Torakalna aorta

Page 1

СПЕЦИЈА ЛНА БОЛНИЦА

ФИЛИП ВТОРИ

Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk

АНЕВРИЗМА НА ТОРАКАЛНА АОРТА

Torakalna aorta.indd 1

21.10.2010 10:50:58


ШТО ПРЕТС ТАВУВА АНЕВРИЗМ А Н А ТОРАК АЛН А АОР ТА? Аортата е најдолгата артерија во вашето тело, и ја разнесува крвта од вашето срце до сите делови на вашето тело. Делот од аортата кој поминува низ вашиот граден кош се нарекува торакална аорта, додека делот кој достига до вашиот абдомен, се нарекува абдоминална аорта. Кога заслабениот дел од вашата торакална аорта ќе се прошири или набабри, тоа се нарекува аневризма на торакална аорта (АТА). Приближно 25 проценти од аортните аневризми се појавуваат во градниот кош, додека остатокот отпаѓа на абдоминалната аорта. Аневризмите на торакалната аорта претставуваат сериозен ризик за здравјето бидејќи можат да прснат или да пукнат. Пукнатата аневризма може да предизвика внатрешни крварења, кои брзо може да доведат до шок или смрт. Секоја година, 15 000 лица во Соединетите Американски Држави заболуваат од торакална аневризма. Некои пациенти може да имаат повеќе од една аневризма на абдоминалната аорта. Приближно, само 20 до 30 проценти од пациентите кои ќе пристигнат во болницата со руптура (напукнување) на АТА остануваат живи. Од таа причина, од круцијална важност е рано да се лекуваат големите аневризми, со цел да се превенира нивната руптура.

Какви се нејзините симптоми?

Можно е да не почувствувате никакви симптоми со АТА. Само половина од пациентите со АТА забележуваат симптоми. Доколку имате симптоми, тие зависат од тоа каде е лоцирана аневризмата и колку е голема. Можните симптоми вклучуваат: • Болка во вилицата, вратот и горниот дел од грбот • Болка во градниот кош или во грбот • Кашлање, зарипнатост, или потешкотии со дишењето. • Доколку вашата аневризма е голема и го зафаќа делот кој е најблизок до срцето, може да ги зафати срцевите валвули и да доведе до состојба наречена конгестивна срцева слабост. • Ако почувствувате било кој од симптомите на АТА, од голема важност е веднаш да го информирате вашиот лекар. Доколку не ја лекувате, оваа состојба може да доведе до фатална руптура или до оштетување на орган. Ова е состојба во која вашиот живот е загрозен и би требало веднаш да побарате медицинска помош.

Torakalna aorta.indd 2

21.10.2010 10:50:58


Што ја предизвикува аневризмата на торакалната аорта? Не е познато зошто се појавува аневризмата, но истражувањата открија некои од факторите кои допринесуваат за нејзино развивање. За многу аневризми кои се развиваат, допринесува секако и генетскиот фактор, а кај членовите на семејствата со лица кои имаат аневризма постои најголем ризик за нејзино развивање. Во најголемиот број случаи, иако ние сеуште не знаеме што го иницира создавањето на аневризмата, крајниот резултат е оштетување на аортниот ѕид, што води до негово заслабнување, а потоа до надувување на аневризмата. Фактори кои можат да го зголемат ризикот за создавање на аневризмата се: • Пушењето • Високиот крвен притисок • Фамилијарна анамнеза за постоење на аневризма Како надополнување, аневризма на аорта може исто така да се развие како последица на аортна дисекција, што е обично поврзано за високиот крвен притисок. Аортната дисекција се создава кога дотокот на крвта одвоено ги притиска слоевите на ѕидот, што прави аортата да заслабне. Раздвојувањето може да се протега од вашата торакална аорта низ целосната аорта и да ги блокира артериите на вашите нозе, раце, бубрези, мозок, рбетот и другите делови. Друг проблем поврзан со аортната дисекција е дека со текот на времето, притисокот на дотокот на крв може да предизвика ослабнатиот дел од вашата аорта да набабри како балон. Нешто слично на прекумерно надуван балон, аневризмата може да ја растегне аортата над нејзините безбедни граници. Симптоми на аортна дисекција се болки во градниот кош и/или во грбот. Таа честопати ги имитира симптомите за инфаркт на срце. Доколку почувствувате болки во градниот кош или во грбот треба веднаш да го информирате вашиот лекар. Некои други заболувања можат да ги ослабнат слоевите на аортниот ѕид зголемувајќи го на тој начин ризикот од аневризма. Во овие заболувања се вклучени: Mafran’s синдромот, нарушување во сврзното ткиво Syphilis Tuberculosis, траума, како што е пад или несреќа со брзо моторно возило, може да предизвика АTА. Со текот на годините, ризикот за развој на АTА се зголемува. АТА е поприсутна кај мажите

Torakalna aorta.indd 3

отколку кај жените. Колку АТА е поголема, или колку побрзо расте, поверојатно е дека таа ќе пукне. Шансите за руптура ќе се зголемат кога вашата аневризма ќе достигне големина двојно поголема од нејзиниот нормален пречник.

