Шеќерна болест дијабет

Page 1

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ФИЛИП

ВТОРИ

www.cardiosurgery.com.mk; 02/ 3091- 484

ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ ДИЈАБЕТ

Шеќерот и дијабетот Шеќерот во крвта е всушност гликоза која се создава во процесот на варењето на храната и како таква директно влегува во крвта. Шеќерот од крвта се користи како основен извор на енергија во организмот. Вишокот се складира во црниот дроб и масното ткиво со цел да биде искористен при зголемена потреба од енергија. Промената на нормалното ниво на шеќер во крвта може да биде: Хипогликемија - намалено ниво на шеќер во крвта Хипергликемија - зголемено ниво на шеќер во крвта Инсулинот е хормон кој го лачи панкреасот и е задолжен за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта, т.е ја пренесува гликозата во клетките за да ги задоволи потребите од енергија или ја складира во

SHEKERNA BOLEST DIJABET A5.indd 1

црниот дроб и масното ткиво кога има вишок во крвта. Шеќерната болест – дијабет е болест на покачено ниво на гликоза во крвта во тек на подолг временски период. Се јавува поради недостаток или несоодветно дејство на хормонот инсулин во организмот. Болеста е поврзана со сериозно пореметување на метаболизмот на шеќерите, белковините и мастите и е пропратена со бројни акутни и хронични компликации. Постојат два типа на шеќерна болест, тип 1 кој се јавува во помладата возраст и тип 2 кој се јавува кај возрасната популација.

09.11.2012 09:01:28


Предупредувачки знаци Дијабетот нема пријатели... секој од нас е потенцијален пациент. Тип 1 Дијабет: Ако овие симптоми ги имате почесто треба да побарате консултација со доктор: • Често и обилно мокрење • Изразено чувство за жед • Изразено чувство за глад • Брзо губење на телесната тежина • Чувство на умор и слабост • Пречувствителност и променливо расположение • Гадење, повраќање, болки во стомакот Тип 2 Дијабет: Овие симптоми се појавуваат постепено, но затоа не се со помало значење од претходно наведените и бараат медицинска консултација исто така: • • • • • • •

Заматен вид Чувство на жарење и печење во нозете, стопалата и прстите Чести кожни инфекции Инфекции на мочните патишта Чешање по кожата и гениталли Тешко заздравување на рани и мали повреди Било кој од симптомите наведени кај Тип1 Дијабет

SHEKERNA BOLEST DIJABET A5.indd 2

09.11.2012 09:01:30


Ризик фактори Ризикот за добивање дијабет е многу поголем ако имате било кое од подолу наведените: • Фамилијарна историја за дијабет во семејството • Ниско ниво на физички активности • Покачена телесна тежина (особено обем на струк) • Возраст над 45 години • Покачен крвен притисок • Покачено ниво на холестерол во крвта • Дијабет за време на бременоста или раѓање на бебе со тежина над 4 кг. Секој со возраст над 45 години треба да би требало барем еднаш годишно да направи контрола на шеќерот во крвта.

Компликации Дијабетот го засегнува скоро секој дел од човековото тело со што ја намалува способноста за нормален живот. Покачен крвен притисок • 60-70% од дијабетичарите со возраст над 20 години имаат крвен притисок до и над 140/90 ммХГ, или се на третман со антихипертензивна терапија. Болести на срцето и крвните садови • Утврдено е дека во 60-70 % кај дијабетичарите со возраст над 65 години, причина за смрт е компликација од страна на кардиоваскуларниот систем. • Пациентите со дијабет имаат 2-4 пати поголем ризик за добивање на кардиоваскуларна болест. • Ризикот од мозочен удар е за 2-4 пати поголем кај луѓето со дијабетес.

