Драматичен пресврт во лекувањето кај пациентите заболени од рак на мускулоскелетен систем

Page 1

СПЕЦИЈАЛ НА БОЛ НИЦА Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk

ДРАМАТИЧЕН ПРЕСВРТ ВО ЛЕКУВАЊЕТО КАЈ ПАЦИЕНТИТЕ ЗАБОЛЕНИ ОД РАК НА МУСКУЛОСКЕЛЕТНИОТ СИСТЕМ

Проф.д-р Ѓорѓи Зафироски

Оваа брошура е дел од активностите на Специјалната болница „Филип Втори“ како мал придонес во борбата против ракот Само до пред десетина години преживувањето кај болните заболени од рак на коските изнесуваше до 20% од случаите, а кај сите болни се изведуваше ампутација. Денес, преживувањето изнесува 80%, а само кај 10% од пациентите се изведуваат ампутации. Овој драматичен пресврт во лекувањето се случи благодарение на хемотерапијата, напредокот во медицината и технологијата, како и во модерните хируршки техники за спасување на екстремитетите и, пред сé, за спасување на животите на болните.

Што е карцином Карциномот не е една болест со едноставен третман. Постојат повеќе од 200 различни видови на карциноми, секој со свое име и свој начин на лекување. Ознаката рак е општ поим за многу видови малигни заболувања кои имаат специфични особености, различно се третираат, па оттаму имаат и различни шанси за излекување. Што, всушност, е карциномот? Карциномот е заболување кое настанува кога клетките во телото се множат на неконтролиран начин - создавајќи оток наречен тумор. Во такви услови се нарушува нормалната функција на здравите клетки, при што и самите може да се изменат. 219

219 Dramatichen presvrt vo lekuvanjeto.indd 1

02.03.2012 11:54:05


Знаци и симптоми Раната дијагноза често може да претставува голема разлика во врска со тоа колку лесно може да се третира карциномот. Постојат неколку знаци и симптоми кои треба да се познаваат. Симптомите предизвикани од коскениот канцер варираат во зависност од зафатената коска која е афицирана и нејзината позиција во телото. Симптомите ќе варираат и според големината на туморот. Понекогаш први знаци се: болка и чувствителност во регијата на туморот. Таа може да почне како постојана болка која се влошува во текот на ноќта. Кај децата овие симптоми може да се сфатат погрешно - како истегнување или растечка болка. Друг чест знак е оток околу афицираната регија на коската. Отокот може да не се гледа сé додека туморот не стане доволно голем. Секогаш не е можно да се види или да се почувствува грутката-туморот особено кога афицираната коска е длабоко поставена во ткивото на телото, т.е. е препокриена со мускули, фасции поткожно ткиво и кожа. Доколку карциномот е близу до зглоб, отокот ќе предизвика потешкотии во неговата функција. Доколку карциномот е во ‘рбетот, може да предизвика притисок на спиналните нерви и да доведе до слабост, трнење и чувствителност во екстремитетите. Други поретки симптоми се: замореност, висока температура, потење и слабеење. Понекогаш коскениот канцер се открива кога коската зафатена од болеста се крши со мала повреда или без повреда. Многу од овие симптоми се чести кај состојби кои не се карцином. Поради сето ова, понекогаш поминува долго време додека не се открие дека симптомите се предизвикани од коскен канцер. Меѓутоа, секој пациент со континуирана коскена болка (подолга од неколку недели) би требало да се јави кај специјалист- ортопедски хирург или кај специјалист за рак-онколог.

Видови на карциноми Постојат многу видови на малигни тумори: повеќето од нив се карциноми, а многу поретко се: леукемии, лимфоми, саркоми или мозочни тумори.

Како се дијагностицира карциномот Вашиот матичен лекар ќе ве испрати до орто-

219 Dramatichen presvrt vo lekuvanjeto.indd 2

педски хирург. Тој ја испитува зафатената коска во смисла на оток и болна чувствителност. Потребни се и крвни лабораториски тестови за да се провери општото здравје. Ако тестовите покажат примарен коскен тумор, вашиот матичен лекар ќе ви закаже консултација со ортопедски онколог во центар за коскени тумори. Вие ќе бидете прегледани од тим на лекари - конзилиум - кои имаат искуство во лекувањето на карциномите. Тимот е мутидисциплинарен. За да се дијагностицира коскен канцер се користат следните испитувања: коскена радиографија, коскена томографија, магнетна резонанца, коскен скен со Тц 99м, ПЕТ-скен, иглена или отворена биопсија и други тестови.

Деца и тинејџери Во болницата „Филип Втори“ има искусни лекари за дијагноза и лекување на канцер кај деца и тинејџери. Исто така, постои тимски пристап во дијагностиката и специјален тим за помош и поддршка на децата и тинејџерите. Тимот е познат како мултидисциплинарен конзилиум кој вклучува специјалисти, лекари и медицински сестри, социјален работник, психолог, физиотерапевт, нутриционист и други специјалисти.