Какви испитувања треба да направам?

Вашиот лекар ќе одреди едно или повеќе испитувања за да се дијагностицира АТА, и тоа: • Рентген на градниот кош • Ехокардиографија (ултразвук на срцето) • Магнетна резонанца (МР) • Компјутерска томографија (КТ) • Ангиографско скенирање

Како се третира торакалната аневризма на аорта?

“Watchful Waiting” - Будно чекање Ако вашата аневризма е мала и не причинува симптоми, вашиот лекар може да препорача “Watchful Waiting”, што значи дека на секои 6 месеци ќе бидете прегледувани за да се воочат знаците на промена на вашата аневризма. Вашиот лекар може да ви закаже КТ и МР снимање за да ја следи аневризмата. КТ скенирањето прави рентген снимки на делови на вашето тело. Ова испитување може да му помогне на вашиот лекар да ја надгледува големината и формата на вашата аневризма. Овој метод најчесто се користи за аневризми кои во пречник се помали од 5 сантиметри. Ако, исто така, имате и висок крвен притисок, вашиот лекар може да ви препише лекови за намалување на целокупниот крвен притисокот, како и притисокот на деловите заслабени од аневризмата. Сепак, ако вашата АТА е голема и причинува симптоми, имате потреба од активен и брз третман за превенција од руптура. Доколку вашата аневризма е голема, расте брзо, или ако имате некои други типови заболувања, вашиот васкуларен хирург може да препорача таа активно да се лекува. На пример, ако имате Mafran’s синдром, можете да побарате активен третман порано во однос на оние пациенти со помала АТА, но кои немаат Mafran’s синдром. Активните третмани за АТА се состојат во отворено хируршко лекување и ендоваскуларен стент графтинг.

21.10.2010 10:50:59


Отворено хируруршко лекување

раната аорта со цел да се осигурате дека стентЗа време на отвореното хируршко лекување, графтот правилно функционира. Понекогаш, ако вашиот хирург прави инцизија во градниот се појави пукнатина, или ако се измести од мескош и го заменува заслабениот дел од аортата тоположбата, потребни се понатамошни процесо изработено цевче, наречен графт. Графтот дури за да се одржи стент-графтот. Експертите е поцврст од заслабената аорта и овозможува сеуште ги анализираат долготрајните резултати крвта да поминува низ него без да предизви- од ендоваскуларниот стент-графт третман. кува набабрување. Многу пациенти кои имаат АТА исто така имаат срцево заболување или е зафатена аортата блиску до срцето. Понекогаш, продолжените или комплексни торакални аневризми, бараат истовремен хируршки треман на срцето со oтвореното хируршко лекување во зависност од конкретната ситуацијата. По операцијата, можете да останете во болница 5 до 7 дена. Ако вашата аневризма е продолжена или комплексна, или имате заболување на срцето, белите дробови или бубрезите, можеби ќе ви биде потребно 2 до 3 месеци за целосно закрепнување.

Ендоваскуларен стент графтинг

Доколку местоположбата и формата на вашата аневризма е прикладна, вашиот васкуларен хирург, наместо отворено лекување на аневризмата, може да процени дека е подобра поновата процедура наречена ендоваскуларен стент графтинг. Зборот ендоваскуларен означува дека третманот се врши во внатрешноста на вашето тело со користење на долги тенки цевчиња наречени катетери. Катетерите се вметнуваат во мали засекотини во делот на вашите препони , понекогаш низ вашите раце, и се усмеруваат низ вашите крвни садови. Во текот на процедурата, вашиот хирург ќе користи рентген снимки во живo на видео екран за да го усмери стент-графтот до местото на аневризмата. Како и графтот употребен на отворена операција, овој стент-графт дозволува крвта да тече низ вашата аорта без да создава притисок на оштетениот ѕид на вашата аневризма. Ова ја штити вашата аневризма од руптура. Обично, со текот на времето, вашата аневризма ќе се намали. Ендоваскуларниот стент-графт третман бара пократко време за закрепнување во споредба со отворениот третман на аневризма и вашиот болнички престој е намален на 2 до 3 дена. Сепак, овој третман не може да се примени кај сите случаи на АТА, односно вашата анеризма мора да има погодна форма која дозволува ефикасно да се искористи стент-графтот. За ендоваскуларниот стентграфт третман, особено е значајно долготрајно да се следи со периодични снимања на трети-

Torakalna aorta.indd 4

21.10.2010 10:50:59


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.