Psihoterapija

Page 1

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА

ФИЛИП ВТОРИ

www.cardiosurgery.com.mk; 02/ 3091- 484

Можете да бидете дел од решението на вашите проблеми. Направете нешто за себе!

Чекориме заедно. нашата поддршка и знаење и вашата доверба! 222


Чувството на вознемиреност, срцебиење, замор и исцрпеност, страв и безволност итн. се симптоми на кои денес многу луѓе се жалат. Кога тие немаат своја органска природа одговорот е на друго место. Доколу Вашиот матичен лекар или кардиолог Ви кажал дека е се’ во ред со Вашето здравје, а Вие сепак не се чувствувате добро, сте помислиле ли на тоа, дека Вие самите можете да си помогнете и да дадете одговор на Вашите прашања?

Можете да бидете дел од решението на Вашите проблеми. Направете нешто за себе! Психичките тегоби не се болест, но бараат адекватен психотерапевтски третман.

Анти стрес програмата која што се практикува во Одделот за психологија и психотерапија при Специјалната болница за кардиохирургија „Филип Втори” вклучува психотераписки третман, автоген тренинг и шијацу масажа. Се спроведува со клиенти кои имаат проблеми од психолошка природа, но и органски заболувања, кои кај личноста предизвикале психолошко страдање. Во рамки на одделот се третираат следниве проблеми: - Општа вознемиреност - Страв (фобии) и панични напади - Депресивно расположение и депресија - Психосоматски тегоби (болки во желудник, проблеми со дишење, срцебиење итн.) - Стрес и последици од стрес - Губиток на близок/блиски - Трауматски искуства - Зависности (цигари, алкохол)


СТОЛИЦА СО 3Д МАСАЖА Апаратурата со која располага одделот вклучува психодијагностика преку GDV– камера и современи психодијагностички инструменти, како и работа со Bio-feedback апаратура. Во склоп на анти стрес приграмата на клиентите и на сите останати заинтересирани стои на располагање шијацу масажна фотеља. Покрај традиционалниот начин на изведување на шијацу масажата од страна на масер-терапевт, денес, современата технологија овозможи нејзино вградување во фотељи со специјално моделирани анатомски дискови и електронски програми кои се прилагодуваат според потребите на пациентите во дадениот момент.

Масажата бележи најголем успех кај следниве видови проблеми: - лоша општа циркулација (ги поттикнува механизмите за исфрлање на токсините од организмот и ја подобрува тонизираноста на кожата) - болка во грбот - проблеми со спиењето - проблеми со варењето на храната - вознемиреност и депресивност - главоболка Шиацу масажата особено е делотворна во превенцијата на здравствените проблеми. Значи, особено им се препорачува и на здрави луѓе, со цел да го спречат или намалат ризикот да заболат од некоја болест.


Психотерапијата (збор кој во превод значи “нега на душата”) е многу блaгодетна и кај луѓе кои немаат психички проблеми. Таа води кон личен раст и развој, спознавање на сопственaтa духовност, збогатување на емоционалниот живот што во крајна линија значи квалитетно ментално здравје, чувство на внатрешна радост и исполнетост. Низ интроспекција и континуирана психотераписка работа се обидуваме да Ве приближиме до себе, да бидете во контакт со своите потреби, со цел да воспоставите самите психофизички баланс и да

избегнете евентуално понатамошно назадување и предизвикување на органска болест. Антистрес програмата и психотерапискиот третман е понекогаш краткотраен, а понекогаш долготраен и захтевен процес, но промената која настанува кај Вас е благороден резултат за кој секоја личност вреди да вложи напор. На патот до Вашата промена, чекориме заедно. Вашата доверба доверба е првиот чекор. Можете да се јавите секој ден од 700-1500 на тел: 3091-861 во нашиот оддел за психологија и психотерапија


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.