Причини за појава на примарен коскен карцином Точната причина за појава на примарен коскен карцином е непозната. Бидејќи многу од коскените канцери се јавуваат кај деца и тинејџери, како и кај млади луѓе, се мисли дека може да биде во врска со промените на коските поврзани со растот. Но, забележани се и следниве појави: пациенти кои претходно примиле високи дози на зрачење имаат зголемен ризик за појава на карцином во таа регија. Луѓето кои претходно долго време имале болести на коските како што се М. Пеџет, фиброзна дисплазија, неурофиброматоза, остеомиелитис, може да развијат коскен канцер. Исто така, ако некој има бенигнен коскен тумор, може да има зголемен ризик за појава на малигни тумор. Многу коскени канцери не се предизвикани од генетски аномалии, но луѓе со генетски аномалии имаат поголем ризик да развијат коскен канцер. Остеосаркомот е најчест вид на примарен коскен карцином.

02.03.2012 11:54:05


Лекување на примарните мускулоскелетни карциноми Многу пациенти со примарни коскени карциноми бараат комбинирано лекување и тоа хемотерапија, хирургија, хемотерапија, радиотерапија и други модалитети во зависност од видот на туморот и неговиот стадиум. Благодарејќи на хемотерапијата, многу случаи каде што се заканува ампутација може да се трансформираат во спасување на екстремитетот.

Слика 1 : 18-годишен пациент со остеосарком на дисталниот дел на левата бутна коска.

Ewing’s сарком: Почесто се јавува кај млади деца на возраст меѓу 8 и 18 години. Хондросарком: Започнува од ‘рскавичните клетки,

Мекоткивни карциноми (саркоми) Саркомот е вид на рак кој се развива од ткива како што се коските и меките ткива. Ракот кој се развива од меките ткива (саркоми) може да се развие од масно, мускулно, нервно, сврзно (фиброзно) ткиво, крвни и лимфни садови, зглобни капсули, тетивни обвивки (синовијално ткиво) или од длабоките кожни ткива. Овие видови на рак може да се најдат во кој било дел од телото. Рак кој потекнува од масно ткиво (липосарком) Рак кој потекнува од мускулно ткиво и тоа од: - мазни мускули (леиомиосарком) и - од скелетни мускули (рабдомиосарком) Рак од периферните нерви ПНЕТ (периферни неуроектодермални тумори) Рак од зглобно ткиво (синовиалсарком) Рак од крвни и лимфни садови Хемангиоперицитоми, хемангиоендотелиоми, хемангиосаркоми, лимфангиосаркоми, Капоши саркоми (најчесто се јавуваат кај луѓе со ХИВ инфекција) Рак од сврзно потекло: фиброматосис агресива, дерматофибросаркома протуберанс, фибросаркома.

219 Dramatichen presvrt vo lekuvanjeto.indd 3

Слика 2а: Остеосарком на проксималниот дел на левата надлакотна коска

Слика 2б: Направена ресекција на туморот во проксималниот дел на левата надлакотна коска и извршена реконструкција со фибуларни автогрефони

Како се планира лекувањето Во специјалната болница „Филип Втори“ стручен тим од специјалисти конзилијарно дискутира за секој поединечен случај. Кога ќе се постави прецизна дијагноза, се одредува најдобрата опција за лекување. Хируршкото

02.03.2012 11:54:06


лекување подразбира отстранување на туморот и реконструкција на коската или ампутација. Предоперативно или постоперативно, по протокол, се дава хемотерапија, а понекогаш и зрачна терапија. Доколку сте замолени да изберете вид на лекување, бидете сигурни дека имате многу избори. Доколку не можете да се одлучите, дозволете му на тимот лекари да ве посоветува кој е најдобриот избор во дадената ситуација.

Прогноза од лекувањето Во секој случај, денес поголем број од примарните коскени и мекоткивни карциноми можат да бидат излекувани во околу 70%-80% од случаите, а заболените екстремитети да се спасат и до 90% од случаите. Повторувам дека е многу важно раното откривање на болеста и раното отпочнување со лекување. Разликата во прогнозата е огромна.

Второ мислење И покрај тоа што ви се дава тимски третман со користење на национални или интернационални протоколи, сами или преку вашиот матичен лекар слободно можете да побарате и второ мислење.

219 Dramatichen presvrt vo lekuvanjeto.indd 4

Да се живее со мускулоскелетен карцином За време на лекувањето, а и по завршеното лекување, во границите на можностите, неопходно е животот да биде колку што е можно понормален и поспокоен. Потребно е да се променат навиките, т.е. стилот на животот да биде со помалку стресови и со помалку обврски. Да се живее со коскен канцер, а и по канцерот, потребна е силна поддршка од роднините, пријателите, потребни се совети како да се реши евентуалниот хендикеп, како да се решат емоционалните, секојдневните и финансиските проблеми. Во секој случај, пациентите храбро треба да се вратат во колосекот на нормалниот и здрав живот. Потребно е да се совлада депресијата и стравот од неизвесната иднина. Во секој случај треба да се биде позитивен, со многу љубов кон сите, треба нешто да работите и да верувате во лекувањето. Тоа е рецептот на победата, како што пред вас успеале многу храбри пациенти.

Со желби за добро здравје на сите пациенти, Специјална болница „Филип Втори“.

02.03.2012 11:54:09


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.