SHEKERNA BOLEST DIJABET A5.indd 3

09.11.2012 09:01:32


Болести на бубрезите • Дијабетот е водечка причина за терминална бубрежна инсуфициенција и хронична дијализа. Слепило и ослабен вид • Дијабетот е водечка причина за нови случаи на слепило кај возрасните помеѓу 20–74 години. • Во светски рамки 30 % од пациентите со дијабет над 40 години страдаат од дијабетична ретинопатија која кај 5% од нив води до слепило. Болести на нервите • Покаченото ниво на гликоза во крвта е стрес за нервниот систем исто како и за крвните садови • Скоро 30% од дијабетичарите над 40 годишна возраст имаат намалено чувство за болка. • Тешката форма на дијабетична невропатија е една од водечките причини за ампутации на екстремитети. • Многу испитувања покажале поврзаност помеѓу дијабетот и појавата на Алзхајмеровата болест. Ампутации • Повеќе од 60% од нетрауматските подколенични ампутации се кај луѓе заболени од дијабет. • Болести на непцата и забите • Болестите на гингивата се многу почести кај луѓето со дијабет отприлика за два пати почести отколку кај останатата популација. • Пушачите дијабетичари со лоша контрола на дијабетот имаат 5 пати поголема можност за добивање на парадонтоза и губење на забите.

SHEKERNA BOLEST DIJABET A5.indd 4

09.11.2012 09:01:34


Компликации за време на бременост •

Лошо контролиран дијабет пред зачнувањето и во тек на првите 3 месеци од бременоста кај жени кои страдаат од Тип1 Дијабет е причина во 15-20% од случаите причина за спонтан абортус. Лошо контролиран дијабет во тек на второто и третото тримесечие од бременоста доведува до раѓање на многу крупни бебиња со голем пороѓаен ризик за мајката и плодот.

Останати компликации • • • •

Електролитен дисбаланс, кетоацидоза и кома. Луѓето со дијабет многу полесно се разболуваат и од други болести. Хроничните болести имаат многу полоша прогноза кај дијабетичарите. Луѓето со дијабетес многу почесто страдаат од депресија за разлика од останатите.

Гликолизиран хемоглобин HbA1c Светските препораки во третманот на дијабетот го вклучуваат испитувањето на гликолизираниот ХБА1Ц како редовен дијагностички тест кај пациентите со дијабет и кај тие што имаат висок ризик за добивање на дијабет. Овој тест го покажува просечното ниво на шеќер во крвта во тек на претходните 2- 3 месеци и е показател за тоа колку добро или лошо е регулиран шеќерот во крвта.

SHEKERNA BOLEST DIJABET A5.indd 5

09.11.2012 09:01:37


Колку е повисоко нивото на ХбА1Ц, толку е поголем ризикот од компликаци од страна на други органи. Тоа е посебно важно ако нивото на ХбА1Ц е покачено подолго време. Овој тест се препорачува на секои 3-4 месеци кај луѓето со дијабет. Интернационалната федерација за дијабет препорачува вредноста на ХбА1Ц од 6,5% да биде цел на секој пациент заболен од шеќерна болест.

Холестерол и дијабетот Холестеролот е супстанција која се наоѓа во крвта и клетките на човекот. Во црниот дроб и другите клетки на организмот се создава 75% од вкупниот холестерол. Останатите 25% доаѓаат од храната.Холестеролот е составен дел на повеќе хормони, вит.Д и клеточната мембрана во човековиот организам. Кај лошо контролираниот дијабет нивото на холестерол во крвта е покачено, со што и ризикот за добивање на кардиоваскуларни болести е многу поголем. Луѓето со дијабет треба да прават два пати годишно контрола на холестеролот во крвта особено ако имаат покачено ниво подолго време или ако имаат кардиоваскуларно заболување.

SHEKERNA BOLEST DIJABET A5.indd 6

09.11.2012 09:01:39


Реалност! Светската Здравствена Организација проценила дека повеќе од 346 милиони луѓе ширум светот страдаат од дијабет и неговите компликации. Со ова темпо бројот би се дуплирал до 2030 година. Дијабетот и неговите компликации се причина за речиси 80% од сите смртни случаи во земјите во развој.

Чекори за превенција на дијабетот • • • •

Следете го планот од вашиот доктор за мониторирање на на нивото на гликоза, холестерол и крвен притисок! Хранете се здраво, јадете овошје и зеленчук, храна од цели зрна, млеко и млечни производи со ниско ниво на маснотии! Вежбајте по 30 минути 3-4 пати неделно! Земајте ја пропишаната терапија од вашиот доктор секојдневно!

SHEKERNA BOLEST DIJABET A5.indd 7

09.11.2012 09:01:41


www.cardiosurgery.com.mk; 02/ 3091- 484

SHEKERNA BOLEST DIJABET A5.indd 8

09.11.2012 09:01:43


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.