. - Отстранете ги простирките и каблите од подот на кои можете да се лизнете или сопнете. - Поставете во вашата бања столица за туширање, на зидовите поставете ракохвати и повишување на тоалетот. - Користете помошни средства со долга дршка за обување на чевли, фаќање на предмети од подлогата и сл.

Коленото е најголем зглоб во телото. Како би сакале по операцијата да бидете помалку активни, раното раздвижување и мобилизација се многу важни. Пред операцијата најверојатно сте биле помалку подвижни па затоа и вашите мускули се значително ослабени. Важно е поради тоа да што порано се вклучите активно во процесот на рехабилитација. Вашиот лекар и терапевт ќе ви дадат посебни упатства поврзани за негата на раната, контролата на болката, исхраната и вежбите. Терапевтот ќе ве посети ден по операцијата и ќе ви објасни како да застанете до креветот, како да чекорите односно како да го употребувате своето ново колено.додека лежите во креветот, почесто помрднувајте ги стопалата како би ос- игурале нормален проток на крвта во нозете. Колку долго ќе бидете во болница зависи од брзината на вашето закрепнување. Пред отпустот потербно е да ги постигнете следните цели: - Да станувате и легнувате самостојно во кревет. - Што повеќе да го свивате своето колено. - Што повеке да го исправате своето колено. - Да научите да чекорите со потпазувни патерици по рамна подлога, по скали и низ скали. - Да ги научите вежбите кои ќе продолжите да ги работите дома. Веројатно по отпустот коленото и понатаму ќе биде отечено. На намалувањето на отокот ќе Можете да продолжите со повеќето активно- допринесе подигнувањето на ногата на перница, сти, но треба да ги избегнувате активностите кои носење на еластични чорапи и ладни облози премногу го оптоваруваат коленото. (15 – 20 минути дневно)

Ако сте кандидат за операција, веројатно очекувате вашиот живот по операцијата да ви биде како и претходно, но без болка. Треба да знаете дека таа промена нема да се случи преку ноќ. За да се осигура добар резултат во процесот на вашето оздравување потребно е и вашето активно учество.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.